Print Page | Close Window

Образовни институции (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Образовни
Forum Discription: Училишта, универзитети, институти, библиотеки...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=180
Printed Date: 28-May-2020 at 18:16


Topic: Образовни институции (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Образовни институции (општо)
Date Posted: 08-Sep-2007 at 08:00
Овде постирајте ги сите материјали кои се однесуваат на училишта, факултети, образовни институции и сл.





Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Sep-2007 at 18:29
Еве да почнеме со овoj

Број 1 на мапава

сл.1
http://imageshack.us">


Изградба на нова училишна зграда. Поради пожарот во ОУ Јан Амос Коменски, конечно се почна со нешто на што требаше уште одамна да се мисли - да се изгради нова зграда наместо на распаднатите бараки. Рокот за жал е пробиен, па оваа учебна година се импровизира со простор за настава. Да се надеваме дека барем до наредната се ќе биде спремно.

Подетални податоци имате на таблата.

Локацијата е на аголот на улиците Варшавска и Виенска.

сл.2
http://imageshack.us">

сл.3





Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Oct-2007 at 14:16
Свечено отворање на Конгресниот центар во Охрид
 

Со верски обичаи и осветување на објектот, денеска ќе биде свечено пуштен во работа Конгресниот центар во Охрид, во сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. 


Конгресниот центар во Охрид

Конгресниот центар во Охрид се наоѓа на атрактивна локација  на брегот на езерото, во близина на населбата Лагадин. Тоа е објект од Б-категорија кој  ќе нуди оптимални услови потребни за организирање семинари, конференции, обуки, работилници,промоции и други образовни ,научни, културни и спортски содржини.

Со свечената церемонија на осветувањето на Конгресниот центар ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Мкедонски Господин Господин Стефан.



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2007 at 00:05
Cheers
 

Учениците од „Ј.А. Коменски“ второто полугодие ќе го започнат во новата зграда

Градоначалникот Петров е убеден дека новиот објект ќе биде изграден до почетокот на февруари


До крајот на идната недела комплетно ќе заврши изградбата на покривната конструкција

„Учениците во второ полугодие ќе почнат да учат во новото училиште. Тоа е повеќе од сигурно, со оглед на темпото со кое се гради и состојбите на терен“, вели градоначалникот на Карпош Андреј Петров и посочува дека единствено временските услови можат да го сменат планот за предавање во употреба на новата училишна зграда. Тој информираше дека до крајот на идната недела комплетно ќе биде затворена покривната конструкција. Истовремено се работи на поставување на прозорците, столаријата, а во тек е и длетување и молерисување на училниците. Во новиот објект неодамна се изведени и инсталациите, електрика, водовод, мрежата за телефонија и компјутери, како и канализацијата и хидрантската мрежа. Од понеделник, пак, ќе почнат да се изведуваат надворешните приклучоци за канализација и вода.

„Иако изградбата на училиштето ја започнавме сами, откако се случи пожарот, во проектот се вклучи и централната власт. Новата училишна зграда ќе биде доказ дека со добра соработка помеѓу централната и локалната власт без оглед на политичката припадност, можна е успешна реализација на проекти за доброто на граѓаните“, потенцира Петров.

Новиот објект на „Јан Амос Коменски“ започна со изградба лани летото, како самостоен проект на Општина Карпош, која за таа намена издвои 1,2 милиони евра. По измината една година од градежните активности, работите на терен запреа поради финансиски проблеми на Општината. Кусо време откако објектот продолжи да се гради, постојните училници на осмолетката кои функционираа во бараки, два пати беа опожарени, при што изгореа поголем дел од работните простории. Од тие причини во изградбата на новиот училиштен објект се вклучи и Владата, обезбедувајќи 400.000 евра со цел градежните активности да се убрзаат. За потребите на наставата во училишниот двор се поставија монтажни контејнери.

Според проектот, новото училиште ќе има две нивоа, приземје и еден кат и ќе се протега на површина од 4.100 квадратни метри. (Дс.Т.)

 
Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=33F2095E79C4AF4A9F8CC0C11BFDE10E - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2007 at 16:38
Еве свежи слики од Ј. А. Коменски

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2008 at 23:26
Прво средно училиште во Шутка

 
Со Австриски проект за развој ќе се помогне изградбата на првото средно училиште во Шуто Оризари, каде постојат само основни училишта. Ова беше објавено на неодамнешната средба помеѓу скопскиот градоначалник Трифун Костовски и амбасадорот на Австрија во Македонија, д-р Алојз Краут.

-Сметаме дека изградбата на средно училиште во Шуто Оризари е многу значајна за тој дел од градот, каде што воопшто не постои училиште во кое децата по завршување на основното образование би го продолжиле своето школување. Сметаме дека ќе ја добиеме поддршката од Градот за овој проект рече Краут.

Амбасадорот Краут и Градоначалникот Костовски разговараа и за организацијата на Виенскиот бал, кој традиционално се одржува во нашиот град, а кој годинава ќе биде под покровителство на градоначалниците на Виена и на Скопје.

Градоначалникот Костовски, го изрази и своето уверување дека Австрија ќе ја промовира Македонија пред европското семејство и ќе и го олесни патот кон ЕУ.



Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Jan-2008 at 23:30
Ова е за во тред образование. Супер вест, се надевам ќе поттикне интерес за понатамошно средно образование Thumbs%20Up

А не знам што е филмов виенскиот бал...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2008 at 23:34
Ова школово требало уште пред 30-40 години, зашто мора да се подигне малце моралот и етиката, како и образованието кај таа маса на луѓе. Инаку и сега е добредојдено.


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 15:16
Oк, да се регистрира овој помал проект:

ОПШТИНА ИЛИНДЕН
Почна реконструкцијата на училиштето

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, директорот на УСАИД, Кит Прентон, и директорот на ОУ „Гоце Делчев“, Александар Митревски, вчера потпишаа Меморандум за разбирање и соработка за реконструирање на училиштето. Со реализација на проектот, 42 дрвени прозорци, кои се застарени и оштетени, ќе се променат со алуминиумски. Со тоа на 760 ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ ќе им се овозможат подобри услови за работа и за следење на наставата, односно потопли училници. Вкупната вредност на проектот изнесува 30.000 американски долари и се превидува да заврши за три месеци.

Р.П.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1310&ArticleID=84266 - Време






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 15:38
100 училишта - бројкава очигледно е истресена од ракав. Не сум сигурен дали ова е малку или многу, не ја знам состојбата на училиштата во Македонија. Знам дека голем е бројот на училишта во руралните средини каде нема основни услови за одржување на настава, како греење со печка на дрва(во 21 век), а санитарните јазли се во ужасна состојба.

    А намалувањето на бројот на ученици по клас дефинитвно придонесува кон добра атмосфера за одржување настава.  Тука се сложуваме со владата

ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРИВАТНИЦИ
Владата ќе гради 100 нови училишта

Владата почна проект за изградба на 100 нови училишта низ Македонија, кои ќе бидат реализирани преку јавно-приватните партнерства и капиталните инвестиции во основното и во средното образование, соопшти вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски- Ќе бидат издвоени 512 милиони денари од буџетот, а упатен е повик и до сите општини да аплицираат и да се приклучат кон проектот, кој има цел да се намали бројот на ученици по клас. Овие основни и средни училишта ќе бидат изградени по принципот на јавно-приватните партнерства. Засега има 44 апликации од општините - рече Боцевски. Тој посочи дека станува збор за темелни инвестициски зафати во 101 основно училиште и во 22 средни училишта. Инвестициите ќе се обезбедат со долгорочен лизинг, каде што најголемиот дел од средствата ќе бидат на товар на Владата, а минимален дел на самите општини. - Делот кога ќе бидат вклучени општините ќе биде по многу години од денеска, а во тој период општините ќе бидат финансиски здрави за да влезат во овој проект. Во моментов е потребно партнерство, каде што во јавно-приватните партнерства партнер ќе биде приватниот сектор и тие ќе се натпреваруваат во однос на лизингот - истакна Боцевски. Владата, информира Боцевски, покренала прашање и за имотните листови за објектите што се во сопственост на државата. - Владата пристапи кон темелно попишување на имотот и вадење имотни листови на институциите во нејзин состав. Правната сигурност, безбедност и култура треба да почне од самите јавни институции и од оние што имаат мандат да го овозможат владеењето на правото - додаде портпаролот Боцевски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1310&ArticleID=84243 - Време






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 15:51
Инвестиции во образовните институции, како и состојбата на постоечките.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:28
@Junkie

бидејќи по грешка ти го избришав постот да ти одговорам за зградата на Бојо. Едноставно е одвратна. Старата зграда на Нова Македонија беше поубава од ова. Плавите металик рефлектирачки стакла не доликуваат на една високообразовна институција туку на некоја ефтина провинциска бензинска пумпа. Капак на се е плавата тенда. Едноставно реконструкцијата немаше еден добар аспект што е штета бидејќи се наоѓа во строг центар и во таа околина никнуваат многу убави објекти. Штета што немам слика при рака да го илустрирам она за што говорам.


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:33
Навистина не ми е јасно како на форумов останала незабележана изградбата на новиот кампус на ФОН? Едното крило, т.е. факултетот е изграден, а другото крило, средното школо мислам дека е тоа, е во некаква „фаза на чекање“ ваљда, бидејќи секојдневно минувам од таму, а нема никаква активност. Во најбрзо време ќе пробам да сликнам да видите до каде е тие што не виделе.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:40


На форумов ништо не останува незабележано Big%20smile Big%20smile Big%20smile

Не верувам дека некогаш ти било нешто испорачано побрзо Cheers

1


2


3


4



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:42
Малце е "cheap" изгледот, ама пошто се наоѓа практично до индустриска зона, не ми пречи многу.


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:51
Фала Кловер, ми заштеди многу време. HugМислам дека смајливо е прв пат употребено на форумов, поправете ме ако грешам

Да, очигледно се потрудиле да компензираат за некакви непредвидени трошоци употребувајќи некои по евтини материјали. Само нека го довршат, барем се надевав дека ова нема да ја доживее истата судбина како сите почнати проекти во последно време.  

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: se_manda
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:51
pa i ja go gleam sekoj den(pozadi zgrada mi eBig%20smile) i uste niso ne praat so toj ostanatiot del.aj valjda u skoro vreme ke go dovrsat.a za izgledot pa i ne e tolku los


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:20
Originally posted by La Linea

Фала Кловер, ми заштеди многу време. HugМислам дека смајливо е прв пат употребено на форумов, поправете ме ако грешам
 


Да, ретко се гушкаме Smile.

Него за изгледот, мене лично ама ич не ми пречи. Не е на некоја централна локација така што слободно ако е во ред со студентите нека го направат и со розеви стакла.

Океј, сериозно, и вака изгледа пристојно. Само, како што рече, Ла Линеа, нека го довршат, па после што сакаат можат да прават внатре. Можат и да се маваат со „книгите„ по глава ако сакаат.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:34
Мене лично проектот ми е прилично ефтин и да не е локацијата периферна ќе пиштев од бес. Сепак у во најубавите градови може да се види се и сешто во периферните делови така да не е крај на свет.

Како најлош момент би ги ги издвоил сводовите по целата должина на објектот. Не ми се свиѓа ни типот и бојата на стаклата. Целиот објект е монотон, налик на новиот пазар во Струмица.

И повторно како и кај Европскиот универзитет воопшто не ми делува како академска установа.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 23:09
Еве интересен извештај кој коинцидира со отварањето на нашата нова нишка и како надополнување на она што го постираше Ла Линеа Cheers

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО


Ќе се довршуваат Зеф Љуш Марку и Коменски, ќе се поправа Уметничко


Доизградба на зградата на Гимназијата "Зеф Љуш Марку", довршување на започнатата училишна градба на "Ј.А.Коменски", реконструкции на Уметничкото училиште "Лазар Личеновски", на Гимназијата "Никола Карев", "Кочо Рацин", "Нико Нестор" во Струга, се само дел од училиштата кои се најдоа на листата на Министерството за образование, каде ќе се подобруваат условите за следење на наставата во наредниов период.

Владата годинава во основните и средните училишта ќе вложи рекордни 512 милиони денари, што претставува и најголемата инвестиција досега во македонското образование. Парите од државниот буџет се наменети за инвестициски зафати во 101 основно училиште и 22 средни училишта. Темелно ќе се поправаат една третина од основните, и една четвртина од средните училишта во земјата. Овде влегува и доизградба на веќе започнати училишни објекти.
Ова го најави владиниот портпарол Ивица Боцевски, кој посочи дека годинава е рекордна по капиталните инвестиции од државниот буџет за образованието. Во споредба со буџетите од последните неколку години парите се зголемени за повеќекратно.

Во насока на остварување на владината намера за подобрување на условите, односно за воведување на едносменско работење и помал број на ученици во паралелките, ќе се градат и уште 100 нови училишта по принципот на јавно приватно партнерство. Но, иако рокот за пријавување на општините бил пролонгиран три пати, биле пријавени само 44 објекти.

- Апелираме до сите општини, без разлика дали претседателите и советниците припаѓаат на позицијата или опозицијата, дека се уште постои можност да се пријават за потребите за изградба на училишни објекти и листата е се уште отворена, вели владиниот портпарол.
Тој додава дека во тек е изработката на стратегискиот план кој е основа за идното распишување на јавен повик за финансирање на проектот за 100 училишта, на кој можат да аплицираат сите заинтересирани приватни домашни и странски компании кои ги исполнуваат условите. Во јавното приватно партнерство партнер ќе биде приватниот сектор и тие ќе се натпреваруваат во однос на лизингот. Општините се оние кои ги согледуваат потребите и кои ќе го димензионираат опфатот со деца и локациите каде е потребно да се градат училиштата.

 

Милена ГЕОРГЕВСКА



Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3C7EB73B03ADE0428F834628EC6209D8 - Вечер


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 23:15
Ај еве да го оставам скептицизмот на страна... Ама ова:

за воведување на едносменско работење и помал број на ученици во паралелките, ќе се градат и уште 100 нови училишта


Во делот за помал број на ученици во паралелките потполно се слагам. Ама зошто едносменско работење??? Тоа ми изгледа како неефикасно користење на капацитетите.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 23:19
Точно можеби е тоа во нашиве услови коа имаме реален недостиг на училишта (или училишта како што треба).

Но ретко каде во свет се применува сменско школување. Се смета дека промената на ритамот на живот на секои две недели на децата лошо се одразува на нивните работни навики, биоритамот итн. Иако страшно мразам да станувам рано и секогаш сум обожавал втора смена мислам дека овој начин е правилен и доколку е тоа целта на таквата реформа тогаш ја подржувам. Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 23:30
Аааа епа добро, овој факт не го знаев... Само нека не се залетуваат премногу, не може преку ноќ да се менуваат некои работи толку радикално. Ако веќе се одвојуваат пари за образованието, нека се направат приоритети па нека се види дали треба одма да се стремиме кон едносменско образование. Мислам дека има многу поургентни состојби во образованието. Ама тоа е едно мое размислување, навистина не сум премногу запознаен со темата.

Инаку само да ви кажам дека кога јас учев основно во Ѓоргија Пулески (тогашно Кардељ), идевме у три смени, а часовите ни беа по 40 минути... Со скратени одмори нормално и навечер некогаш дома после 8

Па еве пак нормални искочивме... Ваљда...

Nuts

Big%20smile LOL


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2008 at 23:32
vo stranstvo se 1 smenski  od 9 do 3-4 zatoa sakat valjda da napravat takov si standard  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 23:36
Па и јас мислам дека има други приоритети во образованието но таква дискусија би можеле да продолжиме во општата нишка за образование доколку сакате, овдека не и е местото... 


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Jan-2008 at 01:06
Па ова е одлична вест! Едносменско работење е навистина супер, зошто како што кажа @pbanks, станувањето рано и легнувањето рано е корисно за организмот, а мозокот најдобро упива од сабајле кога се учи(ова се некои истражувања, јас не функционирам баш исто)!
    Уште една позитивна работа на се ова е што ќе биде намален бројот на ученици во клас, верувам дека тоа позитивно влијае на концентрацијата, професорите ќе бидат способни да држат ред и дисциплина.
     Уште една позитивна работа е што ќе имаме што да постираме во овој тред И ќе имаме + 100 нови училишта!  Banana
 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Feb-2008 at 00:13
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=95BEA65FBBE3264CBEC0DEBD6DFA9063 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=95BEA65FBBE3264CBEC0DEBD6DFA9063


Привршува изградбата на новиот објект на „Ј.А.Коменски“

Изградбата на новата училишна зграда на „Јан Амос Коменски“ е во завршна фаза. Деновиве се поставуваат подовите кои се изработени од еколошки материјали, се поплочуваат делови од холовите и се врши последната рака од варосувањето. По изведбата на овие активности, ќе се продолжи со работа на надворешниот дел од објектот. Ќе се изведуваат водоводните и приклучоците за фекалната канализација, како и потребните приклучоци за електрика.

„Големите зафати се завршени. Сето ова што останува да го доработиме е ‘ситна‘ работа која единствено може да се пролонгира доколку временските услови бидат неповолни. Евентуалните дождови ќе не' спречат да се раскопува теренот за изведба на приклучоците, што всушност, е работата што преостанува да се заврши за објектот да се предаде во употреба. Исто така, останува да ги изведеме и тротоарите и пристапите кон новиот објект“, вели Петар Ивановски, раководител на Сектор за комунални работи на Општина Карпош, кој смета дека, со оглед на текот на активностите, голема е веројатноста објектот да биде функционален уште од идниот месец.

Ова ќе биде прво училиште во земјава кое започна да се гради со општински пари, но поради малерозните настани што ја следеа изградбата, прекин на работите поради финансиски проблеми на Општината, а потоа и опожарување на училиштето, во проектот со финансиска помош се вклучи и Владата. Новиот објект на „Јан Амос Коменски“ започна со изградба пред околу дваест месеци и за таа намена Општината издвои 1,2 милиони евра, а Владата донираше 400.000 евра. Според проектот, новото училиште ќе има две нивоа - приземје и кат. (Дс.Т.)



Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Feb-2008 at 13:10
Меморандум за реновирање на четири основни училишта

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/23570/Sulejman%20Rusiti.jpg">

Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити и швајцарскиот амбасадор во земјава, Никол Вирш, денеска, ќе потпишат Меморандум за разбирање за доградба и реновирање на четири основни училишта.

Оваа година планирано е да доизгради основното училиште “Рајко Жинзифов” во с. Горно Оризари, општина Велес, ќе се реновираат основните училишта “Кирил и Методи” и “Јохан Хајнрих Песталоци” во општина Центар и ќе се доделат средства за довршување на основното училиште “Јан Амос Коменски” во општина Карпош. Вкупните средства доделени од Швајцарската Агенција за развој и соработка изнесуваат 25,40 милиони денари, а вкупните средства обезбедени од Министерството за образование и наука изнесуваат 27,70 милиони денари, наведено е во соопштението од министерството.

Швајцарија ја поддржува Македонија во реновирањето и доизградбата на основните училишта уште од 2000 година, преку тогашната Програма за хуманитарна помош. Како резултат на добрата соработка со Министерството за образование и наука, програмата прерасна во заедничка активност и во моментов се реализира третата фаза која започна во 2007 година и ќе трае до крајот на 2009 година. Досега повеќе од 40 училишни згради се довршени или реновирани  во земјава.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=23570&kategorija=1 - Net press






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 15-Feb-2008 at 00:33
Da ne ispadnat ovie 100 ucilishta kako 80-te sali na Cile & Company.
Dali se sekjavate deka Srednoto fiskulturno go premestija vo GUC i sega tamu ima 3 sredni shkoli. Tamu i so 2 shkoli imashe 2 sali koi bea krcati, a da ne pravam muabet za 3 i toa 1 specijalizirano za sport.
Mene mi e poverojatno deka kje repariraat 100 shkoli, bidejkji stvarno se skolive mizerija, a osobeno sanitetski. Pa koj ushte na svetov koristi cucavec? Pa vo zatvorine ima poubavi uslovi...

Daj boze da gresam, ama od mnogu duvanje, balonot puka...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Feb-2008 at 04:17
Originally posted by AKADEMIK



Daj boze da gresam, ama od mnogu duvanje, balonot puka...


Добро го тоа кажа Big%20smile


Posted By: se_manda
Date Posted: 15-Feb-2008 at 17:42
fiskulturno gi prefrlija uste lani i sea se samo guc i gimnazijata od guc.ali pak e prepolno,u 2te sali sekad ima po 4 klasa so vezbaat.sea pocnaa u crtalnite da stavaat nekoi plasticni kompjuteri,kao neso na autocad da crtame ali tesko deka tie ke izdrzat u asuc ili etuc odma gi trgnale poso bile sranje


Posted By: blejdsk
Date Posted: 19-Feb-2008 at 02:12
НА ПРОСТОРОТ НА СТУДЕНТСКИТЕ БАРАКИ ВО АВТОКОМАНДА
Ќе се гради нов студентски дом
Во новата зграда, која ќе почне да се гради најдоцна до септември, ќе бидат сместени 600 студенти и во неа ќе има специјализирани простории за студенти инвалиди

Нов студентски дом ќе се гради на просторот каде што сега се сместени бараките на домот "Стив Наумов". Според идејното решение, студентскиот дом ќе биде на пет ката и во него ќе можат да се вселат 600 студенти. Приземјето на зградата ќе биде специјализирано за студенти со посебни потреби, за кои во старите згради на "Стив" нема обезбедено услови. Во секоја соба студентите ќе можат да вклучат Интернет, а ќе имаат и посебен компјутерски центар и голема просторија за учење.
Директорот на Студентскиот центар - Скопје Крешимир Павиќ изјави дека изградбата на зградата ќе почне најдоцна до септември, откако Министерството за образование ќе ги обезбеди финансиските средства.
"Со изработката на идејното решение, ние добивме локациски услови за изградба на зградата, но ни требаат пари за изработка на основниот проект кој е влезен во програмата на Министерството за образование и наука. Откако ќе ги обезбедиме средствата, ќе се изработи проектот и веднаш почнуваме со негова реализација", вели директорот Павиќ.
Од Општина Гази Баба информираат дека изградбата на студентскиот дом е во согласност со Деталниот урбанистички план. (М.Ѓ.)

http://vest.com.mk/default.asp?id=147548&idg=8&idb=2301&rubrika=Skopje - http://vest.com.mk/default.asp?id=147548&idg=8&idb=2301&rubrika=Skopje



Posted By: dejan
Date Posted: 19-Feb-2008 at 02:47
A kade bese toj studentski dom 'Goce Delchev'? Isto vo Avtokomanda?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2008 at 03:30


Не туку:

41°59'57.13"N  21°23'24.51"E




Posted By: dejan
Date Posted: 19-Feb-2008 at 03:44
Originally posted by Cloverstack



Не туку:

41°59'57.13"N  21°23'24.51"E



Big%20smile znaci skros sum zabegalLOL


Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:37
Пред 2-3 дена читав у весник ама не стајв линк на време...

Пишуваше за основното училиште во Тафталиџе (Корчагин мислам?), дека изградбата застанала пошто снемале пари, па Општина Карпош извадила кредит од некој ЕУ фонд за да го доизгради училиштето за да се користи во септември.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:23

Се реновира училиштето „Лирија“ во Тетово

ТЕТОВО – Основното училиште „Лирија“, едно од најстарите во Тетово, интензивно се реновира. Се подновуваат вратите и прозорците стари повеќе од 60 години. Средства за овој зафат во износ од 30.000 долари обезбеди УСАИД, преку проектот ПЕП, наменет за основно образование.

„Во наредните пет години ќе се реновираат сто училишта во Македонија. Целта на проектот е да се создадат подобри услови за учење“, рече вчера во Тетово Двејн Ли, директор на проектот.

Во првата фаза се вложени 500 милиони долари од УСАИД за училишта во Македонија. За 21 училиште во Тетово, во функција на подобрување на условите за работа, локалната самоуправа годинава издвоила 300.000 евра, информира Енвер Беќири, одговорен за образование во Општина Тетово. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7A11358DA7109B4089309BC1F67C49B9 - Utrinski



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Mar-2008 at 13:54
Cheers

ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО УШТЕ ЕДНО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ
"Димо Хаџи Димов" ќе добие нова училишна зграда
Новата училишна зграда ќе се гради наредната година, а општинарите веќе распишаа јавен оглас за избор на најдобро идејно решение

Општина Карпош ќе гради нова училишна зграда за основното училиште "Димо Хаџи Димов" во населбата Влае. Општинарите велат дека сегашните бараки во кои учат децата се во катастрофална состојба. Тие биле изградени по земјотресот, како привремено решение, но во нив се учи веќе половина век. Општинарите велат дека под итно е потребно да се изгради нов објект за ова училиште. За таа цел општинарите распишаа јавен оглас за избор на најдобро идејно-архитектонско решение за новата училишна зграда и партерно уредување на дворот. За најдобрите проекти предвидени се парични награди. Првонаграденото решение ќе добие 180.000 денари, а за второто и третото место предвидени се по 60.000 денари.
Од Карпош велат дека штом ја завршат изградбата на основното училиште "Јан Амос Коменски", ќе се насочат кон активности за изградба на училишна зграда за "Димо Хаџи Димов".
"За основното училиште 'Јан Амос Коменски' направивме одлична училишна зграда. В година цел ќе ни биде исто такви одлични услови за учење да добијат и децата од 'Димо Хаџи Димов'. Средствата за изградба на објекти ќе ги обезбедиме преку странски донации, но и од буџетот на Општина Карпош за наредната година", велат од Општина Карпош. (А.А.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149357&idg=8&idb=2335&rubrika=Skopje


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 16:14
Bravo za opstina Karpos i Vlae! Dobra vest. Ucilistata se zastareni mora da se napravat novi


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Mar-2008 at 15:02
Ова не мрда. За прв пат во живот им го видов и објектот во автокоманда катастрофално изгледа. И не само тоа после толку години функционирање на оваа институција е во фаза на карабина (нема никаква фасада, само цигли и прозори). За жал не го сликав.

1

2



Posted By: se_manda
Date Posted: 30-Mar-2008 at 18:05
obejktot si funkcionira,samo uste go gradat internatot i neznam uste so treba da bide u drugiot del.inace vo izgradenoto si imaat predavanja i se toa


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Mar-2008 at 18:22
Во недовршениот дел ќе имаат интернат?? Веднаш до толкава сообраќајница? Е ради вакви работи имам симпатии спрема комунистичко планирање!


Posted By: se_manda
Date Posted: 30-Mar-2008 at 18:26
pa ja taka znam.u celava zgrada treba univerzitetot i srednoto da bidat smesteni zaedno so internat.ako ima nekoj sigurno info neka pise


Posted By: blejdsk
Date Posted: 31-Mar-2008 at 00:55
Sakale da izgleda moderno objektov ama ustvari go zaebale ,,,preterale so staklava na nisto ne lici.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Mar-2008 at 07:57
Ја обожавам стакло, ама ова на ништо не личи. Како аквариум. Ај па што му се сеќирам и така не е некаде у центар.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 31-Mar-2008 at 15:55
ova e FON?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2008 at 16:36


Yes


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 31-Mar-2008 at 19:43

Го унаказиле ! Ете како изгледа ко ќе се претера



Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2008 at 00:52

Избрано идејното решение за новиот објект на ОУ "Димо Хаџи Димов" во Влае


Футуристичка зграда наместо старите бараки


Од пристигнати девет труда комисијата едногласно одлучила првата награда да му ја додели на тимот на професорката на Архитектонскиот факултет д-р Зорица Блажевска


Петте стари дотраени бараки на ОУ "Димо Хаџи Димов" во Влае, в година ќе се заменат со нова, модерна училишна зграда на два ката. Идејното решение е избрано, а надлежните од Општина Карпош се надеваат дека проектот ќе добие поддршка од Владата преку Програма за изградба со јавно-приватно партнерство.

Конкурсот за идејно решение за новата училишна зграда, кој го распиша локалната власт - заврши, а најдобрите заедно со сите пристигнати трудови беа изложени вчера во просториите на Општина Карпош. Членовите на комисијата велат дека имале тешка задача да се одлучат за најдобрата идеја бидејќи секое било специфично на свој начин. На крајот одлучиле првата награда да му ја доделат на тимот на професорката на Архитектонскиот факултет д-р Зорица Блажевска.
- Секој труд имаше своја специфика, но на крајот едногласно одлучивме да го издвоиме овој футуристички модел, бидејќи отстапува од стереотипите за класична училишна зграда и којшто истовремено е атрактивен и мултифункционален објект - истакнаЈордан Ангелов, член на комисијата и советник во Општина Карпош.

Понуденото решение, според д-р Блажевска, се однесува на повеќенеменски објект - училишна зграда со придружни содржини за спорт и рекреација, парковско решение за дворното место и простор за паркиралиште.
- Бидејќи просторот влијае на воспитувањето на децата, на нивниот развој и психички и физички, настојувавме да предложиме објект со отворен карактер, со воспоставување на релација на елементите што се внатре и оние надвор. На првиот кат се училниците за учениците од прво до четврто одделение и целодневна настава, на вториот се училниците и кабинетите од петто до осмо и придружните простории. Објектот е лентовидна композиција на училиници и коридори - појаснува д-р Блажевска.

Од општина Карпош најавија дека изградбата на новиот објект ќе почне по завршување на градежните работи на ОУ "Јан Амос Коменски" во Тафталиџе. "Димо Хаџи Димов" е едно од најстарите училишта во градов изградено по катастрофалниот земјотрес во 1963 година како објект од привремен карактер, но, таму наместо пет до десет години, наставата се одвива со децении во петте бараки кои ни оддалеку не ги задоволуваат потребните стандарди.

Елизабета АРСОСКА
Фото: Ѕ.Плавевски

http://vecer.com.mk/?ItemID=CBDA8CD02D970E40AA1C9C8F89F9C517


Posted By: se_manda
Date Posted: 26-Jun-2008 at 00:59
interesen objekt,mi se sviga toj izbaceniot del.uste da bea i drugive skoli u gradov ko so treba.....mozea barem i komenski da go napraat po asalno,mn e ruzno vaka....


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jul-2008 at 19:20
Срамота. Толку време изградбата не е мрдната Ohno. Асоцира на се само не на образовна институција




Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 14:47

Нова зграда за велешката библиотека

Во нови простории ќе се пресели библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес. Велешкиот градоначалник Аце Коцевски вчера најави дека зградата на поранешниот Центар за детско творештво „Ѓоре Органџиев“ ќе биде целосно реновирана и пренаменета за библиотека. Големи читалници, соби за видеопроекции и оддели за светска и за домашна книжевност ќе има во новите простории на библиотеката. Реконструкцијата и преселбата се во тек и до денес се префрлени околу 100.000 книги од старата зграда, која беше руинирана. Реновирањето се изведува со пари што биле обезбедени од продажбата на стариот простор на библиотеката.Во рамките на библиотеката ќе биде изградена голема повеќенаменска сала со површина од 268 квадратни метри и ќе има 220 седишта.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2F07178279680C4AAFC0FFE149C557C9




Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Aug-2008 at 22:15

ОПШТИНА КАРПОШ ЗАВРШУВА СО ИЗГРАДБАТА НА УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА ВО ТАВТАЛИЏЕ

Нов Коменски за новата учебна година

Изградена според проект на "Проинг" Тетово, се простира на површина од околу 4100 метри квадратни, има два ката на кои се распоредени кабинети и училници, како и една училишна библиотека. Веднаш до училиштето, на 350 квадратни се просториите наменети за училишна кујна и трпезарија


Повеќе од 650 ученици од Карпош новата учебна година ќе ја почнат во новата училишна зграда на Јан Амос Коменски", најавија одговорните од општина Карпош. Во моментов се уредува влезот на училишната зграда, се поставуваат мермерни плочи, а се врши и комплетно партерно уредување на училишниот двор.
- Имавме големи проблеми коишто во меѓувреме неочекувано ни се појавија, па сепак работевме со несмалено темпо и денеска, по нешто повеќе од две години можеме да се пофалиме дека проектот со успех го завршивме. Донесена е и одлуката на Влада за одобрување на средства за набавка на нов инвентар во училиштето, па сега остануваат да се привршат уште некои ситници. Како и да е, на 1 септември уште еднаш ќе покажеме дека сме прва општина којашто успеа да изгради ново училиште, рече Стефанија Макаровска, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Карпош.
За изградба на новата училишна зграда, од општинскиот буџет беа издвоени 1,2 милиони евра. Со донација од Светската банка беше изградена училишната трпезарија, а откако старите бараки двапати беа опожарени, Владата донираше 400.000 евра. Карпош е првата општина којашто со дозвола од Министерството за финансии подигна кредит од УНИ банка за довршување на зградата. Изградена според проект на "Проинг" Тетово, се простира на површина од околу 4100 метри квадратни, има два ката на кои се распоредени кабинети и училници, како и една училишна библиотека. Веднаш до училиштето, на 350 квадратни се просториите за училишна кујна и трпезарија. Изведувач на градежните работи е ГП "Гранит".
ОУ "Јан Амос Коменски" е едно од неколкуте учлишта во градов кои уште од катастрофалниот земјотрес во 1963 година е привремено сместено во бараки, кои ни оддалеку не ги задоволуваше потребните услови и стандарди за нормално одвивање на наставата. Бараките беа дотраени и во фаза на распаѓање, во кои се вложуваа огромни средства, но само за санирање.
По изградбата на "Јан Амос Коменски", општинарите најавија дека ќе почнат подготовките за изградба на ново училиште на "Димо Хаџи Димов" во Влае.


http://%20www.vecer.com.mk/?ItemID=D36514F676E9C0448CCED34CA758B49D -
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D36514F676E9C0448CCED34CA758B49D


Posted By: vardar
Date Posted: 26-Aug-2008 at 05:22

Наставата во „Ј. А. Коменски“ ќе започне во старите бараки

Училишната зграда е комплетно завршена, но не е вселива, бидејќи се' уште се работи на водоводниот приклучок

Деспина Трајковска

Неизвесно е дали основците од „Јан Амос Коменски“ првиот училиштен ден ќе го започнат во новиот објект. Иако училишната зграда е комплетно завршена, се' уште се изведува водоводниот приклучок за потребите на објектот. Деновиве на терен интензивно се изведуваат зафати за водоводната мрежа, а истовремено се врши и партерно уредување на дворот.

Маја Старова, директорка на основното училиштето, е оптимист дека наставата во новата зграда ќе започне набрзо по 1 септември. „На теренот се работи интензивно, што ми влева оптимизам дека објектот ќе биде вселив за десетина дена. Се надеваме дека приклучокот за вода ќе биде завршен брзо. Незамисливо е да се вселиме без тој да биде изведен, имајќи предвид дека е неопходно функционирањето на санитарните јазли“, вели Старова.

Таа потврдува дека Владата донела одлука да издвои средства за набавка на нов инвентар за училиштето, но парите се' уште не се префрлени на сметка на „Коменски“. Деновиве од училиштето очекуваат официјален документ за одобрените средства, како и нивна уплата, за да биде распишан тендерот за набавка на клупи, столчиња и шкафови за наставничките канцеларии. „Тендерот ќе го распише училиштето, а не Општината, иако таа е најголем инвеститор на новиот објект“, додава Старова.

И надлежните од Општина Карпош потврдуваат за одлуката на Владата и велат оти се задоволни што централната власт на тој начин се вклучила во проектот за изградба на новата училишна зграда за потребите на едно од најстарите, но најреномирани осмолетки во Скопје.

Во дворот на училиштето се' уште има неколку бараки и контејнери во кои учениците ќе ја следат наставата се' до конечната преселба во новата зграда. Две од бараките, пак, интензивно се санираат. Тоа се зафати што ги изведува приватниот колеџ „Јахја Кемал“, кој ќе ги користи бараките за свои потреби.

Инаку, во новата училишна зграда најмногу инвестираше Општина Карпош, која од својот буџет издвои 1,2 милиона евра. Со донација од Светска банка, пак, беше изградена училишната трпезарија, а откако старите училишни бараки двапати беа опожарени, Владата донираше 400.000 евра. Новата зграда се протега на околу 4.100 квадратни метри, има два ката со кабинети и училници, како и една училишна библиотека. Веднаш до училиштето, на 350 квадрати се просториите за училишна кујна и трпезарија.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3474BCCF40D914429843206E095AF7E1 - Utrinski


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2008 at 14:18
ОД ВЧЕРА
Децата учат во новата зграда на "Коменски"
Во новата зграда се учи на стари столчиња и клупи, бидејќи Министерството за образование дури сега ги префрлило средствата за набавка на нов инвентар

Учениците од Основното училиште "Јан Амос Коменски" од вчера учат во новата училишна зграда, но седат и пишуваат на старите столчиња и клупи. Иако изградбата на новата училишна зграда е комплетно завршена, новата опрема не е набавена, бидејќи Министерството за образование дури сега ги префрлило потребните средства. Учебната година почна со клупите и столчињата од старите бараки.
"На нашата сметка се префрлени 3 600 000 денари и ние веднаш ќе распишеме тендер за набавка на потребната опрема за училниците. Најдоцна за два месеца би требало децата да седат на нови столчиња и да пишуваат на нови клупи", вели Маја Старова, директорка на "Јан Амос Коменски".
Општина Капрош почна да ја гради новата училишна зграда на "Јан Амос Коменски" пред една година. За реализацијата на овој проект од буџетот на Општината беа одвоени 1,2 милиони евра, а откако во пожар изгореа старите бараки и Владата донираше 400 000 евра за изградба на училиштето.(А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156736&idg=8&idb=2470&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2008 at 14:23
„Коменски“ по 45 години се смести во нов објект



Учениците на ОУ „Јан Амос Коменски“ од вчера почнаа да учат во нов објект со 31 училница, кој, како што велат, е направен по сите европски стандарди. Дел стари хангари изградени по земјотресот во кои досега учеа основците од „Коменски“ лани изгореа во пожар.
 
Објектот има 4.300 квадратни метри, а во него има 31 училница, кабинети, библиотека и канцеларии. Изведбата на градежните работи ја изврши АД „Гранит“.
 
За остварување на овој проект биле потребни 74 милиони денари, од кои Владата учествувала со повеќе од 34 милиони денари, Амбасадата на Швајцарија со два милиона, а општината Карпош го донирала остатокот од парите.
 
Се очекува до крајот на месецов новото училиште да биде комплетно опремено со нов инвентар, од страна на Министерството за образование и наука.
 
- По цели 45 години имаме ново училиште. За овие наши простори да се доживее вакво нешто е вистински благодат. Голема благодарност до Владата и до општината Карпош што ни овозможија училиште по европски стандарди - изјави Маја Старова, директорка на училиштето.
 
Во „Коменски“ учат 602 ученика во 27 паралелки, а оваа година имаат запишано 80 првачиња.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=179&ArticleID=6869


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Oct-2008 at 22:17
Во Автокоманда ќе никне модерен студентски град


Со новиот ДУП кој е во фаза на донесување, во рамките на студентскиот центар "Стив Наумов" се предвидува изградба на пет нови објекти од тврда градба и спортски терени


Студентскиот центар "Стив Наумов" во населбата Автокоманда ќе прерасне во модерен студентски град. Со новиот детален урбанистички план кој е во фаза на донесување, во рамките на центарот се предвидува изградба на нови објекти од тврда градба со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на студентите. Сегашните бараки ќе се исфрлат од употреба, а на нивно место ќе се изградат спортски терени. Планот предвидува и изградба на катна гаража спроти црквата "Свети Архангел".

-Реализацијата на овој детален урбанистички план е влезен како приоритет во програма на Владата на Македонија, која истовремено и ќе го финансира. Инаку, со планот е предвидено такво собраќајно решение кое надвор од центарот ќе заврши со катна гаража, додека самиот студентски центар ќе претставува пешачка зона. Притоа, дендропаркот пред Шумарскиот факултет, и црквата, нема да бидат узурпирани. Новина е и тоа што е извршена парцелизација на земјиштето со што се овозможува поединечно издавање на градежна дозвола за секоја парцела, вели Мирослав Марковски, раководител на секторот за урбанизам и просторно планирање во Општина Гази Баба. Тој додава дека изработка на планот во кој се внесени бројни предлози е веќе подготвен и деновиве ќе се најде на ревизија во Министерството за транспорт и врски, по што ќе биде ставен на јавна анкета, а потоа следи и согласност од Градот и Министерството.

Инаку, со планот се предвидува да бидат задржани двете машки и едната женска зграда, а да се изградат пет нови со вкупен капацитет од 2000 легла. Катната гаража треба да биде со капацитет од 375 возила. Со урбанистичкиот план се предвидува и нов објект на местото на сегашната менза. Од студентскиот центар се надеваат дека тендерот за изградба на новите објекти ќе бидат распишани до крајот на годината.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F9F865DAA90FEE4C80B40547BB58C45D


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Oct-2008 at 23:21
Originally posted by lslcrew

„Коменски“ по 45 години се смести во нов објект



... Дел стари хангари изградени по земјотресот во кои досега учеа основците од „Коменски“ лани изгореа во пожар...
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=179&ArticleID=6869

Новинар кој не разликува ХАНГАРИ од БАРАКИ ... невероватно  Bash


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 14-Oct-2008 at 10:40

Технолошка револуција на Штипскиот универзитет

Штипските студенти ќе работат на компјутери „мекинтош“. Тоа е само сон за другите државни универзитети

Жаклина Хаџи-Зафирова

Штип - Електронски табли, токени, „мекинтош“ компјутери... Ова е дел од имиџот на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ кој годинава комплетно го смени својот изглед со техника според најнови стандарди. Нема ден а на универзитетот да не се поставуваат нови столчиња, маси или да не се уредуваат нови компјутерски кабинети кои ќе ги користат околу 6.000 студенти на универзитетот, на кој во моментов другите државни универзитети можат само да му позавидат.

Инвентарот е само дел од она што деновиве се реновира на штипските факултети кои се разгрануваат низ Штип. Последниве месеци личи на градилиште во кое универзитетот добива објекти кои му ги доделува градот или државата. Така, на списокот на објекти кои во своите планирани активности ги зацрта Штипскиот универзитет се и студентски град, научно-истражувачки центар, универзитетско радио и телевизија... Благодатите од овие нешта можат само да ги замислуваат студентите на другите државни универзитети кои сега можат само да учат од универзитетот во источна Македонија, кој преку ноќ израснува во втор студентски центар покрај оној во Скопје, каде што некои факултети изгледаат како да ги прегазило времето.

Зградата на Факултетот за информатика е една од неколкуте која во моментов се реновира и проширува. На секој кат има компјутерски простории кои годинава се реновирани од корен, со нови маси и столчиња. Факултетот има и посебна просторија со најнови „мекинтош“ компјутери, кои важат за софистицирани и скапи. Оваа просторија, како што ни објаснија, ќе биде наменета за студентите кои имаат напредни познавања. Во овие простории, како и во сите факултети на универзитетот нема да може да влезе кој било. Студентите од годинава ќе добијат токен-апаратчиња со кои ќе го регистрираат влезот и излезот од студентските простории и на тој начин ќе можат да добијат потпис за да заверат семестар.

„Ваквиот начин на заверка на семестри го применуваме од годинава со цел да се елиминираат личните пријателства и врски за добивање потпис“, вели портпаролот на штипскиот универзитет, Кирил Барбареев.

Но, новите компјутери не се единствена новина на штипските факултети. Старите, дотраени зелени табли во амфитеатрите на Рударско-геолошкиот и на Педагошкиот факултет се заменуваат со нови електронски, каде што наместо со креда ќе се пишува со оптички уред. Овие услови, според ректорот Саша Митрев, ќе им бидат понудени и на студентите на трите нови технички факултети кои се најавени да се отворат во Радовиш, Пробиштип и Виница, а тоа се Електро-техничкиот, Технолошко-техничкиот и Машинскиот.

„Техничките факултети се покажаа како неатрактивни за потенцијалните студенти. Покрај тоа што беа обезбедени стипендии и ослободување од партиципација, сепак, не се јавија доволен број студенти. Ние планираме да им понудиме на студентите да го продолжат студирањето на студиската програма на Политехника во Штип, која има речиси исти предмети во прва и втора година. Ако се создадат подобри услови за активирање на техничките факултети, ќе можат да се префрлат во трета година на саканите студиски програми“, изјави ректорот Митрев, прашан за интересот на новите технички факултети. Овие студенти, според портпаролот на универзитетот, поради слабиот интерес, би требало да студираат во Штип во првите две години.

Вистинска реткост на една високообразовна институција е да се видат телевизори „плазма“кои ги има насекаде на штипските факултети, а наскоро од универзитетот најавуваат дека ќе постават и компјутери во ходниците каде што студентите ќе можат да проверат и-мејл и да користат Интернет. Во факултетите се отворени и универзитетски книжарници кои се единствените места каде што можат да се купат учебници, бидејќи е забранета продажба на книги во факултетските простории. Исто така, Универзитетот донел одлука ниедна книга да не е поскапа од 500 денари. Оваа одлука, според Барбареев, била донесена за да се спречат појавите на корупција на Универзитетот.

Според ректорот Саша Митрев, тие имаат добиено повеќе грантови, а од државата и годинава, втора по ред им биле доделени 1,5 милиони евра.

„За основање на Универзитетот добивме 1,5 милиони евра, а толкав износ е предвиден и за годинава. Средствата обезбедени од државата беа доволни за успешен почеток. Но, сепак, најголемата партиципација од страна на државата беше во објекти кои ни ги обезбеди Владата“, вели ректорот Митрев. Тој посочува дека добиле помош од разни фирми, како на пример „Мајкрософт“, кој донирал повеќе од 400.000 долари во софтвери, компанијата „Кабелтел“, со чија помош се поврзале сите нивни објекти во Штип, додека „Циско“ донирал во телекомуникациска опрема.

На Штипскиот универзитет во тек е опремување на нови објекти во градот каде што е предвидено да бидат лоцирани Економскиот факултет, како и новите Филолошки и Медицински факултет. И на овие факултети од Штипскиот универзитет појаснуваат дека ќе се понудат модерни услови за студирање со кои се гордеат со оваа високообразовна установа каде што има интерес за студирање и од Албанија, Бугарија и Грција.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B7C4ADCC29C13046B630C40B6773F732 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B7C4ADCC29C13046B630C40B6773F732


Posted By: maestro
Date Posted: 14-Oct-2008 at 21:35
Originally posted by pbanks

Срамота. Толку време изградбата не е мрдната Ohno. Асоцира на се само не на образовна институција


имам разбрано дека недоградениот дел треба да биде интернат. точно е?


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:46
Wallbash


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Oct-2008 at 17:46
nemate nekoj kordinatii ve molamBig%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Oct-2008 at 18:00
Ако те интересира за последнава слика, тогаш повели:  41°59'34.24"N 21°28'26.87"E


Posted By: maestro
Date Posted: 21-Oct-2008 at 18:03
Кога се планира да се доизгради ФОН, знае ли некој?

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2008 at 00:17
Originally posted by maestro13

Кога се планира да се доизгради ФОН, знае ли некој?


не ми се верува даку таму воопшто е нешто плански... Ваљда како ќе доаѓаат пари така Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2008 at 04:41
Изгледа ФОН се крпат со компензации, онака класично транзициски! Crazy Вероватно чекаат градежни компании кои должат па да се оддолжат со лепење плочки и малтерисање. Обично поголемиот дел од зградите што се градат вака долго се граделе на овој принцип, па ми се раѓа сомнеж дека и тука е така.


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Nov-2008 at 22:56

Кичево, 1 ноември (МИА) -  До крајот на оваа година би требало да започне изградбата на нова училишна зграда во населбата Пашино, како дел од основното училиште „Санде Штерјоски“ во кое настава следат повеќе од 1.600 ученици.

Од страна на Министерството за образование и наука обезбедени се пет милиони денари за почеток на изградбата, а општина Кичево даде свој придонес со тоа што го ослободи Министерството од плаќање комуналии за изградба на училишниот објект.

Во новиот училишен објект ќе учат околу 500 ученици од деловите на градот во околината на стадионот на „Влазрими“, односно од населбите кои гравитираат во тој дел. На тој начин, како што вели раководството на училиштето, ќе се овозможи конечно во двата постоечки објекти во кои се одвива наставата таа да биде во две, наместо во три смени.

- Организирањето на современа настава е она кон што се стремиме во едукацијата на нашите деца, а изградбата на нови училишни објекти е еден од чекорите кои водат кон тоа, изјави директорот на училиштето Љуљзим Мехмеди.св/вј/9:45


http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=33&vId=58298792&lId=1&title=%d0%9c%d0%90%d0%9a%d0%95%d0%94%d0%9e%d0%9d%d0%98%d0%88%d0%90+-+%d0%9e%d0%91%d0%a0%d0%90%d0%97%d0%9e%d0%92%d0%90%d0%9d%d0%98%d0%95+%d0%98+%d0%9d%d0%90%d0%a3%d0%9a%d0%90 - MIA



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Nov-2008 at 22:35
da se soglasuvam, lulzim mehmedi e najdobriot direktor sto go imase sande .... porano trebashe da davas pari od cepot ako doagase od pasina ama koga vlego lulzim imase avtobusi samo sa ucinicite i bez pari  i skoploto dobi novi penceri .... jas ziveam tamu koga izlezuvam kaj balkonot se gleda sande ...... .....
 
 ne zaborajte kicevo ima i nova bolnica LOL 3 katnici i ima cervena boja


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Nov-2008 at 23:45
Библија и млади фиданки за новиот Коменски


Околу 700 ученици од Тафталиџе новата учебна година ја почнаа во новиот објект а осветувањето и симболичното сечење на црвената панделка беше означено вчера, на 32. роденден на Општина Карпош


Околу 700 ученици од Тафталиџе новата учебна година ја почнаа во новата училишна зграда на "Јан Амос Коменски", а симболичното пуштање во употреба беше означено вчера, на 32. роденден на Општина Карпош. Со благослов на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, црвената панделка ја пресекоа министерот за образование Перо Стојановски и в.д. градоначалникот Сашо Димиќ.

Честитајќи го отворањето на новата училишна зграда, министерот Стојановски истакна дека одлуката на Владата на РМ по опожарувањето на старите бараки да обезбеди средства и со тоа да ја потпомогне и забрза изградбата, се покажала како оправдана бидејќи новиот модерен објект не само што ги исполнува сите стандарди за современа едукација, туку претставува и допадлив простор во којшто учениците и професорите со задоволство ќе го минуваат поголемиот дел од своето секојдневие.

Во чест на големиот ден, дедо Стефан на учениците им подари Библија, а маестро Борис Трајанов, во името на Граѓанската иницијатива, Ден на дрвото во дворот на училиштето посади 32 фиданки. На свеченоста која во свој стил ја водеше Весна Бејби Петрушевска, присуствуваа голем број познати имиња од политиката и шоу бизнисот.

ОУ "Јан Амос Коменски" е формирано по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и оттогаш, цели 45 години беше времено сместено во бараки кои ни оддалеку не ги задоволуваа потребните стандарди. Карпош е првата општина во државава која иницираше и почна да гради училишна зграда, за што од буџетот издвои 1,2 милиони евра. Со донација од Светската банка ја изгради училишната трпезарија, а откако старите бараки два пати беа опожарени, Владата донираше 400.000 евра. Карпош е првата општина којашто со гаранција на УСАИД и дозвола од Министерството за финансии подигна кредит од УНИ банка за довршување на зградата. Објектот се простира на површина од околу 4100 метри квадратни, на два ката каде се распоредени кабинети и училници, како и една училишна библиотека. Училишната кујна и трпезаријата се наоѓаат на 350 квадратни веднаш до објектот.

По повод 32-годишнината од формирањето на Општина Карпош, вчера беше одржана свечена академија, а завчера на платото на ТЦ Карпош 3 се реализираше традиционалната манифестација Ем умеам ем можам.

http://vecer.com.mk/?ItemID=171E47DE9615784398CEF9AFFD8BDA0F




Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2008 at 16:52
Ова ни промакнало... Веќе е изградено или?

1

2



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Nov-2008 at 16:57
ne trba da pocne ako ne se lazam
 
javascript:void%28window.print%28%29%29">

Големата награда на архитектура АСК 2008 ја добија Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља

Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски вчера /12.11.2008/ во Музејот на Град Скопје свечено ја отвори традиционалната изложба „АСК - АРХИТЕКТУРА НА ГРАД СКОПЈЕ“, која оваа година се одржува по 10-ти јубилеен пат.

Во конкуренција за Големата награда на архитектурата АСК 2008 година, пристигнаа 16 труда. Според критериумите на Селекторската комисија 10 од нив ја сочинуваат овогoдинешната изложба.

Големата награда за архитектура за 2008 година ја доби проектот „Македонско - италијански мултимедијален едукативен центар“ на авторите Минас Бакалчев и Митко Хаџи - Пуља.

Градоначалникот Костовски во името на Градот Скопје упати честитки и изрази благодарност на сите архитекти и градители кои пријавија трудови за наградата, но и на сите оние кои со својата работа допринесуваат Скопје да израсне во метропола.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2220&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2220&mid=24&tabId=1&tabindex=0

istiot objekt e
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2008 at 16:59


Да тој е објектот Thumbs%20Up Од таму ми се и сликите поминав денеска


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Nov-2008 at 17:02
aj ako mozes da mi dades kordinatiBig%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2008 at 17:14
Originally posted by my Macedonia

aj ako mozes da mi dades kordinatiBig%20smile


Па не сум сигурен за точната локација но е дефинитивно во универзитетскиот комплекс

42°00'00"N 21°26'36"E


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 16-Nov-2008 at 03:49
Објектот е изграден, се наоѓа веднаш позади Филолошки факултет, може да се влезе и од факултетот или од позади, од кај паркингот. Истиве чичковци се проектанти и на Лумикс, па веројатно ќе најдете и некоја сличност. Во секој случај, една од посимпатичните нови зградички во Скопје (малечка е). Единствено можеби ќе изгледала подобро ако и фасадата е во луди бои како ентериерот (внатре е или зелено или розовоCheers), па да дојде како фин контраст на факултетите. 

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: BlacK
Date Posted: 16-Nov-2008 at 12:30
Super izgleda objektov,samo mi imaat spomnato studenti od filoloskiot fakultet koi se na italijanski jazik, deka vnatre imaat mal propus t.e. mnogu bilo zaguslivo, a i zvucnata izolacija pomegju dve sosedni prostorii ne e bas dobra pa od tolkavi ocekuvanja koi gi imale na pocetokot sega ne bile bas oduseveni.
Ja neam otideno da go vidam objektot ama koga se vozis po bul. "Aleksandar Makedonski" se gleda i nadvoresniot izgled e navistina interesen i ok.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Nov-2008 at 13:42
Originally posted by Mr.Edmund

Објектот е изграден, се наоѓа веднаш позади Филолошки факултет, може да се влезе и од факултетот или од позади, од кај паркингот. Истиве чичковци се проектанти и на Лумикс, па веројатно ќе најдете и некоја сличност. Во секој случај, една од посимпатичните нови зградички во Скопје (малечка е). Единствено можеби ќе изгледала подобро ако и фасадата е во луди бои како ентериерот (внатре е или зелено или розовоCheers), па да дојде како фин контраст на факултетите. 


Ги знам чичковците многу добро но не го знаев објектот.


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 16-Nov-2008 at 13:55
Да, и архитектите, хм, заборавиле на моментот климатизација, па сега имаат ставено едно нешто што личи а фрижидер, макар што и не изгледа така лошо, со оглед на тоа што оваа зграда трпи и видливи инсталации. Проблем со загушливо внатре имаат и на Штулов во Тетово. Тоа обично се случува кога се употребуваат материјали за надворешните ѕидови кои не дишат (во случајов, можеби тоа е лимот на фасадата, не тврдам) и со фиксни прозорци со добро изведени рамки (значи не може да поцури воздух кај рамката), и уште ако нема добар систем за вентилација (овде мислам дека оној сплит-систем не е многу корисен)

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Nov-2008 at 10:10
Случајно налетав наеден user на youtube. Ова е ваљда некој самостоен труд. Има и информации околу недовршените делови на судентскиот комплекс у Скопје.

[tube]LF3WVCbYquE[/tube]


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Dec-2008 at 03:05
Реконструирана машката зграда во СД „Стив Наумов“ За два дена ќе биде предадена во употреба реконструираната машка зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, каде што ќе бидат префрлени студентите кои сега се сместени во руинираните бараки стари 45 години.

В недела или в понеделник ќе почнат подготовките за вселување во обновениот објект со капацитет од 278 легла, најави министерот за образование и наука, Перо Стојановски.

Тој вчера ја посети студентската населба во придружба на Крешимир Павиќ, директор на Државниот студентски центар, и Самоил Малчевски, претседател на студентската организација на Скопскиот универзитет.

За градба на објектот се вложени околу 21 милион денари, а за опрема околу 4,5 милиони денари.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADCE511BF0C8C44FA0E0AE985C06D703



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 16-Dec-2008 at 10:25
Може ли некој да постира поквалитетни слики од објектов на МБМХП, добија награда на АСК, па би требало малце повеќе внимание да се посвети...гледам дека многу повеќе ни е интересно да плукаме по објекти магос-фазон отколку да коментираме објекти што веројатно имаат некаков каков-таков квалитет....


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2008 at 10:38
Originally posted by Dave Gahan

Може ли некој да постира поквалитетни слики од објектов на МБМХП, добија награда на АСК, па би требало малце повеќе внимание да се посвети...гледам дека многу повеќе ни е интересно да плукаме по објекти магос-фазон отколку да коментираме објекти што веројатно имаат некаков каков-таков квалитет....


Јас се спремам да отидам да му удрам една фото сесија кога ќе имам време. А во меѓувреме се надевам дека некој ќе ме предухитри Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 10:59
Ќе се отвора нова машка зграда во студентскиот дом “Стив Наумов“

http://netpress.com.mk/vestiimages/47627/stiv%20naumov.jpg">

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука, Перо Стојановски ќе присуствуваат на отворањето на машката зграда број 1 во студентскиот дом „Стив Наумов“, соопштуваат од министерството за образование.

Владата на Македонија и Министерството за образование и наука активно работат на подигнување на студентскиот стандард преку реконструкција на старите и отворање на нови студентски домови, се вели во соопштението.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=47627&kategorija=1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 12:17
Еве и некоја слика од објектот! (Машка зграда - СД Стив Наумов)

01.

02.

03.

04.

05.

06.

07.

08.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 14:36
Уште една слика од МИА-фото:



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jan-2009 at 16:52
Сум имал „привилегија“ да видам како изгледаше студентскиот живот во оваа зграда и ова е веројатно огромно подобрување. Се надевам дека реконструкцијата е направена квалитетно и без фаќање кривини.
Единствено ми боде очи онаа черга на влезот - кога веќе ја обновија цела зграда, можеа да купат и бешто поприкладно и посовремено за пред влезот него да стои черга LOL


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Jan-2009 at 19:15
Се отстрануваат привремените училници-контејнери кој беа поставени после пожарот во школото Јан Амос Коменски.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Jan-2009 at 17:37
ne e ^zgrada tuku skola mislam ovde mu e mestoto ako nema druga niska
 

Учениците од Света Петка се вратија на настава во реновирано училиште

29 January, 2009 05:02:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

Откако по први септември три недели го бојкотираа почетокот на наставниот процес поради лошите услови за следење на наставата, жителите на скопското село Света Петка се изборија за подобри услови за нивните деца.

Државата го реновираше училиштето изградено во 1964 година.

Учениците од подрачното училиште “Драга Стојановска“ во селото Света Петка кај Скопје денеска и официјално влегоа во реновираниот објект. Досега немаа елементарни услови за следење на наставата, но по интервенциите сега велат оти ќе имаат поголема волја за учење.
 
„Порано училиштето беше старо, имаше лоши услови, но сега е многу добро и мислам дека ќе може да учиме повеќе“ вели една ученичка.

„Беше многу ладно бидејќи прозорците не чинеа. Училиштето беше многу старо“ вели друга.

Во претходно руинираниот објект на први септември наставата во него не започна поради бојкот на граѓаните кои бараа подобри услови за нивните деца. Заменик-министерката за образование најавува дека за околу еден месец реновирањето сосема ќе заврши.

„Ние како Министерство за образование успеавме минатата година да обезбедиме финансиски средства во вредност од 7 милиони денари за да се подобрат условите во основното училиште во селото Света Петка и да се направи еден дополнителен објект“ изјави заменик министерот за образование, Линдита Ќазими.

Училиштето е изградено во 1964, а ова му беше прво реновирање после цели 44 години. Во него учат околу 130 ученици. Лоши услови во многу средни и основни училишта низ земјава досега регистрираа многу домашни и меѓународни организации.

Валмир Кучи
http://alsat-m.tv/mk/zemja/9788.html - http://alsat-m.tv/mk/zemja/9788.html


Posted By: Eden Decko
Date Posted: 03-Feb-2009 at 03:28
Ewe wi sliki od objektot na Mitko i Minas Makedonsko-Italijanskiot edukativen centar.
















Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Feb-2009 at 03:59
Фала Eden Decko! Многу интересен објект, го имав видено само на некои рендери но не и готовиот. Изгледа многу интересно, а особено ми се допаѓа ентериерот, додека екстериерот ме потсеќа малку на лумикс.

Ова се наоѓа кај УКИМ? Така ми изгледа од последнава слика

И добредојде Cheers


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Feb-2009 at 11:55
Само ко инфо
Основно училиште Јаја Кемал јуниор во обновена барака од Јан Амос Коменски во Тафталиџе




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Feb-2009 at 02:31


Јахја Кемал постојано се шири колку што гледам но никако не се консолидира Ohno

Овој кампус во Чаир е најавен уште пред 5-6 години може и порано. Ни трага ни глас




Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Feb-2009 at 08:38
Ќе се гради средно училиште во Шуто Оризари

http://netpress.com.mk/vestiimages/49554/ucilnica%201.jpg">

Ново градско средно училиште  ќе се гради во општината Шуто Оризари. Камен темелникот ќе биде поставен денеска а на  настанот ќе земат учество премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука Перо Стојановски, Неждет Мустафа, министер без ресор, Амди Бајрам, пратеник како и претставници од општина Шуто Оризари.

Како што информираат од министерството за образование, новото училиште ќе се простира на површина од 9.390 квадратни метри и ќе биде опремено согласно со современите стандарди за административен простор, простор за кабинетска настава , фискултурна сала, простор за помошен и технички персонал, како и простор за библиотека и простор за средби со родители. Училиштето воедно ќе биде обезбедено со адекватна сообраќајна инфраструктура за безбеден пристап на ученици.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=49554&kategorija=1


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Feb-2009 at 16:08

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Во скопската општина Шуто Оризари денеска свечено беше поставен камен-темелник за изградба на средно училиште, за економко-правна и трговска насока, инвестиција на Владата од 100 милиони денари. Објектот ќе се гради на површина од 9.390 метри квадратни, ќе има современа опрема и капацитет за околу 950 ученици. Според најавата на Владата, новото училиште треба да проработи за седум до девет месеци.

 - Ромската заедница во минатото беше често маргинализирана и беше предмет на бројни предрасуди и токму поради тоа сиромаштијата кај Ромите е застапена со поголем процент отколку кај другите етнички заедници. Но, токму образованието е еден од клучните фактори кои ја одредуваат сиромаштијата, квалитетот на живот и високото ниво на невработеност... Училиштето ќе има повеќекратни позитивни ефекти врз прогресот на ромската заедница, а со тоа и врз прогресот на државата, чиј нераскинлив дел се Ромите од Македонија. Ова е инвестиција во иднината на младите ромски генерации и во иднината на општината Шуто Оризари, рече премиерот Никола Груевски. Тој им порача на младите Роми да учат и посака по пет години повеќе да не се бројат запишаните Роми во средно, туку да се зборува за бројот на ромски деца запишани на факултет.

Министерот за образование и наука Перо Стојановски  посочи дека поразителниот факт дека децата Роми се жртви на злоупотреби и компаративната споредба за нивната вклученост во образовниот процес и степенот на нивната едуцираност придонеле Владата и Министерството за образование и наука да преземат повеќе активности за развивање на свеста кај оваа популација за полезноста на образованието.

-  Новото училиште во општина Шуто Оризари ќе биде опремено согласно со современите стандарди за административен простор, простор за кабинетска настава, за училници, фискултурна сала, простор за помошен и технички персонал, како и простор за библиотека и простор за средби со родители. Училиштето ќе биде обезбедено со адекватна сообраќајна инфраструктура за безбеден пристап на учениците, информираше ресорниот министер.

Почетокот на изградбата беше бурно поздравен од населението на оваа, единствена ромска општина во Европа, а политичките претставници од таа етничка заедница - министерот  без ресор Неждет Мустафа, и пратеникот Амди Бајрам,  истакнаа дека по заслуга на сегашната Влада се реализира идеја стара 13 години и дека премиерот Груевски го исполнува  ветувањето што на жителите  им го дал во април 2007 година.  

За поголема вклученост на Ромите во образованието, Владата од оваа учебна година воведе и стипендии за ученици Роми што се запишале во прва година средно, со месечен износ од 2.200 денари. Тоа е стимулативна мерка за поттикнување  на Ромите да го продолжат образованието и е во рамките на Декадата на Ромите (2005-2015).

По поставувањето на камен-темелникот на првото средно училиште во Шуто Оризари, на новинарите им се обрати Имер Реџепи, кој тврди дека земјиштето на кое ќе се гради објектот е негово.

- Татко ми го поседува земјиштето пред 1960 година, тоа е одземено во 1964, а вратено во  2005 година со Законот за денационализација, за што имаме и имотен лист и документација од министерствата за финансии и за транспорт и врски.  Ја информиравме општината пред три недели дека ова е приватно земјиште, но таму не сакаат да чујат за тоа. Ништо не ни предложија, не знам што предвиделе, но ова ќе го реши судот, рече Реџепи, кој за расчистување на случајот ангажирал и адвокат.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=AF2CDCECFDDE4E48B7325BBAB67E5D7D - http://www.sitel.com.mk/?ItemID=AF2CDCECFDDE4E48B7325BBAB67E5D7D



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Feb-2009 at 17:26
Средно училиште во Шуто Оризари:

01.

02.

03.

04.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2009 at 19:25
amante be malku mesto ima vo sutka, sekade so zgradi se polna samo toa mesto ostana za gradenje


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2009 at 19:26

Владата ќе гради училиште на приватен имот

10 February, 2009 06:56:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

Владата удри камен темелник на нова училишна зграда во скопската општина Шуто Оризари, но на приватен имот.

Поставувањето на камен темелник за средно училиште во скопската општина Шуто Оризари, предизвикала проблем.  Имотот, според тврдењата на Имер Реџепи, е негов и никој не му кажал оти таму власта ќе гради училиште.

“Земјиштето е национализирано во 1964, според законот за национализација. Имав доставено барање за повторно да ми се врати и имотот ми  беше вратен во 2003-та. Од 2005-та јас ја имам целосната документација дека имотот е мој. Но, за овој објект кој е во изградба и за оваа инвестиција немам информации, не ме извести ниту општина Шутка, па ниту министерството за образование за да се среди проблемот околу земјиштето“.

Реџепи се обратил до општината, но не добил одговорМинситерот  за образование, Стојановски, според Реџепи, ветил дека камен темелникот ќе се постави, но работите нема да продолжат.


“Вчера имавме средба со министерот за образование. Тој ни вети дека по поставувањето на камент темелникот и доаѓањето на премиерот, работите  ќе се прекинат, и ќе видиме како ќе оди работата на суд.“

Министерот Стојановски и премиерот Груевски, без проблеми го продолжија протоколот на поставување на камен темелникот.

„Новото училиште во Шуто Оризари ќе се простира на површина од 9390 квадратни метри“ изјави Перо Стојановски, министер за образовани и наука
Изјава на мак

„Како што ветивме на 08. април 2007-та дека токму тука ќе започне изградбата на средното училиште во општина Шуто Оризари еве денеска сме тука да го одбележиме почетокот, а јас цврсто верувам дека за 7-8 месеци 9 максимум и крајот на изградбата и почетокот на работа на средното училиште тука во општина Шуто Оризари“ изјави  Никола Груевски,

Во средното училиште во општина Шуто Оризари кое ќе има економска, правна и трговска  насока ќе учат 950 ученици. Инвестицијата на владата за овој објект е 100 милиони денари.
Мелихате Рустеми
http://alsat-m.tv/mk/zemja/10191.html - http://alsat-m.tv/mk/zemja/10191.html


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Feb-2009 at 21:41
Не се сомневам дека земјиштето било денационализирано, ама чим владава решително се зафатила да гради на таа локација ваљда копјата се кршат сега за експропријација, а не за денационализација. Којззнае може бившиот газда го сака земјиштево за други цели. Ваквите случаеви некако стереотипно заземам страна на владата пошто вакви газдиу никнуваат од сите страни како печурки. Ај да видиме што ќе каже судот, ама ја ипак се сомневам дека вистинската приказна и не е така целосно пренесена!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2009 at 16:13
Јан Амос Коменски




Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Mar-2009 at 23:22

УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ - РЕПЕР ЗА ЕВРОПСКИ ШКОЛСКИ СТАНДАРД


Најсовремена зграда за ОУ "Димо Хаџи Димов"


Целосно ново, футуристичко училиште, на повеќе катови, со две големи спортски сали, тениски терени и нови училници од светски стандарди, во кои ќе има услови за повеќе од 1600 ученици, во блиска иднина ќе се гради на местото на постојното веќе дотраено училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Инвестицијата од 2 милиони евра, во Општината Карпош, вчера, ја соопштија премиерот Никола Груевски заедно со В.Д градоначалникот Саша Димиќ преку презентирање на предлог планот за идејното архитектонско здание на новото училиште во Влае.
- Дојдов тука во училиштето да ги погледнеме условите и на некој начин да го означиме почетокот на изградбата на ова веќе дотраено училиште сместено во трошни бараки кои се потенцијална опасност од пожари и надворешни временски услови, изјави премиерот Груевски. Тој додаде дека половина од средствата за изградба, 60 милиони денари, се веќе обезбедени, а вториот дел од нив ќе биде обезбедени во текот на наредната година и ако е потребно, како што рече, ќе помогне и Владата.

В.д. градоначалникот и кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Сашо Димиќ, напомена дека училиштето "Дими Хаџи Димов" е најголемото училиште на територијата на општината Карпош со 1400 ученици и ја потенцираше лошата состојба на училиштето.

"За жал, во ова училиште образовниот процес се одвива во едни руинирани услови кои датираат од 1964 година. Очекуваме оваа година да започне изградба на ново училиште и тоа ќе биде најсовремено училиште во Македонија со капацитет од 1600 ученици. Ова училиште ќе ги има сите услови што се потребни за одржување на наставата и тоа со сите стандарди", изјави Димиќ.
Инаку, во проектот покрај модерното просторно испланирано сместување на учениците во него се предвидува изградба на две големи спортски сали, една на самиот покрив од објектот, тениски игралишта и современ амфитеатар во средиштето на објектот. Учениците за време на извршувањето на градежните активности ќе бидат сместени во специјални контејнери, како во примерот на Јан Амос Коменски.

Дејан СРБИНОВСКИ
ФОТО: Ѕ. Плавевски


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=54181FD1D97B4F41B3FA961860B15017


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Print Page | Close Window