Print Page | Close Window

Когенеративни електрани (Термоелектрани-Топлани)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=165
Printed Date: 20-Apr-2024 at 03:32


Topic: Когенеративни електрани (Термоелектрани-Топлани)
Posted By: Cloverstack
Subject: Когенеративни електрани (Термоелектрани-Топлани)
Date Posted: 04-Sep-2007 at 17:00
Во моментов актуелни се 3 проекти за термоелектрани-топлани во Скопје, па мислам најдобро е да ги споиме сите во една нишка. Трите проекти се:

- Влада на РМ/стратешки партнер (300MW) во најава
- Топлификација/Синтез (200MW) завршена (ноември 2010)
- Когел Север (30MW) завршена (мај 2009)



Ако некој има предлог за подобар наслов на темава ве молам нека каже LOL



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:49

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=83483 - Гасна централа ќе се гради во скопска Железарница

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=96&VestID=83483 - Александар Момировски  
04.09.2007

Гасна централа ќе се гради во скопска Железарница. Станува збор за објект кој во фабричкиот комплекс комбинирано ќе произведува електрична енергија, топла вода и водена пареа.

Носител на проектот вреден пет милиони евра е железарската фирма „РЖ услуги“, која ќе покрие 30% од инвестицијата, додека остатокот ќе го платат домашни и странски фирми.

Централата ќе биде со моќност од 15 мегавати, од кои само пет и се потребни на „РЖ услуги“ за да работи непречено. Вишокот на струја ќе се продава на слободниот пазар. Вишокот топла вода и пареа ќе им се испорачува на компаниите кои работат во комплексот Железарница.

Економската анализа на компанијата покажала дека е исплатливо да се гради гасната централа за да се зголеми сигурноста во работењето на фирмата, независно снабдување со струја во случај на евентуални испади на енергосистемот.

Експертите што ги консултираше А1 велат дека ваквите системи на локално обезбедување со електрична енергија се одлична можност за да се подобри енергетската слика на земјата.

Затворени енергетски системи во светот веќе одамна се применуваат. Таканареченото дисперзирано производство овозможува поевтино користење на струјата, бидејќи нема загуби со транспортот.

Објектот во скопска Железарница е втора гасна централа која се гради во Скопје. Првата, чија изградба е во тек, е заеднички мегапроект на скопска „Топлификација“ и руската групација „Синтез“.

Вреди 140 милиони евра и ќе покрие околу 30% од вкупното производство на струја во земјава. Термоцентрала која ќе работи на гас се обврза дека ќе гради и новиот сопственик на ТЕЦ „Неготино“ - канадски „Хач“.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:56
Чекај сеа... Па нели таму требаше да никне гасна централа која по моќност ќе беше на рамниште на Те-То (~200MW)???

Човек не може да се снајде меѓу сите овие квази-информации и дезинформации...


Туку нема ли да користиме кирилица на форумов?


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:58

И кирилица и латиница може бе.

Ова е фактички сосема друг проект, т.е. трет проект од ваков тип нема врска со таа гасна централа што ја спомињаш, РЖ Услуги е приватна фирма.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2007 at 20:02
Originally posted by pbanks

И кирилица и латиница може бе.

Ова е фактички сосема друг проект, т.е. трет проект од ваков тип нема врска со таа гасна централа што ја спомињаш, РЖ Услуги е приватна фирма.



Знам бе друже, ама многу ми е сомнително тоа што се работи за иста локација... Да не е сепак некое си новинарско срање и таа втората голема гасна централа цело време да ти била оваа третава???

Confused


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 20:04
абе ти ги разбирам сомнежите, стварно се луди новинариве незнам што да кажам. Да почекаме да се потврди уште од некој извор. Но мене ми звучи на скроз трет проект, а РЖ Услуги не е фирма што се заебава, парче прави на берза така да не би ме чудело целава работа да е озбилно.
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2007 at 20:13
Хехе, абе знам дека го поштуваш Минчо, ама ја не викам ништо против РЖ. Само се плашам дека таа втората можеби никогаш не постоела т.е. увек си била оваа третава, ама ја напумпале малце... Мада па кога ќе размислам нели таа беше државен проект од некаков вид? Хмммм... Стварно не знам што е целава работа... Ај да се надеваме дека ќе се изградат сите три и дека ефикасно ќе работат Big%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 20:17
па затоа ти викам таа беше најавена како јавно-приватно партнерство, но беше проект буткан од државата, ова е комплетно приватна иницијатива.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Sep-2007 at 15:27
Eve edna informacija od Total od pred nekade 2 nedeli vo vrska so taa drzavnata gasna centrala. Definitivno stanuva zbor za razlicni proekti so ovoj na RZ Uslugi, e sea treba da vidime dali kje se realiziraat.  
_______________________________
 
Парите од ТЕЦ Неготино ќе се инвестираат во новата гасна централа во Скопје
Дел од парите од продажбата на ТЕЦ Неготино што се случи на почетокот на месецов ќе се инвеститраат во изградбата на гасната централа во Скопје. Вицепремиерот Зоран Ставрески вели дека се разгелдува опцијата дел од парите од продажбата на ТЕЦ Неготино(68 милиони евра) да се инвестираат во изградбата на гасната централа во Скопје како удел на државата.
„Сеуште оваа идеја не е дефинитивна бидејќи моделот по кој ќе се гради гасната централа во Скопје сеуште не е дефинират. За тоа ќе се разговата на една од следните владини седници. Најдобро би било државата да има свој удел, но сепак за тоа ќе се одлучува на седница„, вели Ставрески.
Ставрески вели дека тендерот за гасната централа ќе се распише во септември. Досега овој тендер беше најавуван неколкупати. Причината за тоа била ставот на Владата да се завршат прво другите тендери од енергетскиот сектор, па потоа да се распише и овој тендер.
И другите пари од продажбата на ТЕЦ Неготино ќе се насочат во капитални инвестиции.
Проектот е веќе изготвен од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Новата комбинирана когенеративна постројка се планира да биде инсталирана во источниот дел на Скопје, во индустриската зона, на локацијата каде се наоѓа подружницата на ЕЛЕМ Енергетика. Ова е со цел да може да се искористи постоечката опрема и инфраструктура на Енергетика. Според проценките цената на изградбата на новата гасна централа ќе биде 137 милиони евра. За изградбата на овој капацитет ќе бидат потребни 2,5 години. Новата гасна термоелектрана која како гориво ќе користи природен гас, годишно ќе произведува 1.520 гигават часа електрична енергија, технолошка пареа и топлинска енергија од 500 гигават часа. Инсталирана моќност на капацитетот ќе биде 195 мегавати, при што годишно ќе работи околу 8.000 часа. Во комбинираната топлана-електрана ќе се постави гаснотурбинска постројка, парен котел за регенерација на топлина и парна турбина со електрогенератор.
Доколку се изгради оваа гасна централа, ќе биде втора во земјава која ќе произведува струја и топлинска енергија на гас.
Веќе почна изградбата на гасната централа ТЕ-ТО инвестиција на скопска Топлификација и руската компанија Синтез. Инвестицијата е над 120 милиони евра, а гасната централа ќе има инсталирана моќност од 200 мегават часови струја и 160 мегават часови топлинска енергија.
(Тотал)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Sep-2007 at 15:48
^

Да, текстов малце ги расчистува работите. Ама не може да им се верува на овие ретардирани новинари. Меѓудругото очигледно си имаат хронични проблеми со SI системот...

гасната централа ќе има инсталирана моќност од 200 мегават часови струја





-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Sep-2007 at 16:11

redno e da bideme skepticni za proektive, TETO ima istorija od barem 10 godini pred da pocne da se gradi ili od vremeto na vtoriot mandat na Branko, ili od vremeto na Ljubco. Nekolku pati se kuvase rabotata so skroz razlicni akteri dodeka ne se dojde do ova. Jas i sega ne veruvav deka kje se desi dodeka ne trgna da se gradi.

No togas pak bea i drugi vreminja, mnogu poreguliran bese pazarot so sturja koj sega se otvara, nemase ni tolku golema pobaruvacka ni tolku malo proizvodstvo. Deneska se drukcii uslovite, taka da mozebi vtorava, tretava ili dvete centrali poglatko kje stignat do faza realizacija.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2007 at 04:49
Сигурно повеќето од вас имаат слушнато за проектот на Топлификација Скопје и руската компанија Синтез. Изградбата е веќе почната, на локација до топланата исток (во индустриската зона исток, кај населба Ќерамидница)

Тоа е термоелектрана-топлана која ќе користи гасна турбина. Има инсталирана моќност за производство на 200MW елекрична енергија и 400MW топлинска енергија (сум наишол и на други информации, но и тие беа во близина на овие вредности). За цената на проектот исто така сум наишол на различни информации - од 120, преку 150, до 200 милиони евра. Како и да е се работи за огромна инвестиција.

Cheers


Последно што има стигнато до мене е дека најголем дел од опремата ќе ја испорача Алстом, а изведувач на работите е Бетон Скопје. Русите ќе се погрижат за гасот.

Еве ви една поголемка фотка од градилиштето:

http://img219.imageshack.us/my.php?image=207737183373f315fe16oil4.jpg">




Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2007 at 11:13
Naletav na fotkava pred nekoj den no ne bev siguren sto e... Voopsto ne mi tekna na TE TO
 
Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2008 at 19:40
Еве се конкретизираат најавите и за проектот на владата. Cheers

Од првичните најави, има две преомени вредни за спомнување:

- Зголемена е моќноста на планираната постројка од 195MW, на 300MW. Исто така и проценката за цената скокна од 137 на 220-250 милиони евра...

- Беше планирано државниот удел да се финансира со парите од ТЕ Неготино, но сега кога таа продажба пропадна (фала богу за тоа), ќе се бараат средства од буџет па и од задолжување. Сепак многу подобра опција од лекомислена и брзоплета продажба на стратешки капацитет како неготинската електрана Thumbs%20Up

http://telma.com.mk/sodr.php?id=10872&idTip=1 - http://telma.com.mk/sodr.php?id=10872&idTip=1

ЌЕ СЕ ГРАДИ КОМБИНИРАНА ГАСНА ЕЛЕКТРАНА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Во Скопје ќе се гради комбинирана гасна електрана со моќност од 300 мегавати за производство на електрична и топлинска енергија.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Зоран Ставрески денеска на прес-конференција информира дека годишното производство на електрична енергија од оваа електрана ќе изнесува околу 2.000 гигават часови, што е приближно една третина од сегашното годишно производство на електрична енергија од домашни ресурси, а годишното производство на топлинска енергија ќе биде околу 500 гигават часови.

Тој појасни дека електричната енергија ќе биде главниот производ, а топлинската ќе биде нус производ од електричната енергија што нема да се користи и ќе овозможи приближно една третина од Скопје, претежно населбите во северниот дел од градот, да може да користат топлинска енергија од оваа електрана.

- Ова претставува една од стратешките одлуки на Владата за енергетскиот сектор, за развој на енергетскиот сектор на среден и долг рок и е во функција на зајакнување на енергетскиот суверенитет на Република Македонија преку зголемено производство на електрична енергија од домашни извори. Ова е еден од стратешките објекти за енергетскиот сектор во земјава со кој се обезбедува зголемено производство  и на тој начин треба да се намали увозната зависност на Република Македонија во делот на електричната енергија, рече Ставрески.

Учеството на државата ќе биде 51 отсто, а останатите 49 отсто ќе бидат на стратешки партнер кој ќе се бира на јавен тендер што треба да се распише во текот на февруари.

- Крајниот објект ќе биде 51 отсто сопственост на Република Македонија, а 49 отсто на стратешкиот инвеститор. И вкупните инвестиции ќе се поделат во истиот процент, односно 51 отсто учество на РМ од кои дел се постојните објекти-инфраструктура и земјиште, а дел ќе бидат финансиски средства кои ќе се обезбедат од буџетот, а доколку биде потребно и со кредити од меѓународните финансиски институции, објасни вицепремиерот Ставрески.

Во рок од 30 месеци по потпишувањето на договорот со стратешкиот инвеститор треба да се заврши целокупната инвестиција, а еден од клучните услови во договорот ќе биде произведената електрична енергија да биде пред се понудена на Република Македонија по цена која не е повисока од пазарната цена, а доколку државата не е заинтересирана да ја купи струјата инвеститорот ќе може да ја продава на пазарот по цена која не е пониска од онаа што и била понудена на државата. Вкупната инвестиција за целиот објект е проценета на 220 до 250 милиони евра.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2008 at 22:05
Сега забележав нешто чудно - И владата и РЖ планираат да ги градат своите проекти кај железара. Зарем не би било пологично РЖ да учествува во проектот на владата? Ионака нивната потреба е минимална (5MW како што беше изнесено). Што ќе им е да градат засебно нешто толку минијатурно? Сигурно многу поисплатливо би било да се најде модус тие да влезат во проектот на владата, зарем не? Владата ионака бара партнери до 49%.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:00
@ La linea

Друже ај ти као машински инженер објасни ни нешто ако знаеш околу оџациве за овие работи. Јас колку што знам вакви капацитети и пред се тој термодинамичкиот дел е во ваша надлежност...

Колку што сум запознаен, оџаците и нивните перформанси се во строга корелација со перформансите на ложиштето и целата електрана/топлана. Значи не е само еколошкиот аспект на оџакот туку има и енергетски аспект. Затоа ме интересира колку може да се прилагодува тоа. Со други зборови колкави оџаци можеме да очекуваме да никнат... Се плашам да не добиеме уште „украси“ на градот како оној кај топланата исток...

И кога сум кај Топлана Исток, на пример што се можат да искомбинираат оние од топлификација со Те-То која сега ја градат до самата топлана? Дали можат да искомбинираат нешто од капацитетите (вклучувајќи го и оџакот), или тоа ќе си бидат две речиси засебни приказни?


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:19
Clover, фала на комплиментот, ама сеуште не барај стручни мислења од бруцош. Ама еве што можам да ти кажам:

Оџаците пред се се направени да ги исфрлаат гасовите, се прават толку високи од проста причина да може полутантите да се исфрлат на поголема површина, да не се концентрира загадувањето на мала површина.
    Железара кога е правена, тогаш се правени пресметки од типот - воздушни струења,  со цел да се заштити населението од штетните гасови. Е сега, ако термоелектраната е со голема јачина, нормално е да се има голем оџак.
     Во нормална држава, се прават строги пресметки за овие работи и не знам дали нашава има таков сличен закон. Се надевам дека ти беше од помош ова што го знам, а за бројот на оџаци, сметам дека сепак ќе биде како што викаш ти - засебни приказни.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:26


Добро ајде ако можеш дојди до некој сознанија за овој другиов аспект (во однос на ефикасноста на согорувањето)

Што се однесува до загадувањето, бидејќи се работи за природен гас, мене ми е многу поважно овие оџаци да бидат што пониски, затоа што гасниве турбини ќе бидат релативно „чисти“ од локален еколошки аспект. Но се прашувам колкави се ограничувањата од термодинамичка природа.

(можно е и да сум истресол по некоја глупост дур образложував - не замерајте сепак сум стоматолог Big%20smile)


Posted By: se_manda
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:32
abe filmov so odzacive e deka kolku e povisok tolku e bolji za ispustanje na necistiov vozduh i sl stvari.funkcioniraat na toplo-ladno odnosno topliov vozduh ide nagore pritiskan od ladniov.i sea za pobrzo da se odviva toa zatoa se praat tolku visoki


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:38
Токму тоа е термодинамиката што ја спомнуваше Кловер.
 
За жал, со индустријализацијата доаѓа и до нусефектите на загадувањето и грдите оџаци. Во случајот вероватно поради потребата од поголемо искористување на топлинската енергија овие централи се прават во градското подрачје на Скопје, во спротивно би можеле да бидат целосно вон градот на 10-15км.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:44
Originally posted by UrbanFreak

Во случајот вероватно поради потребата од поголемо искористување на топлинската енергија овие централи се прават во градското подрачје на Скопје, во спротивно би можеле да бидат целосно вон градот на 10-15км.


Да, топланите мора да бидат блиску до потрошувачите, иначе нема сметка. Ама топланата исток ептен ми боде очи... Плус тоа кога зборуваме за комбинирана термоелектрана-топлана (каде топлината е практично нус-појава), сигурно ефинкасноста не трпи толку многу како кога чиста топлана би била поодалечена.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:48
Мислам дека паметно е да се прават тремоцентрали надвор од градот, а луѓето да се грејат на струја. Вака би било поскапо поради конверзија и пренос, ама па би било почисто. Арно ама ние сме се одлучиле на поефтина варијанта.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:50
Originally posted by lslcrew

Мислам дека паметно е да се прават тремоцентрали надвор од градот, а луѓето да се грејат на струја. Вака би било поскапо поради конверзија и пренос, ама па би било почисто. Арно ама ние сме се одлучиле на поефтина варијанта.


Верувај ова е најлоша возможна варијанта. И тоа на прагот на огромна глобална и долготрајна енергетска криза, ова би било самоубиство.

Во секој случај има вишоци на топлинска енергија, кои можат да се искористат за греење. Таков е и концептот на Те-То капацитетите.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jul-2008 at 20:32
Cheers

ПРОЕКТ НА „ТОПЛИФИКАЦИЈА“
Гасната централа ќе ја спаси струјата

Скопска „Топлификација“ засилено работи на гасната централа во Скопје, а за еден месец се очекува да пристигне гасната турбина од Русија. Според надлежните, најдоцна за година и пол, централата треба да биде пуштена во употреба. - Од 2010 година во оваа централа ќе се произведува првенствено струја врз база на природен гас, а потоа и топлинска енергија - вели Димитар Хаџи Мишев, генерален директор на „Топлификација“. Според првиот човек на скопската топлана, гасната турбина во Скопје ќе произведува 30 проценти од целокупното досегашно производство на струја во Македонија, а толку ќе изнесува и процентот на топлинска енергија. Хаџи Мишев вели дека со проработувањето на гасната турбина би се подобрила состојбата на енергетскиот пазар во Македонија. Земјава повеќе ќе нема недостиг од струја, туку напротив дури и ќе извезува за странскиот пазар. Ова е првата придобивка од сопственото производство на електрична енергија во скопската гасна турбина, а втората е што енергијата произведена врз база на природен гас, електрична или топлинска, ќе чини поевтино. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, минатата недела 1.000 кубни метри природен гас на светските берзи чинеле 400 долари, што е многу поевтино од мазутот. Според Хаџи Мишев, производството од гасната турбина во Скопје ќе им се продава на трговците на големо, кои може да бидат и од домашниот и од странскиот пазар, а цената нема да биде регулирана, како што е случај со сегашната топлинска енергија произведена во „Топлификација“, туку ќе биде исклучиво пазарна. Исто така, според директорот, ќе се намали количеството јаглерод диоксид, што значи користењето еколошки енергенс е третиот бенефит на производството на гасната турбина во градов. - По пуштањето на гасната централа во Скопје, очекуваме државата да распише јавни повици по реони на кои може да се јави индустријата која сака нивните погони да користат гас, наместо мазут, а во наредниот период и заинтересираните домаќинства може да се јават како потрошувачи и мазутот да го заменат со природен гас - вели Хаџи Мишев. Целокупната инвестиција на гасната централа во Скопје чини 150 милиони евра, а досега се потрошени повеќе од 50 милиони евра, вели Хаџи Мишев. Во изградбата на гасната централа во Скопје, со 80 проценти учествува руската СИНТЕЗ, а скопска „Топлификација“ со 20 проценти од целокупниот капитал.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1450&ArticleID=94280 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1450&ArticleID=94280


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2008 at 20:00
Фото апдејт за инвестицијата на Синтез и Топлификација.

Ова чудо е прилично големо, мислам дека сликите не го доловуваат баш тој факт...

1


2



Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Aug-2008 at 14:13
Само Дуферко заинтересиран да гради гасна централа во партнерство со ЕЛЕМ

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/37794/ELEM-Logo.jpg">

“Дуфенерџи-Македонија“, која е дел од интернационалната  корпорација “Дуферко“, е единствената фирма, која доставила понуда на објавениот оглас за избор на компанија за изградба и  работно користење на комбинирана гасна електрана во Скопје, соопштуваат од ЕЛЕМ.

“Согласно прелиминарното читање на понудата за време на јавното отворање, фирмата што се јави на објавениот оглас се обврзува да ја изгради скопската гасна електрана ’Енергетика’ во рок од 30 месеци, а ЕЛЕМ би поседувал не помалку од 15% од вкупниот капитал“, велат од Електрани на Македонија..

Оттаму додаваат дека стручна комисија од ЕЛЕМ ќе ја разгледа доставената понуда и по извршената евалуација ќе поднесе извештај до Владата.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=37794&kategorija=2

“Дуф Енерџи“ единствена компанија со понуда за изградба на гасна електроцентрала

Само една компанија достави понуда за изградба на комбинирана гасна електрана, проект за кој државата бара приватен партнер за заедничко вложување. Станува збор за фирмата „Дуф енерџи Македонија“, која е дел од интернационалната компанија Дуферко. Согласно прелиминарното читање на понудата од страна на надлежната комисија во АД Елем утврдено е дека фирмата во доставената документација се обврзува да ја изгради гасната електрана во рок од 30 месеци, а АД Елем би поседувало не помалку од 15 отсто од вкупниот капитал на електраната.

Стручната комисија во државните електрани ќе ја разгледа понудата по што ќе поднесе извештај во Владата.

Државните електрани во овој проект учествуваат со веќе постојаната инфраструктура лоцирана во комплексот Железара како што се котли и цевки погодни за таков капацитет. Според тендерот се бара комбинираната гасна електроцентрала да има инсталирана моќност од 300 мегавати за производство на електрична енергија и максимална инсталирана моќност од 150 мегавати за производство на топлинска енергија.

Работите се состојат од главен проект, изградба, испорака, монтажа, тестирање и пуштање во работа по принципот клуч на рака.

Произведената електрична енергија во комбинираната гасно електроцентрала, компанијата ќе има обврска прво да ја понуди на домашниот пазар на електрична енергија, а доколку нема интерес за неа тогаш ќе може да ја продаде на странските пазари.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=37792&kategorija=2


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Aug-2008 at 14:41
ЌЕ СЕ ГРАДАТ НОВИ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ
Гасни централи ќе не спасуваат од недостиг од струја

Според најавите на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) и на „Топлификација“, по 2010 година Македонија нема да се соочува со недостиг од струја. Електрична енергија ќе произведуваат две гасни централи во Скопје, кои најдоцна за 30 месеци би требало да проработат. „Дуфенерџи Македонија“, која е дел од интернационалната компанија „Дуферко“, е единствената фирма што доставила понуда на меѓународниот тендер на ЕЛЕМ. Таа во прелиминарната понуда, што се отвори неделава, се обврза да ја изгради гасната централа во рок од две и пол години, а ЕЛЕМ ќе поседува минимум 15 проценти од вкупниот капитал. Доколку понудата на „Дуфенерџи“ добие дозвола, електричната централа би почнала да се гради наесен во скопската населба Железара затоа што, според ЕЛЕМ, токму на тоа место ја имаат потребната инфраструктура - котли, парни машини, трафостаници. Тендерот предвидува гасната централа да има минимална инсталирана моќност од 300 мегавати за производство на електрична енергија (повеќе од еден блок на РЕК „Битола“) и од 150 мегавати за производство на топлинска енергија. - Произведената електрична енергија во комбинираната централа, компанијата ќе има обврска прво да ја понуди на домашниот пазар на струја, а доколку нема интерес за неа, ќе има право да ја продава на регионалната берза на енергија, по цена иста или повисока од онаа по која ја понудила на домашниот пазар - велат од ЕЛЕМ. Втората гасна централа, според првиот човек на „Топлификација“, Димитар Хаџи Мишев, ќе произведува 30 проценти од целокупното производство на електрична енергија во Македонија, а толку ќе изнесува и процентот на топлинска енергија. Хаџи Мишев вели дека ќе се произведува вишок електрична енергија, која, освен на домашниот пазар, ќе се извезува на регионалниот и тоа по пазарна, а не по регулирана цена. Тој најави дека во почетокот на идниот месец од Русија треба да пристигне гасна турбина и за речиси две години гасната централа се очекува да се пушти во употреба. - По профункционирањето на гасната централа во Скопје, очекуваме државата да распише јавни повици по реони, на кои може да се јави индустријата која сака нивните погони да работат на гас, наместо на мазут, а во наредниот период и заинтересираните домаќинства може да се јават како потрошувачи - вели Хаџи Мишев. Целокупната инвестиција за гасната централа „Топлификација“ ја чини 150 милиони евра, а досега се потрошени преку 50 милиони евра, вели Хаџи Мишев. Во изградбата на гасната централа во Скопје, со 80 проценти учествува руската СИНТЕЗ, а „Топлификација“ со 20 проценти од целокупниот капитал.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1483&ArticleID=97257


Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Sep-2008 at 13:47
Прекрасна е веста за оваа инвестиција, но граѓаните не би требало да се радуваат, бидејќи со сигурност оваа гасна централа ќе ја испорачува електричната енергија по пазарни цени за граѓаните, што би значело зголемување на цената за десетици проценти.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2008 at 23:26
Гасните турбини за Те-То ќе патуваат 20 дена


Заради габаритноста на товарот движењето е ограничено на десет километри на час, исклучиво само преку ден и во соодветни временски услови


Специјалниот транспорт на турбините наменети за првата комбинирана гасна централа во земјава Те-То, утре од граничниот премин Стар Дојран треба да стартува за Скопје. Големиот транспрт ќе трае дваесетина дена и тоа исклучиво само преку ден и во соодветни временски услови. Заради габаритноста на товарот движењето е ограничено само на десет километри на час. Како што информираат надлежните служби специјални камиони се задолжени за товар тежок 500 тони кои што од Стар Дојран, преку Струмица, Радовиш, Штип, Велес треба да пристигне во Скопје за потребите на Те-То.

Поради ова, од утре во источниот дел на земјава, ќе биде променет сообраќајниот режим. Голем број на земјоделци од струмичкиот крај негодуваат,бидејќи ќе бидат спречени навреме да ги испорачаат своите култури на пазарот. Организатор на конвојот е турската компанија Анадолија Логистикс.

Во изградбата на гасната централа која е прва гринфилд инвестиција во земјава во енергетскиот сектор учествува со 80 проценти руската компанија Синтез груп,а остатокот- 20 проценти скопска Топлификација. Те-То ќе произведува 30 проценти од потребите на електрична енергија во земјава и 50 проценти од годишното производство на топлинската енергија што скопска Толификација сега им ја испорачува на своите корисници.

Гасната централа ќе биде со инсталирана моќност од 200 мегавати електрична енергија и 160 мегавати топлинска енергија. Според Ивица Секованиќ, директор на Те-То во централата ќе бидат вработени околу 25 лица, а енергијата ќе се продава на тендер, по цена што самите ќе ја формираат.

Гасната електрана се очекува да биде пуштена во употреба во април 2010 година, кога и ќе биде приклучена на електроенергетскиот систем на земјава. Директорот Секованиќ смета дека од резервната електрична енергија, ако има потреба, ќе може да се покрива и недостатокот на струја во земјава.

http://vecer.com.mk/?ItemID=73FF500C499F8E418B873963B5F9A76E




Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Nov-2008 at 22:18
Најновата вест гласи дека транспортот од денес е одложен за утре. Како што тврдат за прогнозата деновиве, тешко дека транспортот ќе оди според планираното. Посебно по снегот од саботаDunno.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Nov-2008 at 22:41
Previous
Ја како разбрав се појалиле два проблема
Недокомлетирана царина уште за еден дел и сообрќајка на цистерна и камион на самиот почеток на трасата


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2008 at 00:13


Еве и официјално

Стартот на турбината тешка 600 тони одложен за утре

suzana-taseva.jpg Сузана Тасева http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100339#komentari - Коментари (22)    
18.11.2008 15:50
Промена на планот - камионите заглавија на царина

 

Специјален конвој со делови тешки 600 тони за потребите на топланата што се гради во Скопје не тргна од граничниот премин Стар Дојран. Иако почетокот беше планиран за утрото во 6:30 часот, тргнувањето е одложено за утре.

„Првата причина зошто не се тргна според планираното се царинските формалности и сообраќајната несреќа, која се случи меѓу Стар и Нов Дојран“, изјави Јан Питер, претставник на турската фирма „Анадолија логистик“, која го организира специјалниот транспорт.

Во еден правец, патот по сообраќајката, која се случи утрото меѓу два камиони, е ослободен за проток на автомобили.

Македонските власти потврдија дека безбедноста на транспортот е осигурана.

Автомотосојузот на Македонија со соопштение ги предупреди возачите дека неколку камиони-влекачи натоварени со многу тешка опрема дваесетина дена ќе патуваат од Дојран до Скопје.

Тие ќе возат со околу 10 километри на час, само дење и по нормална видливост, поминувајќи преку Валандово - Струмица - Радовиш - Штип - Велес - Скопје.

Во моментот кога камионите ќе поминуваат, полицијата ќе ги блокира сите споредни патишта и крстосници.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100339


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 01:21

Големиот транспорт во Скопје

Поради специјалниот транспорт со опрема за Топланата „Скопје-Север“, во Скопје денеска ќе се воведе посебен сообраќаен режим од 6 до 8 часот по сообраќајниците: од автопатот Скопје-Велес десно на приклучокот од клучката Ченто, лево по уличката Антон Попов, лево по улицата Благоја Стефковски, десно по улицата Благоја Стефковски, десно по улицата Перо Наков, лево по булевар Војводина, во продолжение по булевар Србија, десно по булевар АВНОЈ, лево по улицата Васко Карангелески, десно по булевар Јане Сандански, десно по булевар Кузман Јосифовски Питу, десно по улица Никола Карев, десно по улицата 537 до влез број 5 на улица 516.Сообраќајната полиција етапно ќе ги затвора за сообраќај сообраќајниците низ кои ќе поминува транспортот.Се повикуваат граѓаните во периодот кога ќе минува специјалниот транспорт, ако постои можност, да ги избегнуваат споменатите сообраќајници или строго да се придржуваат до посебниот режим во перидот од два часа.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BCADF2DA4C09874CBE89357EE349AAE1




Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 01:41
http://www.4shared.com/file/74352418/5bc48b85/Untitled_Path.html - Untitled Path.kmz

Еве како ќе изгледа маршрутата на товарот. Инаку во новинарскиот текст има грешка, Антон Попов е уличка во кисела вода. Инаку да беше изградена крушевска трасава ќе беше многу поедноставна, ама тоа е. Фајлот е за Google Earth.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2008 at 09:33
Еве бев сабајлево да ја усликам централава. За жал од овој агол може да се види само дел од површината што се гради.

1


2


3




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2008 at 09:38
А еве и фотки од вонстандардниот транспорт

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Dec-2008 at 09:47
Applause Одлично илустрирано

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2008 at 10:02
Браво Кловер Applause Не очекував ваква убава тура сабајлечки Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2008 at 10:08
Originally posted by lslcrew

Инаку да беше изградена крушевска трасава ќе беше многу поедноставна, ама тоа е.

И без „Крушевска“ можеше поедноставно, ама веројатно работата запнала кај клучката Континентал (се сомневам дека ако не геометријата на клучката, тогаш столбовите на надпатникот многу веројатно дека ја затнале таа траса).


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 11:22
Ај ќе ве молам координати од топланиве во Скопје. Дали новинариве згрешиле и ги мешаат имињата или ја сум се збунил. Цело време читам за топлана север, а ја колку што знам оваа топлана е исток.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Dec-2008 at 11:57
ApplauseКој рано рани... добри фотографии зграпчилBig%20smile!


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2008 at 11:59
Originally posted by BOJAN

ApplauseКој рано рани... добри фотографии зграпчилBig%20smile!


Во случајот на Кловер мислам дека најчесто е кој касно касни... LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 12:56
Текстов е демантиран неколку саати од кога е излезен, но сепак нека седи порадси евиденција....
СТРУЧЊАЦИ ОД ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ПРЕДУПРЕДУВААТ
Мостовите во Скопје ќе паднат
Професори од Катедрата за бетонски конструкции и мостови на Градежниот факултет во Скопје тврдат дека Габаритниот товар за гасната централа може сериозно да ги уништи, па дури и да ги урне двата моста и натпатникот по кои треба да мине. Тие ве

Турбината за гасната централа на АД "Топлификација" денес рано утро ќе дојде во Скопје. Конвојот од пет шлепери, со вкупен товар од околу 600 тони, во градот ќе влезе во шест часот наутро од автопатот Скопје - Велес, преку клучката во населба Ченто, ќе продолжи по улицата Антон Попов, потоа ќе се движи по улицата Благоја Стефковски и ќе мине покрај Металскиот завод. Турбината за гасната централа потоа ќе се превезува преку булевар Војводина, паа по булевар Србија и покрај Факултетот за општествени науки-ФОН ќе мине преку мостот Близнак. Потоа ќе продолжи по булевар АВНОЈ, па по улицата Васко Карангелевски, ќе излезе на булевар Јане Сандански во населбата Аеродром и по него ќе се движи се до Железничка станица. Најтешкиот товар кој досега влегол во земјава ќе мине по новиот мост кај Транспортен центар и непосредно пред Скопски саем ќе сврти десно и ќе дојде до топланата "Исток" каде што ќе се гради новата гасна централа.
Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека поради влезот на тешкиот товар во Скопје по овие улици сообраќајот ќе биде запрен во периодот од шест до осум часот и оти припадници на сообраќајната полиција останатите возила ќе ги пренасочуваат по околните улици. МВР апелира до луѓето во периодот кога ќе минува товарот за "Топлификација", доколку се во можност, да ги избегнуваат сообраќајниците по кои тој ќе мине.
"Габаритниот товар за гасната централа може сериозно да ги уништи, па дури и да ги урне двата моста и натпатникот по кои треба да мине", тврдат експерти од Катедрата за бетонски конструкции и мостови на Градежниот факултет во Скопје.
Професорите Горан Марковски, Зоран Десовски и Санде Атанасовски се загрижени што при правењето на трасата по која треба да мине товарот, градските власти и ЈП "Улици и патишта" не ги консултирале за научно мислење.
"Одлуката на Градот и на ЈП ' Улици и патишта' е крајно нодговорна и скандалозна. Дозволуваат огромниот товар да помине преку мостовите без никаква претходна контрола дали тие може да го издржат. Товарот сега се наоѓа кај Петорвец и за негово безбедно пристигнување до Скопје нашата катедра со ЈП 'Македонија пат' изработи студија. Ваква студија за негово движење низ Скопје, колку што сум информиран, не постои", вели професор Горан Марковски.
Градските власти објаснуваат дека избраната траса за влез на 600-тонскиот товар била најбезболна, бидејќи другите две варијанти, кои биле предложени за транспорт на турбината, било невозможно да се изведат. Тие објаснуваат дека по предложените траси, преку булеварите Александар Македонски и булевар Војводина, товарот не може да мине поради натпатниците.
" На двата булевара има натпатници чија максимална висина е околу 4,5 метри, а товарот е повисок од пет метри и, практично, беше неизводливо од таму да помине", велат од Градот.
Иван Ставрев, технички директор во ЈП "Улици и патишта", вели дека турбината безбедно ќе мине по предвидената траса и оти целиот товар од 600 тони во исто време нема да мине преку мостовите, бидејќи се носи со пет шлепери.
"Секој шлепер им по околу 20 оски, а максималното оптоварување на една оска е 14 тони. Најтешкиот дел што ќе мине е 124 тони. Сметаме дека нема опасност од уривање на мостовите и оти товарот ќе мине безбедно", вели Ставрев.
***
ЈП Улици и патишта: Мостовите се нови и ќе го издржат товарот
Од ЈП "Улици и патишта" велат дека нивните екипи, заедно со МВР ја одредиле трасата па која ќе мине тешкиот товар и оти нема да се оштетат ниту мостовите, ниту коловозот.
"Ја одбравме оваа траса бидејќи е најповолна за минување на товар. Надвозникот кај Маџари, и мостот Близнак и мостот кај Транспортниот центар се нови и можат да го издржат товарот од 600 тони", велат од ЈП"Улици и патишта".

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160494&idg=8&idb=2541&rubrika=Makedonija



Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2008 at 13:05


Немора да значи дека се демантирани. Конструкцијата може да претрпи сериозни оштетувања а да не се урне веднаш. Воопшто не треба да се занемари овој коментар професорите кои се наведуваат се големи стручњаци.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2008 at 18:15
Originally posted by lslcrew

Ај ќе ве молам координати од топланиве во Скопје. Дали новинариве згрешиле и ги мешаат имињата или ја сум се збунил. Цело време читам за топлана север, а ја колку што знам оваа топлана е исток.


Па добро, што си запнал дали е север или исток, битно да е некоја страна на светот... Нема смисла да ги оптоваруваме новинарите со толкави ситници и страната да ја погодат Crazy
Додуша јас само еднаш сретнав топлана север и премолчев, затоа што станува досадно секој ден да се коментираат по неколку стравични новинарски глупости. Иначе во право си, всушност се работи за топланата исток.

Исток  41°59'38.37"N  21°27'13.97"E
Запад  42° 0'3.43"N 21°23'28.52"E
Север  42° 0'56.83"N 21°26'12.71"E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 19:51
Еве некои слики од А1.

01.

02.

03.

04.

05.

06.

07.

08.

09.

10.

11.

12.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Dec-2008 at 20:07

Тек сега од сликиве гледам дека се работи за доста голем објект. Топлификација полека (ќе) се шири и кон производство на струја, не се само со оваа инвестиција. Ова го знам затоа што Хаџимишев-генералниот на Топлификација е најблизок семеен пријатен на моите. LOL Солидно се работи, доста интензивно. Да не знае некој кога е рокот за пуштање на централава? И до каде е владата од своја страна со нивниот проект?



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 20:18
Ја колку што знам ова е руска инвестиција и топлификација учествува само со 20%! Рокот колку што знам е 2010.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2009 at 08:26
Еве на youtube се појавија и клипчиња од вонредниот транспорт па да ги регистрираме


1
[tube]RvrsqBB9zuY[/tube]

2
[tube]jORNlkDBKjc[/tube]

3
[tube]Z73lUWN6sjg[/tube]

4
[tube]zOPFYh6Qb-w[/tube]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Feb-2009 at 18:15
Ова прилично се извиши. Се надевам нема да се сведе на обичен хангар... премногу е блиску до центар за така да остане...

1


2



Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Apr-2009 at 19:28
 Oд пред 2 дена.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-May-2009 at 03:16
Те-То на Топлификација има свој вебсајт каде што можете да најдете доста инфо:
http://te-to.com.mk/index.html - http://te-to.com.mk/index.html

Еве издвојувам ПДФ документ со технички опис, груб 3Д приказ на постројката и серија фотки од градилиште, од разни фази на изградбата.

Cheers


http://te-to.com.mk/Documents/Tehnicki%20opis.pdf - http://te-to.com.mk/Documents/Tehnicki%20opis.pdf

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15



Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2009 at 09:22
WTF??

Отворање на гасната електрана Когел Сервер

Пуштање во погон на Когенеративната гасна електрана Когел Сервер што се наоѓа во индустрискиот комплекс Железара, ќе се одржи денеска во Скопје.

Според најавите, присутни ќе бидат владини претставници, членови на дипломатскиот кор и високи претставници на Генерал електрик.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=17459


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2009 at 13:13
Веројатно се работи за онаа малата гасна електрана најавена како проект на РЖ Услуги. Барем според тогашната најава инвестицијата е вредна 5 милиони евра (30% РЖ Услуги) и 15MW моќност за производство на електрична енергија. Ѕирни го почетокот на нишкава.

Како и да е, брзо ќе знаеме за што точно станува збор.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2009 at 13:15
Originally posted by Cloverstack

Веројатно се работи за онаа малата гасна електрана најавена како проект на РЖ Услуги. Барем според тогашната најава инвестицијата е вредна 5 милиони евра (30% РЖ Услуги) и 15MW моќност за производство на електрична енергија. Ѕирни го почетокот на нишкава.


Ми текна веднаш на таа вест од почетокот на нишкава (така и дојдовме до овој несмасен наслов на нишкава). Но ме буни тоа што од тогаш па се до сега немало никаква вест околу ова. Јес да се 15MW ама ни тоа не е за занемарување воопшто спрема мене.

Во секој случај како акционер, драго ми е што РЖ Услуги прави вакви инвестиции. Кога ќе помине оваа берзанска агонија се надевам дека трпението ќе се исплати


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-May-2009 at 17:35


Ова треба да е некоја макета на централава...


МИА - фото


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2009 at 18:27
Еве детали. Има промени во однос на првичните најави - поголема инвестиција и поголема моќност, но сепак се работи за скромен капацитет. Во секој случај добра вест.

Cheers

Македонија ја доби првата комбинирана гасна централа

По години на стагнација и неинвестирање во енергетиката, конечно никна нов енергетски капацитет во Македонија. Когел Север е првата централа во земјава што ќе произведува комбинирано топлинска и електрична енергија на природен гас. Таа треба да ја намали увозната зависност од струја. Произведената енергија ќе биде понудена на домашниот пазар, но и ќе се извезува.

- Оваа електрана во целост се вклопува во напорите на Владата за привлекување инвестиции и проширување на капацитетите на електроенергетскиот систем. Ваквите инвестиции за нас се охрабрување за натамошно олеснување на условите за стопанисување, за водење бизниси и континуитет на соработката со јавниот сектор. Тие се и добар показател за мерките на Владата за ублажување на глобалната криза, рече Премиерот Никола Груевски.

- Централата е прв комерцијален проект за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија на природен гас, кој е во целост изведен во рамките на интернационалниот “механизам за чист развој” (ЦДМ) согласно Кјото протоколот за заштита од климатски промени, вели Александар Гечовски, директор на Когел Север.

Дваесет милиони евра се инвестирани во централата лоцирана во комплексот на Железара. Инвеститор е домашната фирма Когел блиска до РЖ услуги. Комбинираниот енергетски капацитет ќе работи на природен гас со инсталирана моќност од 30 мега вати електрична и речиси 14 мега топлинска енергија.

Во националната енергетска стратегија што ја изработи МАНУ а која се уште не се објавува се потенцира неопходноста од нови енергетски капацитети кои треба да ги заменат старите и дотраени и да ја намалат увозната енергетска зависност. Академиците препорачуваат и да се зголеми цената на електричната енергија за да се привлечат инвестиции во овој сектор.


(19.05.2009) Сања%20Костадиновска
Автор: Сања Костадиновска


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=52520&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2009 at 13:33

Лентата сега, централата наесен

Експертите тврдат дека приклучувањето на комбинираната гасна централа не може да се заврши пред есенва, дури и ако се интензивираат работите на проектот


Вчерашната свеченост беше организирана на највисоко ниво, во комплексот „Рудници и Железарница“ , а беа присутни премиерот Никола Груевски, министерот Фатмир Бесими, австрискиот амбасадор Алојз Краут, директорот на електроцентралата Александар Гечовски, и извршниот директор на „Џенерал електрик енерџи“ за Балканот, Невен Пецотиќ

Иако се' уште не е приклучена на македонскиот енергетски систем, вчера беше пуштена во употреба првата комбинирана гасна централа во Македонија, „Когел Север“.

Според извори на „Дневник“, централата јавно и свечено беше пуштена во употреба, но таа нема да почне да произведува електрична енергија се' до септември. Експертите тврдат дека приклучувањето на комбинираната гасна централа не може да се заврши пред есенва, дури и ако се интензивираат работите на проектот

И покрај тоа, вчерашната свеченост беше организирана на највисоко ниво, во комплексот „Рудници и Железарница“, а беа присутни премиерот Никола Груевски, министерот за економија Фатмир Бесими, австрискиот амбасадор Алојз Краут, директорот на електроцентралата Александар Гечовски, извршниот директор на „Џенерал електрик енерџи“ за Балканот, Невен Пецотиќ и други гости. Според Груевски, електроцентралата во целост се вклопува во напорите на Владата за привлекување инвестиции и за проширување на капацитетите на електроенергетскиот систем.

- Ваквите инвестиции за нас се охрабрување за натамошно олеснување на условите за стопанисување, за водење бизниси и континуитет на соработката со јавниот сектор. Тие се и добар показател за мерките на Владата за ублажување на глобалната криза - рече премиерот Груевски при отворањето на електроцентралата.Се работи за целосна домашна инвестиција, од домашни финансиски извори, а инвеститори во гасната централа се Рударскиот институт, „Топлификација“, РЖ услуги, ЕЛЕМ и други домашни компании. Вкупната инвестиција изнесува 20 милиони евра, а најголем дел од парите се обезбедени преку рамковен кредит вреден 15 милиони евра од Комерцијална банка.

Директорот на гасната електроцентрала Александар Гечовски истакна дека централата е прв комерцијален проект за комбинирано производство на електрична и на топлинска енергија на природен гас. Според Гечовски, проектот е дел од интернационалниот „механизам за чист развој“, согласно со Протоколот од Кјото за заштита од климатски промени.

Според Гечовски, „Когел Север“ веќе соработува со ЕЛЕМ и МЕПСО, а дополнително треба да се потпише договор со ГА-МА за приклучување на гасоводниот систем. Најавено беше дека целата електрична енергија и пареа добиена од отпадната топлина на гасните мотори, во текот на годината ќе биде користена на самото место, од страна на металургиските комбинати во рамките на комплексот „Рудници и Железарница“, додека дел од топлинската енергија во текот на грејната сезона ќе биде искористена за затоплување на градот.

Централата е со инсталиран капацитет од 30 мегавати електрична енергија и 13 мегавати топлина во течна состојба, како и дополнителни 19,5 тони на час заситена пареа со низок притисок, со што вкупно се добива околу 57 мегавати моќност. Десетте гасни мотори „јенбахер“, кои ќе ја напојуваат „Когел Север“, се купени од реномираната светска компанија „Џенерал електрик“. Се очекува централата да произведува просечно од 150 до 220 гигават-часови електрична енергија годишно, што е за 20 отсто повеќе од годишното производство на хидроцентралата „Козјак“, плус дополнителни 30 до 70 гигават-часови топлинска енергија и техничка пареа. Според најавите, производството ќе се нуди по пазарни цени на компаниите во комплексот, потоа на ЕЛЕМ, ЕВН и на трговците на електрична енергија.

- Ние сме задоволни што врвната технологија во производство на „Џенерал електрик“ е одбрана да се користи во овој проект. Оваа технологија ќе и' помогне на Македонија да одговори на предизвиците за намалување на емисиите на јаглероден диоксид - рече директорот на ЏЕ за Балканот, Невен Пецотиќ.

Когенеративната технологија на електроцентралата заштедува примарна енергија од околу 40 проценти преку намалена потрошувачка на фосилно гориво. Финансиска поддршка на проектот обезбеди и „Аустриан трејд“, како дел од австриската Федерална економска комора, чија цел е промоција на надворешната трговија.

Горан Ризаов



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3AD906468C0E38419FD8087CA5959151


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2009 at 13:36
LOL Nuts

Може до година ќе ја отворат новата нуклеарната централа која уствари ќе почне да се гради 2030.


Стварно не ми е јасна логиката, нема никакви избори на видик.


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jun-2009 at 22:42


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2009 at 20:21


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2009 at 17:44
Проблеми со изградбата на гасна централа

понеделник, 13 јули 2009, 18:16

Жителите на скопската населба Ќерамидница веќе подолго време се жалат дека од изградбата на новата топлана и термоцентрала на гас им се тресат куќите и не можат да живеат од големата бучава. Се плашат како ќе живеат овде од утре – кога ќе проработи централата, ако уште од сега имаат вакви проблеми. Топланата треба да почне да работи од оваа зима.
 
Седум семејства, пак, имаат и друг проблем. Од Топлификација добиле писмо веднаш да се иселат одовде, оти узурпирале туѓо земјиште. Се чудат од каде такво нешто, кога тие таму живеат веќе 50 години.

Во писмото до семејствата, Топлификација дури им се заканува дека ќе ги исели присилно и ќе бара од нив надомест за трошоците ако евентуално пуштањето во употреба на новата централа задоцни поради нив.
Од општината Гази Баба каде што се наоѓаат куќите велат дека станува збор за дивоградби, но Топлификација немала право да ги урива или иселува оти проблемот треба да го реши порано, пред да гради и тоа со Министерството за транспорт и врски.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=10242


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2009 at 17:49
Што повеќе (50) години воопшто не е аргумент и никакво право за присвојување туѓ простор. Што повеќе години само покажува толку повеќе дека е време да ги снема тие дивоградби од тамо! Исто така граѓаните што се зажал на бучава од централата и кои ја саботираат изградбата да знаат дека кај мене, а кај многу мои сограѓани ја губат поддржката, а дополнително и раѓаат револт кај мене кон нив. До кога оваа држава ќе се расправа со вакви "индијанци" што сакаат да бидат сол у секоја манџа! Не е гасната центрана таа што пречи, дивоградбите се тие што пречат и што се трн у секое ќоше од Скопјево!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Jul-2009 at 15:31

Кризата не влијае на изградбата на Гасна централа

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=96&VestID=111825 - Александар Момировски http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111825#komentari - Коментари (1)    
23.07.2009 13:09
Димитар Хаџимишев
 

Изградбата се одвива според планот, комбинираната гасна централа ќе почне со работа во април до година.

Инвеститорите велат дека кризата не ја забави реализацијата на проектот тежок 150 милиони евра со кој треба барем малку да се поправи лошата енергетска слика на Македонија.

„Овој објект има капацитет да произведува 30% од денешното производство на Македонија. Така што е сериозен, голем проект и 50% од производството на Топлификација во овој момент топлинска енергија. Така што ќе овозможи едно додатно производство на електрична енергија, кој е многу битен за државата, тој е пазарен проект, значи врз основа на пазарни принципи ќе работи, и се надеваме дека ќе немаме никакви други проблеми“, изјави Димитар Хаџимишев, топлификација.

Инвеститорите денеска во владата го брифираа вицепремиерот за економски прашања до каде е изградбата на централата „Тето“ откако претходно тој ја откажа најавената обиколка на еден од ретките проекти што во време на криза се градат во земјава.

„Ние не сме премногу вознемирени од кризата бидејќи ги обезбедивме сите финансии за овој проект пред кризата, така што, опуштени сме и чекаме кога централата ќе биде подготвена за работа“, вели Андреј Портнов, Синтез груп.

Во инвестицијата за изградба на комбинираната централа која на гас ќе произведува струја и топлинска енергија руската компанија Синтез учествува со 80 проценти од средствата, додека скопска Топлификација со 20 проценти.

Објектот во април ќе биде приклучен на домашниот електро-енергетски систем и е со инсталирана моќност од 200 мегавати електрична енергија и 160 мегавати топлинска енергија.

 
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111825 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111825


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2009 at 02:57

Кризата не му може ништо на „Те-То“

Објектот во април ќе биде приклучен на домашниот систем и има моќност од 200 мегавати електрична енергија

Александрија Стевковска

Кризата не влијае на изградбата на комбинираната гасна централа „Те-То“.

Изградбата се одвива според планот, а централата ќе почне со работа, според најавата, во април наредната година. Според инвеститорите, кризата не успеала да влијае врз забавувањето на реализацијата на проектот тежок 150 милиони евра, со кој треба барем малку да се поправи лошата енергетска слика на Македонија.

„Овој објект има капацитет да произведува 30 отсто од денешното производство на енергија во Македонија, а 50 отсто од производството на топлинска енергија на ’Топлификација‘, така што станува збор за сериозен, голем проект. Инвестицијата ќе овозможи дополнително производство на електрична енергија, која е многу битна за државата. Ова е пазарен проект, што значи ќе работи врз основа на пазарни принципи и се надеваме дека ќе немаме никакви други проблеми“, изјави вчера Димитар Хаџимишев, првиот човек на „Топлификација“, по средбата со вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

„Не сме премногу вознемирени од кризата, бидејќи ги обезбедивме сите финансии за овој проект претходно, така што сме олабавени и чекаме кога централата ќе биде подготвена за работа“, вели Андреј Портнов, од „Синтез груп“, кои се поголем инвеститор во овој проект.

Во инвестицијата за изградба на комбинираната централа, која на гас ќе произведува струја и топлинска енергија, руската компанија „Синтез груп“ учествува со 80 проценти од средствата, а скопска „Топлификација“ со 20 проценти. „Те-То“ е прва централа во земјава што ќе произведува комбинирано топлинска и електрична енергија на природен гас. Таа треба да ја намали увозната зависност од струја. Произведената енергија ќе биде понудена на домашниот пазар, но и ќе се извозува.

Во април објектот ќе биде приклучен на домашниот електроенергетски систем и ќе биде со инсталирана моќност од 200 мегавати електрична енергија и 160 мегавати топлинска енергија.

Новиот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, вчера најави дека ќе ја посети локацијата на која се гради „Те-То“, со цел да се запознае со текот на оваа инвестиција, но непосредно пред посетата се премисли. Но, инвеститорите, сепак, не се откажаа од средба со него, па сами му отидоа на гости во неговиот кабинет во Владата.

Очигледно, реализацијата на еден од ретките проекти што во време на криза се градат во земјава, не беше доволен предизвик за Пешевски да излезе на терен и да се запознае со активностите на тоа поле. Згора на се', неговиот кабинет не најде за потребно да излезе со издржан изговор за откажување на посетата на местото каде што се гради новата инвестиција, па наместо тоа, на луѓето кои требаше да ги посети, им била сервирана информација оти откажувањето на посетата го предизвикало топлото време, за потоа инвеститорите да се соберат и да одат на гости кај Пешевски во Владата. По средбата, пак, Пешевски не даде изјава за медиумите, па тие се сомневаат дека нивното заобиколување веројатно било и главна причина за откажување на првично најавената посета и личното запознавање со градбените активности на централата. Од неговиот кабинет вчера не беа достапни за каков било коментар.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1F2EDDA90622D645A12746EA0A4BCA93


Posted By: mikson
Date Posted: 30-Jul-2009 at 12:19
Браво за ТЕ-ТО, штом не зависи од нашава политика и бизниси. Само не можам да разберам зашто брокериве упорно ги уриваат цените на акциите. Наместо да растат тие паѓаат. Кој ли стои позади ваквите игри. Ова е странска инвестиција што ќе даде производ а некаков сведмилк.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2009 at 12:25
Не би требало да ти пречи, ако си убеден во тоа што го викаш, едноставно купувај акции Big%20smile


Туку, зарем Те-То посебно котира?


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Jul-2009 at 12:29
se gleda i od individiBig%20smileBig%20smile
 
http://img189.imageshack.us/i/indc.jpg/">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2009 at 12:35
Значи уште еден импозантен оџак ќе го краси скопскиот „скајлајн“ ?!?  Roll%20eyes


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Jul-2009 at 13:59
Originally posted by Cloverstack


Туку, зарем Те-То посебно котира?
 
Те-то не котира, но Топлификација АД котира и е една од 10те компании кои го креираат МБИ 10 индексот. ( http://mse.org.mk/Page.aspx?ContentID=62 - http://mse.org.mk/Page.aspx?ContentID=62 )
 
Во секој случај (малку оффтопик), јас би инверстирал во оваа акција, а причината поради која не оди нагоре, не ја гледам во брокерите или некои мрачни завери, туку едноставно големите инвеститори на МСЕ се исцрпени и немаат капитал да вложуваат. Тоа ги урна цените моментално, но со подобрувањето на финанасиската моќ, излезот од рецесијата, а до тогаш и пуштањето во работа на 3 х Те-То, оваа комапнија ќе добие на цена.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jul-2009 at 17:04
Од пред некој ден...

01.


02.


03.


04.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Aug-2009 at 21:32
1


2


3


4




Инаку веќе е премногу очигледно дека со топланава мора да се мисли да се направи нешто, некако да се камуфлира... пред се оџаците... Премногу е блиску до центар за да биде оставена туку така!

Ќе беше убаво доколку некој мислел на ова пред да се издадат дозволи, па да договорел со инвеститорот нешто во тој правец. Сега не знам колку глатко би одела таква работа. Ми останува да се надевам дека доколку има политичка воља, сепак може да дојде до договор за заеднички да се исфинансира (градот и сопственикот) некоја посуштинска интервенција како овој пример од Виена што го постираше Andrej_LJ

Originally posted by Andrej_LJ


И еден многу интересен начин, како да направиш уметничко дело од ругло како градска топлана:




Posted By: DiKej
Date Posted: 04-Aug-2009 at 16:39
Kotira i TE-TO na berza, samo sto tamu imaat akcii Sintez i Tplf. Taka da nema koj da ti prodade. Alternativa.. kupuvaj akcii od Toplifikacija


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 22:11
Гама дајте ги парите и одете си!


Околу 300 вработени во Искра кои работат на изградба на новата гасна централа ТеТо во Топланата Исток протестираат поради тоа што главниот изведувач без никаква причина го раскинал договорот со нив но, откако завршиле 95 отсто од изградбата на трите објекти


Гама дај те ги парите и одете си! Ова е само една од пораките од протестот на 300 вработени во Искра кои работат на изградба на новата гасна централа ТеТо во Топланата Исток поради тоа што што главниот изведувач Гама не им платил за работата. Тврдат дека Гама без оправдани причини одбива да го исполни својот дел од преземените обврски и да ги исплати доставените фактури за извршените работи. Стравуваат дека идниот месец ќе останат без плата.
- Да биде проблемот уште посложен турскиот партнер, на 8 мај годинава со свој писмен поднесок, ја извести нашата фирма дека го раскинува договорот. Причините поради кои се раскинува договорот воопшто не се дадени, нема факти и докази, напротив само во апстрактна форма се преземени (препишани) одредбите од договорот за подизведувач со кои се уредува прашањето на можно раскинување на договорот. Ние завршивме со изградба на трите објекти, односно завршивме 95 отсто од договорената работа, а немаме добиено ниту денар од вкупниот долг којшто изнесува околу 2,9 милиони евра - вели Сандра Пановска, вработена во Искра, потенцирајќи дека протестот го организираат само вработените, а не и менаџерскиот тим на фирмата. За овој проблем, вработените ја известиле Владата и министерот за економија, потоа Турската амбасада, Грчката амбасада, бидејќи Искра е компанија со грчки капитал, но велат дека досега немало никаков напредок во преговорите.

Нивниот протест вчера почна во 6.30 часот и траеше до пладне. Вработените најавуваат дека ќе протестираат секој ден се до исполнување на барањата.

РЕАКЦИЈА НА ГАМА
И платиле на Искра ама парите не стигнале до работниците

Соработката меѓу Гама и Искра беше прекината во мај, годинава, од причини што Искра ги прекрши нејзините обврски, не ги почитуваше роковите и му нанесе штета на проектот, се вели во реакцијата на Гама во врска со протестите на вработените во Искра, фирма подизведувач на Гама. Во писменото обраќање се вели дека Гама ги платила сите обврски кон Искра, со што го испочитувале договорот, иако некои работи се уште не биле завршени. Тие тврдат дека менаџментот на Искра не ги исплатила обврските кон вработените, па вината ја префрла на Гама, што е причина за организирање на протестот.

Тие велат дека протестите ги спречиле во редовното извршување на работните задачи што ќе се одрази на почитувањето на роковите и најавуваат дека ќе преземат мерки за да го расчистат инцидентот и последиците што ги предизвикал протестот.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C977815570492C4894EDD77775F45021


Posted By: DiKej
Date Posted: 14-Aug-2009 at 14:24
Cloverstack da ne imash nekoi novi sliki od te-to? Na nivnata strana veke podolgo vreme nema novi.
I me interesira uste nesto ako znae nekoj. Na pocetokot koga pocna da se gradi gasnata centrala Hadjimishev rece deka cenata na proizvedenata struja ke bide 38E/MWh, i deka veke imaat skluceno dogovor so gasprom na 5 godini deka ke imaat fikna cena. Pred nekolku meseci procitav deka spored segashnata cena na gasot cenata na proizvedenata struja ke bide 56E/MWh, megutoa toa ne beshe iskomentirano od Hadzimishev. Dali nekoj znae nesto poveke za ova zosto sakam da vlozuvam vo TPLF pa me interesira. BTW proekciite na TPLF se deka ke proizveduvaat po cena od 38Evra koga im gi odobrija kreditite za izgradbata. Zatoa uste pocudno mi e ako nemaat dogovor za fiksna cena na gasot, zosto inaku moze da im se iskomplicira vrakanjeto na kreditie.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Aug-2009 at 15:55
Originally posted by DiKej

Cloverstack da ne imash nekoi novi sliki od te-to? Na nivnata strana veke podolgo vreme nema novi.


Немам понови, сепак последните што ги сликнав се скоро нови, само од пред десетина дена  Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2009 at 18:26
Не баш убава глетка дури и од најстрог центар на градот. Се наѕира и самиот објект, не само оџакот:



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Aug-2009 at 18:32
1


2



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Sep-2009 at 23:10
Еве и еден другачии поглед


2009-09-04


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2009 at 23:24


wow, многу моќна фотка


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 16:02
Одличен текст за објектот на Топлификација и Синтез  Cheers

НА ГРАДИЛИШТЕТО НА ПРВАТА ГАСНА ЦЕНТРАЛА
Приватната струја ќе и пркоси на државната

Силвана Јовановска

Изградбата на првата гасна централа во Македонија, „Те-То“, која истовремено ќе произведува електрична и топлинска енергија, е при крај. Според техничкиот менаџмент на оваа централа, чиишто сопственици се меѓународната групација „Синтез гроуп“, која има 80 проценти, и скопска „Топлификација“ – 20 проценти од капиталот, комбинираната постројка со гасно-парен циклус е прва од ваков вид во поширокиот регион и спроведува најсовремена технологија. Централата е во Скопје, во близина на „Топланата исток“, а за јавноста е познато како таа кон која две недели од Гевгелија до Скопје се пренесуваа огромните турбини, товар каков што немаше поминато низ нашите улици. Поставувањето на двете турбини во кои ќе се произведува енергијата е завршено. Сега, во тек е градбата на постројките што ги опслужуваат турбините, тешки стотици тони, како на пример, станицата за хемиска обработка на водата, која се користи во парната турбина.
Екипата на „Време“ присуствуваше на градилиштето на оваа огромна централа. Облековме заштитна облека и бевме во обиколка, како таа од емисиите на „Дискавери“. Пред нас се појавија огромните турбини, високи педесетина метри, а инженерите се обидуваат да ни го прикажат производството на енергија на самото место. Одговорните од градежниот изведувач „Гама“ не прекинаа во фотографирањето, објаснувајќи ни дека може да ги фотографираме постројките само однадвор. Според нив, не смее да се фотографираат турбините внатре, за фотографиите да не се искористат за индустриска шпионажа. Оттаму, велат компаниите што се занимаваат со оваа дејност, едвај чекаат да ја видат работата на своите конкуренти.
Според техничкиот тим на „Те-То“ јадро на постројката претставува гасна турбина од најмодерен тип, која освен што има извонредни технички карактеристики, ги задоволува најстрогите норми за заштита на животната околина на Европската унија. За првпат во Македонија се користат хибридни ладилни кули, кои со својата конструкција во споредба со класичните влажни ладилни кули ќе овозможат помала количина на потрошувачка на вода и ќе го отстранат создавањето перјаница, што е особено поволно кон животната средина.
-Пробното палење на турбините треба да се изврши кон крајот на декември, а постројката треба да почне со пробна работа во април, в година, кога ќе се произведат првите киловати на електрична енергија. „Те-То“, кој ќе биде првиот приватен независен производител на електрична енергија на Балканот, ќе создава 30 проценти од досегашното производство на електрична енергија и 50 до 60 проценти од досегашното производство на топлинска енергија во Скопје создадено од „Топлификација“. Со пуштањето во работа на „Те-То“, Македонија ќе ја намали зависноста од увоз на електрична енергија, како и негативните последици што ги носи тоа – изјави Димитар Хаџимишев, кој е еден од инвеститорите на „Те-То“. Според него, ниту една балканска земја досега нема формирано независен производител на електрична енергија, кој нема да зависи од државата. Хаџимишев вели дека електричната енергија, пред се, е наменета за домашниот пазар, но ако нема заинтересирани купувачи, „електричната енергија ќе биде понудена на регистрирани трговци, кои ќе понудат соодветна цена“. Според него, цената ќе се формира пазарно, што значи нема да ја одредува регулаторот, што не значи дека ќе биде многу поскапа од сегашната цена на електричната енергија, а се ќе зависи од конкуренцијата на берзата на електрична енергија.

Колку еден блок на РЕК „Битола“

Термоелектричната централа има среден годишен капацитет од 228 мегавати со можност во поволни микроклиматски услови да работи и со 250 мегавати електричен капацитет, колку што е максимумот на еден блок од РЕК „Битола“. Капацитетот на постројката како извор на топлина е најмногу 160 мегавати, што е еднакво на капацитетот на „Топлана запад“ во Скопје.


Инвестиција од 150 милиони евра

Досега се инвестирани приближно 130 милиони евра, но, како што вели Михаил Скобиоала, најважно е што оваа работа ангажира 20 млади луѓе, а до пуштање на централата нивниот број ќе биде околу 50.
- Со почетокот на производството значително ќе се зголеми обемот на приходи на претпријатијата со сродни дејности, кои вршат пренесување на електрична енергија и на гас, а кои се државни компании – рече Скобиоала.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122376


Posted By: DiKej
Date Posted: 30-Sep-2009 at 13:55
Преку Керамидница енергетски во Европа

Со новата когенеративна термоцентрала на „ТЕ-ТО“ Македонија ќе се вброи во редот на развиените индустриски земји како Франција, Германија и Холандија



Супермодерна технологија, врв во термоелектрониката, со огромна моќ за производство на електрична и топлинска енергија. Токму таква ќе биде новата когенеративна термоцентрала на „ТЕ-ТО“, која до крајот на годинава ќе биде пуштена во погон во населба Керамидница, општина Гази баба. Со оваа централа Македонија ќе се вброи во редот на развиените индустриски земји како Франција, Германија, Холандија. Ниту една друга земја во регионот нема ваква станица. Централата за Македонија ќе значи поголема енергетска стабилност, што е основен предуслов за привлекување странски инвестиции. Ќе се намали и зависноста од увоз на струја за дури 60 отсто, за што секоја година државата трошеше стотици милиони евра. Сега таа струја ќе ја добиваме од дома, тврдат аналитичарите. Производството на топлинска енергија, што исто така беше проблем, со новата централа ќе се зголеми за 50 проценти. Очекувањата се дека зголеменото количество енергија на домашниот пазар ќе доведе и до пад на цените, во споредба со скапата енергија од увоз. „Нова Македонија“ имаше ретка можност одблиску и од прва рака да се запознаа со активности околу изградбата на централата на „ТЕ-ТО“. За време на нашата посета на градилиштето интензивно се работеше.

- Централата претставува прв независен производител на енергија во Македонија и регионот. Проектот се реализира преку домашен правен субјект „ТЕ-ТО“ АД-Скопје, акционерско друштво со 20 отсто учество на домашни инвеститори (Топлификација АД Скопје), и 80 отсто учество на странски инвеститори (Проект менаџмент консалтант и Битар холдингс лимитед, како дел од Интернационалната групација Синтез од Москва) - изјави Ристо Синадинов, машински инженер во „ТЕ-ТО“. Како најповолен изведувач и доставувач на опремата бил одбран конзорциумот „ГАМА“ од Турција и „АЛСТОМ“ од Швајцарија.

Со комерцијална употреба централата треба да почне од средината на идната година, но планот е турбините да се стават во погон до крајот на годинава. Когенеративната термоцентрала ќе користи гасно гориво без алтернатива и ќе работи во комбиниран циклус способен за истовремено производство на електрична енергија и топлина. Средногодишниот капацитет на станицата е 228 мегавати, со можност во поволни микроклиматски услови станицата да достигне 250 мегавати електричен капацитет. Како извор на топлина капацитетот на централата ќе биде најмногу 160 мегавати.

- Производството на електрична енергија ќе биде во рангот од 1,85 милиони мегават часови годишно, што претставува околу 30 отсто од сегашното производство на електрична енергија од сите останати извори во Македонија. Производството на топлина ќе биде во рангот од 350 илјади мегаватчаса на годишно ниво, што сликовито претставува 50 отсто од годишното производство на топлина од Топлификација АД Скопје. Со активирање на централата ќе се зголеми и процентот на искористеност на гасоводниот систем во земјата - вели Синадинов.

Досегашната искористеност на гасоводниот систем беше едвај 10 отсто, што директно влијаеше и за високата цена на овој енергенс кај нас, се жалеа стопанствениците. Со новата централа потрошувачката на природен гас ќе се покачи за 4-5 пати, и ќе се доведе на ниво од 50 отсто, кога веќе може да се зборува за оптимално техничко и финансиско користење на системот. Интересно е што турбините што ги користи централата се исти како и кај нуклеарните централи. Разликата е единствено во погонското гориво. Во „ТЕ-ТО“ уверуваат дека нема опасност за безбедноста на граѓаните, ниту пак за животната средина.

- Опремата што се вградува во централата е од најнов датум и со леснотија ги задоволува не само сегашните, туку и идните норми за заштита на човековата околина на Европската Унија - велат од ТЕ-ТО.

Вредноста на целокупната инвестиција е 150 милиони евра, а досега се инвестирани околу 100 милиони. Тоа практично е и најголемата инвестиција во државата во последните години во сферата на енергетиката.


Досега вградени 3.000 тони метал

За изградбата на станицата досега се ископани 9,9 тони земја, залеани се 6,2 тони бетон, вградени се 3.000 тони метал: 900 тони во носечки структури, 1.600 тони во котелот и 450 тони во друга опрема, како гасна и парна турбина и хибридна ладилна кула. Директно, „ТЕ-ТО“ ќе обезбеди вработување на околу 40-45 работници, но индиректната бројка ангажираните лица ќе биде многу поголема. Централата ќе се управува целосно компјутерски, за што ќе се спроведе и обука на македонски инженери во Швајцарија.

Како на проект од значење за државата, земјиштето за градба на централата е доделена на „ТЕ-ТО“ со одлука на Владата во декември 2007 година.

Автор: Александар С. Димковски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9309102541&id=10&prilog=0&setIzdanie=21800 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9309102541&id=10&prilog=0&setIzdanie=21800




Posted By: kire85
Date Posted: 30-Sep-2009 at 14:09
Originally posted by DiKej

Преку Керамидница енергетски во Европа

Со новата когенеративна термоцентрала на „ТЕ-ТО“ Македонија ќе се вброи во редот на развиените индустриски земји како Франција, Германија и Холандија



Aha....znaci edna centrala ne delese od Germanija i Francija....inace se drugo e gore dole na isto nivoCrazyCrazyCrazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2009 at 14:28


А и прилично лесно го постигнавме тоа:

За изградбата на станицата досега се ископани 9,9 тони земја, залеани се 6,2 тони бетон


LOL


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Sep-2009 at 18:41
и навистина ли нема ниедна во регионот?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 21:39

За прв пат приватни компании од Македонија извезуваат струја

За прв пат приватни компании од Македонија извезуваат струја. Бизнис зделката тежи 3 милиони евра. За пет месеци ќе се извезат 50 гига ват часови струја. Електричната енергија ќе заврши на пазарите во регионот. Производител е гасната централа Когел.
“Нашиот план е ова производство да почне во овој објект, за понатамошни инвестиции ќе одлучуваме понатаму“, вели Александар Кечовски, Когел Север
Трговците не откриваат по која цена на пазарот ќе се продава електричната енергија.
“Струјата заедно со нашите други договори ќе се вклопи и ќе се најде на пазарот во трговија“, вели Горан Човиља, Руднап
Досега само државни компании извезуваат струја од земјава. ЕЛЕМ ги продава ноќните вишоци, а во 2005-та ТЕЦ Неготино два месеци работеше за Грција. Експертите ги повикуваат властите да се инвестира во домашни капацитети за производство на електрична енергија за да се задоволат потребите како што расте економијата.
“Во следните 20 години во Југоисточна Европа неопходни се инвестиции од близу 30 милијарди евра во енергетскиот сектор“. Тонско Гинтер Офнер ЕВН
Македонија пак се уште троши милиони евра за увоз на струја. Увозот на електричната енергија е втор на листата по нафтените деривати што го билдаат минусот во трговската размена.

29.10.2009, 18:17


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=54843


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2009 at 22:03
Каков статус имаат овие електарни што се наменети за извоз?! Дали се нешто како слободниве зони со намалени давачки, како статусот на Југохром едно време или се нормална како и сите останати?! Кои обврски и давачки ги имаат према државата?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 23:37
Со оглед на нашата енергетска ситуација, не гледам никаква логика во повластици за извезување на електрична енергија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2009 at 21:52


Posted By: DiKej
Date Posted: 01-Nov-2009 at 19:40
Od ova sto go gledam mislam deka e preoptimisticka varijantata da se zavrshi do nova godina. Bash pred nekoe vreme pominav od tamu, gledam deka poveke rabotat vnatre nego nadvor.. Ali ke vidime


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Nov-2009 at 18:26


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: axel
Date Posted: 20-Dec-2009 at 13:08
  znae li nekoj koga kje startuva so probno proizvodstvo?< = < =


Posted By: DiKej
Date Posted: 20-Dec-2009 at 17:57
za 2 meseci


Posted By: mitatos
Date Posted: 10-Jan-2010 at 22:53
Te-to


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 12:05
Те-то ќе ја претвора водената пареа во енергија
 
Со новата комбинирана гасна централа зависноста од увоз на струја во земјава ќе се намали за 60 отсто, а производството на топлина ќе се зголеми за 50 отсто  
 
%20  
Скопската населба Керамидница моментално е најголемиот градежен и тест-центар кај нас. Деновиве тука се вршат испитувања какви што нема никаде на друго место во земјава. Причина е изградбата на новата комбинирана гасна тето-централа, чие пуштање во употреба се планира за последниот квартал од годинава. Централата за Македонија ќе значи поголема енергетска стабилност, намалена зависност од увоз на струја за дури 60 отсто и зголемено производство на топлина за 50 отсто од сегашниот капацитет. Турбините и генераторите што ги користи централата се исти како и кај термоелектраните и кај топланите, а разликата е единствено во погонското гориво.

„Нова Македонија“ имаше можност да биде првиот медиум што влегол во градилиштето, што би се рекло во срцето на централата, која е заштитена со највисоки безбедносни стандарди. Се работи за најсовремена технологија и според меѓународните стандарди за заштита на индустриска сопственост, не е дозволено снимање одредени делови од опремата, нé предупредија уште во почетокот нашите домаќини за веднаш потоа одблизу во детали љубезно да ни го објаснат функционирањето на централата, која несомнено е најголемата инвестиција во енергетиката во Македонија во изминативе години, вредна над 180 милиони евра.

- Изградбата на централата почна на 23 март 2008. Најголемиот дел од работите досега се завршени. Сега останува да се заврши монтажата, да се изврши каблирање и тестирање на вградената опрема. Испитувањата се најразлични од пуштање струја, мерење на напонот, тестирање на притисокот на водата итн. Од почетокот на изградбата досега се потрошени 1,3 милиони човечки работни саати без да се случи ниту една несреќа - со гордост вели офицерот од „Гама“ задолжен за безбедност и за човекова околина. Објаснувајќи го функционирањето на централата, тој нагласува дека се работи за високоефикасна станица, каде што ништо не се фрла за бадијала, што би рекле. Дури и пареата што ја врти парната турбина во понатамошниот процес се користи за производство на топлина за потребите на „Топлификација“ АД Скопје.

- Овој систем е посложен и во принцип наједноставно може да се објасни на следниот начин. Турбината работи на гас и произведува струја и топлина. Остатокот од топлина што се создава се претвора во пареа од која, пак, се произведува енергија. Тоа практично значи дека загубите на енергија се сведени на минимум - велат од „Гама“. Средногодишниот капацитет на станицата е 228 мегавати, со можност во поволни микроклиматски услови станицата да достигне 250 мегавати електричен капацитет. Како извор на топлина капацитетот на централата е најмногу 160 мегавати. Централата ги задоволува и највисоките еколошки стандарди и не претставува опасност за околината. Во неколкуте модули од ладилни кули се подготвува вода за ладење во процесот. Отпадната вода потоа се испушта во Вардар, откако ќе помине низ пречистителната станица - тврдат од „Гама“. Станицата е прва од ваков вид во земјата, но и пошироко во регионот. Договорот што го има те-то со турскиот изведувач „Гама“ предвидува предавање на објектот по принципот клуч на рака со вклучена гаранција од две години.

- Користењето на најновата технологија овозможува централата да работи со минимален број извршители во потполно автоматски режим и со компјутерско онлајн-следење на процесот - велат изведувачите.

Проектот се реализира преку домашен правен субјект „ТЕ-ТО“ АД - Скопје, акционерско друштво со 20 отсто учество на домашни инвеститори („Топлификација“ АД Скопје) и 80 отсто учество на странски инвеститори („Проект менаџмент консалтант“ и „Битар холдингс лимитед“, како дел од Интернационалната групација „Синтез“ од Москва).                                                                                  http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12510103416&id=9&setIzdanie=21892      


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2010 at 19:33
Еве и свежи слики за денеска 

Инаку Dikej, важи ли уште последниот рок што го спомна? Некако ми изгледа дека уште се завлечка...

1


2


3


4



Posted By: Baze
Date Posted: 25-Jan-2010 at 22:42

Поминувам од кај градилиштето секој ден за на работа. Последнава недела прават копање на улицата за да извршат спојување на централата со гасоводот, една од линиите од гасовдот поминува низ керамидница.



Posted By: DiKej
Date Posted: 26-Jan-2010 at 00:13
Cloverstack oчигледно им се развлечка работата. Знам дека поврзувањето со МЕПСО ги кочеше, ама требаше порано да се реши. Еве нешто околу тоа..

Довршување на TE-TO
Хрватската фирма „Далековод“ потпишала деновиве договор со „ТЕ-ТО“ договор вреден 1,6 милиони евра за испорака за опрема, изградба и пуштање во погон на двосистемскиот надземен далновод и високонапонски 110 киловолтен кабелски вод, кој ќе служи за приклучување на новата скопска термолекетрана-Топлана Скопје на постојниот далновод Скопје 1 -Скопје 4. „ТЕ-ТО“ е инвеститорот а крајниот корисник е МЕПСО. Рокот за завршување на работите е 15 јуни годинава - изјави директорот Лука Миличиќ. Договорот е добиен по јавен тендер на кој конкурирале шест фирми а парите се од ЕБРД.
Извор: globusmagazin.com.mk


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Jan-2010 at 00:22
Сето тоа е супер, но ни насадија  втор визуален чир многу блиску до центарот на Скопје и зоната каде што потенциалот за елитна и квалитетна градба е највисок, односно Маџир Маало. И јас за ова никогаш нема да им простам од едноставна причина што по никаков начин не се потрудија да ја замаскираат централата или пак да бидат креативни. Кај нас фирмите не го исползуваат правото да бидат иновативни или лидери во напорите за подобра перцепција на фирмата од страна на потрошувачите се сведени на минимум. 

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jan-2010 at 07:26
Иако мора да се каже дека е глупост тоа што го направија, сепак види такви хирови има дури и на Менхетн во срцето на Њујорк.

http://travel.webshots.com/photo/1451643752066270794zPUyIr">



А има уште 5-6 само околу Менхетн, ама не можев да најдам слики.

Добро, очигледно е дека се од 1930-тите, ама сепак, ги има и таму.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.



Print Page | Close Window