Print Page | Close Window

Горива

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1511
Printed Date: 29-Apr-2024 at 05:36


Topic: Горива
Posted By: gorco
Subject: Горива
Date Posted: 28-Dec-2011 at 14:52
ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ
Промоција на новите УЛТРА горива на „Макпетрол“
28.12. 2012




„Макпетрол“ е присутен на пазарот на нафтени деривати веќе 65 години и затоа може да се каже дека „одамна се познаваме“. Нашата стратегија на која интензивно работиме е со сопствени напори и средства да обезбедиме
модерно опремена технолошка линија за набавка, складирање и транспорт на квалитетни горива до крајните корисници на нашите малопродажни објекти.
Само исполнувањето на сите овие услови, без исклучок, може да гарантира испорака на квалитетен производ во возилата на
потрошувачите.

Познавањата на светските трендови од областа на развојот на високоекономични и високоперформансни горива, како и нашата
соработката со водечките реномирани куќи за производство на адитиви за подобрување на експлоатационите својства на горивата ни овозможија да дизајнираме сопствена фамилија горива под називот: УЛТРА.

Горивата од оваа фамилија се адитивирани со посебни високоперформансни адитиви со што се добиваат особини приспособени за современиот
пазар на моторни возила. Направен е оптимален спој што обединува три барања од секое гориво, а тоа се приспособеност кон перформансите
на возилото, заштита на моторот на возилото и намалување на емисијата штетни издувни гасови. Притоа, донесовме одлука оперативните
трошоци за сите овие подобрувања да не бидат на товар на потрошувачите, што значи дека новите горива ќе се пласираат до потрошувачите
по иста цена како и нивните претходни еквиваленти.

Бензинот ULTRA 100S е високооктанско гориво наменето
за современите и моќни возила.
Неговата првична намена е целосно искористување на проектираните перформанси на возилата, а тоа, пред сé, значи зголемена моќност и стартност на возилото. Овој вид гориво, во комбинација со специјалниот
адитив што се користи за истото, овозможува добивање максимални перформанси на возилото, наедно, заштитувајќи ги моторот
и животната средина. Оттаму и додавката С во називот на горивото што асоцира на стартност, спортски начин на возење, супер перформанси
итн.

Горивото ULTRA 95+ е гориво адитивирано со адитиви што ја зголемуваат економичноста на возила од средна класа и, пред сé, е наменето за возачи и возила што претпочитаат умерен стил на возење. Оттаму и додавката + во
називот на горивото што асоцира на плус заштеда, плус поминати километри со исто количество гориво итн.

Горивото ULTRA DIESEL JET е ултрачисто и ултраекономично гориво добиено преку технолошка постапка на двојна филтрација низ филтри што, според своите преформанси и конструкција се идентични со филтрите што се користат за филтрација на авионското гориво. Специјалните адитиви со кои дополнително се адитивира ова гориво овозможуваат подобро согорување и со тоа намалена потрошувачка и зголемена моќност на моторот, моторот работи потивко и помирно и се продолжува неговиот век на траење.

Сите овие горива ги задоволуваат важечките европски и македонски стандарди за квалитет,како и Правилникот за квалитет на течните
горива. Квалитетот редовно, секојдневно се проверува од страна на Лабораторијата на „Макпетрол“ АД што e акредитирана од Институтот за акредитација на Р. Македонија, како и од Англиското акредитационо тело UKAS.

УЛТРА горивата се веќе достапни на сите бензински станици на „Макпетрол“, со исклучок на УЛТРА ДИЗЕЛ ЏЕТ горивото што во првата
фаза е достапно на нешто повеќе од 20-тина бензински станици каде што е видно означено. Во догледно време истото ќе биде достапно
на поголемиот дел бензински станици на „Макпетрол“.



Replies:
Posted By: gorco
Date Posted: 02-Feb-2012 at 15:08
Работилница на Макпетрол: „Течните горива во патниот сообраќај“

Констатација е дека имаме горива со врвен квалитет што се нудат на нашите бензински пумпи,кои се според европските стандарди, но има недостаток на мотори со потребните стандарди кои ќе ги искористат адекватно и ќе продонесат во борбата за економичноста и екологијата



„Пред повеќе од една деценија постојано се апелираше на квалитетот на течните горива во нашата држава, обвинувајќи ги рафинеријата и дистрибутерите, односно трговците, за континуитетот во дефектите кај возилата кои ги предизвикуваа. Но, денес не е така! Имаме многу квалитетни горива со низок степен, сведен дури на минимум, на олово, сулфур, бензен, оксиданси..., кои се со вредности на рамниште на најстрогите европски регулативи изречени од структури во Унијата. За жал денес немаме многу автомоибили кои имаат мотори кои ги задоволуваат послабите европски норми, не оние кои се на сила во Унијата (Еуро 5), па сакале или не тоа влијае на загадувањето на воздухот, посебно во метрополата, каде ова е особено изразено, истакна во своето излагање професорот Миле Димитровски од Машинскиот факултет, на еднодневната работилница што ја организираше Макпетрол: „Течните горива во патниот сообраќај во Македонија.



Дека Македонија навистина има течни горива кои ги задоволуваат најстрогите стандарди, во своето обраќање кон присутните од ресорните министерства, од повеќе институции од оваа економнска гранка, транспортни компании, импортери на возила..., потврди и Урсула Шаловска од International Quality Center од Брисел. Таа додаде дека Макпетрол е полноправен член на оваа асоцијација која одговара за квалитетот на горивата пред Унијата и според она што го нуди на пазарот, тие ги задоволуваат регулативите EN 228 за бензините и EN590 за дизелите, кои важат и во нјаразвиените земји на Стариот континент



Претставникот од Министерството за економија, Властимир Трајковски, потенцираше дека Владата дава свој придонес во ова со Законот за енергетика, донесен минатата година, каде има посебна програма за следење на квалитетот на течните горива. Горан Темовски од Министерството за транспорт и врски на РМ говореше за Националната транспортна стратегија каде свое учество зема патната структура, изградба на квалитетни патишта и дестинации, а колку емисиите од квалитетните горива влијаат на средината се осврна претставникот од Министерството за животна средина и просторно планирање.



На крајот Виктор Глигоров направи анализа на новите Ултра горива на Макпетрол потенцирајки колку тие влијаат на економичноста на агрегатите и емисијата на штетни гасови, кои се важни елементи во автомобилската индустрија во овој момент. Секако во услови на турболенции на цените на горивата стануваат многу важни компоненти и од нашето живеење. Неговото излагање го надополни Горан Ангеловски, кои потврди дека Макпетрол во континуитет се грижи за квалитетот на горивата спроведувајќи мониторинг во повеќе фази од преземањето на горивата се до нивната понуда на потрошувачите. „Чистите горива“ се многу важни за работата на моторот, па потребна е постојана контрола, за што заслуга има и стручниот тим од лабораторијата која единствена има акредитација во државава за испитувања на највисоко рамниште.

На крајот вреди да се спомене дека оваа работилница, која за прв пат се одржа кај нас, доби високи оценки како од домашните, така и од експертите од многу европски асоцијации и компании, кои беа дел од истата.



Преземено од http://avtoplus.compid=4235 - http://avtoplus.compid=4235

-------------


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-Feb-2012 at 15:27
Алтернативен начин на промоција и рекламирање, ама фактот останува дека со гориво наточено во гермнија ќе поминеш и до 10% повеќе километри отколку со горивото наточено кај нас. Практично истестиран факт кој укажува на тоа дека сепак квалитетот на горивата не се на највисоко ниво.


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Feb-2012 at 16:51
несакам да заработам тужба ама кај мене(и мојата кола и таа од брат ми) потрошувачката на гориво се покачи рапидно после месец-два од отворањето на БП на Лук Оил во Кичево.се вратив со точење на една приватна пумпа која дејноста и е од второстепено значење(рударска фирма па од БП само си земаат горива за свио потреби) која мислам дека бензин зема од ОКТА и повторно потрошувачката ми се врати на нормала.не би сакал да верувам дека и русите подпаднаа на балканските финти:од почеток супер додека се соберат муштерии,па после земи брич и бричи со ред.

ПС.неколку механичари во Кичево отворено зборуваат против горивата на ЛО


Posted By: tomi_z
Date Posted: 03-Feb-2012 at 18:09
Во Македонија еве веќе 20 години нема независна (државна?) лабораторија за испитување на квалитетот на горивата.
ОКТА си има своја, Макпетрол си има своја, и нормално според своите лаборатории горивата им се ТОП!Suicide

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Feb-2012 at 23:36
Само што се вратив од пат на кој бев тргнал со полн резервоар со овие новиве УЛТРА горива на Макпетрол. Не сум некој што премногу води евиденција на тоа колку ми троши колата но имам впечаток дека за делницата до Приштина која често ја возам и добро ја познавам, стрелката за бензин незначително се помести (кон подобро) во споредба со мои претходни патувања. 


Posted By: Cifra
Date Posted: 04-Feb-2012 at 21:50
Не знам зошто до сега Макпетрол беше толку пасивен кон имиџот на своите горива или тоа е само мој впечаток. Досега горивата на Макпетрол барем од народски муабети не котираа баш највисоко. Не знам колку се тие муабети основани или неосновани но кај многу луѓе влијаат и ваков потег им требаше.
А сега гјоко вика дека треба да се пазиме од лукоил, стварно да не знае човек што да прави хехе. Имам во план да ги тестирам и споредам 95 октанските бензини на Макпетрол и Лукоил и ако воочам разлики ќе ви ги пренесам искуствата. Пумпа на окта немам во близина за да можам да ги вклучам и нив во тестот.


Posted By: Cifra
Date Posted: 04-Feb-2012 at 21:51
Од каде ги набавува макпетрол своите горива,од окта или ги увезува?


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Feb-2012 at 02:54
сите набавуваат од кај ќе стигнат.најдобар бизнис е купување на државни резерви од околните земји кај кои треба да се обноват резервите со посвеж бензин,а стариот го продаваат испод цена.имено бензините се јаглероводороди составени од тешки,средни и лесни.лесните најбрзо испаруваат па се губи на квалитет.

друга приказна е што ставаат во веќе купениот бензин други состојки за кои не се плаќа акциза(несмеам да кажам кои се тие состојки од професионален и мој безбедносен аспект) па на еден литар наместо да се има маржа 3.5 денари тој има 20-30 денари.значи ако јас продадам една таква цистерна(мешана),друга пумпа што работи легално треба да продаде 5-8 цистерни да имаме ист ќар.

единствено решение е ДРЖАВАТАТА конечно да обезбеди државна лабораторија па да си наплати данокот како што треба.дотогаш пумпашите ќе ја дрмаат земјава


Posted By: tomi_z
Date Posted: 05-Feb-2012 at 13:41
Да се разбереме, не велам јас дека горивата на Макпетрол се добри, а на Луколи или ОКТА се лоши (или обратно). Само велам дека додека немаме независна лабораторија, нема да знаеме какви се горивата. Не може тој што ги произведува и продава, и да ги испитува и да им лепи етикети „тестирано, одличен квалитет“

Инаку, кој го интересира, Макпетрол 95% од горивата ги набавува од ОКТА, нешто ситно од старите држ. резерви на комшиитекако што кажа gjoko.
Од друга страна, ОКТА веќе одамна не преработува сирова нафта во деривати, туку само препродава руска нафта и готови деривати.
Понатаму, руската нафта е со далеку послаб квалитет од брент нафтата од Северно море, по која пак Регулаторната комисија за енергетика (т.е. Владата на РМ) ги одредува цените на нафтените деривати.

И само да го поправам gjoko, маржата (заработката) на бенз. пумпи е фиксна и е 3,2 денари по литар.


-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Feb-2012 at 15:43
на работа имам збирка трудови за нафта и нафтени деривати каде една тема е какви деривати произведува ОКТА во зависност од процентуалната застапеност на руската уралска нафта и северноморската БРЕНТ,и многу се разликуваат резултатите спрема нивниот соодност.нормално колку е позастапена процентуално руската,квалитетот на бензинот опаѓа


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-Feb-2012 at 13:33

Јас пред снеговиве наполнив од новото гориво Ултра100 на Макпетрол, и искрено осетив значителна разлика. Би го споредил со 100ката која порано ја полнев во Грција, со која автомобилот знаеше и до 20% помалку да ми троши гориво, помазно да се движи и сл. Само напред за Макпетрол, јас полнам од кај нив бензин, можеби и затоа што никаде во близина немам Лукоил, а и сепак препочитбвам да купувам од македонски фирми.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: tomi_z
Date Posted: 07-Feb-2012 at 18:34
Сигурно, и јас навивам за МП како МК компанија. Кога изборот е ОКТА или Лукоил...
За жал, нафатата во Макеоднија е истата, без разлика од каде ја точите, доаѓа од Русија. ОД 60-тите наваму ние не сме ни помирисале брент нафта...


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 29-May-2012 at 17:57

Лани сме трошеле над 620 тони бензин и дизел дневно

29 мај 2012 17:38

Македонците лани точеле и трошеле над 620 тони бензини и дизел-горива просечно дневно на повеќе од 150 бензински пумпи низ целата земја. Од акциза на наточените дизел-горива и бензини во централниот буџет просечно на дневна основа се слевале над 160.000 евра.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/02/nafta1-e1330357142565.jpg"> Омилено гориво им е еуродизелот, а одвај го забележуваат биодизелот. Од бензините најмногу го трошат безоловниот Б-95. Регистрираните дизел возила полнеле над 3,5 литри, а бензинците помалку од еден литар просечно дневно, покажува анализата на МКД.МК правена врз основа на официјалните податоци за малопродажба на горива на „Макпетрол“, најголема компанија за трговија со деривати, која покрива повеќе од 65 отсто од македонскиот малопродажен пазар на нафтени деривати.

Македонците, во малопродажба, точат и трошат повеќе дизел-гориво иако има двојно помалку возила на дизел-погон. Лани се наточени и потрошени вкупно повеќе од 138.000 тони дизел горива што значи дека просечно дневно се точени 378 тони дизел-гориво. Тоа значи дека просечно на едно возило на дизел-погон дневно биле наточени над 3,5 литри нафта.

Наспроти возачите на дизел, сопствениците на бензинци лани танкирале и потрошиле околу 90.000 тони бензини, што значи дека на дневна основа биле точени околу 246,6 тони од овој дериват. Кога тоа ќе се подели на бројот на регистрираните моторни возила на бензински погон, кои според официјалната евиденција на МВР за 2010 година и нашата тенденција за раст од барем 5 отсто годишно, ги има барем 250.000 излегува дека во просек секој од нив дневно точел и трошел помалку од еден литар бензин.

Од аспект на централниот буџет покорисни биле сопствениците на возила на бензин. Од нив лани во буџетот влегле околу 1,95 милијарди денари односно околу 5,3 милиони денари (86.000 евра) просечно дневно. Наспроти нив дизелџиите просечно дневно ја полнеле државната каса со околу 74.000 евра односно со 4,5 милиони денари. Оваа разлика се јавува поради тоа што акцизата за дизел горивата изнесува 12 денари наспроти таа за бензините, која е 80 отсто повисока и изнесува 22 денари за литар.

Според официјалните податоци на „Макпетрол“, најголем учесник на пазарот на малопродажба со нафтени деривати еуродизелот е најпродаваното гориво на македонскиот пазар. Лани само оваа компанија , во малопродажба, продала 97.547 тони, што е речиси за половина повеќе од најпродаваниот бензин Б-95, од кој пумпашите наточиле 54.150 тони.

Дизелџиите и покрај еколошките кампањи се покажале конзервативни зашто не сакаат новини – лани потрошиле само 4.462 тони биодизел-гориво само 6 отсто од продажбата на еуродизелот. Во споредба со 2010 година продажбата на „еуродизелот“ лани бележи раст од 6 отсто, а продажбата на Б-95 е на речиси исто ниво како и во 2010 година.

МКД.МК

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/05/2010.jpg">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/05/2011.jpg">

http://www.time.mk/read/NONE/4fd8a066cd/index.html



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-May-2012 at 23:51
Интересно е тоа што во 2011 во споредба со 2010 опаѓа потрошувачката на биодизелот во однос на еуродизелот, како и опаѓањето на потрошувачката на Б-98 бензинот во споредба со Б-95. Дали евентуално се работи за последица на ценовна политика?


„Макпетрол“, најголема компанија за трговија со деривати, која покрива повеќе од 65 отсто од македонскиот малопродажен пазар на нафтени деривати
Би бил интересен податокот и со колкав процент од бензинските пумпи во земјава оперира Макпетрол.



Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Jun-2012 at 22:39

ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИТОР ВО БЛИЗИНА НА ВЕЛЕС


Ќе гради фабрика за биодизел гориво


Во индустриската зона во близина на поранешна "Свилара", недалеку од селото Горно Оризари во Велес, германска фирма сака да гради фабрика за производство на биодизел гориво. Во затворен систем со преработка на согорено моторно масло ќе се произведува биодизелот и дестилирана вода. Инвеститорите уверуваат дека производствениот процес нема да емитува опасни материи во воздухот и почвата.
-Ние ќе го правиме сосема спротивното. Нема да произведуваме никакви штетни гасови и нема воопшто да ја загадуваме животната средина. Ние работиме со зелена технологија, значи еколошка - рече Мено Мулер, германски инвеститор.

Постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек. Инвеститорите очекуваат за месец до два да ги добијат сите потреби документи и да почнат да ја градат постројката. Велат дека имаат поддршка од надлежните институции и доколку се биде во ред за шест месеци ќе почне изградбата. Инвеститорите од Германија се сретнаа и со претседателот на Советот на општина Велес, Славчо Чадиев.
-Очекуваме поголема поддршка од општината и од граѓаните на Велес и околината. Досега од Владата имаме голема поддршка и отстранети се голем број препреки за отпочнување на целиот процес - рече Мулер

Во почетокот се планира да се отворат триесетина работни места со тенденција за зголемување на бројот на нови вработувања. Германската инвестиција вреди 12 милиони евра.

(С.А.)
вечер


Posted By: ironm
Date Posted: 29-Apr-2020 at 10:40



https://vlada.mk/node/21198 - https://vlada.mk/node/21198


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Apr-2020 at 12:48
Немој аман ќе те обвинат дека шириш пропаганда

На една не толку поврзана тема - и авиогоривата имаат многу пониска цена, и тој факт, заедно со големиот број на достапни неискористени авиони и невработен екипаж (кои ќе бидат евтини за лизинг), ќе потпомогнат во враќањето на авијацијата на колку-толку одржливо ниво.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ironm
Date Posted: 29-Apr-2020 at 16:25
Јас само график и бројки постирав, кои сами по себе не претставуваат пропаганда туку факти. Кога некој ќе спинува некоја приказна околу нив тогаш станува пропаганда, ама јас оставив секој сам да ги интерпретира како сака Big%20smile


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 29-Apr-2020 at 23:28
Би било интересно да се види однос на цениве со просечна нето плата. Изгледа како Словенциве најдобро да проаѓаат, а Албанциве ги дерат


Posted By: ironm
Date Posted: 30-Apr-2020 at 09:56
Еве такви податоци од мене, во слика ги ставам бидејќи се растури целата табела кога ја ставив на форумов.

Станува збор за просечна нето плата, а процентите кај горивата се процент од плата за 50л (еден просечен резервоар).



Извор за платите https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_European_countries_by_average_wage - https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_European_countries_by_average_wage


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 30-Apr-2020 at 11:41

Добри сме и ќе биде добро да се задржиме под 10%.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Apr-2020 at 12:41
Не е процент, децимала е. Испаѓа вака дека е 0.09%, но добро, разбирам дека едно полнење е отприлика 3000 денари, значи околу 10% (или 0.09-0.10)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ironm
Date Posted: 30-Apr-2020 at 15:48
Во право си, лапсус во брзање сабајлето направив сакајќи побрзо да го завршам, не погледнав дека не сум ги префрлил децималите во проценти, но таа беше намерата затоа така напишав над табелата. Моја грешка ќе направам едит на постот за брзо.

Едит: поправено


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 30-Apr-2020 at 22:45

уба Табела ајронМ недостасуе само Плин ... а добро е за споредба да се види колкави се и’ сообраќајните Казни, Регистрацијата и Патарините како за Индивидуални така и за Комерцијални Возила ... конечно и колку е Паркинг во центрите на главните градои т.е. дали икаде е поисплатливо да живеешсо едно две три возила, а каде со Точак ...

ако сакаме Чист Воздух по наште градои во некој од овие домени треба оштроумно цените да растат во однос Индивидуални Возила ...

оштроумност во однос типот на гориво, форсирајќи предност за плинот преку поголеми акцизи за нафтата и бензинот, нешто што чинам е случаен спунт во Србија, но јас би одел и потака, та регистрација за дизелаши мислам треба да е дупла освен ако немаат некој спејс-катализатор ...


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Nov-2021 at 18:33
Нафтата за осум месеци ќе достигне 120 долари за барел?

[tube]__dryjAp_2E[/tube]

Bank of America“ прогнозира дека нафтата на светските берзи до јуни 2022 година би достигнала фрапантни 120 долари од барел.

Цената на суровата нафта од типот „брент“денеска се движи помеѓу 82 и 84 долари од барел. Американскиот банкарски гигант појаснува дека растот на побарувачката на бензинот и дизелот во комбинација со ограничените капацитети за рафинирање може да ја зголеми цената на нафтата и побрзо од очекуваното. Ова, според банката, би поттикнал втор бран инфлација во светот.

Горивата во земјава се сè поблиску до цената од 80 денари по литар. ЕУРОСУПЕР-95 и 98 се точат по 77 односно 79 денари по литар, дизелот е 68 денари а мазутот 42 денари по литар.

Иако дел од земјите во соседството веќе ги замрзнаа цените на горивата или се пред одлука да ја укинат акцизата, вчера првиот човек на финансии Бесими кажа дека Владата не размислува да се намали или укине акцизата туку, напротив, по Нова година не очекува и нова давачка – еколошка такса од 3,5 денари.

https://kanal5.com.mk/naftata-za-osum-meseci-kje-dostigne-120-dolari-za-barel/a501607 - https://kanal5.com.mk/naftata-za-osum-meseci-kje-dostigne-120-dolari-za-barel/a501607


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Feb-2022 at 18:14
За една година нафтените деривати поскапени за 20 денари

Горивата за една година во Македонија се зголемени за над дваесет денари по литар. Алсат анализира, како во период од две години се движеа цените на бензинските пумпи низ земјава. Анализата ја започнуваме со податоците од средината на февруари 2020 година кога 95-ка и 98-ца се продаваа по 65,5 односно 67,5 денари за литар. Дизел горивото тогаш се продаваше за 57,5 денари за литар. Една година подоцна цената на горивата во земјава бележи намалување за околу три денари по литар.

Цени на горива:

11.2.2020 – 17.2.2020 / БС 95- 65,5 ДЕН./ БС 98-67,5 ДЕН / ДИЗЕЛ 57.5 ДЕН
9.2.2021 – 15.2 2021 / БС 95 62 ДЕН/ БС 98 64,5 ДЕН / ДИЗЕЛ 53 ДЕН

Официјалните податоци покажуваат дека подрастичо зголемување на цените на нафтените деривати во земјава започнува во јули 2021 година. За потоа кон крајот на годината бензините да достигнат цени близу 80 денари за литар и безмалку 70 денари за еден литар дизел гориво.

Цени на горива:

2.11 2011 / БС 95 -77 ДЕН / БС 98 – 79 ДЕН / ДИЗЕЛ 68 ДЕН
17. 2. 2022/ БС 95- 82 ДЕН/ БС 98 – 84 ДЕН/ ДИЗЕЛ 74 ДЕН

Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека има многу фактори во моментов кои влијаат на светкикте берзи.

„Во овој момент е тешко да се каже до кога ќе оди цената на светските берзи во една нагорна линија, имајќи во предвид дека светските берзи во моментов се многу осетливи на било каква информација поврзана за кризата помеѓу Русија и Украина“, наведуваат од РКЕ.

Засега нема најави од владата дека ќе се откаже од дел од парите кои ги добива од продажбата на нафтените деривати.

Според методологијата, државата од еден литар наточено гориво на бензинските пумпи добива од 36 до 43 отсто од цената. И тоа, по основ на ДДВ, акциза, за животна средина, и за нафтени резерви.

Во последните осум недели по ред регулаторот објавува дека цените на дериватите се во постојан пораст.

https://alsat.mk/mk/za-dve-godini-naftenite-derivati-poskapeni-za-20-denari/ - https://alsat.mk/mk/za-dve-godini-naftenite-derivati-poskapeni-za-20-denari/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Mar-2022 at 08:08
БЕНЗИНОТ ОД ПОЛНОЌ ПОСКАП ЗА 5,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР, А ДИЗЕЛОТ ЗА 10, РЕГУЛАТОРНА СЕКОЈ ДЕН ЌЕ НОСИ ОДЛУКИ ЗА ЦЕНИТЕ

Од полноќ цената на бензинот се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа цената на бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 89,50 денари, на бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 денари, додека новата цена на дизел горивото ќе биде 85,50 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе биде 83,50, а на мазурот за 6,1 денари и ќе биде 54,319 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст и тоа : кај бензинот за 10,990 %, кај дизелот за 21,147% , кај екстра лесното масло за 18,278% и кај мазутот зголемување за 13,830%. Паралелно, во истиот период курсот на доларот во однос на сите светски валути зајакнува и во однос на денарот е зголемен за значителни 1,401 %. Согласно овие податоци велат од Регулаторна се донесе одлука со која се вкалкулирани сите овие трендови, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,21 % во однос на одлуката од 28.2.2022 година.

„Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму Регулаторна ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени. За состојбата во нафтениот сектор, ја информиравме Владата детално и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните“ вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Од Регулаторна додаваат дека нафтени деривати има во доволни количини, проблем е високата цена, но не само кај нас, туку во цела Европа.

Споредбено со регионот, согласно последните достапни податоците од 6 март 2022 во земјава еуродизелот е со најниска цена и изнесува 1,388 евра/литар, додека во Србија изнесува 1,552 евра/литар, во Бугарија е 1,457 евра/литар во Албанија 1,616 евра/литар, во Грција 1,678 евра/литар и во Хрватска 1,497евра/литар.

И Еуросупер БС 95 исто има најниска цена во земјава од 1,453 евра/литар (цена актуелна од полноќ), за разлика од Србија каде цената на Еуросупер БС 95 изнесува 1,482 евра/литар, во Албанија 1,632 евра/литар, во Грција e 1,951 евра/литар и во Хрватска 1,507 евра/литар. Само во Бугарија цената е пониска и изнесува 1,427 евра/литар.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од полноќ.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, вели Регулаторната комисија.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/benzinot-od-polnok-poskap-za-5-5-denari-za-litar-a-dizelot-za-10-regulatorna-sekoj-den-ke-nosi-odluki-za-tsenite/ - https://sdk.mk/index.php/naslovna/benzinot-od-polnok-poskap-za-5-5-denari-za-litar-a-dizelot-za-10-regulatorna-sekoj-den-ke-nosi-odluki-za-tsenite/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Mar-2022 at 18:09
СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ НА 75 ДЕНАРИ, А НА БЕНЗИНОТ НА 80 ДЕНАРИ - ова ќе биде резултат на мерката намалување на акцизата на берзанските цени

Се намалува акцизата на берзанските цени на горивата, се дел од пакетот економски мерки што денеска ги објави премиерот Димитар Ковачевски.

Со оваа мерка треба да се намали цената на дизелот на 75 денари, а на бензинот на 80 денари по литар.

„Ја намалуваме акцизата на берзанските цени, за 1, 2 односно 4 денари по литар, на безоловниот бензин, на гасното масло, и на екстра леснорто, во случај средната дневна берзанска цена да е повисока од 800 американски долари за тон, но пониска или еднаква на 1.000 долари, потоа повисока од 1.000 но пониска од 1.200, осдносно повисока од 1.200 долари за тон. Ова се предлага со цел ублажување на влијанието на зголемените цени на светските берзи и заштита на куповната моќ на потрошувачите.

Мерката ќе има директно влијание врз намалување на малопродажната цена на овие енергенти, и тоа за околу 1,2 денари, односно 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го ефектот од намалениот износ на ДДВ за износот на намалена акциза. Би се приомениле акцизи намалени за 2 денари и дизелот од 85,5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари, а бензинот наместо 91,5 денари, би се намалил за 11,5 денари и би изнесувал 80 денари“, изџјави Ковачевски.

Следно, се дава препорака за промена на методологијата за усогласување на цените на дериватите, врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа, барем во периодот додека трае енергетската криза во Европа и така да се избегнат големи ценовни промени од една до друга одлука.
Се пролонгира и давањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, со оглед на големиот пораст на берзанските цени на нафтата, Владата ќе го пролонгира воведувањето на ткн еколошка такса за енергенти, која е во собраниска процедура.

„Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто прти промет на енергенсите на дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас ТНГ и метан. Оваа мерка ќе ја заштити куповната моќ на крајните потрошувачи, граѓаните и земјоделците кои произведуваат во мал обем, односно не се регистрирани. Со намаленото ДДВ практично се намалуива цената на енергенсите за граѓаните, со што имаме заштита на животниот стандард и се зголемува ликвидноста и солвентноста на компаниите“, рече Ковачевски.

Една од мерките е и ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Со оваа мерка се ослободуваат увозниците на природен гас, струја, топлинска и енергија за разладување од плаќање ДДВ при увоз на овие добра, со што се овозможува подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите.

На општините им се препорачува да го реорганизираат јавниот превоз и тој да биде достапен за сите граѓани.

https://faktor.mk/se-namaluva-cenata-na-dizelot-na-75-denari-a-na-benzinot-na-80-denari---ova-kje-bide-rezultat-na-merkata-namaluvanje-na-akcizata-na-berzanskite-ceni - https://faktor.mk/se-namaluva-cenata-na-dizelot-na-75-denari-a-na-benzinot-na-80-denari---ova-kje-bide-rezultat-na-merkata-namaluvanje-na-akcizata-na-berzanskite-ceni

-------------
Carpe diem


Posted By: Влатко
Date Posted: 10-Mar-2022 at 07:45
Таман си го пишал ова, цените пак се качија


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Mar-2022 at 07:50
Originally posted by Влатко

Таман си го пишал ова, цените пак се качија


Нека е последно

-------------------------------------------------------
Дизелот поскапува за 8,5, а бензините за 3,5 денари за литар


Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари, одлучи доцна вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 94 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот во просек за 8,971 отсто и кај дизелот за 16,811 отсто, како и за околу 1,078 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

https://alsat.mk/mk/dizelot-poskapuva-za-8-5-a-benzinite-za-3-5-denari-za-litar/



-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Mar-2022 at 08:09
ОД ПОЛНОЌ БЕНЗИНОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 6,5, А ДИЗЕЛОТ ЗА 9 ДЕНАРИ

Законските измени за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата синоќа поминаа во Собрание, по што Регулаторната комисија за енергетика ноќеска донесе одлука да ја намали цената на бензинот за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Со оваа промена, од вечерва на полноќ, цената на еуросупер 95 ќе изнесува 86,5 денари, додека на еуросупер 98 ќе изнесува 88,5 денари. Цената на дизелот ќе биде 88 денари.

„Согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, Регулаторната комисија за енергетика ноќеска одлучи врз основа на новите пресметки, цената на бензините да се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Оваа одлука стапува во сила во недела во 00.01 часот“, ни изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Синоќа, во Собранието, со 96 гласа „за“ поминаа измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Со измените, акцизата на горивата се намалува од 1,2 денари до 4,7 денари, додека ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто.

Цените на нафтата и нафтените деривати нагло пораснаа по руската инвазија на Украина. Русија, која е втор најголем производител на нафта во светот, се соочи со досега невидени санкции поради инвазијата на помалиот сосед, што предизвика несигурност на светските пазари на енергенси.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-polnok-benzinot-poevtinuva-za-6-5-a-dizelot-za-9-denari/ - https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-polnok-benzinot-poevtinuva-za-6-5-a-dizelot-za-9-denari/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Mar-2022 at 14:13
ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПАК СЕ ВИВНАА ДО НЕБО: Експерти предупредуваат дека летово би можела да оди и на 200 долари за барел

Последниот скок го предизвика нестабилната геополитичка ситуација во светот, каде од една страна се прошируваат санкциите против Русија.

Нафтата на берзата повторно го надмина нивото од 120 долари за барел (159 литри), а експертите предупредуваат дека летово лесно може да достигне 150, па и 200. Светскиот пазар на дизелот, гориво што ја движи економијата како енергент и моторно гориво во сообраќајот.

Цената на Брент на лондонската берза ICE последно изнесуваше повеќе од 121 долар за барел и така продолжува остриот раст по „пауза“ од две недели пад, за моментално да го допре „дно“ на 98 долари на 16 март.

По неа следи цената на американската нафта од Њујоршката берза која моментално се движи околу 115 долари.

Последниот скок е предизвикан од нестабилната геополитичка ситуација во светот, каде од една страна се прошируваат санкциите против Русија поради вооружениот напад врз Украина и продолжуваат нападите на Хуту врз нафтените постројки во Саудиска Арабија, а од друга страна доаѓаат спорадични удари од самото производство Каспискиот нафтовод (CPC) во Црното Море, каде поради штетите од невремето, испораките на пазарот беа намалени за еден милион барели дневно, што е дури еден процент од глобалното производство на нафта во светот .

Дополнително, инвеститорите нестрпливо го очекуваат исходот од денешниот состанок на НАТО во Брисел и какви вести ќе донесат за санкции против Москва.

- Веројатен е нов бран санкции, а тој сега би можел да се прошири и на нафтата. САД и Велика Британија веќе ја забранија руската нафта, а тоа го поддржуваат многу земји од ЕУ, но некои клучни играчи како Германија и Унгарија се против - вели партнерот во „SPI Asset Management“, Стефан Инес.

Нема да има дизел

Актуелните настани веќе извесно време ги загрижуваат играчите на енергетскиот пазар, а најголемите меѓу нив предупредуваат дека цената на нафтата многу брзо би можела да достигне 150 долари, а дека дизелот нема да биде „за секого“.

Бен Лукок, копретседател на еден од најголемите трговци со нафта „Трафигура“, на „ФТ Комодит глобалниот самит“ рече дека цената не може да падне во такви услови.

- Мислам дека ќе видиме голем чекор назад во нормализирање на ситуацијата и дека ова лето нафтата ќе чини 150 долари, а кога ќе се утврди таа цена, ќе скокне на 200 - предупреди Лукок.

А таа цена практично може да ја забави светската економија, предупредуваат експертите, при воведувањето на рационализација на потрошувачката во многу земји.

Лидерите на трите најголеми трговци со енергија - „Витола“, „Гунвора“ и „Трафигура“ процениле дека поради санкциите за пазарот би можеле да се загубат дури три милиони барели нафта дневно од Русија.

- Европа увезува околу половина од својот дизел од Русија, а половина од Блискиот Исток. Увозот на дизел од Русија учествува со 15 отсто од европската потрошувачка, а нивната нафта се преработува во рафинерии. А кога ќе го снема дизелот, неговото производство ќе се зголеми за сметка на другите петрохемиски производи, а секаде би можело да има потреба од присилна рационализација на потрошувачката - предупредува Расел Харди, првиот човек на „Витола“.

https://faktor.mk/cenite-na-naftata-pak-se-vivnaa-do-nebo-eksperti-predupreduvaat-deka-letovo-bi-mozela-da-odi-i-na-200-dolari-za-barel - https://faktor.mk/cenite-na-naftata-pak-se-vivnaa-do-nebo-eksperti-predupreduvaat-deka-letovo-bi-mozela-da-odi-i-na-200-dolari-za-barel

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jun-2022 at 13:21
ГОРИВАТА НЕ ИЗГОРЕА, ЌЕ ИМА НОВО ПОСКАПУВАЊЕ - дизелот оди нагоре за три, бензините за по денар и половина

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на претходно.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249 отсто, кај дизелотза 3,681 отсто, кај екстра лесното масло за 3,681 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,405 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,809 ден/кг и сега ќе изнесува 56,317 ден/кг.

Од14.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 111,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 113,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    107,50(денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    56,317(денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049 отсто.

https://faktor.mk/gorivata-ne-izgorea-kje-ima-novo-poskapuvanje---dizelot-odi-nagore-za-tri-benzinite-za-po-denar-i-polovina - https://faktor.mk/gorivata-ne-izgorea-kje-ima-novo-poskapuvanje---dizelot-odi-nagore-za-tri-benzinite-za-po-denar-i-polovina

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jun-2022 at 14:15
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра

Цените на горивата во Европа повторно растат, а ЕУ стравува дека наскоро би можеле да ја надминат астрономската граница од три евра за литар. Ова е директна последица на европскиот шести пакет санкции, кој предвидува забрана за увоз на руска нафта што се испорачува со бродови. И во Европа се плашат од недостиг што го очекуваат во лето. Проблем ќе биде и керозинот што ги движи авионите. Аналитичарите предупредуваат дека кризата најверојатно ќе биде посилна отколку за време на нафтениот шок во 1970-тите.

Во Словенија претходните денови имаше недостиг на некои бензински пумпи, бидејќи граѓаните стравуваат од поскапување на реалните залихи. Хрватска во вторник ги замрзна цените на сите бензински пумпи, освен на автопатите, за да не надминат две евра. Овој потег претставува голем удар за бизнисот на малите трговци, бидејќи тие ќе бидат во загуба и се проценува дека ќе мора да стават клуч на брава.Според западните медиуми, светските аналитичари сметаат дека загриженоста за снабдување со нафта на светскиот пазар, по санкциите на ЕУ против руската нафта, ќе продолжи да ги зголемува цените на оваа суровина.

Литар супер и дизел во Словенија се движи од 1,75 и 1,84 евра, а гориво на некои бензински пумпи нема. Во споредба со претходните цени, полнењето на резервоар од педесет литри сега е поскапо за 9,75 евра. Словенечката влада вели дека има доволно деривати и дека ќе спречи секакви шпекулации со продажбата.

Безоловниот бензин во Франција се продава од 2,15 до над 2,30 евра на повеќето најфреквентни бензински пумпи и покрај субвенцијата од државата од 18 центи за литар. Дизелот е уште поскап, имајќи предвид дека Русија е најголемиот производител. Француските медиуми го цитираат професорот Тиери Брос од Факултетот за политички науки во Париз, експерт за енергија и клима, кој предвидува дека цената на горивото наскоро би можела да скокне на 2,50. Има и такви кои се плашат да не ја преминат астрономската граница од три евра. Граѓаните се помалку влегуваат во автомобили и користат алтернативни превозни средства.

Најевтин бензин е 0,68 евра за литар во Белорусија, а потоа следат Русија, Малта и Турција со цена од 1,51 евро. Србија е во групата на поевтини, односно 1,68 евра. Најниски цени на дизелот имаат Белорусија, Русија и Малта. Турција е петта со 1,65 евра, а Србија е десетта со 1,78 евра. Во Бугарија литар бензин чини 1,69 евра, а дизелот 1,74. Потрошувачите во Црна Гора за овие два вида гориво плаќаат по 1,73 односно 1,78 евра. Во Македонија дериватите веќе не се најевтини во регионот, сега за литар треба да се одвојат 1,78 евра.

Најскапи горива во скандинавските земји

Во некои скандинавски земји просечната цена на литар гориво веќе надмина 2,5 евра! Според податоците од 20 јуни, најскап бензин во Европа плаќаат Финците, 2,53 евра, а потоа следат Исланд и Норвешка. На четврто место е Грција каде се продава за 2,42 евра. Дизелот најскапо го плаќаат потрошувачите во Шведска, Исланд, Норвешка и Финска.

https://faktor.mk/litar-gorivo-vo-eu-nablizuva-kon-3-evra-najskap-benzin-vozat-fincite-no-i-vo-grcija-e-skoro-2-i-pol-evra - https://faktor.mk/litar-gorivo-vo-eu-nablizuva-kon-3-evra-najskap-benzin-vozat-fincite-no-i-vo-grcija-e-skoro-2-i-pol-evra

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window