Print Page | Close Window

Плажи и бродови на Вардар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Проекти
Forum Discription: Административни, станбени, резиденцијални...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153
Printed Date: 21-Jan-2021 at 00:35


Topic: Плажи и бродови на Вардар
Posted By: Cloverstack
Subject: Плажи и бродови на Вардар
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:06
Еве само да ја испробам новата опција за анкети Smile

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=946 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=946

Повеќето од вас знаат за „идејата“ на трифун да прави плажа на потегот од камени до железен мост. Тоа ќе било пропратено и со спортски игралишта и кафичи.

Каков е вашиот став за ова?

http://imageshack.us">




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:10
Јас сум растргнат помеѓу не на таа локација и никако. Подобро би било езерото Треска да биде приоритетно да се уреди а тек после да се мисли евентуално делови од Кејот да се уредуваат така.

Инаку гласав за Не на таа локација 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:11
Моето мислење е дека локацијата е апсолутно неприкладна. Тоа би бил уште еден тежок кич во центарот на градот.

Сето ова уште повеќе ме нервира кога има толку многу простор за ваква работа возводно, на целиот потег од Градски Парк до Ѓорче Петров на пример...

Кејот во центарот нека се уреди како што му прилега, а плажи и спортски терени нека прават на места прикладни за тоа. Има премногу запуштени места кои би се средиле со такви проекти. Затоа гласам за втората опција.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:14
Originally posted by pbanks

Јас сум растргнат помеѓу не на таа локација и никако. Подобро би било езерото Треска да биде приоритетно да се уреди а тек после да се мисли евентуално делови од Кејот да се уредуваат така.


И тоа држи.

Езерото треба да биде приоритет, а ова евентуално во некоја подоцнежна фаза. Сепак спортски терени можат да се градат и одма. И не само возводно, туку и низводно - накај Аеродром и Ново Лисиче (мада таму е планирано такви содржини да се градат на просторот непосредно над кејот)

А што се однесува до езерото Треска, тоа дефинитивно треба да се продаде или даде под концесија. Таму само приватник може да воведе ред. Иначе стално ќе биде дива лига... Roll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:48
Мене плажи на Вардар ми е во принцип глупа идеја бидејќи Вардар е страшно загаден.

Во градови како незнам Стокхолм или Копенхаген каде летата се пријатни и има логика да се направат плажи каде може човек само да се пече на сонце но не и да се разлади.

Кој нормален би го правел тоа во Скопскиот пекол? Овие плажи би можеле да се користат единствено во мај(ако се погоди), Јуни (ако не запече ко оваа година) и Септември (повторно ако се погоди). Не ја гледам логиката.

Значи прво треба да се изгради цела пречистителна инфраструктура на Вардар па да се почекаат деценија две цела прљавштина да се исфилтрира и дури тогаш да се размислува за вакво нешто на кејот.

Оти на крајот од сето тоа ќе излезат само кафани, барови, летни дискотеки и ништо повеќе.


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Jan-2008 at 19:00
Се зафркнав - гласав за „не на таа локација“. Вардар одамна ја изгуби фората за плажи, сега е самоубиство да се плива во тие води, особено кај Аеродром, таму се влеваат отпадни води, така да надоле секаква локација за плажа е надвор од здрав разум. Па и воопшто. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2008 at 19:06
Originally posted by La Linea

Се зафркнав - гласав за „не на таа локација“. Вардар одамна ја изгуби фората за плажи, сега е самоубиство да се плива во тие води, особено кај Аеродром, таму се влеваат отпадни води, така да надоле секаква локација за плажа е надвор од здрав разум. Па и воопшто. 


Абе јас мислам дека никој не ни мисли за пливање во Вардар од овие што ја туркаат иницијативава, но прашањето е како да се издржи изгор летото без разладување. А тој момент сигурно не ставиле во равенка кога ги гледале сликите од Париз или Прага (од каде што веројатно им потекнува оваа налудничава идеја).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 19:06
Дечки, плажа не мора да значи автоматски дека луѓе ќе се бањаат.

Поентата на pbanks  со пречистувањето е во ред. И забелешката за климата е во ред. Но сепак има многу луѓе кои во сред јули и август би иделе чисто да се печат. Само колку имаше такви во Аеродром исполегнати на клупите поред кеј... Па на крајот на краиштата и за во мај/септември нека биде, не е лошо.

Јас во секој случај мислам дека ова е уште една глупост, затоа што имаме огромни приоритети... Во ваква ситуација не би требало да се занимаваме со вакви тривијални работи...
Но пред се и најважно ми е да си ја избијат од глава идејата ова да го прават на локацијата што ја замислиле. Таа локација е најнепогодната за ова Roll%20eyes. Не знам само како може толкав невкус да се преовладува Bash


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Jan-2008 at 19:10
ТРЕСКА!! Треска е жалсоно неискористена - ако може да се намамат рекреативци со фини бифеа, се разбира и квалитет на водата,  рекреативен центар налик на Аквапарк, Треска ќе биде преплавена  од туристи. А ништо не знам околу тоа езеро - во чија сопственост е? Дали е дозволено пливање - едно време беше загадена до степен да нема пливање. Башка тоа бетонот е навистина непривлечен, личи на тренинг камп за војници повеќе отколку рекративен центар.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2008 at 19:11


јас мислам дека сме на сигурно во однос на иницијативава. Трифка реално све што мисли да почне предизборно (ако е толку луд воопшто да се спрема за избори) ќе почне во следниве 6 месеци. А плажата не беше спомната во најавените приоритети.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2008 at 19:15
Originally posted by La Linea

ТРЕСКА!! Треска е жалсоно неискористена - ако може да се намамат рекреативци со фини бифеа, се разбира и квалитет на водата,  рекреативен центар налик на Аквапарк, Треска ќе биде преплавена  од туристи. А ништо не знам околу тоа езеро - во чија сопственост е? Дали е дозволено пливање - едно време беше загадена до степен да нема пливање. Башка тоа бетонот е навистина непривлечен, личи на тренинг камп за војници повеќе отколку рекративен центар.


Мене па ми се свиѓа бетонот. Точно езерото е загадено, филтрите не работат. Пливање е забрането со години и никој жив не влага таму освен локални дечишта. Не сум сигурен во чија сопственост е но се надевам дека наскоро таму ќе улета приватен капитал. Тоа е дефинитивно најсоодветната локација во Скопје за аквапарк.


Posted By: dejan
Date Posted: 13-Jan-2008 at 01:37
Ne, neka iskopat druga reka pokraj vardar za plazha.


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:27
spored moe mislenje ,bi mozelo da se napravi nesto ali ne na ovaa lokacija , prasanjeto e zosto ... pa ete mestoto ne cini, posle toa mnogu luge pominuvaat natamu, necisto e ,vodata e nikakva, ubava bese idejata za vo TRESKA ali tamu pogore kaj sto e pocista vodata, druga ideja hmmm eve mojata ideja ne znam kolku ke se realizira, kako prvo ispod kale posle plaja vista bazenot e ubava lokacija za plaza, no dokolku malku podole se stavat filtri za da se iscisti vodata , i da se napravi drugo korito od strana za da pominuva vodata niz taa plaza  ne znam dali me svakate na sto mislam ,kako na primer sto e kejot ureden vo struga CRNI DRIM , e togas bi bilo ubavo da ima plaza..
eve eden primer :
http://imageshack.us">

ili pak  nesto slicno na ova:
1. http://www.portugalholidayhome.net/Coja_river_beachpage.jpg
2. http://michpics.files.wordpress.com/2006/10/miners-beach-pictured-rocks.jpg
eve u paris kako funckionira ova :
3. http://solere.blogs.com/photos/uncategorized/paris_plage.jpg
a mojata zamisla e vakva
http://imageshack.us">

toa crvenata linija znaci belezi drugo korito od postojanoto sto go ima vardar, ali da ima od ednata strana filter za procistuvanje na vodata, i sto ubavo ke bide da ima RECNO OSTROVCE , i tamu da se otvori nekoja diskoteka kafic ili bilo sto , imam uste miljon planovi samo sto treba investicija i pari inace odlicna ideja e za plaza veruvajte
pozdrav se nadevam vi se dopaga toa sto go prikazav




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:33
Абе сите гласаат за втората опција, ќе изгледа наместена работава LOL


@ mitatos - локацијата што ја посочи во основа е добра, ама нема место за одделно корито зашто тој простор е веќе предвиден за:

1. катна гаража за стадионот
2. хотел (ако го памтиш она наддавање за земјиштето, кога имаше голем скандал, со јавни закани за време на наддавањето)


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:37
bi mozelo i podole, od desna strana ,ima poveke opcii samo kazi dali planot ti se dopaga ) za realizacija koj znae koga ke bide, ama mene kako proekt epten mnogu mi se dopaga ova opcija taa e naj atraktivna, posto samo taka mozat da gi donesat mladite nataka



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:40
Иначе гледам така со паралелно корито и со островче би можело да се направи малце возводно од Александар Палас, или од другата страна близу Злокуќани на пример.

Убаво би било така со островче, таму би можело да има и летни дискотеки и разни други содржини во зависност од вкупната површина на тоа островче.

Но мислам дека имаме многу ургентни работи да правиме, а ова е дефинитивно луксуз. Би било добро да се планира долгорочно и да се вметне во генерален урбанистички план на пример, ама сега за сега ништо повеќе од тоа. Нека се даде езерото треска на приватник да го управува и тоа ќе заврши многу работа.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:42
@ mitatos

Веројатно мислиш „погоре“ т.е. возводно Smile


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:44
idejava e mnogu ubava ,i ne e luksuzna , so malku pari moze da se napravi , eve na primer taa katna garaza sto ke ja pravat tamu e nepotrebna, nikoj nema da parkira na toa mesto ti garantiram , daleku e od gradot, a nasive mrzlivi se da setat , a so tie 2 milona +nekoj sponzor+nekoja diskoteka da dade pari normalno vo svoj interes ke bide top ama samo ako nekoj malku razmisli ..a ti kazuvam deka skoro sekoja lokacija natamu ne e losa



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:49
Originally posted by mitatos

idejava e mnogu ubava ,i ne e luksuzna , so malku pari moze da se napravi , eve na primer taa katna garaza sto ke ja pravat tamu e nepotrebna, nikoj nema da parkira na toa mesto ti garantiram , daleku e od gradot, a nasive mrzlivi se da setat ,


Гаражата мора да се прави ради стадионот. Ќе има и пешачки мост. Дисциплината во паркирањето е друга тема и таа треба да се спроведува од сообраќајната полиција без разлика дали ова што го дискутираме ќе се изгради или не.


А мислам дека грешиш во проценката дека ново речно корито би било ефтина работа. Тоа е сериозен зафат. Плус многу земјиште веројатно ќе треба да се откупи... Ако уфрлиш тука и пречистување, би стигнале до некоја за нас огромна сума... Но во принцип ако има заинтересиран приватен капитал, уште утре нека почне да се гради Thumbs%20Up

Само не ми ја чепкајте локацијата за катна гаража за стадионот. Кој си игра со стадионот, ќе си има работа со мене Gunz Big%20smile


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:53
hahahahaha  bas me nasmea, nikoj ne ti go cepka stadionot, ama toj kineskiot zid e najgolem problem , mu go gubi likot ,ama toa ti e lopovska rabota
ja ne znam kaj se planira taa katna garaza imas nekoj plan proekt da vidime kako ke izgleda i kaj ke se gradi
pa moze i ka je ti se priklucam 


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:54
Мене ми е ОК идејата. Скроз на место, така се во принцип решени и езерата во други големи градови (ете од регионов Белград-Ада Циганлија, Загреб-Јарун). Се филтрира само делот од водата што влегува во "рукавецот" или во вештачкиот канал. Така е и посигурно бидејќи нема водни струи (кои би биле опасност за пливачите во самата река).

Не сум сигурен за локацијата. Катната гаража која ја спориш е таму за стадионот а не за нешто друго. И за таа намена е многу битна, види на што личи Дебар маало за секоја утакмица, а тек на што ќе личи сега кога ќе се зголеми капацитетот на стадионот. Веројатно би било логично малку погоре во правецот на Александар Палас да се лоцира плажата. Таму веќе одлично функционира Кејот како рекреативен простор од едната страна а мислам дека би имало простор да се направи плажата од другата. Значи карши новиот дел од Градскиот Парк.

BTW езерцата од Градски парк се знабдуваат со вода од Вардар и веќе со години наназад се зборува дека градот нема средства да направи асална прочистителна станица за да не бидат најобични мочуришта. Се зборува за поевтина варијанта со влечење вода од бунари но дури ни за тоа немаат пари. Така да проектов иако мислиш дека е евтин сепак за нашиов сиромашен град е прескап посебно со премногуте наталожени приоритети особено во сферата на сообраќајот.


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Jan-2008 at 02:57
abe skap e za TRIFUN posto si go napolnil on gazot, sve nesto gradov nema pari, a od celiot negov mandat ama bash nisto ne vidov on da napravi osven BETWO sto on ja zema za sebe, ja se cudam tipov sto ne si podnese ostavka, za da sedi tamu sekoj e sposoben duri i edno dete od 5 godini , ubava mi izgledase idejata na vladata za da se donese zakon da moze i gradonacalnik da se razresuva, nasekade go ima toa samo kaj nas ne , toa e toa zdravje  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: волан
Date Posted: 13-Jan-2008 at 12:58
На топиков имав свое размислување кое го дадов во мој пост на мојот блог

http://volanskopje.blog.com.mk/node/86576 - ГРАДСКА ПЛАЖА - некогаш и сега

Видете го горниот линк ... има доста од стари фотки на градските плажи во скопје ...

а и долниот линк ве води кон друг запис ...

http://volanskopje.blog.com.mk/node/94106 - КЕЈ НА ВАРДАР

како и краткот запис од долниот линк

http://volanskopje.blog.com.mk/node/27499 - Заживување на идејата за градска плажа !!

Радо ке пренесев некои слики и тука без да се шетате по линковите ... но има премногу слики а процедурата за пренесување на слики тука е прекомплицирана ... ако знае некој проста процедура нека предложи ...

Ви ја прочитав дискусијата од погоре ... Вака Градска плажа во Скопје е со долга традиција ... нешто за тоа можете да пролитате во мојот пост

http://volanskopje.blog.com.mk/node/86576 - ГРАДСКА ПЛАЖА - некогаш и сега


Старите велат кај што некогаш течела вода пак ке тече ... така и со градските плажи - верувам дека ке се искористат празните простори по коритото на Вардар ... дека ке се направат филтер станици за да се заштити Вардар ... Инаку самите плажи не мора да значат дека се места за капење ... дружењето и близината на Скопје е најважно а разладување би било доволно и на по туш кабини кои не се многу голема инвестиција ...

Поздрав до сите ...


-------------
волан


Posted By: shyes
Date Posted: 13-Jan-2008 at 13:34
Јас гласав за втората опција. Мислам тој што е планот да се напрај плажа точно во центарот незнам дали е баш најдобар. Јас си мислам тука ќе е поарно нешто као Ки барови, ресторанти итн заедно со претежно зеленило. Јас си мислам можда некаква плажа може да се вклопи и поврзе со паркот. Исто така тоа место да може да се опутребува за концерти, партии и журки со поставување на привремени бини.




Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Jan-2008 at 14:34
tokmu i na vakvo nesto i jas se mislev, znam deka ne treba mnogu da se investira za ovoj mnogu mnogu vreden proekt, kolku dobro bi se vklopile vo vakvo nesto taman ke si imame i gradska plaza  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2008 at 15:02
оваа локација е мој фаворит но изгледа и најнереална (голем број на индивидуални куќи колку што може да се види, тоа е секогаш комплицирано).



Инаку просторно е најдобра. Во делот кај Плаја виста со оглед на постоечките маркици (катна гаража, хотел) се би било премногу набутано и не би личело на ништо. Делот кој го предлага shyes е премногу тесен спрема мене. Така да најдобар е овој широкиов дел бидејќи дава простор да се направи еден канал како што треба + има доволно простор и за дискотеки, барови, спортски терени и шеталишта. Од другата страна во Градски парк се наоѓа кајакарскиот клуб и тој би можел да се прерли од оваа страна да не седи како чир таму. Така ќе се створи основа да заживее и тој дел од кејот кој преку теснецот би се поврзувал со делот кај Плаја виста (значи хипотетичкиот дел, гаражата....). Мене ми изгледа одлично.

Повторно... Ако сакаме проект како што треба, сето ова е далеку од ефтино. Или не дај боже овој хипотетички проект да почне да се гради во фази. Канал во првата фаза, филтри во втората... Веќе видена песна

@волан баш вчера читав за плажите на твојот блог. Мислам дека делот за локациите на кои се наоѓале плажите во минатото е посебно интересен за дискусијава. Изгледа дека локациите кои ги пикиравме изгледале најлогични и во тоа време.

http://volanskopje.blogspot.com/2007/05/blog-post_16.html - Од блогот на волан




1. Центар

2. Плажата на Пајко мало - каде само се ладеле ногите ... не била вистинска плажа ... Карши неа е нели местото каде се белело платно со почеток на Камени мост па низводно ...

3. Плажата пред Еврејско мало и преубавите еврејски вили ... со плажи во дворот такаречи ...

4. Почетокот на Градска плажа пред денешна Влада на РМ ... тука е сврталиштето на најмонденските градски фаци ...

5. Главнината на Градската плажа пред Градскиот стадион ... Плажа за секого ... На тоа место и јас се капев како дете ...

6. Руска плажа ... под денешното седиште на Македонскиот Владика т.е. Господин Господин ... Плажа на кое место се собирале најбогатите скопјани ...

- Во продолжение на таа плажа била Војничката плажа ... каде се капеле официрите и војниците од касарната која е над нив ...

- До Војничката плажа се надоврзува Турската и Циганската плажа ...

- А во продолжеток на нив, продолжувала таканаречената Ѓачка плажа - или мангупска плажа ...




Posted By: волан
Date Posted: 13-Jan-2008 at 16:19
Општина Центар и Градот кога тогаш ке се зафатат со реализација на проект “Градска плажа“ ... Простор околу коритото на Вардар има во изобилие Особено околу потегот на Градскиот парк ... старата Руска (елитната плажа на некогашно Скопје) и Војничка плажа ... Проектот има и своја историја ... Нешто лани работеа и студентите на Архитектонскиот факултет ... и дадоа свој предлог решение ... за што имав пишувано во мојот пост

http://volanskopje.blog.com.mk/node/94106 - КЕЈ НА ВАРДАР

За проектот веднаш би се заинтересирале приватни инвеститори - бидејки е профитабилен ... само што треба некој да го турка на право место а тоа е Општина Центар и Градот Скопје ... Затоа градоначалници и нивни советници не спијте работете нешто ...



-------------
волан


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Jan-2008 at 17:45

Мене ми се чини и дека локацијата број 6 од постот на pbanks т.н. Руска Плажа во минатото е интересна и релативно голема локација. Ако не се лажам тука се наоѓа оној полигон за возење, пазарот за рибарите (црви, трски, мамци...). Не сум сигурен дали е тоа локацијата за гаража или хотел, но доколку не е а хотелоти гаражата се подоле (низводно) таа катна гаража би имала двојна улога

1. Кога има утакмица

2. За сите посетители на градската плажа.



Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2008 at 17:47
Originally posted by UrbanFreak

таа катна гаража би имала двојна улога

1. Кога има утакмица

2. За сите посетители на градската плажа.



добра поента. Дефинитивно предност за таа локација. Интересно би било да го видиме ДУПот за тој дел дали воопшто има простор за ваква дискусија.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Jan-2008 at 17:54
Но сега се сетив, тоа би било директно под Американската амбасада. Којзнае дали би дозволиле, и дали би им се допаднало под нос да имаат бучно и фрекфентно место. За жал да беше Америка некоја друга држава и ние да бевме онакви какви што не сме можеби и би испаднало нешто.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Feb-2008 at 11:53
Трифка возвраќа. Да не остане покусо од владата во правењето глупости во центрот на градот Bash

ЌЕ СЕ РАСПИШЕ ТЕНДЕР ЗА ГРАДСКО ОДМОРАЛИШТЕ
И Скопје ќе има плажа

Скопје ќе добие градска плажа. Деновиве градските власти се подготвуваат да распишат јавен повик за избор на фирма која ќе го работи проектот за заживување на левиот брег на реката Вардар. Според нив, до почетокот на ова лето треба да се уредат двете предвидени локации и тоа на потегот од Камениот мост до Младинскиот културен центар и спроти клубот Кајак-кану во Градскиот парк. Идејните решенија за заживување на запуштениот дел од кејот лани ги изработија студенти од Архитектонскиот факултет на работилницата „Медиумот како простор“, а потоа градската управа ги направи главните проекти. - Во центарот на градот ќе има еден вид песочна плажа, на која ќе се постават лежалки и тушеви. Тука скопјани ќе можат да се релаксираат и разладат во текот на топлите денови. Предвидено е во овој дел од кејот, кој ќе се уреди хортикултурно, да се продаваат книги и слични содржини. Покрај тоа, ќе има и низа спортско рекреативни и забавни содржини - објаснуваат од градската управа. Оттаму велат дека за почеток најважно ќе биде да се направат скали и рампи за хендикепирани лица и специјални возила со кои ќе се обезбеди пристап до долниот дел од кејот. Граѓаните велат дека конечно треба да се преземе нешто и да почне да се уредува и левата страна на Вардар. - Со години го гледаме другиот брег обраснат со трева и полн со ѓубре. Треба конечно да се промени тој валкан и запуштен изглед. Каков впечаток им остава на луѓето што го посетуваат градот, навистина не знам. Затоа очекувам што поскоро да се направи нешто за да заживее и овој дел - вели една скопјанка. Проектот за заживување на левиот брег на Вардар предвидува плажа и лежалки за сонце, на чиешто место во зима ќе има лизгалиште, кафулиња кои градските власти би ги издавале под кирија и кафе-книжарница. Ќе се постават и игралишта за кошарка, места за забава на децата и зелени површини за вежбање, а ќе има и сцена за културни манифестации. Потегот од центарот на градот до хотелот „Александар палас“ е осмислен како спортска зона со пешачки и патеки за трчање, ролери и за велосипеди, а и во овој дел ќе има кафулиња. На височинката спроти клубот Кајак-кану ќе се уреди простор за одмор на посетителите. Една од површините што градските власти планираат да ја средат е во непосредна близина на новоизградената црква „Раѓање на Пресвета Богородица“, каде што сега се уредува дворниот дел. Градските власти се уште не соопштуваат колку ќе чини реализацијата на проектот за заживување на левиот брег на Вардар.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1316&ArticleID=84638


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Feb-2008 at 15:04
Еве што напишав завчера во постот за мал ринг:

Ова упорно го најавува нашиот мрднат градоначалник Трифун. Според неговиот план ова треба да се реализира на потегот од Камени Мост до МКЦ. За секој нормален човек ова е тотално несоодветна локација. Дополнително, Скопје има многу подобри алтернативи (што беше опсежно дискутирано на форумов). Песочна плажа и спортски терени едноставно се најголемата глупост што може да се направи до камени мост, пред операта и балетот, идната филхармонија, возобновената црква, карши ГТЦ и со поглед од плоштадите. Чист идиотизам! За жал деновиве, по којзнае кој пат идејава повторно се актуелизира (ова беше спомнато на урбаните вести на МТМ во петокот). Се ближат избори, па се плашам дека овој пат може посериозно да се зафатат со реализација. Претпоставувам ни самиот Трифун веќе нема илузии дека има шанси да биде реизбран, но можеби сака малце да си го „испере“ образот пред крај... А ваков евтин проект кој наидува на добар прием кај градските сељаци е идеален за таква намена.


Само не ми е јасно како може секогаш да ја измислат најголемата можна глупост? Зарем по целиот брег на вардар има понеприкладна локација за плажа и се што најавуваат со нејзе (песок, тушеви, лежалки...)
Трифуне, 3 години скоро ништо не направи и подобро беше така, зашто од твоите недоделкани идеи ми се дига коса на глава. Дај преспиј си ја и последната година, не прави вакви штети сега. Сакаме што побргу да те заборавиме...


Posted By: blejdsk
Date Posted: 16-Feb-2008 at 02:15
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=147446&idg=8&idb=2299&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=147446&idg=8&idb=2299&rubrika=Skopje

ДО ЈУНИ
Ќе се изгради песочна плажа до Камениот мост
Градските власти набргу ќе распишат јавен повик за избор на фирмата која преку јавно-приватно партнерство, освен плажа, ќе изгради и други спортско-рекреативни содржини

Летово левата страна од кејот на реката Вардар, на потегот од Камениот мост до Македонскиот народен театар, ќе прерасне во плажа. Градските власти набргу ќе распишат јавен повик за избор на фирмата која преку јавно-приватно партнерство ќе го адаптира овој дел во песочна плажа со лежалки, тушеви и со мини-кафуле, каде што скопјани ќе можат да се разладуваат и да се релаксираат во летните денови. Покрај песочната плажа, фирмата која ќе биде избрана на тендерот ќе треба да ги уреди левиот дел на кејот од Камениот мост до МАНУ и потегот од пешачкиот мост на почетокот од Градскиот парк до хотелот "Александар палас", според идејните решенија што ги изготвија студентите од Архитектонскиот факултет.
"Проектите предвидуваат низа спортско-рекреативни решенија и забавни содржини кои ќе го заживеат кејот. Најважен дел е изградбата на пристапи до долниот дел на кејот. Градот ќе го реализира овој проект преку јавно-приватно партнерство, што значи дека фирмата која ќе биде избрана, заедно со градот, ќе стопанисува со содржините", велат од Одделението за односи со јавност на Градот.
Според проектите на студентите од Архитектонскиот факултет, до песочната плажа, односно под зградата на Македонскиот народен театар, би се адаптирал простор за одржување културни манифестации, фестивали, изложби, театарски претстави и отворена библиотека. Предвидено е од МНТ до МАНУ да се направи расадник за цвеќиња и место за нивна продажба. Според студентите, крајот на овој потег треба да се адаптира во место за спорт и рекреација, односно во близина на МАНУ да се изгради детско игралиште, да се постават маси за пинг-понг, шаховски табли, како и катче за статични велосипеди и кајаци и простор за аеробик, јога и за пилатес.
И на втората локација, односно делот спроти Градскиот парк, предвидено е еден дел да биде уреден во плажа, а на неа, покрај кафуле, маси и лежалки, да се уреди и простор за рибарење. Бидејќи не е регулирано коритото на овој простор и е доста стрмен, студентите предвидоа пробивање на повеќе патеки, односно патека за пешачење, трчање и за ролање. Според студентите, конфигурацијата на теренот на овој потег овозможува да се направат неколку видиковци, опремени со маси и со столови. (А.А.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Feb-2008 at 02:58


Значи кога ќе добијат некоја тотално ретардирана идеја, таа обавезно се турка по секоја цена. Абе од самата помисла на таа нивна идиотска плажа до камени мост ми се повраќа!

А овие студенти по архитектура до толку ли немаат осет и вкус? Па барем тие требало да му предочат на градоначаникот дека локацијата е тотално промашена!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Feb-2008 at 02:57
Овој текст можеби повеќе припаѓа во некоја друга нишка, но бдејќи овде дискутиравме и на оваа тема нека стои тука Smile

Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A439F9D2D1CF714D90C98650D6BC9E98 - Утрински Весник

Пречистителната станица во Трубарево ќе чини 95 млн. евра


Загадувањето на Вардар, доколку не се реализира овој проект, до 2020 година ќе се зголеми за три пати

Се предвидува по течението на Вардар да се изградат четири пречистителни станици

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Трубарево и дневното управување со неа би чинело околу 95 милиони евра, превидува Студијата за управување со отпадни води во Скопје. Документот, кој се изработува со донација од јапонската влада, а го изготвува тим на јапонската Агенција за меѓународна соработка - Џајка, предвидува изградба на четири пречистителни станици во Скопје - сите по течението на Вардар: Централната ќе биде во Трубарево, а другите три во Сарај, Ѓорче Петров и во Драчево. Објектот во Сарај би чинел 13,5 милиони евра, во Ѓорче Петров 400 илјади евра, а во Драчево 3,5 милиони евра. Според податоците во студијата, за изградба на станицата во Трубарево се потребни 35 хектари слободно земјиште, од кое 15 хектари ќе се намени за лоцирање на сушилниците. За јапонскиот тим просторот не е проблем, бидејќи веќе е обезбеден и внесен во урбанистичките планови. За потребите на пречистителната станица треба да се изградат и два колектора, по должината на левиот и десниот брег на Вардар, почнувајќи од мостот „Близнак“.

„Вардар е најголем реципиент на отпадна вода во Скопје и околината поради што и оваа студија е од огромно значење. Познат е фактот дека само 17 проценти од општините во Македонија имаат адекватен третман на отпадните води“, истакна Миле Јакимовски од Управата за животна средина, на вчерашната презентација на студијата.

Јапонските експерти изработката на документот ќе ја завршат за една година, кога ќе започне втората фаза на аплицирање во фондовите за обезбедување на потребните финансии за изградбата. Според предвидувањата, доколку не се реализира овој проект до 2020 година, загадувањето на Вардар ќе се зголеми за три пати. (С.Н.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 19:08


Не ви се чини ова прескапо?

Со тие пари градот ќе направи чуда на други полиња. Буквално чуда. Значи ова е негде на дното на листата на работи што треба да се направат.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 25-Feb-2008 at 22:30
Originally posted by Cloverstack



Не ви се чини ова прескапо?

Со тие пари градот ќе направи чуда на други полиња. Буквално чуда. Значи ова е негде на дното на листата на работи што треба да се направат.
 
Мислам дека инвестиции во чисти води и здрава средина несмеат да бидат на дното на било каква листа. Па сепак тука живееме,тие води ги загадуваат подземните води, го ја загадуваат почвата околу реките и на крајот на краиштата страшно грдо изгледа и смрди Вардар доколку се шетате во негова близина. Башка за ова и полесно се наоѓаат пари од разно разни еколошки фондации на ЕУ.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 22:32
Да си градоначалник и да имаш 100 милиони евра.... Ќе го направиш ова или урбаните автопати? Big%20smile

Горе-доле и едното и другото толку кошта


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 25-Feb-2008 at 22:35
За ова лесно ќе најдам пари а и ќе им служи на идните генерации. За модерните автопати никој нема да ти донира пари сеуште. Би ги направил и двете Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Feb-2008 at 22:52
Немам претстава дали е ова скапо или ефтино, ама се што може да се ќари од разноразни фондови не е на одмет. Ако ќариме пари и за урбани автопати тоа би било веројатно од сосема друга програма (или подпрограма) и не би имало врска со ова, или со други зборови пречистителна станица и урбани автопати не се косат.

BTW и урбани автопати се императив ако зборуваме за подобрување на еколошката состојба во Скопје. Најголем дел од загадувањето на воздухот доаѓа токму од колите а со проточна сообраќајна мрежа тоа значително би се намалило. Во Скопскиов случај урбани автопати од еколошки аспект се поургентни и од нови паркови.


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Feb-2008 at 19:59
    Па сумата е замашна, ама најверојатно и веродостојна ако земеме во предвид дека студијата ја правеле јапонци. Ама, со 100 милиони евра, најверојатно би се зафатил со изградба на урбаните автопати - заедно со олеснувањето на метежот низ Скопје и негово беспрекорно функционирање доаѓа и помало загадување бидејќи колите нема да стојат во место и да произведуваат ненормално многу тони јаглерод диоксид туку колку толку би се намалило загадувањето. . Исто така урбаните автопати се од суштинско значење за понатамошен развој на градот и негова поголема ефикасност. Јас така гледам на работава, мислам ќе се сложите...

А колку од урбаните автопати може да се изгради со 100 милиони евра, имате претстава?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2008 at 20:14


Па можеби комплетно Smile

Барем на такви проценки сум наидувал.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 27-Feb-2008 at 23:45
Еј па немојте да ме сметате сега за некој си ЕКО фрик и јас сум за урабните автопати, поубав јавен сообраќај и слично. Но бидејќи сепак географски сме во Европа, а преку Вардар доста ја загадуваме и Грција, вакви пари се ралитвно мала сума за нивните еколошки фондови. Урбаните автопати од друга страна си се сосема друга приказна. Како што имаше некаде спомнато пбанкс Скопје има смешно мал буџет за метропола каква што сака да претендира. Убеден сум дека со правилна политика, измена во законот на град Скопје, подобро менаџирање и развој на PPP(приватно јавно партнерство) може сево ова да се постигне. Па не може една Тирана мајку му толку да е побогата од Скопје.


Posted By: MKballer
Date Posted: 01-Apr-2008 at 03:44


vaka trebaat da go napraat vardarot- kako vilnius.  mnogu ubavo mi lichi.Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 21:51
Интересно да се забележи од аспект на заложбите за плажа (кои фала богу повторно ги снема)

Инаку овој проблем во иднина со позамашни средства би можел да се надмине, но главен проблем сепак беше локацијата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B0DDE2D2C77A0749A9F3F48E6689129D

Камењата од Вардар излегоа на суво, водата до глуждови

Завчера Вардар го достигна најнискиот водостој за годинава од 6,02 кубни метри во секунда

Снежана Калабакова

Голи камења, дива вегетација и вода до глуждови, е сликата што се забележува деновиве во коритото на Вардар во Скопје. Најголемата река во државава може без никаков проблем да се прегази. Малку поголемо ниво има само кај Ѓорче Петров. Експертите велат дека живиот свет, особено рибите го насетуваат ваквиот сушен период и навреме заминуваат по коритото во деловите со повеќе вода.

Хидролозите објаснуваат дека кога станува збор за водостојот на реките, целокупната состојба во Македонија е на границата на апсолутните минимални вредности кои се очекувни во овој период. Нискиот водостој е резултат не само на екстремно високите температури туку и на зголеменото трошење вода за наводнување и други потреби. На Вардар годинава нема да биде надминат апсолутниот минимум од 5,02 кубни метри во секунда, кој бил забележан во 1990 година и се смета за најмал во изминативе 60 години. Мерењата од завчера покажуваат дека бил достигнат најнискиот водостој за годинава од 6,02 кубни метри во секунда. Слична е состојбата и со нејзините притоки. Поголем пад на нивото на Вардар не се очекува, бидејќи се намалуваат потребите за наводнување, а опаѓаат и температурите, барем во ноќните часови. Во овие летни месеци свеж дотур на вода во Вардар се врши од браната „Козјак“. Таа одржува нормален минимален проток на вода во речното корито, но има и функција да го одбрани Скопје од поплави. Од ЕЛЕМ велат дека од „Козјак“ се испушта онолку вода колку што е потребно во „шпицот“.

„Треска, како главна река која го храни Вардар и има природен режим над акумулацијата, кај Македонски Брод завчера имаше 2,6 кубни метри вода во секунда. Нејзиниот апсолутен минимум во август 1993 година беше еден кубен метар во секунда. Реката Пчиња, пак, кај Катлановска Бања завчера имаше проток од 1,6 кубни метри вода во секунда, додека во август 2001 година беше регистриран апсолутен минимум од 0,1 кубни метри“, вели Јосиф Милевски, раководител на Хидролошкото одделение во Управата за хидрометеоролошки работи.

Мирче Котевски, портпарол на ЕЛЕМ, објаснува дека од „Козјак“ не може стихијно да се испушта вода. „Нашите хидроцентрали работат по потреба, а не постојано. Се вклучуваат во текот на денот кога потрошувачката на струја е максимална. Хидроелектраните ги вклучуваме по налог на диспечерските центри за да се одржува енергетскиот систем“, објасни Котевски.

Според завчерашните мерења извршени на потегот Треска-Вардар до Комплекс банки, во Влае на Вардар биле измерени 5,2 кубни метри вода во секунда. Нивото, пак, кај Железен мост било 8 кубни метри. Хидролозите велат дека за правилно распоредување на водата нужно е да се чисти дивата вегетација во речното корито. Иако се најавува сушен период, тие сметаат дека многу води ќе протечат, па дури и оние кои претходно пресушиле.


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Sep-2008 at 20:30
Кеј на реката Вардар

Ова е дел од сработеното на работилницата за уредување на левиот брег на Вардар, што се одржа неодамна во МКЦ, на која учествував и јас. Проектот се однесува на делот одбрегот на Вардар спроти градскиот парк и опфаќа систем од патеки кои овозможуваат различни доживувања на просторот, видиковец, плажа и разни комерцијални содржини кои би обезбедувале средства за одржување на кејот како на пр. пунктови за продавање освежителни пијалаци, киосци за издавање спортска опрема, како и различни манифестации со кои би заживеал тој простор. Градот е заинтересиран да го реализира проектот, барем во поголем дел, така што, се надевам, за извесно време Скопје ќе добие ново место за сите рекреација и квалитетно минување на слободното време.


 http://archi-jane.blog.com.mk/node/77311



Ова на нет го најдов во овој блог како би изгледало градската плажа .
Има и слики ама не знам зошто не можеше да се видат ги тргнав ако може некој нека среди



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Sep-2008 at 21:39

сакаа велосипедска патека на вардар, па палми среде вардар, па нивото на вардар го одржуваат само фекалните води, сега да не сакаат и да измислат и чиста вода за луѓето да се бањаат??


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Sep-2008 at 00:47
PreviousQuestion

Што и фали на велосипедска патека, а кога сме веќе кај тоа, што и фали на чиста вода? Водата од Вардар се користи за наводнување, па чиста вода наместо фекалии и не е лоша идеја.

За дрвата сред Вардар се сложувам дека е глупост.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: maestro
Date Posted: 08-Sep-2008 at 09:28

Епа финтата е дека неможе да има на едно место: и велосипедска патека и плажа, па уште некоја глупост ако им текне
кога веќе почнаа со патека, нека завршат со неа.


btw, јас не би сакал да се сончам покрај некое место од кое корне на фекалии


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Sep-2008 at 15:06


Зошто да не може да има на едно место и плажа и велосипедска патека???

Инаку плажи во центарот ми се дебилна работа, тоа го имам кажано и образложено милион пати.


Posted By: maestro
Date Posted: 09-Sep-2008 at 15:28
Originally posted by Cloverstack

Зошто да не може да има на едно место и плажа и велосипедска патека???


Затоа што, како што реков погоре, на Вардар тоа не е возможно. Ем овие со точаци ќе ти врват на глава, ем ќе ти корне на фекалии што за мене е еднакво на катастрофа!

Да беше чиста реката, ќе речеш, ај, ама вака... BTW, ако се прави плажа и на кеј на аеродром, особено спроти Топлификација и активните фабрики, тогаш... Подобро би останал без коментар!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2008 at 16:41


1. Па велосипедската патека нема да поминува низ евентуалната „плажа“

2. Фекалиите и смрдеата навистина се проблем, ама не знам како ги вметна во математиката дека не може да има ем велосипедска плажа.

3. Прочитај ја нишката од почеток! Нигде не станало збор за локација во Аеродром карши Топлификација и индустриската зона.


Posted By: maestro
Date Posted: 09-Sep-2008 at 16:44
Originally posted by Cloverstack

Прочитај ја нишката од почеток! Нигде не станало збор за локација во Аеродром карши Топлификација и индустриската зона.


Јас само да се распрашам за секој случај

Иначе, мене не ми одговара ова сега не знам за другите

што се однесува до „математиката„ , јас мислам дека не е ОК и плажа и патека, зошто не е многу голем просторот.
ама, секој со свој вкус


Posted By: Plugger
Date Posted: 21-Sep-2008 at 16:25

Ako srbite mozhe da gradat splavovi na reki zosto da ne mozeme i nie da gradime plazi...

Ke treba da se ischisti samo Vardar a mislam deka ima i kampanja za chistenje na Vardar od Gostivar do Egejska Makedonija.  Dali se sredi toa do kameni most sto rekoa deka ke go gradat?


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Sep-2008 at 17:22
Originally posted by Plugger


Ako srbite mozhe da gradat splavovi na reki zosto da ne mozeme i nie da gradime plazi...

Ke treba da se ischisti samo Vardar a mislam deka ima i kampanja za chistenje na Vardar od Gostivar do Egejska Makedonija.  Dali se sredi toa do kameni most sto rekoa deka ke go gradat?
ако мислиш на плажата до камени, од тоа се откажаа (фала богу)
а инаку има многу проблеми, чистење на реката, водостојот и т.н.
уште нешто, ве молам одкажете се од тоа „ако можат и тие можеме и ние“, во други земји и градови имаат други услови и други потреби, буџет и т.н.
Скопје си е Скопје и треба да гледаме да се уреди според неговите услови


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2008 at 17:33
Originally posted by zabegan

ако мислиш на плажата до камени, од тоа се откажаа (фала богу)

Немам наидено на информација дека официјално се откажале, поише му доаѓа дека од којзнае кои причини сега за сега дигнаа раце од идејава и момнетално не ја спомнуваат... Ама да се надеваме дека во суштина идејава конечно е мртва. Нормално зборам за плажа на локацијата во центар, затоа што не сум против плажа на друга поприкладна локација, доколку се обезбедат потребните предуслови.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Sep-2008 at 18:07
Originally posted by zabegan

уште нешто, ве молам одкажете се од тоа „ако можат и тие можеме и ние“, во други земји и градови имаат други услови и други потреби, буџет и т.н.
Скопје си е Скопје и треба да гледаме да се уреди според неговите услови


Одлична поента Thumbs%20Up се сложувам со тебе. Уствари голем дел од проектите за кои сме негативно настроени на форумов потекнуваат баш поради ваквиот начин на размислување.


Posted By: Plugger
Date Posted: 21-Sep-2008 at 18:53
Zabegan, Sekoj grad si ja koristi svojata ubavina. Ne znaci toa deka treba da se pluta vo oblaci ali pa od druga strana zosto da ne mozhe da se napravi nesto od rekata Vardar? Dali plazha,dali pa neshto drugo toa ke bide vo letniot period normalno nema da bide vo zima. Da se napravi nekakva atrakcija pa da vidime, ne rekov deka treba splavovi da gradime ali pa barem da napravime nesto so rekata ne samo kafulinja da gledame od strana i shkrtanici po zidovite.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Sep-2008 at 21:21
не не, не реков дека не треба, напротив треба, и тоа многу, но не значи дека треба да копираме,или да живееме според туѓи стандарди

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Sep-2008 at 22:15
Epa zatoa ke si napravime nesto sto nas ke ni odgovara po nashi uslovi. da bide interesno kako i da e


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Oct-2009 at 12:28
.......... katastrofa........

Распишан тендерот за плажа на левата страна на Вардар

Урбана плажа со што ќе се доближат граѓаните до водата на реката Вардар, на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до Камени мост, од левата страна, се содржините од привремен карактер што се распишани во конкурсот за идејно решение од Министерството за финансии, односно од Бирото за јавни набавки

 
 
%20  
Тендерската постапка ќе трае од 21.10 до 1.12.2009 година најдоцна до 16 часот, а заинтересираните граѓани своите проекти ќе можат да ги достават во градската управа на адреса Булевар Илинден бб 1000 Скопје или на имејл-адресите њњњ.скопје.гов.мк, односно њњњ.јавнинабавкиЖскопје.гов.мк.

Жири-комисијата, која ќе биде составена од претседател и двајца членови, ќе додели и три парични награда за најдобрите трудови, и тоа првонаградениот ќе добие 90 илјади денари, второнаградениот 45 илјади, како и 30 илјади денари за третонаградениот проект.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102691017258&id=14&prilog=0&setIzdanie=21820 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102691017258&id=14&prilog=0&setIzdanie=21820


Posted By: ivopfc
Date Posted: 26-Oct-2009 at 17:34
Плажа пред театарот и музејот? хммммм занимливо


Posted By: blejdsk
Date Posted: 26-Oct-2009 at 18:19
Од сеа на кафе летна шема на кеј и под шорцот, купачите и право на плажа послем , )))))

-------------





Posted By: Max
Date Posted: 26-Oct-2009 at 18:37

ова за песочни скулптури изгледа ќе биде па добро ова овие озбилно откачиле или мене само така ми се чини!?!

плажа единствено и донекаде прифатливо е да прават на крајот на треска блиску до составот со варадар, односно во рамки на кајакарскиот клуб кај срц сарај, тоа е колку толку чисто и поадекватно место, евентуално кај парк но водата е катастрофа, ако воопшто мислат тоа да биде пливачка плажа, а ако е работата за сончање што мора песочна плажа, доволно е нека стават лежалки по кеј и кој сака нека се пече, тук таму по некој шанк и пријатно!   

а од кај сега државна иницијатива? нели ова беше на трифун замисла проектов? 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Oct-2009 at 19:28
И јас мислев дека барем од Трифуновите будалаштини куртуливме, ама изгледа токму малоумните иницијативи се најжилави. Новите градски власти си го посвоиле проектов, само што го префрлиле од другата страна на мосотот.

Само не знам како Камениот Мост и објектите на старо-новиот театар и музејот „Македонска Борба“ им се видоа како поприкладна локација отколку претходната, исто така малоумна. И аман нека го погледнат веќе еднаш Вардар, да видат до што ќе не „доближуваат“. За плажи лесна работа, туку кога ќе се зафатиме со сериозни проекти како пречистителни станици и регулација на нивото?


Енивеј, урбанистичкиот турбо-фолк е во полн процут и крајот не му се гледа  Suicide


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 26-Oct-2009 at 19:44
Идејата е на арх. Живко Поповски р.и.п., не е лоша генерално, во некаква сплав-комбинација и сл. би било баш фино...ама со онаква вода нема резон да се разговара на темава...одам на трчање на кеј и ме утепува реа, а не знам кој би бил луд да седи покрај ваква вода...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2009 at 20:18


Идејата не е лоша, НО не на оваа локација. Текот на Вардар низ Скопје воопшто не е мал, која е потребата да се натрупа со во овие 1-2км?


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 26-Oct-2009 at 20:48
Не знаев за точната локација...не е ни важно, мислев дека како некаква програма е ОК дека и така Вардар е само мала вода која освен собирање на сите пластични шишиња, шпорети и сл. „срања“ не учествува програмски во градов...има многу убави примери за ваков тип објекти, ама главниот проблем го пишав уште прееска, да не се повторувам...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2009 at 21:07


Да проблемот што го посочуваш го имаме дискутирано на повеќе места низ форумов. Значи треба да се регулира нивото на водата, треба да има асален колекторски систем итн итн.

Но дури и да имаме кристално чист Вардар, локацијата е утната. Што бараат лежалки, песок и слични чуда покрај камени мост и квазистарите објекти на Театарот и Музејот на ВМРО? Има совршени локации на Вардар кои ги имаме дискутирано поназад во нишкава (Мах наброја неколку од нив малку погоре) соодветни за оваа намена.


Posted By: Max
Date Posted: 26-Oct-2009 at 22:08

убаво рече кло треба најнапред да има некакв редослед, колекторски станици, чист вардар, зголемен водостој, па дури потоа некаква комбинација за плажа! зошто одиме во се наопаку тоа не ми е јасно! можеш да тераш контра во муабет, можеш да тераш контра во забавни игри, надреални арт уметнички зафати итн. но не и во нешто што треба да биде белег за градот па и државата како што е мал ринг! и ќе разберев ова да е подоле или погоре ама тука никако! прво тотално ќе се разобличат симетриите на вардар кои му го даваат ликот на постојното корито, исто естетски на ништо неличи под културно-уметнички институции да тера некаква калакурница од квази хедонизам распослан-а на некаква песочна плажа и тоа ни помалку ни повеќе среде центар на градот... некој ептен гледал филмови, но нека тргнат од самото наше опкружување пример во белград плажите се на саввкото езеро, додека во загреб тие се н јарун итн. http://en.wikipedia.org/wiki/Urban_beach - http://en.wikipedia.org/wiki/Urban_beach незнам што им требаше ваков луксуз, особено што вардар е мала река за ваков потфат, а уште повеќе што ова се прави сред центар во една најневозможно опкружување за ваков потфат... ајде врбитите тоа ќе го разберам, ајде фонтаните и тоа ќе го голтнам, но плаживе и мостовиве навистина се промашување!!!

убаво вели панкс зошто се да е натрупано на два чекора, зошто се да е копи-пасте од некој тренд во светот, зошто мора да се наследуваат и реализираат иницијативите од оние кои заминале а истите за ни молив не кренале... евентуално ако ова се прави без воопшто да се ремети каменото корито на вардар или пак камениот бедем, можеби ова и како некое минливо решение можеби и би било прифатливо, но доколку има некои пообемни интервенции или пак доколку заради ова сред центар се дозволи луѓе да шетаат по танга и гаќи тогаш оваа идеја е лудост, во смисла кои и до каде ќе постојат норми за јавен ред, кои вака или онака бар постојат на хартија

но можеби сум грешка и непотребно реагирам, најверојатно станува збор за уште една патка за дефокусирање како и обично 



Posted By: IronMan
Date Posted: 27-Oct-2009 at 16:35
ПЛАЖА ДА! АМА НЕ НА ТАА ЛОКАЦИЈА, НЕКАДЕ ПОДОЛЕ ДА РЕЧЕМЕ ОКОЛУ ГРАДСКИ ПАРК ТОЈ РЕОН, ТОЈ ДЕЛ ТРЕБА ДА СЕ ОБОГАТИ МАЛКУ 


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Dec-2009 at 23:41
Според Коце (кај Јанко во емисија) изградбата почнува во Април месец и ќе се отвори до Јуни.... Од Гоце Делчев до Камени мост. Веднаш под театарот и музејот на ВМРО ќе има песочна плажа покриена со некакво платно и тушеви.

За 2011 пак ќе се правеле такви плажи и во Карпош, Ѓорче и Аеродром Crazy


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Dec-2009 at 23:53
Originally posted by pbanks

Според Коце (кај Јанко во емисија) изградбата почнува во Април месец и ќе се отвори до Јуни.... Од Гоце Делчев до Камени мост. Веднаш под театарот и музејот на ВМРО ќе има песочна плажа покриена со некакво платно и тушеви.

За 2011 пак ќе се правеле такви плажи и во Карпош, Ѓорче и Аеродром Crazy
се за туристите, сите тие што досега оделе на море ќе се префрлат кај нас на вардар, а ќе имаат можност и по шорцеви да ги посетат музеите на кејот LOL
а ако има некаде во друг европски град, мора и кај нас, инаку ќе ни пропадне градот Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2009 at 01:53
„Блазе си ни“...  Јас гаев надежи дека ова сепак нема да се реализира и дека со време ќе созрее свеста дека во строг центар и до Камени Мост ова е перверзија, па дека ќе почне да се размислува за поприкладни локации.
Ама очигледно целиот циркус во Мал Ринг морало да се збогати и со ваков простаклук!    Suicide


Мада искрено, со сите овие чудесии, може и навистина ќе навалат туристи (да ја опсервираат нашата патологија, која дефинитивно прераснува во прилично интересен феномен... само штета што ние граѓаните не ќе можеме така лежерно да опсервираме, затоа што ние ќе мора да ЖИВЕЕМЕ во таков град-карикатура)


Posted By: leonid23
Date Posted: 30-Dec-2009 at 03:55
Jas mislam oti prvo bi trebalo da se pozanimavaat so zagadenosta na rekata a posle da se razmisluva na plaza , ne sum protiv da se gradi plaza , no jas licno nikogas ne bi vlegov da se bainam vo reka od IV stepen na zagadenost !


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2009 at 04:02
Во случајов не верувам дека некој помислува на бањање, во игра е само простачки егзибиционизам веднаш до Камени Мост, Плоштадот Карпошово Востание и пред двата нови објекти од културата.


Posted By: leonid23
Date Posted: 30-Dec-2009 at 05:27
Мислам дека попаметно би било со тие средства да се обноват ѕидовите на кејот и на коритото барем во делот на строгиот центар , отколку да се прави плажа , пред 45 години имало плажа , но тогаш реката не била со загаденост од  IV степен , а сега чисто сумњам дека некој паметен би се бањал во таа вода Ohno


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Dec-2009 at 09:24
Значи сега само уште гаќи да си купиме...баш е простачки егзебиционизам искомбиниран со бизнис-лешинарење, дека 100% у програмата на „плажава“ се испланирани и некои угостителско-кафански активности (дека идејата се повлече во времето на Трифун, кој освен што „оживеа“ пар кафани у Скопје, ништо друго не напраи), па веројатно веќе се знае и кој ќе ги лапне објектите (што уште сега што ги гледам умотани во најлони зимно време по пример на оние на кеј)...

Идејава е тотален аут. Вардар треба да се исчисти, прво да не почнат да се шират зарази по Скопје, па после да се мисли за позирање и за бањање.

...а, може и грешам? Може Коце темелно ја замислил и разработил и оваа париска копија, ама „Јади г****“ ТВ ми е програмирана на 89 канал на телевизорот, па никогаш не доаѓам до таму...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2009 at 12:52


Во право се Дејв, Коце веќе најави угостителски содржини а и нагласи дека нема да има бањање во Вардар но ќе имало тушеви


Posted By: lupo
Date Posted: 30-Dec-2009 at 14:30
Wow mi se vrti od idejava, koj ziv ke vleze vo Vardar a kamo li da se banja pod plostadot hahahaha, Samo vo Karpos IV ima kanalizacii od po pola metar sto istekuvaat vo Vardar Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Dec-2009 at 14:37
Па добро бе луѓе, биваше ли до толку да се запнете дека Коце има намери да очекува од скопјани да се бањаат во Вардар со толку табли забрането капење!!!!!

Не се работи за идеја за капење во Вардар, него за песочни плажи на кои ќе има некакви си разни содржини. Плажи за сончање да забави за такви ствари. Само што незнам ниту за тие дополнителни содржини кој уопште ќе се нафати да седи тука.




Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 30-Dec-2009 at 15:38
Во право е lsl,не е намерата луѓето да се капат.

Според мене не е толку лоша идејата да има ваква плажа на вардар,но не на тоа место.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Jan-2010 at 15:39
Од плажа в театар

Просторот од левата страна на Вардар, од мостот Гоце Делчев до Ка­ме­ни­от мост, ќе биде покриен со песок, ќе има дрвени платформи на кои ќе бидат поставени лежалки, столови и маси, ќе бидат изведени неколку ма­ли базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди

Скоп­ја­ни на лето на Кејот на реката Вардар ќе добијат градска плажа. Спо­ред планот, плажата засега ќе се протега на просторот од левата стра­на на Вардар, т.е. од мостот Гоце Делчев до Камениот мост, веднаш под новиот театар. Овој дел од Кејот ќе биде покриен со песок, ќе има др­ве­ни платформи на кои ќе бидат поставени лежалки, столови и маси. На ис­то­то место ќе бидат направени и неколку мали базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди. Градската плажа ќе се уредува според про­ек­тот на авторите Бекир Адеми и Бетим Зекири, кои ја добија првата наг­ра­да за конкурсот за идејно решение, кој го распиша Град Скоп­је.
"Пла­жа­та која ја замисливме предвидува простор за рекреација, уживање и за игра. Бидејќи во реката Вардар граѓаните не можат да се капат, пред­ви­дов­ме мали базени, во кои ќе можат да се разладуваат децата, додека нив­ни­те родители уживаат пиејќи кафе покрај реката. Ова е само првичен про­ект кој во наредните неколку месеци ќе се доработува со надлежните од Град Скопје, по што, по многу години, кејот на Вардар пак ќе се користи ка­ко плажа", вели Бетим Зекири, еден од двајцата автори на по­бед­нич­ки­от проект.
Од Град Скопје велат дека во наредните месеци ќе се прават основните и из­вед­бе­ни­те решенија, по што напролет ќе стартува уредувањето на Кејот во плажа. Оттаму не кажуваат колку пари ќе потрошат за новите плажи, оти тоа ќе се знаело дури откако ќе се изработи конструкцијата и ќе се из­бе­ре фирма за изведување на градежните работи.
Из­град­ба­та на градска плажа на Кејот на реката Вардар ја ветуваа и гра­до­на­чал­ни­ци­те Ристо Пенов и Трифун Костовски. Но скопјани плажата ја ви­доа само на хартија, како идејни проекти. (А.А.)
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=A222F81EF450AE4F851E8E1E17A07AB9 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=A222F81EF450AE4F851E8E1E17A07AB9
 


Posted By: krale
Date Posted: 20-Jan-2010 at 18:40
Originally posted by my Macedonia

Скоп­ја­ни на лето на Кејот на реката Вардар ќе добијат градска плажа. Спо­ред планот, плажата засега ќе се протега на просторот од левата стра­на на Вардар, т.е. од мостот Гоце Делчев до Камениот мост, веднаш под новиот театар.


Breej se da se nabutalo na toj mal prostor.... Zosto vakva "plaza" da ne se izgrade od Goce delcev nadole, nakaj amerikanskata ambasada, a ne da gledame od plostad vo ova???

Strasno nelogicen poteg.


Posted By: Baze
Date Posted: 20-Jan-2010 at 20:58
Песок и базенчиња за забава на скопјани

Роза Петкова

Монтажна стреа со кружни отвори, кои ќе пропуштаат сонце, тло покриено со ситен песок и дрвени штици за седење поставени околу плитки базенчиња се новиот лик за предвидената градска плажа. Архитектите Бекир Адеми и Бетим Зеќири ја добија првата награда на конкурсот што Град Скопје го распиша за изгледот на урбана плажа на левата страна на реката Вардар, од мостот „Гоце Делчев“ до Камен мост. Според Адеми, замислата е просторот да се разликува од конвенционалните плажи, да биде своевиден рекреативен центар, со водени површини и со дел за одбојка. - Тоа ќе бидат плитки водени површини, со висина до 30 сантиметри, кои ќе служат за освежување. Сепак, тие, најверојатно, нема да се изведат според препораките од Град Скопје и можеби на нивното место ќе има тушеви. Плажата во еден дел ќе биде наменета за играње одбојка на песок. Кон мостот „Гоце Делчев“, каде што се наоѓаат јавните тоалети, ќе има и продавници за пијалаци и за сендвичи, кои може да бидат и со друга намена, како трафики за весници и за списанија. Тие се помали штандови, како кружни токи кои се отвораат, какви што има во Струга. Дизајнот за нив е секундарен, може и да се промени - вели Адеми, еден од авторите. Низ целата должина се предвидени дрвени површини за седење, кружни и полукружни, како амфитеатар, скали и потоа пак делови за седење. Целата плажа ќе биде прекриена со растегнато платно прицврстено на челични столбови, кое ќе биде проѕирно, ќе ја менува нијансата и ќе има модерен изглед. Навечер плажата ќе биде осветлена и ќе дава посебен ефект на просторот. Направена од лесна конструкција, таа во секое време ќе може да се демонтира. - Се работи за урбана плажа наменета за играње, уживање, рекреација, поврзување, која ќе даде нова димензија на кејот, модерен изглед и ќе привлече внимание без оглед дали се работи за домашни посетители или за туристи. Таа е лесна, проѕирна и монтажна и претставува еден нов поглед на темата која ни беше дадена за разработка - додава архитектот. Ова не е прво учество на авторите на конкурси за објекти во Скопје. Учествувале и на изборот за идејно решение за градска куќа, а Зеќири учествувал на конкурсот за новата зграда за театарот Центар. Жири-комисијата на Град Скопје втората награда за градската плажа ја додели на Дарко Милановски, а третата на групата автори Сребро Томов, Јаков Горгоновски и Анче Толевска. За плажата градските власти ќе потрошат 160.000 евра, кои се предвидени во годинашниов буџет.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1919&ArticleID=131566 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1919&ArticleID=131566


Posted By: igorius
Date Posted: 21-Jan-2010 at 01:23
abe krale seirot e vo centar na plaza,site da te vidat ..toa e forata kako ne kontas


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Feb-2010 at 01:11

Градска плажа на левиот кеј на Вардар

Плажата нема да биде конвенционална со утврдени атрибути, туку урбана атракција

Сања Наумовска


Левиот кеј на Вардар, на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до Камениот мост, ќе биде првата градска модерна плажа. Според проектот на авторите Бекир Адеми и Бетим Зекири, кои ја добија првата награда за конкурсот за идејно решение, кој го распиша Град Скопје, овој дел од коритото на Вардар ќе биде покриен со песок, ќе има дрвени платформи на кои ќе бидат поставени лежалки, столови и маси. Помеѓу урбаната опрема ќе има и неколку мали базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди во модерна форма.

Ова е втор идеен проект за плажи на кејот, по оној што пред неколку години, од студентите на Архитектонскиот факултет го нарача тогашниот градоначалник Трифун Костовски. Тогаш, плажата беше предвидена на другата страна од Камениот мост, во правец кон МАНУ, каде што требаше да се направат и неколку кафулиња и повеќе рампи за спуштање кон кејот. Од другата страна, пак, каде што сега се планира плажа, студентите-архитекти предвидоа спортски комплекс со тениски и други игралишта, кој требаше да заврши кај хотелот „Александар палас“.

„Плажата која ја замисливме со идејниот проект ќе биде простор за рекреација, уживање и за игра. Не се работи за конвенционална плажа со утврдени атрибути, туку можеби повеќе за уште една урбана атракција“, вели авторот Бетим Зекири и објаснува дека со оглед на тоа дека водата во Вардар не дозволува капење, на самата плажа се предвидени мини-базени за деца.

„Плажата ќе биде место за целото семејство, додека децата уживаат во вода, нивните родители ќе се релаксираат пиејќи кафе покрај реката“, вели Зекири, додавајќи дека досега е направен само првичен проект кој во наредните неколку месеци ќе се доработува со надлежните од Градот Скопје. За него е најважно што, конечно, по многу години, кејот на Вардар пак ќе се користи како плажа.

Според плановите на градските власти, новата урбана плажа ќе се протега точно под новиот театар, во мајор коритото на реката. Засега е точно позната само локацијата, додека каков ќе биде конечниот изглед и колку ќе чини изградбата на плажата, ќе се знае по изработката на изведбениот проект.

„Изборот на идејно решение е само иницијална фаза. Основните и изведбените решенија е планирано да се работат во текот на следните неколку месеци, а почетокот на изградбата на првата модерна плажа е планирано за напролет“, информираат во Градот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AB7A743266CF694E95A52D697433E9A2



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: leonid23
Date Posted: 01-Feb-2010 at 01:48
Navistina mislam deka toa bi bilo prostacki egzibiscionizam ,
toa bi trebalo da se naravi nadvor od maliot ring , siguren sum deka togas nikoj ne bi se protivel na ideata .
tesko e da se ima traumaticna adolescencija


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Feb-2010 at 01:56


токму така леонид, поназад во нишкава има дости идеи, како сето ова да се измести кон градскиот парк.


Posted By: leonid23
Date Posted: 02-Feb-2010 at 01:27

Сум задоволен за репликата на МНТ , и за музејот на Македонската борба , ама тоа што баш уочи нив да се гради плажа е простачки егзибисционизам , од толку атрактивни локации на Вардар баш таму плажа да се гради е баш простаклук ! Јас не се сложувам дури и на другите места во малиот ринг да се гради плажа , но сепак ова е нешто што е стварно неразбирливо А има и друг проблем , каква плажа е таа на која е забрането капењето? Јас мислам дека секаде каде што има забрането капање нема плажи , било да е тоа море , езеро река или сл.



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 28-Mar-2010 at 23:26

Градска плажа со кафе, за кафеани не се знае

Одговорот на главната дилема, дали на Кејот ќе никнат и кафулиња и кафеани наспроти планираната плажа со урбана опрема и базени за деца, ќе се знае по изборот на изведувач за уредување

Замислата на градоначалникот Коце Трајановски левиот Кеј на Вардар, од мостот Гоце Делчев, па до Камени мост, да го претвори во градска плажа, пролетва ќе стане реалност. Ќе се наоѓа токму под театарот кој сега е во изградба. По изборот на идеен проект пред два месеца, неделава беше објавен и јавен повик, на кој се бара изведувач за уредување. Тендерот ќе трае до 22 април годинава.

Според објаснувањата од надлежните, не станува збор за конвенционална плажа, карактеристична за предземјотресно Скопје кога жителите се капеле во Вардар и кога водите биле чисти,туку, како што објаснија од Градот, плажата повеќе ќе биде урбана атракција.

Одговорот на главната дилема, дали на Кејот ќе никнат и кафулиња и кафеани наспроти планираната урбана опрема и мали базени за деца, ќе се знае по изборот на изведувач за уредување. Самите автори на проектот предвидуваат уживање покрај Вардар со кафе и пијалак, но од Градот рекоа дека сега не можат да одговорат на прашањата дали ќе издаваат локации за времени објекти, кои би биле поставувани покрај Вардар, а би вршеле угостителска функција.

- Сега-засега е изработено само идејното решение. Сите детали понатаму ќе бидат фазно разработени со проектните решенија и програмите на Град Скопје за работа во наредниот период - изјавија од одделението за односи со јавност.

По изборот на изведувач ќе се знае и сумата што ќе биде потрошена за замислата на Трајановски. Граѓаните се изненадени од оваа идеја, имајќи предвид дека Кејот со децении е запуштен. Скептични се дека уредувањето на еден дел ќе придонесе за заживување на левиот брег на Вардар.

- Реката Вардар е толку загадена што миризбата е неподнослива. Навистина не знам кој би уживал покрај вода од која лете се шири реа - коментира Никола С. од Скопје.

Првонаградениот проект, кој победи на конкурсот за идејно решение, овој дел од Кејот го замислува покриен со песок. Треба да биде уреден со дрвени платформи за лежалки, столови и маси. Покрај урбаната опрема, предвидени се неколку мали базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди во модерна форма.

- Плажата е замислена да биде место за релаксација на цело семејство. Додека децата уживаат во базени, нивните родители да уживаат во пиење кафе - објаснија авторите Бекир Адеми и Бетим Зекири при презентирањето на идејниот проект.

Првичната замисла за уредување на Кејот на Вардар беше проект на студентите на Архитектонскиот факултет, кој го нарача претходниот градоначалник Трифун Костовски. Беше замислено плажата да се протега од Камениот мост до МАНУ, каде што беа предвидени кафулиња и рампи за симнување кон Кејот. На сегашниот простор беа предложени тениски и други игралишта, кои би се протегале до хотелот „Александар палас“.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6011C69568B26D439C83BBE06C89DF39 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6011C69568B26D439C83BBE06C89DF39


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2010 at 04:16
Трифун е минато, ама Коце ќе ја доврши работата Roll%20eyes

Ама зошто да застанеме на плажа, јас сум на таа локација да се направи цел аква парк. Лизгалиштето на Плоштад Македонија веќе го тестираа, а таму има доволно простор да почнеме да ги носиме и циркусите кои доаѓаат во градов. На Плоштад Карпошово Востание нека постават еден рингишпил, па да го заокружиме цел овој панаѓур  Wallbash

Малце ми е чудно што плажава ја одобрија иситите луѓе што ни го продаваат „барокот“ и „класицизмот“, ама па кога подобро ќе размислам, кај нас веќе ништо не е чудно.

А ни на студентите што работеле на идејата на Трифун не знам кај им бил паметот  Ohno


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 29-Mar-2010 at 11:02
A зошто ја форсираат плажава толку, не знам која им е целта. Сигурно нема пари да врнат а и нема баш да го разубави просторот. Можат да ја преместат на друга локација, погоре наспротии Градски парк или па каде било.Dunno


Posted By: Djole88
Date Posted: 02-Jun-2010 at 19:00
Во купачи на сончање на Кејот на Вардар

На десниот Кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни, позади Луна Паркот, од утре ќе почне да се гради првата градска модерна плажа

Скопје ќе добие градска плажа. На десниот Кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни позади Луна Паркот од утре ќе почне да се гради првата градска модерна плажа.
Според проектот кој ќе биде промовиран утре овој дел од коритото на Вардар ќе биде покриен со песок, ќе бидат поставени дрвени платформи со лежалки, маси и столици. Планирани се и неколку мали базени. Плажа ќе биде покриена со тенди, а под концесија Град Скопје ќе издава шанкови. Плажата ќе биде повеќе како урбана атракција со оглед на тоа дека водата во Вардар не дозволува капење. Мини-базените ќе бидат интересни за деца, додека нивните родители го пиејат своето кафе покрај реката.

Во минатото Скопје, имало пет градски плажи. Повозрасните се сеќаваат на Опатија, Официрска, Градска, Руска и Џачка.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=49590 - извор


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 02-Jun-2010 at 19:10
Previous
 
Па нели наводно ќе беше пред музејот на вмро, театарот итн.. или ќе има повеќе плажи? Како наеднаш се смени, едно се збори, на терен друго..Nuts
 
Originally posted by SkyBoy

Замислата на градоначалникот Коце Трајановски левиот Кеј на Вардар, од мостот Гоце Делчев, па до Камени мост, да го претвори во градска плажа, пролетва ќе стане реалност. Ќе се наоѓа токму под театарот кој сега е во изградба.
 
Не дека ми смета, веројатно ова е и подобра локација, забележано и на форумов..
 
Originally posted by pbanks



токму така леонид, поназад во нишкава има дости идеи, како сето ова да се измести кон градскиот парк.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jun-2010 at 19:12
БЛИЦ ВЕСТ: Почнува реализацијата на проектот „Плажи на Вардар“?

На локација во Градскиот парк во Скопје, веднаш до пешачкиот мост на Вардар, викендов се оградуваше просторот на самиот кеј на реката. Според работниците на терен, се работи на уредувањето на првата плажа на Вардар како дел од веќе најавениот проект на Град Скопје. До почетокот на jули оваа локација треба да биде уредена со лежалки, сонцебрани, тушеви и останата предвидена опрема.


Градот Скопје во март веќе распиша тендер за уредување на плажата лоцирана под театарот и музејскиот комплекс „Македонска борба“ кои се во изградба. Оваа плажа треба да се уредува според идејното решение на архитектите Бекир Адеми и Бетим Зекири.


http://www.build.mk/docs/mapi/plazavardar.jpg">Локација http://www.build.mk/docs/pics/plazavardar01.jpg">Плажа%20на%20%20%20Вардар http://www.build.mk/docs/pics/plazavardar02.jpg">Плажа%20на%20%20%20Вардар

http://www.build.com.mk/?p=3641


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 02-Jun-2010 at 19:20
Previous
 
значи сепак ќе имало повеќе плажи, а оваа е првата... иако цело време се збори за онаа пред новиот театар и музеј..
 
EDIT: Епа кога веќе така и насловот на нишката сменете го во Плажи Big%20smile на Вардар


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 02-Jun-2010 at 19:46
А јас па се чудам што е ова...
И сега нека ми објасни некој, колку луѓе го користат овој дел од кејот за трчање и пешачење (па макар и што стана помодарство последниве 2-3 години) и кој тоа гол ќе се соблече и ќе распостели весник пред него...и нели беше попаметно да се лоцира на спротивната страна, па да се сончаат и да гледаат луѓето (со многу јак нос) директно во сонцето, вака ќе ги плеска во грб...очајно, само јадам трици против нешто, ама од ова сум комплетно разочаран, село сме...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 02-Jun-2010 at 19:56
мене идејава ми е прифатлива, само да не е присплескано, него солидно направено..
 
единствен недостаток или проблематичен дел ми се грмушки и обраснати делови како и чистота на реката, поточно миризбата која со себе ја носи.. а тоа дека е плажа па кој ќе се соблече, не ми е чудно, па никој не те тера по купачи да се шеташ и онака има доста што трчаат или возат точак, ролери само по шорц, а девојките и до сеа беа полуголи (бар оние што ролаат, кратки фармерки, горен дел од купачи, више/мање..).. мада со тек на време и до тоа ќе дојде.. уште ни е ново па не сме навикнати..


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 02-Jun-2010 at 20:18
 
 
East River's Coolest Urban Beach
 
http://z.about.com/d/queens/1/0/X/9/water-taxi-beach-volleyball.jpg">Volleyball%20at%20Water%20Taxi%20Beach

Pickup beach volleyball games take place all day long at Water Taxi Beach. It's not unusual to find barefoot people in business attire among the players.

 
http://z.about.com/d/queens/1/0/W/9/water-taxi-beach-view.jpg">Water%20Taxi%20Beach%20View
 
http://z.about.com/d/queens/1/0/a/9/water-taxi-beach-kids.jpg">Beach%20kids
 
http://z.about.com/d/queens/1/0/Z/9/water-taxi-beach-bar.jpg">Seaside%20Bar%20at%20Water%20Taxi%20Beach
 
http://z.about.com/d/queens/1/0/b/9/water-taxi-beach-picnic.jpg">Picnic%20at%20Water%20Taxi%20Beach
 
http://z.about.com/d/queens/1/0/_/9/water-taxi-beach-entrance.jpg">Manhattan%20Views%20on%20the%20East%20River
 
Manhattan Views from Water Taxi Beach
 



Print Page | Close Window