Print Page | Close Window

Palma Mall - Тетово

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1649
Printed Date: 03-Dec-2020 at 23:47


Topic: Palma Mall - Тетово
Posted By: build.mk
Subject: Palma Mall - Тетово
Date Posted: 06-May-2012 at 19:21
Голем трговски центар се гради во Тетово

Во декември годинава е планирано отворањето на „Palma Mall“ во Тетово, трговски центар кој ќе располага со бруто изградена површина (GBA) од 32.000 метри квадратни, од кои 15.200 метри квадратни ќе бидат бруто закупна површина (GLA). Се работи за надградба на постоечкиот комерцијален објект на влезот во Тетово од страната на Скопје, во близина на фабриката за медицинска пластика [ http://www.build.mk/?page_id=7058&m=%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%BB - »мапа ], инвестиција која беше реализирана во 2006-тата година. Тогаш беа вложени шест милиони евра, а надградбата која е во тек е дополнителна инвестиција во висина од околу седум милиони евра.

На четири нивоа (три надземни и едно подземно) ќе бидат распоредени вкупно 90 локали, помеѓу кои и „Рамстор“ супермаркет на површина од 2.800 метри квадратни, „Палма Трејд“ продавница за бела техника и апарати за домаќинството, како и салон на данскиот ланец за уредување на домот „JYSK“. Покрај ова, во „Palma Mall“ е предвидено и „5Д Кино“, куглана со шест патеки и површина од над 1.000 метри квадратни, „Food Court“ со површина од над 600 метри квадратни, голема игротека и други дополнителни содржини. Подземната гаража во склоп на објектот заедно со надворешниот паркинг ќе обезбедат вкупно 500 паркинг места за посетителите. Изведувач е тетовската фирма „Конструкциони“, а проектот го изработи и надзорот го врши „ДСЦ Дизајн“ од Скопје.



[tube]KNOqbqT2e4A[/tube]









http://www.build.mk/?p=14792 - #
Објавено на 06.05.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=palma-mall - Palma Mall , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d1%81%d1%86-%d0%b4%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%98%d0%bd - ДСЦ Дизајн , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%be - Конструкциони Тетово , http://www.build.mk/?tag=%d1%80%d0%b0%d0%bc%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80 - Рамстор , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d1%83%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b8-%d1%85%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8 - Супермаркети и хипермаркети , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%be - Тетово , http://www.build.mk/?tag=trgovski-centri - Трговски центри


http://www.build.mk/?p=14792 - http://www.build.mk/?p=14792



Replies:
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-May-2012 at 20:07
Ми се допаѓа Конечно ќе добие тетово покраи другите стари центри еден модерен центар. Малку тесен е ама сепак убав.


Posted By: alexsend
Date Posted: 06-May-2012 at 20:19
И јас го поддржувам ова, подобро да се гради и во други градови отколку само да се гуши Скопје.

Ако не се лажам ова е едвај втор вака по модерен трговски во некој друг град во Македонија после Глобал во Струмица (јес да вопшто не ми се свиѓа внатре), така?


Posted By: FT
Date Posted: 06-May-2012 at 22:22
Ми фалат столбови.Каво е ова градење со стакло во 21 век?


Posted By: M@RKO
Date Posted: 07-May-2012 at 19:48
Почнато е ова со градење или не? не сум прошол на тоа место одамна

Внатре мене не ми се допаѓа како е направено ,премногу е слично како и кај другите трговски што се во Скопје


Posted By: Dragan
Date Posted: 07-May-2012 at 22:16
Па тоа е доградба на постоечкиот рамстор, баш сега кога проаѓав тука веќе се поставени столобвите на рамстр во должина 

-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 31-Oct-2012 at 21:36
ФОТО: Како ќе изгледа најголемиот трговски центар во Западна Македонија?
Среда, 31 Октомври 2012 14:46

Најголемиот трговски центар во Западна Македонија ќе биде лоциран во Тетово.

Модерно, просторно и со понуда за сечиј вкус. Вака ќе изгледа тетовскиот „Палма мол“

Се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на 4 нивоа со подземен паркинг од 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторниг со камери и редари. Со постоечките 250 паркинг места од отворен тип, вкупниот капацитет за паркинг на Палма Мол е 500 места и истиот ќе биде бесплатен.

Центарот ќе има околу 80 продавници со најразлични содржини како кафетерии, ресторани, содржини за деца и возрасни, реномирани светски брендови за облека, па се до Рамстор маркет, продавница за роба за широка потрошувачка и слично.

Отворањето е најавено за следната година.




http://kurir.mk/makedonija/vesti/90232-FOTO-Kako-ke-izgleda-najgolemiot-trgovski-centar-vo-Zapadna-Makedonija - http://kurir.mk/makedonija/vesti/90232-FOTO-Kako-ke-izgleda-najgolemiot-trgovski-centar-vo-Zapadna-Makedonija


Posted By: Dragan
Date Posted: 19-Mar-2013 at 14:15
Еве денес напраев една мала тура.
1.
2.
3.
4.
5.
6.


-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Mar-2013 at 23:17
уште едно разочарување, со светлосни години далеку од ветувачките рендери и продолжување на традизцијата на лимеки Ohno


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: oTeget
Date Posted: 20-Mar-2013 at 01:41
Оној стариот дел се реконструира ли? Колку што гледам си работи нормално.


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Mar-2013 at 03:20
Originally posted by oTeget

Оној стариот дел се реконструира ли? Колку што гледам си работи нормално.
тоа е стар дел? јас мислев дека е дел од новиот објект поради рендерите Doh


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: daci92
Date Posted: 20-Mar-2013 at 03:35
Тоа е стариот дел односно рамстор кој ќе биде дел од Палма и би требало да се реконструира за да се дојде до целината од рендерите.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Mar-2013 at 09:07
Доградбава ќе донесе некоја колку толку нормална физиономија на овој објект кој беше премногу долгнавест.

Кога почна реконструкцијата мислев дека ќе се оди само нагоре.


Posted By: Dragan
Date Posted: 20-Sep-2013 at 17:54
За два месеци се отвара Палма Малл, па тогаш ќе имам слики од внатрешноста. 

-------------


Posted By: avijacijamk
Date Posted: 25-Oct-2013 at 16:57
Дознав дека таму ќе влезат и Pull and Bear со своја продавница. Повеќе информации наскоро.
А да, отварањето на Палма е одложено за Март 2014 така ми кажаа.Ќе има многу изненадувања до тогаш.

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 02-Dec-2013 at 18:24
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/1048568_10200391351927909_656668046_o_zps47a6b945.jpg.html">


Posted By: Danndy
Date Posted: 03-Dec-2013 at 01:37
Originally posted by avijacijamk

Дознав дека таму ќе влезат и Pull and Bear со своја продавница. Повеќе информации наскоро.
А да, отварањето на Палма е одложено за Март 2014 така ми кажаа.Ќе има многу изненадувања до тогаш.


Тоа и баш не е добро за Skopje City Mall... земајќи во предвид дека голем број од потрошувачите беа токму од Тетово/Косово... А Косово веќе има еквивалент на СЦМ...

-------------
Traveling.


Posted By: daci92
Date Posted: 30-Apr-2014 at 16:03

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/156545-FOTO-Najgolemiot-trgovski-centar-vo-zapadna-Makedonija-Palma-Mol-denes-gi-otvori-vratite - ФОТО: Најголемиот трговски центар во западна Македонија „Палма Мол“ денес ги отвори вратите

Среда, 30 Април 2014 13:18

Најголемиот трговски центар во западна Македонија „Палма Мол“ лоциран на 30 километри од Скопје, денес официјално ги отвора вратите за своите посетители и потрошувачи. Во него има содржини за сите возрасти.

3palma.jpg500

„Палма Мол“ кој е по сите светски стандарди се простира на површина од 32.000 м2 на 4 нивоа со подземен бесплатен паркинг.

Сопственикот на „Палма Мол“ Неад Џеладини, истакна дека отворањето на овој трговски центар отвори и повеќе работни места.

- Денес гордо можеме да кажеме дека граѓаните конечно ќе можат да ги обавуваат своите секојдневни потреби во овој современ трговски центар, истакна Џеладини.

palma.jpg500

Новиот модерен трговски центар „Палма Мол“ содржи голем број локали меѓу кои се: модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови како Lc Waikiki, LTB, Eni Sweets, DM, Dioptra, Watch ID, Shatzi, Axel, Swatch, Tudors, Penti, Actual club, Kemofarm, TTK, IL Camino, Sportvision, Paolo Botticelli, Fashion Brand, Azzara, Student, Docato shoes, Glamur, Vasidora, Arena sport, Bugatchi, Big Star, Coincasa, Factory Mebel, Happy star toy story, голем салон за бела техника – Palma Trade, супермаркет – Ramstore, ресторан Emporium и фаст фуд корнер, игротека – Happy Star Playground, кино 7D cinema и уште многу други места за забава од сите возрасти.

1palma.jpg500

За време на отворањето се реализираа бројни настани, а денот ќе заврши со централен перформанс во вечерните часови. Гости на официјалното отворање се познатите музички ѕвезди Аделина и Сара Мејс кои воедно се и заштитни лица на кампањата на „Палма Мол“.

2palma.jpg500

Вратите на новиот Палма Мол ќе бидат отворени седум дена во неделата. 

4palma.jpg500

5palma.jpg500

6palma.jpg500


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/156545-FOTO-Najgolemiot-trgovski-centar-vo-zapadna-Makedonija-Palma-Mol-denes-gi-otvori-vratite - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/156545-FOTO-Najgolemiot-trgovski-centar-vo-zapadna-Makedonija-Palma-Mol-denes-gi-otvori-vratite



Posted By: N23
Date Posted: 23-May-2014 at 13:14
Знам, сликите се ужасни, али уз брзање-толку







Прв впечаток, апсолутно неконкурентен, така да и оние кои од Ск би иделе према Тетово/Гостивар/Маврово/Охрид, би застанале еднаш и веројатно нареден пат за 5 години. Не нуди квалитетна понуда, концептот е поприлично лош, а и не е ништо подобар од оние "молови" кои гледам дека се распаѓаат во Гостивар. Се гледа колку луѓето од СЦМ си ја знаат работата, така да ваквите молови само ќе живуркаат, очигледно мислејќи дека доволно е еден трговски да ја носи додавката мол, без разлика што содржини нуди.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: carver91
Date Posted: 19-Oct-2015 at 23:29
Da li je neko probao Chitir Chicken piletinu?Ima li najava o otvaranju novih restorana?


Posted By: Dragan
Date Posted: 02-Feb-2018 at 15:54
http://www.plusinfo.mk/vest/141949/palma-mol-se-proshiruva

Палма се проширува, денска поминав и веќе имаат прилично солидно изградени подземни катови. Ќе сликам деноиве и ќе ги објавам сликите.


Posted By: Dragan
Date Posted: 05-Feb-2018 at 00:57















Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Feb-2018 at 09:48
Bev vo Palma Mall, ne razbiram zosto pisuva gore deka e gradeno spored evropskite standardi. Ako se zema vo predvid city mall, palma mall nitu 10% ne ispolnuva. Ima interesni dela ama kvalitetot na gradbata e povekje balkanski.
Ne veruvav deka ima potencial da se prosiri ama stom pocnale aj neka terat.
Inace za tie sto ne go poznavat


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Mar-2018 at 20:45
[tube]IdXIMgiFtFs[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: M@RKO
Date Posted: 19-Aug-2019 at 09:45
Од пред некоја година е малку и проширен трговскиот. Веќе нема паркирање од другата страна туку во паркингот од самиот трговски кој за посетителите е бесплатен а во подрумскиот дел до паркингот има и плус некој продавници.

Највеќе мислам дека трговскиов го вади LC Waikiki, DM и можеби уште некој плус продавници.



Print Page | Close Window