Print Page | Close Window

Верски објекти (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Верски
Forum Discription: Цркви, џамии, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=202
Printed Date: 29-Mar-2024 at 00:16


Topic: Верски објекти (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Верски објекти (општо)
Date Posted: 04-Jan-2008 at 21:00
Време е да воведеме ред на форумов за сите овие нови цркви, џамии итн што се планираат а што заслужуваат внимание, дали по лошо или добро




Replies:
Posted By: Supervisor
Date Posted: 30-Jan-2008 at 15:57
Црквата "Пресвета Богородица" во Скопје ќе се осветува в четврток
Вчера, работниците ја поставија куполата на возобновената црква "Пресвета Богородица" во центарот на Скопје. Со поставувањето на куполата и крст деновиве треба да заврши изградбата на цркавата на заштитничката на главниот град.

Вчера, работниците ја поставија куполата на возобновената црква "Пресвета Богородица" во центарот на Скопје. Со поставувањето на куполата и крст деновиве треба да заврши изградбата на цркавата на заштитничката на главниот град.
Осветувањето на црквата, како што велат во Скопската епархија, е закажано за четврток и дотогаш треба да завршат и последните градежни зафати. Според прота Коста Станоевски, секретар на Скопската епархија, осветувањето на возобновената црква ќе го изврши поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан, а внатрешното сликање на храмот ќе треба да се доврши годинава.
Црквата во 1940 година била запалена од бугарскиот окупатор и изгорела до темел. Во летото 2004 година почна нејзиното обновување со истите димензии и со истиот изглед како старата.
фото: В.Тануровски

Вест

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:05
Previous Да, поминав вчера и видов како ја поставуваат куполата. Дефинтивно сега камбанаријата е дефинирана, но куполата иако е нова и беспрекорно сјајна, мислам дека формата беше чудна, некако јајцевидна. Како онаа на врвот на Саат-кулата. Можеби лошо сум забележал, можеби од навика да бидам критичен или навистина е така.
    @Junkie, вестите стави ги во [QUOTE*] [/QUOTE] tag чисто од естетски причини да се знае што се вестите а што е личен коментар. И линк до оригиналниот запис на нет [URL*][/URL] ама без * во заградите


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:08
Originally posted by La Linea

Previous Да, поминав вчера и видов како ја поставуваат куполата. Дефинтивно сега камбанаријата е дефинирана, но куполата иако е нова и беспрекорно сјајна, мислам дека формата беше чудна, некако јајцевидна. Како онаа на врвот на Саат-кулата. Можеби лошо сум забележал, можеби од навика да бидам критичен или навистина е така.


Ла Линеа не си забележал лошо. Не дека ми смета формата но многу е чудна. Изгледа прилично ориентално. Не сум видел до сега таков детал на црква.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:15
Па ако тква била куполата порано и сега треба да биде таква. Ај ке ве молам фото ако има некој од старат црква што била порано тука.


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:16
Previous Со сигурност тврдам дека новата купола нема врска со оригиналната



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:17
Епа очигледно не ја сконтале куполата во првобитната форма.


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:28
jas deneska ja vidov pominuvajki nataka, licese na ruska katedrala ( izgleda imaat nekoj film da gi emitiraat rusite )

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:31
Originally posted by mitatos

jas deneska ja vidov pominuvajki nataka, licese na ruska katedrala ( izgleda imaat nekoj film da gi emitiraat rusite )


видиш можеби ти си повеќе во право од моето толкување дека изгледа ориентално. Сепак таков впечаток добив бидејќи остатокот на објектот воопшто нема белези на руска катедрала туку е баш црква типична за ова поднебје.


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:34
dvete raboti ne se vklopuvaat crkvata i kulata t.e kambanjerata i kako sto znam jas taa crkva imase crvena fasada ili pak taka mi zalice na nekoi od fotkite ?
imam nekoi sliki sea ke vidam da gi uplodiram za da gi analizirame malku


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:40
Eve vo boi kako izgledalo istata slika od pogore samo vo boja


http://imageshack.us">




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: blejdsk
Date Posted: 11-Feb-2008 at 16:09
Update ,,,Crkvata Sv. Ilija vo Aerodrom - Kaj poliklinika Jane Sandanski. Recisi e gotova i izgleda prekrasno..




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Feb-2008 at 16:16


Да, добра е.

Еве една црква која ја оправдувам. Во таа околина навистина имаше потреба, во огромен радиус немаше друга црква. Црквава ќе им биде најблиску и ќе опслужува околу 100.000 луѓе.


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Feb-2008 at 16:22
Previous Ок е црквата, мислам дека изгледа пристојно. Но за 2-3 години паркингот ќе биде без пола плочки и со дупки, кои се покажаа како неизбежни кај сите бекатон патеки, а тревникот пред црквата ќе стане хортикултурен армагедон. Ама, да не бидам песимист и да не кршам филм, супер е црквата, баш е симпатична.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2008 at 18:28
Кога сме веќе клај црквите, знае ли некој што бидна со црквата во скопје север. Нешто се работеше околу кога ја имамм видено последен пат.


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Feb-2008 at 18:31
mislam deka taa vo sever veke e zavrsena

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Feb-2008 at 00:09

Парите ја кочат изградбата на три цркви

Според црковните канони, во градов има недостиг од православни храмови

Деспина Трајковска

Црквата „Пресвета Богородица“ која од неодамна е отворена за верниците, е единствениот православен храм во градов што се изгради за релативно кусо време, ако се има предвид дека три цркви не се осветени и покрај тоа што се изминати повеќе од десет години од поставувањето на нивните темели. Црквите „Свети Никола“ во Топанско Поле и „Света Злата Мегленска“ во Сарај започнаа да се градат уште во 1996 година, но тие се' уште не се оспособени за користење. Главна причина за доцнењето на градежните активности и уредувањето на внатрешноста на храмовите е недостигот од пари. Од Македонската православна црква се свесни за проблемот, но велат дека тие не се главните финансиери на изградбата, туку само координатори на проектите, кои најчесто стартуваат со надеж дека ќе се реализираат со пари од верниците и заинтересирани донатори, како и со помош на општините кои се во улога на иницијатори на изградбата. И покрај ваквата состојба, од МПЦ велат дека учествуваат значително во покривањето на трошоците. Според отец Коста Станоевски, секретар на Скопската епархија, МПЦ почнала да ги гради црквите во Топанско Поле и во Сарај, но тие и по десет години се готови само однадвор.

„Црквите почнаа да се градат со пари од верниците, но се наталожи долг кон ГП ‘Илинден‘ од околу 100.000 евра. Ние, сепак, го исплативме и тоа дури неодамна. Долгот беше причина што сега немаме пари за внатрешно уредување, за камбанарии и кршталници, па доцни и нивната изведба“, вели Станоевски, кој сепак е оптимист и се надева дека двата храма летово ќе бидат отворени за верниците. Тој верува дека наскоро ќе биде оспособена и црквата „Свети Илија“ во населбата Јане Сандански,Општина Аеродром, која почна да се гради пред четири години. Таму,иако активностите не се одвиваат со посакуван интензитет, сепак, општината вложува напори и наоѓа донатори црквата да се освети на нејзиниот празник.

И покрај актуелните состојби со храмовите во изградба, ниту општинарите, ниту пак од МПЦ се обесхрабрени за изградба на нови црковни објекти. Од Кисела Вода наскоро планираат да стартуваат со градење на три цркви за кои тврдат дека целосно ги имаат обезбедено потребните финансии. Станува збор за црквата „Свети Јован“ во Припор, „Света Недела“ во Расадник и уште една црква што ќе се гради во Драчево. И надлежните од Карпош започнаа да градат црква во Влае и тоа пред скоро две години. Но, освен поставени темели, на теренот нема ниту трага дека таму еден ден ќе никне православен храм. Општинарите велат дека се' уште чекаат да го добијат земјиштето од државата и да почнат со градежните активности. Инаку, според Станоевски, Скопје има недостиг од православни цркви, ако се земат предвид црковните канони кои велат дека на секои 1.000 семејства треба да има по една црква. Во градов сега има по една православна црква на околу 80.000 жители. „Тоа е премалку за еден град со мнозинство православни верници“, констатира отец Станоевски од Скопската епархија.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72DC90088AFD004F97DB79D0AE8186AD - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72DC90088AFD004F97DB79D0AE8186AD


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Feb-2008 at 13:55
Previous Првпат слушам за овој црковен канон, што вели дека на секои 1000 семејства - 1 црква... Тоа значи дека Скопје,по нивната логика, треба да има 80 пати повеќе цркви?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 19:02
Да, нашите попови се полни со бистри идеи кога треба да се градат цркви... Една црква на 1000 семејства ц ц ц. Се плашам дека навистина размислуваат вака. Значи во Аеродром планираат уште еден куп цркви. Ама за среќа МПЦ не сака да троши свои пари, а со донациите послабо им оди.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2008 at 12:43
Киро планира уште пет нови цркви во општина Аеродром, а замислете имал потполна подршка и од Архиепископот Г.Г. Стефан. Ваљда не намислиле општината да учествува во финансирањето...
Bash

Инаку локациите на црквите се: кај железничка (на празнината дијагонално од Колосеум), спроти салата МЗТ (накај зградите), на крстосницата помеѓу бул Јане Сандански и бул Србија (дијагонално од планираната општинска зграда) и две малку позбутани во Лисиче.

Исто така „значајно“ е да се спомене дека архиепископот бил одушевен од урбанистичкото планирање на Киро.

Извор: http://aerodrom.gov.mk/vesnik/22aerodrom.pdf - Весник на Општина Аеродром (страни 16 и 17)


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2008 at 13:30
Дека Кловер малку го мрзи јас ќе ги качам работиве LOL
Мислам дека општина Аеродром не планира да финансира. Највероватно нејзиниот дел е да означат маркички за цркви во ДУП-овите. Но се разбира, никогаш не се знае.

1. Свети Василиј Велики, НОВА УЛИЦА „БОРИС КИДРИЧ“, НАСЕЛБА МИЧУРИН СПРОТИ ЗГРАДАТА НА „НЕОКОМ“



2. СВЕТА БОГОРОДИЦА, улица „Васко Карангелески“, спроти спортската сала „Јане Сандански“



3. СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ - КРСТОСНИЦА МЕЃУ БУЛЕВАРИТЕ „СРБИЈА“ И „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ДИЈАГОНАЛНО НА ПОШТАТА ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР „АЕРОДРОМ“

 

4. „СВЕТИ КУЗМАН И ДАМЈАН“ УЛИЦА „МИТЕ БОГОЕВСКИ“, НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ

 

5. „СВЕТИ ЃОРЃИ“ НОВА УЛИЦА „4“, НАСЕЛБА ГОРНО ЛИСИЧЕ ВО ПРОСТОРОТ НА ЗИК „СКОПСКО ПОЛЕ“



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Mar-2008 at 00:06

Во Општина Аеродром ќе се градат пет цркви

На 19 април ќе почне да се гради црквата „Свети Кирил и Методиј“, која ќе биде најголема во Скопје

Деспина Трајковска

И покрај фактот што три цркви во Скопје се' уште не се изградени и по изминати десет години од поставувањето на камен-темелниците, општинарите од Аеродром не се обесхрабрени и имаат намера да почнат да градат пет нови цркви. Тие веќе се утврдени и со урбанистичка рамка, а по предлог на МПЦ, договорени се и нивните имиња. Планирано е нова црква „Свети Кирил и Методиј“ да се гради на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“, „Свети Кузман и Дамјан“ во населбата Лисиче, потоа црква „Света Богородица“ е планирана на улицата „Васко Карангелески“, спроти спортската сала „Јане Сандански“, „Свети Василиј Велики“ во Мичурин, а црква која ќе се вика „Свети Ѓорѓи“ ќе добијат жителите на улица „4“. Градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски е свесен дека за изградба на храмовите се потребни многу пари, кои сега ги нема во општинската каса, но не се откажува од проектите, бидејќи, како што вели, на Општина која има 80.000 жители, и тоа најголем дел православни христијани, и' се потребни цркви.

„Општината има недостиг од цркви и нормално е да планираме да градиме. Засега немаме заокружена финансиска конструкција, но убедени сме дека ќе има заинтересирани донатори. Одредена сума ќе се издвои од буџетот на Општината, а најави за учество во изградбата има и од МПЦ. На тој начин полека, но сигурно ја доизградуваме и ‘Свети Илија‘, која очекуваме да ги отвори вратите за верниците на 2 август“, вели Тодоровски и потенцира дека црквата „Свети Кирил и Методиј“ ќе биде најголемата во Скопје. За објектот постои идеен проект, за чија реализација според процените ќе бидат потребни 5 милиони евра. Токму овој храм, според надлежните од МПЦ, ќе почне да се гради прв од планираните пет. Со црковните власти е договорено камен-темелникот на „Свети Кирил и Методиј“ да биде поставен на 19 април.

„Од сите пет планирани за изградба, МПЦ засега е сигурна дека финансиски ќе учествува во изградбата на црквата лоцирана на границата меѓу населбите Јане Сандански и Ново Лисиче. Веќе имаме обезбедено пари за изградба на објектот до фаза карабина. За негова доизградба, како и за останатите цркви, се надеваме на помош од Општината, верниците и заинтересирани донатори“, вели отец Коста Станоевски, секретар на Скопската епархија. Тој информира дека на неодамнешната средба меѓу градоначалникот Тодоровски и архиепископот г.г Стефан биле утврдени и термините за поставување на темелите на другите цркви. Би требало сите да почнат да се градат до почетокот на есента. Инаку, ниту од МПЦ, ниту од Општината не посочуваат рокови за изградба на верските објекти. Велат, најбитно е тие да почнат да се градат.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F9E1A4A4C6415E4285F305BF517AED90


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Mar-2008 at 00:18
За негова доизградба, како и за останатите цркви, се надеваме на помош од Општината, верниците и заинтересирани донатори


Старите добри приказни од МПЦ. Кога станува збор за бројот на цркви се мегаломани, ама за финансирање имаат интересни погледи... Нека кршат глава со донации, важно на она за помош од општината мора да му се застане на пат!


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2008 at 03:26
Originally posted by La Linea

Previous Првпат слушам за овој црковен канон, што вели дека на секои 1000 семејства - 1 црква... Тоа значи дека Скопје,по нивната логика, треба да има 80 пати повеќе цркви?
 
LOL   Ова ме потсеќа на скечот на к-15, како беше... во европа има тероија дека град без 3 мачки по контејнер нема будучност и тачка.


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Apr-2008 at 16:31
На 19 април ќе ги удрат темелите на оваа црква:


Изгледа некако монотоно, а не ми е јасно од каков материјал се „куполите“? И дали ќе биде вака бетонска црквата или? Мислам дека може да испадне многу интересна ако ја направат како што треба само што мислам дека местото воопшто не и е таму.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Apr-2008 at 17:01

Заборави да кажеш која е црквата... Еве ќе те цитирам тебе од еден претходен пост Big%20smile

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ - КРСТОСНИЦА МЕЃУ БУЛЕВАРИТЕ „СРБИЈА“ И „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ДИЈАГОНАЛНО НА ПОШТАТА ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР „АЕРОДРОМ“


Ај да видиме со кое темпо ќе се затвара финансиската конструкција и колку пати ќе ми доаѓаат на врата за нови донации Roll%20eyes


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 01-Apr-2008 at 17:06
Originally posted by La Linea


Изгледа некако монотоно, а не ми е јасно од каков материјал се „куполите“? И дали ќе биде вака бетонска црквата или? Мислам дека може да испадне многу интересна ако ја направат како што треба само што мислам дека местото воопшто не и е таму.


Shto e ova be? Sci-fi crkva Nuts...


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Apr-2008 at 18:22
Previous Стварно е sci-fi, ама Аеродром е релативно модерна општина па мислам дека црквава ќе допринесе до одржување на тој модерен лик. Мене некако ми се допаѓа црквава. Само една работа ме загрижува. Ако фасадата е од бетон, тогаш ќе изгледа како што lslcrew еднап го опиша ТИПО - „грда коцка цименто“.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2008 at 18:58
Црквава е ТОП. Мене ми делува некако како симбол на обединување на прасвославните со католиците. Од мене има огромна поддршка!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 01-Apr-2008 at 22:07
Мене повеќе ми личи на католичка - ама секако нови идеи се добродојдени, ако не барем ќе научиме нешто од ова 


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Apr-2008 at 22:30
Црквава е интересна... Не ми се свиѓа локацијата, но добро одговара за населба како Аеродром


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Apr-2008 at 19:04
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=12A4FE90D87D8844B4857FAA8676BCCB - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=12A4FE90D87D8844B4857FAA8676BCCB

Се чека градежна дозвола за изградба на црквата „Свети Јован“ во Припор

Општинарите од Кисела Вода во последен момент констатирале дека локацијата се наоѓа на границата со Сопиште

Изградбата на црквата „Свети Јован“ во Припор, и покрај најавите, се' уште не е почната, иако камен-темелникот требаше да биде поставен пред два месеца. Општинарите од Кисела Вода објаснуваат дека најавениот проект доцни, бидејќи се' уште немаат обезбедено градежна дозвола за храмот.

„Во последен момент констатиравме дека зацртаната локација за изградба припаѓа на подрачјето на Општина Сопиште, таа речиси се наоѓа на границата со Кисела Вода. Утврдивме дека, сепак, одобрението за градба треба да ни го издаде соседната општина. Двајцата градоначалници неодамна се сретнаа и добивме ветување дека дозволата ќе ја добиеме најдоцна до крајот на месецов“, вели Тони Чупоски, одговорен за информирање во Кисела Вода.

Тој посочува дека не постои ниту една друга причина изградбата на црквата да се пролонгира. Проектот е готов, а одамна било решено и прашањето за финансирањето на изградбата. Општинарите не откриваат кој ќе биде донатор на верскиот храм, единствено велат дека станува збор за две големи приватни фирми, а делумно во покривањето на трошоците ќе учествува и Општината. Внатрешното уредување, пак, ќе се изврши со собрани донации од верниците.

Со оглед на непланираното одложување на почетокот на изградбата на црквата, автоматски се пробија и првичните рокови за нејзино осветување. Општинарите планираа таа да биде готова во септември, а до Нова година да заврши внатрешното уредување, по што би се одржал чинот на осветување. Инаку, од Општината информираат дека е при крај решавањето на имотноправните односи со земјиштето во Расадник, каде што, според Урбанистичкиот план, планирана е изградба на уште еден верски објект. (Дс.Т.)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-May-2008 at 02:01
Ѓорче Петров

http://imageshack.us">


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-May-2008 at 10:21
Бре што пари се фрлаат на цркви и џамии....  Roll%20eyes
Одат ли барем варници во нив, или само за најголемите празници 2-3 пати годишно?


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-May-2008 at 16:25
Previous Мислам второто. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-May-2008 at 00:04

Мавровци викендов ќе добијат грандиозен храм

МАВРОВО - Во чест на јубилејот, 50 години од обновувањето на Охридската архиепископија, денес и утре ќе се изврши чинот на осветување на новоизградената црква „Св. Никола“, што се наоѓа на брегот на Мавровското Езеро. Ќе се осветат и темелите на манастирските конаци, со што туристичката понуда се збогатува со духовна.

„По десет години завршија работите на црквата „Свети Никола“ која се вбројува меѓу грандиозните објекти изградени во Македонија во последниве децении“, вели митрополитот г. Кирил, надлежен архијереј на Полошко-кумановска епархија. Иницијативата за изградба на нов храм беше поведена пред 12 години, како замена за црквата што ја потопија водите на Мавровското Езеро. На чело на Иницијативниот одбор беше стопанственикот Душан Петрески.

„Над 120 фирми и поединци од Македонија, од соседните и западноевропските држави ја помогнаа изградбата и живописувањето на црковниот храм“, изјави Петрески. (К.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CEED1EB4C2AC9C4494B25E6ED8B785A1



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-May-2008 at 00:08
Да не случајно оваа црква е на влезот во маврови анови?! Тука одма после бензинската?!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jun-2008 at 04:43

Г. Г. СТЕФАН ВО АЕРОДРОМ


Ќе се гради нова црква


На територија на Општина Аеродром наскоро ќе се гради нов православен храм кој ќе биде најголем во општината. Црквата која ќе го носи името Св. Кирил и Методијј, треба да се гради на крстосницата меѓу булеварите Србијаа и Јане Санданскии, дијагонално од поштата во Реонскиот центар Аеродромм.

Вчера во посета на Општина Аеродром беше поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој оствари средба со заменик-градоначалникот Југослав Зибероски.

- Се очекува камен-темелникот на овој православен храм да се постави во текот на август или почетокот на септември годинава. За оваа црква веќе има предвидено градежна парцела со површина за градба во деталниот урбанистички план за локалитетот Јане Сандански, кој е во процедура и се очекува наскоро да биде донесен од страна на Советот, велат во Општина Аеродром.

На средбата се разговараше и околу динамиката на доизградбата на црквата Св. Пророк Илијаа во населбата Аеродром за да може овој православен храм да биде осветен на големиот христијански и национален празник Илинден.

(Д.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=48684785F04D1A4DB8E930AAEFC277CA


Posted By: shyes
Date Posted: 07-Jun-2008 at 08:37
Mene ubavo mi izgleda crkvata. Ednostaven no interesen dizajn. (Mislam za Crkvata vo Aedrom)


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 07-Jun-2008 at 17:06
Originally posted by Cloverstack

Ѓорче Петров

http://imageshack.us">


Ne e bitno vo kakva ocajna sostojba e patot- crkvi mora da ima sto poveke posto imame "golem nedostig od niv" Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jun-2008 at 00:05

Во Аеродром ќе се гради голема црква со модерна архитектура

Според идејниот проект, проценето е дека изградбата би чинела пет милиони евра

Деспина Трајковска

Црквата „Кирил и Методиј“ во Аеродром, што според најавите треба да почне да се гради најдоцна до почетокот на септември, ќе биде најголемиот и најмодерниот православен храм на подрачјето на Општина Аеродром. Црквата ќе се наоѓа на просторот на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“, дијагонално од поштата во Реонскиот центар. Според Детаљниот урбанистички план, кој наскоро треба да биде усвоен од Советот, за храмот е предвидена маркичка за градба со површина од 3.050 квадратни метри. Општинарите посочуваат дека за храмот постои идеен проект, според кој објектот ќе има модернистички изглед, подигнато приземно ниво и куполи од стакло. Сепак, дали црквата „Кирил и Методиј“ ќе се гради по веќе постојниот идеен проект, ќе зависи од желбата на инвеститорот.

Од Општината, чиј заменик-градоначалник, Југослав Зиберовски и архиепсикопот на МПЦ г.г. Стефан неодамна одржаа средба и разговараа за изградбата на црквата, посочуваат дека деталите околу финансирањето се' уште не се дефинирани. Инвеститор може да биде приватно лице, здружение, или пак МПЦ. Пред неколку месеци, пак, градоначалникот Кирил Тодоровски, кој сега се наоѓа во притвор, рече дека од МПЦ потврдиле оти ќе ја финансираат изградбата на црквата до фаза карабина. Според процените, доколку храмот се гради според постојниот идеен проект, за негова реализација ќе бидат потребни пет милиони евра.

Инаку, на неодамнешната средба помеѓу г.г.Стефан и Зиберовски било разговарано и за динамиката на завршување на изградбата на храмот „Свети пророк Илија“. Според најавите, црквата ќе се освети на големиот христијански празник Илинден. Покрај овој храм и најавата за почеток на изградба на „Кирил и Методиј“, на подрачјето на Аеродром е планирани да се градат уште четири цркви. „Свети Кузман и Дамјан“ во населбата Лисиче, потоа црква „Света Богородица“ на улицата „Васко Карангелески“, „Свети Василиј Велики“ е во план да се гради во Мичурин, а црква која ќе се вика „Свети Ѓорѓи“ ќе добијат жителите на улица „4“. Општинарите посочуваат дека изградбата на храмовите е неопходна, бидејќи 90 отсто од жителите во Аеродром се православни христијани. На подрачјето на општината засега постојат два храма - „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче и „Света Троица“ во Долно Лисиче.



Статијата е прочитана 57 пати.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=6E13F2F7C493154CAC107C3700BF0E2F


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 10-Jun-2008 at 15:39
Islcrew... 5 milioni!!!!! za crkva vo aerodrom. Stvarno nemame pravo da kazvime deka sme siromasna drzava poveke.


Posted By: dejan
Date Posted: 10-Jun-2008 at 15:49
Aman kakva crkva ke se gradi?! Uste crnci falat da ni peat

Mislam malku preteruvat so ova gradenje crkvi na sekoj cekor.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2008 at 17:48
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2559B9B3943F4E489CC18903E9D3C641 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2559B9B3943F4E489CC18903E9D3C641

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО ОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА

„Пресвета Богородица“ затворена за обреди и богослужби

Ктиторот Костовски апелира храмот што побрзо да биде ставен во функција на верниците и граѓаните на Скопје


Од МПЦ нема да одржуваат богослужби се' додека не
бидат насликани сите предвидени фрески

Иако поминаа четири месеци од осветувањето на црквата „Пресвета Богородица“ во центарот на градот, во неа се' уште нема свештеници,ниту,пак,се одржуваат верскитебогослужби, крштевања и венчавања. Во храмот не се одржа богослужба ниту за големиот христијански празник Велигден.Човекот задолжен за продавање свеќи потврди дека црквата е отворена само за да можат верниците да запалат свеќи и да се помолат. Според него, обредите не се одржуваат зашто внатре се' уште се сликаат фреските. На вратата е истакнато соопштение во кое стои дека црквата е отворена од 8 до 18 часот во работните денови, а во неделите од 10 до 18 часот.

КТИТОРОТ ИЗНЕНАДЕН

Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, кој е ктитор на црквата, е изненаден од ситуацијата и вели дека не е запознат со тоа дека храмот се' уште не функционира нормално. ј За изградбата на „Пресвета Богородица“ тој донираше околу 1,5 милион евра сопствени средства, не сметајќи го надворешното уредување. Јас сум изненаден што црквата „Пресвета Богородица“ се' уште не е во функција, иако беше осветена на 31 јануари. Многупати досега интервенирав кај Синодот и кај Неговото блаженство г.г. Стефан и добивав уверување дека многу скоро црквата ќе профункционира нормално. Сакам да верувам дека Македонската православна црква има оправдана причина поради која во храмот се' уште не се служат литургии и не се извршуваат крштевања и венчавки, меѓутоа, со тоа на индиректен начин се казнуваат граѓаните што ја чувствуваат „Пресвета Богородица“ како свое духовно светилиште - вели Костовски. Тој апелира до надлежните свештени лица оваа црква што побрзо да биде ставена во функција на верниците.

СЕ ЧЕКА ДА СЕ ДОВРШАТ ФРЕСКИТЕ

Секретарот на Скопската епархија, прота Коста Станоевски вели дека причината поради која нема свештеници во црквата е тоа што се' уште не се доцртани фреските. Тој не знаеше кога ќе се случи тоа и не можеше да прецизира кога црквата ќе почне нормално да функционира како и сите останати храмови.Не се работи за никакво бојкотирање на црквата, туку станува збор за недозавршените фрески. Внатре се' уште работат уметниците Синиша Стефановиќ-Кашавелски од Куманово и Стојан Додевски и поради тоа, се' уште не постојат услови за одржување богослужби. Кога се' ќе биде готово, црквата ќе проработи нормално - вели Станоевски. Дворот на црквата е веќе комплетно хортикултурно уреден, направени се и пристапните патишта, за што беа ангажирани јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“. Откако ќе се огради теренот, ќе биде отстрането малото црквиче во дворот, во кое верниците со години палеа свеќи за време на празниците посветени на Богородица. Според проектот што го изработи Конзерваторскиот центар Скопје, се предвидува во кругот на црквата да се изградат и две фонтани, а ќе бидат поставени и клупи за седење. МПЦ таму планира да изгради и административна зграда на Митрополијата, музеј и библиотека, како и зграда за Богословскиот факултет со студентски дом.Камен-темелникот на црквата беше поставен пред три години. Оригиналниот објект бил изграден во 19 век, во 1835 година.

Анела Петрова
Фото: Маја Златевска




Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2008 at 17:55
Ја мислев дека све си ок, на крај памет дека била затворена.


Posted By: damjanh
Date Posted: 22-Jul-2008 at 22:58
Еве неколку рендери од една црквичка за општина Илинден. Локацијата е веднаш до местото каде што трагично загинаа 11-те војници во хеликоптерската несреќа.





Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jul-2008 at 01:33
Што бара поп на рендериве?! Ваљда за споредба на големината.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2008 at 01:45
Скопје
Нов православен храм во Мичурин



Камен-темелник на нова православна црква ќе се постави кон средината на октомври на влезот од населбата Мичурин, најавија општинарите од Аеродром. Храмот треба да се гради веднаш до железничката станица, на раскрсницата меѓу булеварот Кузман Јосифовски-Питу и улицата Борис Кидрич. Ова било заклучено при вчерашната посета на архиепископот на МПЦ г.г. Стефан во општината. Тој се интересирал за можноста да се градат нови храмови на подрачјето на Аеродром, а откако заменик-градоначалникот Југослав Зибероски му ги покажал урбанистичките планови, најавил дека изградбата би можела да почне за два месеца.
Од МПЦ велат дека сè уште не го утврдиле името на новата црква.
- На состанокот имаше предлог верскиот објект да го носи името свети Василиј, но тоа сè уште не е сигурно. Треба да поминат уште неколку состаноци за да донесеме конечна одлука - објасни прота Коста Станоевски, секретар на скопската епархија на МПЦ.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=164&ArticleID=5905


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2008 at 02:16


А кој ќе ја плати сметката?????




Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2008 at 00:31
ВО РАСАДНИК
Ќе се гради нова црква Жителите на Кисела Вода ќе добијат нова црква „Света Недела“, чија изградба ќе почне до крајот на годинава. Црквата ќе биде близу спортската сала „Расадник“, на денационализирано земјиште, чиј сопственик и го подарил на Скопската епархија.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1518&ArticleID=99809


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=16471#16471 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=16471#16471
Парцела број 2.4/В5


Posted By: Plugger
Date Posted: 07-Oct-2008 at 15:59
Originally posted by Cloverstack



А кој ќе ја плати сметката?????




Clover, Kiril Todorovski neli reche deka ke se gradat 30 crkvi okolu Opshtina Aerodrom??

Vo Kisela Voda veke imaat crkva se vika sveti Gjorgjija shto ke im e ushte edna??


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2008 at 17:08
Свети Ѓорѓија е доста далеку од оваа локации. Башка тоа "што ќе им е уште една" некако не ти звучи баш промислено. Не е тоа супермаркет па да го третираш така. Но ај да не забегувам во таа насока, јас како верник во радиус од 1км, ако не и повеќе немам верски објект. Оваа црква за разлика од таа на плоштад е на соодветно место во цартаната парцела уште од пред многу години и затоа има поддржка од мене. Можеме единствено да разгаворама околу тоа од каде ќе се финансира изградбата. Инаку се работи за многу мал одбејкт со максимална висина од 8 метри така да и нема да биде некој голем трошок. Мислам дека ќе биде финансирана поголем дел од епархијата со донации и мл дел од општната диркетно, за што веќе имаме разговарано дали може државни пари да се трошат во верски објекти.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Oct-2008 at 19:01
Се слагам со ЛСЛ дека на тоа место е потребна црква и нема ништо спорно што е зацртана таква маркичка. Од урбанистички аспект нема ништо спорно. Но учеството на општинта во финансирањето, без разлика колку и да е мал тој дел, не може да се оправда.


Posted By: Plugger
Date Posted: 08-Oct-2008 at 15:24

Sekoja opshtina treba da ima 1 crkva, Opstina Kisela Voda definitivno si ima svoja crkva. Pa nema valjda da se napravi crkva vo sekoja naselba tuka nema da ima nikakva logika. Vo Opshtina Aerodrom ima samo edna crkva i toa pred nekoja godina im ja napravija Sveti Ilija kaj star Aerodrom, da pochnat sea u Michurin,Novo Lisiche,Lisiche da gradat crkvi ke stanat premnogu za site. Treba tie crkvi da se odrzhuvaat ne e samo taka da se izgradat, inache jas sum religiozen i si ja sakam verata idam vo crkva da zapalam sveka za zdravje.

Klover,LCL, vie vo koja crkva ste krsteni??


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 00:46
Во Карпош ќе се гради црква


Локацијата на црквата е предвидена во реонскиот Центар Карпош 3, на Булеварот Партизански Одреди


Во Реонскиот Центар Карпош 3 ќе се гради црква. Благослов за оваа иницијатива даде и лично Поглаварот на Македонската Православна Црква, г.г. Стефан на неодамнешната средба со в.д. градоначалникот на Општина Карпош, Сашо Димиќ и Претседателот на Советот на Општината, Роберто Тошевски.

На приемот, градоначалникот Димиќ ги образложил плановите и предвидените динамики на локалната власт за изградба на Црква на територијата на Општината, со што би се исполниле долгогодишните барања на верниците од овој дел на градот за изградба на православен верски храм во центарот на општината. Локацијата на црквата е предвидена во реонскиот Центар Карпош 3, на Булеварот Партизански Одреди.
- Со оваа средба и започнувањето на реализацијата на проектот за изградба на храмот во средиштето на Општина Карпош започна реализацијата на Програмата на в.д. Градоначалникот Димиќ- информираат од општината.

Ова е втора иницијатива за изградба на црква во Карпош, по онаа пред четири години на претходниот градоначалник Андреј Петров во Влае зад Неуромедика да изгради храм посветен на Светецот Стефан. Иако општината обезбеди финансиски средства и беше изготвен проект, работите запреа поради нерасчистени имотно-правни работи.

Православните христијани жители на Карпош со децении бараат од локалните власти да изградат божји храм, бидејќи се приморани за празниците и сите верски обреди да одат до Ѓорче Петров или до Центар.

Црквата во Карпош 3 е предвидена со измените на деталниот урбанистички план за реонскиот центар кој треба да се изгласа на денешната седница на Советот на Општина Карпош. На овој потег, во реонот на спортската сала Партизан се предвидува да се изградат и два хотела, спортски терени, комерцијални и деловни објекти, објект со намена за социјални грижи, а планирана е и изградба на споменик.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7216E6D5390CCF428EAA88C72F05CBC9


Ќе се гради црква на Партизанска

Храмот ќе никне покрај салата „Партизан“, на површина од 400 квадратни метри и со двор од 2.000 „квадрати“


Од камен-темелникот на планираната црква во Влае остана само крстот

Општина Карпош се договорила со поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, заеднички да градат црква на булеварот Партизански одреди, кај салата на ДТВ „Партизан“.

Општината досега неколкупати најавуваше дека ќе изгради нов црковен објект. Пред две години, тогашниот градоначалник Андреј Петров дури удри камен-темелник во Влае, пред изборите, но до денес таму градежните работи не се почнати. Пред неколку месеци, од Карпош објаснија дека со локацијата во Влае се појавиле проблеми поради нерасчистени имотно-правните односи.

- Градежната парцела зафаќаше дел од приватно земјиште, а сопствениците не сакаа да го продадат - изјавија од Карпош, истакнувајќи дека не се откажуваат од изградбата и на оваа црква.
Челниците на општината, в.д. градоначалникот Сашо Димиќ и претседателот на Советот, Роберто Тошевски, биле поглаварот на г.г Стефан во просториите на МПЦ, кога е и договорена изградбата на црквата во т.н. Реонски центар Карпош 3. Димиќ и Тошевски ја образложиле иницијативата со долгогодишните барања на верниците од општината да се изгради храм во централниот дел од општината.

Општинарите велат дека храмот ќе биде изграден кај салата „Партизан“, на површина од 400 квадратни метри и со двор од 2.000 „квадрати“, но не го прецизираат рокот за градежните работи. Се' уште не е подготвена и финансиската конструкција. Новиот христијански објект, објаснуваат од Карпош, планирано е да се гради со пари од буџетот на општината и од МПЦ, како и со донации од граѓани и од фирми. Планот денеска треба да биде на дневен ред на седница на Советот на Општина Карпош.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F716E20C8D8DC349B92CC8347A0299F4




Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 00:57
Давам потполна поддржка на проектот зашто е урбанистички вклопен, и затоа што во тој дел нема православен хра, а граѓаните од тој дел имаат потреба од тоа. Знам дека некои не би се сложиле околу финансирањето на на изградбата, но јас тука нема да негодувам пошто имам кажано поназад дека не гледам проблем доколку како еден од донаторите се јави и општината со некој процент. Но да не ја отвараме повторно таа дискусија. Инаку тој дел околу салата има доста празен простор така сега уште неможам да си разјаснам од која страна ќе биде црквата!


Posted By: evolutionary
Date Posted: 15-Oct-2008 at 02:35
Moram da se izjasnam protiv izgradbata na objektov od prosta pricina sto vo edno sekularno opstestvo e nedozvolivo opstina da finansira izgradba na verski objekt. Dokolku MPC ima zelba da gradi crkva, neka sobere pari (voglavno od zitelite na Karpos koi imaat "potreba" od crkva vo nivnata naselba), neka kupi zemjiste i neka si gradi. Inaku na ovoj nacin definitivno religijata stanuva finansirana (pottiknuvana) od strana na edno drzavno telo, a toa e odlika na nesekularno opstestvo.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2008 at 03:54
Се слагам со evolutionary, ова со финансирањето е многу лош филм. Не е воопшто поприфатливо ако е тоа релативно мал процент.
Ја подржувам изградбата затоа што дефинитивно на Карпош му треба црква - неприродно е толку многу население да нема црква... Но кога веќе толку многу население вистински ја има оваа потреба, што е проблемот да ја финансира (заедно со МПЦ)??? На крајот на краиштата, директно или индиректно, парите пак ќе дојдат од нивните џебови, но на ваков начин само непотребно се ствара уште еден лош пример.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 11:27
Еве тука со малку поконкретни информации:

ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ГРАДИ ЦЕНТРАЛЕН ВЕРСКИ ОБЈЕКТ
Црква до салата "Партизан" во Карпош 3
Црквата ќе зафаќа површина од 400 квадрати со дворно место од 2.000 квадратни метри и ќе биде копија на црквата "Св. Софија" во Охрид

На просторот кај спортската сала "Партизан", Општина Карпош ќе гради црква. Изградбата на црквата е предвидена со Деталниот урбанистички план за овој дел од Карпош 3. Таа ќе биде копија на црквата "Св. Софија" во Охрид. Ќе биде голема 400 квадрати, а дворното место отколку црквата ќе зафаќа површина од 2.000 квадратни метри.
"Во Општината немаме централна црква. Бевме на разговор со архиепископот г.г. Стефан да се договориме за деталите. За изградбата на црквата пари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општината, од МПЦ, како и преку донации на граѓани и на фирми", вели новоизбраниот в.д. градоначалник на Општина Карпош Сашо Димиќ. Општинарите најавуваат дека ќе градат нова црква, иако уште не ја чепнале црквата "Св. Стефан" во населбата Влае, за која камен-темелникот беше поставен уште пред две и пол години, пред парламентарните избори. Во Влае сега нема ни трага од црквата бидејќи и поставениот камен-темелник го обраснаа треви и грмушки.
"Не ја заборавивме црквата во Влае, но не можеме да ја градиме бидејќи имаме нерешени имотно-правни односи", вели Димиќ.
Покрај изградбата на црква, на овој дел предвидено е да се градат и спортски терени, базен и трговско-деловен простор. При првичните изработки на ДУП, на барање на Владата, на локацијата каде што сега ќе се гради црква беше вцртана маркичка за хотел со пет sвезди. Со измените на ДУП-от, хотелот е избришан, бидејќи граѓаните и вработените во спортска сала "Партизан" беа против. Нивниот став беше оти со изградба на хотелот просторот место за спорт и рекреација, ќе се узурпира за комерцијални цели. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158303&idg=8&idb=2499&rubrika=Skopje




Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Oct-2008 at 13:23
Мојот став е идентичен со оној на Кловер.

Дали сте запознаени со случај кога некоја претежно муслиманска општина финансирала изградба на џамија? Не барам причина за некаков реванш или оправдување на оваа црвка и двата случаи се незаконски.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 00:46
Нова црква Св. Петка во Прилеп (населба точила). Рендерите се поставени на нет на 8.10.2008 така да ова е нешто сега скоро излезено.











Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 00:48
Избацено на 7.10.2008, се работи за нова градска капела во Прилеп.








Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2008 at 04:35
Звукот на оргулите ќе не разгали за новогодишните празници

Image
Во Католичката црква привршуваат подготовките за поставување на првите оргули во Македонија, кои од Словенија треба да пристигнат во текот на ноември, а нивниот мелозвучен глас ќе ги разгали скопјани најверојатно за Новогодишните празници. Оваа кралица на инструментите се прави по нарачка во специјализираната Бискупска работилница во Марибор, согласно просторот во нашата катедрала. Станува збор за механички оргули со мевови, кои се составени од два мануела, 26-28 регистри, кои се полесни за одржување од оние што работат на електроника, ни изјави Петар С. Јаки, генерален секретар на Одборот за собирање средства за набвака на првите оргули во Македонија. Специфика на нашите оргули е тоа што цевките се со височина од 15 сантиметри до пет метри, а целиот инструмент ќе тежи околу шест тони. Мајсторите и инженерите од Марибор ќе ги монтираат деловите во просторот предвиден за оргулите, кој пред извесно време е дополнително термо, хидро и звучно изолиран. Станува збор за мали градежни зафати неопходни за регуларно функционирање и трајна безбедност на инструментот. Мора да се нагласи дека катедралата иако од натур бетон има неодоллива акустика, додава Јаки.

- Со нас е сврзан еден мал куриозитет или парадокс - ние сме единствената земја во Европа која нема оргули, а овој музички инструмент потекнува токму од овој дел на светот, а по некои енциклопедии дури и од беломорскиот дел на Македонија, објаснува нашиот соговорник.

Акцијата за прибирање средства за набавка на кралицата на инструментите тече веќе 2,5 години, има свој одбор во кој почесен претседател е бискупот скопски монсињор д-р Киро Стојанов, а членови се музички и ликовни уметници, дипломати, стопанственици, обични граѓани, од сите вероисповеди и убедувања.

- Со ова сакаме да потенцираме дека инструментот нема да служи само за верски обреди, туку катедралата ќе биде отворена, како што била и досега за разни културни манифестации, што е своевидна метафора и на самата оргула, нагласува Петар С. Јаки. Па затоа во текот на овие 2,5 години организиравме неколку концерти со поддршка на МОБ и на Филхармонијата, а во текот на ноември МОБ ќе одржи уште еден концерт, како и уште неколку манифестации, изложби на донирани слики од 50 уметници.

Средствата за оргулите кои чинат 230.000 евра, се собрани и со поддршка на претседателот на државата, претседателот на Собранието, Владата, а особено од Министерството за култура.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1270&Itemid=54



Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Nov-2008 at 14:54

е ова е веќе трагикомично, утре ќе речат дека и мерцедесот е македонски!!! навистина глупости, оргулите потекнувале од македонија... абе кааај...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Nov-2008 at 20:37
ќути, добро е што е во католичката, а не во православна црква Stern%20Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Nov-2008 at 20:37
Originally posted by гитардемон


е ова е веќе трагикомично, утре ќе речат дека и мерцедесот е македонски!!! навистина глупости, оргулите потекнувале од македонија... абе кааај...


Не знаеше?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2008 at 22:58
Не е во ред да реагираме одма антагонистички кон информацијата дека "оргуљата е со потекло од Македонија", се додека не ја провериме информацијата. Може би е точно. Но тоа не е тема на муабет во нишкава. Можеме да дебатираме во меана.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2008 at 13:29
ЗАГЛАВЕНИ ЧЕТИРИТЕ ЧАСОВНИЦИ НА КАМБАНАРИЈАТА НА "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
Соборниот храм со погрешно време
Часовниците на камбанаријата на соборниот храм "Свети Климент Охридски" не работат. Стојат заглавени и на сите четири страни покажуваат различно време. Одговорните во црквата велат дека не можат да кажат кога ќе ги поправат, бидејќи се правен

Часовниците на камбанаријата на соборниот храм "Свети Климент Охридски" не работат. Стојат заглавени и на сите четири страни покажуваат различно време. Одговорните во црквата велат дека не можат да кажат кога ќе ги поправат, бидејќи се правени по веќе застарена технологија за која нема резервни делови.
Старешината на Соборниот храм Васко Сламков вели дека часовниците застанале од дотраеност на некои делови. Бидејќи ги набавиле од Холандија, Сламков вели дека се јавиле таму и побарале да дојде некој и да ги поправи, но од таму им кажале оти и да дојдат, нема да можат многу да направат поради застарениот модел на часовниците.
"Ни ветија дека ќе побараат во Холандија резервни делови и оти ќе ги поправат часовниците. Но ако не се најдат резервни делови, ќе мора да ги замениме сите четири часовници", рече Сламков.
Часовниците на камбанаријата се стари повеќе од 18 години. Тие се поставени пред отворањето на Соборниот храм, кој беше осветен на 12 август 1990 година.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159927&idg=8&idb=2530&rubrika=Skopje



Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 11:29
Прилепчани не се зезаат, а браво и за  општината пошто сфати дека ништо не кошта да се стават малце поголеми слики на интернет страницата, уште веснициве и другите општини да го сфатат тоа.
 
 
 
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=441&Itemid=316 - Интензивно се работи на изградбата на Градската Капела
1.12.2008 Општина Прилеп
 
 

Се интензивира работата околу изградбата на новата Грдска капела на новите гробишта во месноста Песјобртце.На површина од 1800 метри квадратни поставена е втората плоча од Градската Капела. Објектот се гради со средства обезбедени од Локалната смоуправа и Ј.П.„Комуналец“.Во новата градска капела ќе можат напоредно да се извршуваат по три погребални церемонии истовремено.

Според проектот која го изгработи Ј.П.„П.У.П.-Прилеп“ новата градска капела ќе располага и со придружен простор и соодветна опрема со цел поголема функционалност.

Со изградбата на капелата ќе се олесната обврските на граѓаните во најтешките и најтажни објекти.

 

 
 
 
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 19:08
КРАЛИЦАТА НА ИНСТРУМЕНТИТЕ И КАЈ НАС
Оргулите конечно пристигнаа во Скопје Првите оргули во Скопје, и воопшто во Македонија, пристигнаа од Словенија и веќе се поставуваат во катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, а нивното промовирање пред јавноста се најавува за божикниот концерт, кој ќе се одржи на 18 декември. Акцијата за набавка на првите оргули во Скопје почна пред три години во организација на граѓанската иницијатива „Оргули за Скопје и Македонија“. Оттаму велат дека набавката на овој инструмент, кој уште е познат како кралица на инструментите, е од исклучително значење за музичкиот живот на земјава. - Ние бевме последна земја во Европа што го немаше овој инструмент, а со тоа бевме и обесправени во уживањето во музиката бидејќи не постои ниту еден голем музички творец кој не напишал дело за оргули - вели Петар Јаки, генералниот секретар на граѓанската иницијатива „Оргули за Скопје и Македонија“. Оргулите чинат 230.000 евра. Еден дел од средствата ги обезбедија македонската Влада и Министерството за култура, а другите пари се од донаторски концерти и од изложби. - Досега имавме голем број донаторски концерти, камерни, хорски, мандолински, концерти на Македонската филхармонија и на Македонската опера и балет, кои беа наменети за набавка на средствата за овој инструмент. Во таа акција се вклучија и ликовните уметници со продажна донаторска изложба која ќе се одржи на втори декември во „Мала станица“ и на која ќе учествуваат 52 македонски уметници со повеќе од 70 дела, со што се надевам дека ќе ги собереме парите и за последната рата за овој престижен инструмент - вели Јаки.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1564&ArticleID=103185


Posted By: vardar
Date Posted: 21-Dec-2008 at 03:05
Изработка на темелите на црквата Св.Петка во пресрет на Донаторската конференција
 

Продолжуваат градежните работи околу поставувањето на темелите на црквата Св.Петка во населбата Точила која е во изградба и ќе се гради со заеднички заложби на Локалната самоуправа, бизнис секторот и нашите сограѓани.

Моментално се изработуваат темелите кои и претходат на Донаторската конференција која ќе се одржи на 19 декември во хотелот Кристал Палас, на која со посредство на приватниот сектор од нашиот град ќе се донираат пари за изградба на црквата Св.Петка.

Во нашиов град после 100 години започнува изградба на црквата Св.Петка.

 
 
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=462&Itemid=1 - Општина Прилеп


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 23-Dec-2008 at 01:18
За Прилеп

41 20" 55,44     21 32" 17,68

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2008 at 16:38
@ ovaj_stariov

Изгледа рачно си ги куцал координатите Big%20smile
Нема потреба од тоа, едноставно во google earth ставаш placemark  на локацијата за која се збори и ги пастираш каде што треба latitude/longitude (кои ги има во прозорот што се појавува при ставање на placemark)
Исто така доколку сакаш да најдеш каде е некоја локација според координати што ги има поставено некој друг, едноставно ги пастираш во fly to и ја кликаш лупата или ентер и те носи директно таму Thumbs%20Up


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Dec-2008 at 00:03
Скопје ќе добие копија на охридска Св. Софија


Со Господ напред, ако се се одвива според предвидениот план, ќе почнеме до крајот на јануари, најави в.д. градоначалникот Саша Димиќ


Во Реонскиот центар Карпош 3, во близина на спортската сала Партизан ќе се гради црква според оригиналната верзија на охридската "Света Софија" од 17 век. в.д. градоначалникот на Општина Карпош, Саша Димиќ најави дека проектот е готов, го изработил архитектот Јован Стефановски - Жан, а за името на верскиот храм ќе одлучи Светиот Синод. Во моментов, информираше Димиќ, тече постапката за прибирање на документите за добивање на градежна дозвола.
- Со Господ напред, ако се се одвива според предвидениот план, ќе почнеме до крајот на идниот месец, најави тој.

Димиќ вчера имаше средба со поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, на која го разгледувале проектот, а разговарале и за реализираните активности и за плановите во врска со изградбата на црквата.
- Проектот предвидува максимално искористување на просторот од 1800 метри квадратни, на која ќе се гради црква од 400 квадрати. Целата околина хортикултурно ќе се уреди, ќе има мал плоштад, а се предвидува изградба на подземен паркинг, сала за крштевка, трпезарија, канцеларии - рече Димиќ и додаде дека заокружена била и финансиската конструкција на проектот. Од буџетот на Општината ќе бидат издвоени 100 илјади евра, а имале најава за донации од повеќе стопански субјекти, фирми и од граѓаните.

Во Општина Карпош нема црква, па со изградба на верскиот храм би се исполниле долгогодишните барања на верниците од овој дел на градот. Православните христијани, жители на Карпош, за празниците и сите верски обреди одат во црквите во Ѓорче Петров или во Центар.
Ова е втора иницијатива за изградба на црква во Карпош, по онаа пред четири години кога во Влае беа осветени темелите на храм посветен на Свети Стефан. Иако општината обезбеди финансиски средства и беше изготвен проект, работите запреа поради нерасчистени имотноправни работи.

Црквата во Карпош 3 е предвидена со измените на деталниот урбанистички план за реонскиот центар. На овој потег се предвидува да се изградат и два хотела, спортски терени, комерцијални и деловни објекти, објект со намена за социјални грижи, а планирана е и изградба на споменик.

http://vecer.com.mk/?ItemID=74C5557B9E394E4A9F43341212FB7766


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Jan-2009 at 19:24
40 цркви се градат во Преспанско-пелагониската епархија
Петок, 02 Јануари 2009 17:41
natasa_crkva_001Околу 40 цркви во моментов се градат во Преспанско - пелагониската епархија, изјави митрополитиот преспанско-пелагониски и администратор австралиско- новозеландски, гсподин Петар. Тој се надева дека во текот на оваа година ќе биде поставена плочата на големиот соборен храм „Свети Апостол Павле".

-Во моментов при крај е изградба на долната црква посветена на Свети Апостол Павле каде е спомен храмот Собор на македонските светители кој се состои од две цркви. Едната е во просторот под олтарот, во завршна фаза е, а втората ќе биде од плочата па нагоре, тоа е таа голема црква - вели г.Петар.

Интензивната градба треба да продолжи ако се соберат доволно пари, најави митрополитот.

-Исто така радоста е голема што во самиот круг на црквата се најде разбирање односно се понуди еден донатор, ктитор поточно кој веќе при крај ја гради црквата посветена на Свети Атанасиј, тоа а Драган Герзовски - вели митрополитот Петар.

При крај се и градежните работи околу изградбата на манастирската црква „Свети Јован" кај германските гробишта, а повеќе цркви се градат и во прилепско. За една од поголемите цркви во Прилеп, посветена на Света Петка, на последната донаторска конференција биле собрани околу 55.000 евра. Цркви се градат и во австралиско-новозеландската епархија.

-Во завршна фаза е соборната црква посветена на раѓањето на Пресвета Богородица. Во текот на идната година се надеваме дека ќе биде завршена целоснота градба на, конаците се при крај, на црквата со иконостасот, тоа е манастриската црква „Свети Петка" во Порт Кембл - вели г. Петар.

Црковните и градските власти се уште не се договориле на која локација ќе се гради црквата посветена на светецот заштитник на Битола, Свети Нектариј. Според митрополитот Петар, таа црква треба да се наоѓа во централното градско подрачје.natasa_crkva_002

-Сметам дека кога веќе на таа локација доминираат две џамии и римокатоличката црква, тука треба да се најде и таа црква, да се види мултиконфесионалноста во Битола во смисла на тоа дека ако порано градот бил повеќе муслимански отколку христијански, денес е повеќе православен, па православната црква треба да има свој храм - додава митрополитот.

Изминатата година преспанско-пелагониската и австралиско-новозеландската епархија ја завршија и со плодна издавачка дејност. Издаден е првиот том од капиталното дело со празнични и месечни богослужби, а во печат е вториот том. Митрополитот Петар потсети дека досега епархијата успеала да си врати околу 80 проценти од имотот кој бил национализиран.



преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2547&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2547&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Jan-2009 at 18:47
Дали некој знае што се случи со таа црквата каде што го погребаа поранешниот архиепископ г.г. Михаил? Како се викаше црквата? Нели кога го погребаа уште беше карабина црквата или нешто така, па се бунеа зошто го погребале таму. Знае некој?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Jan-2009 at 20:48
Мислам дека е во иста состојба Ohno

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 03-Jan-2009 at 21:41

Владимир Манастирот Свети Наум Чудотворец не е во иста состојба како што беше, но бидејќи се гради со донации, работите одат лека пополека но се комплетирано освен фреско-живописот! но од лани откако Архиепископот Г.Г.Стефан ја отслужи Велигденската Литургија таму работите се забрзаа! инаку темелите на манастирот се осветени 1990 година а Дедо Михаил  првиот Архиепископ на самостојна Македонија почина во 1999 година и неговото тело (најверојатно  по негова сугестија) беше положено во тој Храм кој во тој момент беше во фаза на карабина.

ситуацијата на терен е прилично готова, уште треба да се доврши живописот во сите зони! еве слики од последната Литургија која таму ја отслужил  сегашниот Архиепископ Г.Г.Стефан http://preminportal.com.mk/content/view/2187/83/ - По Литургија - манастир Св. Наум, Скопје (03.07.2008) preminportal.com.mk/content/view/2187/83/  



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Jan-2009 at 03:01
Еве две слики од внатрешноста! Од линкот:




Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jan-2009 at 00:43
Во Карпош ќе се гради реплика на охридска „Света Софија“

Планирано е во мај да почне да се гради црква која ќе се вика „Свето Благовештение“

Карпошовци повторно живеат во надеж дека, конечно, ќе добијат црква во својата општина. Откако не се реализираа најавите за изградба на храмот „Свети Стефан“ во Влае, за кој и по четири години стојат само осветени темели, општината најавува нов проект за верски објект. Кон крајот на мај, во близина на спортската сала „Партизан“ во Карпош 3, би требало да почне да се гради црква „Свето Благовештение“ која ќе биде мини-верзија на охридската „Света Софија“.

Општинарите за објектот веќе поседуваат готов проект изработен од архитектот Јован Стефановски-Жан и речиси затворена финансиска конструкција. Од Карпош пресметале дека реализацијата на проектот ќе ги чини 400.000 евра, за што општината ќе издвои 100.000 евра, а другите средства ќе се обезбеделе преку донации, за кои неколку компании и стопанственици веќе дале сигурни гаранции.


Црквата ќе се гради според проект на архитектот Јован Стефановски-Жан и на површина од 400 квадратни метри. Во нејзината околина е предвиден и мини-плоштад и подземен паркинг

В.Д. градоначалникот Сашо Димиќ е убеден дека изградбата на црквата ќе ги запази роковите, бидејќи маркичката за објектот е предвидена со Деталниот урбанистички план, а нема пречки ни околу сопственоста на земјиштето. Токму тие два елемента беа главна кочница за изградбата на „Свети Стефан“ во Влае, за која беше поставен камен-темелник. „Деновиве ќе се дефинираат сите активности што ќе ги реализираме со МПЦ. Треба да се регистрира Здружение на граѓани за изградба на црквата, по што ќе ја почнеме и постапката за одобрение за градба. Ако се се' одвива според планот, најдоцна до мај планираме да го поставиме камен-темелникот, а за една година објектот да биде изграден до фаза карабина, па истовремено да започне и неговото внатрешно уредување“, вели Димиќ, кој не е обесхрабрен во намерите за реализација на проектот, имајќи предвид дека речиси во секоја општина и по повеќе од три години црковните објекти не можат да се доизградат и покрај тоа што општините издвоиле поголеми суми за нивна изградба, а во меѓувреме нашле и донатори.

Инаку, в.д. градоначалникот тврди дека општината не се откажала од реализацијата на проектот за „Свети Стефан“ во Влае. Напротив, вели Димиќ, проблемите околу сопственоста на земјиштето се речиси пред конечно разрешување.

Проектот за новата црква го одбрал Синодот на МПЦ. Сепак, иако е готов, според најавите од Скопската епархија, тој ќе претрпи дополнителни измени.

„Заклучивме дека се неопходни корекции на проектот за да биде усогласен со ДУП. Архитектот веќе работи на нив“, ни изјави вчера Коста Станоевски, секретарот на Скопската епархија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=62D0354108B2FD4FAEEB2995AEF5842C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2009 at 04:17

Соборниот храм две децении моли да биде завршен

Наспроти значењето на храмот „Свети Климент Охридски“ за МПЦ и големите приходи што ги остварува, тој се' уште стои незавршен и без најави дека наскоро тоа ќе се направи

Црнила по ненасликани ѕидови, но и на постојните фрески од илјадниците запалени свеќи, пајажини што висат од прозорците и по големиот кристален лустер, фреските прекриени со црнила е сликата која зборува за недовршеноста, но и за негрижата за Соборниот храм на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Скопје, цели две децении од неговото осветување. Наспроти значењето на храмот за МПЦ и за верниците, како и големите приходи што храмот ги остварува од верниците, тој се' уште стои незавршен и без најави дека наскоро ќе биде завршен. Поразително звучи и фактот дека последните две децении Македонската православна црква не вложила во ниту една фреска. Токму од оваа епархија неодамна беа платени 1,5 милион евра за купување на хотелот „Изгрев“ крај Струга, за кој се врзува големиот скандал во кој беше вовлечена и МПЦ.

- Голем дел од ѕидовите зјаат празни, што не е одлика за православен храм. Недостојно е тој така да изгледа по толку години откако е отворен. Зарем МПЦ нема пари да го заврши осликувањето на фреските. Сигурен сум дека тоа не чини толку многу за да не може да се плати, негодуваат верници што го посетуваат храмот.

Православните верници се незадоволни од незаинтересираноста на МПЦ да го заврши храмот со оглед на приходите што секојдневно се остваруваат од продажбата на свеќите, но и од други верски услуги што им се даваат на верниците. Соборниот храм „Св Климент Охридски“ беше осветен на 12 август 1990 година во периодот кога на чело на МПЦ беше архиепископот г.г. Гаврил. Настанот се случи по градбата што траеше цели седумнаесет години. Надлежноста на храмот сега ја има Скопската епархија, со која началствува поглаварот, архиепископот Стефан.Свештениците од МПЦ, упатени во изградбата на храмот, велат дека најголем проблем се финансиите, но и ангажманот на зоографите.

Верниците се незадоволни од разните изговори на свештенството и велат дека од памтивек црквите биле богати.- Верник сум, ама тешко одам в црква. Стар сум и тешко се движам. Сликата што ја гледам во Соборниот храм ме потсеќа на мојата старост, тешко се движат промените и разубавувањата. Но, разликата е што тоа е верски објект, како старее, треба да биде се' по драгоцен и побогат. Соборниот храм изгледа младо, но запуштено. Целата внатрешност е црна од свеќите, зјаат празните црковни ѕидови, не и' прилегаат на православна црква. Прозорците се црни, а грандиозниот лустер не е веќе чист и убав. Не сакам да богохулам, но денес храмот е банка за пари, а многу малку од тие средства се вложуваат во него. Не ми е сеедно кога кога ќе слушнам дека челниците на МПЦ дале милиони за купување хотел, а немале да го средат Соборниот храм, негодува еден осудесетгодишен скопјанец.

Отец Томе Петковски, кој работи во Соборниот храм од осветувањето, вели дека поради низа проблеми храмот не е довршен.

- Финансиите секако дека се една од главните пречки за доуредувањето на храмот. Но, уште поголем проблем ни преставува зачадувањето на внатрешноста од свеќите. Во првичниот проект за црквата на четирите мали куполи требаше да се сместат аспиратори за прочистување. Но, во последен момент проектот се смени. Најлесно решение е веќе да не се палат свеќи внатре во црквата, туку, како во други православни цркви, тие да се палат надвор. Прво треба да се решат некои технички работи, па да се продолжи со уредувањето на внатрешноста на храмот, објаснува Петковски.

Соборниот храм во внатрешноста е голем околу 900 квадратни метри и може да прими околу четири илјади верници во приземниот дел и околу две илјади во галериите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1E2C80503257094787EE73FBC5261045


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Feb-2009 at 14:13
Зоографи DohЈас па чуди се зошто цртаат животни на фреските во црквите...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Feb-2009 at 20:29
И ваква црква сме имале - Новоапостолска црква, во Тафталиџе 2




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Feb-2009 at 21:31

Зоографи DohЈас па чуди се зошто цртаат животни на фреските во црквите...

Ohno па не е изведено заради сликање и животни по фреските, една буква милион значења, животно е ζῷον, а ζωγραφιά (zographia) е живoпис однсно  од  ζω - "live" + γραφή - "writing", значи не биле зографи оние што сликале животни туку оние кои изобразувале вистинити "живи" слики за животот на Господ Исус Христос и Светителите односно преку слика го символизираат духовниот живот, а воедно и со тоа на сликовит начин го проповедале Евангелието на Љубовта.  



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Feb-2009 at 07:38
Владимир може координати од новоапостолската црква! BTW сателистаката антена!

Секогаш интересно изгледаат верски објекти во некој модерен стил, нормално и со испочитувани канонски правила секогаш може да се направи многу на поле на верските објекти. Вакви православни цркви знаат да изградат македонците по дијаспората. Иако понекогаш знаат да отстапат од она што значи црква, знаат да навлезат во некои подруги води делумно, сепак внесуваат нови вкусови во македонските верски објекти. Нормално почит и кон старите стилови кои со векови опстојале и се препознатливе, ама сепак сакам да видам вакви објекти. Особено ми се свиѓа онаа црквата што беше планирана меѓу аеродром и лисиче. Имаме некој рендер поназад.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Feb-2009 at 16:38
Originally posted by beTon

Зоографи DohЈас па чуди се зошто цртаат животни на фреските во црквите...

Ohno па е изведено заради сликање и животни по фреските, една буква милион значења, животно е ζῷον, а ζωγραφιά (zographia) е живoпис однсно  од  ζω - "live" + γραφή - "writing", значи не биле зографи оние што сликале животни туку оние кои изобразувале вистинити "живи" слики за животот на Господ Исус Христос и Светителите односно преку слика го символизираат духовниот живот, а воедно и со тоа на сликовит начин го проповедале Евангелието на Љубовта.  



Јас се шегував со 'познавањата' на новинарот, ако не на старогрчкиот (старомакедонскиотCrazy) тогаш на модерниот македонски. Зоо=животно, зографизо=цртам... Затоа се зографи, бидејќи цртаат, а не зоографи бидејќи тогаш ќе треба да цртаат животни. Какви дебили се новинарите...


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Feb-2009 at 16:46
Previous  па така и го сварив на почеток но вчера ме удри в глава нешто поинаква лупа, па затерав избетониран озбилизам. во секој случај  сакав да фрлам малку прашина на водата што ја пушти, за да не се отепа некој попат случајно, вака бар интелектуално калосан ќе замине со аналогијата за зографијата - живописанието.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Feb-2009 at 18:22
Originally posted by lslcrew

Владимир може координати од новоапостолската црква! BTW сателистаката антена!
...

Во близина на „Палма“ слаткарницата  42° 0'12.74"N   21°23'14.26"E


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Feb-2009 at 15:07
Се планира возобновување на некаков храм кој Турците го урнале при нивното доаѓање во Битола. Во 2014 се одбележувале 1000 години од неговото постоење, а воедно и 1000 години од името Битола (ова не знам од кај им е но нема врска). И се берат донации, да се реконструира. Рендери не најдов, но има една флеш анимација што тече со слики од црква, па веројатно е таа. Инаку не знам ни каде е ова битолско кале, веројатно некое новоизмислено име по теркот на скопското кале за ридот над Битола со турски, германски и еврејски гробишта, како и тој крстот (веројатно не се вика и тој милениумски), и неколку црквички. Еве го линкот за иницијативата, и еве што викаат:


Членовите на иницијативниот одбор се обединија околу идејата за реконструкција на Катедралната Црква Успение на Пресвета Богородица која се наоѓа на Битолското кале и датира од 10 век.
Оваа Црква е сместена на ридот кој се вика Кира Марица од каде што Битола се гледа како на дланка.
Значењето на Црквата е големо не само поради преубавата градба но и поради фактот што во оваа Црква на 10 октомври 1014 година крунисан е за Цар на Македонија Гаврил Радомир син на Царот Самоил. Тој е претпоследниот македонски Цар.

Владиката Петар даде благослов за почеток на оваа иницијатива и изградба на оваа толку важна црква не само за Битола но и за цела Макдеонија.

Токму поради големото значење што го има овој локалитет за минатото на градот особено што во 2014 година Битола ќе слави 1000 години од крунисувањето на Гаврил Радомир а во 1016 и  1000 години од своето име, ние група на граѓани покренуваме иницијатива овој локалитет да влезе во културната мапа на градот и покрај Хераклеа секој посетител на Битола да може да го посети и ова место и да се запознае со богатата култура на македонискиот народ.

За реализација на оваа цел добредојдени ќе ни бидат сите средства кои ќе доаѓаат од граѓаните не само од Македонија но и од сите други краишта од светот каде живеат Македонци.


http://www.bitolskokale.org.mk/index.html - http://www.bitolskokale.org.mk/index.html




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: anDarko
Date Posted: 21-Feb-2009 at 17:45
црквата и битолското кале воопшто не се некаква измислица. Се работи за големата царска црква во Битола во која бил крунисан синот на Цар Самоил, Гарврило Радомир. По конечното освојување на Битола од страна на Турците црквата била запалена.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80 - http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Feb-2009 at 18:52
Зборував за името на Битола. Баш во 1016 го измислиле името? Глупости, а името на Скопје од која година потекнува? Него ајде. А калето не сум сигурен каде е, само знам дека 99% од луѓето во Битола не го викаат така сигурно.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 21-Feb-2009 at 19:12
 Калето е на Баиро!   


Posted By: anDarko
Date Posted: 21-Feb-2009 at 21:14
Previous

БИТОЛЧАНИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ
Името Битола старо 1.000 години
Во старата Ески џамија, срушена во 1956 година, е пронајдена камена плоча на која со кирилско уницијално писмо е напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар С

Вљубениците во Битола, кои редовно ја организираат трибината "Битола низ вековите", поведоа иницијатива градот да прослави јубилеј - 1.000 години од името Битола. Тие се повикуваат на артефакти што се чуваат во Музејот на Битола. "Ретко кој град може да се пофали дека има толку старо име. За нас треба да биде гордост и локалната самоуправа треба што поскоро да започне со активности за да го одбележи јубилејот", вели хроничарот на Битола проф. Александар Стерјовски.

Археолозите во Битолскиот музеј ја потврдуваат информацијата. "Во старата Ески џамија, срушена во 1956 година, е пронајдена камена плоча на која со кирилско уницијално писмо е напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар Самоил Иван Владислав", појаснува Гордана Филиповска Лазаровска, археолог во Музејот.
Оваа таканаречена Битолска плоча е трета по старост пронајдена во Македонија. Своевремено била вградена во Сунгур чауш џамијата, попозната како Стара џамија, на чие место претходно постоела црква. Војсководецот Сунгур чауш ја преобразил во џамија, за што сведочи и турскиот историчар, мајорот Теуфик во својата "Историја на Битолскиот вилает". Плочата во џамијата била поставена како скалило - басамак, врз него се газело, што придонесло текстот да биде видливо оштетен.
Археолозите и историчарите се согласуваат дека плочата настанала при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав. "Академикот Владимир Мошин ја студирал содржината на текстот и претпоставува дека таа датира од 1016-1017 година. На неа, меѓу другото, пишува: "Со помош на молитвите на пресвета владичица Богородица и со застапување на врвните 12 апостоли се обновува градот Битола", кажува Филиповска-Лазаровска. Мермерниот блок со својот видлив текст бил поставен на видно место во тврдината, која денес не постои, зашто при заземањето на градот од Турците битолчани им дале голем отпор, па за казна тврдината, во која се наоѓала и катедралната црква, била урната до темел.
Тимот од Битолскиот музеј, кој работи на истражување на Битолското кале, веќе има изготвено проект за обновување на црквата. Во неа, како што велат, бил крунисан вториот македонски цар Гаврило Радомир, 14 дена по смртта на неговиот татко, цар Самоил. Црквата била sидана со камен, тула, дрвени затеги и со јак хидрауличен малтер. "Таа е единствена по својата структура со две кули на влезот и пет куполи. Во историјата на архитектурата, вакви цркви се јавуваат во светот по 13 век, а оваа, која била посветена на успението на Пресвета Богородица, датира од 10-11 век", вели Зоран Алтипармаков, инженер-архитект, виш кустос во Заводот и музеј Битола.
Земајќи ги предвид сите пронајдени и истражени артефакти, професорот Стерјовски уште повеќе се залага за прослава на 1.000-годишниот јубилеј од името Битола.
"Ние сметаме дека е најдобро да се најде една средина и јубилејот да се прослави во 2016 година. Но тоа не би требало да биде само прослава на градот туку треба да се одбележи на национално ниво", вели проф. Стерјовски.
"Кога Сан Петербург славеше 350 години од постоењето, цела Русија вложуваше средства за обновување на градот. Москва е стара 800 години, а Битола само името го носи 1.000 години. Да не зборуваме за фактите што зборуваат дека имало населба многу пред тоа. Ова е уште еден доказ дека не сме дрво без корен".
Вљубениците во Битола формирале и Одбор за изготвување и објавување на битолски енциклопедиски речник по повод јубилејот, но никој не се заинтересирал финансиски да го поткрепи проектот на кој, како што велат, би требало да се работи најмалку 10 години.

Соња Тантарова

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162517&idg=9&idb=2581&rubrika=Revija - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162517&idg=9&idb=2581&rubrika=Revija


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Feb-2009 at 21:28
Applause Само да го истерат до крај, да не биде секое чудо за три дена.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Feb-2009 at 21:57
Originally posted by beTon

 Калето е на Баиро!   


Не знам од кај си ама ми изгледаш на битолчанец по муабетите. Како и да е, јас навистина не сум слушнал некој тоа да го вика Кале. Или германски гробишта, или тепсија или баир, ама кале многу тешко. Тоа сега го измислија на телевизија. Тоа навистина можеби е кале (тврдина) ама дека некој така го вика во градот тешко, на тоа и мислев. А мислев дека е горе таму, но тие ѕидини се мешани, едни од турските гробишта, други од германските и на крај не се излегува со тоа која ѕидина од кога е. А мислам и дека некои се реставрирани.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Feb-2009 at 22:03


Originally posted by anDarko

Името Битола старо 1.000 години<font size="2" face="Arial, Helvetica, sans-serif">Во старата Ески џамија, срушена во
1956 година, е пронајдена камена плоча на која со кирилско уницијално писмо е
напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната
црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар
Вљубениците во
Битола, кои редовно ја организираат трибината "Битола низ вековите", поведоа
иницијатива градот да прослави јубилеј - 1.000 години од името Битола. Тие се
повикуваат на артефакти што се чуваат во Музејот на Битола. "Ретко кој град може
да се пофали дека има толку старо име. За нас треба да биде гордост и локалната
самоуправа треба што поскоро да започне со активности за да го одбележи
јубилејот", вели хроничарот на Битола проф. Александар Стерјовски.

Археолозите во Битолскиот музеј ја потврдуваат информацијата. "Во старата
Ески џамија, срушена во 1956 година, е пронајдена камена плоча на која со
кирилско уницијално писмо е напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата
потекнува од катедралната црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на
цар Самоил Иван Владислав", појаснува Гордана Филиповска Лазаровска, археолог во
Музејот. Оваа таканаречена Битолска плоча е трета по старост пронајдена во
Македонија. Своевремено била вградена во Сунгур чауш џамијата, попозната како
Стара џамија, на чие место претходно постоела црква. Војсководецот Сунгур чауш
ја преобразил во џамија, за што сведочи и турскиот историчар, мајорот Теуфик во
својата "Историја на Битолскиот вилает". Плочата во џамијата била поставена како
скалило - басамак, врз него се газело, што придонесло текстот да биде видливо
оштетен. Археолозите и историчарите се согласуваат дека плочата настанала
при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав. "Академикот
Владимир Мошин ја студирал содржината на текстот и претпоставува дека таа датира
од 1016-1017 година. На неа, меѓу другото, пишува: "Со помош на молитвите на
пресвета владичица Богородица и со застапување на врвните 12 апостоли се
обновува градот Битола", кажува Филиповска-Лазаровска. Мермерниот блок со својот
видлив текст бил поставен на видно место во тврдината, која денес не постои,
зашто при заземањето на градот од Турците битолчани им дале голем отпор, па за
казна тврдината, во која се наоѓала и катедралната црква, била урната до
темел.Тимот од Битолскиот музеј, кој работи на истражување на Битолското
кале, веќе има изготвено проект за обновување на црквата. Во неа, како што
велат, бил крунисан вториот македонски цар Гаврило Радомир, 14 дена по смртта на
неговиот татко, цар Самоил. Црквата била sидана со камен, тула, дрвени затеги и
со јак хидрауличен малтер. "Таа е единствена по својата структура со две кули на
влезот и пет куполи. Во историјата на архитектурата, вакви цркви се јавуваат во
светот по 13 век, а оваа, која била посветена на успението на Пресвета
Богородица, датира од 10-11 век", вели Зоран Алтипармаков, инженер-архитект, виш
кустос во Заводот и музеј Битола. Земајќи ги предвид сите пронајдени и
истражени артефакти, професорот Стерјовски уште повеќе се залага за прослава на
1.000-годишниот јубилеј од името Битола."Ние сметаме дека е најдобро да се
најде една средина и јубилејот да се прослави во 2016 година. Но тоа не би
требало да биде само прослава на градот туку треба да се одбележи на национално
ниво", вели проф. Стерјовски. "Кога Сан Петербург славеше 350 години од
постоењето, цела Русија вложуваше средства за обновување на градот. Москва е
стара 800 години, а Битола само името го носи 1.000 години. Да не зборуваме за
фактите што зборуваат дека имало населба многу пред тоа. Ова е уште еден доказ
дека не сме дрво без корен". Вљубениците во Битола формирале и Одбор за
изготвување и објавување на битолски енциклопедиски речник по повод јубилејот,
но никој не се заинтересирал финансиски да го поткрепи проектот на кој, како што
велат, би требало да се работи најмалку 10 години. Соња Тантарова

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162517&idg=9&idb=2581&rubrika=Revija - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162517&idg=9&idb=2581&rubrika=Revija


Њујорк колку години е стар, па што? А Мосхопол во Албанија бил најголемиот град на Власите, и еден од најголемите на Балканот па денес е едно село од 100 души. И што? Какви значи театрални настапи имаат овие новинарите. Добро би било да се возобнови, не велам не, но таму веќе има 2 цркви што ќе им е уште една навистина не сфаќам (ако е таму каде што мислам). Ај да е со донации ОК, ама ќе се јави сигурно владата или општината со државни пари да ја гради. Додуша секој си има право на мислење, и моите мислења не се согласуваат во 99% од случаите со туѓите, но тоа сум јас

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 21-Feb-2009 at 22:33

цел тој потег од баиро до ѓато уште во среден век бил населен, велат според сондите куќа имало едно доедно, карикирам, но турбо бил населен цел рид оној изгорениот спроти братиндол, а таму кај што е лоцирана Црквата  била лоцирана и битолската тврдина, истата била седиште на царот Гаврил Радомир синот т.е. наследникот на цар Самоил кој е убиен од братучедот Јован Владислав кој го презема веќе разурнатиот дворец од ВасилијII и го обновува целосно.

инаку калиња т.е. утврдувања или тврдини освен таму имало на повеќе места околу облаковски рид добро некои велат дека е планина, има кај доленци, кај свиниште, тука кај баирот итн. односно туку речи на секое возвишување од каде може да се има преглед на пристапите кон битола, јасно повеќето сигурно служеле како гарнизони во случај на опасност каде се повлекувала  војската и населението...

а дека не го викаат кале луѓето тоа е веќе друга работа, мислам за тоа е виновна големата одбивност на битолчани во однос на турцизмите, па од преспанско битолскиот крај се јавувал и најголемиот востанички отпор во турско т.е. бастионот на комитлакот бил во битолско Smile

сепак и баир е турски збор значи стрмнина, виничкото кале било познато пример и како баир кале, а ова за пајнцата и тепсијата повеќе ми држи вода за македонски Smile



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2009 at 17:49
Еве констракшн апдејт од новите конаци во Св. Јован Бигорски.




Сликано пред неколку дена....




Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2009 at 03:01

Во Петралинци се гради католичка црква

Изградба на нова католичка црква почна вчера во струмичкото село Петралинци. На ставањето на камен-темелникот присуствуваа поголем број верници, а почетокот на градежните работи го означи апостолскиот егзарх д-р Киро Стојанов. Тој рече дека новата црква ќе се гради на темелите на досегашната и ќе го носи името на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј.

- Црквата се гради заради потребите на нашите верници. Претходната беше во доста лоша состојба и не ги задоволуваше потребите за верски обреди на нашите верници во Петралинци кои во ова село ги има од 1929 година - рече Стојанов.Како што подвлече тој, црквата се гради по повод јубилејот 150 години Кукушка унија на католиците, а по тој повод до крајот на годинава ќе бидат осветени и католичките цркви во Струмица и во Радово.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=542998A1304D954FAC2B98EC823C5ABD


Posted By: Makedonij
Date Posted: 09-Apr-2009 at 14:32
Originally posted by La Linea

На 19 април ќе ги удрат темелите на оваа црква:



Оваа е супер,кога е планирано да се започе или да се заврши?



Print Page | Close Window