Print Page | Close Window

Реонски Центар Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=185
Printed Date: 16-Apr-2024 at 13:48


Topic: Реонски Центар Аеродром
Posted By: Cloverstack
Subject: Реонски Центар Аеродром
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:04
Еве да ја документираме и изградбата на „Реонски Центар“во Аеродром. Еден дел од облектите се изградени, но како што може да се види од планот што го постирам, има уште доста за градење. Тука треба да биде и новата административна зграда на општина Аеродром (на аголот меѓу Бул Србија и Бул В.С.Бато). За жал инфраструктурата уште не е комплетирана и таа е предмет на политички игри и препукувања. На сликите можете да видите колку лошо изгледа околу зградите... Исто така и на сателитските снимки се гледа дека имало многу малце напредок кај инфраструктурата и уредувањето од 2005 до 2007.

Кај реонски (за разлика од расадник на пример), постои многу подобро осмислен план. На пример има неколку типови на згради кои се повторуваат и се обмислено распоредени. И квалитетот на зградите барем вака лаички ми изгледа подобар отколку оние кај расадник... Не дека реонски е нешто супер, ама чисто како споредба е далеку подобар... Ама тоа што станарите веќе направиле 300 доградби и импровизации ме извади од такт. Па нова населба е да ви се плукнам!

Еве го планот на населбата:
1


Состојба 2005
2


Состојба 2007
3



Еве и една дузина слики:
4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14




Знае ли некој што е ова побогу? Се рааботи за прилично голема бетонска градба која се наоѓа тука уште одамна... Не знам што да мислам... Дали можеби се работи за некакви подземни инсталации на поранешната држава?!?

15




Replies:
Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:13
ubav post ama mestovo e epten neuredeno ,park ova ona ;(

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:21
    Супер што го постираше овој дел Кловер Thumbs%20Up. Порано бев против изградбата на Реонски Центар, не знам зошто. Ама сега, после толку дивоградби и урбанистички хаос, некако ми легна при срце населбава. Сум имал прилика да влезам во една од зградите, во тие белите, како на 11 слика, и се пристојни во секој поглед. Распоредот на собите е одличен, домофонот(никогаш не научив како правилно се изговара и пишува) лифотот се е во ред од тој аспект.
    Но, пристапот до зградите е катастрофален, осветлување на делови нема, а само мал дел е асфалтиран, а ова е огромен проблем зима и есен кога се тоа станува огромен океан од кал.
   
 До пред некое време имаше огромен кратер, буквално можеше кола да падне внатре. Паркинг просторот сеуште не е убаво дефиниран и асфалтиран, па може да се види коли паркирани насекаде. Башка, има шахти што штрчат од земја, како цевката да излага од земја наместо да биде на ниво со патот, и на тоа многу гадно ја закачив колата. Wallbash
    А за тој бункерот не знам ништо, а дефинитивно е од поранешната држава. Само претпоставувам дека е бункер или некакво скривалиште.
   
    Од сликата гледам дека останува уште многу работа и не знам кога планираат тоа да го завршат кога уште не е се довршени некои работи. Просторот сеуште изгледа како градилиште. Општината знам дека спремаше хортикултурно да го уреди делот што гледа накај Видое Смилевски Бато, ама багерот само израмни и толку.
   

А не разбрав, зашто си против изградбата на општинската зграда?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:25
Originally posted by La Linea


А не разбрав, зашто си против изградбата на општинската зграда?


Кај сум кажал таква работа Question Question Question

Ај доста инсинуираш... и пред некој ден ме местеше за нешто ама не ми текнува за што Big%20smile


Инаку го памтите Бузле? Типот што викаше инсунирате, наместо инсинуирате... LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:31
Денеска на вести слушав дека поради влезот во НАТО се очекува голем скок во цената на становите, и поради тоа приватниците ги имаат повлечено становите од продажба, се до влезот во НАТО во април. И сега владата рекла дека ќе се активира повеќе на полето на изградба на државни станови. Ај ваљда ќе биде, зашто преку глава ми е да гледам приватни инвеститори како градат згради во секакви геометриски форми.


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:33
Originally posted by Cloverstack

Тука треба да биде и новата административна зграда на општина Аеродром (на аголот меѓу Бул Србија и Бул В.С.Бато). За жал инфраструктурата уште не е комплетирана и таа е предмет на политички игри и препукувања. На сликите можете да видите колку лошо изгледа околу зградите.



Лошо сум прочитал, немав намера да те инсинуирам. Big%20smile
Тоа беше за 3-те т.е. 4-те згради на плоштад. Сакав да кажам дека не ја сакаш многу Народна банка, т.е. мислиш дека маркицата беше погрешно поставена или нешто сл. Нема врска, не те местам више LOL


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:42
Мене ми се свиѓа Реонски центар како и воопшто Јане Сандански и Ново Лисиче. Само се згрозувам од оние интервенции на балконите, фасадите, поткровјата итн... Тоа се треба да иде во нишка урбано дивјаштво, па да иштампаме брошури и систематски да идеме да им ги кршиме џамовите или нешто слично... Идејава е комплетно идиотска но веројатно е уште поидиотски да помислам дека ако ги пријавиме случаите на надлежните ќе има интервенции (иако сигурно постои законска рамка според која тие не смеат да прават такви интервенции без дозвола).  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:45
У некои држави е забрането пружање алишта на тараса, а камоли вакви интервенции на изгледот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:45
Originally posted by lslcrew

У некои држави е забрането пружање алишта на тараса, а камоли вакви интервенции на изгледот.


знам... страшно Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 20:46


Баш ќе постирам попосле 3-4 слики во урбано дивјаштво...

Wallbash


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2008 at 04:30
Незнам дали е тука право место за ова, ако не преместете го. Почетниве цени за квадрат се  Cheers (2.5мил за Бисер и 1мил за реонскиот центар),се надевам дека конечно ќе го дотераат реонски со овие пари. Ме мрзи да барам сега да не знае некој  за колку го дадоа плацот кај рамстор и плоштад...? 
 

Парцелата спроти ТЦ „Бисер“ подготвена за продажба

Заврши уривањето на скалите и на платформата спроти Трговскиот центар „Бисер“, во населбата Јане Сандански, а градежниот шут и заштитната ограда се отстранети од местото. Теренот е израмнет и подготвен за изградба на новиот објект, соопштија од општина Аеродром. Во меѓувреме, Министерството за транспорт и врски распиша конкурс за учество во јавно наддавање за отуѓување на оваа градежна парцела со површина од 6.135 квадратни метри, на која е предвидена изградба на комерцијално-деловен објект.

Почетната цена на наддавањето е 25.000 денари за квадратен метар, а со секое следно лицитирање цената треба да биде зголемувана за најмалку 500 денари. - Право на учество имаат домашни и странски физички и правни лица, кои имаат доказ дека тие или нивниот основач изградиле или управуваат со најмалку еден комерцијално-деловен објект во последните пет години - вели Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски. Тој вели дека во објавата не е прецизирана висината на објектот, бидејќи детаљниот план за местото е во фаза на измени и дополнувања. Од општината Аеродром велат дека според измените, кои се пред усвојување, на ова место е предвиден деловно-комерцијален објект со висина од 25 метри.За најповолен понудувач ќе биде избран тој што ќе понуди најмногу. Рокот за пријавување е до 26 март, а јавното наддавање ќе се одржи на 1 април напладне, во просториите на Министерството за транспорт и врски.Министерството деновиве објави уште еден јавен повик за отуѓување на градежна парцела од 3.500 квадратни метри, за изградба на станбено-деловен објект во Реонскиот центар во Аеродром. Почетната цена ќе изнесува 18.000 денари за квадратен метар, а сумата при лицитирањето мора да се зголемува за најмалку 1.000 денари. Дозволената висина на објектот е 21 метар. Рокот за пријавување е до 4 април, а јавното наддавање ќе се одржи на 11 април.

 (А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7F3F5B32D6032B4390C45A2AA5F4B300 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7F3F5B32D6032B4390C45A2AA5F4B300
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2008 at 23:15

ВО РЕОНСКИОТ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ


Ќе се гради станбено - деловен објект


Во Реонскиот центар Аеродром ќе се гради станбено деловен објект на површина од 3 500 метри квадратни. Министерство за транспорт и врски веќе распиша конкурс за јавно наддавање, а пријавите за учество заинтересираните можат да ги доставуваат најдоцна до 4 април годинава.

-Јавното наддавање ќе се оддржи на 11 април во 12,00 часот, во просториите на Министерството за транспорт и врски, а почетната цена на земјиштето кое е во сопственост на државата изнесува 18.000 денари за метар квадратен, објаснуваат во Министерството. Оттаму потенцираат дека деталните податоци за градежните парцели, со извод од Деталниот Урбанистички План се објавени и на Интернет страницата на Министерство за транспорт и врски http://www.mtc.gov.mk/ - www.mtc.gov.mk .

Инаку, во тек е и јавно наддавање за уште една парцела во Општина Аеродром, спроти "ТЦ Бисер", каде почетна цена за метар квадратен е 25 000 денари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AF5AC60ADA303A4AB91C4C008E3054F2 - http://vecer.com.mk/?ItemID=AF5AC60ADA303A4AB91C4C008E3054F2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:15
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=37E4D24C31D1BF46833B9574A19C47DA - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=37E4D24C31D1BF46833B9574A19C47DA

Аеродром го уредува Реонски центар на сметка на Градот

Општинарите од Аеродром вчера најавија дека на сметка на Градот започнуваат со комплетно уредување на инфраструктурата во Реонскиот центар. Екипите на ГП „Гранит“ ќе почнат со асфалтирање на сите улици, по што ќе се изградат и тротоари, а ќе бидат поставени и нови линии за осветление. Планирано е да се преземат активности и за комплетно расчистување на сметот и шутот од јавните површини кои потоа хортикултурно ќе се уредат. Од Општината најавуваат дека наскоро ќе го доизградат и спортското игралиште во Реонскиот центар.

„Општина Аеродром презема обврска навреме да го информира Градот дека трошоците што ќе се направат за време на градежните активности околу доизградбата на комплетната инфраструктура, а за кои е надлежен Град Скопје, ќе бидат на сметка на Градот“, потенцираат од Општината. (Дс.Т.)



Posted By: ProMKD
Date Posted: 08-Apr-2008 at 01:59
Не знам што да се каже... огромно каснење со ова ама очигледно ќе има тука некаков спор (повторно) меѓу "надлежните". Важно жителите да го добијат тоа што им следува, улици и тротоари!! И тие се даночни обврзници како сите други жители на Град Скопје и срамота е тие да возат по кал а други по асфалт..


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Apr-2008 at 10:45
Се работи овдека доста, само не се приметува зашто е огромен проект.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:19

Градот нема да ги плати сметките за инфраструктурата во Реонски центар

Според градските власти, Тодоровски спроведува самоволие и неосновано уценува

Градските власти немаат намера да ги намират сметките за уредување на инфраструктурата во Реонски центар во Аеродром, за кои градоначалникот Кирил Тодоровски најави дека ќе им ги препрати откако претходно ќе ја светне новоизградената населба. Проблемот со недостиг од комплетна инфраструктура во Реонскиот центар трае речиси три години, а откако се формира Општина Аеродром, сите шанси за конечно решение речиси пропаднаа. Општината не сакаше да ја изведе инфраструктурата на своја сметка, сметајќи дека пари за таа намена, оние од комуналиите, веќе биле уплатени во Кисела Вода, која од непознати причини не ги вложила во Реонскиот центар.

Од Градот потенцираат дека ова не му е прв пат на градоначалникот на Општина Аеродром да работи спротивно на законите и си зема за право да презема активности на своја рака.

„Започнувајќи градежни активности кај Реонскиот центар, Општина Аеродром се обидува да ја суспендира веќе донесената програма за работа на Град Скопје. На овој начин, без законска основа, ги троши парите на граѓаните на Општина Аеродром и се обидува да внесе неред и самоволие“, се вели во реакцијата на градските власти, кои потенцираат дека немаат намера да ги прифатат самоволните одлуки на Општина Аеродром и нејзиниот обид за упад во надлежностите на Градот. „Градот најмалку од се' ќе прифати трошоци кои произлегуваат од уцена и самоволие на општината“, додаваат градските власти.

Инаку, од Општина Аеродром информираа дека во понеделникот екипите на ГП „Гранит“ почнале со асфалтирање на сите улици, по што ќе се изведуваат тротоари, а ќе се постават и нови линии за осветление.

Во рамките на планираните активности за Реонскиот центар, општинарите најавија и темелно чистење на сметот и шутот од јавните површини.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2A458C21D78F2D47B9E2A730719E7D26 - http://utrinski.com.mk/?ItemID=2A458C21D78F2D47B9E2A730719E7D26



Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2008 at 20:28
Највероватно се мисли на Реонски центар.

Започнува изградбата на станови за млади брачни двојки

Со поставувањето на камен-темелник за изградба на станбен објект во населбата Ново Лисиче, денеска започнува реализацијата на владиниот проект за изградба на објекти за млади брачни двојки.           

По тој повод премиерот Никола Груевски денеска во 14 часот ќе присуствува на настaнот, официјално е соопштено.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=28645&kategorija=2 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=28645&kategorija=2




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-May-2008 at 14:06
Да се евидентира

СЕ АСФАЛТИРА „УЛИЦА 2“ ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР „АЕРОДРОМ“

По едномесечниот прекин, деновиве, Општина Аеродром продолжи со асфалтирање на улицата „2“ во населбата Реонски центар „Аеродром“.

Улицата ќе се асфалтира во должина од 350 метри, а паралелно ќе се изградат и паркинг места за возилата. Градежните работи ги изведува градежното претпријатие „Гранит“.

Општина Аеродром апелира до граѓаните на Реонски центар „Аеродром“ да не ги паркираат своите возила покрај улицата „2“ за побрзо и полесно изведување на градежните работи, но и да се избегнат евентуални несакани последици, како на пример, уништување на возилата.





http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=777


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2008 at 00:25


Цел месец за ова Nuts

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=47D44F327047DA4EA698CCF6846F5568 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=47D44F327047DA4EA698CCF6846F5568

Асфалтирана улицата 2 во Реонски центар Аеродром

Изминатиот викенд заврши асфалтирањето на улицата 2, во населбата Реонски центар Аеродром, соопштија од Општината Аеродром. Асфалтирани се 350 метри, а се изградени и асфалтирани и паркинг-места за возилата. Градежните работи на оваа улица ги изведува Градежното претпријатие „Гранит“.Според планот на активностите, за во следната фаза е предвидено да се постави улично осветлуение и да се изградат тротоари.


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Jul-2008 at 21:55
ако биде некогаш завршен како што треба реонскиот центар би изгледал убаво
само една улица им треба многу време да ја асфалтираат упм (не дека е нешто мала ама пак)




-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Jul-2008 at 09:38

Реонскиот центар во Аеродром конечно почна да се урбанизира

Граѓаните побараа од градоначалникот Зибероски повеќе да се грижи за хигиената

Весна Дукоска

Жителите на Реонскиот центар Аеродром веќе неколку години чекаат да им се обезбедат основни инфраструктурни услови за живеење. Населбата во која живеат нема асфалтирани улици, улично осветление, паркови и клупи. Во зима жителите газат по кал и ги оштетуваат своите автомобили од огромните дупки, а летно време, пак, голтаат прашина која ја има насекаде околу зградите во оваа населба.

Минатата недела граѓаните од оваа населба се сретнаа со заменик-градоначалникот на Општина Аеродром Југослав Зиберовски, на која ги истакнаа своите идеи, предлози, сугестии и забелешки околу работата на Општината во оваа населба. Жителите од оваа населба најмногу се интересираа кога ќе заврши изградбата на инфраструктурата, прашуваа за партерното уредување, бараа да се постави урбана опрема и да се води постојана грижа околу хигиената.

„Неколку години веќе живееме во неурбанизирана средина, голтавме прашина и газевме по кал, бевме заборавени. Им благодариме на градоначалникот Зибероски и на вработените во Општина Аеродром што имаа слух за нашите барања“, ова беа дел од реакциите на засегнатите граѓани.

Зибероски им потврди на граѓаните дека уредувањето на Реонскиот центар Аеродром е приоритет на Општината и се' додека оваа населба не се уреди комплетно, нема да запрат активностите. Што се однесува до хигиената, сезонските работници ќе продолжат редовно да ги извршуваат своите активности, а во меѓувреме, ќе се постават и повеќе кошници за отпадоци, како и друга урбана опрема. По овие активности, Реонскиот центар ќе се уреди и хортикултурно.

Изградбата на инфраструктурата во Реонскиот центар Аеродром, како што најавуваат општинарите, продолжува да се изведува со зголемен интензитет. Во тек е асфалтирањето на една улица и изградба на паркинзи во ширина од околу 170 метри, а активностите ги изведува фирмата „Гранит“. Се гради и тротоарот од двете страни и на втората улица во должина од 300 метри со бехатон-плочки во црвено-жолта боја, а активностите ги изведува фирмата „Чингар“.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CB1B88F1F172DD459E88EABDA452ABC9 - Utrinski


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2008 at 01:43

ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ

Конечно тревници наместо шут и купишта земја


Во реонскиот центар Аеродром во план е изградба на бунар од кој би се користела вода за полевање на зеленилото во целата населба. Според надлежните во ЈП "Паркови и зеленило", кои деновиве остварија средба со надлежните од Општина Аеродром, ова е неопходно бидејќи се работи за огромен простор од 10 хектари, кој допрва хортикултурно ќе се уредува. Во моментот околу новите згради во оваа населба има купишта на шут и земја, како и диво изникната трева и грмушки, кои по сушењето во летниот период се потенцијална опасност од опожарување.
Од Општината потврдуваат дека веќе се испитуваат можностите и локацијата за негова изградба.
-Како што се градат сервисните улици, така ќе го отстрануваме шутот и ќе се рамни земјата, по што ќе се засадат тревници. Согласно со Деталниот план ќе бидат изградени плоштад, детски игралишта и паркови, а за да можеме да го очуваме зеленилото и во летен период, мора да имаме бунарска вода, велат во Општината. "Паркови и зеленило" и Општината деновиве договорија и реализација на повеќе други проекти. Еден од нив е и активирање на постоечкиот бунар на поранешната фабрика Конзерваекспорт во населбата Мичурин, со цел да се штеди водата за пиење. Деновиве ќе следи заедничка акција за сечење на сувите дрвја и гранки на територијата на целата општина кои се веќе маркирани и изброени, со цел да се избегнат несакани последици од евентуално нивно паѓање во случај на невреме. Исто така договорено е и уредување на зеленилото уништено од прекопите извршени од страна на кабловските оператори, како и полевање на дрворедните садници во општината.

http://vecer.com.mk/?ItemID=991B12A79BAAB34A92B75E16935478C4


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 21:12
WTF??

Ќе се гради нов стамбено-деловен објект во Аеродром
 
Утре во Министерството за транспорт и врски утре во 13 часот, ќе се одржи јавно наддавање за изградба на стамбено-деловен објект во општина Аеродром. Објектот ќе биде лоциран на градежно неизградено земјиште во сопственост на државата, кое со деталниот урбанистички план на општината е наменето за изградба на стамбено деловен простор.
Од Министерството за транспорт и врски не даваа подетални информации, за локацијата и површината на понуденото земјиште.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11972&mid=303&tabId=1&tabindex=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Aug-2008 at 21:21
Абе ќе си идеш и ќе видиш за што се работи, па ако ти фати око ќе си наддаваш

Crazy



Зошто ми мириса на нешто наместено а?


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Aug-2008 at 22:25
Ете епилог на најавената лицитација од пред два поста Cheers

Продадено земјиште за 875 милиони денари


Фирмата "Адора Инжинеринг" од Скопје е новиот сопственик на градежно земјиште со површина од 3.500 метри квадратни, кое се наоѓа во населбата Реонски центар Аеродром. На јавното наддавање, на кое учествуваа повеќе фирми и кое завчера се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски, таа имаше највисока понуда, односно земјиштето го купи за вкупно 875 милиони денари.
- Отуѓено е градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, со намена за изградба на станбено деловен објект. Локацијата на парцелата се наоѓа во општина Аеродром, поточно во Реонски центар Аеродром (Ново Лисиче). На јавното наддавање е постигната цена од 25.000 денари за метар квадратен или вкупно 875 милиони денари, потврдуваат и во Министерството за транспорт и врски.
Инаку, почетната цена за метар квадратен за ова земјиште беше 6 000 денари. Согласно Деталниот урбанистички план "Реонски центар Аеродром", градежната парцела е 3.500 метри квадратни, површината за градење изнесува 1048 метри квадратни, а висината до венец на објектот е 21 метар.
Од Министерството за транспорт и врски, потенцираат дека фирмата "Адора инжинеринг" треба во рок од две години да го изгради станбено деловниот објект. Ако не се испочитува рокот, земјиштето ќе биде вратено во сопственост на Република Македонија.






Posted By: vardar
Date Posted: 29-Aug-2008 at 09:11
 
Хммм  нешто утнале, ваљда мислат 87.5 милиони а не 875 милиони денари Roll%20eyes
 
Почетна цена по м2= 6.000
 
875.000.000 денари = 14.200.000 евра = 250.000 денари/м2 = 4065 евра/м2 Shifty
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 12:52


Да очигледно. 25000 / 61,5 = 406,5

Во секој случај солидна цена за периферија, јес да е добра локацијата Cheers


Posted By: vardar
Date Posted: 29-Aug-2008 at 14:34
 
Хммм, кловер шо имаше ти по математика???  Poke  Big%20smile 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 14:48
Добро бе печатна грешка Big%20smile


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Aug-2008 at 10:12
Без печатни грешки (ваљда) Cheers

„Андора инженеринг“ ќе гради станови во Ново Лисиче
Компанијата „Андора инженеринг“ беше избрана за најповолен понудувач на наддавањето за градежно неизградено земјиште, кое со Детаљниот урбанистички план „Реонски центар Аеродром“ е наменето за изградба на станбено-деловен објект. Земјиштето што беше во сопственост на државата, е со површина од 3.500 квадратни метри, а за него компанијата понуди 25 илјади денари за квадратен метар, или вкупно 87,5 милиони денари.

На лицитацијата, што се одржа во Министерството за транспорт и врски, учествуваа претставници од шест компании, меѓу кои и „Тинекс“, „Тим инженеринг“ и „Караорман“. Новиот сопственик на земјиштето, газдата на „Андора инженеринг“, Ванчо Чифлиганец, најави дека ќе го изгради објектот за 12 месеци.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0262B4C3919BE546933C2B62E043771B - Utrinski


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Aug-2008 at 10:25
Originally posted by vardar

Без печатни грешки (ваљда) Cheers

 
Сепак згрешив LOL 
 
Андора инженеринг не најдов али затоа има АДОРА инженеринг.
 
Страната е under construction http://www.adora.com.mk - www.adora.com.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Sep-2008 at 19:03

Почна изградба на станови за млади брачни двојки во Аеродром

петок, 12 септември 2008
 
Објектот кој треба да биде завршен до крајот на 2009 година, ќе биде на пет ката и поткровје со вкупно 56 станови, од кои 43 двособни, 12 трособни и еден еднособен
 
 
 
 

Во Реонскиот центар Аеродром во Скопје денеска е поставен камен-темелник за изградба на станбен објект наменет за млади брачни парови кој е дел од владината програма со која е предвидена изградба на шест објекти во Скопје со вкупно 321 стан.

На чинот на поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Ивица Коневски.

Објектот кој треба да биде завршен до крајот на 2009 година, ќе биде на пет ката и поткровје со вкупно 56 станови, од кои 43 двособни, 12 трособни и еден еднособен.

Од Буџетот на Република Македонија за објектот се одвоени 100 милиони денари.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=16418


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:30

Се асфалтираат улиците во Реонски центар „Аеродром“

Градежното претпријатие „Гранит“ почна со асфалтирање на улицата 6-4 во Реонски центар „Аеродром“, информираат од Општина Аеродром. Улицата е во долга 110 и широка 6 метри. Освен улицата, се асфалтираат и паркинзи што се наоѓаат од двете страни на сообраќајницата. Паркинзите се со ширина од пет метри.

По асфалтирањето на оваа, ќе се премине и на асфалтирање на улицата 3-1, како и на паркинзите на таа улица, во должина од 350 метри. Работите на таа улица ги изведува ГП „Пелагонија“.

Претходно, на овие улици се извршени сите подготвителни работи. Теренот е израмнет, поставен е слој од тампон, како и рабници за означување на коловозот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CBD035CE12CB4C45B78D685EDFAFB840

Отприлика до каде е ова готово. Уште колку слободни парцели има?!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Oct-2008 at 07:56

Никнува зграда на паркинг во Реонскиот центар

Станари од Реонскиот центар Аеродром вчера изутрината протестираа против изградбата на зграда на паркингот, кој тие го користат веќе две години. Револтираните жители од зградите 12 и 14а, на улицата Видео Смилевски-Бато повикале и полиција, бидејќи нивниот паркинг бил ограден и не можеле да излезат со своите автомобили.

- Узурпиран ни е паркингот што го изградивме со самопридонес. Полицијата направи записник и рече дека ќе побара изјава од општина Аеродром. Ни ветија дека паркингот ќе биде слободен се' додека не се испита целиот случај и начинот на продажбата - објасни жител од Реонскиот центар.Од општина Аеродром не' информираа дека станува збор за земјиште сопственост на фирмата „Тим инженеринг“, за кое сопственикот има уредна документација да гради објект.

- Куќните совети на четирите околни згради беа писмено известени за издаденото одобрение. Еден од претседателите на куќните совети дојде лично во општината, каде што му ја презентиравме документацијата - велат во општината.Од „Тим инженеринг“ ни рекоа дека им објасниле на граѓаните оти земјиштето го купиле. Вчера ни рекоа дека поседуваат градежна дозвола и оти имаат имотен лист уште пред една година.

Жителите деновиве најавија дека ќе протестираат и ќе ангажираат адвокат. Тие се сомневаат во заткулисни игри и велат дека ќе одат докрај.

- Како може да се продава место на кое е изграден паркинг, и тоа со наши пари - се прашува станар од соседството, кој сакаше да остане анонимен.Жителите ги предале во Уставен суд ДУП-от за Реонски центар со кој е предвидена изградбата на оваа зграда, а за кој немало јавна расправа и не им било овозможено да се изјаснат, и 15 детални урбанистички плана, за да се преиспита уставноста и законитоста на нивното донесување. Два од нив се во предлог-верзија, а 14 во нацрт-верзија. Иако иницијативата била поднесена на 21 март, Уставниот суд се' уште не се изјаснил.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3336A8847C338A47BDF311A4F64E2680

Сега пополека малце. Тука се можни две ситуации. Првата е да сака некоја будала да замеша прсти и да пренамени паркинг за зграда. Ваква ситуација ми е нелогична некој да прави вакви глупости кога веќе има миљарда слободни парцели. Второ и поверојатна ситуација ми е дека граѓаниве длабоко се заебале ако мислат дека ќе спречат да се изгради легален објект само поради што они така сакаат. Тоа ако некогаш дале пари за бекатон плочки не значи дека го купиле земјиштето под плочките. Тогаш кога се вселуваа арно им се виде, немаше никој околу нив, ама тоа нема да биде вечно така.

*Како ве граѓаниве така лесно дошле до ДУП-овите. Општиниве ѓи кријат, немој да не им ги изедам...


п.с. Можеби и требаше да биде во граѓанаски недоследности, ама тука го стаив пошто веќе имаме посебна тема.



Posted By: beTon
Date Posted: 09-Oct-2008 at 09:24

Originally posted by lslcrew

Второ и поверојатна ситуација ми е дека граѓаниве длабоко се заебале ако мислат дека ќе спречат да се изгради легален објект само поради што они така сакаат. Тоа ако некогаш дале пари за бекатон плочки не значи дека го купиле земјиштето под плочките. Тогаш кога се вселуваа арно им се виде, немаше никој околу нив, ама тоа нема да биде вечно така.

лсл ако излезат станари од две згради и бидат упорни па ја тераат работата со жив штит тогаш и премиерот да сака нема да ги истера и работите ќе се стопираат, слично бече со водоводот Вевчански извори и водоводот Патишка река или со стечајците, но ќе речам треба упорност и трпение па и ќе ја истераат работата по нивно, но незнам дали останал уште некој хардкор аеродромец кој ќе излезе на протести, бидејќи ми личи некако дека се повеќе млади бегаат од такви блокади и камери а со баби и дедовци полиција неможеш да додржиш па најверојатно ќе биде таа иницијатива налик држ недај чекајте градоначалникот да се врати на работа LOL да беше Киро  во акција сега ќе беше работата песна Cool или фестивал на серенади каде ќе се наредеа сите засегнати куќни совети...                  



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Oct-2008 at 12:12
Добро бетон очигледно стоиш на страна на граѓаните кои демонстрираат типичен школски пример за себичност. Сеуште не знаеме што точно е ситуацијата во детали а ти веќе зазема страна. Ако разбереме што се дешава стварно тогаш можеме да дискутираме темелно. Јас затоа и разработив два случаја.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Oct-2008 at 02:56
Во првиот пост во оваа нишка е приложен план на населбава.

Ако таа нова зграда не е зацртана таму, тогаш треба да убаво да се истражи кој и зошто ја вцртал и издал дозволи и  нормално да следат последици.

Ако таа зграда си била планирана од сам почеток, тогаш спомнатите жители што се бунат нека идат да се сликаат. Во таков случај доколку прават проблеми, си има полиција па нека ги превземе работите.

Баш толку е едноставно!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2008 at 22:41
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D29E1EA969B2EC4ABA1869CEA8969557

Асфалтирана улица во Реонски центар Аеродром

Екипи од Општината Аеродром почнаа да ја асфалтираат улицата 3-1 во Реонски центар Аеродром. Се очекува таа да биде комплетно завршена во следната недела. Коловозот на улицата е широк шест метри, а претходно, се направени сите подготвителни работи, теренот беше израмнет, се постави тампон-слој, како и рабници за означување на коловозот. На тротоарите на улицата 3-1 се поставени и бекатон-плочки. Покрај улицата ќе се асфалтираат и паркинзите.


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2008 at 15:50
Ова е спорната зграда која се гради во Реонски центар Аеродром, според жителите, на нивниот паркинг. Зградата, како и целата населба, се гради плански, и се е легитимно.



Еве видете сами




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2008 at 15:51
Ако не можете да го најдете, тоа е онаа маркица која се наоѓа во делот заокружен со сина линија, до шестоаголната зелена маркичка.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Dec-2008 at 21:44
Ви препорачувам повторно ја прочитате веста за реакциите на околните жители кон оваа зграда. Неверојатно е каква драма може да се направи кај нас за нешто што е неспорно и планско...

Ohno


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Dec-2008 at 01:31
Previous Ова ми е дефинитивно омилен дел!




Жителите деновиве најавија дека ќе протестираат и ќе ангажираат адвокат. Тие се сомневаат во заткулисни игри и велат дека ќе одат докрај.


А да им го посочиме сајтов на луѓево па да немора да плаќаат адвокат за џабе, мислам, полегитимно од ова неможе. Единствено они може да си го кркаат ако некој им се напне и ги тужи бидејќи граделе паркинг каде што не смеат....



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2009 at 00:23
Се чисти шутот од Реонски центар


По налог на стручните служби на Општина Аеродром, екипи на фирмата БИК трејд со специјални градежни машини го расчистуваат ридот од насобран шут и земја на локацијата зад маркетот Тедико во Реонскиот центар Аеродром. Од оваа локација, исто така, ќе се отстранат и бетонските блокови, откако прво ќе се искршат со машини.

Земјата и шутот кои се наоѓаат на оваа локација се товарат во камиони и се истураат во големата дупка што се наоѓа во населбата Реонски центар Аеродром. Според договорот склучен меѓу Општината и БИК трејд до крајот на овој месец во зависност од временските услови, се очекува локацијата да биде целосно расчистена од градежен материјал. Според пресметките, од посочената локација ќе се отстранат околу 2.600 кубици бетонски блокови и речиси 12.000 кубици шут и земја.

http://vecer.com.mk/?ItemID=42C8E5C0D8DF344299178898F706F13A


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Feb-2009 at 12:38
Се чисти ѓубрето во Реонски центар


Насобран шут и земја од локацијата зад маркетот Тедико во реонски центар Аеродром екипите на фирмата Бик трејд со специјални градежни машини го расчистуваат.
Исто така, од оваа локација ќе се отстранат и бетонските блокови, откако прво ќе се раскршат со машини.Земјата и шутот од оваа локација се товари во камиони се носи и истура во големата дупка што се наоѓа во населбата Реонскиот центар Аеродромм.

(А.И)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9957E75F569D3742B15856CC0085A341 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9957E75F569D3742B15856CC0085A341



Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Feb-2009 at 23:39
Привршува расчистувањето на Реонскиот центар


Нафрланата земја, градежниот материјал и шутот зад Тедико во Реонскиот центар Аеродром наскоро ќе биде целосно расчистен. На оваа локација во моментов се расчистува со специјални градежни машини, а земјата и шутот се товара во камиони и се носи и истура на локацијата каде што порано имаше голема дупка, исто така во населбата Реонски центар "Аеродром".

(А.И)



Единствената причина зошто го постирам ова е за да ја споредите претходната вест што ја постирал my Macedonia - каква креативност! За ден-два очекувам вест „Ѓубрето е исчистено“ а после 5-6 дена „Неколку дена како ѓубрето е исчистено“, и така натака... Квалитетно новинарство

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BAB718C9DE4C2049A8059E7FE0C290C8


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jun-2009 at 01:55

Аеродром ја губи шансата за општинска зграда

Советот на Општината ја потврди одлуката на поранешниот заменик-градоначалник Југослав Зиберовски, со која земјиштето каде што требаше да се гради новата зграда му е вратено на Министерството за транспорт


Додека не се изгради новата зграда, Општината Аеродром ќе работи како кираџија во ЗУС

Општина Аеродром ќе изгуби 300.000 евра странска донација за изградба на општинска зграда, зашто поранешниот заменик-градоначалник Југослав Зиберовски на своја рака, без одлука на Советот го вратил градежното земјиште на Министерството за транспорт и врски, кое им било доделено на користење на 99 години. Ова обвинување го изнесоа советниците од СДСМ на последната седница на Советот на Аеродром.

Министерство за транспорт и врски на 1 февруари 2006 година склучило договор со Општината за траен закуп на градежно земјиште во Реонскиот центар Аеродром. Според договорот, општината имала обврска во рок од една година да почне да гради општинската зграда, а, во спротивно, Министерството за транспорт и врски ќе им го одзело земјиштето. Советниците велат дека Зиберовски го вратил земјиштето, иако никој немал право самоволно и без одлука на Советот да одлучи такво нешто, без разлика што изградбата не почнала во утврдениот рок.

- Парите за изградбата на општинската зграда се обезбедени од фондови на Европската Унија и се строго наменски. Тие се се' уште на сметката на општината, но изгледа ќе мора да ги вратиме, оти сега нема за што да ги искористиме - вели Мирослав Недевски, член на Советот.Поранешниот градоначалник Кирил Тодоровски на Зиберовски за самоволната одлука му поднел и кривична пријава за злоупотреба на службената должност. Но, на седницата, по предлог на новиот градоначалник Ивица Коневски, мнозинството советници, кои припаѓаат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, гласаа за повлекување на пријавата. Тие изгласаа и одлука со која му го вратија земјиштето на Министерството за транспорт, со што ја потврдија одлуката на Зиберовски, со објаснување дека мининистерството ќе најде инвеститор што ќе ја гради општинската зграда.

Новото седиште на Општина Аеродром треба да се гради на раскрсницата меѓу булеварите Јане Сандански и Србија, кај новата пошта. Според проектот, општинската зграда ќе има четири нивоа - подрум, приземје и два ката, со вкупна површина од околу 11.000 квадратни метри. Таа е замислена како административно-деловен објект со модерен изглед, подземен паркинг и современо партерно уредување. За нејзината изградба се потребни пет милиони евра, поради што поранешната администрација на Аеродром бараше стратегиски партнер, односно инвеститор, кој би ја изградил за компензација во деловен простор. Во 2007 година општинарите го презентираа проектот на зградата на саем во Минхен, каде што беше оценет со најдобри оценки. Додека не се изгради новата зграда, Општината Аеродром ќе продолжи да работи како кираџија во Заводот за унапредување на стопанството (ЗУС).

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D2D965A54C6DF14CA2BBF3EC0712800F


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jun-2009 at 02:00
Чудно ми е зошто општината да не може да го направи истото што сега ќе треба да го прави министерството - да најде инвеститор за компензација во деловен простор. Со тие 300000 евра би можела да влезе како со влог и да направи поповолен договор.

Dunno


Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Jun-2009 at 02:06
Интересно, еве го рендерот , i јас овде можам да избројам повеќе од п+2. Или се работи за новинарска грешка(најверојатно), измена во оригиналниот проект или пак сакале да привлечат внимание во Минхен па морале да додадат неколку катови. А ако планирале да направат толкаво зградиче на таа локација, која и не е за потценување, тогаш добро што не градат.


Проектот за општинска зграда на Аеродром на саем во Минхен

Проектот за зграда на Општина Аеродром ќе биде презентиран на саемот за неподвижен имот „Експо реал 2007“ во Минхен, како еден од најдобрите проекти од ...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=10F91D8967ADD84599B0A3B1479B0A54

 (С.Н.)



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jul-2009 at 12:28
ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР
Дупките се полнат со земја

Екипи на фирмата „БИК-трејд“ деновиве ги пополнуваат отворените дупки и ја расчистуваат нафрлената земја, оставена за време на градењето на околните згради во Реонскиот центар „Аеродром“, соопштуваат од Општината. Локацијата во моментов се расчистува со специјални градежни машини, а земјата се товари во камиони, се носи и се истура во дупките настанати за време на градежни активности.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1752&ArticleID=117406



Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jul-2009 at 20:27
Во контекс на http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=203&PID=44034#44034 - муабетот од нишката за булевар Србија воочив нешто што според мене е маана предвидена со урбанистичкиот план. Проблемот е во тоа што на идната улица која почнува од раскрницата (41°58'50.31"N  21°28'8.52"E) и која обезбедува влез во реонскиов центар има всушност само еден пристап до внатрешност на реонскиов центар. Па така тој што живее да речеме овдека (41°58'50.89"N 21°28'14.42"E) за да стигне до дома ќе треба од раскрницата да вози се до овдека (41°58'41.86"N 21°28'28.24"E) и да го сврти пола маало.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Aug-2009 at 18:12
41°58'54.29"N 21°28'16.13"E






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2009 at 19:20
1


2



Posted By: se_manda
Date Posted: 23-Aug-2009 at 09:51
dobro e barem tuka ne preteraa so boite...a zgradava ne vi izglea deka mn brzo ja krenaa?!?!? 20 dena od posledniot update...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Aug-2009 at 13:20
Да ептен брзо. Освен ако на lsl не му била постара фотката, во тој случај нека каже да не се чудиме Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Aug-2009 at 13:30
Fotkata si bese od istiot den koga ja slikav!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Aug-2009 at 15:45

СЕ АСЛФАЛТИРААТ ПАРКИНЗИТЕ ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР „АЕРОДРОМ“

Во населбата Реонски центар „Аеродром“ деновиве почнаа да се асфалтираат паркинзите, а при крај е и изградбата на тротоарите на улицата „3“.

Откако ќе завршат градежните активности околу асфалтирањето на паркинзите и изградбата на тротоарите, Општина Аеродром ќе пристапи кон асфалтирање на улицата, односно ќе се постави втор асфалтен слој во должина од 350 метри.

Градежните работи ги изведува фирмата „Пелагонија инженеринг“, а средствата се издвоени од буџетот на Општината.


27.8.2009

Општина Аеродром

www.aerodrom.gov.mk


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Sep-2009 at 18:44
Зградава во рекордно време никна



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: kruno
Date Posted: 18-Sep-2009 at 14:34
A dali e mozno da se bara promena na DUP za RC Aerodrom, za delot ( 3 ) kade ima planirano dosta zgradi da se doizgradat ( uste 8 ). Bev do Opstinata i dosta ljubezni se vo pogled na uvidot vo DUP i za info, ama za promena ke prazam sledniot pat. Ima ideja od graganite da ima protesti no docna ke bide koga ke se prodade zemjisteto i se pocne so gradba.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2009 at 20:32
Добредојде круно

Гледам не се нафатил да одговори некој што можеби знае, па еве јас ќе дадам само мое мислење. Мислам тешко дека може да изборите таква работа, бидејќи не сум чул такво нешто да пројде ни во нормална процедура кога се носи некој ДУП и кога граѓани имаат и формално право да бараат измени, а камо ли нешто вака дополнително.

Околу самиот проблем искрено мислам и дека таквото барање не би било оправдано од две причини:

- Не сум сигурен кој е тој дел-3, но гледајќи го ДУП-от генерално, во споредба со други плански населби, РЦ не отскокнува нешто особено со густината. Би било убаво да имаше поголема централна зелена површина но сепак... а доста од објектите што го пополнуваат просторот (и тоа оние по површина најголемите) се ниски. Исто така, трите големи маркици за образовни објекти сигурно нема да бидат ни од далеку целосно пополнети, па ни во конечна фаза РЦ не би бил нешто посебно пренатрупан.

- Населбата е планска и досега се градела според тој план. Мислам дека не само што е лошо да се претура планот, туку и не е коректно да се поставуваат такви барања. Неприфатливо ми звучи некој свесно да купи стан во таква планска населба, а „пост фестум“ да се заклучи дека имало зацртано премногу објекти и да се бара бришење на тие што сеуште не се изградени.

Очигледно си жител на населбата и си директно засегнат, но се надевам дека нема да ми замериш за ваквото гледиште кое е пред се принципиелен став кој го имам за секоја ваква и слична ситуација.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2009 at 20:46
Јас сум на линија со Кловер, а можеби имам и некој поригорозен став околу ваквите барања. Не само што сметам дека се некоректни, туку сметав и дека се кјрајно себични. Едно е да дополнително се вцрта зграда како што деновиве се случува во дебармаало или слични случави, но вакви вакви населби вакво барање заслужува...па би рекол и осуда.


Posted By: Max
Date Posted: 18-Sep-2009 at 20:54

порано цело ново лисиче со душа чекаше да урбанизира се одоколу како би изостанала перцепцијата за него како источно предградие од оваа страна на вардар, а сега народ бара се да си остане по старо... инаку колку за информација Ново Лисече е населба со најмногу зеленило ако се иземе сега моментот со Плоштадот на Тоше

а дека сега откако е донесен дупот може нешто да се смени тоа не ми се верува! особено не ако се има предвид дека општината се храни од приходи на основ на комуналии па и продажба на земјиште...



Posted By: kruno
Date Posted: 23-Sep-2009 at 10:54

Јасно не е можно бришење на маркица, мислев на проблемот со паркирање кој ќе се појави во иднина околу блок Б3 ( или плански опфат Б3 ) каде што се планирани уште 8 државни станови од 8 ката ( 1 повеќе од досега изградените ) и коишто се без подземни паркинзи (поефтина градба и без деловни простории на приземје ). Нели и сега има проблеми со паркинг место, се паркира по средната лента како и покрај тротоарот од предвидениот парк каде што не е дозволено.

Дали државава ќе  продолжи да гради на овој простор и кога или ќе има промени немам информација досегапродажба на земјиштето на приватен инвеститор - посакувано на странец ), бидејки веќе почна да гради во Индустриска 5 згради. Нормално подобро е побрзо да се доизгради.

Za RC A e predvidena gradba od dr`avata na slednive lokacii:

4.1 ; 4.2 ; 4.3 ; 4.5 ; 4.8; 4..9; 4.10; 4.11  zgradi

5.5; 5.7; 5.8  ?

1.10; 1.7; 1.4  deloven prostor 

 

Inaku ovoj DUP e nekolku pati promenet и дополнet, nekoi izmeni se  ukinati od Ustaven sud.

 

Минатата седница на о. Аеродром имаше Предлог-Одлука за измена и дополнување на Детален урбанистички план за локалитет Индустриска зона за дел од Урбана единица В  Блок 7 и 8 ( спроти висококатницата-те )! Prethodno donesen nepoln mesec.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 20:27
Што станува со паркинг просторите кои што уште не се изградени? Доколку ни тие не се доволни, веројатно може да се интервенира. Бројот на паркинг места се проектира по нормативи и изготвувачот на ДУП-от е законски обврзан да ги испочитува стандардите, па ако има пропуст има и основа за менување на планот. Но сепак збориме за хипотетичка ситуација (освен доколку не располагаш со информација дека и кога населбата ќе биде завршена, сепак ќе има недостаток на паркинг места според стандардите). Во таков случај мислам тешко дека би се бришеле маркици за објекти, веројатно надлежните би збутале нови паркинзи и каде што треба и каде што не треба...

Во секој случај ако одиш во општина да прашаш како што најави, сподели каков став ќе произлезе од нив  Smile


Posted By: Cifra
Date Posted: 27-Sep-2009 at 19:22
Originally posted by kruno


1.10; 1.7; 1.4  deloven prostor


У верзијата што беше на увид у мај стои вака

1.4; 1.7
б1-мали комерцијални единици
б2-големи трговски единици
б3-големи угостителски единици
б4-деловни дејности

За 1.10 стои домување као основна намена со 80-95% и остатокот е за мали комерцијални



5.5; 5.7; 5.8  ?


Овие три не можам да ги најдам у таа верзија а мислам дека е последна. Не знам дали стигнала до совет на општина. Иначе има од 5.1 до 5.5


Posted By: Cifra
Date Posted: 27-Sep-2009 at 21:46
Јас се извинувам за 5.5 како што и сам кажав ја има во планот
Просторот е наменет за паркинг на површина плус подземен


Posted By: Дуле
Date Posted: 27-Sep-2009 at 23:40
Едно прашање имам до ЛСЛ, се работи за неговиот пост бр. 39 каде што го има постирано планот за населбава. Кажи ми вака како што ја гледаш мапава, скроз десно тој булевар каде ли оди потоа? Така е направено само или е нешто замислено дека ќе има таков булевар понатаму каде што моментално се наваџаат милион куки скоро пола градени без градежни маркици? и ако забележиш кај Б7 кружниов тек???? Просветлиме те молам !!!


Posted By: Дуле
Date Posted: 27-Sep-2009 at 23:54
Јас како жител на Ново Лисиче, информации имам кој што ги слушам веќе 20 години дека булеварот Видое Смилевски Бато на крајот нели врти лево и почнува булевар Февруарски поход. Е планот порано бил дека освен тоа што ќе си вртел лево, требало тој булевар да продолжи уште право и да иде и да иде ида иде и да иде тек на стариот автопат да се спојува така некаде. А целиов овој предел односно Ново Лисиче и реонски центар порано се користеле како места за ископување песок во време на Југославија, имало огромни кратери кој што се исполнувале со вода и така и некој се останати, све било ниви немало ама баш ништо. Резултатот е што 3те сиви кули во Ново Лисиче, едната од нив така се зборува веќе се години дека е крива, мислам со голо око не се гледа но е, и пак истакнувам големо е присуството на подземни води!!! дај боже као што треба Реонскиот центара пример доколку би било можно делови и од лисиче да се напраат со згради, нели по принцип руши ми ја куќата и дај ми неколку стана али видиќемо ))


Posted By: kruno
Date Posted: 28-Sep-2009 at 12:43
Za ovie markici ima objaveno tender za idejni proekti ili kako se vika ( prethodno za geomehanicni ispituvanja ) preku biro za javni nabavki. 
4.1 ; 4.2 ; 4.3 ; 4.5 ; 4.8; 4..9; 4.10; 4.11

5.5; 5.7; 5.8

1.10; 1.7; 1.4

Planot na Web i onoj vo Opstina se razlikuva ima dodadeno poveke markici (jugo istocen del ).

Problem im e i novata raskrsnicata na bul. Srbija (megu Bato i 3ta ). Mozno e da ne se realizira sega! Zavisi sto odlucile so sosedniot plan za UE B ( ima promeni ).

Isto i za uciliste osnovno ke ima tender ( no za sl god, ako ima pari od budzet ) 

Inaku kade sto treba da bidat ucilistava porano a del i sega e ogromna dupka (delumno popolneta so sut) dosta pod nivoto na izgradeniot trotoar i ulica. Neznam dali e dobro za gradba na gradinka i osnovno, predvidena gradba P+1.



Posted By: kruno
Date Posted: 28-Sep-2009 at 14:47
Prethodno spomenatie objekti ke se realiziraan. Denes na sednica ke pomine zakon za zadolzuvanje od stranstvo. Iako za socijalni nameni, no ke se vraka od prodazba na deloven i stanben (t.n. komercijalni ). Za planski opfat B3 nema nitu ideja zasega .


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Oct-2009 at 15:52


Posted By: kruno
Date Posted: 04-Nov-2009 at 11:34

Нема да има раскрсница на бул.Србија (проектирана по ДУП ), но конечно денес ќе реализираат обичен излез-влез за реонски.



Posted By: kruno
Date Posted: 12-Nov-2009 at 15:39
Од општинава за промена на ДУП.
Може да се бара промена на ДУП, но секој ДУП да е во согласност со ГУП ( како што рекоа ДУП е само пресликан ГУП - нормално со детали ) . Е сега тој што бара промена да ги плати трошоците, значи битно е да се плати за изработка на нов план. Ако бараат граѓани очекуван број 100 жители, но најчесто инвеститорите и сопствениците на КП бараат промени-измени.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 22:55
Originally posted by kruno

Ако бараат граѓани очекуван број 100 жители
Не сум сигурен дали те разбрав. Бараат 100 граѓани да бидат зад барањето за потенцијалните промени да можат да се разгледаат и да влезат во процедура?


но најчесто инвеститорите и сопствениците на КП бараат промени-измени
Што е КП?


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Nov-2009 at 23:02


Катастарска парцела


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Nov-2009 at 19:56
1.


2.


3.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: se_manda
Date Posted: 18-Nov-2009 at 01:41
dali gi primetuvate stolbovite na sred terasa na ovoj blokov na poslednata slika?!?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2009 at 20:37
Одлична вест, потребата беше буквално очајна

СО ДОНАЦИЈА
Ќе зазелени Реонски центар

Министерството за животна средина и просторно планирање донираше 175.300 денари на Општина Аеродром за изградба на парк и на зелени површини на нејзина територија. Како што информираат од Аеродром, Советот донел одлука средствата да се наменат за засадување на зеленило во Реонски центар во Ново Лисиче, простор којшто последниот период се урбанизира со засилена динамика. - Овие средства нема да бидат доволни за целосно озеленување на Реонскиот центар, но ние како Општина сме подготвени да издвоиме пари колку што е потребно - велат од Општината.

Е.М.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1893&ArticleID=129116


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2009 at 11:10


Posted By: Stefano
Date Posted: 18-Dec-2009 at 22:36
Да се надоврзам на Cloverstack за одличната вест, не само на реонски центар буквално цело Скопје е гладно за зелени делови, постојат огромен број површини кои се користат како калливи паркинзи, мини депонии, остава за градежен шут и забаталени тревни површини. Едно такво место беше позади Рамстор кое се користење за неплатен паркинг со кал до колена, но сега е уредено со дрвца, патека и засадена трева и заградено со табли од НЛБ Тутунска банка. Убав потег, се надевам секој инвеститор во било кој дел од градот за било каков објект во иднина ќе внимава и на околината.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jan-2010 at 03:02
Еве апдејт што вклучува и нови и постари објекти, да го документираме напредокот на населбава генерално

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jan-2010 at 03:03
11


12


13


14


15


16


17


18


19


20



Posted By: Мартин
Date Posted: 19-Jan-2010 at 04:04
Колку само подобро би изгледале без поткровјата.


Posted By: Dragan
Date Posted: 19-Jan-2010 at 12:17
прашањето ми е дали тие некогаш не целосно ама еве 80% би се населиле ?

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2010 at 16:30
Кога останал празнен стан у Скопје, па и на другиме места?! Како воопшто може да остане празен, па не се прави џабе. Каков ти е овој сомнеж?!


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Jan-2010 at 16:38
ми се сопаѓа зградата на 16,17 сама по себе, но имам замерка за нејзината поставеност во однос на другите згради во околината, на пример во Јане Сандански и Ново лисиче межу зградите постои некоја симетрија и со тоа е некако поорганизиран просторот и има доволно место за се и секого, а тука зградите се некако расфрлани насекаде
поткровјата мислам дека тука не се проблем, кога се работи за една ваква населба и за станбени објекти


Posted By: Sale SK
Date Posted: 21-Jan-2010 at 01:53
Originally posted by lslcrew

Кога останал празнен стан у Скопје, па и на другиме места?! Како воопшто може да остане празен, па не се прави џабе. Каков ти е овој сомнеж?!


Vo Tetovo ima mnogu zgradi koi se celosno prazni.Izgradeno e mnogu povekje od potrebnoto poradi dvata univerziteta(za izdavanje),ama matematikata ne izlegla dobra.


Posted By: axel
Date Posted: 05-Feb-2010 at 09:06
Нова зграда за млади брачни парови во Аеродром

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/67706/Nikola_Gruevski.jpg">

Претседателот на Влада, Никола Груевски,  во петок ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новоизградената станбена зграда за млади брачни парови во општина Аеродром, најавуваат од владината прес служба.

Груевски ќе биде придружуван од градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски и од директорот на ЈПССДП, Владимир Бахчовановски.

Станбениот објект е лоциран во населбата Реонски Центар, Ново Лисиче.

                                                                                                                                                     http://www.time.mk/read/NONE/b9e8132b79/index.html   



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2010 at 17:40
Ре­он­ски цен­тар то­не во кал

Единс­тве­ни­от пат кој во­ди до згра­ди­те во но­ва­та на­сел­ба во Ае­род­ром е од зем­ја, па по­ра­ди чес­ти­те вр­не­жи, де­но­ви­ве тој ста­на ка­фе­а­ва ре­ка ко­ја се раз­леа ду­ри до нив­ни­те вле­зо­ви и бук­вал­но ги бло­ки­ра жи­те­ли­те. Од дла­бо­ки­те ви­ро­ви од кал не мо­же ни­ту да се оди ни­ту да се во­зи, се жа­лат жи­те­ли­те

Жи­те­ли­те на но­ва­та на­сел­ба Ре­он­ски цен­тар во Ае­род­ром се заг­ла­ве­ни во кал до ко­ле­на. Единс­тве­ни­от пат кој во­ди до згра­ди­те е од зем­ја, па по­ра­ди чес­ти­те вр­не­жи, де­но­ви­ве тој ста­на ка­фе­а­ва ре­ка ко­ја се раз­леа ду­ри до нив­ни­те вле­зо­ви и бук­вал­но ги бло­ки­ра.
А за­вр­не, се жа­лат жи­те­ли­те, на се­кој агол во на­сел­ба­та се пра­ват дла­бо­ки ви­ро­ви од кои, ве­лат тие, не мо­же ни­ту да се оди ни­ту да се во­зи. Един­ствен на­чин за да ста­са­ат до до­ма, а да не се на­мок­рат, е со чам­ци, ре­вол­ти­ра­но ка­жу­ва­ат та­мош­ни­те ста­на­ри.
Мал­ку ас­фалт има са­мо пред вле­зо­ви­те, но би­деј­ќи за да дој­дат до не­го жи­те­ли­те тре­ба да се про­би­јат низ дла­бо­ки ка­лиш­та, ре­чи­си и ка­ко да го не­ма.
И ко­га е су­во, жи­те­ли­те не се ра­ат би­деј­ќи, ка­ко што ка­жу­ва­ат, се ду­шат во пра­ши­на ко­ја се кре­ва на си­те стра­ни.
"Не­ка из­ле­зат над­леж­ни­те да ја ас­фал­ти­ра­ат це­ла на­сел­ба, а не са­мо де­ло­ви би­деј­ќи, по се­кој дожд, ние то­не­ме. Сра­мо­та", ве­лат ае­род­ром­ци.
Проб­ле­мот со поп­ла­ве­на­та на­сел­ба бе­ше те­ма на раз­го­вор и на пос­лед­на­та сед­ни­ца на Со­вет. Со­вет­ни­ци­те по­ба­раа гра­до­на­чал­ни­кот да го ас­фал­ти­ра прис­та­пот до на­сел­ба­та и да им ги скра­ти ма­ки­те на жи­те­ли­те со кои се­кој­днев­но се со­о­чу­ва­ат.
"На­вис­ти­на има проб­лем во Ре­он­ски цен­тар, и пла­ни­ра­ме да го ре­ши­ме што по­бр­зо", од­го­во­ри Ко­нев­ски.
Ре­он­ски цен­тар се гра­ди ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни. Пред не­кол­ку ме­се­ци во на­сел­ба­та бе­ше пуш­те­на во упот­ре­ба згра­да­та за мла­ди брач­ни па­ро­ви, а во тек е из­град­ба­та на дет­ска гра­дин­ка.

http://vest.com.mk/?ItemID=AB1390B2A987B2478D0509C0C066C93A

Не е точно дека единствениот пат не е асфалтиран. Од кај В.С.Бато едниот од двата влеза е со асфалт. Од страна на бул. Србија влезот единствениот не е асфалтиран, ама господата ги мрзи да заокружат сто метра, па шират невистини. Неблагодарно е да се зборува вака во ситација кога се гради булеварот и кога еве денеска приметив дека во рамките на булеварот е опфатен и влезот према населбата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2010 at 23:18
ГРАЃАНИТЕ ОД РЕОНСКИ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ РЕАГИРААТ
Објектите се ѕидаат врз градежен отпад

Елена Мачевска

Огромни купишта од шут се создаваат на секој чекор во Реонскиот центар во Аеродром, реагираат жителите што живеат во околните згради. Според нив, од секој нов објект што се гради во нивна непосредна близина, градежниот отпад се фрла на тоа место затоа што на тој простор има ископано дупки поради изградбата на нови згради во овој дел од општината. Реонскиот центар до пред извесно време беше едно од најзапуштените места во општината и во негово заживување многу малку се инвестираше. Сепак, во последниот период на тоа место се градат огромен број станбени згради, а од страна на Општината на овој простор е најавена и изградба на зграда на општинската администрација, основно училиште и градинка. Поради ваквата градежна офанзива која владее во центарот, како што тврдат надлежните, тешко може да се контролира исфрлањето на целиот градежен отпад што секојдневно се создава. Сепак, граѓаните сметаат дека надлежните институции треба да воведат ред околу создавањето на дивите депонии кои се строго забранети. - Секој ден се натрупуваат се поголеми количества шут. Мора надлежните да ја решат ваквата состојба што е можно поскоро затоа што после наместо да го исфрлат создадениот шут, истиот се рамни и на него никнуваат нови објекти - вели жител од Реонскиот центар. И од Општина Аеродром не негираат дека на тоа место се насобира шут. Тие само кратко ни одговорија дека на посоченото место во Реонски центар Аеродром, шутот кој се насобира во последниот период се рамни бидејќи теренот се подготвува за изградба на основно училиште во согласност со проектот, во соработка со Министерството за образование. Во меѓувреме се прават и геомеханички испитувања на носивоста на теренот. Од ЈП „Комунална хигиена“, пак, не знаеја да ни кажат дали закопувањето на градежниот шут, односно неговото мешање со земја, е дозволено и тоа на места каде што подоцна е предвидено да се гради. - Немам информации дали шутот може да се срамнува со земја, односно дали тоа е дозволено. Инаку, строго е забрането да се создаваат диви депонии од градежен шут. Ваквите остатоци од градежни материјали задолжително мора да се носат на депонијата „Дрисла“ - вели Катерина Лаова, портпаролка на ЈП „Комунална хигиена“. Таа вели дека иако сите граѓани знаат дека исфрлањето шут на недозволени места е казниво со закон, сепак ретко кој ги повикува комуналните екипи да го соберат создадениот отпад. За расчистување на дива депонија создадена од градежен отпад, екипите на ова комунално претпријатие наплатуваат по 1.080 денари за товарен кубен метар. Во Законот за јавна чистота, пак, јасно стои дека е забрането фрлање градежен материјал, како и палење, закопување и уништување на истиот. Доколку Законот се прекрши, следуваат казни од 1.000 до 2.000 евра за фирма, како и за трговец-поединец, а за граѓаните кои фрлаат шут на недозволена локација е пропишана казна од 50 евра.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1968&ArticleID=136322


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2010 at 00:43
Видете сега, знаеме сите дека јавната чистота во поглед на гардилиштата е на ниско ниво, но и овие граќани мора да бидат свесни дека се вселиле во населба што сеуште е во изградба и уште доста години ќе биде. Се работи за урбанистички незаокружена населба па дури и да живееа во таква повторно одвреме на време ќе се јават вакви појави. Мора да се искорени таа себичност кај нас што владее, "јас се вселив и сега гајле ми понатаму, мене мирна глава да ми биде."


Posted By: davce99
Date Posted: 17-Mar-2010 at 22:41
Decki abe imate informacija koga ke gi prodavaat ovoa stanovite za mladi brachni parovi pomina povekje od mesec dena kako objavija a i ednata zgrada e zavrshena a aber nemaOhno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Mar-2010 at 19:36
Originally posted by davce99

Decki abe imate informacija koga ke gi prodavaat ovoa stanovite za mladi brachni parovi pomina povekje od mesec dena kako objavija a i ednata zgrada e zavrshena a aber nemaOhno


Дали се работи за овие:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=630&PID=61771#61771 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=630&PID=61771#61771

?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2010 at 19:43


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Mar-2010 at 20:33
Според мене е пристојна. Ми се допаѓа.


Posted By: lupo
Date Posted: 28-Mar-2010 at 22:04
Fossil zar so vakvi zgradi treba da bideme zadovolni, spored mene ova e zgrada radi reda


Posted By: SpaceAge
Date Posted: 28-Mar-2010 at 22:27
Nisto novo vo gradeznistvoto,isti zgradi ko pred 30 godini samo malku posareni.Skapi bez kvalitet ,dali moze nekoj da mi objasni kako e so izolacija vo vakvi novoizgradeni zgradi.


Posted By: Baze
Date Posted: 29-Mar-2010 at 15:15

Па во врска со изолацијата на ново изградените згради можам да кажам дека се слаби, нормално не сум ја проверил на сите згради, но претпоставувајки од нивните инвеститори кој за да заштедат на пари ставаат или воопшто не ставаат некоја квалитетна изолација. Во една зграда становите се преградини со гипс картон така да изолацијата гледано од термички и од звучен аспект беше сиромашна, повеке мојата монтка има изолација отколку тие преградни ѕидови.



Posted By: kruno
Date Posted: 30-Mar-2010 at 13:33
najaven e oglas za utre sreda 31.03.10!


Posted By: kruno
Date Posted: 30-Mar-2010 at 13:42
 za stanovite za mladi   najaven e oglas za utre sreda 31.03.10
zgradava  ima megu stanovite i kon hodnik sendvic sid so tervol 3cm, nadvoresno demit 5cm,(da bil 10 moze podobro )
 Ima li nekoi standardi za termo - zvucna izolacija sto mora da se poctuvaat ili


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Aug-2010 at 22:35

Срџан Адамович




Print Page | Close Window