Print Page | Close Window

Избегнување административни такси

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Воздухопловство
Forum Discription: Аеродроми, авиосообраќај...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1756
Printed Date: 26-Jun-2022 at 11:50


Topic: Избегнување административни такси
Posted By: Djole88
Subject: Избегнување административни такси
Date Posted: 18-Sep-2012 at 11:19
Немаше доволно место во насловот, но се работи за начини за избегнување на административни такси и давачки кои нискобуџетните компании ги наметнуваат и кои неретко знаат да бидат повисоки и од цената на летот. Јас еве ќе споделам искуство со Ryan Air

Сосема случајно налетав на Master Card Pre Paid картичка, во Полска, со која пробав да резервирам лет и на мое изненадување работеше и ги избегнав овие додатни трошоци.Летот ми беше 5еур, таксите требаа да бидат 10еур. Е сега прашањето ми е следно, дали некој знае на кој начин може да се дојде до овие картички од Мастер Кард, преку Македонските банки, зошто за жал мојата истекува за месец дена, беше платежно средство за на музички фестивал и ја даваа бесплатно(со вклучен кредит), ама само на 2 месеци важност

Кај Wizz Air, гледам дека нормално таа такса изнесува 8еур ако се плаќа со картичка, а преку банкарски трансфер само 4еур. Не е голема разлика, но ме интересира дали некој резервирал со банкарски трансфер и дали некоја македонска банка нуди можност преку нејзината веб страна да се оствари трансфер ? Пример во Полска преку мојата банка успеав преку интернет да направам трансфер

Прашувам зошто скоро се враќам во Македонија, а често патувам па секое евро ми е битно



Print Page | Close Window