Print Page | Close Window

Археологија

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=163
Printed Date: 18-May-2024 at 01:03


Topic: Археологија
Posted By: GreatMakedon
Subject: Археологија
Date Posted: 21-Jan-2008 at 10:58
http://www.balkanalysis.com/2008/01/20/promising-projects-for-macedonian-archaeology-in-2008/

citajte pa komentirajte Thumbs%20Up



Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jan-2008 at 14:34
Ова навистина ме радува Banana



Во 2008 се надевам на уште по спектакуларни наоди што би помогнале да се промовираме И ќе ни даде некакви материјални докази што би ги искористиле како аргументи во битката за уставното име.




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 14:38


мислам дека битката за уставното име нема врска со археолошки наоди, тоа е чисто политички проблем и како таков треба да го третираме. Сепак ова не е тема за тука па не би навлегувал во детали... Си има нишка за ова доколку некој е расположен за таква дискусија.


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jan-2008 at 21:02
Previous Имаш право. Поентата ми беше- наоди кои ќе се од витално значење за нашата историја и национален идентитет, а проблемот со уставното име е само фарса. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 22-Jan-2008 at 00:04
Imase artikl za Chris deliso vo vest mislam.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 22-Jan-2008 at 11:04
Pasko Kuzman e vo Arheologijata ona sto Nikola Gruevski e vo Politikata- Uspesno otkritie e samiot po sebe, bravos!Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2008 at 16:28


Само уште да не си го пикаше носот во архитектура... Roll%20eyes


Паско, Вангел и Жан - Трио фантастико Nuts
Као да се решени да ни го усерат градов Bash


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 23-Jan-2008 at 10:28
mislam deka preteruvate so vasite konstatacii vo vrska so idniot izgled na parlamentot.. samite znaete deka na render izgleda totatlno razlicno od ona sto moze da izgleda nestoto koga ke se izgradi.


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2008 at 11:50
Originally posted by GreatMakedon

mislam deka preteruvate so vasite konstatacii vo vrska so idniot izgled na parlamentot.. samite znaete deka na render izgleda totatlno razlicno od ona sto moze da izgleda nestoto koga ke se izgradi.


во случајов рендерот е комплетно ирелевантен независно што сам по себе е одвратен. Далеку поодвартна е политичката одлука да се градат куполи како и самата позадина на целиот проект.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Jan-2008 at 14:12

Со сета почит кон ПАско Кузман и премиерот, и мене проектов воопшто не ми се допаѓа. Не дека самиот парлемент е некоја незнам си колку архитектонски или историски важна зграда, колку од фактот дека на мала врата се протуркуваат некои крајно кич решенија, само затоа што можеби се популистички кај членовите на владејачката партија. ПА заерм треба сега сите одеднаш како овци да климаме со глава дека ни се допаѓа идејата само затоа што е подржана од премиерот или Паско??? Мене ми е во најмала рака одвратна идејата со куполите.



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2008 at 12:28


ДОНАЦИЈА ОД ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА
Со 130. 000 евра Скупи се чисти и се заградува
Со 130.000 евра Скупи до април треба да се исчисти, да се огради и осветли, да се направат патеки, со што посетителите ќе можат да го посетат локалитетот на кој имало континуиран живот 3000 години, од бронзеното време до 10 век
Деновиве на локалитетот Скупи започна проектот за обележување на овој значаен археолошки простор до Скопје, со донација од италијанската Влада. Италија за оваа фаза на работа на Скупи оддели 130.000 евра. Со проектот ќе бидат зафатени 5 хектари од локалитетот, што е околу 50.000 квадратни метра.
"Парите се наменети за физичко расчистување на локалитетот од отпадот и сметот што е се останати од поранешната фирма за отпад МИГ. Потоа локалитетот ќе се огради со современа, безбедна ограда, во должина од 1.300 метри. Ќе биде поставено и осветление по периметарот, по обиколницата на локалитетот, а на крај ќе се направат и пешачки патеки и хортикултурно ќе се уреди просторот", ни рече раководителката на проектот археологот Ленче Јовановска од Музејот на Скопје.
Во оваа фаза, со која само се обележува просторот, се заштитува и се уредува за да може да се стави на мапата на културно-туристичките локалитети, ќе се постават и информативни табли за објектите кои делумно се истражени, како театарот или базиликата. Оваа фаза треба да заврши во април.
Скупи е еден од позначајните археолошки локалитети на Балканот, но во изминативе 50 години во него се инвестирале минимални средства, и тоа со големи временски паузи.
Како што е најавено од Управата за заштита на културното наследство, оваа година Скупи е влезено во капиталните инвестиции на Владата, со што се очекуваат сериозни археолошко-истражувачки работи на локалитетот каде што, според досегашните скромни наоди, имало континуиран живот од бронзеното време, преку железното, потоа ренесансата во римскиот период, па се до 10 век, што значи 3000 години. (М. За.)



Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146606&idg=8&idb=2283&rubrika=Kultura - Вест


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 29-Jan-2008 at 09:18
e pa redno bese..


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Apr-2008 at 23:26
Не знам за вас, ама добри вести од археологијата особено ме радуваат. Ова е многу интересно, и би сакал да знам колкавое  и кое му е значењето.


Во Зрзе откриен монашки комплекс од 9 век

За откриениот комплекс постојат индиции дека кореспондира со Климентовото монаштво на Плаошник

Моника Талеска

Во прилепскиот манастир „Свето Преображение“ во Зрзе, е откриен богат монашки комплекс кој датира од 12 век или два века порано од досегашните научни наоди. Во пештерата од бигорната карпа под сегашната манастирска црква, откриена е пештерска црква која најрано е датирана во 12 век. До црквата имало трпезарија, работилница за монасите, а констатирани се и 11 целини со 30 испоснички ќелии на четири ката. Секоја ќелија ја користел еден монах. Екипата археолози и конзерватори невестува дека при натамошните истражувања ќе се откријат уште десеттина други испоснички ќелии.

Ова неверојатно откриетие, велат стручњаците, го ситуира манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во нов научен, културен и религиски контекст, зашто постојат индиции дека има културни слоеви од 9 век. „Иако ова е прва фаза од истражувањата, не е прехрабро ако се каже дека овој монашки комплекс по својот обем и материјални појави кореспондира во религиска смисла со климентовиот комплекс во Охрид. Значи, една врска во религиозната историја, визави културната, визави политичката историја“, вели Бранислав Ристески, координатор на проектот.

Според Владиката Климент, резултатите од овие истражувања се потврда на верувањата на монашкото братство кое една декада живее во манастирот во Зрзе. „Има цврсти претпоставки дека со натамошните истражувања временската хронологија и датирање ќе стигне до 9 век и овој монашки комплекс ќе го изедначи со обновувањето на климентовото монаштво на Плаошник, кое е еден век постаро од Светогорското монаштво. Првата фаза од археолошките истражувања е повеќе од успешна, бидејќи монашката населба која досега беше бледо и патем споменувана во 14 век, веќе сигурно е поместена во 12 век“, изјави Владиката Климент.

На горното плато од денешниот манастир е откриена доцна античка населба од 4 век. Особено значаен сегмент од оваа акропола е ранохристијанската базилика која почетно датира од 5 и 6 век, а е лоцирана на издвоено плато на север од денешниот манастир. „На платото над бигорната карпа на простор од 4 до 6 хектари откриени се контурите на акрополата. Оваа населба не била дефанзивна. Имала повеќе управно-политички карактер. Оградена е со бедем со широчина до 1,40 метри, но до крај не е дефинирана. Дел од фазите треба да се истражат. Во секој случај, остатоците од бедемот се видливи на влезот на манастирот, па со досегашните сондажни истражувања јасно е издвоена доцната античка фаза“, вели координаторот Ристески.

Откриени се и многу површински објекти, низа материјали, движни наоди, садова керамика, стаклени садови, метални орудија...

Инаку, овој проект ќе биде финансиран од Министерството за култура со 560 илјади денари.




http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B8EC550744D88A4B98F7538476388AB8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B8EC550744D88A4B98F7538476388AB8 4


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Apr-2008 at 23:30
Стварно ме чуди како дури сега го откриле. Мене ми се виде како тоа да не било под земја. Како до сега не го видел некој?!


Posted By: dejan
Date Posted: 24-Apr-2008 at 11:59
Баш чудно! 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2008 at 23:15
Го отворам топико, зашто не гледам каде на друго места да ја сметам веста, а и онака во иднина се надевам ќе следат уште вести за овој локалитет. Може би не одговара на фото/видео, ама одговара на културно наследство.

ЕПОХАЛНО ОТКРИТИЕ ВО СВЕТИНИКОЛСКО

Откриена Билазора - најзначајниот пајонски град

Во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја обновил фортификациската мрежа на Билазора,а во168 година пр.н.е. македонскиот крал Персеј, во фаза на подготовки за последната борба со Рим, успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во нејзина близина


На локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на
Свети Николе стручњаци откриле капитален објект - влезната
порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора

Група музејски и научни работници од земјава и од странство деновиве на локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе откриле капитален археолошки објект - влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора. Стручниот тим, Бобан Хусеновски - раководител на археолошките истражувања, Вилијам Хајдингер и Јула Метју од Фондацијата за археолошки и историски истражувања од Хјустон (Тексас, САД), консултантите д-р Ѕвонимир Николовски и археологот Стефан Данев, во организација на Народниот музеј од Свети Николе и директорот Александар Данев, на почетокот на јуни годинава почнаа со систематски истражувања на античка Билазора.

- Во последните денови од истражувањето од квадратите од кои најмалку очекувавме според видливите површински показатели, останавме изненадени од откритието. Обичниот квадрат М13, на кој неколкупати атакувавме и го напуштавме до длабочина од околу два метра ни го откри првиот камен блок од прагот на внатрешната порта на акрополата. Веднаш го препознавме класичниот опус и мајсторската обработка на камениот блок, кој го заземаше централното место на прагот на портата во кој бил издлабен за пропуст на атмосферски води, ни изјави раководителот на истражувањата Бобан Хусеновски. Навистина имавме среќа уште во текот на првата година од систематското истражување да ја откриеме внатрешната порта на акрополата. Регистрираниот бедем од делкани масивни варовнички блокови, дел од северната хортификациска линија на акрополата, беше повеќе од доволно да го потврдиме, а сега и да го објавиме откривањето на најзначајниот пајонски град - античка Билазора, изјави Хусеновски.

Веднаш потоа бил откриен главниот влез поврзан со внатрешната порта преку конкавна камена рампа долга 14 метри. Истражувањата оваа година почнаа од портите на Билазора и продолжија во нејзината непосредна околина, односно во правец на главната улица, која навлегува во внатрешниот простор на акрополата. Потоа претстои откривање на организацијата и урбанизацијата на нејзиниот простор. Во градежните остатоци, нивната масивност и во мајсторската обработка се препознава моќта и статусот на градот, односно богатството и авторитетот на нивните нарачатели - повлекува раководителот на истражувањето. Пронајден е значаен фонд движни наоди, во најголем дел керамички садови, кои може прелиминарно да се датираат во распон од 6 до 3 век п.н.е., додека градежните остатоци бедемот и градежните делови на портите кон крајот на 5 до 4 век п.н.е. Според археолозите, во детаљната анализа на движниот материјал можни се минимални осцилации во хронолошката рамка на наодите од акрополата. Тие велат дека откриениот дел од комуникациската мрежа на акрополата, која поврзувала значајни јавни објекти, ќе овозможи расветлување на историската улога и карактерот на Билазора. Откриените археолошки наоди треба да се поврзат со плодниот период на пајонската историја, најверојатно во контекст на некој од најзначајните кралеви Ликеј, Патрај или Авдолеон.

Локалитетот Градиште кај селото Кнежје е лоциран во самото средиште на Овчеполието на површина поголема од 20 хектари. Географската доминација во однос на околното опкружување му наметнува улога на комуникациски репер и раскрсница на патните правци од север кон југ и од исток кон запад, односно на еквидистанца помеѓу границите на тогашна Дарданија, Тракија и Македонија. Античка Билазора најголемиот и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната од Дарданците. Според стручњаците, два значајни датума во историјата на античка Македонија се поврзуваат со градот Билазора, 217 година п.н.е. кога македонскиот крај Филип Петти ја обновил нејзината фортификациска мрежа и 168 година п.н.е. кога македонскиот крал Персеј во фаза на подготовки за последната борба со Рим успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во близина на Билазора. Пред 32 години професор д-р Иван Микулчиќ има објавено предлог-теза за местоположбата на античка Билазора на локалитетот Градиште во околината на Свети Николе. Дотогаш според некои истражувачи Кацаров и Папазогулу таа требало да се идентификува со локалитетот на Велешкото кале. Со оглед на значењето на овој капителен објект археолозите апелираат за поголемо внимание и конкретен ангажман на Министерството за култура и на општината Свети Николе заради квалитетно зголемување на ресурсите на културниот туризам во земјава. Од археолошкиот тим тврдат дека најпознатиот пајонски град е целосно зачуван под дебелиот слој земја и нуди ретка можност за запознавање и проучување на неговите вредности, како дел од недоволно истражената култура и историја на Пајонија, која на моменти претставувала дел од историската реалност на античка Македонија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=950DA979017E6348B6DCC08D648C3964




Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Sep-2008 at 12:09

Се повеќе се потврдуваат тезите дека кај локалитетот Бонче можно е да се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина, градот Пелагонија. Со најновите годинешни открија, под раководство на професорот Виктор Лилчиќ, целосно е откриена гробницата која е единствена од ваков тип на Балканот.

Слична има само во Пела во Грција.

„Според начинот на градење и според монументалноста на самата гробница може да претпоставиме дека во оваа гробница е погребан некој пелагониски крал, за жал за кого не знаеме се уште кој е“, изјави д-р Антонио Јакимоски, раководител на Археолошките ископувања.

Оваа гробница потекнува од четвртиот век п.н.е. кога и постоело Кралството на Пелагонците. Се претпоставува дека е ограбена уште во антиката.

„Ова е единствената гробница во Македонија и пошироко и меѓу ретките објекти од четвртиот век п.н.е.“, вели Јакимоски.

Гробницата се наоѓа веднаш под врвот Висока каде се претпоставува дека се наоѓал градот. Откривањето на градот Пелагонија на овие простори би било од огромно значење за Македонија затоа што другите три старо антички престолнини Пела, Амфиполис и Тесалоника се наоѓаат на територија на денешна Грција.

За жал, оваа година државата не оддели средства за да се истражува и на врвот Висока. По овој град археолозите трагаат повеќе од 150 години.

Тука пред две години беа откриени и три штитови со Сонцето од Вергина на кралот Деметриј. Кога ќе се реставрираат, за прв во светот ќе се добие како изгледал штитот на Македонската фаланга.

[tube]DT7C3HB3y9Y[/tube]

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97982



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 18:13

Заврши првата фаза од реконструкцијата на Цареви Кули

Со 440 илјади евра целосно е реконструирано западното бедемско крило

СТРУМИЦА - Со европски пари од програмата за прекугранична соработка наменета за Македонија и за Бугарија, локалната самоуправа ги спои минатото и иднината на Струмица. Со 440 илјади евра целосно е реконструирано западното бедемско крило, а се завршени и археолошките истражувања за оваа година на Цареви Кули, локалитет што датира од бронзеното време. Со пробивањето и асфалтирањето на патот до овој локалитет се создадени сите услови за слободен пристап на туристите до некогаш неосвоивите тврдини.Истовремено со првата фаза на Цареви Кули заврши и реконструкцијата на Самуиловата тврдина кај Петрич, Бугарија. (Е.П.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=147AA86398E56A4A948BC0B8FCB62019




Posted By: beTon
Date Posted: 08-Nov-2008 at 06:36

поводот за овој пост е “award for the best scientific study of a young researcher in Europe“  која ја доби младиот археолог Гоце Наумов. наградава е од минатата година но дефинитивно заслужува внимание, ова кажува дека археологијата во МКД е на добри нозе, посебно истражувањето на праисториските периоди кои се повеќе се специјализираат, што е за поздрав бидејќи досега освен археологот Милош Билбија на ова поле ретко кој бил меѓународно гласно и позитивно извикан.

http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=22449&rub=42 - НЕОЛИТСКАТА ОРНАМЕНТИКА Е МЕНТАЛНА КАРТA - Утрински - 14/12.2007  http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=22449&rub=42 -  

 - Младиот археолог Гоце Наумов чија што преокупација е неолитската орнаментика, на последната конференција на Европската асоцијација на археолози ја доби наградата за најдобар научен труд на млад истражувач во Европа за годинава. Важи за еден од малобројните млади истражувачи кои на меѓународно ниво ги презентираат сознанијата од неолитот во Македонија, а во оваа прилика презентира низа интересни аспекти од својата работа.

Кои се вашите досегашни чекори во истражувањето на неолитот и каде досега ги презентиравте сознанијата?

- Уште за време на редовните студии учествував на ископувањата вршени на неолитските населби и во следните пет години, работев со македонски, француски и словенечки тимови од кои научив навистина многу. Забележав дека артефактите кои ги пронаоѓаме, но и оние кои веќе беа публикувани, нудат многу повеќе податоци од она што на некое елементарно ниво се детектира и полемизира во текот на ископувањата, така што уште за време на подготовката на дипломскиот труд решив да се посветам на одредени научни проблеми кои нудеа мноштво информации за карактерот на некои специфични неолитски концепти.

Во последнава година и пол, започнав да ги презентирам резултатите од моите истражувања на конференции во Љубљана, Манчестер, Задар, Кембриџ, Карловац, Виена, Ниш, Архус итн. со цел да го прикажам она што е специфично за неолитот во Македонија и Балканот, но и да го проверам својот научен пристап и методологијата пред истакнати археолози и професори од разни делови од светот. Учејќи од сопственото искуство, од моите професори, но и од истражувачите со кои се среќавав и соработував на, и по конференциите, произлегоа неколку мои научни трудови кои се публикуваа во списанија и книги во Скопје, Љубљана, Лондон и Оксфорд.

На тој начин постепено влегов во она што денес се нарекува постпроцесуална археологија и етноархеологија, така што како резултат на издржаната научна методологија успеав да добијам мал грант од The Preistoric Societs од Лондон кој ми овозможи, изминативе пролет и лето да поминам низ скоро сите музеи во Македонија, да го документирам детално материјалот кој ми беше неопходен за анализа и да го вклучам во моите истражувања. Истражувањата резултираа со научен труд кој го презентирав на последната конференција на Европската асоцијација на археолози и имав чест да добијам награда за најдобар научен труд на млад истражувач во Европа за оваа година. Истражувањето и соработката со музеите покажа дека ова е еден од начините најдоследно да се презентира македонскиот неолит, но и нашата археологија, а притоа да биде еднакво вреднувана како и археологијата од останатите делови на Европа и школите кои нејзе ја проучуваат.

Колку неолитската орнаментика во Македонија е возбудлива за истражување, од кои се аспекти ја набљудувате и до какви податоци досега дојдовте?

- Неолитската орнаментика навистина претставува ментална карта за популациите кои живееле на Балканскиот Полуостров од средината на седмиот до петтиот милениум пред новата ера. Таа ни дава извонредни податоци за начинот на визуелната перцепција и когнитивните капацитети на тогашните жители. Преку неа се забележува во кој домен е концентрирана организацијата на еден микро простор (сад, фигурина, печат, жртвеник итн.) и како преку неа се манифестираат суштествените аспекти на одредена култура. Во тој контекст најпогодни за анализа се неолитските сликани садови, и тоа особено оние кои ни се најдостапни т.е оние кои имаме можност да ги пронајдеме во неолитските населби од Македонија. На нив се присутни сликани мотиви кои во различни комбинации, пермутации и ротации создаваат комплексни композиции кои функционираат како визуелна целина.
Најмногу возбудува фактот што оваа декорација т.е. орнаментика на сликаните садови имала своја функција во повеќе релации. Значи не бил застапен само декоративно-естетскиот аспект, туку со него паралелно биле вклучени и симболичкиот карактер на орнаментите и садот, но и елементите на истакнувањето на идентитетот на одредена популација. Имено, во раниот неолит во некои микро региони во Македонија се користат специфични орнаменти со бела боја кои се разликуваат во зависност од регионот. Но во средниот неолит, настануваат промени во регионите од северо-источна Македонија и нејзиниот централен дел, со што настапува унифицирање на орнаментиката која се разликува од онаа „традиционалната“ во Пелагонија. Но иако овие региони развиваат автентични орнаментални идентитети, сепак тие комуницираат во домен на религискиот концепт и изработката на фигуративната скулптура. Тогаш, во средниот неолит, во скоро сите региони на Македонија се изработуваат слични керамички претстави на жени – куќи (т.н. Големи Мајки). Ова секако не води кон некои универзални предлошки кои ни покажуваат и објаснуваат на кој начин се формирала неолитската мисла и во кои релации таа се манифестира врз неолитската материјална култура.

Низ кои се сегменти го разгледувате развојот на неолитската мисла?

- Неолитска мисла е термин кој објаснува повеќе комплексни аспекти од неолитската религија и обреди, но и елементите на когнитивната перцепција на светот и околината во која живееле неолитските луѓе. Сите овие аспекти се базирале на едно расчленето концептуално јадро кое потоа се манифестирало и во домен на керамичката продукција и тоа на ниво на садови, фигурини, печати, обредни конструкции, но и погребувањата.

Овие предмети биле вклучени во обредни, но и секојдневни активности кои имале за цел да ја обезбедат егзистенцијата на населението, но и да ја стимулираат и дефинираат потребата за логично-последичкото објаснување на светот. Имам ретка и прекрасна прилика да бидам дел од една извонредна и креативна семиотичка лабораторија водена од професорот Никос Чаусидис, која има за цел да ги дефинира овие архаични, антропоцентрични претстави за светот и сето она што влегува во доменот на човековото обредно однесување. Токму со професорот и Орхидеја Зорова, успеавме да востановиме дека овие елементи на неолитска мисла или подобро речено архаична мисла, со одредени варијации функционираат и егзистираат во различни периоди од предисторијата, историјата и современите обреди во Македонија. Нашите истражувања покажаа дека во одреден домен постои архетип на когнитивно перципирање и визуелно-семантичко изразување кое независно може да се појави меѓу разни популации, во различни региони, но и во различни периоди. Тоа објаснува зошто во разни делови од светот, во сличен социо-еколошки контекст, но во различно доба, луѓето имаат сличен пристап во симболичкото манифестирање на идеите.

Колку е познат неолитот откриван на територијата на земјава надвор од нејзините граници и што е она што странските археолози но и другите заинтересирани профили на истражувачи, го бараат во контекст на откривање на тајните на светот?

- Во изминативе месеци со археологот Милош Билбија и тим од млади истражувачи го досредуваме, документираме и дефинираме она што се ископуваше на неолитската населба во Говрлево. Овој локалитет ни отвори многу од неговите „тајни“ и ни посочи во кои правци се развивала и реализирала неолитската мисла, со што пополека успеваме подлабоко да навлеземе во практичниот и симболичкиот свет на неолитските луѓе од оваа населба. Скоро сите членови од овој истражувачки тим на специфичен начин го проучуваа и презентираа овој локалитет и неолитот во Македонија, што секако предизвика интерес за соработка кај некои научници од земјата и надвор од неа, но и покажа дека доколку македонскиот неолит, методолошки и научно цврсто се постави, тогаш она што е на неговата површина и секако внатре во неговата суштина, може да биде достапно и сознатливо за секој кој умее дисциплинирано да истражува. Археолошките траги т.е. артефактите се само неколку сантиметри во земјата под нашите нозе, меѓутоа „тајните“ се многу подлабоко вкопани во идеите за артефактите кои ги ископуваме. Само оние што сакаат да видат ќе можат да го разберат скриеното и да забележат колку од нив има во скриеното и колку од скриеното има во нив. Македонскиот неолит е отворен за сите, но само од нас зависи дали во неолитот ќе гледаме низ нашите и очите на другите, или пак низ она што ни го покажуваат неолитските артефакти.

http://193.2.104.55/seminars/a14.html#naumov - Imprints of the Neolithic Mind: The decoration and function of the stamp seals from The Republic of Macedonia



Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Dec-2008 at 23:59

ЗА ПРВПАТ ИЗРАБОТЕН ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МАКЕДОНСКИ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ


Кокино конечно згрижен по УНЕСКО стандарди


Древната опсерваторија Кокино, која датира од 2000 години пред наша ера, конечно е згрижена по УНЕСКО стандарди. Музејот на Куманово и Управата за заштита на културното наследство, вчера го промовираа Планот за управување со културниот предел Кокино, прв и единствен документ од ваков вид во земјава, чија изработка воедно беше и еден од условите за пријавување на Кокино за листата на УНЕСКО за светско богатство.

-Целта на овој план е заштита на културниот предел Кокино, но истовремено и да се дадат информации за негови вредности не само на домашната туку и странската јавност. Воедно и да се изнајдат начини, економскиот и културниот придонес од ова добро да се искористи за општествен и економски развој на локалната заедница. Изработката на Планот за управување со Кокино, кој се однесува на наредните 10 години, е само чекор напред во негово придвижување кон барањата на УНЕСКО за номинирање на листата на светско наследство во 2009 г., потенцира Зоран Павлов, претседател на МНК ИКОМОС. Тој додададе дека изработката на овој документ чија реализација ќе биде под мониторинг на државата, е всушност обврската која ја имаат сите држави членки на комитетот за Светско наследство.

За универзалната вредност на Кокино зборува и податокот што Американската вселенска агенција НАСА во 2005 година ја рангираше мегалитската опсерваторија Кокино на четврто место на листата на стари опсерватории во светот.

Според Јовица Станковски, директор на Народниот музеј Куманово, приказната за Кокино започна 2001 година кога е откриен при археолошките истражувања од страна на оваа институција. Истражувањата на овој карпест предел открија дека Кокино не бил само древна опсерваторија каде заедницата која живеела во рано бронзено и во железното време го набљудувале движењето на Сонцето и Месечината и го пресметувала времето, туку и света планина, светилиште.

Даниела ТРАЈКОВСКА


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=189C51766B734C44836142C7B4C5A2D8



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2008 at 23:57
Македонија има што да покаже пред очите на светот


Во текот на 2009 година целосно ќе бидат истражени локалитетите Марвинци, Хераклеја и Скопското кале, а во период од три години и Стоби.
Оваа археолошка офанзива ја најави вчера Паско Кузман, на отворањето на "Археолошка изложба", во Музеј на Македонија.

Сега, на едно место, може да се видат капиталните дела како Дедал или "Човекот со крила" од Плаошник, статуата на божицата Венера ископана кај Скупи, и многу други пронајдоци од сите активни археолошки локалитети во Македонија.

Изложбата за отворена ја прогласи премиерот Никола Груевски.
- Сведоци сме на огромното богатство кое говори за илјадници години старата цивилизација на овие простори. Нашата археологија потврди дека Македонија има што да покаже пред очите на светот, рече Груевски, додавајќи дека со резултатите од овие истражувања се отсликуваат составните делови на идентитетот на македонскиот народ, и другите етнички заедници во Македонија.

- За нас овие артефакти имаат непроценлива вредност бидејќи даваат белег на македонската култура и идентитет. Секој изложен експонат го открива духот на нашето минато, но најмногу говори за историјата, длабоката традиција и спецификите на овие простори, рече Груевски, нагласувајќи дека преку збогатените витрини на македонските музеи, Македонија ќе има и поголеми можности да се презентира пред светот и да се промовира како нова и атрактивна туристичка дестинација.

На изложбата се презентирани откриените материјали на локалитетите Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелена, некрополите на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, Виничко Кале, Исарот - Штип, Баргала, кастелот кај Кожле и Тетовското Кале.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4BFDF54A04669D449A8956C662FA2211


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2008 at 09:53
Значењето на овој артефакт е објаснет во овој http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=25966#25966 - пост .

Откриени праисториски артефакти

Капак од глинен сад со траги од старомакедонско писмо, стар 4000 години и дел од карпа со испишани знаци, стара 32.000 години, беа презентирани на вчерашната прес-конференција во Штип што ја одржаа претставници на Светската академија за карпеста уметност (САКУ).

- Глинениот капак е откриен неодамна во централна Македонија. Тоа е исклучително вреден артефакт изработен кон крајот на бронзеното време, на кој е испишано првобитното, најстарото име на божицата на огништето Веста, односно Бсефа, како што било нејзиното првобитно име. Артефактот е прв од ваков вид во светски рамки, која ја содржи најстарата писмена трага на старомакедонското писмо - рече Душко Алексовски, основач на САКУ. Вториот артефакт бил откриен пред една година на Беласица, но, како што беше речено, вчера првпат бил презентиран. Алексовски и Кукубајска најавија дека ќе се поведе иницијатива во Штип да се изгради музеј на карпеста уметност, со која Македонија била водечка во светски рамки.

(Љ.Ш.)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CB9257C74BE03F48B766A6384672D8D4



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2009 at 02:22

Почнува големото истражување на Хераклеја

Битола - Комплетното истражувања на античкиот град Хераклеја Линкестис, што Владата го најави, ќе започне кон крајот на овој месец , потврдуваат од битолскиот Завод и музеј. Новите истражувања ќе ги финансира Министерството за култура, но засега не се открива колкава ќе биде сумата, која ќе биде потреба за реализација на овој проект.

Според директорот на Завод и Музеј Битола, Зоран Николовски проектот е ,,се уште во фаза на средување во областа на административните обврски кон Управата за културно наследство , потоа изработката на проекти за стратегијата на ископувањата на локалитетот итн. Иако почнувањето на работите зависи од временските услови сепак планираме со истражувањето да започнеме на 25 овој месец, вели Николовски.

Според него, „ископувањата ќе се вршат во четири до пет сектори, на одредени делови ќе се доистражува во заградениот дел на локалитетот, но планирани се и сондажни ископувања како и истражувања во околните ниви кои своевремено биле откупени од сопствениците.“ Во иднина се планира и ископување на плацеви, кои се во фаза на експропријација, но тоа е во надлежност на министерството за култура и кога сето тоа ќе се заврши ќе знаеме до каде би се вршеле новите истражувања надвор од физичката ограда.“-вели Николовски .

Досега од античкиот локалитет Хераклеја Линкестис откриени и истражени се околу 3 хектари од земјиштето што според претпоставките претставува само 8 до 10 проценти од целиот антички град. (А. Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24BEF4B29105CB45A9494BD1601FFEC5





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Feb-2009 at 22:51

Kамени плочи од четврти век

На само неколку метри пред влезот на Долна порта во Охрид, при поставувањето на подземна инсталација на улицата Самуилова, работниците што работеле на тој дел наишле на четири големи камени плочи. Стручњаците од Завод и Музеј во Охрид, при увидот констатирале дека се работи за камени плочи од четврти век од римскиот период. Првите нивни процени се дека се работи за археолошки наод со голема културна и историска вредност. Случајното откривање на овие плочи за стручњаците во Заводот и Музеј во Охрид претставуваат голем предизвик,

...бидејќи даваат одредени податоци за основата на Долна порта, еден од влезовите во Лихнидос, античкото име на Охрид, за материјалот од кој е граден постаментот.

Веднаш по откривањето се констатира дека се работи за масивни камени плочи кои потекнуваат од четвртиот век, односно од римскиот период. Во овој момент може да се претпостави дека тие се дел од основата на која е поставена Долна порта, а понатамошните истражувања очекуваат да дадат поголеми сознанија за овој дел на градот. На камените плочи нема текст, меѓутоа самиот факт што тие се откриени на длабочина од 1,20 см. нам овозможува да се добиат повеќе информации за периодот кога се градени, кој материјал е користен, нивната основна намена и функција. Камените плочи и просторот околу нив се документирани. Во иделани услови постои можност овој дел пред Долна порта да биде заштитен, а од горната страна да се постави посебно стакло, со што камените плочи би им биле достапни на многубројните посетители на Охрид. Меѓутоа, бидејќи за тоа сега нема услови, плочите ќе  бидат покриени со песок, а врз нив  е поставена подземната инсталација на улицата Самуилова. На тој начин, овој мини-археолошки локалитет ќе биде конзервиран и заштитен за некои идни истражувања.

http://www.kralemarko.org.mk - http://www.kralemarko.org.mk



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2009 at 08:26
Во Стоби ќе се живее и ќе се истражува


Кон крајот на месецот ќе започне тригодишниот проект за целосно истражување, конзервација и презентација на локалитетот пред домашната и странската јавност. Неодамна заврши и неговата регистрација во национална установа


-Градот Стоби, кој својот најголем подем го доживеа во римско време, има огромен потенцијал, одлично сочувани градби, многу движен материјал и богата приказна за неговата историја, што овозможува реализација на крајната цел-негово самофинансирање. За потребите на овој археолошки локалитет се очекува да бидат вработени 28 археолози, конзерватори, чувари и водичи, од кои дел ќе бидат преземени од Националниот конзерваторски центар, вели Силвана Блажевска, архелог под чија надлежност годинава ќе се работи во Стоби.

Таа потенцира дека годинешниве истражувања ќе го опфатат просторот покрај портата Хераклеа, главниот влез во градот, кој исто така ќе се реконструира. Ќе се работи и спроти епископската базилика каде е откриен полукружен плоштад, па се до бедемот, каде се очекува откривање на доцна античка архитектура од 4 до 6 век. Ќе се доистражува и просторот покрај западниот бедем кон театарот чија реконструкција е исто така во план. Ископувања ќе има и наспроти театарот каде минатата година е откриена градба со засводени подземни простории, кои најверојатно имале култна намена, а која има многу сличности со храмот во Марвинци... На локалитетот се откриени и многу предмети, поради што според Блажевска на Стоби му е неопходен музеј.
- Сите артефакти во моментот лежат во депото во старата зграда на железничката станица, во несоодветни услови. Сметав дека од другата страна на реката Црна би можело да се изгради објект, реконструкција на Теодосијанската палата, чии темели се гледаат на локалитетот. Ова е една од најубавите доцноримски куќи во Стоби, во која се смета дека престојувал и Теодосиј Први во 388 година. Тоа е куќа со внатрешен двор и повеќе простории во кои би можеле да се изложат пронајдените предмети.

Во Стоби ќе се живее
Успехот на истражувањата на локалитетот би требало да го гарантира и самата намера на вработените таму да живеат. Идејата за формирање населба во непосредна близина на локалитетот, според Блажевска е всушност работа која била поврзана и со другите археолошки локалитети, како што е пример со Вергина во Грција, град кој бил формиран 70-те години и кој и денеска функционира.

За локалитетот
Во 7 и 6 век пр.н.е. Стоби бил мала пајонска населба. Градот почнал да се формира на највисокото ритче во време на Филип 5, но вистинскиот подем се случил во римско време. Според општествениот статус тоа бил единствениот муниципиум во Македонија, а во ранохристијанскиот период епископско седиште, што го потврдуваат пишаните извори и голем број откриени цркви од тоа време.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B7B49E2D22B269499998C1BBC577E5E3


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Feb-2009 at 21:34
Повеќе од 500 луѓе ќе копаат во Хераклеа Линкестис
Петок, 20 Февруари 2009 18:22
CVETANKA%20herakleja%20sl%20001За една недела треба да започнат големите ископувања во археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Во овој локалитет со владина поддршка ќе се истражува подолго:

 Со археолошки ископувања ќе се започне веднаш штом временските услови тоа ќе го дозволат, инаку ориентационо и начелно е предвидено да се започне на 25 ти овој месец. Сепак, динамиката на ископување ќе зависи најповеќе од временските прилики, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГ

Планираните ископувања бараат и повеќе работна сила. Покрај стручни ќе се ангажираат и други лица:

 Оваа година заради големината на настанот, сиот тој проект во археолошките истражувања во Хераклеа Линкестис се предвидуваат голем број на ангажирани луѓе кои што ќе го изведуваат овој проект. Значи, зборуваме за стручен кадар, археолози и физички работници кои што ќе го вршат самото ископување на локалитетот. Сигурно ќе биде голема бројката, претпоставувам дека ќе биде преку 500 ангажирани луѓе кои што тоа ќе го прават таму на локалитетот, а мал дел од обврските од минатата година кои не се дозавршени заради временските услови, сега на почеток ќе се дозавршат и ќе се почне ориентационо на крајот на овој месец или почетокот на наредниот со активното истражување на локалитетот, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГCVETANKA%20herakleja%20sl%20003

Ќе бидат опфатени повеќе делови од локалитетот каде се претпоставува дека антиката оставила печат:

 Најповеќе ќе бидат концентрирани истражувањата во оној физички дел што е заграден со оградата, сектор запад. Во тој дел и во оној дел кога доаѓате до локалитетот со автомобил од левата страна каде што сега се лозја и со нив е завршена постапката со експропријација со поранешните сопственици, тука во тој дел ќе се истражуваат два сектори за кои се претпоставува, односно со сигурност се тврди дека се дел од античкиот локалитет, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГ

Проектот за големите ископувања во Хераклеа Линкестис е предвиден врз основа на стручни размислувања и стратешки анализи. Крајна цел е да се доистражи античкиот град, од кој се претпоставува дека до сега се откриени 80%, а се верува дека постои уште многу движен и недвижен имот.



http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=4493:--500------&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=4493:--500------&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Feb-2009 at 12:53
На кафе по Виа Ингација http://174.133.138.86/%7Eorbiscom/orbis/index.php?view=article&catid=41%3Akultura&id=4521%3A2009-02-21-07-54-02&format=pdf&option=com_content&Itemid=2">PDF http://174.133.138.86/%7Eorbiscom/orbis/index.php?view=article&catid=41%3Akultura&id=4521%3A2009-02-21-07-54-02&tmpl=component&print=1&page=&option=com_content&Itemid=2">Печати http://174.133.138.86/%7Eorbiscom/orbis/index.php?option=com_mailto&tmpl=component&link=aHR0cDovLzE3NC4xMzMuMTM4Ljg2L35vcmJpc2NvbS9vcmJpcy9pbmRleC5waHA/b3B0aW9uPWNvbV9jb250ZW50JnZpZXc9YXJ0aWNsZSZpZD00NTIxOjIwMDktMDItMjEtMDctNTQtMDImY2F0aWQ9NDE6a3VsdHVyYSZJdGVtaWQ9Mg==">Е-пошта
Напишано од Дивна Грданова Караџовска   
Сабота, 21 Февруари 2009 07:54

               

                Проектот за ревитализација на древниот пат Виа Игнација беше денеска промовиран во Битола. Зад него стојат фондацијата „Виа Игнација“ и Холандската амбасада во Македонија.   

                 Виа Игнација треба да се поправи. Тоа како во древните времиња ќе значи трговско, културно, човечко поврзување. Проектот го промовира холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини.

 

„Како амбасада го подржуваме овој проект. Денеска е првата конференција која го означуива почеокотна проектот. Овде се претствници на земјите кои се долж Виа Игнација. Ние сметаме дека ќе успееме денес , утре и задутре да овозможиме една прекрасна соработка, дека патот ќе значи поврзување на овие земји , привлекување на западните туристи кои ќе сакаат да имаат туристички тури долж овој пат, да се возат со своите велосипеди, да јаваат со своите коњи на патот, да пијат кафе на Виа Игнација„

 

                Битола, преку проектот културно наследство на Македонија, исто така го подржува проектот. Најмногу поради тоа што патот што ги поврзува Албанија, Македонија, Грција и Турција е културно наследство како цивилизациско достигнување, а не еднонационален имот.

 

„Мислам дека идејата е прекрасна затоа што има за цел да ги собере луѓето, да укаже а вредностите, да ги поттикне луѓето да размислуваат за големите  културни вредности. “= изјави битолскиот градоначалник Владими Талески.

 

                Оваа инцијатива потекна од психологот и антрополог Мариета ван Атекум, по нејзините прошетки по Балканските земји, нејзината воодушевеност од богатството на археолошки сведоци за минатото и негативните впечатоци за економскиот амбиент што ги опкружува овие артефакти. Надежите се дека економското и културното поврзување, туризмот  ќе го надмине политизирањето на овој проект во зачеток, но подготвена е да на сите можни притисоци.

 

„Јас сум свесна дека, да употребам еден холандски израз, патот Виа Игнација не минува низ градини од ружи, но идејата ни е да го почнеме проектот како една  општествена размена меѓу научници, меѓу луѓе коипрофесионално се заинтересриани за патот, да избегнеме да се сфатина политички начин. Но подготвени сме и со политичките аспекти, но несакаме така да го започнеме проектот. “ – изјави ван Атекум .

 

                Ревитализацијата на Виа Игнација сеуште финансиски не е комплетно позната, но се претпоставува бенефитот.

 

„Секако ова ќе чини поприлично, а по оваа првична конференција ќе има повеќе трошоци. Организациите кои се вклучени во протектот веќе аплицираа за средства оред Еропскта културна фондација и се надеваме дека ќе ги добијат тие средства, барем во првата фаза на проектот. Се разбира, како што понатаму ќе расте проектот на сите тие што се вклучени во

Него се надеваме дека ќе има и многу други кои ќе сакаат и финансиски да влеза во проеткто, па на крај и владите на државите кои се засегнати, бидејќи се надевам дека ќе го видат и тоа што е придонес од поектот.

 

Денешната прва конференција на која не пристигна само албанската делегација, значеше размена на иформации од научни истражувања за балкланскиот културен идентитет.

 

 

 

 

 

Сите пак кои сакаат да се приклучат на оваа инцијатива, може најпрвин да се приклучат кон караванот од Албанија, преку Македонија, до Грција кој ќе се одржи во мај годинава.



http://174.133.138.86/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=4521:2009-02-21-07-54-02&catid=41:kultura&Itemid=2 - http://174.133.138.86/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=4521:2009-02-21-07-54-02&catid=41:kultura&Itemid=2


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2009 at 00:31

Дури 20 милиони евра за четири локалитети

Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман


Деновиве ќе почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале

Околу 20 милиони евра од буџетот годинава ќе бидат потрошени за ископувања на четири археолошки локалитети во земјава, информираат од Управата за заштита на културното наследство. Како дел од капиталните проекти на Владата деновиве треба да почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале, на античките градови Стоби кај Градско, Хераклеја Линкестис кај Битола и големата некропола Исар кај валандовското село Марвинци. Според Паско Кузман, директор на Управата, ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со толку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство.

- Тешко е да се процени колку пари ќе чинат ископувањата на четирите археолошки локалитети. Но, ветено ми е дека со ребалансот на буџетот ќе ги добиеме сите пари што се предвидени. Според акционите планови, потребни се 300 милиони денари за да се истражи целосно скопската тврдина. Ќе ангажираме илјади луѓе, не само археолози. Годинава ќе има работа за многу невработени што на ископувањата ќе може да работат како физички работници. За секој од четирите локалитети се предвидени меѓу 250 и 300 милиони денари - вели Кузман.

Тој додава дека ова е единствениот начин целосно да ги истражиме локалитетите кои со децении не биле сериозно истражувани. Во меѓувреме ќе продолжат помалите проекти што исто така се дел од капиталните проекти на Владата. Со по 2-3 милиони денари ќе продолжат ископувањата на 15 локалитети меѓу кои Скупи, Тетовски кале, Енгелана кај Охрид, кастелот кај Кожле, Цареви кули кај Струмица, Исар и Баргала кај Штип, Виничко кале, Таор кај Скопје, Стибера кај Прилеп.

ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ

Парите нема да бидат искористени само за да се обезбедат метлички, лопати, копачи и колички. Ќе мора да се решаваат и имотно-правни проблеми. Веќе пред една година е поведена постапка за експропријација на земјиштето на скопското Кале, на местото на кое се наоѓа ресторанот.

- Не можеме да се справиме со нашите институции. За оваа работа е надлежно Јавното правобранителство, а кај нив се чека со векови. Важно е дека сме договорени со сопственикот. Тој нема да прави проблеми. Државата ќе го решава случајот и се' ќе биде чесно бидејќи кога ќе дојде време, нему ќе му биде исплатена отштета - објаснува Кузман.

Под раководство на професорот Драги Митревски, археолозите ќе истражуваат внатре, во бедемите на Калето. Целиот простор ќе биде поделен на истражувачки полиња, сектори, сонди и квадрати. На прашањето дали ќе се конзервира т.н. киклопскиот ѕид (внатрешната тврдина) на Калето, Кузман вели:

- Не можеме да правиме проект за заштита без да видиме дали е болна киклопската тврдина долу во коренот. Тоа е опасно. Може да ја копаме, да ја потпираме, но мора да видиме дали е болна во темелот. Мора да имаме дијагноза. Годинава ќе истражуваме археолошки и ќе се обидеме да направиме проект за да може идната година повеќе да се посветиме на конзервацијата - вели тој.
Вториот истражувачки пункт ќе биде Стоби. Истражувањата ќе траат три години и ќе се одвиваат во рамките на бедемите на античкиот град. Археолозите ќе копаат до здравица, до последниот слој земја.

ИНФРАСТРУКТУ

РА ВО СТОБИ

И на Стоби паралелно ќе работи екипа која ќе подготвува проекти за конзервација на објектите што ќе ги истражуваат археолозите.

- Се надевам дека ќе успееме да завршиме се', зашто ова е огромна работа. Многу сум возбуден, но сметам дека ова е голем предизвик што ќе го решиме заедно - вели Кузман.

Ископувањата се во надлежност на новоформираната институција „Стоби“, а раководител на тимот е директорката на институцијата, археологот Силвана Блажевска. Според Кузман, се планира да се направи музеј на Стоби, сувенирски центар, инфраструктура која ќе биде привлечна за посетителите. И на Хераклеја објектите ќе бидат истражувани до последниот културен слој. Археолозите ќе работат на пунктовите што досега не биле чепкани. Веќе истражените објекти, како двете базилики, ќе бидат целосно конзервирани.

- И таму треба да се средат имотно-правните работи, но ќе гледаме да ги решаваме во од - вели Кузман.Со ископувањата ќе раководат археолозите од битолскиот Завод и музеј, Аница Ѓорѓиевска и Енгин Насух. Нивниот колега Златко Видески од Музејот на Македонија ќе раководи со истражувачкиот тим на Исар-Марвинци. Годинава треба да биде истражена целата некропола која со години беше цел на диви ископувања. Таму имотно-правните работи ќе бидат решени со временска експропријација.

- Сопственикот ќе каже колку чини да не ја копа нивата годинава. Ќе му платиме, ќе ги ископаме гробовите, ќе ги документираме, ќе ги земеме гробните прилози, а потоа ќе ја вратиме нивата во првобитната состојба - објаснува Кузман.

Грчки научници на македонските локалитети

Грчки научници ќе го ископуваат македонското културно наследство, заедно со колегите од соседството, ако ја прифатат поканата од Управата за заштита на културното наследство да ни помогнат во обемните ископувања.

- Ќе треба целокупната археолошка сила во Македонија да ја поделиме на четирите големи пунктови. За се' ќе има пари, но мислам дека тешко ќе излеземе на крај со стручни екипи. Веќе размислуваме како да побараме помош од нашите соседи, од Србија, Бугарија, Албанија, Грција за да ги составиме екипите. Од Управата ќе поведам иницијатива да се обратиме до сите соседи. Свесен сум дека нашиот стручен потенцијал нема да биде доволен за да се реализираат сите овие проекти - вели Кузман.

ИНФО-Милионска инвестиција

Околу 20 милиони евра од буџетот ќе бидат потрошени за ископувања на скопското Кале, Стоби, Хераклеја Линкестис и Исар-Марвинци.За секој локалитет ќе бидат одвоени од 250 до 300 милиони денари. Нема само да се ископува, ќе мора да се решаваат и имотно-правни проблеми.Археолозите ќе копаат до здравица, до последниот слој земја. Управата за заштита на културното наследство ќе побара стручна помош од археолозите од Србија, Бугарија, Албанија и од Грција зашто ќе недостига кадар.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A700D4F62B448E4C828906228EF5A217


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Feb-2009 at 17:33
Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман
Stern%20Smile

Да не претервам со моите остри коментари да не одам во Јужна Америка, Средна Америка и Африките, па ајде ни Азија Турција, да кажам за Грција, да не мисли дека Вергина, Пела и уште 40 други објекти бесплатно биле ископани?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2009 at 03:10

Нов мозаик откриен на Хераклеја

Археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од локалитетот

Археолози открија мало парче од нов мозаик, кој допрва ќе се истражува, во рамките на големиот истражувачки поход што го најави Министерството за култура на Хераклеја. Се' уште не се знае во каква состојба е.

- Се' додека не го откриеме комплетно, не можам ништо попрецизно да кажам. Во еден период времињата биле немирни кога доаѓале разни варварски племиња и уништувале. Ние наидовме на мозаик, но се' уште не знаеме во каква состојба е - изјави археологот Аница Ѓоргиевска. Годинава археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од сегашните граници на локалитетот. Ќе бидат ангажирани околу 500 работници и стручни кадри - археолози, конзерватори, историчари на уметноста.

- Македонскиот период досега е истражен колку што можеше. Лани имавме материјал од тој период, но, за жал, од 1959 до 1974 година тука истражуваше Југословенскиот институт од Белград и добар дел од документацијата е таму. Сепак, има доволно податоци за да можеме да тврдиме дека ова е град на Филип Втори Македонски, дека тука има и постари слоеви дури од праисторијата - додаде Ѓоргиевска. Во тек се и преговорите со Народниот музеј во Белград за отстапување дел од документацијата за истражувањата на Хераклеја.

- За два месеца ќе отпатуваме и тогаш ќе можам да кажам што е она што ни го отстапуваат како документација. Сигурно нема да бидат оригинали, зашто ниедна држава не може да си дозволи да ги изнесе во јавноста кога еднаш дошле кај нив. Но, добро е да добиеме податоци, фотографии, пишани документи - вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј од Битола. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за почеток ќе се интервенира на четирите локалитети со повеќе од 180 сонди.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3831C100B53E4B4EA7C4224B562686CD


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2009 at 03:10

Почна капиталното истражување на Хераклеја

Во големиот зафат се планира да се интервенира на 17 истражувачки полиња во кои ќе има над 180 сонди

 

Битола - Започна целосното истражување на античкиот град крај Битола - Хераклеја Линкестис. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија без ограничување на средствата. Во исто време започнуваат капиталните истражувања и на некрополите во Исар Марвинци и Скопската тврдина кои што заедно со Хераклеја треба да бидат завршени до крајот на оваа година. За Стоби активностите ќе траат во наредните три години.

Паско Кузман смета дека целосното истражување на античките локалитети треба да се подразбере како стандард со намера да се воздигне македонското културно наследство. „Ако немате целосно истражени локалитети имате само мртви капитали. Сакаме тие мртви капитали да бидат живи и да бидат корисни за луѓето и сега. Ако Хераклеја заживее и се ревитализира тој илјадагодишен град ќе стане град за сегашноста и иднината“, потенцираше Кузман објаснувајќи го потегот на Владата зошто од парите на граѓаните се зафатиле за еден ваков голем проект.

Во големиот зафат во Хераклеја се планира да се интервенира на 17 истражувачки полиња во кои што ќе има над 180 сонди, ќе бидат ангажирани 400 стручни лица, археолози, конзерватори, архитекти, историчари, етнолози, а ќе бидат вклучени и 500 физички работници.

,,Хераклеја е град кој што е подигнат на принципот на општини. За почеток ќе гледаме да го истражиме централното градско јадро, но не значи дека нема да се движиме пошироко. Голема среќа е за нас што минатата година имавме едно откритие кое што ни го покажа патот и на идните истражувања, а тоа е бедемот, лоциран на јужната страна на Хераклеја. Тоа ќе биде единствената насока по која ќе се движиме на потегот исток запад“.- рече Аница Ѓеоргиевска, археолог во Завод и музеј Битола.

Во ова истражување ќе бидат опфатени и просторите кои сега се надвор од физичката ограда на локалитетот. Со комплетното истражување на Хералеја ќе се гради и стратегија за валоризација на културното богатство.

,,Со откривањето на овој град ќе следат и конзерваторски интервенции на објектите, со што веќе имаме производ кој што ќе им го понудиме на туристичките работници. Нашата статистика покажува дека во период кога комплетно се отворени мозаиците во Хераклеја посетата е многу поголема отколку обратно. Значи секој што ќе дојде сака да види нешто конкретно да го допре и да ја слушне приказната“, вели Ѓоргиевска. (А.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A2D77A1E2E47484098253C26EBA55B2D



Posted By: beTon
Date Posted: 09-Mar-2009 at 03:43
малку ме чуди оваа офанзива, баш кога сме кај мозаиците колку што ми е познато веќе откриените старите се во многу лоша состојба бидејќи немало средства квалитетно да се конзервираат па истите претежно се покриени со песок, иако тоа и треба да е нормално за во зима, кај нас ова е случај през цела година. да нема забуна информацијава ми е стара, незнам дали во меѓувреме се квалитетно конзервирни веќе откриените мозаици во хераклеа линкестис!? 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2009 at 17:35
Нови 3 милиони денари за истражување на Цареви кули



Автор:  Снежана Џорлева
Култура
Владата ќе додели дополнителни 3 милиони денари за истражување на локалитетот Цареви кули во Струмица. Истражувањата ќе почнат за десетина дена, соопшти Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, при обиколката на локалитетот викендов.

- Истражувањата што се вршеа лани, продолжуваат и годинава до крајот на јуни. Потоа се надеваме дека ќе добиеме дополнителна поддршка од Владата, за истражувањата да се интензивираат. Тие се неопходни за подготовка на Кулите за реставрација, конзервација и, на крајот, за ревитализација, која ќе му даде живот на овој локалитетот - изјави Паско Кузман.

На истражувањата дополнително ќе се ангажираат околу 110 стручни лица.

- Досега на овој и на другите четири локалитети во земјата, кои се истражуваат, се ангажирани од 800 до 1.000 стручни лица - објави Кузман.

Оваа година на сите локалитети претежно ќе се вршат конзерваторско-реставраторски работи, за да може понатаму сите тие да бидат ставени во функција на туризмот и науката.

Во програмата за истражување на Царевите кули, покрај Владата, пари обезбеди и локалната самоуправа, преку меѓународната соработка со Петрич во Бугарија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=336&ArticleID=19821


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 18:12
http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=821:2009-03-10-23-26-12&catid=14:vesti&Itemid=26 - Нов мозаик откриен на Хераклеја
Археолози открија мало парче од нов мозаик, кој допрва ќе се истражува, во рамките на големиот истражувачки поход што го најави Министерството за култура на Хераклеја. Се' уште не се знае во каква состојба е. 
  - Се' додека не го откриеме комплетно, не можам ништо попрецизно да кажам. Во еден период времињата биле немирни кога доаѓале разни варварски племиња и уништувале. Ние наидовме на мозаик, но се' уште не знаеме во каква состојба е - изјави археологот Аница Ѓоргиевска. Годинава археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од сегашните граници на локалитетот. Ќе бидат ангажирани околу 500 работници и стручни кадри - археолози, конзерватори, историчари на уметноста. 
 
 - Македонскиот период досега е истражен колку што можеше. Лани имавме материјал од тој период, но, за жал, од 1959 до 1974 година тука истражуваше Југословенскиот институт од Белград и добар дел од документацијата е таму. Сепак, има доволно податоци за да можеме да тврдиме дека ова е град на Филип Втори Македонски, дека тука има и постари слоеви дури од праисторијата - додаде Ѓоргиевска. Во тек се и преговорите со Народниот музеј во Белград за отстапување дел од документацијата за истражувањата на Хераклеја.  
 
 - За два месеца ќе отпатуваме и тогаш ќе можам да кажам што е она што ни го отстапуваат како документација. Сигурно нема да бидат оригинали, зашто ниедна држава не може да си дозволи да ги изнесе во јавноста кога еднаш дошле кај нив. Но, добро е да добиеме податоци, фотографии, пишани документи - вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј од Битола. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за почеток ќе се интервенира на четирите локалитети со повеќе од 180 сонди.


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=821:2009-03-10-23-26-12&catid=14:vesti&Itemid=26 - http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=821:2009-03-10-23-26-12&catid=14:vesti&Itemid=26


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 00:48
Монети со ликот на Филип Втори Македонски пронајдени на Цареви Кули


Покрај монетите, ископани се и амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, керамика, фигури од малоазиски тип...


Македонските археолози открија наоди од македонско-хеленистичкиот период, на локалитетот Цареви Кули над Струмица. Се работи за монети со ликот на Филип Втори Македонски, потоа амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, керамика, фигури од малоазиски тип... Сите овие артефакти укажуваат на фактот дека струмичката тврдина била населена кон крајот на четврти век пред нашата ера.

"Секоја година Цареви Кули не изненадуваат со нови и нови податоци, а лани добивме одредени сознанија кои говорат дека можно е да имаме материјални остатоци и од петти, односно од четврти век, од времето на Филип Втори. Истражувањата покажаа дека во четврти век на Цареви Кули имало одредена активност, најверојатно имало и населба, а некои податоци, пред се садовата керамика, укажуваат на петти век пред нашата ера. Повеќето од јамите се всушност од четврти век пред нашата ера, датирани со монети на Филип втори", рече археологот Зоран Рујак, кој раководи со истражувањата на локалитетот.

Локалитетот Цареви Кули во различни периоди од историјата се користел за различни намени, а досегашните откритија само го покажуваат континуитетот во културата на Струмица. Зоран Рујак вели дека Струмица како град, заедно со својата околина, има континуитет во културата веќе 7000 години.

Оваа година истражувањата на Цареви Кули се финансирани од страна на Владата на Македонија, и претставуваа дел од нејзините капитални проекти. За оваа намена годинава се одобрени околу 3 милиони денари. Доколку се продолжи со вакви успешни наоди, најавена е поддршка од Министерството за култура со најмалку уште толку средства за завршување на започнатите работи, кои ќе траат до крајот на годината.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D9DC694FB0DB404DBD4224A916192536


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Apr-2009 at 18:34

Пронајдени 15 килограми византиски монети

Монетите се наоѓале во ќупови, а датираат од втората половина на 12 век

Околу 15 килограми византиски монети од периодот на втората половина на 12 век се пронајдени при археолошките истражувања на Цареви кули во Струмица.
Станува збор за 4.300 монети кои според археолозите, служеле како платежно средство во градот Цареви кули во времето на првиот самостоен господар на Струмица Добромир Хрст. Монетите се пронајдени во два купа на платото на тврдината.
"Ова претставува една од најголемата оставина на монети што се пронајдени на македонска почва. Истите го потврдуваат владеењето на самостојниот господар Добромир Хрст со Цареви кули во нестабилно време, бидејќи тогаш номадите го заземаат Солун односно се формира второто бугарско царство", вели Зоран Рујак раководител на археолошките истражувања на Цареви кули.
Пред една недела на овој локалитет беа пронајдени монети од времето на Филип Втори. Археолошкиот локалитет Цареви кули интензивно се истражува веќе две години.
Таму со пронајдената праисториска населба од лани и сите докази укажуваат дека на овој локалитет имало цивилизација цели 7.000 години поради што за археолозите, Цареви кули и понатаму претставува голема мистерија.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=1E4FDAF535310346AC183B8C13177B47


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-May-2009 at 17:37
Славе Македонски е најстариот скелет во Југоисточна Европа

вторник, 05 мај 2009
 
Скелетот Славе Македонски, кој беше пронајден на локалитетот „Гранчарица“ во близина на штипското село Крупиште има 6.745 години и живеел во раниот неолит
 
 
 
 
Директорот на Музеј на град Штип Зоран Читкушев изјави дека радиокарбонатниот сертификат, направен на унизверитетот во Глазгов-Шкотска покажа дека скелетот Славе Македонски е најстариот во Југоисточна Европа.

- Направените анализи од примероците испратени на универзитетот во Шкотска можат да отстапуваат во годините на скелетот со плус или минус 30 години, рече Читкушев. Тој додава дека локалитетот„Гранчарица“ според овие анализи за скелетот Славе Македонски е од раниот неолит и е најстариот во Југоисточна Европа.

Во штипскиот музеј скелетот Славе Македонски ќе биде изложен заедно со трите печки на 18- ти мај на Денот на музеите, а локалитетот „Гранчарица“ ќе се претвори во туристичка атракција.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=24977


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-May-2009 at 18:04
ете колку сме стари, а се фатиле сите за Ацета LOL
инаку мене многу повеќе ме фасцинираат пронајдоци од праисторијата, одколку од стариот век, многу ми е мило што имаме локации како Кокино или други ископини како Гранчарица


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 19:16
Дечки, во последниве 2 часа веќе три коментари отстранив од нишкава кои немаа врска со археологија. Ве молам воздржете се од непотребни дофрлања.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-May-2009 at 19:16
Под штипскиот Исар откриен тунел долг 200 метри и темели на црквата свети Власиј од 14- от век
Ако гуските го спасиле Рим, шатките го предале Штип. Вака гласи почетокот на преданието за освојување на тврдината стара 14 векови која се наоѓа на врвот од ридот Исар кај Штип. Легендата вели, опсадата на тврдината ќе завршела неуспешно доколку шатки не им го откриле на освојувачите влезот од тајниот тунел долг 200 метри и висина во внатрешноста од два метри, а бил врска помеѓу тврдината и коритото на реката Брегалница.

- Откриениот влез во тунел иницира дека внатрешноста не е природно дело но човечко, вели за Канал 5 археологот од Народниот музеј во Штип Звонко Белдедовски. Тунелот се спомнува и во записите на патеписецот Евлија Челебија од 17-тиот век, дополнува Белдедовски.

Во близина на тунелот при орање случајно се откриени и темели на црква.

- Досега ги пронајдовме ѕидините од црквата кои се дел од некогашен манастирски комплекс на црква посветена на светецот Власиј од 14 век вели раководителот на ископувањата археологот од штипскиот Народен Музеј, Зоран Николов.

Во меѓувреме на врвот од Исарот интензивно се расчистува теренот околу остатоците од древната тврдина.

- Сега ги расчистуваме двете цистерни кои служеле како резервоари за вода за време на опсади, но работата оди тешко бидејќи наидуваме на сплет од громобрански оловни ленти од придружните ТВ репетитори кои се наоѓаат во кругот на тврдината на врвот од возвишението Исар, објаснува археологот Мите Стерјов.

Археолозите внимателно ги откриваат деталите од тајниот тунел. Пукнатините во истрошените карпи над влезот од тунелот ја намалува сигурноста во истражувачките работи. Геолози од Рударско Геолошкиот Факултет за Канал 5 најавија за в понеделник нивно детално испитување.

Тврдината на Исарот ќе блесне во својот сјај за една година за колку во Народниот Музеј се надеваат да завршат конзерваторските работи. Сепак, за да се доживее убава глетка на панорамата на Штип, посетителот ќе мора прво да ги совлада 300-те скалила кои водат до тврдината, а патот до нив како и обично го покажуваат шатките од Брегалница.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=51866&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-May-2009 at 23:28
Осумдесетина сребрени венецијански монети пронајдени кај Струмица


Монетите кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, говорат дека населението имало живи трговски врски со Венецијанската република


Осумдесетина сребрени венецијански монети, или таканаречени "матапани", кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, се пронајдени од археолозите, кај Струмица.
Првичните сознанија говорат дека во оваа тврдина постоел интензивен живот низ вековите, и дека овдешното население имало живи трговски врски со Венецијанската република, особено по падот на Константинопол во 1204 г., и со формирањето на латински царства во византиската империја.

Пролетва струмичките археолози открија и групни наоѓалишта од околу 4.300 византиски монети од времето на династијата комнени и десетина монети со ликот на Филип Втори Македонски од четвртиот век пред нашата ера.
Освен монети на овој археолошки локалитет досега се пронајдени и низа други вредни артефакти, како и праисториска населба која сведочи за постоењето на живот на овие простори во период од околу седум милениуми.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=651BA8D7BF36034FB424847893B089C6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2009 at 09:23
Археологијата - најработодавна гранка
Култура
Две илјади и осумстотини работници во моментов се ангажирани на археолошките локалитети низ Македонија, правејќи од археологијата актуелно најработодавна гранка во земјата.

- Нема археолог, студент по археологија или волонтер што покажал желба да биде вклучен во истражувањата а да не е на локалитетите низ Македонија - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на спомениците на културата.

На официјалниот список на МАНД (Македонско археолошко научно друштво) има околу 110 члена.
- Колегите од другите градови ме информираат дека сите се ангажирани - невработените дипломирани археолози и студентите по археологија. За нас, вработените не правиме муабет, вели Марина Ончевска - Тодоровска, археолог во Музејот на градот Скопје, раководител на истражувањата на Скупи и претседателка на МАНД.

Статистиката покажува дека бројот на стручните лица вклучени во тековниве истражувања е поголем - ангажирани се 480 стручњаци, главно археолози но и луѓе од области сродни на археологијата како конзерватори, историчари на уметноста, нумизматичари и сл.

По долги години игнорирање и несоодветен третман, археологијата во последниве неколку години доживува вистинска ренесанса. Проектите за целосно доистражување и опремување за туристичка експлоатација на Стоби, Хераклеја, Исар Марвинци, скопско Кале и на уште десетина локалитети низ земјава ангажираат приближно 3.000 работници на терените.

- Помножете го тоа со 4, колку што е просечно македонско семејство и ќе видите колку семејства во моментов живеат од археологија - вели Силвана Блажевска, главен раководител на истражувањето на Стоби.

Погледнат од автопатот Велес - Прилеп, локалитетот Стоби изгледа како мравјалник.
- Така е затоа што голем дел од работите се сконцентрирани на бедемот, кој е видлив од автопатот. Но, во ова најголемо досега истражување на Стоби се работи на девет истражувачки полиња, секое со површина од 50 на 50 метри. Ги вршиме најголемите истражувачки работи на овој локалитет по шестмесечните истражувања направени пред изградбата на автопатот што минува крај него - вели Блажевска.

На Стоби во моментов се ангажирани 560 луѓе, од кои 40-ина се професионални археолози.
- Ова е златно време за археологијата кај нас. Сите ја оценуваме крајно позитивно одлуката на Владата да се вложи во оваа дејност, која досега беше запоставувана. Сега се дадени многу пари, но многу и се доби - вели Ончевска - Тодоровска.

На Исар Марвинци во овој истражувачки циклус, кој започна во март и ќе трае до јули, работат 40 археолози и 500 работници.
- Од она што досега го откривме можеме само да видиме што сè сме изгубиле во годините кога не сме работеле на Марвинци, вели Златко Видевски, раководител на истражувањето на локалитетот, најчесто напаѓан од диви копачи.

Интензитетот на работите во археологијата и годинава продолжува со позитивниот тренд, кој го отвори оваа владина гарнитура.
- Ако 2007-та ја паметиме како почеток на ренесансата во археологијата и заштитата на културното наследство во модерното време, во 2008-та ренесансата доживеа процут. Тој процес продолжува и годинава - вели Кузман.

Неподелената поддршка за археологијата на крајот на годинава ја објави и премиерот Груевски, кој при отворањето на изложбата „Македонската археологија 2008“ рече:
- Владата ќе продолжи силно да ја поддржува културата, вклучувајќи ги и проектите за археолошките ископувања во државата. За 2009 година предвидено е да се работи на 15-тина локалитети, од кои целосно треба да бидат завршени локалитетите Марвинци, Хераклеја и Скопското кале, а во период од три години и Стоби - најавува Груевски.

Процесот на археолошките истражувања е долг и макотрпен и не завршува со вадењето на движните и недвижните наоди на површината. Следува кабинетска работа на евидентирање, конзервација, реставрација и, конечно, на претставување.
- Ни недостигаат конзерваторски центри кајшто младите археолози и конзерватори ќе ја продолжат работата на наодите по завршувањето на теренските истражувања - вели Ончевска - Тодоровска, сугерирајќи ги суптилно следните зафати за кои би требало да се размислува во иднина.

За многумина ова е непродуктивна инвестиција. Но, долгорочно гледано, уредувањето и истражувањето на археолошките локалитети е двострано корисна инвестиција - како стопанска дејност што од локалитетите во перспектива ќе направи одржливи единици што сами ќе си обезбедат пари за одржување и како влог во иднината - зашто, филозофски речено, секоја иднина си ги осветлува перспективите со светлините од минатото.
- Долг е патот до самоодржливост на локалитетите и за тоа е неопходно извршувањето на уште низа други активности, кои посредно или непосредно кореспондираат со археологијата, од инфраструктура до туризам. Во моментов, дури и Стоби како најдолго истражуван и најобработуван локалитет, кој згора на сè се наоѓа и на претпоставено фреквентна делница кон Грција, сè уште не може да работи на принцип на самоодржливост. Но, тоа се долгорочни процеси и добро е што се започнати - вели Ончевска - Тодоровска.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=389&ArticleID=24204


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-May-2009 at 00:12

Истражувања на Стибера

Прилепските археолози годинава ќего истражуваат центарот на античкиот град Стибера. Со стручната екипа од Заводот за заштита на спомениците и музеј од Прилеп ќе раководат археолозите Лилјана и Костадин Кепески. Тие ќе работат речиси три месеци.

- Ќе ископуваме во централниот дел, западно од Хероонот и ќе го доотвориме објектот со култна намена што го откривме лани - вели Кепеска.Археолозите лани открија значајни скулптури на Стибера, меѓу кои три мермерни глави, скулптура на божицата Ника, портретот на младо момче Ефеб и помала скулптура од млада жена, без глава и нозе.

На локалитетот досега се откриени 28 споменици со натписи и 27 статуи. Истражувањата почнале во 1924 година, а со нив раководел српскиот археолог Никола Вулиќ. Античкиот град Стибера бил формиран во 4 век пред новата ера и доживеал процут во 2 век.

Истражувањата на античкиот град се дел од капиталните проекти на Владата. За годинашните истражувања се издвоени околу три милиони денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E56377B4BD8819469DE84BBC4302A65F


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-May-2009 at 19:05

Караванот на „Виа Игнација“ пристигна во Битола
Недела, 17 Мај 2009 18:02

MAJA_via_ignatia_sl_001

Фондацијата „Виа Игнација" од Холандија, основана во 2007 за ревитализација на античкиот пат Виа Игнација го започна својот караван од Драч, Албанија пред две недели, а крајната цел им е Истанбул каде завршувал патот преку Македонија и Грција. Во Македонија ги посетија Струга, Охрид, а вчера пристигнаа во Битола. За овие две недели испешачија 250 километри.

MAJA_via_ignatia_marieta

-Идејата беше моја, а целта да го ревитализираме патот Виа Игнација којшто ги поврзува луѓето од различни култури кои живеат во овој регион, рече Мариета Ван Антекун од фондацијата „Виа Игнација".

Како дел од фондацијата се група луѓе ентузијасти, антрополози, историчари на уметноста, археолози кои се заинтересирани за Балканот.

MAJA_via_ignatia_kristiona

-Посебно ако сте заинтересирани за историјата и случувањата на Балканот, ние веруваме дека на овој простор има повеќе што обединува отколку што разединува. Сакавме да направиме нешто хумано, поврзано со уметноста, а не со политиката.
-Учествувам затоа што мислам дека е добра идеја фактот што луѓе надвор од Балканот сакаат да ја вратат идејата за поврзување на луѓето, вели Кристина Контакси од Грција.

MAJA_via_ignatia_sl_002

Носат позитивни импресии од досегашното патување и гостопримливоста на луѓето.

-Најдовме многу заеднички песни кои и ние веќе ги знаевме и можевме заедно со локалното население да ги пееме, во Албанија, Македонија, а се надевам и во Грција. Сретнавме многу луѓе, има голема интеркултурна разлика, се сретнавме со стари луѓе кои ни кажуваат историски настани, ние им даваме часови по англиски, изјави Мариета.

Но негативна импресија имаат од загадувањето на животната средина.

-Земјата е прекрасна, но ако сакате да развивате туризам мора да водите грижа за заштита на животната средина.

Утре заминуваат за Грција.

-Во понеделник тргнуваме од Хераклеја, ќе се движиме до грчката граница, каде ќе има песни, културни активности, рече Мариета.

За утрешната м,анифестација на Меџитлија најавуваат присуство на видни гости.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7864&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7864&Itemid=106

Веројатно ова е археологија, на некој начин


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-May-2009 at 01:46
Архитектурата од 4 до 6 век на виделина

На наоѓалиштето излегуваат на виделина живеалишта од доцна антика, поплочани улици, плоштади и куќи за живеење со целиот распоред, кујни, складишта и внатрешни дворови...


На археолошката локација Стоби кај Градско, деновиве се откриваат фрагменти од архитектурата од 4 до 6 век. Според археологот Силвана Блажевска, на наоѓалиштето излегуваат на виделина живеалишта од доцна антика, поплочани улици, плоштади и куќи за живеење со целиот распоред, кујни, складишта и внатрешни дворови.
- Оваа архитектура ја наоѓаме на локацијата над театарот, а потекнува од периодот кога овој објект излегува од употреба. Се отвора и просторот над полукружниот плоштад наспроти Епископската базилика, па се до северниот бедем каде се открива исто така доцноантичка архитектура. Колегите го доистражуваат и римскиот форум. Таму се откриени исто така фрагменти од скулптури, но вградени во бедем. Имаме откриено и глава од скулптура, но дури за две недели ќе се знае од кој период потекнува и што претставува, вели Блажевска.

Во северозападниот дел на Стоби, пак се отркриени пет метри квадратни кули. Инаку, откритија според Блажевска има и на западната некропола. Пронајдени се и голем број керамички садови, монети од 4 до 6 век и раноримски. Се отвара и делот од патот кој од Стоби води кон Хераклеа, а се истражува и покрај градбата со засводени подземни простории, која е откриена минатата година.

Инаку Стоби во 7 и 6 век п.не.е бил мала пајонска населба. Почнал да се развива во време на Филип Петти, но највисок подем доживеал во Римско време.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=487ADCC782B82144AE4E949EF275CE66


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2009 at 22:01
За вакви слични случаеви имам слушано доста. Еден од оние поголеми случаеви е наводното ископување огромна количина злато при изградбата на булеварот на потегот од мостоt Гоце Делчев до судска палата, под стоковна куќа во непосредна близина на Кале и Чаршија каде наводно златото завршило во Белград. Има уште доста слични приказни. А најновата е од Струмица, од Беласица. Сега за сега со статус на шпекулација додека не се потврди....

[tube]ru0Y34wgrzE[/tube]


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2009 at 22:12
Тауресиум ќе се презентира пред јавност


На археолошкиот локалитет кај скопското село Таор, родното место на големиот император Јустинијан Први, Тауресиум, кој владеел со источно римско царство од 527 до 565 година, за посетителите ќе бидат поставени табли со објаснување на неговата историја, како и на поединостите за пронајдите предмети. Според археологот Кире Ристов, кој е и раководител на истражувањата, од април кога започнаа активностите на теренот до сега, пронајдени се повеќе објекти од јавен карактер, 6 индивидуални станбени објекти, како и многу фрагменти од керамички садови и метални наоди.
-Истражувањата ќе продолжат до крајот на идниот месец, со оглед дека до тогаш имаме обезбедени средства од ресорното министерство. Целта ни е во овој период да го доведеме во состојба на јавна презентација, иако локалитетот е веќе влезен во туристичките карти на Македонија. Во тек е и решавање на имотно-правните односи бидејќи локалитетот доби јавен карактер, објаснува Ристов.

Таблите кои треба да бидат поставени од Град Скопје, ќе ги откријат пред посетителите тајните на Јустинијана Прима, град-седиште на архиепископијата на императорот .
Инаку сите откриени предмети и градби зборуваат дека во периодот на доцната антика од 5 до 10 век, населението на овие простори имало активен општествен живот. На локалитетот, пронајдени се и населби од бронзено време, од 2200 до 1800 година пр.н.е.
Инаку досега е откриен дел од бедемот кој ја обиколувал населбата, а за позначаен наод се смета и откривањето на монограмот, печат на Јустинијан Први, врз венецот од ќуп "питос".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8D91886C002744429A48A568A4A5942F


Posted By: beTon
Date Posted: 29-May-2009 at 03:14
за прикзните со заборавено или загинато злато во МКД има колку сакаш човек да се изнаслуша претежно бадијала! но ова со багер и ќуп комбинацијава е една од поинтересните комбинации! мене како највпечатлива ми има останато кратовската ризница во глава.
при изградба на водовод, багер заачил голем питос златници, јасно веднаш кај локалниот стопан, кој во тоа време во осумдесетите не бил нешто особено моќен, за веќе по оваа дешавка пополека но сигурно ѕинго да крене и економски и политички, некој вели наишле на повеќе полни питоси, некој вели дека станувало збор за ризница. битно е јавноста ваквите работи не треба да ги знае, но ете луѓе сме па и ги дознаваме т.е. пренесуваме па веднаш се втурнуваат авантуристи во разно разни потраги нанесувајќи си сетне пред се себе штета но и на секој можен локалитет на кој ќе наидат!

е сега ајде малку метафизика   нека ме исправи некој, но јас имам чуено за проклето злато, а всушност проклетството е физика, науката вели самото злтато има радиоактивни изотопи, па претпоставувам се насобира радијација додека самото злато стои во земјата, за кога ќе се откопа да ја испушти, затоа и луѓе умираат кога по ископувањето ќе дојдат во контакт со него, ова би требало да е врзано и за други појави како концентрација на големо количевство на јони во самата дупка, но во принцип дивите копачи имаат пракса да го откопаат и 24 часа да го остават, така речи да се излуфтира за дури утредента да го соберат...

другата претпоставка е од духовен карактер! се што е закопано не го откопувај, бидејќи со него ги вадиш сите негови енергии позитивни или негативни, ова претежно се однесува на предмети и градби, а бидејќи златото обично во минатото било врзано или за војска или за разбојници аналогно истото сосебе влече и негативен духовен набој...

и во двата случаи копачите го извлекуваат подебелиот крај, и физички и духовно, единствено во меѓувреме се прокнижува некој денар доколку сакаат легално да тера ваквото откритие, 20% задржуваат тие а 80% оди за државата. според оваа математика наводно имало и од турција луѓе кои доаѓале со карти и досега еднаш или двапати делеле поголемо количевство алтани со државата, откривајќи каде аскерот при повлекувањето по балканските војни, што заради напад што заради немоќ да го пренесат, криеле по планините големи количевства злато...

колку лажен сјај има овој метал тоа е едно чудо, го врзува срцето на човека за земјата за навек, та нели е речено еден од најголемите гревови е злато-среброљубието, чим човек почне да робува на материјалното тешко дека ќе разбере за духовното, зошто среброљубието е корен на секакви зла од гнев до завидливост. во пракса под среброљубие потпаѓа секоја желба за поседување материјално богатсво како имот, пари и моќ, па лековерниот човек бидејќи незаситлив станува роб на овие желби или страсти, дури и кога имама повеќе од доволно за комфорен живот! пример е рокфелер првиот милијардер во светот кој кога го прашале што ви треба сега после милијардата одговорил само уште еден долар! саде најдобро филмски отсликана особина во ликот на смигол...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jun-2009 at 00:06

Епископски центар под темелите на Јени-џамија

Црквата „Св. Ѓорѓи“, најверојатно, била епископски центар на царството на Гаврило Радомир, син на Самуил

Битола - Црквата „Св. Ѓорѓи“, чии остатоци од темелите се пронајдени при ископувањата во Јени-џамија во Битола, најверојано, била епископски центар на царството на Гаврило Радомир. Ова го претпоставуваат битолските археолози кои веќе неколку години ги истражуваат темелите на џамијата лоцирана во строгиот центар на Битола. Со истражувањата во Јени-џамија се пронајдени два оловни печата, едниот со претстава на „Св. Ѓорги“, за кој се претпоставува дека го користеле наследниците на царот Самуил при нивните преписки.

Според историчарите, првородениот син на царот Самуил, Гаврило Радомир, бил крунисан во Битола и тука била неговата престолнина со која управувал речиси една година по смртта на татка си во 1014 година, се додека неговиот братучед Јован Владислав не решил да му пресуди и да го заземе неговото царство.

„При ископувањата во Јени-џамија пронајдени се два печати од писма. Преписка која се одвивала овде во 11 век. За еден од нив на кој има претстава од ’Св. Ѓорги‘ веруваме дека им припаѓал на следбениците на династијата на царот Самуил, или на Гаврило Радомир, или на Јован Владислав. Така што, иако смело, но може да се претпостави дека црквата ’Св. Ѓорѓи‘ била епископски центар на Самуиловото царство“, вели археологот Гордана Филиповска-Лазаревска, виш кустос во Завод и музеј Битола. За Лазаревска е неспорно дека и по пропаста на Самуиловото царство во 10, односно 11 век, просторот кај сегашната Јени-џамија бил епископски центар кој продолжил да живее и потоа.

Во изминатите години на оваа локација археолозите наидоа на остатоци од 4 цркви, токму едната од нив се смета дека била катедрална, изградена со црвен хидроуличен малтер.

„Со минатогодишните истражувања ја добивме ширината на објектот. Тој е со димензии од 14 метри ширина. Ако истата димензија ја потврдиме и во рамките на тремот, тогаш ќе знаеме дека таа била направена како крст впишан во квадрат. Најстариот објект со сигурност е катедрален, бидејќи во близина не се најдени гробови. Тоа е вообичаено за катедралните цркви. Некрополите што ги најдовме на оваа локација датираат од неколку векови додоцна“, вели Лазаревска.

Пронајдени се и голем број на движни предмети. Како позначајна се издвојува иконата приврзок која најверојатво му припаѓала на некој црковен великодостојник. Токму поради големото значење на пронајдените артефакти за македонската наука и култура и годинава продолжуваат истражувања во Јени-џамија.

Новина е што по планираните ископувања во западниот дел од џамијата истражувањата ќе бидат поместени и надвор од објектот. Продолжувањето на ископувањата во Јени-џамија и годинава е поддржано од Министерството за култура со сума од 400 илјади денари. Локалната самоуправа од Битола ќе бара помошод Владата за презентација на богатото културно наследство на Битола надвор од нашите граници.

„Укажуваме до Владата дека во Битола треба повеќе да се инвестира бидејќи секоја педа земја во градот е големо културно наследство. Така е со Хераклеја, така е и со истражувањата во Јени-џамија“, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=25BBC2394420C2498924D9DF2AB8AD4E


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Jun-2009 at 01:20

На штипски „Исар“ откриена тајна чувана над 700 години

На штипската средновековна тврдина е откриен тунел широк два метра и со исто толкава височина

Иван Бојаџиски

Штип - Тајна чувана над седум века, која постоеше само во легендите, е откриена на штипската средновековна тврдина Исар. Станува збор за тунел широк два метра и со исто толкава височина, со должина над стотина метри, кој започнува од врвот на тврдината и завршува непосредно до коритото на реката Брегалница, но неколку метри под нивото на нејзините води. Археолозите кои на тунелот работат од минатата година само ја потврдија легендата за начинот на кој населението што живеело во добро утврдената крепост, се снабдувало со вода за пиење во време кога средновековниот град бил под голема опсада на турскиот аскер, а горе, на самата тврдина, постоеле само две цистерни за дождовница кои се откриени со последните археолошки истражувања.

„Со копањето почнавме одоздола нагоре, бидејќи така полесно се одвиваат работите. Ископавме над триесет метри, со што јасно се докажа вистинитоста на легендата, за која во своите патеписи во 17 век пишува и познатиот турски патеписец Евлија Челебија. Во досега истражениот дел наидовме на одморалишта низ тунелот во кој засега имаме регистрирано 32 скалила и вентилациони окна. Веќе нема сомневање дека станува збор за исклучително интересна градба која на подолг рок му овозможила живот на античкиот град Астибо, бидејќи преку тунелот жителите на овој град се обезбедувале со вода“, вели Ѕвонко Белдедовски, архитект-советник кој раководи со истражувањата на Исарот.



Но, што вели легендата за овој тунел?

Како и сите средновековни градови, и Астибо бил тежок за освојување. Во 14 век Турците, не можејќи да го освојат градот, се залогориле во подножјето на тврдината мислејќи дека населението без вода нема да може да издржи долго. Тие ги блокирале сите пристапи до реката Брегалница која тече токму под самата тврдина. Феудален господар на средновековниот град бил Оливер. Во еден момент Турците забележале како шатки излегуваат од под една карпа. Поставиле стража на тоа место и подоцна забележале како луѓе излегуваат од под земја, земаат вода и пак ги снемува. Турците ја откриле тајната и преку тунелот, во 1385 година, го освоиле градот. Првата поконкретна потврда за постоењето на тунелот е добиена во 1986 година кога овој дел бил миниран за потребите на изградбата на колекторскиот систем и кога било регистрирано неговото постоење.

Белдедовски вели дека е реална претпоставката тунелот да бил граден уште во античко време, иако засега со сигурност се знае дека бил употребуван во средниот век. „При празнењето на тунелот, покрај средновековната, наидовме и на античка керамика. Тоа ја прави реална претпоставката дека тунелот постоел уште во античко време. На овој терен сме од ланската пролет, а се' досега интензивно работиме на археолошките истражувања на тврдината. На локацијата Стара Кланица откривме основа на мала црква и наша претпоставка е дека се работи за ’Св. Власие‘, околу која откривме гробни места кои се во тек на истражување. Во гробовите најдовме човечки коски и обетки карактеристични за времето од 11 до 15 век. Откривме и добро зачуван мермерен капител, а неговиот тип ни укажува дека е од античко време, односно тој се употребувал до вториот век од нашата ера. Сето ова ни открива дека на ова место постоел антички храм во состав на античкиот град Астибо, по кој Штип, во модерната историја на градот, го има добиено своето име“, потенцира Белдедовски.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4F7E125038152748AD4A8999DA4D0E96


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 13:19
ИСТРАЖУВАЧИТЕ НА НЕОЛИТСКАТА АРХИТЕКТУРА СО НОВИ ОТКРИТИЈА
Шестметарска Голема Мајка на Цоцев Камен

Монументална скулптура од камен со претстава на Големата Мајка, лоцирана околу 6.500 години пр.н.е е пронајдена на археолошкиот локалитет Цоцев Камен, Кратовско, тврди Вангел Божиноски, соработник на МАНУ за проектот “Неолитска архитектура“. Станува збор за единствена грамадна претстава на Големата Мајка кај нас, изделкана во вулканска карпа со висина од шест метри и широчина од три метри, тврди архитектот Божиноски, кој прв ја препознал фигурата во купот обраснати камења на локалитетот.
Претстави на оваа праисториска божица се пронајдени на повеќе наши локалитети, но со мали димензии, од по неколку десетици сантиметри, бидејќи фигурините најчесто биле дел од ентериерот на неолитските домови. Големата скулптура од Цоцев Камен има стилизирано тело, глава на која се издлабени очи, птичји нос и коса, слична на светските фигури со претстави на оваа божица, како онаа од Малта, која е висока само еден и пол метар.
Божиноски вели дека ова е голем пронајдок, кој ја потврдува широката распространетост на култот на Големата Мајка на наша територија. -Скулптурата е исправена и стои во центарот на светилиштето. Веројатно локалното население се собирало околу неа правејќи ги ритуалите за плодност и благосостојба, кои се одржувале во нејзина чест - вели Божиноски.
Археолозите, пак, како и досега, се резервирани во однос на откритијата за Цоцев Камен од страна на луѓе што не се во археолошката фела, сметајќи ги за контроверзни, најмногу затоа што локалитетот е археолошки неистражен, иако многумина претпоставуваат дека бил дрвено светилиште и праисториска опсерваторија.
Локалитетот најмногу го истражувал Душко Алексовски, претседателот на македонскиот Центар за карпеста уметност, кој минатата година ги сумираше своите истражувања во книжевно издание. Археологот Паско Кузман се оградува од анализите на Цоцев Камен велејќи дека, како археолог, не може да анализира сознанија до кои е дојдено по неархеолошки методи.
- Не можам да ги коментирам сознанијата на луѓето од интердисциплинарните науки. Тие се служат со поинакви методи на истражувања, кои се спротивни на археолошката методологија - вели Кузман.
За време на истражувањата на Алексовски на Цоцев Камен е откриена и мала фигура со претстава на божицата мајка (од 30 сантиметри), што ја потврдува нејзината популарност во регионот. Таа, како и нејзините двојнички, има нагласени женски облини, а на главата доминираат очи и нос. Како и во другите примери, таа нема уста, додека екстремитетите се стилизирани.
Дека Големата Мајка, како серодителка и како извор на животот, се почитувала во Македонија, покажуваат и малите скулптури и жртвеници со нејзиниот лик најдени во скопските села Говрлево и Тумба Маџари. Таа се претставува како заштитничка на домот и на семејството, мајка-хранителка, и како мајка регенератор, која го реинкарнира телото на покојникот. Таа е отелотворување на женскиот принцип, на плодноста, раѓањето и на создавањето.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1733&ArticleID=115910


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 13:24
Не знам колку откритиево има кредибилитет со Вангел , шала на страна, интересна локација е ова цоцев Камен. Сеуште е рано за било каква потврда пошто релативно краток период се истражува локацијава, но увек ме фасцинирал овој период на карпеста уметност. Овие предели се доста богати со ваква карпеста уметност, баш тој Душко Поповски што се споменува во текстот на една емисија скоро викаше. Македонија има карпеста уметност колку што има низ цела Европа, а пак Кратово и околината има колку што има низ цела Македонија. Особено ме фасцинираат текстуалните записи и обидиите да се прочитаат, а чат пат и по некоја фраза што е останата до ден денес. Некоја слична категорија локалитет е како кокино, мислам од тој период.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Jun-2009 at 13:36
Не е веројатно за тука муабетот, ако не преместете го во меана попосле, но кога спомна фрази останати до денес, навистина не можам да сфатам како во грчкиот ги имаат 95% истите фрази што ги имаме и ние. Да не почнам да набројувам, ама „да не видиш бел ден“, „душата ми излезе“ и уште преку 100 други се користат баш исто вака буквално преведени на грчки. Сум слушнал за http://en.wikipedia.org/wiki/balkansprachbund - balkansprachbund , ама тоа нема баш многу врска со ова, туку повеќе има врска со археологијата и античките народи. Интересно навистина што сè останало од тогаш.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 13:44
Пардон не фрази, зборови. Ееве на пример зборовите ЗЕТ и НЕВЕСТА биле владетелите во тоа време. Владетелот бил ЗЕТ, а жена му невеста. Па после тоа традицијата навела да младоженците бидат крунисувани како ЗЕТ и невеста, односно како господари на своето ново царство (фамилијата). Гледал народот зет па и младожењата си го крунисувалке како зет. А зачудува и тоа што голем дел од буквите уште од тоа време се влечат до денес. Балканов е преплавен со ваква уметност може да се најдат по нет едно чудо матерјали.....да не скенирам сега списанија.

А тоа што спомна со фразите на грчки интересно. Да не беше последниов век и политиката така тектонски да ја помести насилно границата меѓу словенското (македонско) и ахајското (данајско) население сигурен сум дека областите од халкидики према запад, под олимп и натака епир ќе беа многу интересни како мешавина на две култури и ќе беше жив музеј да се гледа преодот на две макрокултури со сите свои ора, обичаи и дијалекти.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jun-2009 at 13:52


ЛСЛ тој преод се гледа и денеска. Ако ги изземеме политичките фрустрации на страна (и јазикот), Грците се можеби наш најблизок народ по толку многу параметри. Барем според мене.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Jun-2009 at 14:00

Апсолутно е така, од лично искуство тврдам. Да поживеете тука само неколку месеци, ќе сфатите веднаш (политики и глупости настрана). А за јазикот, само вокабулар ви треба и тоа е. Сè буквално си преведуваш од македонски и инстантно зборуваш правилен грчки.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 14:15
Да да и јас го имам приметено делумно тоа во грчки јазик, со моето супермаркетско познавање. Буквално да преведеш, а и да утнеш ќе те разберат, што не е е случај со други јазици и звучи аспсурдно. Можеме да извадиме еден список зборови со исто значење каде што само префиксот/суфиксот е рудиментиран поради различното говорно подрачје (што чак е случај и во рамките на еден јазик, а не па различни јазици).

Инаку тој преод што е дене, не е тој оригиналниот. Денешниов преод е генериран од некоја форма на ново-хеленизирани македонци па да речеме Пуштено оро еволуира во Левентикос па нешто е доизменето попримено од потемпераментните грчки ора и слично. Да не збориме за големиот број доселеници од Анатоли што со себе во мираз пак си имаат доснесено плус културни моменти, па да речеме нивното влијание доста се приметува во музиката со сите тие иснтрументи што додека не запее мислиш дека си во Багдат. Ама пак не е тој оригиналниот преод којшто денеска највеќе се заприметува во носиите за разлика од лингвистиката и музиката каде што е доста поместен северно. Мислам конкретно за она што е од Костур каде што се осеќа влијанието, па надоле се до Гревена, но збориме до пред сто години. Стварно, немојте погрешно да ме сватите не ми е до политики, чисто сакав да околу културниов момент да се пишеме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jun-2009 at 14:19


ama lsl ne treba da baras preod vo nosii ili ora ili takvi raboti. Pogledni gi lugjeto. Od slengot i frazeologijata (za koja zboruvame deka e identicna koga kje se prevde) do smisolot na humor, zivotniot stil, nacionalnata kujna, navikite, vrednostite itn.... Slicnosta e ogromna. Ne deka ne sme strasno slicni i so drugite sosedi (so nekoi sme fakticki maltene isti narodi kako sto diskutiravme pred nekoj den) no vo realnosta ako gi zememe site parametri na kup, mislam deka grcite se perfect match.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 14:24
Па добро бе Џуро нормално, јас само навлегов у по ситници. Нормално дека во пооштата слика сме слични, па до пред сто години тука немаше ќорава граница, како да не бидеме слични.

Само што грците имаат една маана што никаде ја немам видено, освен у Грција! На улица ако треба и сто метра и двеста метра , гајле немааат, викаат еден по друг. Телефон у никој случај! LOL  Cheers



Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 14:57
Tauresium (Таор) -  Скопско, родното село на Јустинијан I.

01.


02.


03.


04.


МИА-ФОТО www.mia.com.mk


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jun-2009 at 18:21
Прес СВР - Битола
Петок, 26 Јуни 2009 17:38

GOKO%20STREZOVSKI%203

По претходно добиени оперативни сознанија и по изведена наредба од Истражен судија, од старна на полициски службеници од СВР Битола , извршен е претрес во неговиот дом ,при што е констатирано дека:

Пријавениот со намера противправно да присвои ископини односно предмети од археолошки ископувања, без да поседува дозвола за тоа од надлежен орган ,во својот дом чувал осум бронзени монети и тоа пет бронзени монети кои што припаѓаат на македонскиот период од времето на владетелите Аминта и Филип втори, со датација од 5 от до 2 от векпред нашата ера,една римска бронзена монета и една венецијанска бронзена монета и една монета од периодот меѓу 18от и 19 от век.Предметниот материјал е одземен и испратен на вештачење во Заводот и музеј Битола , од каде е потврдено дека се работи за монети кои што претставуваат значаен дел од историјата на нашето подрачје и се дел од нашето културно наследство.

GOKO%20STREZOVSKI%202

Исто така при извршениот пресрет е констатирано дека дека пријавениот подолг временски период во својот дом изработувал и држел оружје и муниција.Пронајдени се и одземени две пушки, два револвери, преправана воздушна пушка , пушка од непозната марка,цевка за пушкомитралез,два затворачи за оружје, рачно изработен пригушувач, дваесет парчиња ловечка муниција, 46 парчиња малокалибарски куршуми и еден куршум калибар 7,62 милиметри.

Пронајденото оружје, деловите од оружје и муницијата се одземени и испратени на вештачење

GOKO%20STREZOVSKI%201

во секторот за криминална техника при Министерството за вантрешни работи на РМ ,од каде што е добиен наод и мислење дека по превземените пробни манипулативни дејствија со склоповите од доставените инпровизирани и рачно изработени огнени оружја , истите испарвно функционираат.идејќо истите се рачно изработени ,тие не се безбдени за употреба.Според сето наведено, утврдено е дека постојат основи за сомнение дека пријавениот ги сторил претходно споменатите кривични дела."- вели Ѓоко Стрезовски- портпарол на СВР Битола



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9488&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9488&Itemid=106

Ај го фатиле, а јас што имам другарка што ја има пола Хераклеја дома? И 1/4 од Стоби Сериозно, па ич око не им трепнува.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2009 at 00:05

Откриен апсидален објект на Стибера

На античкиот локалитет Стибера, во близина на Прилеп, при истражувањата е откриен нов импозантен објект со апсидална форма и епиграфски споменик. Тие фрлаат нова светлина за животот во античкиот град.

- Новата градба е во продолжение на објектот со култна намена, кој лани беше откриен. Претпоставуваме дека објектот не бил посветен само на култот на императорот, туку и на некои од божествата што биле заштитници на градот. Ова се првични претпоставки. Очекуваме до крајот на ископувањата да се добие појасна слика за што служела градбата - вели археологот Лилјана Кепеска, раководител на проектот.Епиграфски споменик „табула ансата“ што е откриен е со натпис во повеќе редови.

- Споменикот треба да се прочита. Со читањето ќе добиеме одговори на повеќе прашања - додава Кепеска.Со ископувањата се појавил нов културен слој, кој, според надлежните, давал индиции дека во античка Стибера имало градба и во 4 век.Стибера како град бил формиран во четврти - трети век пред наша ера.Опстојувал до трети век. Во досегашните истражувања откриени се повеќе мермерни скулптури, статуетки и друг движен материјал.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EABDBCF8C119D54D8DBC25C6E1BC881E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jul-2009 at 03:58

Археолошките ископувања чекаат ребаланс

Големите археолошки ископувања во земјава сопреа, иако почнаа со најава дека истражувачите ќе бидат на локалитетите до Нова година. Рецесијата не е причина за паузата, тврди Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство која ги координира проектите што ги финансира Владата. Според него, на повеќе локалитети работата е веќе завршена. На четирите големи наоѓалишта, некрополата кај валандовското село Марвинци, античките градови Стоби кај Градско и Хераклеја Линкестис кај Битола и скопското Кале ќе продолжат со наредниот ребаланс на буџетот. Сепак, додава Кузман, одморот на сите им бил добредојден.

- Рецесијата не влијаеше на археолошките ископувања, освен можеби на едно од нив. Сепак, не може да се нарече намерно скусување на буџетот. До јуни не успеавме да направиме целосна реконструкција на трпезаријата на Тетовското кале. Имаше многу повторувања на тендери, па од 18 милиони денари што ни беа доделени за таа намена Министерството за финансии ни повлече 10 милиони денари. Генерално, работиме следејќи го темпото на ребалансите на буџетот. Со ребалансите добивам пари за ископувањата - вели Кузман.

НЕОПХОДЕН ОДМОР

Според него, веќе се реализирани помалку обемните ископувања на 16-те локалитети низ земјава. Екипите работат уште на Енгелана (киклопските ѕидини пред Охрид) и Стибера кај Прилеп. Кузман посочува неколку причини зашто наеднаш запреа ископувањата на четирите капитални локалитети на кои работеа повеќе од 2.000 луѓе.

- Рецесијата не е ниту една од нив. Прво, сите веќе се „гроги“. Луѓето се на терен од март. Им требаше одмор. Сите бараа да здивнат. Ние секако ќе имавме одмор во август, само што сега почна малку порано - вели тој.Сепак, стручните тимови се' уште се на терен. Тие ги документираат и ги инвентаризираат наодите. Кузман вели дека секое археолошко ископување е жива и динамична работа и никогаш не може темпото строго да се зацрта.

- Излегоа толку многу движни наоди и од некрополата на Марвинци и од Стоби, што почна да ни се заканува опасност да се изгубат податоците. И да работат по 24 часа на ден, луѓето нема да стигнат да ја евидентираат и да ја документираат секоја ситуација што се појавила при ископувањето. Затоа паузава добро им дојде и на археолозите за да го средат материјалот - објаснува Кузман.

НА КАЛЕ СЕ РАБОТИ

Годинава на археолозите не им се погоди многу времето за работа. Кузман вели дека секое попладне врне на терените, не може земјата да се исуши за да продолжат со нормално темпо на работа.

- Само на скопското Кале се обидуваат по секоја цена да завршат затоа што таму динамиката на работа е поспецифична. Брзаат зашто наесен треба да почнат подготовките за конзервација - објаснува тој.Од ребалансот на буџетот зависи кога ќе продолжат ископувањата. Можеби наесен, можеби порано.

На четирите капитални проекти работеа најголеми екипи. На Исар-Марвинци имаше 600 луѓе, а Стоби го истражуваше тим од 580 луѓе. На Хераклеја беа концентрирани 400 стручњаци и работници, а на скопското Кале - 470 луѓе. Истражувањата ги координира Управата, а ги спроведуваат Музејот на Македонија, Заводот и музеј од Битола, Музејот на град Скопје и новоформираната институција Стоби. Сите ископувања почнаа на почетокот на март. Иако на почетокот беше најавено дека за целосно да се истражат, за секој од четирите локалитети ќе бидат потребни околу 250 до 300 милиони денари, во ископувањата веројатно ќе биде вложено помалку.

Пајонски гроб на Плаошник

Гроб богат со пајонски бронзи пронашле археолозите деновиве на Плаошник во Охрид, вели Кузман.  Покојникот имаше цела појасна гарнитура и многу македонски или пајонски бронзи. Тие се многу значајни за нас. На Плаошник има многу наоди. Таму работите воопшто не запреле. Брзаме поради изградбата на Светиклиментовиот универзитет. И таму имаме проблем со инвентаризација бидејќи има многу наоди - вели тој. Кузман вели дека е апсолутно задоволен од резултатите, како што се и сите археолози вклучени во ископувањата. На локалитетите, вели, има суперинтересни наоди. На Марвинци се пронајдени многу црно-фигурални и црвено-фигурални вази, златни предмети што се многу важни за раната антика. На Стоби излегол гроб со стотина теракоти, една Афродита - прекрасно изработена.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A780360697954A4CB9DD14008EEDB489


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jul-2009 at 17:49

Охрид: Вредни златни предмети откопани крај Горна порта

18/07/2009 16:36:00

Златни предмети, пари и други значајни артефакти кој според првичните впечатоци потекнуваат  од 4 и 5 век пред нашата ера открија денеска група археолози во близината на Горна порта во стариот дел на Охрид.

Засега нема официјални информации за што точно станува збор. На локалитетот Горна порта на кон истражувањата започнаа пред неколку месеци се наоѓа бројна аргхеолошка екипа, предводена од Директорот на националната Управа за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман.

Дека кај Горна порта е пронајдено нешто многу значајно говори и пoдатокот дека локалитетот
попладнево го посети и претседателот на државата Ѓорге Иванов кој го прекина следењето на охридскиот пливачки маратон.

За новите археолошки наоди веднаш била информирана и министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска,и премиерот Никола Груевски. Археолошките истражувања се уште се во тек и очекуваме потврда на информацијата што точно е пронајдено.
 
Пронајдените вредни археолошки наоди на локалитетие во Охрид само го потврдуваат континуитетот на живеењето и развојот на цивилизацијата на овие простори. Наши извори од Управата за културно и историско наследство велат помеѓу откриените предмети највреден бил златениот гердан со должина помегу 40 и 50 сантиметри.

Директорот Кузман не сакаше да даде никаква изјава. Само потврди дека станува збор за повеќе од вредно откритие и дека во моментов интезивно се работи на утврдување на неговата вредност како и од кој период точно потекнува по што во деновиве ќе има официјална информација.

Денешнава вести предизвика големо внимание во Охрид помеѓу граѓаните и туристите кои се упатуваат кон самото место каде не беше дозволено снимање и фотографирање.

http://alsat-m.tv/mk/vesti/kultura/15295.html

Охрид- ново вредно археолошко откритие

сабота, 18 јули 2009, 18:28

Вредно археолошко откритие е откопано кај локалитетот Горна порта во Охрид.
На местото каде што се смета дека е пронајден значаен артефакт присутна е бројна археолошка екипа која ја предводи директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. На локалитетот беше и претседателот Ѓорѓе Иванов.
Засега не се соопштува за каков пронајдок се работи, детали се најавени за утре.  Неофицијално се говори дека е пронајдена е гробница од 4 или 5 век со многу прилози од разновиден материјал од злато, бронза и сребро. Карактеристикитe покажуваат дека  припаѓале на најстариот древномакедонски етнос.

Во непсоредна близина на локалитетот, во 2002 година беше отриена златната маска. Археолозите велат дека според засега откриените артефакти, гробницата е скоро идентична на оваа во која беше пронајдена златната маска.


http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=10470



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 18-Jul-2009 at 19:16
Сега ли копаат во Охрид, за викенд, во сред сезона!?

Многу се посветени на работава, ќе се утепам од смеење Владава ако во потрагата по гробот на Александар, по грешка го најде Џими Хофа или Хитлер Nuts...глуп муабет!!!




-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jul-2009 at 20:32
Далеку од тоа дека се бара гробот на Александар меѓу некои куѓи во "горна порта"! Теренски активности обично не познаваат викенд! Ако ти кажам дека сега моментално се враќам од велосипедска патека и на трибината се работеше масивно дали ќе ти биде иста реакцијата!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 19-Jul-2009 at 10:33
Originally posted by lslcrew

Далеку од тоа дека се бара гробот на Александар меѓу некои куѓи во "горна порта"! Теренски активности обично не познаваат викенд! Ако ти кажам дека сега моментално се враќам од велосипедска патека и на трибината се работеше масивно дали ќе ти биде иста реакцијата!

Добро со стадионот познато е дека го бркаат рокот. Дури и очекувам после рокот да не видиме работник таму во наредните 10 години, ама тоа е друг муабет...
Има нешто со археологијава, ништо не е случајно, само ќе премине во политика темава...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2009 at 02:59

Податоци за литургија откриени во црква од 6 век во Коњух

Во апсидата, како и во Филипи, откриена е база за амвон

Катерина Богоева

Црква од времето на Јустинијан I, од 6 век, откриена минатата година на локалитетот Големо Градиште - Коњух, за чија големина и значење говори и зачуваната репрезентативна камена пластика, открива нови моменти од својата историја. Во нејзината внатрешност се наоѓаат и бази од два амвона, што засега се среќаваат само во Филипи, Грција. На ова, но и на други моменти од значењето и вредноста на локалитетот, укажуваат археолозите од македонско-американскиот тим што работат на северното плато, околу кое минува Крива Река. Локалитетот се истражува од 1998 година, од кога се' до 2004 година се истражувал просторот на ридот, акрополата на градиштето каде што е констатирано постоење тврдина од истиот век. Веќе пет години се работи на долниот дел, на откривање на градот кој се смета дека бил подигнат во 5, а постоел до крајот на 6 век. Според сегашните процени, се протегал на површина од 4 до 5 хектари, а освен црквата, се откриени и станбени објекти, улици, како и различен вид мали керамички предмети, но и големи питоси што се чуваат во музејот во Кратово.

Археолозите долго време ја барале црквата, нејзината можна локација била забележана дури во 1938 година, а три години се истражувало околу неа. Раководителот на тековниот проект, археологот виш кустос Горан Санев од Музејот на Македонија, деновиве на самото место, меѓу откриените делови од црквата, со задоволство потенцира дека континуирано се открива вистински урбанизиран, доцноантички град, со многу сложен систем на улици, на патеки, со многу кривини како во своевиден лавиринт. „Мислиме дека во овој рударски крај, на тој начин градот ги заштитувал своите производи од крадци. Се претпоставува врз основа на старите историски извори дека е еден од четирите града, што во овој регион ги подигнал императорот Јустинијан I. Како можен се споменува градот Транупара, но сеуште не е пронајден никаков натпис за да може да се говори со сигурност. Другите три града не се познати, бидејќи овој североисточен крај на Македонија не е ни посебно истражуван. Тоа е проблем во нашата археологија, имаме сознанија за многу од градовите, од градиштата, за населбите, локалитетите кои се евидентирани во регистрите, но малубројни и без континуитет се истражувањата за да се извлечат повеќе податоци. За среќа, овој локалитет континуирано се истражува, а долниот дел каде работиме, бил навистина погоден за живеење, иако не се наоѓа на јужна страна како и што е вообичаено. Претпоставуваме дека целата населба засега зафаќа околу 17 хектари и ги опфаќа двете градишта, но се' уште не знаеме каде се наоѓа некрополата“.

Во откриените објекти во долниот дел од градиштето, особено во црквата се констатирани посебни градежни фази, а се претпоставува дека под неа се крие и друга, постара. Се смета дека животот во градот замрел по некој голем земјотрес.

На просторот на откриената црква, вниманието на прв поглед го привлекува добро изработената камена пластика со резба, но сеуште не се пронајдени мозаични или поплочени подови, што говори за нејзино големо оштетување. Археолозите утврдиле и дека во различни периоди, била прекопувана и од диви копачи.

“Во олтарниот дел, во близина на апсидата најдовме многу животински коски. Оние кои таму прекопувале барајќи најверојатно реликвии, оставиле вистински хаос. Додека таму луѓето нешто јаделе, мислам дека се случил или пожар или некоја друга непогода. Кровот на црквата се срушил, откако материјалот од подот бил однесен, а накрај се срушиле и ѕидовите“, посочи археологот Каролин Снајвли (професор на колеџ во Гетизбург, Пенсилванија, која го истражува локалитетот Коњух од 1998 година), покажувајќи ни ги рабовите на ѕидовите и видливите камења, а под нив и зачуваните ќерамиди. Не' информираше и дека селаните од околината отворено говорат каков материјал од локалитетот е изнесуван. „Видовме вградени два столба во балкон од една куќа во близината, а луѓето овде барале и цигли. Всушност, имавме среќа црквата да биде добро зачувана, бидејќи овде било многу пати копано во потрага по цигли, по столбови... Среќа е што се зачувани и податоци за одржување литургиите. Пронајдовме што е навистина голема реткост, една мала во олтарниот дел, и една надвор од него, две бази за амвон, мали платформи каде што свештеникот или епископот стоел додека пеел, читал или им се обраќал на луѓето. Јас таков пример досега сум сретнала само во Филипи, во Грција. Градов што го истражуваме се наоѓал во римската провинција Дарданија, а досега немавме многу податоци за црквите во неа. Во околината, се наоѓа и познатата чудна, црква, познатата во науката ротонда, која има одредени сличности со црквата која лани ја откривме, слична е и по камената пластика. Баргала е најблискиот град во околината, што датира од тој временски период“. Археолозите досега во долниот дел од градиштето откриле многу работи, ги документираат, и повторно ги затрупуваат со земја. Снајвли смета дека градот кој се открива, повторно бил обновен, во четвртината од 6 век кога на ридот била подигната тврдината. Претпоставува и дека некаде во втората половина на шестиот век, луѓето напуштиле еден негов дел бегајќи во горниот дел од градиштето. „Знаеме дека горе на ридот на крајот на шестиот или почетокот на седмиот век, се случувало нешто драматично, што го означило и крајот на живеењето на луѓето“.


Археологот Каролин Снајвли стои на една од двете бази за амвон, на кои стоеле свештениците

Михаил Стојаноски, кустос во Музејот на Македонија е еден од истражувачите на локалитетот, кој посочува на откриените градби на кои деновиве се работи, но и на цел станбен комплекс кој од под земја излегол при истражувањата што траеле од 2004 до 2006 година. „Се работи за комплекс со многу простории, што се доградувани и преградувани во повеќе фази. Овој град е многу е поразличен, не може да се споредува ниту со Стоби, ниту со било кој посилните доцно антички градови. Но, иако многу поскромен во градбата и во другите елементи, во него е откриен и водоводен систем, детектирани се и улици, станбените комплекси за живеење, црквата, административни згради... Сега за сега, парцијално го фаќаме, но потребно е подолг период и понатаму да се работи, доколку постојат финансиски средства сето тоа и да се конзервира, да се ревалоризира, до него да се направи пат и се разбира да и се презентира на јавноста“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CF54D185AE49F941A62B57F4170C64CA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jul-2009 at 19:08

Ново е-списание „Македонски археолошки вести“

Управата за заштита на културното наследство во соработка со Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан ќе го издава електронското списание „Македонски археолошки вести“ на веб-страниците www.mav.mk и на www.man.mk


%20
Првиот број на списанието, кое ќе биде достапно од 2 август, содржи текстови и ексклузивни фотографии за најновото археолошко откритие од Горна Порта во Охрид, како и наоди од Исар Марвинци, Стоби и од археолошките локалитети Била Зора, Хераклеја Линкестис и Скопската тврдина.

Списанието ќе има функција да ги запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања што се преземаат на територијата на Македонија.

- Македонскиот археолошки весник еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период. Дел од мисијата на списанието ќе биде да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност – велат од Управата за заштита на културното наследство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73191013337&id=16&prilog=0&setIzdanie=21752


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 02:00

Билазора била главен штит на Македонија

Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар

Многу години очекувавме откривање и дефинитивно потврдување на локацијата на Билазора, еден од најголемите градови во пајонско-македонското време. По двегодишни систематски археолошки истражувања, сега, конечно, со сигурност може да соопштиме дека Билазора, главниот штит на Македонија од тоа време, била овде, на локалитетот Градиште, кај село Кнежје, на четири километри од Свети Николе.

Ова на презентацијата на резултатите од двегодишните ископувања на локалитетот Градиште, го истакна раководителот на проектот, археологот Стефан Данев. Истражувањата биле со поддршка од 500.000 денари од Владата, а значителна помош даде и Американската фондација за археолошки и историски истражувања од Тексас, преку која во истражувањето во Кнежје се вклучени и триесетина археолози, студенти и професори од десетина земји, кои со голем интерес и возбуда работат на овој проект.

- Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар. Материјалните докази што ги откривме сведочат за една многу богата историја меѓу овие вредни ѕидови што траела од 7 до 2 век пр.н.е., односно од 167 година пр.н.е., кога градот бил разурнат, по што и на овие простори дошло време на римската империја - рече Данев. Во истражувањата на импозантниот град, за кој се претпоставува дека се протега на површина од 20 хектари, досега се откриени ѕидовите на бедемот на акрополата, одбранбени кули, влезната порта, градскиот плоштад, храм, вреден движен материјал.

На презентацијата присуствуваше и пензионираниот долгогодишен професор на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Иван Микулчиќ, кој пред три децении прв ја објавил предлог-тезата за местоположбата на Билазора на локалитетот Градиште кај Свети Николе.

- Мило ми е што сега се потврдија тие претпоставки. Уште тогаш дојдов до заклучок дека ова е најголемата утврдена населба во тој период на подрачјето на некогашната Пајонија, за која грчкиот историчар Полибиј запишал дека се вика Билазора и оти тоа бил најголемиот пајонски град изграден на идеално место за одбрана на Пајонија, а подоцна и на Македонија, од упадите на Дарданите од Скопско-кумановскиот регион. Пајонците со време сосема се зближиле со Македонците, а во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата држава. Значи, Пајонците, кои долго биле самостојни, на крајот се претопиле во големата македонска држава и станале најсеверно македонско племе. Своевремено некои европски историчари претпоставуваа дека Билазора веројатно треба да се бара кај Велес, но истражувањето јасно покажа дека тоа не е точно - објаснува д-р Микулчиќ. Бидејќи се работи за големо откритие, археолозите се категорични дека истражувањата на Билазора мора да продолжат и тоа со зголемен интензитет, за што ќе бараат поголема поддршка од Владата и од Министерството за култура.

- Овој локалитет, како еден од приоритетните, се' уште не е влезен во капиталната програма на Владата. Но, верувам дека тоа ќе се случи уште во следната година, со што ќе се добијат повеќе пари за истражување. Колегите-археолози ја погодија вистинската позиција, вистинското место што возбудува и убеден сум дека овде наскоро ќе доаѓаат многу туристи за да ја видат најсеверната одбранбена точка на Македонија - изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија.

Кралевите ги крунисувале во Брегалница

Според археолозите, Пајонците своите кралеви ги крунисувале во реката Астибо, денешна Брегалница, во близина на нејзинот влез во Аксиос (Вардар). Потоа церемонијата продолжувала во Билазора.

По пропаѓањето на Билазора, на триесетина километри од неа никнал градот Астибо, денешен Штип. Реката Астибо подоцна била преименувана во Брегалница, најверојатно според тогашниот антички град - Баргала.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B74B15DFB9ECEB4DBC67CF5F9ECFA0F1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 22:06
Ќе се истражуваат Латински гробишта и Кале


Во септември археолозите ќе ги продолжат минатогодишните ископувања на локалитетот Кале кај селото Згрополци. Стручњаците веруваат дека во овој локалитет, кој е од македонско-хелинистичкиот период и кој се наоѓа на десетина километри од античкиот град Стоби, ќе откријат поголем број непознатици за животот и културата на жителите кои живееле во него


Археолози од Народниот музеј од Велес и оваа година ќе ги продолжат ископувањата во античките локалитети "Латински гробишта", недалеку од селото Раштани и "Кале" во близина на селото Згрополци.

На локалитетот Латински гробишта археолозите ќе вршат ископувања на станбен објект, кој што во 2006 година, случајно беше откриен, при извршување на градежни работи на новите велешки градски гробишта.

Локалитетот, според раководителот на проектот, археологот Анита Василкова Мидоска, е од древниот антички период. Во наредните триесетина денови тројца археолози и петнаесет работници планираат да извршат целосно истражување на објектот, да ја откријат неговата намена и секако да пронајдат предмети и накит со што ќе можат да ја заокружат целината и хронологијата на овој локалитет во кој се уште се кријат многу тајни.

"При ископувањата во 2006 година откривме 21 гробница со инхуминирани покојници со ориентација запад-исток, што е ретко и што го нема во други локалитети. Во гробовите не пронајдовме никаков накит или предмети што јасно ни кажува дека локалитетот е од доцниот антички период", ни рече археологот Василкова.

По завршувањето на истражувањата на овој локалитет во текот на септември археолозите од Народниот музеј од Велес ќе ги продолжат минатогодишните ископувања во локалитетот Кале кај селото Згрополци. Стручњаците веруваат дека во овој локалитет, кој е од македонско-хелинистичкиот период и кој се наоѓа на десетина километри од античкиот град Стоби, ќе откријат поголем број непознатици за животот и културата на жителите кои живееле во него.
Средствата за продолжување на истражувањата во локалитетот Латински гробишта ги обезбеди општина Велес, додека Министерството за култура за локалитетот Кале обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=11DACECE3B24F746A0FADD052A04A763


Posted By: igorius
Date Posted: 07-Aug-2009 at 14:49
еве им нов сајт на археолозиве наши...не знам некако лошо ми изгледа мене лично али ете да го евидентираме

http://www.mav.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2009 at 04:29

Во Црквиште се санираат штети од дивите копања


Локалитетот Црквиште, с. Мородвис, Кочанско

Од локалитетот во с. Мородвис, кој е на европската листа на културно наследство, однесени се и значајни парчиња

Катерина Богоева

Археолошкиот локалитет Црквиште, во кочанското село Мородвис, кој досега повеќе пати, особено во 2003 и 2004 година, беше изложен на големи насилни оштетувања од страна на дивите копачи, деновиве повторно е во фокусот на интерес на археолозите од Музејот на Македонија. Со финансиски средства од 250.000 денари, археолошкиот тим кој го чинат и млади археолози, предводен од кустосот - советник Кирил Трајковски, работи на санирање на штетите на овој споменик на културата кој има висока вредност и е вброен во македонската листа на Регионалната програма за културното и природното наследство на Југоисточна Европа.

„Во завршна фаза се започнатите хемиски и физички анализи, кои се потребни за понатамошната, планирана конзервација, санација и реконструкција на една од четирите цркви. Иако овој црковен комплекс ги исполнува сите критериуми за влегување на европската листа за заштита на културните вредности, тој сеуште се соочува со нерешени имотноправни проблеми, но и со проблеми за негова целосна безбедност“, вели Трајковски.

Напоменува дека годинава на археолозите од Македонија, но и од три соседни земји, ќе им бидат пренесувани искуствата за примена на недеструктивни методи во археолошките истражувања, кои не се користат во земјава. Планирани се и аероархеолошки испитувања во функција на дигитална компарација со досега добиените резултати.


Дел од впечатливата камена пластика

Како истражувач на доцноантичкиот и средновековен археолошки локалитет од 1980 година, Кирил Трајковски посочува дека историјата на градската населба почнува во 4 век, продолжува во петтиот, кога е изградена ранохристијанската базилика и гробницата. На крајот на 9 век, на веќе срушената црква била изградена нова, поврзана со Брегалничката мисија, за во 11 век да стане епископски, владички центар, кој во следниот век ќе биде и разрушен. Кон крајот на 13 век, е подигната нова, скромна, помала, но со многу оригинален план, четврта црква. Најголема штета досега претрпела гробницата, а од црквите во изминатите 10 години биле однесени и многу примероци на камена пластика.

„Се' е документирано, се надевам дека во иднина однесените вредности ќе може да ги ставиме на Интернет и да бараме да се вратат назад“, вели тој.

За најатрактивен архитектонски споменик на локалитетот Црквиште се смета епископската базиликална црква, седиштето на епископијата Мородвис, чија внатрешност била организирана и украсена во духот на 11 век, со доградби и преправки во следните два века.

Поради потврдените високи вредности, како и што стои во направената проценка за влез во Регионалната програма за културното и природното наследство на Југоисточна Европа, се очекува да пополни дел од синџирот археолошки локалитети што се од интерес на туристите, како и на студентите /професионалци и да поттикне скромна економска подршка на генерално сиромашната земјоделска општина.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=61DC680EC395714E95266BBFBDBF9374



Posted By: igorius
Date Posted: 02-Sep-2009 at 14:27
 
http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=28830&rub=43 - ОТКРИЕН ТАЈНИОТ ТУНЕЛ ПРЕКУ КОЈ ТУРЦИТЕ ГО ОСВОИЛЕ ШТИП



     Археолозите го потврдија најраскажуваното народно предание во Штип и Штипско, легендата за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој во 17 век пишувал и турскиот патописец Евлија Челебија. Истражувачите од штипскиот Завод и музеј деновиве открија 30 метри од тунелот што води од реката Брегалница до врвот на утврдениот град на Исарот, возвишение што е на 150 метри над нивото од реката.

- Ретко кога една легенда може да се докаже. Оваа, дефинитивно, се покажа точна. Тајниот тунел, кој служел за воени цели и за носење вода од Брегалница во тврдините е висок од два до 2,5 метра и широк од 1,5 до два метра. Има и проширувања, кои служат како одморалишта, како и мали вентилациски отвори. Во првите триесетина метри што ги откривме, откопавме и 32, одлично исклесани скалила, кои водат кон врвот на Исарот. Според керамиката и другите предмети што ги најдовме, тунелот најверојатно е граден во античкиот, а е користен и приспособуван и во средновековниот период - вели Ѕвонко Белдедовски, археолог во штипскиот Завод и музеј.

ЛЕГЕНДАРНИОТ ТУНЕЛ

Тунелот под Исарот одамна беше негова преокупација. Отворот на тајниот тунел во коритото на Брегалница од страната на Ново Село случајно беше откопан при поставувањето колекторска мрежа на периферијата од градот во 1986 година. Тогаш Белдедовски запиша дека има големи шанси тоа да е легендарниот тунел. Но, предупреди и дека мора да се извршат археолошки ископувања, бидејќи било можно да се работи за некоја стара рударска јама. За жал, тогаш тунелот беше затворен.

Археолошките истражувања што почнаа пред месец и половина сега потврдија дека се работи за тунелот опишан во легендата. Преку него, Османлиите го освоиле утврдениот град околу 1385 година. Члебија пишува дека голема војска на султанот Мурат Први долго, безуспешно ја држела под опсада и се обидувала да ја освои тврдината. Еден ден Турците забележале како под тврдината од речното корито излегуваат патки, а потоа и неколкумина бранители на градот. Заробените бранители ја откриле тајната на тунелот, па Турците лесно го освоиле добро утврдениот град.

ИСТРАЖУВАЊАТА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

Археолошките истражувања на тврдината Исар, изградена како дел од средновековниот град Штип, врз темелите на античкиот Астибо и на византискиот Стипион, почнаа лани. За нив Владата издвои три милиони денари. Лани, во првата фаза, се истражуваше највисокиот акрополен дел од цитаделата. Археолозите открија стара црква, внатрешна кула (за која дотогаш не се знаеше), две цистерни за вода, јужната одбрамбена кула и керамика од доцноантичкиот до раноосманлискиот период. Истражувачите пронајдоа и ретко оружје - железни стрели, ѓулиња и катапулти, со кои била бранета тврдината. Втората фаза од ископувањата во која се вклучени десетина стручњаци и стотина работници, почна пред 1,5 месец и ќе трае до крајот на јули. Покрај тунелот, археолозите ја открија старата црква „Свети Власие“, керамика, накит и добро сочуван мермерен капител во коринтски стил.

Заводот и музеј планира да продолжат истражувањата. Целта е да се изврши конзервација и реконструкција на тврдината, која до крајот на 2011 година треба да биде осветлена. Така Исарот, гордоста на Штип, ќе блесне над градот. Тајниот тунел, особено ако целосно биде истражен, ќе биде посебна мамка за туристите.

- Ќе продолжиме да работиме и да истражуваме. Тунелот е долг неколку стотици метри. Поради повеќевековната ерозија на земјиштето, тешко ќе биде целиот да се пробие. Но, вреди да се проба за вакво интересно и вредно откритие - истакнува Белдедовски.


Posted By: igorius
Date Posted: 02-Sep-2009 at 14:29
http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=29124&rub=43 - НА БАЛТЕПЕ – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛЕТНИОТ КОНАК

Трпезаријата од летниот конак на Абдул Рахман паша, на археолошкиот локалитет Балтепе - тетовското кале, ќе биде реставрирана и конзервирана. Според директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехиџудин Шехапи, целта е овој монументален објект од 18 век да биде заштитен, со што градот ќе добие атрактивен објект за туристите. Тврдината ја сочинуваат повеќе објекти: сарај, трпезарија, касарна, конак, стражарница, затвор и подземен тунел. Активностите ќе траат во наредната половина година, а ќе бидат потрошени 18 милиони денари. Објектот ќе биде адаптиран во музејски изложбен простор. Кон крајот на годинава или идната ќе продолжат и археолошките истражувања.


Posted By: igorius
Date Posted: 02-Sep-2009 at 14:29

http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=29201&rub=43 - ОТКРИЕНА ГРОБНИЦА ОД 5 ВЕК ПРЕД ХРИСТА


Гробница со артефакти со непроценлива вредност, меѓу кои и исклучителни златни примероци на накит од 5 век пред. н.е. беше откриена во саботата во Охрид, како дел од веќе пронајдените седумнаесет гробови, до кои археолошките тимови стигнаа со истражување на просторот од Горна порта до црквата „Света Богородица Перивлепта“. И оваа гробница. како и најголем дел од споменатите гробови, датира од македонско - хеленистичкиот период, од кога потекнува и познатата Златна маска, откриена во близина на истражуваниот простор, во 2002 година.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство. Паско Кузман, на денот на откривањето му ја покажа гробницата на самото место на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, а утредента информираше дека во неа со богати гробни прилози била погребана млада жена, благородничка. Археолозите откриле дека нејзиното лице било маскирано со златна фолија на местото на нејзините очи, на устата како и со еден златен пикторал на местото каде се наоѓало срцето. Ваквиот начин на маскирање со златните предмети се смета за прв таков пример во археологијата на Балканот. Во гробот се пронајдени и други украсни предмети со симболично значење, меѓу кои и златен колан и долга златна лента. Во новооткриената гробница на младата благородничка се откриени и украсни предмети од килибар, кои, според Кузман, нудат нови сознанија за трговијата со северните земји во петтиот век пред н.ера.

Најновото археолошко откритие во Охрид, Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска го посочува како потврда на идентитетот, историјата и културата, најавувајќи дека и во иднина Владата и Министерството ќе продолжат со поддршка на истражување на археолошките локалитети и со заштитата на културното наследство.



Posted By: igorius
Date Posted: 02-Sep-2009 at 14:30
http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=29332&rub=43 - БИЛАЗОРА БИЛА ГЛАВЕН ШТИТ НА МАКЕДОНИЈА


Многу години очекувавме откривање и дефинитивно потврдување на локацијата на Билазора, еден од најголемите градови во пајонско-македонското време. По двегодишни систематски археолошки истражувања, сега, конечно, со сигурност може да соопштиме дека Билазора, главниот штит на Македонија од тоа време, била овде, на локалитетот Градиште, кај село Кнежје, на четири километри од Свети Николе.

Ова на презентацијата на резултатите од двегодишните ископувања на локалитетот Градиште, го истакна раководителот на проектот, археологот Стефан Данев. Истражувањата биле со поддршка од 500.000 денари од Владата, а значителна помош даде и Американската фондација за археолошки и историски истражувања од Тексас, преку која во истражувањето во Кнежје се вклучени и триесетина археолози, студенти и професори од десетина земји, кои со голем интерес и возбуда работат на овој проект.

- Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар. Материјалните докази што ги откривме сведочат за една многу богата историја меѓу овие вредни ѕидови што траела од 7 до 2 век пр.н.е., односно од 167 година пр.н.е., кога градот бил разурнат, по што и на овие простори дошло време на римската империја - рече Данев. Во истражувањата на импозантниот град, за кој се претпоставува дека се протега на површина од 20 хектари, досега се откриени ѕидовите на бедемот на акрополата, одбранбени кули, влезната порта, градскиот плоштад, храм, вреден движен материјал.

На презентацијата присуствуваше и пензионираниот долгогодишен професор на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Иван Микулчиќ, кој пред три децении прв ја објавил предлог-тезата за местоположбата на Билазора на локалитетот Градиште кај Свети Николе.

- Мило ми е што сега се потврдија тие претпоставки. Уште тогаш дојдов до заклучок дека ова е најголемата утврдена населба во тој период на подрачјето на некогашната Пајонија, за која грчкиот историчар Полибиј запишал дека се вика Билазора и оти тоа бил најголемиот пајонски град изграден на идеално место за одбрана на Пајонија, а подоцна и на Македонија, од упадите на Дарданите од Скопско-кумановскиот регион. Пајонците со време сосема се зближиле со Македонците, а во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата држава. Значи, Пајонците, кои долго биле самостојни, на крајот се претопиле во големата македонска држава и станале најсеверно македонско племе. Своевремено некои европски историчари претпоставуваа дека Билазора веројатно треба да се бара кај Велес, но истражувањето јасно покажа дека тоа не е точно - објаснува д-р Микулчиќ. Бидејќи се работи за големо откритие, археолозите се категорични дека истражувањата на Билазора мора да продолжат и тоа со зголемен интензитет, за што ќе бараат поголема поддршка од Владата и од Министерството за култура.

- Овој локалитет, како еден од приоритетните, се' уште не е влезен во капиталната програма на Владата. Но, верувам дека тоа ќе се случи уште во следната година, со што ќе се добијат повеќе пари за истражување. Колегите-археолози ја погодија вистинската позиција, вистинското место што возбудува и убеден сум дека овде наскоро ќе доаѓаат многу туристи за да ја видат најсеверната одбранбена точка на Македонија - изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија.

Кралевите ги крунисувале во Брегалница

Според археолозите, Пајонците своите кралеви ги крунисувале во реката Астибо, денешна Брегалница, во близина на нејзинот влез во Аксиос (Вардар). Потоа церемонијата продолжувала во Билазора.

По пропаѓањето на Билазора, на триесетина километри од неа никнал градот Астибо, денешен Штип. Реката Астибо подоцна била преименувана во Брегалница, најверојатно според тогашниот антички град - Баргала.



Posted By: igorius
Date Posted: 02-Sep-2009 at 14:33

http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=29377&rub=43 - НА СТРУМИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ЦАРЕВИ КУЛИ - СЕ ИСТРАЖУВААТ СЕДУМ ИЛЈАДИ АРХЕОЛОШКИ ГОДИНИ



Досегашните истражувањата на локалитетот Цареви кули над Струмица ги надминаа очекувањата на археолозите. Меѓу другото, откриени се интересни наоди и елементи од периодот на владеењето на Филип Втори Македонски. Пронајдени се монети со неговиот лик, амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, црнофиносувана керамика, фигури од малоазиски тип и друго, што укажува на фактот дека струмичката твдина била населена кон крајот на четвртиот век пред нашата ера.

Во рамките на програмата финансирана од Министерството за култура, Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Струмица и годинава интензивно работеше на овој локалитет, продолжувајќи го континуитетот од минатогодишните археолошки ископувања.
- Откривме прекрасен материјал од крајот на петтиот и од четвртиот век, попрецизно од македонско-хеленистичкиот период, датиран со монети на Филип Втори. Исто така, дефиниран е и доцноантичкиот бедем на оваа тврдина, при што се откриени и две кули од тој период, изјави археологот Зоран Рујак, раководител на овој истражувачки проект.

Според него, сите досегашни наоди, заедно со праисториската населба, недвосмислено укажуваат дека на овој локалитет опстојувале разни цивилизации во еден растеглив временски период - од праисторијата до средниот век, односно во период од околу седум илјади години.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2009 at 11:56

Базилика, откриена на Зрзе, доказ за раното христијанство

Ранохристијанска трикорабна базилика со крстилница, со две етапи на живот - првата од 5 до 6 век, втората од 9 до 15 век, е откриена при годинашните археолошки истражувања во манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Зрзе

%20
 Базиликата е паралелен објект на монашкиот комплекс откриен минатата година. Се наоѓа на стотина метри северно од манастирот. Нејзиното откривање фрла нова светлина врз почетоците на христијанството во Македонија.

- Базиликата е комплетно истражена. Во неа се откриени камени пластики, натпис што датира од 487 или 512 година, кој допрва ќе се дешифрира. Има и гробници со повеќе гробови од 5 до 6 век и од 9 до 15 век, во кои се пронајдени повеќе движни наоди со делови од облека - раскажува археологот Бранислав Ристески, раководител на обемните истражувања на локалитетот Зрзе.Овие нови податоци, вели Ристески, покажуваат дека монашката населба, откриена со ланските истражувања, се базира на ранохристијански корени.

- Со новите факти се поместуваат податоците за почетоците на христијанството на овие простори. Мислевме дека се проширило подоцна, но сега со факти се потврдува дека почетоците се од 5 век - вели Ристески.

Тој посочува дека годинава целосно е доистражена јужната половина од карпата.

- Откривме десетина нови испосници и уште една монашка црква, која според наодите датирала од 9 до 15 век. Со тоа практично е заокружен целиот монашки комплекс. Се потврдува дека Зрзе како локалитет има универзални вредности од аспект на историјата на религијата и на културата во пошироки рамки - објаснува археологот Ристески.

Во досегашните истражувања се откриени педесетина монашки ќелии на седум нивоа, црква со значаен натпис и други движни наоди, важни од археолошки, историски и културен аспект.

Манастирскиот комплекс Зрзе се наоѓа на 25 километри од Прилеп, под планината Даутица, на плато од кое пука поглед низ Пелагониската рамнина. „Свето Преображение“ е седиште на епископот хераклејски Климент, кој вели дека тука живееле луѓе со високоразвиена монашка свест.

- Зрзе содржи регионална и универзална димензија. Се радувам што со истражувањата таа димензија станува видлива. Како монашка заедница во 21 век сме достојни на она што ни е оставено во наследство, кое како културен слој полека си доаѓа на виделина - вели епископот Климент.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=979941521&id=16&prilog=0&setIzdanie=21782


Posted By: Makedonij
Date Posted: 12-Sep-2009 at 15:14

ЗНАЧАЈНИ ОТКРИТИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА СТАРИОТ ГРАД

Црква откриена на штипски Исар

Кулата на јужниот бедем на средновековниот град-тврдина се наоѓа под антенскиот столб на Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат големи маки при истражувањето


Средновековната тврдина на централното возвишение над Штип, Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот

Стара црква, внатрешна кула за која досега не се знаело, јужната одбранбена кула на тврдината, керамика од доцноантичкиот до раноосманлискиот период и влез во тврдината открија археолозите истражувајќи го средновековниот град-тврдина Исар кај Штип. Пронајдено е ретко оружје: стрели, железни стрели и разни видови ѓулиња, меѓу кои и за катапулти со кои луѓето ја бранеле тврдината.

Археолошките истражувања на Исар, како дел од средновековниот град Штип, почнаа во средината на август. За оваа акција Владата одвои 3 милиони денари. Првата фаза од истражувањата ќе трае до декември. Археолозите напролет ќе продолжат со ископувањата.

Целта е да се дооткријат неистражените делови на тврдината. Потоа ќе биде изработен проект за реконструкција и конзервација, по што средновековната тврдина што се протега на 16.600 квадратни метри на централното возвишение над Штип, Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот.

ИЗГРАДЕН ВРЗ АНТИЧКИОТ АСТИБО

На истражувањата работат 10 археолози и 70 работници.

- Резултатите од првите два месеца од истражувањето ги надминаа нашите очекувања. Веќе ги откривме трасите на сите ѕидови, со кои од сите четири страни била опколена тврдината. За централната внатрешна кула не знаевме дека постои. Таа, всушност, ја делела тврдината на два дела. Не знаевме ни дека под тврдината има црква. Според првичниот увид, таа веројатно е изградена веднаш по освојувањето на тврдината од османлиите.

Но, ќе продолжиме со истражувањата и на црквата и на гробовите околу неа, па наскоро попрецизно ќе го утврдиме периодот на нејзината изградба. Пронајденото ретко оружје и керамиката од пред османлискиот, но и од доцноантичкиот период потврдуваат за континуитетот на цивилизациите на овој простор кај средновековниот град Штип, изграден врз темелите на античкиот Астибо и на византискиот Скипион - вели раководителот на проектот, Звонко Белдедовски, археолог во Заводот и музеј во Штип.

Интересно е што кулата на јужниот одбранбен бедем на градот-тврдина е откриена точно под антенскиот столб на Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат сериозни проблеми во истражувањето. На Исарот има и други антенски столбови, кои ќе мора да се дислоцираат, ако градот-тврдина ја добие планираната функција и изглед.

ОТКРИЕН ТАЕН ТУНЕЛ

Во втората фаза од истражувањето ќе се вршат ископувања на другите делови од утврдениот град, кои ќе бидат многу полесни, бидејќи поголемиот дел од работата е завршен. Археолозите ќе го лоцираат и дооткријат тунелот што води од речното корито на Брегалница кај Ново Село до врвот на тврдината. Според легендите и записите на патописецот Евлија Челебија, османлиите околу 1385 година, по долга опсада, успеале преку тој тунел да го освојат градот. Наводно тогаш Турците случајно виделе како од тунелот излегуваат патки, но и неколку бранители на градот. Го искористиле тоа за да го освојат градот. Во 1986 година, при изградбата на градскиот колектор, градежната механизација открила дел од тунелот.

По досегашните, археолозите се надеваат и на нови откритија во и околу средината на Исарот. Ако работите се одвиваат според планот и ако се обезбедат дополнителни средства за реконструкцијата и конзервацијата, средновековниот Штип ќе блесне над денешниот до крајот на 2011 година.

Љупчо Шатевски

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=CED83C019E26CD4DBAAFE9FA41F04223&arc=1



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2009 at 17:42

Откриени мермерни глави во Стибера

Две женски глави од мермер, садови и епиграфи пронајдоа археолозите на локалитетот Стибера кај Прилеп. Артефактите сведочат дека луѓето во античкиот град живееле во текот на целиот 4 век. Според археолозите, со тоа се поместува животот во градот, кој траел шест века.

- Во одводен канал откривме две мермерни глави на жени, високи 31, односно 23 сантиметри. Наодите потврдуваат дека Стибера бил економски моќен град, во кој жените имале значајно место - вели археологот Лилјана Кепеска.

При ископувањата е откриен поголем објект со полукружна апсида од римскиот период, поврзана со почитувањето на култот на императорот. Тој се користел во втората половина на 4 век. Најдени се четири фрагменти од мермерни плочи со натписи (епиграфи). Тие го потврдуваат значењето на Стибера во рамките на провинцијата Македонија. (Љ.М.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6D490E6EA3A2364F8638BB21AF9782ED


Пронајдени фигурини, камени алатки и коски, керамика...


Артефакти карактеристични за периодот на енеолитот, и тоа керамика со врежување и графитно сликање, фигурини, камени алатки и коски, се пронајдени на археолошкиот локалитет "Св. Атанасиј" недалеку од селото Спанчево.

Ова е резултат на сондажните истражувања започнати минатата година, кога на овој локалитет беше пронајдена фигура на машка глава од периодот на енеолитот, редок археолошки предмет во овој дел на Македонија, па и пошироко.

Според изјавата на археологот Илинка Атанасова, во изминатите триесетина дена се работеше на два сектора - северен и јужен, со цел да се определат просторните рамки на наоѓалиштето кај Спанчево.

Во северниот сектор се отворени две сонди во продолжение на минатогодишните. Во јужниот сектор е откриен еден култен објект, кој е отворен во кружна основа со дијаметар од 18 метри од кој засега е откриен надворешниот простор на неговата јужна половина. Аналогни такви објекти во најблиското опкружување се откриени во кумановскиот регион на локалитетите Пелинце и Татиќев Камен.

Годинешните истражувања на локалитетот "Св. Атанасиј" се финансиски поддржани од Министерството за култура, додека целокупната реализација на проектот е на Музејскиот оддел при Јавната општинска установа библиотека "Искра" од Кочани.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A9A43B95775F9241A459B067DDCAB054


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Sep-2009 at 22:30
Кај Зрзе откриени црква-базилика од 5. и гроб на маченик од 4. век


Црква-базилика од 5. век и гроб на анонимен маченик од 4. век се новите откритија во истражувањата кај манастирот "Свето Преображение" - Зрзе што викендот беа презентирани во јавноста.

Според археологот Бранко Ристески, кој ги води археолошките истражувања, тие ги потврдуваат фактите дека не само што под манастирот имало монашки живот од 9 век паралелно со Охридската школа, туку и дека според новите наоди христијанството на овие простори постоело уште од 4 век, со официјалното негово признавање како религија.
Откриената базилика во периодите по 5 век била надградувана - посебно од 9. до 15. век. Моштите на анонимен маченик - локален светец од 4. век лежат во гробницата во основата на црквата,.

Според археологот и раководител на веќе двегодишните истражувања Бранко Ристески, со најновите наоди се зацврстуваат досегашните навестувања дека кај манастирот Зрзе имало епископско седиште.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C52E1A25E1901746891871449D6CEB3A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Nov-2009 at 16:48

Откриени чевли од 2 век

Покрај чевлите и дрвените садови стари 18 века, во гробницата во Конче се пронајдени и садови и други предмети од бронза, стакло и од керамика и еден чифт налани

Два чифта женски кожени чевли од римско време открија археолозите завчера истражувајќи гробница на археолошкиот локалитет Грајнов Дол, оддалечен два-три километри од селото Конче во истоимената општина. Археолозите од штипскиот Завод и музеј и нивните колеги од другите градови, што учествуваат во истражувањето, велат дека гробницата, според првичниот увид, најверојатно потекнува од 2 век. Покрај чевлите и дрвените садови стари 18 века, во гробницата се пронајдени и садови и други предмети од бронза, стакло и од керамика и еден чифт налани. Научниците пронајдоа и тоалетно ковчеже, обвиткано со бронзено синџирче, во кое има три мали шишиња. Археолозите претпоставуваат дека во гробницата била погребана жена, најверојатно тогашна великодостојничка.

- Откриените садови од дрво од овој период се најверојатно први во Македонија, можеби и на Балканот. Дрвото е органски материјал и тешко опстојува подолг период. Ете, имавме среќа. Ретки се и чевлите кои се вонредно убаво изработени, со повеќе декорации и за тоа време со многу високо технологија. Веројатно биле многу модерни и скапи. Колку што знам, од овој период во земјава досега се пронајдени само еден чифт обувки и тоа сандали, при ископувањето на западната некропола на Стоби во 1992 година - изјави раководителот на проектот, Трајче Нацев, археолог од штипскиот Завод и музеј.

Лани во подножјето на истиот локалитет беше откриена вредна ритуална погребна кочија. Годинава археолозите продолжија да го истражуваат наоѓалиштето. Ископувањата почнаа пред еден и пол месец. По ископани повеќе од 900 кубни метри земја, археолозите завчера стигнаа до вредното откритие. Станува збор за специфична катна гробница со ѕидана основа од непечени тули.

- Копавме 45 дена и почнавме да губиме надеж. Сосема на крајот наидовме на овој вистински мал археолошки бисер. Секој археолог би посакал ваков наод барем еднаш во својот живот. Содржината на гробницата ги надмина сите наши очекувања - рече струмичкиот археолог Ване П. Секулов.

Археолозите завчера попладне почнаа да ги вадат вредните предмети од гробницата. Тие се предадени на конзервација. Истражувачите вчера ги вадеа и коските на покојничката, кои ќе бидат однесени на антрополошка анализа. Теренот на археолошкиот локалитет кај Конче деноноќно е обезбедуван.

- Ова е значајно археолошко откритие од 2 век, со многу ексклузивни наоди. Затоа и ние сме многу често присутни овде, уште од ланското ископување на ритуалната кочија. Во соработка со МВР ги презедовме сите безбедносни мерки за заштита на локалитетот - истакна археологот Звонимир Николовски, инспектор за заштита во Управата за заштита на културното наследство.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=840776CC5D5AD6408E907B5143C324F8


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Dec-2009 at 23:41
Ohno
Уништен археолошкиот локалитет Градиште кај Граиште, Демир Хисарско


И по три месеци откако беше опустошен археолошкиот локалитет Граиште кај Демир Хисар не се знае кој ја направи штетата која е ненадоместлива – обвинуваат археолозите кои ја открија веста за уништувањето на културното богатство, а која канал пет прв ја објави. 

“Иако беше ветувано надлежните институции ниту преземаат одговорност, ниту се гонат сторителите, ниту се опоравуваат штетите”– пишува во својот блог археологот Василка Димитровска. 

Две третини од локалитетот беа уништени. Багерот кои копаше ров за заземјување на антени за мобилните оператори зад себе остави расфрлани парчиња керамика и садови. Комплетно беше уништено и обзидувањето. 

Тогаш археолозите молеа брзо да се реагира за да се сопре понатамошното уништување локалитетот кој потекнува од раноантичко време и да се казнат сторителите. 

- Според наодите во антиката се наоѓал градот Брианион споменат од римски историчари и географот Страбон. Пронајдените археолошки предмети се во музеите во Битола и Прилеп 

Канал 5 и пред три месеци ги постави прашањата зошто е дозволено со механизација да се уништи културно добро? Кој ја издал и потпишал дозволата која значела деструкција на градиште? Се префрлуваше вината од локалната власта на градежната фирма. Едните тврдеа дека не дале дозвола, другите дека ги имаат потребните документи. Од управата за заштита на културно наследство тврдеа дека ќе биде поднесена кривична пријава. Археолозите тврдат дека епилог од ветувањата се уште нема. 

Ова не е прв пат небрежноста на институциите да загрозува археолошки локалитети. При поставувањето на цевководот за „Злетовица“ инвеститорот оштети неколку локалитети. Подоцна археолошките ископувања на еден од нив познат како Грнчарица го дадoa првиот скелетен остаток од раниот неолит наречен Славе. Овој пат археолошките остатоци ја немаа таа среќа. Неповратно се загубени информациите кои ги содржел – пишува Димитровска во својот блог.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=55878




Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jan-2010 at 06:34

На Плаошник откриени 1.500 квадратни метри мозаици

Никола Упевче, академски сликар, конзерватор и реставратор

Плаошник би го вброил меѓу најзначајните и најатрактивните локалитети на оваа територија

Симон Илиески

Археолшките ископувања на Плаошник беа големо искуство за младиот академски сликар,конзерватор и реставратор Никола Упевче, кој се определи да му се посвети на мозаикот, да ја почувствува возбудата на откривањето и потоа грижливо да го реставрира и да го врати на местото каде што бил со векови?

Во текот на деветгодишните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник, во Охрид беа извршени систематски археолошки истражувања кои дадоа исклучителни резултати по обемот и квалитетот на откриените остатоци од претходните култури, како на движни археолошки наоди така и за докомплетирање на сликата за ранохристијанскиот и античкиот период (богат со мозаични декоративни површини). Претставува особен предизвик и чест, овие културни остатоци квалитетно да се документираат, конзервираат, реставрираат и презентираат пред пошироката публика и стручната јавност. Во минатите години се извршија третмани над околу 1500м2 мозаични површини, а дел од нив веќе можат и да се видат.


Што е најзначајното нешто што го пронајдовте на Плаошник и каде би го лоцирале во вкупните археолошки вредности во Македонија?

Од досегашните наоди тешко и неблагодарно би било да се одвои некој од нив зошто секој фрагмент или секоја зачувана целина со своите особености преставува непроценливо богатство и алка од културниот континуитет, кој со генерации оставал траги во овој богат реон. Траги на културни остатоци и симболи на престиж, како и траги на деструкција и уништување на се она што било дотогаш, за одново, дури некогаш со истиот материјал да се обноват, преосмислат и одново да се изградат.



Охрид, не случајно е најден на листата на УНЕСКО, како светско културно и природно наследство, признание но воедно и нешто што бара нега, грижа и неприкосновено зачувување и презентација.

Секако, Плаошник би го вброил меѓу најзначајните и најатрактивните локалитети на оваа територија, заради својата природна поставеност, богатството на наоди, а овде би требало да се истакне и една интересна ситуација, досега за прв пат сретната не само на територијата на Република Македонија туку и во светот, каде што по отстранувањето на мозаичниот под од анексот на ранохристијанската поликонхална базилика, се наиде на комплетно зачувана бања со ѕидови висински зачувани до 3м и одлично зачуван монохромен мозаичен под работен во стилот на добро познатите бањи од Херкуланум и Помпеи.



Мора да се признае дека Никола Упевче е еден од ретките, кој она што неколку години го работи, го презентира по меѓународни собири. Што всушност е промоција на македонското културно наследство?

Во текот на 2008 година учествував во работата на X Конгрес на Интернационалниот Комитет за Конзервација на Мозаик во Палермо, Сицилија, Италија; на кој се претставив со „Конзерваторско реставраторските третмани на крстилницата ’Четири рајски реки‘ и „Можностите за унапредување и обука на конзерватори од југоисточна Европа“. А минатата 2009 година во Равена, Италија, на конгресот Ravenna Musiva настапив со „Презентација на мозаичните површини на повеќеслојниот локалитет Плаошник, Охрид, Република Македонија“ со посебен осврт на ситуацијата од погоре споменатиот анекс и бања. Истите се публикуванини во аналите на овие собири.



Учеството на меѓународни собири, посветени на мозаиците и нивната конзервација се место за размена на искуства и осознавање на современи и ефикасни техники. Лесно ли е тие да се применат на нашите простори?

Покрај повеќето обуки, работата во Атељето за реставрација на антички мозаик во Арл, Франција, учеството на повеќе семинари, работилници и други собири во републиката и странство се стекнав со значајни искуства и пријателства. Реставрацијата, иако се однесува на материјали и технологии кои се употребувале во минатото доживува несомнен процвет последниве дваесетина години, со примена на современи софтверски решенија, високо прецизни алати и продукти кои значително ја подобруваат документацијата и состојбата на културните добра. Стекнатите искуства се применуваат и кај нас. Моментално се привршува работата на еден интересен мозаик, од село Октиси, со површина од 16 м2 поставен на девет подвижни алуминиумски панели, истиот сега, е добро заштитен и е подготвен да биде презентиран на разни тематски изложби во земјава и странство.



Каде би ги лоцирале македонските искуства во споредба со другите земји, особено оние од подрачјето на Медитеранот?

Целокупниот Медитеран или реонот околу Средоземното море изобилува со остатоци и градби од антиката, богато декорани со мозаични подови и ѕидови, фрески, штукатури, натписи, рељефи и скулптури, разни движни наоди од секојдневниот живот... се ова претставува убава можност и поле за размена на искуства, соработка и обука на идните заштитари. Југословенските искуства на македонска почва, последните педесетина години се доста значајни и забележителни, со примената на технологиите на Милорад Медиќ, во областа на мозаикот, чистењето на фреските од Богородица Перивлептос од Здравко Блажиќ, смелите подвизи на архитектот Борис Чипан и соработката со врвни италијански експерти, Институтот за земјотресно инженерство, како и многу други интервенции ги претставуваат пионерските дострели во ова поле. Со осамостојувањето на Република Македонија, а особено последниве десеттина години се извршија доста смели зафати и на огромни површини. Истите се препознаени од повеќе ценети светски експерти.



Многумина упатени во оваа област велат дека на пронаоѓањето на археолошки предмети во јавноста им се посветува многу поголемо внимание отколку на мозаиците?

Секое едно нешто, кога се исполнува и е, го заслужува вниманието на внимателните сетила. Во времето на транзиција и заматувањето на вистинските вредности и дострели, само внимателните можат да ги препознаат, да се воодушевуваат и да ги истражуваат вредностите.



Споредбено со другите земји, дали македонските заводи за заштита на културните споменици и дирекциите за заштита на културното наследство имаат доволно стручни кадри и дали има позитивна атмосфера за постојано ангажирање на млади стручни кадри?

Секако дека има! Најважно од се е да се сака, да се истрае, да се истражува, да се соработува и дели, а и да се поддржува. Ова е прекрасна прилика за нашата земја и убаво поле за натамошни соработки и истражувања.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=27A46D3EC64B00449BC4C53089372A77


Posted By: Makedonij
Date Posted: 09-Jan-2010 at 18:19

Црква од 6 век во тетовскиот „Стар манастир“ (14.06.2008)

На локалитетот Лешочко Кале започнуваат археолошки истражувања на стар манастирски комплекс од пред повеќе векови. Истрагите што ги иницираше Музејот на тетовски крај, а се реализираат преку Националниот конзерваторски центар, финансирани од Министерството за култура, се насочуваат кон објекти што во 14 век претставувале епископски центар, но истовремено црквата на свети Атанасиј која сѐ уште опстојува, ќе се утврдува дали била градена на стар црковен објект од 6 век. Подготовките за почеток на археолошките истражувања веќе се завршени, па според најавите од Националниот конзерваторски центар наскоро ќе започнат. Годинава се планирани сондажни истражувања кои ќе траат околу еден месец. Во наредни фази кои според проектот би се одвивале од наредната година, ќе се пристапи кон конзервација. На овој комплекс забележани биле и поранешни истражувања во два-три наврати, а тогашните и сегашните наоди ќе послужат за поставување сонди до самата здравица, заради заштита и создавање услови на некогаш подигнатите објекти.

Со организираните археолошки истражувања ќе се стави крај и на беснеењето на дивите копачи од кои една група откриени минатата година, им беше судено и им беа изречени затворски казни.

Манастирскиот комплекс „Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година. Јеромонахот Јоаникиј како единствен ктитор најнапред ја подигнал манастирската црква со пари, што ги обезбедил продавајќи го целиот имот на својот татко. Црквата била подигната на стари темели и градба од 6 век, што е потврдено со пронаосот, на кој на десниот ѕид до неодамна биле видливи фреските. Во двориштето Јоаникиј изградил и конаци, келии и други објекти, а манастирот на свети Атанасиј останал седиште на Полошката епископија како управен, духовен и културен центар на 14 век под јурисдикција на Охридската Архиепископија. Создадени биле услови за живот на монаси и членови на манастирското братство, но и како место каде се школувале свештеници. Манастирскиот комплекс под разни влијанија неколку пати бил разурнуван, а најмногу последици имал во наездата на турските башибозуци во 1689 година. Први ископини биле вршени во 1927 година, кога биле откриени остатоци од разурнатата црква, три саркофази од кои еден бил на јеромонахот Јоаникиј, осамен гроб, две гробници и други објекти.

Од фрескоживописот очигледни биле делови на свети маченици, свети војници како и фреската насловена како „Угостувањето на праведниот Аврам“, но и делумни истраги биле вршени во 1981 година.
Меѓутоа, очигледно е дека целиот простор бил оставен и запуштен, објектите оштетувани и од луѓе, но и од забот на времето, а свое влијание извршиле и дивите копачи кои во потрага по закопаното благо, нанеле огромни штети на просторот.

Ovoa e stara vest neznam dali ja ima na forumot, ako ja ima izbrišete ja.


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jan-2010 at 17:30

НА ЛОКАЛИТЕТОТ ГАБАВСКИ РИД НА ВЛЕЗОТ ВО ОХРИД

Се разоткрива тврдината на Филип Втори Македонски

На излезот од Охрид, од правец на Струга, на локалитетот Габавски Рид од март ќе започне интензивно разоткривање на тврдината која се смета дека е изградена во времето на Филип Втори Македонски. Средства се обезбедени, а овој зафат е влезен во 18-те културно-историски локалитети кои годинава ќе ги финансира Министерството за култура.
"На Габавски Рид работиме веќе втора година, но интензивните археолошки истражувања ќе ги започнеме во март или во април. Сметаме дека таму има значајни археолошки вредности кои ќе ги реставрираме, конзервираме, а потоа и ќе ги презентираме. Оваа фаза треба да започне до крајот на годинава или на почетокот на 2011 година. Според проектот кој е изработен, до тврдината од подножјето на ридот ќе се стигнува со жичарница, која ќе биде посебна атракција за посетителите на Охрид и на овој археолошки локалитет", вели директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.
Според Кузман, претпоставка е дека кога на овој простор некаде во 358 година пред новата ера поминувал Филип Втори Македонски, дал заповед токму на Габавски Рид да се изгради силна тврдина. Големиот војсководец не одлучил да гради тврдина на охридскиот рид каде што сега е Самуиловата крепост туку токму на Габавскиот Рид, бидејќи сметал дека стратешки оваа локација била подобра.Тврдината била изградена во негово време, а поради огромните камени блокови кои се користеле во градбата, го добила името Киклопски ѕидини.

http://vest.com.mk/?ItemID=C1D81E4CA51DD34B82B1B972BFA45A5C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 23:20
Пронајден фосил од палеориба од пред 2 до 5 милиони години


НУ Завод и музеј - Битола вчера презентираше два артефакти од пред два до пет милиони години што биле пронајдени при ископините во РЕК Битола.
- Првиот артефакт, фосил, е пронајден во површинскиот коп Суводол и е со плиоцентска старост. Фосилот кој припаѓа на класата риби, е со висок степен на сочуваност на градбените структури, посочи Љупчо Петревски, главен инженер-геолог во РЕК Битола, при вчерашното примопредавање на пронајдокот во НУ Завод и Музеј - Битола.

Според геолозите од РЕК Битола фосилите од фауна се многу ретки, но не е исклучена можноста да бидат пронајдени и други риби од времето на плиоцентското езеро или артефакти лушпи од школки какви што вчера, исто така, му беа предадени на Музејот. Пред неколку години во ископините на РЕК Битола беа пронајдени заби од праисториското животно мастадон, кои сега се изложени во трајната поставка на НУ Завод и музеј - Битола.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3ED070D7F094BF45BA7CF4612B0B4D24


МИА-фото


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 12:53
СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ НА ИСАР МАРВИНЦИ, ХЕРАКЛЕЈА, СТОБИ
Нови големи археолошки ископувања

Кате Антевска

Обемни археолошки истражувања ќе почнат од следната недела на наоѓалиштата низ цела Македонија. На списокот се и капиталните археолошки зафати во Исар Марвинци, Хераклеја, Стоби, скопско Кале и на Зрзе. Од Управата за заштита на културното наследство велат дека оваа година од буџетот на Владата се издвоени најмногу пари за оваа сфера, по 15 до 20 милиони денари за секое од големите наоѓалишта, односно речиси 350.000 евра по локалитет. - Ова е највисока сума досега одвоена за ископувања на еден археолошки локалитет - вели Паско Кузман, додавајќи дека речиси три милиони денари се резервирани за помалите наоѓалишта. Археолозите во помал обем ќе истражуваат и на Цареви кули во Струмица, на островот Голем Град во Преспа, на локалитетите Големо Градиште во Неготино, Тумба Маџари во Скопје, Баба и Трештна Стена во Прилеп, потоа во Кнежевски манастир во Кичевско, а ќе се засилат и конзерваторските и реставраторските зафати на Горна Порта во Охрид, на бедемите од Баргала, на Вардарски Рид и на други места. Очекувањата на експертите од годинешната археолошка акција се големи, а зафатот, судејќи според обемноста на најавените проекти, веројатно ќе биде во центарот на културните случувања, впрочем како и во минатите години на интензивни археолошки истражувања. Златко Видевски, раководителот на ископувањата на локалитетот Исар Марвинци, каде што лани беа пронајдени најмногу предмети со високо уметничко значење, очекува слични резултати и оваа година. - Ископувања ќе се прават на три некрополи на површина од 28.000 квадратни метри. Некрополите се од рана антика, од римско време и од праисторискиот период. Таму лани наидовме на навистина вредни наоди, како црвенофигуралните и црнофигуралните фазни, потоа златниот накит, многу бронзени апликации со претстави на божества и друго. Годинава ќе се прави доистражување на гробниците, па очекуваме богати прилози - вели Видевски. Тој објаснува на Исар Марвинци најмногу ќе се ископува во раноантичката некропола бидејќи токму таму се открија највредните парчиња со потекло од 1 до 6 век пр. н. е, каков златниот накит. Гробните прилози од тоа време, вели тој, се прилично богати и укажуваат на богат статус на луѓето што се погребувале. Инаку, на Исар Марвинци ќе работи стручна екипа од 50 луѓе и 500 работници, студенти и други соработници. Ланските пронајдоци на Хераклеја, пак, ја урнаа старата теорија за потеклото на ова наоѓалиште, која вели дека тоа датира од 2 век пр. н. е. Една монета со ликот на Касандер, војсководец и пријател на Александар Трети Македонски, што беше најдена во јужниот бедем на локалитетот, покажа дека Хераклеја живеела и во 4 век пр. н. е, во времето на Александар Македонски, велат археолозите. - Ќе истражуваме таму каде што застанавме: во новата базилика, во Гимназионот и на театарскиот плоштад од македонско хеленистичкиот период. Никогаш не се знае што кријат подолните слоеви од овие објекти - вели Аница Георгиева, раководителката на ископувањата на Хераклеја Линкестис. Предизвикот да се истражува Хераклеја е голем, коментира таа, токму поради тоа што лани се утврдило дека ова наоѓалиште живеело и во период од 7 до 9 век, факт кој беше непознат во науката.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1962&ArticleID=135780


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 02-Apr-2010 at 23:39
МАКЕДОНИЈА НАСПРОТИ ДИГИТАЛИЗИРАНАТА СВЕТСКА ПРАКТИКА ВО ОТКРИВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ СЛОЕВИ
Со мотики до археолошкото благо

Кате Антевска


Интензивните археолошките ископувања, кои се во ек во земјава последниве години, се прават со примитивни алатки - мотики, копачи, мерни лента, компаси и детектори за железо, кои одамна не се употребуваат за ваков вид истражувања во развиените земји, велат нашите археолози. Нивните колеги низ светот се служат со геоскенери, односно дигитални апарати што помагаат во лесно откривање подземна архитектура, керамиката, железо и други неподвижни наоди. Археолозите велат дека се потпираат на старите алатки бидејќи тие се најсигурни, иако со нив работата е макотрпна и трае подолго, но дека многу би им помогнале и современи технолошки помагала, кои се идеални за случаите кога треба да се лоцира дотогаш непознато археолошко наоѓалиште, на пример. А, во Македонија има многу неистражени локалитети, регистрирани се илјадници наоѓалишта, кои допрва треба да се истражуваат, да се обележат нивните граници и структура. - Немаме апарати за брза идентификација на локалитетите, а кај нас има наоѓалишта во огромен број и од различни епохи. Во моментов јас истражувам на сто локалитети, каде што претпоставувам дека има стари градови, а тоа го правам со лента и со детектор за метал, што ми одзема многу време. Да имав геоскенер многу брзо ќе ги лоцирав границите на локалитетот, положбата на евентуалната архитектура и друго - вели археологот Виктор Лилчиќ, соопштувајќи дека деновиве открил град со потекло од 4 до 6 век во селото Држант, Радовиш, токму со стари алатки.
Во светот е одамна доминантен моделот на таканаречената недеструктивна археологија, односно испитување на теренот со специјални машини. Се користат геоскенери, уреди со чијашто помош се регистрираат контурите од стара архитектура во длабочина од половина метар. Со нивна помош дигитално се документира вертикалниот и хоризонталниот план на теренот, се исцртува релјефот, а со тоа археолозите лесно одредуваат што треба да се истражува. Во употреба се и ГПС-уреди и геоексплорери, кои имаат слична намена. - Апсолутно ни требаат современи технолошки помагала, најмногу во првичните истражувања на едно наоѓалиште. Така побрзо би дознале каква е архитектурата на теренот. Така се штеди и време. Меѓутоа, на крајот пак мора да се истражува по стариот начин. Наодите се откриваат со мотики, се документираат, се цртаат, се зема примерок од земјата - вели Зоран Рујак, раководител на ископувањата на локалитетот Цареви кули во Струмица, каде што е во тек истражување на некропола.


Модерната опрема е скапа за нас


Археологот Паско Кузман и неговите колеги се согласуваат дека е убаво културните институции да се подноват со современи машини за ископување, но нагласуваат дека се скапи за наши услови. Нивните цени се движат од 10 до 15 илјади евра, а искуствата велат дека се прилично несигурни во лоцирање на археолошките наоди.
- Планираме да купиме геоскенер од некоја од западноевропските земји, но претходно сакаме да испробаме како работи. Не можеме да ризикуваме да дадеме пари, а да немаме никаква добивка од тоа - вели Кузман.


Предностите и маните на геоскенерот


Геоскениерите се ефикасни во брзо лоцирање археолошки локалитет, но на места каде што е веќе познат распоредот на објекти тие се речиси непотребни, велат археолозите. Геоскенерот може да открие културно наследство во длабочина од неколку сантиметри, кое потекнува од една историска епоха, додека другите културни слоеви, кои како што се оди во длабочина се се постари, остануваат непрепознаени.
За македонската почва, пак, е познато дека крие повеќе културни слоеви од различни епохи, понекогаш од параисторија до денес, што, според археолозите, дефинитивно бара класични методи на откривање - со стари алатки.
- Класичните методи на истражување се најсигурни. Што ќе ни е геоскенер за истражување на некрополата на Исар Марвинци, на пример, кога се знае до каде се простира таа. Некои романтичари, кои по професија не се археолози, а кои ја љубат археологијата, имаат купено вакви машини мислејќи дека со нив ќе откријат злато или други богатства. Се сеќавам дека еден таков ентузијаст одеше од место на место со мисла дека ќе открие вредно богатство, но место, тоа, најде железна прачка - вели Паско Кузман.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1985&ArticleID=137747 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1985&ArticleID=137747


Posted By: axel
Date Posted: 09-Apr-2010 at 23:06

Штипските археолози почнаа со истражување на тврдината Исар

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип почнаа со археолошките истражувања на тврдината Исар.

Директорот на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип Зоран Читкушев истакна дека истражувањата ќе се одвиваат во наредните два и пол месеци.

„На тврдината Исар ќе се работи на три пункта - на акрополот, тунелот и на црквата ’Св. Власие‘. Со овие истражувања очекуваме да направиме и активности за изготвување на проект за конзервација на тврдината“, рече Читкушев.

Тој додава дека во акцијата, што е финансирана од Министерството за култура и од Управата за заштита на културно наследство, се вклучени 10 археолози и 40 теренски работници. Штипските археолози за половина месец ќе почнат и со истражувањата на локалитетот Баргала. „На овој локалитет ќе се работи меѓу бедемот и градската базилика, потоа североисточниот бедем заедно со влезот, исто така, ќе работиме и на конзервација“, вели Читкушев.

Во тек се и истражувања на археолошкиот локалитет во селото Радање. (К.Р.)                                                                                                                                                     http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=01ECC2C934B2D748968C03C867C674D9 



Posted By: axel
Date Posted: 16-Apr-2010 at 17:27
Дел од скулптура од рано римскиот период пронајдена на локалитетот Стоби

Велес, 16 април 2010 (МИА) - Одлично зачувана мермерна глава, дел од скулптура од рано римскиот период и мало торзо се пронајдени денеска на локалитетот Стоби, кој го посети премиерот Никола Груевски придружуван од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.

Според Силвана Блажевска, директор на Националната установа Стоби, станува збор за склуптура со која според карактеристиките, обично се претставувале императори и видни граѓани од првиот и вториот век од новата ера, а била дел од храм, кој бил ограбуван по неговото разурнување уште во античкиот период.

- Сводот во едната просторија имаше дупка. Кога ја најдовме руската копејка од 1863 на едно од подните нивоа си рековме за жал храмот е ограбен и тоа повеќе пати меѓутоа среќа е што тие не стигнале до првото подно ниво каде се наоѓаат склуптурите. Очекуваме за една недела да го рачистиме подното ниво и да видиме за што се работи, рече Блажевска. 

Министерката Канческа-Милевска истакна дека вкупно 180 милиони денари  изнесува буџетот за годинашниве активности на 20 археолошки локалитети кои се наоѓаат на приоритетната листа на Управата за заштита на културното наследство.

Таа посочи дека од особено значење е што овој локалитет на кој работите оваа сезона почнаа пред три недели, прерасна во Национална установа со што се овозможува државата во континуитет да се грижи за него, а не еднократно додека траат истражувањата.

- Многу е важно што овој локалитет прерасна во Национална установа со вработени чиј број понатаму ќе се зголемува, а се со цел тој да биде достапен и како туристичка атракција и за промоција на културното наследство, рече Канческа-Милевска.

Според Кузман, за разлика од минатата година кога работеа 700 лица, на локалитетот Стоби годинава се ангажирани 400 лица од кои 65-члена стручна екипа.

- Интензивно се фокусираме на локалитетот во истражувачка смисла да го завршиме што побрзо, а за конзерваторските и другите работи ќе треба подолго време и покрај тоа што во овој момент работиме и конзерваторски проекти, рече Кузман посочувајќи дека издвоените средства од буџетот за археолошките истражувања ќе бидат доволни. ва/рп/16:27

 

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73153208&lId=1&pmId=505


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 24-Apr-2010 at 16:22
На „Цареви кули“ пронајден накит со ликот на Александар Македонски
 
Сузана Тасева

Археолозите ги збогатија историските страници на Струмица. Ламба со претстава на Александар Македонски е пронајдена во некрополата на јужниот рид на локалитетот Цареви Кули, која потекнува од доцно античкиот период.

„Засега е уникатен ваков примерок не сум видел на другите места, претпоставувам дека се работи за наод односно сад за ламба која што е од работилницата во Солун или можеби во соседството“, рече Зоран Рујак, археолог.

Покрај ламбите е пронајден и вреден златен накит, обетки и прстени.

„Кој што укажуваат на тоа дека дека во 2 век п.н.е. Струмица односно најверојатно тогашен Астраион, бил развиен трговски центар, дека имало богата популација и дека комуницирал со работилниците во Солун и со градовите во соседството“, додаде Рујак.

На Цареви Кули кој е еден од поголемите археолошки локалитети во Македонија, интензивно се истражува од 2007 година, а дотогаш тој беше мета на дивите копачи.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122425 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122425


Posted By: axel
Date Posted: 28-Apr-2010 at 07:05

Почнаа истражувањата на локалитетот „Баргала“

Штип, 27 април 2010 (МИА) - Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип денеска почнаа со истражувањата на локалитетот „Баргала“.

Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Зоран Читкушев информира дека археолозите продолжуваат со истржувањата на овој локалитет каде што застанале минатата година.

- Со средствата од Министерството за култура, археолозите продолжуваат на потегот на североисточниот бедем, влезот и базиликата од петиот и шестиот век, изјави Читкушев.

Тој изрази надеж дека истражувањата на археолозите на локалитетот „Баргала“ и оваа година ќе бидат успешни.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73429985&lId=1&pmId=501


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 01-May-2010 at 20:52

Во ископините на Кале најдени бомби од Втората светска војна

01.05.2010 - 19:37 |
  • http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија

Археолошките екипи кои работат на локалитетот на тврдината Кале, при ископувањата пронашле рачна бомба и околу илјада парчиња боеви куршуми од различен калибар од Втората светска војна.

Во атарот на село Далбеговци, општина Новаци, се пронајдени, како што наведува ЦУК, три неексплодирани средства.
 
За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, од каде се преземени мерки за нивно безбедно складирање.
 
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-iskopinite-na-kale-najdeni-bombi-od-vtorata-svetska-vojna - http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-iskopinite-na-kale-najdeni-bombi-od-vtorata-svetska-vojna
 
вау, колку е раскопано калево


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-May-2010 at 22:10
За кое кале се работи? Ме збунува ова ДЗС од Битола.

Ќе направам една мала дигресија, ме потсети ова со бомбиве. Пред некоја година имаше некои археолошки истражувања на тетовското кале и бе пронајдени некои бомби од војната 2001-ва, па ми дојде на памет една изјава од Паско, "пронајдено е оружје од почетокот на третиот милениум од нашата ера". Nuts


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 05-May-2010 at 22:03

На Балтепе се копа во историјата

Педесетина работници се ангажирани на ископувањата и археолошките истражувања на Тетовското кале, каде што независно од овој проект се врши и обнова на црквата „Св. Атанасиј“, која беше оштетена во конфликтот од 2001 година

Тетовското кале деновиве личи на големо градилиште на кое се работи на секој агол. Од пред некој ден продолжија археолошките истражувања на тврдината, а паралелно се вршат и градежните работи на црквата „Св. Атанасиј“ на Балтепе. Двете активности, истражувањето на тврдината од османлиски период и санацијата на црквата не се поврзани, но се одвиваат паралелно. Археолошките и конзерваторските зафати се дел од проектот на Министерството за култура за истражување на локалитетот. Активностите започнаа во 2008, а ќе траат до 2012 година. Тука од пред некој ден, по неколкумесечна пауза, повторно се истражува. Сега се работи и на црквата на која се обновува нејзината надворешност, а се санираат скалите и ѕидовите, кои беа оштетени во војната од 2001 година.

Според раководителот на проектот за истражување на археолошкиот локалитет Тетовско кале на Балтепе, Љулјета Абази, оваа година приоритет ќе им се даде на археолошките истражувања.

- Годинава имаме три милиони денари за работа. Ќе се концентрираме на откривање на објектите кои се под земја, сондажни истражувања за да видиме дали има траги од постари, предосманлиски, културни остатоци и на ископување на гробовите што се наоѓаат во околината на тврдината - рече Абази. На археолошките истражувања се ангажирани педесетина работници. Дел од стручниот тим е од Косово, тројца археолози и еден конзерватор. На локалитетот ќе се работи до крајот на јуни.

Стручниот соработник Ирена Колиштркоска-Настева, од Музејот на Македонија, која е вклучена во проектот, вели дека на калето му се случила хаварија од негрижа изминативе 200 години.

- Калето е изградено во периодот кога османлиската архитектура била во најголем подем. Од него може многу да се научи за тој период. По целосната конзервација и реставрација, калето би требало да прерасне во туристичка атракција - рече Колиштркоска-Настева.

Тврдината е од 18 век и ја сочинуваат повеќе објекти, главно со војничка намена, сарај, трпезарија, касарна, конак, стражарница, затвор, подземен тунел. Дел од објектите целосно се покриени со земја. Лани откако беше откопана трпезаријата, таа беше реставрирана. Се планира да прерасне во изложбена просторија или угостителски објект.

Од пред некој ден почнаа и работите на црквата „Св. Атанасиј“. Црковниот одбор со помош од неколку донатори започна да ја реновира црквата, која се наоѓа во внатрешноста на тврдината и која беше запоставена.

- Потребно е да се уреди и внатрешноста. Многу икони се оштетени, уништен е фрескоживописот. Ако има донатори, ние ќе продолжиме и понатаму да работиме. Сега се ангажирани седум лица и сите работиме без надомест. Од 2001 година досега имало околу пет кражби - рече Трпе Ѓорѓевски, домар на црквата.

Таа е изградена во 1922 година врз темелите на црква од 13 век.

Калето е изградено во 1820 година од Абдурахман-паша како стратегиски објект, но никогаш не било вселено. Со него се врзани неколку легенди. Во истиот момент кога турската војска дошла по Абдурахман-паша и го протерала во Истанбул, до калето дотекла и водата од водоводот што го направил пашата. Во таа пригода тој рекол: „Ти, водо, дојде, а јас отидов“. Исто така се верува дека еден од трите тунели за бегство од калето води директно до центарот на градот во непосредна близина на старото медицинско училиште. Другите водат до блиското село Лавце и до горниот дел од Тетово во близина на реката Пена.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B784E45008942D4CBE12835076A01E52 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B784E45008942D4CBE12835076A01E52


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 11-May-2010 at 23:04

Ќуп со злато откриен на скопското Кале

Златните монети се од 13 век од никејскиот цар Јован III Дука, а има и венецијански сребреници

Катерина Богоева


Ќуп со 46 византиски златни монети ковани околу 1250 година од никејскиот цар Јован III Дука и 77 сребрени монети ковани од различни венецијански владетели во периодот од втората половина на 13 век, заклучно со 1280 година, е откриено во изминатите неколку дена на тврдината Кале, во рамките на тековните археолошки истражувања раководени од археологот, Драги Митревски.

„Тоа е периодот во кој откриеното богатството било и закопано, а неговото откривање е од големо значење, бидејќи го илустрира последниот период на животот во византискиот град, урнат со доаѓањето на Србите, по што ќе следува период на интензивна градежна активност од нивна страна на овој, и во просторот на скопската околина. Во тој мирен период за Скопје се изградени и најрепрезентативните градби,чии остатоци сега ги откриваме со истражувањата што продолжуваат да се реализираат на ударниот просторот, под познатата бина на Калето.

Годинава го дозаокружуваме претходно парцијално истражуваниот простор, ги дооткриваме остатоците од градби што веруваме дека ќе бидат интересни за натамошна конзервација и реставрација. Очекуваме да се појават убави градби кои на Калето му го даваат неговото административно, политичко и културно значење во средновековниот период, од 10 до 15 век, во времето на владеењето на царот Самоил до доаѓањето на Турците. Со новите откритија добиваме појасна слика за тоа што во тој период се случувало тука, се откриваат и остатоци од царскиот дворец почнувајќи од времето на царот Милутин, но и други градби подигнати за време на српското владеење до 1392 година“, ни изјави вчера Митревски.

Годинешните истражувања течат веќе трет месец, а заедно ги реализираат Институтот за Историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултетот во Скопје и Музејот на град Скопје.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=CC9BB91A9581E14FB07085F24285D982 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=CC9BB91A9581E14FB07085F24285D982


Posted By: axel
Date Posted: 25-May-2010 at 15:35

Откриена вековната тајна, античкиот град Равен-лулката на словенската азбука?!

Дали во нивите кои се на само стотина метри од штипското село Крупиште, се наоѓа долго бараниот град, односно епископијата каде според историчарите, солунските брака ја напишале Азбуката. Археолозите од штипскиот музеј оптимисти.

Се смета дека и Кирил, неговиот брат, тука ги напишал 32-те букви од азбуката, тврди во своите претпоставки археологот од штипскиот музеј м-р Миланчо Миленковски.

Ископините од темели на цркви современици на светите Кирил и Методиј, како и вградените симболи во сегашните храмови кои биле дел од урнатите цркви за археолозите се непобитен аргумент.


Надежта кај нив дополнително се подгрева со зачестените жалби на крупиштани за маката во орање на земјата.


„На 20 до 30 сантиметри од земјата излегуваат камења и тоа големи, па често ги кршиме плуговите. Воопшто многу е тешко за орање“- се жали Блашка Трајчева, од Крупиште.

Во нивата на 60г. Блашка освен жито, се изродија и темелите на така наречената Црвена црква, една од можните храмови каде според археолозите, светите словенски брака ја напишале азбуката.

Претпоставка е дека на неполн половина метар под плодната почва се кријат темели на 10 до 13 цркви, како и вечните почивалишта на пет од 15 свети тивериополски маченици.

Кога доаѓа тука св.Климент за епископ, тука се пренесени пет од 15 те струмички маченици и со истражувањата од 1985-86 та година, од страна на академик Блага Алексова, токму тука е утврдено местото каде треба да наоѓаат гробовите на мачениците, но и останатите аргументи и артефакти за дејноста на светите словенски просветители“- вели за Канал 5, м-р Миленковски.

На 200 хектари крупишки ораници, старите записи сведочат за интензивен живот во првите столетија од доаѓањето на Словените. За жал како што често само нам ни се случува, немањето пари е главната пречка за откривање на вековната тајна, дали градот на Кирил и Методиј бил тука или не. Равен името на мистичниот град е еднаков на равенката без непознати. Ископувања ќе има кога ќе има и пари.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60833


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-May-2010 at 18:20
Кокино апликант за УНЕСКО



 
Група археолози овој месец интензивно работат на процесот на конзервација на камените ѕидови, кои ја опкружуваат мегалитската опсерваторија Кокино која се подготвува да стане споменик на светското културно наследство на УНЕСКО  

 
%20  
- Кокино освен по астрономските маркери, ќе биде препознатливо и по оградата на светиот простор - вели Јовица Станковски, директор на кумановскиот музеј.

Инаку, овој локалитет е исклучително богат со предмети од бронзеното време, разни фигурини, мелници за жито, керамични садови. Дел од пронајдените јагленосани парчиња се испраќаат на испитување во институтот во Стара Загора во Бугарија, каде што со методот ц-14 може да се допрецизира годината на нивното потекло.

Кокино се смета за еден од најинтересните локалитети во Европа, бидејќи станува збор за праисториска опсерваторија со најголем број маркери, кои на луѓето од тоа време им помагале во сметањето на времето и во изработката на календари.

Мегалитската опсерваторија која датира од 1800 година п.н.е. беше откриена во 2001 година, а во 2002 се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=525101020131&id=16&prilog=0&setIzdanie=21990



Print Page | Close Window