Print Page | Close Window

Клиничка болница Систина

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1937
Printed Date: 25-Apr-2024 at 22:17


Topic: Клиничка болница Систина
Posted By: lslcrew
Subject: Клиничка болница Систина
Date Posted: 30-Mar-2010 at 01:01
Ај да го евидентираме проектов...
Систина - прв приватен клинички центар

Новата зграда на Систина се наоѓа на левиот брег на Вардар под Зајчев Рид и се протега на површина од 15.000 метри квадратни. Проектот го изработил стручен тим од Американското архитектонско биро по највисоки екостандарди. Има капацитет од 188 болнички кревети, 10 апартмани, 8 оперативни сали, 12 дијагностички лаборатории, посебни оддели за кардиологија, за хирургија, за интерна медицина, дијагностичка и интервентна радиологија, за анестезија и интензивно лекување, оддел за нуклеарна медицина и одделението за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција


Гинеколошко-акушерската клиника Систина прерасна во прв приватен клинички центар во државава. Официјалната гала-промоција на новата зграда на Центарот се случи вчера во присуство на голем број столанственици, бизнисмени, политичари од разни политички партии меѓу кои министерот Михајло Маневски, директорот на УБК Сашо Мијалков со сопругите, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, Љубчо и Снешка Георгиевски, градоналникот на Охрид, Александар Петревски, првиот човек на Аеродром, Ивица Коневски, Трифун Костовски и многу други познати лица од јавниот живот. Со посебна почит и сеќавање кон идејниот творец на Клиничкиот центар, покојниот Илија Камчев, црвената лента ја пресекоа Ратка Камчева, д-р Срѓан Керим и Димитрис Капос, директор на Џенерал електрик.

Новата зграда на Систина се наоѓа на левиот брег на Вардар под Зајчев Рид и се протега на површина од 15.000 метри квадратни. Проектот го изработил стручен тим од Американското архитектонско биро по највисоки екостандарди. Има капацитет од 188 болнички кревети, 10 апартмани, 8 оперативни сали, 12 дијагностички лаборатории, посебни оддели за кардиологија, за хирургија, за интерна медицина, дијагностичка и интервентна радиологија, за анестезија и интензивно лекување, оддел за нуклеарна медицина и одделението за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција. Во Систина ќе бидат ангажирани најпознатите имиња од областата на медицината. Поседува сопствено болничко возило. Целата инвестиција е на Орка холдинг и чини 27 милиони евра.

 

На отварањето Јордан Камчев истакна дека првиот приватен клинички центар Систина ќе биде достапен за сите граѓани и дека пациентите ќе можат да се лекуваат со сини карони. Првиот привател клинички центар Систина, ќе го покрива целиот регион.
Во рамките на болницата има мала црквичка, чиј патрон е светецот Илија, а има и молитвеник за муслиманите.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1D8D1EEAA849A041B810F3C3A71041F3




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Mar-2010 at 01:22


Во текстот е наведено дека се работи за нова зграда, но всушност ова е стар објект на Орка.

42° 0'50.43"N  21°24'13.91"E


Posted By: axel
Date Posted: 06-Oct-2011 at 14:23

Аџибадем купи 50 отсто од акциите на Систина

Аџибадем, водечката здравствена групација во Југоисточна Европа, откупи 50 отсто од акциите во Клиничка болница Систина, инвестиција вредна 20 милиони евра, со која Систина станува дел од мрежата на болниците на Аџибадем.

Орка Холдинг ќе продолжи да ја раководи болницата. За главен извршен директор ќе биде назначен Јордан Камчев, а главниот финансов директор ќе биде од групацијата Аџибадем.

Партнерството на Аџибадем и Систина претставува најголема турска медицинска инвестиција надвор од границите на Турција. Со овој чекор Аџибадем и Систина го трасираа патот за заедничко освојување на Балканскиот пазар.

Систина и Аџибадем започнаа успешна приказна минатата година. Договорот за афилијација, потпишан во ноември 2010 година, значеше почеток на интензивна соработка и размена на искуства со клинички и административни компоненети.

Во рамките на афилијацијата персоналот на Систина поминаа серија обуки и развојни програми во болниците на Аџибадем, а експерти на Аџибадем одржуваа тренинзи за персоналот во Скопје. Беа разменувани и искуства за воведување најнови технологии и нивна примена во Систина. Успешните резултати од оваа соработка резултираа со нов вид пратнерство во кое Аџибадем стана акционер во Систина во октомври 2011.

Систина започна со работа во Скопје во 2001 година како специјална болница за гинекологија и акушерство, ИВФ и здравјето на жената. Во изминатите 10 година Систина се разви во најмодерната и најпрестижната приватна здравствена инститтуција во Македонија и на Балканот. Денес со ова партнерство, Систина влегува на меѓународниот здравствен пазар.

Систина, заедно со Аџибадем, во наредната година ќе го отвори најсовремениот Центар за третман на рак во кој се предвидени проширен оддел за нуклеарна медицина со ПЕТ Центар, онколошки оддел со радиотерапија и хемотерапија. Со тоа болницата станува лидер во регионот во дијагностицирањето и третманот на малигните заболувања.

Во текот на наредната година во рамките на Систина ќе се отвори и педијатриска болница, ќе се зголеми капацитетот на одделите на хирургија и кардиохирургија и ќе се инсталира најсовремена хипербарна комора за третман на аутистични деца.

Дијагностичките капацитети на Систина во лабораториите и амбулантите ќе бидат зголемени со нови дејности кои досега не постоеле.

Новиот ургнетен центар во склопот на Систина ќе биде по сите светски здравствени норми и покриен со возила за транспорт на сите типови на пациенти како и со медицински авион за префрлање на пациенти со специфични состојби во некоја од болниците на групацијата Аџибадем. Со тоа на пациентите од Македонија ќе им се овозможи пристап до сите најсофистицирани медицински услуги достапни во светот.

Се очекува во рок од една година Систина да биде акредитирана од Јоинт Цомиссион Интернатионал, водечката светска институција за акредитирање на болници според највисоки стнадарди.

Аџибадем Систина како успешна приказна од Македонија ќе биде модел и инспирација на новата компанија за отварање на исти болници во регионот.

Партнерството Систина Аџибадем е од исклучителна важност за билатералните односи и историските врски помеѓу Македонија и Турција.

Додека Систина слави 10 годишнина, а Аџибадем го обележува својот 20ти јубилеј, заедно преку моделот на интергрирани услуги остануваат успешна приказна во здравствениот сектор и продолжуваат со зголемување на глобалното присуство и меѓународните инвестиции.

http://www.time.mk/read/aef6797cbb/c58453a083/index.html


Posted By: OCB
Date Posted: 03-Feb-2012 at 00:57
Систина А

[tube]3rxYS_SkB7s[/tube]


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Feb-2012 at 14:05


Posted By: axel
Date Posted: 08-Jan-2014 at 16:28


http://lokalno.mk/sistina-farmacija-kje-gradi-bolnica-vednash-gradskata-opshta-bolnica-8-mi-septemvri/ - „Систина фармација“ ќе гради болница веднаш до Градската општа болница „8-ми Септември“

„Систина фармација“ ја купи парцелата од 11.207 метри квадратни во кругот на Градската болница „8-ми Септември“

Парцелата државно неизградено земјиште беше продадена по пат на јавно надавање на трети јануари годинава, а на него ќе се гради приватна болница.

Од Општина Карпош, информираат дека на јавното наддавање учествувале три заинтересирани компании. Една приватна фирма, велат од општината, „Европската очна болница“, а најповолен понудувач била „Систина фармација“. Фирмата ќе го купи замјиштето за 3.060 денари за метар квадратен, а ќе исплати вкупно557.616 евра.
Маркицата за градење, освен за здравствени дејности, дозволува компатибилни класи за намена на хотелски комплекс, мали комерцијални и деловни дејности и за спорт и рекреација.

Истата оваа парцела пред неколку години сакаше да ја купи познатиот македонски кардиохирург Жан Митрев ,но одлучи да се всели во комплексот клиники во непосредна близина.

 http://lokalno.mk/sistina-farmacija-kje-gradi-bolnica-vednash-gradskata-opshta-bolnica-8-mi-septemvri/




Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Jan-2014 at 18:25
Еве една фотографија од 2013 година на веќе постоечката болница



Dr. Pinczés Sándor

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 08-Jan-2014 at 19:47
Ха, ха, се знаеше кој ќе го добие земјиштето во Карпош, баш онака чисто и транспарентно. Само се чекаше и официјално општината тоа да го соопшти.


Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Jan-2014 at 20:54
и другите две фирми највероватно се или негови или им е кажано да учествуваат на тендерот за да се задоволат законските прописи.сум зборувал со луѓе на кои им е речено-`ај излези на тендер колку за бројка,јас ќе ти возвратам кога тебе ќе ти притреба конкуренција


Posted By: daci92
Date Posted: 08-Jan-2014 at 21:47
Инаку оваа болница спроти ПСС не е сеуште завршена ,барем партерно уредување и пристапните патеки сеуште се уредуваат, за внатре не би знаел да кажам.

А чудна работа 4 болници една до друга налепени.


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Mar-2014 at 16:36




-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-May-2014 at 17:01
На Клиничкиот центар Систина и понатаму се работи. Однадвор во моментов се средува фасадата на постариот и поголем објект, така што многу брзо веројатно дека ќе се сечи лента на приватната болница.
Фотографии од проектот:
















Posted By: daci92
Date Posted: 27-May-2014 at 21:17
Дел од зградата на Орка Холдинг се реновира (односно цела вертикала од страната на Систина) и колку што знам ја има земено Систина за да биде дел од болницата (инаку на првиот кат во еден дел каде што се прави тој мостот е веќе систина сместена). Исто на предниот дел каде што е Мазда се гради цела нова вертикала но не се гледа бидејќи има објект пред нејзе, кој поминува од таму нека слика од друг агол и ќе се види за што зборувам.
Друго , Систина има земено објект во Охрид (мислам дека на Опел продажниот салон што бил) и го реновира моментално, ќе прават некаков дерматолошки центар ако не се лажам.


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Dec-2014 at 16:19
https://flic.kr/p/po1c8j"> https://flic.kr/p/po1c8j - DSC06573 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Feb-2015 at 16:57
https://flic.kr/p/rfcS3k"> https://flic.kr/p/rfcS3k - DSC07221 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/qikzf9"> https://flic.kr/p/qikzf9 - DSC07223 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Dec-2022 at 18:43
АЏИБАДЕМ СИСТИНА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМА БОЛНИЦА НА БАЛКАНОТ! На местото на Хубо ќе се гради објект од 40.000 квадрати



Фармацевтската компанија Реплек минатата недела преку аукција му го продала своето земјиште од 4.000 квадратни метри, на кое сега се наоѓа маркетот Хубо, на Орка Холдинг за сума од 1,5 милиони евра – објави порталот Фактор.мк повикувајќи се на неофицијални извори.

Ова земјиште се наоѓа непосредно до клиничката болница Аџибадем Систина, која е дел од Орка Холдинг, и за оваа парцела има маркица и дозвола за градба на објект со површина до 40.000 квадратни метри, над и под земја.

На ова место Орка Холдинг планира да гради Болница Мајка и дете, како и медицински факултет, а новата зграда ќе биде споена со клиничката болница Аџибадем Систина.

Со тоа Аџибадем Систина ќе стане огромен болнички комплекс од 70.000 квадратни, метри, кој ќе ги опфати сите медицински дејности, ќе има капацитет од 550 кревети, со што практично ќе стане најголемата медицинска установа на Балканот.

https://plusinfo.mk/a-ibadem-sistina-e-stane-na-golema-bolnica-na-balkanot-na-mestoto-na-hubo-e-se-gradi-ob-ekt-od-40-000-kvadrati/?fbclid=IwAR37iuPFNWr3UrSoDYCAxxEg4esofg-vvbVCDTSKC9VBrReQEZnayIe6drQ - https://plusinfo.mk/a-ibadem-sistina-e-stane-na-golema-bolnica-na-balkanot-na-mestoto-na-hubo-e-se-gradi-ob-ekt-od-40-000-kvadrati/?fbclid=IwAR37iuPFNWr3UrSoDYCAxxEg4esofg-vvbVCDTSKC9VBrReQEZnayIe6drQ

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jan-2023 at 18:12
„Империјата“ се проширува и надградува, Камчев ќе гради нова болница и Медицински факултет

Една од последните бизнис-зделки на семејството Камчеви е надградба на болницата „Аџибадем-Систина“. Поточно, компанијата „Орка Холдинг“ преку аукција го купила земјиштето од фармацевтската компанија „Реплек“, кое се наоѓа во непосредна близина на приватната болница.

Според податоците од Катастарот на недвижности, се работи за 3 катастарски парцели лоцирани меѓу „Систина“ и „Реплек“ (889/24, 889/25 и 889/9), кои се во сопственост на друштвото „Кара“, чиј единствен сопственик, пак, е „Орка“.

Според Централниот регистар, како последен директор на „Орка“ фигурира Лилјана Гајдоска, чие име, исто така, можеше да се најде во случајот „Империја“, но и таа направи спогодба со Обвинителството.

Камчев во компанијата официјално фигурира до 2021 година, како неизвршен член на одборот директори, но повеќе не е во управувачките структури.

Информациите до кои дојдовме говорат дека новата бизнис-зделка, која оди преку „Кара“, односно „Орка“, Камчеви ги чини 1,5 милион евра. Обезбедена е дозвола за градба од 40.000 квадратни метри, а, според првичните проценки, планирана е изградба на уште една болница „Мајка и дете“, како и на Медицински факултет.

Воедно, „Фокус“ поразговара и со дел од вработените лекари, кои тврдат дека најверојатно новата болница што треба да се гради ќе биде наменета само за областите педијатрија и гинекологија.

Имено, според првичниот план на самата локација е предвидено да никне и Медицински факултет, кој ќе го следи примерот на турски Аџибадем.

Сепак, за да ја исполнат замислената мисија, мора да ја исполнат и законската регулатива, според која треба да се обезбедат соодветни простории и опрема за остварување високообразовна дејност, потоа со финансиски план да биде обезбедено одржливо ниво на финансирање макар за еден циклус на студии.

Исто така, Законот предвидува дека треба да се обезбеди и потребен број лица, кои ги исполнуваат условите утврдени за избор во наставно-научни звања.

Постапката за основање високообразовна установа почнува со изработка на проект, кој го подготвува Владата, односно органот што ќе го овласти таа.

Подоцна, проектот се доставува до Одборот за акредитација, за што членовите даваат свое мислење, а потоа се носи решение за акредитација најдоцна во рок од 90 дена од денот на поднесувањето на барањето за акредитација на проектот, кое треба да добие зелено светло и од Собранието.

Законската регулатива уште предвидува дека по донесувањето закон за основање јавна високообразовна установа или акт за основање приватна високообразовна установа, министерот надлежен за работите на високото образование, на предлог на Националниот совет, именува матична комисија од пет члена, која ги врши подготвителните работи за почеток на приватната високообразовна институција.

И на крај, за почеток со работа во решението се наведуваат студиските програми, бројот на студенти, бројот на вработени наставници со полно работно време, како и објектите во кои ќе се извршува високо образовната дејност.

Според нашите информации, приватната болница „Аџибадем-Систина“ располага со повеќе од 30 лекари професори, кои можат да вршат наставна дејност.

https://fokus.mk/imperijata-se-proshiruva-i-nadgraduva-kamchev-ke-gradi-nova-bolnitsa-i-meditsinski-fakultet/ - https://fokus.mk/imperijata-se-proshiruva-i-nadgraduva-kamchev-ke-gradi-nova-bolnitsa-i-meditsinski-fakultet/

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window