Print Page | Close Window

Топлификација

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1514
Printed Date: 27-Apr-2024 at 20:38


Topic: Топлификација
Posted By: Cloverstack
Subject: Топлификација
Date Posted: 24-Oct-2018 at 20:11

Една убава вест. Ретко регистрираме нешто толку позитивно со навистина опипливи ефекти.


Скопјани му се враќаат на парното


Речиси 10.000 семејства се приклучиле на мрежата на парно греење во последните пет години. Од нив, над 4.000 се нови објекти, а околу 5.500 се потрошувачи што биле исклучени, но решиле повторно да се вратат во системот. Трендот на исклучување што се појави пред десетина години полека се надминува, велат во снабдувачот „Балкан енерџи“.

Најголем број семејства што повторно се приклучуваат има во Општина Аеродром, во населбите Аеродром и Ново Лисиче, но позитивниот тренд е присутен и во другите општини. Аеродром изминатите години се соочуваше и со најголемото загадување на воздухот, особено во зимските месеци, што во најголем дел е резултат и на затоплувањето со фосилни горива, најчесто дрва.

Во БЕГ сметаат дека трендот на повторно вклучување кон системот за централно греење е како резултат на високиот комфор што го нуди овој тип затоплување, но и поволните цени во последните години. Според нивните информации, во моментов топлина од БЕГ земаат речиси 63.000 семејства во Скопје. Состојбата е малку поинаква во снабдувачот „Скопје Север“, чија мрежа не е поврзана со таа на останатите три топлани во градот. „Скопје Север“ има помалку од 300 корисници, повисоки цени и постојан тренд на исклучување.

„Корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20+1 Целзиусов степен. Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија, информираат од „Блкан енерџи“.

Од БЕГ информираат дека иако е намален бројот на дефекти со кои почнала грејнава сезона, сепак 125 згради во повеќе делови од Скопје сè уште немаат греење.

„Причината за ваквиот статус на овие објекти е ненавремено санирање на дефектите на внатрешна инсталација од страна на потрошувачите, ненамирени трошоци за електрична енергија за топлинската станица или проблеми со снабдувањето со електрична енергија на топлинската станица, како и оневозможен пристап за нашите екипи во топлинската станица со цел истата да се стави во работна положба, односно да се изврши проверка, отворат вентили и да се вклучат пумпи. Испораката на топлинска енергија може инцидентно да биде прекината и поради одреден проблем или дефект во топлинската станица, а во тој случај екипите на компанијата реагираат во најбрз рок во насока на нормализирање на испораката“, велат во компанијата.

Ниту годинава нема да има промена на временскиот период на затоплување, од пет наутро до 22 часот навечер. За дополнително затоплување во вечерните часови, велат во БЕГ, немаат поддршка од законските и подзаконските прописи.

„При испораката на топлинска енергија се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Во овој регулиран период, согласно законските и подзаконските акти, ‘Балкан енерџи’ е обврзан да испорачува топлинска енергија во строго утврдениот рок и согласно правилата“, информираат од БЕГ.

Ќе плаќаат ли паушал исклучените корисници?

Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран“ побара Регулаторната комисија за енергетика да ги донесе правилата за снабдување со топлинска енергија до крајот на годинава или ќе се соочи со блокада. Здружението на граѓани што се исклучени од системот бараат РКЕ да не го одолговлекува процесот и да ги донесе подзаконските акти со кои ќе овозможи исклучените од парно да не плаќаат за услуга што не ја користат.

„Регулаторна се повикува на рок од девет месеци во кои треба да ги донесе правилата. Со намерното кочење на донесувањето на овој правилник, се работи во прилог на БЕГ, а на штета на граѓаните на кои Владата им вети дека до октомври или најдоцна до крајот на годината ќе биде донесено решението со кое тие што не користат парно да не плаќаат“, вели Маријан Ненов од Здружението „Но пасаран“.

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, најави дека работната група која ќе работи на правилникот ќе стартува со работа од идниот месец. Во неа ќе бидат вклучени претставници на „Но пасаран“, на организации на потрошувачи од дистрибутерите на топлинска енергија и експерти.

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/10/98338/



Replies:
Posted By: alexsend
Date Posted: 24-Oct-2018 at 22:15

Одлична вест!
Како што веќе реков, живеење во урбани подрачја е привилегија, имање парно исто така.
Во интерес на сите нас е мрежата да се шири и што поголем број на станови да се поврзат на мрежата и поевтино за сите и поздраво за околината.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 25-Oct-2018 at 00:38
Originally posted by alexsend


Одлична вест!
Како што веќе реков, живеење во урбани подрачја е привилегија, имање парно исто така.
Во интерес на сите нас е мрежата да се шири и што поголем број на станови да се поврзат на мрежата и поевтино за сите и поздраво за околината.
Како е поздраво за околината ако становите имаат парно?


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-Oct-2018 at 06:52
А што е подобро парно или дрва? Или можеби јаглен или пак гуми?


А ако мислиш на греење со клими не е ни близу комфорот во споредба во парно, сите соби иста температура со клима не правиш.

Од гас сме далеку 2 децении. Што е опција тогаш електричен котел можеби. А од што добиваме струја во мкд ако не е увоз од бугарија, јаглен.
Државата е слабо заинтересирана за обновливи извори, со вакви инвестиции ќе ни треба век за да се префрлиме 100%

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-May-2020 at 14:29
Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број на корисници на централното парно греење во главниот град во изминатава деценија.

Зголемувањето на бројот на потрошувачи се должи на намалувањето на цената за парно греење и враќањето на интересот за приклучување на дел од граѓаните што се исклучија од трите системи, но и на континуираната изградба на нови објекти што обезбедуваат дополнителни приклучоци во Скопје. И покрај ова, забележително е дека континуирано низок број на приклучени на системот за снабдување со топлинска енергија има во Скопје Север.

Наспроти растот на бројот на корисници на централното греење, она што загрижува во моментов е развојот на дистрибутивната мрежа на топлинска енергија. Како и во изминатите години, должината на дистрибутивната мрежа во Скопје во 2019 година изнесувала 275 километри. Станува збор за бројка која што не е променета, што пак доведува до тоа цели делови од одредени скопски населби да не можат да се приклучат на системите за снабдување со топлинска енергија. Особено е лоша состојбата во Скопје Север, каде должината на дистрибутивната мрежа е само 10 километри. И системот ЕСМ Енергетика располага со топловоди во должина од скромни 38 километри.

Градот Скопје пред две години го основаше АД Градски енергетски ресурси, коешто во иднина би требало да управува и да ја развива токму топловодната мрежа во Скопје. И покрај испратеното барање за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, РКЕ донесе решение со кое ја прекина ваквата постапка во ноември минатата година, по што АД Градски енергетски ресурси поднесе тужба пред Управниот суд против ваквото решение. Од пресудата на управните судии зависи кој ќе управува во иднина со топловодната мрежа во Скопје.

Градските власти веќе појаснија дека планираат инфраструктурно да ги спојат мрежите на трите системи за дистрибуција на топлинска енергија, доколку добијат можност да управуваат со постојната инфраструктура. Ова би значело и обезбедување на иста цена за топлинска енергија и ангажирана моќност за сите граѓани на главниот град.

https://meta.mk/lani-imalo-2-000-novi-prikluchoczi-na-parno-vo-skopјe-no-nema-razvoј-na-distributivnata-mrezha/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Sep-2020 at 13:10
И оваа грејна сезона БЕГ, а не Град Скопје, ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

На прагот и на претстојнава грејна сезона, нема да се реализира најавеното преземање на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ), за што Градот чека судска разрешница.

Сè уште остануваат низа правни лавиринти на релацијата меѓу Град Скопје, Регулаторната комисија за енергетика и Управниот суд, со што расте и неивесноста кога и дали ќе дојде до реализација на преземањето на топловодната мрежа. И покрај тоа што во јули минатата година, Владата донесе одлука на Град Скопје да му се даде на трајно користење топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за диструбуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски систем“ (ГЕС-Скопје), тоа уште не профункцинирало и работите тапкаат во место. Градот се уште нема одговор од Управниот суд, по поднесената тужба од ГЕС-Скопје против РКЕ, од лани во декември поради тоа што РКЕ не му дава лиценца за управување со топловодната мрежа.

Од Град Скопје објаснуваат дека во Скопје само 23 отсто од површината е покриена со топловодниот систем, приклучени се само 17 отсто од домаќинствата и Градот е тој што треба да биде креатор на енергетската политика, да донесува одлуки, каде треба да се гради топловодна или гасоводна мрежа. Се повикуваат на измените во Законот за енергетика, според кои, производството, преносот и дистрибуцијата се одвоени, како што се и сега, со тоа што сите овие дејности ги вршат посебни фирми на Балкан Енерџи Груп, БЕГ.

Во врска со иницијативата и активностите на Град Скопје за преземање на топловодната мрежа од БЕГ, од РКЕ за „Мета.мк“ велат дека уште во април годинава е донесена одлука за ставање во мирување на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинската енергија, поради тоа што во моментот има паралелни активности по ова прашање што засегнатите институции ги имаат покренато.

„Во исто време се очекува и Управниот суд да се произнесе во однос на ова прашање. Ве информираме дека фактичката состојба во моментов е дека, АД за изградба и стопанисување со станбен деловен простор и со деловен простор од значење за Република-Скопје, има договор со Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје, со кој има право на користење на топловодната мрежа до 31 декември 2047 година“, гласи нивниот одговор.

Речиси идентичен одговор дадоа и надлежните од Балкан Енерџи Груп.

„Во согласност со Законот за трансформација на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, со топловодната дистрибутивна мрежа стопанисува АД за Изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за републиката – Скопје (АДСДП), со кое „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ) има склучено Договор за користење на топловодната дистрибутивна мрежа. Согласно овој Договор, ДТБЕ поседува лиценца за вршење на енергетска дејност, дистрибуција на топлинска енергија, издадена од РКЕ, со важност од 35 години, односно до 2047 година“, велат од ДТБЕ.

Тие додаваат дека по успешно поминат ремонтен период, активно се подготвуваат за претстојната грејна сезона и дека во фокусот ќе остане одржување на сигурна, континуирана и квалитетна испорака на топлинска енергија, како и дека при вршењето на дејноста се исполнети сите законски обврски, целосно се почитуваат обврските од Договорот со АДСДП и од лиценцата, и истото го очекуваат и од останатите субјекти во државата.

Сепак, од Град Скопје потенцираа дека не се откажат од иницијативата за преземање на управување со топловодната мрежа и за „Мета.мк“ објаснуваат детално дека имаат законска основа за тоа.

„Од август 2019 година, а и денес, право на трајно користење на дистрибутивната мрежа има АД ГЕС –Скопје и тоа право е стекнато низ законска процедура и е евидентирано во сите 24 имотни листови“, посочуваат од Градот.

Градските власти објаснуваат дека целата мрежа со која во моментов управува Скопје Север е запишана во сопственост на РСМ, а 72 отсто, за што е побарана легализација, а со која во моментов управува ДТБЕ, е запишана во сопственост на РСМ. Останатите 28 отсто се однесуваат на три предмети кои се во процедура на решавање поради имотно правни односи со земјиштето.

„И покрај тоа што дистрибутивната мрежа не е 100 отсто легализирана, се смета дека е целосно во сопственост на РСМ бидејќи претставува технолошко-функционална целина“, велат од Градот.

Потсетуваат дека лани, по претходна одлука на Влада, Советот на град Скопје одлучи, недвижните ствари-линиски инфраструктурни објекти, енергетска инфраструктура – топловоди што се на подрачјето на Град Скопје, да ги даде на трајно користење на АД ГЕС-Скопје, со цел тоа да добие лиценца за дистрибуција на топлинска енергија. А, врз основа на тоа, АД ГЕС-Скопје има поднесено барање за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија на подрачјето на општините Чаир, Бутел, Карпош, Центар, Кисела Вода и Аеродром.

„Носителот на лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија ДТБЕ, повеќе не ги исполнува условите за вршење на оваа дејност и таа треба да му биде одземена, во согласност во член 50 од Законот за енергетика, лиценца да и биде доделена на АД ГЕС-Скопје. Ниту едно друго правно лице не поседува ниту има право на користење на топловодната мрежа, евидентирано во Јавната книга на недвижности на РСМ“, велат од Град Скопје.

Иако АД ГЕС-Скопје кое има поднесено барање за лиценца до РКЕ, таа сè уште не му е доделена, поради што лани Друштвото до Управниот суд Скопје поднесе тужба против РКЕ.

„До денес РКЕ не ја продолжи постапката за лиценца, ниту Управниот суд Скопје има донесено пресуда по поднесената тужба од АД ГЕС-Скопје“, велат од Градот.

Тужба лани има доставено и ДТБЕ до Управниот суд против Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ, со која се бара бришење на правото на Град Скопје на трајно користење на топловодната дистрибутивна мрежа. Управниот суд ја одби како неоснована.

„Ова е пресуда од прв степен со која се потврдува АД ГЕС-Скопје како носител на правото на трајно користење на топловодната дистрибутивна мрежа. Очекуваме сите нивни тужби и жалби да имаат исти пресуди“, изјавија од Градот.

Според нив, ако АД ГЕС-Скопје ја добиеше лиценцата, тоа ќе се вршеше преку два засебни енергетски објекти: топловодна мрежа на подрачјето на Општините Чаир и Бутел (Скопје Север) и топлификациона мрежа на подрачјето на општините Карпош, Центар, Кисела Вода и Аеродром (Дистрибуција БЕ), а Друштвото ќе побараше од РКЕ и намалување на тарифата за дистрибуција на топлинска енергија за 12 отсто.

https://meta.mk/i-ovaa-grejna-sezona-beg-a-ne-grad-skopje-kje-gi-snabduva-skopjani-so-toplinska-energija/


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Oct-2020 at 11:59
Со новиот закон за градба се бара задолжтелно приклучување на парно за новите згради

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија одржа работна средба со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

По завршување на средбата, претставникот на Здружението, Андреа Серафимовски истакна дека имаат за цел подобрување на условите за работа на компаниите, подобрување на бизнисот, но и дека имаат општествена обврска да обезбедат вистински продукт за населението.

– Со РЕК денеска разговаравме за Законот за градба и импликациите на греењто во истиот, примери и начини, се што е потребно крајниот корисник да се чувствува задоволен, а државата да воспостави ред при изготвување на одобренијата за градба – рече Серафимовски.

Тој потенцираше дека имале конструктивен состанок и заеднички да настапат при креирање на условите за затоплување во новиот Закон за градба и се надеваат дека ќе имаат заеднички успех. Затоа што квалитетот на живеење на граѓаните е нивна примарна цел, а според нив не локација, туку квалитетот треба да биде приоритет при купување на станбени единици.

Претседателот на РЕК, Марко Бислимовски по средбата рече дека со новиот Закон за градба бараат да се воспостави јасен ред во начинот на греење кај граѓаните на територијата на целата држава.

– Најважно е што се договоривме овој Закон во иднина заеднички ќе го надградуваме се со цел да биде применлив и во пракса. Во понатамошниот период, Комисијата ќе огранизира заеднички состаноци со претставници на Комората, како и од ЗЕЛС, но и од Министерството за транспорт и врски – вели Бислимовски.

Претседателот на РКЕ потенцираше дека основна цел е на цела држава да се градат мрежи кои што ќе обезбедат многу почиста животна средина и кои што ќе бидат многу поенергетски ефикасни, а притоа цената на енергенсите ќе ги користат граѓаните да не им претставува значителен товар.

– Со зголемен број на потрошувачи на системот за топлинска енергија, а се надевам и на диструбутивниот систем за природен гас ќе имаме поевтини цени за енергија за крајните корисници – додаде Бислимовски.

Одговорајќи на новинарско прашање, дали постојат информации колку згради се изградени и користат електрична енергија за затоплување и покрај тоа што имале можност да се приклучат на мрежата за парно греење, Бислимовски рече:

– Според анализите кои ги добиваме од БЕГ, станува збор за околу 15-20 згради кои не прифаќаат да се приклучат на системот за парно греење, а тоа им го овозможува постоечката законска регулатива. Поради тоа ни е предлагаме да се промени во Законот овој дел и да бидат обврзани да се приклучуваат на системот за топлинска енергија, секако доколку тоа е предвидено. За да го поттикнеме приклучувањето, цената за приклучок по киловат од 3.160 денари ја намаливме на 2.000 денари.

%20 - https://plusinfo.mk/so-noviot-zakon-za-gradba-se-bara-zadolzhtelno-prikluchuva-e-na-parno-za-novite-zgradi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Oct-2020 at 15:27
Новите згради градежниците ќе мора да ги приклучат на парно ако таму има систем, ако не - да докажат дека имаат поефикасно греење

Регулаторната комисија за енергетика предлага во законите од областа на градењето да се предвиди обврска објектите кои се градат да се приклучуваат на парно, односно организиран систем на топлинска енергија таму каде што има таков систем. Ослободување од оваа обврска може да има доколку инвеститорот покаже дека има друг енергетски поефикасен систем за греење.

Кога ќе купуваат стан, граѓаните веднаш треба да знаат на што ќе се греат и дали тоа им одговара, додека, пак, градежните компании ќе мора да им понудат квалитетни и издржани решенија.

Работна група предводена од експерти од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе работи на мапирање на главниот град. Идејата е да направи предлог мапа во која ќе се дефинираат реони во кои точно ќе се знае на кој енергенс ќе биде греењето во секој нов објект со што ќе се обезбеди предвидливост за граѓаните и инвеститорите – најави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика по одржаниот состанок со Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

Оваа иницијатива е образложена и на состанокот во Стопанската комора на Северо - Западна Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги продолжи со широките консултативните средби со членките на градежните комори во врска со побараните измени во Законот за градба во однос на допрецизирање на Одобрението за градба со поле во кое задолжително ќе се наведено енергенсот на кој ќе се грее секој нов објект што ќе се гради.

Сите средби укажуваат дека имаме иста цел, а тоа е да се има ред и предвидливост кога станува збор за затоплувањето на објектите. Граѓаните треба точно да знаат кога ќе купуваат нов објект на што ќе биде греењето, но и самите енергетски компании стратешки да ги зајакнат инвестициите во предвидените реони и да ги развиваат мрежите. Она што радува е дека пазарот го прави своето и денеска градежните компании се натпреваруваат во тоа кој ќе понуди поквалитетно решение за енергетско ефикасен дом. Работна група предводена од РКЕ ќе ги обедини коморите и енергетските компании за заеднички да ги мапираме реоните и да дефинираме како ќе се развиваат мрежите , односно во кој дел од градот како ќе биде решено греењето. Штотуку завршивме со состанокот во Сојузот на Стопански комори на Македонија и сега ќе продолжиме на ист состанок и во стопанската комора на Северо - Западна Македонија. Еден од проблемите е загаденоста на воздухот, а решението од нашиот делокруг на работа го гледаме во форсирање на еколошки затоплување. Парното, но и гасот се енергенсите кои треба да се користат максимално. Греењето на струја треба да е последна опција, затоа што тоа значи работа на РЕК Битола.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од Сојузот на стопански комори, пак, објавија дека Градежната комора на Македонија при ССК поддржува измени на законската регулатива кои ќе значат подобрување на квалитетот на градба и ќе придонесат за заштеда на енергија и примена на повисоки стандарди за заштитата на животната средина. Овој став претставниците на Градежната комора го соопштиле на денешната средба со РКЕ на која се разговарало за измените на Законот за градење во делот на дополнување на издавањето на одобрението за градба со информација за начинот на греење на објектот.

„Сериозните градежни компании во реализација на своите инвестиции ги следат најновите трендови и градат според современи стандарди за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Во таа насока поддржуваме измени на законската регулатива кои ќе допринесат за создавање на подобри услови за домување, од што ќе имаат придобивки граѓаните, но и заедницата пошироко. Со денешната средба се вклучуваме во дебатата која ја отвори Регулаторната комисија за енергетика, во кој преку поширок процес на размена на мислења ќе треба да се утврдат условите под кои ќе се регулира прашањето за загревањето на објектите во фазата на добивање на градежна дозвола со што ќе се добијат однапред мапирани региони“, изјави Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора.

Тој истакна дека следејќи ги прописите регулирани во Законот за енергетска ефикасност во објектите кои се градат намалена е потрошувачката на енергија за шест пати, а сега се оди чекор понатаму, односно и уредите кои се инсталираат во домовите за загревање да бидат енергетски ефикасни односно да трошат помалку енергија.

Од Градежната комора сметаат дека при носење на одлука по ова прашање треба да има инклузивен процес во кој при избор на решението ќе се почитуваат интересите на граѓаните, ќе се овозможи претпријатијата кои се на директен или индиректен начин засегнати да продолжат да работат и ќе се спречи создавање на монополски позиции на пазарот.

https://faktor.mk/novite-zgradi-gradeznicite-kje-mora-da-gi-prikluchat-na-parno-ako-tamu-ima-sistem-ako-ne---da-dokazat-deka-imaat-poefikasno-greenje


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2020 at 13:22
Поради ладните радијатори на БЕГ, РКЕ ќе бара законски измени за високи парични казни за снабдувачите

Радијаторите останаа млаки или студени во поголемиот дел скопски домаќинства, и тоа само една недела од почетокот на грејната сезона, што ја отвори битката меѓу регулаторите и БЕГ, „Балкан Енерџи Груп“, најголемиот снабдувач со топлинска енергија на Скопје. Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, РКЕ, велат дека голем број граѓани се жалат кај нив на ладните радијатори и најавија законски измени за поголеми казни за сите оператори на дистрибутивни системи, како и дека ќе поддржуваат судски тужби од незадоволни граѓани.

На некој начин, велат од РКЕ, се чуствуваат изиграни од БЕГ, бидејќи на заедничкиот состанок со нив пред почетокот на грејната сезона, им било посочено дека сè е спремно за непречено снабдување со топлинска енергија.

Од РКЕ соопштија дека се во фаза да предложат измени во Законот за енергетика, со кои ќе бараат поголеми ингеренции и прецизирање на своите надлежности, во однос на изрекување на повисоки казни кон сите оператори на дистрибутивните системи. Ако поради нивна неажурност и лоша организација, ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

„Она што го направи БЕГ на почетокот на оваа грејна сезона е катастрофално, и од наредната година БЕГ ќе биде сериозно казнуван. Поради општиот хаос што го прави на терен, 360 објекти немаат парно. Мораме да ги зголемиме нашите ингеренции и да можеме да изрекуваме сериозни казни, кои ќе бидат врзани со процент од вкупен приход на енергетските компании, а што е и препрака од Енергетска Заедница. Моменталните казни се многу ниски и незначителни, и се движат од 5.000 до 7.000 евра“, ја пренесуваат од РКЕ изјавата на претседателот Марко Бислимоски, дадена во денешното гостување на ТВ 24.

Тој предупреди дека со зголемувањето на казните, РКЕ ќе делува превентивно и ќе ги дисциплинира операторите на дистрибутивните системи, да не се чувствуваат комотно и сериозно да ја сфатат својата улога, со цел да се заштитат потрошувачите.

„Законските измени ќе бидат и во насока веднаш да може да се добијат пониски сметки, ако не се добие услугата. А, не како сега, на крајот од грејната сезона, во порамнителните сметки“, посочи Бислимовски.

Оваа иницијатива, според РКЕ, за зајакнување на ингеренциите преку измени во Законот за енергетика, следува откако на почетокот на оваа грејна сезона беше одржан состанок меѓу РКЕ, БЕГ и другите компании кои го снабдуваат Скопје со топлинска енергија. Тогаш, појаснуваат од РКЕ, од страна на компаниите било кажано дека ќе нема никакви проблеми за старт на грејната сезона.

„Врз основа на информациите од БЕГ, верувавме дека ќе нема проблеми, но во голем дел на Скопје има. Тоа ни го посочија граѓани кои немаат топлинска енергија. Ние мора да делуваме поригорнозно, затоа што очигледно сегашните казни до 7.000 евра не им претставуваат проблем. Ако продолжи ваквото некоректно однесување, ќе ја разгледаме и опцијата за одземање на лиценцата“, изјави Бислимовски. Тој додаде дека потрошувачите имаат право да го тужат БЕГ поради недобивање на топлинска енергија, и дека притоа регулаторите им стојат на располагање за секаква помош.

Надлежните од БЕГ демантира сите тврдењата на Бислимовски, меѓу кои, дека најголем дел од граѓаните не добивале воопшто греење, дека голем дел од Скопје нема никаква испорака на топлинска енергија, како и дека она што сега БЕГ го прави на терен е општ хаос, и дека 360 објекти немат греење.

Во нивното соопштение стои : „ Целосно стоиме на нашата изјава за подготвеност на централниот систем за греење пред почетокот на грејната сезона 2020/2021 дадена во Регулторната комисија за енергетика и водни услуги. Компаниите во состав на групацијата БЕГ АД, се целосно подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на почетокот на грејна сезона 2020/2021. Согласно деловните и оперативните планови беа реализирани сите планирани инвестиции, како и неопходните ремонти и подготовки на системот за централно греење“. Додаваат дека до денеска не е забележан ниту еден дефект во производствените постројки и дистрибутивната мрежа со кои управува БЕГ и дека и испораката на топлинска енергија се одвива непречено.
„Не е точна информацијата дека во 360 објекти не се врши испорака на топлинска енергија. Согласно податоците во Центарот за Грижа на потрошувачи, на 14 октомври 2020 година, еден ден пред почетокот на грејната сезона, бројот на затворени објекти, во кои не постои техничка можност за да се испорачува топлинска енергија, изнесуваше 263 објекти, односно помалку од 10 отсто од вкупниот број на објекти во системот со кој управува БЕГ. Подетално, во 51 објект имаше прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 58 објекти екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаа пристап до топлинската станица и 154 објекти беа оневозможени да добија испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот. „Во моментов бројот на објекти во кои не се испорачува топлина изнесува 81, односно во 12 објекти има прекин во испорака на електрична енергија до топлинската станица, во 16 објекти екипите на операторот немаат пристап до топлинската потстаница и во 53 објекти не се испорачува топлина поради дефект на внатрешната грејна инсталација“, соопштија од БЕГ .

https://meta.mk/poradi-ladnite-radijatori-na-beg-rke-kje-bara-zakonski-izmeni-za-visoki-parichni-kazni-za-snabduvachite/


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Oct-2020 at 13:52
Можни се редукции на испорака на парно греење, нема доволно гас за работа на централите

Комапнијата „Балкан Енерџи Груп“ ги известува своите потрошувачи дека, согласно најавените ограничувања на испораката на природен гас од дистрибутерот АД ГА-МА, во периодот од 27 до 29 октомври, можни се редукции на испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење.

– Овие редукции нема да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има значително намалување на внатрешната температура во објектите. Причина за ограничување на транспортот на природен гас, како што извести АД ГАМА, е изведување ремонтни зафати за време на грејниот период на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ќе ги извршува бугарската компанија „Булгартрнасгаз ЕАД“ – известуваат од БЕГ.

https://www.vecer.press/можни-се-редукции-на-испорака-на-парно/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Nov-2020 at 18:34
Скопјани се жалат на млаки радијатори, БЕГ вели дефекти нема, а топлина се испорачува

Млаки радијатори и студени домови. Голем број скопјани се жалат дека во изминатиот период иако грејната сезона започна пред речиси еден месец, смрзнуваат во своите домови. Особено е студено наутро и навечер, а дневните температури, кои периодов се нешто повисоки од очекуваните, велат тие, не можат да им ги затоплат домовите. Поплаки има од сите делови на градот, а голем дел се веќе упатени и до Регулаторната комисија за енергетика. Жители на општината Аеродром се жалат дека од почетокот на грејната сезона радијаторите им се млаки, а за да се стоплат деновиве мораат да вклучуваат греалки и клима уреди.

„Плаќаме парно во текот на целата година, но и покрај тоа мораме да трошиме и струја за да се затоплиме. Радијаторите се млаки, тоа не е доволно да се затопли станот, особено наутро и навечер, а имаме мали деца. Иако сè уште има сончеви делови од денот, тоа ниту од далеку не е доволно за да се чувствуваме пријатно дома. Сега во услови на пандемија на ковид-19, кога и сезонските настинки се активни, да ни биде топло дома е многу важно“, велат тие.

Од Балкан енерџи груп, од каде со топлинска енергија се снабдуваат најголемиот број на домаќинства во Скопје, пак, велат дека во моменов немаат дефекти на централниот систем за греење, ниту пак има згради што од таа причина не добиваат топлинска енергија. Посочуваат дека испораката на топлинска енергија ја започнале на 15 октомври и ќе трае до 15 април следната година, но и дека таа зависи од атмосферските услови и надворешните температури.

„Доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не е пониска од 20 +1 степен Целзиусов. При одредени атмосферски услови, во периодите на високи надворешни температури се прекинува испораката на топлинска енергија, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, системот за централно греење повторно се вклучува“, велат во БЕГ.

Жителка на Карпош, пак, вели дека од почетокот на грејната сезона греењето е проблематично.

„Радијаторите минатата недела беа целосно студени. Во периодов работиме сите од дома, децата се средношколци и се на настава од дома, секоја соба е со затворена врата и немаме толку грејни тела за да можеме да се затоплиме. Од БЕГ не советуваа да го испуштиме воздухот од секој радијатор, но ние веќе еднаш го направивме тоа на почетокот на сезоната. Ќе го направиме повторно, но не знам колку пати во годината е навистина потребно да се прави и дали ќе помогне“, вели таа.

Поплаките на граѓаните секојдневно стигнуваат и до Регулаторната комисија за енергетика. Од таму ги советуваат граѓаните доколку сметаат дека дома не им е доволно топло да побараат да се изврши мерење на температурата дома. Доколку е под минималната, имаат можност за процентуално ослободување од фактурата за топлинска енергија за една грејна сезона.

„Во однос на поплаките од граѓаните кои пристигнуваат и до РКЕ, веднаш реагираме до снабдувачот со ургенција да се постапи и да се разреши проблемот и за исходот мора да нè информираат. Правилата гарантираат ниво на температура, но она што е клучно во време на пандемија е личната и корпоративна одговорност да се обезбедат топли домови за сите. РКЕ пристапи и кон измени на Законот за енергетика во кој ќе бидат пропишани казни далеку повисоки од оние кои се сега на сила од 5 000 евра до 7 000 евра. Во иднина казните ќе бидат врзани со процент од вкупен приход што го остваруваат енергетските компании, што е и сугестија од Европската енергетска заедница. Со зголемување на казните, ќе делуваме превентивно и ќе се дисциплинираат операторите на дистрибутивните системи да не се чувствуваат комотно и сериозно да ја сфатат својата улога, а со тоа ќе ги заштитиме потрошувачите. Дополнително измените ќе бидат и во насока веднаш да може да добијат пониски сметки, доколку не ја добијат услугата – а не како сега на крај од грејната сезона во порамнителните сметки“, информираат од Регулаторна.

Од БЕГ, пак, советуваат потрошувачите да ги пријавуваат дефектите и рекламациите за квалитетот на греењето во нивниот Центар за грижа на потрошувачи, но велат дека не се одговрни за сите дефекти и дека гарантираат квалитетно греење само ако домашните инсталации се исправни.

„Нашите екипи проверуваат дали станува збор за проблем во топлинската станица или детектираат проблем на внатрешната грејна инсталација и ги информираат потрошувачите што понатаму да преземат. Според законот за домување одржувањето на внатрешната грејна инсталација, меѓу кое и прочистувањето на грејните тела, испуштање воздух, замена на елементи и слично е одговорност на потрошувачите“, посочуваат од БЕГ.

Кон крајот на октомври од БЕГ информираа декапоради ремонт на гасоводот во Бугарија, од 27 до 29 октомври, ќе биде намалена температурата во објектите кои се приклучени на системот за централно греење.

„Во периодот од 27 до 29 октомври можни се редукции на испраката на топлинска енергија, преку системот на централно греење. Овие редукции нема да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има значително намалување на внатрешната температура на објектите. Причината за ограничување на транспортот на природен гас, како што извести АД ГА-МА, е изведувањето ремонтни зафати на грејниот период на транзитниот гасовод од Бугарија, кон земјава, кои ќе ги извршува бугарската компанија „Булгартрансгаз, ЕАД“, соопштија тогаш од БЕГ.

На 30 октомври БЕГ информираше дека состојбата со испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење се реализирала непречено.

https://meta.mk/skopjani-se-zhalat-na-mlaki-radijatori-beg-veli-defekti-nema-a-toplina-se-isporachuva/


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Nov-2020 at 12:00
РКЕ го задолжи БЕГ да испорачува парно-греење и кога температурата стигнува до 16 степени преку ден

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ги одобри измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина со кои се предвидува зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите, информираат од таму.

Измените следувале „со цел да се зголеми комфорот на потрошувачите приклучени на системот за централно греење кои во услови на пандемија се приморани подолго време да престојуваат во своите домови.“

„Со измените кои ги одобривме практично се задолжува БЕГ во услови кога надворешната температура преку ден стигнува до 16 степени целзиусови да има испорака на топлинска енергија во домовите. Ги повикувам компаниите за зголемена општествена одговорност во состојба на пандемија. Воедно ги информирам потрошувачите дека се разгледува можноста за прекршочна постапка поради непочитување на одредби од Законот за енергетика и обврските дефинирани со лиценцата за вршење на енергетската дејност,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Потрошувачите кои се незадоволни од услугата од дистрибутерите на топлинската енергија може да поднесат приговор до РКЕ.

Според досегашните правила, доколку е времето сончево и мирно, а надворешната температура според локалното мерење во топланите Исток и Запад во 8.30 часот порасне над 10 степени целзиусови, работата на котлите веднаш се прекинува, а циркулационите пумпи продолжуваат да работат уште 120 минути.

Исто така, доколку времето е сончево и мирно, а надворешната температура достигне вредност поголема од 11 степени целзиусови, во периодот меѓу 9 и 14 часот, се прекинува работата на котлите, а пумпите продолжуваат уште 120 минути.

https://meta.mk/rke-go-zadolzhi-beg-da-isporachuva-parno-greenje-i-koga-temperaturata-stignuva-do-16-stepeni-preku-den/


Posted By: alexsend
Date Posted: 18-Nov-2020 at 20:02
БЕГ годинава падна со стандард...млако парно, сметки не намалија иако немаше парно неколку дена...И џабе 5% намалено ддв на парно кога овие сметки се повисоки од ланските

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Nov-2020 at 22:02
И јас сум на БЕГ и навистина оваа година крахираат многу им варира греењето. Кај мене од 20:00 па се додека не го исклучат негде околу 22:00 е доста јако ама затоа од сабајле и преку ден е релативно млако. Незнам како ќе се понашаат кога надвор поасално ќе залади и плус има делови од градот што воопшто немаат парно или е преслабо а некои отвараат прозори од што е премногу пуштено.


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jan-2021 at 16:32
Ќе се проширува парното во населбите Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла

Постојната топловодна мрежа во скопските населби Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла од подружница на АД ЕСМ – „Енергетика“ ќе се доградува и проширува со што поголем број на домаќинства и на деловни објекти ќе се приклучат на парно греење.

За таа цел АД Електростопанство на Северна Македонија, ЕСМ, на почетокот на јануари годинава распиша оглас за склучување на договор за јавна набавка за проширување на топловодниот систем и изведба на секундарни мрежи со изработка на проекти и ревизија на проектите од подружница „Енергетика“.

Од АД ЕСМ велат дека станува збро за инвестиција вредна околу 600 илјади евра за период од две години, оваа и 2022 година. Според одговорните во „Енергетика“, засега не може прецизно да се каже колкав ќе биде бројот на новите корисници на мрежата, а претпоставка е дека во следните 2 години нивниот број ќе изнесува околу 250.

Понудите за проширување на топловодниот систем, според јавниот оглас, треба да се достават најдоцна до 16 февруари годинава, а избраниот изведувач за градежни работи за изградба на мрежа за греење треба да го реализира зафатот во период од 36 месеци. Според условите на повикот, предност ќе имаат понудите со најниска цена, а максималниот број на пријавените кандидати треба да биде минимум 5, а максимум 6. Изборот ќе се реализира по пат на елекронска аукција.

Економскиот оператор треба да исполнува повеќе критериуми, меѓу другото, потврда дека не е отворена постапка за стечај или за ликвидација од надлежен орган, потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, дека нема изречена казна забрана за учество во постапки за јавен повик и друго.

За потврда на способноста за вршење професионална дејност операторот треба да достави лиценци за проектирање на градби од прва категорија и за ревизија на проектна документација на градби од прва категорија, издадени од одговорни институции. Исто така, треба да има најмалку три извршени услуги од ист или сличен вид со предметната набавка во последните 5 години, со вкупна вредност поголема од 10 милиони денари, како и докази за извршените услуги, а мора да поседува и соодветна кадровска и техничка екипираност.

Инаку, на почетокот на последната грејна сезона, 15 октомври 2020, АД ЕСМ, подружница „Енергетика“ започна со испорака на топлинска енергија за корисниците од скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Од ЕСМ тогаш соопштија дека парно греење добија 3.700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти.

https://meta.mk/kje-se-proshiruva-parnoto-vo-naselbite-avtokomanda-madjari-hipodrom-zhelezara-i-triangla/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Jan-2021 at 17:00
Јас мислам дека гасификација е многу подобра опција од проширување на парното. Реално, со гасот и се готви, и се затоплува бојлер. Во секоја земја каде што сум живеел и сум имал гас, сум бил многу позадоволен отколку со струја.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 11-Jan-2021 at 17:02
Тоа ставањето гас по домаќинства и колективни згради треба да оди и со соодветна едукација, па да не биде после секој месец да читаме црни хроники.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Jan-2021 at 18:32
1000 домаќинства од Хиподром ќе се приклучат на парното на ЕСМ „Енергетика“

1.000 домаќинства од општина Гази Баба ќе се приклучат на градското парно со проширувањето на градската топловодна мрежа.
Станува збор за инвестиција вредна 600 илјади евра која Владата преку ЕСМ „Енергетика“ и општина Гази Баба ќе ја реализираат во наредните години.

– Оваа година влегуваме во реализација на уште еден заеднички проект од посебен интерес на граѓаните на Гази Баба, односно на населеното место Хиподром. Заедно со Електрани на Северна Македонија, односно со нивната подружница „Енергетика“ околу 1.000 домаќинства и деловни објекти ќе се приклучат на мрежата за топловодно греење во Хиподром и во повеќе други населени места. Со ова проширување на топловодната мрежа во Гази Баба се очекува голем бенефит за граѓаните, како што се намалување на потрошувачката на струја за домаќинствата приклучени на системот, стабилно и современо загревање на домовите, како и намалување на причинителите на аерозагадувањето – информира премиерот Заоран Заев при посетата на општината.

%20 - https://plusinfo.mk/1000-doma-instva-od-hipodrom-e-se-prikluchat-na-parnoto-na-esm-energetika/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2021 at 20:32
1000 нови домаќинства ќе имаат пристап кон мрежата после проширувањето, или 1000 нови домаќинства избрале да се поврзат (од на пример 2-3000 кои добиле пристап)?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jul-2021 at 11:50
КОМПАНИИТЕ БАРААТ ПОСКАПУВАЊЕ НА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ ОД ПРВИ АВГУСТ

Трите компании за парно греење во Скопје бараат поскапување на цената. Во барањата доставени до Регуларорна комисија се бара поскапувањето да почне од 1 август. Најголемо поскапување на цената на парното бара ЕСМ Енергетика или т.н. железарско парно и тоа 64.79 отсто. Скопје Север бара за 15,54 отсто поскапи сметки, додека БЕГ бара најмало покачување 1,82%.

Од Регулаторната комисија велат дека за барањето за поскапување на парното ќе одлучат на 29 јули.

Во моментов, цената на природниот гас на светските берзи бележи значителен раст за повеќе од 50% во однос на цената на гасот лани кога се носеше одлуката за цената на парното. Практично, летната цена на природниот гас е повисока од зимската цена во 2020.

Во Скопје на парно се греат околу 60.000 домаќинства.

%20 - https://sdk.mk/index.php/makedonija/kompaniite-baraat-poskapuvane-na-parnoto-vo-skopje-od-prvi-avgust/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Jul-2021 at 13:08

Мислам дека државата треба да ги субвенционира овие компании, или во најмала рака приклучоците кон мрежата.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jul-2021 at 11:48
ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОЕВТИНИ, ОДЛУЧИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА И ПОКРАЈ БАРАЊЕТО НА СНАБДУВАЧИТЕ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ

Парното греење во Скопје нема да поскапи како што бараа трите компании кои ги снабдуваат граѓаните со топлинска енергија, туку ќе поевтини. Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница ја одреди новата цена за парно греење откако минатата недела компаниите доставија нивни предлози за поскапување.

БЕГ, најголемата компанија која снабдува 56.000 потрошувачи, ќе има намалување на цената за 4,35 проценти. ЕСМ Енергетика која снабдуваа 3.800 потрошувачи цената за топлинска енергија треба да ја намали за 0,57 проценти, а Скопје Север со 501 потрошувач за 1,25 проценти.

„Имаме историски најниска цена за испорачана енергија. Стан од 55 до 60 квадрати, за цела година или една грејна сезона ќе плаќа 19.900 денари. Со тоа испраќаме порака до граѓаните кои не се приклучени да се приклучат на системот оти тоа е најевтин начин за загревање на домовите“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје, што за една година претставува раст од скоро 2 илјади нови потрошувачи.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/parnoto-greene-vo-skopje-ke-poevtini-odluchi-regulatornata-komisija-i-pokraj-baraneto-na-snabduvachite-za-poskapuvane/


Posted By: user8642
Date Posted: 07-Sep-2021 at 19:34
Што ќе се изгради попрво, пруга за Бугарија или топловод за Битола??

Zoran Zaev is at РЕК Битола / REK Bitola.
tSempon3sorhsed · Novaci ·
АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила, кој во првата фаза чини 34 милиони евра. Економскиот оператор RBA Конзорциум набрзо ќе почне со изградба и поставување на цевките.
После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализација на овој проект, за само неколку години стигнавме до потпишување договор, а за кратко време и почеток на изградбата на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. На овој начин жителите на Битола, Новаци и Могила ќе добијат парно греење, како најблиски населени места кои гравитираат околу комбинатот.
АД ЕСМ сега го направи проектот Топлификација економски исплатлив, што претходно истиот не беше. Со предвидената изградба на когенеративната гасна електрана која ќе произведува и електрична и топлинска енергија и која ќе биде замена за два блока на јаглен во РЕК Битола, се прави инвестицијата во топловодната мрежа да биде економски оправдана во иднина, затоа што претходно не беше јасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК Битола ќе згасне ваков каков што постои, односно на јаглен

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/10159948227042932


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Sep-2021 at 17:09
Оживеа проектот топлификација на Битола, изградбата почнува во октомври

Од следниот месец ќе стартуваат активности на терен за проектот за топлификација на Битола, Новаци и Могила, најавуваат од АД Електрани на Северна Македонија.

-После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализирање топлификација, ние, од проект оставен во фиока и тргнат на страна, за само две години стигнавме до потпишување договор и подготовка за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Топлификацијата се гради со кредит од германската KFW банка во вредност од околу 40 милиони евра. Дополнително ние како компанија ќе инвестираме 7 милиони евра сопствени средства, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

За разлика од сите претходни најави за изградба на топлификацијата од РЕК до Битола, дополнува тој, овојпат има неколку суштински причини заради кои ја уверувам јавноста дека овој проект ќе се реализира.

Јавниот повик за претквалификација беше распишан во октомври 2019 година, јавниот повик за комплетни понуди за првата фаза беше распишан годинава, а договорот со избраниот изведувач беше потпишан пред 10 дена. KFW Банката, консултантот IC consulenten и нашиот тим од Секторот развој и инвестиции вложија максимални напори во 20 месеци да спроведат успешна постапка и да имаме договорен орган. Тоа е конзорциумот RBA Termo JV, составен од три реномирани фирми: АД Гранит, Рапид билд и бугарската фирма Атом енерго ремонт, коj ги исполни сите критериуми на KFW банката како кредитор и на нашата компанија како инвеститор, односно нарачател, информира Ковачевски.

Изведувачот има рок од две години за изведување на првата фаза од проектот за која е потпишан договорот, а тоа е ископ за трасирање на топловодот и поставување на топловодните цевки од РЕК Битола до градот Битола, како и секундарна мрежа во градот.

Како што вели Ковачевски, веќе следниот месец, започнуваат активностите на терен, по што ќе биде поставена потстаница која ќе го поврзе РЕК Битола со цевките, а потоа и потстаница на влезот на Битола која ќе го поврзува топловодот со разгранетата мрежа низ градот.

Планот е на топлификацијата, на почетокот да се приклучат 35 општински и државни институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот. Со другите две третини ќе се задоволат потребите на големите станбени и деловни згради и на индивидуалните куќи во Битола, Новаци и Могила. Топловодот дополнително ќе даде можност и за загревање на земјоделски оранжерии, со што ќе обезбеди поддршка на развојот на земјоделството во пелагонискиот регион.

-Сакам да потенцирам дека овој проект за Топлификација што го реализираме, АД ЕСМ го направи економски исплатлив, што не беше случај претходно. Имено, со предвидената изградба на когенеративна гасна електрана во РЕК Битола за производство на електрична и топлинска енергија, инвестицијата во топловодната мрежа станува економски оправдана во иднина. Претходно беше нејасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК Битола ќе го замени јагленот со еколошки прифатливи ресурси за производство на струја, изјави Ковачевски.

https://nezavisen.mk/ozhivea-proektot-toplifikacija-na-bitola-izgradbata-pochnuva-vo-oktomvri/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Sep-2021 at 16:59
ЧИФЛИГАНЕЦ ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА, ЗА 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА КУПИ ТОПЛИФИКАЦИЈА СКОПЈЕ

Фирмата „Адора инженеринг“ ја купи скопска Топлификација која е во стечај и влегува во бизнисот со производство на топлинска енергија. На јавна лицитација, за 9,3 милиони евра „Адора инженеринг“ ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација. Со оваа купопродажба, како што велат од компанијата, успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија.

„Важен позитивен аспект од оваа зделка што ја одлучи судбината на досегашниот загубар Топлификација АД, е што регулираниот бизнис со производството на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија со целосно домашен капитал и менаџмент, за што деловната политика на ‘Адора’ заслужува поздравување. После студиозна физибилити студија сработена од врвни домашни експерти од полето на енергетиката, и повеќегодишни длабоки обсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, се одлучивме на овој храбар потег во времиња исполнети со огромна неизвесност и предизвици. Цената на природниот гас, којшто е главен влезен параметар во работењето, секојдневно руши нови рекорди, а регулираниот одреден принос на капитал од работењето е на историски најниско ниво. Веруваме дека со поддршка од успешно потврдената Регулаторна комисија за енергетика, од досегашниот, за жал ,загубар Топлификација АД ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија“, вели сопственикот на „Адора инженеринг“ Душко Чифлиганец.

Бизнисот со топлинска енергија ќе го води посебна фирма „Адора енерџи солушанс“, и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси, вели компанијата.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/chifliganets-vleguva-vo-biznisot-so-toplinska-energija-za-9-3-milioni-evra-ja-kupi-toplifikatsija-skopje/ - https://sdk.mk/index.php/makedonija/chifliganets-vleguva-vo-biznisot-so-toplinska-energija-za-9-3-milioni-evra-ja-kupi-toplifikatsija-skopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Oct-2021 at 17:11
Парното ќе почне да топли од три часот по полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ) со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем.

-На стартот на грејната сезона, БЕГ во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на живеење. Пропишаната температура од 6 до 22 часот е загарантирана, а сметките ќе останат исти, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Новиот оптимизиран режим на испорака, додаде, ќе придонесе за намалување на осцилацијата на внатрешните температури во објектите.

-Количината на потребната топлинска енергија ќе остане непроменета, бидејќи со зголемувањето на времето на испорака ќе се намали ангажираната моќност на објектите, прецизира Бислимоски.

https://nezavisen.mk/ushte-vo-3-nokjeska-parnoto-kje-pochne-vo-skopje-kje-pochne-da-topli/ - https://nezavisen.mk/ushte-vo-3-nokjeska-parnoto-kje-pochne-vo-skopje-kje-pochne-da-topli/


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Dec-2021 at 16:19
ПО 40 ГОДИНИ ПОЧНА ИЗГРАДБА НА ТОПЛОВОДНА МРЕЖА ОД РЕК, ЗА БИТОЛА ДА СЕ ГРЕЕ НА ПАРНО

По 40 години постоење на РЕК Битола денеска конечно почна изградба на топловодна мрежа за Битола, Могила и Новаци со топлинската енергија од комбинатот. За проектот подигнат е кредит од германската КФВ банка во вредност од над 40 милиони евра, а дополнително АД ЕСМ ќе инвестира 7 милиони евра сопствени средства.

„Еколошките придобивки од Топлификацијата се исклучително значајни. Со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите така и во домовите. Трасата на топловодот ќе поминува низ Новаци и Могила, кои се две рурални општини кои во значајна мера се потпираат на земјоделството, и топловодот ќе даде можност за загревање на земјоделски оранжерии и објекти, со што ќе обезбеди дополнителна поддршка на развојот на земјоделството во регионот“, изјави Васко Ковачевски, директор ЕСМ.

Во план е за почеток да се приклучат 35 државни и општински инстутуции во Битола, кои ќе користат една третина од капацитетот на системот, а со другите две третини да се задолволат потребите за греење на зградите и индивидуалните куќи. Проектот за топлификација пред повеќе години го најави ВМРО-ДПМНЕ, но Ковачевски рече дека бил во застој зашто првичниот проект бил економски неисплатлив и еколошки неоправдан.

„Претходно немаше стретегија што со топлификацијата кога РЕК Битола веќе нема да произведува струја од јаглен. Сега имаме решение- замена на дел од капацитетот на РЕК со когенеративна електрана на гас, која ќе произведува електрична и топлинска енергија. Имаше нерешени имотно-правни односи, сега ги решаваме, со експропријација. Претходно беше предвидено да има потстаница за догревање на влезот во Битола која ќе работи на мазут, што е недозволиво. И тоа го решивме, сега ќе има потстаница на природен гас“, објасни Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека топлификацијата ќе има големо влијание врз зачувување на животната средина и ќе ги намали трошоците кај домаќинствата за загревање.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-40-godini-pochna-izgradba-na-toplovodna-mrezha-od-rek-za-bitola-da-se-gree-na-parno/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-40-godini-pochna-izgradba-na-toplovodna-mrezha-od-rek-za-bitola-da-se-gree-na-parno/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Dec-2021 at 08:00
Железарското парно млако, станарите се затоплуваат со ќебиња

Корисниците на ЕСМ, или железарското парно, се жалат дека радијаторите во последно време им се млаки. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето баш кога не треба, а тоа е рано сабајле и попладне по 16 часот. Зошто е тоа така оваа грејна сезона не знаат и потсетуваат дека минатите години радијаторите не се пипале со рака од што биле жешки. Оваа грејна сезона смрзнуваат и дома се затоплуваат со ќебиња. Велат дека од АД ЕСМ неофицијално им кажале дека штедат на енергенси, меѓутоа директорот Далибор Богдановски за весникот ВЕЧЕР изјави дека испорачуваат топлинска енергија без никакви ограничувања согласно мрежните правила на Регулаторна комисија

Корисниците на ЕСМ или железарското парно се жалат дека радијаторите во последно време им се млаки. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето баш кога не треба, а тоа е рано сабајле и попладне по 16 часот. Зошто е тоа така оваа грејна сезона не знаат и потсетуваат дека минатите години радијаторите не се пипале со рака од што биле жешки.

– Греењето е многу слабо, а плаќаме цела година. Со свои средства вложивме во потстаница, радијатори, цевки и сè попратно што беше потребно, за на крај да добиеме катастрофа греење – се пожали Гордана Трпковска.

Посочуваат дека собите во становите им се ладни и внатрешната температура им е под 20 степени.

– Катастрофа, ладно навечер, во дневна со ќебе, насабајле исто ладно. Немам против кога има сонце на пладне, во ред, но на овие температури не може. Цела година плаќаме сметки и затоа не се во право самоволно да одлучуваат за тоа – констатира Бранка Василкоска.

– Пред 10 години вриеше во Железара од парното, не се спиеше. Како тогаш можеше да е толку пуштено и да е толку топло, прозорци сме отворале и врати од што беше жешко, а сега што е ова нула од парно, катастрофа – коментира Светлана Несторова.

Лиле Стојчевска исто така забележува дека радијаторите се млаки од 16 до 20 часот.

– Не можам да разберам зошто е тоа така. Ајде ноќе да го намалат, разбирам, ама поручек баш кога ни е најпотребно – се прашува таа и ги повикува и другите корисници на железарското парно да реагираат заедно до ЕСМ да им пуштат посилно греење или, пак, да не ги плаќаат сметките и во краен случај да ги откажат договорите со компанијата.

Ефка Митрова посочува дека веќе се информирала во ЕСМ Енергетика и оттаму и кажале дека парното нема да биде исто затоа што штеделе.

– Но, им реков да штедат преку ноќ, а не преку дење млако, а во три часот наутро да го пуштаат најјако. Ми рекоа дека сум во право и дека треба група од граѓани да поднесеме жалба – вели Митрова.

Директорот на АД ЕСМ “Подружница Енергетика”, Далибор Богдановски за весникот ВЕЧЕР изјави дека оваа година согласно мрежните правила водејќи се од надворешните температури, порано почнале со испорака на топлинска енергија кон своите потрошувачи, односно пред самиот старт на грејната сезона и продолжиле континуирано да испорачуваат топлинска енергија без никакви ограничувања.

– Ние како компанија АД ЕСМ ги почитуваме тие правила и секој наш потрошувач може да пријави кај нас во подружница “Енергетика” во службата за грижа на корисници која работи 24 часа за време на грејната сезона и на инфо мејл. Информациите се проследуваат до техничките служби кои, исто така, имаат 24-часовно дежурство и веднаш се излегува на терен каде е пријавен дефектот – вели Богдановски.

Тој објаснува дека во процесот на снабдување и дистрибуцијата на топлинска енергија има строго дефинирани мрежни правила за топлинска енергија објавени на страната на Регулаторна комисија.

– За цените на топлинската енергија од сите топлани одлучува Регулаторна комисија за енергетика. Одобрувањето на цената за топлинска енергија се врши согласно законските процедури во Регулаторна комисија за енергетика. Во присуство на сите заинтересирани страни истите одлуки се јавно објавени, навремено пред почеток на грејната сезона на официјалната страна на РКЕ и два дневни весници како и Службен весник – нагласува Богдановски.

Според него, АД ЕСМ Подружница “Енергетика” за било која заинтересирана странка стои на располагање да дојдат во нивните простории, за подетално објаснување околу производството, дистрибуцијата на топлинска енергија со претходна најава во службата за грижа на корисници или преку контакт-телефоните.

Подружницата „Енергетика“ е лоцирана во населба Железара. Проектирана е и изградена за да овозможи комплетно снабдување со електрична енергија, технолошка пареа и врела вода за греење на сите потрошувачи во состав на РЖС (Рудници и Железарница Скопје).

Завршена е со градба во 1967 година, кога и започнува со производство, а како тип на гориво употребува природен гас. Нејзините капацитети се состојат од парен котел со моќност од 96 МW, парна турбина со моќност од 12,5/15 МW и генератор со моќност од 75 МW.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/железарското-парно-млако-станарите-с/ - https://www.vecer.press/железарското-парно-млако-станарите-с/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Dec-2021 at 07:50
ЕКСКЛУЗИВНО: ПАРНОТО ЌЕ НЕ ИЗГОРИ - БЕГ бара поскапување од 300 отсто, како ќе пресече Регулаторна

Драматични вести доаѓаат за корисниците на парно греење во Скопје. Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава Фактор.

Во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика тие наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена, односно токму за 300 проценти, во однос на јули минатата година кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија.

Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека земјава нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична.

Официјално од Регулаторната комисија за енергетика велат дека колку точно ќе поскапи парното ќе се знае кога БЕГ ќе достават докази за тоа по која цена ќе го склучат договорот за набавка на гас за следниот период. Барањето на БЕГ сега им е вратено, а за зголемувањето ќе се одлучува кога ќе се достават бараните докази од страна на регулаторот.

Инаку, БЕГ има резервирано количини на гас само до крајот на годинава или нешто малку од почетокот на наредната година, а потоа ќе мора да набави нов количини кои ќе бидат по драстично повисоки цени.

Фактор ја праша РКЕ дали БЕГ има доставено барање за корекција на цената на парното и колку е бараното зголемување. Исто така, се интересиравме колкава била цената на гасот при носење на последната одлука, а колкава е сега.

„Балкан Енерџи ДООЕЛ достави барање за промена на одобрениот регулиран максимален приход за 2022 година, почнувајќи од први јануари 2022 година. Како основ за ова барање, БЕГ го посочува стрмниот пораст на цените на природниот гас на меѓународните пазари, кој е за повеќе од 300 отсто повисокод цената на природниот гас што РКЕ ја одобри во јули 2021 година“, потврдија од РКЕ за Фактор.

Од Регулаторната комисија велат дека ова барање ќе се анализира во моментот кога БЕГ ќе достави доказ, односно договор за набавка на природен гас, во кој ќе биде дефинирана цената на природниот гас, што за РКЕ ќе биде показател дали бараниот процент е соодветен.

Но, она што е многу извесно е дека парното сигурно значително ќе поскапи, што се потврдува и од фактот што РКЕ ќе им сугерира на општините каде што има граѓани кои користат парно - парично да им помагаат на тие граѓани.

„Со оглед на исклучително комплексната состојба на пазарот со енергенси, кога е во прашање цената на природниот гас кој во нашата држава единство доаѓа од увоз, а со самиот факт дека централното градско подрачје е корисник на топлинската енергија, РКЕ во процесот кога ќе стартува со анализа ќе ја информира Владата, Градот Скопје и општините на чие подрачје има корисници на топлинската енергија, за да ги разгледаат можностите за финансиска помош на домаќинствата кои користат парно. За ваша информација, во поголем дел од земјите во нашето опкружување и во Европа, цената на топлинската енергија се определува на локално ниво, на подрачјето каде има мрежа“, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Фактор ја праша и БЕГ колкаво барање за зголемување на цената на парното доставиле до РКЕ, на што тие ни доставија премногу општ и нејасен одговор.

„Согласно Правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија и системски услуги донесен од стана на Регулаторната комисија за енергетика, друштвата кои се носители на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска до РКЕ да достават податоци за трошоци за регулираниот период. Врз основа на тие податоци, Регулаторната комисија за енергетика ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи“, се вели во штуриот одговор кој го добивме од БЕГ.

Доколку оваа драматична најава навистина се реализира, и цената на парното навистина се зголеми за 300 отсто, тоа би значело дека една сметка која сега изнесува 1.500 денари, би се искачила на 6.000 денари. Тоа е ценовен шок кој нема да си го дозволат многу од граѓаните и ќе се префрлат на струја, што, пак, ќе го оптовари тој систем. Затоа мора да се најде решение овој ценовен шок за корисниците на парно да не биде толку стравичен, па ќе се бара од општините финансиски да помагаат, а секако во тоа нема да се изземе од одговорност ниту Владата, која ќе мора да најде начин како да не „изгорат“ од ценовниот удар на парното овие граѓани.

Министерот за економија Крешник Бектеши пред само две недели изјави дека не е сигурен дали парното ќе мора да поскапи бидејќи, како што рече, цената на топлинската енергија зависи од цената на рускиот гас. Според него, веќе се почнати преговори со руски „Гаспром“ од страна на „Макпетрол“ кој е главен увозник на природен гас.

„Имајќи предвид дека ние имаме само еден влез, еден интерконектор со Бугарија каде што главно количествата се обезбедени од страна на Гаспром и во Република Бугарија и сме зависни во делот на цената што ќе ја понуди компанијата“, рече Бектеши.

Тој додаде дека цената на парното греење зависи од цената на природниот гас.

„Тоа не е проблем само на С Македонија, тоа е голем проблем и на ЕУ заради политиките кои ги прави Русија преку Гаспром. За тоа, нашата цел како Влада е да направиме диверзификација во делот на снабдување со природен гас. На почетокот на наредната година ќе почне со изградба новиот интерконектор со Република Грција и на таков начин да ја зголемиме конкурентноста и во овој дел на енергијата во нашата држава што нема да придонесе позитивно само во нашата држава, туку и во регионот, бидејќи ќе имаме повеќе можности за снабдување со природен гас“, рече Бектеши.

ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена обвини дека ќе поскапи и парното поради неспособната на власта да се справи со енергетската криза и побара одговорност од власта за ваквата состојба.Од партијата наведоат дека покрај повисоки сметки за струја граѓаните сега ќе се соочат и со поскапо парно.Оттаму додаваат и дека сето ова е поради неправилното менаџирање со енергетскиот сектор, а тоа доведува земјата секој ден да тоне во подлабока криза.

Инаку, последната одлука на РКЕ во однос на цената на парното беше во јули годинва, кога се донесе одлука за намалување за 4 проценти.

Во главниот град на земјава, Скопје, околу една третина од домаќинствата, или околу 60 илјади домаќинства се приклучени на парно греење.

Инаку, цената на гасот урива рекорди и таа неодамна достигна 2.200 долари, но неколку дена се намалувала, така што вчера била на ниво од 1.800 долари за 1.000 кубни метри.

Се очекува дека овој страшен ценовен шок на гасот би можел да се стабилизира во март наредната година, но прашање е како ќе се издржи овој критичен период.

https://faktor.mk/ekskluzivno-parnoto-kje-ne-izgori---beg-bara-poskapuvanje-od-300-otsto-kako-kje-preseche-regulatorna - https://faktor.mk/ekskluzivno-parnoto-kje-ne-izgori---beg-bara-poskapuvanje-od-300-otsto-kako-kje-preseche-regulatorna


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Dec-2021 at 12:56
Наместо субвенции за инвертери и други глупости кои суштински горат јаглен и мазут (и ќе биде така уште 10-15 години), да се субвенционира приклучокот на градско парно и тој да биде задолжителен за сите новоизградени згради е многу попаметно.

Во моментов, исто така, да се субвенционираат трошоците на операторите за да стигаат поевтини сметки (за разлика од субвенционирањето на сметките за секој индивидуален потрошувач да не мора да се дрнка со бирократија). Сепак, мора да бидат наградени оние кои го избрале централното греење.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Dec-2021 at 11:51
Гаспром не дава доволно гас за С. Македонија: Скопјани можат да останат без парно греење од 1 јануари

Првиот ден од новата 2022 година за речиси 60 илјади скопјани може да биде многу студен. Корисниците на парно греење на компанијата БЕГ (Балкан Енерџи Груп) од 1 јануари можат да останат со студени грејни тела затоа што не е набавена потребната количина гас за следната година. Како што во моментот стојат работите, на помалку од 48 часа до истекот на годината, природен гас за потребите на корисниците во Скопје, не е набавен. Алтернативните опции се набавката да оди преку БЕГ, но оттаму потоа да им го наплаќаат парното греење на корисниците по далеку повисоки цени, или Владата да ја субвенционира набавката со најмалку 13 милиони евра и да нема покачување на цената. Од БЕГ најавија дека ќе одговорат на прашањата на ДВ на оваа тема во текот на денот. Од Владата велат дека преговорите се во тек.

Очекувањата биле дека „Макпетрол“ ќе ги набави потребните количини гас за следната година во договор со рускиот „Гаспром“, откако од БЕГ се пожалија дека немаат пари за набавка. Макпетрол во средата се пофали дека бил постигнат договор со рускиот енергетски гигант, и тоа по 30% пониска цена од берзанската, но притоа соопшти дека договорената квота не го опфаќа и БЕГ. Притоа, во изминатите години, набавката на гас за БЕГ одеше преку неговиот сопственик- АД ТЕ-ТО чија централа ја произведува топлинската енергија за Скопје и за поголемиот дел од државата, а фирмата се јавува и како трговец со гас.
Според последните информации, Макпетрол денеска повторно се вклучил во преговори со Гаспром за да се обезбедат дополнителни количини за потребите на БЕГ.

Кој ќе плати: корисниците или Владата?

Според информации на Дојче веле, од Гаспром, за следната 2022 година, требало да се обезбедат околу 400 милиони кубни метри гас, колку што се потребите на индустриските капацитети и домашните потрошувачи во Северна Македонија. Руската компанија, наводно, одобрила само 100 милиони кубни метри гас.

Речиси истовремено, во средата исто така беше обелоденето дека БЕГ испратил барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за зголемување на цената на градското парно за 300 проценти. Од РКЕ му возвратија на БЕГ со барање докази за цената по која компанијата планира да набавува природен гас. Според неофицијални проценки, на БЕГ му се потребни околу 38 милиони кубни метри гас за да „ги згрее“ скопјани во текот на зимската сезона. Но, паралелно со јавното барање за зголемување на цената на парното, според извори на ДВ, БЕГ од владата бара околу 13 милиони евра за набавка на гас. Доколку се прифати таквото барање, не би имало зголемување на цената.

Мазутот како излезно решение?

Од владата не ја коментираат оваа информација и велат дека до нив нема пристигнато такво барање од БЕГ.
„Деновиве веќе треба да се знае по која цена е обезбедена количината на гас потребна за државата за наредниот период. Преговорите сѐ уште не се завршени“, велат од владата, но дополнуваат дека доколку има потреба „ќе се преземат и вонредни мерки за заштита на економската стабилност на домаќинствата“. Сепак, од владата за ДВ тврдат дека тие не се страната која преговара со Гаспром за увоз на гас. Тоа веројатно го прави Макпетрол, но извесно е дека сметката на крајот ќе се плаќа од државниот буџет, затоа што на владата не и остануваат многу опции за надминување на сѐ поизгледната криза.

Доколку актуелниот енергетски ќорсокак не се реши набргу, проблемот ќе мора да се решава со увоз и користење на мазут за производство на топлинска енергија. Единствено излезно решение, во таа варијанта, е владата да прогласи нова енергетска кризна состојба и по итна постапка да увезе мазут. Дополнителниот проблем што може да произлезе од тоа решение е нивото на загадување кое овој енергенс ќе го предизвика во главниот град, затоа што, доколку еднаш започне производството на топлинска енергија со мазут, тој процес ќе трае до крајот на грејната сезона.

Зависност од рускиот гас

Северна Македонија е целосно зависна од рускиот гас кој доаѓа од Бугарија преку ткн. Трансбалкански гасовод. Компаниите ТЕ-ТО и БЕГ се во сопственост на руски бизнисмен преку фирми регистрирани на Кипар и Британските Девствени Острови. Во јуни 2019 година, Финансиската полиција отвори истрага за пријавување лажен стечај во ТЕ-ТО АД, како и за перење пари. Компанијата ги демантираше наводите на Финансиската полиција, а неколку месеци подоцна успеа да добие и државна помош од владата. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во декември 2019 година соопшти дека нема докази за перење пари и ја отфрли кривичната пријава во тој дел, за речиси една година подоцна да се отфрли и пријавата на Финансиската полиција за лажен стечај.

https://www.dw.com/mk/гаспром-не-дава-доволно-гас-за-с-македонија-скопјани-можат-да-останат-без-парно-греење-од-1-јануари/a - https://www.dw.com/mk/гаспром-не-дава-доволно-гас-за-с-македонија-скопјани-можат-да-останат-без-парно-греење-од-1-јануари/a


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Dec-2021 at 12:23
РКЕ: Парното во Скопје од 1 јануари поскапо за 14%

Од 1 јануари 2022 година парното во Скопје поскапува за 14% , соопшти првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски.

Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари ќе се зголеми за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство му е понудена цена од 1480 долари.

-Доколку ја вкалкулиравме ваквата цена на природниот гас во крајната цена за парното ќе требаше да има зголемување од околу 190 отсто, но тоа не е опција. Затоа се одлучивме да побараме помош од Владата, Град Скопје и скопските општини да помогнат да се надмине разликата во цената, рече Бислимовски.

Посочи дека вообичаено БЕГ давал по два милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да де 13,8 милиони евра. Разликата во цена, како што кажа, ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје.

Нагласи дека е набавен гас за ЕСМ Енергетика и за топланата Скопје Север, како и за првите 15 дена од работењето на БЕГ.

Како опција, која не ја препорачува од еколошки аспекти, сите топлани можат да се префрлат на работа на мазут за само неколку дена, а БЕГ како најголем снабдувач е должен да има резерви од мазут за 15-дневно работење.

https://kanal5.com.mk/rke-parnoto-vo-skopje-od-1-januari-poskapo-za-14/a510195 - https://kanal5.com.mk/rke-parnoto-vo-skopje-od-1-januari-poskapo-za-14/a510195


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jan-2022 at 17:51
Радијаторите ладни – граѓаните се греат под ќебе или на клима, а плаќаат парно и тоа поскапо!

Корисниците на БЕГ се жалат дека радијаторите пред и по Нова година им се млаки, а некои денови скроз ладни. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето или сосема го исклучуваат. Оваа грејна сезона смрзнуваат и дома се дозатоплуваат со ќебиња, греалки или клими. Од БЕГ за ваквата состојба со кус одговор. – За секоја рекламација во врска со испораката на топлина или недоволна испорака на топлина се постапува во најкус можен рок. Доколку се констатира температура пониска од 20 степени во внатрешните простории на објектите, нашите екипи веднаш интервенираат сè со цел во услови на енергетска криза и висока берзанска цена на природниот гас, на нашите потрошувачи да им гарантираме пропишано ниво на квалитет на нашата услуга, потенцираат од БЕГ

Корисниците на централното парно греење што им го испорачува „Балкан Енерџи“ се жалат дека радијаторите пред и по Нова година им се млаки, а некои денови скроз ладни. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето или сосема го исклучуваат. Оваа грејна сезона смрзнуваат и дома се дозатоплуваат со ќебиња, греалки или клими.

– Греењето е многу слабо, а плаќаме редовно цела година по околу 5 илјади денари. Поради тоа што ни е ладно, дополнително ја вклучуваме и климата за да се затоплиме, вели еден жител на зграда во центарот на Скопје во близина на хотел „Бристол“.

Ваков проблем со млаки радијатори имаат и станарите на зградите во Капиштец, Аеродром и Ново Лисиче. Посочуваат дека собите во становите им се ладни и внатрешната температура им е под 20 степени.

– Ладно е навечер, во дневна со ќебе, наутро исто ладно. Немам против кога има сонце на пладне, во ред, но на овие температури не може. Цела година плаќаме сметки и затоа не се во право самоволно да одлучуваат за тоа – констатира една жителка на Аеродром.

Дополнителното вклучување на греалка или клима за затоплување им е исто така трошок на овие жители со оглед дека струјата и парното поскапеа по Нова година. Реагираат до БЕГ да им пуштат посилно греење или, пак, да не ги плаќаат сметките и во краен случај да ги откажат договорите со компанијата.

ВЕЧЕР ги праша во БЕГ дали штедат во овој период со оглед дека цената на природниот гас отиде до плафон и дали имаат набавено доволни количини за да нема исклучувања или намалување на интензитетот на греење до крајот на грејната сезона?

– „Балкан Енерџи – Груп“, Регулаторната комисија за енергетика и Владата се максимално ангажирани за да се обезбеди континуирано загревање и топлинска енергија на потрошувачите приклучени на системот за централно греење до крајот на грејната сезона, кусо одговорија од БЕГ.

Оттаму велат дека за секоја рекламација во врска со испораката на топлина или недоволна испорака на топлина се постапува во најкус можен рок.

– Доколку се констатира температура пониска од 20 степени во внатрешните простории на објектите, нашите екипи веднаш интервенираат сè со цел во услови на енергетска криза и висока берзанска цена на природниот гас, на нашите потрошувачи да им гарантираме пропишано ниво на квалитет на нашата услуга – потенцираат од БЕГ.

Според одлуката на РКЕ, јануарските сметки за парно греење ќе бидат потешки за 14 отсто и тоа се однесува не само на корисниците на БЕГ, туку и на Елем Енергетика и Скопје Север.

Поскапувањето се должи на енормниот раст на цената на природен гас на светските берзи, енергенс кој го немаме во државата и зависни сме од увоз. Со ова поскапување цената се враќа на онаа од 2018 година.

https://www.vecer.press/радијаторите-ладни-граѓаните-се-гре/ - https://www.vecer.press/радијаторите-ладни-граѓаните-се-гре/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jan-2022 at 18:09
ИНФОГРАФИК Во сите делови на Скопје нема иста цена на парното, каде е најевтино?





Според објавените одлуки од страна на Регулаторната комисија за енергетика може да се види дека сите снабдувачи со централно греење не ги снабдуваат своите корисници по иста цена.

Регулаторната комисија за енергетика наведува дека за стандарден стан со грејна површина од 50 m2 , просечна годишна потрошувачка на топлинска енергија е 7.500 kWh и ангажирана моќност се пресметува за 6,25 kW . Според овој пример, пресметавме колку пари треба да платат граѓаните за парно греење во текот на една година, со актуелниве цени.

Како што може да се види од табелата најмалку ќе плататат корисниците на централното греење приклучени на ЕСМ Енергетика, а тоа се домаќинста од Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром, а најмногу од Скопје-Север.

Но, во Скопје-Север се уште постои и паушална наплата од 37,98 денари за квадратен метар на 12 месечни рати и 75,95 денари за квадратен метар за 6 месечни-рати.

https://www.slobodenpecat.mk/infografik-vo-site-delovi-na-skopje-nema-ista-cena-na-parnoto-kade-e-najevtino/ - https://www.slobodenpecat.mk/infografik-vo-site-delovi-na-skopje-nema-ista-cena-na-parnoto-kade-e-najevtino/


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Jan-2022 at 15:21
Жителите во Чаир и дел од Бутел останаа без парно

Повеќе од петстотини домови во населените места Скопје- Север, Топанско поле и Џон Кенеди останаа без парно греење во еден од најстудените денови во годината. Жителите велат дека не е прв пат да останат без парно греење, иако сметките редовно ги плаќаат а институциите не им даваат одговор зошто се исклучени. Според жителите, проблемот настанал поради неподмирени долгови на АД Топлификација Скопје- Север кон компанијата која треба да обезбеди природен гас за да може да има снабдување со парно.

„Од вчера немаме парно не можам да кажам точно во колку часот е прекинато, но јас тоа го увидов вечера вечерта, радијаторите беа ладни. Да ви кажам право ова не првпат што се случува, се случува речиси секоја година без никаква одговорност се прекинува снабдувањето со парно греење и никој не дава објаснување, многу чудно однесување на компаниите“, изјави Агим Лека- жител.

„Вчера пробавме да ги бараме од Топлификација нивниот број е исклучен воспоставивме контакт преку приватни телефони и ни рекоа дека најлоша варијанта е дека за празниците односно до понеделник или вторник нема да имаме парно . Ние сме колатерална штета тука, ние што плаќаме сметки редовно во јануари во најладниот месец да немаме греење дома да се снаоѓаме како во 19 век“, рече Горан Пендароски- жител.

Од АД Топлификација Скопје- Север неофицијално велат дека парното е стопирано поради ненаплатени долгови од Општина Чаир која сеуште има неподмирен долг за користење на парно за училиштата, и затоа тие неможат да платат за испорака на гас.

„Од АД Топлификација Скопје-Север не сакаа да одговорат пред камерите која е причината поради која жителите немаат парно греење. Оттаму неофицијално појаснуваат дека станува збор за долг кој се должи кон приватна компанија од која треба да се снабди гас.“
Од општина Чаир потврдија дека долгот кон АД Топлификација ќе го исплатат, но и да биде подмирен тоа нема да биде гаранција дека жителите ќе имаат парно бидејќи проблемот во самата Топлификација.

„Следната недела ќе се изврши исплата на дел од долгот. Но мора да нагласиме и да се плати целиот долг, доволно е само неколку дена да има парно бидејќи компанијата има проблем со покачувањето на цената на гас. Значи и општина Чаир не е главната причина зошто нема парно греење“, велат од Општина Чаир.

Низ годините неколку пати досега жителите на овие населби остануваат по неколку дена без парно греење. Последниот пат исклучувањето беше поради тоа што АД- Топлификацијација Скопје- Север не успеало да обезбеди гаранција за испорака на природен гас.

https://alsat.mk/mk/zhitelite-vo-chair-i-del-od-butel-ostanaa-bez-parno/ - https://alsat.mk/mk/zhitelite-vo-chair-i-del-od-butel-ostanaa-bez-parno/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Jan-2022 at 10:41
Во ек на зима Скопје север без греење – „Топлана“ не може да се справи со новата цена на природен гас

Веќе неколку дена оваа населба во Скопје Север нема парно греење. Во екот на зимата, на ниски температури, жителите од овој дел од градот останаа без греење. Агим Лека, вели дека не е фер што немаат греење, иако имаат склучено договор.


-Како што реков, се однесуваат како што им е ќеифот, не се казнуваат од никого, не поднесуваат сметка пред никого, а граѓаните остануваат без услугата која ја плаќаат за да биде квалитетна. И ова што се случува сега со покачувањето на цената на сред сезона не е во ред, бидејќи ние склучуваме договор со компанијата. Склучуваме договор по одредена цена, тие не ни ја кажуваат бидејќи во меѓувреме можат да се покачат цените… тогаш ќе мора да бараме алтернативни извори, вели Агим Лека граѓанин.

Граѓаните се обиделе да стапат во контакт со „Топлана Скопје Север“, но како што велат, телефонот им бил исклучен, па поради тоа биле принудени да се јават на приватни броеви за да добијат одговор.

:
-Се обидовме да контактираме со Топлана, но телефонот беше исклучен. Се јавивме на приватните броеви што ги имаме и ни рекоа дека најлошо е тоа што поради празниците нема да имаме греење до понеделник или вторник, велат граѓаните.

Од „Топлана Скопје Север“ ни рекоа дека проблемот е поголем отколку што изгледа. Објаснуваат дека побарале помош од надлежните органи поради недостигот на гас. Во одговорот што ни го испратија, пишува:


-Врз основа на договорот за снабдување со природен гас за 2022 година со Макпетрол Пром Гас имаме обврска авансно да ги плаќаме месечните планирани количества природен гас. Поради енормно зголемените цени на природниот гас друштвото претрпе ненадоместлива штета и не беше во можност да ги обезбеди потребните финансиски средства за природен гас. Од страна на Макпетрол Пром Гас на ден 05.01.2022 година во 10 часот направен е прекин во испораката на природен гас, а со тоа и прекин во испораката на топлинска енергија до корисниците.

Од “Топлана Скопје Север“ додаваат дека за да се надмине проблемот потребно е да се вклучат и надлежните институции за да се исплати заостанатиот дол за испорачаната топлинска енергија, со што истовремено би се обезбедила и дополнителна финансиска помош која би придонела за натамошното функционирање на Топланата.

https://mk.tv21.tv/vo-ek-na-zima-skopje-sever-bez-greene-toplana-ne-mozhe-da-se-spravi-so-novata-tsena-na-priroden-gas/ - https://mk.tv21.tv/vo-ek-na-zima-skopje-sever-bez-greene-toplana-ne-mozhe-da-se-spravi-so-novata-tsena-na-priroden-gas/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Jan-2022 at 13:51
Скопјани со ладни радијатори за Божиќ, се огласија и од БЕГ

Откако над 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве останаа без парно во сред зима, денеска скопјани и од други делови на градот реагираат дека се без парно греење или истото е многу слабо.

-БЕГ го исклучија целосно парното во Центар и Карпош, се жалат граѓани на социјалните мрежи.

-Нема парно и во Аеродром, празничка честика од државата, вели друг граѓанин .

-Дојде околу 9 и ова е едвај нешто што би можело да се нарече парно греење, коментира една скопјанка.

-Радијаторите пред и по Нова година беа млаки, а некои денови скроз ладни

Жителите револтирани велат редовно си ги плаќаат фактурите, а токму на Божиќ кога сите се дома, останале без парно греење.

Од операторот со мрежата за парно-греење БЕГ велат дека системот работи во оптимизиран режим кој треба да ги одржува домовите на граѓаните со приклучоци за топловодна енергија до 20 степени во нивната внатрешност.

„Системот за централно греење е целосно во функција и се испорацува топлинска енергија до потрошувачите Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран резим се со цел внатрешната температуре во домовите да се одржува на 20 степени“, информираат од БЕГ.

Од таму додаваат доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем, дека треба да пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

Инаку, регулаторна соопшти дека парното од овој месец поскапува за 14%.

https://skopjeinfo.mk/skopjani-so-ladni-radijatori-za-bozhikj-se-oglasija-i-od-beg? - https://skopjeinfo.mk/skopjani-so-ladni-radijatori-za-bozhikj-se-oglasija-i-od-beg?


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2022 at 10:45
БЕГ почнаа да го пуштаат парното се покасно наутро(околу 7) а го исклучуваат рано навечер околу 21 часот.
Со вакви ценовни шокови тешко ќе се справуваат особено во недостаток на енергенси.
И тоа при релативно топла зима(барем досега) но при константни пониски температури мислам дека би се случило големо оптоварување на трафостаниците бидејќи реално сите што се греат на парно догреваат со клими и греалки.


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2022 at 10:48
И Владата бара греење

Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти.

Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.

Граѓани на Скопје, пред се од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве со реакции до медимите се пожалија дека се без парно или греењето е многу слабо. Од Топланата Скопје Север потврдија дека не испорачуваат топлинска енергија и дека очекуваат од понеделник Општина Чаир да си го подмири долгот, за да може да купат гас.

Од БЕГ пак, и покрај реакциите на жители на скопски Центар се жалат дека и денеска останале без парно, сооопштија дека “во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени. доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем или имаат температура во домовите под 20 c, треба да пријават во центарот за грижа на потрошувачи.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.

https://nezavisen.mk/vladata-gi-povika-nadlezhnite-kompanii-i-lokalnite-vlasti-da-obezbedat-greenje-za-skopjani/ - https://nezavisen.mk/vladata-gi-povika-nadlezhnite-kompanii-i-lokalnite-vlasti-da-obezbedat-greenje-za-skopjani/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2022 at 17:42
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ГИ ПОВИКА СКОПЈАНИ ДА СЕ ЖАЛАТ ПРОТИВ КОМПАНИИТЕ ЗА ПАРНО АКО НЕМААТ ГРЕЕЊЕ

Потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија, можe да поднесат приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Во исто време, снабдувачот е должен да ја прилгоди температурата ако има поплаки од управител, односно од заедница на сопственици, и барање за повисока температура од минимум пропишаната .

„Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот. Дополнително, согласно член 10 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, управителот, односно заедницата на сопственици, поднесува писмено барање до снабдувачот за промена на режимот и нивото на испорака на топлинска енергија на мерното место. Снабдувачот е должен да постапи по барањето за температурниот режим на објектот кои што се доставено од страна на управителот, односно заедницата на сопственици. По поплаките до снабдувачите, мора екипи од снабдувачот да излезат на терен и да ја проверат фактичката состојба на терен. Потрошувачите не постојат за да ги финасираат снабдувачите, туку за да платат услуга која треба да им биде обезбедена“, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Регулаторната комисија за енергетика уште минатата година побара да се направат измени во Законот за енергетика со кои ќе се зголемат ингеренции и ќе се прецизираат надлежности во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи, ако поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

Вчера, Владата ги повика надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на жителите на Скопје, откако граѓани на Центар, Скопје Север и Топанско Поле, во медиуми и на социјалните мрежи се пожалија дека деновиве се без парно или греењето е многу слабо.

Регулаторната комисија за енергетика, минатата недела одлучи цената парното греење во Скопје од овој месец да се зголеми за 14 отсто.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/regulatorna-komisija-gi-povika-skopjani-da-se-zhalat-protiv-kompaniite-za-parno-ako-nemaat-greene/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/regulatorna-komisija-gi-povika-skopjani-da-se-zhalat-protiv-kompaniite-za-parno-ako-nemaat-greene/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2022 at 14:14
СЕ ОГЛАСИ БЕГ: Мора да штедиме на парното, гасот е четири пати поскап, ги користиме сите средства за набавка на ограничени количини

Откако скопјани речиси сите овие денови се жалат на недостиг од топлинска енергија или млаки радијатори несоодветни за овој период од годината, се огласија од БЕГ.

„Во врска со зачестените информации во медиумите во однос на квалитетот на централното греење, сакаме да истакнеме дека системот за централно греење со кој управува БЕГ е целосно во функција и испораката на топлинска енергија до потрошувачите е согласно Правилата за снабдување на топлинска енергија. Внатрешната температура кај потрошувачите се одржува на ниво од 20+1 оC и не се дозволува истата да падне под 20оC“, велат од компанијата во своето соопштение до јавноста.

Нагласуваат дека во периодот од 6-ти до 9-ти јануари 2022 во диспечерскиот центар на БЕГ Снабдување регистрирани се рекламации на потрошувачи од 204 објекти, од вкупно 2.700 објекти кои се приклучени на системот за централно греење со кој управува БЕГ. Во 39 објекти се констатирани технички неисправности во топлинските станици на објектите и истите се веднаш отстранети. Во останатите објекти од кои е рекламирано, извршено е мерење на внатрешната температура и констатирано е дека сите објекти имаат внатрешна температура еднаква или повисока од 20оC, односно испораката на топлина е во согласност со Правилата за снабдување. Само во еден објект измерена е внатрешна температура од 19,5 оC и во истиот е покачено нивото на испорака со цел да се постигнат пропишаните 20 оC.

„Ваквиот режим на испорака на топлинска енергија е оптимизиран, односно во споредба со претходниот период редуцирани се внатрешните температури на објектите кои претходно на барање на потрошувачите имаа повисоки температури од пропишаните. Во услови на енергетска криза и раст на цената на енергенсите, пазарната цена по која компанијата го купува приодниот гас е повеќе од 4 пати повисока од цената која е предвидена во тарифата. Групација БЕГ во моментов ги користи сите свои тековни средства за набавка на ограничени количини природен гас за неколку дневна испорака. Оттука произлезе неопходноста да се оптимизира режимот на испорака на топлинска енергија без притоа да се нарушат пропишаните критериуми, се со цел да се овозможи неопходното време надлежните институции да спроведат мерки за надминување на оваа енергетска криза, преку обезбедување на финансиски средства за набавка на природен гас и субвенционирање на домаќинствата приклучени на системот за централно греење.

Дополнително во услови на енергетска криза апелираме сите да ја штедиме енергијата и да не се троши повеќе од пропишаното согласно европските стандарди и домашната регулатива“, се вели во соопштението од БЕГ.

Претходно од Регулаторената комисија за енергетија објавија дека граѓаните имаат право да се жалат, а тие постапуваат по нивните жалби, како и дека ако граѓаните добиваат помалку енергија од пропишаното, сметките за парно треба да им бидат пониски.

https://faktor.mk/se-oglasi-beg-mora-da-shtedime-na-parnoto-gasot-e-chetiri-pati-poskap-gi-koristime-site-sredstva-za-nabavka-na-ogranicheni-kolichini - https://faktor.mk/se-oglasi-beg-mora-da-shtedime-na-parnoto-gasot-e-chetiri-pati-poskap-gi-koristime-site-sredstva-za-nabavka-na-ogranicheni-kolichini


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2022 at 14:15
ОБВРСКАТА ЗА ГРЕЕЊЕ СЀ УШТЕ Е НА БЕГ „Адора инженеринг“ не е вклучена во производството и испораката на топлина

Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје“ на никаков начин не е вклучена во оперирањето со производството и испораката на топлинска енергија во Скопје и нема никакво влијание и контрола врз нејзиниот квалитет.

„По реакциите на граѓаните за квалитетот при испораката на топлинска енергија во Скопје, сакаме да ја информираме јавноста дека ‘Адора инженеринг’ нема никакви ингеренции и улога во производството и испораката на топлинска енергија, а со тоа и во настанатата ситуација. Впрочем, иако ‘Адора инженеринг’ на јавна лицитација ги купи топланите Исток и Запад, во моментов лиценциран производител на топлинска енергија во главниот град е Производство на топлина – Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ)“, соопшти „Адора инженеринг“.

Оттаму додаваат дека Групацијата „БЕГ АД Скопје“ ги оперира и е одговорна за квалитетно производство и испорака на топлинска енергија во Скопје. Лиценцирани компании кои го снабдуваат градот со топлинска енергија се компаниите од групацијата „БЕГ АД Скопје“, која е единствен правен субјект кој го менаџира производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија во главниот град.

„Сакаме да потенцираме дека во овој момент, ‘Адора инженеринг’ и БЕГ немаат воспоставено никаков партнерски однос. ‘Адора инженеринг’ во септември 2021 година ги купи од ‘Топлификација АД во стечај’“, топланите Исток и Запад и основните средства за производство на топлинска енергија. До денешен ден, овие основни средства не се предадени на ‘Адора инженеринг’ и со нив управува ‘Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ’, фирма ќерка на групација БЕГ АД Скопје“, соопшти „Адора инженеринг“.

Од компанијата додаваат дека до овој момент БЕГ нема партнерски однос за топланите со „Адора инженеринг“, иако законот е дециден дека купувањето на имот во стечај наметнува нови партнерски договори со новиот сопственик, „Адора инженеринг“.

Производството на топлинска енергија е регулирана дејност за јавно добро на граѓаните, каде што еден од основните услови за добивање лиценца за производство на топлинска енергија е да си сопственик на топланите и основните средства за производство на топлинска енергија или да имаш договор за нивен закуп.

„Адора инженеринг“ од институциите на државата очекува правна заштита во насока на разрешување на моменталните и идни партнерски односи со корисникот на топланите и компетентните институции на државата, под чија надлежност е оваа регулирана дејност, при тоа почитувајќи ги сите законски прописи со што ќе се овозможи заштита на вложениот домашен капитал, зачувување на јавниот интерес и подобрување на условите кон корисниците.

„Адора инженеринг“ се надева дека настанатата ситуација ќе има благовремена разрешница, а сè во интерес на јавното добро и на граѓаните.

https://plusinfo.mk/obvrskata-za-gree-e-s-ushte-e-na-beg-adora-inzhenering-ne-e-vkluchena-vo-proizvodstvoto-i-isporakata-na-toplina/ - https://plusinfo.mk/obvrskata-za-gree-e-s-ushte-e-na-beg-adora-inzhenering-ne-e-vkluchena-vo-proizvodstvoto-i-isporakata-na-toplina/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2022 at 16:25
КУПИ ДЕН, ПОМИНИ Радијаторите ќе останат млаки, гас се купува само за неколку дена

Не стивнуваат реакциите на граѓаните дека имаат проблем со снабдувањето со топлина, млаки радијатори, а топлина добиваат 1 час подоцна од предвиденото со правилникот на Регулаторната комисија за енергетика. Компаниите снабдувачи тврдат дека испорачуваат топлинска енергија според правилата, а детектираните дефекти ги отстрануваат навреме. Моментално обезбедуваат природен гас за дневните потреби и очекуваат субвенции од владата. Регулаторната комисија, пак, ги повика граѓаните да го искористат правото на жалба до компаниите. Експерти и добри познавачи на проблематиката велат дека поради необезбедените количини на гас за цела сезона и монополската положба во дејноста, радијаторите сѐ почесто ќе остануваат млаки, а граѓаните незадоволни иако ќе плаќаат повисоки сметки. И опозицијата ја повика владата да не калкулира и да ги обезбеди потребните количини гас за нормално греење во Скопје, а ако не е способна тоа да го направи, да распише брзи избори.

– Од Нова година радијаторите се млаки. Мораме да вклучуваме греалки на струја. Сега покрај високата сметка за БЕГ ќе плаќаме уште повеќе за струја. Вака е сега кога е потопло, а како ќе биде, ако температурата оди многу степени под нулата? – прашува скопјанка од Карпош.

Граѓанин од Чаир, пак, вели дека во екот на грејна сезона ќе мора да купува инвертер, зашто парното не работи.

– Изѕемнавме, а имаме и мали деца. Парно плаќаме цела година, а кога ни е потребно го нема. Велат не плаќале за парното на Скопје север и затоа немале пари да купат гас. Па и општината не плаќала. Што да правиме сега ние кои редовно плаќаме, а немаме топлина? Што прават тие во Скопје север, дали работат нешто? Ние треба да им ја подобриме наплатата или тие имаат законски механизми и не ги користат. Па после се чудат зошто се откажува парното и се купуваат инвертери во овој дел од Скопје – вели тој.

Маријан Ненов од невладината „Но пасаран“ вели дека скопјани најверојатно нема да имаат топли радијатори во целата грејна сезона, но нивните сметки ќе бидат повисоки за 14 отсто.

– Компаниите снабдувачи со топлинска енергија ја почнаа грејната сезона без да обезбедат доволно количини гас, а месечните набавки тешко дека ќе можат да ги реализираат со оглед на случувањата со овој енергенс во Европа. Во меѓувреме, сѐ почести ќе ги оставаат млаки радијаторите за да добиваат време, а граѓаните ќе бидат незадоволни. Сѐ додека во снабдувањето со топлина имаме монопол кој управува и со цената на испорачаната топлина и со џебовите на граѓаните во Скопје ќе имаме секоја сезона ваква состојба – вели тој.

Решението на проблемот, според него, е во враќањето на парното кај граѓаните, односно во Град Скопје.

– Решение има, а тоа е да се предаде парното на Град Скопје како што планираше претходниот градоначалник, но притоа ќе треба да им се застане на пат на одредени олигарси кои го кочат процесот и се борат за сопствените профити. Веќе е формирано јавно претпријатие ГЕС кое треба да се стави во функција, а државата да му ја предаде на управување мрежата на Градот и да го реши проблемот со нејзина легализација. Моменталниот проблем немаше да го има ако снабдувачите навреме обезбедија природен гас и потребните резерви на мазут кои им се пропишани со правилата за снабдување со топлинска енергија – вели Ненов.

Според него, граѓаните во случаите кога се незадоволни од греењето имаат опција да се жалат кај компаниите првостепено, потоа кај Регулаторната комисија за енергетика и да тужат.

– Секако оние кои ќе се одлучат да тужат ќе треба да бидат поупорни и да го искористат патот по кој одеа исклучените од парно и одлуката од Судот за човекови права во Стразбур. Инаку, тешко дека Регулаторна ќе одлучи во нивна корист бидејќи веќе се познати врските на регулаторите со сопствениците на компаниите кои испорачуваат топлинска енергија – вели Ненов.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека за редовно снабдување со парно треба да се активираат и државата и општините. Државата да ги помогне компаниите да купат гас, а општините да ги помогнат граѓаните и сето тоа за да се надмине разликата во цената.

– БЕГ давал по 2 милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да даде 13,8 милиони евра. Разликата во цената ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје – изјави првиот регулатор Марко Бислимовски на прес-конференцијата на која ја кажа новата цена на парното во Скопје.

Од компаниите снабдувачи со топлинска енергија велат дека имаат проблеми со снабдувањето со гас за цела сезона бидејќи цената на гасот на светските берзи е висока.

Од БЕГ која има најголем број корисници на топлинска енергија велат дека момент

– Во услови на енергетска криза и раст на цената на енергенсите, пазарната цена по која компанијата го купува природниот гас е повеќе од 4 пати повисока од цената која е предвидена во тарифата. Групација БЕГ во моментов ги користи сите свои тековни средства за набавка на ограничени количини природен гас за неколкудневна испорака. Оттука произлезе неопходноста да се оптимизира режимот на испорака на топлинска енергија без притоа да се нарушат пропишаните критериуми, сѐ со цел да се овозможи неопходното време надлежните институции да спроведат мерки за надминување на оваа енергетска криза, преку обезбедување финансиски средства за набавка на природен гас и субвенционирање на домаќинствата приклучени на системот за централно греење – велат од БЕГ.

Од Скопје север не ја споделуваат информацијата за обезбедените количини гас за сезоната, а од ЕСМ Енергетика информираа дека навреме се обезбедени потребните количини гас за сезоната.

И опозицијата денеска ја повика владата да не тактизира и да обезбеди потребни количини гас за нормално греење во Скопје и ако не е способна да распише брзи избори.

За проблемите со ладните радијатори, од Регулаторната комисија за енергетика ги поучуваат граѓаните да се жалат во компаниите, а потоа и кај неа. Досега до РКЕ се пристигнати 50 индивидуални приговори во однос на квалитетот на испораката на топлинска енергија од страна на потрошувачи на БЕГ.

– Според правилникот за снабдување со топлинска енергија прва инстанца каде што потрошувачите треба да поднесат приговор доколку не се задоволни од услугата се снабдувачите од каде што екипи мора да излезат на терен и да спроведат мерење, по што се должни да изготват писмен извештај за фактичката состојба и да го достават до потрошувачот, согласно роковите од Правилникот. Доколку потрошувачот не е задоволен од одговорот, во втора инстанца тој може да поднесе приговор до РКЕ. РКЕ има оформено комисија која работи на решавање на приговори на потрошувачите. Поради енергетската криза РКЕ веднаш ги става во процедура поплаките кои се доставени до Комисијата и во прва фаза со ургенција бара од БЕГ да излезе на терен и да изврши мерење на фактичката состојба по што бара извештај како постапиле во однос на пријавениот проблем – рекламација од потрошувачот – велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Оттаму информираат дека во порамнетите сметки снабдувачот е должен да ја фактурира само потрошената енергија, по пропишаниот квалитет на услуга од правилата за снабдување со топлинска енергија.

– Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 2о степени Целизиусови. Снабдувачите мора да наплаќаат само за она што испорачале што значи дека порамнетите сметки треба да се помали – велат од РКЕ.

Од БЕГ, пак, велат дека системот за централно греење со кој управува БЕГ е целосно во функција и испораката на топлинска енергија до потрошувачите е согласно правилата за снабдување.

– Во периодот од 6 до 9 јануари 2022 во диспечерскиот центар на БЕГ Снабдување регистрирани се рекламации на потрошувачи од 204 објекти, од вкупно 2700 објекти кои се приклучени на системот за централно греење со кој управува БЕГ. Во 39 објекти се констатирани технички неисправности во топлинските станици на објектите и тие се веднаш отстранети. Во останатите објекти од кои е рекламирано, извршено е мерење на внатрешната температура и констатирано е дека сите објекти имаат внатрешна температура еднаква или повисока од 20оC, односно испораката на топлина е во согласност со правилата за снабдување. Само во еден објект измерена е внатрешна температура од 19,5оC и во него е покачено нивото на испорака со цел да се постигнат пропишаните 20оC – појаснуваат од БЕГ.

Оттаму додаваат дека ваквиот режим на испорака на топлинска енергија е оптимизиран, односно во споредба со претходниот период намалени се внатрешните температури на објектите кои претходно на барање на потрошувачите имаа повисоки температури од пропишаните.

Според членот 47 од правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулативната комисија за енергетика и водни услови, во текот на грејната сезона снабдувачот има обврска да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 6.00 до 22.00 часот во текот на денот при потполно отворени радијаторски вентили. Притоа, снабдувачот го гарантира договорениот квалитет за испорака на топлинска енергија единствено во објекти во кои внатрешната грејна инсталација е технички и функционална исправна и во кои не е нарушен енергетскиот биланс.

Во правилата се регулирани и условите кога може на дневно ниво да се прекине парното, а тоа да не е поради дефект или „виша сила“.

„Снабдувачот во текот на грејната сезона при високи надворешни температури на воздухот, може да ја прекине испораката на топлинска енергија во времето од 6.00 до 22.00 часот, но притоа е должен да обезбеди температура од 20+1ºС во внатрешните простории на потрошувачот“, стои во истиот член.

Во Правилникот се уредува и прашањето на греење при екстремно ниски температури.

„При ниски надворешни температури на воздухот снабдувачот може да го продолжи периодот на греење со цел заштита на енергетските објекти на системот за далечинско греење и постигнување на пропишаната температура во внатрешните простории, а притоа рационално да се однесува кон потрошувачката на енергијата“, се вели во правилата за снабдување со топлинска енергија.

https://plusinfo.mk/kupi-den-pomini-radi-atorite-e-ostanat-mlaki-gas-se-kupuva-samo-za-nekolku-dena/ - https://plusinfo.mk/kupi-den-pomini-radi-atorite-e-ostanat-mlaki-gas-se-kupuva-samo-za-nekolku-dena/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 10-Jan-2022 at 21:36
Што е со овие БЕГ проблемот? Не се кредитоспособни па да купат поголеми количини? Што е тешко па државата да гарантира за нив кога и така имаат стабилни очекувани приходи.


– БЕГ давал по 2 милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да даде 13,8 милиони евра. Разликата во цената ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје – изјави првиот регулатор Марко Бислимовски на прес-конференцијата на која ја кажа новата цена на парното во Скопје.

Аха, нема проблем значи, нема што операторите да бараат поефтини енергенси кога немаат мотив, разликата на крај ќе се покрие од држава и граѓани.


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jan-2022 at 13:32
Ганиу: Плативме дел од долгот, греење ќе имаме за два дена

Општина Чаир вчера платила два милиона од вкупниот долг кој изнесува девет милиони евра, по што добиле одговор дека ќе имаат парно греење за само два дена.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и потпретседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа на денешната прес-конференција информираше дека Општина Чаир имала долг од девет милиони евра, при што усно се договориле со институциите кон кои должат, неделно да исплаќаат по 700.000 денари.

– Правиме напори да ги добиеме средствата од фирмите што имаат долг, со цел да го исплатиме целиот долг. Минатата година плативме околу 500.000 денари за електрична енергија, а сега сметката е 1,4 милион денари, и покрај тоа што воведовме рестрикции и намалено трошење на осветлувањето, рече Ганиу.

Тој додаде дека проблемот настанува и поради тоа што над 70 проценти од домаќинствата од Бутел и Чаир во последните неколку години не ги користат услугите на Топлификација, но смета дека мора да се направат измени со кои училиштата нема да треба да плаќаат индустриска струја, бидејќи како што вели самиот, тие не произведуваат ништо, а од друга страна поради високите сметки за струја, се во опасност да останат со ладни радијатори.

https://www.slobodenpecat.mk/ganiu-plativme-del-od-dolgot-greenje-kje-imame-za-dva-dena/ - https://www.slobodenpecat.mk/ganiu-plativme-del-od-dolgot-greenje-kje-imame-za-dva-dena/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jan-2022 at 17:53
И КОГА ЌЕ ГО ПЛАТИМЕ ДОЛГОТ „ТОПЛАНА СЕВЕР“ ПАК ЌЕ НЕМА ПАРИ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ВО ЧАИР И БУТЕЛ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ

Долгот на Општина Чаир кон „Топлана Север“ не е причина зошто веќе неколку дена не се испорачува топлинска енергија и жителите на Чаир и Бутел во Скопје останаа без парно греење, вели градоначалникот Висар Ганиу. Тој вели дека Општината има долг од 9 милиони денари кој било договорено да се плаќа на рати, односно по 700.000 денари секоја недела. Но и покрај тоа, компанијата не испорачува топлинска енергија ниту на градинките и училиштатата.

„Три училишта и една градинка се приклучени на парно греење. Градинката ‘Снежана‘ нема греење, а сите сметки се подмирени. Тоа е спротивно на Законот за енергетика. Ние вчера плативме 2 милиони денари и правиме напори да го подмириме целиот долг. Но, и тогаш Топланата ќе има пари да купи гас само за неколку дена. Ни почнува учебната година наскоро и навистина не знам како ќе се реши овој проблем“, рече градоначалникот Ганиу на денешната прес-коференција на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Проблем со парното греење имаат и корисниците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), кои по Нова година се жалат дека радијаторите им се млаки односно не се испорачува топлинска енергија во текот на целиот ден.

Градоначалничката Данела Арсовска вели дека Град Скопје не може ништо да направи, бидејќи БЕГ има добиено лиценца од Владата и е во тешка финансиска состојба со оглед на наследените долгови и енергетската криза.

„Би сакала да ја прокоментирам и изјавата на новиот мандатар дека Владата нема да дозволи Скопје да остане без парно. Би ја поздравила оваа изјава на мандатарот и сакам да го посетам дека обврската за ова е на Владата, дека БЕГ има добиено концесија од Владата, а не од Градот и секако тоа е обврска и одговорност на Владата. Воедно се доцни веќе пет месеци за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата. Несериозно е префрлање на одговорноста на институции што немаат ниту средства, ниту одговорност за хаосот настанат во енергетиката. Оваа Влада има, исто така, обврска кон општините и граѓаните, особено бидејќи тие се оставени без средства и задолжени се до максимум“, рече Арсовска.

ЗЕЛС денеска побара помош од Владата поради зголемените сметки за струја како резултат на енергетската криза.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/i-koga-ke-go-platime-dolgot-toplana-sever-pak-ke-nema-pari-za-parno-greene-vo-chair-i-butel-veli-gradonachalnikot-ganiu/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/i-koga-ke-go-platime-dolgot-toplana-sever-pak-ke-nema-pari-za-parno-greene-vo-chair-i-butel-veli-gradonachalnikot-ganiu/


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Jan-2022 at 18:10
Јас мислам дека на рај ова ќе заврши со превземање на БЕГ од ЕЛЕМ-Енергетика. Постоечко претпријатие под државна капа, и на крај тоа ќе излезе. Не е работата дали јас или било кој сака така, или па дека така треба, ама мислам дека тоа ќе биде исходот, вака едно предвидување на темата.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 11-Jan-2022 at 21:38
Па така и треба да биде, јас не сфаќам како државата се нуди да покрива 80% од трошоци за нешто, а профитот ќе си го земе приватна компанија. За тие 80% треба државата да добие нешто, а не вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jan-2022 at 16:31
СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ ПАРНО? БЕГ не одговори на предлозите на владата

Неизвесно е што ќе се случува со парното во Скопје. Дали БЕГ како најголем снабдувач со топлинска енергија ќе остане без лиценца и кој ќе продолжи да ги снабдува скопјани со топлина, треба да одлучи Владата. Според последните информации Владата не добила одговор од БЕГ за предлогот за покривање на разликата од утврдената регулирана цена до реалната цена на чинење на топлинската енергија која ја испорачува. Нема одговор и на предлогот за обезбедување кредит на компанијата за подобрување на ликвидноста за да се справи со високите цени на гасот.

За проблемот, како што вчера најави, министерот за економија Крешни Бектеши ќе се расправа на денешната седница на владата и ќе се донесат соодветни решенија кои предвидуваат и одземање на лиценцата на БЕГ и препорака ТЕ-ТО да работи и за викенди за да обезбеди топлинска енергија за потребите на БЕГ.

Тој рече и дека владата е подготвена да покрие 100 отсто од разликата во моменталната и реалната цена на парното. На проблемот, како што рече работела посебна работна група која денеска пред владата треба да понуди решенија.

Трошокот за набавка на природен гас во јануари 2022 година во однос на јануари 2021 година е зголемен за 9 милиони евра.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски рече дека со предлогот за покривање на парите од разликата на актуелната и реалната цена се решава проблемот со набавка на гас.

-По повиците на РКЕ, а во координација со Владата, најдено е решение за сигурна и стабилна испорака на топлинска енергија. Во неколку наврати кажав дека сите страни мора да се солидаризираат и секој да помогне во рамките на својата надлежност. Граѓаните не можат и нема да го понесат товарот од енергетската криза – рече Бислимоски.

Од владата за Плусинфо изјавија дека економскиот тим е во постојана координација за да се донесат одлуки за ублажување на енергетската криза и непречено снабдување со електрична енергија и парно греење за граѓаните, а се разгледуваат и сите можни механизми за помош на компаниите за да се заврши грејната сезона без поголеми потреси.

Владата, дополнително ќе излезе во пресрет и ќе помага со механизмите кои и се на располагање со најмали можни последици да се преброди енергетската криза. Министерството за финансии обезбеди финансиски средства за БЕГ со кои може да набави гас. Парите се од Развојната банка во форма на поволен кредит од 8 милиони евра. Тие се понудени на компанијата, меѓутоа за кредитот БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција според пазарни банкарски услуги. Дополнително, Владата помага за подобрување на ликвидноста на БЕГ производство со тоа што сите јавни и државни институции плаќаат пазарна цена за топлинска енергија. И за Топлана Скопје север, Владата прави заложби да се помогне во обезбедување на гас за производство на топлинска енергија за корисниците на топловодната мрежа. – велат од Владата.

Оттаму не ја исклучуваат можноста и за привремено одземање на лиценците на компаниите кои произведуваат и дистрибуираат топлинска енергија.

-Доколку компаниите не ги прифатат предлозите, тогаш се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје којшто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје – велат од Владата.

Предлог до владата како да се реши проблемот со парното имаше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во пост на Фејсбук тој констатира дека меѓу другото проблемот на ладните радијатори на скопјани за време на викенд е во тоа што ТЕ-ТО си склучил договор за јануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навечер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ.

– Како да се надмине сето ова, да има топли радијатори и да има струја? Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200 мегавати, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакумулациите, ШТЕДЕТЕ, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави) – вели во постот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Маријан Ненов од невладината „Но пасаран“ пак вели дека е крајно време владата да го врати парното на скопјани и да го активира претпријатието ГЕС кое што го формира за тоа.

– Решение има, а тоа е да се предаде парното на Град Скопје како што планираше претходниот градоначалник, но притоа ќе треба да им се застане на пат на одредени олигарси кои го кочат процесот и се борат за сопствените профити. Веќе е формирано јавно претпријатие ГЕС кое треба да се стави во функција, а државата да му ја предаде на управување мрежата на Градот и да го реши проблемот со нејзина легализација. Моменталниот проблем немаше да го има ако снабдувачите навреме обезбедија природен гас и потребните резерви на мазут кои им се пропишани со правилата за снабдување со топлинска енергија – вели Ненов.

Сепак, останува владата да реши како ќе го приведе при крај овој проблем, а како ќе го реши ќе стане јасно по седницата на владата која е во тек.

https://plusinfo.mk/skop-ani-ostanaa-bez-parno-beg-ne-odgovori-na-predlozite-na-vladata/ - https://plusinfo.mk/skop-ani-ostanaa-bez-parno-beg-ne-odgovori-na-predlozite-na-vladata/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jan-2022 at 16:33
ЦЕНТРАЛАТА ТЕ-ТО ЌЕ РАБОТИ 7 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ КОЛИЧИНИ СТРУЈА И ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ПАРНОТО

Централата за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје ќе работи седум дена во неделата за да се обезбедат дополнителни количини струја и топлинска енергија. Ова е одлучено на денешната владина седница како мерка за обезбедување на дополнителни количини на струја во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

„Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 5 часот наутро до еден часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) со сопствени средства“, велат од Владата.

Одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до 31 јануари.

Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија. Со тоа, како што велат од Владата, ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/tsentralata-te-to-ke-raboti-7-dena-vo-nedelata-za-da-se-obezbedat-dopolnitelni-kolichini-struja-i-da-se-reshi-problemot-so-parnoto/ - https://sdk.mk/index.php/makedonija/tsentralata-te-to-ke-raboti-7-dena-vo-nedelata-za-da-se-obezbedat-dopolnitelni-kolichini-struja-i-da-se-reshi-problemot-so-parnoto/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jan-2022 at 08:41
БЕГ БАРА ВЛАДАТА ВРЕМЕНО ДА УПРАВУВА СО КОМПАНИЈАТА Имаме пари за гас само до утре

Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје има пари за набавка на гас до крајот на утрешниот ден, велат од компанијата за производство на топлинска енергија, со предлог Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од утре, па се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

Соопштението го објавуваме интегрално:

„Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (ПТБЕ) во тековната грејна сезона при тешка енергетска криза успешно се справуваше со предизвикот да обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа и корисниците на системот за централно греење.

Во четвртиот квартал во 2021 година и покрај големиот раст на цената на природниот гас на слободниот пазар, компанијата успеа да ги амортизира пазарните ризици и обезбеди растот на цените на гасот на берзите да не со одрази врз цената на топлината која се испорачува на корисниците. На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза.

Сепак енергетската криза продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите која директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата. Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната комисија за енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци.

Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, се уште не е најдено решение за овој горлив проблем.

Во меѓувреме од почетокот на грејната сезона ПТБЕ самостојно од своите ограничени тековни средства и приливи ја финансира набавката на природниот гас. Цената на гасот за месец јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природена гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден.

Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топлина.

За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја преземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона“, соопшти Производство на топлина – Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

https://plusinfo.mk/alarmantna-informaci-a-od-beg-imame-pari-za-nabavka-na-gas-samo-do-utre/ - https://plusinfo.mk/alarmantna-informaci-a-od-beg-imame-pari-za-nabavka-na-gas-samo-do-utre/


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jan-2022 at 16:22
СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ПАРНО, ЕСМ ЌЕ УПРАВУВА СО БЕГ ДОДЕКА ТРАЕ КРИЗАТА, РЕКОА ОД ВЛАДАТА, ЛИЦЕНЦАТА НА КОМПАНИЈАТА НЕМА ДА СЕ ОДЗЕМЕ

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе управува со „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) додека трае енергетската криза. Нема да ѝ биде одземена лиценцата на БЕГ и покрај најавите од Регулаторната комисија за енергетика. Од БЕГво четвртокот рекоа дека од 15 јануари нема да може да испорачуваат топлинска енергија, односно Скопје нема да има парно.

На денешната прес-конференција на вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторна комисија Марко Бислимоски беше кажано дека Владата донела одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

„Граѓаните ќе имаат парно греење. Донесена е Уредба со која се овозможува Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ денес потпиша Договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период“, рече министерот Бектеши.

Директорот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски кажа дека ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ за да има непрекината испорака на топлинска енергија на сите граѓани во Скопје.

„Во овој период преку ЕСМ на некој начин ќе се внесе еден вид принудна управа на БЕГ. До завршивање на грејната сезона цел бизнис ќе биде под целосно управување на ЕСМ“, кажа Бислимоски.

Министерите не одговорија конкретно на новинарските прашања зошто не им е одземена лиценцата на БЕГ иако вчера велеа дека не може државата да управува во криза со претпријатието, а потоа тие во мај да се вратат како ‘принцеви на бели коњи‘.

Директорот на БЕГ Димитар Кочовски кажа дека од утре скопјани ќе имаат парно, односно ќе испорачуваат топлинска енерегија затоа што е договорено ТЕ-ТО на одложено плаќање да им дава гас до обезбедување на ликвидност и до потпишување на договорот за деловно-техничка соработка меѓу нив и ЕСМ.

На новинарско прашање зошто ситуацијата не се реши побрзо и што се смени сега за да се постигне договор со БЕГ, вицепремеирот Фатмир Битиќи кажа дека другите страни во целиов процес станале поразумни.

„Се случи разговор на две страни кои се обидоа да станат поразумни. БЕГ и ТЕ-ТО ги најдоа сите можни начини како да бидат соработливи. Само во разговор може да се најде решение“, кажа Битиќи.

Мандатарот на новата Влада Димитар Ковачеевски за постигнатото решение околу снабдувањето со топлинска енергија на својот фејсбук профил напиша „Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно.“.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/skopje-ke-ima-parno-esm-ke-upravuva-so-beg-dodeka-trae-krizata-rekoa-od-vladata-litsentsata-na-kompanijata-nema-da-se-odzeme/ - https://sdk.mk/index.php/makedonija/skopje-ke-ima-parno-esm-ke-upravuva-so-beg-dodeka-trae-krizata-rekoa-od-vladata-litsentsata-na-kompanijata-nema-da-se-odzeme/


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jan-2022 at 18:08
ВРЕМЕТО НА ИСПОРАКА НА ПАРНО МОЖЕ ДА СЕ НАМАЛУВА И ЗА ДВА ЧАСА, А ЗАГРЕВАЊЕТО НА ОБЈЕКТИ И ЗА 30 ОТСТО - што предвидува Уредбата за кризна состојба во снабдувањето

Редукција на снабдувањето со парно, и во часовите, и во обемот. Ова е одредено со Уредбата за кризна состојба во врска со парното, или, како што се нарекува со целосното име Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија во кризна состојба, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на дејности на пазарот на топлинска енергија.

Оваа Уредба, како што стои на самиот документ, стапила на сила од 15 јануари.

Ова се случува во време кога се планира управувањето со БЕГ и Топлана Скопје Север од петок неделава да се најде во рацете на ЕСМ, се до крајот на грејната сезона. Тоа, пак, доаѓа по владината одлука со цел да се реши проблемот со парното затоплување во главниот град, а скопјани според најавите на Владата, ќе треба да добиваат дополнителни три часа греење.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, завчера изјави дека преку ЕСМ ќе се стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не се вклучија Градот Скопје и општините.

„Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа е донесена одлука да се преземе од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, и ќе излеземе во пресрет на граѓаните, преку ЕСМ,а не преку БЕГ. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците“, изјави Бектеши.

Фактор постави прашања и до ЕСМ, и до кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, колку ќе ја чини државата управувањето на ЕСМ со БЕГ, но се до подготовката на овој текст таков одговор не добивме.

Инаку, во Уредбата е наведено дека правата и обврските на носителите на лиценци се одредуваат согласно со Законот за управување со кризи.

Во време на кризната состојба можат да се преземат неколку мерки, а дел од нив се помала испорака на топлинска енергија.

Првиот степен е намалување на времето на испорака на топлинска енергија на потрошувачите за два часа дневно. Потоа, вториот степен е намалување на испорачаната топлинска енергија на деловни објекти и органи на државната и локалната власт за 30 отсто во однос на потребната топлинска енергија.

Инаку, како критериуми врз основа на кои се прогласува кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија се наведени состојбата на производствените и дистрибутивните капацитети на системот за топлинска енергија во земјава, расположливите количини на топлинска енергија од домашно производство во однос на планираните потреби и прогнозите на потрошувачка на топлинска енергија, како и нарушувањето на пазарите на енергија.

Како услови за прогласување на кризна состојба се наведени целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси за производство на топлинска енергија или неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија, како инепредвиден значителен пораст на цената на енергенсите за производство на топлинска енергија за одреден временски период.

Во Уредбата се предвидува и дека постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во земјава, ќе го прави Комисија формирана од министерот надлежен за работите од областа на енергетиката, составена од осум члена и тоа по еден претставник од редот на високи раководни функции во Министерството, потоа Регулаторната комисија за енергетика, еден преставник од ЗЕЛС и пет претставници од носителите на лиценци на пазарот на топлинска енергија.

Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години. Со работата на Комисијата раководи претседател кој е од редот на нејзините членови и се назначува од страна на министерот. Комисијата врз основа на доставените анализи врши проценка на состојбите со снабдувањето со топлинска енергија во земјава, изготвува и доставува до министерот информација со проценка на ризик од настанување на кризна состојба во снабдувањето, ја следи состојбата со погонската подготвеност на системите за производство и дистрибуција на топлинска енергија и му предлага на министерот преземање на мерки за обезбедување на сигурноста во снабдувањето со топлинска енергија, ја следи состојбата на пазарот на топлинска енергија и во соработка со носителите на лиценци му предлага на министерот преземање на мерки за ублажување на нарушувањата на пазарот на топлинска енергија, а и ги разгледува плановите за постапување во кризна состојба изготвени од операторите на дистрибутивните системи кои се доставуваат до Министерството за нивно одобрување согласно Законот за енергетика.

Проценката на ризик за настанување на кризна состојба се изготвува од страна на Комисијата врз основа на анализите подготвени од операторите, во соработка со останатите учесници на пазарот, за настанување на целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, потоа настанување на траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси, можност за користење на алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија и состојба на пазарот на топлинска енергија.

„По прогласување на кризна состојба Комисијата постојано ја следи состојбата и доколку пред истекот на рокот за кој е програлсена кризна состојба, состојбата на пазарот на топлинска енергија значително се подобри, Комисијата може да предложи превземените мерки од оваа уредба, да се сведат на минимум се до завршувањето на кризната состојба. По прогласување на кризна состојба Комисијата при следење на состојбата, доколку оцени дека не постојат причини истата да продолжи, министерот ќе и укаже на Владата на потребата за престанување кризната состојба“, се вели во Уредбата.

Особено се интересни мерките што се преземаат во кризна состојба.

Заради создавање услови за снабдување со топлинска енергија во услови на кризна состојба, во зависност од проценките може да се преземаат следните мерки. Прво, мерки утврдени во плановите од оваа уредба, склучување на договори за уредување на меѓусебните односи помеѓу вршителите на енергетските дејности на пазарите на енергија заради обезбедување на сигурност во снабдувањето, ограничување на потрошувачка на топлинска енергија, како и обезбедување на дополнителни количини на топлинска енергија. Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности или од Буџетот на земјава во согласност со закон.

„Мерките за ограничување на потрошувачката при недостиг на топлинска енергија ги координираат операторите на дистрибутивните системи. Пред да започнат со спроведувањето на плановите операторите на дистрибутивните системи, како и производителите и снабдувачите со топлинска енергија прво меѓусебно соработуваат и разменуваат информации потребни за спроведување на мерките, потоа, ги искористуваат сите можности кои ги имаат на располагање за обезбедување на недостигот на топлинска енергија, па ги известуваат потрошувачите преку средствата за јавно информирање за примената на мерките утврдени со оваа уредба, како и за предвиденото времетраење на применетите мерки, а кога тоа е можно и во пократок временски рок. Операторите на дистрибутивните системи за топлинска енергија ја следат примената на мерките и доставуваат дневни извештаи до Комисијата“, се вели во Уредбата.

Во зависност од настанувањето на условите поради кои е прогласена кризната состојба, како и од обемот на недостигот на топлинска енергија, се применуваат следните степени на ограничување на потрошувачката на топлинска енергија, се нагласува во Уредбата.

Првиот степен е намалување на времето на испорака на топлинска енергија на потрошувачите за два часа дневно. Потоа, вториот степен е намалување на испорачаната топлинска енергија на деловни објекти и органи на државната и локалната власт за 30 отсто во однос на потребната топлинска енергија. Исто така, операторите на дистрибутивните системи за топлинска енергија прават проценка на недостатоците на топлинска енергија и даваат предлог до Комисијата за утврдување на степенот на ограничување на потрошувачката на топлинска енергија.

https://faktor.mk/vremeto-na-isporaka-na-parno-moze-da-se-namaluva-i-za-dva-chasa-a-zagrevanjeto-na-delovni-objekti-i-za-30-otsto---shto-predviduva-uredbata-za-krizna-sostojba-vo-snabduvanjeto-so-toplinska-energija - https://faktor.mk/vremeto-na-isporaka-na-parno-moze-da-se-namaluva-i-za-dva-chasa-a-zagrevanjeto-na-delovni-objekti-i-za-30-otsto---shto-predviduva-uredbata-za-krizna-sostojba-vo-snabduvanjeto-so-toplinska-energija


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Feb-2022 at 10:49
Парното двојно поскапува за фирмите, Владата со 2 милиони евра ќе ги помага повисоките сметки на граѓаните

По завршувањето на јануарскиот кризен циклус со топлинска енергија на територијата на Град Скопје, започнува нов во кој за време на привременото управување на ЕСМ со Балкан Енерџи Груп и останатите системи за загревање ќе треба да се издвојат уште 2 милиони евра.

Овој пат нема да се купува природен гас, како што за тоа беа одвоени 6 милиони евра во февруари, туку со овие пари ќе се субвенционираат сметките на домаќинставата во висина на дополнителното зголемување на цената за 20 отсто на првичните 14 проценти кои беа одредени во јануари. БЕГ би требало да добие 1,7 милиони евра од оваа сума, а на сметките треба да има посебна ставка на која ќе биде наведено колкав е субвенционираниот износ.

Извори на „Фактор“ велат дека овие пари ќе бидат доволни за субвенционирање на домаќинствата до крајот на грејната сезона, односно до 1 јули, а потоа ќе се прават нови пресметки за начинот на плаќање.

Извесно е дека останатите потрошувачи, како што се претпријатијата и јавните институции, за месец февруари ќе плаќаат двојно поскапи сметки во однос на јануарските. За нив цената овој пат е зголемена за дури 100 отсто, покрај првичните 14 проценти во јануари, и оваа категорија нема да биде субвенционирана од Владата како што тоа ќе биде за домаќинствата.

Владата до Собранието го достави предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија. Важноста на овој предлог треба да трае до 30 април а треба да започне да се применува од 17 февруари.

Јануарските сметки до сега беа повисоки за 14 отсто и тоа се однесува на корисниците на БЕГ, Елем Енергетика и Скопје Север. Поскапувањето се должеше на енормниот раст на цената на природен гас на светските берзи.

Владата претходно префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе привременото управување со дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија на Град Скопје, а парите ќе може да ги бара назад од следната година.

https://faktor.mk/parnoto-dvojno-poskapuva-za-firmite-vladata-so-2-milioni-evra-kje-gi-pomaga-povisokite-smetki-na-gragjanite - https://faktor.mk/parnoto-dvojno-poskapuva-za-firmite-vladata-so-2-milioni-evra-kje-gi-pomaga-povisokite-smetki-na-gragjanite


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jun-2022 at 13:08
Бислимоски: РКЕ е во постапка за одземање на лиценците на БЕГ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија што од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.


Најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување, како што кажа, постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста.

-Мое мислење и препорака до Владата е конечно во овој сектор да се укинат трите дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, како што е насекаде во регионот. Треба да има една лиценца за топлинска енергија како во поголемите градови во соседството. Сметам дека Владата или други јавни претпријатија треба да го преземат вршењето на оваа дејност, рече Бислимоски.


Прецизира дека Согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер за вршење на соодветна регулирана енергетска дејност. Откога ќе се распише тнедерот ќе се избере нов вршител на енергетска дејност и тој ќе продолжи да ја врши дејноста како што ја вршел претходниот.

-До наименувањето на новиот вршител на енергетска дејност, постојните компании на БЕГ се обврзани да ја вршат дејноста. Сигурен сум дека се ќе заврши пред почетокот на грејната сезона. Не можам да кажам колку ќе трае тендерот, но верувам дека од октомври БЕГ нема повеќе да ги грее скопјани, потенцира Бислимоски.

https://www.biznisvesti.mk/benzinite-poskapuvaat-za-1-5-denari-a-dizelot-za-tri/ - https://www.biznisvesti.mk/benzinite-poskapuvaat-za-1-5-denari-a-dizelot-za-tri/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2022 at 10:34


https://www.facebook.com/meta.mk.mk - https://www.facebook.com/meta.mk.mk

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jul-2022 at 13:08
ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, ОТКАКО ГРАДОТ СЕ ОТКАЖА ВЛАДАТА ЈА ЗАДОЛЖИ КОМПАНИЈАТА ДА ОСНОВА ФИРМИ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценти на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Откако градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Градот не може да го преземе парното иако има претпријатие „Градски енергетски системи“, кое беше формирано токму за оваа дејност од претходната градска власт, Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми.

„АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва за производство на топлинска енергија, за дистрибуција на топлинска енергија и за снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ – Скопje. Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата“, велат од Владата.

Како што велат од Владата, огласот за доделување на концесиите за парното греење во Скопје ќе се објави наскоро, а дотогаш БЕГ има обврска да ги снабдува домовите со топлинска енергија односно скопјани зимава нема да останат без парно греење.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/esm-ke-go-prezeme-parnoto-greene-vo-skopje-otkako-gradot-se-otkazha-vladata-ja-zadolzhi-kompanijata-da-osnova-firmi-za-toplinska-energija/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/esm-ke-go-prezeme-parnoto-greene-vo-skopje-otkako-gradot-se-otkazha-vladata-ja-zadolzhi-kompanijata-da-osnova-firmi-za-toplinska-energija/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jul-2022 at 15:41
ЗА 14 ОТСТО ЌЕ ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, АКО ТОПЛАНИТЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ МЕСТО НА ГАС ГРАЃАНИТЕ ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДАДАТ НА ОНКОЛОГИЈА, РЕЧЕ БИСЛИМОВСКИ

За околу 14 отсто од 1 август ќе поскапи цената на парното греење во Скопје, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ова е второ зголемување на парното годинава, откако од први јануари поскапувањето беше 14 отсто.

Како што кажа претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, поскапувањето е поради зголемената цена на природниот гас.

„За 90 отсто од скопјани кои се на мрежата на БЕГ поскапувањето е 14,18 осто, за корисниците на железарското парно 15,58 отсто, а на Скопје Север 16,3 отсто“, рече Бислимовски.

Тој кажа дека ТЕ-ТО ќе работи со 70 отсто од капацитети за да се овозможи снабдување со топлинска енергија, а останатите 30 отсто топланите.

„Да не беше ТЕ-ТО зголемувањето ќе беше 100 отсто. Такви се условите, цената на гасот постојано расте, а на мазут сметаме дека Скопје не треба да се грее, тогаш ќе имаме големо загадување и парите граѓаните ќе ги дадат за лечење на Онкологија“, кажа Бислимовски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-14-otsto-ke-poskapi-parnoto-vo-skopje-ako-toplanite-rabotat-na-mazut-a-ne-na-gas-graganite-parite-ke-gi-dadat-na-onkologija-reche-bislimovski/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-14-otsto-ke-poskapi-parnoto-vo-skopje-ako-toplanite-rabotat-na-mazut-a-ne-na-gas-graganite-parite-ke-gi-dadat-na-onkologija-reche-bislimovski/

-------------
Carpe diem


Posted By: Leo
Date Posted: 29-Jul-2022 at 17:34
фала те-та


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Jul-2022 at 02:26
Бислимовски од што е толку загрижен за здравјето, сега Скопјани уште повеќе ќе се греат на што стигнат и било што што може да се запали, што е широко познато во светот дека е најздравото решение

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Aug-2022 at 17:40
КОЈ ЌЕ ГИ ГРЕЕ СКОПЈАНИ? Тендер за нов оператор нема, а тешко ќе биде да се обезбеди и гас

Тендерот за избор на нова компанија која ќе управува со парното греење во Скопје треба да се распише во текот на овој месец, но од владата не се сигурни кога тоа ќе се случи. ЕСМ, фирмата која доби задача да се подготви за преземање на скопското парно греење, се подготвува да учествува на тендерот. Компаниите кои треба да го снабдуваат со гас новиот оператор, очекуваат нови договори, но никој не е сигурен по која цена и дали ќе има гас за грејната сезона.

Владата не брза со распишување на тендерот за избор на компанија која ќе оперира со парното иако до почетокот на грејната сезона има уште неполни два месеца. Законската обврска на стариот оператор да обезбеди парно греење до избор на нов, се чини, и овозможува на владата да калкулира со целата постапка и покрај тоа што за новиот оператор роковите се куси, како за обезбедување гас и резерви мазут за грејната сезона, така и за договарање со новиот сопственик на топланите „Исток“ и „Запад“ за висината на нивниот закуп или откуп. Дополнително треба да се заврши и постапката за вработување на дел од сега вработените во БЕГ, како една од обврските на новиот оператор.

Од Владата денеска не одговорија не прашањата на Плусинфо поврзани со тендерот и дилемите поврзани со снабдување со топлинска енергија на скопјани. Прво не упатија на Министерстовото за економија, а потоа на ЕСМ.

Според Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер за вршење на соодветна регулирана енергетска дејност, во случајов со снабдување со топлинска енергија. Ова го соопшти и првиот регулатор Марко Бислимовски во моментот кога му ги одзеде трите лиценци на досегашниот оператор БЕГ. Владата тогаш го задолжи ЕСМ да се подготви за преземање на парното греење, во случај да нема други компании кои ќе се јават на најавениот тендер. Компанијата веќе формира три деловни субјекти кои ќе се грижат за производство на топлина, дистрибуција и снабдување на потрошувачите и се подготвува за преземање на дејноста.

Од компанијата велат дека се подготвуваат за најавениот тендер и процедурите кои следат по неговото завршување. Но, постапката околу тендерот, е запната на прашањето околу производството на топлинска енергија за потребите на најголемиот дел на Скопје. ЕСМ не располага со топлани, а за да добие лиценца за производство на топлинска енергија, мора да ги земе под закуп топланите „Исток“ и „Запад“, кои сега се во сопственост на „Адора инженеринг“, која пред една година ги купи од „Топлификација“ во стечај.

Од ЕСМ велат дека се направени контакти со компанијата и со владата и се надеваат дека прашањето ќе се реши во прилог на поширокиот општествен интерес. Како опции за кои веќе се размислува во првичните контакти со новиот сопственик се закуп или откуп на топланите. Досега БЕГ ги имаше под закуп топланите на поранешниот сопственик „Топлификација“.

Што ќе се одлучи, и под кои услови ЕСМ ќе ги користи топланите, останува да се види. Од „Адора инженеринг“ засега не коментираат.

ЕСМ планира да преземе и дел од вработените на БЕГ.

– Се прават процени колкав број на вработени ќе ни бидат потребни. ЕСМ Енергетика веќе има кадар кој е обучен за работа со парно греење и се планира тој да биде ангажиран во новите субјекти, а остатокот од потребите ќе бидат преземени од БЕГ. Засега не се знае колкав број од околу 300 вработени во БЕГ ќе преминат во новите компании – велат од ЕСМ.

Покрај изборот на нов оператор со парното во Скопје се чини проблем ќе биде и да се обезбедат доволни количини гас, бидејќи неизвесно е дали зимава ќе пристига рускиот гас за земјава и дали ќе се обезбеди негова алтернатива. Земјава нема можности за чување резерви од гас, па проблемот ќе биде и висината на цената која ќе треба да ја плати ЕСМ за гасот што ќе го набавува.

Од ЕСМ велат дека веќе се почнати постапки за снабдување со гас, но од компанијата која досега го снабдуваше БЕГ со гас велат дека договорот за изминатата грејна сезона е завршен, а дали ќе се потпишат нов ќе зависи од компанијата која ќе управува со парното.

– ТЕ-ТО АД Скопје во целост ги исполни обврските од договорот за топлинска енергија кон дистрибутерот на топлинска енергија за минатата грејна сезона, а важноста на договорот истече со крајот на грејната сезона. За жал, дистрибутерот уште ги нема исплатено своите обврски кон ТЕ-ТО за испорачаната енергија. Во моментов ТЕ-ТО нема договор за испорака на топлинска енергија. Со новиот дистрибутер на топлинска енергија би се склучил договор со почетокот на грејната сезона. А условите на договорот ќе зависат од пазарните цени на природен гас и другите трошоци од работењето – велат од ТЕ-ТО.

Од оваа компанија велат дека нема да можат да гарантираат дека ќе обезбедат гас по секоја цена.

– Постојат ризици за снабдување со природен гас во претстојниот период и нема гаранции дека ќе има достапен гас. ТЕ-ТО е независен производител на електрична енергија и топлина, што значи дека своите продукти ги продава слободно на пазарот. Цената и обемот на производство ТЕ-ТО ќе ги нуди на пазарите согласно пазарните механизми со цел да обезбеди позитивно финансиско работење – велат оттаму.

Компанијата тврди дека моментно во земјава нема алтернатива за рускиот гас.

– Во моментов таква можност не постои, бидејќи не постои можност за пренос на гас преку интерконекторот со Република Бугарија од други извори. Овој проблем е во надлежност на владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија. Доколку има достапен прекуграничен преносен капацитет и за други трговци, може да се јават и други трговци со понуда за снабдување со гас на пазарот на Република Северна Македонија – велат од ТЕ-ТО.

Од „Макпетрол“ не ги коментираат состојбите и посочуваат на одговорните институции.

Во вакви услови, кога БЕГ кој е во лоша финансиска состојба, не ги има исплатено обврските за набавениот гас пред преземањето на парното од државата и нема договор за закуп над топланите, нема да може да ги снабдува скопјани со топлина до изборот на нов оператор со парното греење.

https://plusinfo.mk/ko-e-gi-gree-skop-ani-tender-za-nov-operator-nema-a-teshko-e-bide-da-se-obezbedi-i-gas/ - https://plusinfo.mk/ko-e-gi-gree-skop-ani-tender-za-nov-operator-nema-a-teshko-e-bide-da-se-obezbedi-i-gas/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Aug-2022 at 10:50
Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?

Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што зависи загревањето на домовите на десетици илјади семејства во главниот град, како и прашањето ако се набавува од Русија, дали гасот ќе се плаќа во рубљи, како што Москва официјално побара.

„Имајќи предвид дека пазарот на природен гас во Република Северна Македонија е целосно либерализиран, набавката на природниот гас за потребите за производство на електрична енергија или на топлинска енергија е предмет на билатералните договори кои што може да ги склучуваат трговците на големо со природен гас со добавувачи надвор од земјата или гасот да се набавува на некои од регионалните берзи“, е целосниот одговор од Министерството за економија.

По руската воена агресија врз Украина што започна на 24 февруари годинава и воведувањето на економските санкции на меѓународната заедница кон Русија, руските власти одлучија дека од 1 април странските купувачи на руски гас ќе мора истиот да го плаќаат во рубљи. Латвија беше последната европска земја, на која што „Газпром“ ѝ ја прекина испораката на руски гас поради одбивањето на овој енергенс да го плаќа во рубљи.

Русија во изминативе месеци ја прекина испораката на гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и Данска, кои одбија да го платат за рускиот гас според наредбата на Владимир Путин, кој бараше од купувачите да отворат сметки во рубљи во руска банка како дел од новото решение за плаќање на гасот.

Инаку, Северна Македонија досега беше целосно зависна од увозот од Русија во снабдувањето со природен гас на земјава, којшто пак заедно со алтернативната варијанта – мазутот е енергенсот што се користи за добивање на топлинската енергија во скопските топлани.

Гас од Азербејџан преку интерконекторот во Бугарија можеби в година
Од Министерството за економија побаравме објаснување и дали Северна Македонија ќе може да го користи новиот гасен интереконектор меѓу Бугарија и Грција, преку кој земјава би увезувала азербејџански гас во претстојната грејна сезона.

Од ова министерство објаснуваат дека Европската комисија и Бугарија на состанокот во мај 2022 година во Софија се договориле да ja формираат првата регионална работна група, како дел од Платформата на ЕУ за купување енергија.

„Преку новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас, во која учество зема и земјава – ќе се решаваат регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените, но и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија. Овој проект има за цел увид во потребите за електрична енергија и гас, цените и тековите, како и инфраструктурните аспекти“, велат од Министерството за економија.

Тие додаваат дека регионалната работна група ќе се концентрира на годината што претстои и ќе обезбеди специфична регионална експертиза и знаење за развој и спроведување на акциониот план „REPowerEU“ за намалување на зависноста од рускитe фосилни горива, пополнување на складиштето пред следната зима и дополнително забрзување на декарбонизацијата на енергетскиот сектор.

Таа ќе го поддржи и координира спроведувањето на заедничките планови за подготвеност во регионот, вклучувајќи меѓународно купување, складирање и интерконекции, со што се придонесува за безбедноста на снабдување во регионот, Eнергетската заедница и пошироко.

„Работата на работната група особено ќе се надоврзе на подготовките на Европската комисија за одреден број на сценаријата за енергетски прекин, во тесна координација и солидарност со земјите-членки и меѓународни партнери“, велат од Министерството за економија.

Мета.мк испрати прашања и до државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), кое со трите нови трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Скопје, беа задолжени од Владата да се пријават на постапката за избор на вршител на енергетска дејност за обезбедување на централното парно греење во Скопје.

Сепак, од АД ЕСМ не добивме одговори на прашањата дали е планирано да се увезува природен гас од Русија за претстојната грејна сезона и дали АД ЕСМ во државна сопственост е согласно да го исплаќа гасот на Русија во рубљи.

Директорот на „Национални енергетски ресурси“, Бајрам Реџепи пак за порталот „А1он“ деновиве изјави дека добавувањето на природен гас за земјава зависи од руски „Газпром“, којшто има долгорочен закуп на капацитетите што ги има гасниот преносен систем на Бугарија. Нашата земја има гасно поврзување единствено со Бугарија.

Мазутот е опција за греење ако има прекин во снабдувањето со гас
Од Министерството за економија за Мета.мк објаснуваат дека најпрво треба Владата на РСМ да го распише јавниот повик за избор на нова компанија што ќе ги дава услугите за кои досега беше задолжен БЕГ. АД ЕСМ ќе треба да учествува на јавниот повик, а Министерството за економија веќе најави дека во август ќе прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се обезбеди сигурна грејна сезона.

„Со оглед на тоа што на БЕГ производство ДООЕЛ му престана лиценцата за вршење на дејност регулирано производство на топлинска енергија, новиот вршител на дејност кој треба да биде избран по спроведена постапка од страна на Владата, кој треба меѓу другото да ги обезбеди потребните количини на природен гас за потребите за обезбедување на топлинска енергија од постојните вршители на дејност кои согласно Законот за енергетика поседуваат лиценца за вршење на трговија со природен гас и/или снабдување со природен гас“, објаснуваат од Министерството за економија за постапката што ќе следи откако ќе се избере наследникот што ќе ги овозможи услугите кои досега БЕГ им ги испорачуваше на скопјани.

Сепак, од Министерството за економија го цитираат и Законот за енергетика, каде во членот 153 стои дека Регулираниот производител на топлинска енергија е должен во текот на грејната сезона да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет. Ова значи дека АД ЕСМ преку новото трговско друштво што ќе произведува топлинска енергија во Скопје ќе треба да обезбеди и мазут како алтернативен енергенс за скопските топлани. Добрата вест што доаѓа од светските медиуми е дека цените на нафтените деривати изминативе недели постепено се намалуваат, вклучувајќи ја и онаа на мазутот.

Од АД ЕСМ веќе најавија дека имаат капацитет да ги испорачаат услугите за греење на градот Скопје, што беше евидентно во минатата грејна сезона, кога се презеде кризно менаџирање преку прокуристи од страна на АД ЕСМ кон БЕГ и Скопје Север, по задолжение на Владата на Р. Северна Македонија.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски деновиве изјави дека се спремни да ги преземат и вработените од БЕГ во трите нови компании за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Скопје, коишто ќе функционираат во претстојната грејна сезона.

https://meta.mk/ruski-azerbejdjanski-gas-ili-mazut-na-shto-skopje-kje-se-gree-pretstojnava-grejna-sezona/ - https://meta.mk/ruski-azerbejdjanski-gas-ili-mazut-na-shto-skopje-kje-se-gree-pretstojnava-grejna-sezona/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Sep-2022 at 12:32
„АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ“ ГИ ПРОДАВА ТОПЛАНИТЕ Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи

Компанијата „Адора инженеринг“ која е сопственик на две од трите топлани во Скопје очекува да ги продаде на државната компанија ЕСМ која управува со парното за иста цена како што ги плати на Топлификација пред една година. Компанијата, како што соопшти, веќе испратила понуда до ЕСМ и очекува одговор.

Во соопштението упатено до јавноста компанијата информира дека и покрај тоа што очекувала инвестицијата во топланите да ѝ се исплати, досега има само загуби и неплатен долг од БЕГ за користењето на топланите во изминатата грејна сезона.

Го пренесуваме соопштението во целост:

„Адора инженеринг“ на ден 01.09.2021 година, односно пред повеќе од една година, на транспарента јавна лицитација за сума од 9,26 милиони евра со вклучени даноци, ги купи имотите топлана Исток и топлана Запад, кои што претставуваат основни средства за регулирано производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Во тој момент, свесни за минималната економска оправданост на инвестицијата, нашата мотивација беше оваа стратешка дејност да се врати во домашни раце и про-активно да ја развиваме и унапредуваме сo сите последни трендови поврзани со дејноста.

Меѓутоа, од тогаш до денес, „Адора инженеринг“ нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на „Топлификација“ АД во стечај и БЕГ, ниту апсолутно никаков надомест за користење на имотот од страна на БЕГ, поради што се нанесува огромна штета врз работењето на „Адора инженеринг“.

БЕГ одби регулирање на меѓусебните односи за користење на топланите, односно ги користи топланите бесправно. Оваа проблематика не беше, а можеше да биде регулирана преку деловно-техничката соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ која беше направена во јануари оваа година.

Дополнително, топланите во изминатите неколку години се драстично обезвреднети поради фактот што износот за амортизација на опремата кој е определен и контролиран од РКЕ, и граѓаните го плаќаат со цел одржување на топланите во добра кондиција, речиси целосно не бил вложуван во изминатите неколку години, што нанесува директна штета, пред сè, на квалитетот на дејноста и економската исплатливост во истата.

Дополнително, поради обезвреднувањето на топланите и останати системски недоследности, приносот на капитал, односно единствениот приход за сопственикот на топланите во оваа дејност од 960 000 евра во 2010-та година, во услови на огромна акумулирана инфлација низ годините, денес е доведен на рекордно ниски ниво од 365 000 евра годишно. Сето ова доведува до ситуација каде што според моменталните параметри во бизнисот не може да се најде апсолутно никаква економска издржаност. За илустрација, годишниот ануитет кој што „Адора инженеринг“ треба да го сервисира кон домашната банка за отплата на кредитот наменет за купување на топланите изнесува околу 900 000 евра, што значи дека директно Адора инженеринг е во загуба од над 550 000 евра годишно. Доколку овде се засметаат и сопствените средства дадени како учество и дополнително обезбедување кон кредитот загубата станува уште позначителна.

Со ЕСМ веруваме дека во наредниот период ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение сè со цел општото добро и интересот на граѓаните. За „Адора инженеринг“ е потребно регулирање на досегашните долгови настанати во изминатата година по основ на принос на капитал и невложена амортизација со цел да пристапиме кон регулирање на идните односи.

Според моменталните регулирани параметри во дејноста сметаме дека единствено решение во интерес на граѓаните е ЕСМ да пристапи кон купување на топланите Исток и Запад, за што на 18.08.2022 година, ЕСМ до „Адора инженеринг“ испрати Барање за доставување на понуда за продажба на имотот, топланите Исток и Запад, со цел оваа енергетска дејност да биде обединета под државна контрола.

Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме.

https://plusinfo.mk/adora-inzhenering-gi-prodava-toplanite-gi-nudi-na-esm-po-cena-od-9-26-milioni-evra-kolku-shto-gi-kupi/ - https://plusinfo.mk/adora-inzhenering-gi-prodava-toplanite-gi-nudi-na-esm-po-cena-od-9-26-milioni-evra-kolku-shto-gi-kupi/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Sep-2022 at 16:57
БЕГ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ОБВРСКА, НИТУ ПАРИ ЗА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ОД ВЛАДАТА ТВРДАТ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ОСТАНАТ БЕЗ ГРЕЕЊЕ

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) вели дека нема обврска зимава да испорачува топлинска енергија во домовите во Скопје, ниту пак имаат пари за тоа. На 27 јуни годинава Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценци на БЕГ, но беше кажано дека компанијата има обврска да овозможи парно греење во Скопје додека дејноста не ја презеде друга компанија.

Денеска од БЕГ соопштија дека таква обврска немаат бидејќи согласно член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе изминат.

„Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите, со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона. БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона, како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика“, велат од БЕГ.

Од компанијата додаваат дека договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ бил со важност до 31 март годинава односно тој е изминат.

По соопштението на БЕГ реагираа од Регулаторната комисија за енергетика од каде тврдат дека тие според Законот за енергетика мораат да вршат денес се` додека не се даде лиценца на друга компанија.

„Законот за енергетика кој доби и зелено светло од енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се` до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца или во случајов нов вршител на јавна дејност“, велат од Регулаторна комисија.

На соопштението на БЕГ реагираше и Владата од каде велат дека граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин.

Постапката за доделување на лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Град Скопје е во тек. На 13 септември беа отворени понудите, во тек е фазата на евалуација по што треба да се донесе одлука на владина седница. Понуди доставија само трите фирми на ЕСМ кои беа формирани за да ја преземат оваа дејност од БЕГ.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/beg-veli-deka-nema-obvrska-nitu-pari-za-parnoto-vo-skopje-od-vladata-tvrdat-deka-graganite-nema-da-ostanat-bez-greene/ - https://sdk.mk/index.php/naslovna/beg-veli-deka-nema-obvrska-nitu-pari-za-parnoto-vo-skopje-od-vladata-tvrdat-deka-graganite-nema-da-ostanat-bez-greene/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Sep-2022 at 16:58
ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО: Власта одбила да нарача и да плати гас од „Макпетрол“ за октомври, знае ли некој како ќе се греат скопјани

Грејната сезона опасно наближува, времето надвор сериозно заладува, а на над 60 илјади скопски домаќинства не им е јасно дали и кога ќе почнат да се загреваат радијаторите во нивните домови.

Сознанијата до кои дојде Фактор говорат дека ЕСМ, кое всушност го презеде управувањето со БЕГ за снабдување на топлинска енергија, не ги нарачало потребните количини на гас од компанијата „Макпетрол“ за следниот месец, односно за октомври оваа година.

Откако „Макпетрол“ пред извесен период испрати допис до ЕСМ, во кој ги известува дека компанијата врз основа на годишнот договор со „Гаспром“ може да ги обезбеди потребните количини и за сите свои клиенти, како и за топлните Исток и Запад, со тоа што количините за наредниот месец треба да се платат до 20 претходниот месец, од ЕСМ му одговориле на „Макпетрол“ дека нив нема да им бидат потребни споменатите количини. Практично, тој одговор значел и дека Владата нема да ги плати потребните средства, што требаше да се случи до 20 овој месец, за да се набават потребните количини на енергенсот за следниот месец, односно октомври.

Затоа сега се поставува прашањето како всушност ќе се греат скопјани, ако се има предвид дека грејната сезона официјално почнува од 15 октомври, но, доколку тоа го бараат временските услови, односно температурите се спуштат под пропишаната граница со Правилникот, парно ќе треба да се пушти и веќе од први октомври.

Или, ако денеска е 26 септември, само уште пет дена ја делат ЕСМ од обврската да обезбеди затоплување за околу 60 илјади скопски домаќинства. Но, она што засега се знае, е дека гасот од „Макпетрол“ сигурно не е обезбеден за октомври, бидејќи количините ниту се навреме нарачани, ниту платени кај компанијата, за таа, пак, да ги повлече од својот партнер „Гаспром“.

Дали и од каде од други места е обезбеден гас, наши извори се сомневаат дека тоа ќе може да се направи во „пет до 12“, како што се надеваше Владата, одејќи и барајќи гас по разни дестинации, меѓу кои Србија, како и Турција.

Во меѓувреме, се огласија и од БЕГ, велат дека веќе немаат обврска да пуштаат парно, а немаат ни пари да го платат гасот.

„Балкан Енерџи Груп БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија“, наведе денеска компанијата БЕГ – Производство во соопштение по информациите дека треба да продолжи да испорачува топлинска енергија во новата грејна сезона до изборот на нов носител на лиценцата.

Од компанијата наведуваат дека согласно со член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период, посочуават, БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите се со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона.

-БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика.

Заради овие причини на 09.06.2022 год. БЕГ – Производство до РКЕ поднесе барање за престанок на лиценцата се со цел навремено и непречено да се избере нов носител на лиценца за вршење на дејноста производство на топлинска енергија за новата грејна сезона. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство, стои во соопштението.

Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ наведуваат дека неговата важност била до 31 март годинава, односно тој е истечен.

-Од погоре наведеното очигледно е дека БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија, велат од БЕГ Производство.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи викендот изјави дека се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија. Согласно законот, како што посочи Битиќи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

Откако во јуни годинава, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлуки со кои престанаа да важат одлуките за издавање лиценца за вршење енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија на компанијата БЕГ, Владата објави јавни повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија

Јавното отворање на понудите на повиците за избор на компанија која ќе произведува, дистрибуира и ќе ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на дел од градот Скопје се одржа на 13 септември, а беа доставени понуди од трите фирми на ЕСМ.

Според најавите, откако ќе биде извршена евалуацијата на пристигнатите понуди Комисијата ќе достави предлог до Владата, што ќе биде разгледан на една од наредните седници. Со јавниот повик треба да се избере компанија која ќе го преземе работењето на Балкан Енерџи Груп, откако на крајот на јуни и беа одземени лиценците за работа поради финансиска неликвидност од високата цена на природниот гас.

Компанијата „Адора Инженеринг“ во септември лани на јавна лицитација за 9,26 милиони евра ги купи топланите „Исток“ и „Запад“, коишто претставуваат основни средства за регулираното производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Компанијата тврди дека закуп на топланите без јасна интенција за купопродажба ќе им претставува дополнителни 550 илјади евра загуби на годишно ниво. Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста, според вицепремиерот Фатмит Битиќи, е легитимна, но ќе биде според законите.

– Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

https://faktor.mk/faktor-ekskluzivno-vlasta-odbila-da-naracha-i-da-plati-gas-od-makpetrol-za-oktomvri-znae-li-nekoj-kako-kje-se-great-skopjani - https://faktor.mk/faktor-ekskluzivno-vlasta-odbila-da-naracha-i-da-plati-gas-od-makpetrol-za-oktomvri-znae-li-nekoj-kako-kje-se-great-skopjani

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Sep-2022 at 17:27
АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.

Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.

Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут. Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните, рече Андонов.

Ако не се договориме, дополни, топланите ќе работат на мазут а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција.

Појаснувајќи ја набавката на гас од Србија потсети дека пред десет дена претседателот Александар Вучиќ објави дека се разговара за испорака на гас во Северна Македонија во замена за електрична енергија. Дел од струјата ќе биде вратена назад во Србија, рече Андонов и најави дека точните количини и цени ќе бидат објавени откако ќе биде постигнат договор.

Државата, како што појасни, ќе купи гас од Србија, а потоа ќе се произведе електрична енергија и ќе се продаде на Србија. Ние ќе ја платиме количината на гас, а тие количината на струја. Количината струја што ќе остане ќе биде продадена на индустријата по цени кои ќе бидат прифатливи за нив и кои ќе бидат излезни во зависност од цената на гасот. Топлината ќе се продаде на граѓаните, информираше Андонов.

Тој потсети дека министерот за економија Крешник Бектеши во Турција изминатиот период разговараше за обезбедување дополнителни количини електрична енергија и природен гас, во Грција за постојано снабдување со лигнит и мазут, а во Бугарија за поевтина цена на струјата под берзанската, за потре бните количини за индустријата.

-Кога сите овие разговори ќе се финализираат Владата на најтранспарентен начин ќе ги презентира и пред стопанските комори и пред јавноста, рече Андонов.

Тој посочи дека се уште се водат разговорите за функционирање на ТЕ-ТО во грејната сезона. До крај на грејната сезона за ТЕ-ТО и за топланите, како што рече, вкупно се потребни околу 230 милиони нормални метри кубни природен гас

– ТЕ-ТО, комбинираната електрана, троши околу милион нормални метри кубни на ден, односно за 30 дена работа 30 милиони нормални метри кубни на гас. До крајот на грејната сезона топланите во Скопје мислам дека треба да потрошат околу 25 милиони заклучно со април, ЕСМ енергетика мислам дека приближно околу 24 милиони и Скопје Север околу 1 милион. Вкупната бројка е околу 230 милиони нормални метри кубни на природен гас, рече Андонов.

Се уште, појасни, не е дефинирана цената, но ако се поведеме од податокот дека за индустријата објавија дека за нив е прифатлива цена од 200 евра, имајќи ја во предвид формулата и трошоците за производство на ТЕ-ТО Скопје, на тој начин ќе биде дефинирана цената за природниот гас.

-ТЕ-ТО и во претходната зима работеше 24 часа, одосно во базен режим и се водат разговорите за функционирање на ТЕ-ТО во грејната сеозна, впрочем тоа е единствениот начин како граѓаните на Скопје имаат топлина во текот на зимата. Јас сум сигурен дека ќе биде обебзедено решение пред почнување на грејната сезона, наведе Андонов.

Според него, доколку не се постигне договор на државната ЕСМ со „Адора“ за топланите, има решение согласно Законот за управување со кризи, а со кој Владата има право да ги стави на располагање сите ресурси на државата, и на јавните претпријатија и на приватните компании, за обезбедување на таа јавна услуга.

Планот за справување со енеретската криза што го претстави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште не го виделе, но како што рече, ќе го разгледаат и тој како и сите други планови и поддршки што ќе бидат понудени.

https://faktor.mk/ako-ne-se-obezbedi-gas-od-srbija-toplanite-kje-rabotat-na-mazut---sovetnikot-na-vladata-za-energetika-vetuva-parno-za-skopjani-na-15-oktomvri - https://faktor.mk/ako-ne-se-obezbedi-gas-od-srbija-toplanite-kje-rabotat-na-mazut---sovetnikot-na-vladata-za-energetika-vetuva-parno-za-skopjani-na-15-oktomvri

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Oct-2022 at 17:26
ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје.

„Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ“, соопштија од државните електрани.

Двете компании покажаат општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период.

https://faktor.mk/ad-esm-i-adora-postignaa-dogovor-za-zakup-na-toplanite - https://faktor.mk/ad-esm-i-adora-postignaa-dogovor-za-zakup-na-toplanite

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Oct-2022 at 17:27
ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР УТРОВО ПУШТИ ПАРНО - не се знае до каде се преговорите со Србија за најголемиот број скопски домаќинства

Неколку стотини скопски домаќинства утрово се разбудија со топли радијатори. Станува збор за граѓаните од Бутел и Чаир, кои се греат на Топланата Скопје Север, и тоа околу 500 семејства.

Според сознанијата на Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од „Макпетрол“, компанија која го набавува овој енергенс од „Гаспром“.

Како што е познато, и пред официјално да почне грејната сезона, односно 15 октомври, а откако ќе стартува овој месец, парно во скпопските домови се пушта доколку е исполнет климатскиот услов, а тој е средната температура за денот според прогнозите на УХМР да биде под 12 степени целзиусови. Односно, се прави просек од прогнозираните температури за 7 и 14 часот, и две вредности за 21 часот, што се дели со четири и се добива средната вредност на температура предвидена за наредниот ден.

Дека топланата Скопје Север и утрово пушти парно, за Фактор потврди директорот на Топлана Скопје Север, Куштрим Рамадани.

„Точно е дека набавивме гас за следните неколку дена, и ако прогнозите нагло не се сменат, во вторник наутро треба да има парно, а ќе пуштиме и во среда. Системот технички е во ред, денеска ги правиме потребните проверки“, изјави вчера Рамадани за Фактор.

Топланата Скопје Север опслужува околу 500 скопски домаќинства во Чаир и Бутел, а нејзин сопственик е всушност Топлификација АД во стечај, па поради тоа што фирмата мајка е во стечај, за управувањето на овој капацитет е всушност надлежен стечајниот управник.

„Сепак, мора да признаеме дека гас набавивме само за неколку дена, и во следните два дена за кога се предвидени пониски температури, ќе има топли радијатори. Но, доколку Владата не излезе во пресрет и државата не ја субвенционира цената, бидејќуи таа, односно РКЕ признава 65 милиони денари, а ние плаќаме 120 милиони денари по кубик гас, ние ќе мора да ставиме клуч на врата. Инаку, ние работиме и на гас, но можеме и на мазут и на дизел“, објаснува директорот Рамадани за Фактор.

Тој повеќе информации очекува од денешниот состанок на крзиниот пшаб во Владата за снабдувањето со топлинска енергија.

Енергетика, пак, која е во сопственост на ЕСМ и управува со железарското парно, исто така набавиле гас за следниот период. Но, според сознанија од граѓани во населбата Железара, таму утрово парно не било пуштено.

Државата, односно компанијата ЕСМ која го презеде управувањето со БЕГ, се уште нема набавено гас за работењето на топланите Исток и Запад, кои покриваат најголем дел од потребите за парно во главниот град на државава, односно околу 60 илјади домаќинства.

Од компанијата „Макпетрол“ гас се уште не е набавен, а Владата сеуште нема дадено информација дали се постигна договор со Србија, според кој нашата земја со Србија требаше да врши размена на гас за електрична енергија, односно Те-то да добива гас од Србија а во замена за тоа ние да и испорачуваме струја на таа држава.

Информации на Фактор говорат дека денеска ќе има средба на кризниот штаб во Владата за снабдување со топлинска енергија, од кој треба да стане појасно до каде се преговорите со Србија во врска со ова прашање.

Од Владата објаснија дека преговорите со Србија се неизвесни, а дека тие се водат со цел да се заштедат државните пари, бидејќи набавката на гас преку „Макпетрол“ би била многу поскапа.

Она, пак, што загрижи многу екологисти, е најавата од властите во земјава, дека ако идејата со Србија не успее, за топланите Исток и Запад би се користел мазут, енергенс кој е многу штетен и кој е веќе напуштен во европските земји поради нзагадувањето на животната средина што го спроведува.

https://faktor.mk/toplanite-skopje-sever-i-energetika-utrovo-pushtija-parno---ne-se-znae-do-kade-se-pregovorite-so-srbija-za-najgolemiot-broj-skopski-domakjinstva - https://faktor.mk/toplanite-skopje-sever-i-energetika-utrovo-pushtija-parno---ne-se-znae-do-kade-se-pregovorite-so-srbija-za-najgolemiot-broj-skopski-domakjinstva

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Oct-2022 at 17:20
ЕСМ набави гас за две недели работа на топланите - Радијаторите ќе останат студени до 15-ти октомври

Грејната сезона во Скопје ќе започне на 15-ти октомври, без разлика колку ниски ќе бидат температурите дотогаш. ЕСМ обезбеди гас само за последните две недели од месецов. За таа цел набавени се околу 4 милиони кубни метри гас за топланите Исток и Запад.

„За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ-ТО, која како нус-производ од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје. Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси“, велат од компанијата.

Првиот човек на регулаторна вели дека е во ред греењето да започе од 15-ти, затоа што гасот треба да се штеди. Сепак во екстремни ситуции при ниски температури, ќе се направи напор топланите да профункционираат.

Владата ќе треба да одлучи дали топланите ќе работат на гас во текот на цела сезона или ќе се префрлат на дизел или мазут. Тоа ќе зависи од цените на енергенсите на светските берзи. Доколку цената на гасот е превисока, топланите ќе користат енергенси од државните резерви. Во Собранието веќе влезе предлог за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви. Со него ќе се овозможи за краток период да се искористат дури половина од резервите кои ги поседува државата во складиштата за мазут, дизел и нафта за загревање, додека во сила е енергетската криза. Измените ќе се носат по скратена постапка, но од Собранието за Сител велат дека се уште не се знае кога и на која седница овој предлог ќе се најде пред пратениците. Дизел, бензин, мазут и нафта за загревање ќе им се дели на јавните претпријатија и другите државни институции како заем, а без надомест ќе им се отстапат на ЕСМ и ТЕЦ Неготино. Kому и по колку ќе се дели, ќе решава Владата.

Во меѓувреме, опозицискиот лидер открива дека надлежните веќе почнале да ги користат контактите што тој им ги предаде за полесно и поевтино надминување на енергетската криза.

„Позициите се предадени и од информациите коишто јас ги имам, официјални средби ќе има во следните ден или два. Кај ќе биде резултатот и како понатаму ќе се одвива процесот јас не можам да гарантирам бидејќи немам намера да се вклучувам во комерцијалниот дел. Има надлежни инситуции и одговорни лица коишто тој процес треба да го движат во таа насока.“ – Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски додава и дека е предаден предлогот за измени во Законот за енергетика со кој општинските и државните претпријатија, како и објектите од образованието и здравството, ќе преминат од слободниот во регулираниот пазар на електрична енергија.

https://sitel.com.mk/esm-nabavi-gas-za-dve-nedeli-rabota-na-toplanite-radijatorite-kje-ostanat-studeni-do-15-ti-oktomvri - https://sitel.com.mk/esm-nabavi-gas-za-dve-nedeli-rabota-na-toplanite-radijatorite-kje-ostanat-studeni-do-15-ti-oktomvri

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2022 at 08:22
КОРИСНИЦИТЕ НА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ДА ПОТПИШАТ НОВИ ДОГОВОРИ Во спротивно ќе останат со студени радијатори

Од утре корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, информира денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ.

Корисниците на централното греење на нашиот систем од утре се повикуваат да се обратат до пунктовите кои се на исто место за да почне регулирањето на нашите односи со потпишување договори за снабдување со топлинска енергија, како и сите други барања кои произлегуваат од оваа услуга, рече Маројевиќ.

ЕСМ доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години.

https://plusinfo.mk/korisnicite-na-parno-gree-e-da-potpishat-novi-dogovori-vo-sprotivno-e-ostanat-so-studeni-radi-atori/ - https://plusinfo.mk/korisnicite-na-parno-gree-e-da-potpishat-novi-dogovori-vo-sprotivno-e-ostanat-so-studeni-radi-atori/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2022 at 14:54
Скопје – Север повторно го вклучи алармот, гас има само за 3 дена

[tube]3CbrVvnK600[/tube]

https://kanal5.com.mk/skopje-sever-povtorno-go-vkluchi-alarmot-gas-ima-samo-za-3-dena/a551748 - https://kanal5.com.mk/skopje-sever-povtorno-go-vkluchi-alarmot-gas-ima-samo-za-3-dena/a551748

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Oct-2022 at 17:35
ЕСМ: Скопје ќе има парно – утре понуди за природен гас, ако не се склучат договори алтернатива е дизелот

АД ЕСМ очекува во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди за набавка на природен гас, меѓу кои треба да биде и понудата од компанијата „Пегео“ чии контакти ги достави опозицијата.

Како што соопшти денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се побаруваат вкупно 225 милиони нормални метри кубни за период од шест месеци при што се номинирани месечни количини. Толку е потребно, напомена, ако работат ТЕ-ТО и топланите „Исто-Запад“ и „Скопје Север“.

Ковачевски смета дека ќе има прифатлива понуда, барем за топланите и дека веројатно од вторник наредната недела треба да се склучат договори. Ако тоа евентуално не се случи, алтернатива ќе биде дизелот.

Граѓаните на Скопје, порача директорот, воопшто не треба да се грижат зашто парно ќе има. Ако е неопходно, во краен случај, ќе се активираат и државните резерви.

АД ЕСМ Продажба, повтори Ковачевски, има обврска да го набави природниот гас и да го испорача кон консументите, топланите и евентуално ТЕ-ТО.

-Очекуваме во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди. За утре е најавена и понудата од контактите на опозицијата, компанијата „Пегео“. Контактирано е и со „Макпетрол“, номинирани се количините за периодот од 1 ноември до 30 април 2023. Очекувам дека „Макпетрол“ ќе се појави со понуда и дека ќе има и други компании. Ќе ги разгледаме сите понуди, а основен критериум ќе биде најниската цена, но со гаранција дека количините ќе бидат испорачани и дека ќе бидат задоволени потребите на ЕСМ за испорака на природен гас, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Утре, потенцира, нема да се потпише договор, туку ќе се разгледуваат понудите.

-Очекувам дека ќе има прифатлива понуда, барем за топланите зашто не се големи количини. Веќе е формирана Комисија, се водат процедурите на отворен повик и јавна набавка. Ќе се разгледаат сите понуди и во текот на наредната недела, веројатно од вторник, во тие неколку денови треба да се склучат договори зашто веќе наближуваа 1 ноември кога треба да се задоволат потребите на топланите и евентуално ТЕ-ТО да почне со работа. Ако нема прифатливи понуди (компанија што ќе понуди испорака на гас), односно доколку има нула количини, тогаш ЕСМ се подготвува за работа на топланите на алтерантивно гориво, тоа е дизелот. Граѓаните на Скопје не треба да се грижат, парно ќе има, само прашање е дали топланите ќе работат на природен гас или евентуално, како втора варијанта, на дизел. Обезбедени сме со опрема и со количини дизел гориво за да има непрекината испорака на топлинска енергија, изјави директорот.

Сепак, посакуваното сценарио е работа на природен гас.

-Ако нема можност за испорака на природен гас до државата, алтернатива е работата на дизел. Ги набавивме потребните дизел пумпи, системот што претходно работеше на мазут го санираме, го чистиме, пумпите ќе бидат поставени и до 1 ноември ќе бидеме подготвени ако нема испорака на природен гас, да се работи на дизел. За количините на дизел ќе распишеме јавна набавка. Ако и тоа не се случи, постојат државни резерви. За тоа има време, вработените ги прават сите напори, наредната недела ќе бидеме подготвени, пред 1 ноември ќе бидеме подготвени, рече Ковачевски.

Тој информира дека во изминатиот период ЕСМ имала контакти со компании кои најавиле доставување понуди за набавка на природен гас за топланите, но се барале и дополнителни количини преку некој од добавувачите за работата на ТЕ-ТО. Како што нагласи Ковачевски, препорачливо е од почетокот на ноември и ТЕ-ТО да биде во функција заради испорака и на електрична и на топлинска енергија.

https://www.vecer.press/есм-скопје-ќе-има-парно-утре-понуди-з/ - https://www.vecer.press/есм-скопје-ќе-има-парно-утре-понуди-з/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Oct-2022 at 14:47
ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ОДИ НА БАРАБАН - кој ќе искешира еден милион евра

Топланата Скопје Север оди на барабан.

Нејзините акции ќе бидат понудени на Берзата во среда следната недела, а понудувач ќе биде газдата на оваа топлана, односно Топлификација во стечај.

За ова извести самата берза, објаснувајќи дека јавната аукција ќе се организира на барање на една од нејзините членки, Комерцијална банка.

На аукцијата ќе бидат понудени речиси сите акции на топланата Скопје Север, а почетната цена која ќе се бара за компанијата е околу еден милион евра.

Или, на барабан одат 77.414 обични акции на компанијата, по цена од 780 денари за акција, што е рамно на 60,4 милиони денари, или 982 илјади евра.

„Ве известуваме дека на 02.11.2022 година (среда), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје Север АД Скопје што претставува 99,98 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 780 денари по акција, преку моделот “се или ништо“, се вели во објавата од Берзата пласирана на нејзина веб страница.

Инаку, топланата Скопје север снабдува со топлинска енергија околу 500 домаќинства, но и загрева училишта и други институции во регионот на Чаир и Бутел.

Таа беше прва која пушти парно за своите потрошувачи.

Пред околу десетина дена на владина седница е донесена одлука за деловно-техничка соработка меѓу топланата Скопје север АД Скопје и АД ЕСМ, но во меѓувреме настана спор дека Скопје север за минатата грејна сезона наплаќал сметки, но не ја вратил позајмицата за минатата грејна сезона што ја зел од ЕСМ.

https://faktor.mk/toplanata-skopje-sever-slednata-nedela-odi-na-baraban---koj-kje-iskeshira-eden-milion-evra - https://faktor.mk/toplanata-skopje-sever-slednata-nedela-odi-na-baraban---koj-kje-iskeshira-eden-milion-evra

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Nov-2022 at 07:52
Топланите „Исток“ и „Запад“ од 15 ноември ќе бидат на 10-дневен тест период на дизел гориво

Топланите „Исток“ и „Запад“ од 15 ноември ќе бидат ставени на десетдневен тест период за да се види како би можеле да работат на дизел гориво. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека планот на техничките кадри во компанијата е да се направи тест период од 15 ноември во промена на енергенсот.

– Префрлањето ќе биде не повеќе од 24 часа, но тоа не значи дека граѓаните ќе останат без греење или со намалена испорака на топлинска енергија. Прво тест ќе се направи на едната, апотоа на другата топлана. Она што го планираат техничките лица е дека најмалку 10 дена треба да работи една од топланите на дизел гориво за да можат да се следат параметрите и да се испита комплетниот систем. За таа цел се поставени околу 10 најсовремени пумпи за дизел гориво, а во моментов се врши и чистење на системот кој претходно работеше на мазут. Очекувам техничките лица да дадат проценка за да се осигураме дека системот ќе функционира на дизел гориво – изјави Ковачевски.

Вели дека добиле препорака да го подготват системот да биде функционален и со втора резерва варијанта, односно покрај на природен гас, да работи и на дизел гориво. Ковачевски вели дека топланите во минатото работеа на мазут кој е еколошки повеќекратно понеподобен од дизел горивото.

– Поволните временски услови во овој период од годината, намалениот конзум на топлинска и на електрична енергија ни дозволува во овие услови да го направиме тој тест период за да можеме да бидеме сигурни во подоцниот период од грејната сезона, но и во следните грејни сезона, да бидеме сигурни како во целост ги задоволуваме потребите за топлинска енергија. Те-То работи и обезбедува 60% од потребната топлинска енергија, останува 40% да се обезбедуваат од топланите „Исток“ и „Запад“ – вели Ковачевски.

АД ЕСМ ги има обезбедено потребните количини на природен гас за топланите „Исток“, „Запад“ и за „Енергетика“ за периодот од 1 до 15 ноември и, како што потенцира Ковачевски, со топлинската енергија што треба се преземеме од приватниот капацитет „Те-То“, во целост треба да се задоволат потребите за топлинска енергија на корисниците во Скопје.

– Во случај да нема природен гас или цените рипнат, тогаш дизелот кој го имаме во државните резерви, ќе биде полесно достапен и полесно ќе може да се изменаџира евентуална криза што постои со природниот гас – дециден е Ковачевски.

https://www.vecer.press/топланите-исток-и-запад-од-15-ноем/ - https://www.vecer.press/топланите-исток-и-запад-од-15-ноем/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Nov-2022 at 17:58
Чаир и Бутел без централно греење – несогласувањата меѓу топланата и ЕСМ ги оставија граѓаните на ладно

Жителите на општина Чаир, Бутел и околината, меѓу кои и некои училишта и здравствени установи, од вчера се без парно греење. Топланата „Север“ не може да снабдува со греење 500 објекти кои се под нејзин чадор. Директорот на топланата Куштрим Рамадани вели дека не може да обезбеди гас бидејќи во буџетот нема ни 1000 евра.

„Вчера поради немање финансиски средства „ГАМА“ не исклучи од гасоводниот систем по налог на нашиот снабдувач „Промгаз“, па не можеме да произведуваме топлинска енергија и да ги снабдуваме граѓаните.“, вели Куштрим Рамадани.

Рамадани побарал помош од ЕСМ и Владата, но не добил позитивен одговор. Вели дека се дискриминирани бидејќи ЕСМ одвојува средства само за двете други топлани.

Изминативе денови со владина одлука повторно беа доделени средства за две други топлани, од каде што издвојуваат средства за набавка на топлинска енергија од „ТЕ-ТО“ за другите две топлани, а на 10-ти добивме негативен одговор со понудата што ја направивме до ЕСМ за договорот. Нашата понуда е каква што беше од почетокот, како што кажавме, цената што ја одобрува РКЕ, која е некаде околу 68 денари за метар кубен гас, и реалната цена што е на пазарот што ја купуваме, т.е. разликата да се компензира на начин да бидеме ликвидни и да плаќаме за гасот.“, рече Рамадани.

Запрашан за проблемот, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски пред неколку дена му наложи на Рамадани да ги среди формално-правните работи, со РКЕ и други правни прашања и потоа да го потпише договорот за техничко-деловна соработка. За да и помогне на топланата со 1 милион евра, од ЕСМ бараат „Скопје Север“ да обезбеди имот, но Рамадани вели дека нема да потпише таков договор бидејќи е незаконски.

https://mk.tv21.tv/chair-i-butel-bez-tsentralno-greene-nesoglasuvanata-megu-toplanata-i-esm-gi-ostavija-graganite-na-ladno/ - https://mk.tv21.tv/chair-i-butel-bez-tsentralno-greene-nesoglasuvanata-megu-toplanata-i-esm-gi-ostavija-graganite-na-ladno/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Nov-2022 at 18:52
Чаир и Бутел мрзнат, нема решение за топланата Скопје-Север

Што се виновни овие деца што мрзнат во градинките? Ваквата состојба трае веќе 5 дена. Се случува не само во образовните институции, туку и во целиот регион на Чаир и Бутел, област која е под топланата Скопје-Север, која всушност не се очекува да функционира барем до крајот на оваа недела.
Во екот на енергетската криза дел од училиштата и градинките се загреваат со инвертер климатизери бидејќи парното не работи. Дури и некои од родителите ги повлекоа своите деца бидејќи е многу студено и овие уреди што ги загреваат просторите не се доволни за правилно одвивање на образовниот процес.

Една од воспитувачките во градинката „11 Ноември“ ни рече дека немаат услови да ги задржат децата подолго.

„Во овие услови е речиси невозможно бидејќи климата што ја гледате не покрива толкав простор. Од вчера утрото беше многу студено бидејќи за време на викендот објектот не се загрева. Има многу реакции од родителите бидејќи овој период е полн со грип, а настинките се дополнителна причина за влошување на здравјето“, рече една воспитувачка.

„Студено е, нема услови. Каде да ги оставам? Да се разболат? Ова нема смисла. Ова не е прв пат, пред две недели беше истиот проблем. Сега е уште полошо, нема што да правиме. Во моментов, во зима, нема греење. Се гледа по самите деца со два-три палта, дресови и капи внатре“, реагира еден родител.

Од раководството на топланата велат дека сакаат да ја дадат под привремено управување на државата. Но, извршниот директор Куштрим Рамадани тврди дека одборот на доверители на „Скопје-Север“ не му дозволува на сопственикот Богољуб Макревски, да го потпише документот за давање под државно управување.

Алсат го обезбеди документот. Еден од претставниците на Одборот е и компанија Макпетрол, која досега ги снабдувала со гас, исто како и другите топлани. Но, ЕСМ сега испорачува гас од друга фирма, што ја отежна процедурата за давање под државно управување, бидејќи во овој случај Макпетрол е исклучен од снабдувањето на топланите со гас.

„РКЕ не ни ги прифаќа реалните цени на гасот за да не се зголеми цената на услугата за граѓаните. Јас се согласувам со ова, но некој мора да ни излезе на помош за да го надомести тоа, односно оваа разлика во цената на гасот. Досега Владата не ни дојде на помош под изговор дека не субвенционира приватни фирми, што никаде не го пишува во законот. Ако одборот на доверители даде дозвола за потпишување на техничко-деловна соработка со ЕСМ, проблемот веднаш ќе се реши, ние сме под притисок на времето“, изјави Куштрим Рамадани, директор на АД. „Топлана Скопје-Север“.

За да не ги остави граѓаните без парно, Рамадани вели дека топланата не добива ни можност да користи мазут како план Б. Ова самата ЕСМ го остави како можност во случај на недостиг на јаглен за производство на струја или во недостиг на гас за производство на топлинска енергија. Од топлана велат дека имаат Б-интегрирана дозвола од Министерството за екологија, но инспекторатот на Град Скопје им забранил да горат мазут. Од Министерството за економија велат дека им оставиле на Регулаторната комисија за енергетика и на ЕСМ да најдат решение за топланата Скопје-Север. Од ЕСМ велат дека се во континуирани разговори за правно деблокирање на состојбите за државата да ја преземе топланата.

https://alsat.mk/mk/chair-i-butel-mrznat-nema-reshenie-za-toplanata-skopje-sever/ - https://alsat.mk/mk/chair-i-butel-mrznat-nema-reshenie-za-toplanata-skopje-sever/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Dec-2022 at 18:11
Автокоманда се враќа во градската топловодна мрежа?!

ЕСМ – Енергетика планира промена на снабдувачот на топлина за цела Автокоманда и приклучување на корисниците на парно греење на мрежата на топланата „Исток“. Ова предизвикува револт кај корисниците, бидејќи, како што велат, АД ЕСМ, компанијата што управува со сите топлани во Градот Скопје, планира да го спроведе ова до Нова година, и тоа без нивно знаење.

Со префрлањето на мрежата на топланата „Исток“, корисниците во Автокоманда повеќе нема да имаат нонстоп парно греење, туку како што налага Регулаторната комисија за енергетика, од 6 наутро до 22 часот навечер.

Жители на Автокоманда велат дека на терен се забележани екипи и раздвиженост за префрлање на овие корисници од т.н. железарско парно на градската топловодна мрежа со која сега управува, исто така, новоформираната фирма на АД ЕСМ.

Во времето кога К.Т. и Т.Т. беа градоначалници, на иницијатива од граѓаните, преку УЗ, делот од зградите во Автокоманда што беа снабдувани од Градот, поради неквалитетното греење, со техничко-градежни инвестиции беа префрлени на греењето од ЕСМ – Енергетика и проблемот беше решен. Зошто сега ќе се врши обратен процес – не е јасно, бидејќи Енергетика има капацитет за греење на половина град. Локалната и месната самоуправа, заедно со граѓаните, во недостиг на издржана причина, треба жестоко да се спротивстави на ваквата најава – нагласува Маријан Калиманоски.

Александар Тодоровски, пензионер од ЕСМ – Енергетика, смирува и вели дека овој план за спојување на двата система е донесен откако се изгради ТЕ –ТО.

– Тоа е добар план како основа за продолжување на топловодот од Енергетика кон населбата Бутел. Во иднина се планира оттаму да се поврзе топланата „Скопје-Север“, што е, исто така, добар план, со што би се добил еден голем систем. Капацитетите на ваквиот заеднички систем со ТЕ -ТО, топлана „Исток“, Енергетика и „Когел“ се големи и во целост ќе ги задоволуваат потребите за топлинска енергија. Впрочем, на ниво на Град Скопје, во времето на Шилегов е формирано претпријатие за управување со комплетниот топлификациски систем, кое, за жал, не проработи, а одреден број вработени, и покрај тоа, земаат плата. Доколку се обратите до раководството на Енергетика, сигурен сум во тоа дека во детали ќе ви ги објаснат плановите. Како снабдувач со топлинска енергија, Енергетика докажа дека може да биде рамо до рамо со останатите снабдувачи. Нема причина за загриженост – дециден е Тодоровски.

Како и да е, корисниците од Автокоманда се во дилема: дали враќањето во градската мрежа ќе значи и израмнување на висината на сметките со останатиот дел од градот, бидејќи корисниците на ЕСМ – Енергетика плаќаат за 37 проценти повисока цена во споредба со приклучените на мрежата на досегашниот БЕГ.

https://www.vecer.press/автокоманда-се-враќа-во-градската-топ/ - https://www.vecer.press/автокоманда-се-враќа-во-градската-топ/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2023 at 18:06
ТОПЛОВОДОТ ОД РЕК ЗА ЕДНА ГОДИНА СТИГНА ВО БИТОЛА, ПАРНО ЌЕ ИМА ВО 2025

За една година цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Директорот на ДООЕЛ „Топловод“ Горан Козаров рече дека цевките влегуваат во Битола и дека топловодната гранка од РЕК е стигната на дванаесетиот километар од трасата, односно во близина на локацијата каде ќе биде кулата за дотоплување на водата на влезот од Битола.

Ова е прва од трите фази за изградба на топловодот, во која се поставуваат главните цевки. Втората фаза ќе подразбира изградба на градската мрежа и разводните шахти, а потоа ќе се градат одземач и култата за дотоплување на водата.

„Во 2025 треба да бидат приклучени 37 објекти од градот и граѓаните да го почувствуваат бенефитот од топлификацијата. Топловодот ќе биде разграден на две гранки, едната по улица Иван Милутиновиќ, а другата по Партизанска. Предвидени за приклучување се 37 објекти, тоа се државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, одредени загадувачи и објекти кои прават трансмисија на огромни количества на гасови и загревањето на тие институции чини многу пари. Бенефитот ќе го почуствуваат прво тие, а потоа е предвидено мрежата да се разгранува низ градот, да се пројави интерес за колективните затоплувања каде има постоечки котлари“, рече Козаров.

Кога ќе се поставува мрежата низ градот ќе мора да се ископаат некои од улиците или тротоари, но потоа ќе бидат вратени во првобитна положба, за што се обезбедени финансиски средства. Во битолска „Топлификација“, која е новоформиран ДOOEЛ при ЕСМ, засега е ангажиран само управителот, но претпријатието како што ќе се реализира проектот така ќе се проширува, за на крај да биде самоодржливо и да не троши туѓи пари.

Топлификацијата на Битола од РЕК е желба на битолчани стара 40 години, откако е изграден Комбинатот, а ова се смета за еден од најкрупните проекти во последните години.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/toplovodot-od-rek-za-edna-godina-ke-stigne-vo-bitola-porno-ke-ima-vo-2025/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/toplovodot-od-rek-za-edna-godina-ke-stigne-vo-bitola-porno-ke-ima-vo-2025/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jun-2023 at 17:18
ВО ПОЖАРОТ НА СКОПСКИОТ МОСТ „БЕЛАСИЦА“ ОШТЕТЕНА ТОПЛОВОДНА ЦЕВКА, БИСЛИМОСКИ ВЕЛИ ВЕДНАШ ДА СЕ САНИРА ОТИ НЕМА ДА ПРИЗНААТ ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ПАРНО НА ТОПЛАНАТА

Во пожарот на мостот „Беласица“ во Скопје оштетен е топловодот преку кој се пренесува топлинска енергија од ТЕ-ТО до топланата Запад. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, вели дека оваа цевка е многу важна за преносот на топлинска енергија во Скопје и веднаш треба да се санира. Ако не биде ставена во функција до почетокот на грејната сезона, тогаш ќе има проблем односно поголеми трошоци за парно греење, што според Бислимоски нема да бидат признаени односно ќе биде на товар на топланата.

„Не сакам да слушам изговори. Сега сме почеток на јуни, до почетокот на грејната сезона има уште четири месеци и имаат време како знаат и умеат тој топловод да го вратат во нормала и да функционира. Ако има зголемени трошоци поради тоа што топловодот не е ставен во функција, тоа ќе биде на товар на компанијата. Нема да бидат на товар на граѓаните односно да им се зголемат сметките за парно“, вели Бислимоски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-pozharot-na-skopskiot-most-belasitsa-oshtetena-toplovodna-tsevka-bislimoski-veli-vednash-da-se-sanira-oti-nema-da-priznaat-zgolemeni-troshotsi-za-parno-na-toplanata/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-pozharot-na-skopskiot-most-belasitsa-oshtetena-toplovodna-tsevka-bislimoski-veli-vednash-da-se-sanira-oti-nema-da-priznaat-zgolemeni-troshotsi-za-parno-na-toplanata/

-------------
Carpe diem


Posted By: hcitrS
Date Posted: 14-Jun-2023 at 22:12
Originally posted by stef4o



....

„Не сакам да слушам изговори. Сега сме почеток на јуни, до почетокот на грејната сезона има уште четири месеци и имаат време како знаат и умеат тој топловод да го вратат во нормала и да функционира.
.....

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-pozharot-na-skopskiot-most-belasitsa-oshtetena-toplovodna-tsevka-bislimoski-veli-vednash-da-se-sanira-oti-nema-da-priznaat-zgolemeni-troshotsi-za-parno-na-toplanata/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-pozharot-na-skopskiot-most-belasitsa-oshtetena-toplovodna-tsevka-bislimoski-veli-vednash-da-se-sanira-oti-nema-da-priznaat-zgolemeni-troshotsi-za-parno-na-toplanata/


Вакви изјави би сакал да слушам секој ден од градоначалници, министри, директори, премиери...


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Sep-2023 at 14:26
Без ТЕ-ТО ќе се случи ценовно цунами со парното во Скопје - Нова цена нема да има се до поставување на топловодите под Беласица

[tube]a7z_26EI_LQ[/tube]

На скопјани им се закануваат жешки сметки за парно оваа зима. Се ќе зависи од тоа дали ЕСМ ќе успее да ги постави новите цевки на опожарениот мост Беласица. Додека Град Скопје и ЕСМ си ја префрлаат вината, се поизвесно станува дека новата грејна сезона ќе почне со големи проблеми кој ќе им се одразат на граѓаните. На разум повикува и првиот човек на регулаторна, кој предупредува на ценовен шок за парно.

Битката за мостот Беласица трае речиси половина година. Од пожарот до денес, мостот беше затворен, потоа се чекаше Обвинителството за да можат експертите ангажирани од градот да направат проценка, а откако ја завршија се наложи ЕСМ да ги отстрани цевките и да постави нови. Во меѓувреме Град Скопје го пушти за сообраќај, но само со две ленти.

Од АД ЕСМ скоро еден месец чекаат дозвола од градските власти и нејасно е до сега зошто не ја добиле. Велат се подготвени за монтажа и тврдат дека нема да има проблеми со парно греење.

- Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023 и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.

Од регулаторна веруваат дека нема да има поскапување на струјата оваа зима, но велат сепак зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ.

https://sitel.com.mk/bez-te-kje-se-sluchi-cenovno-cunami-so-parnoto-vo-skopje-nova-cena-nema-da-ima-se-do-postavuvanje-na - https://sitel.com.mk/bez-te-kje-se-sluchi-cenovno-cunami-so-parnoto-vo-skopje-nova-cena-nema-da-ima-se-do-postavuvanje-na

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window