Print Page | Close Window

Гасификација

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=177
Printed Date: 19-Apr-2024 at 04:17


Topic: Гасификација
Posted By: gotsomekicks
Subject: Гасификација
Date Posted: 07-Oct-2007 at 16:48
РУСИЈА ЌЕ И ГО ВРАТИ ЦЕЛИОТ ДОЛГ НА МАКЕДОНИЈА

Но, не во пари. 60,5 милиони долари ќе се искористат за гасификација и изградба на патишта. За две до три години вицепремиерот Ставревски очекува Македонија да биде целосно гасифицирана. Според владините пресметки целиот проект би чинел 80 милиони долари. Остатокот од парите, околу 20 милиони долари , ќе се покриваат со буџетски средства.
- Врз основа на преговорите кои ги имавме со руската страна, очекувам да бидат реализирани четири до пет проекти и тоа примарниот и секундарниот гасоводен прстен околу Скопје, магистралниот гасовод од Клечовце преку Велес кон економската слободна зона во Штип и до термоелектраната Неготино и магистрален гасодовод кон Тетово и економската слободна зона во Тетово, вели вицепремиерот Зоран Ставревски.
Потпишување на спогодбата се очекува почетокот на ноември. За реализација на проектот Владата ќе бара главен изведувач да биде јавното претпријатие ГАМА . Руската федерација го плати долгот во речиси сите ЕКС југословенски држави, но ниту една земја не доби пари. Во Србија со сукцесија се градеше Ѓердап, во Хрватска Термоцентралата во Сисак. Со Словенците се уште не се договориле.



Replies:
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 07-Oct-2007 at 17:33
pbanks, US$ se ne EUR! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Oct-2007 at 17:52
Originally posted by gotsomekicks

pbanks, US$ se ne EUR! 


Еве ја го седив тоа Smile

Него нешто ме буни околу оваа работа со валутиве. Тоа би требало да се оние „клириншки“ долари. Дали некој ја знае нивната вредност?

Ако се „нормални“ долари, тогаш имаме изгубено многу во вредност, а богами ќе изгубиме уште многу...

Знае некој како идат овие работи?




Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Oct-2007 at 17:55
aha, OK, taka ti zavrsuvase prethodno so Еу pa zatoa se zeznav... eve sea kje instaliram najnova verzija na forumov od pred nekoj den iskocena (9.06) pisuva megju drugoto deka e popognodna za nelatinski encodinzi.... pa da vidime dali neso kje se oprai.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 01:31
Интересен текст. Реално до 90-тите многу касневме со гасификацијата поради објективни причини, ама од тогаш во голема мерка вината е наша.

Не се слагам во делот каде се сугерира дека сме можеле да направиме многу за тоа некој голем руски транзитен гасовод да поминува низ Македонија. Тоа е моментална руска геополитика и наше лобирање мислам не би помогнало. Плус што сме им во скут на Американците...

Ама за нашите домашни проекти, е за тоа сме криви само ние... Се влечкаме со невидена неодговорност кон сопствениот интерес. Плус влечкањето создадовме и миљарда проблеми, како оној со Макпетрол Bash

Ајде да се надеваме дека работите со пребивањето на рускиот долг конечно ќе се придвижат.

Ама има еден дел во целава гасификациона приказна што не ми е баш јасен. Со изгртадбата на Те-То (Топлификација/Синтез), капацитетот на гасоводот ќе се искористи нешто над 50% (од до сега минорни 10%). Што би значело дека со проектот на владата за сопствена Те-То веќе малце се натфрла капацитетот на гасоводот. А што останува за индустријата и за останатите, да не зборам за евентуалните планови во неготино исто да се гради проширување со капацитет на гас. Дали е планиран нов гасовод, со кој капацитет би бил тој, и дали ќе ја следи истата траса или некоја друга Question

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A5259F189E987F489F82743DECF7924E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A5259F189E987F489F82743DECF7924E


Гасификациските проекти во Македонија закочени во место

Скапите инвестиции, недоволното лобирање и спорот на државата и „Макпетрол“ главни пречки за гасификација

МАЈА ТОМИЌ

Гасификацијата во земјава никако да мрдне од место и покрај многубројните проекти ставени на хартија кои чекаат некои подобри денови за реализација. И за оваа година Владата одобри 180 милиони денари за проекти за гасификација, кои веќе ги има еден куп во надлежните министерства. Сите досегашни влади ја потенцираа гасификацијата како значајна за економскиот раст, но Македонија беше и остана на маргините на сите започнати или најавени проекти во поблискиот регион. Експертите коментираат дека проектите за гасификација се скапи и е потребно повеќе време за да се реализираат во практика, бидејќи во нив се вклучени повеќе земји. Но, многу е битно и силното политичко лобирање кај странски инвеститори и влади, со што Македонија досега не може да се пофали.

„Тоа беше причината што ја пропуштивме шансата во 2004 година за вклучување во Трансјадранскиот гасовод од Бугарија кон Албанија, Италија за Европа, кога во првичниот проект низ Македонија требаше да поминуваат 200 километри од гасоводот. Државите потпишаа и меморандум за соработка со швајцарскиот инвеститор ЕГЛ. Но, според сегашната верзија на проектот, трасата на гасоводот не поминува низ Македонија, туку низ Грција, иако и сега не e доцна да се приклучиме“, вели Станиша Николовски, советник во секторот за енергетика во Министерството за економија. Доколку овој гасовод минуваше низ Македонија, ќе имаше можност да се пуштат повеќе крака и земјата имаше право да користи годишно по 2 милијарди метри кубни гас за свои потреби. Плус ќе имаше пари и од транзитна такса.

За разлика од нас, јакото политичко лоби на Грција, Бугарија и на Турција, за што секако има придонес и нивното членство во НАТО и во ЕУ, постигнува повеќе резултати и тие земји стануваат се' поатрактивни за изградба на нафтоводи и гасоводи. Од друга страна, и близината на Црно Море и на Кавказ имаат значително влијание за таа ситуација.

Странските медиуми и' посветија големо внимание на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Софија, на која се потпишаа неколку енергетски спогодби, а една од нив е за изградба на регионалниот гасовод „Јужен поток“. Едниот крак ќе оди од Бугарија, Грција, Јадранско Море до Италија, а другиот од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија до Австрија. Како што оценија странските медиуми, руски „Гаспром“ маршира на пазарот на Југоисточна Европа, но и пошироко. Руската влада и „Гаспром“ пред неколку дена со српската влада потпишаа договор за преземање на Нафтената индустрија на Србија, а тоа ќе значи и изградба на гасовод. Ако се реализираат проектите на „Гаспром“ во Србија, тоа би можело да влијае на плановите на ЕУ во изградбата на меѓународниот гасовод „Набуко“ од Средна Азија, Иран, Азербејџан, Турција и Бугарија.

Во поблиското соседство поголеми делови од земјите се одамна гасифицирани, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, а во Словенија и во Хрватска гасификацијата постои уште пред сто години. Македонија, Албанија и Косово не се гасифицирани.

Една од главните пречки за гасификација на земјава е и маратонскиот судски спор меѓу државата и „Макпетрол“ за сопственоста на постојниот гасовод, чија разрешница, и по десет години, не е на повидок. Единствен напредок во тие релации беше постигнат во 2006 година кога „Макпетрол“ и Владата се договорија заеднички да управуваат со „Га-ма“ друштвото кое ќе има лиценца за пренос и за трговија со гасот.

Една од идеите да се остварат проектите за гасификацијата беше тоа да се направи со пребивање на рускиот долг, кој е во висина од 60 милиони долари. Претходната влада ја зачна оваа идеја, а Владата лани во ноември успеа да преговара со Москва за затворање на долгот со проекти. Се потпиша и спогодба, но се' уште не е завршена законската процедура во Русија за верифицирање на спогодбата. Инаку, реализатор на проектите би бил руски „Гаспром“.

Во земјава се увезува руски гас, а гасоводната цевка влегува кај Деве Баир и на неа се приклучени 20 -ина фирми од Кратово, Куманово и од Скопје. Што значи дека гасот се троши само во индустријата. Во просек се трошат по 80 милиони кубни метри гас. И новата гасна централа која ќе биде лоцирана во скопска Железарница ќе биде за потребите на фирмите.

Во земјава никогаш и немало проекти за гасификација на сите градови и домаќинства. На најскора гасификација можат да се надеваат жителите на Скопје ако се реализира проектот гасен прстен. Должината на цевката би била околу 15 км, а вредноста на проект е околу 12 милиони евра. Повторно, на него би се приклучиле прво институции, а потоа домаќинства. Но, тоа е можно онаму каде што нема централно греење. Доколку се реализира рускиот долг, постојат проекти за изградба на гасификациски мрежи на магистралните патишта Скопје - Тетово, с. Клечовце - Велес - Штип и Штип - Неготино. Заедно со гасоводниот прстен околу Скопје, вредноста на овие проекти би била околу 80 милиони долари.

Употребата на гасот има повеќе предности од струјата. Освен пониската цена, тој има помала потрошувачка, а поголема калориска вредност. Еден кубен метар гас има калориска вредност на околу 9 киловат-часа струја. Тоа значи дека ако околу 90 отсто од домаќинствата не би ги затоплувале домовите со струја, туку со гас, во значителна мера ќе се намалат потребите за увоз на струја, а со тоа и милионските суми евра кои се плаќаат од државната каса.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jun-2008 at 00:55
Веќе многу долгу се најавува ова... Дали овој пат навистина конечно ќе се спроведе?
Во секој случај влечкањето (за причините можеме само да нагаѓаме) не чинеше премногу. Не само ради доцнење на гасификацијата, туку и заради падот на доларот кој ни го обезвредни капиталот, па сега уште треба и да доплаќаме...

Ohno

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=93744 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=93744

Ќе се затвора рускиот клириншки долг

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=117&VestID=93744 - Мишко Иванов http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=93744#komentari - Коментари (1)    
03.06.2008 19:22
 

 

Најрано до септември, а најдоцна до декември Македонија и Руската федерација би требало да го потпишат договорот за затворање на рускиот клириншки долг.

Ова за А1 го тврдат дипломатски извори. Велат дека се усогласува целиот проект со кој треба да се компензира долгот од 60 милиона долари.

Според проектот, ќе се гради гасоводна мрежа речиси низ целата држава. Вкупната инвестиција е 80 милиона долари.

Македонската држава ќе треба да доплати само 20 милиона, останатите ќе бидат дел од компензацијата за враќање на рускиот клириншки долг кон Македонија.

Проектот е веќе познат. Од постоечкиот гасовод пред Куманово се одделува крак кој преку Свети Николе ќе води до Штип и Велес.

Вториот крак од овој постоечки гасовод би требало да оди до Тетово и Гостивар, регион кој е индустриски експониран и кој има огромен потенцијал.

Се уште се разгледувале варијантите дали е можно од Велес гасоводната мрежа да стигне до Прилеп и Битола.

Нерешено, според ова, ќе остане уште Струмичко поле, но овој регион најверојатно ќе се поврзе преку Петрич, Бугарија.

Во проектот предвидена е и мрежата за главниот град. Според информациите, целиот овој проект би се изградил за три години.

Гасоводниот проект на Владата веќе и познат. Постоеше можност досега двапати да се потпише договор со Русите. Нема информација зошто се одолговлекува реализацијата.

Доброупатени во оваа проблематика велат дека на овој начин Македонија прави директен линк со Руската федерација, кој е од исклучително значење.

Домашната експертска јавност одамна предупреди дека Македонија за две до три години може да се соочи со сериозна криза за струја, а единствениот спас го гледа во гасот.

Истовремено земјава си го наплаќа рускиот клириншки долг, а обезбедена е и со гасна инфраструктура.



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Jun-2008 at 08:56
Сиромашниот плаќа 2 пати, а политичката елита се однесува многу бахато за овие прашања веќе 17 години, како да ни е гајле. Гасот е до Скопје спроведен уште 1995 ако не се лажам, сеуште немаме секундарна гратска мрежа, само 2-3 фирми го користат, како да сме најбогатата нација н светот па сега моќе да се расфрламе со трошење струја и нафта.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jul-2008 at 02:04
Ова го ископав од одговорите на европските прашалници. Се работи за проект кој заедно со АМБО беше наведен во групата на цевководи во фаза на преговарање.

Во текстот пак во првиот пост, нејасно се вели дека во 2004 сме ја испуштиле шансата да се вклучиме и дека сега трасата поминувала низ Грција, но се уште не било доцна да се вклучиме...
 Confused


ТРАНС - ЈАДРАНСКИ ГАСОВОД ( ТАP )

Врз основа на прогнозите за побарување на гас од околу 3 милијарди м3/годишно, Европската
трговска компанија за гас и енергија ЕГЛ со своето седиште во Швајцарија и филијали низ
цела Европа одлучи во 2001 година да влезе во бизнис со природен гас, со цел да ги обезбеди
резервите на гас директно од земјите произведувачи за своите побарувања за гас како
енергија, како и резервите на гас за индустријата и домаќинствата од италијанскиот и
соседните пазари. Со намера да отвори патишта со цел да ја зголеми разновидноста во
ифраструктурни проекти за гас ЕГЛ го спонзорира (ТАП) проектот.
Транс - Јадранскиот гасовод (ТАP) се предвидува да поминува по трасата од Делчево преку
Прилеп до Струга. Должината на трасата ќе биде околу 200 км. на територија на Република
Македонија.
Капацитетот на гасоводот ќе биде 8-12 милијарди м3/годишно од кои 1 милијарда м3/годишно
припаѓа за земјите низ кои ќе транзитира гасоводот.
Целата инвестиција ќе чини 1,2 милијарди евра. Преку гасоводот ќе може да се користи и
гасот од Русија и зад Кафказките земји.
Поглавје 09 Сообраќајна политика
44/54
Досега е изработена предфизибилити студија. Изработката на физибилити студијата ќе трае 9
месеци и ќе чини околу 2 мил.швајцарски франци. Затварањето на финансиска конструкција ќе
трае 6 месеци, а изградбата на гасоводот се планира да трае 2,5 години. Согласно планот,
изградбата би почнала во Ноември 2005 а би завршила до крајот на 2008 година.
Досега е потпишан Меморандум за разбирање од страна на Италијанската, Албанската и
Македонската Влада, а во наредниот период истото тоа треба да го стори и Владата на
Република Бугарија.


Posted By: beTon
Date Posted: 18-Aug-2008 at 01:42
http://www.srpskapolitika.com/Tekstovi/Analize/2008/061.html - Руски гасовод не може кроз Србију
Амерички гасовод „Набуко“ може, али
руски „Јужни ток“ не може проћи кроз Србију
Српска политика - 05 мај 2008

незнам колку ова ќе излезе на арно за нас...?
но како тргнало најубаво е сами да си финансираме крак до бугарија и да не чекаме многу ни на србите ни на америте...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 02:50


Поарно да помине од кај нас, отколку да не заобиколи...

Инаку текстот скроз ме изненади. Во апсолотно сите извори на кои сум наишол до сега, трасата на Набуко се спомнува дека ќе оди низ Бугарија и Романија. Е сега колку овој дел од текстот држи вода, можам само да нагаѓам:
Иако се сада траса гасовода „Набуко“ црта преко Бугарске и Румуније то се неће догодити зато што је то доста тежак терен за изградњу јер иде преко Карпата. Много је прикладније и неупоредиво јефтиније да се један гасовод тако великог капацитета гради Моравско-Вардарском удолином на скоро равничарском терену него преко неколико озбиљних планских масива. Осим тога „Набуко“ ће ићи дуж већ постојећег аутопута (коридор 10) што знатно појефтињује радове јер ће сав транспорт материјала бити знатно олакшан.


Или авторот е навистина упатен и има одредени инсајдерски информации, или е некоја тешка будала. Но дури и првото да е вистина, уште ништо не е сигурно околу Набуко, а камо ли од каде ќе поминува. Игрите очигледно се во тек, а резултатот виси. Русија се опорави чудесно брзо, иако беше на работ на пропаста, додека западот е пред можна стагнација, а посебно Америка веројатно се наоѓа пред сериозна криза. Во ваква ситуација веќе неколку европски држави се обидуваат да седат на две столчиња... За Америка е круцијално да ја добие енергетската војна под итно, додека уште е доминантна сила во светот и со самото тоа да се спаси од еден порочен круг на стагнација кој сериозно и се заканува.

Инаку ова е работа со огромна гео-стратешка важност и за нас ќе има многу поголеми и подалекусежни последици отколку што се аспектите на гасификацијата на Македонија...

А за втор крак до Бугарија мислам дека има време со оглед на тоа колку е искористен постојниот (и колку ќе биде дури и со пуштањето на Те-То во производство). Додека се реализираат и другите проекти кои треба да го искористат капацитетот на постојниот гасовод, мислам дека судбината на Набуко ќе биде искристализирана, така да одлуката дали ќе ни треба дополнителен гасовод од Бугарија ќе може да се донесе во појасни околности.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 03:01
Руска пара у Македонија нема да влезе како што не влегла до сега*, ако не на подолг рок барем во наредните 4-5 години. Властите во Македонија се плашат од руски капитал како ѓавол од крст. Така барем играат на некоја политичка карта, да не се дозволи да станеме втора црна гора, нормално по директива на НАТО.

* Лукоил им се промакна на нашите власти неприметно и сега имам впечаток дека е закочен во инвестициите од страна на државата.


Posted By: beTon
Date Posted: 18-Aug-2008 at 03:12
http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2007/10/071030_macedonia_gas.shtml -
Ние треба многу поинтензивно да работиме и на двата правци и на север - југ и на исток - запад. Ние не можеме да се задоволиме сега со овој еден краток гасовод кој што само Скопје го поврзува со бугарската граница. Гасоводот мора да стигне и до другите градови


академик Глигор Каневче bbc mk 30.10.2007


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 03:30
lsl, ниту Набуко има врска со руски капитал, ниту ЛукОил има врска со гас и гасификација

Од кај доби инспирација за постот жити се? Poke

LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 03:38
Originally posted by Cloverstack

lsl, ниту Набуко има врска со руски капитал, ниту ЛукОил има врска со гас и гасификација

Од кај доби инспирација за постот жити се? Poke

LOL


Постот си е многу на место. Светските сили си го освојуваат пазарот за енергенсите. И обично една сила не дозволува друга да и се меша во својот пазар. Така и ние. Ние сме амерички пазар, и све што е руско е недобредојдено. Може вака изгледа на кафанска политика, ама не е така. Македонија во скоро време нема да добие ни гасовод ни нафтовод, било што, што има везе со пласирање руска нафта и гас на македонски пазар.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 03:52
Ама добро човече у кој контекст го збориш ова?
Го оставам на страна фактот што како што и сам велиш, личи на кафанска политика... Едноставно не ми е јасно како Набуко го поврза со руски капитал и со ЛукОил.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 03:58
Па ја не зборев за набуко. Зборев за општата ситуација за пазарот на енергенсите. За набуко има шанси и да влезе во Македонија, само Набуко има време додека да се утврди трасата.

Ја онака само се убацив вон контекст.


Posted By: beTon
Date Posted: 18-Aug-2008 at 04:24
ова лсл не ти држи па бугарите чив пазар се руски, ако е така не ги примаа во нато...
ако сме паметни ќе најдеме начин како да оствариме соработка со русите, и реално досега го испуштивме возот трчајки по нато па така сега грците се збратимија со нив а ние ни во нато ни со нив, затоа на грујо му се брза од криволак да направи најголем нато воен полигон во европа па индиректно имајки многу нато војска во мкд ќе бидеме под посебен режим на заштита а не само празни гаранции а и добро ке се омрсиме од изнајмувањето и логистиката мислам не случајно се почнаа капацитети како кожуф и аквапура.
но сепак не е лошо дирекниот контакт за клириншкиот долг да го искористиме максимално и некако да добиеме и гаранции за ефтин гас, па види ги бугарите паметно јагне од две мајки цица но доколку се препие ни една нема да го чува туку директ во кланица, никој од големите нејќе силен сојузник кој ќе може да крене малку повисоко глава, затоа грците уште пред нато самитот во букурешт веќе имаа склучено нови воени и економски договори со русите знаејки дека штом им кренат јавно глава на америте дека мораат со време да бараат друго чаре, додуша сега нешто се надеваат на обама, но како велат чавката одкол накол колот вгаз па така сигурно е дека долгорочно ептен го утнале времето и човекот за кавга иако за тоа треба голема смелост но се одважија кока ги видоа картите на американските нато војници каде македонија е претставена како цел регион а не дел од оваа или онаа држава, па дотаму отиде работата што грците ги замолија америте да си ги повлечат базите од кај нив на што овиее културно им одговориле базите се во македонија не во грција за тие на север додека таа во атина и ја спакуваа, а плус и регионалниот центар на ција го дислоцираат од атина во скопје затоа и градат тука мини база на кале...
а освен гасот она што вреди да се брка со русите од наша страна тоа е повеќе извозот за зеленчук и овошје бидејки сеуште сме далеку од масовно производство и пласирање на готови производи во еу заради строгите стандарди што заради нашата мрзливост под итно да се преструктуираме за европскиот пазар...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 04:52
бетон, баш за бугарија. Бугарија е во еу без исполнети стандарди со корупција само за да се оттргне од русија. Исто како што и црна гора по забрзана постапка се гура кон нато и еу. Бугарија е во еу поради стратешката положба. Хрватска е 10 пати бољи од бугарија па пак не е во еу. Со текот на времето рускиот капитал во бугарија ќе опаѓа, тоа што го има сега тамо е од пред влез во еу, а останатото е многу малку. Во бугарија масовно европјани купуваат имоти и фирми. Инаку со грција мислам дека ќе се одвива обратниот процес. Средбата на Караманлис со Путин беше прст во око за цело НАТО.  Тоа се геостратешки интереси на светските сили, малите земји можат само да се држат цврсто до една од силите.


* ај молимте што било тоа со базите. Го имам слушнато муабетов дека се десило околу 94/95, барав секаде по нет ама ништо не најдов. Ај молимте објасни ми ама во меана.

**Муабетов отиде ептен.


Posted By: beTon
Date Posted: 18-Aug-2008 at 05:54
мислам дека бугарите никогаш нема директно да ја прекинат соработката со русија инаку како земја се напола поделени на кого треба да му слугуваат од големите сепак имаат многу слободни стрелци како и доста нус агентура и политичари кои се стремат кон русија колку е тоа добро времето ќе покаже но едно е сигурно дека во моментов добиваат најефтин гас во европа а за да остане таква работата дефинитивно нема ништо да намалуваат бугарите во соработката со русите, сепак брат за брат сирење за пари па да не е тоа ефтиниот руски гас тие ќе имаат таква инфлација и сиромаштија што за некое време ние ќе треба да воведеме визи за нив LOL ај претерав но тие и вака се последни во еу а па во случај русите да им ја кренат цената на гасот мислам дека ќе свртат доста страници наназад, па ети ти повторно турбо организиран криминал не дека и сега не е турбо но тогаш пак би бил јавен и за престиж. инаку од инвестиции во моментов највеќе имам чувство дека бугарија е топ дестинација за вложување во недвижности со несфаливо ниските цени за европскиот пазар па дури чув дека англичани купувале по цели села, истото и нас не чека но за разлика од бугарите ние имаме многу малку земја за расфрлување..... а за базите и јас го знам како муабет иако последниот договор со америте за нивните инсталации им беше пролонгиран до 1998 после тоа што се во меѓувреме се има случено навистина http://www.globalresearch.ca/index.php?context=va&aid=5564 - незнам , но за картите со македонија како регион сум сто посто сигурен... нема потреба да ја шириме мислам инаку отиде форумов на разузнавачки и контраразузнавачки топ листи!!!

Sleepy


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Sep-2008 at 11:43
 
Гасоводната мрежа ќе се гради во 2010


Министерството за транспорт објави тендер за изработка на физибилити студија со идејни проекти за поставеност на гасоводната цевка во земјава. Со проектот треба да се нацрта гасоводната мапа во земјава и точно да се прецизира каде ќе минуваат магистралните гасоводи, а дури потоа да се стартува со изработка на главни проекти.
Според Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски до крајот на идната година треба да се почне со изградба на еден магистрален гасовод, а во втората половина на 2010 ќе се гради гасоводната мрежа во земјава. Во меѓувреме, појаснува министерот, ќе се преговара со државите од кои можеме да добиеме гас, бидејќи со тоа драстично ќе се намалат фиксните трошоци, како за компаниите, така и за граѓаните.
- Ова е нешто што долго време се зборуваше во земјава. Ние тоа го ветивме во нашата програма и веќе го реализираме - потенцира Јанакиески во интервју за телевизија Сител .

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BD58067DE210544298A357DD8BB08479 - vecer
 


Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Sep-2008 at 15:24
офф уште го влечат проектов иако е многу битен, според мене ова е многу бутно, после иде железницата кон бугарија , и кон албанија , како што успеав да прочитам во Валона ке се гради ново пристаниште кое ке конкурира на тоа во Солун и Варна , таман до тогаш да ја изградеа .... ама тоа е тоа 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:39

ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА ГАСОВОДНИОТ СИСТЕМ ВО ЗЕМЈАВА


Ќе се прави нов магистрален гасовод?


Новата физибилити студија за изградба на гасоводен систем во земјава треба да покаже дали ќе се надградува старата гасоводна мрежа или ќе се прави нов магистрален прстен. Министерството за транспорт и врски минатата недела објави меѓународен тендер за изработка на физибилити студијата, која треба да се направи во периодот од први декември годинава до 1 август 2009 година. Во втората половина на 2010 година веќе треба да стартуваат градежните активности.

Студијата треба да ја покаже економската и финасиската оправданост за изградба на целата гасоводна мрежа, но и да ги дефинира стратешките услови и фазите на временска реализација на гасоводниот систем. Документот треба да ги прецизира и приоритетите, како и да ги анализира регионалните и меѓуграничните услови за развој на гасоводниот систем.

- Студијата треба да ги испита и можностите за користење на гас од Русија, Каспискиот регион и други зони кои се богати со овој природен енергенс, за во периодот од наредните 20 до 30 години. Дел од анализите треба да го утврдат и аспект на заштита на животната средина - велат од Министерството за транспорт.
Студија ќе се изработи со пари од буџетот, а според министерот за транспорт Миле Јанакиески со гасификацијата драстично ќе се намалат трошоците и за компаниите и за граѓаните.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AAB4D300E2E58E48A1482F8253FB65E9


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Sep-2008 at 20:12
Во ред е заинтересираноста на министерството, но мислам дека веќе ја добивме фирмата која што треба да го направи гасоводот. Колку што се сеќавам бившата влада склучи договор со Русија за отплаќање на советскиот долг кон македонија во износ од 60 милиони долари, токму за изградба на гасоводниот прстен кон Скопје, а доколку сумата дозволи и градење кон другите градови. Не знам зошто(можеби јенките притиснале), но оваа влада сеуште не ги има прецизирано деталите за почеток на изградбата. Не зошто ќе ни треба нова студија, кога го избравме партнерот.
П.С. Нов сум на форумов и ми се допаѓаат размислувањата на него.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Sep-2008 at 10:01
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од Дневник

* Ова е време на скапи енергенси. Што презема
Министерството за конечно во вистинска мера да заживее гасификацијата?


- Почнавме со имплементација на проектот за гасификација кој долго време беше одолжуван од страна на претходните влади. Оваа недела беше објавен тендер за набавка на услуга за изработка на студија за економска оправданост за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект. Со избраниот најповолен понудувач ќе се склучи договор со времетраење од 9 месеци, почнувајќи од 1 декември оваа година. Преку оваа почетна активност ќе се приберат потребните проектни податоци и подлоги, теренски проспекции, истражувања и анализи на постојните состојби, како и анализи на актуелната состојба на гасоводната инфраструктура во земјава и можностите за нејзина надградба. Ќе се изврши економска и финансиска процена на варијантните решенија со што ќе се увидат магистралните правци што најбрзо би се извеле, се разбира откако претходно ќе бидат проектирани.Ќе се направат анализи каде може да се поврзиме со гасоводните мрежи на соседните земји. Гасоводниот систем ќе се протега до поголемите градови како Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Гостивар, Неготино, Штип, Струмица и други и ќе поминува во близина на поголемите производствени капацитети, како „Фени“ и „Макстил“. Со тоа ќе се замени користењето на електричната енергија како скап енергенс.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDFC10E50231564A92308E46B17E9ACF - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDFC10E50231564A92308E46B17E9ACF


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Sep-2008 at 11:58
Вака така, Куманово изгледа си ја истера работава. Браво Cheers

„Куманово Гас“ добри дозвола од Регулаторна за вршење на енергетска дејност
 
“Куманово гас” во изминативе две години со сопствени средства во висина од еден милион евра го гасифицираше Куманово, но како што за Тотал потврдија од Претпријатието, за да биде реализиран проектот во целост потребни се дополнителни инвестиции од девет милиони евра.
Јавното претпријатие „Куманово Гас“, кое има поставено 6,5 километри примарна и секундарна мрежа, добри дозвола од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за вршење на енергетска дејност.
Со добивањето на дозволата се овозможува побрзо реализирање на проектот, изјави техничкиот директот на претпријатието, Горан Стојковиќ.
Според него, приклучувањето на магистралниот гасовод и изградбата на главната мерно-регулациона станица се обврска на фирмата ГАМА, а се очекува до крајот на септември тие да го завршат својот дел од работата.
Советот на општина Куманово неодамна донесе одлука за воведување јавно-приватно партнерство во Ј.П Куманово - Гас. Одлуката предвидува да се распише меѓународен тендер за избор на стратегиски партнер со максимум 49% удел во претпријатието, а општината и понатаму да остане доминантен сопственик и основач.
Се уште е неизвесно дали до крајот на годината течниот гас ќе го користат установите и домаќинствата како поевтин и природен енергенс.
“Куманово гас” во изминативе две години со сопствени средства во висина од еден милион евра го гасифицираше Куманово, но како што за Тотал потврдија од Претпријатието, за да биде реализиран проектот во целост потребни се дополнителни инвестиции од девет милиони евра.
”Oткако започна проектот, во Куманово се поставени седум илјади метри гасоводни цевки, со што на мрежата се приклучени голем дел од институциите и фабриките во градот. Се очекува Куманово целосно да биде гасифицирано за четири до пет години, доколку се обезбедат потребните средства”, изјави за Тотал, Момчило Мирчески, директор на “Куманово Гас“.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=12320&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=12320&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Sep-2008 at 12:00
Originally posted by BOJAN

Во ред е заинтересираноста на министерството, но мислам дека веќе ја добивме фирмата која што треба да го направи гасоводот. Колку што се сеќавам бившата влада склучи договор со Русија за отплаќање на советскиот долг кон македонија во износ од 60 милиони долари, токму за изградба на гасоводниот прстен кон Скопје, а доколку сумата дозволи и градење кон другите градови. Не знам зошто(можеби јенките притиснале), но оваа влада сеуште не ги има прецизирано деталите за почеток на изградбата. Не зошто ќе ни треба нова студија, кога го избравме партнерот.
П.С. Нов сум на форумов и ми се допаѓаат размислувањата на него.


Па фирмата ја немавме добиено но дефинитивно Русија требаше да го плати цехот со клириншкиот долг. Којзнае што стана со сето тоа одавна немало ништо по медиумите.

BTW добредојде Cheers


Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Sep-2008 at 18:18
Го прочитав интервјуто на министерот, но добивам впечаток дека државата сеуште не му дава приоритет на госот. Истото се случува и со железницата, наспроти патиштата и авионскиот превоз. Темата за враќање на долгот одамна не е дискутирана од медиумите, но тоа не значи дека државата треба вака неодговорно да се однесува. Од целава оваа приказна имам впечаток дека Русија е таа што го бутка враќањето на долгот, а Македонија е незаинтересирана за сопствените средства. Ако ништо друго, бар повторно да се спогодат со русите. Наместо инфраструктура, Македонија да ги добие парите на сметка или нека купи опрема за ТЕЦ БИТОЛА, нови возови за железницата или противпожарни возила.  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2008 at 01:25
Па Русија го турка враќањето на долгот, пошто она ќе има повеќе ќар него ние од тоа. Низ тој гасовод ќе треба да тече руски гас. Ваљда не е будала Русија да гради гасовод, ако тече туѓ гас низ него. А нашите се плашат од руски капитал во Македонија и затоа го заташкуваат проектот.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Sep-2008 at 19:00
Се согласувам со тебе дека на Русија и одговара проектот, но Македонија треба да биде поодговорна кога се работи за нејзините пари, посебно што земјава е ем во економска криза, ем инфраструктурно слабо стои. Дури и некој друг да го гради гасоводот, гасот ќе треба да се презема од Русија или пак да помине низ руска територија. Сметам дека поевтино ќе не чини доколку гасоводот им го дадеме на русите, отколку на некоја трета земја.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:24
Гасоводот во Скопје чека стратешки партнер


До крајот на месецот се чека одговор од фирмите, по што би започнала и процедурата за јавно приватно партнерство. Со гасоводот се предвидува во наредните 6 години да бидат опфатени над 65 илјади објекти


АД "Енергетика" Скопје, друштво формирано од Град Скопје со цел да ја започне и реализира изградбата на гасификационата мрежа на ниво на целата наша метропола, достави писма за партнерство до пет странски и три домашни фирми, а одговор се очекува до крајот на месецот. Според надлежните ова е единствен услов за да започне изградбата на гасификационата мрежа, со оглед дека Градот нема потребни финансиски средства.
- Проценета инвестиција за изградба само на дистрибутивната мрежа е околу 45 милиони евра, но целата реализација би чинела над 100 милиони евра, при што би биле опфатени над 65 илјади објекти. Во моментов гасот е доведен до влезот во градот, а во градот има изградено и гасна мрежа за снабдување на 22 компании. Со оваа дистрибутивна гасификациона мрежа, пак, би се опфатиле објекти кои не се приклучени на топлификациски систем. Инаку, освен до странските фирми писмата за партнерство се испратени и до Макпетрол, скопска Топлификација и групацијата Дуферко која сакаше да ја гради гасната централа во Скопје, вели професорот Константин Димитровски, заменик-градоначалник на Град Скопје.

Гасификационата дистрибутивна мрежа во Скопје која треба да ги намали трошоците на домаќинствата за енергија, би се градела во фази и тоа во наредните 6 години со оглед дека се работи за десет општини и голема површина.
- Градот не може сам да ја гради дистрибутивната гасификациона мрежа не само поради финансиските средства, туку немаме искуство, неопходна е и нова технологија, пластични цевки, потребна е дополнителна лабораторија за испитување на материјалот, што значи дека се потребни посебно обучени луѓе за поставување на оваа инсталација, вели Димитров.
Тој напоменува дека е неопходна и целосна поддршка од централната власт, со оглед дека основен предуслов за економичност и атрактивност на системот е на дистрибутивната мрежа да се приклучат што поголем број индустриски објекти.

http://vecer.com.mk/?ItemID=68391F8DB5C22E48B827A4D6520F196C



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 18:09
Се бара партнер за гасификација меѓу осум фирми



Автор:  Г.Т.

Градските советници испратиле писма до осум фирми со понуди да бидат партнери на акционерското друштво „Енергетика“, кое е целосно во сопственост на градот и треба да го гасифицира главниот град. Константин Димитров, советник во градот и експерт од енергетската област, најавува дека пет од компаниите се странски, а три домашни, и тоа „Макпетрол“, „Топлификација“ и „Дуферко“.

- Очигледно е дека градот не може самостојно да го спроведе овој голем инфраструктурен проект. Постојат повеќе причини за тоа. Немаме ниту пари, ниту искуство во таа област, ниту посебни лаборатории за испитување на пластичните цевки што сега се користат за таа намена - објаснува Димитров.

Советот, како единствен акционер во претпријатието, редовно држи состаноци на кои ги дефинира понатамошните чекори. Според професорот Димитров, идејата е тие што не се приклучени на топлификациската мрежа да добијат гас, а тоа се околу 60.000 станбени објекти.

- Преговараме и со Владата да ја стимулира индустриската потрошувачка на гасот, за да го користат и фабриките. Очекуваме до крајот на месецов да се пријави барем еден заинтересиран инвеститор. Само за примарната гасификациска мрежа би биле потребни околу 45 милиони евра. А за целата мрежа да профункционира треба инвестиција од околу сто милиони евра. Сето тоа може да се направи фазно, за период од околу шест години, а треба да се усогласи и со Генералниот урбанистички план - додава Димитров.

„Енергетика“ беше формирано како јавно претпријатие во февруари минатата година. Подоцна со одлука на советот тоа беше трансформирано во акционерско друштво и почнаа да се бараат партнери со кои би била извршена гасификацијата во целиот град. Се најавуваше дека половина акции ќе му се продадат на заинтересиран стратегиски инвеститор, кој би ја градел мрежата, но досега тоа не се случи. Според процената што лани ја направи истанбулското јавно претпријатие за гас „ИГДАШ“, целиот град би можел да биде гасифициран дури во 2026 година.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=206&ArticleID=9071



Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Oct-2008 at 22:13
Имам чувство дека секоја општина плус државата плус приватни партнери планираат проекти за изградба на гасовод. Ако вака продолжи Скопје ќе добие два-три гасоводи. Има ли оваа држава кохезиона и усогласена стратегија за тоа кој, кога, каде и како
ќе го гради гасоводот?


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Oct-2008 at 22:28

http://maps.grida.no/library/files/storage/transportation-final.png - - http://maps.grida.no/library/files/storage/transportation-final.png

еве нешто на глобално ниво што евентуално би можело да се одрази позитивно и по нас... инаку преземено од http://gazpromnation.splinder.com - GAZPROMNATION (Oil and Gas - News and Analysis Blog)  

The British company found that the South Iolotanya and Osmana fields in southeast Turkmenistan contain five times the reserves at the Dovletabad field, the resource base for Gazprom purchases that had previously been considered the country’s largest field. According to Gaffney, Cline spokesman Jim Gillett, under the international estimation and classification system, the low estimate is 4 trillion cu. m. of gas, the optimal estimate is 6 trillion cu. m. and the high estimate is 14 trillion cu. m. It is, therefore, the fourth or fifth largest gas field in the world.

http://gazpromnation.splinder.com/?from=10 - NO NABUCCO WITHOUT RUSSIA [ http://www.kommersant.com/p1030515/r_529/EU_Russia_energy_policy/ - 1 ]

Map of Natural Gas Pipelines

The technical coordinating body of the Baku Initiative is the INOGATE (Interstate Oil and Gas Transport to Europe) Programme Technical Secretariat, which locates in Kiev. http://www.inogate.org/inogate/en/participating - Signatory and Acceding Countries...

Map of Crude Oil Pipelines



Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2008 at 14:02
Пријавени 3 конзорциуми за изработка на физибилити студија за гасоводен систем

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/43158/min_trans_vrski.jpg">

За изработка на физибилити студија за гасоводен систем во Македонија, согласно објавениот оглас  во меѓународниот весник “Фајненшл тајмс“ се пријавија 3 конзорциуми.

Како што информираа од министерството за транспорт и врски трите конзорциуми се:
1. RAMBOLL од Данска и GAZOPROJEKT од Полска,
2. ПРОСТОР ДОО-Куманово, GASTEK BG од Бугарија, PETROL од Словенија и ЕНЕРГО СИСТЕМ-Скопје,
3. HPC HARRESS PICKEL CONSULT AG- Германија преку ХПК-Бугарија ЕООД од  Бугарија и МАК-2000 АД од Скопје, Македонија.

Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе биде одбран најповолниот понудувач.

За следење на работата на економскиот оператор со кој ќе биде склучен договор, Владата формираше Меѓуминистерски комитет, кој ќе ги одобрува периодичните извештаи доставувани од економскиот оператор кој ќе ја изготвува студијата. Ова тело ќе дава согласност и насоки за најбрза реализација на предложените магистрални гасоводи кои паралелно би се проектирале на повисоко ниво и набрзо би се извеле.

Економскиот оператор кој ќе биде избран за носител на набавката ќе има обврска во рок од два месеци по склучување на договорот да предложи најмалку еден правец од магистралните гасоводи, за кој, по давањето согласност од страна на Меѓуминистерскиот комитет за негова реализација, ќе изработи Тендерска документација со критериуми за проценка на понудите за избор на проектанска фирма за проектирање на проектна документација на утврдени делници или делница, предмет на Програмата, како и тендерска документација со критериуми за избор на ревидент на проектната документација на приоритетни делници од магистралниот гасовод.

Рокот за извршување на услугата е 9 месеци по склучување на договорот.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43158&kategorija=2


Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Oct-2008 at 17:51
Да се забрза студијава, да потече гас час поскороSmile!


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 01-Nov-2008 at 21:29

Руската федерација очекува од македонските власти да одлучат како да се врати клириншкиот долг во висина од 60 милиони долари.

Ова за А1 го тврдат високи дипломатски извори. Потенцираат, тие пари се ваши, дојдете и земете си ги. Една од опциите беше изградба на гасоводна мрежа низ Македонија. Вкупната инвестиција предвидено беше да изнесува 80 милиона долари, а Македонската држава да доплати само 20 милиона. Засега нема ништо од овој проект.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=99605

Каква неажурност и срамота Ohno



Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Nov-2008 at 01:14
Знам, гледам и опозицијата притиска за проектов. Но не е само неажурност, мислам дека имаме и притисок од Американците, а и од европските земји за да го земат они гасоводот, а долгот да се врати на друг начин.


Posted By: beTon
Date Posted: 03-Nov-2008 at 16:01
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4EAF2B99209371439457AF65AD05859D - „Газпром“ може да ја исклучи Бугарија од „Јужен Поток“

Рускиот гигант за гас „Газпром“ ја разгледува можноста, наместо Бугарија, во реализацијата на проектот на гасоводот „Јужен Поток“ да ја вклучи Романија, објави московскиот весник „Комерсант“, јави МИА.Весникот наведува дека минатата недела директорот на „Газпром“, Алексеј Милер се сретнал со претставници на романските компании „Трансгас“ и „Ромгас“, со кои разговарал за ангажирање на Романија во проектот „Јужен Поток“ и за можноста оваа земја да ја замени првично планираната Бугарија.

Според досегашниот план за изградба, гасоводот „Јужен Поток“ треба да почнува во Русија и под дното на Црното Море да пристигнува до Бугарија, каде би се двоел на два крака, од кој едниот би одел преку Грција и Јадранското Море до јужна Италија, а вториот преку Србија и Унгарија до Австрија.

- „Газпром“ сака да ја промени маршрутата, што укажува дека постојат сериозни проблеми на реализација на проектот. Бугарија бара делот од гасоводот што ќе минува низ нејзина територија да биде нејзина сопственост, а рускиот енергетски гигант инсистира „Јужен Поток“ да биде во руска сопственост - наведува „Комерсант“.

Московскиот весник тврди дека главна пречка за реализацијата на проектот е недовербата на Европската Унија кон Русија. ЕУ стравува дека со изградбата на гасоводот „Јужен Поток“ ќе се зголеми зависноста на Унијата од рускиот гас. Поради тоа, Брисел настојува да се реализира проектот „Набуко“, преку кои членките на Унијата би можеле да се снабдуваат со енергенси од Каспиското Море, независно од Русија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4EAF2B99209371439457AF65AD05859D - Дневник - 03.11.2008



Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Nov-2008 at 16:26
А дали се свесни дека и земјите од каспискиот басен се блиски до Москва, Туркменистан, Казахстан?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2008 at 16:32


Тоа е битка за доминација и влијание која уште трае (и во некаква форма сигурно никогаш нема да престане), но западот дефинитивно излезе многу поимпотентен него што можеше да се очекува пред неколку години.
А бидејќи сме на еден од патиштата за касписките енергетски ресурси и Македонија трпела и ќе трпи низа последици (поволни или неповолни). Ни останува само да се надеваме дека некој во државава работи на случајот што подобро да сме позиционирани во овие игри,  во делот во кој што можеме да превземеме нешто.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Nov-2008 at 16:36
Ако јас би бил во владата би го пресликал примерот од Бугарија. Бугарите активно учествуваат и во проектите на Русија, и во оние на европските земји, а и со САД. За разлика од Бугарија, ние сеуште се плашиме да го потпишиме договорт за враќање на клириншкиот долг со Русија. ЗОшто?


Posted By: vardar
Date Posted: 15-Nov-2008 at 11:08

СПОРЕД ЛОНДОНСКИ „ГАРДИЈАН“

Крак од јужниот европски гасовод ќе минува и низ Македонија


ЕУ со овој амбициозен план за јужниот гасовод има цел да ја намали сегашната голема зависност од рускиот гас

Низ Македонија ќе минува еден крак од јужниот европски гасовод низ кој се планира да се пренесува енергија од средноазиските наоѓалишта до западноевропските потрошувачи, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

Европската Унија со овој амбициозен план за јужниот гасовод има цел да ја намали сегашната голема зависност на европските земји од рускиот гас.„Гардијан“ пишува дека до следната година ЕУ ќе настојува да создаде посебен конзорциум на европски компании што ќе купуваат гас од реонот на Каспико Море и од Азербејџан, па преку Турција, земјите на Балканот и на Австрија ќе го префрлаат во Унијата. Вредноста на целиот проект се проценува на 2,5 илјади милијарди долари.

Транспортот на средноазискиот гас за западните земји би требало да почне од 2013 година и на тој пат до ЕУ ќе минува низ два патни правца. Унијата има определено едниот крак да поминува преку Романија и Унгарија, а другиот низ Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија.Според европските стратези за енергија, овој голем и скап проект има економско, но и политичко значење, бидејќи неговата основна цел е заобиколување на рускиот гас од државната компанија „Газпром“ и на сегашниот монопол што го има Русија врз европското снабдување со гас и енергија.

Во Брисел велат дека загрижува тоа што ЕУ се' повеќе зависи од рускиот гас, а некои земји речиси целосно се определени за снабдување од Русија. Тоа се одразува врз политиката и на односите на ЕУ со Русија.Поради тоа планот за јужниот енергетски крак за Унијата има безбедносно значење и ќе овозможи намалување на зависноста од природниот гас на Русија и од нејзината државна компанија „Газпром“. Сите гасоводи што сега од истокот одат кон западниот дел на европскиот континент се во руски раце, посочува „Гардијан“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F271FEDA53D5F64995D051430D9637C0 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F271FEDA53D5F64995D051430D9637C0
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2008 at 14:36
Вредноста на целиот проект се проценува на 2,5 илјади милијарди долари


Crazy

Аман више со вакви новинарски глупости. До кога?


Инаку дај боже нека поминува низ Македонија  Cheers




Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Nov-2008 at 01:12
Ете зашто нашиве политичари се бунат на руската инвестиција во земјава. Значи сепак имало нешто! Другиве сепак фрлаат повеќе парички за во џебLaugh.


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Dec-2008 at 02:22
 

Прилеп ќе се гасифицира

Прилеп треба да се поврзе на гасната мрежа до 2012 година, според одлуката на општинските советници.Локалните власти сметаат дека проектот за гасификација претставува долгорочно решение за алтернативен, економичен и еколошки извор на енергија. Со спроведувањето на проектот ќе се опфати постојната сообраќајна инфраструктура и ќе се почитуваат сите технички и законски стандарди.

- В година ќе се изработи физибилити-студијата за гасификацијата. Во 2010 треба да биде изработен идејниот проект, а основниот до 2011 година. Се треба да заврши до 2012 година - вели Димитар Стевананџија, претседател на општинскиот совет.За изработка на техничката документација ќе се потрошат 18 милиони денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B6A22C579B65AE428D5241B784D22304 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B6A22C579B65AE428D5241B784D22304


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Dec-2008 at 02:41
Јужен Поток нема да поминува низ Македонија, незнам зашто и би. Ај нека ми каже некој една разумна причина зошто некој да даде пари за ваков проект. Стварно молам за одговор, пошто сосема не ми е јасна логикава. Иначе ситеградови ЌЕ се гасифицираат, гледаме како тоа изгледа  за  15 години 3 фабрики гасифицираа. Во Куманово запнаа. Браво!


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Dec-2008 at 02:20
некоја посебна причина немора да има! доволно е само конкуренција да постои, па после нормално се ќе си оди како на филм, денес свири една тајфа и една песна, а веќе утре нов-а банд-а иста песна но различни инструменти и поенти! трасирањето не треба нас да не збунува, може некој од икс причини да ја однесе трасата и по планини, но факт е дека најпогодно е истата да минува низ МКД и географски и геополитички и економски, евентуално безбедносно е дискутабилна, но кога веќе е вгнезден орелот во бондстил и оваа евентуална недоумица е премостена! инаку анализи има од поодамна за овој коридор но сега почнуваат да се форсираат, еве една од 2001 http://www.guardian.co.uk/comment/story/0,,446490,00.html - The new Great Game -
East and west are jockeying for influence in the Caucasus. The prize is oil and gas
, исто имаш неколку поста во нишкава кои можат да ти послужат како ориентир за разбистрување на дилемата [ http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=177&PID=14584#14584 - 1 ][ http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=177&PID=18270#18270 - 2 ] на вториов линк ги имаш предложените рути за јужниот поток според INOGATE групата која е координативно тело на БАКУ иницијативата... значи една пат тера русија, друг европа, а трет америка Smile може и кина ќе пуштат сопствена цевка во еу! ех што е интересно да играш шах но на континентална табла, имаш далеку повеќе за берење гајле освен влечење потези, туку се и природни сили, и берзански турбуленции, безработица во грција, кловнови во србија, шајки по улица и диоксин во сланина... она со бугарскиот радиестезист ме изненади но најверојатно ќе чекаме некој од комшиите прво да ги провери неговите визии, па после и ние да ја бараме нафтената артерија во нашиот двор, иако веќе едно 30сетина години луѓе се возбудуваат налетувајќи на нафтени дамки по ниви.


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Dec-2008 at 19:11
знам дека гасот се транспортира и во течна состојба по главните гасоводи помеѓу земјите, но незнам како оди процесот на реаерација во централите. ако некој знае нека ми објасни посликовито.      


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-Jan-2009 at 22:56
Гасификација%20во%20Македонија,%20архива
Гасификација во Македонија, архива
Во Македонија, држава во регионот со најмала потрошувачка на природниот гас од руската компанија „Газпром", нема намалена испорака, но состојбата се следи.

Македонската компанија „Гама" задолжена за пренос на природниот гас од Русија, тврди дека ја следи состојбата предизвикана по недоразбирањата меѓу Русија и Укранија, низ која што поминуваат главните гасоводи кон Европа.

Директорот на „Гама“, Ратко Манов, за БиБиСи вели дека според мерењата на станицата на македонско-бугарската граница засега нема проблеми со дотекот:

-„Па може да падне притисокот или да најават намалени количини но тоа нема да го наруши дотурот на природниот гас до крајните потрошувачи кај нас, бидејќи сме во постојан контакт со диспечерскиот центар во Софија."

Според измерените кубни метри гас Македонија е најмалиот потрошувач во регионот.

Само дваесетина компании, главно во Скопје, го користат овој енергенс а најголема од нив е скопска „Топлификација“, чиј директор Димитар Хаџимишев вели:

-„Македонија би имала последна проблем, бидејќи е многу мал потрошувач и не се исплати редукција, па или има или нема гас. Согласно договорите кои што сите ги имаме потпишани за снабдување, ’Газпром’ никаде не гарантира сигурна испорака а и препорачува да се има алтернативно гориво."

Сепак, и доколку се појават проблеми во испораките, постојат резерви доволни за неколку дена, велат од „Гама“.

Гасоводот во Македонија е така организиран што и при пад на доставата или притисокот, има доволно време компаниите да се преориентираат на друг ресурс, велат од таму.

Македонија од година на година ја зголемува потрошувачката на овој енергенс заради неговата цена во споредба со другите ресурси.

Но и покрај тоа се искористуваат само 10% од капацитетите, вели професорот Константин Димитров:

-„На природниот гас треба да се приклучат и сите домаќинства и институции, па искористувањето на мрежата за довод ќе има и економска оправданост, ќе се намали увозот на електричната енергија, а на буџетите дома или во компаниите ќе се намалат трошоците барем за 30%."

Покрај економската исплатливост за домаќинствата, гасификацијата мпже да придонесе и кон намалување на трговскиот дефицит на Македонија во која доминира увозот на скапа електрична енергија, вели професорот Димитров, и додава дека споровите како овој меѓу Русија и украина не треба да ги плашат компаниите и домаќинствата, бидејќи обично не можат да траат долго!

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/01/090105_mac_gas.shtml


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Jan-2009 at 12:48

„Гасна“ криза во Европа

http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,3923996,00.html">Русија%20ги%20затвори%20вентилите%20за%20проток%20на%20природен%20гас%20кон%20Европа%20
http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,3923996,00.html -   - Русија ги затвори вентилите за проток на природен гас кон Европа
 

Русија денеска драстично ги намали испораките на природен гас наменети за земјите во Европа, кои минуваат низ гасоводите во Украина.Најпогодени во моментов се земјите од Југоисточна Европа.

Рускиот енергетски концерн „Гаспром“ ја спроведе вчерашната одлука за намалување на испораките на гас за Европа, еднакво на количествата што, според тврдењата на „Гаспром“, Украина претходните денови ги украла од транзитните гасоводи. Повеќе земјите од Европа и од Југоисточна Европа кои веќе се драстично намалени или целосно запрени испораките на руски гас до нив.

Ситуацијата со испораките на руски гас до Европа се промени многу драматично во текот на ноќта и станува се’ полоша, изјави претпладнево чешкиот министер за индустрија и трговија, Мартин Римин, кој ја предводи делегацијата на Европската унија, која денеска престојува во Киев за да собере повеќе податоци за спорот меѓу Русија и Украина околу идната цена на гасот и неисплатените украински долгови за рускиот гас. http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,3923996_ind_1,00.html - -

Кризна ситуација на Балканот

Римин потврди дека количествата гас што се транспортираат од Русија кон Украина се намалени и оти ситуацијата со снабдувањето на Европа се влошува.

Особено драматична е состојбата со снабдувањето со руски гас преку Украина на Балканот. Бугарскиот министер за економија и енергија, Петар Димитров, соопшти дека во 3.30 часот наутро протокот на гас кон Бугарија бил целосно запрен, а со тоа и неговиот транзит кон Македонија, Турција и Грција. „Се наоѓаме во кризна ситуација“, изјави Димитров, чија земја, исто како и Македонија, нема алтернативен извор за снабдување со гас, за разлика од Турција и Грција. Претпладнево и Хрватска соопшти дека се целосно запрени испораките на руски гас до оваа земја. Романија пријави намалување на протокот на руски гас за 75 проценти, Унгарија за 80%, а Австрија и Чешка за деведесет проценти.

Украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“ соопшти дека протокот на руски гас низ украинска територија е намален за две-третини со што се загрозува испораката за гас и до Германија, најголемата економија во Европската унија.

Меѓутоа, повеќето поголеми држави-членки на ЕУ претходно соопштија дека имаат големи залихи од гас и оти имаат пристап до алтернативни извори за снабдување со гас, на пример, од Норвешка и од Алжир.

Препукувањата меѓу Москва и Киев продолжуваат

Русија ги запре испораките за гас наменет за домашна употреба во Украина на први јануари, откако пропадна обидот за надминување на спорот околу тоа колкава цена треба да плаќа Киев за рускиот гас во иднина и како да и’ ги исплати заостанатите долгови.

Рускиот премиер Владимир Путин вчера отиде чекор натаму и на средбата со првиот човек на „Гаспром“, Алексеј Милер, издаде наредба за намалување на испораките на гас за Европа во еднакви количества на оние за кои Москва ја обвинува Украина дека ги украла. Меѓутоа, Путин и Милер најавија дека „Гаспром“ ќе стори се’ што е во негова моќ да го надомести ова со зголемени испораки на гас за Европа преку транзитните гасоводи во Белорусија, Полска и Турција.

Украинската компанија „Нафтогас“ ги демантираше руските обвинувања и порача дека „Гаспром“ ги намалува испораките за Европа за да издејствува ЕУ да изврши поголем притисок врз Украина да ги прифати руските барања.

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,3923996,00.html - http://www.dw-world.de/dw/article/0,,3923996,00.html


Дефинитивно треба другиот крак


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2009 at 22:25
Избран најповолен понудувач за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во Македонија

Скопје, 19 јануари

Ве информираме дека за најповолен понудувач за доделување на договор за јавна набавка за услуга за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект е избран конзорциумот на компаниите „Простор“ ДОО - Куманово, „Гастек БГ“ од Република Бугарија, „Петрол“ од Словенија и „Енерго систем“ од Скопје.

Избраниот најповолен понудувач, како носител на набавката ќе има обврска во рок од два месеци по склучување на договорот да предложи најмалку еден правец од магистралните гасоводи за кој по давањето согласност од страна на Меѓуминистерскиот комитет за негова реализација, ќе изработи Тендерска документација со критериуми за проценка на понудите за избор на проектантска фирма за проектирање на проектна документација на утврдени делници или делница, предмет на Програмата, како и тендерска документација со критериуми за избор на ревидент на проектната документација на приоритетни делници од магистралниот гасовод. Рокот за извршување на услугата е 9 месеци по склучување на договорот.

На отворањето на понудите кои пристигнаа по Јавниот оглас за доделување на договор за јавна набавка за услуга за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во република Македонија со идеен проект, бр.19-4124 од 26.08.2008 година, кое се одржа на 31.10.2008 година беа доставени три понуди од страна на следните здружените понудувачи „Рамболл“ од Данска и „Газпројект“ од Република Полска; „Простор“ ДОО - Куманово, „Гастек БГ“ од Република Бугарија, „Петрол“ од Словенија и „Енерго систем“ од Скопје, како и „ХПЦ Харресс Пицкел Цонсулт АГ“ од Германија, преку „ХПК“ – Република Бугарија и „МАК – 2000“ АД ос Скопје.

Министерство за транспорт и врски



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2009 at 03:24
Од општинскиот сајт на Куманово (не е наведено од кога датираат фоткиве)

1


2


3


4


5


6


7


8



Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Feb-2009 at 12:58
Нова Македонија одсекогаш знаела да ме изненади со добра анализа!
За гасификација треба пари, знаење и искуство



Автор:  Александар С. Димковски
Економија

Пари, знаење и искуство. Тоа е рецептот за целосна гасификација на Македонија, на која граѓаните чекаат веќе 30 години. Иако процесот е почнат уште во далечната 1979, денес на прсти можат да се избројат корисниците на овој енергенс. Тоа се исклучиво индустриски капацитети. За обичните граѓани, гасот како најевтин и најеколошки енергенс е сè уште недостапен.

- На Македонија и се потребни моќни партнери за дистрибутивните системи, кои се трговци на големо за гас и кои имаат децениско искуство во управување со такви мрежи. Денес е многу тешко да се најде потенцијален инвеститор, кој ќе вложи во градските мрежи, бидејќи вложените пари се враќаат дури по 5-6 години. Поради тоа енергетските компании се воздржани - велат експертите.

Од друга страна, нестручно инсталирање на гасоводната мрежа може да биде опасно, додаваат тие.

Гасификација со години е еден од приоритетите на државата. Во услови на глобална енергетска криза, на природниот гас се гледа како на единствената сламка за спас на државата.

Македонија е лидер во Европа по нерационалното трошење на енергијата и увозот на скапа струја од странство, тврдат од МАНУ. Стотици милиони евра се одлеваат секоја година за увоз на струја. Експертите и стручната јавност се едногласни во оцените дека за надминување на ваквата состојба се потребни итни мерки за влегување на природниот гас.

- Интересот за вложување во дистрибутивните системи е драматично смален. Државата треба да посвети многу големо внимание за да привлече и да овозможи добри улови на квалитетен странски партнер за изградба на мрежата, особено во Скопје - вели професорот Константин Димитров, член на претседателството на МАЦЕФ (Центар за енергетска ефикасност на Македонија).

Проектот гасификација на Македонија прв го почна АД „Макпетрол“, во далечната 1979 година, кога е формирана ГАМА како инвестициона група во склопот на „Макпетрол“. По две години, од неразјаснети причини, проектот беше замрзнат. Дури во 1986 година повторно се активира истата група и беше продолжено со реализација на проектот за гасификација на Македонија.

- Во 1986 година е подготвена и студија за гасификација, која претставуваше база да се подготви идејно-проектна документација за реализација на првата фаза на гасоводниот систем на РМ. Во 1991 година се подготви договор со руската фирма „Газпром“, тогашен „Газекспорт“, и кон крајот на 1992-та беше потпишан, а почетокот на реализација беше во јануари 1993 година. Изградбата на гасоводниот систем траеше 4 години, а во септември 1997-та се почна и со гаратна експлоатација на системот, која траеше една година - ни изјави Радко Манов, директор на АД „Гама“.

Како што вели тој, сите овие активности ги водела дирекцијата за природен гас при „Макпетрол“ АД Скопје. Покрај одржувањето, водење и управување со системот во експлоатација, дирекцијата за природен гас при „Макпетрол“ вложувала и во развој на градските мрежи во Скопје, Куманово, Кратово и во Крива Паланка.

Проблемите се појавиле нешто подоцна, во однос на правото на управување со гасоводниот систем. И Владата и „Макпетрол“ тврдат дека имаат мнозинско учество во гасоводот, за што веќе подолг временски период се води судска постапка.

- До донесувањето правосилна пресуда од страна на судот, Владата и „Макпетрол“ се договорија влоговите да изнесуваат 50 -50.

Истовремено заради нормално стопанисување со гасоводниот систем на РМ, Владата го прифати вложувањето на „Макпетрол“ АД Скопје во јавното претпријатие АД „Гама“, според условите определени во одлуката за вложување во јавното претпријатие „Гама“, донесена од АД „Макпетрол“ на 14.6 2006. Во согласност со оваа одлука ЈП „Гама“-Скопје се организира како акционерско друштво што ќе управува и стопанисува со гасоводниот систем во РМ во согласност со Законот за енергетика и Статутот на АД „Гама“ - вели Манов.

Енергетичарите, пак, сметаат дека бавниот развој на гасификацијата на Македонија е резултат и на општествено-политичките околности и промените што настанале. Гасоводот првично бил проектиран додека Македонија била дел од поранешната Југославија. Со нејзиното распаѓање пропаднале и многу компании што требало да го користат гасоводот. Во Македонија пропаднале големи индустриски капацитети како стакларницата, кожарницата и „Газела“, кои требало да работат на природен гас, велат познавачите.

Сепак сè уште не е доцна работите да се поправат.

Гинтер Офнер од австриската компанија ЕВН тврди дека не е можен силен економски развој на која било земја без користење природен гас.

- Република Македонија нема да може да си дозволи да се грее на струја бидејќи на среден рок нејзината цена ќе се зголеми за 200 отсто и ќе биде на исто ниво како на европските пазари. Тоа значи дека само за греење македонскиот граѓанин треба да троши една половина од својата годишна заработувачка, што е неиздржливо - вели Офнер.

Оттука општа констатација на сите е Македонија што побрзо да создаде клима и улови за целосна гасификација. Тоа е потребно и заради усогласување со генералниот урбанистички план на градот Скопје и подземниот катастар.




Што е изградено досега

Македонскиот гасовод е дел од рускиот транзитен гасовод, кој поминува низ Украина, Романија и Бугарија, а е наменет и за потребите на Турција, Грција и Македонија. Приклучното место на гасоводот со бугарскиот гасовод е на источната граница на земјава во регионот на Деве Баир - Кривопаланечко. Гасоводот се протега во правец на кривопаланечкиот, кратовскиот, кумановскиот и скопскиот регион.

- Неговиот проектиран капацитет изнесува 800 милиони кубни метри годишно. Изградени се 100 километри магистрален гасовод, околу 25 км разводни гасоводи спрема градовите Крива Паланка, Куманово, Кратово и Скопје. На бугарско-македонската граница во месноста Жидилово е изградена главна мерна станица каде што се примопредава рускиот природен гас во Македонија. Оваа станица е со капацитет од 180 илјади кубика на саат. Пред секој од споменатите градови се инсталирани главно-мерно регулациони станици, а во самите градови се изградени градски гасоводни мрежи со притисок од 12 бара, и тоа во Скопје - 38 километри, Куманово - 7 км, Кратово - 6 км и Крива Паланка - 1 км - велат од „Гама“.




Европа бара алтернатива за рускиот гас

Европската комисија предложи 3,5 милијарди евра за енергетски проекти по гасната криза од оваа зима, од кои 250 милиони евра за гасоводот „Набуко“, пренесоа медиумите од Брисел.

Засилувањето на сигурноста на енергетските испораки станува главен приоритет на Европската Унија, по конфликтот меѓу Русија и Грузија, што доведе до прекинување на испораките на гас за Европа во ситуација на екстремно ниски надворешни температури.

Предлогот на ЕК вклучува план во вредност од една милијарда евра за изградба на врски меѓу гасните мрежи на 27-те земји-членки на ЕУ, што ќе им овозможи заемно да си помагаат во периоди на гасни кризи.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=305&top=1&ArticleID=16978



Posted By: beTon
Date Posted: 02-Feb-2009 at 14:18

Originally posted by lslcrew

Избран најповолен понудувач за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во Македонија...

еве плус информација која фали во известувањето за јавноста:

...

Избраниот најповолен понудувач, согласно тендерската документација ќе има обврска да изработи Физибилити студија за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект во рок од девет месеци од денот по склучување на договорот.

...

http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=prasanja&tip=1&MandatID=7 - www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=prasanja&tip=1&MandatID=7

инаку тоа договорите со иведувачите треба денес да се потпишат...!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Mar-2009 at 11:56
В година гасовод и во Струмица
Општината Струмица ќе биде прва во државата што ќе добие магистрален гасовод. Според плановите на Владата, тоа треба да се случи до 2010 година. Гасоводот ќе се донесе и ќе поминува преку Петрич во Бугарија, па до Струмица, потврди вицепремиерот Зоран Ставрески при завчерашната посета.

- Заложбите на Владата се цврсти во однос на магистралниот гасовод и тоа ќе се случи в година, за да може потоа да се примени дистрибутивната локална мрежа, предвидена со овој проект - рече Ставрески.

Природниот гас како енергетски ресурс се очекува да најде примена во земјоделството, домаќинствата, па и во индустриските гранки.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=344&top=1&ArticleID=20518


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Mar-2009 at 11:57
Нашиот гасовод има капацитет за уште три години
Автор:  Александар С.Димковски
Економија
Моменталниот капацитетот на македонскиот гасовод е доволен за следните три до четири години. Иако неговата искористеност сега изнесува само 15 отсто, со планираните проекти и нови приклучоци се очекува за неколку години да се постигне негова целосна искористеност. Поради ова во тек е изработка на физибилити студија, која ќе биде готова до крајот на годината, и ќе ги даде идните правци како ќе се развива гасоводната мрежа во државата, велат од ГАМА.

Македонскиот гасовод има капацитет од 800 милиони кубни метри и е дел од руската транзитна мрежа со приклучок од Бугарија.

- Годинава се работи на 10-тина нови проекти и приклучоци, како на пример кон Тафталиџе, кон Запад и приклучок на новата гасна централа Те-То, која се проценува дека ќе троши 350 - 400 милиони кубни метри гас. На постојните капацитети отпаѓаат помеѓу 110 - 120 милиони кубни метри, што значи дека има простор за уште еден голем објект како што е термоелектричната централа на ЕЛЕМ- ни изјави Крсте Миладинов, директор на ГАМА.

Физибилити студијата треба да ги даде идните решенија за развој на мрежата. Проектот за гасификација веќе десетици години тапка во место заради нерешените сопственички односи и судскиот спор помеѓу државата и АД „Макпетрол“.

Како една од можностите за зголемување на капацитетот на гасоводот од сегашните 800 милиони кубни метри на 1 милијарда и 200 милиони е зголемување на притисокот на влезната станица од Бугарија.

Физибилити студијата ќе ја изработува бугарско-словенечко- македонски конзорциум, составен од компаниите „Простор“ ДОО - Куманово, „Гастек БГ“ од Бугарија, „Петрол“ од Словенија и „Енерго систем“ од Скопје.

Тој треба да предложи најмалку еден правец од магистралните гасоводи, и да изработи тендерска документација со критериуми за избор на проектантска фирма за проектна документација на утврдени делници, предмет на програмата.

Физибилити студијата треба да покаже и дали ќе се надградува старата гасоводна мрежа или ќе се прави нов магистрален прстен, како и да ги испита можности од каде е најисплатливо да доаѓа гасот.

Од македонската фирма „Простор“ како носител на проектот велат дека почнале со активностите.

- Потпишан е договорот со Министерството за транспорт и врски и веќе втор месец интензивно се работи на проектот. Во моментов најмногу сме концентрирани на собирање податоци, урбанистички планови, коридори, просторни планови, статистички податоци, за да не дојдеме во судир со други проекти. Станува збор за огромна база на податоци кои се потребни за изработка на идејни проекти за транзитните гасоводи низ земјата - вели Чедомир Теодосиевски од „Простор“.

Во однос на трасата на гасоводот и неговиот капацитет ангажирани се компании од надвор кои ќе одговорат на тоа, додаваат оттаму.

Од „Простор“ сметаат дека за 9 до 10 месеци ќе биде изработена физибилити студијата.

Стручната јавност исто така смета дека е потребно зголемување на постојниот капацитет на гасоводниот систем.

- Доколку се анализираат вкупните потреби за природен гас во Македонија во наредниот период и најавените инвестиции, како и потребата од транзитирање на гас кон Косово, Албанија (и Црна Гора заради евентуална изградба на прстен) сегашниот гасовод е со недоволен капацитет - ни изјави проф.др. Константин Димитров.

Според него, приклучување кон можната траса (се уште само идеја) на „Јужен поток“ низ Србија, нема никаква предност во однос на приклучокот на сегашниот гасовод кој минува низ Бугарија во околината на Струмица, бидејќи и двата транспортираат руски гас. Но има други алтернативи како идеи, смета професорот Димитров.

Во однос на можноста за складирање на природен гас, експертите се согласуваат дека државата нема такви предиспозиции.

- Складирањето е скапа инвестиција и засега тоа е тешко изводливо кај нас - вели првиот човек на ГАМА, Крсте Миладинов. Исто мислење има и научната јавност.

- Македонија нема природни можности за складирање на гас. Изградба на склад за гас е можна единствено за течен природен гас (ЛНГ), но и таа можност е поврзана со морски терминал - смета професорот Димитров.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=348&ArticleID=20844


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-May-2009 at 22:40

СТРУМИЦА- Со изградбата на магистралниот гасовод до Струмица, која според најавите на Владата треба да биде завршена до крајот на наредната година, четирите општини од струмичкиот регион: Ново Село, Босилово, Струмица и Василево, меѓу првите во државата ќе добијат можност за гасификација. Во планираната реализација на главниот гасовод, веќе во текот на 2011 година ќе се пристапи кон изградба на локалната дистрибутивна мрежа предвидена со овој капитален проект.
Здружението на градинари "Еко градинар" очекува покрај во домаќинствата природниот гас во Струмичко да најде најголема примена во областа на земјоделството, пред се за загревање на оранжериите и пластениците, за производство на ран зеленчук, во прехранбената, санитарната и во индустријата за мебел и градежни материјали, како и во другите стопански гранки. - Гасификацијата и примената на овој енергенс значително ќе влијае врз намалување на трошоците во производоството, а тоа ќе значи и нов стимул за забрзан економски арзвој на регионот, велат од Здружението на градинари "Еко градинар".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5ABDAA78FDD70B4B83AF43016E87231A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 05:12

Кумановци ќе се греат на природен гас

КУМАНОВО - Постојат реални шанси од наредната грејна сезона повеќе институции во Куманово да користат гас како греење. Гасоводниот систем регистриран како Јавно претпријатие „Куманово - гас“ ќе има 150 километри примарна и секундарна гасоводна мрежа. Досега се изградени првите десет километри, а до крајот на идниот месец се очекува да се изгради и главната мерна станица, по што ќе може да се приклучат првите корисници на природен гас.

Први корисници на природен гас во Куманово ќе бидат Домот за стари лица „Зафир Сајто“, детската градинка, две основни училишта, локалната самоуправа, поштата, судот и полицијата, но и други државни институции и приватни компании лоцирани по должината на првата делница од гасоводната мрежа на Куманово.

„Стручна екипа на компанијата ФЗЦ ’11 Октомври‘ направи пневматско испитување на делницата инсталирана досега на примарната мрежа. Надлежниот државен инспекторат за садови под притисок издаде решение за исправност на поставениот цевковод. Следува изградба на главната мерно-регулаторна станица со приклучок, што е законска обврска на компанијата ГАМА. Доколку станицата биде изградена во предвидениот рок, веќе од септември на природен гас може да се приклучуваат првите корисници во Куманово“, најавува директорот на ЈП „Куманово - гас“, Момчило Мирчевски.

Трета година едноподруго во Куманово интензивно напредува гасификацијата, што се смета за проект на деценијата. Ова е една од капиталните инвестиции, која е вредна 10 милиони евра, што се финансира од општинскиот буџет, а најголемиот дел средства се очекуваат од банкарски извори и од граѓаните како идни корисници на природниот гас. Работите на примарната и секундарната мрежа ги изведува екипа на Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“, која има повеќедецениско искуство во изградба на гасоводи и нафтоводи на европскиот пазар и на пазарите на Блискиот и Далечниот Исток.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A1DA4A4D0636DC4F90B32DC05A00D89B


Posted By: Max
Date Posted: 27-Sep-2009 at 12:21
 
Originally posted by vardar

Крак од јужниот европски гасовод ќе минува и низ Македонија

Низ Македонија ќе минува еден крак од јужниот европски гасовод низ кој се планира да се пренесува енергија од средноазиските наоѓалишта до западноевропските потрошувачи, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

...

Во Брисел велат дека загрижува тоа што ЕУ се' повеќе зависи од рускиот гас, а некои земји речиси целосно се определени за снабдување од Русија. Тоа се одразува врз политиката и на односите на ЕУ со Русија. Поради тоа планот за јужниот енергетски крак за Унијата има безбедносно значење и ќе овозможи намалување на зависноста од природниот гас на Русија и од нејзината државна компанија „Газпром“. Сите гасоводи што сега од истокот одат кон западниот дел на европскиот континент се во руски раце, посочува „Гардијан“.

Previous

Франција влегува во „Јужен тек“

Франција може да и' стане партнер на Русија во два клучни проекта во сферата на енергетиката, гасоводите „Јужен тек“ и „Северен тек“, пишува денеска московскиот весник „Комерсант“.

Според извор од руската влада, цитиран во весникот, рускиот „Газпром“ планира скоро да потпише меморандум за соработка со француската компанија за електрична енергија „Електрисити де Франс“, која ќе добие најмалку десет проценти од „Јужен тек“.

Весникот истакнува дека се очекува наскоро да завршат и преговорите за вклучување на француската енергетска компанија во „Северен поток“, кои почнаа пред една година.

- На тој начин руските проекти ќе добијат дополнителна политичка поддршка, а Франција - нови безбедни доставки на гас, пишува „Комерсант“.

Според извор, кој е упатен во преговорите, ЕДФ ќе добие околу десет проценти од „Јужен тек“, преку склучување долгорочни договори за доставка на гас за електроцентралите на компанијата, распоредени по маршрутата на гасоводот.

- Меморандумот може да биде потпишан до крајот на септември, кога шефот на „Газпром“, Алексеј Милер, ќе ја посети Франција - изјави истиот извор.

„Газпром“ и ЕДФ не дадоа коментар на написот на „Комерсант“.

Гасоводот „Јужен тек“, со капацитетот од 47 до 63 милијарди кубни метри годишно, предвидено е да мине од Русија преку Црното Море кон Бугарија, а потоа да се раздвои по маршрутите Србија-Унгарија-Австрија и Грција-Италија.

Единствен партнер на „Газпром“ во „Јужен тек“ засега е италијанската компанија ЕНИ, која вчера одби да коментира за евентуалното вклучување на ЕДФ во проектот.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7784C980F2C4E4409B2CEEAAB39D4B18 - www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7784C980F2C4E4409B2CEEAAB39D4B18

„Јужен поток“ штетен за интересите на ЕУ
Гасоводот „Јужен поток“ го слабее конкурентскиот „Набуко“ и како и сите билатерални договори за испорака на руски гас,, ги загрозува интересите на Европската Унија, изјави претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек, за електронскиот билтен „ЕУ обзервер“.

- Проектот за дистрибуција на руски гас до Европа, преку Бугарија и Србија, гасоводот „Јужен поток“, претставува ривалски потфат што го поддржуваат Италија и Франција, а кој го слабее западниот проект за гасоводот „Набуко“- нагласи Бузек.

Предупредувајќи дека билатералните договори со руските дистрибутери на гас ги загрозуваат интересите на ЕУ, Бузек нагласи дека „силно верува“ во проектот „Набуко“, кој треба да овозможи дистрибуција на гас од Каспискиот басен, преку Турција, до Европа, со што би се заобиколила територијата на Русија и би се намалила европската зависност од рускиот природен гас.

Зад проектот „Набуко“ стојат Европската комисија и повеќе земји-членки на ЕУ.

Унијата официјално тврди дека не се противи на изградбата на гасоводот „Јужен поток“, преку кој рускиот гас преку Црното Море, Бугарија, Србија и Унгарија, треба да се дистрибуира до европските потрошувачи, нагласувајќи дека секој начин за снабдување на европското население со гас е добредојден.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?itemID=9FFEE1FC0CDAE1488012598C9649C444&arc=1 - www.dnevnik.com.mk/default.asp?itemID=9FFEE1FC0CDAE1488012598C9649C444&arc=1



Posted By: Max
Date Posted: 27-Sep-2009 at 13:34
Originally posted by beTon

Originally posted by lslcrew

Избран најповолен понудувач за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во Македонија...
еве плус информација која фали во известувањето за јавноста:
...Избраниот најповолен понудувач, согласно тендерската документација ќе има обврска да изработи Физибилити студија за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект во рок од девет месеци од денот по склучување на договорот...
http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=prasanja&tip=1&MandatID=7 - www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=prasanja&tip=1&MandatID=7
инаку тоа договорите со иведувачите треба денес да се потпишат...!

Владо Бучковски од СДСМ на вчерашната собраниска седница го праша премиерот Никола Груевски дали знае дека за изработката на Стратегијата за енергетика од страна на МАНУ се потрошени 300.000 евра, а за студијата за оправданост за гас се издвоени 3.000.000 евра 

Груевски одговори дека не гледа ништо лошо во тоа што е изработена Стратегија за енергетика што ја финансирала Владата, а за Стратегијата за гас рече дека се потрошени 1.500.000 евра и дека ништо не е спорно зашто е изработен идеен проект за кој бил распишан јавен оглас.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9259944385&id=9&prilog=0&setIzdanie=21796 - www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9259944385&id=9&prilog=0&setIzdanie=21796



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 15:58
Жими се, додека ние со децении го воведуваме гасот и се уште сме на почеток, дур се гасифицираме на пристојно ниво, гасот прашање е дали веќе ќе биде интересен енергенс. Со ова темпо побргу ќе профункционира некој фузионен реактор отколку гасоводниот прстен на Скопје и регионалните краци низ Македонија.

ВО „ГАМА“ ТВРДАТ ДЕКА НЕМА НИШТО ОД ГАСОТ ЗА ДОМАЌИНСТВА
Пропадна гасификацијата за граѓаните Ништо од идејата за гасоводниот прстен што ќе го обиколува главниот град на земјава и со чијашто помош природниот гас ќе дојде до домовите на граѓаните, тврдат од „ГАМА“. Според нив, ова значи дека природниот гас нема да дојде директно до шпоретите и до бојлерите, како што се прави во светот. - Во изминативе 15 години, освен сечењето лента, кое го означи официјалниот проток на првите кубни метри гас, ништо друго не се случи. Оттогаш, па наваму, има купишта проекти до каде треба да се протега гасоводот и на запад и на исток од Скопје и толку. Единствен проект, за кој од „ГАМА“се надеваат дека до крајот на месецов ќе почне да се реализира, е почетокот на градбата на гасоводна цевка што ќе го спојува јужниот со западниот дел на Скопје - вели Владо Петровски од „ГАМА“. Со изградбата на овој крак од гасоводот, жителите на скопските населби Карпош и Тафталиџе, конечно, ќе добијат парно греење што ќе работи на гас, а мазутот ќе се исфрли од употреба. Причината поради која запре овој проект се повторно нерасчистените сопственички удели во „ГАМА“ поради која не можеше да се добие градежна дозвола. Откако сопственоста се регулира 50:50, се наѕира обезбедување дозвола за градба. Државата и „Макпетрол“, вели Петровски, уште од нејзиното формирање водеа битка кој колку ќе зграби од сопственичкиот колач на оваа компанија знаејќи колку гасот има широка примена и колку може да се заработи со неговата продажба, а се заборави на основната идеја за која беше формирано ова претпријатие, а тоа е целата земја да се гасификува.
- Според проектот за гасификација, трасата на гасоводот, која почнува од македонско-бугарската граница, води низ Гиновце, Крива Паланка, Куманово и Скопје, требаше да се прошири со два нови крака. Едниот крак требаше да поминува низ Тетово и Гостивар, а вториот да го поврзува главниот град со Велес. Од тоа нема ништо. А, пропадна и проектот за гасоводниот прстен што требаше да се гради од касарната „Гоце Делчев“ до Топланата Запад на скопска „Топлификација“ и да се поврзе со општина Центар - тврди Петровски од „ГАМА“. Сега, гасот се користи само како гориво за производство на топлинска енергија, за потребите на„Топлификација“ и на уште дваесетина фирми во Македонија, а наскоро ќе го употребува и електричната централа „Те-То“ за производство на електрична енергија. Според Петровски, користењето на гасот како гориво за производство на електрична енергија е погрешна ориентација на државата и сосема спротивна на првичниот проект за гасификација.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123826


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Oct-2009 at 23:41

Европа бара побрза гасификација на земјава

Дали ќе има набрзо разрешница на спорот меѓу државата и „Макпетрол“

Маја Томиќ


Дали гасификацијата во земјава, конечно, ќе тргне од мртва точка и деценискиот спор меѓу државата и нафтената компанија „Макпетрол“, главната пречка за реализација на проектот, ќе има брза разрешница ?

На овие две прашања долго време надлежните немаат конкретен одговор, иако гасификацијата одамна е во приоритетните енергетски задачи на сите досегашни влади и постојано се потенцира нејзината важност за развојот на економијата. Пред се', поради големите заштеди на електрична енергија што ќе ги има земјава доколку го користи гасот како примарен енергенс. Причина плус да побрзаме со гасификацијата е што земјава веќе има преземено обврски за спроведување проекти од овој тип, со сите меѓународни договори од областа на енергетиката, на кои е потписничка.

Побрза изградба на гасовод во Македонија побара и Европската комисија во својот последен извештај. Комисијата и' забележува на земјата што остана слепо црево во регионот кога станува збор за гасификацијата. Во извештајот се препорачува поскора разрешница на спорот што постои за сопственоста на гасоводот.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, во врска со забелешката во извештајот, изјави дека отвореното прашање за сопственоста нема да влијае врз заложбата на Владата за изработка на гасоводната стратегија, како една од приоритетните задачи. Кон крајот на годинава, според Бесими, ќе биде завршена студијата за гасификација, која треба да покаже кои се најоптималните магистрални правци на кои ќе се гради гасоводот. Како што изјави министерот во последното интервју за „Утрински“, веднаш потоа, односно од почетокот на идната година, ќе се започне со поконкретни проекти за гасификација во кои можат да учествуваат сите домашни и странски компании што ќе исполнуваат соодветни услови за тоа.

„Сопственоста на гасоводот треба да ја решат судовите. Но, тоа не ја исклучува можноста спорот да се реши и низ преговори меѓу двете страни. Во секој случај, гасификацијата, генерално, не останува заложник на ова отворено прашање. Правиме студија и во иднина ќе се градат гасоводни дистрибутивни мрежи низ целата земја. Тоа е битно поради електричните централи што ќе се градат. Гасот е еколошки поприфатлив од мазутот, а е и поевтин енергенс од струјата, што е важно и за компаниите и за граѓаните“, изјави деновиве Бесими.

Македонија беше и остана на маргините на сите започнати или најавени проекти во поблискиот регион. Експерти коментираат дека проектите за гасификација се многу скапи и е потребно повеќе време за нивна реализација. Затоа, најчесто во гасификацијата повеќе земји учествуваат со заеднички средства. Но, многу е битно и силното политичко лобирање кај странски инвеститори и влади, на што државава не може да се пофали.

Една од главните пречки за гасификација е маратонскиот судски спор меѓу државата и „Макпетрол“ околу сопственоста на постојниот гасовод. Единствен напредок во таа релација беше постигнат во 2006 година, пред заминување на СДСМ од власта, кога беше договорено државата и „Макпетрол“ заеднички да управуваат со „Га-ма“ , друштвото кое ќе има лиценца за пренос и за трговија со гасот, по принципот 50-50. По формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, регистрацијата на новото мешано друштво требаше да ја процени Централниот регистар. Спорна беше одредбата од Законот за енергетика, според која државата има природен монопол врз гасоводот и врз преносот на гас, што значи дека таа мора да има доминантно учество и во управувањето со него, а не само 50 отсто.

Во земјава моментно се увезува руски гас, а цевката влегува кај Деве Баир и на неа се приклучени 20-ина фирми од Кратово, Куманово и од Скопје. Што значи дека гасот се троши само во индустријата. И новата гасна централа лоцирана во скопска Железарница ќе работи за потребите на околните фирми. Во просек се трошат по 80 милиони кубни метри гас годишно.

Во поблиското соседство, поголеми делови од земјите одамна се гасифицирани: Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Во Словенија и во Хрватска гасификацијата функционира уште пред сто години. Не се гасифицирани Македонија, Албанија и Косово. (М.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C85A91A00BDBBE42B834171D39CAE131



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Nov-2009 at 04:22

Гасот се враќа во игра

Фирмите „Простор“ од Куманово, „Гастек БГ“ од Софија, „Петрол“ од Љубљана и „Енерго систем“ од Скопје вчера го презентираа првиот извештај за напредокот во изработката на студијата за гасификација на Македонија

Владата, по неколкугодишна пауза, повторно се наврати на гасификацијата на Македонија. Откако пред неколку години властите не успеаја да го истуркаат проектот заедно со руски „Гаспром“ откако Русите побараа да го вратат клириншкиот долг кон земјава тежок околу 60 милиони евра преку компензација за гасоводен проект. Вчера Владата најави дека на крајот од ноември ќе ја почне постапката за објава на меѓународен тендер за главните проекти за гасификацијата.

За таа цел е формиран меѓуминистерски комитет задолжен за проектот за гасификација, кој го сочинуваат вицепремиерот Владимир Пешевски и економските министри од тимот на премиерот Никола Груевски. Тие по вчерашниот состанок не изложија прецизни детали за самиот проект пред јавноста, туку соопштија дека во тек е изработка на физибилити-студија за гасоводен систем со идеен проект. На состанокот присуствувале и претставници на четирите компании што го сочинуваат конзорциумот што веќе ги изработува студиите и проектот. Фирмите „Простор“ од Куманово, „Гастек БГ“ од Софија, „Петрол“ од Љубљана и „Енерго систем“ од Скопје вчера го презентирале првиот извештај за напредокот во изработката на студијата.

Според информации на „Дневник“ од Бирото за јавни набавки, Владата во февруари годинава склучила договор со „Простор“ од Куманово во износ од 1,5 милион евра за изработка на физибилити-студија. Проектот требало да биде готов за девет месеци, а рокот истекува во наредната недела. Министерството за транспорт обезбедило и ревизија на студијата, што треба да ја направи УКИМ Градежен факултет за 50.000 евра. Другите детали околу цената на целосната гасификација на земјава не се откриваат.

Владини извори тврдат дека изработката на физибилити-студијата напредува добро и во рок од неколку месеци таа ќе биде готова. Како можен извор на финансирање се' уште не е целосно отфрлен рускиот клириншки долг, но се потенцира дека се работи за многу мала сума пари споредено со тоа колку ќе чини целиот проект.

Вицепремиерот Зоран Ставрески во интервју за радиото „Слободна Европа“ пред 20 месеци најави дека на покана од Владата во Скопје ќе пристигне делегација од „Гаспром“, со која ќе ги дефинираат условите за реализација на проектот гасификација. Вицепремиерот тогаш најави дека текстот на договорот за компензација е усогласен, а долгот ќе се врати преку реализација на инвестициски проекти за гасификација во Македонија. Договорот тогаш не беше потпишан, а Ставрески не одговори под кои услови гигантот „Гаспром“ би влегол во Македонија. Преговорите тогаш се водеа тајно и не беа соопштени детали.

Во интервју за „Дневник“ во 2007 година, Ставрески се пофали дека Русите го прифатиле барањето долгот да биде вратен во целиот износ од 60,5 милиони долари, односно за 12 милиони долари повеќе отколку што претходно било договорено низ проекти за гасификација.

Во првата фаза, според тогашниот план, гасификацијата требаше да опфати изградба на примарен и секундарен гасоводен прстен околу Скопје и изградба на краци од магистралниот гасовод до Неготино, Штип и Тетово. Според зборовите на Ставрески, самиот инвестициски зафат во првата фаза тежи околу 75 милиони евра, кои во најголем дел ќе се обезбедеа од клириншкиот долг. Вкупната инвестиција за гасификација на целата држава, пред две години Ставрески најави дека ќе изнесува неколку стотици милиони евра, при што таа ќе опфати над 150.000 семејства и ќе обезбеди сигурно снабдување на индустријата. Во реализацијата на овие проекти требаше да бидат вклучени домашни компании, а се разбира, многу значајна улога треба да одигра АД ГАМА.

Во меѓувреме, Македонија не успеа да издејствува низ нејзината територија да поминува ниту новиот руски гасовод „Јужен поток“, ниту западно поддржаниот „Набуко“, кој треба до земјите од Европската Унија да пренесува гас од неруско потекло.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DE46692BD094924A8CE76996D13DD8EE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Nov-2009 at 17:45
Русија ќе и врати 60 милиони долари на Македонија

http://netpress.com.mk/vestiimages/64430/stavrevski235.jpg">

Русија на Македонија  ќе и исплати 60 милиони американски долари  клириншки долг што го имаше кон нашата земја. Со ова се затвора прашањето за регулирање на рускиот клириншки долг, соопштуваат од министерството за финасии.

“Долгот ќе биде исплатен во целост, онака како што беше нашето барање 60 милиони американски долари и се договоривме исто така, да биде реализиран преку изградба на гасоводот. Руската страна се согласи да добиеме максимална поддршка од “Гаспром“ за реализацијата на овој значаен проект за Македонија, изјави денеска министерот за финансии Зоран Ставревски.

Македонија во гасификацијата ќе кофинансира и во делот што заедно ќе се гради со Русите и во делот што ќе остане за финансирање од наша страна.

Гасификацијата треба да почне во 2010 година, студијата треба да помине на Собрание, преку Закон за ратификација на спогодбата.

“Очекувам во 2010 година со сигурност да почне изградбата на гасоводниот прстен во Република Македонија и на гасоводната мрежа во целост“, прецизираше Ставревски.
Вкупниот проект за гасификација ќе чини помеѓу 200 - 300 милиони долари, во зависност од трасата. Во делот на кофинансирање Македонија уште 15 милиони долари и со тие 60, ќе изнесува 75 милиони долари. Ќе се гради централен гасовод од Куманово до Гевгелија и крак кон Струмица.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=64430&kategorija=2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2009 at 20:48
Еве подетално. Ќе почекаме и ќе видиме дали овој пат навистина ќе биде.

Покрај рециклирањето на најавата, мене ме буни и поврзувањето на Струмица преку Петрич. Мислам дека треба да се објасни прецизно, кои се причините за такво решение.

Ставрески: Го затворивме прашањето за Клириншкиот долг

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=117&VestID=116510 - Мишко Иванов http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116510#komentari - Коментари (0)    
19.11.2009 18:33
Зоран Ставревски

 

Македонија и Русија по втор пат се договорија за исплата на Клириншкиот долг од 60 милиони американски долари, што руската федерација го има кон земјата.

Истата вест што во 2007 ја соопшти тогаш вицепремиерот за економски прашања Ставревски, денеска само што се врати од Москва ја повтори.

„Гасификацијата би требало да почне во 2010. Студијата е речиси финализирана, останува ова прашање во наредните два-три месеци да помине на Собрание, преку закон за ратификација на спогодбата. Значи ние го усогласивме текстот на спогодбата, со Министерството за финансии на Русија“, изјави Зоран Ставревски, министер за финансии.

Исти се дури и информациите. Долгот ќе биде намирен преку проекти, со кои е предвидено гасификација на Македонија. А1 уште лани го објави целиот проект, но епилог се уште нема.

Ќе се гради гасоводна мрежа речиси низ целата држава. Вкупната инвестиција е 80 милиона долари. Македонската држава ќе треба да доплати само 20 милиона, останатите ќе бидат дел од компензацијата за враќање на рускиот Клириншки долг кон Македонија.

Проектот е веќе познат. Од постоечкиот гасовод пред Куманово, се одделува крак кој преку Свети Николе ќе води до Штип и Велес. Вториот крак од овој постоечки гасовод би требало да оди до Тетово и Гостивар, регион кој е индустриски експониран и кој има огромен потенцијал.

 

 

Се уште се разгледуваа варијантите дали е можно од велес гасоводната мрежа да стигне до Прилеп и Битола. Нерешено, според ова решение, ќе остане уште Струмичко поле, но овој регион најверојатно ќе се поврзе преку Петрич, Бугарија.

Во проектот предвидена е и мрежата за главниот град. Сепак, министерот за финансии Ставревски денеска децидно потврди, работата е завршена во 2010. стартува гасификацијата.

„Ние добивме ветување од нивна страна дека Гаспром ќе се вклучи во реализацијата, што ни беше исклучително значајно. Значи ќе имаме еден сериозен стратешки партнер за реализација на гасоводот, и на тој начин практично ќе бидеме вклучени и во регионалните гасоводни мрежи“, рече Зоран Ставревски, министер за финансии.

Во Москва, Македонија и Русија деновиве потпишале спогодба за Клириншкиот долг, потврди министерот Ставревски, сега се очекува уште ратификацијата.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116510


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Nov-2009 at 20:56
Па вероватно им е поефтино да биде преку Петрич, одколку преку Штип (како најблиска точка). Сепак се работи за мрежа до краен корисник, па си ја бираат најевтината варијанта. Ме чуди зашто не нацртале линија една и до Гевгелија, или може би тамо ќе гасифицираат преку Грција?! Фали и Охрид. Не верувам дека Русија би ни градела домашна компактна мрежа, што и не е така пресудно кога се работи за дисперзија хиерархиски "по вертикала". Да имавме повеќе доводи од странство за гас, од сите страни, па тогаш сигурно ќе ни требаше компактна мрежа. Зашто би градела цефка Штип-Струмица кога за истите пари може да пушти цефка до Гевгелија или до Кичево и да опфати уште еден град како муштерија! Вероватно таквите дупки у мрежата (што и не се страшни) ќе треба после ние да си ги надополнуваме.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2009 at 21:14
Па не гледам дека Петрич е нешто многу поблиску до Струмица од Штип, но доколку сепак разликата во цена е толку драстична, во ред, ама јавноста треба да биде запознаена.
Друга работа е што доколку поврзуваме Штип-Струмица, попатно во игра за гасификација влегува и Радовиш, што ваљда не е за потценување.

Во секој случај, јас не реков дека мора преку Штип, туку дека фали објаснување зошто би било преку Петрич, фактори про и контра итн... Да се престане со праксата јавноста секогаш да биде во мрак...


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 20-Nov-2009 at 01:57
Јас пак мислам дека би било најубаво во иднина да се изгради и врската Штип-Струмица-Петрич, со што би добиле поврзување од две места, доколку има некакви хаварии или неочекувани настани. Охрид дефинитивно треба да се поврзе, но тука е и Неготино, каде што во ТЕЦ Неготино веќе има инсталирана гасна мрежа. Абе најубаво би било да имаме и гасни К8 и К10 ама ајде.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 20-Nov-2009 at 20:03
АМА ОВИЕ НАШИВЕ НОРМАЛНИ ЛИ СЕ БЕ???

Не е потпишана спогодба за Клириншкиот долг

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=117&VestID=116551 - Мишко Иванов http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116551#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2809/misko-20-11.wmv,%20116551%29">  
20.11.2009 19:08
Ставрески вчера потврди дека земјата го затворила прашањето за рускиот Клириншки долг

 

Македонија и Руската федерација не потпишале никаква спогодба за затворање на Клириншкиот долг од 60 милиони американски долари. Ова денеска за А1 го потврди руското Министерство за финансии.

„Не. Не е вистина. Имаше само консултации за ова прашање помеѓу двајцата министри“, одговорија денеска од официјална Москва.

Вчера, министерот за финансии Ставревски, туку што се врати од Москва, потврди дека земјата го затворила прашањето за рускиот Клириншки долг.

„Носам добри вести од Москва, Македонија и Русија успеаја да се договорат околу затворањето на Клириншкиот долг на Русија кон Македонија и тоа верувам ќе претставува силен импулс во натамошниот развој на економската соработка меѓу двете земји. Долгот ќе биде исплатен во целост, онака како што беше нашето барање, 60 милиони американски долари, и се договоривме исто така да биде реализиран преку изградба на гасоводот“, изјави вчера Зоран Ставрески, министер за финансии.

Интересно е тоа што истите овие детали Ставрески ги презентираше и пред две години, во октомври 2007, потенцирајќи дека долгот на Русија кон Македонија од 60 милиони американски долари ќе биде исплатен преку изградба на гасовод, во што ќе се вклучи и руски „Газпром“.

Опозицијата денеска реагираше дека е несериозно што Ставрески на секои две години се фали со незавршени проекти.

„Немаше потреба министерот за финансии по втор пат да се фали за нешто што претходно две години не успеа да го реализира и малку делуваше несериозно и смешно“, рече Маријанчо Николов, СДСМ.

Како и да е, засега остануваат само информациите дека една од опциите за регулирање на Клириншкиот долг е проект за гасификација на земјата.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116551


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2009 at 14:09
Еве објаснување

Гасификација во средината на 2010 година

Гасификацијата на Македонија се очекува да почне во втората половина од идната година со 60 милиони долари од клириншкиот долг од Русија и уште 15 милиони учество на Владата, а да заврши три години подоцна, најави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Според него, на средбата со руските власти во претходната недела во Москва, била постигната согласност за текстот на договорот, за износот на долгот што Русија го има кон Македонија и за начинот на кој тој ќе биде исплатен. Иста ваква најава за согласност министерот Ставрески, како вицепремиер за економски прашања, даде и пред две години во интервју за „Дневник“.

- Техничкиот дел, односно потпишувањето на договорот, ќе се случи по завршувањето на процедурите во двете влади - изјави Ставрески викендов.

Ваквите тврдења ги потврди и амбасадата на Руската Федерација во Македонија, која реагираше преку соопштение дека „во согласност со претходниот договор“, Ставрески во Москва се сретнал со заменик-претседателот на владата и министер за финансии на Русија, господин Алексеј Кудрин и неговиот заменик, господин Дмитриј Панкин.

Според соопштението, преговорите биле успешни, а страните им наложиле на експертите во најблиско време да ја подготви конечната верзија на проектот на Меѓувладината спогодба, која треба да биде прифатена од страна на владите на Русија и Македонија и потоа потпишана.

- Прашањето за потпишување на спогодбата во текот на московските преговори не се поставуваше - велат од руската амбасада.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6E096FC8C0861F40A23E0C9C6E28A962


Posted By: DiKej
Date Posted: 04-Dec-2009 at 17:41

Руските долари се малку!?

Последната оптимистичка најава од министерот за финансии Зоран Ставрески од пред десетина дена дека во идната година ќе започне изградбата на гасоводот во Македонија и дека гасификацијата ќе заврши за три години повторно го отвори болното прашање. Дали ова е остварливо? Според Министерството за економија, за целосна гасификација на земјата се потребни 450 милиони евра. Да претпоставиме дека парите ќе се вложуваат во период од три години, што значи дека годишно ќе треба да се издвојуваат по 150 милиони евра. Во буџетот за 2010 година не се предвидени толку пари за оваа намена. Министерството за транспорт и врски, во чиј ресор е изградбата на инфраструктурни проекти, за 2010 година како приоритет има поставено само изработка на проект за гасификациона мрежа во Македонија, но не и изградба на гасоводи. Враќањето на рускиот клириншки долг од 60,5 милиони долари и најавеното вложување на 15 милиони долари од македонската влада секако не се доволни за гасификација на Македонија!

Природниот гас е енергенсот на иднината. Околу него се води “војна” помеѓу Русија и Украина, САД и Русија и помеѓу други земји кои преку гасоводите градат економски политики и заземаат стратешки позиции. Балканските земји одамна се вклучени во овие процеси и се ставени на мапата на пан-европските гасоводи. Македонија прави срамежливи и очајни обиди да фати чекор и да си обезбеди енергетска независност и стабилност, но за жал не успева во тоа. Последната оптимистичка најава од министерот за финансии Зоран Ставрески од пред десетина дена дека во идната година ќе започне изградбата на гасоводи во Македонија и дека гасификацијата ќе заврши за три години повторно го отвори ова болно прашање. Дали ова е остварливо? Капитал анализира зошто Македонија нема гас, зошто не се градат гасоводи и колку брзо земјата може да биде гасифицирана до ниво кое ќе обезбеди сигурна алтернатива на нафтата.
Анализата доведува до еден заклучок. Многу тешко ќе оди проектот гасификација на Македонија. Не само затоа што досега беше така, туку и затоа што многу работи не се завршени, а во исто време многу процеси се отворени. Меѓу нив и нерешениот проблем држава-Макпетрол во однос на сопственоста на гасоводот, кој не дозволува АД Гама да профункционира нормално и да почне да го работи тоа што треба да го работи.
Затоа земјава е таму каде што е. Македонија има изградено гасоводи во должина од 10,42 километри на 1.000 километри квадратни, што е за неколку пати помалку од земјите во регионот. Според Министерството за економија, за целосна гасификација на земјата се потребни 450 милиони евра. Да претпоставиме дека парите ќе се вложуваат во период од три години, што значи дека годишно ќе треба да се издвојуваат по 150 милиони евра. Во буџетот за 2010 година не се предвидени толку пари за оваа намена. Како капитални расходи за изградба на инфраструктурни објекти се споменати само инвестициите на Агенцијата за државни патишта од 5,3 милијарди денари (околу 86 милиони евра) и инвестициите во железничката инфраструктура од 320 милиони денари (5,2 милиони евра). Министерството за транспорт и врски, во чиј ресор е изградбата на инфраструктурни проекти, за 2010 година како приоритет има поставено само изработка на проект за гасификациона мрежа во Македонија, но не и експропријација на земјиште, а уште помалку изградба на гасоводи. Враќањето на рускиот клириншки долг од 60,5 милиони долари и најавеното вложување на 15 милиони долари од македонската влада секако не се доволни за гасификација на Македонија!

Стара приказна


Приказната со клириншкиот долг на Русија кон Македонија е стара работа. Првиот обид за повлекување на овие пари датира од 2005 година, во време на владата на премиерот Владо Бучковски. Следниот потег го направи Зоран Ставрески во 2007 година како вицепремиер во Владата на Никола Груевски. Ставрески, овој пат како министер за финансии, пред десетина дена повторно се пофали дека го решил проблемот со рускиот клириншки долг. По враќањето од Москва тој изјави дека е постигнат договор за текстот на спогодбата за наплата на клириншкиот долг, но таа се уште не е потпишана.
Александар Лесин, економски советник во руската амбасада во Скопје, вели дека текстот на спогодбата треба да ги помине процедурите во овластените министерства и во руската влада пред да биде подготвена спогодбата за исплата на рускиот клириншки долг кон Македонија. Тој период во Русија може да трае максимум три месеци. Лесин истакнува дека откако ќе се потпише спогодбата, треба да се потпишат и комерцијални договори помеѓу компании од двете земји.
“Доколку се одлучи клириншкиот долг да се подмири со изградба на гасоводи, добро е Гаспром и Гама, или некое друго претпријатие од Македонија, да седнат уште сега и да преговараат”, додаде Лесин.
Во Гама засега се мирни.
“Ние сме лиценцирана фирма за транспорт на природен гас низ системот за транспорт, управување со системот за природен гас и за развој (нови приклучоци). Доколку се побара од Гама да учествува во изградба на нови гасоводи, ние сме подготвени да одговориме на тоа. Впрочем затоа сме и формирани како акционерско друштво од Владата и од Макпетрол”, вели Радко Манов, извршен директор на АД Гама Скопје.

Криза за гас


Друг факт кој под знак прашалник ја става изградбата на гасоводот во наредните три години е големината на гасоводната мрежа. За целосна гасификација на Македонија треба да се изградат гасоводи во должина од уште 1.000 километри. Ако за постоечките 268 километри беа потребни 27 месеци, тогаш за изградба на 1.000 километри е потребно неколку пати подолго време.
Македонија како и во останатите области од енергетиката и во искористувањето на гасот доцни. И тоа многу. Доколку сакаме да ги задоволиме потребите со гас, кој во наредните 20 години ќе пораснат за 20 до 30 пати, мора веднаш да започнеме со изградба на гасоводна мрежа. Доколку се изградат гасните капацитети за производство на електрична енергија во предвидениот рок, утврден во енергетската стратегија на МАНУ, во Македонија многу скоро ќе се појави сериозен недостиг на гас. Познавачите прогнозираат дека кризата за гас ќе се јави веќе за пет години. Тие тргнуваат од фактот дека ова се големи инфраструктурни проекти, за чија изградба е потребно подолго време, поради што е неопходно уште веднаш да започнат подготовките за изградба на алтернативните гасоводи кои ќе ја поврзуваат Македонија со останатите магистрални цевки за пренос на гас во регионот.
“Моментално во Македонија се трошат околу 100 милиони кубни метри гас годишно. ТЕ-ТО Исток, која треба да почне со работа во 2010 година, ќе користи 350-400 милиони кубни метри гас годишно. Доколку ТЕЦ Неготино започне да работи на гас и има континуирано производство, само за оваа централа ќе бидат потребни 300 милиони кубни метри гас годишно. Во студијата се анализирани и потребните количини за ТЕ-ТО Енергетика согласно плановите на ЕЛЕМ, кои се на ниво од 400 милиони кубни метри гас годишно”, вели Зоран Кондратенко, менаџер и партнер во Енергосистем, компанија која е дел од конзорциумот што ги изработува идејните проекти и физибилити студии за изградба на магистралните гасоводи во Македонија.
Евидентно е дека само за овие потрошувачи треба да се обезбедат околу 1,1 милијарди кубни метри гас годишно, што го надминува капацитетот на постоечкиот гасовод, кој може да транспортира само 800 милиони кубни метри гас. Причина повеќе за изградба на алтернативен гасовод е и фактот што Македонија нема сопствено складиште за гас, како и барањата на бизнисмените за што побрзо обезбедување алтернатива на рускиот гас. Ова треба да биде дополнителен поттик за Владата да ги изгради потребните траси на гасоводите кон Грција, која има пристап до гас и од северно африканските гасоводи и најлесно помина во гасната криза на почетокот од годинава.

Поволности при искористување на природниот гас


Предноста од природниот гас пред останатите енергенси е голема. Со зголемувањето на емисиите на јаглерод диоксид и глобалното затоплување, природниот гас сe повеќе добива на цена како енергенс кој најмалку ја загадува животната средина. Македонските компании кои ги следат европските трендови одамна го воведоа гасот како главно погонско гориво во своето производство. Макстил, пред неколку години беше пионер во замената на електричната енергија со гас при топењето на металите. Тој ги воведе потребните инсталации за гас уште во 2003 година.

“Сигурно дека гасот има поголема предност од останатите фосилни горива. Тој е еколошки најчист енергенс и, според новите европски правила за заштита на животната средина, е многу поприфатлив за разлика од останатите горива”, вели Александар Панов, генерален директор на Макстил.
При согорувањето на природниот гас емисијата на јаглерод диоксид е помала за 30% во однос на нафтата и за 45% во однос на јагленот. Исфрлувањето цврсти честички е помало за 90% во однос на нафтата и за 99% во однос на јагленот. При согорувањето на природниот гас не се исфрла сулфур диоксид, соединение кое предизвикува кисели дождови. Природниот гас има за 80% помала емисија на азотни соединенија за разлика од јагленот. Сето ова им носи голема полза на компаниите кои го користат гасот. Покрај репутацијата што ја имаат како зелена компанија, ваквите капацитети може и да аплицираат за т.н. зелени кредити од ООН, кои потоа може да ги продаваат на берза и да заработат пари. Цената на зелените кредити на еколошките берзи се движи од 10 до 13 евра, а бројот на кредити што може да ги добие една компанија се утврдува според критериумите од Кјото протоколот.

Друга значајна предност на природниот гас е што неговата цена е многу пониска за разлика од останатите фосилни горива и енергенси. Според податоците на Министерството за економија, доколку се замени искористувањето на другите фосилни горива, во зависност од горивото, ќе се заштедат од 44 до 144 милиони евра годишно. Иако во одредувањето на цената на гасот во Европа има и многу политика, сепак цената од 400 долари за 1.000 метри кубни гас е прифатлива и е пониска за разлика од нафтата, на пример. Русија обезбедува 60% од потребниот гас за Европа и ги диктира цените.


Србија прави се за учество во Јужен поток

Вистинска лоби-војна водат нашите соседи за убедување на Русија дека гасоводите треба да поминуваат низ нивна територија, за што тие ќе наплаќаат транспортни такси. Србија, на пример, го продаде најголемото претпријатие во земјата НИС за само 400 милиони евра (иако вредеше 2,2 милијарди) за да добие водечка улога во транспортот на руски гас за Европа, од кое годишно ќе наплаќа околу 300 милиони евра. Подземното складиште во Банатски двор, кое има капацитет од 3,3 милијарди кубни метри гас (количина што и е потребна на Македонија за период од 33 години), треба да стане регионално складиште на гас за магистралниот гасовод Јужен поток, што ќе го гради руски Гаспром.

Бугарија крстосница на јужна Европа


Бугарија е лидер во изградбата на магистрални гасоводи во регионот кои треба да транспортираат гас за Јужна Европа. Преку нејзина територија ќе поминува Јужен поток, кој е заедничка инвестиција на Гаспром и на италијанската компанија ЕНИ. Во минатата недела рускиот премиер Владимир Путин најави дека и францускиот ЕДФ ќе влезе во изградбата на овој гасовод, кој ќе чини околу 20 милијарди евра. Гасоводот во Бугарија ќе дојде директно од Русија, под Црното Море. Така ќе се заобиколи Украина, која прави многу проблеми затоа што 70% од рускиот гас за Европа поминува низ нејзина територија. Бугарија е во игра и за европскиот гасовод Набуко, кој ќе пренесува ирански гас за Европа.


http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=5&articleId=1221 - http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=5&articleId=1221





Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 12-Dec-2009 at 19:42
Исцртани трасите за изградба на гасоводната мрежа
   
2.12.2009 19:31

Определени се приоритетните магистрални правци за изградба на гасоводна мрежа. Од Куманово до Битола и од Скопје до Гостивар се трасите каде ќе се прави гасната инфраструктура, дознава А1 од високи владини извори.

Опфатени се градовите Скопје, Тетово, Гостивар, регион што е индустриски експониран и има огромен потенцијал. На другата траса од кумановско Клечовце преку Свети Николе, Велес и Прилеп, се до Битола.

Но тука, според информациите на А1, оставен е простор за крак до Струмица, зависно од точката на поврзување - Грција или Бугарија.

Независно од овој проект на владино ниво, локалната власт на Струмица најави дека ќе се гасифицира, до октомври идната година.

Гасот ќе го носи од централата во Петрич, Бугарија, што е на 35 километри од Струмица. Ваков проект пред скоро четири години најавија и локалните власти од Куманово.

Иако се е подготвено, гасификацијата е блокирана. Надлежните велат блокадата доаѓала од АД „Гама“, што е под контрола на државата и „Макпетрол“.

Најавите за гасификација се континуирани, но граѓаните се уште чекаат. Според информациите на А1, изградбата на целата гасоводна мрежа би чинела околу 270 милиони евра.

Неодамна Владата најави дека е решено прашањето за Клириншкиоит долг. Руската федерација долг од 60 милиони долари ќе го исплаќа преку проекти за гасификација на Македонија.

Државата ги утврди приоритетните траси, ќе се прават дополнителни анализи за идејни проекти, начин на финансирање и динамика на изградба.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117416

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2009 at 12:29

Струмица ќе се гасифицира следната грејна сезона

16.12.2009 12:19
 

 

Струмичани дадоа зелено светло на идејата за гасификација на општината. Бизнис заедницата, јавните институции, домаќинствата и земјоделците кои учествуваа на јавната расправа го поддржаа проектот за гасификација кој треба да се реализира до октомври идната година и кој ќе обезбеди заштеда и до 50 насто од досегашната потрошувачка за затоплување.

„Многу е напредна идејата особено што ние сме земјоделски крај. Гасификацијата ќе овозможи чиста средина, еколошки здраво производство, без употреба на пестициди и други хемиски средства“, рече земјоделец.

„Според нашите пресметки, метанот е најевтин енергенс во светот и гасификацијата ќе ни донесе заштеда во енергенсите меѓу 20 и 30 насто и тоа ќе не направи поконкурентни на пазарот“, додаде бизнисмен од Струмица.

Проектот на виртуелен гасовод со кој гасот ќе се носи од гасната централа во Петрич Бугарија и ќе се дистрибуира во мрежата долга 13 километри, тежи 4,5 милиони евра.

Овие средства општината ќе ги обезбеди преку кредит од Светска банка, а гасот за крајните потрошувачи ќе чини околу 20 денари за метар кубен.

„Ќе ја направи Струмица многу поинтересна за инвестирање, ќе го направи многу поконкурентно нашето стопанство за во иднина, ќе ја направи рентабилноста на живеачката, на јавните институции, на домаќинствата, на стопанството, на земјоделството, многу попрагматична, практична и економична“, рече градоначалникот Зоран Заев.

Во првата фаза ќе се гасифицираат јавните институции и стопанството, во втората обработливото земјоделско земјиште и во третата фаза домаќинствата.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117569 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117569


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Dec-2009 at 14:32

Струмица поевтино ќе живее со гасификацијата

Еколошката димензија и заштедите на енергија се главни причини за поддршка на овој проект

Струмица - Во Струмица поевтино ќе живее по гасификацијата, а очекувањата се големи. Идејата доби поддршка и од обичните граѓани и од бизнис-заедницата, од каде што велат дека користењето на гасот ќе им ги намали трошоците и ќе бидат поконкурентни на пазарот. Слични се и очекувањата дека реализацијата на проектот ќе привлече нови инвеститори и инвестиции во Струмичко.

„Одлична идеја на која и' даваме безрезервна поддршка. Конечно, како и во развиените земји, ќе имаме евтина и еколошка енергија, ќе бидеме интересни за инвеститорите, а нашите производи ќе бидат конкурентни на пазарот“. Ова се најчестите коментари што се слушаат деновиве во Струмица откако градоначалникот Зоран Заев ја обелодени идејата да ја гасифицира општината. На првата јавна расправа, претставниците на бизнис-заедницата, јавната администрација, земјоделците, домаќинствата дадоа зелено светло на проектот за виртуелен гасовод, прв од таков тип во државата. Еколошката димензија и големите годишни заштеди за енергија се главните причини за поддршка на овој капитален проект.

„Тоа е прекрасна идеја. Ние сме многу зависни од енергетските ресурси, а природниот гас секаде во светот е еден од најевтините енергенси и сето ова за нас како бизнисмени значи многу. Според пресметките што ги направивме, заштедата што ќе ја добиеме ќе се движи меѓу 20 и 30 отсто и ќе ни обезбеди нашите производи да бидат поконкурентни на пазарот“, вели бизнисменот Трајче Карадаковски.

Проектот за гасификација наиде на голема поддршка во јавните установи кои годишно за затоплување трошат над еден милион евра.

„Како најголемо училиште во овој регион, годишно трошиме нафта од 100 тони, што училиштето го чини меѓу 4 и 5 милиони денари, а со преминувањето на гас ќе заштедиме 50 отсто и тој дел ќе можеме да го вложиме во модернизирање на училиштето“, изјави Слободан Вета, директор на средното училиште „Никола Карев“ во Струмица.

Проектот за гасификација на Струмица ќе чини 4,5 милиони евра. Овие средства ќе бидат обезбедени со задолжување на Општината од Светска банка.

„За обезбедување на овие средства општината има капацитет и ќе се задолжи со земање на кредит од Светска банка. Тоа се многу поволни кредити со три години грејс-период и рок на отплата од десет години. Најважното е што во делот на цената на чинење, што е апсолутно интересна и атрактивна за сите потенцијални потрошувачи, внатре ја има и цената за враќање на тој кредит, а придобивките од сето ова се неспоредливо големи“, вели градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Со проектот е предвидена изградба на станица за компресирање на природниот гас во Петрич, Република Бугарија, потоа на две станици за декомпресирање и на локалната гасоводна мрежа во должина од 12.150 метри, како и набавка на најсовремена опрема за транспорт и дистрибуција на гасот. Советот на Општината на првата седница во јануари треба да донесе одлука за подигнување на кредитот, а градоначалникот Заев очекува согласност да добие и од Министерството за финансии.

Според пресметките, цената на чинење на гасот ќе изнесува околу 20 денари за кубен метар. Така, наместо околу 1.000.000 евра да се трошат во јавните институции за греење секоја година, со користењето на природниот гас јавните институции ќе трошат помеѓу 500.000 и 700.000 евра годишно. Конкурентноста на производите произведени во струмичкото стопанство ќе биде многу поголема отколку досега, односно производите кои имаат поголем удел на енергенсот во цената на чинење ќе бидат поконкуренти за 10, 20 и повеќе отсто. Заработката на земјоделците што произведуваат раноградинарско производство ќе биде од 30 до 70 отсто поголема, а секое домаќинство кое ќе користи природен гас за затоплување ќе остварува заштеда од 200 до 1.000 евра годишно.

Гасот ќе се набавува од гасната станица на Булгаргас, која се наоѓа во Петрич, град оддалечен од Струмица педесетина километри. Со специјални камиони ќе се транспортира во станици-ќерки во Струмица, од каде што ќе оди во градската мрежа.

Според планираните активности, во првата фаза од гасификацијата ќе бидат опфатени локалните и државните јавни институции и стопанските капацитети, во втората фаза обработливото земјоделско земјиште под пластеници и оранжерии и во третата фаза ќе се гасифицираат домаќинствата.

За реализирање на проектот виртуелен гасовод локалната власт се одлучиле затоа што со државната стратегија за гасификација гасоводот во Струмица треба да пристигне дури во 2025 година.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7B4EE4D81B042F4C948A8B443310FA4E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Dec-2009 at 21:24

Со камиони  Question

Чисто лаичка претпоставка, ама ваљда долгорочно нема никаква логика да се тркалаат камиони цело време, наместо да се направи гасовод. Можеби се работи за привремено решение во полза на конечно поврзување преку Штип  Dunno
Се надевам дека има дебело поткрепено објаснување зошто се оди на варијанта на транспорт со камиони.

-----------------------

Инаку еве една вест малце да не отрезни после слатките изјави на министерот за финансии:

Македонија е далеку од гасификација

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=117&VestID=117954 - Мишко Иванов http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117954#komentari - Коментари (7)    
25.12.2009 15:30
 

 

Земјата е се уште далеку од гасификација. Министерството за транспорт и врски денеска потврди дека гасификацијата нема да започне пред 2011.

„Рокот за изработка на основните изведбени проекти којшто би им бил даден на најповолните понудувачи е една година, со оа што се очекува во тој период, по завршување на изработката на тие проекти да започне“, вели Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.

Засега само се знае дека има тендер на кој заинтересираните фирми ќе можат да ја достават документацијата за изработка на проект за гасификација. Крајниот рок за доставување на документацијата е 10 февруари, а потоа следува рок од една година за изработка на проектот.

Неодамна министерот за финансии, Ставрески, по враќањето од Москва, изјави дека со проекти за гасификација, се затвора прашањето со рускиот Клириншки долг, од 60-милиони американски долари..

„Гасификацијата би требало да почне во 2010. Студијата е речиси финализирана, останува ова прашање во наредните два-три месеци да помине на Собрание, преку закон за ратификација на спогодбата. Значи ние го усогласивме текстот на спогодбата, со Министерството за финансии на Русија“, изјави на 19 ноември 2009. Зоран Ставревски, министер за финансии.

Според Министерството за транспорт, приоритетни правци за изградба на гасоводна инфраструктура ќе бидат Клечовце-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар. Според транспорт најбрзиот начин за приклучување на Македонија на гасоводната мрежа е преку рускиот гасовод кон Грција или на инетрконекторот меѓу Грција и Италија.

Нема информации дали земјата има договор со Грција. Ако нема, тогаш може ли да се доведе во прашање целата физибилити студија, за која никој не кажува колку милион евра се потрошени.

Најавите за гасификација се континуирани, а граѓаните се уште чекаат.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117954


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Dec-2009 at 22:46

Распишан тендер за изработка на проекти за гасоводни магистрали


Министерството за транспорт и врски распиша тендер за изработка на техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистрална линија на гасоводниот систем во Македонија. Фирмите кои се заинтересирани да ги изработат проектите имаа рок до 10-ти февруари следната година за да ги достават понудите до министерството.

“Проектот е поделен на четири пакети. Пакет еден – Изработка на техничка документација за магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино во должина од 100 километри. Проект два – од Неготино до Битола во должина од 100 км. Проект три – од Чвор Штип до Чвор Хамзаил во должина од 60 км и Проект четири – од Чвор Хамзаил до Стојаково на границата со Грција во должина од околу 50 км“, вели портпаролот на министерството, Драган Симоновски.

Фирмата која ќе биде избрана на тендерот ќе има рок од една година за да ги изработи проектите.
Проектот за гасификација на Македонија почна со изработката на Физибилити студија што ја работат четири фирми “Простор“ од Куманово, “Гастек БГ“ од Бугарија, “Петрол“ од Словенија и скопската “Енерго систем“.

Според досегашните проценки, најбрза реализација на гасификацијата ќе се обезбеди доколку гасоводниот систем во Македонија се поврзе со регионалната гасоводна инфраструктура за пренос на руски гас кај Петрич во Грција и во Грција на дел од гасоводот што ги поврзува Грција и Италија.

Во Министерството за транспорт и врски се уште немаат конкретна проекција кога ќе почне изградбата на гасоводот во Македонија. Велат проектот оди чекор по чекор.

Според Транспорт, за целосна реализација на гасификацијата на земјава ќе бидат потребни 270 милиони евра.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=65951&kategorija=2 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=65951&kategorija=2

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2009 at 15:36
Поопширно за неколку од вестите кои се вртат периодов:

Преродбата најмногу ќе се почувствува со гасот





 

Заштедите на домаќинствата со користење на гасот ќе бидат од 200-1.000 евра годишно, додека сумата што ќе им остане на компаниите е многукратно повисока

 
 
%20  
Значителни заштеди кај граѓаните, зголемена конкурентност на компаниите, чиста животна средина за сите.

Ова се трите клучни придобивки од гасификација на земјава. Процените се дека заштедите за греење кај граѓаните ќе бидат од 30-50 отсто, компаниите ќе имаат од 20-50 отсто помали издатоци за производство, а земјоделците ќе имаат и до два месеци порано раноградинарско производство од пластеници, со што и заработката ќе им биде за 30-70 отсто поголема. Споредено со струјата, секое домаќинство што ќе користи природен гас за затоплување ќе остварува заштеда од 200 до 1.000 евра годишно, покажуваат пресметките. За компаниите заштедите ќе бидат многукратно поголеми. Сето ова дополнително ќе ја зголеми економската стабилност и конкурентност на државата. Продажната цена на природниот гас и во иднина ќе биде околу 40 до 50 отсто пониска од нафтата за греење и 30 отсто пониска од мазутот.

За цената на струјата и да не зборуваме. Во споредба со сите други енергенси, гасот е најевтината и најдобрата можна опција и од аспект на најмала емисија на јаглерод диоксид, што беше клучна заложба и на неодамнешниот самит во Копенхаген, сметаат експертите. Нивните прогнози се дека пазарните предности гасот ќе ги задржи и во догледно време. Електричната енергија сé помалку ја има и затоа постојано поскапува дрвото, фосилните горива и нафтата, кои пак, многу загадуваат и се пред исцрпување. Тоа значи дека гасот е единствената алтернатива не само за Македонија, туку и глобално. За жал, сите досегашни влади не ги согледаа овие предности и немаа визија за гасификација на земјата.

По децениски застој работите конечно се поместија од мртва точка. Неодамна се затвори деценискиот проблем за враќање на клириншкиот долг од околу 60 милиони долари, пари што ќе бидат искористени за гасификација на земјата, а со посебна физибилти-студија Владата ги дефинира и приоритетните магистрални правци. Она што сé уште виси во воздух се роковите и местото на приклучок од меѓународните гасоводи, односно дали од Грција или од Бугарија, како досега. Доколку точката на поврзување биде во Грција, сигурно ќе биде потребен и меѓудржавен договор меѓу двете земји, предупредуваат експертите. Сепак, мал е просторот за некакви политички маневри или блокади од нашиот јужен сосед, додаваат тие.

- Од технички аспект не би требало да има никакви проблеми бидејќи се работи за меѓународни коридори. Не се Грците тие што даваат, туку други го прават тоа. Ако државата се договори со субјектите (државите) што го продаваат гасот, не би требало да има никакви пречки - ни изјави Чедомир Тедосиевски, експерт што учествува во изработката на студијата за гасификација.

Во студијата, како една од точките за поврзување е предвидена Грција во делот на изградениот дел од гасоводот ИГИ (Интерццонецтор Грееце Италѕ). Теодосиевски е оптимист и за роковите кога би можел да се изгради целокупната гасоводна мрежа во државата.

- Сé зависи од парите. Ако има пари, се прави брзо. Со затворањето на клириншкиот долг ќе се забрзаат работите - додава тој.

Вицепремиерот Зоран Ставрески почетокот на изградбата на гасоводот го најави за 2011 година. Од владини извори дознаваме дека, во најдобра рака, изградбата би требало да трае најмалку три години. Песимистич

кото сценарио, кое вклучува долги тендерски постапки, жалби, експропријација на земјиштето, бесконечни политички договарања..., може да ја развлече гасификацијата и до 10-15 години. Во однос на правото на сопственоста врз гасоводот, која долги години е предмет на судски спор помеѓу „Макпетрол“ и државата, од „Гама“ не сакаат однапред да прогнозираат. „Гама“ е акционерско друштво и за каква било промена треба да се изјаснат акционерите. Нашите извори, пак, велат дека со новите вложувања на државата ќе се промени сегашниот сооднос од 50 - 50 помеѓу „Макпетрол“ и државата, и таа ќе го добие мнозинскиот пакет во управувањето со гасоводот.




Заев ќе носи гас со камиони

%20Градоначалникот на Струмица Зоран Заев најави гасификација на неговата општина со таканаречен виртуелен гасовод, каде што трошоците би биле многу пониски и бенефициите за граѓаните поголеми.

- Струмица требаше уште многу време да чека гасоводот да стигне до неа и затоа се потрудивме природниот гас да го донесеме токму преку ваквиот модел на виртуелен гасовод, со што ќе станеме прв гасифициран град во Македонија и заштедите ќе изнесуваат над 30 отсто - вели Заев.

Моделот на виртуелен гасовод се состои од мајката-станица, која во случајот се наоѓа во Петрич Бугарија, и каде што ќе се врши компресија на природниот гас во МАТ-транспортни модули, кои собираат по 1.500 м3 компресиран гас. На еден камион можат да се утоварат три МАТ-модули со вкупна количина од 4.500 м3 гас. Овие модули потоа се носат до Струмица, каде што во посебни станици се декомпресираат и гасот се пушта во мрежата на користење на граѓаните.

- Набавениот гас на овој начин ќе чини 44 евра за 1.000 метри кубни. Во оваа цена се и транспортот, шпедицијата, терминали, царина од 2 отсто. Со еден збор, сите попатни давачки. Вкупната инвестиција, која вклучува и изградба на мрежа од 13 километри и опрема, ќе чини 4,5 милиони евра - вели Заев. Општина Струмица е збратимена со Петрич и просторот каде што ќе биде поставена базната станица е сопственост на Струмица, нагласува тој.




Зацртани приоритетните магистрални правци

Приоритетни магистрални правци за изградба на гасна инфраструктура во Македонија ќе бидат Клечовце - Битола, со крак до Струмица, во зависност од точката на поврзување во Грција или Бугарија, и правецот Скопје - Тетово - Гостивар, утврдил Меѓуминистерскиот комитет што ја следи изработката на физибилити-студијата за гасоводен систем во Македонија.

- Веќе е објавен оглас за избор на компанија што ќе ја подготви техничката документација на ниво на основен и изведбен проект за магистралната линија на гасоводниот систем, преку четири пакети - вели Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски. Со првиот пакет се бара документација за магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино од околу 100 километри, а исто толку километри ќе биде и магистралниот гасовод од Неготино до Битола. Третиот пакет е за магистралниот гасовод од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од околу 60 километри, додека четвртиот предвидува изработка на техничка документација од Чвор Хамзали до Стојаково (граница со Грција) во должина од околу 50 километри. Вкупната инвестиција за гасификација на земјата се проценува на 270 милиони евра. Симоновски вели дека магистралниот гасоводен правец Клечовце - Битола се проценува да чини 73,6 милиони евра, Штип - Гевгелија 49,28 милиони евра, а правецот Скопје - Гостивар би чинел 29,75 милиони евра. Како најреални и најбрзи можни приклучувања на гасоводната инфраструктура во Македонија, појасни Симоновски, се дефинирани приклучувањата на транспортниот гасовод за пренос на руски гас кон Грција и изградениот дел од гасоводот ИГИ (Intercconector Greece Italy).
 
   
Автор: Александар С. Димковски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122691014176&id=9&setIzdanie=21872


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Dec-2009 at 16:15
Јас имав природен гас во претходниот стан и годинава барав стан задолжително без гас! Можеби ни кажуваат дека е ефтино, но знам дека цела Грција трошеше многу повеќе пари за затоплување со гас отколку со струја. Јас плаќав 80 евра месечно за гас! А штедев. Кога се греев на струја по 100 евра ама на два месеци. Плус кај нас како што си тресат цени од ракав секоја недела, не очекувам некој бенефит за граѓаните.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2010 at 00:07
Гасификацијата чекор поблиску


Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Владимир Солоцински, изрази уверување дека прашањето на клириншкиот долг кон нашата земја вреден 60 милиони долари ќе биде затворено во април. Тогаш треба да се одржи состанок на меѓувладина комисија за научно-техничка и економска соработка, а потоа да следи и формално потпишување на спогодбата. Овие средства македонската влада целосно ќе ги насочи во гасификација на земјата, со Русија како партнер во тој процес. За предвидените проекти за гасификација на Македонија се проценува дека се потребни околу 200 милиони евра.

После долги перипетии, до договор за регулирање на стариот советски долг кон нашата земја беше дојдено во ноември минатата година, при посетата на Русија од страна на министерот за финансии Зоран Ставревски. Во меѓувреме се прецизираат деталите и се регулираат техничките аспекти на договорот. Кон крајот на декември Министерството за транспорт и врски ../?p=931 - објави и оглас за изготвување на проекти за изградба на магистрални гасоводи низ државата. Повеќе детали за проектите и динамиката на реализација се најавуваат во периодот по 10 февруари кога завршува огласот.



http://www.build.com.mk/?p=1520 - http://www.build.com.mk/?p=1520


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 01:56

Струмица наесен ќе се гасифицира

Планирано е во првата фаза да се гасифицираат јавните објекти и институциите на локалната власт, потоа површините засадени со раноградинарски култури и на крајот домаќинствата

Општина Струмица нема да чека спроведување на државната стратегија за гасификација на Македонија, со која е предвидено овој регион да се гасифицира во 2025 година. Градоначалникот Зоран Заев ветува дека наесен, односно на почетокот на идната грејна сезона, делови од Струмица ќе може да се греат на гас. Иницијативата ја поддржаа и граѓаните преку јавна расправа, при што дадоа поддршка за задолжување на Општината со кредит во висина од 4,5 милиони евра.

- За обезбедување на овие пари Општината има капацитет и ќе се задолжи со земање кредит од Светска банка. Тоа се многу поволни, меки кредити. Тоа значи 1,3 отсто каматни стапки, три години грејс-период и рок на отплата од десет години. Најважно од се' е што во делот на цената, која е апсолутно интересна и атрактивна за сите потенцијални потрошувачи, внатре е и цената за враќање на кредитот, а придобивките од сево ова се неспоредливо големи - вели градоначалникот Заев.

Со проектот е предвидена изградба на станица за компресирање на природниот гас во Петрич, Република Бугарија, потоа на две станици за декомпресирање и на локалната гасоводна мрежа во должина од 12,1 километри, како и набавка на најсовремена опрема за транспорт и за дистрибуција на гасот. Советот на Општината треба да донесе одлука за подигнување на кредитот, а градоначалникот Заев очекува согласност да добие и од Министерството за финансии.

Гасот ќе се набавува од гасната станица на „Булгаргас“, која се наоѓа во Петрич, град оддалечен педесетина километри од Струмица. Со специјални камиони ќе се транспортира во ќерки-станици во Струмица, од каде што ќе оди во градската мрежа.

Според пресметките, цената на гасот ќе изнесува околу 20 денари за кубен метар. Така, наместо околу еден милион евра да се трошат во јавните институции за греење секоја година, со користењето на природниот гас јавните институции ќе ги намалат трошоците од 30 до 50 отсто.

Со планот е предвидено во првата фаза да се гасифицираат јавните објекти и институциите на локалната самоуправа, во втората површините засадени со раноградинарски култури во населените места и на крајот домаќинствата.                                                                                                                          http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C4E78A45411D1C42894C85AC30FB1EDF    



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 02:02

Напролет први приклучоци за гас

КУМАНОВО - Во април годинава во Куманово ќе се постават мерна регулациска станица и приклучоци за гас, ветиле претставници на компанијата ГАМА по средбата со градоначалникот Зоран Дамјановски и со надлежните од ЈП „Куманово-гас“. Директорот на ЈП „Куманово-гас“, Момчило Мирчевски истакна дека е донесен правилник за потрошувачите и утврдена цената на приклучокот која ќе изнесува 800 евра.

Државниот инспекторат за садови под притисок лани издаде решение за исправност на поставениот цевковод, по претходното пневматско тестирање на инсталираната делница од примарната мрежа.

Проектот гасификација се реализира четврта година. Според директорот  на „Куманово -гас“, досега се поставени 6.600 метри гасна дистрибуциска мрежа, од која 4.100 се челични, а другото полиетиленски  цевки.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AC8CCBB8B91C984785E29A1039C3FCE4


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Jan-2010 at 02:54
Ќе даде некој 800 евра за да биде прв на неиспробана мрежа за гас? Кој ќе почека, за една година ќе биде 300 максимум. А после тоа и тек поефтино.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: leonid23
Date Posted: 29-Jan-2010 at 04:55

http://www.bbc.co.uk/macedonian/">BBCMacedonian.com 

Гасот прво ќе дојде во Струмица
 
Гасна%20инсталација%20во%20Македонија
Гасификацијата во Република Македонија е проект за кој доста и често се зборува но досега не е сторено многу.

Се зборува и во Струмица каде граѓаните оваа грејна сезона ќе се греат вообичаено, но ако се' оди според планираното, веќе од следната година Струмица ќе биде првиот град во Македонија во кој ќе се спроведе гасификацијата.

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, пред своите граѓани и видно горд, го претстави новиот проект за гасификација на градот.

Од следната грејна сезона гасот први ќе го користат јавните институции и стопанството, потоа за обработливото земјоделско земјиште и во третата фаза и домаќинствата, рече градоначалникот Заев.

-„По пат на јавна расправа, согласно законот за финансирање на единиците за локална самоуправа, можам да констатирам дека имавме одлична јавна расправа на која што граѓаните апсолутно го дадоа првиот чекор на поддршка за спроведување на еден многу храбар проект, а тоа е гасификацијата на Струмица, проект кој општина Струмица има намера да навлезе со неговото спроведување, со крајна цел за само неколку месеци да протече гасот“.

Струмичани со задоволство ја пречекаа оваа вест, бидејќи гасот ќе биде поефтин од струјата.

Еве што за проектот вели директорот на средното училишта „Никола Карев“ Слободан Вета:

-„Со проектот кој моментно го работиме и се надеваме дека советот ќе донесе решение да биде завршен, ќе добиеме некаде уште 40% заштеда на нивона училиште, годишно трошиме околу 4-5 милиони денари за нафта а сега ќе трошиме 2-2,5 милиона. Тоа ќе биде голема заштеда и конечно професорите и учениците од ’Никола Карев’ ќе се стоплат.“

Струмица

И стопанствениците се задоволни. Велат дека гасификацијата ќе придонесе за поквалитетно и поздраво земјоделие кое ќе биде според европските стандарди, вели стопанственикот Трајче Карадаковски:

-„Тоа е една прекрасна идеја за нас во стопанството, бидејќи ние сме многу далеку од енергетските ресурси како што и во светот природниот гас е еден од најефтините енергенси, така и за нас како стопанство, тој значи многу.“

Гасот во Струмица ќе се дистрибуира во мрежа долга 13 километри, проектот тежи 4,5 милиони евра, а ќе се носи од гасната централа во бугарскиот град Петрич.

Општината средствата ќе ги оебзбеди преку кредит од Светската банка, додека жителите гасот ќе го добиваат по цена од 20 денари за кубен метар.

Се очекува работите на овој проект да се реализираат во октомври од кога струмичани треба да ги почуствуваат благодетите на гасот.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2010 at 05:00


Момци, кога постирате вести обавезно вклучувајте го точното URL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2010 at 16:08

Руската нафтена компаија Гаспром во Македонија?

По инвестицијата во Србија, се поголеми се очекувањата на Македонската Влада дека руската нафтена компанија Гаспром ќе влезе и на македонскиот пазар. Компанијата се гледа како сериозен партнер во изградба на македонскиот гасоводен систем. Дека се очекува Гаспорм да учествува во изградбата на гасоводот, го потврди и Mинистерот за финансии Ставрески во интервју за руската новинска агенција Итар Тасс. Во него Ставрески вели: ,,Поаѓајќи од утврдениот проект на Владата за гасификација на Македонија, мислам дека е јасен интересот за соработка со Гаспром. Во тој контекст уште еднаш ја реафиримирам подготвеноста за затварање на клириншкиот долг со Руската Федерација преку проектот за гасификација и во тоа очекуваме максимална поддршка од Гаспорм,,
А за два месеца се очекува целосно да се затвори прашањето со долгот вреден 60 милиони долари што Руската Федерација го има кон Македонија.

Владимир Солоцински Амбасадор на Руската Федерација во Македонија вели : според нашите сознанија договорот ќе се потпише најдоцна до април годинава, со тоа ќе се заврши едно отворено економско прашање меѓу двете земји и се надевам дека економските односи ќе се продлабочат.

Тогаш и двајцата Министри за финансии се очекува да го официјализираат потписот. Но наместо кеш, Русите парите ќе ги вратат преку инвестиција во гасоводниот систем. За негова доизградба потребни се околу 200 милиони евра, Владата ќе учествува со 15 милиони евра.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=57485


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2010 at 00:58
Скопје ќе се гасифицира по реони


Градските власти најавуваат офанзива за гасификација на метрополата. Првиот чекор од конкретната реализација на овој долгонајавуван проект ќе почне за петнаесетина дена, кога ќе биде објавен меѓународен тендер за избор на фирма. Ова вчера го најави скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, на пауза од седницата на Координативното тело на скопските градоначалници, на која една од точките на дневен ред беше разгледување на информацијата за гасоводот.
- Тендерот би требало да биде објавен за петнаесетина дена и доколку се биде во ред, изборот на фирма ќе биде извршен до крајот на летово и реализацијата би можела да почне кон крајот на годинава. Во оптек се повеќе модалитети како да се спроведува овој проект и, се разбира, ќе бидат разгледани сите. Гасификацијата ќе се врши парцијално по општини, територии, а не на цел град, информираше Трајановски. Проектот ќе се реализира преку а.д. Енергетика", компанија преку која ќе се вклучат домашни и странски фирми или концесионери.

http://vecer.com.mk/?ItemID=90AC9F692F9AE842BE328373BA243676

Градот ќе распише конкурс за гасификација

Наспроти Костовски, кој беше категоричен дека ќе се залага 51 отсто од акциите да му останат на Градот, Трајановски рече дека нема да инсистира на такво нешто

Градската власт најавува дека за две недели ќе распише меѓународен конкурс за избор на фирма заинтересирана да ја спроведе гасификацијата на Скопје, информираше вчера градоначалникот Коце Трајановски по одржаната средба на Координативно тело со останатите општински градоначалници. Градот за оваа цел пред три години го формира јавното претпријатие „Енергетика“, кое потоа прерасна во акционерско друштво, но работата запре поради локалните избори.

Сега Трајановски очекува да се пријават многу заинтересирани фирми. Изјави дека ако тендерската постапка помине како што планираат, летово може да биде зацртана и целата стратегијата како ќе се одвива изградбата на мрежата.

- Може да одиме со гасификација на делови на Скопје, но тоа допрва ќе се утврди. До крајот на годинава можно е да почне и изградбата - изјави тој.

Градската власт се' уште не одлучила дали гасификацијата ќе ја изведе со целосна концесија или со продажба на акции. Поранешниот градоначалник Трифун Костовски се залагаше контролниот пакет од 51 отсто во „Енергетика“ да остане во рацете на Градот, а Трајановски има поинаков став. Ако дојде до продажба на акции, тој рече дека нема да инсистира мнозинскиот капитал да биде градски.

- Мене ми е најважно граѓаните да добијат гасификација - изјави градоначалникот.

На средбата на Координативно тело на градоначалници, градоначалниците разговарале и за доставата на решенијата за данокот на имот за 2010 година. Трајановски рече дека е договорено решенијата да ги доставува „Македонска пошта“, а сами тоа ќе го прават општините Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, бидејќи сметаат дека доставата на тој начин ќе биде понавремена и побрза.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=38C2F5FB29ED9844BAB090886636316E



Posted By: Max
Date Posted: 28-Feb-2010 at 01:08
Originally posted by beTon

http://www.srpskapolitika.com/Tekstovi/Analize/2008/061.html - Руски гасовод не може кроз Србију
Амерички гасовод „Набуко“ може, али
руски „Јужни ток“ не може проћи кроз Србију -
http://www.srpskapolitika.com/Tekstovi/Analize/2008/061.html - Српска политика - 05 мај 2008

каква стратешка "видео" игра е ова тоа е човек да ужива да прати вакви анализи!

Оптимизам за Набуко и покрај пречките
17/02/2010
Вашингтон најави нова енергетска стратргија и ја покани Русија да одигра улога во проектот за гасоводот со цел диверзификација на снабдувањето со природен гас. Но, парите и политичките нестабилности може да создадат пречки на патот.

Шефот на проектот за гасоводот Набуко изразува уверување дека истиот ќе биде комплетиран, додека другите поддржувачи бараат начини за надминување на пречките кои го задржуваа напредокот досега.

Набуко „ќе биде реализиран по секоја цена“, изјави за турскиот весник Хуријет главниот извршен директор Рајнхард Мичек, велејќи дека се надева оти оваа година ќе биде пресвртница. Тој ги спомена неодамнешните разговори со меѓународните финансиски институции, како и преговорите со Азербејџан, Туркменистан и Ирак за испумпување нивни гас низ планираниот гасовод.

Проектот поддржан од САД и ЕУ, со цел олеснување на зависноста на Европа од рускиот гас, наиде на пречки поради финансии и потребата да се најдат сигурни снабдувачи. Поддржувачите, исто така, работеа на тоа да се тргне перцепцијата на ривалство со гасоводите поддржани од Москва.

Во јануари Вашингтон објави дека има цел да ја „деполитизира“ енергетската стратегија, па дури и сугерираше дека Русија би можела да има улога во Набуко.

„[Постои] можност Русија да учествува во проектот, не како контролирачки партнер, туку како учесник“, рече американскиот специјален претставник за евроазиски прашања, Ричард Морнингстар. „Со оглед на актуелната светска финансиска ситуација, ова би можело да биде најрационален начин за придвижување напред.“

Турција, клучен играч во Набуко, е исто така отворена за потпишувањето на Москва. „Ако конзорциумот не може да го обезбеди потребното количество гас, нема да го отфрли предлогот на Гаспром да се приклучи на проектот како снабдувач“, изјави заменик потсекретарот на турското Министерство за надворешни работи, Хаки Акил, за месечното списание Енерџи репорт. „Ова нема да го претвори Набуко во Набуков. Да се има учество во конзорциум е нешто друго од пристапување во проектот како еден од снабдувачите.“

Сепак, идејата беше официјално отфрлена од рускиот амбасадор во Турција, Владимир Ивановски, на состанокот што се одржа во турскиот Центар за меѓународни и стратешки анализи во Анкара, на 27-ми јануари.

Набуко беше предложен пред неколку години како алтернативен енергетски извор за европските држави. Во моментов Гаспром ги контролира сите гасоводи што ја сервисираат Европа од исток и обезбедува околу 25 отсто од гасот што го консумираат европските држави. 

Земјите-членки на Набуко -- Турција, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија -- потпишаа меѓувладин договор во Анкара на 13-ти јули 2009 година. Според планот, гасоводот долг 3.300 километри ќе носи природен гас за Европа од богатите гасни полиња на каспискиот басен и Централна Азија, заобиколувајќи ја Русија и елиминирајќи го украинскиот транзитен монопол.

Конзорциумот на Набуко го предводи ОМВ, австриска фирма за нафта и гас, заедно со четири национални енергетски корпорации -- Ботас од Турција, Булгаргас од Бугарија, Трансгас од Романија и МОЛ од Унгарија, плус РВЕ, германска енергетска група.

Наоѓањето сигурни снабдувачи е една од најголемите пречки за гасоводот, чиј капацитет се очекува да биде 31 мил.км до 2020 година.

Планерите на Набуко го сметаат Азербејџан за најсигурен извор, а министерот за надворешни работи на државата, Араз Азимов, во интервјуто од 29-ти јануари рече дека најверојатно оваа година ќе има „решение“. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека политичките прашања може да бидат пречка бидејќи државата -- која е во жестоки спорови со Ерменија поради Нагорно Карабах -- бара поголемо влијание. Минатата година Баку се приклучи на проектот за гасоводот Јужен тек, поддржан од Москва.

Вашингтон, исто така, го смета Туркменистан за еден од главните снабдувачи за Набуко, посочи Морнингстар во јануари. Но, голем број други пречки стојат на патот на неговото учество, вклучително и постојните договори со Русија, трнливите односи со Азербејџан и територијалните расправии во врска со Каспиското Море.

Ирак, пак, претставува богат извор на природен гас, но внатрешните несогласувања го прават невозможен неговиот придонес сега засега. Иран, уште една држава богата со гас, не е во комбинација, освен ако не се променат политичките услови.

Финансиите се друг нерешен проблем.

Европската инвестициска банка минатата година ја потврди својата подготвеност да обезбеди 2,25 милијарди американски долари за проектот, што изнесува 25 отсто од вкупната вредност. Проектниот конзорциум, исто така, планира да аплицира за кредити од меѓународни финансиски институции, рече управниот директор Мичек.

И покрај пречките, планерите на Набуко очекуваат изградбата да почне следната година. Набуко гес пајплајн интернешнал, надлежен за изградба и управување со гасоводот, инсистира на тоа дека истиот ќе почне да испумпува гас за Европа до 2014 година.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2010/02/17/feature-02 - Ерол Измирли и Кетрин Гургениџе http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2010/02/17/feature-02

~

http://www.eegas.com/images/fsu1.png - http://www.eegas.com/images/fsu1.png

http://www.eegas.com/images/archive/Nabucco2.JPG - http://www.eegas.com/images/archive/Nabucco2.JPG



Posted By: axel
Date Posted: 01-Mar-2010 at 19:42

Ве информираме дека денес во Министерството за транспорт и врски по истекот на рокот за доставување на понудите во 12.00 часот, беа отворени пристигнатите понуди по огласот за доделување на договор за јавна набавка на услуга за изработка на техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистрална линија на гасоводен систем во Република Македонија. На меѓународниот оглас, кој беше објавен на 18.12.2009 година се пријавија вкупно седум конзорциуми и компании:

 

            Конзорциум:

          МЗТ Пумпи АД – Скопје

          „Институт Јужниигипрогас“ - Украина

            Конзорциум:

          Diwi Consulting International GmbH – Германија

          Диви Консулт Интернационал Македонија – ДООЕЛ – Скопје

            Конзорциум:

          ДИК „Чакар - Партнерс“ – Скопје

          Градежен Институт Македонија – Скопје

          „КАТ ПЛУС“ – Кичево

            „Балкан Консалтинг“ ДОО – Скопје

            „Прима Инженеринг“ ДОО – Скопје

            „IDOM Ingeneria y Consultoria S.A“ – Шпанија

            ОАД „Укргазпроект“ – Украина

Во наредниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши преглед на комплетноста и валидноста на доставената документација, како и евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе биде избран најповолниот понудувач.

 

Предметот на јавната набавка опфаќа набавка на услуга за изработка на техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за магистрална линија на гасоводен систем во Република Македонија, односно изработка на геодетски елаборати за посебна намена (елаборати за трајна и времена експропријација, изработка на Ажурирани геодетски подлоги, изработка на орто-фото документација во појас од 200-300м' лево и десно од осовината на гасоводот, како и изработка на Државна урбанистичка планска документација (ДУПД).                                                                                                                                                                                                                                                                                                 http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2342


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 16:48

...

Во однос на проектот гасификација на Скопје, Трајановски рече дека неодамна одржале состанок со претпријатието АД Енергетика и со неговиот управен одбор.

Оваа година поинтензивно ќе работиме за реализација на овој проект при што првиот чекор е да се анимираат странските компании да влезат во ова претпријатие и да започнат со реализација на проектот.

Компанијата која ќе го купи претпријатието ќе стане доминантен сопственик на над 50 отсто до акциите но сепак околу 20 отсто ќе задржи и Град Скопје.

MAKFAX


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Mar-2010 at 16:44

Струмица готова за гасификација, чека одобрение за кредит

Проектот за гасификација чини 4,5 милиони евра

СТРУМИЦА - Со виртуелен гас, кој преку компресирање ќе се носи од бугарскиот град Петрич, Струмица планира да го реализира проектот за гасификација на општината. Извршени се сите подготовки, а градот само чека одобрување за кредитно задолжување од Министерството за финансии.

„Проектот чини 4,5 милиони евра, а за него ќе побараме кредит од Светска банка. Нема дилеми дека ќе биде одобрен, бидејки Струмица е финансиски моќна општина, без еден денар долг. Општинскиот буџет за годинава е проектиран на 15,5 милиони евра“, вели градоначалникот Зоран Заев. Тој укажува дека Општина Струмица со овој потег ќе обезбеди значително поевтина, еколошки чиста енергија што е тренд во современиот и развиен свет.

За реализација на оваа цел, општина Петрич и' обезбеди на Струмица бесплатна локација. Таму Струмица ќе изгради гасна станица-мајка, која градот ќе може да ја користи во наредните четириесет години. Петрич од Струмица е оддалечен само 54 километри, а двата града се поврзани со коректна патна мрежа. Компресираниот гас ќе се транспортира во специјални цистерни, а оттаму во Струмица ќе се складира во две станици-ќерки.

„Уште летово ќе почнеме со изградба на гасоводна мрежа низ градот во должина од 13 километри и ќе почнеме со гасификација на сите стопански субјекти и јавните институции. Покрај ова, ќе извршиме гасификација и на поголем дел од пластеничкото земјоделско производство во регионот што ги опфаќа и другите три општини Ново Село, Василево и Босилово. На овој простор под пластеници се над 80.000 хектари. Ова има посебно значење ако се има предвид фактот дека половина од стоилјадното население во овој крај живее од земјоделство. Со гасификацијата, земјоделците ќе ги намалат трошоците и ќе го зголемат производството, потенцира Заев.

Напоредно со овие зафати ќе се гасифицираат околу 9.500 станбени единици во градот. Конечната цел е сегашната скапа енергија во Струмица и Струмичко целосно да биде заменета со најевтина енергија. (И.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9091D42291F0F547A11C82C825D5CAFA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2010 at 19:30

Се трасира гасоводната мрежа

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Две странски и една домашна компанија ќе го исцртуваат гасоводните траси на Македонија.

    Министерството за транспорт ги избра фирмите што ќе ја изработуваат техничката документација според која треба да се реализира долгонајавуваната гасификација на земјава.
     
    Магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино во должина од околу 100 км, ќе го проектира фирмата „Прима Инженеринг“ ДОО - Скопје, а делот од Неготино до Битола во должина од околу 100 км и од Штип до Хамзали во должина од околу 60 км украинската „Укргазпроект“.
     
    Планот за гасоводот од Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км, ќе го изработува конзорциумот ДИВИ Консалт Интернационал од Германија и од Македонија.
     
    По склучувањето на договорите, избраните понудувачи имаат рок од една година да ги изработат четирите проекти, чија вкупна вредност изнесува 2,8 милиони евра без ДДВ.
     
    На конкурсот кој беше објавен на 18-ти декември минатат година се пријавија вклупно 7 компании и конзорциуми.
     
    Проектот за гасификација на земјава е еден од најбитните и за стопанството и за домаќинставата, но со години остана само ветување на различните влади.

    [tube]CEFSEKQM_3I[/tube]
    http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/se-trasira-gasovodnata-mreza


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Apr-2010 at 23:03

    Гасификацијата мрдна од мртва точка

    Избрани најповолните понуди за гасификација во должина од 310 километри

    Маја Томиќ


    Гасификација на земјата, заглавена повеќе од десет години, конечно, тргна од мртвата точка. Министерството за транспорт го направи изборот на најповолните понуди за проектот за магистрална линија на гасоводниот систем. Задолжената комисија направи избор на најповолни понудувачи во четири пакети. За пакетот број еден, кој опфаќа изработка на техничка документација на ниво на основен и на изведбен проект за магистрален гасовод Клечовце - Неготино, во должина од околу 100 километри, за најповолна е избрана понудата на понудувачот „Прима инженеринг“ од Скопје. За вториот пакет, исто така, за изработка на техничка документација на ниво на основен и на изведбен проект за магистрален гасовод од Неготино до Битола, во должина од околу 100 километри, за најповолен понудувач е избрана украинската ОАД „Укргазпроект“ од Киев. Оваа компанија го доби и третиот пакетот за магистралниот гасовод Чвор - Штип, Чвор - Хамзали, во должина од околу 60 километри. За пакетот број четири за гасовод од Чвор - Хамзали до Стојаково, во должина од околу 50 км, за најповолна е избрана понудата на конзорциумот „ДИВИ косалт интернационал ГмбХ“ од Есен, Германија, и „ДИВИ консалт интернационал Македонија“ од Скопје.

    Избраните понудувачи имаат обврска во рок од 12 месеци по склучување на договорите да ги изработат проектите. Вкупната вредност на четирите пакети изнесува 166.174.475 денари или 2,7 милиони евра. Поточно, првиот пакет ќе чини 56 милиони денари, вториот 50, а третиот 30 милиони денари, исто колку и четвртиот пакет.

    Меѓународниот оглас за доставување понуди беше објавен на 18 декември минатата година и се пријавија вкупно седум конзорциуми и компании од земјава и од странство.

    Гасификацијата многу одамна е приоритет во многу енергетски планови на сите досегашни влади. Постојано се потенцира нејзината важност за развојот на економијата, пред се', поради големите заштеди на електрична енергија доколку се користи гасот како примарен енергенс. Причина плус да се побрза со гасификацијата е што Македонија има преземено обврска за спроведување проекти од ваков тип, со сите меѓународни договори од областа на енергетиката, а посебно сега, кога претседателствуваме со Европската енергетска заедница. Но, најголема кочница за реализација на овој проект, освен финансиите, е и долгогодишниот судски спор меѓу државата и „Макпетрол“ околу сопственоста на гасоводот. Побрза изградба на гасовод побара минатата есен и Европската комисија во својот извештај, која и' забележа на земјата што остана слепо црево во регионот кога станува збор за вакви проекти. Во извештајот ЕК препорача и поскора разрешница на спорот со „Макпетрол“.

    Инаку, во земјава преку „Макпетрол“ се увезува руски гас од кај преминот Деве Баир и на него се приклучени двесетина фирми од Кратово, Куманово и од Скопје, значи дека се употребува само во дел од индустријата. Во просек, се трошат по 80 милиони кубни метри гас годишно. Во поблиското соседство, поголеми делови од земјите одамна се гасифицирани: Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Во Словенија и во Хрватска, гасификацијата функционира уште пред сто години. Останаа негасифицирани Македонија, Албанија и Косово.

    Според досегашни процени, најбрза реализација на гасификацијата ќе се обезбеди доколку гасоводниот систем се поврзе со регионалната гасна инфраструктура за пренос на руски гас кај Петрич во Бугарија и во Грција, на дел од гасоводот што ги поврзува Грција и Италија.

    Според Министерството за транспорт и врски, за целосна реализација на гасификацијата ќе бидат потребни околу 270 милиони евра. Веќе е договорено во оваа сума да влезат и шеесетте милиони долари од рускиот долг. За нив по дведецениско чекање, се очекува Македонија и Русија да потпишат спогодба во мај годинава.

                                                                                                                                                              http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE11F1694511704EAC41E24A1791B6AF 



    Posted By: axel
    Date Posted: 09-Apr-2010 at 14:22

    Кумановчани од година ќе се греат на гас

    Со задоцнување од година ипол конечно во мај месец ќе стартува гасификацијата во Куманово.

    Од јавното претпријатие Куманово -гас се надеваат дека ГАМА, овојпат ќе го исполни ветувањето и ќе ја постави мерната регулациона станица од 6.000 кубни метри.

    ГАМА е должна по Законот за енергетика да ни даде приклучок на нивниот главен вод и да постави станица,вели директорот Момчило Мирчевски.

    „Со тоа Ќе се овозможат и создадат услови за понатамошно ширење на нашиот систем,мрежа со почнување на приклучување на првите ценети потрошувачи”, изјави Момчило Мирчевски, директор на јавно претпријатие Куманово-гас.

    Благодетите на гасот први ќе ги почувствуваат најголемите потрошувачи државните институции , училиштата,домот за стари лица.

    Гасификацијата на целата општина ќе биде завршена за 4 до 5 години. Капиталниот проект ќе чини 10 милиони евра.

    09.04.2010, 14:13
                                                                                                                                                                     http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=59205 


    Posted By: SkyBoy
    Date Posted: 10-Apr-2010 at 14:06
    ПРЕДЛОГ НА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ
    Македонија и Бугарија да се поврзат со гас

    Дваесет и пет компании од Бугарија дојдоа во Скопје за да најдат свои партнери во туризмот, информатичката технологија, банкарството, финансиите и во енергетиката. Македонски компании со посредство на Американската стопанска комора во Македонија остварија средби со фирми од САД и од Бугарија за да го прошират својот бизнис на тие пазари.
    - Лично сметам дека енергетиката е главниот сектор на иднината во кој најмногу треба да се вложува и во Македонија и во Бугарија - изјави Валентин Георгиев, извршен директор во Американската стопанска комора во Бугарија.
    Тој рече дека соработката во енергетиката е во интерес и на двете земји што се членки на Европската енергетска заедница, а од особена важност е да се изгради заедничка гасна централа која ќе направи гасоводна мрежа што ќе ги поврзува двете земји, бидејќи гасот за домаќинствата не е спроведен до граѓаните ниту во Македонија, ниту во Бугарија. Според Георгиев, недостигот од енергија е заеднички проблем и на двете земји и затоа заемното инвестирање е од голема полза.
    - Владата прави се за да привлече странски инвестиции, доказ за тоа се даночните реформи и брзото регистрирање фирма. Велам се е добро на хартија, ама патот што треба да се изоди за да доведеш инвеститор во земјата е многу тежок - вели Георгиев.

    С.Ј.

     
    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138100 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138100


    Posted By: axel
    Date Posted: 19-Apr-2010 at 14:38

    Гасификација - толку блиску, а толку далеку


    И покрај тоа што нé одминуваат сите меѓународни гасни коридори, со инвестиција од 50 до 100 милиони евра, државата може да се приклучи и да донесе енергија во земјата

     
     
    %20  

    Гасификацијата на Македонија, која веќе дваесетина години тапка во место, ќе почне кон крајот на оваа или на почетокот на идната година. Во Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека се одредени приоритетните магистрални правци во правецот Клечовце-Битола, со крак до Струмица и правецот Скопје-Тетово-Гостивар. Според најавите, за една година гасот ќе влезе во дел од домаќинствата во земјава, што ќе резултира со намалување на сметките за греење од 30 до 50 отсто. Корист ќе имаат и компаниите, кај кои ќе се намалат трошоците на производство. Сепак, експертите предупредуваат дека гасификацијата може да се развлече со години, што од технички, што од политички причини.

    Во Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е изработка на техничка документација на ниво на основен и на изведбен проект за магистрална линија на гасоводен систем во Република Македонија. - Проектот опфаќа изработка на геодетски елаборати за трајна и времена експропријација, изработка на ажурирани геодетски подлоги и изработка на државна урбанистичка планска документација - велат во Министерството.

    Сé уште е нејасно дали точката на поврзување на гасоводниот систем треба биде во Бугарија или во Грција. Доколку точката на поврзување биде во Грција, сигурно ќе биде потребен и меѓудржавен договор, предупредуваат експертите, кои велат дека просторот е многу мал за некакви политички маневри или блокади од нашиот јужен сосед.

    - Од технички аспект не би требало да има никакви проблеми, бидејќи се работи за меѓународни коридори. Ако државата се договори со државите што го продаваат гасот, како Русија, не би требало да има никакви пречки - вели инженерот Чедомир Теодосиевски.

    За заокружување на процесот на гасификација се проценува дека ќе бидат потребни 270 милиони долари, од кои 60 се веќе обезбедени со договорот за враќање на клириншкиот долг со Русија. Од Македонската академија на науките и уметностите се залагаат за изградба на уште две големи термоелектрани на природен гас, како и изградба на регионален гасоводен прстен. Според академик Глигор Каневче, проблем е што сите гасоводи нé заобиколуваат и единствено Македонија остана во центарот на Југоисточна Европа без да помине ниту еден коридор за гас на нејзина територија. Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, смета дека политиката игра клучна работа во бизнисот со гасот и многу мало влијание имаат пазарните законитости.Тој не се согласува со тезата дека меѓународните гасоводи нé одминуваат.

    - Сите коридори поминуваат многу блиску или на растојание од 200 километри до границата на Македонија. Тоа е меѓу 50 и 100 милиони евра инвестиција да се поврзете и да донесете енергија во земјата. Со појавата на новата технологија за втекнување нафтен гас и оваа постапка стана интересна, бидејќи истите глобални играчи од нафтата станаа и тука атрактивни - вели Хаџимишев.

    Моменталната искористеност на гасоводниот систем во земјата е 15 отсто. Со пуштањето во употреба на комбинираната гасна централа ТЕ-ТО се претпоставува дека овој процент ќе се зголеми на 50 отсто. Досегашната мала искористеност на гасот е причина и за високата цена на гасот кај нас. Поради овие причини, градоначалникот на Струмица, Зоран Заев реши со камиони од Петрич, Бугарија да носи гас во општината, кој потоа ќе се декомпресира и ќе се пушти во градската мрежа. Набавениот гас на овој начин ќе чини 44 евра за 1.000 кубни метри. Во оваа цена се вклучени и транспортот, шпедицијата, терминалите и царината од 2 отсто, вели Заев.



     Предности и пречки

    Предности

    • Заштеди во греењето кај граѓаните од 30 до 50 отсто, или од 200 до 1.000 евра годишно
    • намалени трошоци за компаниите 20-50 отсто
    • оранжериско производство за земјоделците и зголемена заработка од 30 до 70 отсто
    •  гасот е поевтин за 40 отсто од нафтата и за 30 отсто од мазутот
    • може да се складира и декомпресира, за разлика од струјата која мора да се потроши кога ќе се произведе
    • еколошки е најчист и не ја загадува околината

    Потенцијални пречки

    • нерешена сопственичка структура на гасоводот
    • долги тендерски постапки при изградбата, жалби и експропријации, кои можат да се развлечат со години
    • немање природни складишта за гас

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=419101028229&id=10&prilog=0&setIzdanie=21962



    Posted By: axel
    Date Posted: 05-May-2010 at 17:54
    Македонија лобира да се приклучи на гасоводот Турција - Грција - Италија Истанбул, 5 мај– Вложуваме сериозни политички напори Македонија да се приклучи на гасоводот кој се планира да се гради и треба да оди од Турција низ Грција за Италија, и на еден начин да биде конкурентен или алтернативен на гасоводот Набуко, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на маргините на 13.Евроазиски економски самит што почна денеска во Истанбул.

    Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека со гасоводот ќе се обезбеди диверсификација во обезбедувањето енергенси за Македонија особено на гасот не само од различна точка на влегување (сега неговиот единствен влез е од Бугарија), туку и од различен извор на снабдување, бидејќи, како што рече, сегашниот гас во државата доаѓа преку Русија.

    - За овој гасовод се планира изворот на снабдување да бидат Азербејџан и Иран. Тоа се уште се прелиминарни разговори. Носител на проектот треба да биде една италијанска компанија. Вложуваме сериозни напори во лобирање и имаме поддршка на политичко ниво од турската страна за овие наши планови, додаде Пешевски. (МИА)

    http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2027&Itemid=106


    Posted By: axel
    Date Posted: 14-May-2010 at 10:15
    zaboraviv da kazam na kumanovskata tv nova Big%20smile isto taka kaza deka e prodolzeno so rabotite okolu gasifikacija so mernata stanica mislam deka beshe oti tamu se kocese rabotata i od septemvri kje imaat gas instituciite a posle i domakinstvata


    Posted By: axel
    Date Posted: 21-May-2010 at 18:24

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-siri-gasifikacijata-vo-gradot.html - Се шири гасификацијата во градот

     Се интензивира работата на проектот за гасификација на централното градско подрачје. Екипите на Јавното претпријатие „Кумановогас„  деновиве работат на поставување на гасоводната дистрибутивна мрежа на булеварот „Октомвриска револуција„.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-siri-gasifikacijata-vo-gradot.html"> Се%20шири%20гасификацијата%20во%20градот

     Согласно проектот продолжуваме со ископи, поставување на полиетиленски цевки,под булеварот Октомвриска Револуција значи поврзување на еден поголем локалитет со стамбени згради со нашата главна гасоводна мрежа.Со ова се усогласуваме со нашата програма за работа, односно поголем дел од градот да биде поврзан што поскоро и да биде приклучен кон гасоводната мрежа - вели Олгица Димитриевска, раководител на ЈП „Куманово гас„.

    Досега се завршени работите на секундарната мрежа кај училиштето „11 Октомври„ детската градинка „Синоличка„ и по проектот треба да се продолжи на улицата „11 Октомври„ каде треба да бидат приклучени повеќе јавни објекти, како што е Општинската зграда, Македонски Пошти, Општински суд и други јавни административни објекти.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-siri-gasifikacijata-vo-gradot.html


    Posted By: axel
    Date Posted: 16-Jun-2010 at 18:16

    http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/gasifikacijata-na-kumanovo-se-intenzivira.html - Гасификацијата на Куманово се интензивира.

    На крстосницата на булеварот Трета МУБ и Октомвриската Револуција денеска е извршено спојување на челични гасоводни цевки со профил од 159 мм со што е овозможена изградба на нови еден ипол километар од примарната гасоводна мрежа. Оваа операција ја изведува екипата на ФЗЦ „11 Oктомври“.

    Извршено е испитување на квалитетот на челичните цевки со полиетиленска заштита на притисок од 16 бари што создава услови з безбедносна и непречена дистрибуција на гасот на стандардните 10 бари притисок-вели директорот на ЈП Куманово - Гас Момчило Мирчевски.

    Веќе се поставени полиетиленски цевки во должина од 600 метрина една од главните градски сообраќајни артерии-булеварот Трета МУБ-до школската амбуланта,а од наредната недела,по добиената дозвола од Телеком ќе продолжи ископувањето кон институциите во строгиот центар на градот: Македонска пошта, Полицијата, Општинската зграда и Судот - додава Мирчевски.

    Другиот крак од примарниот вод ќе се притега кон Гимназијата Гоце Делчев, двете централни основни училишта Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков и популарниот Пионерски дом. Овие зафати,според Мирчевски треба да завршат до крајот на август кога дефинитивно,понеколку неостварени ветувања, компанијата ГАМА ќе ги постави главната мерно-регулациона станица и приклучокот на магистралниот гасовод со што Куманово наесен ќе почне да го користи гасот како најеколошки енергенс за затоплување и за други намени.

    Првите корисници ќе бидат поголемите потрошувачи, училиштата детските градинки домот за стари лица ЈП Водовод, Поштата и други институции и установи. За нив цената на приклучокот ќе изнесува околу 5000 евра, додека за домаќинствата ќе треба да издвојат 800 евра за да се вклучат на гасоводната мрежа.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/gasifikacijata-na-kumanovo-se-intenzivira.html


    Posted By: axel
    Date Posted: 16-Jun-2010 at 18:18
    bas deneska odejki na rabota pominav tuka intenzivno se raboteshe na 3 mub,



    Print Page | Close Window