Print Page | Close Window

Електрични возила

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1684
Printed Date: 29-Mar-2024 at 01:44


Topic: Електрични возила
Posted By: Falcon
Subject: Електрични возила
Date Posted: 18-Jun-2012 at 04:58
Ова не е толку нова област, но не сум забележал дека е разработена на форумов. Ќе ви ја кажам состојбата во Канада. Моментално на пазарот се нудат овие возила:
1. Nissan Leaf http://www.nissan.ca/LEAF/ - http://www.nissan.ca/LEAF/
2. Chevrolet Volt http://www.chevrolet.com/volt-electric-car/ - http://www.chevrolet.com/volt-electric-car/
3. Ford Focus Electric http://www.ford.com/electric/focuselectric/2012/ - http://www.ford.com/electric/focuselectric/2012/
4. Mitsubishi iMiEV http://www.mitsubishi-motors.ca/en/i-miev/ - http://www.mitsubishi-motors.ca/en/i-miev/

Предностите ви се добро познати: занемарлива потрошувачка, нула издувни гасови, бешумност во работата и др.

Трошокот за полнење на батериите на овие возила е еквивалентно на 2-3л/100км потрошувачка на бензин. Автономијата е 100-150км меѓу две полнења. Едно полнење трае од 7 часа на обичен електричен приклучок до половина час на специјализиран ДЦ приклучок.

Стратегијата во провинцијата кај што живеам, Онтарио, Канада, е 5% од автомобилите да бидат електрични до 2020 година. На тоа се работи преку субвенции за првите 10.000 купувачи до C$8500 за цената да стане што е можно подостапна за обичните купувачи. Исто така се гради инфраструктура за полнење во близина на поголемите автопати, со цел да се зголеми автономијата и овие возила да се користат и надвор од градот.

Што мислите која е иднината на електричните возила? Дали може еден ден да доминираат на патиштата?



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jun-2012 at 08:53


Не сум љубител на конспиративни теории, но во случајов сум апсолутно убеден дека нафтеното светско лоби е единствената објективна пречка овие возила да не доминираат на патиштата веќе денеска.

Од ова што го наведуваш, единствен проблем е автономијата но верувам дека кога овие возила би отишле 'mainstream' и би се нормализирала цената, кога производителите би биле далеку помотивирани на тој начин да вложуваат во R&D а не да ги третираат овие возила како експериментални, работите многу побрзо би дошле на место.




Posted By: Dexter26
Date Posted: 18-Jun-2012 at 10:26
Previous
 
Електричните возила ќе доминираат на патиштата оној момент кога нивните батерии ќе бидат што е можно полесни, што е можно побезопасни од гледна точка на можност за експлозија и од гледна точка на можност за труење со било какви метали, и кога ќе почнат сами да се полнат преку соларна енергија или било каков друг бесплатен и обновлив извор на соларна енергија.
 
А кога сме кај теориите на заговор, pbanks, повеќе држи водата дека алкохолните горива се жртва на светското нафтено лоби отколку електричните возила.
 
Додека во САД, 44-от и актуелен претседател Барак Обама, го промовира Шевролет Волтот, неговиот претходник, 43-от претседател Џорџ Буш даваше субвенции за производство на хидрогенско гориво, во Јужна Америка, нафтата во главно се извезува, не поради моќта на светското нафтено лоби, туку бидејќи на латиноамериканците воопшто не им се потребни фосилните горива, тие користат алкохолни горива добиени врз база на етил алкохол и други алкохолни екстракти, од наједноставна причина бидејќи Јужна Америка е богата со шеќерна трска од која се добиваат алкохолни екстракти, поради што ем поевтино, ем поеколошки и поздраво, ем поквалитетно им е на латиноамериканците да користат алкохолни горива отколку фосилни горива.
 
А производството на алкохолни горива и не е баш некоја филозофија, можеме и кај нас во Македонија да ги произведуваме, моторите на некои автомобили како старото Сузуки Марути, доаѓаат однапред подготвени за да работат и на нафтен погон и на алкохолен погон, но ОКТА не се занимава со производство на чисти фосилни горива, а уште помалку би се заинтересирала за производство на еколошки алкохолни горива, поради што со години се врши еколошки геноцид во Миладиновци, Бујковци и останатите околни села на ОКТА, која пред се, ги негува своите интереси за профит, а еколошките горива како алкохолните, се во целост спротивни на интересите на ОКТА за профит.
 
Така е кај нас во Македонија, а во САД очигледно нема ама баш никаков интерес за преминување од фосилни горива кон алкохолни горива и во вакви околности, повеќе држи вода теоријата дека светското нафтено лоби се бори против еколошките алкохолни горива отколку против електричните и хибридните автомобили.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jun-2012 at 10:50


Јас мислам дека светското нафтено лоби се бори против било која алтернатива. Едноставно, тоа е огромен бизнис, најголемите светски фирми се токму нафтени и тие не сакаат да се откажат од својот енергетски монопол кој е загарантиран сигурно за следниве 40-50 години.


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Jun-2012 at 11:03
добрите познавачи на нафтените состојби во светот тврдат дека не само 21век туку и најмалку 22 век ќе биде век на нафта и деровати на нафта.муабетите за исцрпување на нафтата за 20-30 години немаат смисла,ако се знае дека секојдневно се наоѓаат наоѓалишта со големи количини на нафта,на пример кај Бразил се пронајдени наоѓалишта слични на тие од Саудиска Арабаија.треба само време и пари да се експлоатираат.

иначе хит во светот а и кај нас(во народот) се таканаречените `водородни` ќелии каде се става дестилирана вода во сад,и во нејзе се ставаат електроди кои преку реле земаат струја од алтернаторот и преку процес на електролиза се добива смеса од идеална комбинација водорот-кислород,која преку обично црево се носи во усисна грана каде се троши заедно со бензинот.

поентата е дел од бензинот да се замени со водоророт,па така заштедата може да биде 40% па се до америчките модели до 80-90% каде се додаваат 2 или 3 алтернатори за добивање на дополнителна струја.

во светот официјално овој принцип никој не го официјализира,нормално штитејќи го нафтеното лоби ,и бранејќи го полнењето на буџетот од таксите од горивата.

во Кичево веќе се возат неколку вакви возила кои лично го знам,и луѓето се задоволни.

опасноста од пожар или експлозија се сведени на минимум,бидејќи во секој момент количината на смеса што се произведува,клиповите ја усисуваат во моторот.во ќелијата неможе да остане вишок на смеса

http://www.youtube.com/watch?v=Q0--U4sWdnc&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=Q0--U4sWdnc&feature=related


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jun-2012 at 11:15
Originally posted by gjoko



во светот официјално овој принцип никој не го официјализира,нормално штитејќи го нафтеното лоби ,и бранејќи го полнењето на буџетот од таксите од горивата.

http://www.youtube.com/watch?v=Q0--U4sWdnc&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=Q0--U4sWdnc&feature=related


Овој дел не го споменав но е интегрален дел од тоа нафтено лоби. Таксите од горива се мелем за напумпаните бирократии ширум светот.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 25-Jun-2012 at 09:20
Јас сум особено заинтересиран зошто во Македонија сеуште никому не му текнува дека треба да се вложи барем малку во создавање на потребната инфраструктура за електричните возила, како и пробно да се набават вакви возила, барем од страна на Машинскиот факултет или некои слични научни институции кои ќе ја покренат свеста кај граѓаните.


Posted By: stratus
Date Posted: 25-Jun-2012 at 13:03
Моментално покрај се друго во државата мислам дека е најмалку потребно да се занимаваме со електрични возила. Електричните возила сеуште на глобално ниво се во развој и моментално има само еден сериски модел Nissan Leaf. Под инфраструктура за електрично возило се смета приклучоци за 24V на бензиските, но најчесто сопствениците на ваквите возила ги напојуваат дома (преку ноќ). Моментално има во развој (од Renault) систем на заменливи батерии на одредени пунктови. Се на се електричните возила се уште не се доволно развиени, најчесто поради малиот век на траење и високата цена на батеријата која достигнува и до половина од вредноста на автомобилот. За нивното користење се разговара во најразвиените држави, а не кај нас. Во последните години за нивно купување има одредени субвенции, ослободување или намален данок, но само ви Калифорнија и неколку скандинавски држави. Ќе треба најмалку една деценија со оглед на политичките случувања и техничкиот развој на овие возила за да може да се разговара за нивна масовност.
Но што може кај нас да се направи? Исклучиво само да се размислува за воведување на некакво електрифицирање на јавниот транспорт (трамваи, хибридни или електрични автобуси, хибридни такси возила...), во најмала рака намален данок или ослободување за купување на хибридно или електрично возило. Но сепак за тоа е сеуште прерано. За споредба Во македонија е задолжителна еуро1 нормата за издувни гасови која е вовдена 1990 во Германија каде од 2014 ќе биде задолжителна еуро6 нормата. Има премногу проблеми во сообраќајот, видот на транспортни средства во МК но нив не ги гледам во немањето на никаков закон во врска со електричните возила.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jun-2012 at 13:16
И јас мислам дека во услови кога јавниот превоз (и голем дел од железничкиот) не е електрифициран, далеку сме од приватни возила на струја. Сепак би било супер кога следната нарачка за ЈСП Скопје (и доколку се формира некое друго ЈСП во друг град во Македонија), да се избере хибрид, колку сака бил поскап (докажавме дека парите не се проблем). Сепак, морам да признам дека Nissan Leaf ми е фасцинантен.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: nenad
Date Posted: 25-Jun-2012 at 15:04
Се уште е рано за електрични возила. На прв поглед убаво делува, но пречките за сериска употреба на ел. возила се големи, па дури и не прескокливи. 1. батериите се скапи, тешки, недоверливи (се случија повеќе случаи на пожари предизвикани од дефект на нив)
2. Заради тоа нема голем радиус на самостојно движење, така да ел. возила доаѓаат во предвид само во градовите
3. големи средства се потреби за изградба на инфраструктура (сервиси, места за полнење на батериите... и сл)
4. скапи автомобили (за 10000 до 15000 долари е поскапа иста класа на автомобили кога би имала ел погон. но се разбира оваа разлика би се намалувала кога би тргнало масовното производство. за почеток неопходни се субвенции, а во сегашниве услови тоа оди тешко
5. прашање е кога целиот транспорт би се префрлил на струја, како таа би се произведувала? Треба да се изградат нови централи
6. и на крај, државите обезбедуваат голем дел од своите буџети со оданочување на бензинот и нафтата. таа шема треба допрва да се разработи за струјата која би се користела за тоа (а да не се даночи на пример - или со помала стапка струјата која се користи за нормален живот). но се разбира ова не е некој голем проблем, работата економистите

интересен експеримент се одвива во германија, сакаат камионскиот превоз да го префрлат на струја, нешто како тролебус.

на ова ниво на кое е македонија, само треба да се прати проблематиката во светот, без некои експериментирање и фрлање пари во оваа област


Posted By: blejdsk
Date Posted: 26-Jun-2012 at 09:25
Уште пред 4-5 години читав дека се на прагот да измислат Јапонците батерии кои со едно полнење ќе траат 6 месеци до 1 години, Во моментов сигурен сум дека постојат нови технологии кои можеби и ги надминуваат овие стандарди. НО како што убаво си кажа Пбанкс интересот на нафтените компании ги маргинализира новите технологии со цел контрола на стандардот на живеење и напредокот на човештвото за свои интереси и профит. Значи постојат технологии и решенија фантастични само се чуваат во фиока нажалост.

-------------





Posted By: nenad
Date Posted: 26-Jun-2012 at 11:54
Ова е веќе теорија на завера, и гледање многу Холивудски филмови. Не може таква тајна да се сокрие. А за нафтните компании, тие веќе почнаа со дизерфикација на своите активности. Само еден пример БП е во врвот на истражувањата поврзани со користењето на хидроген станиците....


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jun-2012 at 14:06
Originally posted by nenad

Ова е веќе теорија на завера, и гледање многу Холивудски филмови. Не може таква тајна да се сокрие. А за нафтните компании, тие веќе почнаа со дизерфикација на своите активности. Само еден пример БП е во врвот на истражувањата поврзани со користењето на хидроген станиците....


Точно е дека е теорија на завера но...

Не се работи за тоа дека се крие некаква тајна. Според мое мислење, нафтената индустрија е доволно моќна да го стимулира одржувањето на својата незаменлива позиција во светската економија која и гарантира уште долгогодишни сигурни (и огромни) приходи.

Од друга страна, како што и сам кажа, за да електричните возила преминат во „mainstream“ потребна најпрвин изградба на огромна инфраструктура за нивна подршка, потребно е масовно производство (и масовна прифатеност од потрошувачите) за да цената стане разумна. Потребно е и цената и удобството на експлоатација да станат разумни.

Сето тоа е ОГРОМЕН зафат за цела таа индустрија, и според мене е разумно во ситуација кога тој бизнис е прилично затворен (не се работи за тип на индустрија каде некој Калифорниски стартап може со пар милиони почетен капитал да го „промени светот“, туку точно се знае кои се играчите) некој свесно да ја избегнува цела таа турбуленција.

Приказни како истражувањата на БП во врска со користење на хидроген станиците, ако се земат во предвид нивните буџети најчесто се сведува на добар ПР.

Слично како што слушаме дека се нема пари за вселенски истражувања и човечка мисија на Марс се подбутнува понатаму секоја деценија во ситуација кога само војната во Ирак чинеше колку 5 мисии на марс уште во 2010.

Значи не се трудам да протурам некоја теорија на заговор ниту пак ова што го говорам се цитати од некои „заговарачи“, туку  е некој барем за мене  логичен осврт на оваа тема. Бидејќи ако се земе во предвид технолошкиот подем во последните 50на години кој е незапирлив и живееме опкружени со електронски направи кои пред само 20на години ги гледавме во научно фантастични филмови навистина ми е чудно еден концепт како електрична кола (кој изгледа толку базично во споредба со сето она што е измислено и пласирано на пазарот) да каска.

____

Вон теоријата на заговор, се постави едно интересно прашање поназад во нишкава. Од каде би се произведувала енергијата потребна за напојување доколку ете сите би се конвертирале на електрични возила? Светот е постојано во дилема околу нуклеарната технологија, еве инцидентот во Фукушима повторно предизвика еден бран против.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 26-Jun-2012 at 14:11
Тие што имаат мнооогу пари и те како можат да ги контролираат работите , а ако мислиш дека заверата е само "теорија" Тоа е твое гледиште и не ти се мешам. Ако веруваш дека Политичарите ти мислат добро , или дека здраствениот систем сака ги лечи лугето мислам дека живееш во илузија.

-------------





Posted By: nenad
Date Posted: 26-Jun-2012 at 15:59
Секој има свое гледиште на работите во светот, така да нема сврха да се убедуваме овде. МОјата поента е дека се уште не е време за масовна употреба на автомобили на ел. погон. Нафтените компании имаат огромно влијание, но не можат на пример да ја наметнат својата волја на една Германија која сака да стане енергетски независна! Или на Јапонија!
Едноставно, се уште не е време за ел автомобили. Додека не се потроши целата нафта на земјата, со еден важен предуслов да е ДОВОЛНО ЕФТИНА, таа ќе се користи до крај


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jun-2012 at 20:52
Originally posted by nenad

Секој има свое гледиште на работите во светот, така да нема сврха да се убедуваме овде. МОјата поента е дека се уште не е време за масовна употреба на автомобили на ел. погон. Нафтените компании имаат огромно влијание, но не можат на пример да ја наметнат својата волја на една Германија која сака да стане енергетски независна! Или на Јапонија!
Едноставно, се уште не е време за ел автомобили. Додека не се потроши целата нафта на земјата, со еден важен предуслов да е ДОВОЛНО ЕФТИНА, таа ќе се користи до крај


Судејќи според болдираното, мислам дека зборуваме за истата работа...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jun-2012 at 21:18
Електричните автомобили веќе се исфрлаат од сликата на иднината, барем според неколку експерти. Сега се преориентираме кон возила со погон на водород - а најдобар пример е Honda FCX Clarity. И BMW разработува hydrogen fuel cell мотори. А со возилата на струја, загадувањето ќе продолжи да постои како огромен проблем, бидејќи најчесто струјата доаѓа централи кои работат на јаглен или гас. А ова, ова дава наместо CO2, H2O!

[tube]N675mHss_uQ[/tube]

[tube]gXnnlQGcOXI[/tube]

[tube]4AUurBnLbJw[/tube]

Top Gear вика: The most important car since the car was invented!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jun-2012 at 00:09
Originally posted by гитардемон

Сега се преориентираме кон возила со погон на водород - а најдобар пример е Honda FCX Clarity. И BMW разработува hydrogen fuel cell мотори. А со возилата на струја, загадувањето ќе продолжи да постои како огромен проблем, бидејќи најчесто струјата доаѓа централи кои работат на јаглен или гас. А ова, ова дава наместо CO2, H2O!

Арно ама водородот од каде ќе дојде? И тој треба некако да се произведе, за што постојат различни начини, но процесите кои овозможуваат одржливо производство на значителни количини се разбира изискуваат енергија, која пак мора да дојде од некаде, како на пример електрична енергија за електролиза на вода... и ете пак сме на почеток  Smile


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Jul-2013 at 14:05
Многу ми е преамбициозна замислава на советниците

_______________________

Туристите со електромобили ќе шетаат низ „Скопје 2014“

Нова идеја во рамки на проектот „Скопје 2014“, која беше презентирана вчера во Советот на Град Скопје, а гласи дека ќе се купат десет електромобили.

Граѓаните, но и туристите ќе се возат во познатите „колички“ и ќе можат да ги разгледуваат спомениците и новите градби во центарот на главниот град.

http://www.plusinfo.mk/vest/98343/Turistite-so-elektromobili-kje-shetaat-niz-Skopje-2014 - http://www.plusinfo.mk/vest/98343/Turistite-so-elektromobili-kje-shetaat-niz-Skopje-2014

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Jul-2014 at 14:34
На плоштадот „Македонија“ се возеа електрични автомобили
Од денес скопјани ќе може да ги користат новите електромобили и електровелосипеди. Цената на билетот за електромобилите изнесува 50 денари од лице, за една тура за разгледување, која во просек ќе трае 20 минути. Цената за изнајмување електровелосипед е 100 денари, за еден час, а ќе можат да ги возат само лица постари од 22 години.
Изнајмувањето и враќањето на електровелосипедите, пак, ќе биде исклучиво на плоштадот „Македонија" од 10 до 19 часот.


На линкот има слики

http://www.mkd.mk/galerii/na-ploshtadot-makedonija-se-vozea-elektrichni-avtomobili#1 - http://www.mkd.mk/galerii/na-ploshtadot-makedonija-se-vozea-elektrichni-avtomobili#1

Добро е автомобилите не се обични електрични автомобили туку се отворени. На велосипедите ептен им се радувам.
Но организациски и двете инвестиции се ДНО. Автомобилот вози по една рута , скоро истата што ја вртат и коњите (ако уште функционираат) слично е и со туристичките автобуси. Според мене автомобилите треба да понудат повеќе можности а туристите да си изберат каде ќе се возат, а не да ги вртат по тури што и онака пешки се поминуваат.
Уште поголем гаф е изнјмувањето на велосипедите, ај што изнајмувањето е мануелно (тоа можем да го разберам) неможам да разберам зошто МОРА после еден саат да се враќат. Според мене треба да има ценовник 1 саат 100 денари 2 саати 180 три саати 250 и 4 саати 300 денари и плус да има цена за целодневно изнајмување еве 400 денари нека биде.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Jul-2014 at 14:43
Е сега ајде за спорт голф. Сепак, некако симпатични


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Jul-2014 at 14:54
Originally posted by my Macedonia

Е сега ајде за спорт голф. Сепак, некако симпатични


Со оглед на намената супер се. Кога се најавуваа сликите што се постираа копи пасте по медиумите најчесто беа од некој сериски електрични автомобили како Тојота Јарис на пример. Тогаш си помислив дека инвестицијата е скроз на скроз утната и дека на крај автомобилите ќе завршат во градската администрација.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jul-2014 at 15:10
Неколку од фотките:















mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: vedran1982
Date Posted: 09-Jul-2014 at 18:22
Ова со електричниве возила ми е како човек кој живее у трошна куќа, нема канализација и питка вода, нема патос и кровот му тече, а купил најнов телевизор од 60 инча и најскап сараунд.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 09-Jul-2014 at 18:31
Originally posted by vedran1982

Ова со електричниве возила ми е како човек кој живее у трошна куќа, нема канализација и питка вода, нема патос и кровот му тече, а купил најнов телевизор од 60 инча и најскап сараунд.


Да знаеш колку такви има меѓу Ромите. Направилe импровизирано куќарка од две трошни буриња, ама на секое такво здание на врвот имаше "чинија".

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Jul-2014 at 20:06
значи ги испробаа сите транспортни средства за тури, освен брод и авион... а тоа што воопшто не е промислено туристичкото мапирање на градов, видот на турите и патеките по кои се оди и што има недостаток на информации и квалитетно водење, тоа не е битно...
ќе завршат „елекромобиливе“ (ова изгледа им е втор омилен израз после „метропола“, затоа што се работи за најобични колички за голф) исто како што завршија двокатните автобуси, вовчето, пајтоните, трициклите и не знам уште што, заборавено и преќутено...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 10-Jul-2014 at 21:29
Originally posted by zabegan

значи ги испробаа сите транспортни средства за тури, освен брод и авион... а тоа што воопшто не е промислено туристичкото мапирање на градов, видот на турите и патеките по кои се оди и што има недостаток на информации и квалитетно водење, тоа не е битно...
ќе завршат „елекромобиливе“ (ова изгледа им е втор омилен израз после „метропола“, затоа што се работи за најобични колички за голф) исто како што завршија двокатните автобуси, вовчето, пајтоните, трициклите и не знам уште што, заборавено и преќутено...

 
Токму тоа и јас сакав да го спомнам.
 
Ова не се никакви електромобили, како што милуваат нашинците да ги нарекуваат, туку најобично колички за голф. Bash
 
Не знам кои се тие трицикли, од каде сега па тоа ?
 
Сеедно, барем за пајтоните и вовчето добро е што не станаа секојдневие, за разлика од двокатните автобуси, кои за жал, се единствената алтернатива на старите канти на тркала на ЈСП Скопје кои сеуште се движат низ скопските улици.
 
А кога ќе помислам дека тие автобуси им ги "подаруваа" на останатите општини во Македонија, сериозно мислам да започнам иницијатива за собирање на потписи за референдум на кој би се вовеле уставни измени со кои би се дозволиле гилотиња и бесилка за "подарувачите" на ваквите канти на тркала на ЈСП Скопје.
 
Останува да се надеваме дека и овие таканаречени електромобили ќе завршат во минатото. Парите фрлени за ваквите глупости се за жалење, но нервите кои ќе ги спасиме доколку ваквите глупости на тркала не би станале секојдневие, се бесценети.


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Jul-2014 at 03:05
Previous
мислев на оние велосипедите со покрив што беа, како такси нешто беше, не знам како се викаат
а кога спомнав автобуси, мислев на панорамските, за туристи... се преќуте дека пропадна таа идеја


едит: всушност, подобро голф терени да направеа, многу поголем профит во туризам и екологија ќе имаше од тоа


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Jul-2014 at 09:04
ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ СЕ ХИТ

Од ден на ден расте бројот на граѓани што го разгледуваат „Скопје 2014“ со електромобилите на „Градски паркинг“. За само две недели од пуштањето во употреба на еко-туристичките возила, реализирани се стотина тури. Засега повеќе се возат „обичните“ граѓани, отколку туристите.

„Како тргнало, за некој ден ќе има ‘тепачка‘ за возење“, на шега вели Борче Јакимовски, директорот на ЈП „Градски паркинг“.

Според статистиките на претпријатието, во просек дневно се остваруваат 60 возења. За среќа, велат надлежните, не се забележани некакви оштетувања на возилата од страна на несовесни граѓани. Проектот се реализира како што започна, и во однос на цената и по трасата. Иако дел од граѓаните бараат да се воведе ноќно возење, сепак, надлежните не размислуваат за такво нешто. Но, најавуваат дека е можно да предложат да се намали цената за возење и наместо 50 да биде 20 денари. За деца до 9 години, пак, возењето е бесплатно. Екомобилите можат да се користат секој ден во периодот од 10 до 19 часот.

Во центарот на градот има пет пункта од каде што граѓаните и туристите можат да ја почнат турата и тоа на плоштадот „Македонија“, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза, пред портата „Македонија“, кај мостот „Око“ и кај црквата „Св. Димитрија“.

Инаку, освен петте екомобили, „Градски паркинг“ од годинава нуди и рентање на десет ековелосипеди. Нивното изнајмување и враќање е исклучиво на плоштадот „Македонија“, до продавницата за сувенири. Изнајмувањето ваков велосипед чини 100 денари за користење од максимум 1 час. Тие се изнајмуваат со пополнување барање и со приложување лична карта на увид, а можат да ги изнајмат само лица постари од 22 години.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=059594249AD55B4BB9586CBC715E69F3 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=059594249AD55B4BB9586CBC715E69F3

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dexter26
Date Posted: 29-Jul-2014 at 09:35
Previous
 
Леле леле, адреналинот никако да се смири. Bash
 
Уште да имавме терени за голф, каде што овие електроканти на 4 тркала ќе беа од некаква корист.


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Jul-2014 at 21:05
ама најбитното... се сликаат ли со нив? ако не се сликаат ништо не сме напраиле


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Djole88
Date Posted: 02-Aug-2014 at 19:31
А што ви сметаат возилава не сте ми јасни ? Па во многу Европски метрополи, овие електрични возила се најчесто користениот начин за разглед на градот. Ем не пешачиш, ем имаш водич. Според мене треба вакви еден куп да се донесат и обавезно од поголемите, со 6-8 седишта, за поголеми групи на туристи

Последен пример каде што видов е Краков




П.С: Се надевам во многу брзо време ќе видиме тури низ Скопје со Segway и велосипеди


Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Aug-2014 at 12:23
ПО 70 ТУРИ ДНЕВНО СО ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ

"Се случува и ред да се чека за возење со електромобилите. Поради големиот интерес, решивме возилата да бидат мобилни, односно ако има неколкумина граѓани што чекаат на Плоштадот, ги повикуваме возилата од другите локации, како што се улицата Македонија или плоштадот Филип Втори, и тие пристигнуваат за неколку минути", вели Борче Јакимовски, директор на ЈП "Градски паркинг

Околу 70 тури дневно се прават со електромобилите низ центарот на градот. Еден месец откако почна проектот за разгледување на спомениците и објектите од проектот "Скопје 2014" со електромобили, од ЈП "Градски паркинг" се задоволни од интересот на граѓаните и на туристите.
"Се случува и ред да се чека за возење со електромобилите. Поради големиот интерес, решивме возилата да бидат мобилни, односно ако има неколкумина граѓани што чекаат на Плоштадот, ги повикуваме возилата од другите локации, како што се улицата Македонија или плоштадот Филип Втори, и тие пристигнуваат за неколку минути. Очекуваме интересот од наредната недела да биде уште поголем, со оглед на тоа дека беа годишни одмори, па градот беше празен", вели Борче Јакимовски, директор на ЈП "Градски паркинг".
За разлика од големиот интерес за возење со електромобилите, мал е бројот на граѓаните кои ги изнајмуваат електровелосипедите. Дневно, од пунктот на плоштадот Македонија се рентаат само по 10 велосипеди.



"Точно дека цената за електровелосипедите е дупло повисока од онаа за електромобилите, но подолго е времето за користење. Со електормобилите, турата трае 20 минути, а велосипедите се рентаат 100 денари за еден час", додава Јакимовски.
Електромобилите ќе возат низ Скопје до средината на октомври. Во центарот на градот има пет пункта од каде што граѓаните и туристите можат да ја почнат турата, и тоа на плоштадот Македонија, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза, пред Портата, кај мостот Око и кај црквата "Свети Димитрија". Туристичкото разгледување трае околу 20 минути и доколку се тргне од Плоштадот, се вози по плоштадот Карпошово востание, па покрај Уставниот суд и се доаѓа до Мостот на уметноста. Оттаму, низ кејот, се продолжува кон Плоштадот и Портата, па назад до фонтаната на Александар Македонски и кон улицата Македонија.

http://www.vest.mk/?ItemID=5C551E8DA9C999469CE2368CF408D9CB - http://www.vest.mk/?ItemID=5C551E8DA9C999469CE2368CF408D9CB


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Aug-2014 at 18:45
во следните вести, по 71 тура со „елекротмобилите“.... во вестите по нив... ништо за елекромобилите...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: jyvation
Date Posted: 18-Oct-2014 at 11:46
НОВИТЕ ВОЗИЛА ЗА ПРОШЕТKА ПОПУЛАРНИ KАЈ СТРАНЦИТЕ

ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ СЕ ХИТ, НО МАЛКУ СЕ НА БРОЈ



Со новите електромобили, чија најфреквентна станица е на плоштадот Македонија, постојано се возат странски туристи, особено постари кои не можат многу да пешачат, велат луѓето задолжени за нив. Најмногубројни се туристите од Турција, Холандија, Германија и од Данска, но и од азиските земји, како Индонезија, Малезија, Kина и Тајван. Еколошките возила се атрактивни и за домашни посетители на центарот на Скопје, но сепак, според кажувањата на упатените, најмногу се интересни за странците кои прв пат доаѓаат и се шетаат со туристички водичи кои им раскажуваат факти за градот и за историските места.

Kабрио-возилата зимава ќе се затворат

Секое од петте возила на електричен погон собира по тројца патници плус возач. Kапацитетот на електромобилите е за 15 лица, а тоа е проблем бидејќи странците често се шетаат во поголеми тури. Честопати нема место за сите, што може и да значи откажување од прошетката за да не се дели групата. Решението можеби ќе се бара во набавка на возила со повеќе седишта откако сегашниве ќе направат профит, но засега градските власти не размислуваат за тоа.

Оваа зима се планира постојните електромобили да се затворат и со тоа да се заштитат од временските влијанија. Тие сега се кабриолети. Kога овие автомобили беа промовирани пред неколку месеци, надлежните од Градот и од „Градски паркинг“ информираа дека тие може да се изнајмат на пет стојалишта: кај порта „Македонија“, на плоштадот Македонија, Мостот на цивилизациите, на плоштадот Филип Втори, како и кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. На секоја од локациите има обележано паркинг-место и е паркирано по едно возило.

- Сега кога малку залади, во функција е една станица, онаа на плоштадот, на која има три возила и еден електровелосипед. Половина час возење за еден човек со електричните автомобили чини 50 денари, а 20 минути со велосипедот - 100 денари. Останатите возила одмораат - кажаа вработените од „Градски паркинг“.

Доколку има потреба, веднаш одат по нив во гаражата „Солунски конгрес“ кај мостот „Гоце Делчев“ и ги ставаат во функција.

Европејците сакаат историја, Азијатите шопинг

Маршрутата по која возат електричните автомобили се плоштадот и улицата Македонија, портата, Mостот на цивилизации, плоштадот Kарпошово востание и назад.

Наспроти електромобилите кои собираат само 15 лица, панорамскиот автобус е наменет за тури и за повеќе луѓе, но тој сообраќа два пати дневно, во 11 и во 17 часот. Тргнува од портата.

Дента кога бевме на стојалиштето на плоштадот, туристичкиот водич Владо Ристески дојде да се договори колку од возилата се слободни бидејќи му требаат сите. Рече дека има десетина дански туристи кои сакаат да се прошетаат со електромобилите.

- Овие луѓе дојдоа со редовни авионски летови, не со нискобуџетски. По турата низ центарот на Скопје, ќе ги носам и во Охрид. Од досегашното искуство можам да кажам дека странците сакаат да слушаат за нашата историја, особено Европејците. Азијците не се такви, не ги интересира баш, гледаат да сликаат и да пазарат - раскажа младиот туристички водич.

Според него, интересот на странците за Македонија е голем. Многу агенции ја претставуваат и ја рекламираат земјава на разни саеми кои се одржуваат во европски градови, што е од големо значење за развој на туризмот. Ристески вели дека граѓаните треба да го сменат ставот за градот.

- Оние што сметаат дека метрополата не е убава за туѓи очи, грешат, бидејќи на туристите навистина им се допаѓа Скопје - вели тој.

ГИ КУПУВААТ ЗНАМЕТО, АЛЕКСАНДАР И ПОРТАТА

До стојалиштето за електромобилите на плоштадот Македонија се наоѓа и една од сувенирниците кои ги отвори Министерството за култура. На плоштадот е најфреквентно, па постојано се купува по нешто. Локации на останатите објекти за сувенири се во портата, на улица Македонија, кај „Холидеј ин“ и во Чаршијата. Странците сакаат најмногу да купуваат магнети и приврзоци, пред с`, со знамето на Македонија, како и панорама од старо Скопје од 1943 година, раскажа вработениот.

Kопиите од Александар Македонски и од портата се омилени кај луѓето што патуваат во странство и ги носат кај роднини или пријатели.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B80A45808A8A334E8C4D8B8BD4A0FE6B - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B80A45808A8A334E8C4D8B8BD4A0FE6B


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Oct-2014 at 11:52
ГРАД СKОПЈЕ И „ГРАДСKИ ПАРKИНГ“ СО НОВА НАБАВKА НА ЕKОЛОШKИ ВОЗИЛА

ПЕТ ПОГОЛЕМИ ЕЛЕКТРОМОБИЛИ И 60 ЕЛЕКТРОВЕЛОСИПЕДИ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ



Нови пет електромобили за прошетка на домашни и странски туристи ќе набавува јавното претпријатие „Градски паркинг“ во наредната 2015 година, при што возниот парк ќе порасне на десет возила од овој тип. Она што е новина, е што секое возило ќе биде со седум седишта, а не со три, како постојните електромобили, кои веќе осум месеци служат за разгледување на центарот на Скопје.

Туристите сакаат да се возат наеднаш

Во рамките на проектот „Електра“, кој го спроведува градската власт заедно со „Градски паркинг“ ќе се набават и нови 60 електровелосипеди, па бројката, заедно со постојните десет, ќе порасне на 70. Цената за 20-минутна прошетка со возилата е 50 денари од човек, додека еден час изнајмување електричен велосипед е 100 денари.

- Новата набавка на повеќеседи, која ќе ја спроведеме во наредната година, е доказ за континуитет во нашата и градската заложба за почист град и животна средина - изјави директорот на „Градски паркинг“, Борче Јакимовски.

Главни цели на проектот се туристичка промоција, но пред с`, придонес кон намалување на загадувањето во главниот град. Поради тоа, проектот е влезен во програмата на Град Скопје како една од мерките за справување со постојаното енормно загадување на амбиенталниот воздух, со посебен акцент на постојниот зимски период кога загадувањето е најкритично.

Kако што објаснуваат од претпријатието, повеќеседите се неопходни, поради туристичките тури кои често се составени од 15 до 20 лица. Парите за новите возила најверојатно ќе се обезбедат од касата на „Градски паркинг“. И самите вработени на пунктовите за изнајмување на електромобилите во централното подрачје, сведочат дека туристите знаат и да се откажат од прошетка со нив ако нема доволно возила и седишта за сите наеднаш.

Во рамките на проектот, планирани се разни мерки за стимулација на граѓаните за купување превозни средства со електрично полнење, особено на оние што најмногу време поминуваат во автомобил, како таксистите.

Градските курири ќе возат електровелосипеди

- Една од стимулативните мерки се однесува на сопствениците на електромобили за кои е предвидено да имаат бесплатен паркинг во катните гаражи и на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието - рече директорот Јакимовски.

Придонес кон почист град ќе дадат и вработените во Градот Скопје, кои ќе ги користат електричните велосипеди и скутери. Нив ќе ги возат куририте и вработените од скопските јавни претпријатија за извршување на секојдневните задачи. Освен нив, дел од градската администрација ќе користи и еколошки скутери. Набавката ќе чини 18.000 евра. Според објаснувањата на градоначалникот Kоце Трајановски, тие трошат 6 денари на 100 километри, додека електромобилите 60 денари на 50 километри. Процените се дека заштедата ќе изнесува околу 9.000 евра на годишно ниво.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=DA75F15825324A4F811C40BC917F8383 - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=DA75F15825324A4F811C40BC917F8383


Posted By: jyvation
Date Posted: 08-Nov-2014 at 15:42


Posted By: alexsend
Date Posted: 08-Nov-2014 at 21:22
Стана Скопје двојазично.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 08-Nov-2014 at 23:16
Нормално има и други


Posted By: stratus
Date Posted: 08-Nov-2014 at 23:22
Што е толку страшно ако Скопје е двојазично? И Барселона е двојазична па што и фали.


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Nov-2014 at 02:52
покрај толку проблеми во државата,ова е навистина смешна работа барем за нас кои живееме во мешани градови.дај боже да се расправаме само за вакви проблеми а не за невработеност,корупција,далавер(ски)и,интриги,....


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Nov-2014 at 22:18
според глупавата рута што ја имаат „електромобилите“ може слободно да си ги крстат „електро Ск2014 превоз“



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Dec-2014 at 22:48
Колку само не поднесувам наслови што почнуваат со „Ексклузивно!“, ама нема врска...

Ексклузивно! Направен е првиот електричен ЕКО автомобил во Македонија!

Од идеа до стварност со голема желба и труд, со многу пасија и љубов кон електрониката на Сашо и кон механиката на Игор семејството Јовановски го направија првиот целосно електричен автомобил во Македонија.



повеќе на http://brzkrug.com/2011-03-31-21-30-49/mk-avonews/15040-2014-12-19-18-10-24 - http://brzkrug.com/2011-03-31-21-30-49/mk-avonews/15040-2014-12-19-18-10-24

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Dec-2014 at 00:31
насловот звучи како да се работи за целосно нов автомобил, а всушност е обичен Фиат со електро-мотор... не е мала работа да ставиш цел нов погонски систем на кола, ама сепак...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: nenad
Date Posted: 22-Dec-2014 at 08:23
Pa dobro, i ova e uspeh. slabo napreduvaat ovie elektroavtomobili. Mislam an svetsko nivi, izgleda nisto od BUM-ot koj bese najaven. Eve eden tekst za toa http://beogradskirentacar.blogspot.com/2014/12/buducnost-automobilske-industrije.html

-------------


Posted By: nompa
Date Posted: 22-Jan-2015 at 06:14

Прв Атестиран и Регистриран

електромобил во Македонија




Погледнете ја кратката репортажа на ТВ Канал5 за првиот електромобил во Македонија.
За оние кои би сакале да дознаат нешто повеќе, препорачувам да го посетат сајтот



http://anima.com.mk/wpadmin/

http://anima.com.mk/elektromobilnost/?page_id=10854


https://www.youtube.com/watch?v=bcfuZR1GsYA















Posted By: Teglarot
Date Posted: 22-Jan-2015 at 18:04
Ова е 10тиот ПРВ електромобил во Македонија, интересна работа

Како и да е, големо браво.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 23-Jan-2015 at 05:11
Очигледно Прв електромобил е некаков вид бренд кој сега го откриваме


Posted By: Stibera
Date Posted: 23-Jan-2015 at 08:15
Одлично е ова, јас сум да с еотвори фабрика за електро автомобили, за нашата земја идеално, за скопје задолжително поради загаденоста. А да не зборам за стандардот што го имаме итекако ни треба масовност на вакво нешто.


Posted By: nompa
Date Posted: 27-Jan-2015 at 15:12
Следејќи ги интернет страниците во врска со нашава тема за електричните возила наидов на интересни информации па сакам да ги споделам со вас.
Се работи за преправка на кинески скутер Baotian BT50T и помал скутер Pimped Chinese kid's electric bike.
 
Иако веќе оваа информација е веќе стара од 2009 год. јавно им се заблагодарувам и им честитам на Борче Трајковски и Васко Ацковски од Битола за преправката на скутерите.

http://evalbum.com/3033 - http://evalbum.com/3033

http://evalbum.com/2409 - http://evalbum.com/2409


http://evalbum.com/popupimg.php?15654 - http://evalbum.com/popupimg.php?15654

http://evalbum.com/popupimg.php?12174 - http://evalbum.com/popupimg.php?12174


Posted By: jyvation
Date Posted: 18-May-2015 at 09:16
„Градски паркинг“ набави електротротинети



Јавното претпријатие „Градски паркинг“ набави персонални транспортери - електротротинети, кои ќе се изнајмуваат по цена од 100 денари за час. Новите возила се уште не се промовирани во јавноста. Дополнувањето на ценовникот на услугите на претпријатието со изнајмувањето на новите возила ќе биде усвоено на следната седница на Советот на Град Скопје.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B10B195AB8C1A74EB2FFAFCA10588E49 - http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B10B195AB8C1A74EB2FFAFCA10588E49


Posted By: jyvation
Date Posted: 19-May-2015 at 10:24


Разглед на Скопје во електромобили во ретро-стил

Директорот на „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, смета дека ретро-дизајнот на електромобилите ќе биде попривлечен и ќе биде нешто ново во градската туристичка понуда. Тие ќе имаат изглед на стари автомобили, олдтајмери, пишува Дневник.



- Набавката ја правиме со цел да се зголеми атрактивноста со овие олдмобили. Сметаме дека на овој начин ќе привлечеме повеќе туристи. Истовремено, тие ќе имаат повеќе седишта одошто постојните: четири плус две - изјави Јакимовски.

Со набавката на овие седум електроавтомобили, возниот парк на „Градски паркинг“ ќе порасне на 12 еколошки возила на електричен погон. Цената за изнајмување ќе биде иста и за постојните и за ретро-возилата - 50 денари за половина час.

Освен електромобилите, во рамките на проектот „Електра“, веќе се набавени електротротинети, кои ќе се изнајмуваат по 100 денари на час. Овие возила с` уште не промовирани во јавноста.

За намалување на загаденоста на воздухот „Градски паркинг“ располага и со 250 велосипеди, кои се дел од проектот „Изнајми велосипед“.

- Сите овие велосипеди, и електро и обичните, овозможуваат зголемена мобилност на граѓаните и на посетителите на Скопје, како и достапност до сите знаменитости од културно-историско значење. Велосипедите може да се употребуваат како алтернативно превозно средство, особено во централното градско подрачје, што значи намалување на нивото на штетни гасови во воздухот и почиста животна околина. Исто така, електровелосипедите се добра можност за исполнување рекреативни и туристички цели – велат од претпријатието. Електровелосипедите, кои во моментов се 10, ќе бидат достапни за изнајмување само на една локација, на плоштадот „Македонија“, исто како и електромобилите. Цената за возење со нив е 100 денари за 20 минути. Обичните велосипеди, пак, може да се изнајмат на јавните паркиралишта „Треска“, кај Градската болница, кај Општата болница „8 Септември“, во Аеродром зад ТЦ „Бисер“, како и во катната гаража „Св. Kирил и Методиј“.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/148390285/razgled-na-skopje-vo-elektromobili-vo-retro-stil - http://www.skopjeinfo.mk/gradot/148390285/razgled-na-skopje-vo-elektromobili-vo-retro-stil


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-May-2015 at 10:34
Искрено, воопшто не сум изненаден од оваа вест.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2015 at 12:17
Следна вест

Велосипедите на пунктовите за изнајмување ќе се заменат со ваков модел:




Сметаме дека на овој начин ќе привлечеме повеќе туристи


Posted By: kultuzin
Date Posted: 19-May-2015 at 13:15
Originally posted by Cloverstack

Следна вестВелосипедите на пунктовите за изнајмување ќе се заменат со ваков модел:Сметаме дека на овој начин ќе привлечеме повеќе туристи



Кловер вакви се возат во Германија. Не дека се многу но ги има. Секогаш ми било чудно како се вози ова чудо пред се како се тргнува.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2015 at 13:53
Јас се шегував, ама изгледа и за ваквите велосипеди се наметнува сериозна дискусија.

Значи кое јавно претпријатие во Германија (или каков и да имаат еквивалент на тоа) набавува и оперира вакви велосипеди? Или електрични олдтајмери? Или пајтони?

ЈП Градски паркинг нека се занимава со катастрофалните состојби поврзани во дејноста која ја обавува, а бизнисов со изнајмување на електрични автомобили нека го понудат под концесија, па бизнис логиката нека утврди дали и какви електрични автомобили ќе се нудат за изнајмување, наместо да се фрлаат уште јавни пари за Ск2014 аксесори.


Posted By: jyvation
Date Posted: 09-Jul-2015 at 12:57
ПРОМОВИРАН НОВИОТ ПОЛНАЧ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ





Денеска /09.07.2015 година, четврток/ официјално се пушти во употреба станица за полнење електрични возила, која е поставена на првиот кат на катната гаража „Македонска фаланга".

На пуштањето во употреба на новата станица за полнење електрични возила присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој најави и други активности на Градот во областа на електромобилноста.

- Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили (автомобил, скутер, електро велосипед) и истата има два приклучоци за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 kW (кило вати) по приклучок. Еден електро автомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари. Паркингот за време на полнењето во катната гаража „Македонска фаланга" на сите сопственици на електрични мобили е бесплатно. Градот Скопје ќе продолжи со проекти со кои се унапредува елетромобилноста и во наредниот период ќе биде набавено вакво возило за потребите на администрацијата на Град Скопје, а ќе продолжи и процесот на поставување вакви полначи на паркинзите на ЈП „Градски паркинг", кажа градоначалникот Трајановски.

Со промоцијата на станицата за полнење на електрични возила, ПроКредит Банка АД Скопје ги промовираше и 5-те нови електро мобили кои ги набави за комецијална употреба во секојдневното работење, со што стана првата компанија во Македонија што користи електро мобили.

Градоначалникот Трајановски, за својот придонес во развојот и промоцијата на електромобилноста во Република Македонија, додели благодарници на:

- ПроКредит Банка АД Скопје (прва компанија во Македонија која има купено 5 електрични автомобили за комецијална употреба во секојдневното работење)

- Ванчо Зрнцев (Возило Матиз преправено во електричен автомобил)

- Сашо Јовановски (Возило Чиквеченто преправено во електричен автомобил)

Инсталацијата на оваа станица е прва од овој вид на територијата на Град Скопје, а во моментов ЈП „Градски паркинг" има набавено две векви станици, за полнење електромобили, за што издвои 20.000 евра (10.000 евра од страница).


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8373&mid=482&tabId=1 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8373&mid=482&tabId=1


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Aug-2015 at 19:49
http://zase.mk/skopskite-inspektori-ke-se-vozat-na-elektrichni-skuteri/ - http://zase.mk/skopskite-inspektori-ke-se-vozat-na-elektrichni-skuteri/


Posted By: Petar Skopje
Date Posted: 27-Aug-2015 at 20:38
А кај се оние електрични автомобили за туристи? Или не се више интересни..


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Aug-2015 at 10:22
Вчера видов еден на плоштад Македонија...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 28-Aug-2015 at 10:52
јас видов два на кеј полни со патници.


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Oct-2015 at 20:21
Фетишот за ретро продолжува... Новите електрични возила на Град Скопје:







http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8538&mid=482&tabId= - http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8538&mid=482&tabId=

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 04-Oct-2015 at 21:51
Нема да ме чуди ако отворат фабрика за производство на стари модели автомобили

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Oct-2015 at 03:03
а да не се резилеа и да купеа вистински олдтајмери, кога веќе се расфрламе со пари... не е изгледа фетишот толку за класика, колку што е да направиш кичерајска и крајно смешна маска на нешто современо, исто како со фасадите...



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: jyvation
Date Posted: 05-Oct-2015 at 08:53
И кај нас пристигнаа сигвеите, кој ќе ги трпи сега по улицине


Posted By: alexsend
Date Posted: 06-Oct-2015 at 17:26
Кога сме кај темава: Зошто Влада на РМ не направи некој проект за субвенционирање на набавка на елетрични автомобили па да бидеме со нешто и пред времето и да не пишува по странски новини и како позитивен пример!?
Нема да бидат потребни големи издатоци но ќе биде одлична промоција дека за нешто може и да бидеме меѓу првите на Балканот.

Пр.Субвенционирање на 1/3 од вредноста на возилото доколку истото чини до 30.000 евра, годишна регистрација од 20 евра, патарини на 50%, бесплатно паркирање...

Треба да почнеме да мислиме и за општо добро. А за почеток би можеле да одвојат 5 милиони евра за ваков проект и сигурно би бил прифатен од сите.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: jyvation
Date Posted: 18-Jun-2016 at 12:32
Се модернизира и фалангата



Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 13-Nov-2017 at 13:55
Originally posted by alexsend

Кога сме кај темава: Зошто Влада на РМ не направи некој проект за субвенционирање на набавка на елетрични автомобили па да бидеме со нешто и пред времето и да не пишува по странски новини и како позитивен пример!?


ова ќе биде кога ќе субвенционираат локален е-мобил, а зошто не и домашни батерии [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1609&PID=125643#125643 - 1 ] од некој институт, но да важи таквата интервенција и за иселеници од браншата, односно проекти ко овој podole на машински за кој би било мудро да нарачаат прва серија пример за флотата на УЈП или пак општонските инспектори, потем нека думаат и за образовните институции, а на крај и за локалните мештани некоја тата верзија, којзнае можеби концепт од некој олдтајмер [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1011&PID=144275#144275 - 2 ] кому му прошол патентот онака туристички бар да се одлепиме подобно ... и да тогаш не само по новиви ќе не има и по телевизии ... јасно додека има струја [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=646&PID=223069#223069 - 3 ]
[ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1684&PID=186980#186980 - 1 ] http://www.fakulteti.mk/news/13-05-24/studentite_od_mashinskiot_fakultet_vo_skopje_napravija_sportski_avtomobil.aspx - http://www.fakulteti.mk/news/13-05-24/studentite_od_mashinskiot_fakultet_vo_skopje_napravija_sportski_avtomobil.aspx

[ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=334&PID=113020#113020 - 1 ] http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1711&PID=133646#133646 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1711&PID=133646#133646

[ https://balkangreenenergynews.com/category/news/mobility/ - 1 ] https://balkangreenenergynews.com/mepso-looking-consultant-assess-impact-electric-vehicles-implementation/ - https://balkangreenenergynews.com/mepso-looking-consultant-assess-impact-electric-vehicles-implementation/

веројатно и ЈСП би го решиле лесно со слична закрпа, но полесно би било тоа да е ноу-хау за ФАС.11.110 како би бил и порентабилен муабетот понатака ... но за да се стигне до сето ова најнапред треба да си направат еден е-форум на МФ а дури кога ќе разврзат професори таму дебата на слична тема, дури тогаш и јавноста ќе биде спремна да изврши притисок на турниме-да-кинисам политичката елота во земјава ...


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 03-Mar-2019 at 15:33

еве дале тро камен за е-иновација властите, но за ефективен аир од сето ова мора да размислуваат како и ФАС да го рестартираат, можеби со помош а МФС како би извадиле шасии и каросерии и за автобуси и за автомобили, можеби од композитни материјали а зајакнати со ролбарови как на фиќото во вториот линк, иако тамошниот малку без логика како е само виснат внатре а не изврзан од сите страни ...

https://web.archive.org/web/20190303142835/http://www.fitr.mk/prezentacija-na-elektricno-vozilo-zas-g20/ - http://www.fitr.mk/prezentacija-na-elektricno-vozilo-zas-g20/

https://web.archive.org/web/20190303142745/http://bbclassiccars.com/index.php/shop - http://bbclassiccars.com/index.php/shop

[tube]JnGoaEWImts[/tube]



Print Page | Close Window