Print Page | Close Window

Возен парк на полицијата

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1650
Printed Date: 26-Apr-2024 at 13:30


Topic: Возен парк на полицијата
Posted By: FoSsiL
Subject: Возен парк на полицијата
Date Posted: 09-May-2012 at 14:37

Ја отварам темава по повод, набавката на нови возила за македонската полиција. Тоа не значи дека се работи само за новите возила кои ќе бидат одбрани... туку и за старите, претходни, во употреба или надвор од употреба полициски возила кои ги користела македонската полиција... Тука спаѓаат и џиповите, мариците/комбињата, мотори, хеликоптери, бродови, чамци, глисери и други возила и превозни средства кои ги користела/користи и ќе ги користи македонската полиција... Секако може и примери од странство како за споредба...

Можеби и имало материјал на форумот околу оваа тема... но мислам дека немало оделна нишка... ако ја има тогаш ќе видиме што ќе правиме... но ако ја нема добро би било се што е по другите нишки расфрлано да го префрлиме тука... (?)

Еве со ова ја почнувам оваа нишка:

Полицајците ќе возат Шкода или Сеат
Среда, 09 Мај 2012 14:18

Министерството за внатрешни работи денеска во присуство и на претставници на медиумите го одржа јавното отоворање на понудите за доделување договор за јавна набавка на 150 полициски моторни возила.

Постапката, соопшти денеска МВР, ја спроведуваше Комисија за јавни набавки определена со одлука на министерот за внатрешни работи, а се реализира преку електронскиот систем за јавни набавки.

Од страна на заинтересираните, кои по распишувањето на јавната набавка ја подигнаа тендерската документација, на огласот број 17-05/2012 свои понуди поднесоа два економски оператори, ТД „Порше Македонија“ ДООЕЛ од Скопје и ТД „КА-ДИС“ ДООЕЛ од Скопје.

Понудувачот „Порше Македонија“ од Скопје понуди моторно возило ШКОДА модел ЈЕТИ 2.0 ТДи 4џ4, додека „КА-ДИС“ од Скопје понуди моторно возило СЕАТ, модел АЛТЕА ФРЕЕТРАЦК 2.0 ЦР 4ЊД.

Наредниов период ќе следи сериозна анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали истите во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација. Доколку тоа се потврди, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена.

МВР кон крајот на март годинава, распиша тендер за набавка на нови полициски возила со кој би се замениле постоечките возила „Крајслер“. Повикот за прибирање на најповолни понуди беше распишан на интернет страницата на Бирото за јавни набавки и со него се планира набавка на 150 моторни возила во полициска изведба со соодветна потребна опрема. Единствен услов за склучување договор е висината на цената, а начинот на кој ќе се одбере најповолната понуда е принципот на јавно електронско наддавање. Во крајната цена треба да биде вкалкулиран вкупниот трошок, односно сумата која ја вклучува и специфичната опрема која е точно дефинирана и подразбира држачи за радиостаници и друга опрема, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи.

Во тендерската спецификација предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина 1900 - 2300 ццм и моќност од 110 до140 КЊ. Начинот за плаќање на возилата е предвидено да биде на 36 месечни рати. Станува збор за купување возила, а не лизинг, така што со потпишување на договорот и испораката на возилата, сопственик на возилата ќе биде МВР.

Со набавката на возилата треба да се обнови возниот парк на МВР во делот на означените полициски возила.

Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години, во 2000 година кога се набавени 210 патнички возила „Крајслер“ и 30 теренски (џипови), сите со бензински мотор. Набавените „Крајслери“ се во голема мера амортизирани. Во просек, секое од овие возила има поминато повеќе од 500.000 километри, а некои и повеќе. Голем дел од нив, околу 20 отсто, веќе се неупотребливи и расходувани (околу 40 „Крајслери“). Годишните трошоци за сервисирање и одржување на крајслерите кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра по возило, бидејќи само една замена на автоматскиот менувач изнесува околу 3.000 евра. Просечната потрошувачка на гориво на овие возила им изнесува над 14 литри на 100 километри.

Извор: http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/70350-Policajcite-ke-vozat-Skoda-ili-Seat - Курир



-------------
Македонија - Земја на чудата!



Replies:
Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-May-2012 at 14:46

А еве и за што возила станува збор:

1. http://www.seat.com.mk/Altea_Freetrack/Start.htm - Сеат Алтеа (Freetrack)

2. http://www.skoda.com.mk/modeli/yeti/ - Шкода Јети



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-May-2012 at 14:59

Еве ги и во полициско издание (слики од полиции на други држави) :

1. Сеат Алтеа (Freetrack)

Шпанија:

2. Шкода Јети

Англија/ВБ:


Чешка

Оваа е од Србија:



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-May-2012 at 15:22

Еве уште нешто...

МВР ќе бира меѓу Шкода и Сеат

09.05.2012 - 13:56 | Македонија 

ШКОДА модел YETI 2.0 TDi 4x4 или SЕАТ ALTEA FREETRACK 2.0 CR 4WD, едно од овие две ќе биде ново полициско возило. Само две понуди пристигнале до денешното јавно отворање на понудите за набавка на 150 полициски моторни возила.



Порше Македонија и КА-ДИС биле единствените фирми кои со понуди се јавиле на јавниот оглас. Од нив ќе треба да се бира најповолниот понудувач. Според убидот во понудите и двете компании имале повисока од макесимално огласената сума на МВР. Понудите допрва ќе се анализираат, ќе се проверува дали во целост ги исполниле условите, а потоа ќе се оди на јавно наддавање. Главен критериум за МВР останува цената.



Крајслерите кои дванаесет години се возеа низ македонските патишпта заминуваат во историјата, дали ќе ги замени Јети или Алтеа ќе се знае наскоро.



Компаниите кои се јавиле на тендерот понудиле дизел мотор, што беше еден од условите, а ќе мора во нив да ги имаат и држати за специјална полициска опрема.



Автомобилете ќе се отплаќаат на 36 рати, а причинза за замената на Крајслерите според МВР е нивната дотраенсот и превисоките трошоци за сервис.

Иван Кузмановски

Извор: http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/mvr-ke-bira-megju-shkoda-i-seat - Сител (на линкот има и видео)



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 09-May-2012 at 15:56
Незнам дали е медиумска фама, али јас сум за Шкодата.
Само да ја направат да се разликува од српската.

Како и да е, една фабрика. Како демек имаме избор.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-May-2012 at 16:07
јас се сметам за добар познавач на автомобилската индустрија и ви тврдам дека нема никаква разлика помежу сеат и шкода,различен е само изгледот и квалитетот на пластиките во ентериерот.све е исто.заеднички збор на оваа појава во свеопштата индустријата се вика ГЛОБАЛИЗАЦИЈА каде еден производ се продава под неколку брендови во зависност од вкусот на купувачот.

има многу примери а еден од нив е Гранде Пунто не е ништо друго туку ушминкана Опел Корса,или Алфа 159 е препакирана Опел вектра последна генерација итн


Posted By: Dexter26
Date Posted: 09-May-2012 at 17:21
Јас навивам за понудата на Шкода, бидејќи понудените Јети возила (не се баш џипови, судејќи по моќноста на нивните мотори) се со погон на сите 4 тркала, а тоа го сметам за предност на возилата со оглед на фактот дека тие возила сигурно ќе се возат барем во наредните 5 до 10 години.
 
Инаку, да, секако дека ова и не е баш некој избор, бидејќи и Сеат и Шкода се во сопственост на Фолксваген, но сепак имам многу поголема доверба во чешката отколку во шпанската автомобилска индустрија.
 
Ролс Ројс е во сопственост на БМВ и користи мотор на БМВ, но сепак да возиш Ролс Ројс не е исто како да возиш и БМВ.
 
Ферари е во сопственост на Фиат, но сепак Ферари сами ги произведуваат моторите за своите возила, не користат мотори на Фиат и дефинитивно да возиш Ферари не е исто како да возиш и Фиат.
 
Возилата на Шкода користат мотори на Фолксваген, но сепак Чесите докажано произведуваат поквалитетни возила од Шпанците, па дури може да се каже и дека се достојни конкуренти на Германците иако користат германски мотори и други автомобилски делови произведени во Германија, но готовиот чешки производ е достоен конкурент на готовиот германски производ, тоа е моето лично мислење и затоа навивам за понудата на Шкода.


Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 09-May-2012 at 18:00
Не мисла дека Jети е добро за основен автомобил на полициjата. Возилото е од специфичен сегмент. На мене ми допага много, но за служечно возило на целата полициjа . . . Confused
СЕАТ изглежда поуниверсално возило.
Инако Шкода Октавиjа би била одличен избор /мое мислене/.


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-May-2012 at 18:25
МВР има веќе Шкоди Октавии кои ги користи како увидни возила,тие се со моторот на WV со 1.6 литри и 103 КС и искрено не се баш нешто.на 8000 км откажа механизмот на здната врата,пластиките шкрипат како да е Југо,влечната моќ е чудно сосема незадоволителна.Ауди А4 со истиот мотор на места во Кичево каде без проблем излегува во 5 степен,на шкодата му треба во најдобар случај да се помине во 4 степен.дали е во преносот или пак кичевската шкода не е погодена незнам


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 12-May-2012 at 16:28

Што ќе вози македонската полиција?

Објавено на: 11.05.2012

Мошне актуелно е деновите по отворањето на понудите за доделување договор за јавни набавки од Министерството за внатрешни работи за нови 150 возила. Свои понуди доставиле само два импортери во државава, Порше Мекедонија, за Škoda Yeti 2.0 TDi 4x4 и Ка-Дис за Seat Altea Freetrack 2.0 CR4WD.




Коj ќе ги замени американските дотраени и амортизирани модели од Chrysler останува да видиме, бидејќи допрва претстојат оние завршните анализи и мислења од експертите, како од полето на автомобилската сфера, така и од економската, бидејќи едно од основните прашања е секако, колку сето тоа ќе чини.
- Наредниот период ќе следува анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали тие во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација. Доколку се потврди тоа, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена - велат од МВР.

Според тендерската спецификација, возилата треба да бидат со дизел-мотор, со зафатнина од 1.900 до 2.300 кубни сантиметри и моќност на моторот од 110 до 140 киловати. Во крајната цена треба да биде вклучена и специфичната опрема на возилата.
На почетокот мошне интересно е да се истакне дека и двете компании, поточно двата бренда во оваа битка, се дел од Концернот Volkswagen. И двете возила кои се актуелни во понудата, според динамиката и структурата се слични, користат соодветни технологии и технички решенија, но поради конфигурацијата и поставеноста на возилата, сепак тие се и многу различни.


--------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Seat Altea Freetrack 2.0 CR4WD

Freetrack е надграден врз темелите на Alteа, моноволуменско возило нecнесомнено еден од најбараните и најоригиналните модели на шпанскиот Seat. Поточно на продолжената верзија означена како XL. Должината на возилото е непроменета и изнесува близу 4,5 метри (4.493 mm), како и широчината 1,8 метри (1.788 mm), со меѓуоскино растојание од 2.576 mm, но затоа Altea Freetrack и има 40 милиметри поголема одалеченот од подлогата и е повисока за 185 милиметри од моделот XL, што секако е битен фактор за обезбедување на подобри off-road перформанси. Што се однесува до дизајнот вреди да се истакне дека се одело на тоа да не се направат премногу модификации во однос на она ремек дело за кое многумина сметаат дека е вистински бисер, стандардната везија на Altea, творба на великанот Валтер да Силва, сега прв човек на одделот за дизајн во Концернот. Однадвор се разликува по робусните странични заштитници и специфични пластични браници кои не се во боја на каросеријата, не само поради поагресивниот и подинамичен стајлинг, туку и од практични причини. Токму поради ова има посебна заштита на праговите и калниците, како и на двојниот крај на издувните цевки, светлата за магла и кровните носачи. Специјално за Alteа Freetrack дизајнирани се 17-инчни фелни. Во внатрешноста Altea Freetrack ги задржува сите позитивни страни на стандардната Alteа XL, поточно голема пространост, функционалност и флексибилност. Напред доминира инструменталната табла и мошне прегледната средишна конзола. Патниците позади имаат доволно место, а седиштата може да се регулираат за 160 mm по должина, овозможувајќи на тој начин различни комбинации со големината на багажникот(490 литри).




Што се однесува до понудениот мотор, станува збор за проверениот агрегат на Концернот, што според бројките е најбараниот и најпродаваниот, кога станува збор за дизелската понуда. Овој 2,0 литарски TDI агрегат е со технологија од последната генерација на common rail, располага и со DPF филтер за честички и има максимален вртежен момент од 350 Nm при 1.800 вртежи/минута. Вака екипираната Altea Freetrack постигнува максимална брзина од 204 km/h, а до 100 km/h забрзува за 8,7 секунди. Што се однесува до потрошувачката во комбиниран режим на работа троши до 6,0 l/100 km, а емисијата на CO2 e 159 g/km.

При управувањето не се чуствуваат димензиите и тежината на возилото (1.540 килограми). Благодарејќи на одличното подвозје и потпирање Altea Freetrack може прилично брзо да се вози. На асфалт има одлични забрзуваења и се карактеризира со врвен комфор, иако поради теренските потреби потпирањето е малку покруто. Во нормални услови на возење интегралниот погон ги задвижува само предните тркала, а во случај на потреба Haldex спојката ја префрлува и до 50 % сила и на задната оска. Одалеченоста од подлогата од 310 mm, аглите на пристап и тргнување, како и аголот на преминување преку препреки му даваат особини на вистински теренец.


--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Škoda Yeti 2.0 TDi 4x4

Yeti во естетски стил е надградба врз пространиот Roomster. Но, сосема разбирливо, со префинет дизајнерски зафат направен е модел кој просечниот семеен автомобил го претворил во атрактивен SUV претставник со универзални способности. За Yeti едноставно употребена е најоптималната формула, бидејќи овој специјалитет долго време се „крчкаше“ (четири години), од концепт до сериски автомобил, во германската и чешката кујна. 
Што се однесува до димензиите ова е сепак компактен автомобил со должина од околу 4,2 метри и широчина 1.793 и височина 1.691 mm. На предниот дел доминираат големи светла каде се имплементирани оние помалите за магла. Маската е со препознатлив Шкодин трендовски дизајнрески пристап, каде доминира новото лого. Гледано од страна очигледно е повисокото подвозје во чии агли се сместени тркала од 17 цола, а робусниот изглед го даваат калниците и повисокиот заден дел каде доминираат одново големи оригинални задни светла и петтата врата.

И во ентериерот продолжува трендовската Шкодина приказна, со препознатливи детали од групата каде овој бренд припаѓа. Уредувањето е очекувано со сите потребни детали, одлична прегледност на инструменталната табла, со многу елементи на средната конзола и се разбира добар избор на материјали. Предните седишта добро го држат телото и се мошне удобни, што е многу близу до класичните автомобили, а не теренците. Позади, она што е и важно за ваков облик на возила има повеќе од солидна пространост. Седиштата се со Varioflex систем и може да се направи комбинација со три и со две места за седење, во зависност од потребите. Во багажникот ќе се најде доволно место- 413 литри. Реално, кога се ќе се земе во предвид Yeti, благодарејќи на добро смислената модуларна внатрешност, нуди многу простор за возило со меѓуоскино растојание од 2.578 mm.
Перформансите на дизелскиот 2,0 литарски TDI мотор се исти како во Freetrack-от(и двата потекнуваат од VW) и овде нуди солидни вредности, како да не станува збор за каросерија со скромна аеродинамичност и возило тешко околу 1,5 тони. За ова сведочат и бројките, автомобилот забрзува до стотка за 8,4 секунди, а максималната брзина е 201 km/h. И во најекстремни градски метежи и посебни режими на работа, на отворен пат или надвор од патеката потрошувачката изнесува во просек околу 6 литри и емисија на CO2 155 g/km.

Yeti ја истакнува својата управливост и постојаност и во поекстремни ситуации, а свиоците ги „голта“ без проблем и добро ги „впива“ сите нерамнини пред се поради високиот клиренс (180 mm). Погонот на сите четири тркала е решен преку Haldex-спојка од четвртата генерација, која се контролира електрохидраулички. Спојката во ниту еден момент не создава оптоварување на погонот или менувачот. При добри услови (сува подлога) 96% од моментот се пренесува на предните тркала, а доколку ситуацијата налага, електронското управување може да префрли и до 90% позади. Автоматската блокада на диференцијалот спречува задното тркало со помал допир со подлогата да пролизга. Тоа значи Yeti лесно совладува препреки и терени, а со помош на електронијата управувањето со возилото е без поголеми потешкотии. При ова секако своја улога имаат сигурносните системи како ABS, ASR (состав против пролизгување), EDS (систем за стабилност), кои се во стандардна опрема. Не треба да се заборави и на пакетот воздушни перничиња ESP, EBV, MSR и MBA системите. Кон ова и потсетување дека и овде во стандардната опрема пристигнуваат многу елементи кои се грижат за функционалноста и ергономијата, но и задоволство при управувањето.


--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

На крајот да споменеме дека од услугите и на двете изведби се задоволни полициските служби на повеќе држави во Европа, а анализите ќе потврдат дали Чесите или Шпанците, ќе ги заменат Американците.

[tube]cH8HJK__6GY[/tube]

[tube]kkzPdaVDKac[/tube]

Извор: http://avtoplus.mk/?pid=4590 - Автоплус



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 12-May-2012 at 17:18

Што се случува кога на Џереми Кларксон ќе му дадете Шкода Јети...

[tube]E7kEJ-pHkWA[/tube]



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Dexter26
Date Posted: 25-May-2012 at 14:44
http://kajgana.com/ponishten-tenderot-za-nabavka-na-novi-policiski-vozila - http://kajgana.com/ponishten-tenderot-za-nabavka-na-novi-policiski-vozila
 

Поништен тендерот за набавка на нови полициски возила

 
25 мај 2012
 
Тендерот за набавка на 150 нови полициски возила е поништен поради невалиден електронски потпис и несоодветна цена на понудувачите кои учествуваа во тендерот.
 

 
При проверка на валидноста на електронскиот потпис со кој е потпишана понудата на понудувачот Порше Македонија ДООЕЛ од Скопје, комисијата утврдила дека понудата не е потпишана со валиден електронски потпис издаден од страна на овластена куќа, односно КИБС АД или Македонски Телеком АД.
 
Другиот понудувач, пак, на тендерот „КА-ДИС“ ДОО извоз-увоз Скопје понудил повисока цена од она што било утврдено како критериум.
 
„Цената на понудата во висина од 279.952.583,60 денари без вклучен ДДВ, ја прави понудата несоодветна. Поради тоа и оваа понуда не се прифаќа.
 
Двете компании кои учествуваа на тендерот имаат право на жалба до второстепената комисија во рок од осум дена“, соопштуваат од МВР.
 
На 9-ти мај во МВР беа отворени понудите, “Порше Македонија“ од Скопје понуди моторно возило „Шкода јети“, а понудувачот “КА-ДИС“ од Скопје понуди моторно возило „Сеат алтеа“.
 
Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години, во 2000 година кога се набавени 210 патнички возила “Крајслер“ и 30 теренски (џипови), сите со бензински мотор.
 
Набавените “Крајслери“ се во голема мера амортизирани. Во просек, секое од овие возила има поминато повеќе од 500.000 километри, а некои и повеќе. Голем дел од нив, околу 20 отсто, веќе се неупотребливи и расходувани (околу 40 “Крајслери“). Годишните трошоци за сервисирање и одржување на крајслерите кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра по возило, бидејќи само една замена на автоматскиот менувач изнесува околу 3.000 евра. Просечната потрошувачка на гориво на овие возила им изнесува над 14 литри на 100 километри.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Jun-2012 at 20:42
ФОТО: Алфите со „хамер“ ќе ловат криминалци
Четврток, 07 Јуни 2012 19:07


Посебната мобилна единица „Алфи“ ќе вози запленет „хамер“ од царината за кој судскиот процес е завршен, пренесува телевизија Сител.



Со променета боја и додадена опрема „Алфите“ ќе ловат криминалци со новиот „хамер“, кој од пред три дена е доделен на мобилната единица, а претходно бил во сопственост на косовски државјанин.

-Откако завршил процесот, агенцијата за управување со одземен имот донела ваква одлука. Претходно бил сребрена боја и регистриран во соседно Косово, но отсега со нов лик и нови таблички ќе крстосува низ Скопје. Во него веќе е вградена и потребната полициска опрема. Возилото четири години стоело на паркингот пред затворот Идризово, а отсега ќе лови криминалци по скопските улици, пренесува Сител.



ФОТО: Сител

Од МВР се надеваат дека наскоро ќе добијат уште еден „хамер“ сличен на овој, а веќе е поднесено барање полицијата да го добие и Хамерот на Бајруш Сејдиу кој беше запленет во акцијата Пепел.

Извор: http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/73618-FOTO-Alfite-so-hamer-ke-lovat-kriminalci - Курир



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Jun-2012 at 22:30
а бензин за ова чудовиштево?се нема гориво за југовците,а не за оваа грдосија


Posted By: Dexter26
Date Posted: 12-Jun-2012 at 22:57
МВР се обновува со тазе нов Мерцедес-Бенз, ама само еден, и тоа по цена од речиси 600.000 евра.
 
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedonskite-funkcioneri-ke-se-vozat-vo-nov-%E2%80%9Emercedes%E2%80%9C - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedonskite-funkcioneri-ke-se-vozat-vo-nov-%E2%80%9Emercedes%E2%80%9C
 

 
12.06.2012 - 18:34
 
Нов блиндиран Мерцедес вреден над половина милион евра деновиве треба да се паркира во гаражата на Министерството за внатрешни работи.
 

 
Македонската полиција го потпиша договорот со единствениот понудувач на објавениот тендер. Возилото кое е произведено по највсоките стандарди за безбедност ќе се користи за превоз на државните функционери и странските делегации кои ќе доаѓаат во посета на Македонија
 
Од МВР информираат и дека немало жалби од ниту една од фирмите кои конкурираа на тендерот за набавка на возила кои требаше да ги заменат дотраените крајслери и дека веќе започнала постапката за повтрорен избор на најповолен понудувач  од кого МВР треба да купи 150 возила за потребите на полицијата.
 
Александар Спасовски



Posted By: phenomenon
Date Posted: 13-Jun-2012 at 09:56
Previous Mислиш вакво:
 
Red%20double%20decker%20car?


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Dexter26
Date Posted: 13-Jun-2012 at 11:45
Previous
 
Да, отприлика такво возило.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 13-Jun-2012 at 12:37
Кинеското ѓубре е за масите, за својот газ се знае дека ќе е најнов Мерцедес, тука немам дилема и воопшто не сум изненаден од одлуката!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Dexter26
Date Posted: 18-Jul-2012 at 16:45
Е вака е подобро, поголем избор.
 
Ќе треба да се рестартира анкетата на темава на форумов, Јетито и понатаму ми е симпатично, ама ми се допаѓаат и Колеосот и Тигуанот.
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/otvoreni-ponudite-za-nabavka-na-vozila-za-mvr - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/otvoreni-ponudite-za-nabavka-na-vozila-za-mvr
 

Отворени понудите за набавка на возила за МВР

 
18.07.2012 - 15:42
 
Нов тендер и нови возила. Комисијата за јавни набавки во МВР по втор пат ги отвори понудите.
 

 
Освен Шкода Јети и Сеат Алтеа во трка за ново полициско возило влегуваат и Опел Инсигниа, Рено Колеос и Фолксваген тигуан.
 
Покрај Порше Македонија и Ка-дис, сега на тендерот се пријавиле и Аутомакедонија, Аумотив Груп и Делукс Ауто ДООЕЛ од Куманово.
 
Понудите денеска беа отворни јавно во присуство на претставници од понудувачќите. Покрај барањето возилата да бидат со дизел мотор и да ја имаат дополнително потребната полициска опрема, како клучен фактор МВР ќе ја земе вредноста на понудите.
 
Претходниот тендер МВР го поништи, откако комисјата утврди недостатоци во пристигнатите понуди.
 
Според распишаниот тендер новите 150 автомобили ќе се отплаќаат на 36 рати.
 
Причина за замената на Крајслерите според МВР е нивната дотраеност и превисоките трошоци за сервис.
 
Иван Кузмановски



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 18-Jul-2012 at 18:28
Spored mene od ovie pet Opelot e najprikladen za policiska kola

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Jul-2012 at 18:56
опелот во димензии е поголем и од крајслерите,еден другар мој има купено,и искрено сум фасциниран од големината и луксузот.

кога купуваше зимски гуми 245/18 плати 1200 евра за 4 гуми комплет.

мене ме фаќа страв и од помислата на оваа кола, и верувајте да застане крајслер до неа ќе се изгуби(се има возено во крајслер стопати)


Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 29-Aug-2012 at 13:11
Полицајците ќе се возат во „Seat Altea Freetrack“?

За најповолен понудувач на денешната електронска аукција во МВР за избор на форма која полицијата ќе ја снабди со нови полициски возила е избрана фирмата Ка-Дис ДОО Скопје со автомобили марка „Seat Altea Freetrack 2.0 TDI 4WD“.

Покрај избраната фирма, со свои понуди се претставија и Порше Македонија со автомобилот „Skoda Yeti Ambition 2,0TDI“, потоа Аутомотив груп со „Renault Koleos Dynamique 2.0 dCi“. На аукцијата учествуваа и фирмата Аутомакедонија со „Opel Insignia NB 2,0 CDTI“ и Делукс-Ауто ДООЕЛ Куманово со моделот на автомобил „VW Tiguan Track & Style 2.0 TDI“.

Понудите ги исполнија барањата во тендерот возилата да бидат со дизел мотор, со зафатнина од 1.900 до 2.300 кубни сантиметри и моќност од150 до 190 коњски сили.

По склучувањето на договор за јавна набавка, за понудената цена се очекува фирмата Ка-Дис од Скопје да обезбеди 150 моторни возила вклучувајќи и специфична опрема која е точно дефинирана и подразбира држачи за радиостаници, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи.

libertas.mk


Лично мислам дека подобро решение беше Opel Insignia поради германскиот квалитет на изработка, но веројатно и Seat како дел од групацијата VW има напреднато ...
Најважно е што ќе се намалат оперативните трошоци (односно трошокот за гориво)...


Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Aug-2012 at 13:25
Лош избор, мој фаворит беше Шкода јети, и Тигуанот за наш терен, иначе не ќе беше лошо за сообраќајната полиција да се набават и 30 опел инсигниа =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Aug-2012 at 14:54
Originally posted by mitatos

Лош избор, мој фаворит беше Шкода јети, и Тигуанот за наш терен, иначе не ќе беше лошо за сообраќајната полиција да се набават и 30 опел инсигниа =)



I jas potajno navivav za opelot,no uste od pocetok se znaese deka poskap

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Aug-2012 at 15:36
јас лично ако би купувак за мене ќе ја купев шкодата.но сепак со сеатот се работи за потполно исто возило,со исти делови,иста шасија,а различна каросерија(обликот на возилото).опелот да се разбереме не е ништо подобар од крајслерите.мој другар ја има купено таа кола со моторот 2.0 дизел со 160 кс, и дополнителна опрема,го кошташе многу пари.а зимоска заедно купувавме зимски гуми и неговите 4 гуми го коштаа по 300 евра секоја или вкупно 1200 евра.се работеше за сериски гуми 245/18


Posted By: FT
Date Posted: 29-Aug-2012 at 15:48
И јас бев повеќе за Шкодата, Сеатот ми изгледа како такси возило.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 31-Aug-2012 at 16:30
Повторно поништен тендерот за набавка на нови возила за полицијата, овој пат поради софтверска грешка, поконкретно поради хакерски напад врз една од апликациите кои се користат за електронско наддавање.
 
Според Бирото за јавни набавки, апликацијата не била директно поврзана со електронското наддавање, но сепак го користела истиот сервер кој се користи при сите електронски наддавања.
 
Настрана оваа набавка на нови возила за полицијата, од ваквиот хакерски напад, кој би бил изводлив само доколку има некаква софтверска дупка во самата апликација, следува прашањето:
 
Колку досега реализирани електронски наддавања биле нефер и нетранспарентно изведени поради вакви софтверски грешки ?
 
На крајот на краиштата, самиот факт дека ова електронско наддавање е поништено поради откриен хакерски напад, не значи дека и некои од претходните електронски наддавања не поминале без вакви пропусти, само затоа што не биле откриени хакерски напади во минатото.
 
Како и да е, мило ми е бидејќи постапката повторно ќе почне од почеток, бидејќи не можам на никаков начин да ги сварам возилата на Сеат, кои можат вода да им носат на Опел, на Шкода и на сите останати брендови кои ги застапува Порше Македонија.
 
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/biroto-za-javni-nabavki-ke-ovozmozi-povtoruvanje-na-e-aukcijata-za-policiski-vozi - http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/biroto-za-javni-nabavki-ke-ovozmozi-povtoruvanje-na-e-aukcijata-za-policiski-vozi
 

Бирото за јавни набавки ќе овозможи повторување на е-аукцијата за полициски возила

 
31.08.2012 - 16:38
 
Електронската аукција за набавка на новите полициски возила ќе продолжи.
 

 
Бирото за јавни набавки потврди дека е извршен напад на една од апликациите која не е директно поврзана со електронското наддавање, но го користи истиот сервер. Во неколку периоди од 12 до 13 часот компаниите имале проблеми со достава на понуди.
 
Сугестија на бирото за јавни набавки е негативното наддавање со пониски цени да продолжи од последната и најниска цена регистрирана пред падот на системот.
 
Времетраењето на електронското наддавање дополнително ќе се утврдува кога ќе се пресметаат сите термини кои биле засегнати со нападот.
 
Продолжувањето на на аукцијата може да се изведе најрано во понеделник.
 
Доколку компаниите кои го хостираат серверот и ја креирале апликацијата за електронска аукција достават извештај за хакерски напад односно злонамерен упад во системот со цел манипулирање со аукцијата тогаш одделението за компјутерски криминал при МВР ќе постапи по пријавата во откривање на сторителите и нивните мотиви.
 
Компанијата која понуди најниска цена за набавка на 150те полициски возила како неоснована ја оцени аргументацијата на Бирото за јавни набавки за повторување на лицитацијата.
 
Најавуваат дека ќе ги употребат сите правни мерки против одлука на Бирото за јавни набавки.
 
Антонио Крстевски



Posted By: Dexter26
Date Posted: 21-Sep-2012 at 14:27
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=55352 - http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=55352
 

Полицијата ќе се вози во „Шкода Јети“

 
петок, 21 септември 2012, 13:20
 
Полицaјците и дефинитивно ќе се возат во „Шкода Јети“. Државната комисија за жалби по јавни набавки официјално објави дека ги одбива како неосновани жалбите на компаниите „Ка-дис“ и „Аутомотив Груп“ за тендерот за нови 150 автомобили за МВР. Одлуката на второстепениот орган значи дека се исполнети условите да се пристапи кон потпишување на договор со победникот на последната електронска аукција- „Порше Македонија“. Според понудата на увозникот на чешкиот производител, едно полициско „Јети“ ќе чини околу 21 000 евра, односно целиот тендер „тежи“ околу 3 150 000 евра.
 
А.Д.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Oct-2012 at 00:08
Прис­тиг­наа пр­ви­те по­ли­ци­ски „шко­да је­ти“



Пр­ви­те два­е­се­ти­на „шко­да је­ти“ од вкуп­но 150, кои за не­кол­ку ме­се­ци тре­ба да се пар­ки­ра­ат во Ми­нис­терс­тво­то за внат­реш­ни ра­бо­ти, вче­ра прис­тиг­наа во зем­ја­ва.

Ав­то­мо­би­ли­те ги на­ба­ви фир­ма­та „Пор­ше Ма­ке­до­ни­ја“ от­ка­ко во март го­ди­на­ва МВР ја рас­пи­ша јав­на­та на­бав­ка, а един­ствен ус­лов за склу­чу­ва­ње на до­го­во­рот бе­ше це­на­та. Но­ви­те по­ли­ци­ски во­зи­ла тре­ба да има­ат спе­ци­фич­на­та оп­ре­ма, ко­ја е точ­но де­фи­ни­ра­на и под­раз­би­ра др­жа­чи за ра­ди­ос­та­ни­ци и дру­га оп­ре­ма, но­са­чи за ро­та­ци­ски свет­ла, со­од­вет­на над­во­реш­на бо­ја (по­ли­ци­ски оз­на­ки) и дру­ги еле­мен­ти.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9B69EB9D406F1E45B4FE1904DFE46E73 - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9B69EB9D406F1E45B4FE1904DFE46E73

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 09-Nov-2012 at 13:48

Сликите се од "Dragan Dats" од facebook



Posted By: tonikostov
Date Posted: 09-Nov-2012 at 14:15
не ми се допаѓа налепницата на задната врата - поли (шкода) ција
можеле на стаклото во горниот дел да го постават натписот...


Posted By: stratus
Date Posted: 09-Nov-2012 at 14:43
Искрено се надевав веќе кога се купија нови возила дека ќе се оди со нов дизајн на налепниците ПОЛИЦИЈА кои подоцна се ставаат, има најрзалични примери низ светот. Но како и да мислам дека изборот е одличен и нека ни служат едно 10 години.


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 09-Nov-2012 at 16:41

Новите полициски автомобили „Шкода Јети“ интензивно се подготвуваат за да ги заменат старите „Крајслери“.

jeti-6-500

Најголем дел од новите 150 полициски возила се веќе пристигнати, обележани и подготвени за полицајците.

Сепак, согласно Договорот со компанијата која го доби тендерот, новите полициски возила низ улиците ќе ги видиме откако сите 150 возила по принцип клуч на рака ќе му бидат предадени на Министерството за внатрешни работи.

jeti-3-500

jeti-4-500

jeti-500

jeti-2-500

jeti-1-500

jeti-5-500



-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Dec-2012 at 23:19

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВО УПОТРЕБА НОВИТЕ ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА


Јети спремни за акција


Новите службени возила на МВР, "шкода јети", од понеделник ќе можеме да ги видиме по улиците и патиштата низ Скопје и државата, дознава "Вечер". Сто и педесетте возила подготвени и опремени според спецификациите барани од МВР се наоѓаат на паркингот пред "Порше Македонија", каде што ги фотографираше нашата екипа.

Станува збор за моделот "јети 2.0 амбишн" 4х4, со јачина на моторот од 170 коњски сили, кои имаат просечна потрошувачка од 5,9 литри на 100 километри, а доколку е потребно, можат да ги бркаат криминалците со брзина и до 200 километри.

Последната набавка на полициски возила беше во 2000 година, кога беа набавени 210 патнички возила "крајслер" и 30 теренски возила џипови, сите со бензински мотор. Крајслерите во просек имаат поминато повеќе од 500.000 километри, а секое петто возило веќе е неупотребливо. Годишните трошоци за сервисирање и одржување на крајслерите кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра, а просечната потрошувачка на гориво на овие возила изнесува над 14 литри на 100 километри.

Едно полициско јети" ќе ја чини државата околу 21. 000 евра, а целиот тендер тежи 3,15 милиони евра.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C76D2709C7CD8646B471D941DC2C4FC3 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C76D2709C7CD8646B471D941DC2C4FC3


Posted By: kultuzin
Date Posted: 02-Jan-2013 at 19:34
Од денес шкодите во употреба. Ова требаше се случи порано со оглед на заштедите за одржување и гориво новите возила за цирка две години ќе се исплатат а потоа државата ќе ќари од нивната замена. Во секој случај набавката на крајслерите беше еден многу попродуктивен потег на тогашните власти, за среќа полека одат во пензија.


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Jan-2013 at 20:58
Крајслерите нема целосно да исчезнат.Од кичевските 4,3 заминаа за Скопје каде ќе бидат заменети со 3 Шкоди,а еден остана и понатака во употреба.Мое мислење е дека ќе им треба по една кола во секој град за пратња на делегации


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jan-2013 at 21:19
Зошто се Шкодите неадекватни за таква намена? Нешто во врска со перформансите ли е?


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Jan-2013 at 22:00
шкодите како и сеатите се во класата на `меки` теренци,т.е. да имаат добри возни особини на асфалт ама и да можат да се снајдат и на потежок терен.имаат шасија подогната за неколку см од стандардната платформа,ги има и во опција 4 x 4,заштиота на подот и моторот од теренски вожњи и тн,додека крајслерите се класични коли за бркање.

ниски се,јак мотор(162бензиски кс наспроти 170 дизелски)широк траг на точкови.едноставно за пратња на делегации се измислени.за све друго се лоши

Хрватска има посебни вакви коли(BMW,Mercedes i Pasat),со единствена задача да бркаат брзи возачи на автопатите,и таму ги викаат `пресретачи`


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Jan-2013 at 18:52
Шкодите што стигнаа по мислење се со една мана која пред се треба да им се припише на снабдувачот Порше Македонија.Имено намонтирани се нископрофилни гуми,скоро спортски 205/55 на теренско возило.Како што ги знаеме какви се нашите патишта(јас најдобро знам-сплескав еден бандаж на огромна дупка кај Песочани за нова година одејќи за Охрид,па стигнав таму околу 23.30),очекувам проблеми со истите.А пошто полицијата воглавном оди и по селски и проселски патчина,систуацијата е уште полоша.

Ова лесно можи да биди отстрането на следниот сервис за промена на гуми,кој мора да се случи во рокот од 3 години безплатно сервисирање.

Иначе се друго е супер,погон има на сите 4 тркала,рачен мењач,ентериерот е добар,шасијата е подогната на добра висина.Се на се супер се колите


Posted By: alexsend
Date Posted: 04-Jan-2013 at 20:52
И јас сега се уклучив за гумите да пишам. Тоа се спортски димензии со алуминиумски бандажи...тоа е страшно. Тоа на свое возило што го пазиш па може да се оштети камоли да го дадеш на некој...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Jan-2013 at 00:22
полицијава почна да сопира луѓе низ град колку да се пофали дека има нови возила  LOL

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Jan-2013 at 01:08
озбилнО?

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Jan-2013 at 17:15
Originally posted by FoSsiL

озбилнО?
се зезам, ама се повеќе така личи, затоа што или се во некој агол застанати и позираат, или се утепуваат од стопирање на луѓе, само за по пет минути да ги пуштат
ќе им помине ќеифот, вака правеа и крајслерите кога им ги дадоа Smile

инаку, не прочитав, што ќе стане со крајслерите? сите ќе ги отстранат или ќе останат дел во употреба?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Jan-2013 at 17:42
веќе пишав,остануваат мал дел,кај нас од 4 крајслери,три заминаа а еден остана


Posted By: daci92
Date Posted: 05-Jan-2013 at 17:43
Originally posted by zabegan

....
инаку, не прочитав, што ќе стане со крајслерите? сите ќе ги отстранат или ќе останат дел во употреба?

И двете, некој ќе останат во употреба (тие што се подобри), а останатите ќе се отстранат и ќе се продаваат по пат на јавно надавање.


Posted By: tonikostov
Date Posted: 06-Jan-2013 at 08:37
Во врска со гумите... 205/55 се едни од најкомерцијалните димензии кои денес се употребуваат... Овие димензии на гуми фабрички ги поставуваат на речиси сите возила од тој сегмент како што е Јети (иако по мене дискутабилно е во кој сегмент на возила спаѓа баш Јети, ама тоа е друга тема). Битно, далеку се од "спортски" димензии... Можеби повеќе може да ги кажеме дека се најмејнстрим димензии...

Во врска со цените, токму гумите со овие димензии се со значително пониски цени, поради поголемото производство на оваа димензија на гума, а тоа е поради тоа што by default ова се димензиите на гуми кои се монтираат на многу нови возила од различни производители, па има и поголема побарувачка и конкуренција на пазарот... Ова од искуство ви кажувам, јас возам 205/60 за кои плаќам повеќе иако се помалку "спортски" односно не се понископрофилни од 205/55...

И на крај... Ова со замената на гумите... Мислам дека никој не пренесе детали што тоа значи. Мое мислење е дека под замена на гуми подразбираат замена на зимски/летни гуми... Имено, само што им пристигнуваа Шкодите, вработени во Порше Македонија ги возеа до Мотоцентар за монтажа на зимски гуми. Замена на гуми е една од услугите кои се наплаќаат во центри за продажба на гуми како што е Мотоцентар. Така, кога МВР викаат дека три години ќе имаат бесплатна замена на гуми, претпоставувам дека мислат на замена на летни/зимски гуми...

Секако, ова новинарите требало да го прашаат на прес конференцијата, наместо само да пренесуваат соопштенија. Ама, толку е од новинарството кај нас

Како и да е, убаво е што барем имаат сет летни и зимски гуми. Тоа секако е неопходно за службени возила, а особено за возила на Полицијата... Добра подлога е да донесат и закон за задолжителна употреба на зимски гуми во зимска сезона.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Jan-2013 at 00:25

Мислам дека за бркање најдобар избор би бил полициски модифициран Мицубиши Лансер

Нешто вакво, со евентуални плус метални браници...

 

Додека пак за делегации добро би дошле овие...

http://www.flickr.com/photos/32114519@N07/7440815896/">
http://www.flickr.com/photos/32114519@N07/7440815896/ - Volvo S80 Authorities D5 by http://www.flickr.com/people/32114519@N07/ - Charles Dawson , on Flickr

Или пак ако сакаме нешто поскапо... 


Како и да е... тука се нели и моторите... кои веќе ги имаме... 






-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Jan-2013 at 00:31

А инаку и Унгарците земале како нас Шкода Јети... само што они земале 400 возила... 

Еве како изгледаат...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 20-Jan-2013 at 12:13

[tube]ihYfq_lqikM[/tube]

http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1994&PID=144096#144096 - http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1994&PID=144096#144096

НОВА МАКЕДОНИЈА“ НА ВОЗЕЊЕ СО НОВИТЕ ПОЛИЦИСКИ АВТОМОБИЛИ

...

Новина во овој автомобил е системот за комуникација - радиостаницата.

- Станува збор за „тетра-систем“, кој е дигитален, кодиран и е од последната генерација вакви уреди, кои нудат поголема заштита и безбедност, што значи многу тешко се пробива фреквенцијата и не може да биде прислушувана. Уредот има и систем за позиционирање, односно џи-пи-ес, па така кога целосно ќе почне да функционира, во центарот за командување што пред извесно време беше промовиран, во секој момент ќе се гледа кое возило каде е. Тоа е многу важно, во даден момент при интервенција колегите што се најблиску да бидат насочени на местото на настанот - објаснува инспекторот Грујоски.

Од возачки аспект, позицијата на возачот и совозачот е висока и има добра прегледност на патот, што е корисно. Бидејќи станува збор за возило што спаѓа во категоријата „СУВ“, јетито е со високо подвозје, робусно, што е погодно не само за офроуд-возење туку и за маневрирање во урбаните средини, ако се земе предвид дека имаме релативно високи тротоари, а при интервенција треба да се влезе секаде.
Грујоски за овие карактеристики на шега вели: „Сега за сега ги чуваме и не ги качуваме на тротоари. Од друга страна, има доволно простор и имаат голем багажник, што е многу важно, бидејќи со себе носиме опрема што мора да ја собере. И ’крајслерите’ имаа добар и голем багажник, но беа подолги. Овие се пократки и движењето со нив низ градските улици е поедноставно, особено кога има метежи“.

ОДЛИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ

По неколку круга низ скопските улици и булевари, излеговме на обиколницата, а потоа и на автопатот Скопје - Куманово, за да ја провериме брзината. Навремената интервенција е битен сегмент од полициската работа. Обично за дизелите е познато дека побавно стартуваат и забрзуваат. Но сто и седумдесетте коњски сили на турбодизелот реагираат брзо при газењето на педалот за гас. За миг телата ни се залепија за потпирачот на задната клупа, додека со вклучени сирени и ротациски светла двајцата инспектори ни демонстрираа чистење на коловозната лента на автопатот. Стрелката на брзинометарот покажуваше 200 километри на час, а она што ни остави впечаток беше стабилноста на возилото при таква брзина. Нема тресење, занесување настрана, можеби мала бучност, од гасењето на тркалата на асфалтот.
На звукот на сирената и вклучените ротациски светла, другите возила правеа пат, единствено едно не беше сигурно што да прави во моментот, па малку нѐ забави.

- Ова се случува, особено кога се во прашање тазе возачи. На тестови точно знаат што треба да направат во таква ситуација, но кога ќе се најдат во реална ситуација ги фаќа паника - кажуваат инспекторите.
Полициската „шкода јети“ е со погон на сите четири тркала и има шестстепен менувач. Потрошувачката е околу седум литри дизел во градско возење и околу пет литри на автопатот. Комбинирано околу шест литри, за разлика од 17 литри бензин, колку што голташе моторот на нивниот претходник. Шестата брзина придонесува на економичноста, вели Грујоски, бидејќи тогаш целосно се искористува силата на моторот и практично не троши гориво.

...

Од европските полиции, покрај македонската, овие возила се дел од возниот парк на прашката и на лондонската полиција.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11913840357&id=12&prilog=0&setIzdanie=22783 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11913840357&id=12&prilog=0&setIzdanie=22783



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: tonikostov
Date Posted: 21-Jan-2013 at 08:50
Несреќно е избрана првата реченица: „Новина во овој автомобил е системот за комуникација - радиостаницата.“ Се добива впечаток дека дека радиостаниците се дел од возилото. Сепак, тие беа дел од друг тендер.

Во врска со шестата брзина - не е баш дека „практично не троши гориво“


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Apr-2013 at 12:27
МВР објави тендер за набавка на нови 100 моторни возила
Сабота, 27 Април 2013 13:02

Министерството за внатрешни работи во четвртокот објави јавен повик за прибирање понуди за набавка на нови сто моторни возила во полициска изведба.


Предвидено е тендерот да трае 40 дена, односно отворањето на понудите кои ќе пристигнат во наведениот рок е закажано за 5 јуни годинава.

Како и во претходниот тендер при набавка на полициските возила, соопшти денеска МВР, повторно единствен услов е цената на која отпаѓаат сите бодови, односно јавната набавка ќе му припадне на оној понудувач кој што ќе конкурира со најниска цена на електронската аукција која што ќе биде дополнително закажана.

Право да учествуваат на електронското наддавање ќе имаат сите понудувачи кои ги исполнуваат претходно предвидените услови за учество на тендерот. Плаќањето е предвидено да биде на 36 месечени рати во текот на важноста на договорот, при услови со 0 проценти учество при купување на возилата. Првата рата на исплата на возилата ќе биде   во рок од 30 дена од целосната испорака на возилата. Се бара рокот на испорака да биде не подолг од 90 дена од склучување на договорот, со место на испорака во Скопје во објект на МВР.

Исто така, дел од условите, согласно спецификацијата, се посочува во соопштението, е и тригодишна бесплатна „шлеп“ служба во случај на дефект на возилата, на територијата на Република Македонија, како и бесплатна техничка проверка на исправноста на возилата на секои 6 месеци, во овластен сервис на економскиот оператор. Покрај ова трошоците за одржување, за сервисирање и потрошен материјал, замена на масло и филтер за масло на секои 10.000 километри, замена на филтер за воздух, филтер за гориво и други потребни филтри согласно упаствата од производителот, четири зимски/летни - во зависност од тоа со какви пневматици ќе биде испорачано возилото - пневматици индекс Н, едно дополнување на клима уредот со средство за ладење, за времетраење на договорот (36 месеци), се на товар на економските оператори – понудувачи.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/113751-MVR-objavi-tender-za-nabavka-na-novi-100-motorni-vozila - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/113751-MVR-objavi-tender-za-nabavka-na-novi-100-motorni-vozila


Posted By: Тркало
Date Posted: 11-May-2013 at 13:51
Крајслерите и натаму се во стандардна употреба, малку прошарани со по некое Јети, ама пак се најмногу на број.


Во СВР Охрид стигнаа 11 Шкода Јети, 5 за Охридскиот дел, во Струга 3, Кичево 2 и Дебар едно, па тешко дека ќе бидат реална замена, мислам на бројноста.Само во објектот на Езерска полиција кај Б. Извори се базирани неколку (4-6) Крајслери.
А се возат и 2-3 Голф 3, едно Поло, Крајслер Војаџер, ЛР Дефендери, Џип Гранд Чироки, запленети ВВ Јета и Ауди 80.До пред некое време се гледаше низ град и еден Голф 2 и Мерцедес 190Д од одамнешни набавки.

За новите 100 возила, дали е вистинад дека барале нешто со 850-1000 кубици зафатнина?Некако е чудно


Posted By: stratus
Date Posted: 11-May-2013 at 17:14
Не случајно ќе има уште една набавка од 100 дополнителни возила. Со нив се очекува 100% замена на стариот возен парк. Добив информација дека новите 100 возила ќе бидат помали (класа на Шкода Фабиа)


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-May-2013 at 22:12
Од Кичево вративме 3 крајслери,и ни дадоа исто така 3 Шкоди,а остана плус еден Крајслер


Posted By: Acika
Date Posted: 15-May-2013 at 23:32
Originally posted by stratus

Не случајно ќе има уште една набавка од 100 дополнителни возила. Со нив се очекува 100% замена на стариот возен парк. Добив информација дека новите 100 возила ќе бидат помали (класа на Шкода Фабиа)


pa kako sho e tenderot po se izgleda deka e za polo


Posted By: gjoko
Date Posted: 15-May-2013 at 23:55
моторот требаше да околу 1000 см3,па така доаѓаат предвид само мали возила.вероватно овие ќе бидат замена за југовците и стоедените(кои ние во кичеви си ги имаме сеуште)


Posted By: Acika
Date Posted: 16-May-2013 at 00:20
мин. 3 клипа бензинци 1.2цц


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 18-May-2013 at 17:27
МВР ќе набави возила за растерување на толпа при поголеми нереди

Министерството за внатрешни работи ќе набави две специјални возила „цистерни“ кои ќе се користат во случаи на нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем



Јавниот повик, како што денеска информира МВР, е објавен на 16 овој месец.
Специјалните возила ќе содржат резервоари за вода од некородирачки материјал со цел да се овозможи транспорт на вода за пиење, резервоари за течна ЦС материја (солзавец), боја и пена. Цистерните ќе имаат систем за самозаштита од долната страна на секое тркало, како и систем за заштита на возилото од луѓе.
Возилата содржат еден или два топа чие управување е автоматско со покривање на целиот радиус околу возилото, со вградена заштитна камера во спрега со водениот топ и заштитна камера од задната страна на возилото.
Возилата ќе се плаќаат на 36 рати.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=18582 - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=18582


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 18-May-2013 at 17:31
Бидејќи солзавецот на последниот инцидент се покажа како не ефективно решение,сега ќе си го купат the next best thing, кое е верувам ќе ја врши работата ако затреба.


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 18-May-2013 at 17:34
Јас сепак би се гордеел со полицијата кога би знаеле барем нешто слично како ова:

[tube]sbFSVh1mmiw[/tube]

видеото е многу јако


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-May-2013 at 19:33
ова возило мора се купи бидејќи досега за вакви работи МВР се ослонува на противпожарните единици,а тие пак со незадоволство прифаќаат и само да излезат на вакви настани,луѓето едноставно несаат да бидат вклучени во решавање на насилства,туку да си го работат она за што се платени-да гасат пожари


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-May-2013 at 20:13
Нека купуваат 5 оти како мизерува народов многу брзо ќе им требаат!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Dexter26
Date Posted: 18-May-2013 at 20:30
Previous
 
Или не си Македонец, или предолго време не си бил во Македонија.
 
Во спротивно, би знаел дека во Македонија важи правилото:
 
Се додека има овци за стрижење, ќе има волна за продавање.


Posted By: fichot
Date Posted: 18-May-2013 at 20:36
Originally posted by Dexter26

Previous  Или не си Македонец, или предолго време не си бил во Македонија.  Во спротивно, би знаел дека во Македонија важи правилото:  Се додека има овци за стрижење, ќе има волна за продавање.



+1. Мислам децении ќе поминат пред народецов да созрее за некаков масовен протест налик на оние во било која држава „со стаж“.


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 18-May-2013 at 21:08
Бидејќи многу од протестите во Скопје најверојатно имаа и своја логистика во позадина, полицијата би требало да ги има сите потребни средства на располагање, посебно кога постојано постои можноста за меѓуетнички конфликти кои почнуваат најчесто од вакви работи (Динамо - Звезда и распадот на Југославија на пр. и многу други)
Јас би рекол малку е и ова, кога секој би знаел дека полицијата е толку спремна во секое време да едноставно не е возможна било каква ескалација на било каков вид протести,би се чувствувал посигурно знаејќи дека таква карта нема да има веќе никој во ракавот.


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-May-2013 at 21:27
Кога го прашаа фрчко зошто го тепа својот народ овој одговори-па кој народ да тепам?да увезиме друг народ за тепање/,нормално својот народ се тепа


Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Jun-2013 at 23:01
ФОТО: Полицијата купува нови возила - еве како ќе изгледаат
Македонија
5. јуни 2013 - 23:05





Четири компании се пријавија на последниот тендер на МВР за набавка на 100 нови возила наменети за секторите за внатрешни работи низ државата. Битка ќе се води помеѓу цитроен, пежо, шкода и шевролет. Дали изборот ќе падне на ц1x на , 107та, сити го или пак на спаркот би требало да се знае до крајот на месецот. Комисјата за јавни набавки ги отвори понудите, а кој ќе продолжи на електронскот ојавно надавање ќе зависи од тоа дали ги испол ни побараните улови.

- Како што МВР веќе претходно информираше единствен услов е цената на која отпаѓаат сите бодови, односно јавната набавка ќе му припадне на оној понудувач кој што ќе конкурира со најниска цена на електронската аукција, вели Иво Котевски помошник министер за внатрешни работи.

Од додега доставените понуди најниоската понудена сума е 47 милиони денари, за сите сто возила вклучувајки ги резервните гуми, полициската изведба на возилото, сервисот и сите останати побаравања во тенедерот, нависоката е 65 милиони 800 илјади денари.

Новите автомобили треба да бидат испорачани накјдоцна 90 дена по склучување на договорот, а истите ќе се отплаќаат на 36 рати.

На почетокот на годината МВР ги доби 150те возила шкода јети, кои беа избрани на минатогодишниот тендер, распишан за замена на на старите крајслери. Со дополнителните 100 кои би требало да бидат во функија од септември целосно ќе биде обновен возниот парк на МВР. Полицјата веќе објави оглас за набавка и на две специјални возиал цистерни кои ќе се користат при нарушувања на јавниот ред и мир.


http://maxim.mk/foto-policijata-kupuva-novi-vozila-eve-kako-kje-izgledaat - http://maxim.mk/foto-policijata-kupuva-novi-vozila-eve-kako-kje-izgledaat


На линкот има и фотографии од сите можни кандидати. 

Мене фаворити ми се : Шкодата поради квалитетот и едноставното одржување, а шевролетот поради дизајнот и атрактивниот изглед. 



Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jun-2013 at 20:54
„Шевролет спарк“ е новиот автомобил на полицијата
     
17.06.2013 | 16:11
Извор: Нетпрес

Од четири понудени возила, Министерството за внатрешни работи ја одбра понудата на „Авто Македонија“ со автомобилот „Шевролет спарк“ по цена од 45.350.800 денари за сто возила.
Компанијата ја симна првичната понуда од 47 милиони денари на конечната од 45.350.800 денари.

Покрај „Авто Македонија“ на аукцијата учествуваа и “Автонова“ со возило “Цитроен Ц1Х“, “Еуроимпекс“ со “Пежо 107“ и “Порше Македонија“ со “Шкода Сити Гоу“.

Како што МВР веќе претходно информираше единствен услов беше најниската понудена цена, односно плаќањето е предвидено да биде на 36 месечни рати во текот на важноста на договорот, при услови со 0% учество при купување на возилата.

Понудената цена не се однесува само на автомобилот туку и на сите останати елементи кои МВР ги предвиде со тендерот, како, четири резервни гуми, полициска изведба со звучна и светлосна сигнализација и гарантен период односно сервис во рок од три години додека трае договорот за исплата на возилата.

Првата рата на исплата на возилата ќе биде во рок од 30 дена од целосната испорака на возилата. Се бара рокот на испорака да биде не подолг од 90 дена од склучување на договорот, со место на испорака во Скопје во објект на МВР.
http://tocka.com.mk/1/97942/sevrolet-spark-e-noviot-avtomobil-na-policijata - http://tocka.com.mk/1/97942/sevrolet-spark-e-noviot-avtomobil-na-policijata


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Jun-2013 at 00:00
зашто точно ќе се користат возилава? затоа што не ми изгледаат баш најпрактично...

инаку, неповрзно со било какви битни работи, мислам дека би било добро малку да се смени дизајнот на возилата (без промена на боите и ознаките нормално)


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 18-Jun-2013 at 00:47
Баш ме интересира што машини имаат и какви перформанси би ваделе.


Posted By: alexsend
Date Posted: 18-Jun-2013 at 16:28
За 7.600 евра по возило....перформанси.... 1200 кубика 60 коња макс, 0-100 17 секунди и максимална од 150

Претпоставувам ќе ги користат за внатрешноста на земјава, села и сл.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Sep-2013 at 23:04
ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Полициските „Шевролети“ подготвени


Новите 100 возила на Министерството за внатрешни работи, „Шевролет спарк“ веќе пристигнуваат. Дел од новите возила со полициска изведба во моментов се наоѓаат на технички преглед.

На електронската аукција која се одржа на 17-јуни годинава за најповолен понудувач беше избрана „Авто Македонија“, која ја симна првичната понуда за еден милион и конечната цена беше 45.350.800 денари.

Околу еден месец по електронската ауција, МВР соопшти дека го потпишала договорот со компанијата за набавка на новите 100 полициски возила.

Возилата согласно тендерските услови, мора да имаат четири резервни гуми, сингален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот.

Со склучувањето на договорот, започна да тече рокот за испорака на возилата, кој не треба да е подолг од 90 дена од стапување на сила на договорот. Ова значи дека полицијата новите автомобили треба да ги добие во текот на идниот месец.

Возилата согласно тендерските услови, мора да имаат четири резервни гуми, сингален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот.

ФОТО И ТЕКСТ: К У Р И Р
http://www.brzkrug.com/2011-03-31-21-30-49/mk-avonews/12725-2013-09-18-19-06-21 - http://www.brzkrug.com/2011-03-31-21-30-49/mk-avonews/12725-2013-09-18-19-06-21


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Sep-2013 at 15:38
Присигнаа новите полициски „Спаркови”

МВР денеска ќе ги промовира новите 100 полициски возила „Шевролет спарк“ од добавувачот „Авто Македонија“. Погледнете како се наредија новите автомобили пред МВР.





http://zase.mk/foto-prisignaa-novite-politsiski-sparkovi/ - http://zase.mk/foto-prisignaa-novite-politsiski-sparkovi/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 02-Jul-2014 at 00:19

http://kurir.mk/makedonija/vesti/163628-VIDEO-Novite-vozila-na-MVR - ВИДЕО: Новите возила на МВР

Вторник, 01 Јули 2014 17:02

Македонската полиција го обнови својот возен парк со нови водени топови.

vodeni-500

Истите служат за справување со нарушен ред и мир. Возилата користат водени топови кои можат да испуштаат вода или боја.

МВР пред една година распиша тендер за оваа набавка, а во меѓувреме беа завршени обуките за лицата кои ќе ги користат.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/163628-VIDEO-Novite-vozila-na-MVR - http://kurir.mk/makedonija/vesti/163628-VIDEO-Novite-vozila-na-MVR


Има и видео на линкот.



Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Jul-2014 at 23:56
Денес генерална проба на водените топови.

[tube]hCUxDyQG-v4[/tube]


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Feb-2017 at 21:02
Германија донира четири „дачии“ за граничната полиција на Македонија



http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133556489/1?month=2&year=2017&day=6&desc=0 - http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133556489/1?month=2&year=2017&day=6&desc=0

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window