Print Page | Close Window

Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Проекти
Forum Discription: Административни, станбени, резиденцијални...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1539
Printed Date: 21-Nov-2017 at 13:17


Topic: Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)
Posted By: mladen_s
Subject: Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)
Date Posted: 14-Jan-2012 at 20:33
Во врска со парцелата позади рамстор:

Урбанистичкиот план предвидува улицата да биде долга речиси еден километар, широка 31,5 метри, да има две ленти за возење од по 3,75 метри во двата правца и две ленти по 3 метри наменети за застанување на возилата. На подземната улица е предвиден и средишен коридор со трамвајска пруга.

Тоа што ме интересира е дали инвеститорот ќе гради и трамвајска станица? Личано сметам дека целава работа со огромната парцела е голема грешка - толку голем објект ќе прекине многу пешачки движења, а делот позади Старата Железничка е локација која треба да остане во владение на градот, токму заради траспортната инфраструктура.

Сеапка, знам дека ова се решени да го протуркаат по секоја цена, без оглед на тоа како за истото ќе платиме во иднина..



Replies:
Posted By: axel
Date Posted: 14-Jan-2012 at 20:58

Како ќе изгледа просторот врз јужниот булевар

сабота, 14 јануари 2012, 17:52

Центарот на Скопје ќе добие добие нов доминантен објект, доколку министерството за транспорт најде купувач за јужниот булевар и земјиштето околу Старата Железничка Станица. Ова, грубо, ќе биде новата слика на строгиот центар на главниот град, ако се пресликаат параметрите и максималните висини за објектите кои треба да се изградат на двете парцели кои се на продажба.

Прво, на местото на јужниот булевар, ќе има зградa долга околу 800 метри. Со дозволената максимална висина и до 70 метрi, на две места, зградата ќе биде значително повисока од било кој објект во околината. Во неа ќе може да има трговски центри, хотели, деловен простор, по избор на инвеститорот. Бидејќи ќе се гради врз , за Скопје важниот Јужен булевар, евентуалниот купувач ќе мора да ја изгради и сообраќајницата под земја и да ја предаде на Градот.

- „ За гаранција дека идниот сопственик на парцелата ќе го изгради булеварот, и од Градот и од Транспорт, посочуваат две точки од објавата. Првата е банкарската гаранција од половина милион евра. Втората е обврската на победникот на наддавањето прво да постигне договор со Градот за булеварот, како услов и офицајно да му се додели земјиштето. “

Втората парцела пак која се однесува на просторот околу старата железничка станица, дозволува висина колку и на постоечкиот објект. Купувачот таму ќе треба да изгради објект од културата на 51 процент од земјиштето,а за останатато ќе може да избира меѓу другото и за трговски центар или деловни простории. Неофицијално, новите објекти ќе треба да бидат интегрирани во постоечкиот објект на Старата железничка станица.

Ако на овие две парцели се додадат и параметрите за објектите кои треба или веќе се градат во околината, овој дел од Центарот на Скопје ќе добие комплетно нов лик. Хотели, катна гаража, затворен пазар, се само дел од новите содржини.

Александар Димитриевски

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=44902


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jan-2012 at 15:26
ако планот се склопи во еден таков голем објект, ќе биде голема грешка... се затвара целиот тој простор, и за разни движења и за видик... треба да се направи малку подетален план, па да видиме што ќе испадне
покрај тоа, грешка е што толкаво огромно и битно центарско земјиште се дава во приватни раце, без некоја посебна контрола од властите
и се надевам дека не се сериозни за тоа булеварот да биде 2X2 профил... не е маалска уличка тоа, туку урбан автопат...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 15-Jan-2012 at 15:33

А колку треба да има? 6? Па не сме Лос Анџелес мајку му. Big%20smile

2+1 за застанување, толку се и автопатите кај нас. 



-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jan-2012 at 15:46
Originally posted by fichot

А колку треба да има? 6? Па не сме Лос Анџелес мајку му. Big%20smile

2+1 за застанување, толку се и автопатите кај нас. 

две ленти во една насока се малку дури и за денешни стандарди, а што ќе правиме во иднина?
ќе треба пак да се справуваме со крпеници и импровизации и денес


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 15-Jan-2012 at 15:52

Па ок, ама Јужен ако не се лажам, за толку е и планиран, незнам дали има простор за повеќе од тоа. 



-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jan-2012 at 16:05
па под земја ако го прават, има простор и за два булевари

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jan-2012 at 16:50


Јужен булевар е планирано да се изведе плитко под земја. Наместо копање екстремно скап длабок тунел, нели е логично да се искористи фактот што трасата е чиста и едноставно да се ископа ров и после да се покрие? Како планираш да сместиш „два булевари“ на таков начин во тој простор?


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 15-Jan-2012 at 17:05
А на Капиштец 30 години душа му вадеа дека го блокирал воздушното струење од Водно...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Jan-2012 at 17:14
Se nadevam deka investitorot kje gi zema najdobrite arhitekti i kje gradi edna od najdobrite objekti vo Makedonija i posiroko posto objektot, kje bide ogromen a kje se gleda od sekoj kjos na skopje. Ako ovaj objekt ispadne katastrofa togas Skopje definitivno kje stane grd grad barem gledano od vodno


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Jan-2012 at 17:17

2+1 е сосема доволно. Нели е урбан автопат. Доволно е бидејќи не зависи сообраќајот толку многу од лентите колку што зависи од тоа дали е непрекината траса или не. Односно дали ќе има обични раскрсници или клучки на местата каде ќе се поврзува со останатиот дел од мрежата. Значи се додека нема критични места за создавање застој, се ќе биде во ред. Плус брзината сигурно ќе биде најмалку 80км/ч или дури и 100ка, ако не е и 120 како и секој друг автопат. А исто така нема ни пешачки премини на трасата, бидејќи е автопат.

Отприлика така е и по светов, освен во некои џинови градови, каде тунелите имаат и повеќе ленти. 

бев во Рим, и повеќето тунели им се со по две ленти, некои немаат ни лента за застанување.



Posted By: mladen_s
Date Posted: 15-Jan-2012 at 18:00
Воопшто не ми се допаѓа продажбата на толку голема парцела на ваква локација. Мислам дека повеќе би се добило ако се расцепка на 4-5, со коридори во јавна сопственост помеѓу - покра фактот што вака нема да има никаков јавен премин на 800м(и тоа може да се обезбеди со ДУП, ама ајде). Па и идејата прво да се изгради подземна инфраструктура па да се нудат парцелите е подобра од ова(бидејќи испаѓа дека оваа траса е поевтина од онаа покрај Вардар, нели?). Но јавното мислење е пренасочено на друга тема, па дури и опозицијата си тргна натаму..

Во врска со тоа кон што се движат работите.. Мислам дека 2+1 е сосем доволно и навистина ми е чудно колку на форумов дискусиите се вртат околу колскиот сообраќај.. Според мене, а веројатно и други овде, најголем проблем е јавниот превоз и начинот на кој градските власти го третираат тоа прашање. Токму фактот што оваа траса ќе биде изградена еднаш засекогаш зборува дека истата мора да се оспособи па дури и за воведување на метро. Најмалку што очекувам е Градот да го земе ИДОМ за консултант кој ќе може добро да го притисне изведувачот да подготви добра подземна инфраструктура: голема подземна станица со директен пристап до јавна површина, евакуациони тунели и за булеварот и за јавниот превоз итн.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jan-2012 at 18:57


Колскиот сообраќај мора да се реши соодветно и неговото нерешавање неможе да го компензира ниту најдобро развиениот систем на јавен превоз туку тие треба да се комплементарни и да се развиваат паралелно.

Мислам дека фокусот на дискусиите на форумот во врска со колскиот сообраќај најчесто се поврзани со клучните сообраќајници кои би овозможиле брз, ефикасен и ефтин транзит низ поголемиот дел од градот. Јужниот булевар е секако една од овие сообраќајници.

Инаку воопшто не е тешко да си го предвидиме сообраќајниот колапс, дури и под претпоставка дека ќе ни дојде памет и идеално ќе почнеме да се развиваме и да ги приоретизираме нештата. Македонија и понатаму има мизерни статистики за број на возила/жител во споредба многу од соседните а да не зборувам за развиените земји, што значи дека состојбата понатаму само ќе се влошува.


Posted By: mladen_s
Date Posted: 16-Jan-2012 at 00:24


Ама истовремено има и мизерни статистики во однос на употреба на јавен превоз. А да не зборуваме за општиот став кој се наметнува на секој можен начин за иделната формула: куќа на периферија и возило за секој член од фамилијата.. На некој начин, се наоѓаме во „рокфелерска“ фаза на капитализам (додавање на ленти и купување автобуси) па ова е само мал дел од сето тоа, но токму преку вакви форуми би требало да се делува во друга насока. Медиумите ионака веќе одамна се на другата страна - па едвај во неколку натписи се споменува дека постои и траса за шински превоз.

А ако зборуваме за развојот на сообраќајните инфраструтури - теоретски тие би требало да се комплементарни, но истото и не се случува во практика: градовите понекогаш даваат предност на јавниот превоз, барем одреден период, а со цел истиот да стекне повеќе корисници. Што се однесува до паралелноста - тука не би се сложил, барем не во просторна смисла (планерски, секако). Имено, постојат многу примери каде јавниот превоз следи сосема друга логика од колскиот. Секако, проблемот на Скопје е што нема скоро никакво искуство или примери за нивно одвојување, што е резултат на многу моменти од неговиот развој. Но искрено би посакал да решеа да „надокнадат“ некоја фаза од типот на развој на трамвајска мрежа, отколку архитектонски стилови, ама математиката на политичарите има 4-годишен рок

За крај, мислам дека немањето било каков шински или одвоен колски јавен превоз, ниту пак транспарентни планови за такво нешто влијае врз дискусиите на форумов. Мое лично мислење е дека „идеалните“ решенија за колскиот сообраќај на сметка на се' друго се малку.. ретро? Никој не успеал да се справи со колскиот сообраќај..


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Feb-2012 at 10:34
17.02.2012, 17:47
Само една компанија сака да го купи плацот над Јужен булевар

Земјиштето се продава за три милиони евра, а купецот ќе мора претходно на свој трошок да ја изгради подземната улица

Деспина Трајковска

Очекувано или не, само една компанија е заинтересирана да го купи земјиштето над Јужен булевар на кое ќе може да гради деловен и хотелски комплекс висок дури до 20 ката, но откако претходно на свој трошок ќе ја изгради предвидената подземна улица. За да стане сопственик на земјиштето од приближно 32.000 квадрати, кое се протега во должина од околу 1 километар, инвеститорот ќе треба на државата да и' искешира само три милиони за атрактивниот плац. Заинтересираната компанија, практично, ќе се наддава сама со себе на лицитацијата, што е дозволено со објавата за продажба на земјиштето.

„Електронското јавно наддавање може да почне со најмалку еден учесник. Наддавањето се врши ‘чекорно‘ со зголемување на вредноста со секој ‘чекор‘ не помал од триста денари“, се вели во огласот што го распиша Министерството за транспорт и врски минатиот месец.

Од таму не откриваат која компанија се пријавила за учество на лицитацијата. Велат дека е противзаконски сега да откриваат дали станува збор за домашна или за странска компанија. Единствено информираат дека само една компанија е заинтересирана да го купи плацот во непосредна близина на Стара железничка станица.

„Заклучно со крајниот рок, 15 февруари, до Министерството за транспорт пристигна една пријава за учество на електронското јавно наддавање за локацијата која се наоѓа во општина Центар, а е наменета за изградба на култура – В3, со компатибилни класи на намени – времено сместување, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, деловни простории, државни институции и спорт и рекреација“, велат од Министерството.

Станува збор за парцела од речиси 10.000 квадратни метри со вкупна почетна цена од околу 450.000 евра. При презентацијата на урбанистичкиот план, планерите објаснија дека, всушност, таму е предвидена изградба на комерцијален објект на местото на сегашниот паркинг меѓу Музејот и ТЦ „Рамстор“. ДУП-от налага инвеститорот да го изгради објектот со „пресликана“ фасада и висина како и железничката станица. Истовремено, планот дава можност и за обнова и развој на разрушениот дел на Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс.

Инаку, се' уште не е утврдено за колку време купецот ќе има обврска да ја изгради подземната улица. Тоа, според објаснувањето на Министерството, допрва ќе го дефинираат идниот сопственик на плацот и Град Скопје.

„Пред потпишувањето на договорот за оттуѓување на земјата, инвеститорот ќе има обврска да склучи договор со Град Скопје за уредување на односите за изградба на подземната сообраќајница“, велат од Транспорт.

Според ДУП, улицата треба да биде широка 31,5 метри, да има две ленти за сообраќај од по 3,75 метри во двата правца и две ленти широки по 3 метри наменети за застанување на возилата. Во урбанистичкиот план е зацртан и средишен коридор на улицата со трамвајска пруга.

Последни парцели во Центар што ги продава државата

Овие две парцели се последните атрактивни плацеви чија продажба ќе се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Иако некои општини почнаа сами да ги отуѓуваат државните парцели, Општина Центар се' уште го нема преземено управувањето со државното земјиште. Тоа, според најавите, ќе се реализира до лето. Со колку парцели за продажба ќе располага Општината и со каква намена се тие, надлежните се' уште утврдуваа
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86EA96C14CCD554081B6191F92AF4B2E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86EA96C14CCD554081B6191F92AF4B2E


Posted By: axel
Date Posted: 21-Feb-2012 at 14:00
limak mislam deka e gradezna kompanija od turcija koja raboti na poveke proekti na balkanot

Одржано електронско јавно наддавање за отуѓување на земјиште во општина Центар, опфатено со ДУП „Стара железничка станица“ - 21.2.2012

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека денес се одржа електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште кое е предвидено со Детален урбанистички план Стара Железничка Станица, на општина Центар, со намена за изградба на – комунална инфраструктура, комунална супраструктура, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, големи угостителски единици, деловни простории и хотелски комплекси со компатибилни класи на намени.

 

Најповолен понудувач на електронското јавно наддавање е компанијата „Лимак“ од Република Турција која на електронското јавно наддавање за градежната парцела со површина од 31.929 м2, понуди вкупна цена од 201.152.700 денари.

 

Најповолниот понудувач за оваа локација има обврска, на свој трошок, во целост да ја изгради подземната сообраќајница, предвидена согласно Деталниот урбанистички план “Стара Железничка Станица“ и по изградбата на истата, без надомест, да ја предаде во владение на Град Скопје. Најповолниот понудувач е должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, а во рок не подолг од 20 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да склучи договор со Градот Скопје со кој ќе ги уреди односите за изградба на подземна сообраќајница, што ќе бидат обврска на најповолниот понудувач, предвидена согласно Деталниот урбанистички план “Стара Железничка Станица“, а пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 500.000 евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата на градбите предмет на договорот за отуѓување на градежно земјиште.

 

Компанијата „Лимак Холдинг“ претставува една од најголемите инвеститори во Република Турција која од 1976 година работи со инвестиции во градежништвото, туризмот и енергетиката. Оваа компанија е сопственик на еден од најголемите хотелски синџири во Турција и Кипар, со континуиран пораст, а компанијата оперира и со повеќе хидроелектрани во Турција и Грузија, како и со аеродромите „Сабиха Гокчен“ во Истанбул и меѓународниот аеродром во Приштина.

 

Јавната објава за отуѓување на оваа локација беше објавена во печатените медиуми и на интернет, а со цел анимирање на сите заинтересирани инвеститори за истата беа информирани економските промотори и дипломатските претставништва на Република Македонија.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3614


Posted By: Portal
Date Posted: 22-Feb-2012 at 15:47
Na Map gledajki ja regulacijonata linija (granicata na parcelata), dokolku tocno / pravilno ste ja  obelezile granicata navlezena e od zadnata strana kaj tehnickiot vlez na Ramstore mall. Isto taka i na objektot od karsi.


Posted By: Petar
Date Posted: 22-Feb-2012 at 16:04

Фирмата „Limak insaat sanayi ve ticaret“, која е дел од холдингот „Лимак“ со седиште во Анкара, за околу 3,2 милиона евра ќе стане сопственик на плацот поголем од 30.000 квадрати. На него ќе може да гради деловен и хотелски комплекс висок дури до 20 ката, но откако претходно на свој трошок ќе ја изгради подземната улица.

Компанијата беше единствена што вчера учествуваше на електронската продажба на државното земјиште и, практично, се наддаваше сама со себе. За квадрат земјиште понуди само 300 денари повеќе од почетната утврдена цена, која изнесуваше 6.000 денари, што, всушност, беше услов на објавата за продажба во услови на еден лицитант. Така, за парцелата со површина од 31.929 квадрати, Турците во рок од 15 дена од лицитацијата, мораат да ја уплатат понудената цена од 201.152.700 денари.


Source - Utrinski Vesnik: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA87FF9F446F6E4AA3F966947D5BFADB - Турци ќе го окупираат Јужен булевар


Posted By: makonix
Date Posted: 25-Feb-2012 at 05:25
имаше на алфа многу добар рендер колкав ќе биде овој проект и богами изгледаше доста грандиозен, ако тоа се се оствари овој дел од Скоје ке биде некој вид на нов бизнис центар


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 25-Feb-2012 at 07:11
Ако не се лажам, профилот на Јужен булевар уште од пред 15-тина години, беше мошне широк уште во проектна фаза, но неговата траса тогаш беше во план да биде чисто надземна и без вакви грандиозни потфати по неговата должина. Ударната линија на пропаднатиот самопридонес за трамвај, пред 20-25 години, и тогаш беше вцртана во средишниот дел, како што и сега читам во погорен пост.Воопшто не ми се допаѓа толкаво парче на оваа локација, освен ако не се планира изградбата да биде во посебни ламели, го немам видено проектот, но имајќи ги во предвид разноликостите на неговите функции нема причина да не биде така. Ме интересира дали некој има информации кој е точниот опфат на овој проект и дали во себе ги инкорпорира паркот спорти бивши геолошки и пропаднатата Радисон инвестиција.

-------------
.....   .......


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2012 at 02:09
Originally posted by Portal

Na Map gledajki ja regulacijonata linija (granicata na parcelata), dokolku tocno / pravilno ste ja  obelezile granicata navlezena e od zadnata strana kaj tehnickiot vlez na Ramstore mall. Isto taka i na objektot od karsi.
Полигоните на мапата се чисто орјентациони


Originally posted by Gradinarot

Ме интересира дали некој има информации кој е точниот опфат на овој проект и дали во себе ги инкорпорира паркот спорти бивши геолошки и пропаднатата Радисон инвестиција.
И за паркот и за Радисон одговорот е НЕ.
http://www.build.mk/docs/users/1/Urbanizam/Skopje/StaraZS%20predlog%20plan%20sintezen%20201108.jpg - http://www.build.mk/docs/users/1/Urbanizam/Skopje/StaraZS predlog plan sintezen 201108.jpg



Posted By: Portal
Date Posted: 27-Feb-2012 at 15:04
Gledajki go gore linkot na urbanistickata parcela; sirinata e 37 metra so regulacionata linija nekoj metar pomalce. Na snimkata na Earth bulevarot e sostaven od tri lenti so po 3metri  i trotoari od po dva metra, sto znaci deka ne  e dovolna sirina. Toa znaci deka sepak parcelata e posiroka i odi nakaj iskopot na temelite na Radison gradilisteto!?
Bidejki nakaj ramstor nema kade da odi...


Posted By: Portal
Date Posted: 27-Feb-2012 at 15:27
mala ispravka; nakaj ramstor vo linija na objektot Remedika, zafaka malce poveke od trotoarot pozadi ramstor pak sudejki spored G. Earth snimkata... 


Posted By: mladen_s
Date Posted: 27-Feb-2012 at 15:58


Не можеш да ги споредуваш геодетските подлоги врз кои се исцртува ДУП (кои се апсолутно меродавни и во случајов се прикажани како тенки црввени линии) со сателитските снимки од Google Earth, особено не при така мали димензии. Се работи за други проекции, а и самиот сателит слика под агол, па секогаш има разлика од неколку метра..


Posted By: Portal
Date Posted: 01-Mar-2012 at 08:45
Se razbira deka ne se precizni satelitskite snimki, se raboti za celi 37metarska sirina na parcela, tie 2m +/_ od satelitskata sirina ne gi esapam. Denovive koga sum nakaj Ramstor ke go proveram pravecot.


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 01-Mar-2012 at 09:03
мислам дека Портал е во право, станува збор за разлика поголема од 10м, а јасно е дека сегашнава улица Јужен, ни оддалеку не одговара на прокетираниот профил на новата подземна. Дали целиот потфат го замислуваат со трапезен пресек, т.е. подземната да оди испод постоечките содржини и градилишта па над земја да извира во сегашниот профил на улица. Интересно би било да видиме како е сето тоа замислено.

-------------
.....   .......


Posted By: mladen_s
Date Posted: 01-Mar-2012 at 13:41
Да, се сложувам, но сме зборувале за различни работи..

Од тоа што гледам на Google Earth, темелите на Радисон се точно каде што треба. Тоа што заради изградба заградиле и дел од земјиштето кое досега беше јавно, а сега му припаѓа на „Лимак“ е друга работа. Можеби имале дозвола за привремено користење, а сега би се договарале со новите „газди“..

Сепак не ми е јасно зошто мораше да се продаде толку голема парцела и да не се остави ни метар јавна површина помеѓу објектите. Мислам (се надевам) дека инвеститорот нема да изгради огромен блок, туку повеќе објекти, но сепак ќе беше добро да се има влијание врз таквите одлуки. Вака, повторно се надеваме „идејното решение да ги поправи грешките“. Звучи познато?


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 02-Mar-2012 at 03:18
Значи колку што разбрав за најмногу 6 години треба да се изгради и подземната сообраќајница и целиот комплекс над неа или не е така?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Mar-2012 at 11:47
Така е, така барем пишуваше во официјално издадените информации.


Posted By: alexsend
Date Posted: 13-Mar-2012 at 15:01
Не!
6 години е рок за изградба на булеварот.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/skopje-dobiva-podzemna-soobrakajnica

А иститот ќе биде пуштен од кога ќе се изгради и комплексот над него (кој ќе се гради откако ќе се изгради булеварот, нели над него е) така рече градоначалникот во една од изјавите.


Posted By: FCB
Date Posted: 13-Mar-2012 at 16:05
6 години од кога ке почнат да го градат. А изградбата рекаоа ке започне за една година. Ако испадне се како што кажаа, негде околу 2019-20 ке биде готов. Сега не беа многу прецизни дали Јужен булевар ке биде готов за 6 год. или само тунелот.


Posted By: Portal
Date Posted: 13-Mar-2012 at 20:11
Originally posted by mladen_s

Сепак не ми е јасно зошто мораше да се продаде толку голема парцела и да не се остави ни метар јавна површина помеѓу објектите. Мислам (се надевам) дека инвеститорот нема да изгради огромен блок, туку повеќе објекти, но сепак ќе беше добро да се има влијание врз таквите одлуки. Вака, повторно се надеваме „идејното решение да ги поправи грешките“. Звучи познато?
se razbira za pari
inaku objekt dolg 800m a sirok samo 15m ne bi mu trebal nikomu, nitu nekoj bi go kupuval samo da ni napravi podzemen bulevar. Gradeznistvoto e matematika, dodeka pak arhitekturata i urbanizmot se poveke romantika


Posted By: Portal
Date Posted: 13-Mar-2012 at 20:13
I gradonacalnikot naglasi deka prvo ke se gradi podzemniot bulevar pa potoa objektot, no bulevarot ke se pusti vo upotreba so zavrsuvanjeto na objektot. toa bi mu doslo 1 godina proekt + 6 godini gradba


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Mar-2012 at 21:08

Една работа заборавате... а тоа е дека ова е само еден мал сегмент од булеварот... и неможе да биде пуштен во употреба и кога ќе се изгради... се додека не се изгради целиот, или барем поголемиот дел од булеварот...

Сакам да кажам... кога се ќе се заврши... овој сегмент ќе биде една подземна дупка... или ќор-сокак... едноставно ќе завршува од двете страни во ѕид од бетон, и позади него ќе има земја... кога ќе се пробијат и останатите делови на Јужен Булевар, тогаш и овој сегмент ќе може да профункционира... дотогаш... само дупка, и поттик, почеток за изградба на целиот булевар... на крајот на краиштата се работи за дел од 800м... ништо посебно... како што рече Андреј... и така веќе копаат за темели... наместо подземните нивоа.... тука ќе постои коридор...



Posted By: nylon
Date Posted: 13-Mar-2012 at 22:35
Нешто не ми е јасно. Каде ќе сместат таму 36 метри + минимален простор помеѓу Рамстор и новите дупки од северната страна. Измерил некој???


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Mar-2012 at 23:11
Ширината е ~40 метри...


Posted By: mladen_s
Date Posted: 14-Mar-2012 at 00:18
Originally posted by Portal


Gradeznistvoto e matematika, dodeka pak arhitekturata i urbanizmot se poveke romantika


Така изгледа затоа што заглавивме со „романтични“ активности, каде урбанизмот се претвори во китење на градот со бајадери и слично...

Токму во урбанизмот и планирањето е врвната математика. Градските управи кои знаат што сакаат да постигнат се посветени на тоа како да продадат помалку земјиште за повеќе пари и сепак да добијат атрактивни ЈАВНИ простори.

Во случајов има(ше) безброј можни стратегии. Сигурен сум дека инвеститорот би купил и 4-5 парцели во пакет, со можност да ги поврзува со мостови (ако сака), а обврската за градба на булеварот сеедно би останала. Да не зборуваме за подигнатата вредност на земјиштето ако претходно се оформеа јавни простори, или се почекаше да се завршат околните објекти. Или најдоброто: да се изградеше подземниот коридор, па да се одеше на продажба.. Но парите отидоа на други задоволства, нели?

Токму фактот што се продаде огромна парцела одеднаш зборува за тоа дека во урбана математика нашите политичари (и нивните советници) се стигнати
до лекцијата за продавање ниви. А за тоа дека има корупција - тоа би го имало и во секој случај, само на други места се нарекува лоби група


Posted By: axel
Date Posted: 17-Mar-2012 at 18:43
Груевски: Турски Лимак планира да вложи над 200 милиони евра

Турската компанија Лимак во Македонија ќе вложи над 100 милиони евра само во градежниот сектор, а планира и дополнителни 100 милиони во туризмот, енергетиката и земјоделството, најави денеска премеирот Никола Груевски.
“Тие веќе откупија големо земјиште од Република Македонија имаат развојни планови, планираат да градат хотел со име од еден од меѓуанродните ланци хотели. Ќе градат голем деловен центар од над 90 илјади метри квадратни, станбени објекти - шест згради на 16 ката со над 900 станови, како и други објекти. Покрај тоа, тие ќе ја изградат и подземната сообраќајница во која што ќе вложат значајни средства“, рече Груевски по пуштањето во употреба на Лабораторија за дигестивна ендоскопија на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија.

Лимак, како што посочи, е заинтерсирана за инвестирање и во други области - енергетика, туризам, земјоделство,...

“Побараа да им дадеме и да им помогнеме со идеи каде би можело и што би можело да се инвестира. Јас веднаш тоа го направив, дополнително договоривме средби на нивни претставници со претставници на Владата, како би можеле и подетално да навлезат во можните проекти за инвестирање. Секое такво инвестирање во нашата економија се разбира, е и можност за отворање нови работни места и ангажман во градежната оператива во Македноија“, потенцира премиерот.

http://tocka.com.mk/1/62566/gruevski-turski-limak-planira-da-vlozi-nad-200-milioni-evra


Posted By: Portal
Date Posted: 20-Dec-2012 at 20:03
Se slucuva li nesto na ovaa parcela??


Posted By: SJCF
Date Posted: 20-Dec-2012 at 21:08
Нема ништо


Posted By: Teglarot
Date Posted: 21-Dec-2012 at 00:31
Никогаш нема ни да има нешто.

Колку што го изградија хотелот таму,

толку ќе ги изградат и останатите објекти. . .


Posted By: Dexter26
Date Posted: 21-Dec-2012 at 01:11
Previous
 
Од твоја уста во Божји уши !!!
 
Но различни се инвеститорите при изградбата на хотелот позади Рамстор и при изградбата на комплексот над Јужен Булевар, тоа е сериозно загрижувачки, бидејќи можеби инвеститорот кој планира да го гради комплексот над Јужен Булевар чека да поминат наредните редовни локални избори 2013, а таман дотогаш ќе заврши и зимата, па ем би имал одврзани раце за да гради без никакви пречки од страна на општинската самоуправа и од страна на градската самоуправа, ем ќе има поприфатливи услови за изградба.
 
А подземниот Јужен Булевар јас лично верувам дека ќе го видиме исто онолку колку што ја видовме подземната уличка која требаше да ја изгради инвеститорот кој го изгради деловниот објект на локацијата на старата Народна Банка на плоштад Македонија, поради што лично сум против изградба на овој комплекс на Јужен Булевар, бидејќи верувам дека со неговата изградба ќе го снема и самиот Јужен Булевар.


Posted By: Portal
Date Posted: 21-Dec-2012 at 11:36
Za ovoj proekt mi tekna nekni koga bev natamu i se parkirav pozadi - izmegu ramstor i stara zeleznicka... Toa tamu se bese sruseno/rascisteno. Mestoto e vo sklop na taa parcela.
Se povrativ na postarite postovi i ako dobro sme bile informirani sega negde se zakonskite datumi koga bi trebalo da pocne ako voopsto pocne izgradbata...
Spored mojte znaenja hotelot pozadi juzen bese nekoj angleski fond koj sto prv ja nagovesti krizata zaedno so Slovencite na saem i evreite Alumina... Niv gi "iznenadi" krizata fondot odma ostanuva bez pari ili planirale so krediti da gradat, dodeka pak turcite od limak go zedoa mestoto so zaknoskite datumi za startuvanje za vreme na krizava, taka da nemasto da gi iznenadi ...bi trebalo negde posle nova godina ako planiraat da pocnat da vidime nekoi aktivnosti na teren...


Posted By: Portal
Date Posted: 16-Feb-2013 at 20:48
Podzemniot Juzen Bulevar ke bil so po tri lenti vo obete nasoki (nesto kao pod stokovna kuka most)...


Posted By: daci92
Date Posted: 16-Feb-2013 at 21:22
Од каде е оваа информација и дали знаеш дали ќе има дополнително средишна празнина доколку во иднина се планира трамвај и исто така пешачки зони на овој булевар ?


Posted By: Portal
Date Posted: 19-Feb-2013 at 17:32
Nemam detali seuste ...


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Sep-2013 at 19:12
Незнам дали некој приметил, впрочем е и неприметливо... во ќош... но јас го воочив ова на информативните ‚‚туристички‘‘ карти/мапи што ги има/се распоредени низ Скопјево...





-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Sep-2013 at 20:39
кој знае што е договорено да градат турците


Posted By: bob39
Date Posted: 27-Sep-2013 at 13:07
Malce "trgovski centri" propadnaa, gradat novi?!

-------------
Скопје 2014= Општествена лоботомија


Posted By: Portal
Date Posted: 27-Sep-2013 at 23:00
ne se grizete za investitorot ako nesto mu propadnee se dodeka ne vi plati za toa 4000 evra mesecno... Bow
ke se iznaotvoraat uste trgovski centri, ke padnat cenite na dukanite vo takanarecenite i vo trgovskite centrim a so toa ke padne i cenata na prozvodot. Sekoj ke moze polesno da si otvori dukan/prodavnica/kancelarija.
Vo biznisot i vo investiranjeto nekoj uspeva nekoj ne...
mi se dopagaat zgradive, razlicni se od ostanatite, ne se klasika zidarija, moderni se...


Posted By: osmic
Date Posted: 29-Jan-2014 at 14:38
ima nekoi aktivnosti ? ili nisto ne se slucuva

-------------
Trust Me, I'm an Engineer


Posted By: Teglarot
Date Posted: 29-Jan-2014 at 19:43
Originally posted by osmic

ima nekoi aktivnosti ? ili nisto ne se slucuva


Ништо не се случило, ништо не се случува и очигледно, никогаш ништо нема да се случи тука.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 29-Jan-2014 at 20:25
Previous
 
Никогаш не вели никогаш.
 
Речиси сите велевме никогаш за бројни глупости кои беа најавувани со месеци, месеците се претворија во години, но тоа никогаш испадна неточно, бидејќи истите тие бројни глупости, за жал, станаа реалност.


Posted By: OCB
Date Posted: 30-Jan-2014 at 18:29
Се вршат испитувања со две дупчалки. Едната е поставена кај импровизираниот земјен паркинг веднаш до катната гаража, другата спроти неа, од другата страна на Јужен.


Posted By: Portal
Date Posted: 02-Feb-2014 at 19:28
toa pred nekolku meseci dupcalkite ja ispituvaa pocvata... ili sega pak prodolzuvaat?


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Feb-2014 at 19:38
Луѓе, тоа е... може да биде и ставање темели...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: martind
Date Posted: 03-Feb-2014 at 16:36
А дали ти тоа навистина мислиш дека така функционира во Македонија??


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Feb-2014 at 16:50
edna slika od okolinata kje ni donese informacija dali se raboti ili ne..


Posted By: Portal
Date Posted: 04-Feb-2014 at 18:32
ispituvanje na zemjiste ne e pocetna pozicija za startuvanje na gradiliste... taka da ...


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Feb-2014 at 18:39
Originally posted by Portal

ispituvanje na zemjiste ne e pocetna pozicija za startuvanje na gradiliste... taka da ...
... но исто така откако било испитано земјиштето многу често останувало само на тоа... ама ќе видиме на терен, да не комплицираме ептен


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: axel
Date Posted: 27-Mar-2014 at 19:49

Нема абер од подземната улица зад „Рамстор“

Турски „Лимак“ една година доцни со почеток на градежните зафати, а од Градот велат дека се работело на корекција на проектот

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА-ДИМОВА



Нема абер од почеток на изградба на подземната улица зад „Рамстор“, која треба да ја изведе турски „Лимак“, а за возврат да го добие земјиштето над неа. И по повеќе од две години откако компанијата го купи плацот, на терен ништо не укажува дека таму треба да има подземна сообраќајница.

А, проектот на големо го најавуваа од Град Скопје и од Министерството за транспорт и врски кое го продаде државното земјиштето, додека Турците дури беа и на прием кај премиерот Никола Груевски кој ги промовираше како сериозни инвеститори. Тие, според договорот за отуѓување на земјиштето, веќе требаше да почнат со изградба. Речиси една година го пробија рокот за почеток на зафатите. Но, тоа, како што објаснуваат од Градот, се случило од оправдани причини.

„Компанијата во моментов работи на корекции на архитектонско-урбанистички проект. Проектот за подземната сообраќајница е во фаза на претпостапка, во која инвеститорот има започнато со изработка на архитектонско урбанистички проект, со што се исполнети условите од договорот. Оваа фаза има точно определен почеток, но завршувањето не е временски лимитирано, затоа што изработката на финален проект ќе биде основа за изработка на основен и изведбен проект. Се работи за комплексен архитектонско-урбанистички проект и секогаш има потреба од негово усогласување до конечната верзија која подоцна ќе се преточи во изведбено решение“, објаснуваат од Градот, кој со „Лимак“ потпиша договор со кој се дефинирани роковите и деталите за изградба на подземната улица.

Инаку, Турците на лицитацијата се наддаваа сами со себе и за околу 3,2 милиони евра ја купија градежната парцела од над 30.000 квадратни метри. Тие се обврзаа на свој трошок во целост да ја изведат подземната сообраќајница, а потоа, без надомест да им ја предадат на градските власти. Дури по нејзината изградба за возврат „Лимак“ ќе го добие плацот над неа со можност да гради деловен и хотелски комплекс висок и до 20 ката.

Градскиот татко на потпишувањето на договорот со Турците рече дека улицата ќе биде 6-6,5 метри под земја, ќе биде долга 800 метри и ќе има шест коловозни ленти, по три во двата правца. За потребите на булеварот, Градот дополнително ќе треба да обезбеди соодветни премини кон „Водњанска“ и кај подвозникот кон Црниче. Трајановски посочи дека улицата нема да биде пуштена во функција се' додека не завршат градежните зафати за надземните комплекси.

Инаку, турската компанија беше претставена како една од најголемите инвестирачки сили во својата земја. Од 1976 година работи со инвестиции во градежништвото, туризмот и енергетиката. „Лимак“ е сопственик на еден од најголемите хотелски синџири во Турција и Кипар, стопанисува со повеќе хидроелектрани во Турција и Грузијан како и со меѓународниот аеродром во Приштина и аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C24054E2496B954A97BCDD2180716891


Posted By: ѓорче
Date Posted: 24-Mar-2015 at 01:02
Дојдов до инфо дека турците ќе почнеле од кога ќе завршеле некој аеродром во Косово, со цела опрема механизација и човечки ресурси. Незнам колку е ова точно.


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Mar-2015 at 01:05
Ipak e nekakva informacija po podolgo vreme


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Mar-2015 at 07:46
Има рендери, најдов нешто во нет со лош квалитет. Е сега корекција на проектот може да биде се барок не знам...







Posted By: Portal
Date Posted: 24-Mar-2015 at 12:45
@ѓорче oni go zedoa aerodromot vo Pristina na koncesija i go napravija pred godina dena...
Inace sega pravele ogromen aerodrom vo Istanbul, taka da ne mi se veruva deka sega bi pocnale tuka...


Posted By: ѓорче
Date Posted: 24-Mar-2015 at 12:46
%20 - http://www.limak.com.tr/sectors/construction/projects/building-complexes/skopje-mixed-use-superstructure-project-macedonia

Еве и на нивната официјална страна има некој податок.


Posted By: ѓорче
Date Posted: 24-Mar-2015 at 12:50
Затоа и нагласив "незнам колку е точно". Како и да е пак е некаков аеродром.


Posted By: Portal
Date Posted: 24-Mar-2015 at 12:58
tuka negde sme ...
Inaku imaat super lokacija ako go napravat objektot luksuzno nesto moze da se kaze deka ke dobieme nesto ubavo vo centarot...

Potoa Ramstor ke treba da se potrudi malce za da zalici na nesto poubavo ako saka da ostane atraktiven, i se taka e ubavo ko ima konkurencija...


Posted By: Svarog
Date Posted: 24-Mar-2015 at 13:58
Ја искрено не верувам дека ќе се реализира овој проект. И доколку се реализира ќе има многубројни измени


Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Mar-2015 at 14:59
Previous
 
Јас го посакувам истото.
 
Скопјево врие од подземни улици кои постојат само на хартија, но затоа градежните профитери си направија добри бизниси на сметка на уништување на кејот на Вардар и на сметка на уништување на зелените површини.


Posted By: jyvation
Date Posted: 21-Jul-2015 at 00:34
„Барокот“ ја стопира подземната сообраќајница зад „Рамстор“

Притисокот да се изработат идејни решенија во „барокен“ архитектонски стил за новите градби зад трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје ја кочи изградбата на подземната сообраќајница и на комплексот на турската компанија „Лимак“. Повеќе од три години на локацијата кај Музејот на град Скопје не е започнат градежен зафат од турскиот инвеститор поради тоа што некој упорно инсистира идните објекти за колективно домување, хотели, трговски и деловни центри да бидат изградени во т.н. „барокен“ архитектонски стил.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска на прес – конференција објасни со каков проблем се соочува инвеститорот. „Сè е спремно, ние со нетрпение го очекуваме тој објект, не само затоа што тоа е сериозен прилив на комуналии туку тој цел грд дел да се затвори, меѓутоа се инсистира на барок. Јас имав можност овде на средба со нив да ги видам решенијата на еден од најголемите турски архитекти, значи современи решенија со кои што би можеле навистина да се пофалиме и надвор од регионов“, вели градоначалникот Жерновски. Градот Скопје кон крајот на март годинава за „Билд“ тврдеше дека информации за архитектонско – урбанистичкиот проект за подземната сообраќајница треба да се бараат кај турскиот инвеститор, додека општина Центар треба да издаде одобренија, по што би следело издавање на неопходната градежна дозвола за огромниот комплекс со површина од 330.000 метри квадратни. Подземната сообраќајница, заедно со објектите за колективно домување, трговските и деловните центри и хотелите треба да се завршат најдоцна до 2017 година.

„Лимак“ и Град Скопје во март 2012 година потпишаа договор за изградба на подземна сообраќајница во должина од 800 метри, со што требаше да се реализира трасата на Јужен булевар. Изведбата на сообраќајницата претставува обврска на инвеститорот, кој што во февруари 2012 година ја купи градежната парцела од 31.929 метри квадратни за градење на најавениот голем комплекс.

http://www.build.mk/?p=45434 - http://www.build.mk/?p=45434


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 21-Jul-2015 at 02:14
Ова со инсистирањето на барок е крајна мизерија...
Го најдов рендерот на турците од http://www.bomimarlik.com/ - http://www.bomimarlik.com/ (исто така е прикажано на официјалната страна на Лимак http://www.limak.com.tr/sectors/construction/projects/building-complexes/skopje-mixed-use-superstructure-project-macedonia - http://www.limak.com.tr/sectors/construction/projects/building-complexes/skopje-mixed-use-superstructure-project-macedonia ). Ништо спектакуларно, патем секои втор трговски во Истанбул е налик на ова решение







Posted By: avijacijamk
Date Posted: 21-Jul-2015 at 11:41
Џабе рендери никогаш нема да се изгради


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Jul-2015 at 12:26
Па за тоа сме сами криви. Баш штета сега нега одат по регионот а за нас тамам базен ќе ни остани тој дел.


Posted By: alexsend
Date Posted: 21-Jul-2015 at 17:45
Рендерот е солиден. Штета што нема да има ни М од модернизам

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: fichot
Date Posted: 22-Jul-2015 at 18:56
Хм, ако во договорот не стои услов објектите да бидат „барокни“ како би можело отпосле тоа да се изнудува од инвеститорот?
Ми се чини дека не се работи за „барок“ туку за %.



Posted By: King
Date Posted: 26-Jul-2015 at 15:37
Целосна пропаганда на Жерновски, знам дека лаже бидејки ние им правевме предмер пресметка на Лимак (со Македонски цени), објектот за кој што се правеше пресметка има измени со овој од рендерите, но исто така е во модерен стил. Знам дека застојот е кај турците бидејки, од страна на влада се вршело притисок кај нашите служби побрзо да биде пресметката. Неофицијално Турците ги колебало падот на продажба на становите во Скопје.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 26-Jul-2015 at 16:19
Originally posted by King

Целосна пропаганда на Жерновски, знам дека лаже бидејки ние им правевме предмер пресметка на Лимак (со Македонски цени), објектот за кој што се правеше пресметка има измени со овој од рендерите, но исто така е во модерен стил. Знам дека застојот е кај турците бидејки, од страна на влада се вршело притисок кај нашите служби побрзо да биде пресметката. Неофицијално Турците ги колебало падот на продажба на становите во Скопје.


King, а за да не биде ова владина пропаганда од твојата страна, би било убаво да ни дадеш официјални податоци за застојот. Па да објавиш нешто од рендери не ќе да е на одмет. За да не биде пропагандата на Жерновски толку проѕирна, еве можеш да ни дадеш дополнителни податоци.


Posted By: King
Date Posted: 27-Jul-2015 at 06:41
Зошто не му побара докази на Жерновски за неговите лаги. Јас говорам за работа која сум ја видел со свои очи, бидејки мои колеги работеа на предмер пресметка. Од истите тие колеги слушнав дека проектот се успорил бидејки паднале цените на становите во Скопје, па сакале уште еднаш да си ги проверат цените на изградба според локалните услови и ценовници на градба.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Jul-2015 at 08:44
Originally posted by King

Зошто не му побара докази на Жерновски за неговите лаги. Јас говорам за работа која сум ја видел со свои очи, бидејки мои колеги работеа на предмер пресметка. Од истите тие колеги слушнав дека проектот се успорил бидејки паднале цените на становите во Скопје, па сакале уште еднаш да си ги проверат цените на изградба според локалните услови и ценовници на градба.


Еве нека биде по твое. Идејното решение порано или подоцна ќе излезе на површина. Дали го работел познат турски архитект или нашиот премиер веднаш ќе се забележи. А ќе проговорат и од Лимак, подоцна или порано, на оваа тема.


Posted By: Portal
Date Posted: 27-Jul-2015 at 09:56
@King ne velam deka ne mamis samo da razjasnime; ne razbrav za kakva predmer presmetka ste rabotele toa. Cenata na cinjene na stanovi i ponudata/pobaruvackata na pazarot e nesto drugo/porazlicno od predmer presmetkata koja se raboti za izraboten del na onjektot koj sto se predmeruva se presmetuva srabotenoto i se naplaka.
Ne velam deka e "barokot" problem no, i da e toa go znae eden coek od vladat i glavniot od Limak ne i site ostanati bidejki se raboti za interen dogovor...


Posted By: King
Date Posted: 27-Jul-2015 at 18:21
Originally posted by BOJAN

Originally posted by King

Зошто не му побара докази на Жерновски за неговите лаги. Јас говорам за работа која сум ја видел со свои очи, бидејки мои колеги работеа на предмер пресметка. Од истите тие колеги слушнав дека проектот се успорил бидејки паднале цените на становите во Скопје, па сакале уште еднаш да си ги проверат цените на изградба според локалните услови и ценовници на градба.


Еве нека биде по твое. Идејното решение порано или подоцна ќе излезе на површина. Дали го работел познат турски архитект или нашиот премиер веднаш ќе се забележи. А ќе проговорат и од Лимак, подоцна или порано, на оваа тема.


И јас сакав истото да го кажам, што викаат Србите ``Живи били, па видели``


Posted By: King
Date Posted: 27-Jul-2015 at 18:27
Originally posted by Portal

@King ne velam deka ne mamis samo da razjasnime; ne razbrav za kakva predmer presmetka ste rabotele toa. Cenata na cinjene na stanovi i ponudata/pobaruvackata na pazarot e nesto drugo/porazlicno od predmer presmetkata koja se raboti za izraboten del na onjektot koj sto se predmeruva se presmetuva srabotenoto i se naplaka.
Ne velam deka e "barokot" problem no, i da e toa go znae eden coek od vladat i glavniot od Limak ne i site ostanati bidejki se raboti za interen dogovor...


Пред да се почнеш некој објект, врз база на проектна документација правиш предмер пресметка за цената на чинење на тој објект, ова обично се прави пред да почнеш да го градиш, за да направиш финансиска конструкција за реализација на истиот. Претпоставувам дека Лимак веке имале таква предмер пресметка од порано, но сега побараа нова веројатно за да си ги потврдат цените, и да си направат нова калкулација...


Posted By: fichot
Date Posted: 27-Jul-2015 at 20:30
И ние ќе чекаме уште 50 години они калкулација да си прават? Нели имаше некаква законска обврска до кога мораш да почнеш со градба? Викаа 2012та, 3 години ли се прават „калкулации“?


Posted By: Portal
Date Posted: 27-Jul-2015 at 23:08
ok, razbrav prsemetka kolku priblizno bi gi cinela investicijata... Spored presmeetkata na koja dlabina bi se pojavila vodata? Ako dobro se sekavam vo roj del isopite bea polni so voda.


Posted By: лулу
Date Posted: 17-Sep-2015 at 17:49
--


Posted By: лулу
Date Posted: 17-Sep-2015 at 17:52
-


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Sep-2015 at 18:12
Мене не ми е јасно кој овде лажел????

Кинг,овој оној...се извинувам ама стварно бркотницава со зборови не ми е јасна


Posted By: fichot
Date Posted: 17-Sep-2015 at 18:25
Originally posted by лулу

Lele koja laga!!!od koja firma si ti sto ste pravele predmer-presmetka za Limak mnogu me interesira?i kako ne stignala do nas taa predmer presmetka.Ti znaes li za koja firma zboruvas?Si znael deka zastojot e od Limak, ti sto se zamisluvas be? razmisli sto zboruvas pred da dades izjavi takvi. Limak se kolebale?! od kaj pa toa sega. Limak moze da te tuzi za ovie kleveti i toa ti go kazuvam kako covek na Limak



Ок, како човек на Лимак може да ни објасниш во што е застојот и да споделиш инфо околу рендери и сл.?
ФМП.



Posted By: Portal
Date Posted: 20-Sep-2015 at 13:12
breeeh se javi prviot covek od limakkk(mislam na forumov), pretpostavuvam soferot znaci pocnue da raboti sofererot so tuzba protif nekoj sto kazal nesto na foruum


Posted By: Dexter26
Date Posted: 20-Sep-2015 at 14:55
Previous
 
Ако човекот навистина е човек на Лимак, тогаш останува да се надеваме дека сепак тој е исклучок на правна неписменост, односно дека не се сите луѓе на Лимак до толку правно неписмени како него за да не знаат дека законот за навреда и клевета не опфаќа лични коментари објавени на Интернет форуми. Stern%20Smile


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Sep-2015 at 15:30
Нека почнат веќе што е ова се чека со години.. Нема Жерновски некакви компетенци или има само министерството?


Posted By: Dexter26
Date Posted: 20-Sep-2015 at 16:40
Previous
 
Се согласувам, нека почнат.
 
Но нека почнат на некоја друга локација, а Јужен Булевар нека го покријат со зеленило, и онака зеленилото е загрозен вид во централното градско подрачје на Скопје.


Posted By: axel
Date Posted: 12-Apr-2016 at 17:40
11.04.2016, 17:41

„Лимак“ ја подготвува подземната улица зад „Рамстор“

Од компанијата велат дека паралелно ќе го градат и трговскиот центар до Музејот на град Скопје

Деспина Трајковска-Димова



По неколкугодишни најави, турски „Лимак“ конечно ќе почне со изградба на подземната улица зад „Рамстор“ во Центар. Така најавуваат од компанијата која досега веќе требаше да почне со градежните активности. Освен улицата, паралелно ќе го граделе и комерцијалниот објект до Стара железничка станица, кој ќе биде со „пресликана“ фасада и висина како и железничката. Од компанијата вчера ни изјавија дека ги вршат последните подготовки за почеток на изградба. Ја обезбедувале документацијата, ги средувале комуналиите, се организирале за отворање на градилиштата...

„Не е точно дека сме се откажале од проектите или слично. Напротив, се работи за сериозни зафати, имаше корекции во проектите, па затоа од оправдани причини малку ги пробивме роковите за изградба. За десетина дена треба да ги доплатиме комуналиите и да ги комплетираме градежните дозволи. Значи, прашање на ден е кога ќе почнеме со работа“, изјавија кусо од „Лимак“ за „Утрински весник“.

Велат, сложените проекти биле причина за пробиените рокови за изградба. Дали платиле или ќе плаќаат пенали за непочитување на договорот, од компанијата не сакаа да коментираат. Единствено порачаа дека се сериозна компанија која наскоро ќе почне со реализација на двата проекта. Прво ќе започнат со изградба на објектот до Стара железничка станица, а кусо по отворање на тоа градилиште, ќе стартуваат со изградба и на подземната улица.

„Практично, двата проекта ќе се изведуваат паралелно, со оглед на тоа дека и двата плаца се купија во речиси ист период, односно имаат идентични рокови за почеток на изградба, конечна реализација и слично“, дополнија од „Лимак“.

Кај Старата железничка станица, на местото на некогашниот паркинг помеѓу Музејот на Скопје и ТЦ „Рамстор“, треба да се изгради комерцијален објект. Инвеститорот има обврска да го изгради објектот со „пресликана“ фасада и висина како и железничката станица. Тој објект, всушност, е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс кој треба да се гради на Јужен булевар, земјиште кое, исто така, го купија Турците. Практично, тој комплекс треба да се издигне над подземната улица која „Лимак“ е обврзан да ја изгради како компензација за земјиштето над неа. Поточно, по изградбата на улицата, „Лимак“ ќе има обврска да ја предаде во владение на Град Скопје, а за возврат ќе го добие плацот над неа со можност да гради деловен и хотелски комплекс висок и до 20 ката. Предвидено е улицата да биде 6 до 6,5 метри под земја, долга 800 метри и да има шест коловозни ленти, по три во двата правца.

Инаку, и во двата случаја турската компанија ја купи државната земја на лицитација, на која практично се наддаваше сама со себе. Плацот кај Стара железничка станица со површина од речиси 10.000 квадрати го купи за околу половина милиони евра. За другата парцела, од над 30.000 квадратни метри, „Лимак“ на државата и' плати околу 3,2 милиони

http://www.utrinski.mk/?ItemID=3E11630F0036A54F8E5463A151B25F5A


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-May-2016 at 17:32
Во најава комплексот над Јужниот Булевар (бул.Македонија)



Деновиве, на запуштеното градилиште на Јужниот булевар, зад Музејот на Град Скопје, конечно се постави табла со 3Д визуелизација за изгледот на новиот комплекс. Обврска на инвеститорот е изградба на трасата од Јужниот Булевар која оди подземно, со тоа што за компензација го добива просторот над него.



Овој простор и во периодот на 90тите беше предмет на повик за идејно архитектонско-урбанистичко решение, во чиј опфат беше и доградба на објектот на Старата Железничка станица. Овој пат проектот ќе се реализира преку компензација на услуги, со турскиот инвеститор, каде му се остави слобода на инвеститорот за решението на проектот, со што неговите автори се уште не ни се познати.

Од она што може да го забележиме на билбордите, во приземниот дел се развиваат комерцијалните содржини и трговски центри, во комбинација со пешачка зона и паркинг простор. Од трговските единици се надвишуваат 4 висококатници ( повеќе од 20 ката ), најверојатно во доминантен дел луксузно домување.



Она што може на прво око да се каже, е дека на доминантен дел од површината се забележуваат ниски структури, кој не се натпреваруваат по висина со Музејот на град Скопје. Во партерот се постигнува разбивање на тој габарит со пешачки зони и градски тремови. За среќа густината на кулите не е голема, со што се избегнува ефектот на „Капиштец“ иако нивната ориентација исток-запад е со подолгите страни.

Современоста на комплексот е изненадувачки, кога ќе го споредиме со интервенциите на власта во центарот на градот. Да се надеваме дека тоа ќе го видиме и во неговата реализација.

За подетална анализа, треба да почекаме повеќе официјални информации, како и реалната можност за манипулација преку 3Д презентацијата.

http://marh.mk/%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D0%B4-%D1%98%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D1%83%D0%BB%D0%B5/ - http://marh.mk/%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D0%B4-%D1%98%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D1%83%D0%BB%D0%B5/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-May-2016 at 18:15
Deluva mnogu ubavo. Nego ima li momentalno nekakvi aktivnosti na gradilisteto,odamna stoi zagradeno.


Posted By: iGi_PoP
Date Posted: 03-May-2016 at 22:14
Abe mnogu ubavo, samo koga ke gi roknat kilma uredite od nadvor, i koga ke pocnat roletni da sibaat i balkoni da pregraduvaat... e tek togas ke bide super! Prav Bangladesh!


Posted By: Dexter26
Date Posted: 03-May-2016 at 23:43
Радисон Блу мочуриште ќе го прават парк или паркинг ?
 
Патем, бидејќи ништо не бидна од тој проект, чија е сега таа парцела ?
 



Posted By: zabegan
Date Posted: 04-May-2016 at 01:31
ау човече зашто никој не приметува колку лошо ја заградиле железничката со некој објект рамстор-стил
сите надежи за тоа убаво да се затвори нејзиниот комплекс со некое добро и напорно зразмислувано архитектонско решение ми ги убија

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Antonov
Date Posted: 04-May-2016 at 12:12
Ако не се лажам, ова е најголемата инвестиција на Камчеви во Македонија



Print Page | Close Window