ДМ маркети
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1645
Printed Date: 09-Jul-2025 at 23:34
Topic: ДМ маркети
Posted By: N23
Subject: ДМ маркети
Date Posted: 01-May-2012 at 22:52
Се отвора првиот ДМ маркет во Македонија.
Локацијата му е во ГТЦ, на местото на поранешна Кара. 
------------- 23ka.wordpress.com
|
Replies:
Posted By: Мартин
Date Posted: 01-May-2012 at 23:14
Конечно!
Инаку, овој во ГТЦ го водат како втор маркет, првиот е кај поранешно Дивино, градски ѕид. И колку што можам да разберам од нивниот фејсбук профил отварањето на двете продавници треба да се случи на 17-ти месецов.
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 02-May-2012 at 00:12
Урааа  Навистино е крајно време големите светски/европски ланци да навлезат во Македонија. Се надевам дека отворањата кои претстојат оваа гоидна ќе бидат само почеток за опсежни промени на нашиот пазар.
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: buco55
Date Posted: 02-May-2012 at 10:13
Бидејќи не сум запознат со брендот на DM маркети, колку што можев да видам од нивната страна на германски тие се дрогерија. Дали некој знае која им е целната група и по што се разликуваа на пример од Cosmo?
|
Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 02-May-2012 at 10:36
Точно - дрогериjа. Добро познати са во Германиjа и Австриjа, но исто и во земjите од Източна Европа.
 Имат 3 много силни собствени бренда - Alverde, Balea и Denk Mit. Други пазнати брендове са им Profissimo, Soft & Sicher, Ebelin и други. Собствените брендови заемат близо 40-50% од понудата. Ценово са слични на тоа кое може да се намери во останатите трговски обекти, некои са поскапи, но има и работи кои са на много ниски цени.
|
Posted By: mirakuliks
Date Posted: 02-May-2012 at 12:53
Да надополнам дека нивните производи (воглавно козметика) иако се со многу пониски цени од познатите брендови не заостануваат во квалитет нешто сообено, со оглед дека се произведуваат да ги задоволуваат германските пазарни стандарди. Инаку во германија dm имаат исто толку силнa конкуренција во ланецот дрогерии Rossman
|
Posted By: buco55
Date Posted: 04-May-2012 at 10:23
Ви благодарам за дополнителните информации. Според горекажаното овој ланец сигурно ќе донесе нов бран на конкуренција во Македонија која изгледа би била повеќе во однос на поширока понуда и квалитет него во однос на цена.
|
Posted By: Galileo
Date Posted: 04-May-2012 at 11:34
DM са най- популярната верига дрогерии в Германия и на второ място в Австрия.Основният им конкурент е Müller ,чито цени са малко по- високи , но предлагат по голямо разнообразие на стока.
Общо казано цените в тези дрогерии са с 1 до 2 Евро по-евтини от другите вериги
|
Posted By: buco55
Date Posted: 16-May-2012 at 14:51
Европскиот ланец „dm“ отвора две дрогерии во Македонија
Објавено: пред 59 минути
Прочитано: 421
Печати
Сподели со твоите пријатели!
Европскиот ланец на дрогерии „dm“ влезе на македонскиот пазар. Од утре почнуваат со работа првите две дрогерии во Скопје, а до крајот на годината е планирано отворање на уште една. Инвестицијата за оваа година е 1 милион евра, а почетните вработувања се 15.
- Веруваме во македонскиот пазар и планираме да ја прошириме нашата продажна мрежа и во другите поголеми градови во земјава, рече денеска на прес-конференција менаџерот за Македонија, Марија Милошеска.
На купувачите на македонскиот пазар, како што додаде, ќе им понудат широк асортиман од над 10.000 производи, меѓу кои и актуелни дрогериски производи од областа на убавината и здравјето, негата на бебиња и деца, одржување на домаќинството, како и дополнителен асортиман како сезонски производи, храна за домашни миленици и фото програма.
Разновидниот асортиман на индустриски производи на најпознатите локални и светски брендови е дополнет и со приватната марка „dm“ чија лепеза содржи повеќе од 2.500 производи, а кои се од конкурентните производи со пониски цени за 40 отсто.
Милошеска истакна дека покрај најдобриот сооднос на цена и квалитет на производите на пазарот, "dm“ во Македонија ќе овозможи и висок квалитет на услуги. Во тоа спаѓа и гаранцијата на враќање, односно можноста за замена или враќање на парите за сета стока купена во маркетите, бесплатно пакување на подароци, како и можност за безготовинско плаќање.
По повод отворањето на првите маркети утре во „dm“ ќе им овозможи на потрошувачите 50 отсто попуст на избрани производи од асортиманот, додека во првите четири дена, односно до 20 мај ќе обезбеди попуст од 15 отсто на целокупниот асортиман.
Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/43100/Evropskiot-lanec-dm-otvora-dve-drogerii-vo-Makedonija
|
Posted By: antiuser
Date Posted: 16-May-2012 at 15:21
Уште еден бран на наплив на странска увозна роба и цицање на парите надвор..а ние ќе се радуваме што дошол голем ''бренд''додека милиони секоја година ќе испаруваат надвор од Македонија..наздравје!
|
Posted By: mladen_s
Date Posted: 16-May-2012 at 15:59
Па доколку понудат поевтини цени, тоа и навистина треба да радува. Поголем број на брендови значи и разбивање на нечии монополи - помали или поголеми. А и не гледам дека нешто имаме развиена комзетичка индустрија.. Крајно, ова е само почеток и веројатно ќе имаме уште многу странски продажни мрежи. Малку е нереално да се очекува дека ќе напредуваме само со „наше“.. Секако, можна е и затворена економија, ама примерите не се нешто најславни.
|
Posted By: N23
Date Posted: 17-May-2012 at 19:41
У двете продавници на ДМ се "тепаа" луѓе за да влезат
------------- 23ka.wordpress.com
|
Posted By: gjoko
Date Posted: 17-May-2012 at 21:27
|