Print Page | Close Window

Проблеми на локалните самоуправи: Куманово

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1698
Printed Date: 24-Apr-2024 at 09:10

Topic: Проблеми на локалните самоуправи: Куманово
Posted By: phenomenon
Subject: Проблеми на локалните самоуправи: Куманово
Date Posted: 01-Jul-2012 at 00:18
Ја отворам оваа тема со цел изворно да ги претставиме проблемите во нашите општини, пред да почнат политичките мршојадци да ветуваат: "кули и градови";"мед и млеко";"симнување ѕвезди и комети" и слично. Јас како обичен граѓанин ќе ви ги изнесам проблемите што мојот град ги има, проблеми што се гледаат од авион, а за нивното решавање се нема абер. Па можеби на следнава локална гарнитура ќе и текне барем некој од следниве проблеми да реши:

1. Според мене, прв и најголем и најосновен проблем е НЕМАЊЕТО ЈАВНО ВЕЦЕ. Град со 80 000 жители во градската зона и со уште 20 000 жители во приградските населби, во 21-от век нема веце.

2. НЕМАЊЕТО ПАРКИНГ ПРОСТОР. Се градат нови згради на самите тротоари, се градат нови згради дури и во сокачиња. На ниту една зграда не е предвиден простор за паркирање, ни во приземје, ни во сутерен, ни околу самите згради. Единствен расположив простор се тесните улици и тротоари пред самата згради. И тоа се работи за петкатници и повисоки згради. Кај сите згради во приземјето се предвидени дуќани. И кај ќе паркираат продавачите, купувачите и доставувачите на стока за дуќаните, а пред се, кај ќе паркираат нововселените станари.

3. НЕСЕРИОЗНОСТА СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО. Пред месец дена, поради нечии каприци пола град остана две недели без вода во најголемите горештини, а два дена вода немаше цел град.

4. ОЧАЈНА СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА И НЕЈЗИНО НЕОДРЖУВАЊЕ. Има улици во централното градско подрачје кои сеуште се земјени. Хоризонталната сигнализација на улиците се чека да се избрише па дури тогаш повторно да се вцртува. На булевар нема семафори коишто треба да стојат на средината, на некои семафори столбот им е целиот искривен, некои не гледат со светлото спрема пешакот од другата страна, туку се свртени настрана. Тротоарите што не се заштитени со метални столпчиња се узурпирани од коли. Истото важи и за велосипедските патеки. Кај што се сече лента од тротоарот да поминува гасовод, местото наместо да се асфалтира, се остава со земја. На некои доста фреквентни улици нема тротоари. Паркирање има дури и на лаците на раскрсниците (оној лак што е меѓу двата пешачки премина), дури и на самите пешачки премини.

5. МЕДИУМСКИ МРАК. Немање на ниту еден дневен, неделен или барем месечен весник. Постоење на две телевизии на македонски јазик, од кои едната едвај покрива простор во радиус од 2 километри, а другата од 1 километар. За разлика од нив, двете албанските телевизии имаат значително појаки предаватели. Сега дури не функционира ни сајтот kumanovo.gov.mk.

6. ЛОША ПОВРЗАНОСТ СО СОСЕДНИТЕ ГРАДОВИ, ОСВЕН СКОПЈЕ И КР. ПАЛАНКА и превоз кој се одвива со крнтии. Темата е нашироко разработена во Меѓуградски превоз.

7. НЕСАНИРАЊЕТО и НЕРУШЕЊЕТО НА МНОГУ ОШТЕТЕНИ ОБЈЕКТИ. Во самото централно градско подрачје има стари куќи што се толку оштетени и распаднати што чатиите им висат на подот. Пред едната дури е заграден тротоарот на улицата пред неа, бидејќи може да падне и да убие некој (ул. Моша Пијаде). Напоменувам дека во овие куќи не живее никој, зашто одамна се напуштени од сопствениците. Покрај опасноста од загрозување на животот на минувачите, опасни се и по нивното здравје зашто голем дел од нив се претворени во мини-депонии.

8. ВАДЕЊЕТО НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ. Вадењето на лични документи во Куманово е хорор-искуство, зашто само за сликање треба да дојдеш неколку пати и да чекаш по цели денови, во тесен простор крајно несоодветен за таа намена. Според мене, тоа треба да се направи со семафор и бројчиња како во Т-Home и во некои банки, а не да се туркаш како добиток, и тоа со денови.

9. ЗАПУСТУВАЊЕТО НА РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР ПРОЕВЦЕ. Под итно треба да се поправи грдата слика во некогаш популарното излетничко место.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Replies:
Posted By: M. A. de Voltaire
Date Posted: 01-Jul-2012 at 11:16
Куманово е..дупка. Народ не се буни,свеедно му е, локалните власти си имаат отворен простор да си прават што сакаат..од централната власт градот е скроз заборавен.. се млати дебел профит од секоја издадена маркица за градба..градот не инвестира ништо,нема нови сообраќајници,нема паркинг места,нема култура,нема ама НИАКАКОВ напредок.. со времето е Куманово заостанато у 1971.. Све е исто само Тито го нема..

едит: а вадењето на лични докуманети е сигурно едно од најлошите искуства во животот.

Posted By: N23
Date Posted: 01-Jul-2012 at 12:05
Без навреди, ама Куманово е најочајниот град во Македонија, чак Тетово и Гостивар се млку понапред. Да не ви се Туш, Тинекс, или продавници као Спрингфилд, со што делот околу овие места е подсреден, Куманово ќе биде еквивалент на запуштен град од Молдавија. Првиот впечаток кој се добива за овој град, кај бензиската на Макпетрол за влез во градот покажува дека у градов кило асфалт не е фрлено. Нема тротоари, улици ужас, хигиена не е ни за зборење, зеленило скоро и да нема, метла не заиграла во Куманово со години... има уште многу проблеми кои ги забележав при мојата прва и едина посета на Куманово пред некој месец, а една од побитните е што еве и денес коа имате силни спортски клубови, околината пред салата воопшто не е средена, можат барем 200 квадрати бекатон да стават. Со еден збор, град кој во голем дел од својата територија личи на штала. Без навреди, јас истото го зборам и за Скопје, со тоа што во Куманово тоа е претерано изложено.

-------------
23ka.wordpress.com

Posted By: M. A. de Voltaire
Date Posted: 01-Jul-2012 at 12:14
Originally posted by N23

Не е никаква навреда,тоа е тоа..премногу очигледно и вистинито за да навреди.

Posted By: phenomenon
Date Posted: 01-Jul-2012 at 15:12
Каков град во Молдавија?! Куманово е Уагадугу во мало.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jul-2012 at 22:30
Освен гасификацијата, има ли барем некакво предизборно ветување за некој поголем инфраструктурен проект?

Posted By: M. A. de Voltaire
Date Posted: 05-Jul-2012 at 13:25
Originally posted by Cloverstack

Освен гасификацијата, има ли барем некакво предизборно ветување за некој поголем инфраструктурен проект?

Има како не, градење затворен базен..само врска немам до кај  е работата..као замрена ми изгледа..се ближат избори,може ќе пркне малце.

Posted By: Ebatejuzernejm
Date Posted: 07-Jul-2012 at 09:02
Која црна гасификација бе ништо нема да има од тоа,нека се гонат од Куманово тие што даваат такви ветувања....го запустија градот.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Jul-2012 at 09:34
Можам да се сложам дека од аспект на билдерските теми Куманово се наоѓа убедливо на дното помеѓу македонските градови. Патната инфраструктура, паркирањето, автобуската станица и хигиената низ улиците се приоритети кои треба да ги решава градот, барем погледнато од скопски аспект.

Се надевам дека ќе има форумаши кои нашироко ќе ги изнесат кумановските проблеми, но и негативностите што ги мачат граѓаните на другите градови.

Posted By: phenomenon
Date Posted: 07-Jul-2012 at 17:12
Originally posted by BOJAN

Куманово нема автобуска станица, туку има аУтобуска станицаBash,
avtobuska-stanica-kumanovo
 
А проблемите на Куманово ги изнесов во воведот на темата, кои не дека не се очигледни, туку се гледаат од авион. Прашањето е што ќе добие Куманово на следниве локални избори? Сигурно ќе добие нова гарнитура од зомбифицирани yes-man-и, чии примарни цели ќе бидат: вегетирање, хибернација, естивација и паразитирање на грбот на граѓаните.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: 46&2
Date Posted: 08-Jul-2012 at 12:57
Само ќе кажам како што има одредени несредени делови во Скопје нема ниту во Куманово, ниту во било кој град во Македонија.
Како приоритетни проекти би ги набројал конечно завршување на кракот од бул. Октомвриска Револуција, нова автобуска станица и обнова на градскиот парк и спортската сала и една понереална желба а тоа е нова железничка станица поблиску до центарот која евентуално би се овозможила ако се направи пругата према Бугарија.

-------------
I use public toilets and I piss on the seat.

Posted By: N23
Date Posted: 08-Jul-2012 at 14:15
Originally posted by 46&2

Точно е дека Скопје има Багдад места (шала на страна ама на пластичарската улица постои маало кое се вика Бадад). Арно ама, Скопје во урбаниот дел иако има несредени маала, сепак нема маало како она ромското во Куманово кое е одма над Туш маркетот. Тоа веројатно е понесредено и од Шутка.

-------------
23ka.wordpress.com

Posted By: 46&2
Date Posted: 08-Jul-2012 at 15:40

Секој град си има своја Шутка Big%20smile, само што Скопје вешто ја крие. Друго ми беше зборот само во Скопје неискосена трева се мери во метри, секоја втора зграда е со доградба и надградба, плетари и полуразрушени куќи имаш буквално на 100 метри од главниот плоштад, да не заборавиме до пред 5 години каква автобуска станица имаше Скопје и каков беше главниот плоштад. А најмногу ми е криво кога со граѓаните на РМ се купија тие 200 двокатни и не знам колку украински автобуси а не се дадоа барем по 1 на градови како Куманово, Битола, Прилеп, Тетово кои се 1/5 или 1/8 од бројноста на Скопје. Само во Скопје можеш со 900 денари како студентарија месец дена да се возиш каде сакаш и колку сакаш, а сепак се жалите животот ви бил скап. Па прашајте не нас од другите градови како живееме.

-------------
I use public toilets and I piss on the seat.

Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Jul-2012 at 15:52
Луѓе, дај баталете ги без врска споредбиве, и Скопје и Куманово се наши, ајде да се фокусираме на проблемите и како истите да се решат. 

Posted By: phenomenon
Date Posted: 08-Jul-2012 at 23:00
Тоа што Скопје има слемови како Маџир Маало и Керамидница или што има хаотични населби, во поглед на урбанизмот, како Кисела Вода и Тасино Чешмиче, тоа во никој случај не ги оправдува локалните кумановски власти што Куманово нема јавно веце. Дирекна последица од тоа е замочување на секој ќош во центарот, кајшто од смрдеата не можеш да поминеш. И нема никакво оправдување за очајните телевизии на македонски јазик со уште поочајни предаватели. Пред некој ден читав дека седниците на локалната самоуправа ќе се снимале и ќе се емитувале на локалните телевизии. Телевизија Нова едвај го покрива градското подрачје со едвај задоволителен зрнест квалитет на сликата, додека ТВ Крт им зрачи програма само на тие што се наоѓаат во нејзиното непосредно опкружување, да не речам маало. За разлика од нив, албанските ТВ Хана и ТВ Феста не само што го покриваат целиот град, туку ги покриваат и оклните села во кумановско, а некои дури и во липковско. Па пред десет години, сигналот од една селска телевизија од Матејче, Зери е Кумановес, можеше да се фати во цело Куманово! Потребен ли е за ова коментар?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: phenomenon
Date Posted: 30-Jul-2013 at 13:28
< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0"> Централното градско подрачје на Куманово во 21-от век:

Thumbnail

Ќе%20се%20уриваат%20руинирани%20и%20напуштени%20објекти

Вакви објекти се бројат со десетици кај нас. Слики како после земјотрес.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: phenomenon
Date Posted: 13-Aug-2013 at 16:11
Локалитетот Чоробенско Ќоше во најстрогиот центар на градот:

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: phenomenon
Date Posted: 13-Aug-2013 at 16:13
Уште една слика од истиот локалитет:

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: phenomenon
Date Posted: 13-Aug-2013 at 16:15
Уште една слика од истиот локалитет:

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Aug-2013 at 17:56
Па, ова само што не се урнало само од себе! Можеби е подобро некој друг да го урне пред самото да падне. Има ли сопственик?

-------------
За сè има вторпат

Posted By: phenomenon
Date Posted: 13-Aug-2013 at 23:25
Ова се први мои слики на форумот. Искрено, не верував дека ќе испаднат толку добри, зашто се сликани со мобилен телефон. Наредните денови ќе се потрудам да ги сликам и другите "метастази" низ центарот на Куманово. Отсекогаш сум се прашувал зошто Куманово е маргинализирано и нема кумановци во владата (зборувам за македонскиот дел), но по ова што го видовте како се грижат за градот, а и по она што допрва ќе го видите, стопостотно ќе се уверите дека овие дилетанти немаат капацитет ни полжави да пасат.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: phenomenon
Date Posted: 14-Aug-2013 at 19:33
Инспиративни слики сликани во квечерина на десет метри од најпрометната постојка за градски автобуси, кај нас позната како Уред:

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: phenomenon
Date Posted: 14-Aug-2013 at 19:50
 Покривот на истава куќа сликана од редакцијата на Дневник во февруари 2012 година:

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Aug-2013 at 10:05
Одлична ти е поентата дека Куманово е поприлично запоставен град од страна на локалната самоуправа, но ме интересира дали нешто нашата влада вложува во овој втор по големина град во Македонија. Кој проект е започнат од нив и кој оставил белег во изминативе неколку години?

Posted By: Teglarot
Date Posted: 15-Aug-2013 at 10:49
Originally posted by BOJAN

Одлична ти е поентата дека Куманово е поприлично запоставен град од страна на локалната самоуправа, но ме интересира дали нешто нашата влада вложува во овој втор по големина град во Македонија. Кој проект е започнат од нив и кој оставил белег во изминативе неколку години?

Се додека градоначалникот е од опозицијата, треба да се преврти светот за владава да пушти таму некој денар. . . Класичен пример на селективна власт, ама кој го разбира тоа, удри само по градоначалникот (впрочем, според мене, тоа е целта на целата нишка)

Posted By: phenomenon
Date Posted: 15-Aug-2013 at 12:41

Аха, целта на целата нишка е да се удри по градоначалникот. Ако некој дозволува да го влечат за нос, не значи дека другите не ги гледаат проблемите реално.

Кажи дали е такво Чоробенско Ќоше како што е прикажано на сликата или е фотошоп? Или ќе чекаме некоја ќерамида или стакло да паднат и да отепаат некого?

Кажи ми дали се замочува секое ќоше на плоштадот затоа што овие паразити веќе 20 години не можат да изградат јавно веце ниту пак имаат намера во иднина? Знаеш ли ти кога правиш куќа, прво правиш веце, а потоа удираш темели?

И да не се повторувам прочитај го повторно мојот прв пост во ова нишка.

Дали владата му е крива што еден семафор не може да направи да работи како што треба, или да направи ограда на мостот во Проевце додека некој не влетал со кола в река? Дали владата му е крива што аУтобуската станица личи како да е од среден век? Или трафиките пред пероните што се полни со секакво ѓубре? Или што нема канти за ѓубре на најпрометните улици?

Дали владата му е крива што не можам да поминам по тротоари од паркирани возила? Дали владата го натера да направи згради без паркинг? Дали владата го натера да ги узурпира тротоарите и велосипедските патеки?

Си бил ли ти пријателе во Битола, Прилеп, Кочани? Можеш ли да го споредиш Куманово со нив?

Велиш, требало да го преврти целиот свет за да најде некој денар? Кажи ми, дали тоа тој го знаеше кога се кандидираше на избори? Ако знаеше дека за инает нема да му даваат пари, зошто не се повлече заради доброто на градот? Или му беше ЕДИНСТВЕНО важно повторно да дојде на власт, без разлика што Куманово од ден на ден сѐ повеќе пропаѓа и по четири години ќе личи на средновековен град?

P.S. Не сум член, ниту симпатизер на ниедна партија.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: N23
Date Posted: 15-Aug-2013 at 13:05
Факт е дека градоначалникот е дилетант без преседан. Ама исто како што во Аеродром се палат на оној со белите кошули поради воздигнувањето на МЗТ, така и Циц си работи со народот во Куманово (нема шанса да се споредат Аеродром со Куманово, ама овој у Аеродром освен паркови не изгради ништо друго корисно). Од друга страна, ниту Кумановци не се нешто за пофалба. За да имаш таков гнасен град, треба и народот многу да придонесе. Така да за ваквата состојба колку е крив градоначалникот, толку се криви и граѓаните. Само не ми е јасно, толку ли е Циц слеп или непоссобен што не може да го урбанизира делот околу автобуската станица а со тоа и самата станица која е најмизерна веројатно во цела Македонија.
А за Куманово да се обнови, ќе треба градот целосно да се иссели на една година, да дојдат асални луѓе со визија, државата да убаци финансиска инекција од 10 милиони евра, па тек тогаш да се очекуваат малку подобри ветришта за Куманово. Вака, ни у наредни 20 години овој град нема да се смени.

-------------
23ka.wordpress.com

Posted By: phenomenon
Date Posted: 15-Aug-2013 at 13:24
Се плашам дека ни тоа нема да помогне. Но ваква работа би била од корист:

http://www.google.com/url?sa=i&rct=j&q=&esrc=s&source=images&cd=&cad=rja&docid=hSCZj1dG9wK96M&tbnid=-xOwMojSEo3QfM:&ved=0CAUQjRw&url=http%3A%2F%2Fwww.gtplanet.net%2Fforum%2Fshowthread.php%3Fp%3D6239870&ei=7sgMUra1GoGptAaM6oGAAg&bvm=bv.50768961,d.Yms&psig=AFQjCNFFpLidXcigZnf4Ug-IW0iZAiKbAA&ust=1376655950361337">

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Teglarot
Date Posted: 15-Aug-2013 at 17:54
Originally posted by phenomenon

Аха, целта на целата нишка е да се удри по градоначалникот. Ако некој дозволува да го влечат за нос, не значи дека другите не ги гледаат проблемите реално.

Кажи дали е такво Чоробенско Ќоше како што е прикажано на сликата или е фотошоп? Или ќе чекаме некоја ќерамида или стакло да паднат и да отепаат некого?

Кажи ми дали се замочува секое ќоше на плоштадот затоа што овие паразити веќе 20 години не можат да изградат јавно веце ниту пак имаат намера во иднина? Знаеш ли ти кога правиш куќа, прво правиш веце, а потоа удираш темели?

И да не се повторувам прочитај го повторно мојот прв пост во ова нишка.

Дали владата му е крива што еден семафор не може да направи да работи како што треба, или да направи ограда на мостот во Проевце додека некој не влетал со кола в река? Дали владата му е крива што аУтобуската станица личи како да е од среден век? Или трафиките пред пероните што се полни со секакво ѓубре? Или што нема канти за ѓубре на најпрометните улици?

Дали владата му е крива што не можам да поминам по тротоари од паркирани возила? Дали владата го натера да направи згради без паркинг? Дали владата го натера да ги узурпира тротоарите и велосипедските патеки?

Си бил ли ти пријателе во Битола, Прилеп, Кочани? Можеш ли да го споредиш Куманово со нив?

Велиш, требало да го преврти целиот свет за да најде некој денар? Кажи ми, дали тоа тој го знаеше кога се кандидираше на избори? Ако знаеше дека за инает нема да му даваат пари, зошто не се повлече заради доброто на градот? Или му беше ЕДИНСТВЕНО важно повторно да дојде на власт, без разлика што Куманово од ден на ден сѐ повеќе пропаѓа и по четири години ќе личи на средновековен град?

P.S. Не сум член, ниту симпатизер на ниедна партија.

Не знам на кого му се обраќаш, не е ни битно . . . Факт е дека со помош од Владата, општинската власт би работела подобро, би можела многу повеќе да се подобри ситуацијата, а сам е потешко, но не е ни изговор за да не се сработи ништо. Причината на Куманово може и да биде од друга природа, таква со каква се соочуваат поголем дел од градовите од западна Македонија(ТЕ, ГВ ,СУ). И да, имав прилика да ги посетам речиси сите градови во Македонија пред 3-4 месеци и можам да кажам дека не се разликуваат многу од Куманово. Центарот на сите градови е релативно среден, а останатото е катастрофа. Кочани го споредуваш со Куманово ? - Не ме зезај. . . Битола ја немав посетено 10тина години, ја посетив и сум згрозен од ситуацијата, бидејќи го сметав за еден од најубавите градови. . . Центарот, Широк сокак и друго што ? НИШТО !

Целата политика и хајка која се води во државава против "се' што не е нивно" и против "секој што не е со нив", токму на тоа и ми заличи нишкава. Половина од градовите од источна Македонија се поголеми села со никаква инфраструктура, па не гледам нишка за проблемите на тамошните локални самоуправи или за керамидите што паѓаат од некоја куќа.

Posted By: phenomenon
Date Posted: 15-Aug-2013 at 19:03
Проблемот е во тоа што тоа не се керамиди што паѓаат од НЕКОЈА куќа, туку од култното Чоробенско Ќоше. Тоа ти е исто како во Скопје да паѓаат керамиди и фасада од Ристиќевата Палата. Битола ја имам посетено пред еден месец и освен од Автобуската станица која прилично ја упропастиле и од Зоолошката градина, останатиот дел е многу посреден отколку центарот на Куманово.
Мислам дека за ова си во право. Куманово може да се спореди со Гостивар и Кичево

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: phenomenon
Date Posted: 06-Aug-2014 at 17:16
По една година:

http://kumanovonews.com/vesti/horor-kuca-vo-centarot-na-kumanovo - http://kumanovonews.com/vesti/horor-kuca-vo-centarot-na-kumanovo

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Aug-2014 at 11:26
Можеби сепак нешто ќе се промени...

Ќе бидат отстранети петнаесет руинирани објекти во Куманово

Секторот за инспекциски надзор на Општина Куманово до Секторот за урбанизам достави список за 15 склонопадни објекти на ниво на град Куманово, информира kumanovskimuabeti.mk.

Согласно законот, до сите сопственици е доставено писмо, но само еден сопственик досега се одзвал на поканата на општината да соработува во процесот на рушење на овие објекти, вели Лидија Ланг, раководител на Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

- Согласно законските прописи, од страна на Општина Куманово, Сектор за инспекциски надзор и градежната инспекција, беа доставени предмети со записник од лице место, фотографија од руинираните објекти и имотен лист за склонопадни објекти на улиците „Коле Неделковски“, „Димитар Влахов“, „Перо Чичо“, „Илинденска“, „Чоробенско Ќоше“ и уште десет други објекти за кои е поведена постапка за нивно отстранување, вели Ланг.

Во согласност на почитување на законските рокови за достава на барањата, ако сопствениците не се јават на писмената покана на општината, самиот сектор ќе поведе постапка за нивно отстранување, а сите трошоци ќе паднат на сметка на сопствениците.

Во Секторот за инспекциски надзор велат дека има случаи каде во куќите сѐ уште живеат луѓе и тука можат само да го пролонгираат времето за иселување, но најголем дел се напуштени објекти. Сопствениците обично се во странство и потешко се пронаоѓаат за да бидат известени како што налага постапката, дека старата градба ќе се отстрани, објаснуваат од инспекциската служба. Во такви случаи, со самото рушење на објектите од страна на општината, престанува и правото на сопственост, а во согласност со чл.100 од Законот за градба.

http://www.porta3.mk/kje-bidat-otstraneti-petnaeset-ruinirani-objekti-vo-kumanovo/ - http://www.porta3.mk/kje-bidat-otstraneti-petnaeset-ruinirani-objekti-vo-kumanovo/

-------------
За сè има вторпат

Posted By: phenomenon
Date Posted: 04-Sep-2014 at 17:20

Спореди

Вест од 03.01.2013, кога се појавува проблемот

http://www.kumanovonews.com/vesti/staro-nagoricane-i-kumanovo-ne-go-regulirale-medjuopstinskiot-prevoz - http://www.kumanovonews.com/vesti/staro-nagoricane-i-kumanovo-ne-go-regulirale-medjuopstinskiot-prevoz

и вест од 15.08.2014

http://www.kumanovonews.com/vesti/vospostaven-liniski-prevoz-vo-staro-nagoricane - http://www.kumanovonews.com/vesti/vospostaven-liniski-prevoz-vo-staro-nagoricane

Линиите профункционираа од 01.09.2014

Јасно ли ти е сега со какви луѓе, ние кумановците, си имаме работа?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: I.M.
Date Posted: 04-Sep-2014 at 18:44
Има ли позапоставен град од Куманово?Во приградските насделби скоро и да нема улично осветлување,улиците дупка до дупка руина,секојдневни проблеми со вода,хигиена,паркинг...

Posted By: phenomenon
Date Posted: 04-Sep-2014 at 18:50
Originally posted by I.M.

Има ли позапоставен град од Куманово?Во приградските насделби скоро и да нема улично осветлување,улиците дупка до дупка руина,секојдневни проблеми со вода,хигиена,паркинг...

Taка е! Гласаа за Циц, добија пиц!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Sep-2014 at 19:10
а што убава работа си напушти човекот?се бега ли од таа професија?

Posted By: I.M.
Date Posted: 04-Sep-2014 at 19:15
Колку и да не го бива,по мое мислење овој сегашен градоначалник ништо не е подобар ни полош од неговите претходници.Сите ама баш сите си имале фатено терк,терк на неработење,кражба и непотизам..Циц само си го продолжува занатот на претходниците.Вината е кај народот,минималната свест што ја има и апатијата со која е зафатен..за мене и не заслужува ништо подобро.Нели молчењето е одобрување,штом молчи народов значи добро му е и ја одобрува оваа политика,моментална и претходна..а и во иднина не гледам дека има сила и желба да смени нешто.

Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2014 at 07:05
Јас се запрепастив кога негде во февруари го посетив Куманово и ја видов населбата што ја викате „Дивљо насеље“. Имав чувство како да сум на Блискиот исток, а не во Куманово.

-------------
За сè има вторпат

Posted By: phenomenon
Date Posted: 16-Aug-2017 at 17:53
Интересно писмо.

http://kumanovskimuabeti.mk/pismo-od-revoltiranoga-kumanovca-boli-me-za-kumanovo-u-koe-sam-roden-i-zhivu/ - http://kumanovskimuabeti.mk/pismo-od-revoltiranoga-kumanovca-boli-me-za-kumanovo-u-koe-sam-roden-i-zhivu/

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Print Page | Close Window