Print Page | Close Window

Регулативи за градење вон населено место

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1581
Printed Date: 13-Jul-2025 at 10:33


Topic: Регулативи за градење вон населено место
Posted By: cottage
Subject: Регулативи за градење вон населено место
Date Posted: 19-Feb-2012 at 16:01

Здраво,

 

Дали би можел некој да ме насочи кон некој закон или регулативи за градење вон населено место т.е. на места каде што не е урбанизирано.

 

На пример, доколку поседувам ниви или земјоделско земјиште и сакам да изградам некаков објект, а тоа место не е урбанизирано, каква е процедурата и законот за градење на такво место. Дали има некакви ограничувања, на пример објектот да не е поголем од толку и толку квадрати, или може да се гради само барака/колиба не повеќе од толку и толку квадрати со тие и тие услови. Или воопшто дали може да се гради куќа на такво место и под кои услови.

 

Во законот за просторно и урбанистичко планирање во член 13 пишува

 

Член 13

(1) Урбанистички план вон населено место се донесува по потреба

за плански опфат, за подрачја на општините кои не се опфатени со

генералните урбанистички планови и со урбанистичките планови за село.

Со овој план се уредува намената и начинот на користење на

просторот, како и условите за градење на комплекси и градби вон од

градовите и другите населени места.

 

Но што значи тоа во пракса не ми е јасно.




Replies:
Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 07-Nov-2017 at 16:16

би требало во општина да ти дадат одобрение за привремен објект, бидејќи дуп-овски недоносен муабет, дури и шталите ги водат вака, но недоносеноста се покажа терсене пример во однос на ипард ... и ајт кој што си легализирал до сега арно, но што потоа ...

во овој момент најдобро најди стари темели од куќа ил плевна од пред 1962 година, чинам се што е до тогаш го имаат легализирано и вметнато во дуп-овите, а потем побарај дозвола за доградба ил надградба ... иако и привремен објект ко штала би ти бил од аир доколку е на тркала [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=337&PID=158832#158832 - 1 ]



Print Page | Close Window