http://volanskopje.blog.com.mk/ - „Пресвета Богородица“ - Скопје
Црквата „Пресвета Богородица“ - Скопје http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72C3262B3430764C8B69FCFA05B068B5 - ке се осветува во четврток 31.Јаноари 2008 Утре
свечено ке се осветува Црковниот Храм „Пресвета Богородица“ -
Скопје. Црквата ке ја осветли неговото величество Поглаварот на МПЦ
архиепископот г.г. Стефан - во суслужение на повече владици на МПЦ ... http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146732&idg=8&idb=2285&rubrika=Makedonija - Деновиве беше поставена и куполата и крстот ... Возобновувањето
на „Пресвета Богородица“ е започнато пред три години со донација н
Трифун Костовски - 1.2 милиони евра ... Црквата се обновува према
првобитниот проект на Андреј Дамјанов од 1830 година ...
Малку историја за „Пресвета Богородица“ ... што има се на интернет: http://imageshack.us/"> http://imageshack.us/"> http://imageshack.us/"> ** На интернет најдобар напис што го сретнав за црквата е: http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1209071 - Црквата СВ. БОГОРОДИЦА Скопје ... ке пренесам дел од тој запис каде има и две стари фотографии ... -Според
легендата за црквата "Св. Богородица", од пред сто години, на местото
на кое таа била подигната во 1835 година имало траги од некоја
претходна црква од средниот век. Неа ја изградиле тогашните врвни
најдобри мијачки градители, фреско-иконописци, копаничари-резбари од
Мијачко: Папрадиште, Тресонче, Галичник, Гари и Осој, односно
најдобрата градителска тајфа - прочуената фамилија Рензовци. -
Според легендата за црквата "Св. Богородица", од пред сто години, на
местото на кое таа била подигната во 1835 година имало траги од некоја
претходна црква од средниот век. Во времето кога таа била изградена, во
Скопје имало уште две мали цркви: денешната црква "Св. Димитрија"
(преку Камениот мост кај Старата чаршија) и црквата "Св.Спас" (во
Еврејското маало под Калето).
-
До 1830 година во Скопје значително се зголемувал бројот на
православното население. Тоа се доселувало од околните села, како и од
поблиските градови, така што црквите станале тесни за многубројните
верници. Локациите на кои се наоѓале овие две цркви биле несоодветни
затоа што околу нив имало турско население, односно граѓани со друга
вероисповед. Турците не дозволувале да се поправаат црквите, така што
не доаѓало предвид да се прошируваат. -
Во ова време била подигната и скопската катедрална црква "Св.
Богородица". Прашање е дали таа би била толку брзо и лесно изградена
ако тогаш во Скопје на чело на "православието" не биле двајца многу
енергични, одважнии истрајни луѓе: митрополитот Гаврил и скопскиот
првенецХаџи Трајко Хаџи Дојчиновиќ, а од големо значење било и тоа што
во Управата на Скопскиот пашалук се наоѓал Хавзи-паша, ретко писмен
муслимански првенец во тие времиња.
-
Според кажувањата на скопјани (се претпоставува дека ова е легенда), на
местото каде што била изградена црквата "Св. Богородица" имало каллива
ледина. Хаџи Трајко со неговите успеал да ги "излаже" муслиманските
првенцитака што една ноќ на тоа место пренел тули и отпадоци од старата
црква "Св. Спас", која тогаш била во лоша состојба, ги закопал в
земја заедно со стара икона на Св. Богородица, и кога Ханзипашината
"комисија" го нашла тоа се уверила дека некогаш тука навистина постоела
црква. - Црквата "Св. Богородица"била градена со голема љубов. Хаџи Трајко бил најголем дарител и нејзин прв ктитор. -
Постојат веродостојни податоци за тоа кога, од кого и како е градена
"Св. Богородица". Комплетно ја изградиле тогашните врвни најдобри
мијачки градители, фреско иконописци, копаничари-резбари од Мијачко:
Папрадиште, Тресонче, Галичник, Гари и Осој, односно најдобрата
градителска тајфа - прочуената фамилија Рензовци, денес Зографовци, кои
кон крајот на XVII, во XVIII и на почетокот на XIX век биле познати
како неимари, а најголем углед постигнал Андреја-Зограф. Минатото и
активностите на овој рензовски род, како по јава во нашата културна и
етничка историја, во поново време се многу интересни и важни. "СВ. БОГОРОДИЦА", КАТЕДРАЛНА ЦРКВА НА СКОПСКИТЕ МИТРОПОЛИТИ ИЗГРАДЕНА 1835 ГОДИНА РЕНЗОВЦИ-ЗОГРАФОВЦИ МАЈСТОРИ: НИКОЛА, АНДРЕЈ, ЃОРЃИ И КОСТА ** Убав запис ке сретнеме и во подигнатата книга на интернет http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c30/c30crkvi.html - Животот во Скопје 1918-1941 ... - Црквата
“Света Богородица” била најголема и најимпозантна црква во градот.
Црквата се наоѓала во најголемото маало, Пајко маало. Според Миленко
Филиповиќ, црквата била изградена во 1835 година, а работата ја
започнал уште во 1809 година зографот Дамјан. -
Типот на цркви на кои припаѓала црквата “Света Богородица” не бил многу
редок, иако таа била градена според најстарите базилични цркви во
Солун, Цариград и на приморјето. -
Хаџи Трајко бил првиот ктитор на црквата, а како спомагатели на црквата
се споменуваат познатите скопски трговци: Јован Шишко кој подарил куќа
и плац за изградба на храмот, потоа Трпе Патишкалија кој за таа цел
подарил два дуќана, Петре Зелениковски подарил еден дуќан и меана и др. -
Црквата била градена од делкан камен од скопската околина. Од
надворешната страна била скромна, просечен базиличен тип со три брода,
а западниот дел бил проширен со трем. -
Иако надворешноста на храмот била скромна, внатрешноста била складна и
убава со богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на
Светите Двери и богат архиерејски стол. -
Со материјалните средства на црквата “Света Богородица” и на
добродетели од градот биле изградени две цркви “ќерки” , а тоа биле
црквите “Свети Ѓорги” и црквата “Цар Константин и Царица Јелена”. -
Во Соборната црква “Света Богородица” редовно се одржувала богослужба и
црквата била најпосетена и најбогата. Реони на црквата “Света
Богородица” биле првиот дел на Ново маало, првиот дел на Маџир маало,
Карадаг маало и Пајко маало. -
За време на Втората светска војна, црквата била запалена од страна на
бугарските окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен
инвентар-иконостасот, олтарот и др. -
До Соборната црква “Света Богородица”, се наоѓала запуштена црква,
“Света Мина” која била изградена во 1902 година ...
**
Миленко Ф. Јовановиќ, “Православна Саборна црква Света Богородица у
Скопљу”, (архитектура-Декорација-иконографија),стр.337-415 и стр.
415-423 ** Вечер има неколку написи за старата црква “Св.Богородица“ ... http://www.vest.com.mk/default.asp?id=141610&idg=7&idb=2186&rubrika=Skopje - - Црквата "Св.Богородица" е изградена во чест на пресвета Богородица, која скопјани ја сметале за своја заштитничка. - Уште
во 1834 година општинскиот одбор при црковната општина во Скопје донел
одлука дека треба да се гради катедрална црква "Св. Богородица".
Најголем удел во нејзината изградба имал скопскиот трговец Аџи -Трајко
Дојчиновиќ, кој за оваа цел успеал да ги придобие скопскиот митрополит
Гаврил и турскиот великодостојник Авзи-паша. Во тоа време, за да можат
христијаните да изградат црква, требало да добијат дозвола од турските
турските власти во Скопје. Дополнителен услов кој требало да се исполни
било и тоа земјиштето каде што ќе се подига црквата да биде свето. Но
ливадата на левиот брег на реката Вардар, во Пајко маало, која скопјани
ја избрале за локација каде што ќе се гради црквата, не била света.
Тогаш Аџи - Трајко смислил ујдурма како да ја добие дозволата од
турските власти. Тој заедно со уште неколку скопјани на ливадата
ископале дупка, во неа ставиле неколку тули и мала икона од св.
Богородица, зајмена од црквата "Св. Спас". Турската комисија, кога
излегла не терен и извршила неколку ископувања, ги нашла тулите и
констатирала дека на ова место има остатоци од стара црква и издала
дозвола за градба. - Градител
на катедралната црква бил Дамјан Јанкулов, кој за време на градењето
починал, па храмот го довршиле неговите синови. Црквата била изградена
и осветена на 1 мај 1835 година, а внатрешното уредување следело по
осветувањето на храмот. -
Пред крајот од Втората светска војна во 1944 година катедралната црква
"Св. Богородица" била запалена од бугарскиот окупатор и целосно изгорела. - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=70351&idg=4&idb=1022&rubrika=Revija - -
Кажувањата говорат дека црквата "Св. Богородица" во Скопје, онаа што се
наоѓала карши Македонската академија на науките и уметностите кај
сегашната постојка на автобусите на Градски, на времето, во пусто
турско, била изградена за само една година. Ја граделе, таа 1835 година
и старо и младо, камен по камен, од рака на рака. Се според интрукциите
на вештиот неимар Андреја Дамјанов. Одвнатре ја украсувале мајстори на
фрескоживописот, а се мисли дека имало и икони од Дичо Зограф. Црквата
за Скопје била мошне важна оти во неа имало словенско училиште во кое
даскалувал и Јордан Хаџи Константинов - Џинот. Црквата по 110 години
била урната - в час. Едни велат ја запалиле Бугарите, едни Србите, а
еден историчар пак тврди дека е уништена кога сојузничките војски од
Втората светска војна, враќајки се од Бари ги истуриле вишокот бомби
баш тука. Врз Скопје, врз црквата "Св. Богородица", врз храмот на
заштитничката на градот и на скопјани. Оттогаш тие сонуваат да си ја
вратат црквата, на истото место и иста каква што била. - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=19880&idg=2&idb=445&rubrika=Kultura -
Иницијатива за возобнова на традиционалното закрилноиштво на Пресвета
Богородица на Скопје уште во 1994 година стигнала пред Извршниот одбор
на Собранието на Скопје. Иницијативата поминала пред Извршниот одбор на
градското собрание, но никогаш не била ставена на дневен ред за
гласање. Сега за 2002 година повторно се реактивира овој проблем, уште
повеќе и со издавањето на публикацијата "Пресвета Богородица закрилница
на Скопје" од Милан Порјазов, тогашен член на Извршниот одбор на
Собранието на Скопје и еден од иницијаторите на предлогот. - Во тоа
време предлогот не стаса на дневен ред за расправа и гласање заради
политичките состојби. Во ова нема ништо црковно, туку само сакавме да
ја обновиме вековната традицијата на култот кон Богородица во Скопје.
Знаете кои луѓе беа тогаш на власт и какви беа нивните ставови. Денес
ако некој повторно го стави ова прашање пред Извршниот одбор можеби и
ќе помине и ќе се изгласа. Јас дури и лично по издавањето на
публикацијата го прашав градоначалникот Ристо Пенов дали ја прочитал.
Тој ми кажа дека ја прочитал и дека му се допаднала. Го прашав што сега
ќе правиме и дали може повторно оваа иницијатива да се обнови. Мислам
дека сега има некоја позитивна клима и дека во нареднава година можеби
ова прашање ќе се најде пред Градското собрание - вели Милан Порјазов.
Публикацијата "Пресвета Богородица закрилница на Скопје" што ја издаде
Дирекцијата за култура и уметност всушност е материјалот подготвен од
Порјазов проследен со предлогот доставен пред градското собрание.
|