Print Page | Close Window

Велосипедски патеки и пунктови

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=200
Printed Date: 29-Mar-2024 at 11:59


Topic: Велосипедски патеки и пунктови
Posted By: Cloverstack
Subject: Велосипедски патеки и пунктови
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:52
Можеби нема да се изнаправиме муабет на оваа тема, ама не е лошо да и обратиме барем малку внимание.

Мислам дека користење на велосипеди треба да се стимулира до максимум. Еколошки, здрав и ефтин превоз кој не предизвикува гужви. Во многу случаи дури побрзо некаде ќе стигнете со велосипед отколку со било која друга форма на превоз, а нормално нема ни проблем со паркирање.

Единствено што треба да загрижува е колку ќе се импровизира со велосипедските патеки во иднина, то ест колку тие нема да се градат на сметка на други импровизации.

Еве мапа на велосипедските патеки во Скопје:

http://img166.imageshack.us/my.php?image=velosipedskamapanagradsot6.jpg">



Replies:
Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Feb-2008 at 13:11
незнам за скопје, ама за битола дефинитивно знам дека нема ниту една велосипедска патека и сообракајниот знак не постој непознато нешто е то за битолчанец... ама и колку шо сум бил во скопје мислам дека се користат за паркинг тие патеките (на партизанска ако не се лажам)...

друго корисно инфо, во солун исто нема ниедна и имам видено само три велосипедисти досега... ако има во предградијата то е друга работа, во поширокиот центар ни патеки ни велосипедисти има

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Feb-2008 at 14:39


Да за жал и постоечките велосипедски патеки се злоупотребуваат за разни други намени, не само за паркирање... Roll%20eyes


Инаку нема воопшто потреба да ги споредуваме нашите градови со грчките или да се угледуваме на нив. Солун, Атина и другите се во основа пренатрупани градови и големи урбанистички промашувања во секој поглед, особено од функционална гледна точка. Грците фрлаат огромни пари за да поправат некои грешки од минатото, но и тоа ќе има само ограничени резултати...


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Feb-2008 at 14:56


истото ќе го кажев. Скопје со сите утки е функционални многу подобар град од Солун. Новиве проекти како метрото и подводната сообраќајница заедно со обиколницата ќе ја ублажат ситуацијата. Но толкав град да се базира само на 3 главни улици е стварно премалку.

За жал тоа што се случувало во Грција во 60ти, 70ти кај нас во некои населби се случуваше во 90те па и денеска.


Posted By: dejan
Date Posted: 20-Feb-2008 at 15:05
Velosipedski pateki znaat da bidat i mnogu opasni. Koga ima lugje na niv, a nekoj vozi epten brzo na tocak...taka se sluci vo gradot kaj jas sto sum, pateka napravena za velosipedi i nekoj se pojavil da trca a isto vremeno se pojavi edna devojka na tochak (koja brzo vozese), vo ist pravec odele, i devojkata na tocakot probala da svrti vo posleden moment na strana ama nekako go utnala i letna pravo vo nekoje silno drvo kade grankata vleze vo nea:\


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Feb-2008 at 15:28


И пешки да одиш некаде, може сешто да ти се случи Важно велосипедот е побезбеден од автомобил на пример Big%20smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Feb-2008 at 20:01
Кловер, мапата не ми се отвора, може некако да ја постуваш пак?



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Feb-2008 at 20:31

Ај пробај една од овие опции

Thumbnail:

http://img516.imageshack.us/my.php?image=velosipedskamapanagradsvv4.jpg">


Линкови:

http://img516.imageshack.us/my.php?image=velosipedskamapanagradsvv4.jpg - [img=http://img516.imageshack.us/img516/2066/velosipedskamapanagradsvv4.th.jpg -

http://img516.imageshack.us/my.php?image=velosipedskamapanagradsvv4.jpg - http://img516.imageshack.us/my.php?image=velosipedskamapanagradsvv4.jpg

http://img516.imageshack.us/img516/2066/velosipedskamapanagradsvv4.jpg - http://img516.imageshack.us/img516/2066/velosipedskamapanagradsvv4.jpg


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Feb-2008 at 20:47
Фала кловер

Патекиве навистина немаат некаква врска една со друга, некако многу рандом расфрлени(за овие „постоечкиве“, што не знаев дека воопшто постојат)  А претпоставувам дека со секоја улица што треба да се изгради во иднина, како северен  и јужен булевар, има велосипедска лента, така? Така е предвиден сообраќајот во Скопје?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Feb-2008 at 20:49


Па така налага планот, а и здравиот разум. Е сега што ќе измислат некои говеда, тоа не можам да прогнозирам...

Wallbash


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Feb-2008 at 20:51
Грешка- сега видов дека сликата е во голема резолуција па видов дека не е баш како што мислев(на секоја улица - велосипедска лента) А дали велосипедската патека на партизанска е тротоарот? 


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Feb-2008 at 21:21
Па добро и јас не мислев дека баш за секоја улица прашуваш. Ако негде нема велосипедска патека не значи дека не може да се помине со велосипед... Инаку на партизанска на разни сегменти е различно. Воопшто има различни типови на велосипедски патеки кои пред се варираат и по поставеноста и по ширината - не го сваќај терминот толку ригидно. Конкретно на партизанска накај центар прашање е дали нема да треба негде да се импровизира (во целиот склоп, тротоар + велосипедска патека + дрворед), со оглед на тоа што треба да се планира дополнителен простор за ЛРТ. Барем јас се надевам дека нема да ја постават на веќе постоечката прва лента. Би било најдобро трасата за ЛРТ да влегува под земја што поисточно (поради низа поволности од разни аспекти)


Posted By: dejan
Date Posted: 21-Feb-2008 at 00:11
Originally posted by Cloverstack



И пешки да одиш некаде, може сешто да ти се случи Важно велосипедот е побезбеден од автомобил на пример Big%20smile

Na kraj taka e, pobezbeden e od avtomobil.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Feb-2008 at 09:03

„ПРОАКТИВА“ И ГРАДОТ ЌЕ ПРОМОВИРААТ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Ќе се гради велосипедска патека во центарот

Патеката ќе биде долга речиси два километра, ќе се движи по тротоарите и по кејот, а ќе ги поврзува Железничката станица, плоштадот и булеварот Партизански одреди

Велосипедистите во градот ќе добијат патека на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, која преку плоштадот Македонија, ќе се поврзе со булеварот Партизански одреди. Раководителот на Секторот за сообраќај во Градот, Јован Христовски, вели дека се привршува проектната документација, а ако се' биде во ред, по распишувањето на конкурсот за изведувач, изградбата би завршила до први јуни.Велосипедската патека ќе почнува кај Железничката станица, ќе минува пред комплексот банки и плоштадот Македонија и ќе завршува кај објектот на Македонски пошти на булеварот Партизански одреди. Ќе се движи по тротоарите и по Кејот на Вардар. Патеката ќе биде долга 1.880 метри, а широка 2,5 метри на двонасочните делници, односно 1,5 метар на еднонасочните, како на булеварот пред банките. Патеката ќе има семафори, ќе биде со обележани премини и опремена со потребната хоризонтална и вертикална сигнализација, како патоказни табли, знаци со велосипеди и со насоки на движење.На околу шест места ќе може да се изнајмуваат велосипеди. Две се предвидени на Градскиот плоштад, а другите се кај хотелот „Холидеј ин“, на помалите автобуски постојки и кај Железничка станица. За изнајмувањето на велосипедите ќе биде задолжена невладината организација „Екосвест“, а проектот ќе го спроведат НВО „Проактива“, Градот Скопје и Министерството за животна средина.

- Се одлучивме за оваа делница бидејќи на тој начин ќе ја поврземе источната со западната страна на градот. Во централното подрачје не постојат никакви обележани велосипедски патеки, од источната страна ги има во Ново Лисиче, а од западната во Ѓорче Петров. На тој начин тие ќе се спојат - објаснува Владимир Карчитски од „Проактива“.Оваа патека е првиот чекор во спроведувањето на основниот план за употреба на велосипеди, кој Градот го донесе во 2004 година. Таа е одредена како приоритетна делница од предвидените пет. Дел од проектот ќе финансира британската амбасада, која ќе издвои 26.000 фунти и од Програмата за мали донации на Глобалниот еколошки фонд. Во изградбата ќе се вклучи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. По изградбата на оваа патека ќе се градат и други, и тоа на места каде што воопшто ги нема. Ќе се обновуваат и постојните патеки, кои сега се неупотребливи затоа што на нив се поставени контејнери, трафики или бандери, а возачите редовно ги користат како паркинг-простор.

- Во Скопје има 48,5 километри велосипедски патеки, но тие се неупотребливи затоа што не се обележани и не се користат соодветно. Овој проект е практичен пример за промоција на алтернативниот транспорт наспроти возилата на фосилни горива. Гледано долгорочно, промоцијата на употребата на велосипеди поволно ќе влијае врз животната средина, а ќе ги подобри социјалните, здравствените, економските и животните услови во Скопје - велат во „Проактива“ и додаваат дека Скопје е идеално место за велосипеди.

Анела Петрова



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=64951F2B1184E24FAD8958666A6C0771


Posted By: skywings
Date Posted: 25-Feb-2008 at 10:45
онака понеделнички, ептен ме израдува информацијата за велосипедската патека...искрено сакам да се надевам дека стварно ќе биде до јуни... и дека нема да биде паркинг за колите


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Feb-2008 at 14:09
    Да, и мене ме израдува ваква информација, бидејќи во овој период од годината голем дел од времето го поминувам на велосипед, и секогаш одам во тој правец(не дека сум имал сериозни потешкотии да се снајдам, ама не е тоа поентата). Само ова со сигнализација на велосипедска патека ми е нејасно како го замислиле, на кои места би ставиле семафори? Имате ли идеја како би биле од корист семафори на велосипедска патека?
    Исто така добра е идејата со изнајмување на велосипеди, се надевам дека ќе биде добро прифатена и дека ќе стане навика да се вози велосипед наместо кола, како што прават многу луѓе, особено за некои смешни растојанија.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 19:47
И мене не ми е јасно за какви точно семафори ќе станува збор. Исто така малку ме буни изнајмувањето (2 места на плоштад?!?)

Но веста е одлична!!! Мислам дека добро ја одредиле приоритетната делница. Стално кога возам точак накај парк, тој дел го доживувам како алка што недостасува. Да се надеваме дека нема да застанат на ова и дека проектот ќе продолжи како што е зацртано.

Cheers


Posted By: blejdsk
Date Posted: 27-Mar-2008 at 02:08

ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ФИНАНСИРА


Велосипедска патека на кејот во Аеродром


Во Општина Аеродром започна изградба на асфалтирана патека долж кејот на Вардар, која ќе биде наменета за велосипедистите и рекреативците. Средства за оваа намена издвои Град Скопје, по чиј налог во моментот се врши расчистување на теренот. Откако ќе завршат земјените работи ќе се постават рабници и ќе се тампонира патеката која ќе биде долга еден километар, а широка 4 метри.

- Велосипедската патека ќе се протега од новиот мост на реката Вардар, кај Транспортен центар, во насока кон Аеродром, до почетокот на пешачката патека на кејот во оваа скопска општина. Таа ќе се поврзе со старата постоечка велосипедска патека, која се протега од спортското игралиште кај Маџир Маало до центарот на градот. Со цел на рекреативците да им се овозможи и место за одмор, на страничните делови од патеката ќе бидат поставени и клупи, велат во Градот, од каде за оваа намена ќе се издвојат околу 3,6 милиони денари. Во иднина, велат надлежните, ќе се обезбедат средства за продолжување на велосипедската патека до мостот Близнак.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C24BB7079006B0408CF0E06B0027C198 - http://vecer.com.mk/?ItemID=C24BB7079006B0408CF0E06B0027C198



Posted By: ProMKD
Date Posted: 27-Mar-2008 at 03:00
PreviousОдлично. Тука кај транспортен мост има колку што знам, ново изградени терени за кошарка / одбојка така нешто. Полека нека се среди, сите идат по примерот на Карпош! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2008 at 10:38
И уште да се направи тоа делчето од кејот кај Дрводекор, па ќе имаме велосипедска патека по цел кеј, што не е само од рекреативно значење, туку ќе стимулира луѓе посериозно да го сватат велосипедот како превозно средство.

Cheers


Posted By: Katz
Date Posted: 09-Apr-2008 at 14:24
Bas se raduvam sto ima interes za ovoj proekt.
 
Semaforite ke bidat postaveni na raskrsnici, slicno kako za pesacite.


Posted By: Katz
Date Posted: 10-Apr-2008 at 12:14

Повеќе информации за проектот има на веб страната на Проактива ( http://www.proaktiva.org.mk - www.proaktiva.org.mk )

Од октомври 2007 година Проактива започна со реализација на проектот "Промовирање на алтернативни транспортни решенија - намалување на стакленичките гасови во јавниот транспорт во Скопје, Македонија" финансиран од Британската амбасада во Скопје. Главна цел на проектот е намалување на емисиите на стакленичките гасови во јавниот транспорт во Скопје со промоција на употребата на велосипеди.

Овој проект е практичен пример за промоција на алтернативен транспорт наспроти возилата на фосилни горива. Гледано долгорочно, промоцијата на употребата на велосипеди поволно ќе влијае на животната средина, а ќе ги подобри социјалните, здравствените, економските и животните услови во Скопје.

Проектот исто така ќе придонесе за активирање на имплементацијата на позитивните законски прописи, како и да ја ангажира полицијата и јавноста да ја имплементираат легалната законска рамка која го регулира сообраќајот и безбедноста на патиштата. Британската амбасада ја претставува политичката и јавната дипломатска поддршка на животната средина и транспортот. Амбасадата ќе придонесе за одржливоста низ нашите претстојни проекти за животната средина и намалување на климатските промени финансирани од Амасадата и други фондови.

Сите проектни активности ќе бидат имплементирани во соработка со сите национални засегнати страни (Градот и Општините во Скопје, Министерството за животна средина и прострно планирање, Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Агенцијата за млади и спорт, ГЕФ/ПМГ во Македонија, локални здруженија на граѓани и сл.). Проектните активности поврзани со изнајмувањето на велосипедите и велосипедскиот простор за надворешна реклама ќе продуцира можности за создавање на успешен одржлив модел по завршувањето на проектот. Исто така ова ќе биде позитивен пример за зголемувањето на обемот на овие активности и нивна репликација (нивно повторување) во други општини во Македонија.

Очекувани резултати се:

  • Нова стратегија за управување со јавниот транспорт на Град Скопје, вклучувајќи ја употребата на велосипеди како средство за транспорт;
  • Основен план за употреба на велосипеди во Град Скопје имплементиран во пракса;
  • Реновирани велосипедски патеки кои ги поврзуваат далечните точки н азападниот и источниот дел на Скопје;
  • Најмалку 1000 нови лица кои користат велосипед, наместо лични авотмобили/такси за дневен урбан транспорт за период од 8 месеци од календарската година;
  • Кампања за подигање на јавната свест, односно промена на однесување на јавноста кон употребата на јавниот транспорт;
  • Промоција на јавно - приватно партнерство со утврдување на мрежа на претставници од локалната власт, граѓански друштва и бизнис секторот кои ќе ги управуваат и одржуваат велосипедските патеки во Скопје;
  • Креација на невладин сервис за изнајмување на велосипеди во Скопје

Покрај тоа Проактива отвори и веб страница целосно посветена на промоција на велосипедите: http://www.velosipedi.blog.com.mk/ - velosipedi.blog.com.mk

 
А еве ви ексклузивна можност да го видите логото на кампањата
 
 


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 12:32
Jako logo Smile


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Apr-2008 at 21:48
НА ДЕНОТ НА КРАЛИЦАТА НА ХОЛАНДИЈА
ОДБЕЛЕЖАН ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА НА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски, денеска, зеде учество во прославата на Денот на кралицата-Национален ден на Холандија, која ја организираше Амбасадорката на Кралството Холандија во Р.Македонија, Симоне Филипини. Манифестацијата се организираше под мотото “Освежи се!“, а главен настан беше велосипедската парада, како симбол на освежувачки, здрав, еколошки, современ и модерен начин на живот.

Прославата започна со симболично одбележување на почетокот на изградбата на велосипедска патека пред седиштето на Прокредит банка во населбата Аеродром. Имено, Град Скопје има изработено главен план за уредување на велосипедската мрежа во градот, а оваа година ќе се реализираат дел од сообраќајните и градежните проекти за уредување на велосипедските патеки. Амбасадата на Кралството Холандија финансиски ќе го поддржи Град Скопје во реализација на проектот за одбележување на велосипедската патека на булеварот Јане Сандански, на потегот од крстосницата со булевар Србија до Транспортниот центар.

Овој проект опфаќа поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација долж велосипедската патека, како и одредени градежни зафати кои се потребни за непречено одвивање на велосипедскиот сообраќај.

Град Скопје наскоро ќе започне и со реализација на основниот проект за уредување на велосипедската патека од Транспортниот центар, преку Кејот 13-ти Ноември, плоштадот Македонија до мостот Гоце Делчев. Овој проект предвидува повеќе градежни зафати, во насока на поврзување на велосипедските патеки на оние места каде што не постои физичка врска меѓу нив, а ќе се изврши и хоризонтално и вертикално одбележување на патеките. Реализацијата на овој проект ќе биде финансиски поддржана од страна на Амбасадата на Обединето кралство Велика Британија и Северна Ирска.

Град Скопје со овие активности ќе обезбеди поврзување на велосипедската патека од булеварот Јане Сандански со онаа на булеварот Партизански одреди, кои се всушност и двете главни артерии на велосипедската мрежа во градот.


преземено од: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1781&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1781&mid=24&tabId=1&tabindex=0

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-May-2008 at 16:47
Конфузен текст, ама ајде да го евидентираме.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40DB98FF80100E4CB82D84FD4D7C8987 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40DB98FF80100E4CB82D84FD4D7C8987


ГРАДСКАТА ВЛАСТ ЌЕ ОБЕЛЕЖУВА ПОВРШИНИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

На Кејот 13 Ноември ќе се вози по патека, а не меѓу маси

Граѓаните ќе може да изнајмуваат велосипеди на посебни места крај патеките

По децении негрижа за рекреативците, Градот Скопје ќе им овозможи на велосипедистите слободно да возат по улиците, без да се плашат дека ќе доживеат незгода. Градските власти најавуваат дека месецов ќе почнат да обележуваат површини на кои ќе се возат само велосипеди. Освен по пешачки површини, трасата ќе се движи и по сообраќајници, односно по булеварот Јане Сандански во Аеродром, преку Кејот 13 Ноември, до Мостот Гоце Делчев. На кејот трасата ќе поминува покрај ѕидот, кој е граница со мајор-коритото на реката Вардар. Град Скопје во соработка со амбасадите на Холандија и на Велика Британија работи на проект за уредување на велосипедските патеки во Скопје. Патеката по булеварот Јане Сандански до Транспортниот центар и онаа од Железничката станица, преку кејот и плоштадот, до Мостот Гоце Делчев ќе бидат уредени со хоризонтална и со вертикална сигнализација. Ќе бидат изведени и градежни зафати за да се направат поврзувања на оние делници на кои велосипедската патека е физички прекината и онаму каде што треба да се изврши денивелирање на истата - изјавија од Градот.Во моментов, велат оттаму, градската власт работи на потпишување на договорите со амбасадите на Холандија и на Велика Британија.По обележувањето на патеките, граѓаните ќе можат да изнајмуваат велосипеди на посебни локации што допрва ќе бидат определени. Се работи за 30 велосипеди што градската администрација лани во декември ги доби како донација од УНДП. Невладини организации што работат на промовирање на велосипедизмот како алтернативен и еколошки погоден транспорт, се вклучени во проектот и Град Скопје заедно со нив ќе го утврди начинот на изнајмување на 30-те велосипеди. Идејата е да се направат повеќе пунктови крај патеката на кои ќе се изнајмуваат велосипедите. Град Скопје и амбасадата на Кралството Велика Британија ќе се обидат да обезбедат и дополнителни велосипеди за изнајмување - велат од градската власт. Донацијата од 30 велосипеди е во вредност од 90.000 денари. Градот е обврзан велосипедите да им ги издава на граѓаните и да ги одржува во исправна состојба. Нејзина цел е да се афирмираат еколошките превозни средства и да се намали загадувањето на воздухот.

 (Ј.И.)



Posted By: Katz
Date Posted: 27-May-2008 at 19:29
Sto ni e ubava prvata crvena pateka
 
http://velosipedi.blog.com.mk/node/159692 - http://velosipedi.blog.com.mk/node/159692


Posted By: La Linea
Date Posted: 27-May-2008 at 20:14
wow! Колку добро ќе изгледа кога цело Скопје ќе биде вака ишарано!

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-May-2008 at 20:28
Стварно е фино Thumbs%20Up Сеа уште да се користи како треба да не видиме паркирани коли на него


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2008 at 00:26
Ваљда одбележаната велосипедска патека нема одма да ги привлече пешаците да се движат по нејзе наместо по остатокот од тротоарот... Сличен таков синдром на времето се појави на патеката за велосипеди и ролери на кеј, каде доста луѓе и покрај формалната забрана пешачеа и џогираа баш по патеката, иако на располагање имаа и пешачка патека и целата тревната површина покрај вардар.. Имам слушнато и за неколку судари со повредени. Не знам како е ситуацијата моментално... Се надевам се средило ова. Вози некој редовно по кеј за да каже?


Posted By: Katz
Date Posted: 29-May-2008 at 21:08

Ќе биде поставена хоризонтална (знак на велосипед со правец на движење) и вертикална сигнализација (сообраќаен знак) по должина на целата патека.

Покрај тоа во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стои:

Член 120

(1) Пешакот е должен преку коловозот и велосипедската патека или

лента да преминува внимателно и по најкраток пат откако, пред

стапувањето на коловозот, ќе се увери дека тоа може да го стори на

безбеден начин.

...

(3) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече на пешакот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.



Posted By: La Linea
Date Posted: 29-May-2008 at 21:14
Немам ништо против ова, се додека се нема друг избор. Колкава е казната за паркирање на велосипедска патека?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-May-2008 at 21:21
Katz ти си очигледно експерт за велосипедизам Big%20smile Thumbs%20Up


Posted By: Katz
Date Posted: 29-May-2008 at 21:34
Инаку веројатно веќе знаете вчера беше потпишан Меморандумот (имате на блог повеќе десеттина статии од електронски и печатени медиуми) и наскоро ќе биде објавен тендер за градежните работи на трасата.


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-May-2008 at 21:36
Катз претпоставувам дека некако си вклучен во проектов. Дали знаеш дали за 4-5 месеци градежните работи би завршиле? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Katz
Date Posted: 29-May-2008 at 21:40
Originally posted by La Linea

Немам ништо против ова, се додека се нема друг избор. Колкава е казната за паркирање на велосипедска патека?
 

Член 66

(1) Возачот не смее да запре или паркира возило особено:

(I) на обележан пешачки премин и на оддалеченост помала од 5 метри од тој премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот,

...

(IX) на велосипедска патека, односно лента,

...

(3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, ќе му се

изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1)

алинеи од 1 до 6 на овој член.

...

(5) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна

постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни

бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува

спротивно на одредбата од ставот (1) алинеи 9, 10, 13, 14, 15 и 18 на овој

член.



Posted By: Katz
Date Posted: 29-May-2008 at 21:44
Originally posted by Cloverstack

Katz ти си очигледно експерт за велосипедизам Big%20smile Thumbs%20Up
 
Бев вклучен во изработката на Основниот план за употреба на велосипеди во Скопје 2004 година, а сега како Претседател на Здружението на граѓани Проактива од Скопје работиме партнерски со останатите вклучени страни.
 
Основниот градежен и сообраќаен проект е прв од ваков вид во Македонија, па морам после редовните контакти со Секторот за сообраќај во Град Скопје и инженерите кои го изработија (Чакар партнерс), да ги знам деталите Smile


Posted By: Katz
Date Posted: 29-May-2008 at 21:45
Originally posted by La Linea

Катз претпоставувам дека некако си вклучен во проектов. Дали знаеш дали за 4-5 месеци градежните работи би завршиле? 
 
Меморандумот и сите активности наведени во него (меѓу кои главно место има изградбата на патеката) треба да завршат до 30.09.2008.


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-May-2008 at 21:46
Одличен проект. Јас особено преку лето многу го користам точакот ама навистина беше хорор да се вози, никакво регулирање на велосипедскиот сообраќај, никакви патеки, знаци... Сега ќе биде за мерак! Браво Thumbs%20Up

А патеките на партизанска дали ќе бидат повторно функционални? До сега, служеа како паркинг. А каде ќе паркираат па сега тие луѓе?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Katz
Date Posted: 29-May-2008 at 21:51
Најголемиот проблем е кај Буњаковец, таму имам предвиден паркинг покрај пазарот и во најскоро време ќе се среди.
 
Секако дека и Партизанска ни е еден од приоритетите во проектот, веќе е почнато со хоризонтална сигнализација, нарачани се и сообраќајни знаци, во втората фаза предвидено е обележување со црвена боја на велосипедските премини и средување на сите други проблеми (паркирани возила, автобуски станици, трафики, билборди, контејнери,...).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-May-2008 at 22:31
Во близина на Буњаковец душа дало за катна гаража.


Posted By: dhany
Date Posted: 04-Jun-2008 at 15:08
Обележани велосипедски патеки

Кога да одам на железничка станица на пат за Бт, само што се симнав од автобус, се изненадив. Wow! Би сакал да имав време да направам повеќе фотки ама ќе ми заминеше возот. Погледнете за што станува збор. Прекрасно!!!





-------------
Dhany


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Jun-2008 at 20:11
WOW, убаво изгледа. Само што не го решава проблемот со паркираните возила на патеките. Во секој случај поздрав за одбележувањето. Applause


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 04-Jun-2008 at 22:23
izgleda super!!!



Posted By: dejan
Date Posted: 05-Jun-2008 at 02:50
Ubavo


Posted By: se_manda
Date Posted: 05-Jun-2008 at 05:32
momentot e kako patekava ide direkno u bilbord.CrazyCrazy toa e bas na pocetok na slikava i ne e fateno.i na nekoi drugi mesta imaat debilni resenija kako na pr da ide direkno u avtobuska,bilbord,semafor....kako i da e ok e barem se glea deka ima pateka


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Jun-2008 at 14:42
Originally posted by se_manda

momentot e kako patekava ide direkno u bilbord.CrazyCrazy toa e bas na pocetok na slikava i ne e fateno.i na nekoi drugi mesta imaat debilni resenija kako na pr da ide direkno u avtobuska,bilbord,semafor....kako i da e ok e barem se glea deka ima pateka

Веќе е возев патеката, точно удира во аутобуск..... и сите препреки на кој наидува попат - слалом

Но најважно нигде нема спустени тротоари, го искршив точакот Wallbash


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Katz
Date Posted: 05-Jun-2008 at 17:27
Originally posted by se_manda

momentot e kako patekava ide direkno u bilbord.CrazyCrazy toa e bas na pocetok na slikava i ne e fateno.i na nekoi drugi mesta imaat debilni resenija kako na pr da ide direkno u avtobuska,bilbord,semafor....kako i da e ok e barem se glea deka ima pateka
 
Билбордите, автобуските станици и столпчињата пред НБРМ ќе се дислоцираат, ќе мора малку да се стрпите.
 


Posted By: Katz
Date Posted: 05-Jun-2008 at 17:30
Originally posted by Vladimir P

Originally posted by se_manda

momentot e kako patekava ide direkno u bilbord.CrazyCrazy toa e bas na pocetok na slikava i ne e fateno.i na nekoi drugi mesta imaat debilni resenija kako na pr da ide direkno u avtobuska,bilbord,semafor....kako i da e ok e barem se glea deka ima pateka

Веќе е возев патеката, точно удира во аутобуск..... и сите препреки на кој наидува попат - слалом

Но најважно нигде нема спустени тротоари, го искршив точакот Wallbash
 
Секаде ќе се спуштат тротоарите, исто како што е на раскрсницата кај Неоком.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jun-2008 at 17:58
Katz, а зошто патеката оди вака цик-цак на крстосницата на последната слика?



Билбордите, автобуските станици и столпчињата пред НБРМ ќе се дислоцираат, ќе мора малку да се стрпите.

Секаде ќе се спуштат тротоарите, исто како што е на раскрсницата кај Неоком.

Cheers

Одлично! Има ли рокови за овие работи?




Posted By: Katz
Date Posted: 05-Jun-2008 at 18:18
Originally posted by Katz

Originally posted by La Linea

Катз претпоставувам дека некако си вклучен во проектов. Дали знаеш дали за 4-5 месеци градежните работи би завршиле? 
 
Меморандумот и сите активности наведени во него (меѓу кои главно место има изградбата на патеката) треба да завршат до 30.09.2008.
 
Веќе пишав, крај на септември.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Jun-2008 at 18:38
Originally posted by Katz

Секаде ќе се спуштат тротоарите, исто како што е на раскрсницата кај Неоком.

БРАВО ЗА ИДЕЈАТА но ....
Да не е работава наопаку поставена, прво се фарба а потоа ке се вадат или кршат ивичњаците, столбчињата пред НБ, станиците ... ???!!!
Додека се направи ово што велиш, отиде првата боја, па ќе настави со нова боја ??!!
СЕПАК Е НАОПАКУ


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jun-2008 at 04:40
Katz, постојат ли некои пошироко прифатени стандарди за техничките карактеристики на велосипедските патеки (во прв ред нивната оптимална и минимална ширина во различни услови)?
По кои параметри се водат нашиве во планирањето на велосипедски патеки и чија должност е тоа поточно?


Posted By: kire85
Date Posted: 13-Jun-2008 at 15:33
Originally posted by Cloverstack

Katz, а зошто патеката оди вака цик-цак на крстосницата на последната слика?



Билбордите, автобуските станици и столпчињата пред НБРМ ќе се дислоцираат, ќе мора малку да се стрпите.

Секаде ќе се спуштат тротоарите, исто како што е на раскрсницата кај Неоком.

Cheers

Одлично! Има ли рокови за овие работи?




Toa sto odi cik cak ne e strasno.....ne e nikakov problem za velosipedistite...i tuka vo germanija e isto...bas ista situacija kako na slikava vo skopje ima i tuka!Smile


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Jun-2008 at 14:28
Еве како изгледа патеката, и преместувањето на аутобуската станица прекопат НБМ

Wallbash


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Katz
Date Posted: 26-Jun-2008 at 12:56
Барање за прибирање понуди за "Адаптација и санација на велосипедска патека низ централното градско подрачје"
 
http://www.proaktiva.org.mk/ - www.proaktiva.org.mk


Posted By: Katz
Date Posted: 26-Jun-2008 at 13:02
Sekako deka postojat standardi.
 
Ednonasocnite pateki se so minimalna sirina od 1 metar + zastitni pojasi od dvete strani od po 25 cm = vkupno 1,5 metri.
Dvonasocnite pateki se so minimalna sirina od 2 metri (po 1 metar za sekoja nasoka) + zastitni pojasi od dvete strani od po 25 cm = vkupno 2,5 metri.
 
Proektite gi odobruva Sektorot za soobrakjaj na Grad Skopje pod cija nadleznost e celiot soobrakjaen rezim vo Gradot.


Posted By: Katz
Date Posted: 26-Jun-2008 at 13:03
Ova e odgovor na prasanjeto na Cloverstack.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2008 at 16:09
Фала на одговорот Smile


Posted By: vardar
Date Posted: 02-Jul-2008 at 01:58

ГОДИНАВА НА КЕЈОТ НА ВАРАДАР


Велосипедска патека до мостот Близнак


Велосипедската патека во должина од еден километар, која во моментот се гради на кејот на Вардар во делот на населбата Аеродром, есенва би требало да продолжи се до мостот Близнак, на границата со населбата Ново Лисиче. Според градските власти, со изградба и на овој потег би бил опфатен кејот во границите на градското подрачје. Должината на патеката од Александар палас до мостот Близнак би изнесувала 24 километри.

- Во моментот се поставуваат рабници и се врши асфалтирање по целата должина на патеката што ја градиме од новиот мост на Вардар кај Транспортен центар во насока кон Аеродром, до почетокот на пешачката патека на кејот во оваа скопска општина. За потребите на новата патека, која ќе биде широка 4 метри и за чија изградба Град Скопје одвои 3.6 милиони денари, извршено е и чистење на теренот, испитување на тлото и тампонирање на трасата, објаснуваат во Градот.
Според Мичо Поповски од секторот за комунални работи на Град Скопје, во ребаланс на буџетот се влезени и средства за изградба на уште 5 километри велосипедска патека, колку што изнесува потегот од пешачката патека во Аеродром до мостот Близнак, а градежните работи би започнале есенва.

Со цел на рекреативците да им овозможи и место за одмор, на страничните делови од патеката, која во моментот се гради ќе бидат поставени и клупи. Патеката, пак, ќе им овозможи на велосипедистите и ролерџиите од општина Аеродром да се поврзат на старата постоечка велосипедска патека, која се протега од спортското игралиште кај Маџир Маало до центарот на градот.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=55508A011CF7DF4EB0D1EE9E9F291FF6 - Vecer
 


Posted By: evolutionary
Date Posted: 07-Jul-2008 at 08:45
ВО АЕРОДРОМ
Пешачки патеки во боја

Општина Аеродром гради пешачки патеки зад ТЦ „Три бисери“, на потегот меѓу детското и спортското игралиште. Патеките се изработуваат од плочки во црвена и во жолта боја. Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе се градат пешачки патеки на повеќе локации во општината, во зависност од потребите на граѓаните.

Izvor: Vreme


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: beTon
Date Posted: 07-Jul-2008 at 16:29
кампања за проектот на проактива “промовирање на алтернативни транспортни решенија...“ 2007


...само што проектот дури сега доби реална подлога, па најверојатно истиот и ќе го рестатираат...“можеби и надградат и прошират“ Ohno


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 10:50
Неколку вести...

Исчистена велосипедската патека во Аеродром

Сезонците во Аеродром завчера ја исчистија од камења, песок и градежни материјали велосипедската и ролерската патека на потегот од мостот кај Транспортниот центар до рибарската куќичка во Аеродром. Општинарите ги ангажираа сезонците на барање на тамошните жители, кои минатата недела не можеа да возат по патеката, бидејќи имаше остатоци од асфалтирањето. Од Општината најавија дека ќе постават жардиниери со цвеќе меѓу патеката и скалите што водат кон пешачката патека.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155638&idg=8&idb=2450&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155638&idg=8&idb=2450&rubrika=Skopje

ЗА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА ОД НОВО ЛИСИЧЕ ДО ЃОРЧЕ
Паркинзи за велосипеди на Плоштад Македонија
Со двата метални паркинга треба да се обезбеди место за паркирање на 80-ина велосипеди, од кои едниот ќе биде поставен до Кеј 13 Ноември, а вториот пред Офицерскиот дом, кој допрва треба да се гради

На Плоштад Македонија ќе се градат два паркинга за велосипеди како дел од проектот на Градот за обележување велосипедски патеки на скопските улици. Паркинзите ќе бидат метални и планирано е едниот да се постави на крајот на Плоштадот на спојот со Кеј 13 Ноември, а вториот паралелно со него пред местото каде треба да се гради Офицерскиот дом.
Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај во Градот, вели дека секој од металните паркинзи ќе има капацитет за 40-ина велосипеди, односно ќе се обезбедат 80-ина места за паркирање. Тој објаснува дека целиот проект треба да се заврши до крајот на септември и дека дотогаш ќе ги постават паркинзите за велосипеди.
Реализацијата на проектот почна кон крајот на мај, а со него е предвидено со црвена боја да се обележи велосипедската патека од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Патеката ќе биде долга 1 880 метри, широка 2,5 метри, а на неа ќе има 22 семафори, обележана хоризонтална и вертикална сигнализација. Обележувањето почна од Транспортен центар и патеката е бојосана до хотелот "Холидеј ин". Христовски вели дека при крај е тендерот за набавка на црвена боја и дека од следната недела ЈП"Улици и патишта" ќе почне со бојосување на велосипедската патека долж булеварот Партизански одреди, а потоа ќе продолжат и по другите улици.
"По Партизанска, треба да се оди на булевар Јане Сандански, улица Ѓорче Петров и секаде каде има предвидено простор за велосипедски патеки на постојните сообраќајници", вели Христовски.
Градот овој проект го реализира со амбасадата на Велика Британија, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Здружението на граѓани "Проактива". Од буџетот на Градот одвоени се 2 милиона денари, од британската амбасада 26.000 фунти, а Републичкиот завод за безбедност во сообраќајот ќе ги набави семафорите во вредност од 300 000 денари.

http://%20www.vest.com.mk/default.asp?id=155679&idg=8&idb=2451&rubrika=Skopje -
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155679&idg=8&idb=2451&rubrika=Skopje


Posted By: Supervisor
Date Posted: 18-Aug-2008 at 22:52
Треба на Партизанска патека се согласувам потполно. Меѓутоа до каде е културата на граѓаните кои ќе пречат и ќе паркираат на патеката останува да видиме.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: beTon
Date Posted: 19-Aug-2008 at 02:30
ај патеки ќе има но треба малку и колективно да ја крениме свеста за користење на точакот како средство за рекреација и транспорт, колумбијците имаат интересна иницијатива на тој план ангажирајки секоја недела во богота 50 километри со две ленти исклучиво за рекреација доста оригинално, контиунирана кампања прес цела година...

http://en.wikipedia.org/wiki/Ciclov�%3ca - Ciclovia (Bogotá, Colombia)
[TUBE]ELa5CHsUepo[/TUBE]

а еве и како изгледа добар кураж од музичка подршка на вакви кампањи нешто што кај нас останува целосно заборавено или пак е тотално незабележително...
http://www.myspace.com/delasoul - A Roller Skating Jam - "Saturday" - 1991


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Aug-2008 at 12:32

Ќе се градат нови патеки за велосипеди

„Улици и патишта“ ја обележуваат велосипедската меѓу булеварите „Партизански одреди“ и ВМРО

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ од вчера започнаа да ја обележуваат велосипедската патека на раскрсницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот ВМРО. Во наредните денови, пак, на патеката на сите раскрсници на „Партизански одреди“ и улицата „Ѓорче Петров“ ќе се постави вертикална сигнализација (сообраќајни знаци) и хоризонтална (знак во форма на велосипед, на оддалеченост од 100 метри).

Овие активности се продолжување на проектот на Градот за обележување на патеките, при што изминатиов период со вкупна површина од 2.000 квадратни метри беа обележани велосипедските патеки од Транспортен центар по должината на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“. Градските власти информираат дека на четирите раскрсници на потегот од Транспортен центар до Народна банка ќе бидат поставени 22 семафора за велосипедисти.

„Невладината организација ‘Проактива‘ деновиве треба да започне со изградба на велосипедска патека на потегот од плоштадот ‘Македонија‘, покрај зградата на ’Македонска пошта‘ до мостот ‘Гоце Делчев‘. Оваа патека ќе биде асфалтирана и ќе претставува физичка врска меѓу велосипедската патека која почнува од Транспортниот центар, па преку кејот ’13 Ноември‘ и плоштадот ‘Македонија‘ се спојува со онаа на булеварот ‘Партизански одреди‘“, велат од Градот и најавуваат дека во рамките на проектот е планирано од двете страни на Камениот мост да бидат поставени метални рамки за паркирање велосипеди.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5FF451AE88DBC04C9BB8068E07F17873


Posted By: kire85
Date Posted: 24-Aug-2008 at 15:02
4 raskrsnici od transporten do narodna???

P.S. Se nadevam deka mislat na vakva horizontalna odnosno vertikalna signalizacija i deka nema da improviziraat nesto sosema "originalno"Crazy

http://farm1.static.flickr.com/61/194109338_e290c226fb.jpg?v=0 - http://farm1.static.flickr.com/61/194109338_e290c226fb.jpg?v=0


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Sep-2008 at 02:13
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=02CB1173895EB247B474CEE468791317 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=02CB1173895EB247B474CEE468791317

Нова велосипедска патека на кејот од Транспортниот центар до „Холидеј ин“


Рекреативците ќе можат да возат по уредена патека од „Обединети нации“ до Транспортниот центар

Градските власти почнаа да градат велосипедска патека на кејот на реката Вардар, од мостот кај Транспортниот центар до мостот кај хотелот „Холидеј ин“. Таа ќе претставува продолжение на патеката што неодамна ја изгради Градот во делот на Општина Аеродром, на потегот од кај Домот за пензионери до Транспортниот центар.

Според планот за работа, патеката ќе се изведува во две фази. Во првата фаза, всушност, ќе се санира постојната патека од мостот кај Транспортниот центар до мостот кај Народна банка. Руинираната патека, во должина од 720 метри ќе се асфалтира, а ќе бидат поставени и рабници.

Во втората фаза од проектот е предвидено да се изгради нова патека на потегот од мостот кај Народна банка до мостот кај хотелот „Холидеј ин“. Таа ќе биде во должина од 330 метри.

„Новата патека ќе биде долга 1.050 метри, а широка четири метри. Градот Скопје нарача да се изработи и проект за продолжување на велосипедската патека на кејот во населбата Аеродром. Согласно со проектот, патеката ќе се продолжи до мостот ’Близнак‘“, информираат градските власти.

Со изведба на овој проект, на рекреативците - велосипедисти и ролерџии ќе им биде овозможено да возат по уредена патека по должината на кејот, почнувајќи од мостот „Обединети нации“ до Транспортниот центар. (Дс.Т.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2008 at 19:16
Еве го новиот сегмент покрај Вардар, помеѓу Маџир Маало и Аеродром

1.



2.  Ми се допаѓа што околу велосипедската патека колку-толку се средува просторот - приметете ги редовите саксии од двете страни:



3.  За жал не наидува на одзив апелот до граѓаните, патеката да ја користат само за велосипеди и ролери... Како за инает, многу дегени решаваат токму по нејзе да пешачат! Наидов дури и на човек кој тука се шеташе со бебешка количка Bash
А еве доказ и дека коњи и запрежни коли исто така се присатни на патеката  Bash



4.  Што ли било одвлечкано од овде побогу Bash



Posted By: maestro
Date Posted: 04-Sep-2008 at 19:20

ова претпоставувам го сними одма после бизнис центар „Меги“ пошто тука се и едното и другото

Иначе ова е многу кратка патека, јас пешки ја поминав за помалце од 15 минути а не па со велосипед.
Барем супер е што ќе ја довршат до мостот Близнаци!


Posted By: maestro
Date Posted: 04-Sep-2008 at 19:21
btw, не пешачев по неа, туку покрај неа
се разбира, колку што можев пошто од страна и не е многу за пешачење


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Sep-2008 at 22:42
добро бе кловер не се нервирај за пешаците, ја колку што гледам нема пешачка патека, а со другите замерки како оштетениот асфалт и изметот нормално се согласувам
а и не е само тури асфалтот, како што забележаа веќе сите на тој простор му треба уште уредување ( добро, цвеќињата уште не пораснале Roll%20eyes), а да не збориме за вардар
но би било убаво да направат пешачка и велосипедска патека долж целиот кеј на градот, и да ги уредат веќе постоечките Smile


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2008 at 23:25
Originally posted by zabegan

добро бе кловер не се нервирај за пешаците, ја колку што гледам нема пешачка патека
Конкретно оваа дестинација не е баш некоја важна пешачка врска, а кој сака да се шета, може тоа да го прави и надвор од велосипедската патека. Нормално, не викам дека не треба пешачка патека, туку дека тоа не е оправдување и објаснување за пешачење, трчање и други проблематични активности по велосипедските патеки. И онака не лежи тука зајакот. Не знам зошто, ама овие велосипедски патеки стануваат магнет за пешаци и џогери, без разлика дали има паралелна пешачка патека на само неколку метри (како што е случај на други места по кеј). Забраната за пешаци не е случајна - едноставно се ствараат многу опасни ситуации со потенцијал за тешки повреди. Ова не значи дека пешак не смее ниту да стапне под никакви околности, ама прошетки, џогирање, муабетење и сл. се стварно дебилни и работи што ги прават луѓе кои се неодговорни и кон себе и кон други. Не знам дали си возел некогаш во делот од центар до влае, кога има повеќе гужва, какви све ситуации се ствараат...

но би било убаво да направат пешачка и велосипедска патека долж целиот кеј на градот, и да ги уредат веќе постоечките
Па токму ова е дел од тој проект кој се реализира фазно. Штета што одамна го нема кац, па да не информира како стојат работите не само за покрај кеј, туку воопшто.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 06-Sep-2008 at 11:27
Патекава започна втората фаза и се проширува се до Холидеј Ин. Исто така се изготвува проект да биде продолжена до мостот Близнак. И со тоа по целиот кеј од Ѓорче до Ново Лисиче, Скопје ќе ја поврзе велосипедската патека.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Katz
Date Posted: 06-Sep-2008 at 19:22
Еве ме и мене после подолго време.
Завршија летни одмори и почна(вме) со работа.
 
Градот иако не беше превидено во оваа фаза пронајде средства и ги обележува сите раскрсници на Партизанска со црвена боја. Засега се стигнати до Лептокарија.
 
Од друга страна фирмата која победи на јавниот повик работи на градежниот дел од патеката од железничка до мост Г. Делчев.
Претходно беа отстранети спорните автобуски станици, добро познатиот билборд и сл.
 
Значи продолжуваме натака и треба да е јасно дека ова не е само еден проект, туку само почеток. Не чека уште многу работа... со години, па и децении. Ништо преку ноќ не бидува.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Sep-2008 at 20:16

Cheers


А да те прашам, кој има надлежност да казнува за оние работи што ги спомнав (пешачење, џогирање, шетање кучиња, собиранки и муабетење на велосипедските патеки...)


Posted By: Katz
Date Posted: 06-Sep-2008 at 21:56
Originally posted by Cloverstack


Cheers


А да те прашам, кој има надлежност да казнува за оние работи што ги спомнав (пешачење, џогирање, шетање кучиња, собиранки и муабетење на велосипедските патеки...)
 
МВР.
 

Министерството за внатрешни работи ги спроведува прописите и презема мерки што се однесуваат на безбедноста на сообраќајот на патиштата и за таа цел:

- ја следи и анализира состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата,

- укажува на актуелните проблеми во областа на сообраќајот на патиштата и предлага мерки за нивно решавање,

- го контролира и регулира сообраќајот на патиштата,

- врши контрола над возачите и другите учесници во сообраќајот на патиштата, над состојбата на патиштата и улиците, опремата и сообраќајната сигнализација,

- води прекршочна постапка за прекршоци за кои е определено како прекршочен орган со исклучива надлежност за негово постапување, согласно со овој закон,

- соработува со другите надлежни државни органи и правни лица во уредувањето, техничкото регулирање на сообраќајот и сообраќајните текови и во нивното функционирање,

- врши надзор над спроведувањето на прописите и над преземањето на мерки што се однесуваат на безбедноста на сообраќајот на патиштата,

- врши стручни и управни работи сврзани со издавање на возачки дозволи и дозволи за инструктори, регистрација на моторни и приклучни возила, како и издавање на сообраќај ни дозволи, индивидуални контролни книшки и возачки книшки,

- учествува во активностите сврзани со спроведување на сообраќајното образование и воспитување на учесниците во сообраќајот и

- врши и други работи согласно со одредбите на овој закон.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:41

НА КЕЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ


Рабници за новата велосипедска патека


Екипи на ЈП Улици и патишта деновиве поставуваат рабници по целата должина на новата велосипедска патека, која ќе се протега од мостот кај Транспортен центар до мостот кај хотелот Холидеј ин. Старата велосипедска патека, пак, која се протега од мостот кај Транспортен центар до мостот кај Народна банка, во моментов се реконструира и се подготвува за асфалтирање. Оваа траса е направена пред четириесетина години и целосно е руинирана и оштетена.

- На местата каде плочките од патеката се подигнати, искршени и оштетени, површината се порамнува за да може да се асфалтира. Оваа делница од патеката е долга 720 метри. На делот од кејот кој се протега од мостот кај Народна банка на Р.Македонија до мостот кај хотелот Холидеј ин, во должина од 330 метри, воопшто не постои патека за велосипеди а теренот е нерамен, поради тоа се прави ископ и се поставува бетонска основа врз која ќе се нанесе асфалт за потребите на новата патека, велат во Градот.
Инаку, новата патека ќе биде долга 1.050 метри, а широка четири метри.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7F5B1B301A965148AFDA12C43B8F50CC


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2008 at 01:02

Пукнатини на тазе бојосаната велосипедска патека кај Комплекс банки


фото On.net

Процепи во асфалтот се протегаат речиси на секои десетина метри

Велосипедската патека на потегот од Транспортниот центар до Комплекс банки е преполна со пукнатини во асфалтот што се протегаат по цела нејзина широчина. Вакви процепи во асфалтот има речиси на секои десетина метри по должината на патеката, која е одделена од пешачкиот тротоар само со тоа што е бојосана со црвена, сега веќе избледена боја.

Покрај велосипедистите, по патеката непречено се движат и пешаци, па затоа не е препорачливо возење велосипед со поголема брзина. Градските власти велат дека проблемот им е познат, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ постојано се на терен и најдоцна до 20 септември ќе ги асфалтираат и дупките на патеката со површина од 2.000 квадратни метри. Откако ќе се постават павер елементи кај Пошта, оваа патека од Транспортен центар ќе се поврзе со таа до мостот „Гоце Делчев“ и со дел од патеката на булеварот „Партизански одреди“. Од Градот тврдат дека е неопходно поврзување на велосипедските патеки од источниот и од западниот дел на Скопје.

„Екипите на ’Улици и патишта‘ работат на терен и до крајов на неделава треба да извршат и преместување на автобуската постојка кај Комплекс банки. Потоа ќе бидат санирани и пукнатините на патеката. Бидејќи по неа се движат и пешаци, што не би смеело, по целата нејзина должина ќе бидат поставени сообраќајни знаци и хоризонтална сигнализација на оддалеченост од 100 метри, кои пешаците ќе мора да ги почитуваат“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Град Скопје. (Сн.К.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=0A09AD445BAAFA43A31C9C6DE3D5A51E


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Sep-2008 at 14:36
ама билбордот е „моментот“
ова со обележувањето на патеката е многу глупо изведено, нама само пукнатини, има мал милион препреки
а тоа што се бунат пешаци што поминувале, па нормално, тоа е тротоар, а не велосипедска патека, и не знам како велосипедистите би ги поминале гужвите на автобуските постојки и т.н.
едноставно не можеш на овие места да ги издвоиш пешаците од велосипедистите, јас предлагам да направат велосипедска патека таму кај што е можно, на пример на делот кај Комплекс банки


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Katz
Date Posted: 15-Sep-2008 at 20:32
Bilbordot e otstranet odamna.


Posted By: Katz
Date Posted: 15-Sep-2008 at 20:34

Сори за латиницата.

Ве повикувам сите кои имаат велосипед да ни се придружат на 22.09 кога се обележува меѓународниот „Ден без автомобили“ кај Транспортниот центар во 11.00.

Ќе има свечено отворање на патеката, а потоа и програма на плоштадот Македонија.

Повеќе детали наскоро.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2008 at 20:56
Да, можеме да направиме едно мини собирање по тој повод. Јас ќе пропуштам единствено во случај ако ми закажат испит за тој ден, иначе обавезно ќе дојдам.

Кац, само прати уште едно потсетување ден-два пред тоа, за секој случај Big%20smile


Posted By: Katz
Date Posted: 17-Sep-2008 at 18:28
Еве ја информацијата од МЖСПП.
 
 
Соопштение до јавноста

Министерството за животна средина и просторно планирање Ве информира дека по повод одбележувањето на 22 септември - Меѓународен ден без автомобили, во период од 11:00 до 13:00 часот ќе биде ограничено движењето за автомобили по сообраќајниците: бул. “Кузман Јосифовски Питу”, бул. “Кочо Рацин”, ул. “11 Октомври” до плоштад “Македонија”. По оваа маршута, под мотото “Чист воздух за сите”, ќе биде организирано движење со велосипеди, ролерки, тротинети и на пешаци.

Активностите се организирани во рамките на вклучувањето  во Европската недела на движењето и имаат за цел да влијаат на подигање на јавната свест за штетноста од прекумерно и беспотребно користење на автомобилите како најголеми загадувачи на амбиенталниот воздух во урбаните средини и за промоција на алтернативни видови на превоз.

Во турата ќе се приклучат пратеници, министри, градоначалници, странски дипломати, ученици и наставници од основни и средни училишта од градот, здруженија на граѓани и други организации, а завршната манифестација ќе се одржи на плоштадот “Македонија”.  

Слични настани ќе бидат организирани во Гостивар на 18.9.2008 год., во Битола на 19.9.2008 год. и во Охрид на 23.9. 2008 год.

Маршутите на движење за овие градови се:

- Гостивар -  ул. “ЈНА” - ул. “Борис Кидриџ”- Плоштад

- Битола -  Саат кула кон безистен - бул.”1 Мај” - о.Битола - Црн   

   Мост - музичко училиште покрај р. Драгор - плоштад “Магнолија”.

-Охрид -  гимназија “Св.Климент Охридски” - ул. “Димитар Влахов” - ул. “Македонски просветители” - Пристаниште.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2008 at 18:45
Мал процент од инволвираните го прават ова искрено. Сите пратеници,министри , и останати сателити го прават поради мачкање очи. Ни јас не би го правел ова искрено, зашто ми изгледа на нешто плитко, што нема везе, чисто само еден веле-блам! Иако пораката на митингот е јасно, сепак не сум убеден во штетното дејство на возилата, во мерата во која ни е пласирана. Мислам дека е претерано она што се пласира во медиумите. Сепак за мене ова е само џабе правење гужва. Извини Кац знам дека искрено си заинтересиран во велосипедизам и те класирам во оној мал процент од првата реченица, но сепак малце луѓе сте и подобро ова да го правите некаде на велосипедска патека или во парк, некаде кај што нема да се ствара гужва.  Вака у центар, се сомневам во ефектот на акцијата, а сепак џабе губење нерви и пари. Целата акција може понастрана да се одвива. Ќе наидете на повеќе негативно прифаќање во јавноста (вклучувајќи ме и мене) поради гужвата, одколку пофалби за акцијата!


Posted By: Katz
Date Posted: 18-Sep-2008 at 16:09
Во принцип секогаш сум оптимист, па и сега.
А има и зошто. Можеби не оди се според планираните датуми, ама...
 
За првпат после 30 и повеќе години Градот се нафати да издвои средства за велосипедски патеки (веќе спомнав не за рекреативни цели).
Интерес за приклучување во спроведувањето на Основниот план за употреба на велосипеди имаа/т и други иституции/организации/амбасади...
Значи постои поширок консензус дека во Скопје треба да се работи на промоција на алтернативни видови на транспорт.
А проблемите ќе ги имаат тие што употребуваат автомобили: гужва, поскап паркинг (следно е паркирање по зони), уште „подобро“ немање паркинг места, поскапа цена на гориво и сл.
Јасно ми е дека преку ноќ неможе се да се постигне, ама жилави сме ќе издржиме во нашите напори и една по една ќе ги реализираме нашите идеи.
И за крај, јас секојдневно негативно ги прифаќам насилниците во сообраќајот, ќе се стрпат и тие некој саат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2008 at 17:19
Ќе се присобереме ли утре кај транспортен? Ако има заинтересирани, ај да се договориме поточно.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2008 at 22:08
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1DC28825C324D14985A5EAD6400C6BFC - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1DC28825C324D14985A5EAD6400C6BFC

ГРАДОТ И „ЕКОСВЕСТ“ ПРОМОВИРААТ АКЦИЈА

Со велосипед под наем побрзо низ метежот

Возилата ќе може да ги остават надвор од централното градско подрачје, а оттаму до саканата дестинација ќе може да стигнат брзо, евтино и без стрес

Скопје се задушува во сообраќаен метеж. Нервозни и недисциплинирани возачи се последицата од ова наше секојдневие и горлив проблем на метрополата. Додека чекаат заглавени во колоните од возила, граѓаните се трујат од издувните гасови на автомобилите, го трошат скапиот бензин и ги амортизираат возилата, стојат во место додека драгоценото време им лета...

А градот, пак, има идеална конфигурација на теренот за возење велосипед. И покрај тоа, скопјани не се навикнати да го користат често. Според податоците, само 1,9 процент од жителите на Скопје користат велосипед, пешачат околу 43 проценти, а, околу 49 отсто користат автомобили.

За почеток 50 велосипеди

Градските власти, со Центарот за истражување и информирање за животна средина „Екосвест“, промовира акција од која скопјани треба да имаат повеќекратна корист - да им овозможат на граѓаните своите возила да ги остават надвор од централното градско подрачје, а оттаму до саканата дестинација да може да стигнат брзо, евтино и без стрес - со изнајмен велосипед!

Прв тест-пункт за изнајмување велосипеди ќе биде на Градскиот плоштад, а од март в година се планира да се отворат уште два - во Аеродром и во Карпош. На тој начин граѓаните ќе може да изнајмат велосипед, на пример, во Аеродром, а ќе може да го остават во Карпош и обратно.

На пунктот на Градскиот плоштад за почеток ќе има 50-ина велосипеди, кои ќе може да се изнајмуваат за градско возење, набавени според стандардите за урбан транспорт и безбедност во сообраќајот. Планот е таа бројка в година да порасне трипати. Почетниот договор е цената за изнајмување на велосипедите да биде 20 денари за еден час, но конечната одлука треба да ја донесе Советот на град Скопје. Секторот за сообраќај во Градот целосно ќе го надгледува воспоставувањето на системот за издавање на велосипеди.

Ќе се градат и вело-паркинзи

Отворањето на ваквите пунктови е дел од проектот „Велосипеди за сите“, чија цел е да се промовира велосипедот како алтернативно средство за јавен транспорт и да го намали движењето на автомобилите во центарот на градот.

- Со отворањето на уште два пункта, во Карпош и Аеродром, би се поврзала велосипедската патека. На пример, ако велосипедот се изнајми во Аеродром, ќе може да се остави во Карпош. Очекуваме потпишување на договорите и на меморандумите за соработка со заинтересираните општини - вели Јулијана Даскалов, координатор на проектот од „Екосвест“.

Како што истакна таа, паркинг-местата за велосипедите ќе бидат унифицирани, безбедни и примамливи за сите скопјани покрај пазарите, банките, библиотеките...). Се очекува сите пунктови да бидат ставени во функција до септември 2009.

- Нашиот паркинг-простор може биде искористен како стартен пункт за изнајмување велосипеди - велат од Јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое ќе се вклучи во акцијата.

ИНФО
„Велосипеди за сите“
Вкупна вредност на проектот - 49.888 долари.

Рок за имплементација - од април 2008 до септември 2009 година.
Предлог-цена: 20 денари за еден час изнајмување.

Пунктови за изнајмување: Плоштад Македонија, Аеродром, Карпош.
Корисници на велосипед: 1,9 отсто

Пешачат: 42 отсто.
Корисници на автомобил: 49 отсто.




Да не е прескапо 20ден/саат ???  Јас барем во почеток би идел со 10ден/саат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2008 at 15:09


Фотографијава случајно ја приметив во друга нишка и ми текна дека на оваа локација има проблем.
Ова е близу крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Ул. Владимир Комаров (41°59'19.60"N  21°27'19.10"E).
Велосипедистите кои возат по велосипедската патека треба да се префрлат на тротоарот (по тоа косото патче), затоа што велосипедската патека понатака многу незгодно излегува на крстосницата, ама тие оградите пречат за такво „престројување“.
Овде всушност е потребен мал градежен зафат да се корегира велосипедската патека, но додека дочекаме таква работа треба да се отстрани една од тие п оградите, за велосипедистите да можат лесно да поминуваат, без застанување.

Кац, ако читаш, те молам искористи го своето влијание Big%20smile



Posted By: beTon
Date Posted: 14-Oct-2008 at 16:11
   треба само столпчиња да се постават наместо П ограда, а може и истиве само да им се исече хоризонталната пречка за да не се оди на нови прекопувања и инвестиции. Roll%20eyes иако нема да биде лошо и наново да се интервенира но да се направи нешто поестетско вкопување па тоа флеките по тротоарите да не се како во некое гето LOL.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:18
Незнам дали приметивте деке црвените ленти на некој прометни улици од трагите на авто гумите веке се утопија со бојата на асвалтот.

Зашто е избрана таа црвена боја а не жолта или оранж, која во секој случај е позабележителна за „проблематичните“ автомобилисти, и нема брзо да ја „снема“.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:40
Бледнеење на линиите на асфалтот е проблемо кај сите прометни улици, па жолтата боја нема да трае нешто многу повеќе од црвената... 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:56
Originally posted by La Linea

... па жолтата боја нема да трае нешто многу повеќе од црвената... 

Зборувам за поуочлива, и не се губи со сличноста на асвалтот, погледај на сликата, каква е белета (таа е ист интезитет со жолтата) и црвената која не се приметува


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Oct-2008 at 21:15
Па многу пати имам читано како ја спомнуваат црвената боја како најуочлива и боја која најмногу го привлекува вниманието. Сега, што се одлучиле за ваква црвена тоа е друга работа. Можеби и квалитетот на бојата е лош и брзото бледнеење да се должи на тоа. Прилично банален проблем според мене...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Oct-2008 at 21:20
претпоставувам владимир мислеше на по „дреч“ боја, но сепак мислам дека биоло каква боја со време ќе се „излиже“

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Oct-2008 at 22:08
Аман веќе еднаш нека завршат со означувањето на велосипетските патеки, уште не довршиле а веќе почнаа да избледнуваат.
Имам прашање, кој е датумот кога ќе почне издавањето на велосипеди на плоштадот Македонија, кога ќе профунционира системот?


Posted By: kire85
Date Posted: 15-Oct-2008 at 02:17
Originally posted by Vladimir P

Зашто е избрана таа црвена боја а не жолта или оранж, која во секој случај е позабележителна за „проблематичните“ автомобилисти, и нема брзо да ја „снема“.


Zatoa sto crvenata boja za velosipedski pateki e internacionalen standard....prifatena e od povekjeto evropski zemji koi imaat takvi pateki, pa valjda imaat pricina zosto bas crvena...vo evropa za razlika od kaj nas ne se pravat raboti tuku taka bez analiza, pogotovo koga se raboti za bezbednosta vo soobrakjajot.

P.S. ne se soglasuvam deka portokalova, a pogotovo zolta bi bila kako boja pozabelezitelna, pred se denje i pred se koga e dosta soncevo!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Oct-2008 at 14:39
Originally posted by kire85


Zatoa sto crvenata boja za velosipedski pateki e internacionalen standard....prifatena e od povekjeto evropski zemji koi imaat takvi pateki, pa valjda imaat pricina zosto bas crvena...vo evropa za razlika od kaj nas ne se pravat raboti tuku taka bez analiza, pogotovo koga se raboti za bezbednosta vo soobrakjajot.

P.S. ne se soglasuvam deka portokalova, a pogotovo zolta bi bila kako boja pozabelezitelna, pred se denje i pred se koga e dosta soncevo!

Дека е стандард тоа сигурно не е, бар денес е лесно, сурфни по нет!

Погледај ја предходната фотографија со столбовите поред пат, и кажи која е позабележителна !?
А малце и спектар на бои и нивна продорност да се погледа не би било лошо, од страна на нашиве !

А еве и еден пример со „ЕКО“зелена, но и таа е оивичена со бела.






-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Supervisor
Date Posted: 16-Oct-2008 at 19:27
Сообраќајната култура е на ниско ниво и овие патеки се џабе, бидејќи доколку не си во возило многу лесно ќе настрадаш на улиците!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Oct-2008 at 13:58
не знам ова дали воопшто одговара на нашите улици, но наместо да фарбаат стално може патеките да ги одвојат од пешаците со ниски П огради или столпчиња


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Oct-2008 at 14:09


Мислам со огради би било многу нефункционално, а и поопасно.



Print Page | Close Window