Имаш маркичка P+4+PT. Тоа значи дека имаш: 1. Приземје 2. 4 стандардни нивоа (кат) 3. Поткровје Таа маркичка ти е наменета за станбена површина (станбени единици, а.к.а. зграда), иако ти можеш да си изградиш и обична куќа. Но мораш да се држиш до правилата и прописите, односно висината, исккористеноста на маркичката, паркинг, комуналии... Мораш да го имаш на увид деталниот урбанистички план. Ако градиш зграда, а потоа тие станови ги продаваш, ќе треба да направиш прво фирма (правен субјект), која ќе биде инвеститор.... и која ќе ги продава становите, за што ќе треба да платиш даноци итн... Секако ќе треба да се држиш и до градежната процедура, односно, одобрение за градба, градежна фирма која ќе го гради објектот, надзор, прием... итн.. а за изгледот и распоредот ќе треба да си ангажираш архитект... Значи би ти препорачал, ако си неискусен во оваа работа, да не ја почнуваш сам. Бидејќи многу е веројатно да изградиш дивоградба... Или најди некој инвеститор.... Или пак добро распрашај се, информирај се, и прочитај закони пред да отпочнеш воопшто нешто... Како и да е... и да ја градиш сам, ако е куќа можеш и како индивидуалец, но ако е нешто поголемо ќе треба да основаш и фирма... во секој случај, ти само ќе бидеш инвеститорот на градбата.... неможеш да бидеш ниту архитектот, ниту градежникот.... во секој случај ќе треба да платиш архитект да ти направи проект, и некој што потоа ќе го реализира, изгради... но пред тоа ќе треба да поминеш ни сите правни и законски постапки што се задолжителни за да отпочнеш и завршиш градба... Неможеш ти да седнеш во дневна и на лист да си црташ тоа што сакаш... И би ти препорал, бидејќи напомена дека е во строг центар на Охрид... што и да правиш, дали сам, дали не, гледај и инсистирај таа градба да биде во согласност со околината... и да соодвестуваа со архитектурата на Охрид... Сакам да кажам... нека не биде некоја ‘‘транзициска‘‘ зграда И јас не сум експерт, вака некои работи генерално што можам да ти ги кажам.... се надевам дека некој од другите членови би можел поконкретно и подетално да ти помогне... А може да обезбедиш и дополнителни материјали, како површина на маркичка.... локација, скици итн...
|