Print Page | Close Window

Пресвета Богородица - Скопје

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=182
Printed Date: 25-Apr-2024 at 22:11


Topic: Пресвета Богородица - Скопје
Posted By: волан
Subject: Пресвета Богородица - Скопје
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:49

http://volanskopje.blog.com.mk/ - „Пресвета Богородица“ - Скопје


Сликата%20“http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/8C192D3492996D42961113876B932EB0.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
Црквата   „Пресвета Богородица“  - Скопје
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72C3262B3430764C8B69FCFA05B068B5 - ке се осветува  во четврток 31.Јаноари 2008
 
Утре свечено ке се осветува Црковниот Храм   „Пресвета Богородица“  - Скопје. Црквата ке ја осветли неговото величество Поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан - во суслужение на повече владици на МПЦ ... http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146732&idg=8&idb=2285&rubrika=Makedonija - Деновиве беше поставена и куполата и крстот ...
 
Возобновувањето на  „Пресвета Богородица“ е започнато пред три години со донација н Трифун Костовски - 1.2 милиони евра ... Црквата се обновува према првобитниот проект на Андреј Дамјанов од 1830 година ...
 
Малку историја за   „Пресвета Богородица“ ... што има се на интернет:
  http://imageshack.us/">
 
http://imageshack.us/">
 
http://imageshack.us/">
 


** На интернет најдобар напис што го сретнав за црквата е: http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1209071 - Црквата СВ. БОГОРОДИЦА Скопје ... ке пренесам дел од тој запис каде има и две стари фотографии ...
 
-Според легендата за црквата "Св. Богородица", од пред сто години, на местото на кое таа била подигната во 1835 година имало траги од некоја претходна црква од средниот век. Неа ја изградиле тогашните врвни најдобри мијачки градители, фреско-иконописци, копаничари-резбари од Мијачко: Папрадиште, Тресонче, Галичник, Гари и Осој, односно најдобрата градителска тајфа - прочуената фамилија Рензовци.
- Според легендата за црквата "Св. Богородица", од пред сто години, на местото на кое таа била подигната во 1835 година имало траги од некоја претходна црква од средниот век. Во времето кога таа била изградена, во Скопје имало уште две мали цркви: денешната црква "Св. Димитрија" (преку Камениот мост кај Старата чаршија) и црквата "Св.Спас" (во Еврејското маало под Калето).
- До 1830 година во Скопје значително се зголемувал бројот на православното население. Тоа се доселувало од околните села, како и од поблиските градови, така што црквите станале тесни за многубројните верници. Локациите на кои се наоѓале овие две цркви биле несоодветни затоа што околу нив имало турско население, односно граѓани со друга вероисповед. Турците не дозволувале да се поправаат црквите, така што не доаѓало предвид да се прошируваат.
- Во ова време била подигната и скопската катедрална црква "Св. Богородица". Прашање е дали таа би била толку брзо и лесно изградена ако тогаш во Скопје на чело на "православието" не биле двајца многу енергични, одважнии истрајни луѓе: митрополитот Гаврил и скопскиот првенецХаџи Трајко Хаџи Дојчиновиќ, а од големо значење било и тоа што во Управата на Скопскиот пашалук се наоѓал Хавзи-паша, ретко писмен муслимански првенец во тие времиња.
- Според кажувањата на скопјани (се претпоставува дека ова е легенда), на местото каде што била изградена црквата "Св. Богородица" имало каллива ледина. Хаџи Трајко со неговите успеал да ги "излаже" муслиманските првенцитака што една ноќ на тоа место пренел тули и отпадоци од старата црква "Св. Спас", која
тогаш била во лоша состојба, ги закопал в земја заедно со стара икона на Св. Богородица, и кога Ханзипашината "комисија" го нашла тоа се уверила дека некогаш тука навистина постоела црква.
- Црквата "Св. Богородица"била градена со голема љубов. Хаџи Трајко бил најголем дарител и нејзин прв ктитор.
- Постојат веродостојни податоци за тоа кога, од кого и како е градена "Св. Богородица". Комплетно ја изградиле тогашните врвни најдобри мијачки градители, фреско иконописци, копаничари-резбари од Мијачко: Папрадиште, Тресонче, Галичник, Гари и Осој, односно најдобрата градителска тајфа - прочуената фамилија Рензовци, денес Зографовци, кои кон крајот на XVII, во XVIII и на почетокот на XIX век биле познати како неимари, а најголем углед постигнал Андреја-Зограф. Минатото и активностите на овој рензовски род, како по јава во нашата културна и етничка историја, во поново време се многу интересни и важни.
Сликата%20“http://files.myopera.com/macedoniainpicsandmovies/files/sv_bogorodica_skopje.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
"СВ. БОГОРОДИЦА", КАТЕДРАЛНА ЦРКВА НА СКОПСКИТЕ МИТРОПОЛИТИ ИЗГРАДЕНА 1835 ГОДИНА
 
Сликата%20“http://files.myopera.com/macedoniainpicsandmovies/files/Renzovci.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
РЕНЗОВЦИ-ЗОГРАФОВЦИ МАЈСТОРИ: НИКОЛА, АНДРЕЈ, ЃОРЃИ И КОСТА
 
** Убав запис ке сретнеме и во подигнатата книга на интернет http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c30/c30crkvi.html - Животот во Скопје 1918-1941 ...
Црквата  “Света Богородица” била најголема и најимпозантна црква во градот.  Црквата се наоѓала  во најголемото  маало, Пајко маало. Според  Миленко Филиповиќ, црквата била изградена во 1835 година, а работата ја започнал уште во 1809 година  зографот  Дамјан.
- Типот на цркви на кои припаѓала црквата “Света Богородица” не бил многу редок, иако таа била градена според најстарите базилични цркви во Солун, Цариград и на приморјето.
- Хаџи Трајко бил првиот ктитор на црквата, а како спомагатели на црквата се споменуваат познатите скопски трговци: Јован Шишко кој подарил куќа и плац за изградба на храмот, потоа Трпе Патишкалија кој за таа цел подарил два дуќана, Петре Зелениковски подарил еден дуќан  и меана и др.
- Црквата била  градена од делкан камен од скопската околина. Од надворешната страна била скромна, просечен базиличен тип со три брода,  а  западниот дел  бил проширен со трем.
- Иако надворешноста на храмот била скромна, внатрешноста била складна и убава со богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на Светите Двери и богат архиерејски стол.
- Со материјалните средства на црквата “Света Богородица” и на добродетели од градот биле изградени две цркви  “ќерки” , а тоа биле црквите “Свети Ѓорги” и црквата “Цар Константин и Царица Јелена”.
- Во Соборната црква “Света Богородица” редовно се одржувала богослужба и црквата била најпосетена и најбогата. Реони на  црквата “Света Богородица” биле првиот дел на Ново маало, првиот дел на Маџир маало, Карадаг маало и Пајко маало.
- За време на Втората светска војна, црквата била запалена  од страна на бугарските окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен инвентар-иконостасот, олтарот и др.
- До Соборната црква “Света Богородица”, се наоѓала запуштена  црква, “Света Мина” која била изградена во 1902 година  ...
 
** Миленко Ф. Јовановиќ, “Православна Саборна црква Света Богородица у Скопљу”, (архитектура-Декорација-иконографија),стр.337-415 и стр. 415-423
 
** Вечер има неколку написи за старата црква  “Св.Богородица“ ...
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=141610&idg=7&idb=2186&rubrika=Skopje -
- Црквата "Св.Богородица" е изградена во чест на пресвета Богородица, која скопјани ја сметале за своја заштитничка.
- Уште во 1834 година општинскиот одбор при црковната општина во Скопје донел одлука дека треба да се гради катедрална црква "Св. Богородица". Најголем удел во нејзината изградба имал скопскиот трговец Аџи -Трајко Дојчиновиќ, кој за оваа цел успеал да ги придобие скопскиот митрополит Гаврил и турскиот великодостојник Авзи-паша. Во тоа време, за да можат христијаните да изградат црква, требало да добијат дозвола од турските турските власти во Скопје. Дополнителен услов кој требало да се исполни било и тоа земјиштето каде што ќе се подига црквата да биде свето. Но ливадата на левиот брег на реката Вардар, во Пајко маало, која скопјани ја избрале за локација каде што ќе се гради црквата, не била света. Тогаш Аџи - Трајко смислил ујдурма како да ја добие дозволата од турските власти. Тој заедно со уште неколку скопјани на ливадата ископале дупка, во неа ставиле неколку тули и мала икона од св. Богородица, зајмена од црквата "Св. Спас". Турската комисија, кога излегла не терен и извршила неколку ископувања, ги нашла тулите и констатирала дека на ова место има остатоци од стара црква и издала дозвола за градба.
- Градител на катедралната црква бил Дамјан Јанкулов, кој за време на градењето починал, па храмот го довршиле неговите синови. Црквата била изградена и осветена на 1 мај 1835 година, а внатрешното уредување следело по осветувањето на храмот.
- Пред крајот од Втората светска војна во 1944 година катедралната црква "Св. Богородица" била запалена од бугарскиот окупатор и целосно изгорела.
 
- http://www.vest.com.mk/default.asp?id=70351&idg=4&idb=1022&rubrika=Revija -
- Кажувањата говорат дека црквата "Св. Богородица" во Скопје, онаа што се наоѓала карши Македонската академија на науките и уметностите кај сегашната постојка на автобусите на Градски, на времето, во пусто турско, била изградена за само една година. Ја граделе, таа 1835 година и старо и младо, камен по камен, од рака на рака. Се според интрукциите на вештиот неимар Андреја Дамјанов. Одвнатре ја украсувале мајстори на фрескоживописот, а се мисли дека имало и икони од Дичо Зограф. Црквата за Скопје била мошне важна оти во неа имало словенско училиште во кое даскалувал и Јордан Хаџи Константинов - Џинот. Црквата по 110 години била урната - в час. Едни велат ја запалиле Бугарите, едни Србите, а еден историчар пак тврди дека е уништена кога сојузничките војски од Втората светска војна, враќајки се од Бари ги истуриле вишокот бомби баш тука. Врз Скопје, врз црквата "Св. Богородица", врз храмот на заштитничката на градот и на скопјани. Оттогаш тие сонуваат да си ја вратат црквата, на истото место и иста каква што била
 
- http://www.vest.com.mk/default.asp?id=19880&idg=2&idb=445&rubrika=Kultura - Иницијатива за возобнова на традиционалното закрилноиштво на Пресвета Богородица на Скопје уште во 1994 година стигнала пред Извршниот одбор на Собранието на Скопје. Иницијативата поминала пред Извршниот одбор на градското собрание, но никогаш не била ставена на дневен ред за гласање. Сега за 2002 година повторно се реактивира овој проблем, уште повеќе и со издавањето на публикацијата "Пресвета Богородица закрилница на Скопје" од Милан Порјазов, тогашен член на Извршниот одбор на Собранието на Скопје и еден од иницијаторите на предлогот.
- Во тоа време предлогот не стаса на дневен ред за расправа и гласање заради политичките состојби. Во ова нема ништо црковно, туку само сакавме да ја обновиме вековната традицијата на култот кон Богородица во Скопје. Знаете кои луѓе беа тогаш на власт и какви беа нивните ставови. Денес ако некој повторно го стави ова прашање пред Извршниот одбор можеби и ќе помине и ќе се изгласа. Јас дури и лично по издавањето на публикацијата го прашав градоначалникот Ристо Пенов дали ја прочитал. Тој ми кажа дека ја прочитал и дека му се допаднала. Го прашав што сега ќе правиме и дали може повторно оваа иницијатива да се обнови. Мислам дека сега има некоја позитивна клима и дека во нареднава година можеби ова прашање ќе се најде пред Градското собрание - вели Милан Порјазов.
Публикацијата "Пресвета Богородица закрилница на Скопје" што ја издаде Дирекцијата за култура и уметност всушност е материјалот подготвен од Порјазов проследен со предлогот доставен пред градското собрание
.




Replies:
Posted By: волан
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:52
Колку проверив нема сличен топик како овој ... молам ако имате некој линк за напис за Св.Богородица ... или слика која не е тука спомната дајте ги - да го збогатиме сеќавањето за старо Скопје ...

Однапред благодарам ...


-------------
волан


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:56
Да нема сличен топик волан Thumbs%20Up Но имавме една кратка дискусија во друга нишка (тие постови ќе ги префрлам тука) па можеби ти имаш некое објаснување за дилемата што ја имавме. Незнам дали си ја видел новата купола што е инсталираа на црквата. Некако воопшто не потсеќа на старата. Имаш ли некое објаснување за тоа или воопшто ја немаш видено новата купола?


Posted By: волан
Date Posted: 30-Jan-2008 at 18:59
Хм не сум ја видел ин лајф ... ја видов во денешен вечер ...
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146732&idg=8&idb=2285&rubrika=Makedonija -

Сликата од написот на Вечер од линкот погоре ... таа ми личи на рускиот стил на куполи ... со тој стил се врзува и старата црква ...

Нека ја едеитира некој друг мене не ми успеја


-------------
волан


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:04
Одлично сублимирано Волан, секоја чест Thumbs%20Up

Од сликата на возобновената црква одма се гледа дека направиле грешки во реконструкцијата. Релјефот на фасадата, како и бојата, не се како на старата црква. Се надевам дека ќе следи реконструкција и на фасадата да може да биде комплетно возобновувањето.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:06
Хм, сега кога јас ја гледам куполата на сликава во Вест и не изгледа толку различно... но во живо некако ми остави друг впечаток. Па мислев дека нешто побркале лончиња.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:06
А мене одамна ме копкаат оние триаголни прозорчиња... Колку што можам да видам ги имало и на старата црква. Прв пат гледам нешто такво на православен храм... Дали некој има некакво објаснување за ова?


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:15
Оваа црква, општо, многу не потсеќа на типичен православен храм, особено не на македонски. Нашите цркви во најголем дел се со византиски лик, и таква градба продолжила и во турското и денес, но се прават се повеќе исклучоци. Оваа црква баш има типичен турски изглед, не знам да се изразам стручно, но еве на пример , баш прозорите и кровот посебно ме потсеќаат на турската архитектра. Навистина не ја сметам за некакво велелепно здание, но е важно културно наследство поради Џинот и фактот дека бил соборен храм некогаш.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:19
naa vtorata slika pogore gledam imalo i drug hram pred mnt znae li nekoj poveke informacii za toa ?


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:23
Originally posted by mitatos

naa vtorata slika pogore gledam imalo i drug hram pred mnt znae li nekoj poveke informacii za toa ?


Јас не знам ништо освен дека може  да им текне и него да го обновуваат Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:25
@ La Linea

Во врска со претходните два твои поста. Јас колку што сум запознаен, кога османлиите конечно попуштиле пред притисокот и дозволиле подигање на нови цркви во втората половина на 19-ти век, сепак наметнале бројни рестрикции од архитектонски аспект. Затоа од тој период немаме нешто баш многу архитектонски вредно.

Тоа беше и една од причините поради која не бев баш голем подржувач на обновата по оргиналниот план. Исто така црквата многу лошо е поставена просторно... Мислам дека требаше пофлексибилно да го сватат возобновувањето. Кога веќе ја обновуваа, требаше да се потрудат да изгледа поубаво.


Posted By: волан
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:27
Од оваа Црква која била соборен храм и во која имало и голема библиотека ... хм ... Џинот изнел и продал многу стари оригинални црковни ракописи во Русија ... има записи за тоа ...

А еден дел и бугарите го однеле во Софија ... Зошто ја запалиле е вистинско прашање ??.

Имам еден итересен пост истражување за Македонските артефакти кои се расеани по светот а највеќе во Београд, Софија, Москва и некои други светски центри ... може евентуално да отворам нов топик за тоа тука ... и можеби навистина овој дел од форумот заслужува посебно место во главниот форум ...

Македонија има преку 6000 регистрирани археолошки наоѓалишта - од тоа неколку стотина значајни и за светската археологија  ... Цркви и манастири постари од 200 години сигурно се 150 (да не претерав ...) а богами има и доста Џамии (за тоа старите зборувам ... овие новиве Џамии и Цркви се некако одраз на бележење на територија ... и тоа страшно ме нервира ... но е реалност ...

Културното наследство на Македонија е огромно ...


-------------
волан


Posted By: волан
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:30
Митатос за другиот храм до св.Богородица ... Се работи за Св. Мина ... за неа за некој ден ке направам нов пост ... Таа црква едновреме била претворена во коњушница ... и не била и таа некое здание ... колку знам и таа не била премногу оштетена но и како Св,Констадин и Елена по земјотресот било одлучено да се сруши ...

-------------
волан


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:34
takva politika imalo za vreme na komunizmot sto da se pravi , nikoj ne moze ni poveke ni pomalku

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 19:41
Originally posted by pbanks

Хм, сега кога јас ја гледам куполата на сликава во Вест и не изгледа толку различно... но во живо некако ми остави друг впечаток. Па мислев дека нешто побркале лончиња.




Мислам дека ќе се предомислиш



1. Новата купола, можеби е направена од ист материјал - бакар, но различно е обработен. Оваа е финиширана со месинг мислам за да може да свети вака за разлика од старата купола што нема некоја посебна обработка. Ова многу го менува впечатокот

2. Формата на денешната купола е некако, по заоблена особено без крстот на врвот. И на денешната купола и недостасуваат оние мали сегменти, што се како крлушките на рибата. Важна работа е и тоа што воопшто ги нема вдблабнатите делови, релјефот, како старата купола. Формата на денешната купола е некако евтино заварена и воопшто не се потрудиле да го доловат истиот изглед.

Навистина изгледа ориентално, не се вклопува добро едно со друго.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:12
Деновиве некој нека испослика и нека постира па ќе може подобро да анализираме...

Во меѓувреме еве да ги архивираме овие две фотографии од изградбата. Ги сликав точно пред една година:

1


2



Posted By: dejan
Date Posted: 31-Jan-2008 at 01:50
Bravo Volan!ApplauseThumbs%20Up mnogu ubavo napishano, milinaSmile

I ako mozete, slikajte ja koga ke bide celosna izgradena se toa, koga ke ja osvetlat.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2008 at 23:15
Еве слика од денес... незнам што да кажам... во најмала рака просечно од архитектонска гледна точка... барем за мој вкус.




Posted By: dejan
Date Posted: 01-Feb-2008 at 02:11
Da, sega gi vidov slikite na MIA, jas ja sakam


Posted By: Supervisor
Date Posted: 01-Feb-2008 at 02:21

Црквата е просечна, меѓутоа најбитно е што делот се среди. Битна е и хуманоста и се надевам дека изградбата на вакви и слични проекти ке продолжи и во иднина. Инаку сметам дека храмот можеше да биде завршен за многу покус рок.



-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Nov-2008 at 07:00
 


Posted By: dejan
Date Posted: 25-Nov-2008 at 12:15
Mnogu dobra slika!!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Nov-2008 at 18:30

без навреда за верниците, но овие сателитскиве се за комуникација со бога?

(без навреда)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Nov-2008 at 18:42
а до џамиите демек нема сателитски Rollin

само да не забегуваме од темата


Posted By: dejan
Date Posted: 26-Nov-2008 at 00:36
Originally posted by гитардемон


без навреда за верниците, но овие сателитскиве се за комуникација со бога?

(без навреда)

Леле сеа ке видиш ти! И сите други ‘не верници‘ !Gunz

Се шаламBig%20smile хихи иначе ме изнасмеаSmile Ама тоа што е интересно е тие сателити фактички слушат за некој ‘глас‘ од небото..а? Wink


Posted By: beTon
Date Posted: 09-Apr-2009 at 21:57

Привршуваат подготовките за обнова на црквата спроти МАНУ
http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1243&stID=8183&pdate=20030813 - Опожарениот храм ќе почне да се гради на празникот Мала Богородица
 
 
Градежните зафати на Црквата ќе започнат на празникот Рожденство на Пресвета Богородица  
 
Црквата „Пресвета Богородица", која била опожарена за време на втората светска војна, ќе почне да се гради на старите темели на 21 септември на празникот Рождество на Пресвета Богородица, односно Мала Богородица. Оваа Црква, која била заштитничка на Скопје, ќе се реконструира во нејзиниот автентичен лик. Надлежните од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје, по изработката на идејниот проект работат на изготвување и на главниот проект. Работите од Заводот ги води архитектот Константин Димитров, кој потенцира дека околу статиката на храмот се вклучени и стручњаци од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија-ИЗИИС. Пред да се почне со реконструкцијата, работници од "Маврово" го расчистуваа теренот околу црквата за да се добијат вистинските премери на темелите на Црквата "Пресвета Богородица". Работите околу подготовките биле дополнително отежнати поради појава на темелите на некогашниот младински дом. Токму поради тоа, според зборовите на првиот човек на Заводот за заштита на спомениците на културата, рокот бил пробиен и тоа, пред се, бидејќи овие темели биле расчистувани рачно со кршење на бетонот. Архитектот Димитров вели дека е направен ископ од 2.000 кубни метри земја и биле исфрлени околу 200 кубици бетон. Реконструкцијата на опожарената црква "Пресвета Богородица" ќе се реализира со средства на донаторот Трифун Костовски и со пари собрани од верниците.

http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1243&stID=8183&pdate=20030813 - Утрински - 13.08.2003

Некогашната црква "Света Богородица" шест децении по изградбата не смеела да користи ѕвона

http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1493&stID=16592&pdate=20040608 - На богослужба се повикувало со дрвено клепало и клопотарци

Малкумина знаат дека на местото на "Света Богородица" постоела истоимена катедрална црква, која е изградена во 10 или 11 век, во која се наоѓала и чудотворната икона Превета Богородица Троерачица

 
Црквата "Пресвета Богородица" - нејзиниот првичен изглед

За една година скопјани по шест децении повторно ќе ја добијат Црквата која само најстарите ја имаат во сеќавање. Храмот на "Пресвета Богородица", заштитничката на градот, ќе биде исто така импозантен и убав, зашто реконструкцијата ќе се врши на старите темели и наполно ќе се запази автентичноста на Црквата која во 1835 година ја изградил Андреј Дамјанов со својата тајфа. Идејата за нејзината повторна градба е присутна со години, во меѓувреме имаше дилеми дали на просторот спроти МАНУ, на местото на старата црква да се изгради сосем поинаков, нов храм или да се реконструира. Дилемата ја пресекол бизнисменот Трифун Костовски, кој ќе ги донира средствата за изградбата, со еден единствен услов: на Скопје да му се врати црквата "Света Богородица", но со својот автентичен изглед! Проектантски тим, раководен од архитект Тодор Паскали се погрижи да нема отстапки во градбата, освен онаму каде што е неопходно - со вградување бетонски структури за статика и сеизмика на храмот. Надворешно ќе биде направена од камен, кој веќе е пронајден во околината на Скопје.

Малкумина знаат дека на местото на "Света Богородица", постоела истоимена катедрална црква која е изградена во 10 или 11 век. За оваа црква, постојат малку пишани документи, но од едно епископско писмо на папата Инокентие Трети од 1204 година се дознава дека во Скопје во тоа време постоел храм посветен на света Богородица. Според забележаната традиција на Света Гора и според кралската повелба на Милутин од 1300 година, во кој катедралната црква во Скопје постојано се нарекува "Света Троерачица", се смета дека во таа црква, по враќањето на свети Сава од патот во Светата земја, се наоѓала чудотворна икона на Пресвета Богородица со три раце (Троерачица), по која храмот и го добил името. Преданието вели дека оваа исклучително почитувана икона која сега се наоѓа во Хиландар, Свети Сава ја нашол во Ерусалим, ја откупил и и ја подарил на скопската епископска црква. Интересна е легендата за потеклото на оваа икона: таа му припаѓала на св. Јован Дамаскин (значи датира од 8 век) и во време на иконоборечките прогони на иконата со чудотворно дејствување, му пораснала десната рака, која му била отсечена во знак на казна затоа што со неа ги пишувал текстовите во одбрана на иконите. Св. Јован Дамаскин, во знак на благодарност за тоа исцелувавање, дал да се направи модел од сребро од неговата рака кој го приковал, како трета рака на таа икона. Оттаму, се вели, иконата го добила името Троерачица. Потоа, од Дамаск била пренесена во Ерусалим, каде што и ја нашол свети Сава.

Овој податок е само уште една потврда за важноста на црквата "Пресвета Богородица", за која се претпоставува дека датира од византискиот период, особено ако се има предвид значењето на чудотворната икона Богородица Троерачица, која и денес е меѓу попочитуваните икони.

Дали познатото мијачко градителско семејство Рензовци, кое ја почнало градбата на "Пресвета Богородица" во почетокот на 19 век, знаело за постоењето на некогашната катедрална црква е неизвесно. Она што е сигурно е фактот дека во тој период на Христијаните им биле дадени поголеми верски слободи, гарантирани со ѓулханскиот хатишериф и со Хатихумајунот издаден по Кримската војна, па црквата "Пресвета Богородица", за разлика од другите ниски, тесни и во земја вкопани скопски цркви, како "Свети Спас", на пример, била многу повисока и попространа. По смртта на својот татко, Андреј Дамјанов ја изградил црквата во 1835 година. Како заштитничка на градот, "Пресвета Богородица" била градена со многу љубов, зашто нејзиното име го добивале само катедралните храмови. Најголем донатор за градбата бил скопјанецот Хаџи Трајко, кој го дал и земјиштето, иако во натпреварот кој ќе даде повеќе се вклучиле и други градски богаташи, така што за едно деноноќие биле изградени темелите. Запишано е дека граделе сите - и старо и младо. Каменот бил носен од Водно, а девојките и жените им додавале малтер на мајсторите, зашто се градел најголемиот скопски храм.

Скопјанецот Хаџи Коста раскажувал дека околу десет години темелите стоеле голи, зашто локалните бегови ја спречувале градбата, а одобрението се чекало од Цариград. Во 1834 година дозволата е добиена, градбата била интензивирана, а осветувањето се случило на 1 мај 1835 година.

Во ретката ако не и единствена книга "Споменица на православниот храм" која сведочи за оваа црква, чиј автор е д-р Јован Хаџи Васиљевиќ, пишува дека до мирот склучен во Едрене во 1829 година не можело да се размислува за црковни ѕвона во областите на Скопската Митрополија, како и во други области под турско ропство. Дотогаш повикот на богослужба бил со удирање во дрвено клепало и железни клопотарци, кои стоеле обесени на столбовите пред црквата. "Пресвета Богородица", првото ѕвонче го чекала цели четириесет години. Еден доселеник-битолчанец и го дарувал во 1875 година, ама и со него не смеело да се ѕвони. Првото големо ѕвоно на скопската катедрална црква во 1904 година заеднички го купиле сите скопски еснафи, меѓутоа и со него не смеело да се ѕвони се до хуриетот во 1909 година, кога во Турција бил прогласен уставот и слободата. Но, и тогаш работите не оделе лесно. При подигнувањето на камбанеријата на "Пресвета Богородица", чија градба ја доби конечната форма дури во 1912 година, државната власт барала кубето и канбаната да бидат со иста височина.

Во книгата на Хаџи Васиљевиќ е запишано и тоа дека во комплексот каде што се наоѓала црквата имало и шест куќи од тврд, но како што вели, слаб материјал, седум меани, дваесетина локали со индустриска и трговска намена, три фурни за леб, четири плаца и други завештанија. Црквата била разубавувана во неколку наврати, а во фрескоживописот и во иконописот се препознавала лесната рака на Дичо Дебранецот. Многу убава била и резбата во која биле изработени Светите Двери, Иконостасот и Архијерејскиот Стол, а забележителни биле и двата Параклиса во "женската црква". До 1857 година во дворот на Црквата биле и гробиштата за овој дел од градот, кои потоа се преместени на друга локација. Сепак, во дворот на "Пресвета Богородица" биле зачувани гробовите на најголемиот донатор на Црквата - Хаџи Трајко, на Митрополитите Гаврил и Јоаким како и на скопските првенци Хаџи Димитрие и Јован Шишко. Интересно е што при истражувањето на локалитетот на кој ќе се реконструира некогашната Црква, биле пронајдени три гроба, кои и сега се гледаат, но никогаш не беше соопштено кому припаѓале.

Црквата е запалена во 1944 година од бомбите на сојузниците кои прелетувале од Бари за Романија. Останале само фасадните ѕидови кои биле урнати кон крајот на педесеттите, за тука да се изгради Младински дом кој бил урнат во земјотресот. Иако во оваа катастрофа настрада голем дел од градот, верниците уривањето на Домот го објаснуваа со наводното лутење на Богородица заради непочитување на традициите, на ова свето место да се изгради ново духовно светилиште на скопјани.

http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1493&stID=16592&pdate=20040608 - Утрински - Билјана Јовановска - 08.06.2004



Posted By: beTon
Date Posted: 09-Apr-2009 at 22:05

овој последниов текст од утрински мислам се разликува  поприлично од првиот текст во нишкава од вечер!

пример во текстот во вечер се вели дека дозволата е обезбедена со итрина, додека во овој на утрински се алудира дека навистина била возобновена средновековната Црква посветена на Пресвета Богородица. после во текстот на вечер се вели дека бугарите ја палеле, а тука дека сојузниците ја бомбардирале. исто ова дека Трифун пресекол околу изгледот при возобновувањето на Црквата  мислам дека е неточно, со оглед дека одбор за возобновување на Црквата постои десетина години претходно, и уште од тогаш целта е потполно возобновување  на Катедралната Црква, мислам дека на чело на одборот  бил самиот архитект Тодор Паскали...  



Posted By: Makedonij
Date Posted: 10-Apr-2009 at 17:50
Според мене убаво направено,но куполата на камбаната стварно е по за во Казакстан од колку За Скопје.Applause



Posted By: волан
Date Posted: 07-Jun-2009 at 18:39

http://volanskopje.blog.com.mk/node/226165 - „Пресвета Богородица“ Скопје, сега и некогаш ... "Presveta Bogorodica Skopje, sega i nekogaš ... фото и видео сторија ...


Пресвета Богородица Скопје - заштитничката на Скопје и скопјани има многу историја и мистика ... Првобитно изградена во 1830/1835 година по проект на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0_%D0%94%D0%B0%D0%BC%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2 - Андреја Дамјанов , проектант и градител на многу цркви од тоа време. Св. Богородица е изградена со итрина и донација на тогашните побогати православни скопјани, кои ја измолиле со итрина турската власт на локација на која и предходно имало црковен храм (9/11 век) да изградат нова Црква ... Хаџи Трајко е главен ктитор на таа црква ... Црквата добива и славна икона Св. Богородица Троеручица која сега е повторно на Света Гора ...

Црквата е запалена во 1944 годнина во едно бомбардирање на Скопје ... дел од спсениот иконостаст и икони се некаде во Бугарија ...

На ова место пред и по скопскиот земјотрес беше предвидено да се гради Младински дом ... но од мистериозни причини или поради слаба структура на градба/марка на бетон - домот се урива ... местото долго време стоеше празно - се до повторната иницијатива за враќање на заштитничката на Скопје и нејзино возобновување. Долго време таму имаше мало црквиче оклу кое на одредени празници се собираа скопјани.

Реизградбата на Пресвета Богородица - Скопје е ктиторско дело на фамилијата Костовски, која за многу кратко време ја возобнови ... повторно е осветена и свечено почнува со работа на 31.Јаноари 2008 година ...








Повеќе фотки на овој линк http://volanskopje.blog.com.mk/node/226165 - „Пресвета Богородица“ Скопје, сега и некогаш ... "Presveta Bogorodica Skopje, sega i nekogaš ... фото и видео сторија ...


-------------
волан


Posted By: Max
Date Posted: 04-Mar-2012 at 16:00
три панорами

http://www.flickr.com/photos/19005018@N00/2329669208/sizes/m/in/photostream/ - http://www.flickr.com/photos/19005018@N00/2329669208/sizes/m/in/photostream/

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=281&PID=110741#110741 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=281&PID=110741#110741

http://www.dental-tourism.biz/800px-Skopje-crkva.jpg - http://www.dental-tourism.biz/800px-Skopje-crkva.jpg

има ли некоја од оваа година


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-Nov-2015 at 00:06
Фотографии од внатрешноста од 1938

Архиерејскиот стол


Кралскиот стол


Десниот дел од олтарот


Левиот дел од олтарот


Скалите


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-Nov-2015 at 00:08
Горниот дел


Јужна страна


Олтарот


Олтарот


Северната страна


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-Nov-2015 at 00:10
Скалите, олтарот...


Олтарот


Западната страна


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа



Print Page | Close Window