Бран, Романија
Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1694
Printed Date: 25-May-2025 at 17:44
Topic: Бран, Романија
Posted By: BOJAN
Subject: Бран, Романија
Date Posted: 24-Jun-2012 at 21:34
Бран е минијатурен град сместен на 30 километри од Брашов и до истиот може да се пристигне од Брашов со меѓуградски автобус. Меѓу туристите е познат единствено по замокот во самиот град, кој цврсто се рекламира како домот на Дракула. Всушност еден од жителите на замокот бил Владимир Тепеш.
Помеѓу романскиот народ, замокот е познат како заточеништво на романското кралско семејство до 1948 година, во периодот од првите години на комунистичкиот режим. По оваа година, тие се протерани од Романија. Денеска замокот воопшто не е спектакуларен и може слободно да се пропушти. Целиот објект е претворен во историски музеј на предмети поврзани со романското кралство. Фотографирањето е бесплатно:
|
Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Jun-2012 at 21:40
Освен „Замокот на Дракула“, во Бран и не можете многу што да видите. До самиот замок, опстојува уште еден музеј во кој е прикажан животот на село, налик на нашиот Музеј на вода во Градиште, само што не е на вода. Од селаните може да се купи традиционален романски кашкавал и сирење, но и месо и месни производи што се продаваат како на Бит пазар. За посетата на замокот ви требаат максимум 2 саати, а за целото место не повеќе од 4 саати.
|
Posted By: Граѓанин
Date Posted: 25-Jun-2012 at 00:09
Презимето е Цепеш.
http://en.wikipedia.org/wiki/T-comma - Т со подредно ченгелче е Ц (како што S со ченгелче е Ш).
|
Posted By: Ines
Date Posted: 03-Oct-2012 at 11:42
Убаво местоо,, а сликите се одлични Не би се согласила со Граѓанинот Влад Ц(т)епеш Дракул (Vlad the Impaler) припаѓа на куќата на Дракул ( а татко му бил член на Оrder of Dracul). Мислам дека (ако не се лажам) додавката Цепеш, Влад ја добил поради тоа што ги набивал луѓето на колци итн., така да не се однесува на неговото презиме. Цепеш-српски- цепати (дрва на пример), во контекст на нешто што се дели, сече или цепење на јадро на пример.
Инаку замокот Бран-мислам дека не е дом на Влад Дракул-ако добро се сеќавам, колку што ми објаснуваа, дека човекот таму во Бран бил само затворен. Неговиот вистински дом (замок што и да е ) е во Трговиште, но истиот мислам дека е во руинирана состојба .

|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Jan-2013 at 11:35
Originally posted by Ines
Убаво местоо,, а сликите се одлични Не би се согласила со Граѓанинот Влад Ц(т)епеш Дракул (Vlad the Impaler) припаѓа на куќата на Дракул ( а татко му бил член на Оrder of Dracul). Мислам дека (ако не се лажам) додавката Цепеш, Влад ја добил поради тоа што ги набивал луѓето на колци итн., така да не се однесува на неговото презиме. Цепеш-српски- цепати (дрва на пример), во контекст на нешто што се дели, сече или цепење на јадро на пример.
Инаку замокот Бран-мислам дека не е дом на Влад Дракул-ако добро се сеќавам, колку што ми објаснуваа, дека човекот таму во Бран бил само затворен. Неговиот вистински дом (замок што и да е ) е во Трговиште, но истиот мислам дека е во руинирана состојба .

|
Ines, овој замок во Бран е само туристичка атракција и ништо повеќе. Ако уплатиш во туристичка агенција во Скопје, ќе те одведат токму таму. Познатиот замок на Дракула е во Валахија на југот на Романија, а не во Трансилванија. Сепак, постојат доста замоци во кој поминал низ неговиот живот. Ако резимирам од сегашен аспект, би ти кажал дека патувањето низ Романија досега ми е најповолната зделка што сум ја направил.
|
|