Print Page | Close Window

Стоби

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=161
Printed Date: 28-Apr-2024 at 06:39


Topic: Стоби
Posted By: pbanks
Subject: Стоби
Date Posted: 18-Jan-2008 at 22:08
Април 2007 Cheers

1 Влезната табла

2 Близината до автопатот

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33

34

35

36

37

38

39 Црна река

40 Вливот на Црна во Вардар




Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jan-2008 at 03:44
Супер колекција слики Pbanks Thumbs%20Up

Стоби има голем потенцијал да направи некаков археолошки бум, ако земеме во предвид дека само 1-2% од локалитетот е истражен. Што има во тие останати 99-98%, може само да шпекулираме.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: волан
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:48
Одлична колекција на слики ... Често пишував за Стоби ... но некако највеќе на постот:

http://volanskopje.blog.com.mk/node/93216 - - волан - СТОБИ - Театар & Синтезис

Човек кога ке го посети Стоби се фасцинира од импозантноста на големината на градбите ... од мајсторската рака на градителите ... Од важните луѓе кои тука некојпат живееле ... Од стилот на градбите од многуте огромни куќи плоштади и базилики ... од прекрасните столбови ... од движните наоди ... преубавите скулптури кои се некаде по музеите ... Импозантно е колку луѓето од тоа време ги почитувале правилата на хигиена и култот на бањањето ... Скоро секоја од поголемите профани градби е се преубава и огромна бања ... во форма на внатрешен голем базен ... во кој сигурно уживала богатата клика од тоа време ... Во 7 од десетте поголеми палати - една петина од внатрешнит дел е огомен базен/бања ... Знаеле луѓето да уживаат во животот и во удобностите на топлата вода и меѓусебното дружење во вода ... за бањање само волкави базени сигурно не биле потребни ... Импозантни се секако и мозаиците на стоби ... нешто што мора да го видите за да го доживеете ...

Во последно време Стоби е едно од најдобрите театарски сцени на отворено ... Подолу неколку линка за разни културни манифестации одржани во неколкуте минати години:

- http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2005/08/050808_stobi.shtml - Спој на антиката и сегашноста ...
- http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2006/07/060726_stobi.shtml - Фестивал на античка драма во Стоби ...
- http://66.102.9.104/search?q=cache:PoE7lTRGLYgJ:www.mactheatre.edu.mk/avtor.asp%3Flang%3Dmac%26id%3D11+%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B1%D0%B8+%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80&hl=en&ct=clnk&cd=3&client=firefox-a - Започнувајќи од летото 1992 година, велешкиот театар ги организира летните театарски претстави во археолошкиот локалитет Стоби (Стоби- театар), како дел од својата редовна дејност ...
- http://66.102.9.104/search?q=cache:lRXbjBNW4JcJ:www.vest.com.mk/default.asp%3Fid%3D12522%26idg%3D2%26idb%3D322%26rubrika%3DRevija+%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B1%D0%B8+%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80&hl=en&ct=clnk&cd=4&client=firefox-a - Епископско седиште во кое престојувал и императорот Теодосиј ...
- http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=231&Itemid=19 - Антички театар-археолошки локалитет СТОБИ
25 ЈУЛИ - 07 АВГУСТ 2006
- http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=35957 - Холандскиот театар „Код арт“ ја воодушеви публиката во Стоби ...
- http://217.16.70.245/default.aspx?pBroj=2140&stID=73600&pR=5 - Светот на античките Македонци ќе оживее во Стоби   ...

 %5bGradsko:%20Anticki%20Teatar%20Stobi%5d Фронт Теџт: "Стоби код Градског, Антицко Позористе - Стоби аупрèс ду Градско, Тхéâтре антиљуе"
Публисхер: Југотурист, Београд

%5bGradsko:%20Anticki%20Teatar%20Stobi%5d

Реверсе Теџт: "Титов Велес - Антицки театар; Народен музеј Титов Велес"
Публисхер: Југотурист, Београд

http://www.andreas-praefcke.de/carthalia/list_ancient_theatres.html">%5bLiebig%20-%20Das%20Theater%20einst%20und%20jetzt%20-%20Picture%20#1%5d

Има и доста друг текст на најгорниот линк а и фотки ...



-------------
волан


Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-Sep-2010 at 19:31

Американската амбасада додели грант за Стоби

Извор: Лисица

Велес

Со грант од 72.600 долари од американската амбасада ќе се врши конзервација на рано христијанските фрески на епископската базилика во археолошкиот локалитет Стоби. Со овој проект  ќе се  спаси кревката убавина на овие стари христијански фрески.

Тој  е само еден во низата од Фондот на амбасадорот за поддршка на богатото културно и историско наследство во Македонија. Во Епископската базилика се наоѓа  еден од најстарите зачувани фрескоживописи во Македонија, откриен во 1973 година.

„Стоби е фасцинантно историско археолошко пронаоѓалиште. Тој е крстопат меѓу античката и модерната историја, движењата од Рим до Босфор, северот и југот. И од голема важност е овој локалитет да се заштити реставрацијата да продолжи но исто така и конзервацијата е важна во проучувањето на локалитетот. И многу сум среќен што американската амбасада дава поддршка во истражувањето на ова прекрасно место“, рече Филип Рикер, амбасадор на Америка во Македонија.

Во последните две години министерството за култура вложи околу 60 милиони денари за  археолошки истражувања. Со овој грант се продолжува заштитата не само на мозаиците туку и на објектите кои стануваат се поинтересни не само за домашните туку и за странските туристи.

„Овој грант е од големо значење затоа што со овие пари ќе се конзервира еден од најзначајните и најубавите објекти од рано христијанскиот период, Епископската базилика. Ќе оживее фрескописот и ќе биде достапен за пошироката јавност, рече Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.

Со овој грант ќе се реализира најголемиот проект за конзервација и презентација на целата црква. Најпрво ќе бидат заштитени фреските, потоа мозаичните подови и архитектурата.

„Верувам дека за неколку години по конзервацијата ќе ги вратиме фреските на ѕидовите и мозаиците на подовите во епископската базилика. Ќе се направи нова кровна конструкција и базиликата ќе биде спремна за презентација, рече Силвана Блажевска, директор на археолошки локалитет Стоби.

Инаку конзервацијата на фрескоживописот во епископската Базилика ќе почне утре.

http://www.makfax.com.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 03-Oct-2010 at 19:11
[Tube]x0EhfS7zUQk[/Tube]
[Tube]K4Z_renqz7A&p=79DA251A66ECCD1E&playnext[/Tube]
[Tube]GrP9Xr06bZo[/Tube]
[Tube]ZBF3wDt7dOA[/Tube]


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: mitatos
Date Posted: 23-Jul-2011 at 15:59

На Стоби под вршник се конзервира IV век

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04DE63D21335AD4FB423F6B0188A1F28">

Катерина Богоева

На археолошкиот локалитет летово се истражува и се конзервираат најстарите фрески во Македонија


Во средината на минатата недела, во најжешкото, при посетата на археолошкиот локалитетот Стоби, уште еднаш се соочивме со тоа што значи да се биде на сонце како под вршник. Пространиот локалитет, чија трева одамна е пожолтена, не' пречека со очекуваната тишина, нарушена од гласовите на дел од петтемина ангажирани водичи, од групите туристи, како и од археолозите, кои без разлика на високите температури си работеа полека на отворено. А покрај Црна, под настрешница се конзервираа најстарите фрески откриени во Македонија, датирани во 4 век, извадени од Епископската базилика.

Археолозите го истражуваат триклиниумот - трпезаријата на палата Перистерија, од каде што се извадени мозаиците во меѓувреме додека нивните колеги-конзерватори ја чистат реверсната страна од стариот малтер на кој стоеле шарените камчиња.

Тоа се воедно и првите археолошки истражувања на тој простор каде што претходно стоел мозаикот што ќе и' биде вратен по конзервацијата. Истражуваат дел од вработените археолози во Националната институција „Стоби“, чиј вкупен број од формирањето во 2008 година до денес достигна 14 лица. Шестмина од нив се од Скопје, Гевгелија, Прилеп, а единствената нумизматичарка е од Стојаково. Живеат преку недела тука, некои патуваат дома секој ден, а другите само за викенд. Минатата година тука се евидентирани 12.000 посетители, а годинава 5.000.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04DE63D21335AD4FB423F6B0188A1F28">

Со истражувањето се проверуваат сите постари културни слоеви под подот на мозаикот во куќата, а планирана е и конзервација и делумна реконструкција на претходно откриените остатоци од фонтана, откриена во нејзиниот централен дел.

„Такви фонтани“, напоменува археологот Силвана Блажевска, директорка на „Стоби“, се среќаваат тука и во други објекти, поради што и има елементи за реконструкција. Мозаикот во триклиниумот во палатата Перистерија, која е откриена меѓу двете светски војни, не беше отворен 40 години. Песокот со кој беше покриен се претворил во земја, беше никната трева, а сите камчиња практично беа подигнати од подлогата. Годинава ќе го вратиме по претходна конзервација под раководство на конзерваторот Драги Верговски-Алпи од Националниот конзерваторски центар. Тој заедно со колегите и со дипломирани студенти од Факултетот за ликовна уметност од Скопје до 22 август ќе работи на завршната фаза на конзервацијата на фреските од 4 век, со средства од амбасадорскиот грант на амбасадата на САД во Македонија“, рече таа.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04DE63D21335AD4FB423F6B0188A1F28">

Ги затекнавме најстарите фрески поставени на нови носачи додека се чистеше нивната предна страна. Ни беше посочено дека доколку е потребно, тие делумно и се ретушираат. Не' фасцинира сознанието дека и по толку векови, нивните бои се зачувани, но и дека може да се видат или препознаат насликаните претстави.

„Многу голема е разликата меѓу оние фрески што се откопани минатата година и истовремено се конзервирани и оние што биле откопани претходно. Тие што стоеле на северниот ѕид на Епископската базилика, кој долги години бил без заштита, се многу повеќе уништени, иако истовремено се создавани со останатите од јужниот ѕид.

Мозаикот од Перистериевата палата, чија површина била 70 квадрати, беше многу оштетен, но и компликуван за работа“, потенцираше Верговски.

Имавме ретка можност да ги видиме и последните три фрески што стоеле на отворено во Епископската базилика, што биле извадени во текот на јуни и конзервирани во текот на одржувањето на годинешната Летната школа за конзервација на фрески. На неа, како и на Школата за документација на римската и доцноантичката керамика, водена од стручни лица, учествувале луѓе од различни профили и возрасти од Европа и од САД. Ни беше посочено дека меѓу најстарите бил и еден Британец на возраст од 70-ина години, кој како и останатите, стекнал нови знаења и искуство, за што платил 1.200 евра. Ни беа покажани и два дела од фреска со претстава на Христос меѓу две јагниња. Двете јагниња беа видливи, а делот каде што треба се појави претставата на Христос беше особено оштетен. Конзерваторите и историчарите на уметноста очекуваат по финалното чистење, тој и да се појави.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04DE63D21335AD4FB423F6B0188A1F28">

„Школата е организирана во соработка со фондацијата ’Балканско наследство‘ од Стара Загора, Бугарија, а во август е планирано одржување и школа за археолошки истражувања на која се пријавиле 40 учесници. Ова е прво презентирање на локалитетот преку учество на студенти од сродни факултети што поминуваат теренска практика и на ваков начин и го презентираат Стоби во светот. А важно е, се разбира, и од економски аспект, бидејќи собраните средства можат повторно да се употребат“, напоменува директорката Блажевска.

Силвана Блажевска, која, како и нејзините вработени колеги на локалитетот, во изминатите години живее на релација Стоби - Скопје, потенцира дека големата и пространа Епископска базилика, на која првенствено засега асоцира познатата крстилница со прекрасните мозаици, во иднина се планира да биде клучен објект за презентација на локалитетот. На нејзиниот јужен ѕид, под земја има уште 8 метри фрески .

„Конзервираните фрески средени ќе чекаат да се вратат во базиликата, но само откако претходно ќе се создадат неопходните услови за тоа. Годинава нема да ги вратиме, затоа што тоа за нив би било погубно, бидејќи е несоодветен начинот на кој се презентира овој објект. Приодот не е многу безбеден, а објектот целосно и не може се да се види. Проф. Блага Алексова го истражи целиот централен брод на новата Епископска базилика за да стигне до старата, но сега зјае една голема дупка. Гледате објект горе, објект долу, но не се гледа дека имало две базилики една врз друга, на растојание од четири и пол метри. Најпрвин мора да се среди старата базилика, да се вратат мозаиците, фреските, потоа да се постави плоча на која ќе стои подот на горната базилика. Треба и да видиме колку од тие мозаици се зачувани и колку од нив ќе можеме да реконструираме. Објектот ќе треба и да се покрие“, рече таа.

Напомена и дека еден ден пред нашето доаѓање локалитетот го посетил новиот директор на УСАИД, но и дека досегашниот амбасадор на САД, Филип Рикер, кој важи за голем обожавател на Стоби, редовно користел прилика да го посети.

Досега локалитетот во најголем дел го финансира државата, а винарската визба „Стоби“ засега е единствената од претпоставените, поддржувачи на неговиот развој, која значајно соработува со новоформираната институција.

„Имаме заеднички интерес од промоцијата. Тие го зедоа името од локалитетот, користат мотиви од него во комерцијални цели, а ние добиваме спонзорство за тоа. Отворени се за соработка и надвор од договореното. За локалитетот е малку проблематично што сме на тромеѓе меѓу Градско, Неготино, а дел од нашата некропола спаѓа под општината Росоман, односно Кавадарци. Досега општините не покажале некаков поголем интерес. Градско понекогаш ни помага со луѓе за косење трева, со песок за покривање мозаици. За сите административни работи треба да одиме во Велес. На луѓето во околината им требаше подолго време за да разберат што се случува тука. Дека за разлика од претходно, сега тука постојано има луѓе, но и дека сме институција што се грижи за локалитетот. Но, нема друг начин ако сакаме тој и да заживее. Така е, впрочем, на 90 проценти од големите локалитети кои се далеку од населено место“, вели Блажевска.

Таа најавува дека наскоро треба да започне и конзервација и на архитектурата со учество на стручни лица и од Националниот конзерваторски центар и од Заводот и музеј од Штип. „Годинава, како и секаде, намалени се средствата за капиталните проекти и ние се фокусиравме на конзервација. Правиме напори да ја вратиме документацијата од Стоби тука. Дел и вративме, а онаа што тука ја најдовме ја дигитализиравме. Планираме да ги вратиме и предметите што се однесени во други музеи, во конзерваторски центри, бидејќи е важно да направиме детален попис, евиденција и ревалоризација на музејската збирка.

Допрва во Стоби ќе се формираат музејски збирки. Музејчето што постоеше веќе не функционира, не ги задоволува потребите за изложување на она што го има Стоби како подвижно културно наследство. А сега може да се види она што се наоѓа во депото, а тоа не е малку“, изјави директорката.

Во овој период од годината Стоби привлекува и друг вид публика, посетителите на истоимениот Фестивал на античка драма. Тие доаѓаат да ги гледаат претставите што се одржуваат ноќе на амфитеатарот. Но, бидејќи на голем дел од локалитетот поради истражувањата има и дупки, направена е строго одредена патека за влегување и за излегување од амфитеатарот.

„Досега нема никаков проблем, но за мене од аспект на археолог и некој што треба да се грижи за локалитетот, во овој момент одржувањето што било во театарот претставува мал ризик. Тој е откриен во 30-тите години на минатиот век и му треба конзервација. Фестивалот има долга традиција, а доколку идната година продолжи тука да се реализира капитален проект, би сакале да продолжиме со доистражувањата на амфитеатарот и со конзервација на она што го отворивме досега. Потоа може да се прават секакви манифестации“, рече директорката на „Стоби“, која очекува во иднина да ги реализира предвидените планови, меѓу кои е и изградба на музеј и кафетерија преку реката Црна, кој би бил поврзан со мост.

На таков начин, смета таа, посетителите прво би морале да прошетаат низ локалитетот, а дури потоа да седнат на кафе и да купат сувенири. А не како што имаше примери досега, симнувајќи се од автопатот за Грција многумина само да седнат во ресторанчето-сувенирница пред влезот( што сега и не работи) и да не ни дознаат што се крие зад старите камени ѕидови.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04DE63D21335AD4FB423F6B0188A1F28



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: axel
Date Posted: 19-Oct-2011 at 09:51
Археолошкиот локалитет Стоби на листата World Monuments Fund за 2012 година

Скопје, 19 октомври 2011 (МИА) - Aрхеолошкиот локалитет Стоби, како единствен претставник од Република Македонија се најде во групата на културни споменици со универзално значење за кои е потребно глобално внимание од листата на World Monuments Fund за 2012 година.

На 5 октомври во Њујорк, World Monuments Fund ја објави листата за 2012 година на која се поставени 67 локалитети и споменици од 41 земја во светот.

Од Националната установа „Стоби“ соопштуваат дека ова е добра можност преку реализацијата на меѓународни проекти да се одговори на предизвиците за конзервација на градбите во Стоби од аспект на финансии и човечки ресурси.

Покрај конзервацијата, информираат дека втор приоритет е подигнување на нивото на туристичката промоција на локалитетот и запознавањето на локалното население со значењето на Стоби во поширока смисла.

World Monuments Watch е главната програма на World Monuments Fund воспоставена во 1996 година, која на секои две години ја алармира светската јавност и привлекува интернационално внимание за ризиците и влијанијата на природата и социјалните, политички и економски промени врз светското културно наследство.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=87743874&lId=1&pmId=501


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Apr-2012 at 12:36
Poveke sliki:


http://www.facebook.com/Stobaeus/photos - http://www.facebook.com/Stobaeus/photos
http://www.stobi.mk/g%D0%B0l%D0%B5ri%D1%98%D0%B0 - http://www.stobi.mk/g%D0%B0l%D0%B5ri%D1%98%D0%B0


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: macedonia
Date Posted: 20-May-2012 at 04:03


anyone know where these artifacts are today?


Posted By: macedonia
Date Posted: 20-May-2012 at 04:25
These items are also from Stobi, currently in the National Museum of Serbia in Belgrade.





Posted By: Tony Martin
Date Posted: 12-Nov-2012 at 15:33


 Куќата на Полихарм и Синагога Базиликата се тесно поврзани така што јужниот периметрален ѕид на базиликата припаѓа на двете градби. Исто така, во атриумот на црквата се влегува преку една од просториите во западниот дел на куќата.

КУЌА НА ПОЛИХАРМ (КУЌА НА ПСАЛМИТЕ)






 Портикот на јужната страна го означува влезот во објектот. Куќата има повеќе простории и ходници распоредени околу централен перистил. Перистилот го формираат осум столбови, а во внатрешноста се сместени бунар и базен. Подовите на ходниците околу перистилот се декорирани со мозаици со геометриски мотиви. Спроти перистилот се наоѓа апсидална сала или триклиниум со фонтана во средината. Мозаичниот под е поделен во повеќе полиња и е украсен со барски птици, пехари и различни предмети. Централна позиција зазема полето со претстава на две срни помеѓу кои има канатарос од кој извира вода т.е. полето со илустрација на псалмот 42. Поради овој мозаик, Куќата на Полихарм се нарекува и Куќа на Псалмите. Се претпоставува дека градбата имала уштe еден спрат на што упатуваат скалите во нејзиниот западен дел.

 Објектот е истражуван во 1931 – 33 година и подоцна за време на конзервацијата во 1965 и 1970. Името Куќа на Полихарм го добива поради поврзаноста со синагогата односно можноста перистилот и триклиниумот да бидат оние простории кои Полихарм ги подигнал за себе како што стои во натписот откриен во Синагога Базиликата. Ваквата теза наведува на заклучок дека куќата е оригинално изградена во II век и била во употреба заедно со двете синагоги, а подоцна во V век таа егзистирала со Базиликата кога го добива мозаикот во триклиниумот.

СИНАГОГА БАЗИЛИКА

 Во VI век куќата е комплетно пресоградена со ѕидови од кал и камен, така што старите ѕидови се имплементирани во нови куќи. Подните нивоа на овие сиромашни „куќарки“ се од набиена земја така што во западниот дел се откриени вкопани питоси.


 На западниот крај од базиликата се наоѓа атриум во форма на перистил во кој се влегува од улицата Via Principalis Inferior. Источно од атриумот има нартекс додека јужно се наоѓаат други простории кои комуницираат со палатата на југ од базиликата. Наосот на базиликата е троброден и има под од печени тули. Корабите се одвоени со колонади, а во олтарниот простор постоел реликвијар со крстовиден отвор. Базиликата била изградена на крајот од IV или почетокот на V век.

 Со првите истражувања во 1931 година, во атриумот е откриен столб со натпис кој кажува дека Тибериј Клавдиј Полихарм, таткото на синагогата во Стоби, донирал 250 000 сребрени денари за синагогата и нејзиното одржување. Со ископувањата во 70 – тите, под подот на базиликата се откриени остатоците од две синагоги изградени една врз друга. Синагогата ΙΙ била подигната кон крајот на III и почетокот на IV век н.е. додека постарата Синагога Ι e од II век. На ѕидовите од постарата синагога се откриени натписи кои велат посветено на таткото Полихарм.   По рушењето била изградена новата и поголема синагога со мозаични подови со геометриски мотиви. На еден од ѕидовите од Синагогата II во малтерот била врежана менора. Во 1994 година е откриен натпис на кружна мермерна плоча кој вели дека тремот на синагогата го обновил Александар phrontistes (заштитник, патрон на синагогата) на крајот од III или почетокот на IV век. 

 Во 1971 година под нартексот на Базиликата се откриени ѕидови од хеленистичка градба и едно депо со сребрени монети датирани во интервалот меѓу 211 и 125 г. п.н.е.

The House of Klavdij Tiberij Poliharm in Stobi

[Tube]uAQ6sXFizZA[/Tube]


Posted By: Tony Martin
Date Posted: 12-Nov-2012 at 15:55

Story about Stobi (Compare Real with Virtual Environment)


[Tube]918zHeK_3Fo[/Tube]

[Tube]A0yiQ8Muck0[/Tube]

[Tube]Z4_lkJo9j8M[/Tube]

[Tube]GSM9beTbDSU[/Tube]

[Tube]LqpgyvVSFls[/Tube]



Posted By: kultuzin
Date Posted: 31-Jul-2014 at 23:59

СТОБИ 2014

vor 5 Stunden aktualisiert
Капитален проект на Владата на Република Македонија
Раководител на Проектот Магистер Силвана Блажевска
Овогодишните истражувања беа сконцентрирани на дел од јужната некропола. Откриените археолошки артефакти претставуваат дополнување на богатиот археолошки трезор на движни наоди од античкиот град Стоби. Овогодишен куриозитет претставува уникатната засега, оловна урна. Откриени се голем број керамички садови, главно луцерни, чинии, стомни за вода, потоа зарови, бронзените "Харонови оболи" се редовна појава, стаклени унгвентарии и еден прекрасен стаклен сад во стотици ситни фрагменти, кои што вредните раце на археологот конзерватор Билјана успеа да ги спои и да ја оживее протогената форма. Изненадува и откритието на делови од сочувана ткаенина што датира од доцната антика.
Градот Стоби на прастарата Вардарска магистрала, најпрво бил оформен како село во архајско време, потоа се мсета дека бил колонизиран од страна на македонскиот крал Филип V, за подоцна Римската држава проценувајки ја задоволително високата цивилизациска свест на локалните жители Македонците и Пајонците на овој важен крстопат оформи град на 19 хектари површина со статусот муниципиум, што значи присуство на определен процент жители со (ius italicum) римско граѓанско право.
https://www.facebook.com/viktor.lilcik/media_set?set=a.10202545678822688.1073741877.1217483917&type=1


Posted By: jyvation
Date Posted: 02-Aug-2014 at 09:53


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 12:43
Театарот во Стоби ќе биде целосно реконструиран

Ископувањата во театарот се одвиваа во мал дел на централниот циркуларен коридор, при што беа истражувани подни нивоа од доцната антика (5-6 век), кога објектот не бил во функција, а неговите ѕидови и коридори биле искористени во рамките на куќите подигнати на овој простор, велат од НУ „Стоби“

До 2015 година

Проектот за конзервација и за реставрација на античкиот театар на локалитетот Стоби ќе продолжи во почетокот од септември и ќе трае до крајот на ноември, велат од националната установа „Стоби“. За оваа година се предвидени конзервација и реконструкција на сводовите од тули на централниот радијален коридор и страничните простории, по што ќе следуваат конзервацијата и реконструкцијата на лежиштата за седишта.
- Се очекува до 2015 година театарот да биде подготвен за реконструкција на мермерните седишта во источната половина - велат од „Стоби“.

Летово завршени ископувањата на театарот

Во јуни и јули беа извршени ископувања на западната некропола и театарот како дел од капиталните проекти за археолошки истражувања финансирани од Владата. Со ископувањата на некрополата биле откриени 51 гроб од 1 до 3 век од нашата ера. Наодите покажале дека покојниците биле кремирани и имале гробни прилози, како керамички садови, светилки, стаклени садови и бронзени монети. Како особено интересен НУ „Стоби“ го издвојува гробот во кој кремираните остатоци биле поставени во оловна урна.

- Ископувањата во театарот се одвиваа во мал дел на централниот циркуларен коридор, при што беа истражувани подни нивоа од доцната антика (5-6 век), кога објектот не бил во функција, а неговите ѕидови и коридори биле искористени во рамките на куќите подигнати на овој простор - информира НУ „Стоби“.

Проектот предвидува и конзервација на западната половина од театарот, каде што се зачувани оригиналните седишта, како и конзервација на супструкцијата од горниот дел на гледалиштето, каде што седиштата недостигаат, но се зачувани коридорите за циркулација на публиката.
Изградбата на театарот во Стоби почнала кон крајот на 1 век од нашата ера и бил завршен во првата половина на 2 век од нашата ера. Со капацитет за 7.600 гледачи, театарот бил меѓу најголемите објекти за масовна забава во римската провинција Македонија.

Повеќе на http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8814954284&id=16&prilog=0&setIzdanie=23244 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8814954284&id=16&prilog=0&setIzdanie=23244

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 12:45
кога сме веќе кај Стоби...





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 12:47








by Vasilka Dimitrovska

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 12:48






-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 12:50










Sanja Mijajlovic

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:02


































-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:05
<<<<<<< Има еден куп слики и на претходната страница...<<<<<<<<















mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:06














mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:06














mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:06




mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:19






trentamilkm.es

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 08-Aug-2014 at 14:33
Кога одевме минатата година за Охрид сакавме да наминаме да се напиеме кафе. Ниту имаше кафе каде да се напиеме , ниту имаше каде да се купи сувенир. Местото беше мртво. Се надевам дека тоа беше поради ископувањата бидејќи имаше работници. Но ако е така треба намерниците и случајните посетители да бидат информирани што е и како е. Нејсе Стби е преубаво место. Бев минатата година на Античка Драма и морам да кажам дека повеќе се разочарав од што бев инпресиониран. Како прво сите објекти како и целиот локалитетѕ беше во темница што според мене не е убаво, складно со тоа беше забрането и невозможно да се прошета и да се види градот туку со пластчна лента беше обележан патот до театарот. Но е еве и ова нека е поради истражувањата. Кога ќе се заврши со сето тоа преубаво би било диксретно да се осветли целиот локалитет и да се досволат барем за викенд ноќни прошетки. Како и организирање на повеќе манифестации во летниот период за да се промовира локацијата.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 09-Aug-2014 at 07:20

Театарот во Стоби ќе биде целосно реконструиран

Ископувањата во театарот се одвиваа во мал дел на централниот циркуларен коридор, при што беа истражувани подни нивоа од доцната антика (5-6 век), кога објектот не бил во функција, а неговите ѕидови и коридори биле искористени во рамките на куќите подигнати на овој простор, велат од НУ „Стоби“

http://www.stobi.mk/upload/Buildings/1.%20The%20Theatre/4A.jpg


До 2015 година

Проектот за конзервација и за реставрација на античкиот театар на локалитетот Стоби ќе продолжи во почетокот од септември и ќе трае до крајот на ноември, велат од националната установа „Стоби“. За оваа година се предвидени конзервација и реконструкција на сводовите од тули на централниот радијален коридор и страничните простории, по што ќе следуваат конзервацијата и реконструкцијата на лежиштата за седишта.
- Се очекува до 2015 година театарот да биде подготвен за реконструкција на мермерните седишта во источната половина - велат од „Стоби“.

Летово завршени ископувањата на театарот

Во јуни и јули беа извршени ископувања на западната некропола и театарот како дел од капиталните проекти за археолошки истражувања финансирани од Владата. Со ископувањата на некрополата биле откриени 51 гроб од 1 до 3 век од нашата ера. Наодите покажале дека покојниците биле кремирани и имале гробни прилози, како керамички садови, светилки, стаклени садови и бронзени монети. Како особено интересен НУ „Стоби“ го издвојува гробот во кој кремираните остатоци биле поставени во оловна урна.
- Ископувањата во театарот се одвиваа во мал дел на централниот циркуларен коридор, при што беа истражувани подни нивоа од доцната антика (5-6 век), кога објектот не бил во функција, а неговите ѕидови и коридори биле искористени во рамките на куќите подигнати на овој простор - информира НУ „Стоби“.
Проектот предвидува и конзервација на западната половина од театарот, каде што се зачувани оригиналните седишта, како и конзервација на супструкцијата од горниот дел на гледалиштето, каде што седиштата недостигаат, но се зачувани коридорите за циркулација на публиката.
Изградбата на театарот во Стоби почнала кон крајот на 1 век од нашата ера и бил завршен во првата половина на 2 век од нашата ера. Со капацитет за 7.600 гледачи, театарот бил меѓу најголемите објекти за масовна забава во римската провинција Македонија.

Во Стоби, покрај актери, живееле и гладијатори

- Во Стоби имало разновидно население, од ислужени ветерани од римските легии со различен етнички состав, до разни трговци и занаетчии. Градот бил вистински космополитски центар во кој живееле локално пајонско-македонско население, италици и доселеници од другите делови на империјата. Меѓу 2 век и средината на 5 век од н.е. живеела и голема еврејска заедница, надалеку позната по умешноста во трговијата - изјави Гоце Павлоски, археолог во националната установа „Стоби“ во серијата текстови за античките градови што ги објавуваше „Нова Македонија“.
Регионот во кој бил изграден градот бил погоден за лов, риболов и за земјоделство, особено двата брега на Вардар. Својот зенит градот го достигнал во римскиот империјален период (од 1 до 3 век од н.е.). Тогаш добил повисок општествен статус и бил прогласен за муниципиум, а неговата површина во рамките на градските ѕидини изнесувала над 20 хектари.

Поради својата позиција и развиеност, кон крајот на 3 век Стоби станува главен град на провинцијата Македонија Секунда. Градот имал динамичен политичко-административен живот, во кој главните актери биле припадници на поимотните семејства (Силваните, Приските, Сентиите и Граниите). Во рамките на административната управа имало и службеници-писари задолжени за архивирање различни податоци. Покрај високата класа, битен сегмент од населението биле и занаетчиите и трговците. Во Стоби постоеле локални мајстори за керамика, стакло, обработка на мермер, па дури и на скулптури, како и ковачи, ѕидари, земјоделци.
Културниот живот главно се одвивал во театарот, кој масовно бил посетуван.
- Луѓето го обожавале театарот, каде што, покрај претставите, имало и гладијаторски борби. Се претпоставува дека во Стоби, покрај актери, во еден период живееле и гладијатори - подвлекува Павлоски.
Археолозите што го истражувале локалитетот во изминатите сто години откриле десетици илјади предмети. Голем дел од нив се во Народниот музеј во Белград и во Музејот на Македонија, додека оние од последните истражувања се во Стоби.
Проектот на НУ „Стоби“ за конзервација, реставрација и реконструкција на театарот во Стоби е финансиран од Министерството за култура.


Ископувањата во Храмот на Изида во септември

Другите проекти, финансирани од годишната програма на Министерството за култура, ќе бидат реализирани во следните месеци. Двата проекта за конзервација на метални предмети и стаклени садови ќе почнат во текот на август, додека ископувањата во делот на Храмот на Изида ќе се одвиваат во текот на септември.
Последниот проект за 2014 година предвидува враќање на мозаикот од централниот брод на Старата епископска базилика. Подготовките за реализација на проектот ќе почнат на 15 август.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8814954284&id=16&setIzdanie=23244


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2014 at 17:47




mia.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Aug-2014 at 19:27
ова со песоков врз мозаиците е некаков вид на заштита?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Aug-2014 at 20:02
Originally posted by zabegan

ова со песоков врз мозаиците е некаков вид на заштита?



Да, обично зимно време кога има ниски температури.


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Aug-2014 at 16:05














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Aug-2014 at 16:07














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Aug-2014 at 16:09














-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Aug-2014 at 15:51


Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Dec-2014 at 13:51
Велелепниот, единствен и преубав мозаик во Стоби. Епископската базилика е најзначајниот христијански објект во Стоби, изградена во првата половина или средината на IV век, што ја прави најстара црква во Македонија. Деновие заврши реставрацијата на најголемиот поден мозаик, стар 17 века, и тој е достапен до јавноста. Според наодот на монета од 569 – 70 година под срушените ѕидови на црквата, можеме да констатираме дека базиликата го доживеала својот крај некаде после овие години.



Со една добра промоција и една сибмолична сума за влезница, Стоби може да чепне добар дел од туристите што го поминуваат Е-75 секоја година.


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Dec-2014 at 19:19
Previous
овој мозаик јас прв пат го гледам и малце се срамам од тоа


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2015 at 18:05
https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072073?p=0">
КОЛОННАДА

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072074?p=0">
МЕСТА В ПАРТЕРЕ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072075?p=0">
КОНТУР

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072076?p=0">
ПОСТАМЕНТ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072077?p=0">
ОСКОЛКИ БЫЛОЙ РОСКОШИ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072078?p=0">
ГОРОД

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2015 at 18:05
https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072079?p=0">
ПОДСКАЗКА

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072080?p=0">
РИМСКИЙ КОНСТРУКТОР

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072081?p=0">
ИСТОРИЯ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072082?p=0">
В БАНЕ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072083?p=0">
СТОБИ


-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jan-2015 at 14:08
Реставрација и реконструкција на театарот во Стоби



Заврши втората фаза од проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на источната половина од гледалиштето на римскиот театар на локалитетот Стоби, кај Градско.
Реконструкцијата на сводовите е изведена со употреба на автентични материјали, како што е локалниот песочник откриен при истражувањата, и нов малтер врз база на вар. Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18-те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година.

- Паралелно со конзервацијата се одвиваа и археолошки ископувања со што беа добиени значајни податоци за изградбата на објектот, за неговото функционирање во текот на 1 и 3 век, како и за подоцнежното користење на просторот откако театарот не бил во употреба. Театарот престанал да функционира кон крајот на 4 век, по што започнало користењето на неговите ѕидови и коридори во рамките на новите доцноантички градби кои биле подигнати на овој простор, се вели во соопштението од Министерството за култура.



Театарот во Стоби започнал да се гради кон крајот на 1 век од н.е., но бил целосно завршен во првата половина на 2 век од н.е. Поради дијаметарот од близу 90 метри, капацитетот за 7.600 гледачи и високиот степен на зачуваност, објектот се вбројува во редот на најзначајните и секако, најграндиозните споменици на римската архитектура на територијата на некогашната провинција Македонија.

Проектот за конзервација на театарот беше финансиран преку Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура.

http://www.porta3.mk/restavracija-i-rekonstrukcija-na-teatarot-vo-stobi/ - http://www.porta3.mk/restavracija-i-rekonstrukcija-na-teatarot-vo-stobi/


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Feb-2015 at 23:07
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Најголемиот мозаик во државата е вратен на своето место во Епископската базилика во Стоби
Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска оствари работна посета на археолошкиот локалитет Стоби, Градско, каде што во изминатиот период се реализираа неколку значајни активности од областа на заштитата на културното наследство, меѓу кои и проектот за конзервација и реставрација на мозаикот што го красел подот на најстарата ранохристијанска црква во Република Македонија - Епископската базилика во Стоби.



Реставрираниот мозаик поставен на своето место во старата Епископска базилика на археолошкиот локалитет Стоби денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска. Мозаикот се простира на површина од 150 квадратни метри, генерално со геометриски флорална декорација, која е типична за тоа време, 4 век. Неговата конзервација почнала во 1991 година од страна на Националниот конзерваторски центар, а археолозите од НУ „Стоби“ ја почнале доработката во 2012 година и сега е поставен во целиот свој сјај и раскош.

Министерката за култура појасни дека мозаикот е вратен на челична подлога, што е прво вакво решение за изолација од влага и надворешни влијанија во Македонија, но и пошироко.

„Под челичната подлога се гледаат и остатоците од археологијата во овој дел, кој е единствен крупен мозаичен зафат што долго време се работеше и по 20 години е вратен на старото место каде што постоел во Епископската базилика, една од најстарите ранохристијански базилики која датира од доцниот 4 век, и ќе биде достапен за јавноста“ истакна Канческа-Милевска.


Елизабета Канческа-Милевска и Силвана Блажевска на работна средба во археолошкиот локалитет Стоби.
Директорката на Националната установа „Стоби“, Силвана Блажевска, потенцираше дека од формирањето на Установата во 2008 година, покрај истражувањата, големо внимание посветуваат и на заштитата, конзервацијата и презентацијата на мозаиците, но и на другото движно и недвижно културно наследство.

„Стоби располага со површина од 1.600 метри квадратни во различни градби, додека Епископската базилика претставува голем и комплексен проект и посебно ми е драго што по 20 години успеавме да го вратиме мозаикот на неговото место, бидејќи ретко кој успеал да го види пред да биде изваден“, објасни Блажевска.



Мозаикот бил изваден од оригиналната местоположба уште во далечната 1991 година и сè до денес не беше достапен за научната јавност и за посетителите на Стоби. Проектот за неговата финална конзервација, реставрација и презентација започна да се реализира во 2012 година, кога беше археолошки истражена целата површината под мозаикот во базиликата, а продолжи во 2013 година, кога извадените мозаички фрагменти беа поставени на нови носачи изработени од алуминиумско саќе.

Сите мозаички фрагменти, кои што зафаќаат вкупна површина од 150м2, беа детално обработени по што истите беа подготвени за враќање на оригиналната местоположба во базиликата. За таа цел, за прв пат во историјата на конзервацијата и in situ (таму каде што е најден) презентацијата на мозаици, беше изградена слободно стоечка челична конструкција која што ја има улогата на нов носач на мозаикот. Челичната платформа беше изградена со цел да се спречат деструктивните влијанија на атмосферските и на капиларните води врз мозаикот, а воедно и за да не се нарушат постарите архитектонски структури кои што беа откриени под нивото на мозаикот. На овој начин беше обезбедена и целосна реверзибилност на конзерваторско-реставраторските процеси.

По враќањето на мозаичките фрагменти на оригиналната местоположба беше извршено финално спојување и ретуширање на фрагментите со цел да се долови автентичниот изглед на мозаикот. Тоа е последниот процес кој беше изведен во 2014 година, со што, речиси комплетно е завршена конзервацијата, реставрацијата и финалната презентација на најголемиот мозаик кој е откриен на територијата на Република Македонија.



Реализацијата на проектот се одвиваше под раководство на Драган Верговски Алпи од Националниот конзерваторски центар и Мишко Тутковски како координатор од НУ „Стоби“, појасни Силвана Блажевска.

Со враќањето на мозаикот, смета министерката, ќе се зголеми и посетеноста на локалитетот Стоби, каде што во 2014 се регистрирани над 14.000 посетители.

„Од исклучително значење за овој простор се и фреските кои се целосно конзервирани и очекуваме за брзо време да бидат вратени на старото место. Се планира за овој простор да се направи проект за покривна конструкција. Со директорката и со стручните лица разговаравме за изработка на проектно решение и почнување изработка на проект со цел да се направи нова покривна конструкција и потоа да се вратат конзервираните фрески на местото каде што постоеле. Мислам дека овој простор навистина ќе има една специфична, автентична убавина со фреските и ќе даде можност за што поголем број посетители“, изјави Канческа–Милевска по посетата на локалитетот.

Таа информираше дека согласно Годишната програма на Министерството, е предвидено во нартексот на епископската базилика да биде конзервиран мозаикот и да биде вратен со што целиот комплекс ќе биде завршен.


Во врска со конзервацијата на Античкиот театар, министерката Канческа-Милевска истакна дека целосно е завршена конзервацијата на источниот дел од гледалиштето и следува фазата за објавување тендер за избор на фирма која ќе ги постави мермерните плочи.

„Извршено е истражување на централниот коридор. Се планира да почне истражувањето и на горниот дел од гледалиштето, а ќе направиме и динамика во врска со конзервацијата на другиот дел од гледалиштето каде што има мермерни плочи, кои поради долгото траење ќе треба да се извадат, да се конзервираат и повторно да се вратат. Имаме одредена динамика што ќе ја следиме во наредниот период со цел театарот да се стави во целосна функција“, нагласи министерката Канческа-Милевска.

Во Годишната програма на Националната установа „Стоби“ влезено е и уредување на музејската поставка, односно ќе се уредува објектот „Стара железничка станица“, што се наоѓа од другата страна на локалитетот.

„Објектот ќе има мултифункционална примена. Ќе има музејска поставка, повеќефункционална сала за семинари и слично. Лапидариумот во надворешниот дел ќе биде уреден, а е предвидено да заврши оваа година. Во буџетот има обезбедено средства. Институцијата треба веднаш да почне со распишување тендери за изработка на проекти со цел ’Старата железничка станица‘ да се претвори во една прекрасна музејска поставка. Предвидена е изградба и на кафетерија за посетителите, што ќе даде поголема можност да имаат простор да седнат и да одморат од прошетката“, додаде Канческа-Милевска.


http://grid.mk/read/news/509756990/9681719/najgolemiot-mozaik-vo-drzhavata-e-vraten-na-svoeto-mesto-vo-episkopskata-bazilika-vo-stobi - http://grid.mk/read/news/509756990/9681719/najgolemiot-mozaik-vo-drzhavata-e-vraten-na-svoeto-mesto-vo-episkopskata-bazilika-vo-stobi

и

http://grid.mk/read/news/509756990/9681938/stobi-po-20-godini-restavriran-najgolemiot-mozaik-vo-makedonija - http://grid.mk/read/news/509756990/9681938/stobi-po-20-godini-restavriran-najgolemiot-mozaik-vo-makedonija



Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Feb-2015 at 12:23
gjoko тргај го агрегатот кога го поставуваш линкот.



Print Page | Close Window