Print Page | Close Window

Буџет(и) - Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=150
Printed Date: 23-Apr-2024 at 23:56


Topic: Буџет(и) - Скопје
Posted By: pbanks
Subject: Буџет(и) - Скопје
Date Posted: 13-Dec-2007 at 00:10
Информацииве ми се малку дежаву но да се надеваме дека Меркатор и Хипо стварно ќе градат оваа година. Хипо пред некое време најави инвестиција во управна зграда во Скопје. Ете изгледа изборот паднал на Општина Карпош. Cheers

Новиот буџет на Општина Карпош ќе тежи 10,5 милиони евра

Најголем дел од приходите Општината ќе ги добие од словенечки „Меркатор“ и од австриската „Хипо“

Касата на Општина Карпош идната година ќе тежи 10,5 милиони евра, процениле општинските власти. Тоа досега ќе биде најголем буџет со кој ќе располага Општината, што се должи, пред се', на блок-дотациите за образованието кои централната власт ги трансферира до општините за потребите на училиштата и на градинките. Според градоначалникот Андреј Петров, касата на Општината идната година во голем дел ќе се наполни од комуналиите кои, всушност, се и најголемиот извор за полнење на буџетот. Имено, в година од таксата за користење градежно земјиште, како и од фирмарина, користење јавни површини и од таксата за осветлување, Општината пресметала дека ќе инкасира приближно три милиони евра, од кои два милиона се од два странски инвеститора.

„Сметаме дека идната година, конечно, ќе се реализира проектот за изградба на трговски центар на ‘Меркатор‘, а веќе во процедура е и проектот за изградба на управната зграда на австриски ‘Хипо‘. Комуналиите ќе ги чинат Словенците 68 милиони денари, а ‘Хипо‘ ќе треба да плати речиси 50 милиони денари“, рече Петров, истакнувајќи дека ова е доказ оти во државава се подобрува климата за инвеститорите и се надева дека и двата проекта ќе се реализираат навремено без непредвидени пречки.

Општинарите планираат најголем дел од проектираните пари за наредната година, околу 900.000 евра, да потрошат за изградба на нови канализациски мрежи, патишта и линии за осветление, а ќе се троши и за доизградба на деловните простории за „Влајко“, за што се планирани околу 160.000 евра. Околу 300.000 евра Општината планира да потроши за изработка на нови урбанистички планови. За изградба на нови спортски и детски игралишта се предвидени 65.000 евра. Општинарите испланирале и ставка за резерви, односно за „црни денови“ ќе остават 14.000 евра. (Дс.Т.)


Извор: http://%C3%90%C2%9D%C3%90%C2%BE%C3%90%C2%B2%C3%90%C2%B8%C3%90%C2%BE%C3%91%C2%82%20%C3%90%C2%B1%C3%91%C2%83%C3%91%C2%9F%C3%90%C2%B5%C3%91%C2%82%20%C3%90%C2%BD%C3%90%C2%B0%20%C3%90%C2%9E%C3%90%C2%BF%C3%91%C2%88%C3%91%C2%82%C3%90%C2%B8%C3%90%C2%BD%C3%90%C2%B0%20%C3%90%C2%9A%C3%90%C2%B0%C3%91%C2%80%C3%90%C2%BF%C3%90%C2%BE%C3%91%C2%88%20%C3%91%C2%9C%C3%90%C2%B5%20%C3%91%C2%82%C3%90%C2%B5%C3%90%C2%B6%C3%90%C2%B8%2010,5%20%C3%90%C2%BC%C3%90%C2%B8%C3%90%C2%BB%C3%90%C2%B8%C3%90%C2%BE%C3%90%C2%BD%C3%90%C2%B8%20%C3%90%C2%B5%C3%90%C2%B2%C3%91%C2%80%C3%90%C2%B0 - Утрински весник



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jan-2008 at 23:27
Не е лошо во споредба со другите години (лани пресметав сумарен буџет од околу 80 милиони ЕУР) но со оглед на тоа дека е предизборна година а и ако се земе во предвид структурата на буџетот (разни еднократни добивки на кои што сметаат) очигледно не се работи за некој одржлив напредок. Ohno

ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ПРОЕКТИРАА АМБИЦИОЗНИ БУЏЕТИ за 2008 година

Општините ќе потрошат 128 милиони евра

Иако буџетите се поголеми од минатогодишните, сепак, парите ни оддалеку не се доволни за да се решат сите проблеми и да се изградат капитални објекти

Општините и Градот Скопје годинава ќе соберат и ќе потрошат вкупно 128 милиони евра. Толку изнесува збирот на проектираните буџети за 2008 година на девет скопски општини и на Градот Скопје.

Иако буџетите главно се поголеми од оние во минатата година, локалните власти не се многу задоволни од сумите бидејќи парите ни оддалеку не се доволни за да се решат сите проблеми во населбите и да се изградат капитални објекти. Општинските буџети најмногу се полнат со пари што граѓаните и инвеститорите на градежни објекти ги уплаќаат за комуналии, кои се строго наменски средства, како и од даноците на имот, наменските дотации од државниот буџет и со многу мал процент од персоналниот и од данокот на додадената вредност.

Најмногу пари годинава ќе потроши Градот Скопје, чиј буџет е проектиран на фантастични 49 милиони евра, најмногу досега. Средствата ќе бидат потрошени за повеќе капитални проекти, за проширување на улицата Илинден, за изградба на нова раскрсница на булеварот Александар Македонски и за реконструкција на јавното осветление. Градските власти најавија и изградба на системи што ќе го спречат паркирањето на тротоари, како и хортикултурно уредување на зелените површини.

- Годинава ќе имаме повеќе еднократни приходи, па оттаму е и поголемиот буџет. Ќе го продадеме уделот во спортската сала „Борис Трајковски“, ќе имаме приходи од давање концесии за користење јавен простор за огласување и планирани трансфери од државниот буџет - рече градоначалникот Трифун Костовски при неодамнешната промоција на градскиот буџет.

Веднаш по Градот, најголем буџет проектираше Општина Аеродром, која планира да собере и да потроши околу 16 милиони евра. Парите најмногу ќе бидат трошени за изградба на нова инфраструктура, а во план е да почне и изградбата на општинската зграда. Амбициозниот буџет на Аеродром е заснован на новите детаљни урбанистички планови, со кои се отвори можност инвеститори во општината да градат станбени згради, аквапарк, затворен олимписки базен, повеќенаменска сала за култура и спорт, хотели, типизирани киосци итн.

Веднаш по Аеродром доаѓа Општина Сарај, која годинава ја почна со проектиран буџет од 12 милиони евра, што е за два милиона евра повеќе од лани. На четврто место е Центар, која планира да потроши околу 10 милиони евра. Општината очекува најмногу пари да собере од надоместокот за уредување на градежно земјиште, околу 2,5 милиони евра, затоа што годинава се очекува да почне изградбата на трговски центар и хотел зад „Рамстор“, поради што во општинската каса ќе се слеат пари за комуналии. Општина Центар од својот буџет ќе издвои 300 илјади евра за основното образование и за градинките, што е доволно за замена на дел од азбестните покриви. Ќе се гради и „мост на цвеќето“ меѓу Градскиот трговски центар и платото пред Македонската опера и балет.

Со сличен буџет од 10 милиони евра е и Општина Карпош, потоа е Гази Баба, чиј буџет изнесува 9,1 милиони евра, па Општина Кисела Вода со буџет од околу 8 милиони евра. Општина Ѓорче Петров планира да собере 6 милиони евра, а Бутел 5 милиони евра. Општина Чаир годинава е со најмал буџет, во износ од околу три милиони евра, речиси исто како и во минатата година.

Не се знае колкав е буџетот на Општина Шуто Оризари бидејќи, според објаснувањата на секретарката на градоначалникот на Шуто Оризари, Ердуан Исени секогаш е на состаноци, а портпаролот никогаш не е на своето работно место во Општината.

Анела Петрова



http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=060766C7B27731478EDE757FE271B59E&arc=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 01:22


Дбро сеа, овдека сигурно не се урачунати приходите што општина аеродром ќе ги има од комуналиите за 160-катниците.

Киро ќе има доволно пари да го дигне булевар Јане Сандански на столбови кај Бисер, а испод надвозникот да направи плоштад, како што сакаше лани... Плус ќе има доволно пари за да постави лежечки полицајци на секој чекор и да изгради уште 50-тина фонтани...

Nuts Wallbash


Него еве кого го интересира, ова е обраќањето на Трифке во врска со буџетот на градот за 2008.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1535&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1535&mid=24&tabId=1&tabindex=0


На денешната седница на Советот на Град Скопје, Градоначалникот, Трифун Костовски им се обрати на присутните со излагање за Предлог Буџетот на Градот за 2008 година.
По обраќањето на градоначалникот Костовски и по дискусијата по Предлогот советниците едногласно го донесоа Буџетот на Град Скопје за 2008 година.
Во прилог ви го пренесуваме во целост обраќањето на Градоначалникот Костовски.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

„Почитувани советници,
Пред се, би сакал да Ве поздравам и да Ви пожелам успешена работна седница.

По сеопфатните дискусии водени со комисиите одговорни за разгледување на различни сегменти од Буџетот , денеска пред Вас е Буџетот на Град Скопје за 2008 година, кој претставува основен инструмент за извршување на надлежностите на Градот Скопје. Тој всушност е годишен план на приходи и одобрени средства, а ги вклучува основниот буџет, буџетот на дотации, буџетот на донации и буџетот на самофинансирачки активности.
Планираните приходи се основна рамка за утврдување на висината на одобрените средства со буџетот.


Во основниот буџет се проектирани приходи и одобрени средства за финансирање на основните надлежности на Градот Скопје. Основниот буџет е проектиран во износ од 2.243.000.000 денари и претставува 73,7% од вкупниот буџет. Вака предвидените приходи со кои располага Буџетот на Град Скопје за 2008 година се значително зголемени во однос на Буџетот за 2007 година.

Споредено со 2007 година основниот Буџет за 2008 година е зголемен за 43,8%. Ова зголемување е базирано на планираните еднократни приходи, како што се приходите од продажба на удели за спортската сала, приходи од давање концесии за користење на јавен простор за огласување и планирани трансфери од Буџетот на Република Македонија како дополнување на изворните приходи на градот неопходни за комплетна реализација на капиталните проекти кои се планираат за 2008 година. Овие капитални приходи и капитални трансфери учествуваат со 23,3% или 523.000.000 денари во вкупните приходи на основниот Буџет за 2008 година. Додека даночните приходи како носечки дел од вкупните приходи учествуват со 70,2% во основниот Буџет.

Приходите од даноци на имот со кои се опфатени приходите од данокот на имот, данокот на наследство и подарок, данок на промет на недвижности, учествуваат со 21% во приходите од основниот Буџет, додека Приходите од комунални даноци во кои спаѓаат комуналните такси согласно законот за комунални такси и надоместокот за уредување на градежно земјиште учествуваат со 48% во приходите на основниот Буџет.

Вака предвидените приходи ја акцентираат зголемената наплата на комуналните такси и даноци на имот, кои ги администрира Градот, со превземање на мерки преку ажурирање на базата на податоци за даночните обврзници, согласно измените на законот за даноците на имот. Додека пак зголеменото учество на приходите од комунални даноци се условени од вкупната економска клима во државата и влезот на странски капитал, поради што се очекуваат инвестициона градба во главниот град, што повлекува зголемување на приходите од надоместок за уредување на градежно земјиште.

Приходите од тековните трансфери од други нивоа на власт како што се законски утврдените трансфери од Фондот за патишта и дотациите од ДДВ заедно учествуваат со 3% во основниот буџет, и уште еднаш го потврдуваат недоволното учество на приходи од државата за изградба на современа инфраструктурна мрежа на патишта во главниот град на Републиката.
Вака предвидените вкупни средствата во основниот буџет се проектирани врз основа на тесната рамка на изворните приходи кои Градот Скопје според законските прописи е надлежен да ги администрира и сеуште не отсликуваат квалитетен и перманентен извор на приходи, потребен за ивршување на утврдените надлежности, а со цел квалитетно задоволување на потребите на граѓаните на главниот град на Републиката.

Тоа би значело дека, во оваа преодна фаза на децентрализација, и во услови на севкупна општествена клима на незавршени транзициски реформи сеуште најголемиот дел од приходите се администрираат на централно ниво, а законски утврдениот процент за Градот е минимален, со што се оневозможува финансирање на децентрализираните надлежности, кои претставуваат значаен дел, т.е основа на целокупниот систем.

Сакам да потенцирам, дека и покрај неповолната реализација на приходите во 2007 година, наша заложба која успешно ја остваривме, беше целосна исплата на стар долг, кој на денот на превземање на мандатот (15.04.2005 година) изнесуваше 675 милиони денари. Додека со основниот буџетот за 2008 година е предвидено исплаќање на тековни обврски .

Имајќи го предвид фактот за ограничените средства со кои располага Градот Скопје, основната цел на Буџетот за 2008 година е да се насочат одобрените средства кон најприоритетните проекти, како и да се овозможат услови за спроведување на основните надлежности на Градот Скопје.
Вака димензионирани средства ги претставуваат реалните проценки за реализација на приходите во 2008 година и се предвидени за завршување на започнатите активности и отпочнување на нови како што се:

  • изградба на крстосница на бул. Александар Македонски кај хотелот Континентал, со која би се овозможил непречен влез и излез на возила во главниот Град; потоа проширување на булеварот Илинден како би се растеретил сообраќајот во централното градско подрачје; потоа хортикултурно уредување на зелените површини во градот, реконструкција на јавното осветлување; изградба на системи со кои би се оневозможил пристап на возила на пешачките површини.


Освен одобрените средстава за наведените капитални проекти, со Буџетот на Град Скопје за 2007 година се предвидени и средства за непречено извршување на надлежностите т.е непречено функционирање на Градот како што се:

уредувањето на градежно земјиште како договорна обврска при изградба на станбени и деловни објекти; одржување и заштита на магистралните и собирните улици на подрачјето на Град Скопје како и регулирање на режим на сообраќајот; тековно одржување на урбаната опрема во градот; изработка и украсување на градот со знамиња за време на празници; одржување на системите за јавно осветлување; потоа расчистување на диви депонии, подигање на умрени животни, дезинсекција и ерадикација; летно и зимско одржување на магистрални и собирни улици (крпење дупки и санации); одржување на вертикалната, хоризонталната и светлосната сигнализација како и поставување нова и обнова на дотраената сигнализација; работи на регулација на коритото на реката Вардар и останати активности во функција на подобрување на квалитетот на живеење во главниот град.
Со Буџетот на Град Скопје за 2008 год. се проектирани и средства за повеќе културно уметнички манифестации и за финасирање на проекти од локален интерс за Градот Скопје, како и за организирање и помагање на спортски манифестации и клубови кои го поттикнуваат културниот и спортско- рекретивниот живот во градот.
Во социјалната област се проектирани средства за трансфери до здруженија на граѓани поради остварување социјална грижа на повеќе целни групи и поддршка на кампањи од оваа област; обезбедување непречен пристап и прилагодување на простор до институциите од областа на културата и средните училишта за лицата со посебни потреби, како и субврнционирање на автобуски карти за инвалидизирани лица и покривање на трошоци за организиран превоз на инвалидизирани студенти.
Во согласност со законските одредби, Градот Скопје обезбедува и средства за тековно-оперативното работење на територијалните противпожарни единици и за финасирање на програмските активности на Противпожарниот сојуз на Град Скопје. Овие средствата се значително зголемени, поради вработување на 40 пожарникари и набавка на нова заштитна опрема за пожарникарите за кои градот одвои средства.

Што се однесува пак на буџетот на наменски дотации, проектирани се приходите од дотации и одобрени средства кои се користат за финансирање конкретна намена, надлежност, програма и инвестиционен проект. Буџетот на наменски дотации изнесува 211.825.077 денари и претставува 6,9% од вкупниот буџет на Град Скопје. На страната на приходите во буџетот на дотации се проектирани наменските дотации од Државата кои се предвидени за финансирање на пренесените надлежности во делот на образованието, културата, социјалната заштита и платите на вработените во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Висината на дотациите во областа на образованието е зголемена во однос на 2007 година, додека пак висината на дотациите за институциите од областа на културата е значително намалена и не е доволна за покривање на реалните потреби за непречено одвивање на дејноста во културните установи чии потреби се значително поголеми, со што се потврдува и оваа година недостатокот на средства од наменските дотации.

На страната на одобрените средства во буџетот на дотации, 65% од дотацијата за активности во културата и 100% од дотацијата за средно образование се проектирани за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт, поради покривање на основните оперативни расходи за непречено функционирање на установите и средните училишта од една страна и тесната рамка на дотациите од друга страна. Останатите одобрени средства за трошење во областа на културата и социјалната заштита се предвидени за останати тековно оперативни расходи во функција на дејноста.


Во буџетот од самофинансирачки активности се проектирани приходите од активностите на буџетските корисници кои се дополнителни на основните активности и одобрени средства во износ од 438.593.963 денари или 14,4 % од вкупниот Буџет на Град Скопје.

На страната на приходите во буџетот на самофинансирачки активности се проектирани приходите кои ги реализираат буџетските корисници по основ на административни такси во образованието и науката, приходи од помошни активности во образованието, приходи од продажба на производи, влезници за културни манифестации и членарини, приходи од закупнина на објекти како и трансфери од други нивоа на власт за одржување на манифестации.
На страната на одобрените средства во буџетот од самофинансирачки активности се проектирани расходи за изградба, реконструкција, одржување, купување на средства и опрема, како и разни трансфери и договорни услуги за организирање на образовни и културни активности наменети за унапредување, осовременување и развој на дејноста во институциите од областа на културата и средните училишта, како и манифестации со локален интерес. Поради тесниот обем на наменската дотација од страна на државата, освен овие расходи на страната на одобрените средства во буџетот од самофинансирачки активности се проектирани и расходи за тековно одржување на зградите и опремата на училиштата и културните установи.
Буџетот на донации е проектиран на ниво од 147.148.460 денари и претставува 4,8% од вкупниот буџет на Град Скопје. Тука се проектирани приходите од донации и одобрени средства кои се користат строго наменски согласно договор склучен со донаторот и ќе се реализираат повеќе донаторски проекти на градот Скопје кско и на буџетските корисници.
Почитувани советници,
Вака концепиран буџетот на Град Скопје за 2008 година предвидува реализација на активности со кои се овозможуваат услови на граѓаните за непречено функционирање во градот, како и создавање подобри услови за живеење на сите граѓани, со заложби и напори во рамките на нашите надлежности и во овие зададени макроекономски услови да го извлечеме максимумот за граѓаните.
Поради тоа, Ве повикувам да му дадете поддршка на Буџетот на Град Скопје за 2008 година, затоа што со тоа им ја давате поддршка на вашите сограѓани.

Ви благодарам на Вашето внимание !


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2008 at 19:58
МИЗЕРИЈА:



Буџетот на Скопје за 2008-ма 50 милиони евра

Речиси 50 милиони евра тежи буџетот на град Скопје за 2008 година. Советниците го усвоија едногласно.


Белград: Речиси половина милијарда евра за реконструкција на Белград

Близу 440 милиони евра ќе бидат вложени во реализација на инвестициониот план на Градот белград во наредната една и пол година, соопштија денеска српскиот министер за финансии Младен Динкиќ и градоначалникот Ненад Богдановиќ.

Дел од средствата се од меѓународни финансиски институции, а другиот дел е од приватизациониот фонд на Србија. Парите ќе бидат вложени во сообраќајната инфраструктура, изградба на станови, здравството, образованието, туризмот, спорт, култура и верски објекти. /макфакс/


Може ли некој да ми објасни, какви измени во законот се потребни за да имаме еден пристоен буџет? Дали тоа ќе го наруши „балансот“ ,  односно како ќе се пренасочи изворот на парите без да се создаде  нерамнотежа во економијата. Се надевам дека не истрескав зелени бидејќи не знам како точно функционира економијата, па се изразив најјасно што можам.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Feb-2008 at 20:24
Па и јас не сум економист, ама очигледно дека на Скопје му треба поголем дел од колачот. Тоа е потребно пред се поради развојот - то ест би била повратна и исплатлива инвестиција. За жал нема друг начин освен нешто да се скрати во државниот буџет, ама мислам дека инфраструктурата во Скопје има приоритет пред многу други работи.

Е сега како точно тоа би се извело не знам, претпоставувам со зголемување на уделот на градот во даночните зафаќања како на пример ДДВ.


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2008 at 20:55
Поголеми градови

Прага - 1.2 милиони жители, 2 милијарди ЕУР
Софија - 1.2 милиони жители, 400 милиони ЕУР
Белград - 1.3 милиони жители, 800 милиони ЕУР

Градови со приближна големина колку Скопје

Загреб - 784.000 жители,  1 милијарда ЕУР
Łódź - 767.000 жители, 694 милиони ЕУР
Poznań - 567,882 жители,  555 милиони ЕУР
Gdańsk - 458,053 жители,  500 милиони ЕУР
Братислава - 425.000 жители, 305 милиони ЕУР

Помали градови

Вараждин - 50.000 жители, 52 милиони ЕУР
Сплит - 222.000 жители, 200 милиони ЕУР
Љубљана - 266.000 жители, 360 милиони ЕУР +  140 милиони ЕУР од државата (податоци од 2006)
Марибор -  115.000 жители, 110 милиони ЕУР + 60 милиони ЕУР од државата (податоци од 2006)
Брно -  367.100 жители,  375 милиони ЕУР
Подгорица - 135.500 жители, 92 милиони ЕУР
Нови Сад - 300.000 жители, 182 милиони ЕУР
Бања Лука - 200.000 жители, 85 милиони ЕУР
Кошице - 235.000 жители, 92 милиони ЕУР
Темишвар - 300.000 жители, 257 милиони ЕУР

____________

Па сега проценете вие колку заостануваме и тоа зад сите без исклучок.
 


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 21:02
богами ова е срамотно за Скопје , има право понекогаш Трифун што се буни затоа што човекот не може да дотера ниту еден проект до крај ;(



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: blejdsk
Date Posted: 07-Feb-2008 at 21:13
nie ostvari imame budjet kako edno SELO od zemjite na EU. -no comment. -katastrofa.

Praga ima 2 miljardi - R. Makedonija za 2008 ima 2 miljardi


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2008 at 22:07
Прва работа што треба да се направи е да се централизираат средствата што веќе ги има Скопје. Од 128 милиони ЕУР оваа година само 50 се на градот а остатокот е распрчкан по општините каде градоначалниците во голема мера се глупираат. Средствата дистрибуирани на тој начин неможат да се усмерат кон ниеден капителен проект. И 128 милиони е малку но би било многу подобро ако би биле концентрирани во градот.

Дефинитивно законот за град Скопје не го бива, за ова веќе имавме дискусија но еве повторно се потврдува.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2008 at 16:02
Градот во 2009-та ќе троши 51 милион евра, најмногу за трамвајот

Скопје
Градот наредната година ќе троши 51,5 милион евра, од кои 7,2 милиони или 13 отсто ќе се наменат за трамвајот, како најголема поединечна ставка во него. За оваа намена ќе се одвои речиси една четвртина од парите во градскиот буџет што се предвидени за капитални инвестиции. Со нив треба да се платат проектот, ревизијата и консултантите, да се изградат депото и шините во него, да се направи трафостаница од која ќе се снабдуваат возилата и да се гради дел од трасата.

Градот планира да собере 67 отсто од парите од даноци, 21 отсто од трансфери од државата, осум отсто од продажба на удели, два отсто од такси и од други надоместоци и исто толку од капитални приходи.

ИЛИНДЕНСКА ПАК Е НАЈСКАПА УЛИЦА, НО НИКАКО ДА СЕ НАПРАВИ

За инвестиции ќе се потрошат 63 отсто од буџетот, односно околу 32,5 милиони евра. Со 8,5 милиони евра треба да се прават и да се реконструираат улици и мостови. Треба да се догради булеварот Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче, булеварот Србија во Кисела Вода, Македонска војска во Ѓорче Петров и Теодосиј Гологанов, од центарот до Тафталиџе. Предвидена е и нова улица во Волково и изградба на тротоари. Најголем дел од овие пари и оваа година ќе биде наменет за претворање на улицата Илинденска во булевар, проект заглавен во административни процедури за кој општините Центар и Карпош не издаваат градежни дозволи. Уште од 2004 година се предвидуваат пари за него. За наредната година се планира и изградбата на плоштадот кај црквата „Света Богородица“, иако тоа требаше да се направи по последниот ребаланс на годинешниот буџет. Во оваа ставка се предвидени и проширувањето на Првомајска, реконструкциите на крстосницата кај Тутунскиот комбинат и на клучката кај Бит-пазар, обнова на автобуските станици и други помали проекти. Со 32 илјади евра ќе се прават проекти за мостови.

По еден милион евра се предвидени за прочистување отпадни води и за урбана опрема. Треба да се градат системи за водите во Аеродром и во Градскиот парк. Од урбаната опрема, пак, најмногу пари ќе се трошат за бетонските жардиниери на булеварите, потоа за нови клупи и за контејнери. Со над два милиона евра ќе се прави центар за управување и контрола на сообраќајот, кој треба да ги замени сообраќајните полицајци на крстосниците, ќе се воведува систем за автоматска локација на автобусите на градскиот превоз, ќе се набавуваат браници за да се оградат жолтите ленти за јавниот сообраќај, ќе се купуваат светилки за семафорите, знаци и слично.

Речиси три милиони се наменети за зеленилото, со кои се опфаќаат реконструирањето на Градскиот парк и подигнување нови зелени површини покрај улиците. Со овие пари ќе се прават и цветни знамиња, а хортикултурно ќе се уредат и просторите околу стариот аквадукт и околу театарот што се гради на кејот на Вардар. Ќе се направат и висечки жардиниери на канделабрите, по примерот на многу европски градови. Има еден и пол милион евра за реконструкција на културните институции, односно на детскиот креативен центар „Карпош“, на Младинскиот културен центар и на салонот „19,19“ во КИЦ. Од новиот буџет на градот ќе се офајдат и пожарникарите, на кои ќе им се купат противпожарни возила, но и автомобил, канцелариски мебел, греење и климатизација и опрема за во кујна.

За тековното одржување на постојните објекти и инфраструктура, осветлувањето, дезинсекциите, чистењето на Вардар и за сличните комунални услуги се предвидени 6,4 милиони евра.


ПО 7.300 ЕВРА ЗА СЕКОЈ СОВЕТНИК

Градоначалникот, советот и администрацијата за своите потреби ќе потрошат 6,8 милиони евра, од кои 2,6 милиони за плати на вработените. За 45-те советници се предвидени 331 илјада евра, односно по 7.300 евра за секој од нив. Членувањето во советот не е работно место, туку дополнителна дејност, а повеќето советници се вработени и земаат плати од други институции или од фирми. Градот ќе се поднови и со нови возила, за кои ќе потроши 260 илјади евра.

Иако Трифун Костовски најави дека нема да се кандидира за наредните избори, во делот од буџетот за поддршка на активностите на градоначалникот се предвидени речиси 200 илјади евра за телевизиски емисии со кои граѓаните треба да се информираат за активностите на градот. Оваа ставка тежи вкупно 610 илјади евра, а во неа се опфатени и издавањето на градскиот весник и на публикацијата „како се трошат вашите пари“, како и трошоците за 26 Јули, за Нова година и слично.

Од другите трошоци, 5,8 милиони евра ќе се потрошат за четириесетина манифестации и за други активности со кои треба да се поддржат туризмот, локалниот економски развој, образованието, културата и спортот, а со овие пари исто така ќе се субвенционира ЈСП и ќе се покриваат тековни трошоци на противпожарната бригада. Меѓу манифестациите спаѓаат фестивалот на виното, гурманскиот викенд, тортијадата, месецот на трговијата, изборот на најдобар угостителски објект, фестивалот на зимницата, како и неколку проекти за ракотворци. Ќе се печати туристички материјал, ќе се учествува на саеми, а со 2.500 евра од парите за туризмот ќе се организираат автобуски тури низ градот.




Спомениците ќе „изедат“ четвртина од буџетот на Центар

Општината Центар наредната година ќе троши 22 милиона евра, според одлуката на општинскиот совет. Од нив, шест милиони или повеќе од една четвртина се наменети за изградба на споменици.

Со околу три милиони ќе се прават и ќе се реконструираат улици, мостови и паркиралишта. Трошоците за плати на вработените изнесуваат околу 300 илјади евра. Сепак се планира зголемување на расходите за работа на администрацијата, односно за комунални дејности, греење, комуникација и транспорт, кои ќе изнесуваат 400 илјади евра.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=270&ArticleID=14184


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Dec-2008 at 18:15
три милиони ќе се прават и ќе се реконструираат улици, мостови и паркиралишта


Колку мостови улици и паркиралишта можеш да НАПРАВИШ и да РЕКОНСТРУИРАШ со 3 милиони евра?!


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Dec-2008 at 21:47
Прекрасно е да се знае дека една од градските општини за споменици издвојува скоро исто колку што градот издвојува за круцијалниот и убедливо најдоминантниот инфраструктурен зафат - трамвајот

Тешко е да се поверува колку се изместени работите кај нас, а не помалку тешко е да се сфати зошто нема сериозна општествена реакција на ваквите чудесии. Ова со трамвајот наспроти спомениците без преувеличување е за во рубрика „верувале или не“.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 23-Dec-2008 at 12:03
Искрено само се нарвирам кога ги читам ставките на буџетот на градот и скопските општини. Сеуште не можат да направат поделба на капитални и тековни инвестиции, а парите се трошат најмногу на партиски вработувања и на фантомски фирми за да копаат по општините и да извршуваат минорни поправки.
Големината на буџетот на Град Скопје е посебна приказна која докажува дека централизираниот авторитарен систем во кој има само еден центар на моќ, а се останато се ситни риби, СЕУШТЕ ФУНКЦИОНИРА ВО МАКЕДОНИЈА!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Dec-2008 at 13:45
kaj bucetot od skopje pisuva nova ulica kaj volkovo
koja volkovo ima mnogu volkovo vo skopje...mozebi tamu kade se gradit vero supercenter?


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Dec-2008 at 21:31
My Macedonia, локацијата на Веро е означена со црвено, а во аголот е ГТЦ за да се ориентираш. Волково е 9 км североисточно од овде






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2008 at 22:12
Волково е 9 км североисточно од овде


северозападно Smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Dec-2008 at 22:13
Bonk

Точно, 9 км северозападно од овде


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: kire85
Date Posted: 30-Dec-2008 at 03:49
hahahaha najbolji se nema sto.....6 milioni za spomenici, a 3 milioni za rekonstrukcija na mostovi i ulici!!

ne e bitno ako naletas na nekoja rupetina po ulicite kade sto cela kola moze da ti propadne...ne e bitno ako se srusi most od sto mnogu gi oddrzavaat...ne e bitno ako ulickite okolu sobranieto se posleden pat rekonstruirani od vremeto koga e izgradeno sobranieto.....i ne e bitno sto pola centar e zona sumraka i dovlo na manijaci i zavisnici od droga.....VAZNO ALEKSANDAR MAKEDONSKI GO IMAME NA PLOSTAD, SE DRUGO E VTOROSTEPENO!!!

ke se vozdrzam od smiley stavanje oti ke se nakurcam epten pa 3 strani ke mi bide postov


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Dec-2008 at 13:33

fala la linea super si  mi razgasuval kade e Thumbs%20UpThumbs%20Up

ovaj ne e Буџет  od skopje tuku od debar ama aj kade da go postiram??
kolku sum procital kaj albanskiot vesnik od makedonija ( Fakti ditor) PISUVASE DEKA  Буџетот OD DEBAR ce bide 3 Mil.denari pomal od stariot  Буџет .
Noviot Буџеt e okolu 4 mil.evra  eden golem del ce ojt kaj komunalnite uslugi (i za automobili)
 


Posted By: dejan
Date Posted: 30-Dec-2008 at 15:23
Да не си од Дебар? Незнам колку пари би му требал на таков мал град, ама на мене ми изгледа како да се малку.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Dec-2008 at 15:28
Dejan во глобални рамки е премалку тоа, и 52 милиони се премалку за Скопје. Ама за Македонски услови Дебар е доста добар со буџетот.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Dec-2008 at 15:29
ne, jas sum od kicevo,pisuvase kaj vesnikot


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Jan-2009 at 11:13
metropolata skopje OhnoLOLCrazy 
da vidime sto iat metropolata 

СКОПЈЕ, ЈАВНА ПОВРШИНА, ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ И ПРАЗЕН БУЏЕТ


Кинески ѕид го загради кејот!


Ако 2007 година беше позната по џиновската полулегална градба во Градскиот парк наречена кинески ѕид, крајот на 2008 го одбележа уште еден кинески ѕид, но овојпат во епицентарот на македонската метропола, на кејот 13 Ноември


Ако 2007 година беше позната по џиновската полулегална градба во Градскиот парк наречена кинески ѕид, крајот на 2008 го одбележа уште еден кинески ѕид, но овојпат во епицентарот на македонската метропола, на кејот 13 Ноември. По цела должина на најфреквентното шеталиште се поставени, грди, високи, лимени паравани и тоа за потребите на приватното градилиште во непосредна близина на плоштадот, кај некогашната Стара народна банка. Таму, македонско-холандската фирма Дивелоп груп ќе почна да гради административно-деловна зграда на седум ката, па барикадите се поставени за да ја обележат трасата по којашто ќе поминуваат камионите и тешката градежна механизација. Оваа слика на центарот на Скопје ќе мора да остане најмалку две години, што е период во којшто се предвидува изградбата на комерцијалната висококатница.
Инвеститорите, иако имале обврска да изградат подземна сообраќајница која ќе води до нивниот објект, па потоа да почнат да градат, направија импровизиран пешачки мост како пристапен пат до кафулињата и Трговскиот центар од другата страна на параванот.

Весникот Вечер, скопјани и стручната јавност први протестираа и јавно ги прашаа надлежните институции како може јавни површини да се користат за приватни цели, а никој за тоа да не одговара или барем да плати?!... Дотолку повеќе што станува збор за простор од преку илјада метри квадратни. Ако се знае дека во согласност со Одлуката за користење на јавни површини, која беше донесена од страна на Советот на Град Скопје, во април годинава, за метар квадратен во Малиот ринг се наплатува по 200 денари месечно, тогаш загубата што ја има не само Градот туку и самите граѓани, за кој е наменет се мери во илјадници евра.

Само како пример, доколку некој би сакал да ги користи овие, најмалку илјада метри квадратни од површината на кејот, за сопствен интерес би требало да плати околу 200 илјади денари месечно, или 40 илјади евра годишно. Во овој случај Градот и граѓаните губат.

Група граѓани организираа дури и протест којшто неочекувано доби политичка димензија, а состојбата многу перфидно ја искористија и некои приватни бизнисмени кои имаат аспирации за градоначалничкиот кабинет, па од толку сериозната работа направија циркузијада. Никој од повиканите надлежни институции не ја презеде одговорноста и дигаат раце од проблемот. Од одговорноста за овој случај се оградија скопскиот градоначалник Трифун Костовски и градоначалничката на Центар , Виолета Аларова кои вината си ја префрлаа од еден на друг. Од Дивелоп груп, пак, тврдат дека нема пречка за да почнат да градат. Ја поседувале комплетната документација од Општината Центар и од Градот, имаат градежна дозвола и велат дека градежните работи ќе ги изведуваат според Законот за градење.

Само за потсетување еден квадратен метар на оваа ексклузивна локација е продаден по минимална цена од 25 евра, во времето на поранешниот министер за транспорт Агрон Буџаку, што уште тогаш беше оценето како скандал во јавноста.

По секој дожд, Скопје како Венеција

После секој дожд, скопските улици се дават од вода и се прави невиден колапс во сообраќајот. Подвозникот кај "Дојрана", кај Маџари, Керамидница, на Сава Ковачевиќ во Кисела Вода, во Црниче, Нерези..., се само мал дел од црните точки каде редовно, од пролет до зима, се прават реки вода и помали езера.

Приказната со години е иста, граѓаните реагираат, но, никој не се најде способен да го реши проблемот. Поголемиот дел од улиците во градов немаат атмосферска канализација, а кај оние кои имаат, сливниците се редовно затнати со отпад или лисја. Градските власти велат дека само 30 проценти од Скопје е покриено со атмосферска канализација, а 80 отсто има фекална канализација. На одредени делови цевководите се стари и според профилите не ги задоволуваат потребите. На местата каде што нема атмосферска канализација, атмосферските води се слеваат во фекалната мрежа.

Сите градоначалници најавуваат офанзива за изградба на атмосферска мрежа на секоја улица што ќе се гради или реконструира.

Шаторски черги среде метропола!
Запрежни коли и коњи, распослани шатори и импровизирани картонски колиби, огромни вреќи полни со пластични шишиња, хартија, стари предмети. Среде смрдеата на коњски измет и урина, детски џагор. Иако сето тоа можеби и не оди заедно, сепак, ова е првата слика на македонската метропола која секој случаен или намерен патник ја гледа при симнувањето од железничките перони. Под столбовите на Железничката станица, на работ на сиромаштијата уште од пролетоска живеат неколку семејства. Под ведро небо, со татнежот на локомотивите. Велат, животот не им е лесен, но го живеат чесно.

Надлежните институции се согласни дека овој проблем мора да се реши, но, досега не понудија вистинско и трајно решение. Се надеваат дека тоа ќе се надмине со предвидените пакет социјални мерки, но и со новиот Закон за комунален со којшто се предвидени ригорозни санкции и глоба на лице место во висина од 50 до 4.000 евра во зависност од прекршокот.

Окупација на диви пазарџии
Камиони преполни со зеленчук и овошје, вреќи и импровизирани тезги од картонски кутии на кои се продаваат разни дребулии, цвеќе, евтин текстил, секојдневно се множат пред трговските центри и поголемите маркети. Распослани на пешачките патеки, приодите, сообраќајниците, го спречуваат нормалното функционирање на сообраќајот, а околу нив редовно има купишта ѓубре од кое се шири неподнослива реа.

Ситните трговци на диво својот бизнис го нарекуваат борба за живот, единствена можност да заработат за парче леб. Согласно со Законот за трговија, пазарната инспекција има ингеренции да донесе решение за привремена забрана на вршење на дејноста трговија во траење од седум дена и да наложи да се регистрира во соодветниот регистар доколку тој не е регистриран. Покрај решението за привремена забрана на вршење на дејност државниот пазарен инспектор на лице место изрекува и мандатна казна во износ од 100 евра во денарска противвредност.

Дупки од сите страни
Во скопскиот метеж најтешко им е на лицата со посебни потреби, на оние кои се принудени да користат инвалидски помагала или на мајките со бебиња. Речиси и да нема дел од градов каде што може лежерно да се извозат барем двесте метри со количка, а притоа да не се наиде на дупка на тротоар, на улица. Да не зборуваме за високите рабници, за недостатокот на пристапни рампи на голем број места и институции. И на паркиралиштата, задолжителниот број на места наменети за паркирање на лица со инвалидитет многупати се узурпирани.
Дупки, на улици, на тротоари, на мостови... демнат од сите страни.

Сообраќаен хаос преку цел ден
Во Скопје веќе нема одредено време кога е најголемиот сообраќаен метеж. Заглавени колони автомобили, свирежи и нервозни возачи можат да се видат на секој дел од градов, а шпицот започнува уште од раните утрински часови и трае преку целиот ден. Во ваквиот сообраќаен хаос многу тешко се пробиваат противпожарните возила или пак оние на Брза помош, на екипите на кои секунда изгубено време може да значи изгубен живот.
Решението за обезбедување на нормален проток на сообраќајот, според сообраќајните експерти, е во проширување на примарната сообраќајна мрежа со брзи магистрали, собирни улици, надвозници и подвозници.

Ѓубре, депонии и некултура
Преполни контејнери и канти, диви депонии, хартии, пластика на улиците... Скопјани и ЈП Комунална хигиена водат серизна битка. Првите најчесто не го почитуваат комуналниот ред и фрлаат ѓубре во секој период од денот. Не е мал бројот и на оние кои фрлаат отпадоци секаде каде што ќе стигнат само, не во садовите предвидени за тоа. Го чистат сметот од своите домови и ги оставаат пред врата. Така, секојдневно никнуваат диви депонии. Комуналците пак, не стигнуваат да ги пратат во чекор. Немале доволно контејнери, немале доволно возила, но и желба. Значи, причините се објективни и субјективни.

Крајот на ноември помина во знакот на нафтената криза кога поради недостаток на нафта постоеше опасност метрополата да се задуши во ѓубре. За среќа, работите многу брзо се средија и не дојде до ескалација на проблемот

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC1084550CE94543B54E84E6F0AFC2F3 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC1084550CE94543B54E84E6F0AFC2F3


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jan-2009 at 11:25
АМБИЦИОЗНИ ГРАДСКИ ПРОЕКТИ НА ИСТЕКОТ НА МАНДАТОТ
За почеток на трамвајот предвидени 442 милиони денари

Роза Петкова

Буџетот на Град Скопје годинава ќе се троши на изградба и на поправки на улици и мостови, за трамвај, системи за прочистување отпадни води, центар за контрола на сообраќајот, урбана опрема, реконструкција на првиот и на вториот дел од Градски парк, а помали суми се издвоени и за култура, спорт и за рекреација, како и за заштита на животната средина. Во градската каса воопшто не се предвидени средства за изградба на системи за водоснабдување, ниту за изградба на паркинг-простори. Градоначалникот Трифун Костовски како најграндиозен проект го најави трамвајот за кој само годинава се предвидени речиси 442 милиони денари. Од новиот систем за транспорт на патници се очекува да ги намали времето на патување и емисијата на штетни гасови и да штеди енергија. Замислата е да се финансира од буџетски средства, чиј вкупен износ за пет години е приближно 11 милијарди денари и да се добијат уште две милијарди преку заеми од Европската инвестициска банка и донации. Од сето тоа досега ништо не е почнато, а, како што стојат работите, проектот кој Костовски го најавуваше за време на целиот свој мандат, ќе стартува дури по неговото заминување. Последните информации од Градот велат дека до 15 јануари треба да се распише тендер за изведувач на првата траса. - Објективно, првата лопата може да се очекува кон крајот на март, почетокот на април. Мое оптимистичко очекување е првата траса во должина од 12 километри да се заврши до средината на идната година “ изјави градоначалникот. Во приоритетните капитални инвестиции на градот, кои заземаат околу 63 проценти од буџетот, влегува и доизградбата на булеварите Видое Смилевски-Бато, Србија, Македонска војска и Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Волково и изградба на тротоари. Сето тоа ќе чини 174 милиони денари, а за сума од 270 милиони денари ќе се прошируваат улицата Првомајска, булеварите Илинден и Гоце Делчев, ќе се прави клучката кај Бит-пазар, крстосницата кај „Тутунски комбинат“, плоштадот околу црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ заедно со кејот Димитар Влахов. Градските власти предвиделе два милиони денари за проекти за мостови и уште толку за нивна изградба. Триесет милиони ќе се издвојат за реконструкција на крстосници и автобуски стојалишта. Проект, ревизија и консултанти за јавниот превоз со трамвај, изградба на шини и депо, трафостаница, како и трамвајска траса ќе чини околу 442 милиони денари, што е најголемиот зафат кој Градот го најавува за годинава. Еден систем за пречистување и еден за одведување на отпадни води ќе се градат во населбата Аеродром и во Градски парк. За зеленилото во градот ќе се потрошат 171.250.000 денари и тоа за зелените површини меѓу магистралните улици, за проектот цветни знамиња, за хортикултурно уредување на просторот кај аквадуктот и новиот театар, висечки жардиниери за канделабрите, зеленило за платото пред споменикот Гоце Делчев и за набавка на возила и машини. Со дваесет милиони денари властите ќе се погрижат и за урбанистичка опрема, односно изградба на бетонски жардиниери на булеварите, набавка на клупи и канти за отпадоци, контејнери и заштитни столпчиња за зеленилото. Новина во сообраќајот ќе биде воведувањето центар за негово управување и контрола, а пари се издвоени и за знаци и за лантерни, надолжни пречки за автобуските ленти, камери и софтвер, опрема за „смарт-тикетинг“ и автоматска локација на возилата. Овие проекти ќе чинат приближно 140 милиони денари.

Само од даноци - над две милијарди денари


Во приходите за годинава, само од даноци градот очекува да инкасира приближно сто милиони денари повеќе од лани, односно 2.111.100.000 денари. За субвенции за јавните претпријатија, пак, е одделена помала сума во споредба со минатата година, и тоа 125 милиони денари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1597&ArticleID=105545


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2009 at 11:33
а за сума од 270 милиони денари ќе се прошируваат улицата Првомајска, булеварите Илинден и Гоце Делчев,


WTF, ако ова не е новинарски пропуст тогаш стварно не ми е јасно што треба да значи...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jan-2009 at 11:39
Ако првомајска, илинден и ваљда не г.д. коштаат 270м (а ќе излезе повеќе на крај сигурно) тогаш колку може да кошта цветан димов?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2009 at 11:43
Абе јас се чудев што уште ќе прошируваат на Гоце Делчев, тоа ми беше поентата


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2009 at 20:55
Предлог- Буџет на Град Скопје за 2009 година
ПАРИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ -
ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Љупчо Пандиловски

Градоначалникот Трифун Костовски до Советот на Град Скопје го достави
Предлог- Буџетот на Градот за 2009 година. Градските приходи за наредната година
се предвидува да изнесуваат околу 3,172 милијарди денари, односно околу 50
милиони евра, во основниот буџет, од кои 62,9 проценти се предвидени за
капитални инвестиции. Тоа значи дека Буџетот и идната година ја задржува
карактеристиката од претходните три, а тоа е доминантниот дел од
средствата да се вложат за капитални инвестиции, односно за проекти со кои
Градот долгорочно решава проблеми во областа на сообраќајот, комуналните
дејности, планирањето и уредувањето на просторот, заштитата на животната
средина, но и за сигурно и континуирано финансирање на културата, образованието,
социјалата и забавно-рекреативните содржини.

Средствата во Предлог –Буџетот во делот на капиталните инвестиции се
распоредени во следните ставки:

ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ И МОСТОВИ - 526.000.000 ДЕНАРИ
Проекти за улици - 28.000.000 денари
Изградба на улици - 174.000.000 денари
Доизградба на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, на улицата „Волково“,
изградба на тротоари, на булеварот „Србија“ - трета фаза, на булеварот
„Македонска војска“ - прва и втора фаза и на булеварот„ Митрополит Теодосиј
Гологанов“ - прва фаза.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ - 270.000.000 ДЕНАРИ
Проширување на улицата „Првомајска“, реконструкција на крстосници и автобуски
стојалишта, булевар „Илинден“, клучка „Бит-пазар“, плоштад ,кеј„ Димитар
Влахов“ и партерно уредување, булевар„ Гоце Делчев“, крстосница кај Тутунски
комбинат
Изградба на мостови - 2.000.000 денари
Проекти за мостови - 2.000.000 денари

ЈАВЕН ЛОКАЛЕН ПРЕВОЗ, ТРАМВАЈ - 441.900.000 ДЕНАРИ

ИЗГРАДБА НА СИСТЕМИ ЗА ОДВЕДУВАЊЕ
И ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИ ВОДИ- 60.000.000 ДЕНАРИ


ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА - 65.000.000 ДЕНАРИ
- Изградба на бетонски жардиниери на магистрални улици, набавка на клупи и корпи за отпадоци,
заштитни столпчиња на зеленилото и набавка на контејнери.

ПОСТАВУВАЊЕ СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 138.558.815 ДЕНАРИ
- Центар за управување и контрола на сообраќајот, набавка и поставување
знаци, набавка на лед-лантерни, градежни работи на семафоризација, набавка на
надолжни пречки за автобуски ленти, камери и софтвер, набавка на опрема
и софтвер смарт-тикетинг и АВЛ.

ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО - 171.250.000 ДЕНАРИ
- Реконструкција на Градскиот парк (дел 1 и 2) 55.350.000 денари, подигање
на јавно зеленило на магистрални улици и реконструкција на градско зеленило,
проект - цветни знамиња, хортикултурен проект - Аквадукт, хортикултурен проект-
нов театар, висечки жардиниери на канделабрите, изградба на плато пред
споменикот Гоце Делчев, набавка на возила и машини за одржување на
зеленилото и доделување садници на граѓани.

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА -53.954.685 ДЕНАРИ
- Регулација на реката Вардар кај изворот Рашче, уредување на споменик
на природата кањон Матка, реализација на виа ферата -изградба на патека за
екстремно планинарење на Матка, уредување на пештерата Дона Дука во
Сарај, уредување на заштитен локалитет Гази Баба, уредување и заштита на парк-
шумата Водно, замена на азбестно- цементни плочи.

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА - 94.000.000 ДЕНАРИ
- Проекти за реконструкција на културните установи, реконструкција
на ДКЦ, реконструкција на МКЦ, на Салон 19,19 во КИЦ и на Музејот на
Град Скопјe, доизградба на Зоолошката градина со трансфери од Владата и
изградба и реконструкција на Зоолошка градина.

ДРУГИ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ - 20.000.000 ДЕНАРИ
- Уредување на левата и десната страна на Вардар, довршување на стационарот
за кучиња, набавка на возило за службата за кучиња скитници, набавка на опрема
за заловување кучиња.

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА - 27.000.000 ДЕНАРИ
- Изградба на ролерски и велосипедски патеки на кејот на реката Вардар.

СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ - 7.753.000 ДЕНАРИ
- Проект за реконструкција на СУГС „Браќа Миладиновци“ и „Кочо Рацин“,
поставување рампи за лица со посебни потреби во средните училишта и купување
тајмери за заштеда на електрична енергија во средните училишта.

ВОВЕДУВАЊЕ ГЕОГРАФСКО-ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ (ГИС)- 5.000.000 ДЕНАРИ

- Остатокот од средствата во најголем дел, околу 800 милиони денари, повторно
се распределени за извршување на надлежности од јавен интерес и
одржување на комуналните објекти и инфраструктурата. Остатокот од
предвидените средства во износ малку поголем од 12 % е за трошоци на
градската администрација.



Овој Предлог-Буџет, покрај инвестиционата компонента, за првпат во историјата на
Град Скопје, има и развојна компонента, затоа што проектите како скопскиот
трамвај, ГИС, системот за отпадни води во Аеродром, реконструкцијата на патната
мрежа, заштитата на Рашче, воведувањето на центар за контрола и управување
со сообраќајот и реконструкцијата на Градски парк се долгорочни инвестиции,
кои покрај големите расходи имаат и функција на реален развој на градските
ресурси.
Целта на развојниот дел е да ги прикаже плановите за развој, кои по
својот карактер се повеќегодишни и придонесуваат за интензивирање на
економскиот развој на Град Скопје. Вкупно планираните средства за развојни
програми во Предлог- Буџетот изнесува 1.877.830.000 денари.


Буџетски дотации
Покрај основниот дел, Буџетот на Град Скопје го сочинуваат и дотациите
добиени директно од Буџетот на Р. Македонија. Дотациите добиени од
централната власт се наменски и со нив се финансираат надлежностите добиени
со процесот на децентрализацијата од областа на образованието, културата и
противпожарната заштита. Од вкупно 1.057.224.000 денари, 85 % се средства
за плати и наемнини на вработените во овие сфери, а остатокот е за покривање
на трошоците за работа. Програмските активности, модернизацијата и дел од
инфраструктурните зафати на објектите се финансираат од основниот буџет на
Град Скопје.



http://www.skopje.gov.mk/images/File/Vesnik%20SKOPJE/Grad%20Skopje%20br.2.pdf


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-May-2009 at 02:48

Градскиот буџет ќе се скусува за 20 милиона евра

Трајановски најави ребаланс од 70 на 50 милиона евра поради
економската криза

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски најави кратење на градскиот буџет во многу ставки поради економската криза. Според него, нема да трпат почнатите проекти, туку само ќе се одложат тие за кои градската администрација ќе одлучи дека не се приоритетни за годинава. Трајановски рече дека се' уште не знае дали ќе се отпуштаат службеници. Допрва ќе се утврдува за кои проекти ќе се намалуваат парите. Проектираниот буџет за годинава е 70 милиона евра - од такси, даноци, комуналии, но, според градоначалникот, тој е предимензиониран и мора да се намали од 30 до 40 отсто. Ова се првични проекции, но не мора да значи дека мора да е така. Сметам дека педесет милиони евра е реален буџет. Ребалансот е потребен за да ја одржиме финансиската стабилност на Градот - изјави скопскиот градоначалник.

Градската армија има 602 лица и троши 370.000 евра

Наспроти бившиот градоначалник Трифун Костовски, кој кажа дека остава седум милиони евра во градската каса, Трајановски тврди дека затекнал 4,3 милиони евра. Во врска со расходите и долговите, соопшти дека се пристигнати фактури заклучно со април од 600.000 евра, а долгови за потрошена електрична енергија за улично осветление - околу 300.000 евра. Вкупните обврски, фактурирани и нефактурирани, се околу 10 милиона евра. Само од стари и нови тужби, Градот должи 18 милиона евра, а побарува 2,7 милиона евра.  Многу од договорите што не се почнати, а се' помали, ќе гледаме да ги одложиме - изјави Трајановски.Во врска со многубројноста на градската администрација градоначалникот кажа дека се примени 65-те луѓе што Агенцијата за вработување ги оспори за време на изборите. Трајановски рече дека сега со нив градската администрација брои 371 луѓе. Нема каде да седат, па мора да стојат. Градот ќе мора да гради нови бараки - рече Трајановски. Пред децентрализацијата, во 2005, кога и немаше потреба за вработување нови луѓе, во Градот имало 193 луѓе. Сега, месечно, за оваа „армија“ и за 231 пожарникари се трошат околу 370.000 евра. 

 Ќе се прошируваат само Илинденска и Првомајска

За проектите скопскиот градоначалник рече дека ќе ги завршуваат веќе почнатите. Трајановски рече дека за сите од нив се исплатени само дел од обврските, а дека вкупно на крај ќе треба да се исплатат околу 3,1 милиони евра. Станува збор за проектите што ги почна Костовски: „детелинката“ кај Бит-пазар, проширувањата кај Тутунски комбинат и на булеварот Видое Смилевски-Бато, улицата Самуилова, изградбата на велосипедските патеки и жардиниерите на булеварите, како и инфраструктура во населбите Јурија и Реонски центар. Во врска со трамвајот, градоначалникот рече дека се' уште разгледуваат дали воопшто да се реализира.

На прашање дали нешто самиот ќе почне годинава, Трајановски рече дека најверојатно ќе може нешто и да се почне годинава од неговата програма. Значи годинава ништо од најавената гасификација, нов Луна-парк, изградба на Градска куќа, жичница до Водно, подземен тунел под Партизанска до Комплексот банки, катни гаражи, надвозник на Јужен булевар, нов пешачки мост преку Вардар... Приоритети за годинава ми се проширување на улиците Илинденска и Првомајска, како и изградба на атмосферска канализација во Скопје - изјави скопскиот градоначалник.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9158545C6C9A8D4E89DB65A314668379


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-May-2009 at 03:01

На прашање дали нешто самиот ќе почне годинава, Трајановски рече дека најверојатно ќе може нешто и да се почне годинава од неговата програма. Значи годинава ништо од најавената гасификација, нов Луна-парк, изградба на Градска куќа, жичница до Водно, подземен тунел под Партизанска до Комплексот банки, катни гаражи, надвозник на Јужен булевар, нов пешачки мост преку Вардар... Приоритети за годинава ми се проширување на улиците Илинденска и Првомајска, како и изградба на атмосферска канализација во Скопје - изјави скопскиот градоначалник.

Дали ако му најдеме на градот 20 милиони евра, ќе ги видиме реализирани сите овие проекти кои се набројани?! Roll%20eyes Нема! Божем сега тууууу кај не снајде оваа рецесијава...инаку све ќе изнапраевме!

Освен Првомајска и Илинденска како приоритетни треба и гасификацијата да се убаци пошто е еден од проектите кои имаат финансиски повраток односно е комерцијална инвестиција за која и се исплати да се кредитира, а колку што знаеме (Трифун збореше) нели градот е со добар кредитиен рејтинг.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jun-2009 at 20:16
ЌЕ СЕ СКРАТАТ ГРАДСКИТЕ ПАРИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПРОЕКТИ
Трамвај во Скопје, можеби

Средствата во буџетот на град Скопје предвидени за трамвај, најверојатно, ќе се намалат за околу 400 милиони денари, односно ќе останат пари само за ревизија и за консултанти за проектот. Со ребалансот, кој градоначалникот Коце Трајановски го предложи до советниците за наредната седница, ставките за трамвајско депо, изградба на шини и трафостаница, како и за кредити целосно се бришат. Остануваат само 42 милиони денари за проект, ревизија и за консултанти за трамвај. Вкупниот буџет на Скопје се намалува за околу пет милијарди денари. Од Град Скопје велат дека не се откажуваат од проектот, но се уште го разгледуваат како можност. - Ребалансот е направен бидејќи буџетот не одговара на реалната состојба, туку е предимензиониран. Намалени се средствата во повеќе ставки кои биле нереално планирани. Проектот за трамвај се уште се еволуира од страна на градоначалникот. Тој влегува во ребалансот, но со оглед на тоа што е вклучен и во програмата за работа за периодот од 2009 до 2011 година, сепак не може да се каже дека градоначалникот се откажал од него “ вели Неделчо Крстевски, портпарол во Град Скопје. Меѓу проектите со скратени средства се и проектите за Илинденска, за која наместо предвидените 120 остануваат 40 милиони денари, плоштадот на кејот Димитар Влахов, поточно околу црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“, реконструкција на улици, а целосно се бришат ставките за изградба на првата фаза од булеварот Гологанов и за тротоари. Четирикратно се намалува и сумата за набавка на опрема за сообраќајници, а ќе се зголемат средствата за клучката Бит-пазар и за булеварот Гоце Делчев. - Илинденска се наоѓа во програмата на градоначалникот и ќе се реализира, а овие средства во буџетот се за проектирање, не за нејзина изведба. За проектите на градоначалникот немаше изработени изведбени проекти, а и доколку има нешто, тоа е на база на идеен проект “ вели Крстевски. Во програмата на Градот за следните три години остануваат проектите за обнова на првиот и на вториот дел од Градски парк, регулација на Вардар во близина на изворот Рашче, систем за одведување отпадни води во општина Аеродром и Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Со предлогот на градоначалникот трошоците за работа на градската администрација, во делот за снимање на ТВ-емисии и кампањи за промоција на нивната работа, ќе се намалат. Парите за проектите на „Паркови и зеленило“ за цветни знамиња, хортикултурниот проект за аквадуктот, уредувањето за новиот театар и висечките жардиниери на канделабрите се бришат, а се намалува и сумата за обнова на градското зеленило. Отпаѓаат и реализацијата на патеката „Виа ферата“ за екстремно планинарење на Матка, уредување на пештерата Дона Дука во Сарај и за природно-научниот музеј и спасителната станица во кањонот. Се намалуваат и ставките за изградба и обнова на Зоолошката градина со буџетски пари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1730&ArticleID=115650



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jun-2009 at 20:19
Еве градот се одкажа од зиградба на "Јужен" булевар! Сега останува на Инвал од Шпанија да ј апотврди потребата на Скопје од Јужен Булевар!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2009 at 20:56
Повеќе информации за расходите во новиот буџет

ГРАДСКИОТ БУЏЕТ НАМАЛЕН ЗА 22,6 МИЛИОНА ЕВРА

Пари колку за крпење улици

Поради економската криза и поради нереално проектираниот буџет ќе се одложи реализацијата на многу предвидени сообраќајни, културни и комунални проекти


За изградба и одржување на тротоарите во градскиот буџет се предвидени 0 денари

Поради кратење на градскиот буџет за 22,6 милиона евра, годинава од областа на сообраќајот ќе се довршуваат само проектите што ги започна поранешниот градоначалникот Трифун Костовски: клучките кај „Континентал“ и кај Бит-пазар, крстосницата кај Тутунски комбинат, булеварите Видое Смилевски-Бато, Македонска војска и Србија. Парите што Костовски ги предвиде за изградба на првата фаза од трамвајот, околу 7,2 милиони евра, се намалени за 6,5 милиони евра, при што е јасно дека годинава оваа градска гарнитура нема да се занимава со продолжување на амбицијата на поранешниот градоначалник.Со ребалансот на буџетот за 2009 година градоначалникот Коце Трајановски предлага тој да биде проектиран на 67,1 милиони евра, а претходно бил проектиран на 89,8 милиони евра, што е намалување за 25 отсто. Ребалансот треба да биде усвоен деновиве на седница на Советот на Град Скопје.

Намалените приливи во градската каса ќе одложат и многу други проекти. Она што паѓа в очи во измените е дека годинава воопшто нема да се градат тротоари во Скопје, односно за нив се предвидени 0 денари, а за околу 830.000 денари е скратен буџетот за изградба на јавно осветление. Годинава нема да биде решен ниту метежот на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Католичката црква, бидејќи и за работите на оваа улица не се предвидени пари.

- Приоритети за годинава ми се проширувањата на улиците Илинденска и Првомајска, како и изградбата на атмосферската канализација во Скопје - изјави неодамна Трајановски.Сепак, тој годинава малку ќе се занимава со „Илинденска“, бидејќи во буџетот за оваа намена се скратени 80 милиони денари, односно три третини од предвидената сума. Исто така, намалени се и предвидените пари за обнова на кејот Димитар Влахов. Ќе се реализираат планираните реконструкции на улиците Благоја Стефковски во Гази Баба и проширувањето на Првомајска, оти за нив остануваат предвидените 40 милиони денари. Според Трајановски, со ребалансот буџетот значително ќе се скрати бидејќи претходната проекција била преценета, како во врска со приходите така и со расходите, но и поради економската криза.

Нема да се гради предвидената патека за екстремно планинарење на Матка, нема да се уредува пештерата Дука во Сарај, ниту таму ќе се гради природонаучен музеј. Овие проекти беа дел од проектот за ревитализација на кањонот.За 5,5 милиони денари се намалени парите за замена на азбестните покриви, а во делот на културата се скусени средствата со кои се планираше обнова на културни објекти што се под градска капа. Се намалуваат одобрените средства за реконструкција на Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Музејот на Град Скопје, а се зголемуваат парите во висина од четири милиони денари за купување опрема за денсинг-сала во МКЦ - се вели во Предлог-измените на буџетот.

Исто така, на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ му се намалени парите за воведување на т.н. „умни билети“, односно електронски картички и за системот за сателитско следење на автобусите. Истовремено, градските власти малку пари ќе трошат и за семафорите, за нови лантерни и сообраќајни знаци. На Противпожарната бригада и' се намалени три милиони денари од планираните 25,8 милиони, односно за Бригадата нема да биде набавено едно ново противпожарно возило. Во врска со третманот на кучињата-скитници, годинава само ќе се купи опрема за нивно заловување и возила, а довршувањето на стационарот, кој одамна требаше да биде готов, повторно се одлага. Буџетот за субвенциите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Градски паркинг“ се намалува за 20 милиони денари. Комуналците ќе добијат финансиска инјекција од 42 милиона денари, а „Градски паркинг“ 20 милиона денари. Програмата за капитални проекти на градоначалникот Трајановски предвидуваше гасификација, нов Луна-парк, изградба на Градска куќа, жичница до Водно, подземен тунел и сообраќајница под плоштадот, катни гаражи, надвозник на Јужен булевар... Сите овие проекти ќе чекаат подобри времиња.

Градската власт ќе штеди на струја, реклами и на нови возила

Во делот за трошоци на градската администрација и Советот на Град Скопје, според Предлог-измените на Буџетот, предвидено е да се штеди на греење, комуникација и транспорт, како и на канцелариски материјали, репрезентација, осигурување и правни услуги. Вкупно расходите биле предвидени на 7,1 милиони евра, а оваа сума со ребалансот е намалена за 432.000 евра. Исто така, ќе се намалат трошоците за обнова на бараките, како и за купување возила и компјутерски софтвер. Кај ставките на градоначалникот се намалуваат средствата за патни и дневни трошоци, како и расходите за ТВ-емисии и кампањи.

Јорданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8BCC767617B4314D81FAB85BA48913A4


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jul-2009 at 15:12
Повеќе пари за репрезентација и споменици, помалку за планови

Предвидените 17 милиони денари за изработка на детаљни урбанистички планови се намалени за осум милиони денари

Градоначалникот и Советот на Општина Гази Баба ќе добијат по половина милион денари повеќе за репрезентација со најновиот ребаланс на буџетот, што помина на последната седница на Советот. Наместо досегашните 9,3 милиони денари за репрезентација на градоначалникот, се предвидуваат 9,8 милиони (160.000 евра), а предвидените 9,5 милиони денари за Советот се зголемени на 10 милиони.

Со ребалансот се зголемени и парите за изградба на споменикот на Филип Втори на новиот плоштад во Автокоманда за пет милиони денари, односно наместо досегашните 15 милиони, се предвидени 20 милиони денари, под ставката изградба на други објекти. За половина милион денари, односно од 100 илјади на 600 илјади се зголемени предвидените средства за поправка на софтверот и хардверот, односно за осовременување на компјутерската опрема на советниците и на општината. За сметка на тоа, со ребалансот се намалени средствата за изработка на урбанистичките планови од 17 милиони, на осум милиони денари. Овие измени во буџетот предизвикаа жолчна расправа меѓу советниците, а опозицијата во Советот се изјасни против најновата распределба на општинските пари.Советникот Сашо Начовски од ВМРО-НП рече дека зголемувањето на трошоците за компјутерската опрема е несфатливо во време на економска криза.

- Не знам дали е исправно да се потрошат 10.000 евра, односно 600.000 денари за поправка на софтверот и хардверот, а на сметка на тоа да се скусуваат пари за изработка на урбанистичките планови. Во време на рецесија треба да се сосредоточиме на привлекување инвеститори, а за тоа е потребна урбанистичка документација. Ни претстои урбанизација на делот кај Северната обиколница и треба да се донесе план за тој реон - рече Начовски.

Градоначалникот Тони Трајковски се правдаше дека „најмал дел од парите за репрезентација се вистинска репрезентација, а општината треба да инвестира и во спортот и културата“.

- Најмал дел е вистинска репрезентација во буквална смисла. Иако сме во кризна година треба да обрнеме внимание и на спортот и културата. Нема да ја рализираме програмата онака како што е планирана, но должни сме да оствариме барем дел од неа - рече Трајковски. Во врска со урбанистичките планови тој рече дека тие се приоритет на Општината.

- Дел од плановите веќе се платени, дел од нив ги финансира Владата, па ни останува помал дел за плаќање. Затоа си оставивме можност да скратиме од таа ставка, но тоа не значи дека нема да работиме на тоа поле. Основен предуслов за развој во општината е да имаме детаљни планови. Приоритет за годинава се плановите за обиколницата, за Студентскиот центар „Стив Наумов“ и за спортско-рекреативниот центар во Железара - истакна Трајковски.Инаку, со ребалансот буџетот на Гази Баба е зголемен од околу 694 милиони денари на 712,4 милиони, односно околу 11,7 милиони евра.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=64534D4B05EDFE4794D328B82C9886B6


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Oct-2009 at 13:14

Се кастри градскиот буџет, помалку пари за улиците





 

Идната недела градските советници ќе треба да изгласаат нов буџет, во кој се намалуваат трошоците за изградба и за реконструкција на некои улици, а се зголемуваат тие за администрација, за рекреативни патеки и за бунари за техничка вода

 
 
%20  

Вторпат откако дојде на функцијата, градоначалникот Коце Трајановски ќе прави ребаланс за да го намали буџетот на градот, бидејќи оценил дека во градската каса не може да се соберат толку пари колку што предвидел Трифун Костовски. Идната недела, в среда, градските советници ќе треба да расправаат за нов буџет, помал за 4,4 милиони евра, затоа што се очекува за толку да се намалат приходите на градот. Првото прекројување на градскиот буџет беше извршено во јуни, кога тој се стокми на вкупно 66,6 милиони евра, заедно со дотациите и со самофинансирачките активности.



ПОЛНЕЊЕТО НЕ ОДИ ПО ПЛАНОТ


Досегашното полнење на буџетот годинава покажало дека тоа не се одвива како што било планирано и дека на крајот на годинава би недостасувале 4,4 милиони евра. Тоа значи дека основниот буџет на градот, без дотациите и без самофинансирачките активности, ќе биде помал за десет отсто. Најмногу, за 2,8 милиони евра, се намалиле приходите од комуналии за уредување градежно земјиште што градителите ги плаќаат за да им се спроведат патишта, водовод и друга инфраструктура до нивните објекти. Од таксата за истакнување фирми, пак, ќе се соберат 1,9 милион евра помалку од предвиденото. Милион евра помалку градот ќе добие од данокот на промет со недвижности и од трансферите од други институции, пред сé од Агенцијата за патишта. Сепак, во градската каса ќе влезат 1,3 милион евра повеќе од продажбата на државното градежно неизградено земјиште, бидејќи, според новите законски одредби, 80 отсто од овие приходи одат во локалната самоуправа.



НЕКОИ ТРОШОЦИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ


И покрај тоа што има помалку пари во буџетот отколку што се предвидувало порано, градот планира да зголеми некои трошоци во одредени буџетски ставки. Една од нив е градската администрација, пред сé поради неодамнешната одлука на советот да се ангажира консултант што ќе ги испитува можностите да се прават проекти со концесии, како скијачка патека на Водно, трамвајска мрежа и подземни сообраќајници. Поради тоа чиновниците во градот нема да ја добијат сета планирана компјутерска опрема, а ќе се крати и на реконструкцијата на бараките во кои тие работат.

Тоа што е значајно за граѓаните е дека ќе има помалку пари за капиталните сообраќајни проекти, како проширувањето на улиците Илинденска, Првомајска и Благоја Стефковски, булеварите Србија и Македонска војска и за изградбата на долгонајавуваниот плоштад покрај црквата „Света Богородица“ на кејот Димитар Влахов. Помалку ќе се троши за обновувањето на градското зеленило и за паркот, а повеќе за урбана опрема, односно за клупи, канти за отпадоци и слично. Неизвесно е и формирањето центар за управување и контрола на сообраќајот, како компјутерска централа од која ќе се следат сите семафори, крстосници и улици, бидејќи и таму има делумно намалување на трошоците. И пожарникарите ќе треба да ја почекаат наредната година за да добијат ново возило. Затоа, пак, дополнителни пари се предвидуваат за изградба на пешачки, велосипедски и други рекреативни патеки на левата страна на реката Вардар, како и за проектот за копање бунари за техничка вода.

Фалат 4,5 милиони евра и за развојните програми


Намалените приходи во градскиот буџет ќе се одразат и врз планот на програми за развој за периодот од 2009 до 2011 година. За спроведувањето на овие програми градот годинава ќе може да одвои 4,5 милиони евра помалку од предвиденото. Ќе се штеди на воведувањето географски информациски систем, кој, меѓу другото, треба да содржи катастар на целата подземна инфраструктура, на уредувањето градежно земјиште, односно на комуналната инфраструктура, на изградбата на магистрални и собирни улици, на решавањето на проблемот со отпадните води во општината Аеродром, на целосната реконструкција на Градскиот парк и на трошоците за воведување трамвај.

 
   
Автор: Г.Т.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099100276&id=14&prilog=0&setIzdanie=21808


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Nov-2009 at 12:08

Кредити ќе го спасуваат Скопје

Со буџетот за 2010 година предвидена е реализација на само неколку капитални проекти, па затоа Трајановски најави задолжување во банки, но вети дека ќе бара и дел од колачот на приходи од даноци кои одат во државната каса

Со предлог-буџетот за 2010 година, кој ќе се гласа пред Нова година, ќе се градат проектите што беа одложени со двата ребаланса на буџетот во 2009 година. Тоа се проширувањата на „Илинденска“ од Влада до Карпош 3, на дел од „Теодосиј Гологанов“, на „Првомајска“ за уште две ленти и тоа од Рампа до Расадник, почеток на втората фаза од булеварот „Македонска војска“ во Ѓорче Петров, како и довршување на булеварот „Србија“ до крстосницата со „Првомајска“ и нејзино спојување со пробиената улица кај Усје.

Градоначалникот Коце Трајановски, на работната средба во Маврово на која се дискутира за проектниот буџет за 2010, акцент стави и на ревитализација на езерото Треска, за што ќе се одвојат 30 милиони денари.

Ова се главните проекти на Трајановски за кои има шанси да видат бел ден. Сепак, главната поента на средбата, на која присуствуваа и членови на Советот, сите директори на јавните претпријатија, како и раководители од Градот, беше дека во буџетот нема да има пари за изведба на други големи капитални зафати, па ќе мора да се оди на кредитно задолжување.

БИТКА ЗА КОЛАЧОТ

- Градот е единствената локална единица која има кредитен рејтинг. Затоа планираме да подигнеме кредити, пред се' за изведба на сообраќајни проекти. Тоа значи да не собираме пари 10 години за нешто да градиме, туку ако оцениме дека некој проект е значаен, веднаш да го реализираме - изјави градоначалникот.

За наредната година, според проекциите, буџетот ќе биде скроен за 10 отсто повеќе од годинава, а тоа значи дека би изнесувал околу 60 милиони евра. Тоа, според Трајановски, е малку. Затоа, како што објасни, ќе се борат за поголем дел од колачот од приходите кои сега завршуваат во државниот буџет. Станува збор за поголемо полнење на градската каса од продажба и концесии на државно земјиште, за шест отсто приход од ДДВ, како и 30 отсто од персонален данок. Сега сумите што ги добива градската власт по овие основи се минимални.

- Ако не се избориме за поголем прилив на приходи во буџетот, се' ќе биде сведено само на вегетирање - рече Трајановски.

Во наредната година, планирано е да се потроши еден милион евра за измена на Генералниот план на Скопје-ГУП, а ќе се предвидат и осум милиони евра за обнова на фасадите на „Илинденска“. Но, тоа се само желби. Дали и како ќе се потрошат ќе зависи од динамиката на собирање приходи. Што се однесува до изборот на консултанти, кои би направиле процена за изведба на трамвајот, но и за подземните сообраќајници под „Илинденска“ и плоштадот, тие се реални.

СООБРАЌАЈНИ ПРОЕКТИ

Значителен број средства во 2010 година ќе се потрошат за проектни решенија за изградба на разни булевари важни за растоварување на сообраќајот во Скопје. Нивната реализација е неизвесна, станува збор само за задачи и желби кои градските власти ќе си ги дадат за цели во иднина.

Како што објасни Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање на просторот, ќе се изработуваат проекти за решенија кои се предвидени со ГУП. И тоа: документација за булевар АСНОМ, кој ќе ја спојува салата МЗТ со Ќерамидница, потоа втора фаза од булевар „Словенија“, кој ќе поминува покрај Бардовци и ќе се поврзе со „Илинденска“ во Карпош, како и проширување на „Првомајска“ од булевар „Србија“ до Драчево. Акцент беше ставен и на изградба на нови попречни улици кои би го спојувале Аеродром со Кисела Вода со цел да се растовари делот кај Тутунски комбинат. Улицата „Фрањо Клуз“ би се споила со „Михаил Чаков“, би се градел нов булевар „Есенинова“, но и улица „Борис Кидрич“ кој би поминувал покрај Транспортен центар.

Јани Христовски раководител на Секторот за сообраќај кажа дека доколку има пари ќе се издвојат и за изведба на првата турбокрстосница во Скопје кај Католичка црква, но и за осум други кружни крстосници, најмногу во Чаир и во Бутел.

Во новиот буџет за јавното претпријатие „Комунална хигиена“ предвидено е да се набават нови возила во висина од 50 милиони денари, како и да се гради јавно осветлување на „Првомајска“ до Драчево во висина од 60 милиони денари. Она што е интересно е дека пет милиони денари ќе бидат одвоени за поставување табли на улиците со нивните нови имиња.

Јорданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CA2EE40D696EF941886C94FF9625841A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2009 at 20:32
За Илинденска очигледно се работи за 2,2 милиони евра, а не денари. Во секој случај мизерна сума за најголемиот инфраструктурен проект во буџетот, уште помизерна споредена со вртоглавите суми што ги трошат некои општини и министерството за култура за непродуктивни работи.

Платата и трошоците на градоначалникот исто така невкусно напумпани.

Thumbs%20Down


Илинденска е најскапиот проект во новиот градски буџет





 

Градот наредната година планира да троши речиси 48 милиони евра, од кои 60 отсто се за инвестиции, а другите за тековни трошоци

 
 
%20  
Со предвидени 2,2 милиони денари, проектот за претворање на улицата Илинденска во булевар е најскапиот проект во буџетот на градот за наредната година, за кој градскиот совет ќе расправа денеска. Според проекциите, градот наредната година треба да располага со речиси 48 милиони евра, од кои 27,8 милиони евра или околу 60 отсто се наменети за капитални инвестиции, а останатите за тековните трошоци за администрацијата и за советот, за одржување на комуналните објекти и на инфраструктурата и за други надлежности.

Меѓу другите проекти за кои се предвидуваат поголеми суми пари се третата фаза од булеварот Србија со 1,5 милион евра, нови линии за јавно осветлување со еден милион, обнова на улицата Благоја Стефковски и реконструкција на раскрсници н на автобуски станици со по 650 илјади, нови тротоари низ градот со половина милион, булевар Македонска војска, изградба на патека покрај Вардар и проширување на Првомајска со по 325 илјади евра и други. Се планира и обнова на Градскиот парк со 800 илјади евра, проекти за ревитализација на езерото Треска и реконструкција на градското зеленило со по половина милион евра, како и довршување на реконструкцијата на Зоолошката градина со 570 илјади евра, од кои половина милион обезбедува Владата. Има предвидено и 1,3 милиони евра за конечно воведување систем со електронски чип картички за наплата во градските автобуси, како и 1,1 милион денари за нови камиони за „Комунална хигиена“.

Околу 70 отсто од приходите ќе се собираат од даноци, пред се од тие на имот и на специфични услуги, а другите од трансфери, такси и надоместоци и од продажба на акции.





За потребите на Трајановски 333 илјади евра

Во градскиот буџет се предвидени над 20 милиони денари, односно околу 333 илјади евра за потребите на градоначалникот Коце Трајановски. Од нив 32 илјади евра ќе бидат наменети за неговите плати и придонеси, што значи по околу 2.700 евра секој месец, а девет илјади евра за патувања. Останатите пари се за информативното гласило на градот, за коктели за празници, за консултантски услуги, а се планираат и кампањи за промовирање на проектите и телевизиски емисии за информирање на граѓаните.
 
   
Автор: Г.Т.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112491053321&id=14&setIzdanie=21845


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2009 at 01:03
Како може манипулативните трошоци за семинари и патувања, и другои потреби да кошта ~ две првомајски?!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2009 at 01:21

В година проширена Илинденска и обновено езеро Треска

Градските власти во 2010 година планираат да соберат околу 67,7 милиони евра и да потрошат нешто повеќе од тоа - 72 милиона евра. Најмногу пари се предвидени за сообраќајните проекти

Градските власти во година планираат да соберат околу четири милијарди денари, односно 67,7 милиони евра и да потрошат нешто повеќе од тоа, односно 4,4 милијарди денари, односно 72 милиона евра. Парите од Буџетот на градот за 2010 година, кој вчера беше усвоен од Советот на Град Скопје, ќе се трошат за изградба на булеварот Илинден и за други сообраќајни проекти, како и за ревитализација на езерото Треска.

Најмногу пари Градот очекува да собере од даночните приходи, односно околу половина од предвидениот буџет, потоа од капитални приходи, неданочни приходи, дотации, трансфери и донации.

Според скопскиот градоначалник Коце Трајановски, буџетските приходи за следната година ќе бидат за 28,4 отсто повисоки од годинашниот буџет.

- Ваквото зголемување на приходите се должи на тоа што се очекуваат дополнителни финансиски средства од продажбата на нашит удел во спортската сала „Борис Трајковски“, како и од продажбата на државното градежно земјиште - изјави Трајановски.

Во буџетот не се предвидени пари за трамвајот, но се предвидени 540 милиони денари (8,8 милиони евра) за изградба и реконструкција на улици и на мостови.

Најважен сообраќаен проект за следната година ќе биде проширувањето на Илинденска, за што се предвидени 135 милиони денари (2,2 милиона евра). За третата фаза од изградбата на булеварот Србија ќе бидат потрошени 94 милиони денари, а за првата и втората фаза од изградбата на улицата Македонска војска се предвидени 20 милиони денари.

Градот предвидел и 39 милиони денари за изградба на мостови. Меѓу нив, 15 милиони денари ќе одат за изградба на нов мост кај Сарај, кој ќе го замени стариот железен мост, и исто толку пари за поставување на нови огради на мостовите Гоце Делчев и Октомвриска револуција.

Новина во буџетот за следната година е ревитализацијата на езерото Треска, за што од градската каса ќе бидат потрошени 30 милиони денари.

Девет милиони денари се предвидени за изградба на паркинг кај Транспортен центар. За поставување на урбана опрема ќе се потрошат 67,5 милиони денари, а за сообраќајна сигнализација 142 милиона. Предвидени се и 15 милиони денари за атмосферска канализација за новоизградената клучка кај хотелот „Континентал“. За субвенции на ЈСП ќе отидат 60 милиони денари.

Во наредната година Градскиот парк ќе добие нов лик, за што ќе се потрошат 50 милиони денари. Паркот ќе го красат и скулптури во вредност од околу 60.000 евра.

Во ставката за заштита на животната средина и природа се предвидени 36 милиони денари, од кои за проектот за регулација на реката Вардар кај изворот Рашче ќе се потрошат 3,5 милиони, а за одредување на границите на Водно и Гази Баба, еден милион. По толку пари се предвидени и за нивното уредување.

За доизградба на Зоолошката градина со трансфери од Владата се планирани 30 милиони денари и плус пет милиони од градскиот буџет.

Градот в година ќе гради ролерски и велосипедски патеки, ќе прави проект за Градска куќа и привремено ќе вработува. За плати и надоместоци на градската администрација се предвидени 176 милиони денари, односно 2,8 милиона евра.

На вчерашната расправа во Советот околу новиот буџет, дел од советниците понудија и свои предлози за тоа што треба да се реализира.

Жанета Попеска, независен советник, забележа дека, иако се предвидени пари за булеварот Илинден, тоа нема да го реши проблемот со тесното грло во овој дел од градот.

- Можат да се потрошат пет милиони денари за да се воведе еднонасочен сообраќај во делот на „Рузвелтова“. Со предвиденото проширување повторно ќе биде загрозена безбедноста на овој простор - рече Попеска.

Советникот Игор Гиевски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со вака скуден буџет Градот нема да биде во можност да ги внесе сите приоритетни проекти, за кои притискаат граѓаните.

- Ќе се обидеме да внесеме поголем дел од проектите на кои настојуваат граѓаните како приоритет, но пред се' ќе треба да се завршат започнатите проекти - нагласи Гиевски.

Неговата сопартијка Дафинка Саздова предложи да се вметнат пари за покривање на отворени атмосферски канали, конкретно за оној на улицата Салвадор Алјенде кај училиштето „Кочо Рацин“.

Советничката Виолета Симиќ од СДСМ побара градоначалникот да ја зголеми предвидената сума за лицата со посебни потреби, старите и лицата зависници од дроги.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=252BF60F2F72A6429EAEA068C9A91DFC


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2009 at 21:11
СОВЕТНИЦИТЕ ГО РАЗГЛЕДАА НАЦРТ-БУЏЕТ ЗА 2010 ГОДИНА
Центар и идната година ќе „твори“ споменици

Роза Петкова

Општина Центар за идната година планира да потроши околу 1,37 милијарда денари или речиси 23 милиони евра. На таа сума е проектиран буџетот за 2010 година, кој во нацртна фаза вчера го разгледуваше Советот. Најмногу пари и годинава се предвидуваат за изградба на споменици и тоа 402.900.000 денари или шест и пол милиони евра, како и дополнителни десет милиони денари за дизајн на спомениците. Оваа сума е запишана во извештајот под ставка „културни манифестации и творештво“, а во него нема информации за кои споменици точно се предвидени парите. Слично е и со другите намени во буџетот, за кои не е објаснето на што точно се однесуваат. Така за автопатишта, улици и за патишта ќе се сретнат повеќе ставки во извештајот и тоа за нивна изградба 80 милиони денари, што во споредба со лани е за половина помалку, потоа за одржување милион денари, за подготвување проекти за дизајн на улици 12.600.000 денари, за реконструкција 30 милиони. Локалните патишта се во посебни ставки и за нив се планираат 17.700.000 денари. За проекти за дизајн на мостови Општината предвидела да потроши шест милиони денари, додека за нивна изградба 74 милиони, а притоа никаде не пишува дали се мисли на мостот „Око“ и на Мостот на цвеќето, проект најавуван уште во времето на Виолета Аларова. По милион и пол денари ќе се издвојат за одржување на паркиралишта и за субвенции, најверојатно за „Паркинзи на општина Центар“, бидејќи тоа е единственото општинско претпријатие. Дополнителна сума од 17.700.000 денари е предвидена за изградба на простор за паркирање, која, во недостиг од објаснување од властите, може да се претпостави дека е наменета за монтажниот паркинг-простор, што градоначалникот Владимир Тодоровиќ најавува дека ќе го гради во Капиштец. Буџетот содржи и ставка „изградба на други објекти“ за кои ќе се потрошат 56.000.000 денари, за уривање објекти девет милиони, изградба на јавно осветлување 16.650.000, урбана опрема 19.700.000.
Најситни суми се планираат за зеленило и тоа вкупно 11.000.000, додека за одржување на зеленило околу згради и на други зелени површини за разлика од годинава воопшто не се планираат пари. Заштитата на животна средина на општинските власти најмалку им значи, па затоа за неа е издвоена најмалата сума од 570.000 денари. Општинската каса и в година најмногу ќе се полни од даноци и од капитални трансфери од други нивоа на власт, односно трансфери од државата. За трошоци за Советот на општината се планираат 11.600.000 денари, за градоначалникот 4.524.000 денари, а за администрацијата околу 94 милиони денари.

Воин со фонтана или Александар Македонски?

Пред советниците на Центар вчера се најде извештајот за работењето на Општината во првите девет месеци од годинава. Во него стои дека за споменици од планираните 462 милиони денари, односно 7,5 милиони евра, е потрошено половина од сумата.
Од сите споменици, за кои поединечно се трошеле по два до пет милиони денари, најскапо платен е моделот за воин со фонтана, со сума од речиси 50 милиони денари. Иако општинските власти не откриваат кој е воинот, се претпоставува дека се работи за споменикот на Александар Македонски затоа што тој е единствениот кој се предвидува во целина заедно со фонтана.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1892&ArticleID=129019


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Dec-2009 at 14:37

Буџетот на Скопје без капиталци

Градоначалникот Коце Трајановски вели дека во буџетот за 2010 година, кој изнесува 67,9 милиони евра, не можат да се водат од список на желби, туку од проекти кои реално може да се остварат

Во следните две години градската власт нема да ја започне реализацијата на еден од капиталните и најважни проекти за растоварување на сообраќајот во Скопје, толку зборуваната подземна сообраќајница под плоштадот Македонија, која беше дел од предизборната камења на градоначалникот Коце Трајановски. Нема да се градат ниту подземни пешачки премини, а извиси и трамвајот. Објаснувањето кое го даде градоначалникот Трајановски на вчерашната седница на Советот е дека не може да се водат од список на желби, туку од проекти кои реално може да се остварат. Советот го изгласа Буџетот за 2010 година и развојната програма за периодот 2010-2012 година.

На вчерашните дискусии на градската власт доминираше честичката за означување идно време, „ќе“.

- Проблемите на Скопје не завршуваат со оваа програма, напротив, ќе продолжиме да ги решаваме и понатаму - изјави Трајановски во врска со планираните проекти.

В година како поважни проекти се проширување на улиците Илинденска и Првомајска, продолжување на фазните изведби на булеварите Србија и Македонска војска, изградба на нов мост во Сарај, доизградба на Зоолошката градина и ревитализација на езерото Треска.

Александар Наумовски од опозициската СДСМ обвини дека Трајановски се однесува како претседател на месна заедница, имајќи предвид дека во следните две години ќе практикува „крпи-закрпи“ политика со која нема да се зафати во костец со ниеден капитален проект од неговите ветувања.

- Градоначалникот нема никаква визија за Скопје. Кога се зборува за визија, треба да го има предвид развојот на градот во следните 20, 30 години. На пример, во развојната програма не гледам никаков локален економски развој - изјави тој.

Софија Куновска рече дека градската власт е ставена во функција на централната. Односно, дека капиталните зафати намерно се оставаат како заслуга на Владата, како што е изградбата на театар, музеи и инситуции, со цел подигање на рејтингот.

Буџетот на градската власт во 2010 година е зацртан на 67,9 милиони евра. Толку приходи Трајановски очекува да се слеат во градската каса.

Опозицијата имаше неколку предлог-амандмани за Развојната програма, но сите и' беа одбиени. Тие се однесуваа за изградба на нов мост преку Вардар, како продолжение на „Илинденска“ кон Ѓорче Петров, пензионерски домови, како и подземен пешачки премин на „Димитрие Чуповски“. Објаснувањето на Трајановски беше дека не може да скусат пари од изнајмување возила за заловување на кучиња за да се градат пензионерски домови. Тој рече дека идејата е добра, но дека засега ќе останат на доделувањето на 500.000 денари за здруженијата на пензионерите. За подземниот премин објасни дека го имале во план за изведба, но дека се појавиле инфраструктурни проблеми на улицата, за кои ќе треба време да се решат.

Трајановски напомена и дека размислуваат за изведба на подземна сообраќајница што би понирала кај „Мекдоналдс“, а би излегувала кај Собранието.

Јорданка Ивановска


Ќе се враќаат бистите на хероите во Градски парк

Градоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе ги врати бистите на паднатите херои во Градскиот парк. Бистите на хероите од НОВ и од другите периоди од македонската историја во изминатата деценија беа украдени од постаментите во паркот и никој досега не вложи напор за нивно достоинствено враќање.

За таа цел, во буџетот ќе бидат издвоени околу 60.000 евра.

- Сакаме да го вратиме она што постоело во паркот. Паркот во голема мера го обновивме, но сметаме дека тоа не е доволно - изјави тој.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DFC72F4F96EC5649B33B3D5360D00576

Нема проекти за развој на градот


Нема проекти што ќе донесат економски развој во градот за следните три години, во развојната програма на градоначалникот Коце Трајановски, нагласија советниците од опозицијата на вчерашната седница


Тие сметаат дека во програмата за развој не се вклучени проектите што тој ги ветувал во предизборниот период, како продолжување на булеварот Свети Климент Охридски, подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“, проектот за трамвајот, реконструкција на паркот „Луна“, изградбата на жичницата до крстот на Водно и изградба на ски патеки.

- Градоначалникот Коце Трајановски се однесува како претседател на месна заедница во Холандија, па се слика како порибува риба, компостира лисја, прави акција за крпење дупки и ноќе бележи улици. Тој не понуди ниту еден проект во кој навистина ќе видиме дека градот навистина се развива. Владата е главен инвеститор на градот – истакна Александар Наумовски, советник од СДСМ.

Тој додаде дека во развојната програма не е ставено и ветувањето за реновирање три средни училишта во Скопје.

Градоначалникот Коце Трајановски одговори дека не се откажува од својата програма и ќе се труди докрај да ја реализира, иако најголем проблем ќе бидат финансиите, па треба да се лоцираат само најприоритетните проблеми.

- Развојната програма е внимателно планирана. Ја разгледуваме можноста за продолжување на булеварот Климент Охридски. За сите проекти што не се вклучени во развојната програма во постапка е ангажирање консултанти. Од нив ќе зависи понатамошната реализација. Во тек се и консултации со сите банки, за да видиме како може да земеме кредити – додаде Трајановски.

На вчерашната седница се усвои и градскиот буџет за следната година. Не се прифатија амандманите на советниците од опозицијата да се пренаменат дел од парите и да се употребат за да се изградат пензионерски клубови, кружен тек кај зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“ и подземен пешачки премин на улиците Димитрија Чуповски и Македонија. Во градскиот буџет се предвидуваат 48 милиони евра, односно за 28 отсто поголем од лани, од кои 60 отсто се предвидени за реализација на капитални проекти, односно за реконструкција и проширување на сообраќајниците.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122491050405&id=14&prilog=0&setIzdanie=21870
ГРАДОТ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ЌЕ СЕ РАЗВИВА СО ПРОШИРУВАЊЕ УЛИЦИ
Кружните текови исчезнаа од главните скопски проекти

Роза Петкова

Во наредните три години Град Скопје ќе се занимава со проширување на улицата Илинденска во булевар, со реконструкција на крстосници и автобуски постојки, изградба на тротоари и бетонски жардиниери по магистралните улици. Се уште ќе се гради и водоводна мрежа, а пари ќе се трошат за подобрување на јавната чистота. Меѓу приоритетните проекти ги нема претходно најавените кружни текови во Скопје. Во програмите за развој во периодот 2010-2012 година, кои вчера се најдоа пред советниците во Градското собрание, може да се види дека од поголемите капитални проекти за улици, освен Илинденска, планирано е проширување само на Првомајска, во две години, на потегот од Рампа до Народни херои и од „Усје“ до Драчево. Првата фаза од проширувањето на улицата Митрополит Теодосиј-Гологанов не се планира во 2010, туку во наредните две години. Парите за изградба на нов мост кај Сарај се предвидени во две буџетски години, односно наредната ќе се издвојат 15 милиони денари, а во 2011 година 40 милиони. Според образложението на градските власти, ризик во изградбата е да се најде соодветна локација за новиот мост. Градот ќе изработи проекти за водовод за село Радуша, населбите Пинтија и Гази Баба и ќе гради водоводен систем во Ченто, Кучково и во високата зона Водно. За системи за одведување и пречистување на отпадни води се планираат 143 милиони денари, а тие ќе се градат и во 2011 и во 2012 година. За сообраќајна сигнализација, хидраулични столпчиња, за Центарот за управување и контрола на сообраќајот пари се планираат до 2012 година, а истото важи и за експропријацијата на земјиште за проширување на градските гробишта и изградба на бунари за технолошка вода. За паркови и зеленило во 2010 година се планираат околу158 милиони денари, а за заштита на животната средина 36 милиони, кои, меѓу другото, ќе се распределат за обележување граници меѓу Водно и Гази Баба, посебен план за парк-шумата Водно, уредување на локалитетот Гази Баба, замена на азбестно-цементни плочи. За советниците од опозицијата во програмите предложени од градоначалникот Коце Трајановски нема ништо од неговите предизборни ветувања. - Барем да се изградеше едно депо следната година или една траса од трамвајот, но нема таков план во овие програми. Нема ниту трага за изградба на најавуваните подземни сообраќајници или кружни текови - рече Игнат Виларовски, советник од СДСМ. Градоначалникот на дискусиите од опозицијата одговори дека програмата која е предложена пред нив не е негова, туку е заедничка, на администрацијата и на самите советници. - Не се откажувам од својата програма и таа ќе биде реализирана. Имаме интензивни преговори со банките за можноста со кредити да ги оствариме проектите кои се во програмата - изјави Трајановски.

Јужен булевар стигна до имотните односи

Како одговор на повикувањата од опозициските советници, Коце Трајановски најави дека не се откажал ниту од изградбата на Јужниот булевар. Според градоначалникот, до Нова година службите треба да го завршат проектот за имотните односи на трасата на која треба да се гради булеварот.
- Важно е да го почнеме булеварот Илинден, кој е еден од клучните покрај Првомајска и Јужен булевар. Се надевам дека двете фази на Илинденска, од фонтаната до крстосницата со 8 Септември и од фонтаната до Влада барем ќе ги почнеме наредната година, ако веќе не успееме да ги завршиме – истакна Трајановски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1900&ArticleID=129802



Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 21:31
Скопски буџет за 2010...

http://www.skopje.gov.mk/userfiles/file/VKUPEN%20buxet%20na%20Grad%20Skopje%20za%202010.pdf - http://www.skopje.gov.mk/userfiles/file/VKUPEN%20buxet%20na%20Grad%20Skopje%20za%202010.pdf


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Feb-2010 at 10:34
Буџетот е мизерен. Се на се 66 милиони евра, од кои 60% отпаѓа на плати, дневници и канцеларски материјали и мебел. Превработеноста во јавната администрација и тоа како си го зима својот данок.
 
За капитални проекти обновување и одржување на тековната инфраструктура има се на се околу 30 милиони евра. Од тие 30 милиони речиси половината се за купување на возила и мебел. Анализирајќи подетално за изградба на нови илици, патишта и автопатишта има се на се 5 милиона евра.
Па сега да удираме есап колку сакаме можеме, но со ваква структура на буџет никагаш нема да добиеме тунел под плоштад, доградба на Јужен булевар, Крушевска република и сл.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 11:39
Приходи 66 мил, расходи 77 мил. Добро ипак кај нас дел од проектите за Скопје ги има и во владина програма и најчесто и локални проекти се остваруваат така преку влада, а општината е логистика. Не е проблем ако се најдат дополнително пари, може да трпи буџетов.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Feb-2010 at 13:54
Originally posted by lslcrew

Приходи 66 мил, расходи 77 мил. Добро ипак кај нас дел од проектите за Скопје ги има и во владина програма и најчесто и локални проекти се остваруваат така преку влада, а општината е логистика. Не е проблем ако се најдат дополнително пари, може да трпи буџетов.
Ова се вика дефицит, и речиси во сите буџети го има, а тие средства доколку се обезбадат се алоцираат од други извори, најчесто кредити/позајмици. А вториот дел кој го зборуваш, дека Владата ги реализира проектите на општините, токму тоа е погубното за децнетрализацијаат и регионалниот развој кај нас. Лончињата никако не с,меат да бидат измешани, заради ефикасно функционирање и на двете власти. Така што никако не би го релативизирал прашањето од типот „не е страшно“. Не разбирам како тоа трпи буџетот кога и ваков каков што е има 13% дефицит (слично како Грчкио кој ради сличните прични се заканува да ја сруши цела Евро зона???)


Posted By: axel
Date Posted: 07-Apr-2010 at 23:24

Градскиот буџет се прекројува

Околу 25,8 милиони денари, односно 380.000 евра, ќе бидат прераспределени од една во друга ставка во Буџетот на Скопје, за да се обезбедат субвенции за да може јавните претпријатија да ги платат дополнителните 140 хонорарци, кои ќе бидат ангажирани да го чистат градот и да го одржуваат зеленилото, како и за нови луѓе задолжени за заловување на кучиња-скитници и за проектот за современо управување на јавниот превоз. Дел од парите ќе се издвои за функционирање на киното „Милениум“, кое неодамна потпадна под градска надлежност, а дел се за намирување на ненаплатени комунални трошоци на средните училишта. Околу 60.000 евра од сумата за проширување на Буџетот се наменети за исплата на членови на управни и надзорени одбори на јавните културни установи. Прекројувањето на буџетот треба да помине денеска на седница на Советот на Град Скопје.

Со новото проширување, Буџетот на Скопје останува ист, така како што беше зацртан, на 67,9 милиони евра. Разликата е што дел од парите некаде ќе се скратат, за некаде да се зголемат за други потреби.

Ќе се намал сумата за трошоци од судски решенија, за 14,8 милиони денари, а за 11 милиони денари ставката трошоци за градската администрација.

Буџетот на градската власт во 2010 година од 67,9 милиони евра е само проекција. Толку приходи очекува Градот во наредната година, но неизвесно е дали толку навистина ќе се приберат или градската власт со ребаланси ќе оди кон негово намалување, како што го направи тоа два пати во 2009 година. (Ј.И.)                                                                                                                                                                                            http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7875EBE82DDE9141ABF43540FFB5144E     


Posted By: Plugger
Date Posted: 19-Apr-2010 at 04:25

Mnogu mizeren budzet, na Skopje mu treba naj malce 150 miljoni evra budzet a i toa e malce spored mene pogotovo za glaven grad na edna drzava i vrz osnova na toa sto poveke od 1/3 od celata populacija zhivee vo Skopje.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-May-2010 at 16:44
Отчет - Град Скопје
http://www.skopje.gov.mk/userfiles/brosura%20KAKO%20SE%20TROSAT%20VASITE%20PARI.pdf">


Posted By: axel
Date Posted: 26-May-2010 at 15:56

На парите не им се влегува во градскиот буџет

Во првиот квартал се прибрани само една четвртина приходи од зацртаните, што според опозицијата е резултат на постојаното ослободување на Владата од плаќање комуналии за објектите под „Скопје 2014“

Само 15 отсто од планираните приходи успеала да прибере градската власт во својот Буџет во првиот квартал од 2010 година, информира градоначалникот Коце Трајановски на последната седница на Советот. Според него, прибрана е една четвртина од планираните 100 отсто за првиот квартал, односно околу 10,5 милиони евра, без пренесените приходи од минатата година, што е малку во однос на она што го зацртаа. Буџетот за 2010 година е проектиран на 67,9 милиони евра. Од СДСМ го обвинија дека градската каса останала празна поради заложбата на Трајановски за континуирано ослободување на Владата од плаќање комуналии при изградба на јавни објекти од проектот „Скопје 2014“. Се работи за 2 до 2,5 милиона евра, само во оваа година, а вкупно од 6 до 8 милиони евра за последните три години.

Додека Трајановски ги набројуваше причините за слабиот прилив на буџетски пари, опозициските советници беа остри кон неговите оправдувања - дека агилноста и способноста на оваа гарнитура за полнење на буџетот не одговараат ни на прогнозите на најголемите песимисти.

Градоначалникот и покрај малиот прилив на средства, изјави дека е задоволен од сработеното.

- Расходите се движат во дозволените граници, а и кредитниот рејтинг на Град Скопје е добар. Приходите од инвестиции секогаш доаѓаат подоцна во годината. Имаме најави за крупни зафати во Гази Баба, Аеродром, Карпош, Центар - рече скопскиот градоначалник.

Советникот од СДСМ, Игнат Виларовски, рече дека не може да најде пофални зборови за работата на Трајановски.

- Во извештајот за првиот квартал нема позитивен параметар. Тоа е затоа што во Скопје нема капитални инвестиции од кои би се прибрале пари за комуналии. Ни останува само да се надеваме дека реализацијата до крајот на годинава ќе биде подобра, но сепак сегашната бројка, 15 отсто, ни кажува дека приходите не се прибираат со предвиденото темпо. Имаме 12 помали градови со многу поголеми буџети - рече Виларовски.

Околу ослободувањето на државата од плаќањето на комуналните трошоци за уредување на градежното земјиште, градоначалникот Трајановски застана во одбрана на Владата. Сепак призна дека можеби и тоа има влијание за малите приходи во градската каса.

- Се сложувам дека можеби има влијание врз приходите, но мислам дека ќе имаше влијание и врз расходите. Ние не ја ослободивме Владата, туку и дадовме можност сама да го уредува земјиштето со атмосферска и фекална канализација и со сите други инсталации. Не е се' така црно-бело како што изгледа - изјави Трајановски.

Опозициските советници, револтирани од слабиот финансиски извештај, потсетија на фактот дека поранешниот градоначалник Трифун Костовски на Трајановски му остави полна каса, односно прибрани осум милиони евра.

„Првомајска“ на кредит

Градската власт ќе зема кредит од 5,6 милиони евра за реконструкција на улицата Првомајска и за изградба на центар за управување и контрола на сообраќајот. Во предлогот доставен до Советот на Скопје нема детаљно образложение на што се должи потребата од ваков заем, со грејс-период од три години и рок на отплата од 13 години. Минатата недела, поради немање кворум, седницата се прекина на оваа точка, а ќе продолжи неделава, при што опозицијата очекува одговори од Трајановски дали главен виновник за кредитно задолжување е малиот број приходи во касата.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F6749650D5742F428815B6337DDD48E9


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jun-2010 at 23:35

Ребалансот нема да ги запре капиталните проекти

Капиталните градски проекти ќе се спасат со претстојниот ребаланс на буџетот на Градот Скопје, за кој идната недела ќе расправаат градските советници. За најголемите градски инвестиции во проширувањето на булеварите „Илинденска“ и „Србија“ нема да има кратење на предвидените средства за изградба.

Сепак, намалување на парите ќе има за повеќе проекти што се во фаза на планирање. Пример е проектот за ревитализација на езерото „Треска“, за кое беа предвидени 30 милиони денари. Со оглед на тоа дека проектот се' уште не е готов, неговата реализација нема да може да почне оваа година. Поради тоа и се скратуваат и се пренаменуваат предвидените средства, информираат во Градот.

Градежните работи на булеварот „Србија“ ќе продолжат со предвидената динамика, а нема да заостане ниту активноста на „Илинденска“. По завршувањето на потегот од фонтаната „Лотос“ до улицата „Рузвелтова“, градоначалникот Коце Трајановски најавува проширување кон зградата на Владата, како и кон раскрсницата со булеварот „8 Септември“. Првиот дел треба да биде готов до септември, а, веројатно, на Денот на независноста, 8 Септември, ќе се сече и црвената лента.

„Претстојниот ребаланс не предвидува целосно запирање на ниту еден проект. Станува збор за намалување на средствата кај оние проекти што нема да можат да се реализираат целосно, односно ќе почнат годинава, а дел од средствата за нив ќе се обезбедат и од буџетот догодина. Дел од проектите кои требаше да завршат годинава ќе се забават, па и за нив пари ќе се обезбедуваат в година“, велат во Градот Скопје.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B75122B7B11F294CAA16875A892B0849



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 21-Jun-2010 at 23:46
Катните гаражи го исцедија буџетот




Двете катни гаражи што ќе ги гради Градот Скопје годинава ќе „изедат“ многу пари од буџетот. Поради тоа, останатите проекти на градоначалникот Коце Трајановски ќе трпат и затоа тој ги одложи за 2011 и за 2012 година. Според ребалансот на буџетот, минималниот износ што ќе отиде за катните гаражи годинава е околу 680.000 денари, а во наредните две години планирано е да се потрошат околу 1,9 милион евра.

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје на дневен ред се најде ребалансот на буџетот, кој е со незначителни намалувања, односно е останат на истата проекција од 68 милиони евра. Она што ја вознемири опозицијата и на што советниците реагираа е дека во многу ставки е извршено големо „тумбање“ на парите.

- Зарем буџетот е толку лошо испланиран кога мора да се прават вакви прераспределби - праша Игнат Виларовски, член на Комисијата за буџет од СДСМ.

Опозицијата го критикуваше градоначалникот Трајановски зошто крател пари од значајни проекти и ги одложил за наредните две години - и тоа 20 милиони денари за ревитализација на езеро Треска, не оставил речиси ништо за изградба на нова пожарна станица, мостот во Сарај ќе почека подобри времиња, а исто и центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој е важен за справување со метежот во Скопје. Годинава нема да се реализира раскрсницата во Ѓорче Петров, нема да се покрива каналот на улица Финска, нема да се гради водоводната мрежа во Ченто ниту команден центар за регулирање на уличното осветление.

Координаторот на СДСМ, Софија Куновска, го прозва Трајановски да каже зошто градската администрација не си скратила пари од своите комодитети и луксуз, на сметка на поважните проекти, како што се изградба на центар за зависници или служба за стари и изнемоштени лица за кои нема пари за реализација.

- Градската власт и покрај малиот број приходи што ги собра во првиот квартал и кратењето пари од голем број важни проекти, не смета дека треба да си скрати, на пример, од својата сметка, па така ќе се купуваат нови моторни возила во висина од 7 милиони денари, со 10 милиони денари ќе се реконструираат бараките, со 850.000 денари ќе се купуваат канцелариски мебел и клима-уреди - рече Куновска.

И покрај одложувањата, градоначалникот Трајановски беше поздравен од членовите од својата партија, конкретно од Борче Георгиевски, дека работи домаќински. А самиот Трајановски ги повтори истите проекти што ги зборува од почетокот на својот мандат, нарекувајќи ги капитални.

- Ќе се реализираат проектите за улиците Илинденска, Македонска војска, за проширување на булевар Србија и Благоја Стефковски, за изградба на пат до гробишта Камник и кон Рашче, како и систем за отпадни води на булевар АСНОМ и во село Лисиче - рече градоначалникот.

Опозицискиот СДСМ го стави под знак прашалник менаџерското работење на Трајановски, ако се земе предвид дека за една година прави трет ребаланс на буџетот. Според советниците од оваа група, минатиот градоначалник Трифун Костовски, иако не беше поддржан од Владата, проектираше и собираше многу поголеми буџети со кои реализира скапи проекти. Воедно, на крајот од својот мандат, како што самиот информираше, на наследникот Трајановски му остави околу 7 милиони евра во буџетот. На ова реагираше самиот градоначалник Трајановски, велејќи дека не е точно тоа што го зборува опозицијата, а и бившиот челник на Градот.

- Костовски ми остави само 4 милиони евра плус и голем број склучени договори и судски решенија што требаше да се исплатат - објасни градоначалникот Трајановски.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E397610879ED484C9D770B29E304C248 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E397610879ED484C9D770B29E304C248


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Jun-2010 at 00:15
Статијава е повод за голема загриженост...

Прво ќе започнам со тоа што најмногу ми боде очи-како тоа најважниот проект моментално за Скопје, а имено Центарот за управување на сообраќајот е замрзнат, односно ќе ги чекал оние подобри времиња (воз кој не запира на нашата станица)? Па со тој релативно ефтин зафат ќе се постигнеа најбрзи резултати на неколку полиња: поголема проточност, помалку изгувни гасови и не на последно место заштеда на граѓаните во смисла на време и финансии!

Мостот кај Сарај навистина ќе падне деновиве. Одкога знам за себе се зборува дека е во очајно тешка состојба и се се одложува, а е единствената врска со оваа не мала населба.

Тој булевар Србија проклет да биде веќе. Откако почнав да ги следам инфраструктурните проекти во Скопје (изборната кампања Пенов за Скопје, односно пред неговиот втор мандат, значи 10+ години), не успеаа да направат едно проширување на улица во сред поле!

И сите овие проекти, кои ни се прикажуваат како ГОЛЕМИ, ТЕШКИ, ИСЦРПУВАЧКИ И СО НЕВИДЕН РЕЗУЛТАТ (кој секогаш се покажува како лага нпр. дека клучката кај Континентал ќе придонесела за 30% намалување на гужвите во целиот град), се буквално мизерни, споредено со она што треба да биде приоритет на Скопје (по сите критериуми голем град) - ЛРТ и приградска железница, Јужен, Крушевска, тунелите под Калето и Плоштадот...

Истовремено прават споменици, градска плажа, па подземно премини ќе правел... Бескрајно фрлање песок во очи и најнеодговорно бегање од децениски натрупаните проблеми на градот. Доаѓа времето кога ќе биде исклучително тешко да се реализираат големите проекти нпр. затвори Партизанска да се прави тунелот под Плоштад.

Кои се тие две катни гаражи? Градот ќе ги изгради како полу-деловни објекти, подоцна ќе прогласи дека е лош стопанин и ќе ги даде некому за беспари? Веќе видена практика... Плус нели собираат доволно пари од ЈП Градски Паркинг, со кои ќе можат тековно да финансираат нови гаражи, без додатно оптоварување на буџетот? Каде одат тие пари ако не токму за таа намена (понатамошно олеснување на проблемот со паркингот во Скопје)?

За крај се плашам дека овој ќе биде многу полош градоначалник и од Трифун, кој од своја страна си беше катастрофален! Крајно сум разочаран и навреден од односот на властите, затоа што не сметаат за тотални овци, на кои можеш да им сервираш буквално се!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jun-2010 at 08:57


Комплетно сум на иста линија со тебе.

Прво, не можам да поверувам дека така ладно ги скинале средствата испланирани за центарот за управување и контрола на сообраќајот, особено кога баш сега скоро се испофалија дека ќе го реализираат, направија многу помпа и самите излегоа со податоци какви огромни позитивни ефекти ќе има од него.

И особено иритира токму тоа што парите што се собираат од паркирањето одат којзнае каде се не, само не таму каде што треба да одат - во унапредување на паркингот. Затоа сега парите наменети за мостови и центар за контрола на сообраќајот ќе ги пренасочуваме во (барокни) катни гаражи  Wallbash

Од луксузите на државна сметка исто така никогаш да си скратат. За автомобили, климатизери, мебел, патувања и слично, никогаш не било криза... Ќе спомнам само за автомобилите - на тоа поле секогаш фигурира „оправдување“ дека километражате на постојниот возен парк е огромна и дека автомобилите се стари и се се скапи за одржување... А ако ги видиш автомобилите, по километража се несфатливо постари него по години, па наместо со тоа да оправдуваат нови набавки, треба да објаснат зошто толку безмилосно ги возат за приватни потреби.

За опозицијата... Океј е да критикува, тоа и е работа. Ама наместо генеричко критикување каде секој одложен проект се става во ист кош, би сакал да видам прецизна листа на приоритети.

Во меѓувреме, вистински капиталните проекти кои треба да го препородат градот ги нема ни на повидок...


Posted By: axel
Date Posted: 27-Aug-2010 at 11:14

Градската каса сé помалку се полни


Во првите шест месеци од годинава во градската каса се слеале само 45 проценти од планираните приходи за овој период

 

 
%20  
Градската каса е полупразна во однос на проектираното, пред сé поради слабата наплата на давачките за уредување градежно земјиште. На вчерашната седница на советот на градот е усвоен извештајот за градскиот буџет, со забелешка дека капиталните инвестиции и проекти изостануваат и не се реализираат како што било планирано.

- Намален приход по основа на градење има пред сé поради практиката градот сé почесто да ги простува давачките за градбите што Владата како инвеститор ги гради во Скопје. Како проектираниот приход, односно парите што сега ги нема ќе се надоместат од градежните инвестиции на стопанството, не се знае. Според извештајот, се гледа дека капиталните инвестиции изостануваат додека парите се чуваат на сметката на градот. Секоја инвестиција е подобра од никаква и чување на парите на сметка - изјави Никола Велковски, советник од редовите на СДСМ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=827101026162&id=14&prilog=0&setIzdanie=22070


Posted By: Baze
Date Posted: 04-Oct-2010 at 09:14

Предлог-програма за буџетот за 2011 година


Коце ги скрои приоритетите за догодина


Со околу 30 милиони денари средства обезбедени од Владата кон крајот на оваа година ќе започне изградбата на новиот мост во Сарај на местото на стариот железен. Остатокот од финансиите ќе ги обезбеди Град Скопје


Околу три милијарди денари, ќе изнесува буџетот на град Скопје и за 2011 година, ваква е проекцијата на градскиот буџет што викендов во Охрид ја најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Според планираното, приоритет ќе имаат капиталните инвестиции кои веќе се започнати оваа година. Булеварот "Србија" како што рече Трајаноски, ќе биде готов до крајот на годината а дел од исплаќањата за него ќе се вршат во 2011 година. Следната година ќе се проширува улицата "Првомајска", од Рампа до Расадник во Кисела Вода. Сообраќајното решение за улицата "Теодосиј Гологанов" според Трајановски предвидува оваа улица ќе стане булевар со четири ленти. Прво ќе се гради од потегот на поранешна НИП "Нова Македонија" до улицата "Рузвелтова", со кружен тек кај Католочкиот храм. Исто така улицата на потегот од "Рузвелтова" до студентскиот дом "Гоце Делчев" чека на довршување на проектот.
Со околу 30 милиони денари средства обезбедени од Владата кон крајот на оваа година ќе започне изградбата на новиот мост во Сарај на местото на стариот железен. Остатокот од финансиите ќе ги обезбеди Град Скопје.

Градоначалникот Трајаноски информира дека се размислува во Скопје да има подземни сообраќајници на две крстосници, кај "Црвениот крст" и кај "Нова Македонија" а се планира и изградба на катните гаражи, кај "Цветен пазар" и спроти полициската станица "Беко" . Исто така ќе се санираат улиците и тротоарите во Малиот и Големиот ринг.

Според скопскиот градоначалник следната година ќе се обезбеди и нова опрема на Јавните претпријатија "Комунална хигиена", "Паркови и зеленило" и "Улици и патишта".
Трајановски информираше дека се уште се размислува за локација за "Градска куќа", проект кој би започнал да се гради следната година доколку би се затворила финансиската конструкција. Исто така градоначалникот најави и изградба на фабрика за спалување и рециклирање на отпад, и посебен уред за спалување на медицински отпад, кој би чинел околу 4 милони евра.
Трајановски, викендов на средбата со советниците на Град Скопје, раководителите на сектори и директорите на градските јавни претпријатија најави дека и следната година од буџетот на Град Скопје ќе бидат одвоени средства за реконструкција на училиштата, ќе се вложува во спортот, како и во културата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E9149B64F2F879498F28B810611A41FA - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E9149B64F2F879498F28B810611A41FA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 11:44

Амбициозни проекти во трка за влез во буџетот за 2011

Вредноста на желбите е речиси двојно поголема од планираниот прилив на пари за идната година

Сања Наумовска

Охрид - Градска куќа, булевари, мостови, подобрување на јавниот сообраќај и на хигиената во градот, катни гаражи, но и смели размислувања за сообраќајници на две нивоа на неколку раскрсници, се некои од проектите кои ќе си го бараат својот дел од колачот при планирањето на градскиот буџет за 2011 година. Советниците во Советот на Скопје и градоначалникот Коце Трајановски, без присуство на колегите од опозицискиот СДСМ, пред да одлучуваат за големината на идниот буџет, викендов во Охрид ги сослушаа плановите за идната година на градската администрација, јавните претпријатија и на културните институции.

Желбите за 2011 година тежат 4,5 милијарди денари, но веројатно ќе треба да се стиснат во рамките на проектираните приходи за в година, кои, според пресметките на Секторот за финансии, нема да преминат 2,52 милијарди денари. Според зборовите на градоначалникот Трајановски, до крајот на септември во градската каса се слеале над 2 милијарди денари, што дава надеж дека идната година ќе има пари за повеќето од планираните проекти. Се разбира, вели Трајановски, предност ќе добијат веќе почнатите проекти, како што е булеварот „Србија“, но ќе се отвораат и нови фронтови, особено во насока на подобрување на сообраќајната мрежа.

Високо на агендата на градската администрација е и изградбата на градската куќа, но засега никој отворено не зборува за локацијата. Трајановски потврдува дека има проект што Градот го платил четири милиони денари, но се' уште размислува за најсоодветната локација. Повеќе години како можен дом на Градот Скопје во игра беа Старата железничка станица, локацијата во парк каде што се наоѓаат градските бараки, како и административната зграда на „Рубин кармин“ на Кале. Според проекциите на Градот, градската куќа би чинела околу десет милиони евра.

„Идната година почнува проширувањето на ’Првомајска‘ од Стара рампа до Расадник, а ако има пари ќе продолжи и на други делници од сообраќајницата“, вели Трајановски. Уште две ленти и кружен тек кај Католичка црква ќе добие и улицата „Теодосиј Гологанов“. Веќе е направен проект за делот од „Нова Македонија“ до „Рузвелтова“, а идната година ќе се проектира и делницата до студентскиот дом „Гоце Делчев“. Од еден до еден и пол милиони евра ќе го чини Градот Скопје и мостот во Сарај, кој треба да почне да се гради кон крајот на годинава или во јануари. Пари за него, околу 30 милиони денари, се очекуваат и од централниот буџет.

„Раскрсниците кај Црвен Крст и ’Нова Македонија‘ се зрели за решение на две нивоа, со кое ќе се обезбеди поголем проток на возила. Веќе имаме разгледано повеќе вакви искуства од други градови, но нивната реализација кај нас, пред се', ќе зависи од подземната инфраструктура“, објаснува Трајановски.

Подобрувањето на јавниот превоз, паралелно со очекувањето на новите автобуси за ЈСП, ќе се решава со автоматско следење на возилата и воведување на смарт-тикетингот. Со кредит ќе се опремува и центарот за управување на сообраќајот, за кој градоначалникот Трајановски смета дека е краен момент да почне со работа. До 2012 година ќе треба да се изградат и двете градски катни гаражи, кои ќе го чинат Градот околу осум милиони евра. Парите ќе се обезбедат од кредити, а ќе се враќаат со продажба на деловниот простор.

Новина во Скопје ќе биде и првиот паркинг за тешки возила, кој ќе се гради под Транспортниот центар, крај кејот на Вардар. За паркиралиштето кое треба да го реши проблемот на меѓуградските автобуси и камионите се планираат 14 милиони денари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7BE0D87DC30FB54BB578CBC881C91F0D

Трајановски ќе го асфалтира целиот центар

Нова градска куќа, две катни гаражи во центарот, проширување на Теодосиј Гологанов со уште две ленти, на Првомајска, целосна реконструкција на коловозните ленти на сите улици во Малиот и Големиот ринг - тоа се дел од приоритетите на градската власт на Скопје за наредната година, беше кажано на презентација на Буџетот за 2011 година што викендов се одржа во Охрид.

- За градската куќа ќе се подготви документација и ќе се изработува проект, а ако се најдат пари, администрацијата по пет децении ќе се пресели од бараките во Градски парк во нов објект - рече градоначалникот Коце Трајановски.

Катните гаражи ќе се градат со кредити, а уште при изградбата ќе се продава деловен простор, со цел да се обезбедат пари. Многу од проектите што беа изложени се од изминатите години, но бидејќи за нив немаше пари, беа одложени за 2011 година: нов мост во Сарај, воведување еден билет за возење во јавниот и во приватниот градски превоз (т.н. „смарт тикетинг“), како и автоматско лоцирање на автобусите, со цел да се знае времето и местото на нивно движење. Трајановски се задржа на купување нови возила за „Комунална хигиена“ како приоритет за подигнување на јавната чистота во метрополата.

- Наскоро ќе стасаат шест камиони, а за некое време ќе распишеме тендер за уште 20. Се' на се', до мај 2011 година сметаме да дојдеме до 50 камиони, што за нас ќе биде успех. Тогаш на 10.000 жители ќе има еден камион, а не како претходно, кога на 100.000 жители имаше само едно возило за подигање на ѓубрето - објасни скопскиот градоначалник.

Освен овие предлози, кои беа презентирани и се очекува да влезат во Буџетот за 2011 година, имаше и дополнителни, од директорите на јавните претпријатија и од членовите на Советот, па затоа и листата за Буџетот не е конечна. Според Трајановски, од неделава ќе се врши дополнителна селекција на најважните работи за кои треба да се издвојат пари. Во секој случај, извесно е дека до крајот на годинава или во јануари наредната ќе почне да се гради нов мост во Сарај, со две ленти. Би чинел 1,5 милион евра, предвидено е дел да даде Владата, а дел градската власт.

Скап проект, за кој се потребни 3 милиони евра, а ќе се обезбедат од кредити, е изградбата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Со негово воведување ќе биде овозможено на раскрсниците возилата автоматски да се бројат и пропуштаат, а воедно и ефикасно да се регулира зелениот бран, без разлика на негово вклучување или исклучување од полицијата при пропуштање делегации и владини возила.

На презентацијата на Предлог-буџетот присуствуваа раководители на градските сектори, директорите на јавните претпријатија, како и сите членови на Советот, освен од советничката група на СДСМ. Координаторот Софија Куновска, рече дека и во јуни годинава имало идеја за патување во Охрид заради ребаланс на Буџетот, но дека и тогаш од советничката група изразиле негодување, а Трајановски ја одложил посетата. Таа ги потенцира економската криза и слабиот градски Буџет како причини за бојкот на оваа посета. Кажа дека лани разгледувањето на Буџетот се одржало во Маврово, а според нив, не дало особено резултати.

- Наше мислење е дека истата оваа дебата можеше да се случи и во Скопје, на седница на Совет, во обичен работен ден, без ручеци и трошоци за хотелски аранжмани - изјави Куновска.

Проект, кој беше споменат на презентацијата, за кој ќе се бараат пари, се раскрсници на две нивоа, кај Црвениот крст и кај Нова Македонија. Градоначалникот Трајановски објасни дека сериозно размислува сообраќајот на овие локации да го растоварува со денивелирани улици, една надземна и друга подземна.

Градската власт годинава остварила најголем број приходи од воведувањето на децентрализацијата, околу 34 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува да стаса до 40 милиони. Наредната очекуваат поголем прилив од даноци и од други извори, односно околу 50 милиони евра.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=523F45BE0D824546A3421B6A8AEF86D1



Posted By: leonid23
Date Posted: 05-Oct-2010 at 01:33
Трајановски ќе го асфалтира целиот центар



Нова градска куќа, две катни гаражи во центарот, проширување на Теодосиј Гологанов со уште две ленти, на Првомајска, целосна реконструкција на коловозните ленти на сите улици во Малиот и Големиот ринг - тоа се дел од приоритетите на градската власт на Скопје за наредната година, беше кажано на презентација на Буџетот за 2011 година што викендов се одржа во Охрид.

- За градската куќа ќе се подготви документација и ќе се изработува проект, а ако се најдат пари, администрацијата по пет децении ќе се пресели од бараките во Градски парк во нов објект - рече градоначалникот Коце Трајановски.

Катните гаражи ќе се градат со кредити, а уште при изградбата ќе се продава деловен простор, со цел да се обезбедат пари. Многу од проектите што беа изложени се од изминатите години, но бидејќи за нив немаше пари, беа одложени за 2011 година: нов мост во Сарај, воведување еден билет за возење во јавниот и во приватниот градски превоз (т.н. „смарт тикетинг“), како и автоматско лоцирање на автобусите, со цел да се знае времето и местото на нивно движење. Трајановски се задржа на купување нови возила за „Комунална хигиена“ како приоритет за подигнување на јавната чистота во метрополата.

- Наскоро ќе стасаат шест камиони, а за некое време ќе распишеме тендер за уште 20. Се' на се', до мај 2011 година сметаме да дојдеме до 50 камиони, што за нас ќе биде успех. Тогаш на 10.000 жители ќе има еден камион, а не како претходно, кога на 100.000 жители имаше само едно возило за подигање на ѓубрето - објасни скопскиот градоначалник.

Освен овие предлози, кои беа презентирани и се очекува да влезат во Буџетот за 2011 година, имаше и дополнителни, од директорите на јавните претпријатија и од членовите на Советот, па затоа и листата за Буџетот не е конечна. Според Трајановски, од неделава ќе се врши дополнителна селекција на најважните работи за кои треба да се издвојат пари. Во секој случај, извесно е дека до крајот на годинава или во јануари наредната ќе почне да се гради нов мост во Сарај, со две ленти. Би чинел 1,5 милион евра, предвидено е дел да даде Владата, а дел градската власт.

Скап проект, за кој се потребни 3 милиони евра, а ќе се обезбедат од кредити, е изградбата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Со негово воведување ќе биде овозможено на раскрсниците возилата автоматски да се бројат и пропуштаат, а воедно и ефикасно да се регулира зелениот бран, без разлика на негово вклучување или исклучување од полицијата при пропуштање делегации и владини возила.

На презентацијата на Предлог-буџетот присуствуваа раководители на градските сектори, директорите на јавните претпријатија, како и сите членови на Советот, освен од советничката група на СДСМ. Координаторот Софија Куновска, рече дека и во јуни годинава имало идеја за патување во Охрид заради ребаланс на Буџетот, но дека и тогаш од советничката група изразиле негодување, а Трајановски ја одложил посетата. Таа ги потенцира економската криза и слабиот градски Буџет како причини за бојкот на оваа посета. Кажа дека лани разгледувањето на Буџетот се одржало во Маврово, а според нив, не дало особено резултати.

- Наше мислење е дека истата оваа дебата можеше да се случи и во Скопје, на седница на Совет, во обичен работен ден, без ручеци и трошоци за хотелски аранжмани - изјави Куновска.

Проект, кој беше споменат на презентацијата, за кој ќе се бараат пари, се раскрсници на две нивоа, кај Црвениот крст и кај Нова Македонија. Градоначалникот Трајановски објасни дека сериозно размислува сообраќајот на овие локации да го растоварува со денивелирани улици, една надземна и друга подземна.

Градската власт годинава остварила најголем број приходи од воведувањето на децентрализацијата, околу 34 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува да стаса до 40 милиони. Наредната очекуваат поголем прилив од даноци и од други извори, односно околу 50 милиони евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=523F45BE0D824546A3421B6A8AEF86D1


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Oct-2010 at 14:47
Каде може (ако воопшто) да се види планот за проширување на Гологанов? Баш ме интересира како ќе се изведе тоа без да се наруши трасата на Јужен? Има ли реално простор за тоа?

-------------


Posted By: Baze
Date Posted: 05-Oct-2010 at 17:28
Previous Немој да се загрижуваш за трасата на јужен, на градските - државни власти може да им падне идејата и овој дел од јужен булевар да го направат како подземна сообраќајница, затоа што и тоа земјиште ке биде атрактивно за да се продаде Roll%20eyes


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Oct-2010 at 17:34
Jas se prasuvam sto da veruvam?Vo edniot vesnik pisuvase SANACIJA na ulicite po centar a drugata CELOSNO ASVALTIRANJE na centarot?Sto seGA?

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Nov-2010 at 17:49

В година со нова градска плажа и стационар за коњи

Буџетот на Град Скопје е позициониран на 89,3 милиони евра, односно за околу 22 милиона повеќе отколку во 2010 година

Коњите што подолго време се шетаат по скопските улици, градската власт конечно ќе ги згрижи во стационар. Скопје дочека градските челници да издвојат пари за згрижување на овие животни со Буџетот за 2011 година, во кој се предвидени средства за изградба стационар за коњи. За оваа намена ќе се потрошат околу 30.000 евра.

В година ќе се гради уште една градска плажа, под стариот Народен театар, кај мостот „Гоце Делчев“, објект кој се' уште е во изградба. Тоа е онаа плажа што беше првично најавена, но беше одложена поради градежните работи за проектот „Скопје 2014“, па плажата се пресели кај Луна-паркот.

Буџетот сега е позициониран на 89,3 милиони евра. Толку приходи Градот очекува да прибере в година, односно за околу 22 милиона повеќе отколку во 2010 година. Доколку не се оствари оваа проекција, Буџетот ќе претрпи ребаланс во текот на годината. Така се случи со Буџетот за 2010, кој двапати беше прекројуван и многу проекти беа одложени.

На градоначалникот Коце Трајановски му остануваат за довршување втората фаза од булеварот Македонска војска, третата фаза од „Србија“, почетокот на градбата на мостот кон Сарај, подземните и надземните пешачки премини, реконструкцијата на езерото Треска, за кое се издвоени околу 450.000 евра и санација на многу културни објекти (Салон 19.19, МКЦ, Музејот на Стара чаршија во Сули ан). Ќе се поправаат и зградите на неколку средни училишта и фискултурни сали, за што се планирани 600.000 евра. Заостанат проект е и воведувањето т.н. смарт-тикетинг во јавниот превоз и автоматско следење на автобусите.

Капитални проекти што градската власт ги најави како нови и ќе почнат да се остваруваат во наредните две години се двете катни гаражи, кај ТЦЦ „Плаза“ и на улицата Мито Хаџи Василев-Јасмин, паркинзи за тешки товарни возила под Транспортен центар и кај Зоолошката градина, како и реконструкција на пет фасади на згради на плоштадот Македонија како дел од проектот „Скопје 2014“, во износ од 600.000 евра.

Во 2011 година ќе почне проширување на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош (од Општина Бутел до обиколницата) и проширување на улицата Теодосиј Гологанов од НИП „Нова Македонија“ до студентскиот дом „Гоце Делчев“, за што ќе се потрошат околу 750.000 евра. Ќе почне изведбата на прва фаза од изградба на улицата Индустриска, зад ФОН, а планирано е продолжување на градежните работи на булеварот Илинден, и тоа од „Никола Парапунов“ во Карпош 4 до булеварот 8 Септември во Карпош 3.

Ќе се реконструираат улиците Визбегово, Козле, Првомајска (кај Маркова Река), Самоилова (на Кале). Атмосферска канализација ќе добие месната заедница „Бајрам Шабани“, булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, а во Горно Лисиче ќе се гради пумпна фекална станица, во Парк филтер-станица, а пречистителна - за реката Серава.

Јорданка Ивановска


Трајановски ќе се рекламира на ТВ и со летоци

Во Предлог-буџетот за 2011 година може да се забележи дека градската власт в година има сериозна намера поагилно да се рекламира, односно да го следи трендот на Владата кога се работи за самопромоција. За таа цел ќе се потрошат околу 180.000 евра.

Освен весникот како досегашно гласило, за тие цели ќе се закупи термин на ТВ, и за тоа се предвидени околу 150.000 евра, со образложение - за дополнително информирање на граѓаните. Градската власт има намера да спроведе и граѓанска анкета за 15.000 евра. Ќе се печатат и летоци и брошури за 450.000 денари за проектите што ги работи Трајановски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E105806E4027124E8360BB12BAA3AC3F - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E105806E4027124E8360BB12BAA3AC3F


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Nov-2010 at 13:56
offtopic:
Budzetot od struga iznesuva 14 milioni evra!


-------------


Posted By: NorthWind
Date Posted: 14-Nov-2010 at 15:36
Originally posted by my Macedonia

offtopic:
Budzetot od struga iznesuva 14 milioni evra!
 
и тоа и е многу


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Nov-2010 at 15:39
Истиот впечаток, само се воздржав да не го пишам пред тебе. Барем за Македонски услови е чудно што има толкав буџет.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Nov-2010 at 15:44
Kako odi ova so budzetot?
Drzavata deluva pari za sekoja opstina ili opstinite sami si zemaat od reklami itn?


-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Nov-2010 at 15:49
kade zaminale site tie pari?Ne sum cuel nitu 1 proekt od struga???
inace informaciite se od ovde:
http://www.struga.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=211:u-miratua-buxheti-i-komunes-se-struges-per-vitn-2010&catid=74:lajme&lang=mk&Itemid=


-------------


Posted By: NorthWind
Date Posted: 14-Nov-2010 at 15:57
Originally posted by my Macedonia

Kako odi ova so budzetot?
Drzavata deluva pari za sekoja opstina ili opstinite sami si zemaat od reklami itn?
 
ако треба да ти објаснам, ќе бидам блокиран, па ќе се воздржам.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Nov-2010 at 16:07
NorthWind делумно ти објасни. Инаку формално е мислам некоја фиксна цена од буџет според број на население (сега за сега неточни бројки), плус некој процент од даноците на територија на општината, ддв, персонален данок и слични давачки. Данокот на имот мислам дека комплетно се слева во општинските буџети, комуналии уредени целосно од општината и веројатно има уште некои слични приходи, незнам точно кои. Инаку има е еднократно инјекции од влада како на пример на Општина Центар за Скопје 2014 спомениците и скулптурите, за плоштад Скендербег на Чаир и слични проекти.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Apr-2011 at 21:14
Bugjetot na opstina saraj iznesuva 330 milioni denari, sto e 50 otsto povekje od poslednata godina.
51% od bugjetot kje se trosat za kapitalni investicii a drugite za kulturni manifestacii i plata za administativnite rabotnici...


Inace znae nekoj kolku se 330milioni vo evra?


-------------


Posted By: alexgizh
Date Posted: 11-Apr-2011 at 21:18
Околу 5 и нешто милиони евра.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 11-Apr-2011 at 22:34
Може ли некој да ми каже,ако најде некое инфо..колку е буџетот на општина Куманово..
Чисто ме интересира колку пари има градот, а колку има направено на  терен да споредам


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 11-Apr-2011 at 22:39


1.143.193.575 denari okolu 20 000 000 evra

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 11-Apr-2011 at 22:49
Originally posted by ovaj_stariov



1.143.193.575 denari okolu 20 000 000 evra


Mе стави на мисла човече..20 милиони не се малку пари,а градов веќе 5-6 години ми е ист,ништо не гради (со мали исклучоци) цццццц.. каде се парите Wallbash


Posted By: krale
Date Posted: 11-Apr-2011 at 22:54
Да само што општински буџети сега треба да плаќаат доста администравци, мислам дека и образованието и платите во обрзование сега влегуваат во општински буџети.


Posted By: Plugger
Date Posted: 12-Apr-2011 at 04:00

Barok, Kolku sto razbrav veke se vo faza na gradenje na nov vodovod i kanalizacija vo Kumanovo, poleka i natamu ke pocnat da gradat kako sto treba Thumbs%20Up


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 12-Apr-2011 at 04:20
Ако на некој му значи нешто, Гевгелија има буџет за 2011 во износ од 414,035,000 МКД (или околу 6,700,000 ЕУР). Целата општина има околу 24,000 жители.

Еве линк: - http://gevgelija.gov.mk/mk/a/budzet2011/Budzet%202011.pdf

Според буџетот, има посебни делови за Основните Училишта, Средното, Културните Установи...

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: N23
Date Posted: 12-Apr-2011 at 13:58
Буџетот на Центар за оваа година? Зашто најдов две различни бројки.


Posted By: Baze
Date Posted: 07-Jul-2011 at 22:05

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА БУЏЕТОТ ЗА 2011 ГОДИНА

Градската каса тежи 94 милиони евра

Нови улици, јама за животински мрши, екстра-пари за Градската куќа, проект за панорамско тркало, скулптури во Градскиот парк, кружен тек кај „Свети Петар и Павле“ - тоа се дел од новите содржини за чија реализација се предвидени пари во ребалансот на Буџетот на Град Скопје за 2011 година што вчера беше усвоен од Советот на Град Скопје. Со ребалансот вкупниот буџет на Градот се зголемува за 4,1 отсто, односно од наместо проектираните 90 милиони евра, сега се очекува прилив од речиси 94 милиони евра, што е досега најголем буџет на Град Скопје. Најголем дел од екстра-приходот се должи на зголемен прилив на пари од даноци и донации, како и на капитални приходи од продажбата на државното земјиште.

Најголем дел од парите од ребалансот ќе отиде за изградбата на Градската куќа под Кале. Наместо првичните 34 милиони денари, сега се предвидени 95 милиони денари (1,5 милион евра). Зголемени се средствата за изработка на Генералниот урбанистички план за 20 милиони денари. Значајно во ребалансот е што градските власти ќе одвојат и 5 милиони денари (80.000 евра) за обезбедување на училиштата.

Сумата за изградба на булеварот Илинден од Владата до Градски парк од 10 милиони порасна на 13,5 милиони денари. Од поголемите инфраструктурни проекти се забележува и намерата на Градот да ја прошири улицата Теодосиј Гологанов до студентскиот дом „Гоце Делчев“, за што сумата е зголемена од 50 на 80 милиони денари.

Нови проекти се и кружен тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, за кој се предвидени 10 милиони денари и исто толку за реконструкција на една раскрсница во Ѓорче Петров. Градот одвои пари и за проектна документација за панорамско тркало во близина на плоштадот (5 милиони денари), за скулптури и едукативни просторни инсталации во Градскиот парк, (7 милиони денари), за проектирање и изработка на порта и видиковец во паркот (1,5 милион). Предвидени се и три милиони денари за чешми на кејот на Вардар, како и 500.000 денари за реконструкција на фонтаната пред Универзалната сала. Има пари и за изградба на јама за мрши, како и за приколка за превоз на коњи. Градот до крајот на годината ќе купува и нови велосипеди за изнајмување. (А.П.)

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1AD62177228E09448CD523AB8B11B426 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1AD62177228E09448CD523AB8B11B426


Posted By: axel
Date Posted: 29-Oct-2011 at 15:43

Град Скопје догодина со поголем буџет, продолжуваат интензивните градби

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Буџетот за 2012 година на Град Скопје ќе се зголеми за 13,26 отсто, во однос на годинашниот.

    Зголемувањето доаѓа од приходите што ќе ги имаме од продажба на деловен простор во катните гаражи и од давање под концесија на јавен простор, т.е. на билбордите.  Буџетот на Град Скопје за 2012 година ќе се проектира на околу четири милијарди денари, предвидува скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

    Ова на денешната средба со новинарите во Маврово го соопшти Трајановски, кој од вчера е на работен состанок со советниците на Град Скопје, со раководителите на сектори и со директорите на градските јавни и културни институции. Темата на средбата е Предлог-програма за буџетот за 2012 година.

    Градоначалникот најави дека и следната година ќе продолжат со интензивни градби. Ќе се прошируваат и натаму „Теодосиј Гологанов“, „Илинден“, „Климент Охридски“, (од Соборниот храм до Влада), ќе се реконструира булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, од Мајчин дом до булеварот „Србија“.

    Најкапиталната инвестиција, новиот булевар „Првомајска“ кој ќе има четири ленти, се предвидува да почне во февруари или март следната година. Се работи на потегот од Рампа до влезот на „Охис“.

    Предвидени се инфраструктурни зафати во сите скопски општини. Во општина Сарај ќе се доврши мостот, во општина Центар ќе се реконструираат тротоарите, а во општина Ѓорче Петров ќе се гради кружен тек „Св. Петар и Павле“.

    Трајановски информира дека во 2012 година ќе се работи и на пробивање на булеварот „Србија“, од Усје кон населбата Припор, а потоа поврзување и со Сопиште. Предвидено е во општина Чаир да има два кружни тека, кај средното училиште „Зеф Љуш Марку“ и кај Поликлиниката во Чаир.

    - Визија е улицата „Македонско-косовска бригада“ да стане булевар се до Пластичарската улица, рече Трајановски.

    За следната година предвидено е да се доврши улицата „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари и да се санираат повеќе улици во оваа локална самоуправа.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/grad-skopje-dogodina-so-pogolem-budzet-prodolzuvaat-intenzivnite-gradbi


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 17:04

    Тоа се ~65 милиони евра.

    Но многу интересна е оваа информација

    ќе се реконструира булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, од Мајчин дом до булеварот „Србија“.

    Мислам дека е дојдена во право време, иако можеше и порано да се случи. Во секој случај за поздрав.

    Со оглед на тоа дека В.С. Бато е прилично нов, како и делот на Ј. Сандански од Мајчин дом до К.Ј. Питу е прилично здрав и во добра форма. Овој дел (бул. Србија - Мајчин дом) е најоштетен и навистина има потреба од реконструкција, и затоа оваа информација заслужува поздрав. Сега останува да се реализира, да се реализира како што треба... со одличен квалитет, а да не испадне како само плукни залепи, како што правеа неколку пати на К.Ј. Питу кај НБРМ.

    Но, за некое време може и да се планира (таа е на ред ) и на делницата Мајчин дом - К.Ј. Питу која иако е во добра состојба, можеби ќе и треба едно освежување. 

    Исто така интересна е и оваа информација, иако за неа и немам некое посебно мислење и коментар за сега. Во секој случај интересно и мислам дека е оправдано ова идно пробивање на Србија. Само истото важи и за ова. Да припазат на квалитет.

    Трајановски информира дека во 2012 година ќе се работи и на пробивање на булеварот „Србија“, од Усје кон населбата Припор, а потоа поврзување и со Сопиште.



    Posted By: axel
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 18:38
    tuka valjda ima nekoja greska 2011 godina budzet 89.3 mil evra a 2012 13% poveke a i milijardi denari ili 65 mil evra Question


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 18:56

    Но да не е се гледа првичниот буџет, без ребалансите. 

    А колку беше уствари првичниот буџет? Тој е, 89.3 мил евра? 



    Posted By: axel
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 19:33
    foso; so rebalansot vo juli budzetot na skopje se zgolemi na 94 mil evra ne se namali imas na prethodna strana sepak mislam deka se raboti za nekoja greska


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 19:47
    Se zbuniv...
    Znaci gradot Skopje ima svoj Buxhet a skopskite opstitni istotaka svoj? Sto znaci ako gi napravat site Buxheti na Skopje zaedno kje stigneme 100 Millioni evra?? ili gresam?


    Posted By: N23
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 20:02
    Originally posted by my Macedonia

    Se zbuniv...
    Znaci gradot Skopje ima svoj Buxhet a skopskite opstitni istotaka svoj? Sto znaci ako gi napravat site Buxheti na Skopje zaedno kje stigneme 100 Millioni evra?? ili gresam?

    Општините имаат свој буџет затоа што функционираат одвоено од градската власт, особено што Скопје претставува посебна единица на локалната самоуправа, затоа и се вели Град Скопје, а не Општина Скопје. Во делот на ингеренциите Општините и Градот ги имаат поделено, како што може да се види во последниот случај кога ОпштинаЦентар доби можност со свои возила да има пајак служба.

    Заедно кога би ги споиле би оделе и над 120 милиони евра, но и тоа за едно нормално функционирање на градот е премалку.




    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 20:07
    Originally posted by N23

    Originally posted by my Macedonia

    Se zbuniv...
    Znaci gradot Skopje ima svoj Buxhet a skopskite opstitni istotaka svoj? Sto znaci ako gi napravat site Buxheti na Skopje zaedno kje stigneme 100 Millioni evra?? ili gresam?

    Општините имаат свој буџет затоа што функционираат одвоено од градската власт, особено што Скопје претставува посебна единица на локалната самоуправа, затоа и се вели Град Скопје, а не Општина Скопје. Во делот на ингеренциите Општините и Градот ги имаат поделено, како што може да се види во последниот случај кога ОпштинаЦентар доби можност со свои возила да има пајак служба.

    Заедно кога би ги споиле би оделе и над 120 милиони евра, но и тоа за едно нормално функционирање на градот е премалку.




    CheersFala


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 21:59

    Ах овие буџети... Оди снајди се...

    Еве нешто што избработив. Колку што можев да најдам податоци. Само за 3 Општини најдов податоци, и за Градот Скопје. Другите или немаа воопшто, или пак им беа од 2010, 2009, 2008, дури и од 2007 (приотоа да нема за наредните, како да им застанало времето и тие заедно со него). Тоа од што ги бива... И од што ни ја бива државата воопшто. Или пак јас сум во грешка, да не сум ги нашол, да не сум ги видел, ама ваљда не сум до толку слеп. Пребарав цели страници, барем тие што и воопшто асално работеа, и ништо. Но во секој случај и да ги има, сигурно се негде збутани, и во тој случај пак се недостапни за граѓаните.

    Сепак за последниот ребаланс на буџетот на град Скопје не најдов податоци. 

    Аеродром пак најверојатно не правел ребаланси, исто и Бутел. Или пак ги немаат прикажано на нивните веб-страници. Гази Баба има направено ребаланс (и претставено) и ја земав таа вредност, со нагласување.

    Колку толку, нека стои за претстава... Не е лошо

    Општина Приходи Расходи Дефицит
    Град Скопје 4.687.150.000 денари (76.213.821 евра) 5.498.765.000 денари (89.410.813 евра) 811.615.000 денари (13.196.991 евра)
    Аеродром 1.456.475.331 денари (23.682.525 евра) 1.456.475.331 денари (23.682.525 евра) 0 денари (0 евра)
    Бутел 370.120.000 денари (6.018.211 евра) 370.120.000 денари (6.018.211 евра) 0 денари (0 евра)
    Гази Баба 740.811.000 денари (12.045.707 евра)* 740.811.000 денари (12.045.707 евра)* 0 денари (0 евра)
    Вкупно 7.254.556.331 денари (117.960.265 евра) 8.066.171.331 денари (131.157.257  евра) 811.615.000 денари (13.196.991 евра)


    *Гази Баба има направено ребаланс. Првичните приходи и расходи се нешто помали.  

    плус како што рече axel. Буџетот на Град Скопје се зголемил на ~94 милиони евра (најверојатно расходите, за приходите незнам)

    Со тоа вкупните буџетски расходи за овие 3 скопски општини и Градот Скопје се ~136 милиони евра за 2011.



    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 22:02

    Интересно е што на ниедна од скопските општини претставени во табелата не им е планиран дефицит. 

    Дефицит има само Градот Скопје, од ~13 милиони евра. Ама тоа без ребалансот (којзнае што и како е испланирано со него), односно на првичниот планиран буџет.



    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 22:35

    Фосил ти недостигааат буџетите на пола скопски општини (Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Шуто Оризари)



    -------------
    אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 22:41
    PreviousSum slusnal deka Cair ima buxhet od 8 Milioni evra....
    Do 140 mil evra sigurno kje stigne. Sepak mislam deka premalku pari se za Skopje, eve primer Pristina so 200 iljadi gragani ima buxhet od okolu 60 Mil evra, sto znaci Skopje so 800 Iljadi gragani treba da ima 240 Iljadi evra i plus za Pristina tie pari se premalku, pa sega razmislete kolku pari nedostiga za Skopje.
    Mislam deka treba nekoj plan da se najde kako da se soberat povekje pari....
    EDIT: Me cudi Gazi Baba sto ima buxhet od 8 milioni evra a e zanikade...Ohno


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 22:42

    Originally posted by UrbanFreak

    Фосил ти недостигааат буџетите на пола скопски општини (Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Шуто Оризари)

    Точно така. Но не поради тоа што ги заборавив или намерно не ги ставив. Реков. Тие општини воопшто немаат изнесено податоци за своите буџети онлајн. 



    Posted By: mitatos
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 23:50
    Чаир има толку ,али што ако има кога 7 милиони идат за административни работи,1 милион за крпење улици.

    -------------
    "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 23:53
    Кисела Вода, Центар, Аеродром и Карпош се голеите општини со обично двоцифрени бројки и главните кратори на буџетот. Гази Баба и Чаир се нешто помали, а Бутел, Шуто Оризари, Сарај и Ѓорче со најмали. Буџетот мислам дека и по закон парите за Скопје се делат на половина и така влегуваат во буџетот, само тоа не е секогаш правило по некои приходи има различен сооднос, некаде во корист на општините, некаде во корист на градот. Но и оваа статистика не е конечна, тука се и еднократните транши што се префрлуваат наменски од владата по разни основи, а поготово за последниве години сите споменици и инфраструктурни зафати на кои носители се градот или општина центар само ј пореметуваат статистиката и неможат баш да се замат до толку како дел од приходите, особено не кај овие како да ги кажам не толку комунални зафати како спомениците каи кои законски треба да е носител општината, а сепак де факто носител е владата или министрествата. Така да моја проценка е ако на градот бил планиран 90 милиони, а остварен 65, тогаш треба да е 180 планиран, а 130 остварен фактички. Оваа глупа административна поделба на Скопје и функционирање само стимулира бекатони по маало, љуљашки, фарбање огради наспроти една улица голема, а да не збориме пак за дуплираната администрација, служби, потреба од канцеларии, дупли претпријатија, па инает кај општините кои не се со власта да ги користат услугите на градските јавни претпријатија и да користат свои дооел-и и такви заврзлами. Скопје може да има дупло повеќе проекти од што сега има, само ако се реши администрацијата.


    Posted By: tomi_z
    Date Posted: 31-Oct-2011 at 10:36
    Гази Баба има релативно голем буџет, ама и е голема општина со многу села, па знам дека последниве години се трошат многу пари на основна инфраструктура по селава. Многу од нив немаат канализација на пр., водоводм асфалт на улици...

    -------------


    Posted By: OCB
    Date Posted: 15-Nov-2011 at 02:52
    ДОНЕСЕН НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2012 ГОДИНА

    Советот на Град Скопје на денешната 55 седница го донесе нацрт Буџетот на Градот Скопје за 2012 година. Нацрт-Буџетот на Град Скопје за 2012 година се проценува на 6.486.484.000 денари. Дополнително, Советот ги усвои и Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2011 година за периодот од 01.01. до 30.09.2011 година, Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2011 година, како и Планот на програми за развој за периодот 2012-2014 година.

    На денешната седница Советот одобри и Градот Скопје да земе финансиско учество во повеќе проекти кои ќе бидат реализирани со другите општини во Градот Скопје. Советот одобри воспоставување соработка помеѓу Градот Скопје и Општина Центар заради реализација на проектот за изградба на улица околу стадионот Филип Втори Македонски, за што градот ќе земе финансиско учество во висина од 12 миниони денари. Советот одобри и воспоставување соработка помеѓу Градот Скопје и Општината Бутел, за реализација на фекална канализација во с. Љубанци, за што градот ќе земе финансиско учество во висина од 5 миниони денари, воспоставување соработка помеѓу Градот Скопје и Општината Гази Баба, за изградба на тротоари на улица „Јани Лукровски“ и санација на крак на улица „Јани Лукровски, за што градот ќе земе финансиско учество во висина од 3,5 милиони денари, како и соработка со општина Чаир за реализација на санација на улица „Благоја Паровиќ“, за што градот ќе одвои 3,5 милиони денари.

    http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4658&mid=482&tabId=1&tabindex=0


    Posted By: axel
    Date Posted: 09-Dec-2011 at 13:49

    Повеќе пари за мостови, помалку за споменици

    Нацрт-буџетот на општината Центар за идната година ќе изнесува 41,1 милион евра, додека вкупните расходи предвидено е да бидат 42 милиони евра

     

     
    %20  
    Една од ставките во буџетот за која се предвидени повеќе пари е изградбата на мостови, за што ќе бидат потрошени 2,4 милиони евра, за разлика од ланскиот буџет, кога беа предвидени само 1,1 милион евра. За подготвување проекти за дизајн на мостови се предвидени речиси 57 илјади евра, додека за проекти за дизајн на споменици 65 илјади евра. За нивна изградба, пак, ќе се одвојат 6,5 милиони евра, што е двојно помалку од ланскиот буџет. За изградба на комерцијални објекти треба да се потрошат 3,2 милиони евра, додека 543 илјади евра за изградба на простор за паркирање. Од продажба на деловни објекти, општината планира да заработи 2,4 милиони евра, а од продажба на неизградено земјиште 162 илјади евра.

    Општината Центар ќе му додели 40 илјади денари на Здружението на граѓани за традиционалната прослава на Бадник.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12911724556&id=14&prilog=0&setIzdanie=22451


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 09-Dec-2011 at 16:47

    Banana

    ЦЕНТАР ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА 2012 ГОДИНА

    Воздухот ќе се чисти со 500.000 евра

    За разлика од лани, годинава се издвоени три пати повеќе средства за ново зеленило, а новина е и заложбата на Центар за обнова на стари фасади на станбени објекти, за што ќе се потрошат околу 450.000 евра

    Поради критиките и апелите од граѓаните околу загадениот воздух во Скопје, Општина Центар реши во наредната 2012 година да го одврзе ќесето и да сади три пати повеќе дрвја одошто годинава. Истовремено, со високо и ниско зеленило да ги обнови постојните паркови, а и да подигне нови на своја територија.

    За разлика од ланскиот буџет, со оној за наредната година се предвидени три пати повеќе средства за подигање ново зеленило и тоа - околу половина милион евра.

    Обнова на старите паркови, но и изградба на нови

    Градоначалникот Владимир Тодоровиќ објасни дека ги согледале потребите од зголемување на зеленилото, а и дека имаат слух за граѓанските поплаки.

    - Со оглед на препораките околу загаденоста на воздухот, хортикултурно ќе се уредат голем број зелени површини, а голем број запуштени ќе бидат обновени - информира градоначалникот на последната седница на Советот на Центар на која беше усвоен Нацрт-буџетот за 2012 година.

    Освен за ново зеленило, средства ќе бидат издвоени и за санација на згради со руинирани фасади во Центар. Само за оваа намена ќе се потрошат околу 450.000 евра. Kако што потенцира градоначалникот, за реализација на оваа инвестиција ќе им помогне искуството на колегите во Kарпош, каде што лани се санирани неколку оштетени фасади.

    - Ние како Општина би се вклучиле во реконструкцијата на фасадата, а за замена на прозорци ќе ја разгледаме можноста куќни совети да склучат договор со организацијата „Хабитат”. Се работи за кредит чија рата би била 50 евра месечно, а би се отплаќал на 3 години - појасни Тодоровиќ.

    Можност за обнова на надворешноста би ја имале оние што први ќе се јават на распишаниот оглас, с` до распределба на предвидените средства.

    Најкритични фасадите на Градски ѕид

    Членови на Советот предложија да се формира Kомисија која ќе изврши процена кои фасади се најкритични и опасни, бидејќи има и такви од кои се одлепуваат плочки и опасни се за минувачите. Тодоровиќ се согласи, надополнувајќи дека такви станбени објекти се сите згради и кули на Градски ѕид, чија изведба ќе биде двојно поскапа, бидејќи фасадите се од плочки.

    Исто така, половина од буџетот претставуваат средства, трансфер од Владата, кои ќе се одлеат за доизградба и изградба на споменици и фонтани од проектот „Скопје 2014“. Од планираните 2,5 милијарди денари, за оваа намена ќе се потрошат околу една милијарда денари. И тоа за фонтана на плоштадот „Kарпошово востание”, фонтана пред црквата “Пресвета Богородица“, Kолонада, скулптурите на Мостот „Око“, Мостот на уметноста, како и разни споменици и спомен-обележја.

    Анела Петрова

    http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=341484A56BECF941A632A9A259A2C52A


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 09-Dec-2011 at 17:33
    wow, решението за загадувањето е да се насадат повеќе дрва Crazy
    не ме разбирајте погрешно, зеленилото секако е добредојдено за екологијата на било кој простор, тоа е факт... но проблемот е што садење на дрва е далеку од било каква стратегија за справување со сериозна загаденост...



    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: tomi_z
    Date Posted: 09-Dec-2011 at 18:25
    Да да, фабриките нема потреба да стават филтри, доволно е 44 000 садници плус. Абе ти се молам!

    Какви дилетанти еј! Mad


    -------------


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 09-Dec-2011 at 20:30

    Но во секој случај е добра вест.

    Треба во предвид да се земе дека за било какви измени во сообраќајот во Скопје, е задолжен самиот Град. А пак за проверка на индустриските капацитети и решавање на евентуални пропусти се задолжени повеќе институции. Сакам да кажам дека ингеренциите на Центар не досегаат до таму, и дека ова што го прави е во секој случај добра работа, само да си останат на зборот.

    Јас би направил копија на делови од новинарскиот текст и би ги постирал во нишките Квалитет на воздухот во Скопје, и Фасади.




    Print Page | Close Window