Print Page | Close Window

Споменици и скулптури (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156
Printed Date: 28-Mar-2024 at 12:55


Topic: Споменици и скулптури (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Споменици и скулптури (општо)
Date Posted: 21-Dec-2007 at 08:00
Засебни нишки:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=85 - Споменик на Плоштад Македонија

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=619 - Споменик Филип II - Битола



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2007 at 23:31
Незнам што да кажам за ваква глупост. Може ли некој да го замисли незнам на влезот на мостот Оресунд два коњаника на пример?? Веројатно Аларова може и тоа да го замисли.

Два лава ќе го чуваат Мостот Гоце Делчев

Нема да го толерираме самоволието на општина Центар, ниту ќе дозволиме да се наруши естетскиот изглед на мостот, најавија градските власти

Без консултации со градот Скопје и без нивно знаење, општина Центар пред три дена распишала конкурс за изработка на две скулптури на лавови, кои би се поставиле на Мостот Гоце Делчев. Градските власти се изненадени од ваквата постапка.- Објавениот конкурс на општина Центар е продолжување на една незаконска практика и самоволие при носењето одлуки за спомен-обележја и за уметнички скулптури. Без консултации, Град Скопје нема да дозволи да се поставува ништо што би ги нарушило урбанистичкиот, уметничкиот и естетскиот изглед на инфраструктурните објекти што се наша надлежност - велат градските власти.

Горан Михајлов, член на Советот на Општина Карпош, вчера побара од градоначалникот Андреј Петров за ова прашање да се расправа на седница на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

- Дали смее Општина Центар да распишува конкурс за Мостот Гоце Делчев имајќи предвид дека тој е во надлежност на Градот? Барам да се преиспита дали ова решение е легално и естетски издржано - рече советникот Михајлов.

Според објаснувањето во конкурсот на општина Центар, лавот би го симболизирал духот на македонскиот народ низ историјата. Предвидено е лавот со постаментот да се вклопи во естетска целина со просторот од двете страни на мостот.

Од Центар не одговорија зошто комисијата го избрала ова естетско решение и зошто распишале конкурс за скулптури на објект што не е нивна надлежност. Откако им побаравме објаснување за конкурсот, тие ја симнаа информацијата за конкурсот од својата веб-страница.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8CDC3771737C4644967388E52E7EE32C


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2007 at 03:46


No comment Nuts



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 14:20
Suicide

Не сме нормални. И тоа се кладам дека целава поента на „тендеров„ е да се препуцаваат градот и Центар. Бедни игри...


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 23:30
зарем е можно Општина Центар да си го тера ова...... Wallbash жими се лично ќе ги бутнам лавовите у Вардар ако ги постават. Gunz

РЕАКЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ НА ЦЕНТАР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА СКУЛПТУРИ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Лавовите на мостовите врв на кич и невкус


Навистина треба да се види која комисија одобрила од двете страни на мостот да се постават фигурите. Имале ли предвид како тие ќе се вклопат во целосниот амбиент, реагираат и уметниците и архитектите


Врв на кичот и тотален невкус. Вака македонската уметничка јавност ја окарактеризира идејата на Општина Центар на мостот "Гоце Делчев" да постави две скулптури на лав во стоечка поза на постамент. "Тоа е естетски и функционално недозволиво. Навистина треба да се види која комисија одобрила од двете страни на мостот да се постават фигурите. Имале ли предвид како тие ќе се вклопат во целосниот амбиент, реагираат и уметниците и архитектите.

За лавовите на Аларова се разговараше и на седница на Советот на Општина Карпош. Советникот Горан Михајлов побара од градоначалникот Андреј Петров во својство на претседател на ЗЕЛС да ја испита законитоста за реализација на проектот.

- Ме интересира дали некој изработил стручна студија за тоа како естетски ќе се вклопат овие скулптури во модерниот изглед на мостот Гоце Делчев" и дали Градот дал дозвола, бидејќи мостот е во негова надлежност - праша Михајлов.

И мислењето на градските власти е исто. Тврдат дека нема да дозволат да се постави никакво спомен-обележје или пак скулптура која не е се вклопува во урбанистичкиот, уметничкиот и естетскиот изглед на делот од Градот што е во нивна надлежност.

- Ова е само продолжение на една незаконска практика и самоволие од нивна страна за носење одлуки за подигнување спомен-обележја и уметнички скулптури - сметаат тие.

Овој проект ќе го реализира општина Центар која творците на идејното решение веќе ги бара преку јавен конкурс.

- Целта на конкурсот е да се добие уметничка, високо-естетска реализација на скулптура на лав во стоечка поза која како симбол на достоинственост, гордост и непокор ќе го симболизира духот на македонскиот народ низ историјата - се вели во објавата.
Оценувањето на трудовите и изборот на проектот ќе го вршела жири-комисија составена исклучиво од физички лица кои се независни од учесниците на конкурсот и не можат да учествуваат на конкурсот. За најдобрите решенија се предвидени и награди во висина од пет, три и две илјади евра.

Елизабета АРСОСКА



Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Dec-2007 at 23:36
До кога мислат да продолжат со вакви евтини популистички фори? Лавови?! Духот на македонскиот народ? Божеее.... Wallbash




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 23:44
Originally posted by La Linea

До кога мислат да продолжат со вакви евтини популистички фори? Лавови?! Духот на македонскиот народ? Божеее.... Wallbash




ма и да фураат фори нека ги фураат кај што им е местото. ама лавови на Гоце Делчев WallbashWallbashWallbash

BTW секогаш ми сметало што во Скопје немало доволно убави статуи/споменици. Ама неможе таа празнина да ја компензираат со редење несоодветни медиокритети на секој чекор и тоа преку ноќ. Незнам дали чувте но се спремаат и статуи на Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев. Нешто пред парламент, нешто незнам кај во Центар. Претпоставувам дека ќе бидат онакви ситнурајки како статуата на Крсте Петков Мисирков. Мене ми е таа комплетно несоодветна за локацијата, големината и е погрешна...  скроз без врска...

Единствена споменик што ми се свиѓа во Скопје е оној пред влада. Од помодерните ми се свиѓаа свирачите на Максим Горки, ама нив ги уништија.


Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Dec-2007 at 23:59
Статуата со гулабите пред level е со пристојна големина, исто како онаа на крај на улица Македонија, спроти стара железничка... само мотивот не ми се допаѓа. А тој привезокот од Крсте Мисирков не доликува за толкава личност во нашата историја... Мајка Тереза и тој споменикот на паднатите борци се можеби единствените споменици во Скопје достојни за некаква пофалба.
    Надвор од Скопје, новата статуа на Александар Македонски во Прилеп, Кирил и Методиј и Св. Наум Охридски во Охрид, статуата на гемиџиите во Велес...  сигурно нешто заборавам... Тие се ок.

Но ве молам, видете го ова... Делчево: Big%20smile


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2007 at 00:08


Александар во Прилеп не ми се свиѓа (јес да само на слики го имам видено)

Кирил и Методиј во Охрид се добри.

Св. Наум го неам видено

Мајка Тереза ја заборавив и она е добра.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Dec-2007 at 00:45

Споменикот на Гоце Делчев во парк сам по себе е убав, но на чудна локација и целосно руиниран исшкртан плочките околу него раздмани, неисшистен откако е поставен. Ова со лавовите на мостот Гоце Делчев дури и незнам како да го искоментирам. Кич е премал и преблаг збор. Се надевам ова нема да се оствари.



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 28-Dec-2007 at 17:53
Аце во Прилеп и не е така лош...

Али Гоце во Делчево го направиле Супермен Roll%20eyes.

Што се однесува до Аларова--> Gunz.


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Jan-2008 at 12:17
Продолжуваат препукувањата општина Центар-Градот Скопје. Сега за статуите до Камениот мост

ПОДИГАЊЕТО ОБЕЛЕЖЈА БЕЗ СООДВЕТНА ПРОЦЕДУРА СТАНА ТРЕНД

Општина Центар си гради споменици од ракав

За да подига спомен-обележја, според законот, општината мора да има донесено петгодишна програма за одбележување настани и личности, што во Центар не е случај

Центарот на Скопје годинава ќе се начичка со скулптури што Општината ги најавува на секој слободен простор, иако се' уште не е донесена програмата за одбележување значајни личности и настани, која, според законот, се носи за период од пет години. Без таква програма не е дозволено да се подигаат споменици, но на Општината тоа како да не и' е важно, па без да ја почитува законската процедура, си носи одлуки за меморијални споменици на плоштадот, распишува конкурси за скулптури на лавови на Мостот Гоце Делчев и дава дозволи за обележја што ги подигаат донатори, како што беше примерот со споменикот на Крсте Петков Мисирков.

Според конкурсите што вчера беа објавени во медиумите, пред Собранието ќе се подигне спомен-обележје, односно коњаничка скулптура на револуционерот Никола Карев, што ќе чини пет милиони денари. Коњанички скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев ќе се постават на просторот пред Камениот мост, од страната на плоштадот и ќе чинат осум милиони денари.

Според Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата, советите на општините и на Градот Скопје донесуваат програми за одбележување настани и личности што се од локално значење и тоа со спомен-обележја. Меморијални споменици може да подига само државата и тоа за настани и личности што се од национално значење. Ваква програма засега има донесено само Советот на Град Скопје во 2004 година, според која до 2009 година во градот може да се подигнат споменици на Александар Македонски, Цар Самуил, Јустинијан, Карпош, генерал Михајло Апостолски, Кузман Јосифовски - Питу, Скендер-бег, архиепископот Доситеј и Лазар Танев. Од нив, досега се реализирани само спомениците на Скендер-бег и на Доситеј. За првиот имаше големо противење на градските власти бидејќи се изгради без целосно да се почитува процедурата.

Општината Центар своите конкурси за споменици, како што беше случај со оној за Александар Македонски на плоштадот или со лавовите на Мостот Гоце Делчев, ги распишува без да ги консултира градските власти. Од Градот беа изненадени од ваквата постапка на општинарите и ваквиот чекор на Општина Центар го оквалификуваа како продолжување на една незаконска практика и самоволие.

- Без консултации, Градот нема да дозволи да се поставува ништо што би го нарушило урбанистичкиот, уметничкиот и естетскиот изглед на инфраструктурните објекти што се во наша надлежност - изјавија вчера во одделението за односи со јавноста во Градот.

Иако конкурсот за идејно решение за споменикот на Александар Македонски беше објавен пред повеќе од половина година, од Општина Центар се' уште не кажуваат дали избрале победник. Обележјето треба да се гради на местото кое е предвидено за фонтана, кај цветната жардиниера, а под плоштадот веќе е изградена и соодветна машинска сала за неа.

Раководителот на Секторот за правни работи во Општина Центар, Владо Петровски, објасни дека сите овие иницијативи за подигање спомен-обележја ќе бидат вклопени во петгодишната програма за споменици, која допрва ќе биде донесена.

- Станува збор за иницијативи на Министерството за култура. Ние не можеме да предвидиме кој се' ќе даде предлог и иницијатива. Последната програма за споменици е донесена во 1986 година и е на Собранието, а општините се' уште немаат свои програми, иако, според мене, нивното донесување би било непотребно. Сепак, предвидените спомен-обележја нема да бидат изградени додека не се донесе програмата - вели Петровски.

Тој информираше дека споменикот на Александар Македонски и фонтаната ќе бидат во комбинација.

- Станува збор за изградба на фонтана со спомен-обележје. А како тоа точно ќе изгледа, ќе се прецизира со самата програма. Дали тоа ќе биде архитектонски објект или спомен-обележје, ќе биде дефинирано во програмата - рече Петровски.

По ова објаснување, останува нејасно зошто Општината лани распиша конкурс за споменикот на Александар, кога деталите допрва ќе се утврдуваат.

Анела Петрова







-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Jan-2008 at 12:29
За да се има претстава како би изгледал плоштадот со статуите.

Ова е уште од времето на Кралството СХС, ова се статуи на српските кралеви Петар и Александар.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Jan-2008 at 12:54

во тој концепт на Скопје (каде се граделе офицерски, народна банка, театарот, Ристиќева итн.) статуите одговараат. Денеска коњаници не одговараат ни на за локацијата ни за времето. А кампањата да го наполниме Скопје со коњи, лавови и слични глупости е се поголема. Се надевам дека разумот ќе преовлада.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2008 at 23:11
Тргна возот со коњаниците Wallbash. Пола илинденско востание качија на коњи. Ова е само прв чекор, во познат македонски стил секоја скопска општина после ќе направи свои коњаници Bash.

Значи 2 коњаника пред камени мост по теркот на српските кралеви во периодот 1913-1944, коњаник пред парламент и голем коњаник на сред плоштад.

Јас мислам да го ревидираат и споменикот на Крсте Петков Мисирков и него да го стават на коњ, како и сите други досегашни статуи во Скопје.

Евенутално може да уфрлат по некој лав колку да се разбие монотонија ApplauseWallbash

Барем Гоце Делчев нека го остават на мира, човекот убаво го учиме како интелектуалец и го знаеме по неговата порака за културен натпревар помеѓу народите. Сите негови статуи до сега биле во тој дух, што има сега да го правиме ко Џингис Кан. Ohno


Конкурс за споменици на Карев, Делчев и Груев


Општина Центар распиша конкурс за изработка на идејни проекти на спомен-облежјата на Никола Карев, Гоце Делчев и Даме Груев, кои ќе бидат поставени на две локации во централното градско подрачје. Спомен-обележјето на истакнатиот македонски револуционер Никола Карев ќе биде коњаничка скулптура на постамент изведена во траен материјал, која треба да се вклопи во даден архитектонски простор пред македонското Собрание. Идејно решение се бара и за двете коњанички скулптури на постамент на Гоце Делчев и Даме Груев кои ќе бидат поставени на просторот пред Камениот мост од страната на Градскиот плоштад.

Конкурсите се анонимни и на нив може да учествуваат домашни и странски физички и правни лица најдоцна до 31 март, годинава.
За најдобрите трудови се обезбедени награди, а предвидени се и два откупа. Изборот на идејниот проект ќе го изврши Одборот за подигање на спомен-обележје со мнозинство гласови на неговите членови. Иницијативата за поставување на спомен-обележјата, поттикна од Министерството за култура во знак на одбележување на истакнататите историски личности коишто имат големо значење за развојот на државноста и државно-правниот континуитет на државава. Претходно, овие одлуки едногласно ги поддржаа советниците на Општина Центар.

(Е.А.)


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9D5F09DF2FA7AF41A941B752DDD12948 - Вечер


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Jan-2008 at 23:34
Колку агресивно се буткаат лошите идеи, тоа е неверојатно.  Првин собранието,  сега ова со лавовите и коњаниците....

А што стана со статуата на Александар Македонски?
Што стана со ДУП-от на Мал Ринг(оној на Мирослав Грчев е од 1997 и не е усвоен)?
Кинески ѕид? КАМЕН МОСТ АЛО!!!! Стражарницата!?!? Чаршијата? Не знам, има нема крај на овие проблеми чие решавање е приоритет.

За ТИПО нема некои вести, ама не би требало да биде долго сето тоа.
Македонска Банка?
Лумикс ме е*е во здрав мозок очигледно па ќе го игнорирам. Нема друго објаснување за цело ова пролонгирање на градењето.

Шит


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2008 at 23:52


ама тука не се работи за мешање приоритети туку за невиден кич и невкус.

Како прво, статуи/коњаници не се клупи или канделабри па да нарачаш цел контингент од еднашка. Тие грижливо се бираат со цел да се облагороди, украси некоја урбана целина но само од кога ќе се комплетира (целината де). Не сум чул за друг случај во светот каде плоштадот не е готов (и таков недовршен зјае од неговото создавање едно 100 години значи) ама битно на него садат кипови. Неможе ние да го компензираме недостатокот на историски урбан континуитет (кој меѓу другото е изразен со недостатокот ваков тип на градски украси) во неколку месеци од последната година од мандатот на Аларова.

Да не го спомнувам воопшто повторно моментот дека сме 21 век и дека никој нормален освен на балканот не дига коњаници, а ние ни помалку ни повеќе ќе монтираме 4 такви за многу кратко време.

И Скендербег е чистка утка. Без да навлегувам во политичките аспекти на тој споменик изгледа смешно на онаа локација. Главниот Албански национален херој го ставија покрај паркинг и прометен булевар. Мислам дека секако заслужил многу подобра локација од таа што ја доби.

Истата матрица на размислување се користеше и кога се преименуваа аеродромите. Петровец е најмизерниот аеродром на балканот битно има најпретенциозно име. Можеби првин да го изградеа новиот терминал со кој ќе се гордеевме сите па да го крстеа по таква голема историска личност и ќе имаше некаква логика. Но вака пристапот е јасен а мотивите проѕирни. Катастрфора!


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:27
Previous Посакувам и јас волку добро да ја доловев ситуацијата, ама навистина мозокот ми беше блокиран од замислата на коњаниците на плоштадот.

   Kога сме веќе кај плоштадот и неговиот лик, сакам да посочам на Кнез Михајлова, најпрометна пешачка зона во Белград, слична на улица Македонија. Но многу по слична на плоштад Македонија, ако знаете што сакам да кажам. Ова го имав слушнато одамна, ама сега видов со мои очи:




На оваа слика обрнете внимание на жардињерата - може ви е позната.



Се на се, градов не може да е по мизерен.... Паѓам во депресија



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:34


па да, ул. Македонија многу потсеќа на Кнез Михајлова, но пешачките зони во цела Европа се горе доле слични (не зборам за објектите кои ги формираат пешачките зони иако и тука има мноогу сличност по цел континент, туку за материјалите кои се користат за поплочување, урбаната оперма, содржините итн...), се работи само на варијација на тема. Така да тука не гледам некоја причина посебно да се нервираме.
Јас сум лично задоволен како искочи улицата (плоштадот не толку ама и тој не е страшен), поголем проблем е нетранспарентноста и импровизациите кои беа како и секогаш изразени кога е во прашање реализација на некој вакви проекти. Значи постоеше опасност да искочи мноооооооооооооооогу полошо. На пример како Кејот 13 Ноември.


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:47
па да, ул. Македонија многу потсеќа на Кнез Михајлова, но пешачките зони во цела Европа се горе доле слични


Не се работи за горе-доле слично, се работи за идентично. Никаква оригиналност, а за квалитетот на изработката сведочат деформираните плочки. Добро, на што се должи тоа - фушерајство или слабо одржување - мене никогаш не ми стана јасно.

Улица Македонија нема врска со ова, улица Македонија ја сметам за инвестиција што драстично го подобри изгледот на градското јадро.
 



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:53


плоштадот се правеше по најновиот патентиран македонски рецепт

1. Се распишува конкурс
2. Се доделуваат награди
3. Се усвојува микс од првите неколку труда со додатоци на нарачателите на проектот (Пенов & Co. во тоа време)
4. Се реализира проектот без да ги рецне реакциите на јавноста и после некое време сите добиваме колективна амнезија и пак од почеток

Следна епизода. Куќата на Мајка Тереза или Офицерски дом, зависи кој проект ќе старта прв.


Posted By: dejan
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:58
Vremeto za konjski spomenici pomina


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2008 at 07:31
Дечки, опфативте многу работи што и јас би ги кажал. Овие иницијативи се очигледно многу лошо обмислени, ама тоа го компензираат со тврдоглаво политичко протежирање Ohno

Апсолутно сум за да се прават споменициве, ама начинов ми е дегутантен. За жал вака место да го разубавиме и облагородиме градов, изгледа дека само ќе продолжиме со кичот.

Патем, како може толку да сме посветени на подигање нови споменици, кога оние кои веќе ги имаме пропаѓаат и се сквернават, а никој не превзема ништо Ohno

Барем Гоце Делчев нека го остават на мира, човекот убаво го учиме како интелектуалец и го знаеме по неговата порака за културен натпревар помеѓу народите. Сите негови статуи до сега биле во тој дух, што има сега да го правиме ко Џингис Кан

Applause


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 21:42
Најдов интересен прилог од Сител. Можам да заклучам дека Томе Серафимовски освен што е за се во право е и скроз луд . Никола Карев=Сандокан LOL. Само зезна работа коа рече дека пред мостот Гоце Делчев да поставиме статуа на Гоце. А за елоквенцијата и резонирањето на Паско Кузман не би сакал воопшто да почнам да коментирам бидејќи веројатно би морал да прекршам пола правила од правилникот на форумот а и ќе треба после да се пресметам лично со GreatMakedon .

[tube]OmCThLjVb_M[/tube]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 22:47


Томе Серафимовски е појава Smile


А Паско би го прашал зошто интелектуалци запнал да качува на коњи... Какви коњи ве спопаднале, коњи едни! За некои од локациите па да не знае што да каже човек - лавови на мостот Гоце Делчев...
Nuts


Зошто од нешто што треба да биде на задоволство на сите правите вакви конфликтни ситуации бараби едни? Па сите сакаме да се направат тие споменици, ама не така невкусно како што сте запнале вие!

И пак да прашам, каде сте се се затрчале толку, па дури ќе ги нарачувате статуиве на ангро??? Прво погрижете се за постојните споменици што ги имаме - тие пропаѓаат и се сквернават, а никој не превзема ништо!

Bash



Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Mar-2008 at 00:20
Решат Aмети има добра поента околу споменициве.

http://ad.httpool.com/click.ng/site=mkvecer&targetsite=mkvecer&AdSize=468x60&PagePos=2">



КОНКУРС НА МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА


Скопје е празен град, му фалат скулптури


Идејата за поставување на скулптури низ Скопје, за која конкурсот беше распишан вчера, наидува на позитивни реакции кај скулпторите и уметниците


Уметниците ја прифаќаат идејата на Министерството за култура за поставување на скулптури кои ќе бидат лоцирани на различни места низ Скопје. Конкурсот за идејно решение веќе е распишан и на него можат да се пријават сите скулптори од земјава, со свои идејни решенија, а темата на која ќе творат е слободна.

Академскиот уметник, Решат Амети, кој е и потпретседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, вели дека идејата за поставување на скулптури е одлична, меѓутоа треба да се обрне внимание на изборот.

- Мора да се внимава скулптурите да ја изразуваат реалната слика во Македонија. Да не претендираат со некој локал-патриотизам и да имаат хуманистички карактер. Мислам дека конечно не треба да правиме скулптури кои што изразуваат агресивност - да има оружје или слично. Треба да се свртиме кон хуманизмот, вели Амети. Тој додава дека треба да се консултираат сите уметнички институции во државава како што се ДЛУМ, Факултетот за ликовна уметност, МАНУ, за да не се направат грешки како во минатото - да добиеме кич скулптури изработени по нарачка или пак тотален невкус.

Академик Боро Митриќески смета дека Скопје е сиромашен и празен град во поглед на скулптурите.
- Каде и да отидете во некоја од светските метрополи, на плоштадите и другите места ќе видите многу скулптури кои се израз на духот на градот. Скопје е еден од најсиромашните градови во Европа во поглед на скулптурите, коментира скулпторот Митриќески, чие дело - ликот на Петре М. Андреевски од неодамна е поставено во Друштвото на писателите на Македонија. За Ангел Димовски Чауш, ова е благородна идеја.

- На Скопје му требаат историски и модерни споменици и скулптури во слободни форми, вели Чауш. Тој очекува конкурсот да помине во најдобар ред и сериозно, бидејќи, како што вели тој, досега имало мошне несериозни конкурси.

- Уметниците мора да остават белег на времето во кое работат, додава тој.

Во Скопје покрај скулптурите коишто беа поставени за време на комунизмот, понови скулптури се Гулаби на мирот од Томе Серафимовски, споменикот на Мајка Тереза, Крсте Мисирков, Доситеј.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F2231F412021504FA0B53E8FC7189015 - ВЕЧЕР




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Mar-2008 at 19:34
ja mislam deka na gradot poveke mu falat fontani , za razlika od sosednite glavni gradovi skopje ima nedostig i od toa ,ostaj sto ima nedostig negi ni cuva tie sto gi ima, pa posle idat skulpturite ,itn..

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 07-Mar-2008 at 19:43
Се слагам дека у секој случај фонтани се боље од споменици, а ако веќе се ставаат споменици, нека бидат тоа споменици од некои писатели или сл. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Mar-2008 at 20:01
@mitatos те снема човече Smile

и јас сум за фонтани но не за некои медиокритети на секој чекор туку за неколку асални и тоа на соодветни места....

но.... да ве спуштам на земја Ohno

Скулптури на лавови на мостот Гоце Делчев

Четири лава од бронза тешки по 80 тона ќе се поставуваат на мостот Гоце Делчев. Идејата била од врвот на владејачката партија, а ќе се реализира преку министерството за култура и општината центар иако поставувањето споменици е во надлежност на градот. Но, според изворите на Канал 5 градоначалничката Аларова добила задача да потроши 600 илјади евра колку што би чинеле лавовите и истите да ги постави на мостот кој е во непосредна близина на Владата. Градоначалничката Аларова денеска не сакаше да зборува за мегаломанскиот проект кој и бил доделен да го реализира.

  

На веб сајтот на општината во конкурсот за идејно решение образложението зошто токму скулптури на лавови се наведува - лавот ја симболизира гордоста и непокорот духот на македонскиот народ низ историјата. Со вакво образложение Аларова тргнува во извршување на задачата, а градоначалникот на Скопје Костовски реагира оти му се меша во надлежностите и тврди дека таквиот потег е незаконски.

 

- Според Законот за локална самоуправа, Законот за град Скопје и Законот за споменици дефинитивно општина Центар не може да дава согласност за проекти за клучни личности од историјата на македонскиот народ. И доколку министерството има такви идеи партнер треба да биде градот Скопје – вели Костовски.

 

Градоначалникот гледа политички маркетинг во функција на предвремени парламентарни избори.

 

- Претпоставувам дека тука веќе политиката влегува на мала врата преку кампањи и отворање на еден процес на предвремени парламентарни избори. Факт е дека се оди на работи кои се видливи за граѓаните – вели Костовски

 

Од Министерството за култура не сакаат да коментираат. Државната секретарка Канчевска од редовите на владејачката ВМРО ДПМНЕ била на пат а друг од министерството немал овластување да зборува за идејата за поставување споменици во главниот град.

 
Инаку покрај четирите бронзени лавови општината Центар има отворено и конкурс за изградба на спомен обележја на Даме Груев и Гоце Делчев качени на коњ на плоштадот Македонија и биста на Никола Карев пред Собранието на Македонија.


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30364&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Mar-2008 at 20:21
@pbanks ispitna sesija ,mora da se uci ... zatoa me nemase
inace vie arni ste ?




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Mar-2008 at 20:28
Ехеј митатос те снема Smile Абе овие со лавовиве запнале, ептен ќе ја заебат работава.. ц ц ц

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Mar-2008 at 22:39
so tie pari
ke napravat nesto podobro zimi se


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2008 at 02:23
4 x 80  тона!

600000 евра!

Nuts


Не само што се мегаломани, туку навистина немаат допир со реалноста. Ова излезе многу полошо отколку што мислев. Навистина жално...

Ohno


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2008 at 19:12
село гори баба се чешла Wallbash

Нов конкурс за скулптури кои ќе бидат распоредени во центарот на Скопје

Во понеделник Министерството за култура ќе објави конкурс со кои се повикуваат сите уметници да предложат свое идејно решени за скулптури во центарот на Скопје. На конкурсот можат да се пријават сите уметници кои без зададени теми ќе предложат свои решенија за облагородување на централно подрачје на градот. Уметниците поделени околу идејата. Академикот Томе Серафимовски вели дека добро е што има конкурс, но откако се најавиле изградбите на офицерскиот дом, црква, иницијативата за возобновување на џамија, фонтана во центарот на Скопје, нема да излезе ништо од конкурсот ако распишувачот не знае што уште треба да има на централното подрачје.

 

Дел од уметниците пак сметаат дека Скопје е една од ретките метрополи кое нема свои обележја.

 

И граѓаните се поделени за реализација на најновата идеја за облагородување на центарот:

 

- Во други земји гледаме има, зошто и кај нас да нема споменици.

- Треба да има ама некакви соодветни што одговараат на просторот.
 

- Владата да води повеќе грижа за економијата, а не да гради споменици за некој да ги памети.

 
Од Министерството за култура велат дека допрва ќе се проектира буџетот, откако ќе се видело колку скулптори ќе конкурираат и какви решенија ќе понудат. Откако ќе се изберат решенијата тогаш ќе се бираат и локациите каде ќе бидат скулпторите поставени. Овој конкурс е на Министерството за култура и не е истиот со конкурсите на општина Центар со кои се бара поставување на 4 бронзени лава и спомен обележја на Никола Карев, Даме Груев и Гоце Делчев.


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30390&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 20:41
Фокусирајќи се постојано на естетскиот аспект на проблемот ретко коментираме за суштината на сето ова. Владата и Општина Центар повторно тераат незаконски проект и никој не ги спречува во тоа. Дали има некој правник меѓу нас? Митатос ти беше правник нели? Што може да се направи за правно да се блокира сето ова? Веројатно се прекршува некој закон за локална самоуправа, некој урбанистички план итн.

Подигањето на лавовите на Гоце Делчев е надвор од законската процедура

Градоначалничката на општина Центар Аларова денеска повторно одби да даде изјава дали е надлежна да даде дозвола за поставувањето на лавови на мостот Гоце Делчев и зошто преку нејзината општина, а не преку градот власта се обидува да го реализира проектот кој би чинел околу 600 илјади евра. Од нејзината служба за односи со јавност само кратко реферираа. Не било во стилот на градоначалничката да се конфронтира со Костовски, кој за Канал 5 тврдеше дека Аларова нелегално ја спроведува иницијативата, прескокнувајќи ги надлежностите на град Скопје. Според член 17 од законот за меморијални споменици и спомен обележја споменик се поставува само доколку истиот е предвиден во програмата за поставување на споменици. Таква програма се уште не е донесена – велат од прваната служба на градот Скопје:

 
- Треба да се пристапи кон донесување програма во општината и општините. Заедно со градот да ги утврдат личностите за кои се подигнуваат споменици.

Мирослав Грчев професор на Архитектонскиот факултет тврди дека покрај тоа што вакви скулптури се поставувале пред 500 години во европските метрополи, лавовите нема да се вклопат во модерниот изглед на мостот. Тој вели дека поставувањето на лавовите е незаконско и дилетантско трошење на народните пари:

 
- Општина Центар според закон нема никаква надлежност ни на мостот, ни на булеварите што се вливаат во него, ни на кејовите ни во околината на примостовјето. Тоа според закон е надлежност на град Скопје, а тоа значи дека општината не смее да троши никакви јавни народни пари на територија и за работи за кои не е надлежна.
Според изворите на Канал 5 идејата за поставување на 4 лава од бронза тешки 80 тона доаѓа директно од врвот на владејачката партија. Градоначалникот на Скопје Костовски во овој потег гледа политички маркетинг на ВМРО ДПМНЕ. Покрај четирите лавови општина Центар објави конкурс и за изградба на спомен обележја на Даме Груев, Гоце Делчев и Никола Карев, а Министерството за култура за дваесетина споменици кои треба да се најдат на централното градско подрачје.


Извор: http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30469&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Канал 5


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2008 at 20:49
Градоначалничката на општина Центар Аларова денеска повторно одби да даде изјава дали е надлежна да даде дозвола за поставувањето на лавови на мостот Гоце Делчев и зошто преку нејзината општина, а не преку градот власта се обидува да го реализира проектот кој би чинел околу 600 илјади евра.


Барем ова мислам е јасно: затоа што Аларова преку гуша е заглавена во корупција, па се обидува да си ја спаси главата со беден политички пазар. И барем да беа само овие лавови... За жал преку Аларова намислиле да го унаказат цел центар, со невидено темпо.

Bash Bash Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 20:56


нормално дека е јасно, но ваљда постои правен механизам барем целава работа да се блокира/успори. Они сигурно ќе најдат начин да го протнат тоа што го наумиле но барем ќе изгубат некое време со што шансата да не дојде до реализација е поголема (до избори има уште 2.5 години што веќе и не претерано многу време).


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Mar-2008 at 00:19
Разубавување Crazy

Скулпторите бараат транспарентни конкурси

Денес треба да биде објавен конкурсот за разубавување на Скопје

Катерина Богоева

Денес владиниот портпарол Ивица Боцевски заедно со државниот секретар на Министерството за култура Елизабета Канческа - Милевска, треба да ја презентираат содржината на најавениот конкурс за идејни - решенија за поставување на скулптури во центарот на градот, со кои се предвидува истиот да се облагороди и да ја добие, од многумина посакуваната естетска привлечност. Објавувањето на конкурсот беше најавено за вчера, кога дел од скулпторите информирани од медиумите, со доза на претпазливост посочуваа на низа сегменти што ги прават внимателни секогаш кога станува збор за третманот на нивната творечка работа од страна на институциите, со оглед на долгогодишното непланско делување од страна на државата во оваа област.

Претпазливи се во врска со зададените временски рокови, со исходот од самите конкурси, го коментираа и терминот во кој Министерството за култура го распишува конкурсот, со оглед дека до крајот на март трае и конкурсот што пред три месеци го распиша општината Центар за изработка на скулптура на македонските револуционери Никола Карев, Даме Груев и Гоце Делчев. Но, задоволни се што можат да конкурираат со решенија по свој избор, што овој пат нема тематски да бидат ограничени.

„Ми смета неорганизираноста, некоординираноста меѓу општината Центар и Министерството за култура околу времето на распишување на конкурсот. Најважно е тој да се усогласи за да можеме да си го планираме времето за работа, бидејќи обично сме исфорсирани со временски рокови. За мене е нелогично, скулпторите да конкурираат а претходно да не се дефинирани местата каде делата ќе бидат поставувани“ - вели скулпторот, академик Боро Митриќески, кому му се допаѓа идејата на поставување на слободни форми во центарот на градот „Треба да се поставуваат скулптури на многу места, меѓу другото и на кејот на Вардар. Скопје е празен, гол град, му недостига естетеика. Скулптури нема доволно ниту во парковите, а скулптори има, има и дела“.

И на дел од младите скулптори им се допаѓа идејата со своите дела да го облагородат градот, но тие бараат поголема организираност при спроведување на конкурсите, транспарентност при одлучувањето.

„Вакви конкурси би требало да има најмалку еден годишно, за да можат авторите да го понудат она што го работат и што сакаат да го работат. Треба да станат практика и да влезат конкурсите во годишната програма на Министерството за култура. На тој начин скулпторите ќе можат да се фокусираат на изработка на делата и нема да мора да работат и други работи. Би требало да се распишуваат повеќе конкурси и за изработка на скулптури кои ќе се поставуваат низ Македонија, а не само во Скопје “ - посочува скулпторот Љубиша Камењаров.

И неговиот колега Дарко Дуковски ја поздравува одлуката за распишување конкурс на која уметниците ќе конкурираат со дела по сопствен избор, но врз база на сопственото искуство, има и одредени задршки во очекувањата.

„ Идејата е супер, но само ако навистина и излезе онака како што се најавува. Ми пречи досегашната практика при распишување на конкурсите одлуките да не се соопштуваат на транспарентен начин, да не може ние авторите да ги видиме образложенијата зашто некое дело е одбрано, зошто било повредно од другите што се одбиени. Се случува често и макетите кои ги испраќаме на конкурсите да бидат скршени. Јас работам како слободен уметник и конкурирам на сите конкурси во земјава. Минатата година учествував и на распишаниот конкурс во Битола за скулптура на Филип II на коњ, но тој без никакво образложение беше поништен еднаш, се отвори друг, но и тој пропадна. Не добив повратни информации зошто“ - вели Дарко Дуковски.

И скулпторката Мери Аницин Пејоска, директор на Музејот на Македонија, го поздрави новиот конкурс за оплеменување на главниот град со скулптури, гледајќи го како можност за ширење на ликовната уметност надвор од затворените простори. Смета дека е важно да се прошири историската рамка и да бидат визуелизирани што повеќе личности и моменти од минатото, не само револуционери. Во тој контекст посочи и дека Музејот на Македонија работи на обвезбедување средства за изработка на скулптура во поголеми димензии на познатата „Свештеничка од Марвинци“, од Среќко Јовановски, која би можело да биде поставена исто така во центарот на Скопје.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9878DF70A83EDE409B50A57965B0B824 - Утрински



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Mar-2008 at 00:27
Previous „Свештеничката од Марвинци“



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Mar-2008 at 00:19
До кога ли ќе не држат во неизвесност за Александар Македонски? Wallbash

Споменици на Ченто и на цар Самуил на плоштад „Македонија“

Центарот ќе има вкупно пет споменици, а централниот дел е резервиран за Александар Македонски

Споменици на Методија Андонов Ченто и на Цар Самуил да се изградат на градскиот плоштад. По овој предлог, иницијатива на Министерството за култура, утре ќе одлучуваат советниците од Општина Центар. Предвидено е споменикот на Ченто да се наоѓа пред ресторанот „Дал-мет-фу“, односно на аголот помеѓу улиците „Македонија“ и „11Октомври“, додека на цар Самуил пред кафулето „Тренд“, поточно на вкрстувањето на улиците „Максим Горки“ и „Никола Вапцаров“. Локациите и за двата споменика веќе се утврдени со урбанистички план. Според предложената одлука, парите потребни за изградба на спомениците, како и финансирањето на процедурите неопходни за целата постапка на проектот, ќе бидат на товар на Општината, иако иницијатор за изградбата е Министерството за култура. До кога ќе треба да се постават и како ќе изгледаат спомен-обележјата, допрва ќе одлучува надлежната комисија, која со утврдување на деталите ќе започне веднаш по исходот од предложената одлука по која Советот на Општината ќе се изјасни на утрешната седница.

Имајќи предвид дека се во тек и две јавни објави за избор на идејни решенија за изградба на споменици на плоштадот пред Камениот мост, центарот на Скопје во иднина ќе го красат четири спомен-обележја. Скулптури на Даме Груев и Гоце Делчев ќе се постават од левата, односно десната страна пред Камениот мост. Акцентот ќе биде ставен на скулптурата на Александар Македонски качен на коњ, кој е планирано да се постави во кругот на плоштадот. Иако конкурсот за овој споменик заврши, надлежните не кажуваат никакви детали. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F86370E55CFF248A3D99C9AE96956FA - Utrinski





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 00:32


Само Александар ти е проблематичен во објавава?

Би рекол дека ова ги преминува сите граници, но тие се одавна преминати и воопшто ги нема. Значи вкупно 5 статуи натрупани на плоштадот. Успеаа и програмата за поставување статуи на заслужни личности (која е добра и ја подржував) да ја зезнат скроз, сташни деструктивци. Ohno


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Mar-2008 at 00:39
Previous Се трудам некако да го замислам плоштадот со сите статуи во некое добро светло, пробувам да гледам позитивно на ова... Можеби ќе испадне па добро?
    Можеби би било интересно плоштадот Македонија да биде како музеј на најважните државници во историјата.. Само пренатрупаноста ме плаши, може да испадне навистина кичерај

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 13-Mar-2008 at 00:48
Podobro da gi sredat spomenicite koj veke gi ima gradot


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 00:49
Абе важно да се натрупаат на плоштад најшаренолики статуи, не е важно дали се има концепт...

А ова со Александар е на едно сосема друго ниво. Бидејќи има реални можности спорот со името да не биде затворен наскоро (условна покана за нато и слични комбинации), ваљда сега треба да им дадеме муниција на грците за понатака и да си ја поткопаме својата позицијата. Далеку од тоа дека грците се во право, ама во очите на некој од страна, ваквите потези баш прават да изгледаме прилично лошо.
Овие дилетанти ништо не научија (или намерно не сакаат да научат) од преименувањето на аеродромот. А за жал има и добар дел од народов на кого му е важно баш оваа година распаднатиот аеродром да му се вика Александар Велики и да има споменик на истиот на плоштад, бидејќи очигледно тоа се „ургентни“ работи кои не може ни да почекаат. Сето тоа на штета на круцијалното прашање со името! Многу „мудро“ нема што...

Јас сум згрозен Ohno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 00:55
Originally posted by La Linea

Previous Се трудам некако да го замислам плоштадот со сите статуи во некое добро светло, пробувам да гледам позитивно на ова... Можеби ќе испадне па добро?
    Можеби би било интересно плоштадот Македонија да биде како музеј на најважните државници во историјата.. Само пренатрупаноста ме плаши, може да испадне навистина кичерај


Пак овие теории... Да ги оставиме да дивеат, па можеби и нема да испадне толку лошо... Roll%20eyes


Ајде дури и да ги скокнеме сите други проблеми со овој потфат (пред се легалноста) и да поминеме директно на тоа како ќе изгледа сето тоа. Како мислиш дека може да изгледа, без претходен концепт, со расфрлани статуи на личности кои ги делат милениуми плус со различни типови на статуи? Не знам само дали и Чено планираат да го стават на коњ...

Ова не е ништо друго освен гол популизам, кој овие копуци треба да ги претстави како големи патриоти кај попростите слоеви од народот.


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Mar-2008 at 01:26
Originally posted by Cloverstack

Пак овие теории... Да ги оставиме да дивеат, па можеби и нема да испадне толку лошо... Roll%20eyes


Навистина не се сметам за приврзаник на оваа теорија, ама очигледно сета оваа работа со статуите добива голем моментум и подршка од, нели, патриотите и националистите, а исто и нејзината популистичка страна е од корист на Владата, така да ова очигледно ќе се истурка по секоја цена.

Единствено нешто за кое можеби би те поправил е дека личностите еден од друг ги делат милениуми... Тоа е точно, ама тоа е и поентата - милениумската историја на Македонија како и тоа што сите биле важни државници и личности во историјата.

1. Антика: Александар
2. Средновековие: Самуил
3. Турско робство и Крушевската република: Гоце Делчев и Даме Груев
4. Социјалистичка Македонија: Ченто

Мислам дека ваков е нивниот „концепт“. Навистина не можам да го замислам Ченто на коњ кога Втора светска војна се водела со тенкови и авиони. Nuts

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 02:17


Лошо е што работава ја земаме наопаку, па зборуваме за тоа како сето тоа би изгледало, ама морам да искоментирам Big%20smile

Нема таму никаков концепт, единствено има безвезно и невкусно трупање. Нема да се докаже никаква милениумска историја, туку само нашите комплекси, кои за жал почнавме да си ги набиваме како резултат на злобното лаење на јужните и источните соседи (кои меѓусебно нема да се сложат околу ништо друго, освен околу нивното примитивно негирање на нашиот идентитет). Ама некако многу лесно се дадовме и развивме комплекси ради една бедна реторика која ја пласираат уште од 19-ти век, поради минати но и сегашни експанзионистички и хард-кор националистички филозофии.

Плус тоа нема ништо што би ги поврзувало тие скулптури во некаква целина - очигледно ќе бидат шаренолики, просторно без концепт, па дури и бројот е промашен (што бараат 2 статуи од еден ист период, посебно што Даме Груев не е личност со исто симболичко значење како Гоце Делчев...? Сеа нормално дека не можат да стават само една статуа кај камени мост, ама само сакам да потенцирам дека оваа симболика што ја објаснуваш не функционира како што треба дури ни во тој поглед). Со еден збор турлитава.


Posted By: vardar
Date Posted: 13-Mar-2008 at 04:42

Немам што да кажам, сето ова ми мириса на тежок популизам, највеќе ме нервира што во овој клучен момент кога имаме безброј предизвици од сите страни владата преку општина центар се замара со вакви споредни работи  Ohno.

Originally posted by Cloverstack


Плус тоа нема ништо што би ги поврзувало тие скулптури во некаква целина - очигледно ќе бидат шаренолики, просторно без концепт, па дури и бројот е промашен (што бараат 2 статуи од еден ист период, посебно што Даме Груев не е личност со исто симболичко значење како Гоце Делчев...? Сеа нормално дека не можат да стават само една статуа кај камени мост, ама само сакам да потенцирам дека оваа симболика што ја објаснуваш не функционира како што треба дури ни во тој поглед). Со еден збор турлитава.
 
Па место Даме зошто не Грујо или Љубчо или Бране или Кирче, сите се светски политичари, Македонскиот народ никогаш нема да ги заборави нивните допринoси   Crazy  Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 05:01
Па не мора место Даме, како тргнала работава мислам дека нема да е проблем да се наредат сите тие дополнително...

Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 12:34
Јас сум комлетно на линија со Кловер.

Не сакам да ја расплинувам дискусијата во погрешен правец а и не тука местото за таква дискусија но. Македонската историја сеуште не е оформена и не е стандардизирана од самите нас, во последните 15 години секој се отиде во еден екстрем кој што комплетно го погазува она за кое што сме се залагале до тогаш. Како што реков, не сакам сега тука да читам муабети која верзијаа е правата, кој е крив зошто тоа е така итн но поентата ми е.

Додека не усвоиме една Македонска историја на академско ниво сосема е глупаво да го затрупуваме градов со разноразни кипови. Слично како со политичкото влијание врз урбанизмот овдека имаме политичко влијание врз историјата каде што актуелните гарнитури си дозволуваат да бидат историчари правејќи нивна субјективна селекција на личности и расфрлајќи се со нивни статуи по Скопје. Секако не е крива само сегашнава власт, листата е усвоена уште во времето на Пенов.

Слична е приказната со Музејот Македонска борба. Македонска борба воделе и илиндинците и комунистите, а овдека се прави политички упад во историјата и непотребно се внесува поделба.

Од естетска гледна точка плоштадот ќе личи на складиште на кипови. Наместо да се размислува да се оформи нов плоштад некаде во градов (срамота е што имаме само еден) кој што ќе се посвети ете на Ченто или незнам кој упорно све сакаат да сместат на едниствениот плоштад (уствари полупоштад бидејќи никогаш не е ни дограден).




Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Mar-2008 at 02:58
Ја видов во живо скулптурата на сликата и воопшто не ми се допадна. Особено тунелот, направен е од некакви бетонски цевки, на сликата е обоен со секаква можна боја како што гледате. Ако можам ќе сликнам да видите за каков невкус се работи

Паркот на франкофонијата доби скулптури

Во рамките на свеченоста настапија деца од франкофонска градинка

Катерина Богоева

Паркот на франкофонијата во Скопје е збогатен со подарени скулптури кои вчера на свечен начин и беа презентирани на јавноста, во рамките на актуелниот Меѓународен ден на франкофонијата што со низа настани се одбележува во земјава. „Да се збогатиме со нашите разлики, за да тежнееме кон универзалното“ е мисла испишана на француски јазик, на еден од најзначајните личности за Франкофонијата, светски познатиот поет и некогашен претседател на Сенегал, Леополд Седар Сенгор, која се наоѓа на подарениот мермерен столб од страна на француската амбасада. Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ подари инсталација сочинета од две статуи на жени од бетон, една црна и една бела, поставени на двете страни од тунел направен од боите на франкофонијата. Нејзини автори се студентите Слободан Милошески и Зоран Тошевски, а истата ја изразува културната разновидност на 68-те земји членки на Меѓународната организација на франкофонијата и претставува симбол на солидарноста меѓу различните народи што ја сочинуваат истата. Бугарската амбасада подари камена гравура на човек на коњ „мадирски коњик “, која ги претставува коњаниците од регионот Плиска во Бугарија

Во рамките на свеченоста настапија деца од франкофонска градинка, од француско-македонските паралелки од ОУ „Димитар Миладинов“ и од Балетското студио на Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар. (К.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3BA1AE666322A441B263131989C31CD5 - Utrinski

 



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Mar-2008 at 08:22
Каде е овој парк?


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Mar-2008 at 13:08
Previous

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Mar-2008 at 13:16
Аларова тој парк го нарекува „Опатија“ Dunno


Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Mar-2008 at 17:40
И ја не знаев дека тој парк така се вика! Баш е пријатно место


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Mar-2008 at 11:47
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C4216BDB8956D34FB1481B96CC22D4BD - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C4216BDB8956D34FB1481B96CC22D4BD

Општина Центар распиша конкурси за монументални скулптури на Ченто и на цар Самуил

Општина Центар вчера ги објави конкурсите за изработка на идејни проекти за спомен-обележја на Методија Андонов-Ченто и на цар Самуил. Обележјата ќе бидат монументални скулптури на постамент, изведени во траен материјал, кои треба да се вклопат во зададениот архитектонски простор. Скулптурата на Ченто ќе биде поставена на аголот меѓу улицата Македонија и пешачкиот дел од улицата 11 Октомври, односно пред ресторанот „Дал мет фу“. Скулпурата на цар Самуил ќе стои на аголот меѓу улиците Максим Горки и Никола Вапцаров, односно пред кафулето „Тренд“. Двата споменика ќе гледаат кон плоштадот Македонија. Секој од нив ќе чини по четири милиони денари, односно по 65.000 евра.Двата конкурса се јавни и анонимни и на нив може да учествуваат домашни и странски физички и правни лица. Доколку пристигнатите трудови ги задоволуваат пропозициите, ќе бидат доделени неколку награди и тоа: прва, во износ од 300.000 денари, втора - 200.000 денари, трета во износ од 100.000 денари, како и два откупа од по 80.000 денари Изборот на идејниот проект ќе го изврши Одборот за подигање на спомен-обележјата. Конкурсните трудови треба да се предадат во архивата на Општина Центар, најдоцна до 30 мај.

Општината веќе распиша конкурси и за други споменици, како на револуционерите Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев и за четири лавови што ќе бидат поставени на Мостот „Гоце Делчев“. Лани беше завршен и конкурсот за меморијален споменик на Александар Македонски, на местото на кое е предвидена фонтана на градскиот плоштад, но општинарите се' уште не сакаат да ги објават резултатите.Општината ќе ги подига овие споменици, иако нема донесено петгодишна програма за обележување на значајни личности и настани. Според Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, општината мора да има таква програма за да подигне какво и да е обележје.

(А.П.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Apr-2008 at 03:38
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=563B2725E7D9CF46B3F2C3A6C3ECCF42 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=563B2725E7D9CF46B3F2C3A6C3ECCF42

Пристигнати 24 труда за скулптури на Делчев, Груев и Карев

Крајниот рок за поставување е осум месеци по изборот на решенијата

За изработка на скулптури на Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев качени на коњ, планирани да се постават пред Камениот мост и пред Собранието, конкурирале 24 автори. Иако конкурсот заврши пред две недели, комисијата се' уште не одржала состанок за да утврди колку трудови има за секоја скулптура поединечно. Тоа, посочуваат од комисијата, ќе биде познато најдоцна за десетина дена, кога ќе се дефинира и рокот за избор на најдобрите решенија. Засега е познато дека ликовите на историските личности качени на коњ ќе бидат поставени на постаменти кои ќе се вклопуваат во зададениот архитектонски простор.

Скулптурите на Гоце Делчев и на Даме Груев ќе се постават од двете страни пред Камениот мост, со ликовите свртени кон плоштадот „Македонија“. Никола Карев, пак, качен на коњ, ќе се постави во тревата пред Собранието. Од комисијата додаваат дека, најверојатно, крајниот рок за нивно поставување ќе биде осум месеци по изборот на првонаградените решенија.

Инаку, уште на стартот од иницијативата за поставување на скулптурите, што ја поведе Министерството за култура, а се реализира преку Општина Центар, беше најавено дека проектот целосно ќе го финансира Министерството, додека обврската за одржување на скулптурите ќе ја има Општината. Сепак, не е отфрлена можноста таа задача постепено да се префрли на некој од субјектите на повисоко ниво. (Дс.Т.)



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2008 at 13:06
Originally posted by Cloverstack

Аларова тој парк го нарекува „Опатија“ Dunno

Тоа име е останато од пред земјотресот, тука имаш и некој остатоци од бившата градска монденска кафеана Опатија како и градската плажа Опатија на Варда, па затоа тоа место се нарекува така, што во случајов е добро да не се заборави


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 21-Apr-2008 at 06:50

ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ


Меморијален парк во спомен на загинатите мировници


Точно на местото на трагедијата, на постамент со висина од еден метар ќе се постави скулптура висока 1,1 метри изработена од бронза, а на педесетина метри кон патот ќе се изгради мала црквичка во која ќе се палат свеќи за помен на загинатите


Во катлановско Блаце ќе се гради Меморијален парк во знак на почит кон единаесетте македонски мировници кои загинаа во хеликоптерска несреќа враќајќи се од мисијата АЛТЕА во БиХ. Точно на местото на трагедијата, на постамент со висина од еден метар ќе се постави скулптура висока 1,1 метар изработена од бронза, а на педесетина метри кон патот ќе се изгради мала црквичка каде ќе се палат свеќи за помен на загинатите. Целиот комплекс хортикултурно ќе се уреди, а ќе се постават клупи и корпи за отпадоци.

Проектот, со одобрение на семејствата на загинатите мировници и со благослов на поглаварот на МПЦ ГГ.Стефан ќе го реализира Општина Петровец.
- На местото на трагичниот настан постојано доаѓаат голем број граѓани за да им изразат почит на загинатите мировници, па наша желба беше целиот простор да го уредиме и да им го посветиме токму ним. За реализација на идејниот проект добивме поддршка и од ужалените семејства, па после состанокот со нив веднаш ја задолжив администрацијата да ги изработи Основниот и Изведбениот проект за изградба на спомен-обележјето. Во процедура е и комплетирање на потребната документација. Би сакал промоцијата на проектот Меморијален парк да се случи на 6. Мај, на Денот на општина Петровец - најави градоначалникот Звонко Цветковски.

Според идејниот проект скулптурата ќе прикажува хеликоптер со скршени елиси на кои ќе бидат испишани имињата на загинатите мировници. Симболика ќе има и во малиот верски храм, кој ќе има олтар и влез на предната страна но, од задната страна ќе биде недовршен, што според идејните творци ќе ги прикажува прерано згаснатите и недовршени млади животи.

Во хеликоптерската несреќа која се случи на 12 јануари годинава загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Игор Ѓорески и Бране Спасовски, заставниците Тони Давитковски и Славчо Василев, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Васиќ, Александар Тасковски и Мики Ивановски и десетар Златко Велјановски.

_____________________________________________________________

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4B94625E1EF143429F87F2E17458CC31 - Vecer
 


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Apr-2008 at 12:02
Мило ми е што им текнало. Но спомеников ми е чуден. Не ја разбирам симболиката - можеби тоа горе треба да претставува хеликоптер. Можеле да се потрудат повеќе околу споменикот, ама важно е дека им текнало. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-May-2008 at 15:37

Скулптурите на Делчев, Груев и на Карев ќе бидат дело на Башевски и Анѓелкоски

Ликовите на историските личности преточени во скулптури ќе се наоѓаат во центарот на градот

Да се подигнат скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев според идејниот проект на скулпторот Жарко Башевски, а според решението на скулпторот Богоја Анѓелкоски да се изведе спомен-обележјето на Никола Карев. Ова е предлог-извештајот што в петок ќе биде доставен на разгледување пред Советот на Општина Центар. Од Одборот за подигање на спомен-обележјата информираат дека за изработка на скулптурите на Гоце Делчев и на Даме Груев конкурирале осум автори, а за Никола Карев пристигнале 16 труда. И на двата конкурса, покрај првоизбраните дела кои се наградени со по 400.000, односно 300.000 денари, доделени се втора и трета награда, а по два труда се откупени. Деветчлената комисија заклучила дека авторот на идејните решенија за спомен-обележјата на Делчев и на Груев комплетно одговорил на предизвикот за сериозно аналитичко и современо решение, а едногласно дала позитивни критики и за решението за спомен-обележјето на Никола Карев. Според комисијата, во поставката на Анѓелкоски, држењето на Карев е типично за водач.

Ликовите на историските личности преточени во скулптури ќе се наоѓаат во центарот на градот. Според урбанистичкиот план, скулптурата на Никола Карев ќе биде лоцирана во тревниот појас пред Собранието, а на Даме Груев и на Гоце Делчев од левата, односно десната страна на Камениот мост. Од Општина Центар не кажуваат кога ќе бидат поставени скулптурите и колку пари ќе се обезбедат за нивната изработка. Посочуваат дека тие детали допрва ќе треба да се дефинираат. Досега општината има потрошено повеќе од 30.000 евра и тоа само за наградување на авторите на трудовите. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6821CF91785AC6438DEF079AB8EC28B7 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6821CF91785AC6438DEF079AB8EC28B7


Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Jun-2008 at 22:41

Избрани скулптурите кои ќе го красат Скопје


Жири комисијата за избор на идејни решенија, изработка и поставување на скулптури во централното градско подрачје на Скопје, вчера ги објави идејните решенија. Добитници на конкурсот се 28 апликанти, меѓу кои и Антони Мазневски, Александар Ивановски Карадаре, Наташа Божарова, Ангел Димовски, Сашо Саздовски, Димитар Филиповски, Нина Ниневска, Симеон Арнадудов...

Претседател на жири комисијата беше архитектот Митко Хаџи Пуља. Во текот на следната недела треба да се одржи средба во Министерството за култура, на која треба да се направи договор со избраните автори. Министерството на авторите треба да им исплати по 30.000 денари авторски хонорар, а ќе ги покрие и трошоците за изработка на делата. На конкурсот биле пријавени 108 проекти на 51 автор, а секој уметник имал право да конкурира со најмногу по три дела.




http://www.vecer.com.mk/?ItemID=41707E7FECE5B34E9D249AB51BF8B467


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2008 at 12:11
Како за промена, соодветна статуа на соодветно место. Каква ќе биде изведбата тек треба да видиме. Само се надевам дека прво ќе го реконструираат плоштадот Карпошово востание а дури после ќе размислуваат за статуа.

Споменик на гемиџиите во околината на плоштадот

Скулптури на ајдучкиот водач Карпош и на гемиџиите се две нови спомен-обележја што ќе се постават во централното подрачје. Ова вчера го одлучија советниците од Општина Центар, по иницијатива на Министерството за култура. Предвидено е спомен-обележјето на Карпош да се постави на плоштадот Карпошово востание, од левата страна на реката Вардар, покрај Камениот мост. Локацијата, пак, за споменикот на гемиџиите не е точно дефинирана, единствено е утврдено дека таа ќе биде на некоја јавна пешачка површина во централното подрачје. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=33CBC97DEB768C4784CBE424EDF932A2 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=33CBC97DEB768C4784CBE424EDF932A2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2008 at 19:27
Подетално за Карпош и гемиџиите и дополнително за Самуил и Ченто

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=4C52D41F5E9D1547A226F5E620618F30&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=4C52D41F5E9D1547A226F5E620618F30&arc=1

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОДИГА УШТЕ ДВЕ спомен-ОБЕЛЕЖЈА

Карпош и гемиџиите ќе го красат центарот

Спомен-обележјето на Карпош ќе биде лоцирано на плоштадот Карпошово востание, а тоа на гемиџиите ќе биде поставено на јавна пешачка површина во централното подрачје


Споменикот на цар Самоил ќе биде поставен пред ресторанот „Дал мет фу“

Скулптури на ајдутскиот водач Карпош и на гемиџиите се две нови спомен-обележја кои годинава треба да бидат подигнати во Општина Центар. Предлог-одлуките за нивно подигање денеска треба да бидат усвоени на седница на Советот.Обележјето на Карпош ќе биде поставено на плоштадот Карпошово востание, од левата страна на реката Вардар, покрај Камениот мост. Споменикот на гемиџиите, односно на претставниците на македонската интелигенција заслужни за афирмација на идејата за формирање на македонска држава, ќе биде лоциран на јавна пешачка површина во централното градско подрачје, но точното место не е се' уште утврдено. За подигањето на спомениците, како и за нивното управување, заштита и одржување ќе биде одговорна Општина Центар, а иницијативата е на Министерството за култура. За спроведување на постапката за подигање на спомен-обележјата ќе биде именуван одбор, кој ќе распише јавен конкурс за изработка идејните решенија.

Споменикот на Карпош ќе биде трето обележје што ќе се подига во околината на Камениот мост. Од десната страна на Вардар, од обете страни на мостот, на плоштадот Македонија ќе бидат поставени скулптури на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев, а на другата страна на плоштадот, кај локалите „Дал мет фу“ и „Тренд“ ќе бидат поставени обележја на цар Самуил и на Методија Андонов-Ченто.Веќе се избрани идејните решенија за обележјата на Делчев и на Груев, а деновиве беа избрани и победниците на конкурсот за проектите за спомениците на цар Самуил и на Ченто. Споменикот на Самуил ќе се подигне според проектот на скулпторот Димитар Филиповски, а на Ченто според идејата на скулпторот Александар Ивановски-Карадаре. Авторите на скулптурите ќе бидат наградени со по 300.000 денари.Според извештајот на Одборот, авторот Филиповски комплетно одговорил на нормите за високоаналитичко скулптурско и ликовно решение. Скулптурата е единствена по својата едноставност и монументалност, но и по ликовно-естетските содржини. Позицијата на седечката фигура ги покажува грациозноста, кралската мудрост и храброста, а софистицирано одбраните декоративни елементи го зголемуваат чувството на продлабочени и диференцирани психолошки ефекти - се вели во извештајот на одборот. Првонаградениот проект за обележјето на Ченто, според одборот, се издвојува со вонреден иновативен и скулпторски пристап.

- Делото е врвно решение во однос на развиениот ликовен ракопис, но и во однос на чувството за форма и нејзината стилизираност и минимализираност. Примената на ликовно-скулпторските содржини е многу сериозна и упатува на високо познавање на ликовноста и занаетот. Поставката е едноставна, монументална и комплетна и многу сугестивна со пласираните психолошки моменти. Држењето на Ченто е типично за водач - се потенцира во извештајот.Втората награда за обележјето на Цар Самуил во износ од 200.000 денари ја доби скулпторот Ангел Коруновски од Велес, а третата, во износ од 100.000 денари, му припадна на скулпторот Дамјан Ѓуров од Гевгелија. Втората награда за споменикот на Ченто му е доделена на Димитар Филиповски, а третата на Ангел Димовски-Чауш.

Анела Петрова



Posted By: vardar
Date Posted: 29-Aug-2008 at 10:16
RollinRollinRollinRollinRollin
Ова стварно незнам кај да го ставам али знам дека паско сигурно заслужува скулптура за својот труд  Crazy Nuts Crazy Bonk
 
СРПСКИОТ СКУЛПТОР СО ЕВРОПСКО РЕНОМЕ, РАДЕНОВИЌ НАЈАВУВА
Ќе се прави скулптура на Паско Кузман
Скулпторот Драган Раденовиќ го познавал Кузман 20 години, а идејата за скулптурата му ја соопштил пред три години

Српскиот скулптор со европско реноме Драган Раденовиќ, кој деновиве престојува во Охрид, сака да изработи скулптура - портрет на директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман. Со Кузман тој се знаел подолго време, а идејата да направи скулптура на нашиот познат археолог ја носел во себе од поодамна.
"Со Паско се знам веќе дваесет години. Добро го познавам, ја знам неговата работа и поради тоа одлучив да изработам негова скулптура - портрет.Тоа нема да биде само скулптура на неговиот лик, туку приказ на личност што придонесува во развојот на културата. Деновиве се слушнавме по телефон и тој ми рече дека е сега на одговорна функција и оти нема многу слободно време. Сепак, се надевам дека оваа моја идеја која на Кузман му ја соопштив пред три години, летово ќе ја реализирам", вели Раденовиќ, кој има и три докторски титули.
Паско Кузман вчера ни потврди дека телефонски се слушнал со скулпторот Раденовиќ за кого вели дека спаѓа во редот на најпознатите скулптори во светот.
"Раденовиќ ми рече дека сака да направи моја скулптура - портрет. Му одговорив дека моментално сум презафатен, но дека деновиве ќе дојдам во Охрид. Јас немам многу време да седам на едно место и да позирам, но ако скулпторот има толку голема желба, ќе го направам и тоа, ќе позирам", ни изјави Паско Кузман. ( Д. Ч.)
легенда- "Немам многу време да седам на едно место и да позирам, но ако скулпторот има толку голема желба, ќе го направам и тоа, ќе позирам", Паско Кузман

 
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156201&idg=8&idb=2460&rubrika=Kultura - Vest
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Aug-2008 at 12:08
На глупите идеи им нема крај Crazy

ОПШТИНАТА ЈА УТВРДИ ПРОГРАМАТА ЗА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА

Тарзан во Скопје

Оваа програма ќе биде дадена на усвојување на Советот на Град Скопје и на Владата бидејќи меѓу личностите за кои се предвидени спомен-обележја има и такви што не се само од локално туку и од национално значење, вели градоначалникот Џорџе Арсов

Скулптури на Крали Марко на коњот Шарац, лавица и лавче, фудбалска топка, бисти на академик Никола Кљусев, Часлав Божиновски, Моцарт, Александар и Филип Македонски, Черчил, Ајнштајн и Џони Вајсмилер се само дел од личностите што ќе добијат спомен-обележја на територијата на општината Кисела Вода. Ова се предвидува со Програма за поставување спомен-обележја, која беше усвоена на седницата на Советот на Општината во средата, а која ќе се реализира во следните пет години.Целта на донесувањето на оваа програма е да се негува традицијата и минатото, како и да се надградува културното богатство. Со скулптурите ќе се обележи и националниот идентитет - велат општинските власти.Со оваа програма ќе бидат постават спомен-плочи на стари куќи и објекти во општината, кои се од културно-историско значење, бисти на патрони на основни училишта и на истакнати личности од општината, како и на великани, научници, просветители и спортисти од македонската и од светската историја. Спомениците ќе бидат поставувани на скверови и во паркови, пред пошти, игралишта, училишта, амбуланти и други јавни објекти.Првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, ќе добие спомен-биста пред новата спортска сала во Основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во населбата Кисела Вода. Скулптурата на Крали Марко ќе биде поставена во месноста Говедариште, во селото Драчево. На постамент од половина метар ќе има скулптура на легендарниот јунак и неговиот прочуен коњ со висина од 1,7 метар.На скверот на последната автобуска станица број 41, во населбата Драчево ќе бидат поставени фигури на лавица и на лавче од камен. Фигурата на лавицата ќе биде долга 1,2 метар, а висока 60 сантиметри, а лавчето ќе биде долго 80 сантиметри и високо четириесет сантиметри.

Врвните спортски резултати на Џорџ Бест, Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, Часлав Божиновски и Делчо Станинов ќе бидат одбележани со бисти пред игралиштето во Црниче. Фигура од фудбалска топка со пречник еден метар и бисти на Благојче Пановски-Рио и на Веле Трајчевски-Келеник ќе има во паркот спроти црквата, на игралиштето во селото Драчево. Скулптурите ќе бидат изработени од камен и од метал. Во Паркот на бранителите во населбата Драчево ќе биде поставен споменик на загинатите бранители.

На улицата Огњан Прица, кај воената зграда број 16, ќе бидат поставени бисти на истакнати војсководци меѓу кои: на Наполеон Бонапарта, генерал Кутузов, генерал Кастер и на Винстон Черчил. Тие ќе бидат изработени од бронза и камен и ќе бидат високи седумдесет сантиметри. Научниците Чарлс Дарвин, Луј Пастер, Алберт Ајнштајн, Галилео Галилеј, Никола Тесла, Исак Њутон, Никола Коперник ќе добијат спомен-бисти од камен и од бронза долж улицата Милан Мијалковиќ во Пржино. Љубителите на музиката ќе шетаат во паркчето пред зелената стара куќа во Црниче меѓу бистите на Јохан Себастијан Бах, Лудвиг ван Бетовен, Петар Илич Чајковски, Волфганг Амадеус Моцарт и Џузепе Верди. Таму ќе бидат поставени и фигури од музички инструменти од бронза и камен. Пред бараката на Месната заедница Пржино ќе стојат бистите на артистите Ристо Шишков, Илија Џувалековски, Дарко Дамески, Петре Прличко и Ѓорѓи Колозов.Спомен-плоча посветена на куќата во која се одржувале состаноци во НОВ ќе биде поставена спроти Средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“. Од спротива ќе се постават бисти на Филип и Александар Македонски, Гоце Делчев, Махатма Ганди, Винстон Черчил и Франклин Рузвелт.Во реализација на Програмата финансиски ќе учествуваат Владата, преку Министерството за култура, Градот Скопје, Општината Кисела Вода и граѓани и фирми со свои донации.

- Оваа програма ќе биде дадена на усвојување на Советот на Град Скопје и на Владата бидејќи меѓу личностите за кои се предвидени спомен-обележја се и личности кои не се само од локално, туку и од национално значење - вели градоначалникот Џорџе Арсов.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=41A6D3858874ED4FA2C0292A9AA45830 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=41A6D3858874ED4FA2C0292A9AA45830


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Aug-2008 at 13:47
Nuts Nuts Nuts Nuts Nuts Nuts


Ништо ново... Малоумниве продолжуваат со глупостите со исто темпо Wallbash

Ваљда треба да бидеме среќни што не решија сите овие скулптури да бидат на плоштадот Македонија Crazy

Исто така убаво што решиле истовремено да прават скулптури и на Наполеон и на Кутузов. Можеби ќе ги стават еден до друг Crazy Crazy Crazy

А Кастер? Confused
Веројатно нема да сме метропола без да имаме споменик на таков истакнат учесник во геноцидот врз Индијанците Roll%20eyes

А кога веќе ќе прават споменик на Марк Шпиц, мислам дека мора да му се направи и  на Мајкл Фелпс Stern%20Smile


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 30-Aug-2008 at 18:24
Само да не му текни да направат споменик на Али-Баба и 40 разбојници,ќе го зголемат трговскиот дефицит само од увоз на бакарBig%20smile

Еве јас ќе покренам една иницијатива да му се направи споменик на Кинг Конг,како најпознат прилепчанецBig%20smile


Posted By: dejan
Date Posted: 31-Aug-2008 at 07:29
ХахаLaugh па Џејн следи а?


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Aug-2008 at 14:59
пази ја реченицава „Со скулптурите ќе се обележи националниот идентитет“ Crazy
не знаев дека Моцарт, Ајншајн, Черчил и Вајсмилер биле македонци и направиле нешто за Македонија, особено за Скопје, едноставно и нема крај на креативноста Wallbash

но би се согласил на пример со лавицата и лавчето, кои немаат ама баш никакво значење но можат да бидат чисто декоративни за некое уредено паркче, налик на мечето во градски парк
или пак некоја друга уметничка скулптура можеби Dunno


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Aug-2008 at 15:02
Originally posted by zabegan

пази ја реченицава „Со скулптурите ќе се обележи националниот идентитет“ Crazy
не знаев дека Моцарт, Ајншајн, Черчил и Вајсмилер биле македонци и направиле нешто за Македонија, особено за Скопје, едноставно и нема крај на креативноста Wallbash

но би се согласил на пример со лавицата и лавчето, кои немаат ама баш никакво значење но можат да бидат чисто декоративни за некое уредено паркче, налик на мечето во градски парк
или пак некоја друга уметничка скулптура можеби Dunno


Точно се сложувам но ако збориме за Скопје а посебно за кисела вода прво треба ред други работи да се средат па после да се ставаат такви декоративни елементи. Мораат прво да се оформат паркчињата, плоштадите, пешачките зони па потоа да се облагодоруваат. Вака на опаку. Кај ќе го стават Моцарт. На Првимајска на кривината накај Усје?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Sep-2008 at 22:07
не иде да не го регистрираме ова уште еднаш. Овој пат се разоткри и начинот на финансирање... Претпоставувате од главните адути се донации Crazy

Споменик на Тарзан во Кисела Вода

Што имаат заедничко Чарлс Дарвин, Марк Шпиц и Тарзан? Општина Кисела Вода. Токму тука ќе бидат изградени споменици посветени на нив.

Ќе има алеи на познати актери, писатели, лекари, музичари, наши, но и светски. Проектот чија прва фаза веќе беше одобрена од Советот на општината, предвидува изградба на повеќе од 100 споменици.

Проценка за тоа колку пари ќе бидат потрошени се уште нема.

„Се планираат повеќе извори на средства. Еден дел е од сопствени извори, од буџетот на Општината, еден дел се планира и со донации од граѓани, од бизнисмени итн.“, вели Џорџе Арсов, градоначалник на општина Кисела Вода.

Граѓаните се поделени околу најновата општинска иницијатива.

„Може да се каже дека се потребни, иницијативата не е лоша. Парите нека не ги троши толку градоначалникот, нека пушти автобуски линии. Добра идеја е за помладите да знаат како изгледаат тие и нешто повеќе за нив. Јас не знам со што би придонел Џони Вајсмилер за општинава, тоа навистина ми беше чудно“, рекоа жителите на Кисела Вода.

Останува само уште прашањето кон што ќе бидат вперени погледите на Ајнштајн, Коперник, Тесла, Моцарт.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97108 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97108


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2008 at 22:13
тц тц тц тц тц........ До кога бе веќе со овој џорџе?! Да си ги стави у драчево споменициве. Тамо на три круши да си ги стави!!!

Конкретно моето маало нема асфалтирано улица у задњи 3 години ништо. Другото маало до мене нема атмосферска канализација, а е на 2 км од центар. Ова е пак некој обид да се препере пара. Срамота. Дај боже да не бидне ништо од ова споменициве!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2008 at 23:18

Спомениците што ќе се градат - кич или вистински решенија?

Прашање е колку од најавените проекти вистински ќе му го вратат духот на Скопје


Деспина Трајковска


Врби среде Вардар, лавови пред мост, војводи на коњи, Менхетен во Центар, 160-катници во Аеродром, споменици и бисти на Џони Вајсмилер - алијас Тарзан, на Марк Шпиц, Бах и Ајнштајн на подрачјето на Кисела Вода, улица на славните пред Драмски театар. Скулптури на Скопска шмизла во центарот на градот, а во нејзина близина скулптурни решенија на просјак што проси за љубов, а не за пари, вљубена двојка, мотив на излет, на кафе...

Ова се само дел од најавените проекти на некои од општинските власти и на Министерството за култура, за чија реализација во најголем дел стои образложение оти со нив ќе му се врати духот на Скопје, дека се негува традицијата, културните глобални вредности, или дека одиме во чекор со времето. Колку и да се дебели кориците на образложенијата, многумина се прашуваат дали во нив е детектирана вистинската потреба од реализација на посочените проекти. И тоа токму во град кој, де факто, се соочува со бројни комунални проблеми несвојствени во 21 век.

Антоанела Петковска, професорка на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет, не сакајќи да биде погрешно разбрана од некои од надлежните, вели дека најголем дел од проектите претставуваат наплив на кич. Толкувањето од каде идејата и мотивите за изградба на разни видови споменици и објекти, иако е тешко изводливо, Петковска го лоцира како нечија потреба за создавање сопствени идентитети, или оставање печат на своето време. Апсолутно, според неа, станува збор за несоциолошки и некултурни потреби, кои несвесно ќе го предимензионираат животот на граѓаните, кои пак, се соочуваат и можеби имаат потреба од поинакви културни вредности.

„Скопје се претвора во крајно грд град, преплавен со кич и шаренило. На пример, повеќе од сигурно е дека изградбата на стокатниците никогаш нема да го направи градот метропола“, смета Петковска.

За неа, изградбата е оправдана само на некои од спомениците, како на пример, споменик на Александар Македонски. Доколку се има предвид дека тој не само што е идентитет за националната култура туку и пошироко во регионот, ни и во светски рамки, нема потреба од прашањето зошто токму тој.

„Другите планирани бисти, скулптури и споменици се во најголем дел небулозни решенија. Неопходно е да се најде одговор на прашањето зошто токму во спомен-обележје да се преточи некој лик, кога тој нема да биде препознатлив за идните генерации. Сепак, треба да се внимава тој да не се изедначува со денешнината со нас, туку да биде препознатлив сам по себе“, додава Петковска.

Од Општина Кисела Вода, пак, не се согласуваат целосно со некои од ваквите размислувања. Општинарите деновиве предизвикаа не само бура во јавноста туку и одредена доза на потсмев со најавата за изградба на скулптури на научниците Ајнштајн, Њутн, но и на Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, истакнатите светски музичари Бах, Моцарт, Чајковски. Иако реакциите на повеќе граѓани се дека нема потреба овие ликови да се преточат во скулптури и споменици, од Општината го мислат спротивното. Велат дека на тој начин ќе им се одолжат на овие личности за нивниот придонес во развојот на спортот, музиката, науката! Наедно, додаваат општинарите, тие со овој потег ја негуваат традицијата и минатото, а го надградуваат и културното богатство.

„Со дел од скулптурите ќе се обележи и националниот идентитет“, додаваат општинските власти, потенцирајќи дека е предвидено спомениците на подрачјето на Кисела Вода да бидат изградени во наредните пет години.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=245EBDE16BE8584ABB6B775931A905B6


Posted By: 46&2
Date Posted: 04-Sep-2008 at 00:16

Мене споменикот на шмизла ми е баш штосен во Берлин пред еден трговски имаше сличен таков на Мерлин Монро



Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 08:55
Originally posted by 46&2

Мене споменикот на шмизла ми е баш штосен во Берлин пред еден трговски имаше сличен таков на Мерлин Монро



тоа е сосема друг филм. Веројатно вкусно уреден кварт со убав трговски центар во него и штосна статуа како бонус.

Што е ситуацијата кај нас. Станбена/индустриска населба делумно субстандардна, делумно производ на урбаната мафија и делумно стари блокови од пред 50 години излитени и никакви. Непостоечка инфраструктура и не една туку 50 статуи од комплетно неповрзани луѓе на секој чекор.


Posted By: beTon
Date Posted: 04-Sep-2008 at 09:44

Originally posted by pbanks

Што е ситуацијата кај нас. Станбена/индустриска населба делумно субстандардна, делумно производ на урбаната мафија и делумно стари блокови од пред 50 години излитени и никакви. Непостоечка инфраструктура и не една туку 50 статуи од комплетно неповрзани луѓе на секој чекор.

главен момент кај декорот внатрешен или наДворешен е едноставноста и местоположбата која дефинитивно од цела композиција може да направи или растеретување или оптеретување на сетилата а и мислите, па може пример многу лесно да спастриш цела околина со неколку расфрлени грмушки во најразновидни форми или да ја натовариш со мермерни пиедестали, но сето тоа е субјективно и релативно бидејќи затоа и сме организирано општество па се што е поставено од локалната власт и надвор од централното градско подрачје со одлука на совет може да се корегира или замени.

мислам дека она што е битно кај ваквите зафати е да се стопат во околината до степен на доволна препознатливост но без  да одскокнат и ја нагрдат околината, за илуминацијата не треба ни да се спомне збор бидејќи истата кај нас тотално изостанува кај фонтаните а не пак кај спомениците, т.е. има по некое рефлекторче тук таму...!

а ако јас се прашувам споменик прво би кренал од живите рарите на македониај како ендемичните риби, дрва, птици, животни... исто би предложил по кеј како алеја на фолклорот и културните дејци, додека за светителите, царевите, кралевите, бранителите и војводите на Македонија би го зафатил делот околу Крстот на Водно, мора да бараме и симболика во местоположбата она со кејот и културата би било константната динамика на тој поле, она со Крстот и Великаните би имало симболика дека сите тие ни се од Бога дадени, а за природните реткости добра симболика би се добило доколку таква композиција на споменици би се истурила на матка или тумбите во градски парк.



Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 09:59
Originally posted by beTon

главен момент кај декорот внатрешен или наДворешен е едноставноста и местоположбата која дефинитивно од цела композиција може да направи или растеретување или оптеретување на сетилата а и мислите, па може пример многу лесно да спастриш цела околина со неколку расфрлени грмушки во најразновидни форми или да ја натовариш со мермерни пиедестали, но сето тоа е субјективно и релативно бидејќи затоа и сме организирано општество па се што е поставено од локалната власт и надвор од централното градско подрачје со одлука на совет може да се корегира или замени.

мислам дека она што е битно кај ваквите зафати е да се стопат во околината до степен на доволна препознатливост но без  да одскокнат и ја нагрдат околината, за илуминацијата не треба ни да се спомне збор бидејќи истата кај нас тотално изостанува кај фонтаните а не пак кај спомениците, т.е. има по некое рефлекторче тук таму...!

Добра поента. Тоа воопшто не го гледам како возможно во Кисела Вода. Воопшто ваквиот метод на инсталација на споменици во густа урбана средина (со декрет на локалната администрација веројатно повторно без никаква стручна подлога) не ми се допаѓа. Затоа не ми се допаѓаат ни сличните иницијативи на Општина Центар.

Најдобар пример на ваквото однесување е споменикот на Крсте Петков Мисирков. Ако човек не помине на 2 метри до него неможе ни да примети дека има споменик. Комплетна утка и локациски и од секој друг поглед. Сепак далеку потрагично ќе биде антиподот на ова а тоа ќе бидат неколку избрани мегаломански скулптури со максимална демонстрација на кич. Длабоко сум уверен во тоа а штетата од нив ќе биде уште поголема.


а ако јас се прашувам споменик прво би кренал од живите рарите на македониај како ендемичните риби, дрва, птици, животни... исто би предложил по кеј како алеја на фолклорот и културните дејци, додека за светителите, царевите, кралевите, бранителите и војводите на Македонија би го зафатил делот околу Крстот на Водно, мора да бараме и симболика во местоположбата она со кејот и културата би било константната динамика на тој поле, она со Крстот и Великаните би имало симболика дека сите тие ни се од Бога дадени, а за природните реткости добра симболика би се добило доколку таква композиција на споменици би се истурила на матка или тумбите во градски парк.



Ова е веќе добра идеја. За содржините може да дискутираме (иако генерално се ОК да речеме) но како концепт е добро.

Еве еден убав пример на тематски парк со склуптури

http://en.wikipedia.org/wiki/Vigeland_Sculpture_Park - Vigeland Sculpture Park - Oslo





Зошто неможе малку да размислуваме и во ваков правец? Зарем сме до толку некреативни за да мора да обесуваме само отсечени глави и коњаници на постаменти?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 10:02
Инаку кога сме веќе кај рарите, мислам дека треба да се тргнат од парите и на парите да се стават револуционери.


Posted By: 46&2
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:43

Еве и друг пример како во еден споменик може да се вметне голем дел од историјата на градот и државата. Овој споменик се наоѓа во Кобленц- Западна Германија и имаше некои преголеми бројки кои се спомнуваа за неговата изградба на времето. Како што се гледа има многу историски детали и практични на десет квадрата се поставени, а со тоа сигурно би се решил македонскиот синдром за негираниот историски идентитет без да се квари голем дел од просторот во центарот

 
Како втор пример ќе го спомнам и овој споменик што се наоѓа во истиот град. Пумпите за вода на секоја минута се активираат и детето ги прска со вода љубопитните туристи. Секако најсмешно им е на тие што ја сфатиле поентта пред да се намократ.
 
 


Posted By: dejan
Date Posted: 06-Sep-2008 at 09:15
Многу ми е жалUnhappyLaugh

Кисела Вода се откажа од Тарзан

Никола Крстиќ http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97239#komentari -
05.09.2008 19:11

Тарзан можеби нема да го добие почесното место во асфалтната џунгла на Кисела Вода. По емитуваниот прилог на А1, градоначалникот Џорџе Арсов најавува можна ревизија на идејата.

„Таа програма нема да почне да се реализира се додека не помине низ сите законски структури во државата. колку граѓани, толку вкусови, меѓутоа битно е мнозинството, а мнозинството граѓани поддржуваат. Меѓутоа, ова е само работна верзија, таа ќе претрпи уште промени, проширувања или скратувања“, рече Џорџе Арсов, градоначалник на општина Кисела Вода.

Сепак, според http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97108#komentari - коментарите од сајтот на А1 мнозинството смета дека проектот е смешен.

И експертите не ја поддржуваат оваа иницијатива.

„Тоа се последици од транзиција и има обновена страст за да се остави трага и по цена да се испадне дури смешен“, изјави Владимир Величковски, универзитетски професор.

Покрај Тарзан, на првичниот список од над сто луѓе кои заслужуваат споменик општината ги има и Марк Шпиц, Чарлс Дарвин, но и контроверзни личности како Наполеон Бонапарта.

А1.




Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Sep-2008 at 12:31
абе гарант Џејн ќе ја стават место него ќе видите

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Sep-2008 at 20:32
Зошто онакви неточни наслови??? Новинарот не може да разбере за што се зборува во неговиот сопствен текст, или намерно прави помпа од ваква смешна работа?!?
Еве што вика Џорџе:

Таа програма нема да почне да се реализира се додека не помине низ сите законски структури во државата.
Убаво што му текнало дека програмата треба да помине низ пропишаните процедури, ама треба да му е јасно дека ниту тоа нема да го смени фактот што ова е една тотално дебилна иницијатива.
Во секој случај, не гледам каде стои дека општината се откажала од Тарзан или од некој друг конкретно.


колку граѓани, толку вкусови, меѓутоа битно е мнозинството, а мнозинството граѓани поддржуваат
Ова Џорџе на жими мајка ли?


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 09:17

Нови скулптури во Скопје, старите ги нема

Односот кон уметноста е мерка за цивилизациското рамниште на еден народ, а ако граѓаните уништиле десет скулптури, треба да поставиме 100 нови зашто со време тие ќе се навикнат да гледаат уметност, вели кустосот Златко Теодосиевски


Скулптурата „Музиканти“ кусо време го украсуваше и развеселуваше просторот пред поранешната Балканска банка во центарот на Скопје

Колку граѓаните на Скопје може да „поднесат“ уметност? Дали им се потребни четириесетина нови скулптури и дали ќе знаат да се грижат за нив, или барем да се воздржат да не ги уништуваат?

Проектот на Министерството за култура во Скопје да постави неколку десетици скулптури, провоцира и вакви прашања. Оштетувања и кражби на скулптури во градот не е новост. „Немили“ настани се случиле неколкупати. Монументалната скулптура „Реквием“, дело на рускиот уметник Григориј Потоцки, беше украдена од Музејот на современата уметност, а од „Музикантите“ на Благоја Чушков, близу плоштадот остана само камениот постамент. Уличните свирачи одамна ги нема.

И во двата случаја не беа крадени уметничките дела. Цел на кражбите беше бронзата од која беа изработени скулптурите.Дали идејата да се постават уметнички дела е созреана за ова време?

Историчарот на уметноста Златко Теодосиевски смета дека уништувањето е инцидентно, дека не е правило во Скопје.

- Односот кон уметноста, воопшто кон културата е мерка за цивилизациското рамниште на еден народ. Културата и уметноста по правило „влечат“ напред, не гледаат кон минатото. Ако граѓаните уништиле десет скулптури, треба да поставиме 100 нови. Со време тие ќе се навикнат да гледаат уметност и повеќе нема да прават штети - вели Теодосиевски.

СЕ ПРОДАВА МАТЕРИЈАЛОТ,НЕ ДЕЛОТО


Според него, граѓаните ги крадат скулптурите од егзистенцијални причини, не затоа што сакаат да го уништат уметничкото дело.

- Материјал за скулптури не се краде во Лондон ниту во Париз. Можеби тие имаат поинаков систем на заштита или ги поставуваат делата на јавни простори на кои постојано се движат луѓе. Ако новите скулптури ги зафрлат некаде, веројатно повторно ќе „исчезнат“ - вели Теодосиевски.

Тој ја поддржува акцијата на Министерството за култура, со скулптури да се облагороди Скопје, под услов да биде добро осмислена и реализирана.

- Ако се избрани сериозни дела, зошто да не бидат поставени во Скопје? - вели Теодосиевски.Историчарот на уметноста Валентино Димитровски, вработен во Управата за заштита на културното наследство, објаснува дека новите скулптури нема да бидат заштитени како културно наследство.

- Тие се актуелно творештво и може да бидат заштитени само како јавно богатство и тоа треба да го решат локалните власти. Во секој случај, мислам дека граѓаните се зрели за акцијата - вели Димитровски.Како историчар на уметноста, акцијата на ресорното министерство Димитровски ја оценува како преголем чекор.

- Тоа се многу објекти и може да се појави опасност и да се загуби од квалитет, да не се осмисли добро акцијата. А треба да се мисли на многу работи, објектите мора да кореспондираат со околината - вели тој.

ВАНДАЛИЗАМ НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ

Министерството за култура веќе склучило договори со 28 автори што ќе изработат по една, некои од нив по две-три скулптури. Во зависност од делото, уметниците ќе имаат три, пет или осум месеци да ги завршат своите творби. Министерството до Општина Центар доставило барање да се назначат местата на улица Македонија, покрај Кејот, во Градскиот парк и во општина Карпош каде што ќе бидат поставени скулптурите.

Пред две и пол години од плоштадот Македонија исчезнаа двајцата музичари од скулптурата „Музиканти“. За вандалскиот чин беа известени градските институции и Министерството за внатрешни работи. Скулптурата, композиција од четири фигури високи по еден метар, беше поставена на камен постамент од 80 сантиметри.

Шест месеци подоцна, во бркотница како на филм, низ скопските улици полицијата фати тројца крадци што неколку часа претходно „киднапирале“ скулптура тешка 200 килограми од пред Музејот на современата уметност на Кале. Ја пресекле на половина, ја откорнале од бетонскиот постамент и ја однеле. Запленетото дело на Потоцки беше минимално оштетено. Кражбата успеала и покрај вооружените чувари што деноноќно го обезбедуваат Музејот во кој се чуваат повеќе од 5.000 вредни уметнички дела. Нарачателот имал намера да ја исече на повеќе дела, да ја претопи и да ја продаде во странство.

Иако тогаш беше најавено дека скулптурата за неколку дена ќе биде вратена на старото место, таа се' уште не е поставена пред МСУ.Првите скулптури во Скопје се поставени меѓу двете светски војни. По ослободувањето, во Градскиот парк е поставена скулптурата на Гоце Делчев, од Љубомир Далчев, потоа Иван Мирковиќ го прави Споменикот на ослободувањето на Скопје, поставен кај Владата.Годинава државата за скулптури ќе одвои 45 милиони денари, за дела од 28 уметници, изработени од бронза и од мермер.

ИНФО- Бронзените скулптури како старо железо

Склуптурите од бронза се најпривлечна цел на крадците. Пред две и пол години од плоштадот Македонија исчезнаа музичарите од скулптурата „Музиканти“. Шест месеци подоцна, во бркотница како на филм низ скопските улици, полицијата фати тројца крадци што неколку часа претходно „киднапирале“ скулптура тешка 200 килограми од пред Музејот на современата уметност на Кале.

СТАВ
Да ја заштитиме уметноста од нас

Најмалку осум децении во Скопје се негува скулптурата како уметност под ведро небо. Денес вандалски се уништуваат делата што со својата естетика го одбележуваат времето што го живееме. Опасност од уништување им се заканува на уште 40 уметнички дела, кои допрва треба да бидат поставени во Скопје.Уметноста ќе биде наменета за нас, но како да ја заштитиме од нас? За среќа, граѓаните на Скопје не ги уништуваат скулптурите за да ја уништат уметноста, како фанатикот што со чекан го нападна „Давид“ на Микеланџело, зашто не можеше да ја поднесе неговата убавина. За несреќа, украдените скулптури бескрупулозно се уништуваат за да бидат продадени како старо железо. Затоа фреквентна локација е најдобриот чувар на скулптурите. Скопје има простор за многу уметност, но нема ниту сантиметар за уште една промашена идеја.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01B80810A2A265429D457AC16B6A1786


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Oct-2008 at 20:51
Само да ја допунам серијата како се крадеа СВИРАЧИТЕ еден по еден, а никој не реагираше




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Oct-2008 at 20:57
И нешто без коментар




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 23:19
свирачите беше еден од најубавите споменици во Скопје Ohno. Се надевам дека ќе се обнови. 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Oct-2008 at 23:26
Originally posted by pbanks

свирачите беше еден од најубавите споменици во Скопје Ohno. Се надевам дека ќе се обнови. 

Во потполнос се сложувам, за разлика од некој морбидни и перверзни споменици кој скоро ги поставива, од некој наши „големи“ стари вајари.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Oct-2008 at 03:51
ВАЈАРОТ АНГЕЛЕ НАЦЕВСКИ РАЗОЧАРАН ОД ИГРИТЕ НА ОПШТИНИТЕ
Конкурсите за споменици се голема лага
Иако учествувал на голем број конкурси, не добил официјално известување за резултатите од конкурсот од ниту едно место



Државата ги стави уметниците под нозе. Ваков е ставот на академскиот вајар Ангеле Нацевски, кој последниве години речиси и да нема конкурс за скулптура или за споменик во Македонија на кој не се јавил, но место ангажман и можност да покаже што знае, од секаде добил само понижување и потценување на трудот.
Иако учествувал на голем број конкурси, не добил официјално известување за резултатите од конкурсот од ниту едно место. Дознавал дека е избрано некое дело откако колегите ќе му честитале некому. Или, пак, се случувало уште полошо - да дознае дека конкурсот завршил дури откако ќе забележал дека скулптурата или споменикот е веќе поставен. Иако трошел многу пари за да ги изработи макетите, многу дела не му се вратени, а оние што му се вратени ги добил назад искршени, оштетени и неупотребливи.
Нацески е најреволтиран од непрофесионалниот однос на Општина Битола. Учествувал на ланскиот конкурс на Општина Битола за изработка на споменик на Филип Втори, а учествувал со свое дело и на конкурсот од 2006 година за споменик на бранителите.
"Не ми беше верно дека не приватник, туку државата може да се однесува вака со уметниците. Конкурсите за споменици, скулптури, бисти... се само нешто што треба да се објави во весник. Општините не држат до ниту еден услов што самите бараат да биде исполнет во конкурсот. Ние почитуваме се, а тие си дозволуваат да ги добиеме делата, кога ќе решат да ни ги вратат, искршени и уништени. Макетата за споменикот на бранителите во Битола ми ја вратија, замислете - без глава. Којзнае како ја транспортирале. Не ми е јасно како може општина, јавна институција да има ваков однос", се жали вајарот.
Вајарот Нацевски вели дека единствената позитивна работа од овој конкурс што општинарите имале доблест да ја направат е тоа што барем го известиле дека неговиот труд не е награден и го обесштетиле со 250 евра. За разлика од тој конкурс, се уште чека известување од оној за Филип Втори во Битола, иако е од лани. Од пријатели дознал дека Општината веќе избрала некого да го работи споменикот. Тоа не го изненадило, но е револтиран поради тоа што не го добил делото назад.
"Макетата е фигура на Филип Втори на коњ и одделно портрет на Филип Втори. Коњичката фигура е гипсена макета висока еден метар. Не само што се вложив себеси како уметник во неа туку и изработката не беше евтина. Особено беше тешко да се снајдам околу транспортот. Правев посебен сандак, кој го обложив за да не ја оштетам макетата и со ноќи не спиев за се да излезе како што треба. Работата беше килава уште на почетокот кога им го однесов делото, бидејќи сандакот што го правев специјално за транспорт на макетата уште тој ден го видов искршен пред подрумот. Не ми беше јасно зошто не го зачувале, бидејќи може да се случи да треба да ми го вратат, но, очигледно, уште тогаш знаеле дека само фиктивно ни ги земаат делата", вели Нацевски.
Откако слушнал дека конкурсот завршил, а не го известиле, ниту му го вратиле делото, отишол сам да си го бара. Но место на одговори и на соработка наишол на мувлосан подрум во кој се чувале делата со ширум отворена врата и без чувар. Не успеал да ги најде своите дела меѓу многуте искршени и расфрлани макети.
Тој ги барал и парите, кои секој оној што сака да учествува на конкурсот за да ги добие конкурсните услови мора да ги уплати. Тие пари треба да им се вратат на уметниците во моментот кога ќе добијат потврда дека делото им е примено на конкурсот.
"Ми велат дека тие 3.000 денари што ги уплатив за конкурсот заталкале некаде во банка. Сто пати се јавив во Општината, само ме маткаа наваму-натаму. Никој не ми даде информација, ниту како да си ги вратам парите, ниту, пак, каде ми се коњаникот и портретот Филип Втори. На овој конкурс стоеше дека сите учесници ќе бидат обесштетени со по 250 евра, но кога не успеаја да ми го вратат делото, воопшто не се надевам дека ќе ме обесштетат", вели Нацевски.
Тој има исто искуство и со Општина Центар. Меѓу другите, учествувал и на конкурсот за споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија во Скопје. Чека резултати и од овој конкурс веќе втора година. Ништо не му кажувале во Општината, но исто како и за спомениците во Битола, дознал од пријатели дека општинарите дале некоја девојка која учествувала на конкурсот, но без макета, да го работи споменикот. Нацевски вели дека се зборува во вајарските кругови дека споменикот на Александар веќе се изработува.
"Во Општина Центар се е во завиена форма, прикриено. Никој јасно и гласно не сака да каже дека конкурсот е завршен, иако на сите им е јасно тоа, бидејќи ниту еден конкурс за споменик не трае две години и сите рокови се одамна пречекорени", револтиран е Нацевски.
Нацевски вели дека единствениот конкурс кој отпочеток докрај бил доследно спроведен е оној за споменикот на Скендер-бег поставен на почетокот од Старата чаршија.
"У симнувам капа на Општина Чаир за Скендер-бег. Се беше транспарентно. Во секој момент уметниците знаеја до каде е конкурсот, Општината имаше лица задолжени да даваат објаснувања. Доделија и награди, а најважно од се е тоа што направија изложба на сите пристигнати трудови, па секој можеше да види што било понудено, а што избрано", вели вајарот Нацевски.
Од Општина Центар никој не сака да каже зошто не направиле изложба со пристигнатите трудови за споменикот на Александар Македонски. Ниту, пак, некој сака да ги каже резултатите од конкурсот, односно кој треба да го прави споменикот, кога ќе го постави, дали има рокови и слично. Претседателот на Комисијата за подигање на споменикот Владимир Здравев, кој е и претседавач со Советот на Општина Центар, на секое прашање за споменикот на Александар Македонски вели дека нема време да даде одговори. Општинарите, пак, не сакаат да даваат изјави за споменикот нагласувајќи дека единствено Здравев е надлежен и за изјавите.
И од Општина Битола не одговараат на обвинувањата од вајарот Нацевски. Општинарите кажуваат дека "едноставно, сите конкурси што се распишани се доследно спроведени докрај".
Но и покрај доследно спроведените конкурси, се уште нема споменици. Предвидено е споменикот на бранителите во Битола да биде поставен во паркот кај Саат кулата. Иако конкурсот е од 2006 година, се уште нема споменик. Во Битола нема споменик ниту на Филип Втори, а и Скопје не го доби споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158116&idg=8&idb=2496&rubrika=Revija



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:12


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2008 at 04:57

Земјотресот не беше во 6,17 часот!

Од Музејот на Скопје не забележале дека е поместена стрелката. Допрва ќе испитуваат за интервенција

Деспина Трајковска

Наместо 5,17 часот, мигот кога Скопје беше погодено од катастрофален земјотрес во 1963 година, денес часовникот на Музејот на град Скопје покажува еден час повеќе. Малата стрелка на часовникот, од засега непознати причини, некако се поместила, па сега покажува 6,17 часот, како во тој момент да застана сметањето на времето.

Еден од најголемите симболи на градот веќе извесен период како да е заборавен од сите. Споменик на културата, по се' изгледа, е само на хартија, оти никој досега не интервенирал да го наштелува часовникот на кој едната стрелка, очигледно од забот на времето, сама се помрднала. Ова е само уште еден пример за негрижата на надлежните за спомениците и за културното наследство. Недозволиво е часовникот и, воопшто, Музејот да се заштитени објекти само на хартија. Наместо да претставува паметник на денот кој остана врежан кај илјадници скопјани, времето кое сега може да се прочита од часовникот некого ќе доведе во заблуда. И тоа само поради нечија неажурност, незаинтересираност, неодговорност или од некоја друга причина.



Јован Шурбановски, директор на Музејот на град Скопје, не забележал оти часовникот не го покажува „точното“ време. Иако секојдневно минува оттука и влегува во објектот, не регистрирал драстично поместување на едната стрелка. Сепак, признава дека има мали промени.

„Да, стрелката малку е падната кон шест, но не е толку страшно. Во секој случај, ќе провериме на што се должи тоа и ќе интервенираме, доколку е можно, часовникот да се врати на точно 5 часот и 17 минути“, ни изјави вчера Шурбановски, кој има сознанија дека часовникот воопшто не е чепнат откако бил реконструиран објектот по земјотресот. Единствено во 2000 година била префарбана неговата метална конструкција. Има ли и на каков механизам воопшто опстојува часовникот, директорот на музејот не може да каже со сигурност.

„Не знам. Мислам дека има некои остатоци од механизмот кој овозможувал часовникот да свети, пред да се случи земјотресот“, додава Шурбановски, кој најави дека веднаш ќе го испита случајот и можностите за евентуалните интервенции.

Инаку, веќе извесен период ангажирани проектантски куќи и независни архитекти работат на изготвување проект за темелна реконструкција на објектот на Музејот. Тоа, посочува директорот, е неопходно да се реализира во скоро време, бидејќи капацитетите на зградата не можат во целост да одговорат на потребите на субјектите сместени во него.

„Се' уште ништо не е конкретно договорено. Битно е дека се работи на проектот. Сепак, се надевам дека државата ќе пројави интерес финансиски да помогне, бидејќи, сепак, Музејот и сето она што се чува во него е културно наследство и е сопственост на државата“, смета Шурбановски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2EFEC8A9382EB74794AADCF7B79067CC




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:52
Е ова се надевам ќе делува добро, два лава на влезот на камени мост на местото каде некогаш беа поставени конјаниците од времето на српската окупација на Скопје.
Ќе бидат изработени од бронза од два млади скулптори за кој верувам дека ке изработат нешто стварно за доживување.
Иначе изработката е во тек, и верувам мостот ќе добие една целина

П.С. Смомениците нема да бидат 15 м Smile



А оваја слика е сигурно инспирација за 15м-скиот коњаник

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:53
Лавовите ќе одговараат колку што одговарале и коњаниците Thumbs%20Down

Мада муабетов не е за тука, тие работи ги разглабаме во општата нишка за споменици...


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:55
Originally posted by Cloverstack

Лавовите ќе одговараат колку што одговарале и коњаниците Thumbs%20Down

Мада муабетов не е за тука, тие работи ги разглабаме во општата нишка за споменици...

Е, немој да помислам дека не си излегол подалеку од Ск и не си погледал барем некој мост во некој од градовите на кој стално се повикуваме и во овој форум.

Од каде е таа негативнос, без барем со површна анализа ?

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 31-Oct-2008 at 19:22

еве еден пример во Љубљана имаат ламји на http://www.slovenia.info/?arhitekturne_znamenitosti=770 - dragon bridge (змајски мост) по што и биле наречени словенците Змајчеки LOL

шала на страна, мостот е дел од плоштадот па ова би требало да биде една целина со споменикот(во дискусијава), но колку ова држи вода незнам пред се бидејќи се наќити плоштадот со деловни центри и стоковни куќи па сето ова со споменикот и лавовите ќе биде некој уникатен кросовер од арт нуво, византиска, постмодерна и футуристичка архитектура...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:08
Originally posted by Vladimir P


Е, немој да помислам дека не си излегол подалеку од Ск и не си погледал барем некој мост во некој од градовите на кој стално се повикуваме и во овој форум.

Од каде е таа негативнос, без барем со површна анализа ?


Што ќе помислиш е твоја работа, но мене ми е преку глава од такви компарации и погрешни аналогии. Едноставно кажано не се сите мостови исти. Камениот мост си има свој архитектонски контекст - дури и некакви ниски скулптури на лавови не би биле баш најсреќно решение, а не некакви доминирачки егзибиции поставени на огромни основи, кои би ја искарикирале дури и препознатливата силуета на мостот, која е симбол на овој град.

Негативноста ми е од тоа што неписмени луѓе завладеаја и почнаа да насадуваат се и сешто низ градов и државава, само не тоа што навистина би требало/прилегало. Меѓудругото ете и плоштадот го испланираа како изложба цел контингент споменици, без концепт и јасна поврзаност. И сега треба да верувам дека така културно ќе се издигнеме ли што?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:27
Владимир јас се извинувам - се изназборев а дури сега приметив дека си нагласил дека спомениците нема да бидат 15м (ваљда сакаше да кажеш дека нема да бидат невкусно доминантни).

Но останува прашањето колкави ќе бидат? Имаш ли таква информација зошто изгледа дека оваа информација ти е од прва рака.


Posted By: beTon
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:36
кло нема логика да се на пиедестал од 15м зошто ќе го кријат цел простор отаде вардар, сигурно ќе има некаков пиедестал колку за да не се пентарат понив улични акробати. ако ништо друго и онака го осакатија мост со реконструкцијата па бар вака овие споменици нешто ќе замаскираат... 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:40


Тоа дали нешто има логика е едно, а дали има потенцијал да се случи е друго. Многу понелогични работи ни се случија, така да не можам да бидам мирен кога ќе слушнам вакви работи - одма ми се буди сомнеж дека ќе се случи најлошото можно решение. Едноставно искуството ми ја уби дури и онаа не толку голема доверба дека вакви работи се прават внимателно и осмислено. Кога разноразни Вангели завладеаја, што друго ми останува? Од таму потекнува негативноста за која ме прашуваше Владимир. Оваа „екипа“ што го преврте градов наопаку не заслужила ништо друго освен крајна негативност и анимозитет.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:53
Те молам длабоко извини ако те навредив.

Но некако почна да ми смета да на се гледаме негативно и дека тамо некој нешто мува, и тие биле .... дај да видиме што е и што ни треба

Само едно ретро, да си спомнете за крстот на водно, какви се негативни дискусии беа, оној овој добил мувал ... па сега стана препознатлив дел од обележјето на Скопје.

А најсреќен сум кога дознавам дека некој млади добиле некој проект, и сигурен сум дека ќе внесат нешто ново, или полека ќе ја сменат оваа веќе мувлосана гарнитура на скулптори.

Еве еден пример на кој стално се ежам а никој ништо нема кажано, бидејќи е од еден наш еминентен скулптор.


за мене ова треба на циганите да им го дадеме да го стопат, а ако и дечкиве со лововите „утнат“ ќе ги претопиме Smile но барем добиле шанса


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Print Page | Close Window