Марков Манастир
Од Википедија, слободна енциклопедија
Марков Манастир се наоѓа јужно од селото http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%D0%A1%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0 - Маркова Сушица , по долината на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BA%D0%B0&action=edit - Маркова Река , на двесеттина км од http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5 - Скопје . Во самиот манастир се наоѓа http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0_%D0%A1%D0%B2._%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit - црквата Св. Димитрија
и импозантната камбанерија. Капијата на манастирот е искована од
масивно дрво. Веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци
и други помошни простории. Покрај конаците се наоѓа уште и фурна,
казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица
која е сочувана како секавање на времето кога житото се мелело на таков
начин. Името на манастирот е добиено по популарниот јунак http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE - Крале Марко .
Црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год. за што сведочи натписот
над јужната врата од внатрешната страна на црквата. Таа била обновена
од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син
Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година). Во почетокот на XIX век во
манастирот како негов игумен престојувал и работел македонскиот
преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ.
Основата на црквата е во форма на впишан крст во правоаголно
протранство, со купола што се издига над централниот дел, носена од
четири камени столбови. Нартексот е одделен со троделен отвор од
наосот, а во неговиот горен дел се наоѓа слепа калота, јасно назначена
и видлива на покривот. Црквата е ѕидана од делкан камен и тули кои се
изведени во интересни шари, особено на олтарната апсида, во десетте
декоративно изведени ниши. Кон црквата, од јужната страна, во
подецнежниот период додадена е просторија во вид на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B8%D1%81&action=edit - параклис
кој служел за крштевање и е изграден од слаб материјал. Од западната
страна на црквата, во 1830 год., изграден е отворен трем ѕидан од
делкан камен, за кој средства дал Хамзи-паша Скопски.
Меѓу зградите на конаците се наоѓа старата трпезарија која има форма
на еднокорабна црква со апсида на северната страна. Ѕидовите на
трпезаријата биле покриени со фрескоживопис.
Живопис
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:Markov2.jpg">
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:Markov2.jpg">
Фреска од црквата со претстави на Кралот Mарко (лево) и Волкашин (десно)
Внатрешноста на црквата е живописна, а http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%96%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81&action=edit - живописот
е рапореден во повеќе зони. Во првата зона наликани се светители во цел
раст, меѓу кои, на северниот ѕид биле насликани и портретите на
ктиторите. Меѓутоа, овие ликови се оштетени, па е тешко да се
констатира што преставуваат. Втората зона ги опфаќа композициите што го
илустрираат акатистот на св.Богородица, а другите зони животот, чудата
и страдањата Христови, дванаесетте "Големи празници", како и сцени од
животот на св.Никола и патронот на црквата св.Димитрија.
Меѓу композициите е прикажана и една тешка човечка трагедија "Плачот
на Рахела". Станува збор за убиството на сите првородени деца, од
страна на Понтиј Пилат со цел да се изврши егзекуција на божјиот син -
Исус Христос. Од портретите на северниот ѕид на црквата останале само
незначителни фрагменти, додека од портретите насликани на јужната
фасада на црквата, над влезната врата, зачуван е целиот ансамбл. од
десната страна е прикажан во цел раст кралот Марко, облечен во кралска
облека, во боја на печен окер, украсена со бисери и бесценети камења.
Тој во левата рака држи развиен свиток на кој е испишан текстот: "Во
Христа Бога благоверен крал Марко, го соѕодав и попишав овој божествен
храм". Од другата страна над вратата во цел раст е прикажан кралот
Волкашин со свиток во рацете на кој се споменува неговото име.
Иконостас
Првобитниот иконостас на црквата наполно е зачуван. Тој се состои од
камени столбови со капители кои се орнаментирани, со што потсетува на
камените иконостаси на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0_%D0%A1%D0%B2.%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%98%D0%BC%D0%BE%D0%BD&action=edit - црквата Св.Пантелејмон во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B8 - Нерези , или http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0_%D0%A1%D0%B2.%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8&action=edit - црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Дел од старите икони се зачувани, меѓутоа, тие биле пресликани во периодот на XIX век.
Манастирскиот комплекс
1.
2.
3.
4.
5.
Црквата Св. Димитрија
- Градба
Архитектурата на црквата е од типот
цркви со една купола која високо се издига над кровната конструкција.
На источната страна има голема олтарна апсида, а на западната нартекс.
Кон западната страна од црквата подигнат е отворен трем во триесеттите
години на XIX век со парична помош на Х'мзи-паша.
За време на изградбата на црквата или нешто подоцна бил изграден и
параклис на јужната страна каде биле насликани ктиторските портрети на
крал Волкашин и крал Марко, а откриени за време на конзерваторските
работи во 1963-1964 година.
Внатрешните површини од црквата се
исполнети со фрески од XIV век; илустрации од Богородичниот акатист,
Чудата Христови, неговите страдања, големите празници и повеќе
поединечни фигури на светци, ангели, пророци, испосници и ратници.
Зографите насликале повеќе сцени од животот на Св. Димитрија – патронот
на црквата, како и сцени од животот на Св. Никола, Св Нестор и др. Во
куполата е претставен Христос Пантократор, а тука се мноштво ангели,
архангели пророци и други светци. Во олтарниот простор е илустрира на
Божествената литургија со архиереи облечени во бели фелони, украсени со
црни крстови. Големите празници ги исполнуваат сводовите на црквата, а
во нивно продолжување се насликани композиции со претстави од маките и
чудата Христови.
Во нартексот видно место им е дадено
на ктиторските портрети претставени на северниот ѕид. Во горните партии
на нартексот се илустрирани сцени од животот на Св. Димитрија, а
неизостануваат ни фигурите на бранителите на христијанството: епископи,
проповедачи, маченици и др.
6.
7.
8.
9.
Архитектонски план на црквата Св. Димитрија
10.
11.
12.
13.
14.
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|