Print Page | Close Window

Парк „Лисиче“

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1526
Printed Date: 27-Apr-2024 at 00:51


Topic: Парк „Лисиче“
Posted By: OCB
Subject: Парк „Лисиче“
Date Posted: 13-Jan-2012 at 16:19
Нов парк во Лисиче

Општина Аеродром распиша тендер за изградба на нов голем модерен парк во населбата Лисиче, како комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско-рекреативни терени и детски игралишта.

http://imgur.com/jrwMv">

Ова го соопшти градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, кој денеска, 14.1.2012 година, заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски, одржа прес-конференција покрај булеварот „Србија“ (пред бензинксата пумпа на „Макпетрол“) во населбата Лисиче, на местото кадешто ќе се гради новиот парк.

„Граѓаните ќе добијат уште едно прекрасно зелено катче за одмор и рекреација, со што ќе се збогати и ќе се облагороди просторот, со очекување тој да стане „магнет“ за масовна посета на граѓаните“, изјави градоначалникот Коневски.



Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски, ја поздрави изградбата на паркот и изрази увереност дека овој проект ќе придонесе за прочистување на скопскиот воздух.

Станува збор за парк што ќе се простира на површина од околу 5 илјади квадратни метри, а ќе содржи песочник со трибини, детско игралиште со модерна урбана опрема, асфалтирано игралиште за кошарка, кое ќе биде оградено со метална мрежа и со поставени реквизити.



Исто така, во паркот се предвидува да има и водени површини, поточно ќе се изградат фонтани, водоскоци, како и езерце со мост како продолжение на патеката што ќе минува преку езерцето. Водата за езерцето ќе се обезбедува од артериски бунар, кој ќе биде лоциран во паркот. Водата освен што ќе се користи за полнење на езерцето, ќе се користи и за полевање на зелените површини. Покрај езерцето, паркот ќе содржи и простор за одмор, поточно чешма со гарнитури за седење.

Новиот модерен парк, кој ќе биде целосно осветлен, ќе има пешачки патеки поплочени со гранитни плочки, фонтана за пиење вода, клупи за седење, канти за отпадоци и друга урбана опрема, а секако и богато хортикултурно уредување во комбинација со ниско, средно и високо зеленило.



http://kurir.mk/republika/skopje/56991-FOTO-Nov-moderen-park-vo-Lisice



Replies:
Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Jan-2012 at 19:33

Како ни тргна со парковиве  

Инаку убаво мало (па и не е толку мало) паркче.



Posted By: axel
Date Posted: 28-Feb-2012 at 14:23

http://kurir.mk/republika/skopje/62469-FOTO-Likot-na-parkot-Lisice-koj-ke-se-gradi-od-utre - ФОТО: Ликот на паркот „Лисиче“, кој ќе се гради од утре

Жителите на општина Аеродром ќе добијат уште едно зелено катче за рекреација.

park-aero500

Покрај булеварот „Србија“ во населба Лисиче, пред бензинската пумпа „Макпетрол“, утре официјално ќе започне со изградба нов голем и модерен парк, комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско-рекреативни терени и детски игралишта.

park-lisice500

Градоначалникот Ивица Коневски кој утре ќе го означи почетокот на изградбата, очекува паркот да стане „магнет“ за масовна посета на граѓаните.

Новиот парк ќе се простира на површина од околу 5 илјади квадратни метри, а ќе содржи песочник со трибини, детско игралиште со модерна урбана опрема, асфалтирано игралиште за кошарка, кое ќе биде оградено со метална мрежа и со поставени реквизити.

park-lisice-1-500

Исто така, во паркот ќе се изградат фонтани, водоскоци, како и езерце со мост како продолжение на патеката што ќе минува преку езерцето.

Покрај езерцето, паркот ќе содржи и простор за одмор, поточно чешма со гарнитури за седење.

park-lisice-2-500

Новиот модерен парк, кој ќе биде целосно осветлен, ќе има пешачки патеки поплочени со гранитни плочки, фонтана за пиење вода, клупи за седење, канти за отпадоци и друга урбана опрема, а секако и богато хортикултурно уредување во комбинација со ниско, средно и високо зеленило.

http://kurir.mk/republika/skopje/62469-FOTO-Likot-na-parkot-Lisice-koj-ke-se-gradi-od-utre




Print Page | Close Window