Print Page | Close Window

Воздухопловство (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Воздухопловство
Forum Discription: Аеродроми, авиосообраќај...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1473
Printed Date: 20-Feb-2020 at 07:24


Topic: Воздухопловство (општо)
Posted By: lslcrew
Subject: Воздухопловство (општо)
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:52

Авион ја промаши пистата на “Александар Велики“

15. 11.2011 - 12:01:37
Авион%20ја%20промаши%20пистата%20на%20“Александар%20Велики“
Француски приватен авион, вчера вечер, ја промашил пистата на скопскиот аеродром “Александар Велики“ и слетал во тревникот. Тројцата патници кои биле во авионот не се повредени.

Инцидентот на авионот, кој летал на релација Мастрихт -  Скопје, најверојатно се случил поради пукната гума.

По поправање на дефектот, авионот повторно полетал од пистата на скопскиот аеродром.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=94654&kategorija=1



Replies:
Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Feb-2012 at 10:17
Авион на чешката компанија ЧСА принудно слета на Скопскиот аеродром
Печати

ГОЛЕМИНА НА БУКВИТЕ
11.02.2012
Изутрината авион на релација Прага, Скопје, а во кој се наоѓал и министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и известувачот за Македонија во европарламентот Ричард Ховит принудно слетал на аеродромот „Александар Велики,,. Откако авионот на чешката компанија ЧСА Боинг 737-700 над скопскиот аеродром кружеше околу 40 минути, капетанот соопшти дека авионот има мал технички проблем, односно дека еден од деловите на крилата кои служат за кочење не работи, па ќе мора принудно да слета. Екипажот потоа ги обучил патниците за принудно слетување. Се наведува дека капетанот го запрел авионот скоро на крајот на пистата која неодамна беше продолжена. Околу пистата беа распоредени противпожарни и возила за брза помош.

http://www.time.mk/read/0ce7c6fcc1/5bd6f4fb63/index.html

Интересно е што авионот застанал на крајот на неодамна продолжената писта.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Feb-2012 at 23:54
Originally posted by kultuzin

Интересно е што авионот застанал на крајот на неодамна продолжената писта.


Со оглед на тоа што на скопскиот аеродром поради ветрот најчесто се слетува во правец од југ кон север, а продолжетокот на пистата е на јужната страна и не е потполно функционален (објаснување за ова има во цитатот од подолу), во случајов најверојатно продолжетокот на пистата не играл никаква улога.


Originally posted by Cloverstack

Инаку тој продолжениот дел, со оглед на тоа како е обележан, претставува displaced threshold и нема комплетна функционалност.

Еве што вика Википедија на таа тема:





A displaced threshold is a  http://en.wikipedia.org/wiki/Runway - runway  threshold located at a point other than the physical beginning or end of the runway. The portion of the runway so displaced may be used for  http://en.wikipedia.org/wiki/Takeoff - takeoff  but not for  http://en.wikipedia.org/wiki/Landing - landing . Landing  http://en.wikipedia.org/wiki/Aircraft - aircraft  may use the displaced area on the opposite end for roll out. http://en.wikipedia.org/wiki/Displaced_threshold#cite_note-0 - [1] http://en.wikipedia.org/wiki/Displaced_threshold#cite_note-1 - [2] http://en.wikipedia.org/wiki/Displaced_threshold#cite_note-TC1-2 - [3]

Most often the offset threshold is in place to give arriving aircraft clearance over an obstruction while still allowing departing aircraft the maximum amount of runway available. A displaced threshold may also be introduced if a beginning section of the runway is no longer able to sustain the continuous impact from landing aircraft. In such a case, aircraft are expected to land beyond the displaced threshold. Departing aircraft are permitted to use the displaced section of the runway for takeoffs or landing rollouts because those aircraft are not impacting the runway with the force of a landing aircraft. http://en.wikipedia.org/wiki/Displaced_threshold#cite_note-TC1-2 - [3]

Displaced thresholds have arrows as the center line of the runway. A thick white line with usually four arrows pointing in the direction of the runway denotes the end of the threshold and the beginning of the runway. http://en.wikipedia.org/wiki/Displaced_threshold#cite_note-3 - [4]

Thresholds are counted as part of the runway, and are included in the runway size. When viewing a runway's size with displaced thresholds, one must find out how long the displaced thresholds are in order to calculate the available landing distance.






Posted By: FoSsiL
Date Posted: 12-Feb-2012 at 00:51

Точно... 

на тој дел можат да се движат авиони, и при полетување и при слетување... разликата е што на тој дел не смее да се случи првиот допир со пистата при слетување, бидејќи се ослободува голем притисок и енергија, за што овој дел од пистата не во можност да ја издржи.... а бидејќи авионот не слетал на тој дел, туку тука само застанал тоа значи дека нема никаков проблем или нешто невообичаено, спорно...

еве две видеа кои ги најдов на кое е прикажно користењето на продолжениот дел од пистата при полетување...

[tube]MzqE7VDitys[/tube]

[tube]UQuzNDug_Ck[/tube] 



Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 13-Feb-2012 at 00:46

Уште поголем број пилоти отколку досега ќе бидат изложени на ризик да заспијат во текот на летот поради умор и истоштеност, како резултатот од новиот обврзувачки законски предлог на ЕУ, предудпреди Шведското пилотско здружение.

pilot

Законскиот предлог е поднесен и покрај предупредувањата изнесни од страна на синдикатот Шведско пилотско друштво, дека на околу 50 отсто од пилотите им се случило да заспијат во пилотската кабината на авионот и дека 70 отсто од нив реагирале несоодветно поради премореност.

Европската агенција за безбедност во воздухополвството (ЕАСА) сепак донесе одлука уште повеќе да го зголеми работното време на пилотите на 16 часови при доцнења.

Овој предлог веќе предизвика вознемиреност и кај други пилотски синдикални организации во Европа, кои тврдат дека токму при доцнењата пилотите се веќе во фаза на измореност.

- Опасна премореност настапува веќе по 14 часови работа, покажуваат независни медицински студии кои ги нарачала ЕАСА. Тоа што ЕАСА сепак сака да го зголеми работното време на 16 часови заслужува внимание, вели Гунар Мандал, претседател на Шведското пилотско друштво во интервју за весникот „Дагенс нихетер“.

Деновиве во шведските медиуми беше актуелизирано уште едно предупредување во врска со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанеар“. Повеќемина пилоти на оваа авиокомпанија предупредија дека напорните работни услови на „Рајанеар“ можат да претставуваат опасност за безбедноста на воздушниот сообраќај.

Законскиот предлог на ЕАСА ќе биде обврзувачки за сите земји-членки на ЕУ, доколку биде усвоен во Европарламентот.

http://www.kurir.mk/svet/vesti/60554-Zgolemenoto-rabotno-vreme-na-pilotite-opasno-za-bezbednosta - http://www.kurir.mk/svet/vesti/60554-Zgolemenoto-rabotno-vreme-na-pilotite-opasno-za-bezbednosta


-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: axel
Date Posted: 05-Mar-2012 at 14:37
http://www.flightradar24.com/


Posted By: axel
Date Posted: 23-Apr-2012 at 14:04
Македонија потенцијален член на Данубе воздухопловниот блок

Македонија ќе добие покана да стане член на Данубе ФАБ (Функционален воздушен блок) проектот со што ќе се создаде заеднички воздушен простор, што е дел од еден поголем проект на Европската Унија.
Романија и Бугарија, земји кои треба да го основаат овој авиоблок, размислуваат да упатат покани и до Молдавија, Србија, Црна Гора и Македонија, објавува романскиот интернет портал Романиа-инсајдер.

Романија и Бугарија веќе го потпишаа договорот за креирање на заеднички воздушен простор во декември лани. Ова е дел од ЕУ проектот за Единствено европско небо стартуван во 2004-та година. Проектот предвидува создавање на блокови од воздушни простори меѓу соседните држави, со што се предвидува драстично намалување на трошоците од два до три милијарди евра.

Данубе ФАБ е петти од планираните девет европски воздушни блокови.

http://tocka.com.mk/1/65077/makedonija-potencijalen-clen-na-danube-vozduhoplovniot-blok


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 23-Apr-2012 at 18:07

http://stipka.com.mk/vesti/doma/5528-vo-prilep-nov-ruski-avion - Во „Микросам“ Прилеп ќе се произведуваат делови за Руски комерцијален авион

Во прилепската фабрика „Микросам“ за кратко време ќе започнат да се произведуваат делови за нов руски, комерцијален авион, кој што би требало да биде изработен до 2014 година...

Досегашниот менаџмент на фабриката објави дека руска фирма ќе ја купи производната технологија на „Микросам“ и со неа ќе ги произведе крилјата на новиот авион. Компанијата исто така е и во преговори да извезува ваква технологија и за други авиокомпании, меѓу кои „Боинг“ и „Ербас“.  

Наша цел е да влеземе во авионската индустрија. Засега произведуваме автоматски машини за производство на крилата на авионот. Во иднина, наш предизвик ќе биде производство на роботи за креирање на труп на авионот“, изјави Самоил Самак, потпретседател на Управниот одбор на „Микросам“.

Во новата зделка склучена од „Микросам“ се вклучени и испораки на машини за производство на резервоари за гас за индискиот пазар.

Според изјавата на директорот за продажба на„Микросам“,Димитар Богдановски, во почетокот на идниот месец, за Германија ќе бидат натоварени 24 камиони со машини за производство на плинските боци, кај нивниот тамошен партнер во овој проект и потоа тие ќе патуваат за крајниот потрошувач, Индија. 

Наскоро ќе склучиме вакви договори за Русија, Бразил, Кина и Јужна Америка“, рече Богдановски.

Менаџментот не сакаше да открие колку чини инвестицијата во новата производна линија, но наведе дека во неа вложиле неколку милиони евра. Според нив, цената на оваа технологија на пазарот чини од 6 до 20 милиони евра.

Тие најавуваат дека до крајот на годината ќе биде изградена нова хала за производство и монтажа и за таа цел дополнително ќе бидат вработени 20 нови инженери и работници. Во моментов, во „Микросам“ работат 80 работници.

alt 

Врати се на прва  http://stipka.com.mk/ - страна .




-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Oct-2012 at 22:15




Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 21-Jan-2013 at 00:51


-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-May-2013 at 18:30
Избегнат судир на патнички авиони на потегот помеѓу Прилеп и Кичево
Петок, 17 Мај 2013 19:10

На 7 ми мај годинава била избегната голема авионска несреќа над македонското небо, јави телевизија Алфа.

Пилотите на два патнички авиона имале наредба да не ја менуваат предвидената рута, а авионите на компаниите Изиџет и Шамрок Ерлајнс избегнале судар само благодарение на авионските уреди кои сигнализираат опасност од приближување на друг авион.

Имено, за овој инцидент по барање на двете компании Еуроконтрол започна истрага.

Како што соопшти телевизијата, авионите се наоѓале на потегот помеѓу Прилеп и Кичево на 800 метри оддалеченост, што се смета за многу критично.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Алфа потврдија дека нивни инспектори го истражуваат случајот. Оттаму само кусо одговорија дека се работи на утврдување на причините, по што ќе се преземат натамошни активности. Паралелно бил формиран тим и во Македонска навигација, каде исто така во тек била интерна истрага околу инцидентот.

Според процедурата, комплетниот записник од истрагата ќе треба да биде испратен до националниот комитет надлежен за испитување на инциденти. Статистиката покажува дека по катастрофата од 2002 кога над Швајцарија се судрија руски патнички авион и карго на комапнијата ДХЛ, во светски рамки се регистрирани уште десетина слични инциденти кои за среќа минале без човечки жртви.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/116124-Izbegnat-sudir-na-patnicki-avioni-na-potegot-pomegu-Prilep-i-Kicevo - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/116124-Izbegnat-sudir-na-patnicki-avioni-na-potegot-pomegu-Prilep-i-Kicevo


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-May-2013 at 19:22
Наидов не некои слики од авионската несреќа со Палер Мацедониан во март 1993 г.

http://www.flickr.com/photos/runelind/8888010527/"> http://www.flickr.com/photos/runelind/8888010527/ - Air Crash Skopje 1993 by http://www.flickr.com/people/runelind/ - Rune Lind , on Flickr[/IMG]

повеќе слики на линкот

http://www.flickr.com/photos/runelind/sets/72157633804245653/ - http://www.flickr.com/photos/runelind/sets/72157633804245653/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Oct-2013 at 15:06
најмалиот авион во светот којшто е во употреба



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 12-Nov-2013 at 02:34
Почетна / Конкурси / Оглас за вработување во Qatar Airways
Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО QATAR AIRWAYS



Excel in a world of high standards with Qatar Airways.

More than an opportunity to be part of an award-winning team, this an opportunity to follow your dreams, explore the world, expand your horizons and learn about new cultures. Begin your journey towards excellence. Become the member of our Cabin Crew and fly with Qatar Airways to aver 100 destinations worldwide.

To join one of the world’s fastest growing 5 star airlines, please apply online at http://careers.qatarairways.com and meet our Recruitment Team.

SKOPJE (Male and Female Cabin Crew)

Venue: HOLIDAY IN SKOPJE Mosa Pijade 2 1000 Skopje.
Date; 23rd November 2013 Time: 0900 a.m. sharp
Attire: Female - knee length skirt (no stockings) & short sleeve blouse
Male - formal attire

Please bring your CV in English personally along with full length and passport size photographs. Shortlisted candidates will be required to attend further processes over the next day. The above position will be based in Doha, State of Qatar

. За понатамошни информации ве молиме посетете го qatarairways.com

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Denko
Date Posted: 13-Nov-2013 at 16:16
Grozni sliki od avionskata nesreka vo 1993. Se sekavam kolku bese tazno. Ete do sto vodi coveckoto nevnimanie. Zatoa mudriot narodec rekol "Dva pati meri Ednas seci".


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 20-Nov-2013 at 00:27
Во овој Момент print Scr. од www.Flightradar24.com над Скопје,по се изгледа Александар Велики е затворен поради магла.......

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 22-Nov-2013 at 23:04
Скопјанец ќе управува со џиновскиот ербас на Wizz Air!



Од април авионот на Виз Ер ќе го пилотира 28-годишниот Димитар Илиевски кој потекнува од аероклубот "Скопје". Бизнисменот Предраг Чемерикиќ единствен во Македонија има свој авион

Авионот "ербас А 320" на нискотарифниот авиопревозник "Виз ер" кој отвори база на скопскиот аеродром "Александар Велики", од април наредната година ќе го пилотира 28-годишниот скопјанец Димитар Ивановски. Тој ќе биде најмладиот пилот на авион во флотата на унгарскиот авиопревозник.

Со Диме не можевме да се слушнеме бидејќи тој во моментов е во Франција каде се обучува на симулатор, но затоа, пак, информацијата за овој млад македонски пилот ни ја даде Предраг Чемерикиќ кој во јавноста е познат како вљубеник во авионите, а до пред три години беше прв човек на интернет-провајдерот "Он.нет".
- Диме, исто како и јас, од мали нозе е на спортскиот аеродром "Стенковец" крај Скопје. Можам да речам дека Диме буквално е роден на аеродромот, бидејќи и татко му Ѓорѓи Ивановски, кој е познат параглајдерист, но и мајка му и брат му се позната фамилија авијатичари - ни раскажува Чемерикиќ.

Диме првите сознанија за висините ги добива во аероклубот "Скопје" од Скопје чии членови за обука го користат аеродромот Стенковец. Чемерикиќ вели дека тука од најмали нозе, од 5 години се почнува со воздухопловно моделарство, потоа на 15 години со падобранство, на 16 години со едриличарство и на крај со 18 години со моторно летање на авиончиња.
- Откако ги помина сите етапи, Диме за пилотскиот занает учеше во Бугарија и Словенија. Нам сите во клубот многу ни е мило што Диме од април ќе го вози ербасот на "Виз ер" - вели Чемерикиќ.

Инаку, Чемерикиќ и самиот е пилот, вози мал спортски авион и како што вели, буквално е секој ден на Стенковец и се дружи во височините со своето авионче, но само ако времето е убаво.
- Кога има облаци авионот ми стои во хангарите на Стенковец, каде што има уште три-четири други авиончиња на мои колеги од аероклубот кој е расадник на пилоти кои пилотираат со авиони во Индонезија, Сингапур, африканските земји - истакнува Чемерикиќ.

http://www.sitel.mk/mk/skopjanec-kje-upravuva-so-dzhinovskiot-erbas-na-wizz-air - http://www.sitel.mk/mk/skopjanec-kje-upravuva-so-dzhinovskiot-erbas-na-wizz-air

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Nov-2013 at 23:28
Ако А320 е џин, тогаш незнам што е А380...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Denko
Date Posted: 22-Nov-2013 at 23:50
Originally posted by FoSsiL

Ако А320 е џин, тогаш незнам што е А380...


Posted By: alexsend
Date Posted: 23-Nov-2013 at 14:38
Баш ми е драго што ќе има македонец пилот. Но новинариве ако не ја направат со сила голема кој друг.
Кога прочитав "со џиновскиот" прво нешто на што помислив беше А380. А кога видов дека се работи за А320...веднаш ми стана јасно колку бил начитан новинарот. Но навикнати сме на работата на новинарите во земјава.
Инаку Фосил, мислиш дека знаат што е А380?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: N23
Date Posted: 20-Jan-2014 at 17:35

Сликано е во Берово, а претпоставувам дека сите авиони се од и кон Бугарија, со оглед дека ова е редовна слика речиси секој пола саат.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 20-Jan-2014 at 18:04
Само првиот авион кој доаѓа од лево - има шанси да приоѓа кон Софија(меѓутоа под знак прашалник) или некој од турските компании да полетува од Приштина или Скопје, а останатите два се на голема висина и се во правец север-југ каде поминува голем меѓународен коридор (кој се протега неколку километри источно од нашата источна граница со бугарија)

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jan-2014 at 19:40
Денес забележав еден авион кој ниско прелетуваше над Скопје, веројатно фаќаше агол за слетување на скопскиот аеродром. Ми личеше како да е од ВиззАир. Ама навистина ниско прелетуваше, можеа да му се видат боите.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Tranquilis
Date Posted: 20-Jan-2014 at 19:55
FlyDubai.



Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Jan-2014 at 20:50
На линкот ги имате сите авиони `он лине`,сум испробувал кога ќе видам на линкот дека има авион над мојот град и стварно го пронаоѓам на тоа место.има податоци кој е летот

http://www.flightradar24.com/41.83,22/7 - http://www.flightradar24.com/41.83,22/7


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 20-Jan-2014 at 20:59
Повелете, Fly Dubai заради ветерот правеше go around и слета во обратен правец


-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 20-Jan-2014 at 21:04
над центар леташе на нешто помалку од 3.000ft или околу 900 метра

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Feb-2014 at 10:07
Постара фотографија од охридскиот аеродром



-------------
За сè има вторпат


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Feb-2014 at 23:33
Најдов една стара слика од Југословенските Супер Галеби во Петровец,па не знам дали да ја пребацам тука сликата или на друго место како и да е модераторите нека го средат тоа.

http://s265.photobucket.com/user/mitatos/media/_57.jpg.html">

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2014 at 00:14



Интересна фотка

Само мала исправка, овие се постарите Г-2 „Галеб“, а не „Супер Галеб“

Г-4 „Супер Галеб“ е понов авион, од 80-тите:
http://en.wikipedia.org/wiki/Soko_G-4_Super_Galeb - http://en.wikipedia.org/wiki/Soko_G-4_Super_Galeb





Originally posted by Џоле

Постара фотографија од охридскиот аеродром





Илјушин Ил-62

Интересен авион. Во денешно време веќе екстремно редок. Делува ептен „out of place“ на охридскиот аеродром. Баш ме интересира кога и зошто залутал таму...


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Feb-2014 at 00:34
Пред повеќе од 15 години во Охрид дојде Андреј Козирев,министер за надворешни на Русија.Можда дошол со овој авион.

Се сеќавам кога го шетаа покрај кејот,еден бадијалџија беше оптегнат на клупите ко бездомник.Делуваше многу невкусно и минус за протоколот


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 18-Feb-2014 at 11:16
PART OF A STORY WORTH TELLING


JOIN OUR AWARD WINNING 5-STAR CABIN CREW TEAM,
SKOPJE, MACEDONIA


As the National Airline of the State of Qatar, we seek to reflect the best of Qatar's warm and generous hospitality. Dinner in Paris, Lunch in New York, Breakfast in Montreal, while cruising around the world at 40,000 feet on some of the most modern aircraft in the world is definitely not your typical office job.

Qatar Airways is known to be a truly world class, 5 star global airline, challenging established norms and a leader in airline hospitality. On the ground and in the air we offer our customers a powerful approach to service.

Our Cabin Crew are Qatar Airways' Ambassadors to the world.

The Qatar Airways Cabin Crew team is growing. We are looking for candidates who can deliver our mission by providing "Excellence in everything we do". Known for our 5 star hospitality, we look for future Cabin Crew who can be part of our "World Class Global Brand".

Join our multinational Cabin Crew Team and enjoy a tax-free remuneration package including accommodation, allowances and transportation for duty.

SKOPJE (Open-day: Male and Female Cabin Crew)
Venue: HOLIDAY INN SKOPJE, Mosa Pijade 2, 1000 Skopje
Date: 01st March 2014
Time: 09:00 a.m. sharp
Attire: Formal Business attire

Please bring your CV in English personally along with full length and passport size photographs. Shortlisted candidates will be required to attend further processes over the next day.

The above positions will be based in Doha, State of Qatar.
For further information, please visit www.qatarairways.com

http://news.vrabotuvanje.com.mk/index.php/vrabotuvanje-news-svet/item/259-cabin-crew - http://news.vrabotuvanje.com.mk/index.php/vrabotuvanje-news-svet/item/259-cabin-crew

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Jun-2014 at 17:35




disinternacional.com.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jun-2014 at 13:46






-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Jun-2014 at 17:28
Previous
чиј е?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jun-2014 at 17:43
Мислам дека е на владата.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Oct-2014 at 14:40




mia.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Oct-2014 at 15:32
Windowless plane would let passengers see world around them



If a window seat is enough to make you nervous on a flight, you might want to avoid a new kind of plane that could fly in as soon as a decade.

UK-based tech innovation company Centre for Process Innovation (CPI) hopes to be among the first to design a windowless aircraft. Instead of windows, the plane would have high-definition, flexible screens to show what's happening outside, as it soars through the air.



In other words, there are no actual windows in the plane's passenger section; the displays create the illusion that the cabin walls are transparent.

The concept for windowless aircrafts with displays isn't entirely new. A Paris-based company has a similar project in development, and there's also a design in the works for a windowless jet. But CPI believes the vision could become a reality within 10 years.

The imaging you'd see from the panels would come from mounted cameras outside of the aircraft that the developers say could offer an unobstructed panoramic view, meaning no visible wings or engines. Users could adjust the settings and use the displays for in-flight services, the company said.

The plane would use OLED screens (a high-end, thin-film display technology) with protective coatings made to preserve the displays for its lifetime.

Passengers would also be able to see and set their screen to show a live stream of outside surroundings from a completely different portion of the plane.

But this isn't just about a sleek new flight experience. CPI has made some pretty substantial claims about what this sort of technology could do for the flight industry. For starters, the plane walls would be thinner, more lightweight and stronger than what we have now.



It's also cheaper, CPI said, which could lead to less costly flights for consumers. According to its calculations, each time plane weight reduces 1%, there's a 0.75% savings in fuel cost, so the passenger, manufacturer and the airline will save money.

Of course, what the company said will happen and what actually happens could be very different things, but if you aren't flat-out terrified of this plane model, it could be a fascinating development for commercial aircrafts.

[TUBE]Ga3PMsrHpjU[/TUBE]


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 17-Dec-2014 at 00:26
Занимлив линк....

http://www.macvacc.org/en/ - http://www.macvacc.org/en/http://www.macvacc.org/en/

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 25-Apr-2015 at 11:53
Морничаво..... Видеа од инцидентот на Туркиш.

[tube]Sy-UtJG3uLU[/tube]

[tube]IlhTF5Ksvko[/tube]

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 25-Apr-2015 at 11:56
Пилот не е зафрканција. Какви нерви треба да имаш да приземјиш авион што гори. Секоја чест. Ова според мене го можат само искусни пилоти. Затоа и малку ми беше чудно кога разбрав дека пилотите кои биле во авионот кој падна во Франција биле 28 и 34 години. Според мене ова е премлада екипа. Се случи тоа што се случи со тој авион во тој случај не беше пресудно искуството. Но во вакви случаи кога има дефект на авионот не сум сигурен дека еден 34 годишњак е во состојба вака ладнокрвно да изреагира.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Apr-2015 at 12:32
Самиот авион А320 како овој во случката е сертифициран да лета со еден мотор подолго време (се случува почесто од што сакате да верувате), па така кога има engine fire, прва работа е да се идентификува и угаси моторот ( http://www.theguardian.com/world/video/2015/feb/06/transasia-blackbox-flight-ge235-crash-taiwan-taipei-video - погрешна идентификација на тоа кој мотор треба да се угаси беше причината за ATR-от што падна во Тајван ) и да се прекине доводот на гориво. После тоа, сето останато е вежбано на симулатор, и не е нешто невозможно да се спроведе (се случува и ова често).

Сепак, реалноста е различна секој пат, и никогаш не е школски пример, бидејќи во случајов моторот не само што се запалил, туку имало и експлозија која го оштетила крилото.

Сепак, должам да кажам дека возраста нема никаква врска со справувањето со ситуациите. Тука има врска присебноста и добрата подготвеност, а тие се особини кои се стекнуваат со мноооогу часови поминати во симулатор каде што сите капетани и први офицери имаат поминато низ многу незгодни ситуации како оваа, а богами и многу погадни. Воедно и кабинскиот екипаж е трениран да се справува со вакви настани, па оттаму и успешната евакуација на сите патници.

All's well that ends well. Добро се справија и во Катманду. Секоја чест и за екипажот што ги евакуира сите патници без жртви.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Denko
Date Posted: 25-Apr-2015 at 20:38
Problemot e vo toa sto samata eksplozija na motorot moze da sozdade dopolnitelno ostetuvanja npr. na aerodinamikata ili na sistemot za upravuvanje, koi mozat da bidat kobni za letaloto.


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 26-Apr-2015 at 12:23
Видео до самата писта.

https://www.facebook.com/OfficialWorldofAviation/videos/vb.244241412420392/432151256962739/?type=2&theater - https://www.facebook.com/OfficialWorldofAviation/videos/vb.244241412420392/432151256962739/?type=2&theater

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Apr-2015 at 18:05
на видеава личи како експлозијата да го оштетила системот за спуштање на тркалата

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-May-2015 at 13:32
Дечки, администраторот на овој форум (exyuavforum.herobo.com)ме замоли да бидам модератор на македонската секција. Исто така, му предложив да ви понудам да се зачлените на форумот и да споделувате информации поврзани со авијацијата во нашата земја. Така што, кој е заинтересиран, нека повели.

http://exyuavforum.herobo.com/index.php - http://exyuavforum.herobo.com/index.php

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stratus
Date Posted: 07-Mar-2016 at 15:08
Едно прашање до поупатените. Дали е возможно да се воспостави линија Скопје-Охрид. Колку би била исплатлива, колку време би траел летот, колку би чинел билетот ..?


Posted By: alexsend
Date Posted: 07-Mar-2016 at 17:28
Кога ќе се изгради целосно автопатот ќе се стига за некои 1 саат и 30 мин, со автобус макс 2 часа при што нема логика ништо друго како алтернатива сем воз кој е реален колку и поставување на македонско знаме на месечината.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Tranquilis
Date Posted: 08-Mar-2016 at 11:23
Originally posted by stratus

Едно прашање до поупатените. Дали е возможно да се воспостави линија Скопје-Охрид. Колку би била исплатлива, колку време би траел летот, колку би чинел билетот ..?


Не.

-------------
Perfect speed, my son, is being there.


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Jun-2016 at 16:47


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Aug-2016 at 08:15
СКП, пред некој ден







Антонов АN12



Илјушин ИЛ-76



https://twitter.com/skopjeairport/media - https://twitter.com/skopjeairport/media

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Aug-2016 at 14:27

што правел чешкиов C-295 кај нас?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Aug-2016 at 09:39


Ми се чини дека пред некое време имавме посета од страна на чешки воени лица.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: FlytheSky
Date Posted: 07-Feb-2017 at 21:02
DEICING на Аеродром Петровец! За тие што не виделе.

%20 - https://www.youtube.com/watch?v=oluAun4-oFQ

-------------
Критичар за критика


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 07-Feb-2017 at 22:17
Па зар нема некој кран нешто некоја машина , зарем само ова вака со црево го имаме за овој вид на работа ??


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Feb-2017 at 02:18
Originally posted by WolfLeader

Па зар нема некој кран нешто некоја машина , зарем само ова вака со црево го имаме за овој вид на работа ??
постои машина, ама на голем број аеродроми се прави рачно
[tube]haZGaOMj3YU[/tube]


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: FlytheSky
Date Posted: 08-Feb-2017 at 11:32
Баш рачно се прави и е подобро. Затоа пишав за тие што не виделе.

-------------
Критичар за критика


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 08-Feb-2017 at 22:10
Ауу машината сепак некако ми изгледа помодерно .. али добро како што кажувате ако рачно е по добро .. а сепак такво нешто како на видеото кај нас нема така ?


Posted By: FlytheSky
Date Posted: 08-Feb-2017 at 22:23
Не знам што да ти речам повеќе си има стандардна процедура за оваа постапка што се применува и на Скопски аеродром.

-------------
Критичар за критика


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 09-Feb-2017 at 22:30
Океј јасно ми е )


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 14-Mar-2017 at 20:02
EX-YU aims to merge free route airspace




Representatives from five air navigation service providers have signed a Memorandum of Cooperation during the World ATM Congress in Madrid aimed towards merging the two Free Route Airspaces SAXFRA (Slovenian Austrian Cross-Border Free Route Airspace) and SEAFRA (South-East Axis Free Route Airspace made up of BHANSA [Bosnia and Herzegovina], Croatia Control and SMATSA [Serbia and Montenegro]). The two free route airspaces are crucial cross-border initiatives significantly contributing to the efficient flow of air traffic along the vital South-East Axis. Each project has shown itself to be working out very well, but in line with the goals of the Single European Sky, a merging of those two airspaces will generate even greater benefits. The South East Common Sky Initiative will strengthen the South East Axis by offering the shortest route options between Central and South Europe, including the flows to Turkey and further to the Middle East. This initiative not only works towards achieving the goals of the European Commission regarding the implementation of Free Route across Europe, but also fulfils airspace users’ requests for having multiple route options available for the same city pair. The cooperation of SAXFRA and SEAFRA will produce one of the largest cross-border Free Route airspaces in Europe and is a significant step towards achieving a common European Free Route airspace (FRA) by 2022.

http://www.exyuaviation.com/2017/03/ex-yu-aims-to-merge-free-route-airspace.html - exyuaviation.com

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Sashko
Date Posted: 04-Apr-2017 at 11:39
Дечки што е ова???




Posted By: Duki
Date Posted: 11-Jun-2017 at 20:09
Здраво, ме интересира дали е дозволено да се лета од Скопскиот аеродром, со Wizz со карта на мобилниот телефон?


Posted By: Понтифик
Date Posted: 13-Jun-2017 at 06:36
Да, дозволено е.

-------------
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2018 at 23:34
Еве за гикови кои не ги мрзи да водат нешто вакво за себе

http://www.jetitup.com - http://www.jetitup.com


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Jan-2018 at 12:33
Има ли некој сајт за авијација каде може да се најдат информации за постари линии кои веќе не постојат меѓу одредени градови?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 13-Mar-2019 at 20:54
Македонија ги забрани летовите на „боинг 737-макс 8“ и „боинг 737-макс 9“

И Македонија ги забрани летовите на „боинг 737-макс 8“ и „боинг 737-макс 9“. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека причина за забраната е истрагата која се води во врска со овие типови на авиони.
„Од денеска е на сила забраната за слетување и полетување на воздухопловите ‘боинг 737-макс 8’ и ‘боинг 737-макс 9’, како и надлетување над воздушниот простор над државата. Забраната следи како мерка на претпазливост“, ни изјавија од АЦВ.

По трагичната несреќа на летот ЕТ302 на компанијата „Етиопијан ерлајнс“, кога авион од типот „боинг 737 макс 8“ се урна при што загинаа сите патници и членови на екипажот, Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) вчера одлучи да ги суспендира сите летови на овој модел на авиони. Како мерка на претпазливост, ЕАСА објави директива со која се откажуваат сите летачки операции на моделите „боинг 737-8 макс“ и „737-9 макс“ во Европа. (А.С.)

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2019/03/135374/ - https://nezavisen.mk/mk/vesti/2019/03/135374/


https://edition.cnn.com/world/live-news/boeing-737-max-8-ethiopia-airlines-crash/index.html - https://edition.cnn.com/world/live-news/boeing-737-max-8-ethiopia-airlines-crash/index.html

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Mar-2019 at 23:59
Во Македонија единствено FZ & TK летаа со вакви модели, и тоа многу ретко. За надлетување, тоа е веќе друга приказна.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Mar-2019 at 09:09
Originally posted by гитардемон

Во Македонија единствено FZ & TK летаа со вакви модели, и тоа многу ретко. За надлетување, тоа е веќе друга приказна.


FZ има долетано во СКП со Мах?

За ТК знам


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Mar-2019 at 09:41

Не сум сигурен додуша, знам дека за Белград и Загреб летаат со МАХ, си реков одвреме навреме можно е и тука да долетале. Сигурно прелетуваат.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 02-Apr-2019 at 18:19
Bugarska Cesna okolu 16:20 - ima izgubeno kontakt so Skopje Tower - 26 kilometri juzno od Skopje - nekade okolu Solunska Glava ...

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Apr-2019 at 20:52
Загинале сите четворица патници Нека им е лесна земја.

https://mia.mk/2019/04/poznat-identitetot-na-zaginatite-vo-avionskata-nesre-a-ka-solunska-glava/ - https://mia.mk/2019/04/poznat-identitetot-na-zaginatite-vo-avionskata-nesre-a-ka-solunska-glava/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Jul-2019 at 18:41


https://twitter.com/pece_juventino/status/1146088670044282881

-------------
За сè има вторпат


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Nov-2019 at 09:13
Што е муабетов на Сугаревски? Дали спремаат нешто ново до година или ова се средствата што му следуваат на Виз како дел од последниот повик? Претпоставуам второто, се работи за ~1.6 милиони ЕУР

– Развојот на авиосообраќајот исто така останува приоритетна дејност за Владата која континуирано ни носи видливи резултати. За следната година за финансиска поддршка за нови авиолинии планираме 104 милиони денари.


https://plusinfo.mk/%d1%81%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be/ - https://plusinfo.mk/%d1%81%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be/


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 21-Nov-2019 at 10:05
Originally posted by pbanks


Што е муабетов на Сугаревски? Дали спремаат нешто ново до година или ова се средствата што му следуваат на Виз како дел од последниот повик? Претпоставуам второто, се работи за ~1.6 милиони ЕУР
<span style="color: rgb34, 34, 34; font-family: Verdana, Geneva, sans-serif; font-size: 15px; font-style: normal; font-variant-ligatures: normal; font-variant-caps: normal; font-weight: 400; letter-spacing: normal; orphans: 2; text-align: start; text-indent: 0px; text-trans: none; white-space: normal; widows: 2; word-spacing: 0px; -webkit-text-stroke-width: 0px; : rgb255, 255, 255; text-decoration-style: initial; text-decoration-color: initial; display: inline !imant; : none;">– Развојот на авиосообраќајот исто така останува приоритетна дејност за Владата која континуирано ни носи видливи резултати. За следната година за финансиска поддршка за нови авиолинии планираме 104 милиони денари.</span>
https://plusinfo.mk/%d1%81%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be/ - https://plusinfo.mk/%d1%81%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be/



Тоа се парите кои по основ на последниот повик(за 3 години) секоја година се исплаќаат на Wizz Air

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Nov-2019 at 10:07

Така и мислев. Рециклирање на тоа што е веќе договорено а не нешто ново.


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 21-Nov-2019 at 11:03
Originally posted by pbanks

Така и мислев. Рециклирање на тоа што е веќе договорено а не нешто ново.



Популистичка - “реклама“

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!



Print Page | Close Window