Print Page | Close Window

Нов кампус за УКИМ

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Ваши концепти
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1995
Printed Date: 19-Apr-2024 at 14:17


Topic: Нов кампус за УКИМ
Posted By: FoSsiL
Subject: Нов кампус за УКИМ
Date Posted: 11-Jan-2013 at 03:22

Ај вака

Знам дека е малку налудничава идеја, но кога би се разгледала добро има добра смисла.

Мојот предлог, кој ќе го прикажам подоцна и преку модел, е да се изгради нов кампус за УКИМ на локацијата предвидена за висококатници во Ново Маало, Центар. Еве неколку аргументи кои јас можам да ги споделам на оваа основа:

1. Да не се залажуваме, облакодерите на оваа локација се многу неверојатно да се реализираат, поради фактот дека се голема инвестиција и незнам кој би се нафатил да ги гради без притоа да се нафати на огромен ризик во однос на нивната исплатливост и успешност. Реално, Скопје (а воедно и Македонија) се навистина мали и по население и по економска активност што го прави овој проект да биде ризичен и оправдано непотребен.

2. Мое скоро формирано мислење, иако и јас сакам да видам високи згради во Скопје, е дека на оваа локација тие се непотребни и дека не би се вклопувале во визурата на тој дел од градот. Исто така, нешто што е клише, протокот на воздух и сообраќајот и недостигот на потребна инфраструктура (особено ако се станбени згради) би се отежнале. И уште едно клише, опасноста од земјотрес...

3. Лично сметам дека е потребна дислокација на УКИМ поради неколку причини:

- несоодветен постоечки објект за извршување на високо-образовна дејност, но и неприфатлив кога во прашање е атмосферата потреба за студирање и социјализирање... некако ми е многу морничав и депресивен...

- несоодветната локација, одалеченоста и изолираноста од центарот, општествените случувања, главните сообраќајни, но и пешачки коридори, секако со исклучок на Булеварот Крсте Петков Мисирков, но и од него е на некој начин настрана поставен, одвоен... 

- недостигот на простор и расцепканоста по факултети, не дека и на новата локација се би се собрало на едно место, но во секој случај ќе има место за повеќе...

- потребата од тоа студентите да бидат присутни во центарот, бидејќи тие се оние кои ги прават промените во општество... барем теоретски така би требало да биде ... ставајќи ги така повеќето на купче се зголемуваат условите за нивна интеракција, но и интеракција со останатите граѓани, нивен личен развој во така густо подрачје, се зголемуваат соработките помеѓу факултетите и студентите, се разменуваат мислења, идеи, се потикнуваат промени... 

- со изградбата на трамвајската мрежа (барем по мојот концепт за неа) овој кампус би се нашол на вкрстувањето на двете најважни линии и би бил блиску до трансферната станица, со што достапноста на кампусот и времетрањето за патувањата од и до него би се подобриле... а од друга страна пак, искористеноста и оправданоста на трамвајската мрежа исто така би се зголемила, како и потребата за нејзина реализација и понатаму надоградба, развој и одржување...

- блискоста до сите објекти и локации за задоволуње на различните потреби на студентите

- итн... 

4. Ново Маало треба дефинитивно да се среди и да заличи на нешто, да се урбанизира... А за тоа мое лично мислење е дека изградба на универзитетски кампус е многу пореална алтернатива, опција отколку изградба на облакодери (особено станбени, со било какви комерцијални елементи)...

Моделот ќе следи за некое време... мислам дека на повеќето ќе им/ви се допадне...




-------------
Македонија - Земја на чудата!



Replies:
Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Jan-2013 at 06:04

Сеуште не е готов... но еве еден teaser...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Jan-2013 at 06:12

Ај еве уште една од блиску

Нека не ве плаши столбот... ве молам



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Jan-2013 at 07:32

А еве го и од горе...

а еве и како замислувам планирам фасадата да биде... отприлика... не баш ваква... неможев да нацртам подобро...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: nouseforname
Date Posted: 11-Jan-2013 at 11:51
mnogu bi bilo podobro na tolkav prostor vo strog centar da se napravi nesto futuristicki stil,kako site novi kampusi vo svetot sto se napraveni,sto bi se vklopilo so drugite zgradi a ne i tuka da se stavi barok i klasicizam .....


Posted By: stratus
Date Posted: 11-Jan-2013 at 13:37
Јас мислам дека ова би било беспотребно трошење на пари дури и да сме многу побогата држава. Опшествениот кампус е одличен и репрезентативен во спевифичен архитектонски стил. Единствено што треба е темелно реновирање на сите објекти во склоп на универзитетот Кирил и Методиј, Најпрво од опшествениот кампус без притоа менување на неговиот изглед и студентскиот дом Гоце Делчев, а потоа на техничкиот кампус во Карпош 2 како и сите останати факултети и домови во склоп на универзитетот.
Инаку за локацијата воопшто не би се сложил да се градат нискокатни објекти, можеби не мора да се 100-катници, но 2 до 3, 30-40 катници и тоа како ќе му стојат на Скопје во тој најцентрален дел. Исто така тие да бидат исклучиво со деловна намена што мислам дека моментално има недостик на деловен простор во СК кој ќе биде најверојатно уште поголем во годините што следуваат.
Секоја чест Фосил за сработената работа но воовој случај не би се сложил со тебе.


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 08-May-2013 at 14:05
Ми се допаѓа концептот но не и локациjата, мислам дека нема потреба се да биде натрупано и стационирано во Општина Центар туку може и во други општини. Карпош ми изгледа посоодветно затоа што во близина се и студентските домови а и другите студенти од Чаир, Бутел, Аеродром и Кисела Вода не би имале некоj проблем да стасаат. Исто така сметам дека не е потребна дислокациjа на веќе постоечкиот туку градење на нов кампус. Вториов кампус би го нарекол „Технички кампус“ и на него би ги ставил ФИНКИ, ФЕИТ, Технолошки, ПМФ ...
Првиот (сегашниот) кампус би го именувал „Општествен кампус“ и би извршил мала модернизациjа на просторот, хортикултура, средени паркови, нови клупи, ново плато а потоа и модернизациjа на ентериерот и екстериерот

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-May-2013 at 14:27
Ново Маало треба да си откупи таму државата ако има нешто приватно и да се продаде или пак на концесионери и да изградат високи зданија со разно разни содржини. Тоа место во иднина треба да биде буквално атракција доколку се изгради еден комплекс да речеме далеку посодржаен и поголем од Џеваир како споредба само. Вакви глупости не треба.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-May-2013 at 22:47
Originally posted by Supervisor

Ново Маало треба да си откупи таму државата ако има нешто приватно и да се продаде или пак на концесионери и да изградат високи зданија со разно разни содржини. Тоа место во иднина треба да биде буквално атракција доколку се изгради еден комплекс да речеме далеку посодржаен и поголем од Џеваир како споредба само. Вакви глупости не треба.
Јасна ни е вредноста на просторот од транспортниот центар, до Мал ринг и неговите потенцијали (градска порта), НО...
верувам дека Фосил го дава ова како пример дека манијата од Ск2014 можеше да ги зафати ваквите простори, наместо веќе оформените, за објектите да бидат барем урбанистички издржани и адекватни
инаку, пролистај го подфорумов и ќе видиш дека човекот има дадено и други предлози


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Тркало
Date Posted: 11-May-2013 at 13:36
Подобро е да се средат на достоинствено ниво студентските домови, отколку ваква промена.
Јас имам друга ‘малку налудничава идеја‘.Универзитет негде во некој забатален дел од земјава, подалеку од поголеми места со сместување за сите студенти.Мал студентски град со целата потребна инфраструктура.
Некаде во Овче Поле меѓу Св.Николе и Велес или во околината на Велес како централен дел.


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-May-2013 at 22:16
После белградските студенски протести каде учествувале 30 000 студенти,никогаш нема студентите да бидат на едно место.Студенскиот дом Гоце Делчев е изграден баш со идеа на раштркување на студентите за да неможат да претставуваат сила.Раздели па владеј.Во Скопје што да предложат студентите од Гоце,сругите не им прифаќаат бидејќи овие живеат во многу подобри услови,и има многу кавги поради тоа.Никоја влада нема да направи кампус каде ќе бидат на едно купче сите студенти


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-May-2013 at 23:31
Епа тоа не е баш у наша полза, ние губиме...

Затоа што повеќето општествени и политички промени во западно европските држави потекнуваат од баш вакви универзитети... особено Сорбона еве како пример во Париз...

И немора да бидат радикални... доволно е формирање на лоби групи, не само помеѓу студентите, туку помеѓу професорите, академците, и тие уважени личности во тие општества...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-May-2013 at 23:34
Секако, потикнуваат и поголем и побрз научен развој и голем број на иновации и методи, при зголемена интеракција и интеграција помеѓу различни научно-истражувачки установи...

-------------
Македонија - Земја на чудата!



Print Page | Close Window