Print Page | Close Window

Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1648
Printed Date: 23-Apr-2024 at 10:11


Topic: Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)
Posted By: FoSsiL
Subject: Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)
Date Posted: 06-May-2012 at 16:22

Дали треба Бул. АВНОЈ (АСНОМ) да биде меѓу првите приоритети на градот Скопје? Односно дали треба во наредната офанзива за градење и проширување на улици, откако ќе заврши оваа сега што е во тек (Првомајска, М. Т. Гологанов, Климент Охридски...), бул. АВНОЈ да заземе место во следната серија на проекти кои треба да се реализираат?

Се работи за денес не толку фреквентен булевар, кој има можеби само трансфер/колекторска улога во однос на бул. Јане Сандански и ги насочува возилата кон него. Ги опслужува генерално жителите на северните блокови на населбите Јане Сандански, Ново Лисиче и дел од Лисиче. Односно се работи за некои 10-15 илјади жители. Освен тоа заедно со Васко Карангелски служи и како пристап (освен бул. Србија) до бул. Јане Сандански за жителите на о. Гази Баба и источно Скопје.

Денешната фреквенција на возила според моја проценка е +6000 илјади возила на ден... со тоа што проценка ја базирам на денешни мерења... во недела... значи бројката за работни денови сигурно би се искачила со оглед на тоа што во минута можат да поминат и по 30-40 возила во шпицовите од денот... Како и да е... сигурно има поголема фреквенција од 6000 илјади возила на ден... колку е поголема, ќе гледам да можам деновиве да направам мерења и да оформам некоја попрецизна статистика...

Како и да е... причината за овој пост е друга... 

Се работи за планираното/предвиденото проширување во иднина на булеварите АСНОМ и АВНОЈ како и продолжување на АВНОЈ преку мост во Керамидница, о. Гази Баба, и негово поврзување со булеварот Гоце Делчев. Со тоа се оформува цел ‘‘нов‘‘  сообраќаен коридор во градот паралелен на главниот Исток-Запад коридор, односно на Партизанска - Јане Сандански, кој патем во Центар е ‘‘прекинат‘‘... 

Овој паралелен коридор би започнувал од Карпош 4 на крајот на денешна Илинденска (во иднина и до обиколницата). Потоа преку Илинденска и Гоце Делчев би се поврзал со АВНОЈ (АСНОМ) и би се оформил непрекинат коридор од едниот крај до другиот крај на градот, кој ќе го растерети главниот коридор.

И затоа мислам дека таа алка што недостасува (односно делот Гоце Делчев - АВНОЈ) треба да биде меѓу првите приоритети на градот. Дури мислам дека инвестирање во оформување на овој коридор има поголема предност и поголема важност во однос на подземната улица/коридор кој треба да ги поврзува К. Ј. Питу и Партизанска, односно Илинденска според импровизацијата на властите...

Гледано реално овој коридор е и побрз... со оглед на тоа што Гоце Делчев, па и Илинденска се брзи булевари, со зелени бранови... и се во многу добра состојба...

Да визуелизирам:

1. Најпрвин да ја дадам големата слика и претстава за целиот коридор:

2. Потоа за делот за кој зборувам да дадам претстава за блоковите, зоните, деловите кои директно или индиректно ќе го користат овој коридор (со исклучок на делот кој е планиран за во иднина), а кои и денес го користат како транфер/колектор булевар:

3. Извадок од ГУП:

 

4. Извадок од ДУП за делот во о. Аеродром:

 

5. Извадок од ДУП за делот во о. Гази Баба:


Сакам да додадам уште дека без голем буџет/финансиски средства, односно без многу големи инвестиции се добива алтернативен коридор на главниот Исток-Запад коридор во градот... кој би бил одлично функционален и од голема корист и интерес за целиот град... секако можеби и поисплатлив во однос на потребата и искористеноста... па и значењето кое би го добил...



-------------
Македонија - Земја на чудата!



Replies:
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-May-2012 at 20:17
Се гледа уште од мапата на гугл мап дека ако се гради овај булевар тогаш аеродромците( и околните населене) ќе имат многу полесен пристап кон центар а со тоа ќе нема ниту гужви ниту ништо сепак за мене има други булевари што веднаш им треба интервенција пример пластичарка таму има премногу хаос и е главна улица. Сепак, да се надеваме дека ќе се гради овај булевар


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 06-May-2012 at 20:58

Со овој булевар, поточно со овој цел коридор, значително ќе се намалат гужвите во градот. Единствено што ќе биде потребно е да се изгради делот што фали и една добра клучка кај Судска Палата.

Делот што фали е долг ~ 1250 метри од кои ~120 метри е мост. Не е многу голем дел.


Моја проценка е дека вкупната инвестиција (во која се вклучени и проектот и експропријација на имотите, мостот и сите подготвителни, градежни и завршни работи) не би достигнала повеќе од 6 милиони евра.

Исто така за клучката кај Судска Палата мислам дека не би се потрошиле повеќе од 10 милиони евра....

А за проширување на деловите на Илинденска и АВНОЈ и АСНОМ мислам дека не би отишле повеќе од 5-6 милиони евра.

Значи:

- 6 милиони за новиот дел

- 10 милиони за клучката кај Судска Палата

- 6 милиони за реконструкција и проширување на булеварите: Илинден, АВНОЈ, АСНОМ.

Вкупно 22 милиони евра... Еве и 30 милиони нека се... Многу повеќе се добива за разлика од 30 милиони наменети за подземнана уличка што планираат да ни ја градат властите под центарот на градот... којa има капацитет од 2000 возила на час... споредено со коридорот за кој зборувам најмалку 10 пати помалку... Само АВНОЈ има неколку пати поголем број на возила кои поминуваат по него за време од еден час....

Ова се можеби и најскапи проценки... Верувам дека инвестицијата е во секој случај со не толку висока цена... а притоа со голем бенефит и успешност....

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: alexsend
Date Posted: 07-May-2012 at 09:25
И јас ова би го ставил на ред за изградба. Тој мост би бил од големо значење, и би го преполовил сообраќајот и би го скратил времето за патување Карпош-Аеродром. Гужвата кај 3-4 кај нова железничка и мостот на улица беласица во правец Аеродром е неподнослива. Сепак мислам дека мостот е преголем залак ИАКО најдоа пари/кредити за 2 небитни, безвредни и чисто уметнички пешачки моста!


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-May-2012 at 15:24
од овој подобар проект Скопје не поседува


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-May-2012 at 17:52
ова е еден од неколкуте капитални инфраструктурни проекти кои очајно му требаат на Скопје и „не се“ прескапи и имаат услови за изградба без многу пречки, а кои упорно се игнорираат од сите...
особено изградбата би била олеснета доколку се сруши фабриката на Санос, како што беше најавено, единствена подебела инвестиција би биле мостовите, но да повторам по 100 пат парите е глупо да бидат одговор во времиња кога манијачки и недомаќински се испотрошија на ретардации...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-May-2012 at 18:38
забеган,јас и ти сме контраст,јас пишувам најкратки постови,ти најдолги


Posted By: alexgizh
Date Posted: 07-May-2012 at 18:52
Битно суштината ви е иста

Би бил разочаран доколку во најблиска иднина не биде реализиран коридоров. Еве, им давам 5 години.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: daskalot
Date Posted: 10-Jun-2014 at 10:24
поминаа две, остануваат уште три години, барем да се мрдне од мртва точка


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Nov-2015 at 23:00
Конечно!

Булеварот „АСНОМ“ догодина ќе се реконструира

Градот Скопје бара фирма што ќе го реконструира булеварот „АСНОМ“ во населбата Ново Лисиче. Првата подфаза од овој инфраструктурен проект опфаќа рехабилитација на коловозот на потегот околу раскрсницата на оваа сообраќајница со улицата „Февруарски поход“ во должина од 428 метри. Градот предвидува дека зафатот ќе чини околу 720 илјади евра, а градежните работи да завршат догодина. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди на тендерот најдоцна до 9 декември.



Пред повеќе од две години, Град Скопје го започна проектот за продолжување на булеварот АСНОМ кон населбата Горно Лисиче, со кој беше зацртано да се догради трасата кон улицата „Тодор Чангов“. Пролетва беше претставена уште една идеја за проширување на оваа сообраќајница од населбата Аеродром кон Ќерамидница, со што општините Аеродром и Гази Баба би се поврзале со уште едно булеварско решение.

http://www.build.mk/?p=47316 - http://www.build.mk/?p=47316

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 22-Nov-2015 at 15:25
Тешко дека ќе се случи ,ако паметите веќе две години се гради од последна петка до почетокот на куќите и ништо не е пипнато ,освен сликањето на градоначалниците ни механизација не дојде а не па да направат една копка...


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Nov-2015 at 17:21
асфалтот може ќе го сменат, ама мостот до Ќерамидница се помирив дека е научна фантастика, за жал...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Jan-2016 at 18:22
Почнува реконструкцијата на булеварот АСНОМ

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје во следните пет месеци ќе ја реализира првата фаза од реконструкцијата на булеварот „АСНОМ“ во општина Аеродром. Во оваа етапа ќе се санира коловозот во должина од 428 метри, во близина на раскрсницата на оваа сообраќајница со улицата „Февруарски поход“. Градот Скопје за овој инфраструктурен проект од годинешниот буџет ќе инвестира 31.795.165 денари, односно околу 510.000 евра. На тендерот, кој беше распишан во ноември минатата година, биле доставени 11 понуди од градежните фирми.



Градската власт во изминативе години во неколку наврати обелоденуваше проекти за реконструкција и продолжување на трасата на булеварот „АСНОМ“. Лани беше претставена идејата за продолжување на трасата на оваа сообраќајница од Општина Аеродром кон Општина Гази Баба, со која е зацртано со мост да се поврзат населбите Аеродром и Ќерамидница. Пред три години, Градот Скопје вети и продолжување на булеварот „АСНОМ“ кон населбата Горно Лисиче.

http://www.build.mk/?p=48220 - http://www.build.mk/?p=48220

-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Mar-2016 at 13:20
Се гради сервисна улица (+ паркинг веројатно) од другата страна на Бул. АСНОМ.







-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Apr-2016 at 17:51
Продолжување на бул. АСНОМ до селото Горно Лисиче



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Jun-2016 at 15:33






-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jan-2017 at 10:46
АЕРОДРОМ И ЌЕРАМИДНИЦА ЌЕ СЕ СПОЈУВААТ СО НОВ МОСТ И ДИРЕКТНА УЛИЦА
Изградба на нов мост и на нова улица која директно ќе ги поврзува Аеродром и Ќерамидница, односно Гази Баба, е еден од капиталните проекти на Град Скопје за реализација оваа година. Практично, ќе започнат подготовки за изведба на овој крупен зафат, кој според градоначалникот Коце Трајановски, ќе му биде предизвик за наредниот мандат. Изградбата на улицата, всушност, ќе претставува нова сообраќајна порта за општина Аеродром кон центарот на градот. Сега се тоа само улиците „Трета македонска бригада“ преку Тутунски комбинат и булевар „Јане Сандански“ преку Транспортен центар.

Проектот предвидува продолжение на булеварот „АСНОМ“. Односно ќе се пробие нова улица зад „Скопски саем“, која ќе води до реката Вардар од каде што преку нов мост ќе излезе на булеварот „АСНОМ“ во близина на спортската сала „Јане Сандански“. Булеварот би почнувал од улицата „Беласица“ кај „Скопски саем“, би поминувал покрај „Каросерија“ на ФАС „11 Октомври“ и преку Вардар би се споил со булеварот „АСНОМ“ кај салата „Јане Сандански“. Од таму ќе води до последна „5“ и улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче. Новиот мост, пак, ќе се гради кај Ќерамидница.

„Новата улица во голема мера ќе го растовари сообраќајот во овој дел и ќе го олесни движењето од Гази Баба кон овој дел на населбата Аеродром. Имаме студија и чекаме Општина Гази Баба да го донесе деталниот урбанистички план за локалитетот кај ’Каросерија’. За реализација на проектот го снимивме теренот и го откупивме земјиштето“, рече Трајановски кога се „кроеше“ тековниот буџет. Во него, за овој проект, има предвидено речиси 350.000 евра. Парите ќе се потрошат за изработка на техничката документација, а по нивна изработка и избор на изведувач, ќе се знаат деталите и конечната вредност за изградба на улицата и мостот.
Трајановски појасни дека проектот е составен од две фази, од кој првата е речиси реализирана. Станува збор за реконструкција и проширување на делот на „АСНОМ“ до последна „5“, односно до првите куќи на „Тодор Чангов“ во Лисиче. Втората фаза е изградбата на улицата и на мостот. (Д.Т.Д.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0A7AD47EB5B6D64B88D8970EB45F45CA


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Jan-2017 at 11:03

вест прочитана по којзнае кој пат... којзнае колку мандати помина овој трагичен проект

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jan-2017 at 11:06
Исто вака со години ја најавуваат и подземната улица кај Рамстор ама незнам дали нешто почнаа.Тој простор е целиот ограден и со години не се прави ништо.


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Apr-2017 at 13:51
Пуштен во употреба новиот проширен и реконструиран булевар АСНОМ во Ново Лисиче #скопје



извор: https://twitter.com/KoceTrajanovski - https://twitter.com/KoceTrajanovski

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 03-Apr-2017 at 20:18


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 04-Apr-2017 at 09:05
А зашто не е направен до булевар Србија?


Posted By: daci92
Date Posted: 04-Apr-2017 at 19:10
Тоа е добро прашање, а не е премногу и онака пред семафорите веќе е булеварско решение. Отприлика уште 500-600м требало да се реновира и прошири.


Posted By: alexsend
Date Posted: 05-Apr-2017 at 07:58
Нели се возпостави практика од работење во фази од по 2-3 дела во исто толку години од една улица

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Apr-2017 at 11:29
„Потребни се уште два-три дела за да биде цел(а)“

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Decibel
Date Posted: 01-May-2017 at 10:17
A шо бидна со оној мост шо треба да се праи кај Ќерамидница, или тоа онака е само „у план“ ?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 01-May-2017 at 14:59
Сега ќе бидат локалните избори, сто моста ќе видиш.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 05-Nov-2017 at 15:53

насловот кажува се', дури би предложил сега да го преименуваат бул. лисабонски договор, нели старите идеали да ги замениме со нови, а и мање више дали, чим име на нација треба да менуваме, та зашто не и на булевар, чисто да се има абер кај ни ет наводно денес мајката ..

него Шилегов ништо не помна за мостот кај МЗТ иако е зацртан во ГУП-от, но да видиме можеби тука ќе ја запнат поозбилно, се надевам за поарно ...

прашање е само чие име ќе носи мостот .....


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 05-Nov-2017 at 18:28
Шилегов планира изградба на пешачки мост, а зошто не планира и сообраќаен мост не знам. Претпоставувам дека е комплицирано да се пробие булевар помеѓу фабриките и куќите? Како и да е, верувам дека ќе биде отворен за предлози.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 05-Nov-2017 at 22:55

фабриките во гепек, куќите на кров, и ништо не е возможно в скопско
реалноста е дека сообраќаен мост без партнерство со владата нема да дочекаме, сепак доколку сдсм сака со нешто да помогне на градот е со комплетирање на примарната сообраќајна мрежа, во која се најнапред урбаните автопати, мостовите и тунелите, што ете до некаде ет во најава, а и овој сегмент во истата таа мрежа ќе дојде на ред, само прашање е на приоритети и фокус кон подобро утре, кој декларативнo сите го имаат, но едно е рекламна кампања, а сосем друго буџетака реалност ... дури времето си го трошат на ревизии и партиски агитпроп, сдсм нема да смогнат сили нит тунелот под Кале да го завршат, а не пак до мостов да стигнат, иако клучката кај Мавровка е неопходен приврзок на овој коридор, речиси потенцијален проток на урбан автопат доколку слични решенија има и кај саем и кај влада, како и да ги изведат па дури и со кружни токови или прости надвозници ил подвозници ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=312#312 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=312#312

значи Шилегов ќе мора да се зафати и со сообраќаен мост кај МЗТ, а ете нека помогне и за општинскиот пешачки [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1366&PID=47951#47951 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=786&PID=53437#53437 - 2 ] и тоа многу брзо бидејќи ако го запостави овој момент, прилично ќе заглави протокот в Центар заради напливот на екстра возила од новите комиблокови и кули во Стар Аеродром и Реонски а кои и понатака ќе никнуваат таму ... единствена брза алтернатива за сето ова е што пропоточнѐ АСНОМ-Илинденска, а особено ако и новите градски власти ја наследат идејата на претходната гарнитура, да од ул.ДиЧу в Центар направат пешачка зона, за која пак прашање е дали и ова е доволно, или ќе мора да биде во оптек и тунелот под плоштад ...



Posted By: <Fresno>
Date Posted: 23-Mar-2018 at 14:12

Нов мост на Вардар, меѓу Аеродром и Гази Баба

За 24 месеци ќе има нов мост во должина од 120 метри на булеварот „АСНОМ“, кај хотелот „Русија“.

– За проектот е предвидено пробивање и продолжување на нов булевар во должина од 2.107 метри, од хотелот „Русија“, преку Вардар и населбата Керамидница до Скопски саем, рече на денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Проектот е вреден од 7,5 до 8 милиони евра.

На денешната прес-конференција присуствуваа и градоначалниците на Аеродром и на Гази Баба Златко Марин и Борис Георгиевски.

http://tv21.tv/mk/?p=171379 - ТВ 21


Posted By: ehrlich
Date Posted: 23-Mar-2018 at 19:00


Добро е што конечно гледаме некакво раздвижување на плановите за градската инфраструктура.

Мене ме плаши моментот спомнати во другите статии за оваа вест, а тоа е уривање на стотина објекти, особено кога ќе се сетам на примерите: Водњанска, Трета македонска бригада, Мостот кај Транспортен, кои останаа да висат и да се недоградени заради ЕДЕН сопственик, двор, куќа, перална, а овде ќе се работи за стотина објекти. Се надевам дека градбата нема ни да започне пред уривање и средување на сите овие работи.


Posted By: alexsend
Date Posted: 23-Mar-2018 at 19:19
Фала богу! Конечно некој собра храброст
Многу ме интересира како ќе го изведат само, 8 милиони нема ни за откуп на куќи да им стигнат не па за друго.
Само нека започнат што побрзо

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Mar-2018 at 21:17
Еве го и видеото за проектот. Инаку, да не ви „кршам филм“, но сум голем скептик за завршувањето на овој проект.

[tube]c9sJsW1osvc[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Mar-2018 at 03:54
Previous
 
Ваквиот "проект" не може да заврши од наједноставна причина бидејќи воопшто не ни започнал, шилето во шишето и плавите жолтици воопшто не се ни потрудиле да направат барем асална анимација, за што мора да им се признае на пвеводбениците и нивниот пастир дека успешно развија талент со нивниот миленички проект Скопје 2014.
 
Замислата е речиси неизводлива од самиот почеток - треба третина од Керамидница да се сруши за да се изградат мостот и двата краци кои ќе водат кон Скопски Саем и кон Автокоманда.
 
За да биде бетер, ќе остане еднонасочната улица 518 и тесното сообраќајно грло кое и денес го формира во Керамидница.
 
За ваква идеја воопшто да стане реалност, потребна е урбанизирана Керамидница, а не приградска селска населба, нема овој мост така лесно да помине како мостот во Маџир Маало паралелно со железничкиот мост кој води кон Железничка Станица Скопје.
 
Ма да, со оглед на фактот дека Санос одеднаш како да се врати во живот - или барем така одглумија пред јавноста кога им дојде зајко кукурајко во посета во јули 2017 - не би било изненадување изградбата на овој мост да послужи како параван за експропријација на фабриката за автобуси, од која Славе Распашковски би бил главниот добитник.
 
За жал, не би било прв пат, а уште полошо, не би било ни последен пат даночните обврзници да бидат оштетени од изградба на наводно инфраструктурен проект со профитерска позадина за поединци кои со нетрпение чекаат државна/јавна/градска/општинска инвестиција да се реализира баш врз нивното приватно земјиште.


Posted By: alexsend
Date Posted: 24-Mar-2018 at 15:49
Многу лош политички текст. Многу, многу, многу лош. Наместо да дадеш поддршка и радост за нешто кое е од клучно значење за градот! Зар има некој кој не е среќен за ова!?
Форумов е за градежништво, а вакви политичко жаргонски текстови по република и компанија можеш да ги пишуваш. Тука коментарите треба да бидат со друг однос.
Ова е за мене проект, а не ширење на ленти по 1м.
И за ваков проект да...треба да имаш м*да. И добро е што воопшто некој собрал храброст да збори!
Брзо ќе дојде септември и ќе видиме дали ќе се започне со работа. Ако почне симнувам капа и другарот ќе се зацементира како што беше зациментиран и Коце 8 години! Ако не почне ќе има избори пак за многу кратко и мандатов нема да трае долго, а ќе биде и последен!!!
Многу просто.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Blagh
Date Posted: 24-Mar-2018 at 16:36
Многу важен елемент од инфраструктурата на градов, целосна поддршка за градење. Овој проект не беше дел од изборната програма, па нависитина ми е драго што е вклучен сега (колку што се сеќавам Коце го имаше во избирните ветувања). Но дали тоа значи дека некои од инфраструктурните ветувања на Шилегов ќе отпаднат?

На кратко, главни придобивки според мене:
1. Општина Аеродром добива нов патен излез и врска со другите делови од градот, бидејќи постоечките се веќе пред колабирање. Конкретно со овој мост кон Центар + северните општини.
2. Мостот ќе го растерети веќе преоптеретениот мост Близнак кое е тесно грло на планираниот булеварски секундарен прстен (булеварите со имиња на екс-југословенските републики).
3. Поврзува делови од градот кои физички се блиску, но патно се оделени со километри: населба Аеродром, Јане Санданаски, Ново Лисиче со Автокоманда, Железара...
4. Ваков пат ќе повлече урбанизирање на Ќерамидница. Населба која е премногу блиску до јадрото на градот за да биде така урбанистички запоставена!
5. Нови врски на јавниот сообраќај и тргање на некои од огромниот број линии кои одат под железничка.

Едно негативно што би било е дека сепак и овој мост е по оската исток-запад и повторно се дава приоритет на тие правци. Сепак, тој треба да биде поддршка на секундарниот прстен (точка 2 од придобивки) кој ќе оди итоа како кон стимулирање на развојот на градот и по вертикала.

Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Mar-2018 at 16:55


Потпис


Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Mar-2018 at 21:16
Originally posted by alexsend

Многу лош политички текст. Многу, многу, многу лош. Наместо да дадеш поддршка и радост за нешто кое е од клучно значење за градот! Зар има некој кој не е среќен за ова!?
Форумов е за градежништво, а вакви политичко жаргонски текстови по република и компанија можеш да ги пишуваш. Тука коментарите треба да бидат со друг однос.
Ова е за мене проект, а не ширење на ленти по 1м.
И за ваков проект да...треба да имаш м*да. И добро е што воопшто некој собрал храброст да збори!
Брзо ќе дојде септември и ќе видиме дали ќе се започне со работа. Ако почне симнувам капа и другарот ќе се зацементира како што беше зациментиран и Коце 8 години! Ако не почне ќе има избори пак за многу кратко и мандатов нема да трае долго, а ќе биде и последен!!!
Многу просто.

 
Очигледно моите коментари ти делуваат многу лошо бидејќи ги читаш низ политичка призма, па затоа ги нарекуваш "многу лош политички текст".
 
Моите коментари се темелат исклучиво врз реалната слика во Скопјево и општо во Македонија, а реалната слика е дека една третина од Керамидница да се сруши е тешко изводлива инвестиција - освен ако поддржуваш и те радува изградба на мост кој би поминувал над куќите без нивна експропријација и нивно рушење, ако тоа е воопшто изводливо, а самата помисла на таков идиотизам потсетува на "Миле ми текна" идеите на пвеводбеничкиот пастир.
 
А кога сме кај политиката, ене ти ги двокатните градски автобуси кои повторно сообраќаат на градската превозна линија со број 50, само не знам дали повторно шилето во шишето и плавите жолтици ангажирале диџеј, овој пат на автобуската постојка после Соравија наспроти ресторан Национал.
 
Не си играј политика со мене, туку обиди се да ја видиш реалната слика - Керамидница е приградска селска населба со куќи набутани една до друга и ќе има потреба од бајаги поголема експропријација на приватни имоти за реализација на ваквата инвестиција која - во право си, е` прекрасна идеја, но освести се веќе еднаш - ова е Македонија - земјата на чудата, каде што убавите инвестиции секогаш остануваат неостварени соништа, или прескапи соништа од кои секогаш некој близок со дежурните криминалци на власт заработува добар профит.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 24-Mar-2018 at 21:24
Подобро да направат мост кој ќе ги поврзува Февруарски Поход и Перо Наков.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Decibel
Date Posted: 25-Mar-2018 at 09:19
Не само што фали овој мост, туку фалат уште прешачки мостови.


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-Mar-2018 at 15:05
Ова е прва најава за нов сообраќаен мост после колку години од последно изградениот? 15год. (оној кај транспортен центар?)
Убаво е што 90% од нас со позитива гледаат на оваа најава.
И убаво е што еден урбанистички хаос како ќерамидница ќе почне да се средува макар и на овој начи, колку само ќе добие на значење кога ќе се најдат на самиот пат од Аеродром и Лисичи и Центар. Сега е гето.

Само убаво ќе беше Шилегов да објасни и што се случува со Бул.Србија (со кружниот тек) како и оваа квази барака од 20м2 на сред Бул.Трета Мак. Бригада. Убаво би било оној кој му легализирал таков објект на траса на булевар и да му ја исплати!!! + Што се случува со продолжувањето на Христијан Тод. Карпош!?
Е затоа пак ќе кажам, немаме новинари во државава!
Гледајте ја прес конференцијата на Шилегов кога го најавуваше новиот мост, на крај им дава шанса да му поставуваат прашања, но никој не постави ни едно од погоре напишаните иаско се 3 битни проекти на истата тематика - сообраќај.
За срамење сте! Штета немате чуство за срам. Курири.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 25-Mar-2018 at 15:59
Previous
 
Леле каква штета, шилето во шишето имал прес конференција, а ние не сме биле таму да му поставуваме прашања.
 
Те молам извини бидејќи не сум новинар и не знаев за прес конфереренцијата, на која шилето во шишето и без да му бидат поставени прашања ќе може да одговори како планира да ја урбанизира Керамидница и со кои пари, бидејќи последен пат кога слушнав, плавите жолтици откажаа изградба на карго аеродром во Штип уште пред воопшто да бидат завршени испитувањата на ветровите и воздушните струи за да се испита изводливоста и исплатливоста на таков аеродром во тој регион, но затоа со нетрпение чекаа да најават дека парите за изградбата на карго аеродромот - вклучувајќи и пари од пенали кои концесионерот на аеродромите ќе треба да ги плаќа поради одлуката на државата, а не поради своја грешка - ќе бидат потрошени за изградба на канализации.
 
Од една страна немаат пари за канализации, а од друга страна имаат пари за експропријација на куќи и приватни имоти за да може да се гради нов мост ?
 
Како и од каде одеднаш изникнаа парите, и тоа баш кај плавите жолтици кои ветуваа транспарентност и домаќинско трошење ?
 
Идејата за овој мост е одлична и во целост ја поддржувам, без разлика кои криминалци се на власт и без разлика каде ќе завршат парите од реализацијата на оваа најавена инвестиција - доколку воопшто се реализира, се разбира - но сепак, од каде парите ?
 
И уште еднаш, извини бидејќи не сум новинар и не знаев за прес конференцијата на шилето во шишето.
 
Истовремено извини бидејќи не знаев дека ти и оној навигаторот со пвеводбенички компас кој тролаше по форумов помеѓу 2014 и 2017 година, сте биле од ист материјал направени, само различно поларизирани, навигаторот со пвеводбенички компас своите неистомисленици ги етикетираше како соросоиди, додека ти твоите неистомисленици ги етикетираш како курири.
 
Кучињата си лаат, караванот на организираниот криминал си врви, само друг криминалец седи во возачкото место на првото возило кое го води караванот.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 25-Mar-2018 at 16:04
Одличен проект. Не знам зошто во изборната програма беше претставен само пешачки мост на ова место, но добро е што се одлучиле и за моторизиран мост. Изграбата на оваа врска значително ќе го растовари сообраќајниот метеж на мостот Близнаци и кај нова железничка, ќе придонесе за развој и урбанизација на Ќерамидница, и ќе го направи поврзувањето на Аеродром со западниот и северниот дел од градот побрзо.

Ја разбирам загриженоста на еколошките здруженија, но сепак мислам дека е неоснована. Мостов не само што ќе го забрза движењето низ градот, со што би се намалило и загадувањето, туку ќе придонесе и за пуштање на нови автобуски линии, а ќе поттикне и пешачење и велосипедирање на потегот од Ново Лисиче до УКИМ.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 25-Mar-2018 at 16:25
Овој мост требаше многу оддамна да биде изграден.


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-Mar-2018 at 16:52
Originally posted by Dexter26







Previous  Леле каква штета, шилето во шишето имал прес конференција, а ние не сме биле таму да му поставуваме прашања.  Те молам извини бидејќи не сум новинар и не знаев за прес конфереренцијата, на која шилето во шишето и без да му бидат поставени прашања ќе може да одговори како планира да ја урбанизира Керамидница и со кои пари, бидејќи последен пат кога слушнав, плавите жолтици откажаа изградба на карго аеродром во Штип уште пред воопшто да бидат завршени испитувањата на ветровите и воздушните струи за да се испита изводливоста и исплатливоста на таков аеродром во тој регион, но затоа со нетрпение чекаа да најават дека парите за изградбата на карго аеродромот - вклучувајќи и пари од пенали кои концесионерот на аеродромите ќе треба да ги плаќа поради одлуката на државата, а не поради своја грешка - ќе бидат потрошени за изградба на канализации.  Од една страна немаат пари за канализации, а од друга страна имаат пари за експропријација на куќи и приватни имоти за да може да се гради нов мост ?  Како и од каде одеднаш изникнаа парите, и тоа баш кај плавите жолтици кои ветуваа транспарентност и домаќинско трошење ?  Идејата за овој мост е одлична и во целост ја поддржувам, без разлика кои криминалци се на власт и без разлика каде ќе завршат парите од реализацијата на оваа најавена инвестиција - доколку воопшто се реализира, се разбира - но сепак, од каде парите ?  И уште еднаш, извини бидејќи не сум новинар и не знаев за прес конференцијата на шилето во шишето.  Истовремено извини бидејќи не знаев дека ти и оној навигаторот со пвеводбенички компас кој тролаше по форумов помеѓу 2014 и 2017 година, сте биле од ист материјал направени, само различно поларизирани, навигаторот со пвеводбенички компас своите неистомисленици ги етикетираше како соросоиди, додека ти твоите неистомисленици ги етикетираш како курири.  Кучињата си лаат, караванот на организираниот криминал си врви, само друг криминалец седи во возачкото место на првото возило кое го води караванот.










Јас не знам кој те повика тебе да даваш одговори!? Што не е во ред со тебе? Минативе години ок се однесуваше... Да не си го продал профилот?
За "новинари" се однесуваше тоа што го пишав во минатиот пост, за куририте. Зошто тие кои треба да поставуваат прашања на функционери не поставуваат!?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 25-Mar-2018 at 17:43
Previous
 
Па спомна дека никој на прес конференцијата на шилето во шишето не поставил ниту едно од 3-те клучни прашања погоре, па индиректно се сметав себеси за повикан да ти реплицирам.
 
Инаку не - никогаш не сум продал никакви профили ниту на форуми, ниту на социјални мрежи, не се занимавам со таквиот бизнис.
 
Нема потреба од поставување на прашање за финансирањето на јавна набавка или за јавна инвестиција, бидејќи тоа е обврска на секоја администрација, ако пвеводбениците не го практикуваа извршувањето на таквата обврска, тоа не значи дека и плавите жолтици имаат право на таквиот идиотизам - особено со оглед на фактот дека ветуваа транспарентност, фискална одговорност и домаќинско трошење на народните пари.
 
И извини бидејќи не ги делам твојот оптимизам и твојот ентузијазам за најавените инвестиции на шилето во шишето и на плавите жолтици, бидејќи во повеќе од половина година откако се дојдени на власт, единствено демонстираа лижење на меѓуножјата на нивните рамковнистички коалициски партнери, на нивните политички другарчиња од Татарстан и од Гејлада, и китење со стари туѓи перја - како што е повторното пуштање во употреба на стара автобуска постојка која не може да прими високи автобуси, но не демонстрираа ама баш никаква грижа за потребите на обичниот македонски граѓанин.


Posted By: tomi_z
Date Posted: 25-Mar-2018 at 20:57
Супер вест, тоа Керамидница секако се повеќе од пола дивоградби, а покрај Врдар и картон-градби.
@Dexter26, олабави малку со постовите, те сфативме, и донекаде во право си - ама тонот ти е скроз безвезе.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 25-Mar-2018 at 22:52
Previous
 
Судејќи според трасата од видео записот, картон-градбите покрај Вардар - за жал - нема да бидат опфатени со ваквата најавена јавна инвестиција.
 
Јас ретко поминувам низ Керамидница, но можам да ти потврдам дека добар дел од тие куќи се таму со децении, а ако биле дивоградби сигурно во меѓувреме ги легализирале.
 
А кога сме кај мојот тон, тие кои ги читаат моите коментари едноставно ќе мораат да се навикнат на мојата реторика бидејќи по навика немам доверба во личност која се нарекува себеси политичар/државен службеник/државен функционер/јавен службеник/јавен функционер или било која друга личност која зема плата од моите и твоите даноци, како и од даноците на сите граѓани на Македонија.
 
Од сите досегашни централни, општински и градски власти во Скопје и во Македонија, не сум стекнал вистинска причина за да имам доверба во било кој(а) претставник/претставничка на тие поранешни или сегашни власти, па бидејќи недовербата веќе ми премина во навика, со апсолутна резерва ги земам во предвид најавите за јавни инвестиции на било која централна, општинска или градска власт во Скопје или во Македонија.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 26-Mar-2018 at 06:22
Сомнежот дека нешто навистина ќе се направи кај нас од досегашното искуство не прави сите скептици.
Но без ралика дали куќите во керамидница на дадената траса се легални или дивоградби (Декстер не заборавај дека ако куќата е таму со децении не значи дека е и легализирана) треба да се експроприираат за да може да се изгради оваа важна врска во градот. То што некој со децении ја занемарувал главната инфраструктурна меража за градот оредвиден со сите ГУПови од земјотресот навака не е и никогаш не треба да значи дека треба да се откажеме од тој план. Разликата е само во тоа што со тоа невнимавање изведбата е направена поскапа.
Од он што разбрав град Скопје предвидел 8 мил евра за експропријација и 8 за изградба. Јас се сложувам со проценките дека експрпријацијата најверјатно ќе биде поскапа од предвиденото ама исто така треба да се гледа напред во иднината на сообраќајот во градот.
Слично како и со мостот предвиден како продолжение на илинденска така и овде треба прво да се експропријира просторот и да се изгради булеварот па после да се гради мостот.
Останува да видиме колку од ова ќе се оствари.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Mar-2018 at 08:37
Плави жолтици, пвеводбеници, Татарстан, Гејлада....

не сакап да го тупам со правилникот на билд кој долго време никој не го применува доследно, ама од вакви напнати постови навистина не добиваме ништо. Следствено, нема што да се навикнуваме на тонот. Дури и да се материјализира цела твоја скепса (со која се согласувам и за која не велам дека не е основана), темата на разговор ни се самите проекти и нивните детали, па натаму треба да се движи дискусијата.

Овој проект конкретно нема маана и многу е битно да се турка и да дојде до фаза од која нема да има враќање па ако Шилегов не го заврши да го заврши некој поасален од него.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Mar-2018 at 08:42
Originally posted by alexsend


Само убаво ќе беше Шилегов да објасни и што се случува со Бул.Србија (со кружниот тек)
.


Незнам дали сум го напишал ова, но според мои информации, проблемот е маркетот на Жито кој е единствен што лежи на трасата на кружниот тек. Жито смета дека обесштетувањето не е доволно. Тешка срамота за толку голема компанија. Во нормална околина, луѓе ќе прекинеа да купуваат таму и до сега ќе затвореше, но во нашиот традиционален македонски стил, луѓе застануваат, излегувааат во кола во кал до колена за да купат продукти од маркетот кој е главна причина зошто секојдневно сеуште ги кршат колите кога проаѓаат таму.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Mar-2018 at 08:49
Тргнаа и глупостите... Какви аргументи Wallbash

Стоп за новиот мост-убиец на Вардар

Напишано од
  http://plusinfo.mk/author/plusinfo1/ - Плусинфо
 -

Бараме од Град Скопје – како и од Владата на РМ – итно и неодложно да ја отповикаат одлуката за изградба на нов мост за моторизиран сообраќај на реката Вардар, велат од иницијативата Мегафон.

„Сметаме дека пробивањето на булевар АСНОМ, покрај хотел „Русија“, преку реката Вардар, ќе го стимулира автомобилскиот сообраќај и градежните активности и со тоа значително ќе се зголеми аерозагадувањето во Аеродром и Лисиче, како и во целиот град.

Потсетуваме дека според студијата од 2016 година изработена од Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, во Скопје и скопскиот регион, сообраќајот учествува со 20% во вкупното загадување со ПМ10 честички во воздухот, додека прашината од неуредени површини, улична прашина и прашината од градежните активности учествува со 19%.  Сметаме дека сите емисии на канцерогените ПМ10 честички од изградбата и употребата на новиот мост (уривање на објекти, градежна прашина, употреба на градежна машинерија, зголемен проток на автомобили), ќе завршат во белите дробови на скопјани.

Изградба на нов мост за моторизиран сообраќај во еден од најзагадените градови во светот е бизарен и контрапродуктивен проект. Ги повикуваме општинските власти да се вразумат и да почнат да работат на проекти за подобрување на квалитетот на воздухот како 1) отстранување на 30.000 тони канцероген отпад од депонијата во ОХИС; 2)  воведување целосно бесплатен автобуски превоз; 3) подобрување на велосипедската инфраструктура; 4) воведување на електричен трамвај; 5) Итна гасификација на градот; 6) пренамена на градските автобуси од дизел на природен гас.

Цената на проектот од 16 милиони евра е шокантна! (8 милион евра за градежни работи и 8 милиони евра за експропријација).  Буџетот на Град Скопје за капитални инвестиции во животна средина за 2018 година е 4.2 милиони евра, т.е. четири пати помал од буџетот за новиот мост!?! Инсистираме планираните средства за новиот мост да се пренаменат во горенаведените предложени идеи“, велат од Мегафон.



http://plusinfo.mk/%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82-%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D1%86-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 26-Mar-2018 at 09:37
Во целава работа само не ми е јасно зашто е избрана потешката и поскапата опција. Рушење на 100 куќи наместо 20, и 5 милиони поскапо.

Градоначалникот Шилегов рече дека постоело и алтернативно решение за изградба на мостот по друг коридор, со кое би се урнале само 20 објекти и би се заштедиле 5 милиони евра, но советниците во Советот на Општина Гази Баба не дале согласност.

„Потпишавме договор за меѓуопштинска соработка со Општина Гази Баба за да го преземе тој коридор, но советниците од Гази Баба каде мнозинство се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одби да го прифати тој договор. Нивната цел, да ја бојкотираат работата на мене како градоначалник на Скопје и градот да се развива нема да дозволам да се реазилира. Иако тоа ќе биде на потешкиот начин, ние немаме проблем. Скопје ќе се развива во европска престолнина“, рече Шилегов.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shilegov-najavi-nov-od-aerodrom-saem-ke-se-urivaat-100-objekti/%20 - СДК
Не смее за ваква битна работа инаетење. Нека седнат да преговараат и нека се договорат.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Mar-2018 at 10:15


Искрено, градот треба да одвојува буџет за откуп и обесштетување на вакви делови дури и да нема планирано инфраструктурен дел на тој потег. Алтернативата е урбанизација од типот „маџир маало“ која што сега ја гледаме. И државен интервенционизам тука би бил добар.

Што повеќе од тие куќарки се срушат, тоа подобро за за Скопје.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 26-Mar-2018 at 12:06
Originally posted by pbanks

Тргнаа и глупостите... Какви аргументи Wallbash

Стоп за новиот мост-убиец на Вардар

Напишано од
  http://plusinfo.mk/author/plusinfo1/ - Плусинфо
 -

 ...


http://plusinfo.mk/%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82-%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D1%86-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80/ - http://plusinfo.mk/%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82-%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D1%86-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80/

 
Во целост се согласувам - дека се неаргументирани глупости.
 
Депонијата на Охис дреме со децении, а мегафоните - така се нарекуваат себеси - можеа и од претходните централни, градски и општински власти да бараат отстранување на депонијата на Охис, подобрување на велосипедската инфраструктура, воведување на денивелиран електричен трамвај, односно брза железница, а не класичен трамвај, како и рекаросирање на старите канти на ЈСП Скопје и инсталирање на уреди за работење на метан, кои и онака се скапи инвестиции за патничките возила, но за градски автобуси не само што се оправдани, туку би рекол и дека треба да бидат обврзувачки за сите градски автобуси стари повеќе од 10 години.
 
А кога би биле реализирани овие барања на мегафоните, новиот мост кој ќе ги поврзува Аеродром и Керамидница ќе биде најмал проблем околу загадувањето, или подобро кажано - речиси воопшто нема да биде проблем.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 26-Mar-2018 at 14:05
Originally posted by pbanks

Искрено, градот треба да одвојува буџет за откуп и обесштетување на вакви делови дури и да нема планирано инфраструктурен дел на тој потег. Алтернативата е урбанизација од типот „маџир маало“ која што сега ја гледаме. И државен интервенционизам тука би бил добар. Што повеќе од тие куќарки се срушат, тоа подобро за за Скопје.


Ок рушење, нормално дека треба. Само ме интересира кои се трасите на двете опции. Веројатно отфрлената е покрива, но полесна за изведба.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Mar-2018 at 14:12


Се согласувам. Од досега прикажаното не знаеме ништо ни за усвоената опција.


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 26-Mar-2018 at 16:44
Мислам дека сеуште не е донесен дупот за градска четврт ЦС10. ЦС09 и ЦС11 би требало да се веќе усвоени.

Ова е рутата според ГУП скопје 2022:



А ова е дел од цс10, урбан болк 1:


Posted By: MACK
Date Posted: 27-Mar-2018 at 01:19
redno bese da napravat vakov spoj


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-May-2018 at 16:43
Булевар низ Керамидница ќе никне за да отвори пат за градење згради



Некои од жителите на ова маало велат дека откако слушнале за најавите за изградба на мост и булевар низ нивната населба, никој не дошол подетално да ги информира. ВЕЧЕР побара одговори од Град Скопје, како носител на овој голем проект и оттаму не информираа дека во тек се процедурите за изработка на инфраструктурен план, а деновиве ќе почне постапката за изработка на изведбен план кој ќе пропише три фази на реализација на проектот
Информациите за инфраструктурни зафати во еден дел на населбата Керамидница што пред два месеци ги најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги возбуди духовите во ова поранешно скопско маало кое е густо населено, каде има и голем број нови и модерни градби, но се уште има и многу чисто маалски елементи, стари објекти, трошни куќи и маалски живот. Некои од жителите на ова маало велат дека откако слушнале за најавите за изградба на мост што ќе ги поврзе со населбата Аеродром, како и на булевар кој ќе минува низ централниот дел на Кераминица, како и тоа дека ќе се градат згради од по 11 ката, училишта, дека тука ќе минува голем сообраќај, а ќе има и автобуски линии, практично од почетокот на годинава секој разговор им почнува и завршува со оваа тема. Засега отсуствуваат прецизни информации што и како ќе се гради, каде ќе минува трасата на булеварот, каде би се граделе некои од најавените објекти, наводно згради зад фабриките Санос и Комуна. Освен некои екипи од Град Скопје кои пред извесно време правеа увид низ населбата, никој друг не не посетил, да поразговара со нас, да одржи собир со граѓаните во месната заедница и подетално да не информира – ни рече еден жител на Керамидница.
ВЕЧЕР побара одговори од Град Скопје, како носител на овој голем инфраструктурен проект и оттаму не информираа дека во тек се процедурите за изработка на инфраструктурен план, а деновиве ќе почне постапката за изработка на изведбен план кој ќе пропише три фази на реализација на проектот. Меѓутоа, од Град Скопје не прецизираа што ќе биде опфатено во секоја од трите фази. Тоа ги зголемува стравувањата од евентуални нарушувања на не многу комотниот живот во населбата која има купишта урбанистички и комунални проблеми. Многумина од тукашните жители не ги завршиле постапките околу приватизацијата на земјата од своите дворови и легализацијата на куќите во кои живеат и на помошните објекти што ги користат, а кои им беа наметнати согласно новите законски прописи по 2010 година.
Стравувањата се зголемуваат, вели нашиот соговорник, со евидентното присуство на разни емисари, па и мешетари од бизнис и партиски провиниенции кои веќе имале средби со одредени жители чии имоти, пак, се на самата траса на булеварот.
Се слуша дека во зависност од нивните најави за изградба на вакви или онакви објекти, станбени згради и слично, трасата на булеварот што треба да се пробие се менува постојано, секако засега само во маалските муабети – ни изјави тој.
Меѓу прашањата што ги мачат жителите на Керамидница се и за тоа колкави ќе бидат цените на квадратен метар земја и на станбен квадрат за обесштетување на жителите за земјиштето од над 120 куќи и дворови, а што ќе им биде одземено само за потребите на новиот булевар.
Малку смирувачки делуваат некои информации што засега неофицијално доаѓаат од разно разни информатори дека до крајот на оваа и во наредната деценија токму Керамидница ќе биде едно од централните подрачја во градот каде ќе се врши интензивна изградба – вели овој жител на Керамидница.
А, колку таа, меѓу другото ќе биде сообразена и со потребите на жителите на оваа населба, кои, велат, веќе се присутни тука и со петтата генерација, по оние нивни предци што се населиле овде најчесто во 50-те и 60-те години на минатиот век, е прашањето на кое засега никој од одговорните се уште не дава конкретен одговор, што инаку го очекуваат од најповиканите за тоа во Градот Скопје и секако во Општина Гази Баба.
Од Град Скопје за ВЕЧЕР информираат дека интензивно се работи на овој проект. Комуникацијата меѓу стручните служби на Градот и општините поврзани во овој проект е секојдневна, а координативно тело на градоначалниците се оддржа на трети овој месец.

– Обемот на експропријацијата на имоти на трасите ќе биде конечно уточнета со правењето на финалните плански решенија. Град Скопје ќе работи и на овој проблем паралелно со изработката на проектната документација и нема да се случи, како што имаме примери од претходно, да се остават нерешени имотно-правни проблеми пред почетокот на изградбата на овој инфраструктурен мегапроект – одговорија од Град Скопје.

(С.Блажевска)
Од Ново Лисиче до Саем со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути
Кон крајот на март годинава градоначалникот Шилегов на прес-конференција го најави новиот инфраструктурен проект за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар. Новиот мост ќе го поврзува булевар АСНОМ кај хотелот Русија, преку Вардар, и ќе минува низ населбата Ќерамидница се до раскрсницата кај скопското сајмиште.
Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2.170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз. Пробивањето на овој сообраќаен коридор ќе даде исклучителна развојна компонента на градот и истиот ќе овозможи да патуваме побрзо и побезбедно. Од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ Бисер со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути. Времето на движење за велосипедистите и пешаците, исто така, ќе биде драстично намалено – велат од Град Скопје.
Проектот е предвиден во ГУП од 1965-та година, а досега за него никој во Градот ја немаше изготвено основната планска документација. Градбата на овој коридор со мост се ќе чини 16 милиони евра од кои 8 милиони за градежни работи а 8 милиони за експропријација и се очекува да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните работи.

https://vecer.press/булевар-низ-керамидница-ќе-никне-за-да/


Posted By: alexsend
Date Posted: 18-May-2018 at 17:12
Многу глуп и пристрасен наслов.
Не!
Булеварот ќе се гради за да се растерети градот и речиси милион жители од хаос. Можеле и така да почнат. Да сакале.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 19-May-2018 at 10:50
Originally posted by alexsend

Многу глуп и пристрасен наслов.
Не!
Булеварот ќе се гради за да се растерети градот и речиси милион жители од хаос. Можеле и така да почнат. Да сакале.


Можеле, но ако погледнеш колку сообраќај опслужуваат полубулевари и тесни улици како што се Беласица, Водњанска, Васил Ѓоргов, Димо Хаџи Димов, Антон Попов, Перо Наков и Александар Македонски кој на влезот и излезот кај Автокоманда се стеснува на само две ленти, зошто мислиш дека поголемо внимание ќе посветат да изградат широк и проточен булевар, а не на ќумезарници какви што се градат во Маџир Маало?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-May-2018 at 19:05
Мало проширување на Бит Пазар



-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexsend
Date Posted: 19-May-2018 at 20:07
Originally posted by phenomenon

Originally posted by alexsend

Многу глуп и пристрасен наслов.
Не!
Булеварот ќе се гради за да се растерети градот и речиси милион жители од хаос. Можеле и така да почнат. Да сакале.


Можеле, но ако погледнеш колку сообраќај опслужуваат полубулевари и тесни улици како што се Беласица, Водњанска, Васил Ѓоргов, Димо Хаџи Димов, Антон Попов, Перо Наков и Александар Македонски кој на влезот и излезот кај Автокоманда се стеснува на само две ленти, зошто мислиш дека поголемо внимание ќе посветат да изградат широк и проточен булевар, а не на ќумезарници какви што се градат во Маџир Маало?


Па ако човек нема надеж останува само да се самоубие. А еве живот дојде Шилегов доби шанса, а на нас ќе да пресудиме за некоја година потегна 2-3 ептен храбри проекти што ретко кој би се осудил да ги најави па или ќе се зациментира на позицијава или брзо ќе го снема, трето нема.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-May-2018 at 10:48
Originally posted by alexsend


Па ако човек нема надеж останува само да се самоубие. А еве живот дојде Шилегов доби шанса, а на нас ќе да пресудиме за некоја година потегна 2-3 ептен храбри проекти што ретко кој би се осудил да ги најави па или ќе се зациментира на позицијава или брзо ќе го снема, трето нема.


Koи храбри потези? Пуштање на автобуска постојка која повтроно се затвори, забрана на сообраќај на Водно, каде повторно одат коли и изградба на џеб на автобуси, каде најверојатно или повторно ќе продаваат дивите тезгаџии или ќе служи како паркиралиште?

До кај е со воведувањето на градски билет, на реорганизација на линиите на градскиот превоз и до изградба на паркинзите во Хиподром и Сарај?

А што се однесува до Ќерамидница, со оглед на тоа дека албанска фирма го купи Скопски Саем, очекувам целиот тој простор да се претвори во Чаир 2. Какви булевари, какви бакрачи.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: alexsend
Date Posted: 20-May-2018 at 10:53
И ти како пристрасните медиуми.
Храбри потези како најава за сообраќаен мост, 2 поточно (МЗТ и СитиМол) нешто што коце немаше МУДА да го спомне!

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-May-2018 at 11:15
Originally posted by alexsend

И ти како пристрасните медиуми.
Храбри потези како најава за сообраќаен мост, 2 поточно (МЗТ и СитиМол) нешто што коце немаше МУДА да го спомне!


Немаат врска медиумите. Самиот гледам што се случува. Погледни колку булевари се изградија во Скопје последните дваесет години, а колку згради за тоа време. Погледни ги Водно, Црниче, Капиштец, Дебар Маало, Мичурин, Јака. Само зграда врз зграда или куќа врз куќа, а патна инфраструктура на ниво на сокачиња. Кога ќе земеш предвид дека неколку европски градови најавуваат целосна забрана за возилата на дизел, не е тешко да предвидиш каде ќе заврши целиот тој отпад, кој ќе направи дополнителна гужва на улиците кои и сега се преоптоварени, особено централното градско подрачје и источниот влез на Скопје.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: ehrlich
Date Posted: 20-May-2018 at 17:10
Originally posted by alexsend

И ти како пристрасните медиуми.
Храбри потези како најава за сообраќаен мост, 2 поточно (МЗТ и СитиМол) нешто што коце немаше МУДА да го спомне!


И што ако ги спомнал, па тој може секој ден да спомнува проекти. Еве може и мост на Илинденска да спомне.

Дали ние граѓаните сме пристрасни медиуми кога се возиме повторно во старите автобуси (бидејќи едните не купија асални, а овие не ни знаат да купат нешто), кога улиците и тротоарите не биле никогаш понечисти, кога кучиња скитници има на секој чекор и напаѓаат невини луѓе, кога ќе имаме дневни билети за ЈСП, еден билет за странци, кога ќе имаме градска линија до аеродромот како секој нормален европски град, кога ќе се преземаат мерки за градењето во Скопје, кога ќе има зелен катастар (нели господинот Шилегов ќе го правел Скопје, зелена престолнина) и ред други работи, за кои господинот Шилегов нема време од правење глупости и појавување и фотографирање на тотално небитни настани.

Патем сето погоре кажано е толку ОСНОВНО, што е трагично што треба да го спомнувам.


Posted By: alexsend
Date Posted: 20-May-2018 at 17:16
Јас не го промовирам шилегов.
Зборам конкретно за нешто што тука на форумов го повторувам 5-6 години, а тоа е дека Скопје нема развиена сообраќајна мрежа, поточно нови патишта за возила.
Конкретно - СООБРАЌАЕН МОСТ!
За сите други проблеми каменувајте го.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: fichot
Date Posted: 31-Aug-2018 at 00:49
што бидна со мостов? Најавите беа почеток на градба во Септември. Еве го тропа на врата. Или за некој друг Септември се мислеше?


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Sep-2018 at 16:06
ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА ГО ПОСКАПЕ ПРОЕКТОТ: Мостот и булеварот низ Керамидница ќе чинат двојно повеќе од првичните пресметки
Проектот кој првично беше најавено дека ќе кошта меѓу 7,5 и 8 милиони евра, според најновите пресметки ќе чини 15 милиони евра и се очекува да стартува до ноември годинава. Половина од парите се наменети за градежни работи, а другата половина за експропријација на земјиште

Двојно повеќе ќе чини изградбата на мостот на Вардар кај хотел “Русија” и двокилометарскиот булевар “АСНОМ” кој треба да биде пробиен низ населбата Керамидница. Проектот кој првично беше најавено дека ќе кошта меѓу 7,5 и 8 милиони евра, според најновите пресметки ќе чини 15 милиони евра и се очекува да стартува до ноември годинава. Половина од парите се наменети за градежни работи, а другата половина за експропријација на земјиште.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски вели дека пробивањето на булеварот “АСНОМ” им е приоритетно прашање.

– Во фаза на експропријација сме на земјиште на 143 домаќинства во населбата Ќерамидница што е обврска на општина Гази Баба. До ноември ќе почнеме со реализација на проектот кој заедно со Град Скопје ќе не чини 15 милиони евра и истиот го градиме да биде во функција на граѓаните на Центар, Гази Баба и Аеродром. Мостот со должина од 120 метри ќе почнува од хотел “Русија” и од другата страна ќе се поврзе со игралиштето во Ќерамидница. Оттаму ќе стартува новиот булевар кој ќе има по три ленти за возење во двете насоки, а од двете страни ќе има патеки за велосипеди и тротоари за пешаци и дрвореди. Ќе излезе кај раскрсницата кај скопско сајмиште и ќе се поврзе со булеварот “Гоце Делчев” – вели Георгиевски.

За градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој деновиве остварил средба со жителите на Ќерамидница и ги слушнал нивните мислења, пробивањето на овој сообраќаен коридор ќе даде исклучителна развојна компонента на градот и ќе овозможи да патуваме побрзо и побезбедно.

– Од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ „Бисер“ со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути. Времето на движење за велосипедистите и пешаците, исто така, ќе биде драстично намалено – изјави Шилегов.

Аеродром во моментов е поврзана со Гази Баба со само еден мост “Близнак”.

Овој проект е предвиден во ГУП од 1965-та година, а досега за него никој во Градот ја немал изготвено основната планска документација. Градбата на овој коридор со мост предвидено е да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните работи.

(С.Бл.)

%20 - https://vecer.press/експропријацијата-го-поскапе-проект/


Posted By: daci92
Date Posted: 23-Sep-2018 at 20:10
Хаха некој стана од зимскиот сон изгледа, само многу касно, сега повторно ќе се вратат во хибернација. Цената од 16 милиони евра е најавена уште при самата најава за булеваров. Само вечер нешто спиел.


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Feb-2019 at 18:56
Од пролетва почнува изградбата на булеварот во Ќерамидница

Со почетокот на пролетта ќе почне изградбата и на новиот булевар кој ќе поминува низ населбата Ќерамидница и за кој, како што најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, проектирањето е завршено и исцртана е трасата каде ќе минува.

“Отворањето на понудите за избор на најповолен понудувач на градежните активности е закажано на 14 февруари годинава. Со тоа ќе биде комплетирана првата фаза. Почнавме со експропријација и повеќе од 30 отсто од трасата на која треба да поминува новиот булевар во делот кај скопско Сајмиште е веќе расчистено. Очекувам дека ќе влеземе интензивно во експропријација и онака како што го најавив проектот за времетраење, очекувам дека ќе биде и завршен“, смета Шилегов.



За реализацијата на овој проект во Ќерамидница ќе бидат урнати околу 180 објекти.

Проектот предвидува и изградба на нов мост преку Вардар кој ќе ги поврзе општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Мостот ќе биде со должина од 120 метри, ќе се изгради во близина на хотелот Русија и ќе ги поврзе булеварот АСНОМ во населба Аеродром со булеварот низ населба Керамидница.

Овој проект е предвиден уште во ГУП-от од 1965 година, а досега за него никој во Градот ја немаше изготвено основната планска документација.

Исто така, треба да се направи и пробивање на нов и реконструкција на стариот булевар АСНОМ со должина од 2.170 метри. Градбата на овој коридор со мост предвидено е да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните работи.

https://www.porta3.mk/od-proletva-pochnuva-izgradbata-na-bulevarot-vo-kjeramidnica/?fbclid=IwAR1sL0wMtqeLaJRgB8GGZAPTMrqLV9tIe-G2BYTA8BYCfSrah482ydU9RVE
-----------------------------------------------------------

Не се сомневам дека ќе почнат но ме плаши бројката од 180 објекти на трасата кои треба да бидат срушени,бидејќи голем дел од ваквите проекти се одлговлекуваат со години поради отпочнување на активностите пред да бидат решени имотно-правните односи(бул.Србија и Трета Македонска Бригада која ја оставија со пералната среде пат).


Posted By: skopskodete
Date Posted: 17-Feb-2019 at 00:13
Мора да направат некој нов закон за да вакви објекти не кочат вакви големи проекти.


Posted By: fichot
Date Posted: 27-Mar-2019 at 23:05
до кај сме со мостов?


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Mar-2019 at 07:03
Пред некој ден прочитав вест дека веќе било почнато со расчистување на трасата односно со објектите во Ќерамидница.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-Mar-2019 at 15:57
Линк?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Mar-2019 at 16:43
Еве ја веста,се вели дека повеќе од 30 отсто од трасата на која треба да поминува булеварот е веќе расчистено е сега дали се мисли дека постигнат е договор за уривање на објекти или дел веќе се урнати тоа незнам.
-------------------------------------------------------------------------
Побрз и побезбеден сообраќај: 120 метарски мост преку Вардар во населбата Ќерамидница

Пролетва ќе почнат градежните активности за булеварот кој ќе поминува низ населбата Ќерамидница.

Повеќе од 30 отсто од трасата на која треба да поминува новиот булевар во делот кај скопско Сајмиште е веќе расчистено. За изгрдабата на новиот коридор ќе бидат урнати 180 објекти низ Ќерамидница.

Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз.

Проектот предвидува и изградба на нов мост преку Вардар кој ќе ги поврзе општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Мостот ќе биде со должина од 120 метри, ќе се изгради во близина на хотелот Русија и ќе ги поврзе булеварот „АСНОМ“ во населба Аеродром со булеварот низ населба Керамидница.

Изградбата на новиот сообраќаен коридор треба да обезбедува развојна компонента на градот и да овозможи побрз и побезбеден сообраќај.

http://skopjeinfo.mk/pobrz-i-pobezbeden-soobrakjaj-120-metarski-most-preku-vardar-vo-naselbata-kjeramidnica


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2019 at 13:45
Шилегов: Се гради првата фаза од булеварот АСНОМ, а есенва го почнуваме и мостот кон Ќерамидница

Започна првата фаза од изградбата на булеварот „АСНОМ“, од мостот „Близнаци“ до реката Вардар што се очекува да биде готов до крајот на годинава, информира вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов, додавајќи дека оваа есен ќе започне изградбата на мостот кон Ќерамидница и до крајот на другата година очекуваат дека целосно коридорот на раскрсницата кај Саем што е фундаментален за градот ќе биде исполнет.

– За мене фундаментално е тоа што Градот ги доведе до крај постапките за изградба на овој нов булевар што го најавивме уште во текот на минатата година. Скопје сериозно ќе биде визибилно во текот на годинава. По изборите граѓаните можат да бидат сведоци на целосна реконструкција на булеварот „Партизанска“, од бензинската на Макпетрол до мостот на Обединети нации, делница што ни остана, изјави Шилегов.

Тој најави целосна реконструкција на булеварот кај Битпазар и на булеварот од “Веро центарот“ до Црвен крст.

– Фундаменталните сообраќајници ќе добијат сосема нов изглед, ќе бидат конечно третирани онака како што треба да бидат, тоа е само мал дел од градежните активности што ги презема градот. Го отвораме тендерот за проектирање на тунелите. Два булевара во моментов се градат: „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, вели Шилегов.

https://vecer.press/шилегов-се-гради-првата-фаза-од-булева/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2019 at 15:25
Еве фотки(од фб на Град Скопје)






Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2019 at 15:29
Булеварот се очекува да биде готов до крајот на 2019 а проектот со мостот до крај на 2020

Еве уште некој приказ за мостот кон Ќерамидница





Posted By: <Fresno>
Date Posted: 25-Apr-2019 at 14:17
Се надевам преку паркот ќе оди. Нема потреба од толку остра кривина кога може да се премести паркот.


Posted By: Théoden
Date Posted: 25-Apr-2019 at 20:51
Originally posted by <Fresno>

Се надевам преку паркот ќе оди. Нема потреба од толку остра кривина кога може да се премести паркот.


Скицата е лоша, кривината не е ни приближно толку остра ако оди покрај паркот булеварот.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 27-Apr-2019 at 20:43
А засадените дрвја пред некое време, сега ќе ги пресадат ли на друго место?


Posted By: skopskodete
Date Posted: 03-May-2019 at 10:58
А добро, како ќе се реши влезот кон уличката што оди од СЦЈС до Хилтон кога ќе се прошири булеварот? Бидејќи пола метро ќе биде од уличката до булеварот.


Posted By: Théoden
Date Posted: 03-May-2019 at 12:35
Originally posted by ehrlich

А засадените дрвја пред некое време, сега ќе ги пресадат ли на друго место?


Би требало да останат во жардиниерата. Но ако се додаде уште една лента пред Хотел Русија ќе настрадаат доста.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jul-2019 at 15:54
Од фб,веќе се изведуваат некакви градежни активности само незнам дали проектов ќе значи затворање односно дислоцирање на паркот на езерцата бидејќи мостот кон Ќерамидница треба таму негде да минува??



Posted By: skopskodete
Date Posted: 13-Jul-2019 at 16:27
Не. Според ДУП-от покрај паркот ќе поминува булеварот. Само мене не ми е јасно како таа уличката (со паркинг-местата) ќе се приклучува на булеварот бидејќи ќе бидат блиску булеварот и уличката, меѓусебно.


Posted By: daci92
Date Posted: 13-Jul-2019 at 17:46
Ова би требало да се тротоарите во стилот на Јане Сандански.
На која уличка мислиш скопскодете , на онаа кај црквата или на оваа сервисната од хотел Русија до хотел Дабл Трее?


Posted By: skopskodete
Date Posted: 13-Jul-2019 at 18:31
Originally posted by daci92

Ова би требало да се тротоарите во стилот на Јане Сандански.На која уличка мислиш скопскодете , на онаа кај црквата или на оваа сервисната од хотел Русија до хотел Дабл Трее?

Сервисната. На каков начин таа би се поврзача со булевар АСНОМ? Бидејќи со проектот се премногу блиску еден до друг улициве.


Posted By: daci92
Date Posted: 14-Jul-2019 at 11:57
Мислам дека има три раскрсници на ниво, со нив се поврзува, едната е кај хотел Русија ,а едната треба да е кај празниот простор, последната во близина на хотел Дабл Три , односно идентично со влезовите за населба Јане Сандански и раскрсницата со Васко Карангеловски.


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jul-2019 at 16:58
Проширувањето на булеварот АСНОМ го „јаде“ зеленилото во Аеродром

Што се гради, кој ги корне неодамна засадените дрвја, зошто се навлегува толку длабоко во зеленилото кон зградите, се само дел од прашањата кои ги поставуваат жителите на Аеродром, откако започнаа градежните активности за проширување на булеварот АСНОМ.

Најавите за проширување на булеварот минаа без поголеми реакции, се до моментот кога багерите почнаа со копање, па стана очигледно уништувањето на зеленилото на сметка на новиот бетон и асфалт.

Помалку зеленило, поголемо гушење, се дел од коментарите по социјалните мрежи на луѓето кои живеат во Аеродром, инаку една од најзагадените општини во Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, градежните работи кои во моментов се вршат на потегот од мостот „Близнаци“ со салата „Јане Сандански“ се само првата од трите фази кои ќе бидат реализирани во рамки на проектот за поврзувањето на Аеродром со Ќерамидница.

„Во првата фаза од овој проект се врши проширување на булеварот АСНОМ, што се одвива на потегот од крстосницата со бул. Србија до крстосницата со бул. Васко Карангелески. Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, каде што новиот булевар АСНОМ ќе добие по 3 коловозни ленти од двете страни, средишно булеварско зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот, како и тактилни патеки за лицата со оштетен вид по целата должина на пешачките патеки“, објаснуваат од Градот.

Во следните фази пак, ќе биде изграден нов мост на реката Вардар непосредно до салата „Јане Сандански“, со преку кој ќе се овозможи спојување со бул. „Гоце Делчев“.

Навлегувањето во зеленилото кон зградите на АСНОМ пак, нешто што последно ги изреволтира жителите во околината, како што појаснуваат од Градот, се прави за изградба на пешачки и велосипедски патеки кои отсуствуваа на старата улица.







https://www.radiomof.mk/proshiruvanjeto-na-bulevarot-asnom-go-jade-zeleniloto-vo-aerodrom/?fbclid=IwAR3iLggd339-pp0rTuUFvVXkBGlQp8QiGYTNhEfTlvDeA_29wuom6a_kNLc
-----------------------
Од фб






Posted By: alexsend
Date Posted: 16-Jul-2019 at 17:15
"Проширувањето го јаде зеленилото" Па каде да го прошират во небо ли!?

Само не ја сваќам логиката да во аеродром према лисиче има по 3 ленти, додека накај центар по 2. Ако веќе како бегаме од Центар се намалува од 3 на 2 нема потреба после пак 3 кога се намалува и густината на сообраќај.
Иста ситуација и со Христијан Тод. Карпош ако веќе спаѓаме на по 2 ленти пред бул Боста и Хер. зошто потреба да има повторно по 3 према излез накај обиколница...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 16-Jul-2019 at 18:07
Така треба, нека биде трајно решение. Освен тоа не заавршува само со мостот, туку и со улицата накај Јане Сандански која е 2х2.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2019 at 06:47
Во ноември се очекува да почне постапка за изградба на мост од Аеродром кон Ќерамидница

Во ноември годинава треба да почне постапката за изградба на мостот што треба да ги поврзува општина Аеродром со населбата Ќерамидница, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Како што истакна првиот човек на главниот град, тоа е проект што ќе се одвива во фази, односно дел по дел како ќе созреваат работите.

Целта на тој проект е да се отвори нов сообраќаен коридор, што ќе им овозможи на граѓаните, пред се на тие од општина Аеродром, нов излез од општината кон центарот на градот, покрај практично единствениот во моментов, тој кај Транспортниот центар.

https://skopjeinfo.mk/vo-noemvri-se-ochekuva-da-pochne-postapka-za-izgradba-na-most-od-aerodrom-kon-kjeramidnica


Posted By: alexsend
Date Posted: 26-Aug-2019 at 15:27
Ќе почне ПОСТАПКА
Значи 30ти ноември ќе има објава за тендер кој ќе трае можеби и до 6 месеци;
Па после доколку нема одложување можеби ќе почне со градба следно лето и сигурно ќе има рок од 2 години па здравје лето 2022ра...ако не и 2023та

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Aug-2019 at 15:51

Изградбата на мостот (што се најавува), без пробивање на булеварот низ Ќерамидница, не носи никаква корист.

Проширувањето на булеварот низ Аеродром (што е во тек), без пробивање на булеварот низ Ќерамидница и без изградба на мостот не носи никаква корист.


Ако градот нема капацитет да ги реализира сите три проекти така да сите три бидат завршени во приближно исто време, тогаш единствено логично е да се реализираат по овој редослед:

Пробивање на булевар низ Ќерамидница >>> Изградба на мост >>> Проширување на булеварот низ Аеродром


Но од градот одат по обратниот редослед, затоа што се разбира удвојување на коловоз низ ливада е неспоредливо полесно од изградба на мост, што пак е неспоредливо полесно од изградба на булевар низ ебана фавела. Тоа е очигледно единствениот критериум што го имале во предвид.


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Aug-2019 at 11:59

Мислам дека овој проект ќе заглави кога ќе дојде ред да се руши низ Ќерамидница.Сигурно ќе останат неколку нерешени имотно правни односи како пералната среде Трета Македонска Бригада.А и прашање е колку има потреба од овој проект можеби нешто минимално ќе се растерети гужвата што сабајле се создава на К.Ј.Питу но сепак треба да се наоѓаат решенија на потегот Аеродром-Карпош каде гравитира голем дел од населението.


Posted By: alexsend
Date Posted: 30-Aug-2019 at 06:26
Можеби ќе чекаат Космос да биде во по напредна фаза па наместо пари ќе им дадат таму станови, најсоодветно.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.



Print Page | Close Window