Парк на великаните - Кавадарци
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1935
Printed Date: 06-Jul-2025 at 02:10
Topic: Парк на великаните - Кавадарци
Posted By: zdravozivo
Subject: Парк на великаните - Кавадарци
Date Posted: 23-Nov-2012 at 00:41
Започна реализација на проектот за ревитализација на паркот кај полицијата. Овде ќе биде изградена и алеја на великаните. Проектот ќе се реализира на површина од 5.000 м2. Проектот е дело на архитектите од одделението за урбанизам на Локалната самоуправа. Паркот е поделен во две нивоа.
На горното ниво ќе биде алејата каде на кружна основа ќе бидат поставени бистите на народните херои и борците од НОБ. Во проектот е вклопена и старата фонтана околу која ќе бидат поставени клупи за одмор. Второто ниво е предвидено како мултимедијален центар каде ќе се постават два мали обелиска со симболи на Кавадарци, шеталиште со одморалиште, а на влезот од страната на кејот ќе биде изградена и бина.
Работите ги изведува фирмата “Урбан Инвест“ и веќе се поставени павер елементи на 30 скалници од јужната страна. Проектот предвидува и вградување на 400 м2 гранитни коцки и 200 м2 бекатон плочки. Целиот простор ќе биде партерно и хортикултурно уреден.
“Реализацијата на овој проект ќе значи остварување на идејата за прибирање на бистите од градот на едно место , со што истите ќе бидат заштитени од крадците и оштетувања од вандалите,а граѓаните ќе добијат многу посредено место. Со проектот се обезбедува и многу поуреден простор за организирање на разни манифестации, а најмногу за винскиот саем кој е составен дел на Тиквешкиот гроздобер“ вели градоначалчникот Александар Панов.
Проектот е во вредност од 2 милиони денари, пари обезбедени од сметката за комунална изградба.
|
Replies:
Posted By: zdravozivo
Date Posted: 23-Nov-2012 at 00:51
Локација од градски плоштад накај реката
|
Posted By: zdravozivo
Date Posted: 23-Nov-2012 at 00:57
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Nov-2013 at 09:49
Што се случило овде? Се почнало предизборно, па скроз се баталило после? Или се завлечкала нешто работата?
1

2

3

|
|