Print Page | Close Window

Булевар Србија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=203
Printed Date: 15-Dec-2017 at 15:13


Topic: Булевар Србија
Posted By: lslcrew
Subject: Булевар Србија
Date Posted: 28-Jan-2008 at 13:16
Еве нешто интересно:


Сега и трасата ќе ја постирам. Се работи исто така за 360 метри.



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2008 at 13:18
Ова е извадок од најновииот општински весник во кисела вода, оној што го гнетат по сандачиња и пред врати. И морам да скенирам немаат најново пдф на интернет.
Инаку Џорџе лани обеќаше дека ќе биде готов до нова година ама еве дури сега се почнува.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2008 at 13:35
Еве со жолто е трасата што е планирана за овој булевар. Еве сега ме копка што во весникот пишува 360 метри, а вкупната должина е 1100 метри. Изгледа некои делови што веќе личат на улица ќе ги остават така, како што се. А уште една работа. Овде горе на сликата е влезот на цеметарницата усје. Тоа е влезот што е бележан со зелено. Булеварот е планиран да почне од кај што е бележано со жолто. Изгледа нема да се држат по планот, па ќе го направат од влезот на усје.




Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2008 at 13:44


хм чудна е трасава прилично кривуљава за булевар. Но врската многу ми прави ќејф. Стварно крати многу ако се враќаш од припор, сопиште, соње и сакаш да пресечеш накај лисиче, аеродром, драчево...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2008 at 14:00
Пбанкс ова не е крајната траса. Оваја јас ја направив врз основа на тоа ситното во ГУП не се гледа убаво. Инаку нешто слично треба да изгледа. По се изгледа ќе почнува од зелената точка, па натака како што е нацртано. А врската стварно праи ќејф, и мора да биде изградена добро зашто од крајот на блеварот кај што е последна 24 од тука тргнува патот за сончев град.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 16:05
Ајде да се надеваме дека конечно ќе биде нешто од најавиве (не е прв пат да слушам/читам ваква или слична најава). Во секој случај многу збунувачки е она со 360-те метри што кажуваш. Ме плаши да не планираат некоја идиотска импровизација... Мислам дека треба да се оди на сеопфатно решение или подобро ништо да не прават. Плус тоа треба да се мисли и на проширување на делот од цементара до аеродром.

Во секој случај, еве како е предвидено во ГУП-от:

http://imageshack.us/">


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2008 at 18:39
Абе мене ми  јасен дуп-от. Ама глеј горе на сликата што е ставена во весникот, ја бележав со зелено кај што е направена сликата. епа сега или ќе се направи од тука и ќе се заебе, или некој глуп новинар незнаел кај да слика, па се збунил. Мене еден ред од текстот не ми фати на сликата, таму кај што беше 360 м нагласено. Ама стварно нрзнам на кои 360 метри мислат, кога цел булевар е 1100 м.


Posted By: mitatos
Date Posted: 28-Jan-2008 at 19:50
ova fabrikava koja e sto se gleda na fotkava pogore, posto nikako da se orientiram tuka na ova google map

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 19:53


Цементарницата Усје


Posted By: mitatos
Date Posted: 28-Jan-2008 at 19:57
pretpostavuvav inace vo toj del nisto ne e napraveno za prosiruvanje na bulevarite ili pak za pravenje novi , toa sto e ostanato ne e cepnato so godini , se nadevam ke se napravi poveke vo vrska so ovie bulevari


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2008 at 20:03
Јас пошто сум од непосрдна близина на проектов можам да ви кажам дека ова е стварно потребна сообраќајница.

1. А за овој дел од градот итно е нужна врска со аеродром (топлана к-вода, па излага кај кончар или мзт негознам кое е),
2. Треба да се врати двонасочниот сообраќај на вера јоциќ и сава ковачевиќ и
3. Проширување на првомајска од спојот со народни херои до сава ковачевиќ.

Ова третово стварно треба зашто ќе се овозможи врска на првомајска со огњан прица. Кој ја знае раскрсницата кај општина кисела вода, видел какво е без везе и како неможе да се иде од првомајска право према огњан прица.


Posted By: mitatos
Date Posted: 28-Jan-2008 at 20:04
treba sto pobrzo posto kuki niknuvaat kako pecurki

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 20:23
Originally posted by lslcrew

Јас пошто сум од непосрдна близина на проектов можам да ви кажам дека ова е стварно потребна сообраќајница.

1. А за овој дел од градот итно е нужна врска со аеродром (топлана к-вода, па излага кај кончар или мзт негознам кое е),
2. Треба да се врати двонасочниот сообраќај на вера јоциќ и сава ковачевиќ и
3. Проширување на првомајска од спојот со народни херои до сава ковачевиќ.



1. Планирана е таква врска, од местото каде Ул. Народни херои се спојува со Ул. Првомајска.

2. Да, а првиот чатал треба да се „укине“ и тука да има трансферзална сообраќајница со класична крстосница (која ќе продолжува према „Пролет“). Ете видете дека плановите си се 95% во ред, само треба да го градиме тоа што одамна е зацртано. Плус тоа трасите се релативно чисти.

3. Комплетно проширување на Првомајска до центар (исто така испланирано Yes)

Патем, „Сава Ковачевиќ“ мислам дека сега се вика „Христо Татарчев“


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2008 at 20:27
Не бе Сава ковачевиќ уште си се вика така. А ова не те сватив на кој чатал мислиш.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 20:35
Епа сега барем ти као човек од Кисела Вода треба да знаеш кој е првиот чатал. Тоа е првото раздвојување кога идеш од центар (улица Иван Козаров, во продолжение Вера Јоциќ)

А за Сава Ковачевиќ сеа проверив на сите мапи на Скопје што ги имам и нигде не фигурира... Таа улица по ново се вика како што реков - Христо Татарчев. Овие забуни се уште чести толку долго време после преименувањето...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2008 at 20:41
Добро не те сватив кој прв, зависи од каде гледаш. А првпат слушам дека се преименила. Јас сум видел кај многу луќе во лицна карта адреса и си стои сава, уствари што е битно за муабетов сега. А за ова со врската со аеродром, на патот и стои само еден магацин за градежни матријали и премин под пругата, ништо друго.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2008 at 00:33
Еве ви пак за булевар Србија:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7D5198ED5BE1D94696B1F77019745D79 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7D5198ED5BE1D94696B1F77019745D79


Ќе се поврзат улиците „Првомајска“ и „Сава Ковачевиќ

Проектот ќе започне за десетина дена, а ќе го финансира Градот Скопје

Сања Наумовска

Градот Скопје за десетина дена ќе започна реализација на проект за поврзување на улицата „Првомајска“ со „Сава Ковачевиќ“ во Кисела Вода. Во втората фаза од овој проект е планирана и реконструкција на раскрсницата на „Првомајска“ и булевар „Србија“, пред најавеното проширување на булеварот. Сите три фази Градот планира да ги заврши годинава, за што веќе постои и финансиска поткрепа во буџетот.

Според проектот во текот на идната недела ќе започне пробивањето на улица во должина од 350 до 500 метри од „Првомајска“ покрај цементарницата „Усје“ во правец кон „Сава Ковачевиќ“. Се работи за дел кој е неасфалтиран со години, а жителите на овие населби веќе го користат за сообраќај. Со асфалтирањето практично ќе се искористи веќе постојната улица во продолжение на овој потег, се' до поврзувањето со „Сава Ковачевиќ“. Во Градскиот сектор за урбанизам информираат дека за оваа фаза веќе е завршена експропријацијата на имотите на овој потег и само прашање на ден е кога ќе започнат работите на терен. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Гранит“.

„Поголемиот дел од подготовките се веќе завршени, останува само да се утврди денот кога ќе започне реализацијата. Со проширувањето на булеварот ’Србија’ и продолжувањето на улицата ќе е поврзат населбите Кисела Вода и Јане Сандански“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам, нагласувајќи дека во плановите на Градот има уште една сообраќајница која ќе ги поврзе овие две населби, преку железничката пруга.

Во втората фаза на проектот ќе се реконструира раскрсницата на „Првомајска“ и „Србија“ за да одговара на планираното проширување на булеварот. Имено, на потегот од „Првомајска“ до раскрсницата на „Србија“ и булеварот „Јане Сандански“ со должина од 1.300 метри, ќе се додаде уште по една лента во двата правци. Практично, булеварот „Србија“ ќе има четири ленти со средишно зеленило, како во почетокот кај мостот „Близнак“. Засега за овој потег не е изработен проект, па не се знае ниту дали постојат имотноправни спорови.



Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:07
Cheers

Продолжение на булеварот Србија


Денеска, со поставување на камен-темелник, започнува изградба на продолжението на булеварот Србија. Според надлежните во Општина Кисела Вода ова е капитален проект со чија реализација се растоварува сообраќајот на улиците Првомајска и Народни херои, но во многу ќе придонесе и за заживувањето на индустриската зона во тој реон.

Поставувањето на камен-темелникот со што ќе стартуваат градежните работи ќе се случи во 11 часот, веднаш до фирмата Евроазија. Настанот ќе се одржи во присуство на градоначалниците Трифун Костовски и Џорџе Арсов, како и на неговото блаженство г.г. Стефан.
Инаку, проектот е финансиран од Градот Скопје, а изведувач на работите е скопската градежна фирма Гранит.

(Д.Т.)



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0DADF0834EEEAF40AB12E3E17E5EEC75 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0DADF0834EEEAF40AB12E3E17E5EEC75


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:16
Па добро бе што бара владика за километар улица. Многу вакви ситуации ме нервираат еј. Абе уште на вести да кажат. И трифка незнам што бара ама ај. Една улица од километар се прави во десет години, и уште сите утре ке се изнасликаат со лопатата. Исто и со словенечка направија фешта од глупост. Моторџии, ролеријада, свашта. Многу се нервирам вака еј. Абе нема пари за ништо едвај за една патека, абе бољи не кажувај што праиш да не се избрукаш. 


Posted By: Supervisor
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:35
Конечно ќе има проширување, редно е да се заврши овој проект

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:37
Originally posted by Junkie

Конечно ќе има проширување, редно е да се заврши овој проект


Мислам дека сега за сега ќе се прави само продолжување, не проширување.


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Feb-2008 at 19:48
Топ, ама не е нешто спектакуларно што ќе има многу големо влијание на сообраќајот... Не знам зашто прават фешти од вакви работи...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2008 at 20:23


Абе пред една недела се напраи фешта кога општина Гази Баба постави сферно огледало онаму негде кај Црешово мислам... Остај... Ова со булеваров е супер, за скопски сваќања е грандиозен проект!

Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Feb-2008 at 20:24
Originally posted by Cloverstack



Абе пред една недела се напраи фешта кога општина Гази Баба постави сферно огледало онаму негде кај Црешово мислам... Остај... Ова со булеваров е супер, за скопски сваќања е грандиозен проект!

Crazy


Не за џабе имаме таква секција за грандиозни проекти

Зашто порано не си не информирал за сферното огледало Bash LOL


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2008 at 20:26
Па ме чуди што си пропуштил воопшто. Не само што имаше по новини, туку имаше и на телевизија. Сериозен сум...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2008 at 21:42
Повише кошта кампањата него стаклото. Со тие пари што се пое*ани по новини и телевизии уште минимум 10 стакла ќе туреа.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 26-Feb-2008 at 21:46
Originally posted by lslcrew

Повише кошта кампањата него стаклото. Со тие пари што се пое*ани по новини и телевизии уште минимум 10 стакла ќе туреа.


Мислам дека не оди така. Тука немало кампања, туку весниците од што немаат подобра работа покриваат чисти глупости. Пример во канада секој ден на главните вести има како пожарникари спасиле мачка што не можела да се симне од дрво!! Катастрофа!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2008 at 21:57
Човече у Канада немаат проблем со името, немаат милитантни етникуми, немаат невработеност. А тоа што се тресе глупости по весниците, тоа е друга работа. Глеј ги оние урбани вести на мтм. За ѓубрето у бутел и тротоарите у маџари. Секако има и добри работи, ама повеќето е безвезе. Ај ваљда ќе не биде, ја верувам доста во државава.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2008 at 21:58
BACK TO THE TOPIC!!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:10
1. Какво име ќе бираат за сообраќајница што веќе има име Crazy т.е. за еден нејзин сегмент CrazyCrazy

2. Ги имаме главниот елемент на еден македонски проект. Фазно работење. Како што глеате овие прават улица а не булевар.

3. Запазете го последниот параграф. Што ни спрема Трифка ко за крај на мандатот

ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА БУЛЕВАРОТ "СРБИЈА"


Со новата улица ќе заживее индустриската зона кај Усје


Новата сообраќајница ќе ги поврзува двете главни улици во Општина Кисела Вода - Сава Ковачевиќ и Првомајска и истовремено ќе го скрати патот од населбите Аеродром и Ново Лисиче кон Црниче, Пржино и Сопиште


Жителите на индустриската зона кај цементарницата Усје, како и стопанствениците кои егзистираат во овој реон, конечно ќе добијат сообраќајница која ќе им овозможи побрза врска со останатите делови од градот. Вчера започна изградбата на продолжението на Булеварот Србија, кое ќе ги поврзува двете главни сообраќајници во Општина Кисела Вода, улиците Сава Ковачевиќ и Првомајска и истовремено ќе го скрати патот од населбите Аеродром и Ново Лисиче кон Црниче, Пржино и Сопиште.

- Со изградба на сообраќајницата, овој индустриски реон никогаш веќе нема да биде запоставен, поплавен, неосветлен и претворен во депонија. Со спојувањето на "Првомајска" и "Сава Ковачевиќ" ќе се растерети комплетниот сообраќај во општината. Споредните улици веќе нема да бидат непроодни и блокирани со возила, а граѓаните поминувајќи по новата сообраќајница ќе го заштедуваат своето време бидејќи нема да мора да кружат.

Стопствениците, пак, ќе го олеснат и ќе го забрзаат дотурот на суровини и целиот транспорт, вели и градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов.

Тој додаде дека за новото продолжение на булеварот во наредниот период ќе се спроведе анкета на која ќе се избере името.
Во првата фаза, проектот ќе биде реализиран во должина од 359,3 метри и тоа на потегот од сегашниот влез во цементарницата Усје до постојниот асфалтиран пат, кој излегува на улицата Сава Ковачевиќ. Коловозот на оваа сообраќајница која во иднина ќе прерасне во булеварско решение ќе биде широк седум метри, со две ленти со ширина од 3,5 метри, а ќе се постават и рабници, велосипедска и пешачка патека. Изведувач е ГП "Гранит", а Градот за оваа намена ќе издвои 7,3 милиони денари.

Според скопскиот градоначалник Трифун Костовски пак, булеварското решение ќе се изведува како втора фаза при што вкупната инвестиција би чинела околу 250 милиони денари, средства кои Градот би ги обезбедил со помош на Владата. Костовски вчера најави дека се отпочнати и тендерските постапки за проширување на клучките кај Тутунски комбинат, кај Битпазар и за улицата кај МТВ.

Даниела ТРАЈКОВСКА
Фото: Н.БАТЕВ



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=464C3BDC2BC34C49AB5C0DED00380CC5 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=464C3BDC2BC34C49AB5C0DED00380CC5


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:31


Абе трифун дебилот сигурно ни спрема некои глупости и фрлање пари за штетни импровизации... Ама и ова новинариве скоро никогаш не знаат точно да пренесат некоја информација, па мене работите ми се тотално нејасни...

Wallbash


Posted By: ProMKD
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:35
Со изградба на сообраќајницата, овој индустриски реон никогаш веќе нема да биде запоставен, поплавен, неосветлен и претворен во депонија


Нека ми објаснат што ќе се смени во врска со осветлувањето и поплавите со градење нова УЛИЧКА?! Па Булевар Партизанска е во мрак со години, а тоа е булевар со 6 ленти, клучен за градот... а поплави има во сите маалски улички кога ќе падне дожд.
Ова е перење мозок, а се приметува од авион.

а за последниот параграф, за која улица кај бит пазар се мисли, и која улица кај МТВ, таа до вардар?? таа селската ??


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:37
Абе овие како Бунарџик да прават, ептен у филм се стаиле. Иако тој муабет го слушаме за секој сокак низ градов.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:44
@ ProMKD

Делот со поплавите алудира дека уз пат ќе се прави и атмосферска канализација. За осветлувањето е просеравање, ама барем ќе се инсталира некое осветлување, па ќе остане „само“ да се одржува.

А за вториот дел, имаш детални дискусии во овие две нишки

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=99 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=99 (почни од пост #5)

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:49
Прва фаза - улица, втора фаза - булевар... какво арчење пари.. Можат ли бе да направат бе нешто правилно?
    Клучка кај тутнски комбинат... Ова е некаква новинарска грешка, нели?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:54
Originally posted by La Linea

Прва фаза - улица, втора фаза - булевар... какво арчење пари.. Можат ли бе да направат бе нешто правилно?
    Клучка кај тутнски комбинат... Ова е некаква новинарска грешка, нели?


веројатно ќе ја шират раскрсницата. Клучка-раскрсница... проблем ли е тоа за Даниела Трајковска


Posted By: ProMKD
Date Posted: 26-Feb-2008 at 23:56
Раскрсницата нека ја прошират, а исто нека го наштелуваат семафорот што е за вртење лево кога се оди од центар спрема тутунски...тука и во шпицот и во све семафорот дозволува буквално 3 коли да поминат, и после има уште 7 на диво.. 


Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Feb-2008 at 00:16
Нема ништо посебно ново, само некои ситници да се видат како тоа со зеленилото и реконструкција на раскрсницата..

Почна поврзувањето на улиците „Првомајска“ и „Сава Ковачевиќ“

Градежните работи во првата фаза ќе ги изведува оперативата на „Гранит“

Градоначалниците на Скопје и на Општина Кисела Вода,Трифун Костовски и Џорџе Арсов, со благослов од поглаварот на МПЦ, г.г Стефан, вчера официјално го означија почетокот на проектот за поврзување на улиците „Првомајска“ и „Сава Ковачевиќ“. Проектот, кој целосно ќе биде финансиран со буџетски средства на Градот, во висина од 7,3 милиони денари, предвидува пробивање на улица во должина од 359 метри што ќе се протега од цементарницата „Усје“ до постојниот асфалтиран пат кој излегува на „Сава Ковачевиќ“ и ќе има четири ленти. Ова, всушност, е првата фаза од сообраќајниот проект за реонот кој предвидува реконструкција на раскрсницата на „Првомајска“ и булеварот „Србија“.

„Реализацијата на целото булеварско решение ќе чини околу четири милиони евра. Засега ги немаме тие пари, но со ребаланс на буџетот и со помош од Владата, проектот би можел целосно да се реализира“, истакна вчера градоначалникот Костовски, кој очекува екипите на ГП „Гранит“ пробивањето на улицата да го завршат до крајот на годинава. Неговиот колега Арсов не го криеше задоволството, бидејќи со овој проект ќе се исполни долгогодишното барање на локалното население за пробивање на улицата, како и за асфалтирање на постојниот пат.

„Реализацијата на оваа фаза од булеварското решение во голем дел ќе го растовари сообраќајот во Кисела Вода. Жителите ќе заштедат во време за да стасаат до саканата дестинација, а значително ќе биде олеснет и транспортот на стоката што ја вршат големиот број стопански субјекти од реонов“, додаде Арсов.

Втората фаза од проектот предвидува реконструкција на раскрсницата „Првомајска“ и „Србија“ за да одговара на планираното булеварско решение. На потегот од „Првомајска“ до раскрсницата на „Србија“ и булеварот „Јане Сандански“, со должина од 1.300 метри ќе се додаде уште по една лента во двата правца. Практично, булеварот „Србија“ ќе има четири ленти со средишно зеленило, како во почетокот кај мостот „Близнак“. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=09AB81A5F3B1BD44A6DE08369249FB4D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=09AB81A5F3B1BD44A6DE08369249FB4D


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 27-Feb-2008 at 00:17

Трифун дебилот да си оди веднаш. Ова стварно на ништо не личи. Место прво да се пропиреше бул Србија од Ново Лисиче до УСЈЕ тој ке продолжува нова улица односно Србија која ке биде со 2 ленти па накнандо ке прераснела во Булевар. За жал Трифун не е ниту архитект ниту градежен инжењер. Ја да сум градоначалник ке имам 100 пати подобра визија. Се разочарав



-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Feb-2008 at 00:20
јункие незнам каде живееш ама таа улица мислам дека многу ќе заврши работа за еден дел од скопје. башка ќе биде една од улиците што води кон сончев град. улицава стварно треба, ама и ја се слагам дека треба веќе да се направи од ново лисиче до последна 24 булевар да си биде цело.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 27-Feb-2008 at 00:23
За проширување на потегот првомајска - јане сандански сум ЗА 100%. Тука треба да се прошири да биде 4 ленти, пошто се ствара гужва.

А за дали е потребен новиот дел на србија, не можам да коментирам бидејќи многу не сум во тој реон. Ќе можам да одговорам на тоа прашање после летово, откако ќе се вселам во Расадник, баш на Сава Ковачевиќ


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Feb-2008 at 00:27
Originally posted by ProMKD


А за дали е потребен новиот дел на србија, не можам да коментирам бидејќи многу не сум во тој реон. Ќе можам да одговорам на тоа прашање после летово, откако ќе се вселам во Расадник, баш на Сава Ковачевиќ


Дефинитивно треба. Моментално се ствара гужва од кај салата расадник кон Првомајска за целиот сообраќај што се движи накај Драчево, Лисиче, Јане Сандански и населбите кои гравитираат околу источниот излез на Скопје. Улицава е дефинитивно полн погодок.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 27-Feb-2008 at 00:28
Originally posted by lslcrew

јункие незнам каде живееш ама таа улица мислам дека многу ќе заврши работа за еден дел од скопје. башка ќе биде една од улиците што води кон сончев град. улицава стварно треба, ама и ја се слагам дека треба веќе да се направи од ново лисиче до последна 24 булевар да си биде цело.
 
Види во ред е улицата меѓутоа не е во ред тоа што во Скопје со години се практикува на недовршени проекти да се продолжува или да се оди со привремени решенија. Значи ако веке се одлучиле за Србија се збори од пред 5год за проширувањето на делот од Ново Лисиче нека го завршат прво тоа бидејки според мене е многу поприоритетно. Значи ако веке се продолжува од Усје Србија нека ја направат булевар, со тие привремени решенија ке остане како Јужен Булевар кој уште со децении ке остане така.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Apr-2008 at 19:13
Изминативе денови се приметува циркулирање на одредени групи геометри на потегот од почетокот на бул. Србија према раскрсницата кај лисиче (двете бензински).


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 23:30
Добро се случува нешто тука? Камен темелникот беше во февруари...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2008 at 04:29
Абер нема!!! А што беше на камен темелникот, леле леле.....!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2008 at 19:55
АСФАЛТИРАНА ДЕЛНИЦАТА ОД БУЛЕВАРОТ СРБИЈА КАЈ ЦЕМЕНТАРНИЦАТА УСЈЕ

Привршува изведувањето на градежните активности за пробивање на булеварот Србија, на делот кај цементарницата Усје.

Изграден е десниот коловоз, кој е во должина од 350 метри, а се протега на потегот од сегашниот влез во цементарницата Усје до постојниот асфалтиран пат, кој излегува на улицата Сава Ковачевиќ, а кој во иднина ќе прерасне во булеварско решение. Нанесени се два слоја асфалт на новиот коловоз, а во моментов се поставуваат рабници и се гради тротоарот. Коловозот е широк седум метри (две ленти со ширина од по 3,5 метри).

Изведувач на првата фаза од пробивањето на булеварот е градежното претпријатие Гранит, инвеститор е Град Скопје, кој за оваа намена ќе издвои 7.304.123 денари.

Со овој проект Град Скопје овозможи изградба на сообраќајна врска меѓу улиците Првомајска и Сава Ковачевиќ, а од особено значење за жителите на Кисела Вода е тоа што со пробивањето на булеварот Србија значително ќе се растовари сообраќајот на главните улици во општината. Освен тоа, ќе се овозможи и заживување на индустриската зона покрај булеварот.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2033&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2008 at 19:59
Изграден е десниот коловоз

Crazy Двата се десни!!!! Лев само у англија!!!

кој во иднина ќе прерасне во булеварско решение

Значи не се работи за булевар, него за обична улица!

Коловозот е широк седум метри (две ленти со ширина од по 3,5 метри)

Не е булевар! Втор пат!

Освен тоа, ќе се овозможи и заживување на индустриската зона покрај булеварот.


Е ова да!!! Има многу фирми и мали фабричиња тука, а воопшто немаат асален пристап!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Sep-2008 at 20:06
Originally posted by lslcrew


Коловозот е широк седум метри (две ленти со ширина од по 3,5 метри)

Не е булевар! Втор пат!


Не те разбирам Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2008 at 20:08
Па насловот вика "Булевар Србија", а подоле во текстот двапати се негира дека се работи за булевар, него се работи за обична уличка!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 22:53


Копија од општинскиот весник на кисела вода. Погледнето го новото издание има некои слики што се гради низ општината и нормално ја има и глупоста три круши, а тука е патриотскиот дел.

http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/KV_Broj_29.pdf - http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/KV_Broj_29.pdf


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Sep-2008 at 14:01
Crazy

Заврши првата фаза од доизградбата на булевар Србија

Заврши првата фаза од изградбата на продолжетокот на булевар Србија во Општина Кисела Вода. Изградени се 350 метри, на потегот од цементарница Усје до улицата Сава Ковачевиќ. За изградбата на овој дел од булеварот Градот потроши 7,3 милини денари, а градежните работи ги изведе фирмата "Гранит". Според најавите на градските и локалните власти на Кисела Вода, втората фаза од доизградбата на булеварот ќе започне во октомври. Проширувањето на булеварот Србија има за цел да ги поврзе двете најголеми сообраќајници во Кисела Вода, Првомајска и Сава Ковачевиќ.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157112&idg=8&idb=2477&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:41
Може да видите како од десна страна паралелно на изградениот дел, се трасира и другиот дел. Само, сепак се познава дека е импровизација и дека очигледно не планираат да го направат делот од влезот на цементарница до другиот дел од бул. Србија што иде накај аеродром.






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Oct-2008 at 16:19
Знае ли некој чив е тој кршот пред цементарница, што лежи на трасата?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 16:23
Координати?! Неможам да воочам за што збориш?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Oct-2008 at 16:28
41°58'18.04"N   21°27'30.61"E

Исправка - бев убеден дека е крш, ама не изгледа така (барем на google earth).

Во секој случај знае ли некој што е тоа и чиво е?


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 17:09
Јас овдека гледам се и сешто само не булевар Ohno

Страшно е со што се почнаа да не лажат. Ние сме во очекување на Јужен булевар, Крушевска република а епитет булевар добиваат новопроектирани сокаци спрема кои и Водњанска изгледа како писта.



Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Nov-2008 at 15:42
А зошто само 3 фази Roll%20eyes Crazy Wallbash

Се реконструира булевар Србија Заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Србија во општина Кисела Вода, со пуштањето во функција на едната коловозна лента. Со ова се олесни сообраќајот на улицата Народни Херои, се намали протекот на возила низ населбите 11 Октомври, Цветан Димов и Кисела Вода и се отвори директен пат кон Припор. Паралелно со работењето на булеварот, се работеше и на уредување на зеленилото и на поставување нови тротоари. Втората фаза од проектот ќе опфати изградба на уште една паралелна лента на булеварот, со веќе постојната, а со третата фаза ќе се изврши спојување на продолжението на булеварот со подвозникот, кој претставува еден вид гранична линија помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром. Општинарите велат дека проект се реализира по тригодишна подготовка и после голем број барања на граѓаните во овој дел на општината за да се почне неговата реализација. Со неговата финализација ќе се обезбеди двонасочен, линиски превоз по речиси сите најфреквентни општински улици, што ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж. Проектот во првите две фази е финансиран и изведуван од страна на Град Скопје во координација со Општина Кисела Вода, а во третата фаза на изведување на градежните работи предвидено е да се вклучи и Општина Аеродром.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1546&ArticleID=101878


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2009 at 00:02

Градот распишува тендер за проширување на булевар „Србија“

На потегот од раскрсниците со „Првомајска“ и „Јане Сандански“ ќе бидат додадени уште две коловозни ленти

Градот Скопје деновиве ќе распише тендер за избор на изведувач на проектот за проширување на булеварот „Србија“. На потегот од раскрсниците со улицата „Првомајска“ и со булеварот „Јане Сандански“ ќе бидат додадени уште две коловозни ленти, во должина од околу 2,2 километра. Улицата ќе има иста ширина како на потегот од раскрсницата со „Јане Сандански“ во правец кон мостот „Близнак“.

Проектот за проширувањето на булеварот „Србија“ е изработен во 2005 година, а ќе се реализира најмалку една година. Изградбата, според процените во Градот, ќе чини околу 130 милиони денари, од кои дел се предвидени во буџетот за годинава.

Проширувањето на булеварот ќе се изврши од источната страна со додавање уште две коловозни ленти и тротоари од двете страни. Атмосферската канализација е веќе изградена, а улицата ќе добие и ново осветление. Заради проширувањето на булеварот, во текот на изградбата ќе биде направена и реконструкција и проширување на двете раскрсници со улиците „Првомајска“ и „Трета македонска бригада“. Во Градот информираат дека со новиот булевар ќе се поврзе и сообраќајницата што беше изградена минатата година, покрај цементарницата „Усје“, во правец кон населбата Припор.

„На трасата нема никакви имотноправни проблеми поради што не очекуваме застој во реализацијата на проектот. Не е проблематичен ниту железничкиот мост под кој поминува улицата, а ќе бидат направени и соодветни сообраќајни решенија за сите раскрсници“, велат во Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6B16952FB7B99B4FA0798BB998083853


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:45

Поплавена улицата покрај „Усје“

Од Градот ветуваат дека проблемот ќе биде решен до пролет

Делот од булеварот „Србија“ кој води кон кулите „Расадник“ во Кисела Вода, деновиве е постојано поплавен. Новата улица, покрај цементраницата „Усје“, која беше изградена минатата година, нема атмосферска канализација, па во деновите кога врне дожд е целосно нефункционална. Се случува да има толку многу вода која нема каде да истече, што возилата воопшто не можат да поминат, се жалат жителите на населбата.

„Се создаваат мешаници, особено наутро, кога мора да се враќаме назад и да ги користиме обиколните улици, со што практично не се постигнува целта на изградбата на оваа улица. Инаку, кога е проодна, на голем дел од жителите на населбава им заштедува многу време“, вели жител на Кисела Вода.

Проблемот со канализацијата ќе биде решен до пролет, ветуваат во Градот. Досега не била направена, бидејќи немало проект, а во план било проширување на улицата со уште две ленти. Сепак, атмосферската канализација ќе се гради пред проширувањето. Во Градот велат дека коловозот нема повторно да се копа, бидејќи цевките ќе се постават покрај улицата. Доколку некогаш се реализира планираното проширување со уште две ленти, сливниците од атмосферската канализација ќе бидат централно поставени, што нема, според градските власти, воопшто да пречи во одвивањето на сообраќајот.

„Во буџетот за годинава има предвидени средства за изградба на атмосферска канализација. Во моментов во тек е тендер за избор на изведувач. Планираме целиот проект да биде готов до мај“, вели Мичо Поповски од Секторот за урбанизам.


Тој објаснува дека засега не се планира и проширување на улицата со уште две ленти. Според него, улицата со сегашниот капацитет ги задоволува потребите. Проширувањето би било дополнително компликувано и поради тоа што поголемиот дел од земјата е приватна и би се јавиле многу имотноправно спорови.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=248EEF8A997F5C48ACADA4DA733BDE7A


Со последнава реченица баш ми дадоа цврст аргумент зашто не се реализира проектот. Ова ми звучи онака апатично "Кој сега да се занимава со проблеми...дај батали ајде!" А булверов како амбициозно тргнаа да го прават, па архиепископот, трифун, џорџе.....


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:49

Добро, реално земено на тој сегмент навистина не верувам дека ќе му треба проширување уште долго време. Но од другата страна на Првомајска е сосема друга приказна и ваљда тој проект нема да се влечка како и до сега. Исто така и спојката што фали кај Усје е ургентна!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:51
За која спојка кај усје збориш?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:58
Originally posted by lslcrew

За која спојка кај усје збориш?!
Делот од влезот на цементарница до другиот дел од бул. Србија што оди накај Аеродром. Сега треба да се помине преку Првомајска.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2009 at 02:13
Па кажи делница, ја клучка барам низ ГУП-от, ме збуни! NutsCrazy


Posted By: Supervisor
Date Posted: 27-Mar-2009 at 13:53
Браво конечно да се прошири Србија!
Во последно време гледаме многу проекти, дај боже да чујам иза Јужен Булевар еден ден,


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 04:25

Почна изградбата на атмосферска канализација на дел од булевар „Србија“

Градот Скопје започна со изградба на атмосферска канализација на булеварот „Србија“, на потегот од цементарницата „Усје“ до Кисела Вода. Изградбата на колекторскиот систем за собирање на атмосферските води ќе го реши проблемот со поплавувањето на новата сообраќајница. Во текот на следниот месец ќе се постават армирани бетонски цевки за атмосферска канализација во должина од 560 метри. По завршувањето на канализацијата, се отвора можност за доизградба на преостанатите две ленти од булеварот „Србија“.

Овој потег, со должина од еден километар, Градот Скопје го изгради минатата година заради поврзување на општините Кисела Вода и Аеродром. Граѓаните со години ја користеа неасфалтираната улица покрај цементарницата „Усје“ за да избегнат кружење по околните сообраќајници.

„Изградбата на атмосферската канализација е во функција на олеснување на сообраќајот и комуникацијата меѓу двете населби. Граѓаните при секој дожд се соочуваат со поплава на улицата што не може да се помине со автомобил. Проблемот со овие води ќе биде решен во најскоро време, по што може да продолжи проширувањето на улицата, како и реализацијата на остатокот од булеварот ’Србија’“, истакна вчера градоначалникот Трифун Костовски, кој информира дека Градот Скопје за изградбата на атмосферската канализација од буџетот ќе издвои 7,2 милиона денари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=ED2385B3D575DF47AF802F8EFA087FFE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 00:58

Чистка на привремените објекти за да се прошири булевар „Србија

Во наредниве три месеци од булеварот „Србија“ ќе бидат отстранети четириесетина привремени објекти. Општина Аеродром минатата недела стартуваше со првата фаза од акцијата за отстранување на привремените објекти, при што е предвидено да се урнат 29.

Градоначалникот Ивица Коневски информира дека рушењето се реализира со цел да се овозможат услови за изградба и проширување на булеварот „Србија“.

„Отстранувањето на привремените објекти е со цел да се реализира Деталниот урбанистички план, да се изгради и да се прошири булеварот ’Србија‘, да се изградат пристапни улици во реонскиот центар ‘Аеродром‘ и да се овозможат услови за изградба на повеќе станбени објекти“, изјави градоначалникот Коневски. За изградба на станбените објекти предвидени со ДУП за овој потег, според Коневски, заинтересирани биле повеќе инвеститори.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0436CDB533D2F9448F0EEC9D4384C0BA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2009 at 18:03

Проширувањето на булеварот Србија на улица остави сто фамилии

Сопствениците на фирмите бараат општинарите да си ги исполнат обврските кон нив и што побргу да им понудат нови локации на кои ќе можат да продолжат да работат

По триесет години работа, приватните фирми во Ново Лисиче "Велмар", "Макмермер","Автопромет", "Мк трејд" и бензинската пумпа "Максигнал" беа принудени да ги затворат своите фирми и да ги урнат објектите во кои беа сместени, бидејќи на нивно место ќе се проширува булеварот Србија. Дел од сопствениците на фирмите велат дека на улица и без парче леб останале околу 100 семејства. Тие велат дека не се против урбанизација, но бараат Општината докрај да си ги исполни обврските кон нив и да не дозволи тие да станат социјални случаи.
"Во решението добиено од Министерството за транспорт и врски во 2007 ни беше ветено дека Општината ќе ни понуди нови локации на кои ќе може да ги преселиме фирмите. За тоа Општината веќе имала неколку сервисни зони, предвидени со урбанистичките планови. Но до денес од таму не ни понудија нова локација, а објектите веќе се урнати и ние го изгубивме бизнисот", се пожалија сопствениците на фирмите, нагласувајќи дека за урбаните објекти поднеле жалба до Врховниот суд.
Од Општина Аеродром најавија дека наскоро ќе ги објават локациите на кои фирмите ќе можат да се преселат.
" Ние ќе им понудиме локации и сопствениците ќе имаат одреден рок во кој ќе треба да се изјаснат дали ќе ги прифатат", објаснија од Општина Аеродром.
Од таму велат дека објектите морало да се урнат бидејќи се воделе како времени, сe до реализација на Деталниот урбанистички план кој таму предвидува проширување на булеварот Србија и хортикултурно уредување.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=02A3408012D3954B8B60D69F3A2C8C99


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2009 at 18:07
Не ги знам деталите од договорите за привремен закуп на локациите и до кога важат тие и дали ќе бидат обештетени закупниците, но ме охрабрува решителноста со која се пристапува кон пробивање на трасата. Може би се работи за траса која е претежно државно земјиште, но сепак поддршка за проектов, пошто можеше да ни се спакува и некоја импровизација и да се скрати средипно зленило или којзнае што.

Камо среќа вака да бевме решителни и да имавме законска подлога кога се правеше новиот мост на Вардар.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2009 at 07:43
ПОЧНУВА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ СРБИЈА

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, в недела /26.07.2009 година/ во 13,30 часот на раскрсницата меѓу булеварите Јане Сандански, Видое Смилевски Бато и Србија (кај старата бензинска пумпа на „Максигнал“) ќе го означи стартот на градежните работи за проширување на булеварот Србија.

Булеварот Србија ќе се проширува во делот од крстосницата со булеварите Јане Сандански и Видое Смилевски Бато до улицата Првомајска.

На почетокот на градежните работи на булеварот Србија ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2766&mid=24&tabId=1&tabindex=0

Од тука (41°58'55.47"N 21°28'14.38"E) до тука (41°58'19.79"N 21°27'36.65"E).


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2009 at 08:11
Незнам што точно опфаќа доизградбата на булеварот Србија, но дефинитивно би треба да се опфати раскрсницата со бул. трета мак. бригада, односно раскрницата кај Лисиче (41°58'38.01"N 21°27'52.46"E). Не само што би требало туку и по секоја здрава логика, апсурдно би било да остане моменталната состојба. Кога тука булеварот Србија ќе се прошири ќе нема смисла 3-та мак. бриг. да се прекрстува во нејзината тесна форма односно би требало комплетно да се опфати доизградба на целата раскрница па стеснувањето /проширувањето на 3-та мак. бригада да биде некаде пред хемиското средно школо.

Да не останам нејасен...

Моментална ситуација
Опфатено со доизградбата
Она што сметам дека треба да се доизгради



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jul-2009 at 09:24
Во право си.
Ионака 3 Македонска Бригада во иднина е планирана како булевар.

Само грешка си што си вцртал моментална состојба низ Лисиче 3х3. Булеварот таму е 2х2.

Инаку ова проширување што го предлагаш требало да биде направено и многу одамна, не морало да се чека доизградба на Бул. Србија.
Вака како што е сега, на 3 Македонска Бригада во правец од кај средното хемиско често има гужва, а од страната на Лисиче многу глупо и нелогично булеварот се стеснува токму пред самата крстосница!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2009 at 09:39
Да да истот го приметив, проширувањево требало да биде многу порано. Види ја раскрницата (Видео() Смилевски) со Србија оддмана е така направена, исто така БиХ со Словенечка е така и упте доста раскрсници. Не ми е јасно зашто при изградбата на булеварот во Лисиче е така оставена раскрницата.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jul-2009 at 13:03
Е ова е веќе убава вест.

btw. дали некој знае зошто булевар Србија од раскрницата со Јане Сандански до мостот близнак во едниот правец има 2 ленти иако има повеќе од доволно простор за убав булвар 2х3?




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jul-2009 at 13:21


Крпен живот  Dunno

Пенката веројатно сакал да заштеди пари кога таму се прошируваше булеварот, а 2 ленти ги задоволувале потребите во догледно време. Ова ми се чини како најлогично објаснување.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jul-2009 at 18:58

ПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „СРБИЈА“

Со проширувањето на делот од крстосницата со булеварите „Јане Сандански“ и „Видое Смилевски-Бато“ до улицата „Првомајска“ денеска почна проширувањето на вториот дел од булеварот „Србија“.

Станува збор за булеварско решение, со четири коловозни ленти, со широчина околу 3,5 метри, тротоари и велосипедски патеки од двете страни на коловозот и средишен зелен појас. Вкупната вредност на проектот изнесува два милиони евра, а вкупната должина то ќе се гради е 1.720 метри. Градежните работи ќе ги изведува компанијата „Маврово - инженеринг“.

На стартот на градежните работи присуствуваше премиерот Никола Груевски, кој меѓу дургото истакна дека инвестирањето во патната инфраструктура отсекогаш претставувало една од потребите на државите, а особено на земјите во развој како што е Република Македонија.

Придобивките од ваквите инвестиции, смета Груевски, се подобра бизнис клима, а со тоа и создавање услови за привлекување поголем број домашни и странски инвестиции, економски раст, непречен и брз проток на лица и стоки и подобрување на квалитет на живот на граѓаните.

- Проширувањето на булеварот е успешен пример како преку соработка, координација и посветеност на Град Скопје и на општините, може да се реализираат успешни проекти. Владата како досега, така и во иднина, ќе продолжи да ја дава својата безрезервна поддршка на Градот Скопје и на сите општини во државата со цел адекватно и навремено да се излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните и да се зголеми квалитетот на живот, рече Груевски.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски потенцираше дека изградбата на овој дел од булеварот е во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје и со деталните урбанистички планови на општините Аеродром и Кисела Вода.  

На отпочнувањето на изградбата на булеварот „Србија“ присуствуваа и градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода, Ивица Коневски и Марјан Ѓорчев.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=7E84FD6DCCD04445B278D9DE3BA2DBC7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jul-2009 at 19:04




www.mia.com.mk


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Jul-2009 at 19:06
novi fotki ,a nema li renderi ova kako bilo predvideno ?
posto gledam toa sto nekoj od forumot go srabotil no me interesira renderot kako izgleda ako go ima se razbira neka go postira nekoj

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jul-2009 at 19:14
Рендери за улици ми е малку необична работа!  Dunno Знаеме како изгледа улица, обично не треба рендер (освен у кампања пред избори кога и за бекатон плочки  прават рендер ). Шала на страна, проектите за инфраструктурните зафати во Скопје се "врвна тајна" и никогаш не се ставаат на увид на јавност што е апсолутно погрешен потег.

Јавноста кај нас ја креираат група себични граѓани што немаат ни срам ни перде да кажат дека булевар не треба да се гради зашто ќе им бил под прозор, за разлика од свет каде што јавноста ја креираат група инженери кои во секои момент во фиока имаат подобро решение од тоа што се гради па тамо дури и пожелно да се развие стручна јавна дебата. Ете затоа нема да видиме проект јавно у скоро време, највеќе од страв од саботажа. Нормалчно и неажурноста како неизбежен темен облак над ова општество.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jul-2009 at 19:27
4 ленти? Каква е оваа заебанција мислев дека ќе ја шират улицата како што треба? Па таму веќе има профил од 3 ленти. 


Posted By: Supervisor
Date Posted: 26-Jul-2009 at 23:58
Супер конечно, браво за проектов остануваат уште Климент Охридски, Илинденска и Јужен Булевар

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 00:57
..... Северен Буилевар, Крушевска, Првомајска, Цветан Димов, Словенечка, Хрватска, Црна Гора, тунел под плоштад .....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 01:18
Почна проширувањето на булевар „Србија“

Новата сообраќајница ќе има вкупно четири ленти широки по 3,5 метри, тротоари и велосипедски патеки

Сања Наумовска

Булеварот „Србија“ ќе добие уште две нови ленти, на потегот од раскрсницата со булеварите „Јане Сандански“ и „Видое Смилевски-Бато“ до раскрсницата со „Првомајска“, во должина од 1.720 метри. Капиталниот проект на Градот Скопје започна со реализација вчера, во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Скопје, Аеродром и Кисела Вода, Коце Трајановски, Ивица Коневски и Марјан Ѓорчев.

Премиерот Груевски почетокот на изградбата на улицата симболично го поврза со растот на Скопје, кој трае и 46 години по катастрофалниот земјотрес, кога разурнатиот град броел само жртви и урнатини.

Новата сообраќајница ќе има вкупно четири ленти широки по 3,5 метри, тротоари и велосипедски патеки, како и средишно зеленило. Неодамна беше обновена атмосферската канализација, а улицата ќе добие и ново осветление. Сообраќајницата ќе биде продолжение на веќе изградениот булевар на потегот од раскрсницата со „Јане Сандански“ во правец кон мостот „Близнак“.

Заради проширувањето на булеварот, во текот на изградбата ќе биде направена и реконструкција и проширување на двете раскрсници со улиците „Првомајска“ и „Трета македонска бригада“. Со новиот булевар ќе се поврзе и сообраќајницата, која беше изградена минатата година, покрај цементарницата „Усје“, во правец кон населбата Припор.

За капиталниот проект Градот Скопје ќе плати 2 милиона евра. За градоначалникот Трајановски новата сообраќајница ќе обезбеди подобра комуникација меѓу три општини, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба, и ќе ја зголеми безбедноста и проточноста на улиците.

Неговиот колега од Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, посака булеварот да биде побрзо направен, па в година тој да биде домаќин на проширувањето на третиот дел на „Србија“, од раскрсницата со „Првомајска“ до раскрсницата со „Димо Хаџи Димов“. На трасата на новиот булевар нема имотноправни проблеми, а Општина Аеродром неодамна ги расчисти и сите привремени објекти.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=103022837D87EA46B49D5C1C3DC27131

Еве еден подетален текст кој делумно ги расчистува дилемите околу тоа што конректно ќе се работи и некои други ситници.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 01:20
Цело време ме бунеше должината што се споменува од 1720 метри, а неколку пати го имам мерено потегот од раскрницата со Јане Сандански до Првомајска и добивам должина од 1500 метри. Всушност ќе се работи и за овој дел кој ќе го поврзе неодамна изградениот сегмент евидентиран поназад во нишкава. Исто така ги расчистува и дилемите кои ги имавме околу проширувањето на раскрниците.... Cheers




Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 02:53
Единствено не ми е јасно како се планира да биде раскрсницата помеѓу Булевар Србија и влезот на цементарницата. Односно оваа јужната раскрсница што се гледа горе на сликата. Дали тоа ќе биде класично прекрстување со семафори или без семафори?! Пошто влезот на Усје иако е изграден со профил на булевар сепак има многу помало значење и од маалска улица пошто по него има многу малку сообраќај, односно само камиони од фабриката. Најлогична варијанта ми е дека ќе биде обично прекрстување без можност за вртење на лево (без потребна тахикардија, се мисли од сите кон сите правци), пошто реално нема потреба од класична раскрсница, со тоа што предност на минување би имал булевар Србија. Изградба на ќошеви за свртување во десно воопшто не пречи дополнително на сообраќајот, напротив е пожелно и ќе овозможи делумно растеретување на раскрсницата Првомајска/Србија, а и не коштаат многу таквите ќошеви, а може би и нема да треба да бидат сите четири. Всушност не само што не ми е јасно како планираат да биде оваа раскрсница, туку не ни можам со сигурност да се одлучам за најлогично решение за оваа раскрсница (имајќи го в предвид комплетот од трите раскрсници од кои Првомајска/Србија е главната според која треба да се раководиме). Да се вратам малку на најпростото и може би најефективно решение, односно единствено прекрстување на улиците со првенство на булеварот, без вртења.

п.с. Надвозник не го ставам во игра зашто нема економска исплатливост за него, односно ако Усје изрази желба да гради нешто вакво...нема проблем тогаш.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jul-2009 at 16:24
Originally posted by pbanks

4 ленти? Каква е оваа заебанција мислев дека ќе ја шират улицата како што треба? Па таму веќе има профил од 3 ленти. 

Не е заебанција, таму моментално нема профил од 3 туку од 2 ленти, а и ДУП-от не предвидува 3+3. Плус тоа изградените делови од прстенот на други места никаде немаат 3+3, дури ни помеѓу Ново Лисиче и Аеродром каде е 2+3. А не сум загледал дали воопшто може да се протне 3+3 под железничкиот мост на излез од депото Лисиче, со сите нишани се разбира.

Доколку има проширувања на крстосниците, сметам дека во догледна иднина 2+2 е сосема доволно за остатокот.
ДУП-от понатака предвидува дополнителни колекторски улици помеѓу крстосниците со Првомајска и 3 Македонска Бригада (сигурно поради клучката со Јужен булевар која за малце не е опфатена на сликава):




Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jul-2009 at 17:27


профилот таму е малку шашав. Точно е дека улицата функционира како 1х1 но во голем дел има барем 3 ленти ако не се лажам.

Друга работа не сум сигурен дека 2 ленти по правиц би биле доволни за еден во иднина битен правец а тоа е јужен булевар (кој собира сообраќај од доста населби) со излезот на Скопје. Тоа што сега на многу мест овој прстен е 2х2 јас го гледам и го осеќам на своја кожа како возач, како проблем. Особено во делот од ФОН до клучката Естекада. На чист терен без врска ми е да се иде на 2х2.

За железничкиот мост пак мислам дека си во право, таму е тесно грло.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jul-2009 at 18:02


3 ленти има само како проширувања во близина на крстосниците. Се надевам и со овој проект ќе има повеќе ленти кај крстосниците.


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Jul-2009 at 18:44
4 ленти за кратко време ќе бидат малку, па ќе испадне пак со години да чекаме уште две ленти Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 20:29
Профилот на железничкиот мост е 2+2+2+2 (за овие не сум сигурен), и од секогаш сум се чудел зашто е толку широк додека го немав видено планот. Мостот е доста поширок од што изгледа само премногу е забатален. А ме зачудува и каде се планираат тротоарите да бидат. А може би Си мислев дека е нешто поради теренот, ама теренот всушност е насипот за пругата.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 28-Jul-2009 at 17:19

a toj mostot na planot za sto e



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jul-2009 at 19:13
Тоа е постоечкиот железнички мост кој беше спомнат

41°58'29.16"N   21°27'44.35"E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jul-2009 at 11:55

Политичарите се изнасликаа, но булеварот Србија не се гради

Се фрлаа лопати, се читаа говори, се осветуваа машини и се кршеше погача на годишнината од скопскиот земјотрес и од формирањето на сегашната влада, но оттогаш градилиштето зјае празно

%20
Таблата со амблемот на градот Скопје и со натписот дека се гради булеварот Србија, затскриена зад многу поголемиот билборд со кој се нудат станови на продажба, е единствениот знак дека на сообраќајницата од Ново Лисиче до Усје би требало да се извршуваат градежни работи. Во околината нема ниту еден работник со лопата, а камоли багери, булдожери и друга градежна механизација, потребна да се изгради булевар.

Пред само три дена на местото се одржа голема манифестација со која беше означен почетокот на проширувањето на булеварот, на која присуствуваа тројца градоначалници предводени од Коце Трајановски, премиерот Никола Груевски ја одбележа годишнината од формирањето на неговата влада, а свештеници од МПЦ на големиот празник Свети Архангел Гаврил ги осветуваа работите што ги извршуваа неколку машини, камиони и повеќе работници.

Сепак, локалните жители раскажуваат дека кратко време по свеченостите сé било собрано, а машините го израмниле теренот што го поткопале за потребите на манифестацијата и се разотишле. Оттогаш не виделе ниту еден работник таму.

- Не ни е јасно што се случува. Ја ставија само таблата, се изнасликаа и толку. Пишува дека се гради булевар, но нема ништо такво - велат жителите околните населби.

Од градот, пак, одговараат дека градежните работи ќе почнат откако ќе се трасира проектната линија за проширувањето и кога ќе се формира градилиштето, за да се обезбеди изградбата да се одвива непречено, а учесниците во сообраќајот да бидат безбедни.

Во неделата беше означен почетокот на втората фаза од проширувањето, со што треба да се изгради источниот коловоз на овој булевар на потегот од крстосницата со булеварите Видое Смилевски Бато и Јане Сандански до таа со Првомајска, со вкупна должина од 1.720 метри. Новиот коловоз ќе биде широк 3,5 метри и со него булеварот ќе биде ист како и на потегот од мостот „Близнак“ до Ново Лисиче. Од двете страни се планираат тротоари и пешачки патеки, а во средината зелен појас. Изградбата ќе чини два милиони евра, а работите ќе ги изведува „Маврово инженеринг“.

Проширувањето на овој булевар се планираше уште во времето на градоначалникот Ристо Пенов, кога на тој потег се поставуваше атмосферска канализација. Според урбанистичките планови, тој треба да продолжува до населбата Кисела Вода, но тоа би било трета фаза од изградбата .

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72991036256&id=14&prilog=0&setIzdanie=21750


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jul-2009 at 19:32
Делумно знаеме што опфаќа доградбата на булевар Србија, но мене ми останаа нејасни некои поситни раскрсници. Дали конкретно овдека (41°58'52.24"N 21°28'12.95"E) се планира да се изгради пристап до реонски центар Аеродром, и ако се планира дали ќе се изведе со сегашнава доградба. На една скица што ја имаме за изградбата на реонски ценатар Аеродром овдека не е предвиден влез, но на скицата го нема ниту влезот од каршија кој е веќе оддамна изграден. Така да во недостаток од урбанистички план на форумов за опфатов дилемата останува нерешена. Па сега ме интеренсира значи конкретно дали се планира, ако се планира дали ќе се изгради. И уште нешто поделикатно, ако веќе се гради дали ќе биде директно во линија со излезот од каршија па ќе се формира комплетна раскрсница што би било конфликтна до некаде ситуација имајќи ја в предвид онаа на само неколку метри но може би и најсреќно со вантрешни трети ленти па сообраќајот да тече непречено, втора опција дали се планира да бидат во линија со тоа што нема да има раскрница односно од еден правец ќе може да се пристапува исклучиво во една населба, со што се укинува пристапот од правец на кисела вода кон населбата позади бисер (што ионака е по гуп) и единствено останува да се кружи по Јане Сандански, трета опција слична на вторава само што нема да бидат во линија пристапите и уште една најзафрканата опција да не бидат во линија и де факто да имаме три последоватлен раскрници (без разлика дали ќе имаат натрешна трета лента решението само по себе е тахикардија). Би сакал ако може некој малку да ми ја одмати магловитата ситуација со оваа точка тука. Инаку според овие планови на кои делумно се познава еден дел од булевар Србија ( http://www.aerodrom.gov.mk/Images/dup/IndustriskaZonaUE_V.jpg - http://www.aerodrom.gov.mk/Images/dup/IndustriskaZonaUE_V.jpg и http://www.aerodrom.gov.mk/Images/dup/JaneSandanski.jpg - http://www.aerodrom.gov.mk/Images/dup/JaneSandanski.jpg ) нема нешто такво предвидено, доколку не се некои постари планови кои се постар од плановите за реонски ценатар Аеродром.

Во прилог скицата за реонски центар Аеродром...


И сателистска снимка понова од онаа на Google Earth, односно од MapsLive...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2009 at 20:13


Бидејќи на   41°58'50.31"N  21°28'8.52"E  се планира крстосница со влез и за во реонски центар, мислам дека влез на локацијата која ја посочи не е воопшто потребен, може само да пречи. А тек крстосница (со прилагодување према влезот од другата страна) воопшто не доаѓа во предвид бидејќи претходно спомнатата планирана крстосница е на само 90 метри од таму.
Ти промаклнал планот за реонски центар што го имаме благодарение на цифра. Таму е предвидено влез да има само таа крстосница.





Во склад е и со она што е зацртано од другата страна



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 02:26
Во контекст на муабетот од пред неколку поста во врска со железничкиот мост. Прееска пројдов и проверив, сигурно се четири сегмента, секој со простор за две ленти. Моментално во употреба е единствено вториот сегмент од запад према исток. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Aug-2009 at 02:29
Има простор и за тротоари и велосипедски патеки  Question


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Aug-2009 at 13:21
НАДЛЕЖНИТЕ НЕГИРААТ ДЕКА НЕ СЕ РАБОТИ НА СРБИЈА
Се врши проверка на инсталациите Проширувањето на булеварот Србија во Ново Лисиче, кое минатата недела беше свечено најавено од двајца градоначалници и од премиерот лично, и после една недела од официјалниот старт се уште не е почнато. Скопјани велат дека багерите биле донесени само за сликање и сега веќе ги нема. Од Градот и од Општина Аеродром тврдат дека, сепак, се работи, иако она што во моментов таму се спроведува не се видливи градежни активности. Според нив, во моментов се врши трасирањето на булеварот, проверка на подземната инсталација и околчување на просторот. - Градежните работи ќе почнат откако ќе биде извршено трасирањето на проектната линија за проширување и кога ќе биде формирано градилиштето за да се обезбеди непречено одвивање на работите и сигурност на минувачите и учесниците во сообраќајот “ велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Од Општина Аеродром велат дека паралелно со проширувањето на булеварот, ќе бидат направени тротоари и ќе биде променета атмосферската канализација, за што се подготвува дополнителен проект. Според најавите на градските власти, булеварот Србија ќе биде проширен на потегот од крстосницата со булеварот Јане Сандански до улицата Првомајска. Вкупната должина на делницата што ќе се проширува е 1.720 метри, а за изградбата ќе се потрошат два милиона евра.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1776&ArticleID=119006


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2009 at 07:02
Овдека почнале работи на терен!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2009 at 19:15
Да, се работеше на делот од Бул. Јане Сандански до бензинската на Макпетрол и плус беше расчистено до 12та Македонска Бригада. Накај Првомајска се уште нема ништо.

1



2


3


4




Print Page | Close Window