Print Page | Close Window

Зеленило

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199
Printed Date: 28-Mar-2024 at 14:05


Topic: Зеленило
Posted By: Cloverstack
Subject: Зеленило
Date Posted: 19-Feb-2008 at 04:35
Cheers

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1611&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1611&mid=24&tabId=1&tabindex=0

СЕ САДАТ ДРВЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Бригадите на ЈП”Паркови и зеленило” деновиве садеа дрвја во повеќе скопски општини, меѓу кои Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров.

Во Општина Карпош, во акцијата за садење дрвја, ископани се околу 700 дупки и во нив е насадена висока вегетација: листопадни и зимзелени садници. Во акцијата се опфатени површините покрај кејот на реката Вардар, кај Скејт паркот, пред хотелот Александар Палас и дворовите на сите градинки и основни училишта во општината. Насадени се листопадни дрвја од видовите јавор, јасен и каталпа и зимзелени дрвја од видовите туја апликата и смрча.

Во општина Аеродром, ископани се 200 дупки, во кои во текот на наредната недела ќе бидат насадени листопадни садници од видовите јавор и јасен. Ископани се дупки во населбата Ново Лисиче, околу основното училиште “Ѓорѓија Пулевски“, покрај патеките, околу ТЦ “Бисер“, кај игралиштето, во населбата Мичурин пред училиштето “Блаже Конески” и зад фонтаната, како и на улица Владимир Комаров зад ТЦ “Скопјанка”.

Во парковските површини на општина Ѓорче Петров вкомпонирани се и насадени вкупно 255 дрвја, од кои 211 зимзелени и 42 листопадни дрвја. Хортикултурното уредување во паркот ќе продолжи до 20 февруари до кога ќе треба да се досадат уште садници.




Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Mar-2008 at 00:03
Ја сум за да се сади зеленило, ама кога е потребно безразмислување да се сече. Знаете каков е мојот став. Мразам екологисти! Многу пати направиле проблем кај што нема.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 00:30
Јас сум за зеленило како што треба. Значи да се прават асални паркови кои ќе бидат вистински украс на градот и ќе имаат и позитивно еколошко влијание. Сум за добри дрвореди по цел град кои ќе се одржуваат.

Против сум било какви интервенции на заштитениот појас на Водно, Гази баба како и во постоечките паркови.

Против сум групи малограѓани или еколози изгубени во свемир кои би го минирале секој проект за да зачуваат некој змијарник обраснат со плевел, секој поради свои мотиви секако.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 20:46

ВО РАМКИ НА АКЦИЈАТА "ДЕН НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА"
Засадени дрвца во Кучевиште, Бутел и во Чаир

Во рамките на акцијата "Ден на дрвото - засади ја својата иднина", вчера во месноста Кучевиште први дрвца засадија градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, македонскиот баритон Борис Трајанов и градоначалникот на Општина Чучер Сандево Воислав Киранџиќ. Целта на симболичното садење десетина зимзелени дрвца беше да се повикаат жителите на Кучевиште да се вклучат во големата акција за пошумување на 12 март, кога ќе бидат засадени над 2 милиона дрвја низ државава.
Делегацијата на иницијативниот одбор на акцијата вчера садници засади и во општините Бутел и Чаир, а садниците ги обезбедија Владата, дипломатскиот кор во земјава, бројни истакнати поединци и организации. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=148298&idg=8&idb=2315&rubrika=Skopje




Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 21:13
Originally posted by lslcrew

Ја сум за да се сади зеленило, ама кога е потребно безразмислување да се сече. Знаете каков е мојот став. Мразам екологисти! Многу пати направиле проблем кај што нема.


Човече не зезај. Факт е дека постојат одредени групи на луѓе кои се премногу екстремни во своите убедувања. Некои се изманипулирани за ситни политички поени, некои се искрени. И јас неможам да смислам неосновани протестирања, и поддржувам урбанизација тотално Thumbs%20Up, али не би рекол никад дека мразам екологисти. Ваљда дека и себеси се сметам за нешто како „умерен-екологист„ Big%20smile.


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Mar-2008 at 08:27
Свесен сум дека имало еден куп слични акции и дека Скопје има  многу поголеми проблеми но ова е за поздравување. Што е најтрагично во сликите од 70-те Скопје делува многу многу почисто и посредено. Знае некој зошто се инженерите?  Dunno
 

Ангажирани 60 сезонски работници во Аеродром

Вчера шеесетина нови сезонски работници започнаа да работат на територијата на општината Аеродром. Ангажманот на работниците е во рамки на акцијата „Почиста Општина Аеродром“ што се презема заради редовно одржување на хигиената. Новост во акцијата е тоа што Општината, покрај работници, ангажираше и четворица земјоделски инженери. Работниците ќе бидат распоредени по реон, а на секој работник Општината му обезбеди работна облека. За поуспешно спроведување на акцијата е набавена и механизација, како што се тракторчиња и тримери за косење трева, телескопски пили за сечење гранки, потоа метли, лопати, гребла и канти за собирање на сметот.

Преку оваа акција, Општината сака да влијае и на зголемување на нивото на културата на живеење и на еколошката свест кај граѓаните. (С.И.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A8DDD94CA8D20141A381020FE54347D5 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A8DDD94CA8D20141A381020FE54347D5


Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Mar-2008 at 19:35
Единствено нешто за што инженерите би биле потребни.. па за системот за наводнување претпоставувам..

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 19:44
Ете, Бајага ни го засади првото дрво. Неќам да цепидлачам, али таа чест мислам дека требаше да му припадне на министерот или заменик-министерот по екологија Roll%20eyes.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Mar-2008 at 22:53
Министерот се викаше Џелил Бајрами или тој беше за култура?!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 11-Mar-2008 at 10:36
Неам везе човече, али и он беше кадар на ДПА и ретко се појавуваше во јавност. Мислам дека сега е во отставка како и пола влада Question.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2008 at 14:05
Тема зеленило ама и надвор од Скопје:

ПО ТРИДЕЦЕНИСКА ЗАПУШТЕНОСТ НА ТУМБЕ-КАФЕ

Битолчани пак ќе пијат кафе на тумбето

По тридецениска негрижа и пустошење на некогаш најпопуларното излетничко место во Битола, локалната власт реши да го спаси од заборав познатото Тумбе-кафе. Тоа станало омилено место уште во 19 век, во времето на битолскиот валија Абдул Керим-паша (1892). Тумбето било место за кафе-муабет на турските аги и бегови, а подоцна и на градската буржоазија. За жал, неговиот денешен лик не го зачувал стариот сјај. Разрушените објекти, искршените светилки, демолираните клупи, расфрлените отпадоци, уништена вегетација, а и последната посета на глутница волци, ги одвратија малкутемина шетачи што се носталгично поврзани за местото.

- Душа ме боли кога го гледам како пропаѓа. Како средношколец учествував во акциите за негово уредување. Имаше скара со највкусни ќебапи. Тоа беше забава на отворено, а не како денешните младинци, кои се затвораат по кафулињата. Тумбе-кафе беше за мерак. Сега кога ќе го погледнам, ме лазат морници поради неговиот изглед и тагата што вакво природно богатство се остава на забот на времето - вели битолчанецот Миле Спасовски. Тумбе-кафе е составен дел од пешачката магистрала, која почнува од чаршијата и Безистенот, продолжува низ Широк сокак, корзото, шеталиштето и завршува кај античкиот локалитет Хераклеја. Малку градови може да се пофалат со сложени шетачки целини. По обновата на фасадите на Широк сокак, реновирањето на градското шеталиште, сега главната артерија е прекината токму на Тумбе-кафе. Општината е подготвена да ја зачува традицијата. Деновиве се очекува Советот да донесе одлука за распишување конкурс за изработка на идејно урбанистичко решение за уредување на Тумбе-кафе.

- Општината ќе распише оглас и очекуваме да добиеме повеќе предлози. Првоизбраниот ќе добие 1.000 евра. Потоа тој простор ќе биде детаљно урбанистички решен. Досега местото немаше инфраструктура. Ние ќе го уредиме, иако земјиштето е се' уште сопственост на државата - рече Љупчо Стојчев, началник на Одделението за урбанизам. Средувањето на Тумбе-кафе беше предизборно ветување на градоначалникот Владимир Талески. По негова иницијатива се уреди градското шеталиште, кое сега стана омилена пешачка зона за битолчани. - Годинава планираме да се сконцентрираме малку повеќе на Тумбе-кафе. Планираме дел од буџетските пари на општината да искористиме за да го дотераме - изјави Талески. Во Битола неколку архитекти веќе изработиле планови за уредување на Тумбето.

Жанета Здравковска


Незнам дали сте биле на Тумбе Кафе, ама сега е ебодром (пардон на изразот) и чат-пат некој манијак, волк или имигрант се наоѓа. Иначе и зоолошката е таму горе (инаку во фаза на реновација). Следниот пат кога ќе бидам Битола, ваљда ќе биди готов проектот па ќе пуштам слики.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2008 at 15:48
Ова му доаѓа нешто како кермес во Скопје, само што Битола нема трифка!!!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2008 at 17:45
ааа нас градоначалникот ни го суреди градот (сериозно)... само шо уште 69 ко него требат за да заличи на урбана средина (немаме тротоари во битола)... ама ете планина ќе имаме

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Apr-2008 at 01:48
http://vecer.com.mk/?ItemID=6CC9BE45905949468576A6B4E65D94B7 - http://vecer.com.mk/?ItemID=6CC9BE45905949468576A6B4E65D94B7

ЗЕЛЕНИЛО ВО ГРАДОТ


Најмногу тревници во Аеродром


Зеленилото во Скопје се зголемува од година во година. Најмногу зелени површини има во Општина Аеродром, кој е најперспективната општина кога станува збор за зеленилото. Таму постојано се зголемуваат, но и одржуваат зелените делови.

- Од вкупното зеленило во градот, годинава една третина или 812.000 квадратни метри се наоѓаат во општина Аеродром. Во Карпош има 615.000 квадрати со зеленило, во Чаир - 297.000, во Центар - 200.000, во Кисела Вода- 194.000..., информираше градоначалникот на Скопје Трифун Костовски на средбата со скопските градоначалници говорејќи за партиципацијата на општините во буџетот на ЈП "Паркови и зеленило" за одржување на зелените површини.

Првите луѓе во општините посочија одредени забелешки до ЈП "Паркови и зеленило", како и тоа дека во ова претпријатие има помалку работници кои се грижат за зеленилото отколку административен кадар.

- Околу 20 милиони денари годишно издвојуваме за "Паркови и зеленило", а имаме вкупно 10 работници, се пожали градоначалникот на Кисела Вода Џорџе Арсов.

Градоначалникот Костовски реагира на несредениот простор околу новата спортска сала "Борис Трајковски" каде се собрани купишта шут. Тој информираше дека ќе упати писмо до "Меркатор" кој стопанисува во земјиштето да го уредат запуштениот простор.

(М.Г.)


Posted By: ProMKD
Date Posted: 01-Apr-2008 at 05:35
што има меркатор со тоа што од Борис Трајковски им фрлиле шут на нивна земја?! 


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:52

Добра работе само џабе им е, се ќе биде отстрането za 3 dena



Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Apr-2008 at 23:32

КОСТОВСКИ ЌЕ ГО ОДВРЗЕ ЌЕСЕТО ЗА ОБНОВА НА ЗЕЛЕНИЛОТО

Милион евра за Градскиот парк

Со приходите што ги добива,„Паркови и зеленило“ имаат на располагање само 7 до 8 денари месечно за еден квадратен метар зелена површина

Градските власти со ребаланс на буџетот ќе одвојат милион евра за обнова на Градскиот парк, најави градоначалникот Трифун Костовски. Причина за оваа инвестиција е тоа што паркот 40 години не е реконструиран, и покрај тоа што зеленилото, особено ниското, има рок на траење и што претпријатието „Паркови и зеленило“ е во лоша финансиска кондиција.Деновиве бев на состанок со директорот на „Паркови“, Љупчо Димовски, и се фрапирав од тоа што ми го кажа. Со приходите што ги добива претпријатието излегува дека имаат на располагање само 7 до 8 денари месечно за еден квадратен метар зелена површина. Со тие пари се плаќаат работната сила, одржувањето, полевањето, садењето, што е мошне тешко. Поради тоа тие не можат да направат посериозна реконструкција на Градскиот парк, па со следниот ребаланс на градскиот буџет ќе се обидеме да одвоиме милион евра со кои уште годинава ќе почнеме да го обновуваме зеленилото - вели Костовски.Градоначалникот најави дека со тие пари ќе се тампонира дел од земјата, ќе се донесе нова земја, ќе се израмни теренот на некои места и ќе се засадат нови садници.Од претпријатието повеќепати најавуваа разни проекти за збогатување на содржината на Градскиот парк. Досега ништо не е почнато поради тешката финансиска состојба. „Паркови и зеленило“ минатата година ја заврши со минимална добивка од 77.000 евра пред оданочување, но се соочува со големи проблеми во работењето, затоа што немаат доволно работна сила, а механизацијата е застарена. Неодамна градоначалникот Костовски рече дека има инвеститори заинтересирани за сите градски претпријатија со јавно-приватно партнерство, освен за „Паркови и зеленило“. Поради тоа тој најави дека работата на ова претпријатие можеби ќе ја субвенционира со пари од градскиот буџет.

„Кермес“ е како авет

Градоначалникот Костовски жали што градилиштето на рестораноот „Кермес“, за кој и тој е инвеститор, со месеци е затворено и го нагрдува паркот. Ова што сега се случува со „Кермес“ е најлошото можно решение. Градилиштето стои со месеци и никој не се изјаснува што понатаму. Нека решат да го урнат и нека се обесштетат инвеститорите, што било, само да не остане вака. Во меѓувреме во паркот никна ресторанот „Ања“, никна „Езерце“, кафеаните се прошируваат и никому ништо. „Кермес“ остана како авет, полошо не може да биде - вели Костовски.Градежните работи беа запрени по налог на Министерството за транспорт и врски, поради недоследности при издавањето на градежната дозвола, оти стариот објект, кој беше урнат, бил под законска заштита.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7F7CFD56C94B97469BA9BEA6A0B5B600 - Dnevnik



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Apr-2008 at 00:48
Го испуштиле името на градскиот парк!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Apr-2008 at 03:36
Дополнително за паркот

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06CC501F7928A8449B6B98C758104382 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06CC501F7928A8449B6B98C758104382

Ќе се обновува тревата во Градскиот парк

За целиот проект се потребни околу милион евра, а ќе се одвива во неколку фази

Градот Скопје планира целосна реконструкција на Градскиот парк, која веројатно ќе започне во текот на летото. За целиот проект се потребни околу милион евра, а ќе се реализира во неколку фази. Според најавите од градоначалникот Трифун Костовски, првите пари за Градскиот парк ќе се одвојат уште при првиот ребаланс на буџетот. Ќе се стартува во стариот дел од паркот, со комплетно менување на тревата и зелениот расад. Костовски појаснува дека животниот век на тревата е околу 12 години, по кој таа почнува да се проретчува и да осиромашува. Бидејќи нашиот парк не е реконструиран близу 40 години, треба да се почне од почеток, па со нови идеи во иднина и да се збогатуваат неговите содржини.

„Со седум до осум денари за квадратен метар зеленило, колку што добива ’Паркови и зеленило’ за одржување на градските зелени површини, не можеме да очекуваме квалитетна работа. Во тие средства, покрај работната рака, влегуваат и набавката на семиња, земја, садници и се' друго, што значи дека за развој или инвестирање не станува збор. Заради тоа Градот планира етапно да започне со целосна реконструкција за обновување на паркот“, вели Костовски и нагласува дека тогаш граѓаните ќе треба да посветат многу повеќе внимание на хигиената во Градски парк, но и на зачувување на садниците.

Во паркот, според проектот на „Паркови и зеленило“, посебно ќе се уреди влезната партија околу фонтаната „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев. Кон Градскиот стадион ќе се протега алеја која ќе биде широка и ќе ги поврзе платото и стадионот од една страна и приодот кон „Кермес“ и улицата. Просторот пред летната сцена- школка, ќе се поплочи со внесување извесни мотиви, а за најмладите „Паркови и зеленило“ планира да направи лавиринт од повеќе видови жива ограда, која ќе биде засадена по претходно исцртана шема и ќе има висина од еден метар. (С.Н.)



Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Apr-2008 at 20:27
Previous

ај ова можи подразбира и менвање на тревата на градски






-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Apr-2008 at 00:54
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6ADC49EB5604AF49BBD13BD3FD57F39C - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6ADC49EB5604AF49BBD13BD3FD57F39C

Нови 10.000 квадрати зеленило за клучката кај „Континентал“

Кај клучката „Континентал“ екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ деновиве засадуваат ново зеленило на површина од 10.000 квадратни метри. Работниците садат трева и друга ниска вегетација на косините и поставуваат хидрантска мрежа за полевање. Паралелно, екипите формираат и ново зеленило кај Културно-информативниот центар, на површина од 1.000 квадратни метри.Од претпријатието информираат и дека годинава ќе изградат средишни жардиниери на повеќе булевари во Скопје, кои ќе ги засадат со квалитетни садници. Прво ќе биде раззеленета новоизградената жардиниера на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2008 at 00:01
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DA5AAC226C3EB44D8ADBF6BBBA4ED3CF - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DA5AAC226C3EB44D8ADBF6BBBA4ED3CF

Паркот „Чаир“ разубавен со фонтана

Паркот стана попривлечен за најмладите

Среден и разубавен со цвеќиња, со фонтана, клупи, кошници за отпадоци и нови реквизити за најмладите, паркот „Чаир“ стана попривлечен за најмладите, постарите, но и за сите жители на општината Чаир. Во рамките на проектот „Недела на екологијата“, Општината деновиве ги повикува граѓаните да ја разубават животната средина пред своите дворови и станбени згради. (Сн.К.)



Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-May-2008 at 01:49
Ај турете една тема за фонтани!!! Пребацете ги постовиве тамо!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2008 at 12:13
Па добро де, не е само фонтана, гледаш дека цел парк го средиле LOL


Posted By: beTon
Date Posted: 10-Jul-2008 at 21:07
Originally posted by ProMKD

Само да се садат дрва... гајле ми е кој е организатор и кој се жали за тоа! 


акцијава треба да мине во традиција http://www.treeday.com.mk/Default.aspx?itemid=3 - www.treeday.com.mk  , но освен дрва треба и цвеќе да се сади а истото и редовно да се вади. навистина очајно делува кога човек ќе се сети дека Скопје некогаш бил познат како „Град На Цвеќето„ секоја пролет се саделе по милион стракови (садници) цвеќе - по два корена цвеќе на жител...Roll%20eyes

но реално гледано се додека не се најдат механизми за спроведување на законот против каубојските навики на нашите сограѓани да паркираат над сред тревник или под дрво или пак новозасадените садници да си ги таксаат за в двор тогаш ќе имаме само промашени проекти и изгубено време...

треба да се работи и на свеста а и совеста т.е. има мал милион начини како да го разелениме и расцветаме Скопје а тоа така и да остане...
пр. може општините да донесат регулатива да за одобрување на дозвола за градба или доградба на објект да мора и да се инвестира во хортикултурно уредување на околината, истото тоа би можело да се наметне и на останатите видови на одобренија како припуштање тераса на ресторани, кафани, трафики(тобако е редок пример), сендвичари и секакви други услужни дејности, па дури може да се удри по некој процент од регистрацијата на возила оправдувајќи се со егзодусот од 60 годишното арчење воздух на лименките по тоа скопските улици, интересен податок е тоа дека кола троши кислород за еден сат колку човек за цел живот што ќе потроши...

но сето тоа е возможно доколку народов има капацитет за волку револуционерни идеи, да не заборавиме сеуште сме во транзициски сон, затоа има и други пореволуционерни алтернативи кои сепак бараат или поширок агол на свест (верата) или искрена жртва (работни акции)
пр. за верата е еден вистинит случај во грција каде на еден каменит остров свештеникот за секој исповедан грев како епитимија на верниците им наложувал да засадат по некое дрво секој според тежината на гревот и силата на покајанието, па така за брзо време островот од камењар се сторил шума а воедно и потсетник за ослободувањето од злото... додека ударничкиот момент е возможен само доколку снема струја и од немајкаде да се собереме сите што го преспиваме животот пред компјутер, плејка, телевизор, кафана (пардон во кафана може и без струја)...

но на крај и да стекнеме начин како да се активираме на ова поле џабе е се додека каубојците не ги ставиме во штала каде и им е место, а тоа по мене е можно ако помине оној предлог законот што го отфрли уставен за условната казна да се замени со општокорисна работа а лесната затворска со парична...што повторно зависи од задреманите механизми за спроведување на редот и мирот па тие тогаш сите ќе мора кондиционо да се рехабилитираат (се од суд па до полиција), што скоро е и невозможно...затоа остануваат само поекстремни начини на тренирање свест кај каубојците како на пр. помалку успешните ставање жица, столпчиња, камења околу и по тревниците или пак можеби наједноставниот а воедно и најуспешен метод амнестирање т.е. легализирање на бушење гуми доколку се паркирани на зелена површина или гребењето кола доколку е скршено дрво Thumbs%20Up па после месец дена таков ред ќе имаме што мислам дека ќе почне истата методологија да се применува и во други невозможни за оправање сфери, а тоа пајаците нека продолжат да бркаат муви и бумбари како и обично!
но се додека пиеме скотско во скотје тешко и дека нешто ќе смениме, тешко е да се биде човек кога си опкружен со толку бетон, па дури и киборзи да бевме волку немаше да се исчуручиме, но што е тоа е, треба чаре да се бара а не кавги и џева да се крева по тоа еколошките трибини, две бини а понекогаш и без бина...
а за ЛЕАП(локален еколошки акционен план) и муабет да не се прави, што ако е донесен кога не може да се оствари...туку има и донаторски излез, можеме да бараме оштета од нато за озрачената животна околина заради иљадниците тони ураниум истурени околу нас, па да ни донираат и тие садници, семе и хумус LOL








Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jul-2008 at 21:16


За жал генерално се сложувам. Каубојштината е најголемиот проблем. Имавме една дебата за тоа како да се справиме со каубојштината од малку различен тип http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209 - овдека .  Се сложувам со тебе само многу порадикални мерки може да сменат нешто тука но истовремено треба да најдеме начин да не се создаваат нови генерации на каубојци (институциите како училиште и семејство тука треба да го одиграат клучниот дел).

Сега за сега според мене преголеми инвестиции во зеленило се промашени. Еве каде што живеам јас предизборно почнаа да ги шишаат обраснатите џунгли и да садат нова трева. Но не сум сигурен колку оваа инвестиција ќе биде долгорочна бидејќи е веќе докажано дека кај нас не е толку тешко нешто да се направи туку да се одржи.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2008 at 21:34
beton и јас генерално се сложувам со повеќето работи во твојот пост, ама со оној „рефлекс“ дека живееме во „нехуман“ град и дека тоа е ради премногу бетон, никако не можам да се сложам, дури сум и револтиран какво клише стана тоа да се употребува кога треба да се испразни негативна енергија од било каков вид...

Originally posted by beTon

тешко е да се биде човек кога си опкружен со толку бетон, па дури и киборзи да бевме волку немаше да се исчуручиме
Со колку точно бетон сме опкружени??? Еве во денешно време барем кога имаме GoogleEarth на располагање, лесно е да се провери и увиди дека Скопје одлично стои на ова поле - помалку бетон а повеќе зеленило (кое треба да се заштити и негува) од најголем број европски градови. Нас дефинитивно не ни е проблем бетонот туку нешто друго...
Пред некое време во друга нишка стана збор за духот на градот... Духот на градот не го убива бетонот, па дури и во форма на бруталистички градби, туку малодушноста, рефлексната негативност, ниското културно ниво и негрижата кон својот град на поголемиот дел скопјани.

Само ај да не забегуваме повторно далеку надвор от темата, поентата ми е дека соодносот зеленило/бетон во Скопје е прилично добар.






Posted By: beTon
Date Posted: 11-Jul-2008 at 22:47
 
Originally posted by Cloverstack

но се додека пиеме скотско во скотје тешко и дека нешто ќе смениме, тешко е да се биде човек кога си опкружен со толку бетон, па дури и киборзи да бевме волку немаше да се исчуручиме


мислава се однесува пред се на избетонираниот начин на живот и функционирање каде битно е само да ги задоволиме страстите и интересите а за проблемите други нека му ја мислат, но кога ќе дојде време за обвинувања сите креваат прст. аргумент плус за ова е еден Христијански момент кај нас Македонците по кој сме карактеристични во очите на секој странец кој ќе намине тука, а тоа е топлиот слободоумен пристат да после првиот муабет да го викнеш патникот дома на ракија или кафе, што можам да кажам дека во градов веќе е доведен под знак прашалник освен можеби кај рокерскиот дел од скопската популација кој сепак не е мнозинство.
а на што се должи ова тоа е друга приказна има тука нешто влијание и конструктираниот материјален бетон не дека тој е цвеќе за мирисање но за тоа треба да отвориме друг топик за штетните влијанија на градежните материјали, климатолошки појави во урбана средина, зрачење, позитивни и негативни карактеристикаи на градежните терени...
а за соодносот на парковите кај нас и пр белград или загреб верувај ми ни блиску не сме до нив, ние имаме убави диви паркови, добри диви патеки и никаква желба тоа да го смениме...но се надевам ќе се смени на поарно ако се удри со некој вид од погоре наведените мерки, само активен закон, ништо друго, http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DB4DAFE7C529964D87EAF473ED2C1B5D - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=FE5EE62C73770943B543BCDFC4A13986&arc=1 - но се плашам дека малку и заминавме подалеку од она што јас го предложувам, па вчера слушам ќе мора дозволи да вадиме за прошетка во планина само заборавиле да стават и наплата за сликање  LOL



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2008 at 01:34


Цитираното е од тебе самиот, а не од мене како што е наведено во твојот пост.
Плус тоа јас не го споредував Скопје со поедини примери туку генерално, ниту реков дека добро се грижиме за зеленилото, баш напротив...
Во филозофските аспекти на твојот пост нема воопшто да навлегувам.



Инаку линкот не ти работи - носи на погрешна адреса.

Еве за што се работи:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=684&PID=43169#43169 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=684&PID=43169#43169

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=53ECED1F300E744A9B9B1DC22D2E9DE5 -


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:34

ИНВАЗИЈА ВО СКОПЈЕ
Змии отровници влегуваат во куќи

Душан Парлиќ од Влае успеал да ја фати жива змијата што вчера им влегла во дворот за која тврди дека е отровница

Скопје врие од змии отровници. Скопјани од речиси сите населби се жалат дека последниве неколку недели како да има инвазија од змии во градот. Ги има не само во зеленилото и грмушките кои се неискосени и неуредени, туку и на улиците, а последнава недела почнале да влегуваат во дворовите и во куќите.
Во населбата Влае два пати неделава низ дворовите биле забележани змии. Душан Парлиќ змијата која вчера им влегла во дворот успеал да ја фати жива за да им ја покаже на градските власти и да ги потсети дека поради несреденото зеленило секојдневно живеат во страв некоја змија да не ги касне и фатално да завршат.
"Една змија се појави во понеделникот. Неа ја отепавме, а вчера уште една ни шеташе во дворот. Јас бидејќи долго време бев планинар и сум фаќал змии успеав да ја фатам и зачувам. Според моето знаење за змиите, оваа е од видот шарка и е отровна. Не сакам ни да помислам што би можело да им се случи на некои од децата доколку ги каснела. Сега живееме со страв и чекаме да излезе уште некоја змија. Веднаш до нас зеленилото не е средено со години и најверојатно од таму доаѓаат. Па зар треба некој да настрада, па да им текне на градските власти да ја искосат запуштената трева", вели Душан Пралиќ.
Од ЈП"Паркови и зеленило" велат дека и тие забележале годинава појава на голем број змии низ градот, но објаснуваат дека неискосеното зеленило не е причина за нивната масовна појава.
"И нашите работници забележаа масовна појава на змии низ градот. Нив ги има не само во зеленилото, туку и на улици. Минатите години имаше многу повеќе неискосени површини, па немаше појава на толку змии. Причината за нивната појава е нешто друго", велат од ЈП"Паркови и зеленило".
Во моментов во надлежните институции нема кој да ја објасни масовната појава на змии во урбана средина. Во Природно-научниот музеј вчера биолозите цел ден беа на состаноци, а биолозите пак од Природно-математичкиот факултет тврдеа дека тие не се занимаваат со змии, туку тоа било дејност на колегите од Природно-научниот музеј. (А.А.)

***
Змиите се појавиле поради високите температури

Масовната појава на змии во Скопје, според ветеринарите и биолозите, се должи на високите температури. И едните и другите велат дека пеколното лето годинава е главната причина за зголемениот број змии низ Скопје.
"Змиите зимно време се кријат во дупки и веднаш штом ќе се затопли времето излегуваат од зимските живеалишта. Се населуваат на отворени површини и тука се размножуваат. Најчесто ги има во високото зеленило и затоа им се препорачува на граѓаните да ги избегнуваат зелените неискосени површини со високо зеленило зашто не се знае на каква змија ќе налетаат. Граѓаните не смеат ниту да ги задеваат или да се обидат да ги убијат змиите оти тие напаѓаат кога ќе се почувствуваат загрозени", вели Весна Левајковиќ, ветеринар во Зоолошката градина.
Таа нагласи дека е сосема возможно низ Скопје исто како и низ другите градови на Македонија да се појават змии отровници.

***
Ако ве касне змија, веднаш побарајте лекарска помош

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните ако евентуално ги касне змија веднаш да го подврзат местото над раната и што побрзо да се обратат до најблиската болница или во Итната медицинска помош. Од Министерството велат дека сите здравствени домови и општи болници во Македонија се навремено известени за потребата од континуирано обезбедување доволни количества серум антивиперинум против змиско каснување. Во моментов, во 30 здравствени домови, 14 општи болници и на Клиниката за инфективни болести во Скопје има 250 ампули од серумот антивиперинум.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=154698&idg=8&idb=2433&rubrika=Skopje - Вест 7/25/2008


http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=A483F68F23869C4485BA671D65698065&arc=1 - НАЕЗДА ОД ВЛЕЧУГИ ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР - Дневник 11.08.2008

дали дефинитивно се работи за змии отровници или нема врска, чудно порано никогаш немало ваков аларм или јас не сум чул за слично, т.е. знам имаше пред едно 20 години слична наезда, сепак не е страшно толку колку што е морничаво за слушање сепак денес серум има во секоја аптека и амбуланта. плус ако скопје е сотрено што е тогаш со водно или матка или скопско поле? саде паничари сме или?!

како тргнало се повеќе и повеќе ќе ги гледаме по градовите, но има една вистина тие од секогаш и ги имало но сега во последно време ептен се социјализираат... дали за тоа е крива жештината која е награда за нашиот сеопшт напор на експлоатација на ЦО2 или пак итрите безрбетници се скарале со срамежливоста, незнам, но ми се чини дека ќе треба да почнеме да чуваме мунгоси место кучиња како домашни миленичиња или пак некаков вид на мелези меѓу овие два вида ако е тоа возможно... иако мислам дека за сега има поедноставно и похумано чаре за решавање на вакви стуации а тоа е прскањето со вода на тревниците и плочниците и во дворовите и во парковите, плус така и ќе го кренеме зеленилото по градовите на светско ниво, иако не е добро вадењето на тревниците по јако сонце како не би изгорела тревата или пак не е ни воопшто еколошки постојано да се арчи вода на тревници сепак најбезболно решение е ова.



Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:36


Јас мислам дека повеќе се работи за сензационализам иако реално во градов има страшно запуштени делови каде сигурно има змии. Којзнае што ископале на пример кога го чистеле градилиштето за ЕРА каде имаше трева висока сигурно по 2 метри.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:51
Скопје има змии, и тоа доста. Кај мене во населба покрај пругите, поточно делот што е до депото на МЖ, она што некогаш треба да биде јужен булевар, е тоа е пуно со змии, нормално и ѓубре како и секоја "урбана депонија".


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 17:28
Проектите за бунарите за наводнување на зеленилото (како и скоро секој корисен проект кај нас) се заглавени којзнае каде. Веќе долго се најавуваат, но реализација изостанува. Во меѓувреме за наводнување ја користиме драгоцената водоводна вода Roll%20eyes
Но очигледно дека дури ни така не може да постигнеме... Еве го резултатот во Аеродром, тревата е тотално сува преку цело лето (освен 2-3 дена после дожд).




Posted By: beTon
Date Posted: 27-Oct-2008 at 11:47

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=6A62A88DEC3F1D42B8F38097775F6AE3&arc=1 - Околу 200 стари стебла покраЈ улиците се постоЈана опасност

Суви дрвја ни висат над главите

Процедурата за сечење дрво трае долго,бидејќи дозволите ги издаваат во Градот само откако локалната самоуправа ќе даде виза

Околу 200 стари и суви дрвја ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и на нивните имоти низ скопските улици. Од „Паркови и зеленило“, јавно претпријатие одговорно за одржување на градското зеленило, велат дека процесот на нивно сечење и отстранување е забавен поради административните формалности за добивање дозвола.

Неодамна пред очите на стотици скопјани, што чекаа во колоната возила на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, падна огромна гранка од старо и исушено дрво и искрши автомобил. 

- Минував во близина кога едно дрво падна и пред мои очи искрши еден автомобил. Не ми се веруваше што се случи, се' беше како на филм. Прво не се уплашив, но отпосле сфатив дека ако само малку го сменеше правецот дрвото можеше мене да ме смачка. Времето беше сончево, без ветер, мирно, но дрвото падна само од себе - вели Емил Стојановски, сведок на несреќата. 

Од „Паркови“ велат дека знаат за случајот, но сопственикот не бил многу вознемирен, туку бил задоволен што екипите од „Паркови“ му го тргнале дрвото од автомобилот.


- Паднала голема стара и сува гранка врз автомобил. Дрвото не било на список за сечење. Нашите екипи до пладнето интервенираа и го тргнаа дрвото од автомобилот. Сопственикот ни изјави дека отштетата ќе ја плати осигурително друштво. Но имало случаи кога дрво или гранки ќе оштетат нечиј имот, па „Паркови и зеленило“ морало да ги обесштетува граѓаните како фирма одговорна за градското зеленило. Кога околностите за незгодите не се комплетно разјаснети, оштетените граѓани ги упатуваме во Градот - велат во одделението за односи со јавноста во ова јавно претпријатие.

Од „Паркови“ дополнуваат дека граѓаните што во својата околина имаат дрво кое е болно, старо и суво, може да ги известат, а тие веднаш ќе испратат екипи на терен. 

Од претпријатието објаснуваат дека на територијата на Скопје имало 600 стари и исушени дрвја, но сега останале уште 200. Нивни екипи постојано патролираат и ги евидентираат сите дрвја што се за сечење. Но процедурата за сечење дрво трае долго, бидејќи дозволите ги издаваат во Градот само откако служба на локалната самоуправа ќе направи контрола на списокот за сечење подготвен во јавното претпријатие. 

ИНФО- Постојани патроли

Ако граѓаните во својата околина имаат дрво кое е болно, старо и суво, може да го известат ЈП „Паркови и зеленило“, кое веднаш ќе испрати екипи на терен. Тие постојано патролираат и ги евидентираат сите дрвја што се за сечење.

„Паркови и зеленило“ е фирма одговорна за градското зеленило. Кога околностите за незгодите не се комплетно разјаснети, граѓаните можат да побараат отштета од Градот.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=6A62A88DEC3F1D42B8F38097775F6AE3&arc=1 - Дневник - Марија Тасев - 27.10.2008



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 18:42
Не знам дали друг пат ми се има случено да се радувам за сечење дрва... Ама овие тополи навистина не се прикладни дрва за во урбана средина.

Се сечат тополите на улицата “Теодосиј Гологанов”

ЈП „Паркови и зеленило“ неделава започна со сечење на тополите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Стеблата за сечење претходно се проверени и обележени од страна на претставници на Секторот за комунални работи на Град Скопје. Акцијата ќе продолжи понатаму и ќе се работи етапно се додека не бидат исечени сите обележани стебла.

Тополите на оваа локација се засадени во седумдесетите години и поради плиткиот корен и високиот раст постои опасност од нивно паѓање и предизвикување несакани последици.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2214&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Nov-2008 at 19:00
па не мора да ги сечат доколку е причината плиток корен, http://www.tree-care.com.au/services-tree-care.asp - можат да ги извадат(откопаат) и или да ги спуштат подлабоко или да ги пресадат на друг простор... но не се тие криви што регулативата е од среденвековна Ohno па на толку кампањи за садење ова е како капак дали! нормално е суви гранки и и скапани дрва да се сотрат но здрави и убави дрва? жално или не надреализмот во СК нема граници а нема ни конкуренција Doh

[tube]hEkZk8dagzQ[/tube]   [tube]rMIbv6cdAsk[/tube]



Posted By: Supervisor
Date Posted: 12-Nov-2008 at 19:47
другар како да не ги сечат прво тополи нема во никоја европска метропола, бидејќи освен што се суви и лесни дрва кои предизвикуваат несреќи многу поопасно е и тоа што испуштаат честици на пролет кои се штетни за заболени на бели дробови и слично. Ги поддржувам сите акции за сечење на сите стари и суви дрва посебно тополи.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Nov-2008 at 20:20

види дека тополи нема во никоја европска метропола не само што не е точно туку и нема логика, се работи за пристап повеќе, реално бидејќи немаат широки крошни(дебели сенки) обично се садат или поставуваат како визуелен момент и симболика...

а за она со поленот што да кажам ем не е во целост точно тоа со алергиите ем не е тоа начин за човек да победи некоја алергија!

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2475&stID=34677 - Скопјани се во заблуда дека се задушуваат од тополите -  18.03.2006


Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ, вели дека цветот од тополите е практично безопасен за тие што се алергични на полен

Секогаш имам проблеми со дишењето кога поминувам покрај местата каде што лета цветот од тополите. Страдам од пролетни алергии и поленот ми задава многу главоболки. Кога поминувам покрај тополи за секунда ми се затнува носот, почнува да ми тече, добивам напади на кивање и ми солзат очите. Цветовите на тополите што летаат низ воздухот ми го отежнуваат дишењето. Не знам како да си помогнам. Не можам ниту да ги одбегнувам, бидејќи ветерот ги носи цветовите секаде. И по прецветувањето, цветовите долго време остануваат на земјата и пешаците повторно ги разнесуваат на сите страни, се жали скопјанката Снежана Колевска, која живее во населбата Капиштец, каде што има многу тополи.

Нејзиното мислење дека цветот на тополите ги задушува алергичните на полен го делат голем број скопјани.

- Граѓаните се во заблуда. Погрешно се убедени дека цветот на тополите е причина за пролетните алергии на полен. Тополите цветаат кон крајот на мај и во почетокот на јуни, во време кога цутот на тревите го достигнува максимумот. Тогаш во воздухот има најголема концентрација на поленови зрна, а истовремено низ него летаат безброј цветови и семиња од тополите. Така луѓето погрешно заклучуваат дека поленот од тополите им предизвикува алергија - вели д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Во "Паркови и зеленило" велат дека тополите во Скопје се засадени по земјотресот во 1963 година, бидејќи имало потреба од висока вегетација што брзо расте, како заштита од загадувања на околината. Ги има во населбите Автокоманда, Карпош, Центар, Капиштец, Кисела Вода и на други места.

- Тополите цветаат десет дена во текот на пролетта. Ако тогаш врнат дождови, водата го измива семето. Немаат квалитетно стебло, кај нив се јавува гнилеж во срцевината. Можат да достигнат старост од најмногу 80 години - објаснува Соња Панкова, портпаролка на "Паркови и зеленило".

Во Јавното претпријатие велат дека тополите се сечат континуирано, на територијата на целиот град. "Паркови и зеленило" во текот на следните години планира да ги исече сите проблематични тополи во градот и да засади нови дрвја на нивните места ако на тие локации не е предвидена некаква градба.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2475&stID=34677 - Дневник -  18.03.2006

 

но проблематични се скапаните стари и суви дрва, не и овие сега што сакаат да ги скастрат заради плиток корен, абе пак ќе кажам надреализам меѓудругото и “со дендролошки перформанси“ 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 20:49


Бетон, според текстов што го наведувам, голем дел од тополите (мислам дека се канадски тополи) биле засадени како привремено решение на привремени локации (како покрај ул. Теодосиј Гологанов или бул. Србија) од страна на фабриката Треска. Тие требало да послужат како привремено зеленило за корисно да се пополни просторот до активирање на тие површини, а после Треска да ги исече и да ги искористи како материјал. Тука бил земен во предвид нивниот брз циклус на раст и стареење. Тие дефинитивно не се прикладни за урбани средини, ниту пак биле планирани со таква намера. Во ред е ова што кажува Докиќ... Јас немав никогаш ни слушнато шпекулација дека тополите биле „штетни“ по здравје, а сепак сум против нивното понатамошно опстојување во градов. Една причина е таа што ја кажа Junkie дека се „механички“ опасни, а друга е целиот оној неподнослив памук што секоја пролет го исполнува воздухот и ја прекрива земјата.

Конкретно кај Теодосиј Гологанов, нека се изгради Јужен Булевар во dig&cover тунел, па од горе нека се засади квалитетно зеленило. Тоа е долгорочното решение, а не чувањето на овие остарени тополи.

Дневник 23.04.2008
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=AD11C02E8B7049408839849B3935E06E&arc=1

НА ВИСОКИТЕ ДРВЈА ОДАМНА ИМ ПОМИНА ВЕКОТ НА ТРАЕЊЕ

Се чека остарените тополи сами да паднат

Тополите се небезбедни за околината, но за да се спроведе нивно масовно сечење, градските власти треба да организираат голема акција со повеќе јавни претпријатија

Тополите во скопските паркови и дрвореди се одамна остарени дрва, кои претставуваат опасност за граѓаните, но и покрај тоа нема масовни акции за нивна сеча. Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека тополите побрзо растат, се развиваат и побрзо стареат од останатите дрвја, но не навлегуваат во детали околу опасноста од нивното паѓање при посилен ветер и можноста да бидат загрозени човечки животи. Пред неколку дена на пат кај Велес топола падна врз возило во движење, при што еден човек загина, а тројца беа повредени. Од „Паркови и зеленило“ велат дека немаат моќ за големи акции за сеча на дрвја.Посебни акции за сечење на тополите не се спроведуваат, пред се' затоа што не можеме сите тополи наеднаш да ги исечеме, ниту, пак, имаме капацитет за спроведување ваква масовна акција. За такво нешто Град Скопје треба да побара да се вклучат и другите јавни претпријатија со соодветна механизација - вели Елизабета Георгиевска, портпарол на „Паркови и зеленило“.Таа објаснува дека „Паркови“ смеат да сечат и да кастрат дрвја исклучиво по издадено решение од Секторот за комунални работи на Град Скопје и тоа откако претставници на Секторот ќе излезат на терен и ќе утврдат дали дрвото е за сечење или не е. До пред неколку години надлежните од претпријатието сами можеле да одлучат кои дрвја се опасни, заболени или искривени и мора да се сечат, но веќе ја немаат таа можност. Тополите ги има во речиси сите населби, а најмногу долж улицата Теодосиј Гологанов во центарот и покрај булеварот Србија во Аеродром. Пред неколку години на „Гологанов“ беше организирана акција за сечење на тополите, по иницијатива на тогашниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. Неговото објаснување беше дека дрвјата претставуваат голема закана поради староста и плитките корења. Поради опасноста од паѓање и поради векот на траење од околу 25 години, акции за сечење тополи имаше и во други градови во Македонија. Дел од тополите на „Гологанов“ повремено се сечат, но на нивното место не се садат нови дрвја. Градот треба да одлучи што ќе прави со овој простор, односно дали ќе гради булевар, како што е предвидено според Генералниот план или ќе одлучи да остане зеленило. Од „Паркови“ велат дека имаат многу идеи за оваа локација, но крајниот збор ќе го имаат градските власти. Тополите на „Теодосиј Гологанов“ се садени во 1975 година, по налог на Град Скопје, како привремено решение. Нив требаше да ги одржува фабриката за мебел „Треска“, а потоа да ги сече и да ги користи како дрвна маса. Тие до денес останаа како привремено решение - објаснуваат од претпријатието.

Јорданка Ивановска




Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Nov-2008 at 20:52
мене тополите не ми се допаѓаат чисто поради естетски причини, на пр. тополите на кеј, во центар, премногу се големи за таква локација, мислам дека се подобри за во паркови и дрвореди по некоја улица, исто така не се многу разгранети, па на пр. не можат да обезбедат добра ладовина
на пр. ми смета што тополите до камени мост го попречуваат погледот кон калето од плоштадот
да не ме разберете погрешно, не ми сметаат општо тополите неа кеј, напротив на некои места од кејот мислам дека одговараат, но не и во најстрог центар
А цветот од тополите е стварно проблем кога ќе се разлета низ цел град, влага насекаде и е непријатен, но со сечење на некои дрва мислам дека не е решен проблемот, бидејки и две три дрва да се се доволни за низ цел град да се расее семето, а оваа со алергииве е малце глупаво


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Nov-2008 at 21:02

види ни пола век од оптималната старост не достигнале овие тополи, тоа ти доаѓа како на 30-40 годишен човек да успиеш, абе ако нечинел - не одговарал - бил потенцијална опасност, дислоцирај го - тргни го настрана, но не го убивај. затоа велам надреализам, ги мрзи да ги пресадуваат па ај ќе ги сечеме.
на запад за ваков момент во затвор се лежи и за намера а не па за дело, додека кај нас каубоец до каубоец по јавните претпријатија и градските(општинските) канцеларии, па и да сака некој нема да стигне сите да ги скроти!



Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Nov-2008 at 21:40
абе од секад се идело на принцип „ае, абе пак се бунат нешто луѓево, дај да го решиме проблемовна најлесен можен начин и да ги откачиме“
инаку воопшто не ми текна на пресадување Doh, но не знам дали имаат соодветна опрема, ипак се дрвја од некои 20 метри


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 22:04
Абе ако достигнале зрелост за у дрвна индустрија, зошто да се пресадуваат? Ионака за тоа биле засадени... Подобро да се сечат тие отколку други шуми. Плус тоа и пресадување кошта, а во конкретниов случај со оглед на староста и намената на дрвјата не ја гледам логиката.
Во секој случај јас сум на мислење дека не се прикладни за ваква голема употреба во урбани средини. Ни треба друг тип на зеленило... За жал на нивно место не гледам дека засадуваат нешто друго, но барем за таа локација можеме да се надеваме на изградба на Јужен Булевар и потоа „врз“ него да легне еден зелен појас за мерак. Ова треба да ни е долгорочната визија за која вреди човек да се бори.


Posted By: vardar
Date Posted: 13-Nov-2008 at 00:21

Се сечат тополите на „Митрополит Теодосие Гологанов“

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе ги сече старите тополи на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ и тоа на потегот од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ до зградата на „Нова Македонија“.

Стеблата што се сечат биле засадени во седумдесеттите години и поради плиткиот корен, а висок раст сега претставуваат потенцијална опасност и за минувачите и за паркираните возила. Од „Паркови“ велат дека најпрвин биле исечени најопасните тополи кај ТЦ „Олимпико“, а досега биле отстранети 15 стебла. Напоредно со екипите што сечат, на терен работат и екипи од комуналниот сектор во Градот, кои ги обележуваат стеблата што треба да бидат отстранети. Одговорните од „Паркови“ се' уште не знаат дали на местото на исечените дрвја ќе бидат засадени нови садници, бидејќи за тоа треба Градот да донесе одлука. (Сн.К.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=03DC1CE0B11D134EBB0F92A766FF87B4 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=03DC1CE0B11D134EBB0F92A766FF87B4


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2008 at 00:42
Тополите што ги зборевме некни. Сега сум уште поубеден дека треба сите до една да се исечат

1


2


3



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Dec-2008 at 05:00
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91C1896C256B2849912731D94E3E811C

На местото на тополите ќе се садат млади дабови, јавори и багреми

Ќе бидат засадени нови 400 дрвца од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ до „Нова Македонија“

Сања Наумовска

Исечените тополи на потегот од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ до паркингот спроти зградата на „Нова Македонија“ ќе бидат заменети со млади дабови, јавори и багреми. Секторот за комунални работи на Градот Скопје маркирал 260 тополи кои мора да бидат исечени, бидејќи поради староста се опасност за минувачите. На нивно место есенва и напролет ќе бидат насадени нови 400 дрвца.

Во текот на неделава ќе започне бележење и сечење на тополи и во Општина Аеродром, поточно на булеварот „Србија“ и на неколку други локации. И овие дрвја, веројатно напролет, ќе бидат заменети со млади дабови и јавори.

Со последната акција, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе отстрани 260 тополи. Ќе останат 800, кои ќе се сечат следните години. Обележани се оние кои се најстари и најпогодени од болести, а тие што се во подобра состојба ќе бидат оставени за некоја следна акција. На овој начин, велат во Секторот, нема да се почувствува дека недостасуваат дрвја во паркот.

„Решивме наместо тополи да засадиме јавори, дабови и багреми кои се брзорастечки и долговечни дрвја. За разлика од тополите, поради кои добивавме голем број поплаки од граѓаните, овие дрвја не „цветаат“ напролет и не предизвикуваат алергии“, вели Емил Дуровиќ, советник за паркови и зеленило во Секторот за комунални работи.

Во следните 10 години ќе бидат исечени сите тополи садени во шеесеттите години на минатиот век, бидејќи тие уште сега ја имаат надминато својата физиолошка старост, информираат од градскиот Сектор за комунални работи. Повеќето од нив се суви, на послаб ветер им се кршат гранки, а не ретко се случува и да падне цело стебло во парковите или на паркирано возило. Според планот за хортикултурно уредување, во текот на следните години, постепено, за секое исечено дрво ќе бидат посадени две. Со тоа, велат во Секторот, нема да се изврши целосна сеча во парковите, ниту пак ќе се почувствува недостаток од дрвја.



Posted By: beTon
Date Posted: 13-Dec-2008 at 03:45

http://www.skopje.gov.mk/images/File/E-servisi/baranje_sechenje_drva.pdf - БАРАЊЕ ЗА СЕЧЕЊЕ ДРВА - www.skopje.gov.mk/images/File/E-servisi/baranje_sechenje_drva.pdf


http://www.e-skopje.gov.mk/procedura.asp?ID=12 - РЕШЕНИЕ за сечење (корнење-кастрење) на дрва, грмушки и жива ограда на јавна или дворна површина

регулативава е обврзувачка за сите граѓани па макар сакале да поткстрат една гранка без разлика на причината. незнам кои се пеналите, но сигурно постојат само што нема кој да ги шутира, можеби се опфатени со Законот за Јавна Чистота но мислам дека долнава одредба не се однесува за оваа регулатива?!

член 19: забрането - сечење, складирање, цепење на дрва, јаглен и сл. , казна за физичко лице е 50 евра денарска противврдност, а секое правно лице ќе се казни во износ од 1000 – 2000 евра во денарска противвредност доколку на отворените простори на јавните објекти ја прекрши одредбата
http://62.162.36.2/new_site/images/storija_doc/1354/Zakon_za_Javna_chistota_111_03092008.pdf - Закон за Јавна Чистота
овие дозволи како прво треба прилично време додека се издадат, што значи дека човек и да сака по легален пат да го тера муабетов ќе се откаже уште пред да почне
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=19392#19392 - Процедурата за сечење дрво трае долго,бидејќи дозволите ги издаваат во Градот само откако локалната самоуправа ќе даде виза
а друго нема начин како самоволието да се контролира, па воедно и цела оваа регулатива е ветер и магла, евентуално ако државните институции ја почитуваат. порано доколку и постоела некоја регулатива функционирала исклучиво по систем на пријава, но бидејќи денес никој нема чувство и свест за одрувањето или уништувањето на зеленилото нема кој да накодоши за некое или нечие дивјаштво. единствен начин е скенирање на состојбата со зеленилото и по јавни и по приватни површини т.е. преку скрининг панорамски фотографии да се контролира состојбата на терен и соодветно регулативава да се наметне како неизбежна, но ова за нас е сеуште научна фантастика, па во догледно време ќе продолжи да функционира оваа нефункционална регулатива т.е. зеленилото ќе го третираме како нужно зло кое ако ни се најде на патот најлесно ќе биде да го турнеме, дали било тоа заради отварање на нечиј видиковец или заради имплементирање на нечии хортикултурни визии и амбиции!
ЈАВНО ЗЕЛЕНИЛО СЕ ПОВРШИНИТЕ ПОКРАЈ СЕРВИСНИТЕ И СТАНБЕНИТЕ УЛИЦИ, КОИ СЕ НАСАДЕНИ СО ЗЕЛЕНИЛО, ИЛИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЗА РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕ.
ПРАВА И ОБВРСКИ!
1. Јавното зеленило се одржува со негово подигање, одгледување и обновување, со
заштита од оштетувања, болести и штетници, со чистење и со поставување, градење и
одржување објекти, уреди, инсталации и урбана опрема;
2. На јавното зеленило не е дозволено неовластено корнење, кастрење и сечење дрвја, грмушки и жива ограда;
3. Не е дозволено газење и седење на тревата, кинење и откорнување цвеќе и базје, промена на структурата и составот на почвата, копање канали и палење оган;

4. Се забранува фрлање и оставање отпад на јавното зеленило, истоварање и оставање
стока, амбалажа, шут, градежен и огревен материјал, како и истурање нечиста вода и други течности;
5. Забрането е чување и напасување добиток на јавните зелени површини;
6. Не е дозволено неовластено поставување, поправање, заменување и преместување
објекти, уреди, инсталација, киосци, рекламни паноа, знаци, патокази, соопштенија и слично;
7. Не се дозволува минување, запирање, паркирање и оставање на возилата на јавните
зелени површини и нивно миење.
КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
http://www.aerodrom.gov.mk/vesnik/21aerodrom.pdf - http://www.aerodrom.gov.mk/vesnik/21aerodrom.pdf - февруари 2008



Posted By: beTon
Date Posted: 22-Dec-2008 at 02:28
Советниците од СДСМ обвинуваат

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=76DF405C92BF0342BA12B1CEC2075F5E - Од Центар саделе дрвца со „златни“ корења

Општината потрошила 389.000 денари за набавка на зимзелени дрвца, кои во ЈП „Паркови и зеленило“ чинат само 26.000 денари



Зимзелени дрвца кои во ЈП „Паркови и зеленило“ чинат 270 денари, Општина Центар ги купувала од непозната фирма по цена повисока од 8.000 денари, тврдат членови на Советот на Општината. Тие се повикуваат на податоците што ги добиле во материјалите за неодамнешната седница, а ги доставила Општината, во кои стои дека за набавка на 30 мали и 30 средни четинари е потрошено повеќе од 389.000 денари.Овие советници тврдат дека бројките покажуваат оти Центар троши без мерка.

- Необјасниво е зошто Општината потрошила 389.000 денари кога тие дрвца во „Паркови и зеленило“ ќе ги купеше за 26.000 денари. За некого можеби е ова мала работа, но не е така. Ова е трошење без мерка. Кој знае за колку уште работи Општината преплатува. Ова го поставив како советничко прашање на последната седница и се' уште немам одговор. Никој од Општината не сака да ми објасни што се случува - вели советничката од СДСМ, Благородна Крстевска-Мојсовска.

Советниците останаа без одговор од градоначалничката Виолета Аларова и од надлежните служби зошто парите не се трошат на поприоритени работи како крпење на сообраќајниците наместо за скапи зимзелени дрвца. Советиците на шега велат дека сите дрвја што се насадени во општината имаат златни корени. Советничката Крстевска-Мојсовска додаде дека има многу нелогичности во извештајот за реализација на програмата во Општина Центар.

- За одржување на зеленилото се потрошени два милиона денари, а за крпење дупки по сообраќајниците само еден милион. Чудни се и пресметките што Општината ги направила за одржување на зеленилото, па така во зимскиот период, поточно за одржување на зеленилото во јануари и во февруари, потрошиле 520 илјади денари, а напролет кога почнува кастрење, полевање и косење на тревата, речиси двојно помалку пари. За одржување на зеленилото во јуни се потрошени 176 илјади денари, а во јули 165 илјади денари - изјавија од советничката група на СДСМ.Од стручните служби на Општината советниците добија одговор дека цената на зимзелените дрвца е висока зашто непостоела друга ставка според која би ги пресметале аргатските работи како копање дупка и садење на садницата. Но, од стручните служби немаше одговор каков е тој скап третман на тревата и зимзелените садници зиме.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=76DF405C92BF0342BA12B1CEC2075F5E - Дневник - Марија Тасев - 22.12.2008

најверојатно ќе се вадат дека користеле зиме заштита за дрвата како ќебиња и адитиви, а за младите фиданки дека се раритени сорти  Bash па ако веќе трошат на скапи дрва нека фрлат некој денар да ги осветлат и средишните жардињери по улиците!



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Jan-2009 at 22:01
Originally posted by Cloverstack

Тополите што ги зборевме некни. Сега сум уште поубеден дека треба сите до една да се исечат

Еве веќе ги сечат




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2009 at 23:35


А се садат и нови на нивно место  Cheers

НОВИ ДРВЦА НА БУЛЕВАРОТ МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ

Екипите од секторот “Градско зеленило” до крајот на неделава ќе засадат 100 нови садници од видот јасен (фраксинус ексцензиор). Садниците ќе се садат во дрворед и ќе го разубавуваат просторот на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, на потегот од Алумина до Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Станува збор за разубавување на зеленилото со нови садници на местото каде веќе беа исечени старите тополи.

Бидејќи дрвјата беа стари, со болни корења, исушени стебла и гранки, а и заради безбедност и превенција од здравствени проблеми-алергии, по барање на граѓаните, а по налог на Градот Скопје, екипите од ЈП”Паркови и зеленило” интервенираа навреме.
Новите дрвца, според своите карактеристики, како листопадни високостеблести видови, не предизвикуваат алергии и не испуштаат мирис. Нивните стебла и крошни, како и местоположбата и климатските услови се погодни за овој дел од градот, правејќи го притоа поубав и побогат со зеленило



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2356&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: beTon
Date Posted: 05-Feb-2009 at 00:02

е ова е добра вест, пак вишни дрва но малку и пошироки 

http://www.gardenplansireland.com/forum/about581.html - Fraxinus excelsior / Fhuinseog (European ash)

Growing information at a glance.
deciduous (sheds and renews leaves annually)
Fast-growing
Expected height: 25m / Expected spread: 20m over 50 years
Grow in full sun or partial shade
Tolerant of most soils but prefers a moist, deep, rich soil.
Flowers Dark-purple in Summer, with Green fruit in Autumn
Mainly pest and disease-free.

...



Posted By: anDarko
Date Posted: 05-Feb-2009 at 09:55
а кога ќе се гради јужен булевар - пак сеча!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Feb-2009 at 17:41

Се обновува рустик-павилјонот во паркот во Сарај

Екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ деновиве почнаа со реконструкција на зеленилото во Спортско рекреативниот центар „Сарај“.Од „Паркови“ велат дека паркот е познат како рустик-павилјон, стар околу петнаесетина години и од безбедносни причини не бил во употреба за граѓаните од овој дел од градот. Поради тоа, екипите од Секторот за вонградско зеленило, почнале со садење дрва, реновирање на павилјонот, кроење на дрвцата и грмушките и собирање на паднатите лисја.

Од претпријатието најавуваат дека во периодот што следи нивните екипи ќе имаат акција за сеча на борови на површина на 12 хектари на месноста Бел Камен на Водно и ќе постават триесетина канти за отпадоци на пофреквентните места на потегот од Средно Водно до детското одмаралиште.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=283C2FDDAF9FC74EBD88FD3C9F235557


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2009 at 18:31
„ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ НАЈАВУВА
Висечки жардиниери на плоштадот

Градските власти во годишната програма за одржување на јавното зеленило ќе се грижат за приближно 50 милиони квадратни метри површина. Во нив е вклучено градското и булеварското зеленило, првиот и вториот дел од градскиот парк и паркчето Опатија, „Жена-борец“, парк-шумата Водно, Гази Баба, езерото Треска, спортско-рекреативниот центар „Сарај“. Во првиот дел на Градски парк годинава треба да се постави ограда и да се обнови зеленилото од фонтаната „Лотус“ до „Езерце“. Во вториот дел ќе се реконструира зеленилото со планот кој треба да се реализира до 2011 година. Се предвидува обнова и на зеленилото на потегот кај клучката „детелина“ и да се пополнат дрворедните садници на магистралните улици. Годинава екипите на „Паркови и зеленило“ ќе продолжат и со сечата на тополите. Планирано е да се исечат илјада стебла поради нивната старост. Првпат се предвидува одржување на зеленилото на два локалитети - кањонот Матка и Зоолошката градина. Исто така се најавуваат нови содржини, како висечки жардиниери на канделабрите на плоштадот Македонија и изработка на цветен грб и знамиња. Активностите ќе се финансираат со средствата кои се изделуваат од сметката за вода во износ од 17,5 проценти. Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е задолжено за машинско и рачно косење, полевање на тревниците, кроење на дрвјата и грмушките и други активности поврзани со уредувањето на зелениот простор. Во план е да се довршат средишните жардиниери на булеварите Кочо Рацин, потегот од мостот кај Народна банка до „Зелен пазар“, на Христијан Тодоровски-Карпош и Крсте Петков-Мисирков и да се постават нови на булеварите Кузман Јосифовски-Питу, Јане Сандански, Октомвриска револуција, на потегот од „Алумина“ до Момин Поток, булеварот Србија и на Партизански одреди од „Симпо“ до мостот „Обединети нации“.




http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1628&ArticleID=108048


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Feb-2009 at 20:02

Парк "Невена Георгиева Дуња" веднаш до истоименото училиште во Кисела Вода...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 23:50

Цути бетонот,зеленилото чека некоја нова пролет

Многу станбени и градежни објекти денес го спречуваат природното струење на воздухот низ градот, кои го блокираат правецот на ветерот од реката, велат во ЈП „Паркови и зеленило“


Во Скопје има околу 8,3 квадратни метри зелена површина на жител, што не е ни приближно до потребните 25

Поради неконтролираната изградба и пренаселеноста, во Скопје има дури четирипати помалку зеленило од потребното, тврдат експерти за хортикултура од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тие објаснуваат дека ако Скопје има повеќе од 600 илјади постојани жители и уште неколку илјади за време на викендите или повремени, според нивните пресметки градот би требало да има најмалку 15.000.000 квадратни метри зеленило, а во моментов располага само со 4.000.000 квадратни метри градско зеленило. Од „Паркови и зеленило“ велат дека во тие четири милиони квадратни метри не влегува зеленилото во приватните дворови, институциите и фирмите и неуредените зелени површини, што според нивна процена не може да биде повеќе од 1.000.000 квадратни метри.

- Според сите пресметки, земајќи го предвид и зеленилото што не го одржуваме, во Скопје, на глава на жител има околу 8,3 квадратни метри зелена површина што секако не е ни приближно до потребните 25 квадратни метри. За Скопје во 1974 година, при изготвување на ГУП земајќи ги предвид сите фактори, утврдено е дека се потребни 25 квадратни метри зеленило на глава на жител, што се покажа како недостижна бројка. Треба да се напомене и дека во 1974 година кога се правени процените во Скопје немало толку многу возила и загадување, ниту толку многу станбени и градежни објекти кои денес го попречуваат природното струење на воздухот низ градот како што е случајот со населбите Капиштец, Порта Влае, како и градбите покрај реката Вардар кои го блокираат правецот на ветерот од реката. При денешни услови бројот на неопходно зеленило би бил и поголем ако се направи повторна анализа, која, за жал, досега повторно никој не ја направил, велат одговорните во ова јавно претпријатие.

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КРЕВААТ РАМЕНА

Виолета Аларова, градоначалничка на Општината Центар, во која има експанзија од повеќекатни новоградби, вели оти е немоќна да го спречи градењето наспроти зелените површини и додава дека токму на тоа не се внимава во нејзината општина.

- Навистина не ми се допаѓа кога при подготовка на детаљните урбанистички планови не се води повеќе сметка за зелените површини. Но, за жал, градоначалниците немаат големо влијание при подготовката на тие планови, вели Аларова.И одговорните од Општината Кисела Вода велат дека во поново време немаат некој правилник или урнек по кој треба да се придржуваат кога е во прашање зеленилото на квадратен метар по жител.Тони Чуповски од одделението за односи со јавност во општината Кисела Вода вели знаејќи дека се' помалку зеленило останува за граѓаните тие решиле при изградбата на новата населба Расадник, токму на тоа да внимаваат.

- Во Расадник, каде што има многу новоградби, градоначалникот инсистираше да има паркови и зеленило многу повеќе од другите делови на општината. Така и во ДУП за тој дел од општината предвидени се неколку илјади квадратни метри само паркови и зеленило, изјави Чуповски. Но, од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека при утврдување на нормите за зеленило по глава жител во некој град, се врши аналитичка процена на повеќе фактори како што се: број сончеви денови, максимални и минимални температури, загадување, ружа на ветрови, јачина на ветровите, правец и период на дување, отвореност кон планински масиви, близина на планински комплекси , педологија, подземни води, постоење на река или реки во градот, состав на почвата, инсолација, просечни температури и др. фактори. А од таму додаваат дека при изработка на ДУП - овите речиси и не се обрнува внимание на сите потребни параметри.

ЗЕЛЕНИЛО БЕЗ ЛИЦЕНЦА

- За секој град е различна процената од потребата од зеленило на глава на жител. Како посебен и основен проблем е тоа што не постои закон за зеленило со кој би се регулирале сите аспекти на зеленилото и со кој би се третирала дејноста во целина и поединечно, од различни аспекти, би се дефинирало финансирањето, би се утврдила стандардизација, правилници и нормативи на потребно зеленило што денес ги немаме не само за Скопје туку и за цела земја, Затоа, „Паркови и зеленило“ на разни начини се обидува да го иницира донесувањето посебен закон за зеленило. Со Стопанската комора на Македонија ја изработивме работна верзија на законот за зеленило, но работите никако да се помрднат од место и покрај тоа што од Владата се дадени многу предлози и работни материјали. Проблематиката со која ние се занимаваме се допира со други закони, (за комунален отпад, комунални претпријатија, јавни претпријатија, шуми, чистота, закони за град Скопје, просторно и урбанистичко планирање, градба, заштита на природата, за вода, заштита на природни реткости и други закони,) затоа е неопходна потребата од посебен закон за зеленило, велат во „Паркови и зеленило“.Оттаму сметаат дека е неопходно издавањето лиценци за проектирање, изведување и одржување на зеленилото, затоа што денес во земјава многумина ја злоупотребувале нивната дејност.

- Во светот без соодветна лиценца никој не смее да прави планирање, развој, проектирање, реализирање, подигање и одржување на зеленилото. Во претпријатието постојат обучени експерти кои би можеле да ја добијат лиценцата, но нема соодветна регулатива ниту, пак, регуларен орган или тело кој би ја издавал оваа лиценца. Нема ниту дефинирани критериуми за нејзино добивање. Во ЈП „Паркови и зеленило“ имаме лице што има меѓународна лиценца како експерт на Обединетите нации, запишан во меѓународните книги за просторно планирање, но кај нас нема кој да му издаде лиценца - велат во Одделението за односи со јавност и додаваат дека со законот за зеленило ќе се овозможи ред за зеленилото и повеќе чист воздух за граѓаните.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BD61546C8B9B0A4E9AEF864EDB4634F5



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 04:26
Зелено катче на улица Македонија


Паркот пред Домот на Армијата, до спомен-домот на Мајка Тереза доби нов лик. Тој е интересно хортикултурно уреден, па скопјани повеќе нема да седат на искршените клупи и во мрак. Општина Центар го уреди паркчето, кое е со површина од 1000 метри квадратни. Посеана е нова трева, а извадени се малите жардиниери кои се украсени со ниски зимзелени садници. Исто така, во паркот се засадени елки и борчиња, а заменета е и старата дотраена инсталација со нова и поставени се 12 нови светилки, 12 нови клупи за седење и 10 нови корпи за отпадоци со пепелници. Општина Центар деновиве ќе поставуви и нови жардиниери, кои ќе бидат со ниски тревни садници.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E2FD5DF11BAFF448A645243671E84F83


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2009 at 22:34
Кејот на Вардар ќе се коси модерно


Општина Карпош деновиве ја презентираше најновата опрема, механизација за косење на трева составена од трактор косилка, неколку поголеми и помали футури косилки, моторни косилки, и две рачни косилки со конец наменети за недостапни површини, околу дрвја и големи косини. Инвестецијата вредна околу 8 илјади евра во новата опема е од сопствени буџетски средства на општината наменети за одржување и обновување на механизацијата за одржување на зеленилото во општината.

Надлежните од општината велат дека со помош на новата современа механизација за одржување на зеленилото, во наредните денови ќе се отпочне голема акција за чистење на кејот на Вардар, каде за прв пат, ќе се промовира трактор косилката наменета за поголеми рамни тревни површини.

Инаку, осовременувањето на механизацијата за одржување на зеленилото во Општина Карпош не е сторено години наназад, односно од 2003 година. Од минатото па се до некое време во општината се уште се употребуваа застарените косилки, кои граѓаните на Карпош ги нервираа поради бучноста која тие ја создаваа при нивната работа.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=78015522D695C1409C5840C3F8DAEA36


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2009 at 22:36
......механизација за косење на трева составена од трактор косилка, неколку поголеми и помали футури косилки, моторни косилки, и две рачни косилки со конец наменети за недостапни површини, околу дрвја и големи косини.......

Кажи Комбајн......


Posted By: MKballer
Date Posted: 12-May-2009 at 20:50
ejjjj ^ istiot traktor go imam doma za kosenje treva...mnogu jak e motorotCheers

-------------


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-May-2009 at 23:12
Аеродром деновиве е буквално претворен во прашума - еве слики од Он нет од Ново Лисиче:

Аеродром до Амазон


























http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=510BB3F4F04603418B0CFCC80EF5500B



Надлежните си спијат...



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 14-May-2009 at 00:00
сефте администрација, но не е за оправдување, сигурно тргнале опуштено за празниците, и поголем фокус дале на административното усогласување и преземање на надлежностите, но ако за нешто морале да се нафатат веднаш тоа е хигиената и тековното комунално одржување!
 порано бар се знаеше дека општината не се грижи, па редовно си доаѓаа косачи со запрежни коли, и се таманеа во два три дена, ем се искосено ем на вересија, ем сите задоволни!

шала на страна мора да почнат веднаш со косење, сега пак имало наезда на влекачи во населбата, а високата трева меѓу другото сигурно допринесува за таквата ситуација...
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=F4D739F92DCC7E4E98BC7368A3303F73&arc=1 - www.dnevnik.com.mk/?itemID=F4D739F92DCC7E4E98BC7368A3303F73&arc=1



Posted By: beTon
Date Posted: 14-May-2009 at 01:02
еве и реакција, демек не можеле да постигнат, па зар немаат на готовс екипи и план како да се справуваат со вакви ситуации, ова ме потсеќа како готовноста со снегот, мора најпрво да бидат затечени а потоа да се организираат поозбилно...
патем не била ситуацијата критична само во аеродром туку во цел град, само што загрижува како аеродромци со 60 сезонски работници не можат да излезат на крај со очекуваново зашумување на зелените површини?

Тревата ги надрасна општините

„Паркови и зеленило“, заедно со скопските општини што ангажираат сезонски работници, не можат да постигнат да го искосат зеленилото, кое брзо растеше поради обилните врнежи

Треви високи по еден метар, џбунови, обраснати паркови е актуелната слика на зеленилото во сите скопски општини. Општ впечаток е дека никој не се грижи за џунглата околу училиштата, градинките, здравствените домови...

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, одговорно за одржување на зеленилото и тревата по јавните градски површини велат дека работат и прекувремено и за викенди само да ја искосат тревата, која брзо расте поради неодамнешните врнежи од дожд.

Граѓаните реагираат оти состојбата е алармантна во општините каде што има многу зеленило, особено Аеродром и Карпош, но и во центарот на градот. Тие негодуваат дека под густата, висока и дивоизрасната трева се собира смет, разни отпадоци и дека таа растителна џунгла е потенцијална опасност за децата.

- Сум одбрала да живеам во урбана средина и сакам таа да е уредена, впрочем за тоа и плаќам. Живеам во Аеродром, во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, каде што околината е катастрофална. Змии ќе не' изедат. Среќа што диви косачи ја поткастрија тревата, па може да се минува по патеките. Ова е страшно. Никогаш не било вака. Претходниот градоначалник Кирил Тодоровски беше мајстор барем за хигиената, вели Билјана Ивановска, жителка на Аеродром.

Во населбата Ново Лисиче на места има трње повисоки од два метра. Граѓаните велат дека тоа е вистински змијарник и дувло за кучиња-скитници. „Паркови и зеленило“ поради состојбата со тревниците дополнителни ангажирале косачи на тревата.

- Деновиве има многу поволна клима за раст на растенијата, особено на тревата. Нашите екипи работат со сиот капацитети. Имаме и нови косилки за трева, но, за жал, не можеме на сите локации да работиме во ист ден и постојано. Деновиве се' ќе биде доведено под контрола - велат од „Паркови и зеленило“. Во општина Центар велат дека ангажирале петмина сезонски работници, кои исто така ќе ги косат и чистат тревниците, но бидејќи тие не можеле да постигнат, ќе бидат ангажирани уште 50 сезонски работници.

- Општина Аеродром ангажира повеќе од 60 сезонци, кои го одржуваат јавното зеленило на целата територија на општината. Општината со работници и со механизацијата му помага на градското претпријатие во расчистувањето - велат во одделението за односи со јавноста од Аеродромот. И Карпош најмил 31 работник да помагаат во косењето тревници. Општината неодамна купи неколку косилки и трактор за одржување на зеленилото.

- Во општината Кисела Вода ангажиравме 15 работници, кои со екипите на ЈП“ Паркови и зеленило“ ја косат тревата и ги уредуваат парковите. Планираме од општински пари да купиме косилка за трева, која ќе му ја подариме на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, вели градоначалникот Марјан Ѓорчев.

Дневник - Марија Тасев - 14.05.2009




Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2009 at 09:11
Originally posted by beTon

сефте администрација, но не е за оправдување, сигурно тргнале опуштено за празниците, и поголем фокус дале на административното усогласување и преземање на надлежностите, но ако за нешто морале да се нафатат веднаш тоа е хигиената и тековното комунално одржување!


Веројатно си во право но штелување на администрација конечно не би требало да влијае на болдираниот дел. Клучниот збор е токму тековно. Зарем треба да очекуваме и да ни снема вода да речеме кога ќе се менува власт зошто ете во Рашче кадровски се поткусуруваат?

Катастрофа, оние сликине се ужасни, не змија, цел диносаурус може да се скрие таму.



Posted By: beTon
Date Posted: 14-May-2009 at 10:08
па конкретно секоја ротација на администрација значи и олабавување на институциите, е сега во колкава мера ова е фактор тоа не би знаел, во секој случај тие тешко излегуваат на крај и во нормални услови со вакви појави, а не па сега... 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-May-2009 at 10:27

РАСЦВЕТА ПАЛМАТА НА БОБИ

Актуелно

http://bitolski.makmreza.com/NewsFiles/RealSize/8d42c1ed-3365-4dba-92e1-ab96bf333997.jpg">

Деновиве битолчани кои поминуваат по улицата „Кичевска“, кај Скопската пиварница, зад црквата Св. Петка, во Битола имаат ретка можност да видат невообичаена работа. Палма расцветана, како да сме некаде на Медитеранот. За медитеранскиот шмек на улицата „Кичевска“, најзаслужен е Бошко Коневски, кој неговите сограѓани повеќе го препознаваат како Боби од „Макпетрол“.
Боби својата „домашна миленичка“ ја гледа како мало дете, лете ја наводнува, ја лади, а зиме ја покрива, ја грее, ја осветлува.
 
Само ретките минувачи препознаваат дека палмата е вистинска, а не е пластична, а како што вели Боби палмата била предмет на многу недоверба во изминатите години, но најповеќе вели дека ќе се сеќава на „кавгата“ меѓу двајца сопружници, кога сопругата не верувала дека палмата е жива. По расправијата следувал облог и сопругот заработил 500 денари.

За својата „миленичка“ палмата Вашингтонија, сопственикот, кој битолчани повеќе го познаваат како Боби од „Макпетрол“, вели:
-Палмата со мојот другар Сашо ја купивме пред седумнаесет години во Грција, и таа оттогаш е во мојата куќа. Првите неколку години ја чував во саксија дома, а потоа ја засадив во дворот. Тука е петнаесетина години, а за првпат расцвета минатата година. Кога ја купив во Грција беше заболена, а успеав полека-полека да ја „накренам“. Сега е атракција за сите кои поминуваат тука, а колку што знам таа е предмет на обложување, дали е пластична или природна. Немав надеж дека ќе цвета, ја купив едноставно како украсно цвеќе за дома, но ете се случи и тоа, палмата лани расцвета.
 
За овој вид палма, Боби вели дека издржуваат температури до  минус десет степени, а во постудените зимски денови тој има посебен начин на чување.
-Стеблото го виткам со платно од јута, природен материјал, а кога фаќа студот ја покривам со специјална најлонска фолија, а му поставувам и греење, а тоа е сијалица која цело време свети и му ја дава потребната топлина, со гордост кажува Боби.
 
Деновиве, односно овој месец додека палмата има цвет, неретко се случува тука да се најдат младоженци, кои под палмата ги прават своите венчални фотографии, по венчавањето во црквата Св. Петка.
 
Палмата првите години беше сместена во домот на Боби, и за тоа тој вели:
-Лето-зима имавме пријатно зелено катче во домот, за кое сите се грижевме, но како што растеше палмата моравме да ја пресадиме од саксија во дворот. Првите години палмата ја гледавме повеќе, се додека се зацврсти, лето повеќе ја налевавме со вода, а во зима цело време од почетокот на зимата, па се до доцна пролет беше завиткана. Сега кога таа е цврсто двометарско дрво, и е украс не само на мојот двор, туку и на целата улица, радосен сум дека целата грижа и љубов кон палмата се исплати. Сега, овој месец ќе уживам, а потоа едвај ќе го чекам наредниот мај, и новиот цвет на палмата.
 
Боби во својот дом веќе ги одгледува младите палми кои се излезени од коренот на двометарската палма, а има и други цвеќиња во дворот, каде што заедно со пријателите ужива во овие топли денови, со ракија, мезе и ладно пиво.      

С.Ристевски



хаха забавно


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-May-2009 at 13:21
браво за упорноста! нека им биде за пример на охриѓани и ресенчани! но ним повеќе им лежи пластиката ниту лете треба да ја наводнуваш ниту зиме да ја заштитуваш!
но ок имаат и добра причина зошто луѓето не сакаат да свртат бар еден квадрат кон тропикализам, палмите не се автентични дрва, па грев е да се китиме со туѓи перја! Sleepy можеби и се во право, бидејќи и навистина ако стан тренд истите ќе бидат расфрлени на секој ќош како што беше примерот со кактусите во скопје, па освен инстант кич друго не ми се верува дека ќе добиеме Smile 
 
инаку ништо ново дека во Македонија успеваат тропски дрва и овоштија, само малку е чудно за битола и како човеков успева да излезе на крај со сињакот в зима !? со скопје битола е еден од најладните и најзагадените градови, капак најзамрзнат град в зиме со тоа http://www.makedonski.info/?text=1&search=%D1%81%D0%B8%D1%9A%D0%B0%D0%BA - сињакот (иње, укит) незнам колку плутено или ленено платно троши човеков за заштита, но сигурно со балсамирањево на палмовово дрво зиме му пее и утешни песни кога ќе подмрзне градот Yes сега не е лошо да проба и на пелистер да го зафати бар трново или нижеполе, бар таму е посончево а и сињак нефаќа!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-May-2009 at 17:36
Тоа ти е точно, но на лето таму е мразалница, така што не ти држи теоријата. Освен на зима да ја носи на Пелистер а на лето во градот Него баш се мислев пред едно 2 недели да си посадам и јас палма во дворот. Имавме пробано пред 6-7 години со родителите, баш во најжешкото од мај, ама не ни се фати воопшто. :/ Не знам како успеал, али јас ја немам видено палмата. Паметно во секој случај, штом може да има палми после Воден, зошто да не и малку погоре?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-May-2009 at 18:31
интересно она за пелистерот во право си навечер нагло заладува, но во суштина сортава како што вика  боби е отпорна и на -10, а и ја заштитува зиме со ќебиња, сепак и Битола тера под -20 зимото, со една разлика што на пелистерот особено нижеполе и трново сињак нема абер да фати додека битола саде кристали на секој чекор в зима!
 
абе зависи и со што го рани дрвото, ако го тови и со препарати сигурно дека ќикуртули и појаки температури, интересно е што Преспа (иако на голема надморска висина) бар во делот на крајбрежјето заради медитеранскиот бран што ја заплиснува од југ, сега може речеси се да истрпи и банана и киви и калинка, може да се проба и маслина колку за иштав, за палми и да не зборуваме... 


Posted By: beTon
Date Posted: 31-May-2009 at 16:45

пред да замине Трифун запна се да оплемени, но малку закаснето во однос на празниците, па се работеше и во неделите и за празниците! греота за вработените во паркови и зеленило, кои беа ставени пред свршен чин, но најбитно е навреме да се разеленат новите булеварски жардињери во скопје, што се од градот криви што навреме се' не испланирале! капак ние сме немале расад (најверојатно заради државното пошумување) па ајде дајте финансиски поегзотични дрва и грмушки за булеварите неможам никаде да најдам колку чинел цел овој потфат, но чим увозен расад сигурно е солено! 

Увозни садници ќе ги красат булеварите и градските улици

Шестотини вида увозни садници деновиве треба да пристигнат во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, со кои треба да бидат озеленети жардиниерите по булеварите и улиците во градот. Од листопадните садници ќе бидат застапени: каламата, јасен и калемен вид јасен, од иглолисните - јавор, туја, туја пликата, туја розенталис, а од зимзелените - ќе има чемпрес, ретиноспора и смрека. Од „Паркови и зеленило“ соопштуваат дека екипи од секторот „Подигање зеленило“ изминатиов период ја подготвија почвата, а при крај се и со поставување на хидрантниот систем за наводнување.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=563F5CEC7D49254E98AD37CF0F9A9ED8&arc=1 - Дневник - 16.04.2009


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2009 at 01:06
[offtopic]
Нели зимзелени и иглолисни беа иста работа?! Dunno Колку што се сеќавам по ЗПО така ме учеа у школо! Дали јас имам забуна или новинарска ќе да е?!
[/offtopic]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jun-2009 at 01:11
LOL

Не е твоја забуната, новинарска е по обичај


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Jun-2009 at 02:00
не е новинарска забуна, текстот е речиси издиктиран од паркови и зеленило. да како основна група е зимзелената вегетација, но истата се дели натака на неколку видови како зимзелена и полузимзелена, сетне субтропска зимзелена и медитеранска зимзелена вегетација  истата составена од растенија, грмушки и дрва..
конкретно тука во текстот се однесува на зимзелени дрва кои не се тврдолисни т.е. немаат иглени листови, значи категоризација на подгрупи на зимзелени дрва, саде дендрологија еве неколку линка:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_tree_genera - http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_tree_genera
http://en.wikipedia.org/wiki/Coniferous - http://en.wikipedia.org/wiki/Coniferous   
http://en.wikipedia.org/wiki/Evergreen - http://en.wikipedia.org/wiki/Evergreen


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jun-2009 at 02:07
А зарем јаворот е иглолисно дрво?


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Jun-2009 at 02:16
да јаворот е вишак во категоријата!


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Jun-2009 at 22:45
јас мислам дека не треба само да садат дрва, треба да има некој ред, убаво да се испланира каде треба да се засадат според особините на локацијата, треба дрвата убаво да се наредени според функцијата и според изгледот и локацијата, потоа треба редовно да се одржуваат (кастрат, обликуваат, наводнуваат) и т.н.
исто битно е да се исечат веќе старите и непотребни дрва (на пример грдите тополи) и на нивно место да се засадат нови и посвежи дрва

што се однесува до целовкупното зеленило низ градот, уште стојам до ставот дека треба насекаде да има чисто зелена трева (онаа, ко тепих уредна) и повеќе видови на цвеќиња и други растенија кои имаат повеќе бои (знам дека се потешки за одржување и дека пократко траат, ама сепак убаво би изгледало на средишното зеленило на булеварите на пример да има такво нешто)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jul-2009 at 16:35
Прекрасна најава... проблем е тоа што ја слушаме по сто и први пат 

ГРАДОТ ПОДГОТВУВА ПРОЕКТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ
Зеленилото ќе се полива со технолошка вода

Зеленилото во Скопје наместо со вода за пиење ќе се полева со технолошка вода од бунари, од кои ќе се црпи и водата за миење на градските улици. Според најавите на градоначалникот Коце Трајановски, градот ќе добие 60 нови бунари. - Со ребалансот на градскиот буџет обезбедивме пет милиони денари за бунарите да почнат да се градат уште годинава. И покрај тоа што во програмата на градоначалникот беше предвидено тоа да се реализира до 2010-2011 година, веќе се изработува неопходната документација за објавување тендер, со што се исполнуваат техничките предуслови за почеток на проектот “ велат градските власти. Според нив, изградбата ќе се одвива во неколку фази, а од бунарите ќе се полеваат зелените површини, додека помал дел ќе се користи за миење улици. Темпото со кое ќе се градат бунарите ќе зависи од финансиската состојба на Градот, од постојните гео-хидролошки карактеристики на теренот и големините на површините за кои ќе се употребува техничката вода. - Точниот број бунарите што ќе се копаат ќе се знае во наредните години. Веќе имаме изработена предлог-студија за поголемо искористување на техничките води на територијата на Скопје “ велат од Градот, од каде што се оптимисти дека со изградбата на бунарите во голема мера ќе се намали потрошувачката на вода за пиење, а ќе се заштитат водите на изворот „Рашче“ и на околните зони. На подрачјето на Скопје засега има само пет бунари за технолошка вода, кои се наоѓаат во Аеродром. Од ЈП „Паркови и зеленило“, задолжени за полевање и за одржување на зеленилото, велат дека тие немаат доволно капацитет затоа што даваат вода само два до три часа дневно. - Во моментот со технолошка вода се полеваат зелените површини од 400.000 квадрати во Градскиот парк, каде што стасува преку канал, од кој се црпи вода од Вардар. А за две третини од зеленилото во Аеродром се користат новите пет бунари “ информираат од јавното претпријатие. Според податоците од Град Скопје, во Аеродром има најмногу зелени површини, кои се со големина од еден милион квадратни метри. Остатокот од јавното градско зеленило изнесува 2,3 милиона квадратни метри. Само општината Гази Баба има изградено три бунари за технолошка вода, што ја користи за потребите на нејзината територија.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1758&ArticleID=117879


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jul-2009 at 16:38
Инаку во врска со тоа во колкава мерка се доволни постоечките бунари во аеродром, погледнете го ова:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=14754#14754 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=14754#14754

Ова е од лани. Моментално тревата се држи како-како така, благодарение на постојаните врнежи минатиот период.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 17:44
Дискусија во врска со исечените дрва на бул. Илинденска на потегот влада-парк овде во нишката за бул. Илинденска:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=43058#43058 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=43058#43058


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jul-2009 at 23:09

Продолжува сечата на тополи на „Гологанов“

„Паркови и зеленило“ продолжува со акцијата за сечење на старите тополи на улицата „Теодосиј Гологанов“. Деновиве исечени се пет дрвја кои, поради староста, претставуваат опасност за минувачите. Екипите на „Паркови“ ќе ги искористат дрвјата за обновување на клупите во Градскиот парк и на Водно, како и за изработка на кошници за отпадоци, видиковци и огради во парк-шумите „Водно“ и „Гази Баба“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C0F8FA2C47B84C4FA043874E783FCC1F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Aug-2009 at 03:09

Покосен дрворед од тополи

Од Општината велат дека пензионерите од околината барале дрвјата да се исечат зашто им предизвикувале астматични напади

Убав и стар дрворед од 16 тополи вчера беше покосен во Аеродром од пилите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Од Општината велат дека имале барање од пензионерите од околните згради да се исечат дрвата зашто им предизвикувале астматични напади. Според ЈП“ Паркови и зеленило“ тополите биле стари, а јаките и големи корења ја распукале улицата Васко Карангелески, која ноќе е неосветлена, па поради тоа и небезбедна за сообраќај.

Исечените стебла во камиони ги товареа војници од касарната „Гоце Делчев“.Наспроти пензионерскиот дом „Јане Сандански“, веднаш до Основното училиште „Љубен Лапе“ вчера имаше десетици граѓани што ја набљудуваа сечата. Неколкумина пензионери задоволно следеа и коментираа.

- Вака организирана акција, во која учествува и војската, не сме виделе од времето на Тито. Ме потсетува на некогашните работни акции. Со внукот се симнав пред зграда за да уживам во глетката. Тополите ни прават астматични напади. Пред неколку месеци еден сосед почина од гушење. Добро е што ги исекоа, воопшто не жалам - вели Милан Димовиќ, од Аеродром.

Од Општината потврдуваат дека имале притисок од пензионерите и дека тие морале да попуштат и да побараат да се исечат тополите, но додаваат дека дел од тополите биле стари и претставувале опасност при невремиња.Наспроти пензионерите од Домот, кој се наоѓа во непосредна близина, граѓаните од околните згради беа револтирани за уништувањето на дрворедот.

- Прекрасен дрворед уништија за 15 минути. Вакво однесување кон природата и кон потребите на граѓаните досега не сум видела. Таа мала уличка што води кон касарната и кон воениот базен, низ сите годишни времиња даваше идилична слика. Тажно е што никој не не' извести дека ќе се сечи дрворедот. Моето дете си играше пред зградата кога почнале да ги сечат дрвата. Просторот не беше обележан, барем со некоја лента да предупредат за опасноста. Никој не водеше сметка дали има деца или не. Имаше полиција, но немаше забрана за минување додека траеше сечата на дрвјата. Ова е некоја каубојска практика. Да знаев дека ќе ги сечат, ќе барав заедно со моите соседи образложение за тоа, вели Благица Милошевска, која живее веднаш зад дрворедот.

Лекарите-алерголози потврдуваат дека тополите предизвикуваат алергии кои се манифестираат дури и со гушење, одземање на здивот, но дека тие се опасни само 15-ина дена, додека цветаат, исто колку и другите дрвја и грмушки што предизвикуваат проблеми за здравјето на луѓето. Алерголозите велат дека и липите, кои ги има многу во Скопје, предизвикуваат дразнење на дишните патишта. Тие советуваат граѓаните навреме да реагираат на цветањето на одредени дрвја и да земаат терапија.

Градот неодамна исече исто толку голем и стар дрворед на улицата Илинденска поради атмосферската канализација што треба да се постави на улицата. И покрај острата реакција на граѓаните, Градот не вети дека ќе го обнови дрворедот. Во Аеродром наведуваат дека ова не е првпат да се сечат тополи, но нема да биде ни последен, зашто на нивна територија има уште тополи.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1DE125064CE12348A83EF978503BF216


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Aug-2009 at 04:02
Градот не вети дека ќе го обнови дрворедот.
Зошто? Bash


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 22-Aug-2009 at 16:38
Бидејќи со сигурност е утврдено дека тополите се криви за гушењето на еден човек, се надевам дека наскоро со истата ефикасност ќе ги покосат сите липи во градов, пошо предизвикуваат алергиски реакции и асматични напади кога цветаат.

Има некој слики од дрворедот? Беше прекрасен, баш ми е криво што не го немам сликано....



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2009 at 17:57
Јас сум алергичен на мачка. Каде и да влезам во домови каде што имат милениче мачка почнуваат да ми солзат очите, да кивам и нос да ми тече! И сега ајде може ли да ги соберат сите улични мачки?!

Да не ме сватите обратно, добро е тоа што се исекле тие дрва што предизвикуваат масовни иритации, но повеќе би сакал да ја употребам фразата "дрворедите од тополи се заменити со нови дрвореди" одколку да кажам се исекле!


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 22-Aug-2009 at 18:25
не те разбрав баш во последнава реченица.... Мубетот ми беше дека ова било тотално излишно, и дека е каприц на шака луѓе. Дрворедот беше феноменален, и ако тргаме од таа логика што ја наведе, градот треба да го стерилизираме со алкохол да ги убиеме сите животинки, и да ги искорнеме сите растенија. Уште посимптоматично е што сево ова направено без најва, и без некое посебно издржано објаснување. Зашто баш овие тополи? И дали ќе ги сечат липите, ако веќе толку излагаат во пресрет на граѓаните?

- Вака организирана акција, во која учествува и војската, не сме виделе од времето на Тито. Ме потсетува на некогашните работни акции. Со внукот се симнав пред зграда за да уживам во глетката.


WTF!?!?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2009 at 18:28
Милан Димовиќ - ТАЧКА НЕВИДЕНА


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2009 at 18:34
Кловер овој ти е некој комшија?! Го познаваш човекот?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2009 at 18:45
Не бе па ти, зарем онакви глупости не се доволни за утврдиме дека човекот е тачка  Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2009 at 00:32

Колку лесно се става пила на градските дрвореди?

Во „Паркови и зеленило“ и во Градот тврдат дека станува збор за планско сечење на дрвјата

Снежана Калабакова


Минатата недела во населбата Аеродром на улица „Васко Карангелески“ беше исечен стар дрворед од 16 тополи. Меѓу граѓаните проструи веста дека дрвјата биле исечени по барање на пензионерите кои живеат во непосредна близина, бидејќи тополите им предизвикувале здравствени проблеми. Во јавноста се постави дилема дали на дрворедите во Скопје лесно се става пила или можеби, сепак, тоа се прави плански?

Голем дел од граѓаните се на мислење дека многу дрвја се уништени и за градежни цели, како што беше сечењето на оние во паркот во Автокоманда за да се гради плоштадот. И летово беше исечен дрворед од јавори на улица „Илинденска“ за да може Градот да гради атмосферска канализација. И таму остана да виси во воздух прашањето дали така лесно беа вклучени пилите?

Од друга страна, пак, државата покажува дека се грижи за пошумувањето и веќе трета година ја организира манифестацијата „Ден на дрвото“. Граѓаните постојано се во исчекување дали садниците ќе опстојат и понатаму ќе се развиваат, бидејќи на дрвјата им се потребни години за да ги рашират крошните и да станат вистински бели дробови на градот. Затоа и со право многумина се прашуваат дали така лесно се сечат повеќегодишните дрвја во Скопје?

Ниту во ЈП „Паркови и зеленило“ ниту, пак, во Градот се согласуваат дека станува збор за непланско сечење на дрвјата. И едните и другите тврдат дека во изминатиов период, а и во иднина ќе се сечат старите тополи кои биле засадени во поземјотресно Скопје. Тогаш целта била брзо да се озелени градот, бидејќи тополите брзо вегетираат. Но, надлежните објаснуваат дека животниот век на тополите е десет години. Инаку, вакви стари тополи уште има на улица „Теодосиј Гологанов“, на булевар „Србија“ и на многу други сообраќајници во Скопје.

„Овие стари тополи при секое невреме претставуваат потенцијална опасност за граѓаните и во изминатиов период често паѓаа гранки. Имаше случаи кога оштетуваа автомобили, но добро е што досега не се случило да настрада некој. И јаворите на улица ’Илинденска‘ беа стари 60 години, а освен тоа и болни, за што доказ е и нивната уништена срцевина. Старите и болни дрвја мора да се исечат. Планирано е да ги исечеме и тополите на ’Митрополит Теодосиј Гологанов‘ и на булевар ’Србија‘ кои фатија болест. Имаме програми за садење нови садници на нивно место. И во Аеродром ќе посадиме нов дрворед“, вели Сократ Вулгаракис, советник во ЈП „Паркови и зеленило“.

Од Одделението за односи со јавноста во Градот велат дека со години по ред градското зеленило било запуштено и не се преземале никакви мерки за негово уредување или тоа се правело многу малку. И оттаму објаснуваат дека во Скопје има многу канадски тополи, бидејќи по земјотресот се саделе затоа што брзо растат, а таквите одамна требало да бидат исечени затоа што се закана за безбедноста на граѓаните. Од Градот додаваат дека се планира удвојување на средствата за одржување на градското зеленило.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=05B9520EFD953F49B0A376BF63A4E5D4


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Oct-2009 at 15:52

Цветен Центар
НОВ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
во областа заштита на животна средина



Почнувајќи од месец септември 2009 година, Општина Центар го спроведува проектот Цветен Центар, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Проектот ќе се спроведува на територија на општина Центар, во строгиот дел на централното подрачје кој што ги опфаќа постоечките бетонските жардиниери и корита, кои ќе бидат предмет на хортикултурно уредување со садници и цвеќе. Овие бетонски корита се наоѓаат во строго урбан дел, околу станбени згради, стопански објекти и институции, а истите се наоѓаат веќе подолго време во незавидна состојба, запуштени и за жал служат како место за отпадоци.
Нашата цел е да превземеме конкретни чекори во надминување на проблемот со запуштени локации и уништена природа, преку обновување на постоечките локации со нови садници и цвеќиња, во вид на еко-зони, а со нивното долгорочно одржување да делуваме на намалувањето на загадувањето на воздухот и отстранувањето на дивите депонии. Општината ќе посвети особено внимание на одржувањето на еко-зоните со редовен надзор, одржување и полевање, како и промотивно-едукативни активности за градење свест кај граѓаните и грижа за средината во која живеат.

   http://www.opstinacentar.gov.mk/images/SlikiElena/p1000271.jpg">%20      http://www.opstinacentar.gov.mk/images/SlikiElena/p1000272.jpg">%20

Последно освежување ( 7.10.2009. )
http://www.opstinacentar.gov.mk/ - http://www.opstinacentar.gov.mk/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Oct-2009 at 20:27

Градот ќе подели 4.000 садници

Градот Скопје ќе подели 4.000 садници на сите заинтересирани граѓани, куќни совети, установи и верски заедници, како дел од традиционалната акција. Садниците ќе бидат од 35 вида зимзелени, листопадни дрвја и грмушки.

Барањата за садниците заинтересираните ќе можат да ги поднесуваат до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар „Илинден“, најдоцна до 9 ноември.

Во барањето треба да се наведе видот на садниците што се бараат, бројот на садници и локацијата на која планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од установата која го доставува барањето.

Заинтересираните може да добијат најмногу 10 садници. Садниците ќе може да се подигнат од 9 до 30 ноември во просториите на „Флораскоп“ во расадникот во Бутел и во „Паркови и зеленило“, во расадникот „Парк“. Акцијата за доделување садници ќе продолжи и напролет.

Градот веќе трет пат доделува садници во вредност од два милиона денари годишно. Изминатава пролет на заинтересирани граѓани, куќни совети и јавни установи се доделени 1.500 садници, а до Градот Скопје биле доставени вкупно 90 барања. (С.Р.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5B5422E34FCA2B42A0B0F303F9C73E06


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Oct-2009 at 19:24

„Усје“ засади 1.200 дрвца во Припор

Членови на Месната заедница Усје, во соработка со Цементарницата, засадија 1.200 садници во делот на фабриката што гледа кон Припор. Пошумен е дел од дворот на „Усје“ во должина од 800 метри.

- Околу 200 луѓе засадија вкупно 1.200 садници од видовите бор, јасен и багрем. На крајот од акцијата Цементарницата организира ручек под шатори. Соработката со „Усје-Титан“ на полето на заштита на животната средина продолжува и во иднина. Договорено е вакви акции за пошумување да се изведат на целата територија на општината - велат во Кисела Вода.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=960C4E2596372946AC3E9FB1F70FFCE2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Nov-2009 at 14:41
Ова е порелевантно тука отколку во нишката за жардињери:

Жардиниерите-промашена инвестиција

Жардиниерите што градските власти ги изградија по должината на најголемите булевари, со цел да се намали концентрацијата на отровните издувни гасови од автомобилите, во догледно време ќе станат „ќелави“. Од Градот велат дека за нивното засадување и одржување на зеленилото ќе бидат потребни многу луѓе, па за почеток, тие ќе бидат засадени само со трева. Познавачите велат дека ако целта на средишните булеварски жардиниери е да го намалат загадувањето, тогаш мора да бидат засадени со рози и со други цвеќиња, а не со зимзелени дрвца и грмушки, како досега.

Градските власти објаснуваат дека некои жардиниери, како што се првиот дел од булеварот Партизански одреди, имаат многу густо насадена флора, поради што им пречат на учесниците во сообраќајот.

- Засега нема хортикултурно да интервенираме во новоизградените жардиниери, евентуално ќе посадиме трева. Ако изградбата на жардиниерите го чини Градот 40 милиони денари (656.000 евра), исто толку ќе чини и нивното зазеленување. Реално, километарските жардиниери треба редовно да се одржуваат, да се чистат од плевел, расадуваат, садат, а ние за тоа немаме доволно ни луѓе ни пари. Во иднина, секако, хортикултурно ќе се збогатат - велат во одделението за односи со јавноста во Градот.

Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина, која пред седум години направила студија за булеварското зеленило, вели дека розите и листопадните дрва се пожелни за Скопје, особено за централното градско подрачје.

- Во студијата што ја изготвија студентите, под опсервација и контрола на професори и магистри, стои дека во жардиниерите не треба да се сади само трева или исклучиво зимзелени дрвца и жбунести растенија кои имаат голема количина смола на листовите. На лисјата на овие растенија, кои вегетираат во текот на целата година без да ја менуваат лисната маса, се лепат оловните оксиди и другите штетни компоненти од издувните гасови. Потоа, при услови на дожд или испирање тие влегуваат во почвата и во подземните води - вели Лепиткова.

Според студијата, на местата со пофреквентен сообраќај треба да се засадат рози или други цвеќиња. Истражувањата покажале дека токму ливчињата на цветовите имаат најголема моќ да апсорбираат штетни издувни гасови, особено оловните оксиди.

- Ако се садат трендафили, нека бидат од оние што цветаат од март до ноември. Тие не случајно уште одамна биле садени по должината на булеварите. Моја препорака до градоначалниците е да се консултираат со стручњаци. Тревата не смее да биде доминантна, пожелно е да има повеќегодишни рози, љубичици или други цвеќиња. Јаворот, липата и костенот се покажаа како многу погодни, особено јаворот кој има голема можност на апсорпција на штетните материи во кората на дрвото, каде што најдовме големи концентрации на отрови. Садењето листопадни дрва е практика и во големите европски градови - вели Лепиткова.

Дел од граѓаните негодуваат и ги коментираат средишните жардиниери од повеќе аспекти. Едни велат дека ваков пример во светот не постои зашто жардиниерите и растенијата му пречат на сообраќајот, други потенцираат дека е опасно ако некој се судри со жардиниерата, а трети сметаат дека во средишното зеленило всушност треба да минува трамвајската траса.

Градските власти годинава направија десетици километри средишни жардиниери по должината на најголемите булевари: Јане Сандански, Партизански одреди, Александар Македонски и Октомвриска револуција.

Марија Тасев


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4B1453422140CB4E801B274E0452E2C9


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2009 at 14:54
Љубичици особено би биле погодни. Можат да имаат цвет дури и под снег, а без разлика дали се повеќегодишни пак ќе имаат семе што ќе ги оддржава долги години. Ама сепак, каква е таа жардињера ако основната цел на жардињера е ван функција. ИСто како да изградиш пат одсечен од патната мрежа без пристапи.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 16-Nov-2009 at 16:35
хахах траги-комично. Ове ме потсеќа на еден ист ваков (но од поголеми размери) случај на државна неодговорност! Во Бугарија за времето на комунизмот, кога метрото на Софија почнало да се гради, властите нарачале неколку композиции на вагони од СССР, МетроВагонМаш. И заради целокупната криза на комунизмот, градбата била замрзната а композициите чекале повеќе од 15 години во депо, за во 1998 конечно да бидат пуштени по метрото. А нашиве новинари, можат комотно да бидат заменети од 8 оделенски дактилографки, затоа што само пренесуваат веќе дадена информација, без никаква додадена вредност во смисла анализа или критика. Да не збориме што пола од овие жардињери би се рушеле при изградба на ЛРТ мрежата.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Dec-2009 at 00:03

Прекрасно е да видиш дека во Тафталиџе и Тафталиџе 1 (за понатака незнам) ни една зелена површина нема лист, најлон кеси, хартии ... Applause


2009-12-11

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Dec-2009 at 00:30
Хмммм, навистина убаво, но дали на толку големо/тешко возило му е местото таму  Ouch


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Dec-2009 at 01:17

Прво и ја помислив, но возилото никаде немаше оставено траги, маде и не е големо. (погледај во однос према луѓето) 



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jan-2010 at 06:31

Исечени дваесетина опасни тополи

Уште дваесетина тополи деновиве беа исечени од зеленилото спроти „Алумина“. Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека исечените тополи се стари, па затоа во овој период од годината може лесно да се струполат врз коловозот од тежината на снеговите.

Поголем дел од овие тополи во центарот, кои се садени пред повеќе од 30 години, како и тополите во другите општини се ставени на список за сечење. Од „Паркови“ велат дека тоа се веќе остарени дрва кои претставуваат опасност за граѓаните. Додаваат дека немаат моќ за големи акции за сечење, туку само за помали и интервентни акции, какви што лани имаше неколку во центарот и во Аеродром.

- Тополите побрзо растат, побрзо се развиваат и побрзо стареат од другите дрвја. Оние на улицата Теодосиј Гологанов се садени уште во 1975 година по налог на Град Скопје, но како времено решение и за потребите на фабриката за мебел „Треска“. Таа имала задача да ги одржува, а потоа да ги сече и да ги користи како дрвна маса. Инаку, тополата воопшто не е градско дрво, а во тоа време тогашните градски власти не претпоставувале дека е можно да се затвори „Треска“ или пак дека градот ќе се шири со толкав интензитет за дрворед од тополи да се најде сред урбана населба каква што е денес Аеродром - велат во „Паркови и зеленило“.

Тополите ги има речиси во сите населби, но најголема површина зафаќаат по должината на улицата Теодосиј Гологанов и покрај булевар Србија во Аеродром.

- Сечата мора да биде испланирана, оти и садењето нови садници, кои може да ја издржат скопската клима, мора да се прави исклучиво наесен. Во Скопје најдобро виреат јасенот, платонот и јаворот. Во Ѓорче Петров во изминатите години насадивме многу платони. Иако овие дрвја не оставаат многу убав впечаток, оти имаат големи листови, сепак со убаво одржување добро се снаоѓаат со скопската клима - велат надлежните во „Паркови и зеленило“.

Од Градот велат дека сечата се организира откако стручни лица ќе излезат на терен и ќе утврдат дали дрвата се стари или болни. „Паркови“ не смее да исече ни едно дрво без налог од Градот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F866182E6D8B974BB5F626E287816575


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jan-2010 at 17:28
ВИДОИЗМЕНЕТО ЗЕЛЕНИЛОТО ВО СКОПЈЕ
Нема веќе простор за големи дрвја Роза Петкова


Зошто во Скопје веќе не се садат липи, зошто нема уште улици како Ленинова, Орце Николов, Илинденска, со прекрасни дрвореди од диви костени, јавори, багреми и други раскошни дрвја. Овие прашања остануваат неодговорени за скопјани, особено за постарите, кои го паметат градот по високите крошни и дебелите сенки на дрвјата и по мирисот на нивниот цвет. За многумина, старото Скопје, она пред земјотресот, па и години по него, пред да почне неконтролираната урбанизација на градот, е многу поубаво од сегашното, кое се задушува во бетон и се кити со декоративни садници. Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, одговорни за зелените површини, велат дека големите дрвја, кои тие ги нарекуваат капиталци, поретко се садат затоа што нема простор за нив. - Денес имаме многу поголем избор на садници. Имаме јавор, јасен, бреза, даб, бука, четинари, смрека, црн бор, туја, секвоја, чемпреси, зимзелени и цветни грмушки. Дрвјата ги земаме од расадник како школувани садници, стари шест-седум години, а високи по три-четири метри. Но, големите видови дрвја бараат и голем простор за да бидат засадени. Поради урбанистичките планови, ние веќе сме сведени во гето и немаме каде да садиме. Липата, на пример, треба да е на растојание од следното дрво од пет до седум метри, чинарот десет метри, исто така и другите капитални видови - вели Слободанка Стефановска, дипломиран инженер по хортикултура, со 40-годишен работен стаж во „Паркови и зеленило“. Таа објаснува дека, за разлика од порано кога улиците се именувале по дрвјата, како улица на липи, на дабови, на костени, денес го нема тој обичај затоа што градот го загубил ликот на старото јадро. Според неа, сечењето на старите дрвореди, кои беа белег на некогашно Скопје, не е неопходно затоа што постојат механизми со кои може да се продолжи векот на тие големи дрвја, кои можеби живеат и до 100 години, преку закројување на крошните и одржување на стеблата. - Кога се реконструираше градскиот плоштад, исекоа 35 диви костени, јаки дрвја, со убави листови, кои даваа таква сенка што не може ниедно друго дрво да ја даде. Сега таму има јавори. Низ кејот, од Камениот мост до мостот кај „Холидеј ин“, двоен дрворед од јавори беше исечен. Сега се чинари бидејќи тие имаат централна жила на коренот која не ги крева плочките што се ставени одозгора - вели Стефановска. Таа потсетува дека во 1997-98 година се засадени нови дрвореди на Максим Горки и на улицата покрај МНТ, поточно кејот, кој е засаден со двојни дрвореди од црвени јавори. Последниве години големи дрвја се саделе и на улицата Партениј Зографски, и тоа даб и пирамидален чемпрес, а се дополнил и дрворедот со липи на улицата Васил Ѓорѓов, од Водњанска до Агенцијата за вработување, од кои повеќето денес се уништени. На потегот од „Дал мет фу“ до „Пелагонија“ се саделе ликвидамбари, донесени од Италија, кои имаат полупирамидална форма и во есен ги менуваат сите бои. Нови садници со црн јасен има и на Теодосиј Гологанов, на местото на тополите, исто и на Благоја Стефковски, а на улицата Ѓорче Петров се засадени 220 чинари.

Како се добива стандардот за зеленило?

Според ГУП од 1974 година, нормативот за зеленило бил 25 квадратни метри на еден жител. За да се извлече овој стандард, се земала предвид „ружата на ветровите“ која означува правци на движење на ветерот. Во Скопје дува само северозападен ветер и вардарец, кој го има по течението на реката. Тука се и местоположбата на градот како котлина, густината на населението, ладните воздушни маси кои во лето се симнуваат од Водно и ја разблажуваат климата, сончевите денови, температурните амплитуди.
- Беше направена анализа во 80-тите години на минатиот век за зеленилото во Скопје. Ние никогаш не дојдовме до бројката 25, ни тогаш, а камоли сега – тврди инженерката од „Паркови и зеленило“.

Дрвјата не виреат во скопскиот смог

Булеварското зеленило тешко вирее поради загаденоста во Скопје, велат во „Паркови и зеленило“, а како пример ги наведуваат липите на улицата Кочо Рацин, кои наместо очекуваниот раст од 20 метри, стагнираат или јасените на Теодосиј Гологанов кои, исто така, не растат. Оттаму потсетуваат дека во градот со години не се добиени нови зелени површини.

За секој жител по 6,7 квадратни метри зеленило

Од „Паркови и зеленило“ алармираат за состојбата со зелените површини во градот, чијашто квадратура никој не ја мери. Претпријатието во моментот работи според градска одлука во која стои дека во Скопје има четири милиони квадратни метри јавни зелени површини, заедно со „Треска“ и со „Сарај“. Оваа бројка поделена со бројот на население во Скопје покажува дека ни следуваат околу 6,7 квадратни метри зеленило по жител, што е драстично опаднато во однос на стандардот кој важел пред 40 години и изнесувал 25 квадратни метри.
- Ниедна општина нема обврска да не извести кога ќе пренамени зелена површина во нешто друго. Во ДУП најчесто се внимава да има паркинг-места за секој објект, но никаде не пишува колку зеленило треба да има по жител. А никој не се сеќава дека оваа работа не враќа пари, враќа здравје – вели Стефановска.

Жардиниерите нудат естетика, но не и квалитет

Бетонските жардиниери кои Градот неколку години наназад ги поставува во средишниот простор на булеварите не се сметаат за нови зелени површини. Тие се естетско уредување, но не нудат и поквалитетен воздух.
- Точно е тоа дека зимзелените садници не се најпогодни за жардиниерите бидејќи тие не ги задржуваат отпадните материи, туку со првиот дожд отровите паѓаат во земјата, а листопадните дрвја го апсорбираат штетното во гранките и во стеблото. Трендафилот, кој порано го имаше на булеварите, е особено добар затоа што и толчникот од цветот апсорбира издувни гасови – објаснува Стефановска.
Причина за ваквите пропусти било тоа што идејните решенија не ги ревидираат експерти од Шумарски факултет, сообраќајни инженери и Министерство за животна средина.
- Состојбата е ваква затоа што зеленилото не се третира како дејност. Нема закон за зеленило, нема стандарди што да се сади, на која височина, па дури и што смее да се сади во приватен двор за да се усогласи со надворешната околина. Со закон би се знаело и кој може да проектира – смета инженерката.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1912&ArticleID=130804



Print Page | Close Window