Print Page | Close Window

Такси превоз

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=206
Printed Date: 28-Mar-2024 at 11:54


Topic: Такси превоз
Posted By: La Linea
Subject: Такси превоз
Date Posted: 26-Jan-2008 at 14:56

Ова е далеку од крајно решение за такси превозот во Скопје. Нај елегантно решение е да се има едно јавно такси,  и да се стави крај на ова безредие. Ќе има многу противење на тоа, ама само од тие што не им одговара да работат по ред и закон. Секако ќе има приватни превозници ама дозвола да добиваат по високи критериуми, да не може секој  кочијаш да прави што сака по улици.


„Наше такси“, нова такси - компанија на скопските улици

Компанијата располага со педесетина нови возила, а ќе почне со работа следниот месец


Возилата се наполно нови, марка „шкода октавија“ и ќе бидат во жолто-бела комбинација

Кон средината на идниот месец на скопските улици ќе почне со работа нова такси-компанија со педесетина нови возила марка „шкода октавија“ во жолто-бела комбинација. Возилата се веќе набавени и моментно им се монтираат такси-таблите и уредите за гас. Компанијата ќе се вика „Наше такси“ и ќе вработува поголем број возачи кои ќе работат во смени. Возачите се бираат на оглас што е распишан во соработка со Агенцијата за вработување. Сите ќе бидат вработени, ќе поседуваат лиценци за работа и ќе имаат правила на облекување и однесување во возилото и кон патникот. Според европските искуства, секое возило ќе се мие неколкупати дневно, а патниците ќе добиваат и екстра-услуги за користењето на оваа компанија. Сопственик на возилата е еден од сопствениците на месарниците „Промес“.

„Нашата компанија ќе биде препознатлива по неколку новини, унифицираниот изглед на возилата, возачите и услугата што ќе ја нудиме. Ќе склучуваме договори и со фирми, но најмногу очекуваме да не' прифатат граѓаните на кои ќе им понудиме квалитет во превозот“, изјавуваат во „Наше такси“.

Возилата, според новиот правилник кој важи од годинава, ќе бидат опремени со заштитни ремени и на задните седишта, АБС-кочници и воздушни перничиња. Сите возила, возачите и патниците ќе бидат осигурани од несреќи, што е новина во такси-превозот. Возилата се опремени и со фискални таксиметри. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=34C60F8499709F4787B66F124D3AF24A - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=34C60F8499709F4787B66F124D3AF24A




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Replies:
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 26-Jan-2008 at 16:59
Ова ваљда ќе биде првата фирма која ќе вработува само возачи, а не возачи со нивните коли. Идеја за поздравување со оглед на тоа дека кај нас на секои десет метри има по една такси компанија („Такси Мартин„, „Такси Жутко„ и сл.)  Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2008 at 17:01


уште повеќе за поздравување е дека се работи за нова, стандардизирана флота возила. Thumbs%20Up


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Jan-2008 at 17:19
ovoj tipot tolku gadno se zaebal sto nikogas vo zivotot nema da si gi povrati tie pari sto gi ulozil , 20 den km taksi ! nema teorija

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Jan-2008 at 17:23
Previous Прво што помислив кога го прочитав ова беше - навистина не знам како човеков планира да си ја врати инвестицијата. Перење неколку пати на ден, дозволи, осигурување, нови коли... А каде го прочита тоа 20 денари километар?  

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Jan-2008 at 18:51
pa koga ke se vozis so taksi ti e start 50 den toa znaci 20 den kilometar

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 19:06
Не знам ни јас како ќе му се исплати да се бори против толку дива и полу-дива конкуренција, ама сепак браво за проектов. Дури и во случај да се работи за перење пари, мислам дека може доста позитивно да се изроди од оваа работа.

А надлежните треба конечно веќе да стават ред во такси превозот. До некаде ги разбирам и таксистите кои се противат на повисоки стандарди. Па не може на нив да им се наметнуваат строги стандарди, додека низ градов крстарат којзнае колку диви таксисти... До кога ќе се толерира тоа и на тој начин директно ќе се „казнуваат“ и демотивираат сите оние што сакаат да работат легално. Прво мора сите да бидат еднакви, а потоа ќе зборуваме за стандардите!


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2008 at 00:39
Cheers Ваква сериозна конкуренција сигурно ќе ги стимулира другите такси-превозници да ги подобрат своите услуги.

„Наше такси“ - нова компанија на скопските улици

„Наше такси“ се 50 жолти возила „шкода октавија“ и се повикаат на 151 52

Новата такси-компанија „Наше такси“ од вчера и официјално започна со работа. Педесет возила „шкода октавија“, со унифицирана жолта боја и дополнителна опрема, се дел од компанијата која може да се повика на бројот 151 52, на бесплатната линија 0800 151 52 и на 070/ 415-152. Сите возила ќе носат реклами на покривот, слично на такси-возилата во други метрополи, а безбедноста на рекламите е атестирана и одобрена од Машинскиот факултет во Белград.

Возилата се опремени со ГПС-систем за следење и во нив нема радиостаници, а повикот од централата се преупатува според локацијата на возилото. Такси-возилата на „Наше такси“ имаат фискални таксиметри, а за организирана соработка со компании се предвидува и безготовинско плаќање со картички. Возачите како и возилата ќе бидат униформирани, а на видно место во возилото мора да биде истакната и цената на превозот. Тие ќе возат во две смени, од 6 часот изутрина до 3 по полноќ.

„Новата компанија на клиентите ќе им понуди модерни услуги во нови возила со поголема безбедност и удобности. Сите се со унифицирана боја, возачите се професионалци, преку кои ’Наше такси‘ ќе биде препознатлив по својата оригиналност“, истакна Ѓорѓи Ќосев, сопственик на „Наше такси“, нагласувајќи дека возилата се во согласност со сите новини од Законот за превоз на патници и Одлуката за такси-превоз на Градот Скопје.

Претставникот на Градот Трајко Базерко потенцираше дека сите возачи се лиценцирани во октомври минатата година. Возилата можат да носат реклами на покривот, бидејќи за тоа нема законска пречка, а тие се предвидени и во новата Одлука за такси-превоз, која треба во блиска иднина да ја усвои Советот на Градот. (С.Н.)



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BF4F0FE769CE4E4997474B26E995DC51 - Утрински


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 04-Mar-2008 at 00:59
Многу добра вест со Наше Такси. Читав за компанијава во декември имаше цела страна во Форум (или фокус). Само да дополнам дека соопственик на фирмава е истиот човек што стој зад ПРОМЕС месара.
Ми се допаѓа тоа што фирмава нуди квалитетни возила со универзални стандарди. Сите возила да се исти, услугата да биде прилично иста (само возачот е различен), и да знае купувачот што да очекува. Тоа е еден основен дел од бизнисот!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2008 at 02:02
Звучи одлично - да се надеваме дека така ќе се покаже и во пракса

Cheers


Posted By: dejan
Date Posted: 04-Mar-2008 at 08:30
Ubavo zvuchi


Posted By: blejdsk
Date Posted: 04-Mar-2008 at 11:05
Ako nemalo da mu se isplati nemalo da investira tolku pari vo ovoj biznis, A plus toa e negov problem ne nas Smile Ke pravat dobri pari od reklamite na vozilata toa e sigurno.


Posted By: skywings
Date Posted: 04-Mar-2008 at 19:39
Официјално зад "Наше такси" стои газдата на "Промес", неофицијално Трифкe... така барем се збори по градов, и на прилогот на А1 се спомна оваа информација


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Mar-2008 at 23:08
.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Mar-2008 at 02:09

Убаво звучи...само со покачување на нивото на услуги да не се покачи и цената за превоз? Како што вика Блејдск, дали е исплатливо да се купат 50 нови автомобили при ниски цени за превоз и дива конкуренција е проблем на инвеститорот, но сигурно има и нешто друго, баш денешен вечер пишува дека од 1/1/9 ќе има нови услови за таксистите,  можеби Трифка овај газдата на Промес уште од сега си ги исполнуваат овие нови услови за такси превоз?



Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 05:40
Нови правила за такси превоз се кројат веќе една година: Една боја на возилата, шоферите да носат кошула (дури и кравата мислам), фискална каса, итн итн. Оваа компанија, според тоа што се најавува, исполнува секакви стандарди за квалитетен превоз. А штом веќе е во употреба, нека даде некој 50 денари па нека каже :=)


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 09:38


Еве ги стандардите за такси возила кои се усвоија пред неколку месеци.

http://www.build.com.mk/docs/taxi-standardi.pdf - http://www.build.com.mk/docs/taxi-standardi.pdf

По којзнае кој пат таксистите се прават луди. Преку глава ми е од транзиционата прикаска дека немале за леб и така ги хранеле семејствата. Па може ли некој пекар да речеме да користи индустриска отпадна вода во смесата за тесто бидејќи ете.... транзиција е, тешки времиња, чиста вода е скапа Bash


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 17:57
У право си за тоа. А инаку сум правел муабет со повеќе млади таксисти кои ме убедуваа дека прават повеќе пари така него да завршеле факултет и да се вработеле и да зимале константна плата. Мое мислење е дека не се толку за жалење колку што ни се претставуваат.

Ако не се лажам во Охрид лани сите такси возила беа унифицирано офарбани плаво-бело. Е тоа беше фина глетка. Ако можат во Софија која е дупло поголема а не нешто побогата од Скопје да бидат еднолични такси возилата, зошто да неможе и кај нас?


Posted By: skywings
Date Posted: 05-Mar-2008 at 18:14
Дури и да ја качат тарифата, само нека започнат да работат професионално, новиве таксисти се облечени во унифицирани костуми, според кодексот не ги гњават патниците со муабети: за времето надвор, колку државата ни е скапана....транзиционите приказни што ги спомнавте.. итд итд...
додуша ја уште се неам возено со Наше такси, ама така ми кажаа луѓе кои се возеле


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Mar-2008 at 18:50
Deneska se vozev so Nase Taksi i da vi kazam stvarno sum zadovolen , Na sefot mu vikam vozi do 12:30 da sum fakultet zasto kasnam na ispit, i sefot od novo lisice do leptokarija me me prenese za neceli 9 minuti i plus dobiv za prv pat fiskalna smetka od Taxi , vlazna maramica i vizit kart so besplaten telefon na 0800. Znaci navistina seriozna i profesionalna Kompanija koja ke go podigne kolku tolku nivoto na Taxi prevozot vo Skopje.

plus Octaviite se zakon...Applause


Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Mar-2008 at 19:53
Previous wow, и влажна марамица? Браво, браво...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 21:09
@blejdsk: Ејј топ човече. Баш ќе ги испробам следен пат кога ќе ми треба такси! 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:37
Па им се исплати ли бе?! Озбилно!! Ако можат овие вака, зашто па другите да неможат.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:40
Абе можат и другите, него како што кажа некој друг, обичните таксиња прават доста пари и тие нејќат да се замараат со додатни трошоци пример клима, марамици, итн. Нив им е најлесно качи патник, вози 200 на партизанска, музика до даска, и стигаш! 


Posted By: vardar
Date Posted: 06-Mar-2008 at 05:08
No comment
Ohno   Bash
 
ШТРАЈКОТ НА ТАКСИСТИТЕ ВО МИРУВАЊЕ ДО СЛЕДНАТА НЕДЕЛА
Премиерот в понеделник ќе решава за такси-превозот
Таксистите вчера ја блокираа Илинденска, во делот кај Владата и инсистираа да ги прими лично премиерот, но добија само разговори со некои од министрите и ветување дека следната недела Владата ќе им го решава про

Таксистите од Групацијата на автотакси-превозниците на Град Скопје вчера протестираа пред Владата и бараа средба со премиерот Никола Груевски, бидејќи се незадоволни од измените во Законот за превоз за патници во патниот сообраќај. Такси-превозниците ја блокираа улицата Илинденска од 9 до 16 часот, во делот пред зградата на Владата, како и по една сообраќајна лента од булеварот Климент Охридски и од мостот Гоце Делчев. Единственото нивно барање беше да се сретнат со премиерот Никола Груевски.
"Ќе ги прекинеме протестите единствено ако премиерот Груевски разговара со нас и ги прифати нашите барања за измена на дел од членовите од Законот за превоз на патници, кои, за нас, се неприфатливи. Доколку тој не најде време да разговара со нас, ние ќе протестираме секој ден пред Владата, пред Собранието и пред Управата за јавни приходи. Со измените на Законот, ни се зголемија давачките за 50 отсто, па нашето работење економски е неисплатливо", вели Марјан Спасовски, претседател на Групацијата на автотакси-превозниците на Град Скопје.
Но, по неколку часа протестирање пред Владата, таксистите попуштија и наместо на Груевски, барањата им ги кажаа на вицепремиерот Зоран Ставревски, на министерот за финансии Трајко Славевски, на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и на министерот за труд и социјала Љупчо Мешков. Министрите им ветиле на таксистите дека ќе ги разгледаат нивните барања заедно со премиерот и ќе се обидат да најдат заедничко прифатливо решение. Закажана е повторна средба за в понеделник и дотогаш протестите ќе бидат во мирување.
Таксистите не се согласуваат со измените на Законот со кои се предвидува важноста на лиценцата за такси-возачите наместо четири, да трае две години. Според Законот, секое такси-возило треба да има вграден клима-уред, воздушни перничиња и АБС- кочници и тоа, според таксистите, секој возач би го чинело дополнителни 8.000 евра. На таксистите им е превисока и цената на испитот за компетентност, кој чини 18.000 денари, а се противат и на воведувањето посебни технички прегледи на возилата постари од 12 години. (А.А.)
ФОТО. Г. Чочков
 
http://www.vest.com.mk - http://www.vest.com.mk
 
 


Posted By: vardar
Date Posted: 06-Mar-2008 at 05:09
Originally posted by La Linea

Previous wow, и влажна марамица? Браво, браво...
 
 
LOL  LOL  LOL Thumbs%20Up


Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 20:37
Тоа дека секое возило мора да има клима уред и АБС кочници не ми се свиѓа... па до патникот е дали ќе избере фирма пример Наше Такси со клима, или некоја поевтива компанија пример Компанија С, без клима. А за АБС кочници... факт е дека мнозинството возила на патот не само кај нас - тука скоро секаде немаат АБС, па зашто таксистите во Македонија да мора да имаат..

И ако мислат да се дигнат стандардите на возилата до толку, нека ги симнат цените за увоз на половни возила за таксистите


Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 20:44

КОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ДЕМАНТИРА
Костовски: Не сум газда на "Наше такси"

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вели дека не е газда на новата такси-компанија "Наше такси" и дека гласините дека фирмата е во негова сопственост се шпекулации и клевети. Тој вчера преку соопштение до јавноста ги демантираше гласините за кои вели дека се клевети и невистини.
"Апелирам до таксистите да не подлегнуваат на режирани конструкции и на политички провокации за наводна моја инволвираност во такси-бизнисот", вели Костовски.
Скопјани веќе неколку дена на големо зборуваат дека градоначалникот е газда на новата такси-компанија, а основачот на компанијата, Ѓорѓи Ќосев, е само формално ставен како сопственик.
Ѓорѓи Ќосев, основач на "Наше такси" и генерален директор на "Промес", вели дека ваквите тврдења се чисти шпекулации, бидејќи "Наше такси" е негова компанија.
"Со градоначалникот ниту се знам ниту се познавам. Ваквите тврдења се чиста лага. Моја е компанијата", вели Ќосев.
При промоцијата на новата компанија пред неколку дена беше кажано дека "Наше такси" ќе стартуваа со 50 нови возила, кои се со клима-уреди и се движат со ГПС-систем за контрола на возилата.
"Преку Агенцијата за вработување ангажиравме 120 возачи, а нашите клиенти ќе можат да ја плаќаат услугата со картички што ние ќе им ги издадеме. Сите возила се фискализирани и почнуваме со сосема нов начин на работа на една такси-компанија", вели Ќосев. (Е.А.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=148353&idg=8&idb=2316&rubrika=Skopje


Posted By: vardar
Date Posted: 06-Mar-2008 at 22:33
Previous
They're onto us, Костовски чита build.com.mk  Big%20smile   Runaway


Posted By: vardar
Date Posted: 06-Mar-2008 at 22:45
Originally posted by ProMKD

Тоа дека секое возило мора да има клима уред и АБС кочници не ми се свиѓа... па до патникот е дали ќе избере фирма пример Наше Такси со клима, или некоја поевтива компанија пример Компанија С, без клима. А за АБС кочници... факт е дека мнозинството возила на патот не само кај нас - тука скоро секаде немаат АБС, па зашто таксистите во Македонија да мора да имаат..

И ако мислат да се дигнат стандардите на возилата до толку, нека ги симнат цените за увоз на половни возила за таксистите
 
Јас па мислам дека стандардизација е подобро, знаеш штом седнеш у такси што има , што нема, не е постаро од х години итн....
 
И ако мислат да се дигнат стандардите на возилата до толку, нека ги симнат цените за увоз на половни возила за таксистите
  
Тука треба и даночни олеснувања за нови автомобили, па во цел свет се ослободени од давачки доколку автомобилот е за работа, а не за лична употреба.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jun-2008 at 04:43
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E95F06F682043647AF5F4491A18B1A5F - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E95F06F682043647AF5F4491A18B1A5F

НЕМА КОЈ ДА ГО СРЕДИ СООБРАЌНИОТ ХАОС

Улиците окупирани од диви такси-стојалишта

Од Градот немаат решение за диво паркираните такси-возила на коловозите, а од МВР велат дека можат да ги казнат само за погрешно паркирање

Таксистите, легалните, но и диви, ги освоија скопските тротоари и коловози .Наместо на пропишаните такси-стојалишта што им ги определи Градот пред неколку години, сега ги има насекаде. Односно, речиси секоја такси компанија си има создадено своја дива база. Ги има и во тесни улици, но и на булевари.

ЦЕНТАРОТ ЗАДУШЕН

Таксистите редовно го блокираат сообраќајот, особено во центарот на градот, а Градот и Министерството за внатрешни работи (МВР) се прогласуваат за немоќни. Поради самоволието на таксистите, со години тесни грла се улиците Рузвелтова, Ленинова и влезот кон паркингот на трговскиот центар „Лептокарија“. Од Градот тврдат дека никому не дале дозвола да се паркира на тие места.  На споменатите локации нема такси-стојалишта. Местата за такси-стојалишта, како и нивните капацитети, се утврдени со Одлука за автотакси-превоз на патници во Град Скопје. Градските сообраќајни инспектори спроведуваат контрола врз таксистите во смисла на поседување лиценци за работа и почитување на одлуката за наплата на такси-услугата. Таксистите што се паркираат на улици и тротоари, а не на одбележани такси-стојалишта, треба да бидат казнети од сообраќајната полиција, бидејќи се третираат како непрописно паркирани возила - изјавија од Градот.

ОД МВР КРЕВААТ РАМЕНИЦИ

Граѓаните, пак, револтирано бараат решавање на овој проблем, имајќи го предвид дрското однесување на такси-возачите. На Рузвелтова секојдневно е хаос. Ниту станарите можат да излезат со своите возила од паркинг, ниту пак две возила може да се разминат. Постојано се расправаме со таксистите. И не им е грижа, си тераат по свое - вели станар од кулите на Рузвелтова кај Министерството за економија. Од МВР велат дека ригорозно го спроведуваат законот, односно дека ги казнувале сите оние што биле непрописно паркирани. Портпаролот Иво Котевски рече дека казната за паркирање е единственото нешто што може да го направат за да ги дисциплинираат таксистите што создале диви стојалишта. Евентуално, да ги заострат контролите. Можеме да ги заостриме контролите, но и тоа не е гаранција дека ќе се вразумат. Некогаш се вразумуваат, некогаш не - изјави тој.

Јорданка Ивановска
Фото: Слободан Ѓуриќ



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2008 at 18:35
Графички прилози од Предлог Одлуката за авто-такси превоз во Град Скопје:

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=327 - http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=327


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2008 at 18:58
Во целолст се слагам со предлогот. Моите идеи се прилично слично со овие.


Posted By: 46&2
Date Posted: 27-Jul-2008 at 17:37
Kamo sreka i kolite da bea od takvi - ni manje ni vise nego mercedes Eeek
 
 


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Oct-2008 at 13:39

http://bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=bc839120-2520-47d9-9c89-ed59200a2117 - БИТОЛА СО УНИФИЦИРАНИ ТАКСИ-ВОЗИЛА

  Општината Битола наскоро треба да добие унифицирани такси-возила. Одлуката за унифициран такси-превоз во градот е донесена уште минатата година, но досега се уште не е спроведена на дело, иако рокот за нејзино спроведување истече на 1 јули.
 
Имено, уште минатата година, Советот на Општината донесе одлука според која сите такси-возила во градот треба да се бојадисаат во иста темно жолта боја. На ваквата одлука на Советот се спротивставија такси-превозниците кои се жалеа дека со пребојадисувањето на возилата дополнително се изложуваат на трошоци и дека немаат доволно средства за тоа, па некои од нив се заканија дека ќе бидат принудени да се откажат од возењето такси.
 
Со цел надминување на проблемот, Комисијата за комунални дејности при Општината Битола на седница донесе одлука да се дополни одлуката на Советот, па така покрај со бојадисување, такси-возилата да се унифицираат и со лепење на фолија. Како што не информира Владимир Прчков, сообраќаен инспектор во Општината Битола остварена е средба со претставниците на Здружението на такси-превозници од Битола околу спроведувањето на одлуката на Советот на која што бил постигнат договор да им се излезе во пресрет на барањата на такси-превозниците и најдено е компромисно решение такси-возилата покрај со бојадисување, да можат да се унифицираат и со лепење на фолија.
 
- Одлуката на Советот веќе од следната недела треба да почне да се спроведува. Остваривме средба со претставници на Здружението на такси-превозници од Битола и постигнавме договор покрај со бојадисување на возилата во темно жолта боја РАЛ 1028, да можат истите да се унифицираат и со лепење на фолија АСЛАН 11832 во нијансата многу слична на бојата РАЛ 1028. Одлуката мора да се спроведува, затоа што лиценците за такси-превоз Општината ќе ги издава исклучиво со нејзино спроведување, а истото важи и за оние кои имаат лиценци, но им е помината важноста и потребно е нивно продолжување. Покрај бојата како критериум за добивање лиценца покрај регистрирана фирма, по едно вработено лице на возило, задолжителен технички преглед за исправноста на возилото, потребно ќе биде и задолжително поседување таксиметар со фискална сметка во секое возило. Лиценците кои ќе ги издава Општината Битола се со траење од една година, а важат на територијата на цела држава - вели Владимир Прчков од локалната самоуправа.
 
Од Општината најавија дека досега беа толерантни, но дека во иднина за сите оние такси-превозници кои нема да ја почитуваат одлука ќе бидат преземени соодветни санкции.

http://bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=bc839120-2520-47d9-9c89-ed59200a2117 - М.Димитровска -            Битолски Весник - 08.10 2008

иако е смешнa ваквата одлука подобро компромис отколку ништо, бар ќе се знае што е легално а што диво, па и човек ќе знае каде да отиде.

но во Битола има уште една добра (нелегализирана?) појава, а тоа е Линиско Такси   http://en.wikipedia.org/wiki/Share_taxi - - Share taxi кое го има низ цел свет а за кое тука ќе сонуваме и сонуваме веќе некое време(што е до компаниите)!!! за оние што не знаат тоа е taxi-bus т.е. во еден правец со одредена крајна дестинација таксито качува и симнува патници, во случајов во Битола за по 15 денари четворица се возат пр. 4-5 км. појава која  на балконов ја има во Солун, Софија и Букурешт од она што јас го имам како информација, иако истиов сервис но меѓуградски го има ама баш насекаде па и во СК (комбињата што стојат кај стара меѓуградска и пред возобновената Црква Пресвета Богородица   



Posted By: vardar
Date Posted: 16-Oct-2008 at 08:18

ГРАДОТ И ПОЛИЦИЈАТА НЕМОЌНИ ДА ВОВЕДАТ РЕД

Таксистите дивеат во „војната“ за патници

Најголемиот сообраќаен метеж го создаваат тие што не се зачленети во компаниите, смета Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата за автотакси-превоз

Таксистите во значајна мера го оптоваруваат сообраќајот во Скопје. Ги има премногу, а поради „војната за патници“ возат недисциплинирано.Градот и полицијата се обидуваат да воведат ред во оваа дејност. Но, според Групацијата на автотакси-превоз при Регионалната комора на град Скопје, хаосот ќе продолжи се' до усвојувањето на измените во Законот за превозот на патници во патниот сообраќај. Овој закон беше во мирување поради парламентарните избори и изборот на новата влада. Групацијата најавува штрајк на кој ќе ги повтори поранешните барања против измените во Законот за превозот на патници во патниот сообраќај.

Поради дивите таксисти, Скопје има повеќе од двојно повеќе такси-возила од бројот на лиценци што се издадени. Од групацијата за автотакси-превоз велат дека наспроти лиценцирани 2.600 такси-возила, низ градот дивеат уште 4.000 нелегални таксисти. Вечната борба помеѓу легалните и дивите такси-превозници за преземање патници носи непочитување на одредените такси-стојалишта, како и нефункционирањето на т.н. кружен тек. Вечно незадоволните таксисти често паркираат на најфреквентните места, на тротоарите и на коловозите и возат непрописно, загрозувајќи ја на тој начин и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

- Најголемиот сообраќаен метеж го создаваат таксистите што не се зачленети во ниту една од компаниите. Никој не ги контролира, ниту, пак, незадоволниот патник може некаде да го пријави, смета Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата за автотакси-превоз при Стопанската комора.Од Градот велат дека засега во Скопје има 2.800 лиценцирани такси-возачи и околу 2.600 такси-возила.

- Градската сообраќајна инспекција само годинава поднесе 446 пријави против нелиценцирани таксисти и против оние што немаат регистрирано фирма. За жал, единствената мерка што може да ја преземе сообраќајниот инспектор против нелиценцираните таксисти е поднесување прекршочна пријава - велат градските власти.

Од Градот објаснуваат дека такси-превозниците што создаваат нелегални такси-стојалишта на коловозите или на тротоарите, може да ги санкционира единствено сообраќајната полиција.

- Со новата одлука, бројот на такси-стојалиштата е зголемен од 70 на 350 такси-места на 106 такси-стојалишта, со 650 плацови за возила. Со одлуката се предвидуваат три типа стојалишта - слободни, со кружен тек и такси-станици, кои ќе може да се земат под наем. Јавното претпријатие „Улици и патишта“ веќе обележа 80 проценти од новите такси-стојалишта - информираат од Градот. Од МВР велат дека за непрописно паркирање ги казнуваат сите возачи, па и такси-превозниците.

- Ние постојано преземаме мерки и вршиме контрола да се отстранат непрописно паркираните возила од тротоарите и од коловозите, но не можеме постојано да имаме полицајци на одредено место - дециден е Борче Пешевски, портпарол во МВР.

ИНФО - Секое второ возило - такси

Според мерењата на Градот извршени на најфреквентната раскрсница во Скопје, кај мостот „Гоце Делчев“, дневно во просек на ова место минуваат 6.000 возила. Ако само половината од таксистите се на „работното место“, тоа значи дека секој втор автомобил е такси. Според Градот, Скопје има 2.600 лиценцирани такси-возила и најмалку уште толку диви, а од Групацијата тврдат дека бројката на „дивите“ достигнува до 4.000.За разлика од Скопје, во Белград, град со речиси два милиона жители, има помалку такси-возила - 4.450, а во Загреб има едно такси возило на 1.000 жители.

СТАВ
Таксират

Такси-превозот кај нас се разви во толкави размери бидејќи тој беше еден вид „социјална политика“ на властите. Најголемиот број од таксистите се невработени, социјалци или стечајци, кои во „таксирањето“ гледаа единствена шанса за отворање „сопствен бизнис“. Но, бизнисот сега не може да се контролира, па речиси и нема таксист што е задоволен. Најголемиот таксират е во тоа што никој не ги прашува граѓаните колку се задоволни од таксистите.

Регистрирани таксисти има двојно помалку од диви. Нелојалната конкуренција создава сообраќајна некултура и нервоза, чкрипење со тркалата во трката за патници, возење по тротоари, непрописно однесување. Некогаш тоа се прави за да ги задоволат патниците, кои бараат, ако може, таксистот со „лифтот да се качи на трети кат“. Таксистите се послушни и кога од нив бараат побрзо да стигнат до целта низ хаосот. Се' додека не се случи незгода. За да не платиме поголема „такса“ како учесници во сообраќајот, под итно треба да се воведе „возен ред“. Кога веќе државата и градот инвестираат во квалитетен јавен превоз, тогаш такси-превозот нека биде и поскап, но нека ја заслужи цената што би му била одобрена.

Анела Петрова
Фото: Маја Златевска

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EED8058A421B7F4683952177F4AA6B18 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EED8058A421B7F4683952177F4AA6B18



Posted By: beTon
Date Posted: 16-Oct-2008 at 12:10

Originally posted by beTon

иако истиов сервис но меѓуградски го има ама баш насекаде па и во СК (комбињата што стојат кај стара меѓуградска и пред возобновената Црква Пресвета Богородица   

инаку овој сервис е категоризиран или е дел од меѓуопштинскиот линиски превоз,  меѓуопштинскиот слободен превоз на патници и посебен линиски превоз на патници, сепак според измените на законот  од 2006 каде се допрецизира дека не е превоз кој (како такси  сервисот) би овозможувал непречено застанување за симнување и качување патници, туку мора да има определени места за тоа и задолжителен утврден список на патници.
сличен начин на регулација беше пробано да се наметне и за таксистите, да смеат да вршат утовар/истовар само на такси постојка, сепак тоа решение е неизводливо...  

Извадок од Законот за превоз во патниот сообраќај 
( http://80.77.144.32/2004/4C0B6EEBAF8DB64AB07F244B6D08BD83.pdf - Сл.весник бр.68 од 5 Октомври 2004 )

Член 22

Советот на општината освен советите на општините на градот Скопје го уредуваат општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општината,а линискиот превоз на патници на подрачјето на сите општини на градот Скопје го уредува Советот на градот Скопје,при што особено утврдуваат:

  • единствена мрежа на линии,
  • единствен возен ред, начин на негово истакнување, одржување и менување,
  • начин на организирање на контролата на сообраќајот на автобусите и линиите, како и евиденција за тоа,
  • тарифен систем и систем на наплата,
  • локација на автобуските терминали, свртувалишта, стојалишта и постапка за нивна измена,
  • изградба, обележување, опремување, одржување и користење на автобуските терминали, свртувалишта и стојалишта,
  • одредување на релација и место на превоз со комби возила со најмалку девет седишта (8+1) и
  • критериуми за начинот и постапката за издавање и одземање на дозволата за вршење на општински линиски превоз и распределувањето на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз.

Член 43

Посебен линиски превоз е превоз на одреден вид патници со исклучување на другите патници ако таквиот превоз се врши по утврден возен ред и на определна релација за: превоз на работници до местото на работа и назад до местото на живеење или превоз на ученици до училиште и назад до местото на живеење, превоз на корисници до аеродром и назад и слично.
 
Возниот ред го утврдува превозникот и го прилагодува на потребите на нарачувачот на превозот (корисникот на превозот).

Патниците во текот на патувањето можат да се качуваат и симнуваат од автобусот само на одобрени стојалишта.

Извадок од Законот  за изменување и дополнување на     Законот за превоз во патниот сообраќај 
( http://80.77.144.32/2006/CDF81B4284166243A8BD82BBA17C8D67.pdf - Сл.Весник на Р.Македонија бр.127 од 05.12.2006 )

Член 24

Членот 43 се менува и гласи:
„Посебен линиски превоз на патници е превоз само на определена група
патници со исклучување на други патници.
Со посебниот линиски превоз на патници се врши превоз на ученици од
дома до училиште и обратно и на работници од дома до местото на работа
и обратно.
Посебниот линиски превоз на патници се врши со автобуси, а може да се врши и со патнички возила со 8 + 1 седиште, врз основа на договор
склучен во писмена форма меѓу правно лице кое го нарачува превозот и
превозникот.

Составен дел на договорот за извршување на превозот е списокот на
патниците кои се превезуваат.
При извршувањето на посебниот линиски превоз на патници во
возилото мора да се наоѓа дозволата и договорот со списокот на патници.
"

http://www.pravo.org.mk - www.pravo.org.mk



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2008 at 13:47
Таа старата автобуска сега е диво стојалиште на диви превозници. По диво, здравје! Меѓуградски превоз се врши од меѓуградска станица, а уз пут превозниците мислам дека можат да застануваат и на градските автобуски до излезот на градот и на локации вон населени места кои се определени за тоа.


Posted By: beTon
Date Posted: 16-Oct-2008 at 14:26

Originally posted by lslcrew

а уз пут превозниците мислам дека можат да застануваат и на градските автобуски до излезот на градот и на локации вон населени места кои се определени за тоа.

не! мислам дека мора на посебни постојки да се запираат, најверојатно тоа на општинско ниво се регулира, а дека некој го заболе глава за тоа мислам дека немам чуено иако можеби и некаде има некој правилник и регулатива но засигурно никој не ја спроведува па имаме ситуации налик на такси муабет, мислам дека секој од нас го има ова искуство “мајсторе јас сум зад следната кривина па дај ако можеш подзастани таму LOL“...



Posted By: beTon
Date Posted: 16-Oct-2008 at 14:35
http://www.tetovo.gov.mk/napisi_detail.asp?lang=mak&id=593 - Сообраќајна инспекција: "Нема да толерираме диви превозници"  

Со стартот на учебната година и со зголемувањето на потребата од градски и меѓуградски превоз, тетовските сообраќајни инспектори ќе ги засилат контролите кај таксикомбињата. Во контролите ќе бидат опфатени и автотакси превозниците. Со перманентните контроли од Општинскиот инспекторат сакаат да воведат ред во такси превозот во градот каде што веќе подолго време владее хаос.
Најчестите прекршоци кај овие превозници е вршењето превоз без дозвола, како и претовар на патници. Со тоа им создаваат проблеми на другите превозници кои уредно платиле за дозвола и ги почитуваат сообраќајините правила.
Контроли ќе има и кај автотакси превозниците. Ќе одиме до крај, нема да толерираме некој да работи на диво изјави Гзим Ганиу, раководител на Секорот за инспекциски надзор. Тој најави дека контролите ќе се одвиваат и во попладневните часови, како и за време на викендите.

Општина Тетово - Неделник Монитор - 09.09.2008

 

колку нема врска законот со реалноста т.е. спроведувањето...



Posted By: beTon
Date Posted: 16-Oct-2008 at 14:56

досега имаше купони, имаше наградни игри, разноразни попусти а и стални корисници но сега и малку (plastic card) технологија нема да е на одмет,

http://www.nasetaxi.com.mk/iframe/uslugi.html - КЛУБ КАРТИЧКА во Наше Такси

Почитувани,Ви се обраќаме со надеж дека нашиот предлог за клуб картичка ќе наиде на интерес кај вас.


Користењето на клуб картичката овозможува :
-безготовинско плаќање на клиентите
-верификација на извршени возења од страна на "Наше такси"

Начин на користење на клуб картичката:
Со приложување на картичката во самото возило се врши on-line верификација на клиентот и неговиот статус во системот на Наше такси.
Секој клиент самостојно преку веб интерфејс ќе може да го проверува статусот на својата клуб картичка.

Начин на плаќање 
На сите клиенти фактурирањето ќе биде за неделно користење. Во прилог следуваат и сметки потпишани од вработените во компанијата корисник на услугата.

Ние сме тука заради вас, подготвени сме и го очекуваме вашиот повик, а дотогаш искрен поздрав,

НАШЕ ТАКСИ


Posted By: beTon
Date Posted: 16-Oct-2008 at 15:10
деновиве во скОПјени доаѓа една прилично свежа новина во такси превозот и технолошки и во поглед на адвертајзингот, со еден збор отидовме и ние малку напред со технологиите и јавниот транспорт истиот момент утре сигурно ќе го имаме можеби и во меѓуградскиот и во градскиот јавен транспорт, но засега само во “Наше Такси“ ќе можеме да видиме за што станува збор...

да не објаснувам многу видете сами што е муабетот 

Skopje Taxi TV

TAXI TV wil be implemented firstly in Skopje, Macedonia as first TAXI TV network on Balkans

[tube]GzHp7qVS_cw[/tube]



Posted By: beTon
Date Posted: 16-Oct-2008 at 15:40

еве неколку комбинации, кај нас ќе го имаме првиот пример на LCD екран вграден во наслонот на седиштето...:

        

     

http://en.wikipedia.org/wiki/Cabvision#Similar_systems -

http://www.mad.co.uk/Main/Rajars/DigitalRadio/Articles/aa34b910f7b34da58e64f07b1b01a6b0/Cabvision-uses-DAB-to-transmit-TV-content-to-taxi-passengers.html - Cabvision uses DAB to transmit TV content to taxi passengers

Vodafone and IBM are among the first advertisers to trial a new in-cab TV system from Cabvision that uses digital audio broadcasting (DAB) technology to deliver media content and advertising to London's black cabs.

The Cabvision system consists of a purpose-built computer housed in the boot of the cab and a high resolution flat screen that's integrated in the bulkhead between the tip-up seats.

The company has partnered with broadcasters to show a range of programming content. There are currently seven channels including CNBC News, Travel and BBC Comedy.
The system is linked into the fare meter system so it activates whenever passengers enter the cab. They can change channel and control the volume but can't switch the system off.


Tom Paton, sales and marketing director at Cabvision, said it's recruiting owner-drivers, who will be paid a quarterly fee. It will start fitting cabs on 28 March and plans to have 1,000 systems installed within two months.

The on-board computer collects all viewing data, which is transferred to Cabvision's control server using GPRS through O2, for analysis and reporting purposes. This enables advertisers to receive such in-depth information as how many times their ad was served, at what time and on what journeys.

The launch is backed by independent research conducted by Continental Research which shows 63% of taxi users in London use one more than once a month and that the majority are a young affluent ABC1 audience.

"Until now, the on-the-move under-35, ABC1 audience has been difficult to reach," said Paton. "Cabvision is a quantifiable and cost-effective way to maximise the impact of an ad campaign using existing TV commercials."

Cabvision is the only Public Carriage Office-approved London in-cab TV system. The company will spend the next several weeks presenting it to top agencies and advertisers in London.



Posted By: beTon
Date Posted: 17-Oct-2008 at 03:21

наше такси ќе стане препознатливо со оваа новина па и поокупирано ќе бидне и за на аеродром и за меѓуградски релации, но во секој случај Скопјани имаат резервна варијанта за live broadcasting  со шоумени од сите маала и села на Скопје, т.е. дивите такси ветерани од СК кои ги има повеќе него што има регистрирани, ако се земе во предвид лиценцирањето и фискализацијата!  

Metropolis TV Taxi Macedonia

[tube]O3gqDPnpTuQ[/tube]



Posted By: beTon
Date Posted: 11-Nov-2008 at 21:12

On October 1th, 2008 at 00:00 hour CET, TAXI TV was launched in Skopje, Macedonia as first TAXI TV network on Balkans.

http://www.taxitv.co.nr -



Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Nov-2008 at 12:30
CheersБраво!!!


Posted By: damjan
Date Posted: 22-Nov-2008 at 17:10
decko bravo od kaj ti e ovaa informacija???


Posted By: beTon
Date Posted: 22-Nov-2008 at 20:55

едно време ми даваа бронхи па полесно се дишеше, сега сум на слатка тајна, така да ова е најмногу што би можел во моментов да поделам... (се додека не се стокмат некои работи околу агенцијата која го тера муабетов) после ќе се распишеме и за други работи, пример како телевизии, згради, студентски кампуси и нормално авторски права пред се...

 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2008 at 00:40
Нова такси-компанија „Лотус“

„Лотус транспорт“ е новата такси-компанија во Скопје, која располага со околу 100 возила и има 150 вработени. Новостите што ги нуди се превоз на деца до градинки, школи или тренинзи, ВИП-превоз со луксузни возила, возење на долги дестинации во и надвор од земјава и превоз на домашни миленици. Компанијата најавува високи стандарди во такси-превозот, професионални возачи и одговорно однесување во сообраќајот.

- Влезниот капитал на компанијата изнесува 60 милиони денари. Од наредната година планираме зголемување на бројот на возилата. Сега во такси-превозот во Скопје има возила со сомнителна техничка исправност, нелиценцирани таксисти, возила без фискални апарати и неодговорно однесување во сообраќајот - рече извршниот директор на „Лотус“, м-р Иван Пановски.

Возилата од марка „шкода“ се унифицирани во бела боја и сино лого со лотосов цвет како симбол на смиреност и духовност. Сите имаат клима-уреди, воздушни перничиња, ЛЦД-монитори, сензори за патничките кабини, фискални апарати, систем за локација. По нарачка на клиентите поставуваат и беби-седишта. Новата компанија делумно ќе почне со работа денеска, а целосно во почетокот на 2009 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F53DA641404459479B8A4A10F4888508

„Лотус транспорт“ ново такси на улиците во Скопје

„Лотус транспорт“ е нова такси-компанија која од денеска ќе ги нуди своите услуги на скопските улици. Компанијата располага со 60 нови возила, а во план е следната година да се набават уште 40.

„Лотус транспорт“, покрај на скопските улици, ќе нуди и превоз на долги дестинации, кон и од аеродроми, превоз на деца, ВИП-превоз со луксузни возила, организиран превоз, најмување возило со возач, превоз адаптиран на потребите на корисниците, како и превоз на домашни миленици. Се најавува и можност за резервација преку Интернет.

„Настапуваме со инвестиција од 60 милиони денари и досега вработивме 150 лица“, изјави вчера извршниот директор на компанијата, Иван Пановски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F455E39CD91DD9439AD3E74D9F10F2FE




Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Dec-2008 at 01:20
Добар и сајтот, имаат опфатено сè:

http://www.lotustransport.com/ - http://www.lotustransport.com/

Не ми се допаѓа само тоа што не се потрудиле да имаат исти бои како наше такси, или да се договорат некако нешто вака сите распар нема смисла. Инаку новост е што во Битола сите такси возила треба да бидат жолти, а поголемиот дел веќе и се. Тоа е позитивно, но тоа што сите имаат различни табли е малце глупаво... Сепак новост е што на некои коли има реклами, добро за Битола.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 10-Dec-2008 at 02:15
super im e zamislata a dobra im e i stranata.i ovoj del najvise mi se sviga

ako e vaka ne mi treba drugo taxi LaughLaughLaugh


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Dec-2008 at 05:04
Браво Cheers 
 
 
Него нели има нови стандарди Roll%20eyes
 
http://www.build.com.mk/docs/taxi-standardi.pdf - http://www.build.com.mk/docs/taxi-standardi.pdf
 
 
 
Еве им ја интернет страната на нашиве
 
 
http://www.nasetaxi.com.mk - www.nasetaxi.com.mk  


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Dec-2008 at 11:30
Ова со превоз до други градови или до други држави е ЧИСТА ГЛУПОСТ и тоа може да го измислат само македонците, јас не познавам друга држава во светот со вакво нешто. Како и да е, по НАШЕ ТАКСИ доаѓа и ЛОТУС, а сепак сеуште нема такси во градов со GPS уред, такси во кое ќе можеш да побараш од возачот на ЛЦД мониторот да ги покаже најкусиот пат од почетната до крајната точка. Не знам дали беше GPS ured или нешто друго, но сепак знам дека во нашите такси возила тоа го нема.
Годинава имав искуства со такси-возење во Нови Сад и Париз и можам да кажам дека таму оваа можност ја имате, дури самиот апарат ќе ви искуца колку треба да платите за да стигнете до бараната дестинација.
Ама добро, касниме во секоја област по неколку години, па не е ни чудно што касниме и во такси-превозот, се надевам на ваков уред во 2009 година.


Posted By: beTon
Date Posted: 10-Dec-2008 at 12:02

па веќе го има во расчекор taxitv-то на наше такси т.е. се работи на негова имплементација, лиценци и покриеност. околу рекламирањето ќе има и поуникатни понуди, но за сето тоа ќе треба да побарам зелено светло како би фрлил точно инфо околу половичниве најави...          

во принцип во такси превозот во СК збунува само стандардизацијата која најверојатно постои само за на хартија. за мене логично е да постои вип услуга и за други градови и за надвор од државава но сето тоа мора да е законски регулирано, а не да е оставено на компаниите сами да тарифираат на вакви релации! исто ако веќе сакаме европски модел на такси возила мора секое такси да има abs и мин 4 воздушни перничиња, исто пример германија таксистите имаат право со себе да возат огнено оружје за самоодбрана, јасно сето тоа лиценцирано и постојано надгледувано, мора да имаат ограничувачи за брзината и јасно унифицирана боја, а доколку се дозволи и линијско такси е тогаш ќе имаме врапче во рака, а може и до чучулига да ја дотераме работата.  



Posted By: beTon
Date Posted: 05-Jan-2009 at 00:40

мал апдејт за лотус, разбрав дека комплетно најавите им биле фол, маркетиншки трик!

луѓето можеби имале во план да ги реализираат најавите со кои истрчаа, но тоа било и сеуште е само макетиншки трик! добив информација дека имале само 20 коли за сега, немале gps систем туку класична радиостаница, а воедно бидејќи 20 коли немаат ни диспечер, патем од ТВ немаат ни абер, на презентацијата во александар палас имале залепено на наслоњачите фото панел од lcd монитори!

значи ако досега имало маркетинг фол, ова било најоригинален! патем немам видено никаде низ град некоја нивна кола а камо ли да се качам, диспечер немаат па не може ни човек да ги повика, значи се на се институционално работите стојат исто како во плустарс LOL можеби оваа 2009 ќе добијат поволен кредит па и ќе ги исполнат ветувањата!

не дека е лошо човек да се користи со маркетинг трикови, но жалосно е што не постои никаква волја медиумите и институците да ги обзнанат овие информации. јасно е дека нашиве медиуми служат за рекет но некои работи што се ептен апла аут мислам треба некако некој да се интересира за да ги покрие...     



Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Jan-2009 at 00:45
Јас имам видено 1-2 пати нивна кола низ град. Изгледаа прилично културно. Знам дека ЛЦД монитори и слични зезанции звучат интересно но во Скопје треба да се исполнат прво некои елементарни стандарди како што се нови, пристојни коли со климатизација така да искрено се надевам дека на компанијава ќе и тргне макар и немале GPS. 


Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Jan-2009 at 00:45
Па, јас сум видел нивна кола на повеќе наврати - сите Шкоди Фабии... Е сега, за ова што го направиле стварно е лудо...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 05-Jan-2009 at 02:40

па не е проблем тоа дека изгледаат културно (со  новиот правилник  сакале нејќеле ќе мораат) туку дека  истресле зелени до немајкаде, тоа мислам кажува многу и за компанијата и за сопственикот на истата. не дека нешто ќе му преземе на некого муштерии(поготово не со 20 коли), но муабетов е дека ваквиот начин на рекламирање мора да се надмине, ова ми звучи како партиски војници да и ја правеле кампањата! знам дека допрва барат лцд  монитори за вградување, но морало да напоменат во презентацијата во весници дека се работи за развоен план и дека сега ова сеуште е пилот проект, тие како истрчаа помислив навистина влетала нова добра компанија по скопскиве улици! инаку и наше такси во развојна фаза им е гпс муабетот и уште ред други муабети околу такси тв, но никаде не истрчале со некаков муабет а уште помалку со ваков фол, туку сигурно чекаат прво да се среди работата па сетне да излезат со новината, затоа и никаде сеуште не го рекламираат т.е. не се пофалиле со такси тв услугата бидејќи муабетот не е до крај заокружен, иако веќе такси твто функционира како појава по нивните такси возила...



Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Jan-2009 at 01:11
Дефинитивно гласам за НАШЕ ТАКСИ дека се боље од Лотус, барем сега за сега. И како и се останато од транспорт во Македонија и Скопје мнооогу заостанува во такси превозот од западноевропските земји. Всушност, единствени унифицирани такси возила има Охрид и не знам кој друг град во земјава. 


Posted By: beTon
Date Posted: 06-Jan-2009 at 02:19
 и Битола воведе регилатива за унифицирана боја есенва, има поназад во нишкава, но таму добија таксистите и малку луфта околу имплементацијата. 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Jan-2009 at 04:01
Воведе унифицирана боја навистина, остануваат уште малку кои не го имплементирале тоа. Како и да е, проблем е и што таблите не се унифицирани (а и никогаш нема да бидат) бидејќи сите имаат кој од кој покич табли и тоа многу ми смета. Во цел свет освен кај нас имаат исти табли сите, иста големина, такси е напишано читко и видливо, а овие скопските таксисти не само што се бунеа за таблите туку и за бојата демек немало да се разликуваат од конкуренцијата... Во Битола има сега неколку нови такси компании (не бев подолго Битола па не бев во тек) ама едната има рено меган, другата нисан микра а третата пежо 307 или 407 малку слабо ми одат колите. Е сега тие три фирми се најбарани (а мислам и фискални даваат) со што погрдите (постарите) коли полека стануваат неконкурентни и полека се откажуваат од такси бизнисот, бидејќи нормално, 96% од граѓаните пре би се возеле во убава кола него некоја крш (освен кога нема друг избор), а останатите 4% не приметуваат баш каква е колата. Значи муабетот ми е дека работите одат на подобро, но кога ќе бидат добри не знам.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 06-Jan-2009 at 06:08

види бидејќи мал град има доста диви таксисти кои имаат стални муштерии или развозуваат роднини и пријатели или тераат линиско такси по селата и околните градови! така  да мислам дека уште долго во секое време легалниве ќе имаат конкуренција иако сега во поандерграунд форма! ако ништо друго нема да ги красат постојките во центарот!   



Posted By: kire85
Date Posted: 07-Jan-2009 at 16:28
Originally posted by BOJAN

Ова со превоз до други градови или до други држави е ЧИСТА ГЛУПОСТ и тоа може да го измислат само македонците, јас не познавам друга држава во светот со вакво нешто. Како и да е, по НАШЕ ТАКСИ доаѓа и ЛОТУС, а сепак сеуште нема такси во градов со GPS уред, такси во кое ќе можеш да побараш од возачот на ЛЦД мониторот да ги покаже најкусиот пат од почетната до крајната точка. Не знам дали беше GPS ured или нешто друго, но сепак знам дека во нашите такси возила тоа го нема.
Годинава имав искуства со такси-возење во Нови Сад и Париз и можам да кажам дека таму оваа можност ја имате, дури самиот апарат ќе ви искуца колку треба да платите за да стигнете до бараната дестинација.
Ама добро, касниме во секоја област по неколку години, па не е ни чудно што касниме и во такси-превозот, се надевам на ваков уред во 2009 година.


Ne e tocno deka taa ponuda za do drugi gradovi/drzavi e cista glupost....pa toa e praktika na site taksi kompanii na zapat....i logicno e da e taka....ne moze edinstvena opcija za da idam do ohrid da mi bide avtobus ili sopstvena kola....

baska taksi prevoz do drugi gradovi veke odamna se prakticira, no toa e na divo i ne e zakonski regulirano.


Posted By: kire85
Date Posted: 07-Jan-2009 at 16:34
druga rabota e samata obuka na taksistite....toa e isto problem sto retko se spomnuva....poslednive denovi se vozam cesto so taksi pa imam primeteno deka dosta treba da se raboti na ova....najdovar slucaj bese se kacuvam vo centar i mu vikam na taksistot do froca...me gleda bledo i mi vika kaj e toa? mu kazav, odma do studentskiot goce delcev vo taftalidze.....pocna da vozi ama go gledam pak ne mi bese nesto siguren....i koga vidov deka trgna nakaj vlae go prasav dali uopste znae kaj e studenskiot....mi vika pa ne sum siguren nov taksist sum....
pa kako da treba da bides taksist so 20 godini iskustvo da znaes kaj e studentskiot!!!Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Jan-2009 at 17:00
Ja kolku shto imam slushnato vo Anglija ima nekoja visha shkola za taxsisti. Se polaga opsht kurs za taxsisti, odnosno da se dobie zvanjeto taxist. A potoa mora sekoj grad koj shto go vozish da go polagash posebno. Znachi za nekoj u London ke polaga taxist i ke polaga London, za nekoj u Manchester ke polaga taxist i ke polaga manchester!


Posted By: kire85
Date Posted: 07-Jan-2009 at 17:07
Originally posted by lslcrew

Ja kolku shto imam slushnato vo Anglija ima nekoja visha shkola za taxsisti. Se polaga opsht kurs za taxsisti, odnosno da se dobie zvanjeto taxist. A potoa mora sekoj grad koj shto go vozish da go polagash posebno. Znachi za nekoj u London ke polaga taxist i ke polaga London, za nekoj u Manchester ke polaga taxist i ke polaga manchester!


Tocno e toa...se polaga test koj sodrzi prasanja za iminjata na poznati lokacii, pa se do sporedni ulici, za bon ton itn....toa jas ako ne se lazam e regulativa na EU, i iako mozebi ne se sproveduva vo cela EU (nemam takva informacija), na hartija e regulirano.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Jan-2009 at 17:36
Прво и основно треба возачот да биде цивилизиран и културен, и да не пуши бидејќи некому тоа и му смета. Нека бидат колите крш и во разни бои и возачите да не знаат каде те носат, ама барем нека се фини со луѓето а не како јас сега (прв пат по 3 години) бев Скопје за НГ, и еден шофер си мислеше дека е на рели седиштето навалено како да спие на седиште вози со една рака и кога му кажав каде да ме носи ми рече: „ако си мислиш ти ја да улагам у таа улица си се излажал“... и ајде на крајот требаше да му речам „ако си мислиш дека ќе ти платам епа јанглаш си батец“? Ама тоа со шоферите истото важи и за автобусите, сè додека никој не ги контролира, тоа е тоа. Ако не тест, барем секоја компанија нека има телефон за поплаки (истакнат на видно место во колата) па да видат колку повици ќе добиваат секој ден, тогаш можеби шоферите ќе возат поцивилизирано и ќе се однесуваат како што доликува.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jan-2009 at 18:09
Originally posted by гитардемон

Нека бидат колите крш и во разни бои и возачите да не знаат каде те носат, ама барем нека се фини со луѓето а не како јас сега

Културата на возачот е важна, но не знам како може тоа да ти е прво на листата. Кога ќе се качиш во такси, тоа го правиш за да отидеш до некоја дестинација, а за тоа пред се возачот треба да знае каде да вози и автомобилот да не е некој небезбеден крш.
А за културата, во оваа фаза би се задоволил и со општа култура, а не некој изнасилен бон-тон и церемонии како влажни марамици и слично.

Плус тоа се имам доста возено со такси и немам наидено на таков екстремен пример на некултура и нељубезност како што спомна. Не викам дека не ти се случило, но такви поединечни случаи сепак не се општа слика. Од раширените појави највеќе ми пречи што многу таксисти пушат додека превезуваат патници (додуша некои пред да запалат прашуваат дали ти пречи, ама сепак тоа не е тоа)


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Jan-2009 at 20:05
Таксистите куртулија од „фарбање“!

Велешките таксисти добија дополнителни 6 месеци за да ги префарбаат возилата во жолта боја. Крајниот рок е 30 јуни годинава.

 Ваква одлука, по иницијатива на здружението на авто таксипревозниците, донесе Советот на општина Велес.

Здружението имало сознанија дека државата подготвува нов закон за превоз во патниот сообраќај, со кој се регулира и такси превозот.

Инаку во Велес се регистрирани над 250 такси возила. Сите имаат лиценци издадени од општината. Според законот за патен сообраќај секое такси возило мора да има лиценца и фискален таксиметар. За непочитување на овие одредби следуваат казни и најниската е 500 евра.

Но и покрај високите казни, во градов се уште има таксисти кои возат на диво. Неофицијално по велешките улици стотина такси возила превезуваат патници кои немаат дозвола за тоа. Од друга страна, тие наплатуваат различни цени за одредени дестинации.

Такси превозниците пак се жалат дека давачките се многу поголеми од она што го заработуваат. Велат дека голем проблем им претставува и недостигот на паркинг простор, кој честопати им го узурпирале останатите учесници во сообраќајот.

Од одлуката на Советот незадоволни се авто лакерите. Тие ќе чекаат уште шест месеци  за да им процвета бизнисот со фарбање на возилата на велешките таксисти.

Преземено од: http://www.lisica.mk/?statija=2566 - http://www.lisica.mk/?statija=2566



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Feb-2009 at 18:06

абе и вие како сте тргнале со стандардиве, па ние основна работа како унификација на боја не можеме да истераме а не па нешто посложено! пример знам дека германија секој таксист има право со себе да вози пиштол, незнам само дали е ова задолжително или по избор, но тргнете прво од безбедноста на таксистите, најпрво не смее да се вози патник напред, сетне да е преграден просторот помеѓу клупите, па дури после виша школа или тестирања.

туку пред некој ден начув нешто но нема од каде да го потврдам Наше Такси ајде било на Трифун тоа е некако веќе зафурано иако ова сега со НашаТВ малку ми ги ремети ови шпекулации, но сега и ова новава постандардизирана компанија Лотус демек била на скопскиот соперник на сегашниов градоначалник стопнанот на улкер лиценцата во нас А1џијата Велија, изгледа според импровизациите околу маркетингот и инвестициите ова можеби и навистина е точно, но бидејќи не сум сигурен затоа и прашувам знае ли некој кој стои односно кој е сопственикот на Лотус Такси http://www.lotustransport.com - www.lotustransport.com инаку веќе имаат и диспечер па еве го и бројот на новата такси компанија 15 15 7

патем за наше такси (исто шпекулација) разбрав дека на ангро ги раздрмале шкодите досега, а ТВто сеуште им е заглавено околу лиценцирањето па сега наместода тераат и на gps сеуште му се замараат на стариот почнат а незавршен муабет...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Feb-2009 at 00:31
Специјален Закон по изборите


Групацијата од 26 радио-такси компании од Скопје ја смирува топката. Нема простор за паника или протест, специјален Закон за траен договор ќе ги реши проблемите на мнозинството професионални возачи низ главниот град, но после изборите рече Сашо Рајчановски, претседателот на најголемата групацијата на авто-такси превоз од Скопје на вчерашната прес конференција.
- Градот Скопје преку секторот за сообраќај продолжува намерно да прави паника кај таксистите со барањето на потврда за подмирен данок од вршење дејност како услов за продолжување на лиценцата, потврда, која според нас, точно е неоснована и законски неиздржана, вели Рајчановски. Според него, новите пресметки за бруто-платите кои изминативе денови ги уплашија и збунија таксистите, се несогласувањата и барањата кои ќе им се стави дефинитивно крај по изборите.
- Деновиве остваривме средба со министерот за финансии Трајко Славевски и министерот за труд и социјала Џељаљ Бајрами, кои ни излегоа во пресрет на нашите барања околу заостанатите давачки, целата плата, и ни ветија итен Закон за трајно решение на нашата проблематика. Во него ќе бидат ставени и таксистите Трговци поединци, најзагрозени од сите нас кои, веруваме дека ќе бидат праведно опфатени со Законот тврдат од групацијата на такси превозници.

Станува збор за предлог-закон на Владата, со кој ќе бидат прифатени дел од барањата на таксисите, меѓу кои и пролонгирање на правилникот за унифицирање, набавка на нови возила со АБС, клима итн. до 1.1. 2011 година, датум до кога ќе се преговара и за укинување на Административна такса од 3000 денари како и и враќање на старата тарифа за месечни придонеси и персонален данок. Инаку, спротивниот табор од одборот на групацијата на таксисти при регионалната комора се уште стојат на штрајкот во понеделник закажан на последниот нивен одбор.

http://vecer.com.mk/?ItemID=5C65CCDED2FE6743AD158F591DD7D487



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Feb-2009 at 00:33
Донекаде се осеќа третирање на јавниот превоз како социјална установа, но што да се прави во оваа безработица! Сепак такси превозот и не ни е толку субстандарден иако има и такви!


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Feb-2009 at 21:12

Originally posted by beTon

туку пред некој ден начув нешто но нема од каде да го потврдам Наше Такси ајде било на Трифун тоа е некако веќе зафурано иако ова сега со НашаТВ малку ми ги ремети ови шпекулации, но сега и ова новава постандардизирана компанија Лотус демек била на скопскиот соперник на сегашниов градоначалник стопнанот на улкер лиценцата во нас А1џијата Велија,

мало дополнување;

„Повеќето така кажуваат, дека е на Трифун. Или е Трифун или е „Промес“ или се партнери. Или се заедно партнери или сега стои некој како фигура пред него“, рекоа таксистите...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=90372 - А1 - Емилија Јовановска - 04.03.2008

 

а за она со Лотус дека можеби е на Велија, на крај излезе дека станува збор за сопствениците на  Бохемија-Зенон импортерите на шкода, додека пак Велија допрва спремал нова такси компанија. повторно ќе побарам потврда и за овие информации од останатите чисто за да се разбистрат сите шпекулации. инаку ова сега и со наше такси и со лотус ми делува исто како и со ривите, мислам дека шкодите неможат долго да преживејат по скопскиве улици, а уште помалку ако не се во сопственост на самите таксисти. 



Posted By: kire85
Date Posted: 25-Feb-2009 at 16:57
Originally posted by beTon

Originally posted by beTon

туку пред некој ден начув нешто но нема од каде да го потврдам Наше Такси ајде било на Трифун тоа е некако веќе зафурано иако ова сега со НашаТВ малку ми ги ремети ови шпекулации, но сега и ова новава постандардизирана компанија Лотус демек била на скопскиот соперник на сегашниов градоначалник стопнанот на улкер лиценцата во нас А1џијата Велија,

мало дополнување;

„Повеќето така кажуваат, дека е на Трифун. Или е Трифун или е „Промес“ или се партнери. Или се заедно партнери или сега стои некој како фигура пред него“, рекоа таксистите...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=90372 - А1 - Емилија Јовановска - 04.03.2008

 

а за она со Лотус дека можеби е на Велија, на крај излезе дека станува збор за сопствениците на  Бохемија-Зенон импортерите на шкода, додека пак Велија допрва спремал нова такси компанија. повторно ќе побарам потврда и за овие информации од останатите чисто за да се разбистрат сите шпекулации. инаку ова сега и со наше такси и со лотус ми делува исто како и со ривите, мислам дека шкодите неможат долго да преживејат по скопскиве улици, а уште помалку ако не се во сопственост на самите таксисти. 



Jas isto slusnav koga bev vo skopje deka velija spremal nova taksi kompanija so golf 5ki...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Feb-2009 at 18:11

Тоа е ист идиотизам од типот на нисан микра такси во Битола. Има компанија, не знам која точно, имаат микри купено. Нешто како со тико на почетокот на такси еуфоријата во Битола. Значи такси=голема кола, со доволно простор за багаж, сепак Скопје има аеродром, и тоа такси може ќе треба да носи некој до аеродром. Ако ништо друго до автобуска треба куфер да носи. Јас ова лето имав искуство со микра и со куфери, и повеќе од 1 и пол куфер нема шанса да собери. За голфот давам максимум 2. А сите стандарди кои (некогаш) ќе се пропишат за таксијата, голфот ги исполнува, само што не е кола за такси.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: kire85
Date Posted: 26-Feb-2009 at 14:34
Originally posted by гитардемон


Тоа е ист идиотизам од типот на нисан микра такси во Битола. Има компанија, не знам која точно, имаат микри купено. Нешто како со тико на почетокот на такси еуфоријата во Битола. Значи такси=голема кола, со доволно простор за багаж, сепак Скопје има аеродром, и тоа такси може ќе треба да носи некој до аеродром. Ако ништо друго до автобуска треба куфер да носи. Јас ова лето имав искуство со микра и со куфери, и повеќе од 1 и пол куфер нема шанса да собери. За голфот давам максимум 2. А сите стандарди кои (некогаш) ќе се пропишат за таксијата, голфот ги исполнува, само што не е кола за такси.


Epa toa mi bese i mene muabetot, taksi treba da bide sedan za da lici na nesto.....heachback ednostavno ne e za taksi.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2009 at 14:19

Пак одложенa одлуката за една боја на такси-возилата

Скопските таксисти се' уште нема да мора да ја унифицираат бојата на возилата и покрај одлуката на Градот Скопје донесена уште минатата година. Рокот за оваа обврска на превозниците, доколку наиде на поддршка од советниците на градскиот Совет, ќе се одложи вторпат, сега до октомври. Образложението, според градските власти, е лошата економска состојба во која се наоѓа оваа дејност, поради што таксистите немаат доволно средства за инвестиции во своите возила.

Во Градот велат дека одлуката, покрај финансиската компонента, пролонгирана е и со цел новиот Совет на Скопје подобро да се запознае со состојбите во такси-превозот. Веројатно е советниците да направат измени и во самиот документ и да ја избришат оваа обврска.

Според одлуката за автотакси-превоз на патници, бојата на такси-возилата е бела, освен бојата на предниот капак на моторот и задниот капак на багажниот простор, која е жолта. Унифицирањето на бојата на такси-возилата во жолто-бели требаше да почне во јануари годинава, но и тогаш беше одложена за 6 месеци, односно до јуни. Сега, по барање на таксистите, градските власти повторно бараат одложување, овој пат за четири месеци.

Превозниците и пред донесувањето на одлуката имаа забелешки на делот со унифицирањето на бојата, но не од финансиски причини. Тие сметаат дека препознатливоста на бојата на одредени компании е дел од нивниот бренд, заради што и сакаат да ја задржат. Од друга страна, пак, градските власти сметаат дека единствената боја на такси-возилата што имаат лиценца за работа е еден од начините да се спречи нелојалната конкуренција и да се намали бројот на дивите таксисти. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=983FEE509E660F469A323124D7D42D46


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-May-2009 at 17:26
Господ да чува, ајде сега тетовирани и жигосани да бидат шоферите за да се знае во кое такси се возиш.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2009 at 22:12
Велешките таксисти ќе станат жолти


До крајот на годинава велешките таксисти ќе треба да ги бојосаат возилата во жолта боја. Тие овој дополнителен рок од шест месеци го добија од градоначалникот Горан Петров, кој дозволи да им се продолжи рокот кој истекуваше на први јули годинава. Според Петров до вакво решение е дојдено поради лошата економска состојба во која што се наоѓаат градските таксисти, поради што не се во можност да ги покријат и овие давачки.

Јадранка Стефкова, портпарол во Општина Велес, вели дека сепак одложувањето не значи откажување на идејата за воведување единствена боја во такси превозот.
-Градоначалникот им го продолжи за да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните, но Општината се откажува од примена на законот, вели Стефкова. Според неа таксистите ќе имаат поддршка од општинскиот совет и оптштина.

Ваквата одлука на градоначалникот ги подели мислењата на велешките таксистите. Едни ја поздравуваат, други пак и понатаму се жалат дека тоа сепак им е дополнителен трошок.
-За да префарбаш едно возило минимум се потребни од 500-600, се жалат таксистите. Тие укажаа и на други проблеми како што е нелојалната конуренција од страна на нелиценцираните таксисти, како проблемот со недоволните паркинг простори. Тие реагираат и на слабата контрола на полицијата и сообраќајниот инспектор.

Одлуката на градоначалникот се чека да биде потврдена и од страна на советниците.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D74BFD25E7958B408E2C2FDC34BA5BFB


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2009 at 22:18
По стоти пат, Добро бе до кога такси превозот ќе има треман на алтернативна дејност како замена за социјално осигурување?! Озбилно ова треба да ни го сервеираат како "бенчмарк" од ЕУ, односно средување на такси превозот, па и сите други начини на организиран јавен превоз, збирање од пред дрводекор, стара автобуска и пред бристол наместо од нова автобуска станица и слични глупирања. Назад на такси превозов. Да не збориме за диви стојалишта, све и сешто вози такси, секое ѓубре коа вози такси, катастрофа. Неможе да ги натераме таксистиве да унифицираат боја, а камо ли па да не збориме за останати стандарди, професионални коли или па жолти таблици за коли кои ќе бидат регистрирани специјално за вршење такси дејност!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2009 at 10:39
ХАОС СО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ ВО ГРАДОТ
Никој не знае колку диви таксисти има по улиците

Никоја од надлежните институции не знае колку диви таксисти има на територија на град Скопје. Според нив, лиценца имаат околу 2.800 превозници, но дали бројот на дивите таксисти што возат е поголем од оваа бројка, никој нема евиденција. Сепак и од Министерството за транспорт и врски и од Град Скопје велат дека со донесувањето на новиот Закон за превоз на патници, кој во моментот е во собраниска процедура, значително ќе се намали бројот на оние таксисти кои превезуваат патници, а немаат дозвола да го работат тоа. Граѓаните, пак, кои секојдневно користат такси-превоз, се скептични околу решавањето на долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во градот со такси-возила. - Обично се качувам во тоа такси што прво ќе го забележам без притоа да гледам дали е од некоја компанија или, пак, можеби станува збор за див таксист. Сепак, неколку пати имам забележано дека во зависност од тоа со кого се возам, цената што ја плаќам за една иста дестинација се разликува и“вели Каролина од Аеродром. Лиценцираните такси-компании, пак, се жалат дека низ улиците на Скопје имаат многу конкуренција од страна на тие што не се овластени да превезуваат патници. Според нив, секојдневно се случува дивите таксисти да им ги крадат патниците, и покрај тоа што нив не им е дозволено да работат. Сашо Рајчановски, претседател на групацијата на автотакси-превоз при стопанската комора на Македонија, вели дека за да се реши долгогодишниот проблем со нивните нелиценцирани конкуренти, тие вршат интензивни преговори со Град Скопје и со Министерството за транспорт и врски. - Во моментот во собраниска процедура е новиот Закон за патен сообраќај, кој се надеваме дека во голема мера ќе го реши проблемот со дивите таксисти. Според новиот закон, место една година, како што беше случај до сега, лиценцата ќе важи четири години, што можеби ќе влијае повеќето таксисти да си извадат лиценца и - вели Рајчановски. Тој вели дека во моментот голем број превозници ја имаат изработено потребната документација, која е предадена во Градот за нејзино разгледување, по што најверојатно голем дел од доставената документација ќе финализира со издавање на лиценци за работа на подносителите. Дури и во СВР Скопје, немаат конкретна бројка, колку вкупно диви таксисти, возат низ улиците на главниот град. - Од почетокот на оваа година до сега сообраќајната полиција има одредено прекршочни пријави за вкупно 345 таксисти. Сепак во врска со тоа колкав е конкретниот број на таксисти кои возат патници без дозвола, немаме конкретна бројка и“вели Лиза Бендевска, портпаролот на СВР Скопје.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1803&ArticleID=121032


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2009 at 17:47

Тротоарот пред „Тифани“ е станица за диви таксисти





 

Граѓаните што живеат во околните згради и куќи постојано се жалат дека немаат мир од паркираните возила, од кои се слуша гласна музика, како и дека поднеле пријави до сообраќајната полиција, но сé било без успех

 
 
%20  
Дивите таксисти барајќи место каде да се скријат од сообраќајната полиција, изминатата половина година имаат ново стојалиште во близината на познатата зграда „Тифани“ во центарот на градот, од каде што почнува булеварот Партизански одреди. Најмногу паркирани возила има во попладневните часови, кога таму има голема фреквенција на луѓе. Граѓаните што живеат во околните згради и куќи постојано се жалат дека немаат мир од паркираните возила, од кои ечи гласна музика, како и дека поднеле пријави до сообраќајната полиција, но сé било без успех. Најчесто возат за Шуто Оризари и за Топаана, но и по договор застануваат по пат.

- На тротоарот пред мојата куќа постојано се паркираат автомобили што превезуваат патници, но без табла дека се такси-превозници. Веднаш до нивното стојалиште има и автобуска станица, каде што застануваат броевите 19, 2, 12, 35, но граѓаните секогаш се решаваат да си одат со автомобил, наместо да чекаат автобус. Превезуваат и до шест патници, а наплаќаат вкупно 250 денари од центар до Шуто Оризари. Во текот на денот тука се прави голем метеж, бидејќи таксистите чекаат да се соберат до пет патници за да тргнат. Покрај тоа што прават бучава, тие додека чекаат фрлаат отпадоци од храна и шишиња. Се жалевме до сообраќајната полиција и до инспекциските служби, но откако ќе добијат опомена, ги нема неколку дена и потоа пак по старо - објаснува една жителка во околните згради.

Таа додава дека нема против луѓето да си го заработуваат лебот, ама треба да се има ред во градот и не може кој каде и како сака да се паркира.

Од сообраќајната полиција велат дека не можат да дадат извештај за тоа дали ги казниле дивите таксисти кај зградата „Тифани“, бидејќи евиденција се води на ниво на целиот град.

- Од почетокот на годината досега сообраќајната полиција изрекла околу 345 прекршочни пријави каде што бил увиден превоз на патници без лиценца. Пријавите понатаму ги доставуваме до секторот за сообраќај во градот, а тие до судот, кој и ја одредува казната. Глобата е различна, па затоа не можеме да кажеме една сума која ќе важи за сите - објаснуваат од СВР-Скопје.

Оттаму додаваат дека на терен излегуваат и по пријава на граѓани, но дека откако ќе изречат прекршочна пријава, тоа не значи дека дивите таксисти нема повторно да вршат превоз на патници.

Градските инспектори немаат право да ги казнуваат дивите таксисти, нивна надлежност е само да постапуваат по прекршочната пријава од сообраќајната полиција.

Оние такси-превозници што се лиценцирани велат дека дивите превозници им прават проблеми, им преземаат патници, како и дека никој не е одговорен за тоа.

- Тие не плаќаат ниту лиценца, возат со стари коли и имаат помалку трошоци од нас. Нормално е дека кај нив цената за превоз ќе биде пониска. Имам забележано дека во последно време има сé повеќе диви превозници на тротоарот пред познатата зграда „Тифани“. Местото е во центарот на градот и не е можно некој од надлежните да не го видел тоа и во старт да ја смени нивната навика за тоа стојалиште - смета Игор Поповски, возач во компанијата „Вардар“.
 
   
Автор: Р.З.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91591032117&id=14&prilog=0&setIzdanie=21788


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Oct-2009 at 13:07

Такси-групацијата чека одлука за автотакси-превоз





 

Групацијата за автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија очекува до крајот на неделава да се подготви предлог-одлука за оваа дејност и таа да се стави на дневниот ред на наредната седница на градскиот совет.

 
 
%20  
Сашо Рајчановски, претседателот на оваа групација, вели дека веќе имале средби со градоначалникот Коце Трајановски, како и со раководителот на градскиот сектор за сообраќај и со претседателот на советничката комисија за оваа област, со кои ги посочиле проблемите и разговарале за да се надмине оваа состојба. Таксистите им доставиле на градските власти барања за конкретни измени и дополнувања на постојната одлука за автотакси-превоз.

Се бара рамноправно и наизменично да се користат сите такси-станици во Скопје по принципот на кружен тек, преку формирани групи што ќе мораат да имаат радиофреквенција. При издавањето лиценци треба да им се даде предност на тие што веќе имале, но им истекла важноста во меѓувреме, за да влезат во ограничениот број од 3.000 такси-возила. Бојата на автомобилите, пак, треба да биде или по слободен избор или единствена, освен за такси-групите што веќе ја имаат заштитено својата комбинација на бои.

- Веруваме и очекуваме дека градот ќе ја напушти старата политика на штитење интереси на поединци и ќе дозволи сите такси-форми, компании или здруженија, да градат подобра иднина, како и дека ќе овозможи таксистите како кооперанти или здружени во такси-формите заеднички да вложуваат во помодерен, поквалитетен и посигурен автотакси-превоз - вели Рајчановски.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099103329&id=14&prilog=0&setIzdanie=21808


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Dec-2009 at 23:05
Повторно текст на оваа тема. Не знам што фајде доколку властите би го знаеле бројот.

Убеден сум дека проблемот со дивите таксисти може да се реши многу брзо, само доколку се има политичка воља. Не велам дека е лош овој новиов закон кој се спомнува, но проблемот требало да се решава и без него.

СЕ УШТЕ НЕМА РЕД ВО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ ВО ГРАДОТ
Бројот на дивите таксисти загатка за градските власти

Елена Мачевска

Ниедна од надлежните институции не знае колку диви таксисти возат низ Скопје. Според нив, лиценца поседуваат околу 3.000 превозници, но дали бројот на тие што возат нелегално е поголем од таа бројка, никој нема евиденција. Од Министерството за транспорт и врски и од Град Скопје очекуваат дека со новиот Закон за превоз на патници, кој стапи во сила во септември годинава, значително ќе се намалат таксистите што превезуваат патници без соодветна дозвола. Скопјани се скептични дека ќе се реши долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во градот со такси-возила. - Обично се качувам во тоа такси што прво ќе го забележам без притоа да гледам дали е од некоја компанија или, пак, можеби станува збор за див таксист. Сепак, неколку пати имам забележано дека во зависност од тоа со кого се возам, цената што ја плаќам за една иста дестинација се разликува - вели Лидија од Аеродром. Лиценцираните такси-компании, пак, се жалат дека низ улиците на Скопје имаат многу конкуренција од тие што не се овластени да превезуваат патници. Според нив, секојдневно се случува дивите таксисти да им ги крадат патниците и покрај тоа што нив не им е дозволено да работат. Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија, вели дека за да се реши проблемот со нелиценцирани превозници, тие вршат интензивни преговори со Град Скопје и со Министерството за транспорт и врски. - Се надеваме дека новиот Закон за патен сообраќај во голема мера ќе го реши проблемот со дивите таксисти. Според новиот Закон, место една година, како што беше случај досега, лиценцата ќе важи четири години, што можеби ќе влијае повеќето таксисти да ја извадат и“8211;вели Рајчановски. Тој тврди дека во моментов голем број превозници ја имаат подготвено потребната документација, која е предадена во Градот, па се очекува наскоро да ги добијат и лиценците за работа. - Ние како здружение постојано бараме од градските власти да не им издава дозвола за работа на таксистите што не поседуваат радиостаници. Така доколку некој направи каков било пропуст во работата, односно патникот да се жали од односот на возачот или, пак, од наплатената цена, превозникот многу лесно може да се најде - смета Рајчановски. Од Град Скопје велат дека до нив досега се поднесени 300 барања за нови лиценци, кои се веќе процесуирани и се во завршна фаза за издавање. - Бројот на таксисти без лиценца не може да се утврди точно. Инспекторите за патен сообракај од Градскиот инспекторат во текот на изминатите единаесет месеци имаат поднесено околу 800 прекршочни пријави за таксисти кои илегално ја вршат дејноста - објаснуваат од Град Скопје. Дури и во СВР Скопје не располагаат со конкретна бројка. Оттаму велат дека од почетокот на годината досега полицијата изрекла вкупно 353 прекршочни пријави за нелиценцирани таксисти.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1881&ArticleID=127973


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2009 at 21:07
ТАКСИСТИТЕ СТОЈАТ КАЈ ЌЕ ИМ ТЕКНЕ

Дивите стојалишта никој не ги чепка

Во борба за патници, таксисите не избираат каде ќе застанат- стојат на улици, по тротоари, пред крстосници, на автобуски постојки,па не ретко се случува возила на Итна медицинска помош да не можат да влезат на потребниот паркинг или пред болница

Таксистите се паркираат кој кај ќе стигне, па не ретко се случува возила на Итна медицинска помош да не можат да влезат на потребниот паркинг или пред болница. Во борба за патници, таксисите не избираат каде ќе застанат- стојат на улиците, по тротоарите, пред крстосници, на автобуски постојки... Возилата ги блокираат улиците и приодите кон зградите, поради што станарите не можат да ги паркираат сопствените автомобили.Иако во градот точно се знае бројот на легални такси-станици и бројот на возила кои смеат да стојат таму.Диви станици никнуваат насекаде.И во центарот на Скопје и во населбите.
"Живеам во Тафталиџе, веднаш до пазарот и секој ден мака мачам да се паркирам на паркингот пред зградата. Не можам да си влезам на паркингот, бидејќи, иако тука нема такси-станица, постојано има испаркирано по неколку возила.Само неколку метри подолу има обележана станица за таксистите, но тие не го почитуваат тоа", вели револтирано жител на оваа населба.
Од Градот се правдаат дека немаат ингеренции да ги казнуваат и да ги растеруваат, бидејќи тоа е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.
"Со Одлуката за такси-превоз, Град Скопје има определено 103 стојалишта за такси- превозниците. До сега обележени се повеќе од 40 отсто од стојалиштата со соодветна сигнализација и со број на возила кои можат да се паркираат на стојалиштето. Сообраќајната полиција треба да ја спроведува Одлуката и да го одржува редот на постојките, за да не доаѓа до прекубројно паркирање и нарушување на сообраќајниот режим околу нив", велат од Град Скопје.
Тие не објаснуваат зошто досега не се поставени сите табли за означувањена на такси станица.
Од МВР пак велат дека тие постојано ги казнуваат таксистите кои ги прекршуваат сообраќајните правила, но откако тие ќе си заминеле иста локација или улица повторно се узурпирала од нив.
Најдраматичен е примерот со паркирањето на такситите пред Државна болница, каде што возилата на Брза помош или возила со болни пациенти чекаат и по 10-тина минути за влез поради метежот што се создава пред болниците. Во моменти кога секоја секунда е важна, ваквото чекање може да чини живот.
Неколкупати досега раководството на Клиничкиот центар реагирало до полицијата, но резултатите биле краткотрајни, по неколку дена, додека стоеле полицајци. Откако ќе заминеле метежот продолжувал.
"Зар треба да ставаме редари и пред болница. Мислевме дека ако еднаш ги казнат и ако им се укаже дека тука на некои луѓе животот им виси на конец,тоа нема повторно да го направат.Но, попусто се продолжува по старо", коментираат од Државна болница. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=87022C2F90C70F4EAD24D0FF688D4F0F


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Jan-2010 at 01:18
И управителите на такси компаниите со сертификат
СРЕДА, 20 ЈАНУАРИ 2010 18:40



Од 1 јануари оваа година стапија на сила новите услови за добивање автотакси лиценца. Во Битола според новиот закон и новите услови со жолта боја и фискален таксиметар се издадени вкупно 190 лиценци. Покрај стандардните документи кои досега се доставуваа за добивање лиценца, новина е тоа што и управителот на фирмата треба да поднесе сертификат за професионална компатибилност.



-Тој сертификат значи дека управителот на фирмата е подобен и има познавања за работењето на таа такси фирма. Значи ги знае деталите околу работата, законските регулативи, изјави Владимир Прчков, сообраќаен инспектор во Општинскиот инспекторат.

А токму непоседувањето лиценца е најголемиот проблем при контролите на општинскиот инспекторат.

-Немање фискален таксиметар, необележаност на возилото, вели Прчков.



Инаку казните за ваквите недоследности се движат од 10.000 до 100.000 денари за правното лице, а од 4000 до 40.000 денари физичко лице.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=16930&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=16930&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Feb-2010 at 11:41
Лиценцираните таксисти имаат бесплатен влез на паркинзите

Некои превозници ја користат неинформираноста
и наплатуваат екстра

Сања Наумовска


Лиценцираните таксисти имаат право бесплатно да влезат на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“. Доколку патниците побараат таксистот да ги однесе на некоја локација што се наоѓа внатре во кое било од паркиралиштата на јавното претпријатие, влезот за такси-возилата е слободен.

Сепак, и покрај оваа одлука на „Градски паркинг“, голем број од таксистите дополнително им наплатуваат на своите патници за влегувањето во паркинг. Откако Јавното претпријатие ја укина поволноста за бесплатно паркирање во првиот половина час, поради злоупотреби голем број скопјани останаа неинформирани дека, сепак, таксистите и натаму имаат слична привилегија.

Најкарактеристичен е случајот со паркиралиштето „Камен мост“ каде што рампата на „Градски паркинг“ го ограничува пристапот кон повеќе јавни објекти, како хотелот „Стоун бриџ“, Комерцијална банка, Министерството за транспорт и врски, црквата „Свети Димитрија“ и уште неколку институции на овој потег.

Патници се жалат дека такси-возилата речиси секогаш застануваат на улицата пред наплатната рампа. Ако на инсистирање на патникот треба да продолжат за да ги остават до крајната дестинација, веднаш им се бараат дополнителни 45 денари, колку што чини еден час паркирање на паркингот. На тој начин, велат граѓаните, превозниците заработуваат на сметка на неинформираноста на луѓето.

Во „Градски паркинг“, пак, појаснуваат дека таксистите треба да покажат само важечка лиценца на вработениот на наплатниот киоск и влезот нема да им се наплати. Се разбира, влегувањето треба да биде само во функција на оставање на патникот, а паркингот мора да го напуштат најмногу за петнаесетина минути.

„Сите компании што имаат лиценци се информирани за оваа можност за користење на нашите паркиралишта. Не само кај Камениот мост, туку и кај Градска болница, Музејот на Скопје и секаде каде што има потреба да се донесе патникот што поблиску до институцијата“, информираат од јавното претпријатие и нагласуваат дека посочените ситуации може да се случуваат само доколку превозникот нема важечка лиценца со која ќе си обезбеди бесплатен влез.

Во дел од такси-компаниите, пак, велат дека знаат за поволноста што ја нуди „Градски паркинг“ и дека очекуваат возачите да ја применуваат. Сепак, признаваат оти не можат постојано да контролираат дали некој од нивните вработени ќе ја искористи неинформираноста на патникот и ќе наплати екстра пари.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A6FC3437ADFC44D8AC3BC4D5F12233E


Posted By: axel
Date Posted: 07-Apr-2010 at 12:14

Скопските општини до градската управа треба да достават точни локации на кои ќе може да се постават новите такси-станици кои нема да го попречуваат сообраќајот, решија првите луѓе на скопските општини на вчерашната средба на Координативно тело на градоначалници. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски вели дека во наредниот месец и половина ќе се решава на кој начин ќе се реализира проектот

 

 
%20  
- Земјиштето не сакаме да го дадеме под закуп, за да може таа такси-станица да ја користи само една компанија, туку сите таксисти да бидат еднакви. Во тек е тендерска постапка, а од општините чекаме да ги одредат фиксните станици – вели Трајановски.

На средбата е договорено и да се намали фирмарината за 2010 година, која за трговските друштва наместо 8.000 ќе биде 7.000 денари, а за трговците поединци наместо 2.700 да се намали на 2.400 денари. Градоначалникот Трајановски е задоволен и од брзината со која се доставуваат решенијата за данок на имот.
 
   
Автор: Б.С.
                                                                                                                                                                                                                                                                                                    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=47101037217&id=14&prilog=0&setIzdanie=21952  


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 07-Apr-2010 at 22:59

Кирија за такси-стојалиштата

Општините ќе му предложат на Градот прифатливи локации за такси-станици, по што ќе се дадат под закуп

Градоначалникот Коце Трајановски изрази сериозна намера да воведе ред во паркирањето на таксистите, односно нивното стоење на обележаните стојалишта, а нередот со лиценците е оставен за подобри времиња. Пред него средување на такси-стојалиштата најавуваа и неговите претходници Ристо Пенов и Трифун Костовски, но на улиците и натаму остана истиот хаос.

Прв чекор, најави Трајановски, е да се воведе наплата за користење такси-стојалиште. Ова било договорено на последната средба на Координативното тело со останатите скопски градоначалници. Втор чекор е справување со дивите стојалишта, кои со години опстануваат без проблем, а за кои од Градот ентузијастички најавија дека ќе ги отстранат за век и навек.

- Пред да се донесе и официјално одлука за стојалиштата, надлежните служби во Градот ќе преиспитаат како е тоа регулирано во европските метрополи, односно какви се стојалиштата, како се уредени и колку се наплатува за нив - објасни Трајановски.

Замислено е легалните станици да бидат фиксни, а допрва ќе се преиспита дали сегашните локации се добри. Од Градот рекоа дека последниот збор која станица каде ќе се наоѓа ќе го дадат општините, за што станало и збор на средбата на градоначалниците.
Наплатувањето на користење на јавна површина за такси-стојалиште, не е идеја на оваа локална власт. Пред повеќе од една година, во времето на градоначалникот Трифун Костовски, беше донесен Правилник со кој меѓудругото беше одредено стојалиштата да бидат давани под долгорочни концесии на такси-компаниите, но тоа никогаш не заживеа. Сега од Градот се премислиле, односно дошле до заклучок дека е подобро да ги издаваат под кирија наместо под концесија.

Проблемот со дивите такси-станици, кои често го блокираат нормалниот тек на сообраќајот, Градот ќе го решава со строги казни.

- Инспекцијата ќе работи поажурно - велат оттаму.

Поради самоволието на таксистите, но и премолчаното одобрување од самата градска власт, со години атрактивни локации во Центар, Карпош и во Аеродром, поради дивите стојалишта, се претворени во тесни грла. На пример, таксистите на улиците Рузвелтова и Ленинова, како и оние на влезот кон паркингот на Трговскиот центар „Лептокарија“ се одамна одомаќинети.

- Едната лента од „Рузвелтова“ е буквално целата зафатена од таксисти. Постојано се расправаме, се караме, доаѓа до инциденти. Морам да ги молам да се тргнат за да се паркирам на обележаното место, а истото го правам и кога имам намера да излезам. Сега гледам дека и подолу, кај Министерството за економија, има ново диво стојалиште - вели Никола М. од Капиштец.

Од Градот цело време тврдат дека никому не дале дозвола да се паркира на овие места. Топката со години ја префрлаат на сообраќајната полиција бидејќи, според нив, таа требало да ги казнува возачите што непрописно се паркираат. Од МВР, пак, редовно го нудат одговорот дека ги казнуваат неправилно паркираните возила. И покрај сериозноста на институциите, низ годините излезе дека се работело за празни објаснувања, бидејќи од ден на ден се појавуваат се' повеќе диви такси-стојалишта, а самоволието на таксистите не престана.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B7EEF13D52134D469765DC587F88B1EF - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B7EEF13D52134D469765DC587F88B1EF


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Apr-2010 at 16:13

Дивите таксисти побројни од легалните

Лани биле поднесени над 1.000 прекршочни пријави, но колку од нив добиле судски епилог, не се знае

Сања Наумовска


Во Скопје има 3.000 таксисти со лиценци. Колкав е бројот на дивите превозници - не се знае, а претпоставките одат дека ги има и повеќе од легалните. Градот Скопје има вработено само тројца сообраќајни инспектори, кои мора да се справат со оваа состојба. Тие имаат надлежност да напишат прекршочна пријава, но не и да одземат возило. Минатата година биле напишани над илјада пријави, но градските власти немаат податоци колку од нив добиле судски епилог.

Новите лиценци за работа важат 4 години, а досега ги извадиле околу 1.000 таксисти. На останатите им истекуваат дозволите годинава, па бројот на дивите превозници може да биде и поголем.

„Лиценците чинат 3.000 денари, токму колку и административните трошоци за нивно издавање, но обновувањето е бесплатно“, велат во Градот.

Состојбата со такси-превозот ќе се уредува со нова одлука, најави градоначалникот Коце Трајановски, кој потенцираше дека на неа веќе работи Секторот за сообраќај. Во меѓувреме, градската администрација ќе собира искуства од тоа како соседните главни градови го решиле проблемот со бројноста и организацијата на такси-превозот. Според најавите, средувањето ќе почне од такси-стојалиштата. Постојните ќе им бидат еднакво достапни на сите лиценцирани компании, што значи дека се напушта идејата за концесионирање. До крајот на април сите општини ќе треба да предложат и нови локации за стојалишта, ако сметаат дека има потреба од нив. Во Градот велат дека ќе побараат совети и од такси-здруженијата што егзистираат во главниот град.

„Одборот за сообраќај веќе започна да разгледува можни решенија за конечно консолидирање на такси-превозот, од аспект на организација. Веќе се во тек консултации за зголемување на бројот на такси-постојките, за што се очекуваат сугестии од општините, до крајот на април. Ќе се прифаќаат и идеи од сите такси-асоцијации, како во однос на постојките, така и по сите други прашања поврзани со подобрување на превозот“, информираат од Градот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CF9C8DEAE282F94F9EE19A6AE8A95357


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 08-Apr-2010 at 23:36

Нема да има наплата за такси-стојалиштата

Градските власти информираат дека немаат намера да воведат наплата за користење на такси-стојалиштата. Оттаму објаснуваат дека на последната седница на Координативното тело на градоначалници воопшто не станало збор за воведување наплата за такси-станиците.

- На средбата со градоначалниците беше нагласена определбата на Градот Скопје и на градоначалникот Коце Трајановски да се воведе ред во такси-превозот и да се уредат стојалиштата со потребната урбана опрема. Комисијата за сообраќај во Градот Скопје долго работи на дефинирање на такси-стојалиштата, за што ќе се изјаснат и скопските општини. На седницата на Координативното тело беше нагласено дека на такси-стојалиштата ќе има место за сите заинтересирани лиценцирани таксисти и оти тие нема да функционираат по системот на ротирање - велат во Градот Скопје.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8A44DDDC7A802B4CBA7CA6D4826B7151 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8A44DDDC7A802B4CBA7CA6D4826B7151


Posted By: axel
Date Posted: 20-Apr-2010 at 11:30

Ниедна општина не доставила локации за такси-стојалишта


Во Скопје има 3.000 лиценцирани таксисти, од кои само 1.000 ја имаат обновено лиценцата за следните четири години

 
 
%20  
Дваесетина години таксито е главно јавно градско превозно средство. И за ова време, освен евтината такси-услуга, речиси ништо не е направено на овој план. Секој скопски градоначалник ветува ред во своевидниот хаос, но не и решенија. Таксистите сé уште се делат на редовни и диви, бројот на такси-стојалишта е непроменет, условите за работа никакви. Последната најава од градската управа е дека ќе се унифицираат такси-стојалиштата. Но со локациите за новите такси-станици нема да се подобрат условите за работа на такси-превозниците. На новите станици нема да има ниту монтажен тоалет, ниту, пак, чешма за вода. Од градската управа велат дека тие се задолжени само за нивно уредување со знаци, обележување на просторот на такси-станицата, како и за внатрешно обележување на точниот број на возила што може да се паркираат. Дел таксисти со кои разговаравме велат дека треба да се направи нешто повеќе на местата каде што ги чекаат патниците, а бараат и поголемо разбирање од полицијата.

- Секојдневно се соочуваме со различни проблеми. Работиме за на клиентите да им обезбедиме подобра услуга. Често се случува крајната дестинација на нашиот патник да биде на булеварот Партизански одреди и каде и да застанеме полицијата нé казнува. Исто е и кога почетната станица е на некој од булеварите, нема каде да ги пречекаме клиентите, а да не нé казнат. Потребно е и да се организираат стојалишта што ќе собираат повеќе возила. На пример, стојалиштето на улицата Никола Вапцаров, спроти „Мекдоналдс“ во строгиот центар на градот, собира само 8-10 возила. Потребно е да се подобрат и условите за работа. Никаде нема тоалет, ниту чешма за вода. Од друга страна, добивањето лиценца за работа е прескапо. Самата лиценца и условите се сосема неприфатливи. А што се однесува за дивите таксисти, знам дека ни се конкуренција, но и тие имаат семејства - велат таксистите.

Во Скопје има регистрирано 3.000 такси-превозници, од кои само 1.000 ја имаат обновено својата лиценца, а на другите дозволата им важи до крајот на годинава. Од Градската управа, пак, не ни одговорија колкав е бројот на дивите превозници, ниту на кој начин планираат да ја спречат нелојалната конкуренција.

- Се разгледуваат можните решенија за консолидирање на такси-превозот од аспект на организација и веќе се во тек консултации за зголемување на бројот на такси-станиците, за што се очекуваат сугестии од општините до крајот на месецот. Но досега нема пристигнато ниедна сугестија од општините. Такси-станиците и понатаму ќе ги одржуваме, во смисла на нивно обележување, и ќе го регулираме нивното користење од регистрираните такси-превозници - велат од градската управа.

Оттаму додаваат дека унификацијата на боите на такси-возилата не значи дека ќе се унифицира бројот на такси-здруженијата, ниту дека се за тоа сите такси-здруженија да имаат иста боја. Нивната цел е успешно да го регулираат и уредуваат такси-превозот, според потребите на корисниците и на превозниците.

Градоначалникот Коце Трајановски пред еден месец изјави дека земјиштето на кое се наоѓаат такси-стојалиштата не сакаат да го дадат под закуп на едно такси-здружение, туку сакаат тие да бидат отворени за сите да ги користат.
 
   



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=420101017226&id=14&prilog=0&setIzdanie=21963


Posted By: axel
Date Posted: 27-Apr-2010 at 11:44

Таксистите бараат стојалишта без диви превозници

Дел од општините веќе доставиле барања до Градот за обележување на нови локации

Сања Наумовска

Скопје има потреба од нови и уредени такси-стојалишта во сите општини, велат во такси-групациите, кои од Градот Скопје бараат освен обележувањето на локациите, да ги ослободи од дивите превозници.

Најголемиот број од такси-стојалиштата се полудиво направени, без соодветни сообраќајни решенија и знаци и со премалку паркинг-места за возилата. Најголемиот дел од нив се создале спонтано во текот на годините, на места каде што граѓаните имаат навика да побараат такси. Но, овие локации не се ниту прописно обележани, ниту, пак, според капацитетот одговараат да бидат стојалиште, негодуваат таксистите.

„Пред две години, градските власти почнаа да обележуваат на терен нови локации што одговараат да бидат стојалишта. Сугериравме на некои улици да се направат џебови за две-три возила, како и за автобусите, а каде што има простор, пак, да има стојалишта што ќе примаат и по дваесетина коли. Сепак, проектот не се реализираше докрај, а се обележаа едвај неколку стојалишта, претежно во центарот“, вели Марјан Спасовски, претседател на Групацијата на таксисти, и објаснува дека во секоја општина има потреба од повеќе уредени такси-стојалишта, а особено центарот на градот.

Градоначалникот Коце Трајановски на последната седница на Координативното тело побара од општините да предложат нови локации за такси-стојалишта, за кои подоцна ќе се изготват проекти за обележување. Рокот за доставување на предлозите е крајот на месецот, а дел од општините веќе го сториле тоа.

Гази Баба ќе бара уредување на пет локации, од кои дел веќе се користат како стојалишта, но не се воопшто обележани. Ѓорче Петров размислува за шест нови локации во центарот и низ населбите. Најважни се стојалиштата кај СП „Планет“, кај Геронтолошкиот завод во Дексион и градинката во Хром.

Во општината Аеродром, пак, се задоволни од бројот на такси-стојалиштата, за кои сметаат дека имаат доволен капацитет на возила со кои успешно се опслужуваат потребите на граѓаните. Во Карпош нема да се бараат нови локации за такси, додека, пак, во Центар, се' уште се разгледуваат можните опции. Во Кисела Вода општинарите ги очекуваат предлозите од месните заедници кои се најсоодветните локации каде што треба да се направат нови стојалишта. Општина Бутел, покрај веќе постојните две такси-стојалишта, од Градот бараат уредување на уште две. Предложените локации се до пазарот во Бутел 1 и во Радишани.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=674FF30E91F03647A224F22DF8F7D508


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 29-Apr-2010 at 17:01
Скопје: До јуни ќе се регулира такси превозот
 
Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/178/profile - Кристина Озимец
28 април 2010, 17:36
Извор: Макфакс
 
 
Градот Скопје до почетокот на јуни ќе ја донесе  одлуката за регулирање на такси превозот во Градот Скопје, најави денеска Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Комисијата за сообраќај и стручните служби активно работат околу една година за до јуни конечно да ставиме некој ред во такси превозот во Градот Скопје,“ рече Трајановски по одржувањето на Деветтата седница на координативното тело на градоначалниците на Градот Скопје.

„Исто така донесена е одлука оние такси стојалишта што се кај булеварите, како на пример кај Бисер и слично, да бидат тргнати, за да не ја зафаќаат десната лента на булеварите и со тоа да го оневозможуваат сообраќајот,“ додаде Градоначалникот.

Според информациите од надлежните во Градот Скопје, Општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Аеродром веќе поднеле предлози за такси стојалишта, и сега стручните служби заедно со секторот за сообраќај на Градот Скопје и соодветните сектори на Општините ќе ги разгледуваат барањата.
 
http://www.makfax.com.mk/106019 - http://www.makfax.com.mk/106019


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-May-2010 at 01:45

Јагма за такси-стојалишта

Кога може да обележуваат паркинг-места по тротоарите за зонско паркирање, зошто да не се обезбедат повеќе стојалишта, реагираат таксистите, кои бараат соодветен простор за да можат полесно и побезбедно да си ја вршат работата

До крајот на март Градот Скопје ќе донесе нова одлука за регулирање на такси-превозот во Скопје, со што градските власти очекуваат конечно да стават ред во дејноста. Со оваа одлука ќе се зголеми бројот на такси-стојалиштата, што е долгогодишно барање на самите таксисти, а тие ќе почнат да се уредуваат во втората половина од годинава.

- Комисијата за сообраќај и стручните служби активно работат речиси една година за конечно да ставиме ред во такси-превозот. Одлуката нема до крај да го реши проблемот, бидејќи се работи за чувствителна проблематиката, а со дејноста се занимаваат голем број граѓани. Сепак сметам дека со оваа одлука ќе се надминат многу проблеми во оваа област - вели градоначалникот Коце Трајановски.

Стојалиштата се битен сегмент од одлуката, а Градот се консултирал и со таксистите за начинот на нивното користење.

- Дискутиравме дали такси-станиците ќе функционираат по принципот на кружен тек, по принципот кој прв стигне или ќе бидат закупувани. Тоа треба да го дефинираме до летово и во втората половина на годината да ги уредиме сите - најави Трајановски.

Скопските таксисти повеќе години бараат да се обележат и да уредат такси-стојалиштата, но и да се зголеми нивниот капацитет и број. Тие велат дека само половината од тие што се предвидени на хартија функционираат во пракса. Другите ги нема или поради тоа што на нив е изградено нешто или се поставени заштитни столпчиња.

- Потребни се нови стојалишта на пофреквентните места. Се' повеќе се зголемува бројот на таксистите, а градот се шири. Потребно е стојалиштата да се распределат по општините, за да не се преоптоварува центарот. Исто така треба да се зголеми и капацитет на постојните стојалишта, оти не е доволно да може да се паркираат само пет возила - вели Марјан Спасовски, претседател на Групацијата на автотакси-превоз при Регионалната комора на Град Скопје.

Тој смета дека е потребен поголем простор за паркирање такси-возила под Транспортниот центар, како и кај Клиничкиот центар. Спасовски предлага да се направат џебови на секое пофреквентно автобуско стојалиште, на пример на булеварот Партизански одреди, каде што таксистите би можеле да чекаат патници.

- Кога може да обележуваат паркинг-места по тротоарите за зонско паркирање, зошто да не се обезбедат повеќе стојалишта? Нема оправдување дека не може да се најде простор. Не може таксито да кружи и да чека патник со рака да го запре, па потоа да застане на недозволено место и да се доведе во опасност и себеси и патникот. Мора да постојат места каде што таксистите ќе чекаат - реагира Стојановски.

Раководителот на Секторот за сообраќај во Градот, Јани Христовски, вели дека се преземаат активности за зголемување на бројот на станиците.

- До крајот на месецов секоја од општините треба да достави предлози на локации за такси-станици за да може Градот да ги утврди најповолните. За такси-стојалиштата за кои имаме техничка документација обележувањето ќе почне од средината на мај, кога почнува и редовното обележување на улиците. Тоа ќе го реализираат екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Ќе се започне од централното подрачје, а ќе се бележи во ноќните часови, кога нема фреквенција на возила - најави Христовски.

Досега свои предлози за стојалишта доставиле општините Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир и Кисела Вода.

- Донесена е и одлука стојалиштата што се наоѓаат на булеварите, како, на пример, пред ТЦ „Бисер“, да бидат тргнати или да бидат вгнездени, за да не ја зафаќаат крајната десна лента - вели Христовски.

Во Скопје има 104 такси-станици, од кои според Христовски, 90 проценти се во функција.

Од Одделението за односи со јавноста велат дека откако ќе бидат уредени, стојалиштата и понатаму ќе ги одржува Градот.

- На стојалиштата, во зависност од просторот, може да се постават евентуално клупи и канти за отпадоци. Иако таксистите бараа и тоалети, тоа никаде во светот не се практикува, па нема ниту во Скопје. Постојките не служат за долго задржување на таксистите, туку за брзо преземање патници - велат оттаму.

Официјално во Град Скопје се регистрирани 3.000 такси-превозници. Од нив, 1.000 имаат лиценци во согласност со новата уредба во законот, според која тие важат четири години. На другите 2.000 рокот на важноста на дозволата им истекува во текот на оваа година и ќе мора да поднесат барање за продолжување.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0D8002C4EBFA274CB20D26F2BF2E5795


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2010 at 12:54
Идната недела штрајк на таксистите



 
Идната недела таксистите ќе го блокираат градот. Од групацијата за автотакси-превоз објаснуваат дека планираат да штрајкуваат затоа што од Министерството за финансии им бараат наеднаш да ги платат сите давачки за пензиско и за здравствено и инвалидско осигурување стари 10 години, а згора на сето тоа треба да платат и камата  

 
%20  
Таксистите бараат долгот да го намират на 36 рати, но иако уште минатата недела побарале средба со министерот за финансии Зоран Ставрески, одговор сé уште немаат. Тие додаваат дека повторно ќе испратат писмо до Ставрески и дека ако не им одговори до крајот на неделата, ќе излезат на протести и ќе го блокираат целиот град.

Скопските таксисти штрајкуваат неколку години по ред. Прво протестираа против воведувањето лиценци и унифицирани такси-возила. Минатата година, пак, не се согласуваа со законските измени со кои се предвидува важноста на лиценцата за такси-возачите наместо четири да трае две години, секое такси-возило да има вградено клима-уред, воздушни перничиња, АБС-сопирачки, а беа и против посебниот технички преглед за возилата постари од 12 години.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=512101033202&id=14&prilog=0&setIzdanie=21981


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-May-2010 at 14:01
Јас ги поддржувам во сите нивни протести, ама не затоа што мислам дека не треба да се воведат сите овие стандарди, туку како смее некој да им налага да вадат лиценца на секои две години, да ги префарбаат сите возила, да отворат фирма и милијарда други работи, кога државата подеднакво ги третира и оние кои криминално ја работат истата работа!? Не може на исто стојалиште див таксист кој освен горивото и амортизација на возилото нема никаков друг трошок да му го зема прометот на некого кој си платил најуредно секакви трошоци!

Додека не се искоренат од корен дивите, ни унификација, ни систематизација. Таксито не е социјална служба да, ама во професионалните фирми нема социјалци, дивите таксисти се социјалци. Што се виновни бизнисмените што вложиле? Ако нема волја од властите да се борат против криминалците (дивите таксисти), тогаш зошто и легалните да не постанат диви. Така барем нема никој да ги гони ако не платат, за разлика од сега. Кој парадокс!


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 19-Jul-2010 at 05:50


Проект за 40 нови такси-стојалишта

Градот Скопје подготвува проект за 40 нови такси-стојалишта кои како предлози пристигнаа од осум општини. Со тоа во иднина бројот на стојалишта ќе се зголеми на 700. Проектот треба да биде готов следниот месец, по што ќе следува нивното средување. На секое стојалиште поединечно ќе се обележи бројот на такси-места, а ќе се постават и информативни табли.

Според одлуката на градската власт, стојалиштата ќе бидат на слободно располагање на сите компании. Од нив, практично, ќе зависи како ќе го уредат користењето, или како ќе може да застане кое било такси-возило во кое било време. Единствено, велат во Градот, санкции може да има доколку дивите таксисти се обидуваат да ги узурпираат местата наменети за лиценцираните колеги.

„По предвидениот рок за доставување предлози за нови такси-стојалишта, бројот од 668 ќе се зголеми до 700 стојалишта. Моментно се работи на проектот, а во текот на август точно ќе се дефинира бројот на такси-локации“, велат во Градот Скопје.

Наесен, на седница на Советот на Скопје ќе се најде и одлуката за такси-превоз, која сега е во нацрт-верзија. Градоначалникот Коце Трајановски, информираат од Градот, веќе одржал средби со сите такси-асоцијации, на кои ги запознал со измените што ги предвидува новата одлука. Здруженијата на таксисти имаат рок од 20 дена да ги соопштат своите предлози. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C24B7BBD38D6D48B6A67DEBEE055462


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2010 at 18:58

Ќе поскапува такси-превозот

Лиценцираните возила ќе имаат унифицирани табли
и бело-жолта боја

Сања Наумовска



Поскапува такси-превозот. Според најновата одлука, која пред Советот на Скопје ќе се најде идната недела, одделно ќе се наплатува стартот и секој нареден изминат километар од возењето. Само за седнување во такси, во иднина граѓаните ќе плаќаат 40 денари, а за секој километар по 25 денари. Досега стартот заедно со 2 изминати километра чинеше 50 денари, а секој нареден километар се плаќаше 20 денари. Така, за дестинација од 5 километри, ако досега се плаќаше 110 денари, во иднина цената ќе биде 165 денари, или приближно 10 денари повеќе за секој километар.

Поскапувањето, образложуваат во градската администрација, се должи на долгогодишните барања на такси-превозниците за зголемување на цената на превозот која тие ја сметаат за прениска. Сепак, дел од превозниците се на став дека на поскапувањето мора да му претходи обезбедување услови за одржување на цената. Од синдикалната организација „Плава лагуна“ велат дека дел од такси-компаниите за да привлечат повеќе патници нудат различни попусти и не ја почитуваат ниту сегашната цена.

„Не смееме да дозволиме да ги избркаме патниците, особено од компаниите кои ги почитуваат сите одлуки на Советот на Скопје и да ги препуштиме на несериозни превозници кои ќаруваат на нелегален начин. Сметаме дека иако е неопходно поскапување, за него сега нема услови“, вели Марјан Спасовски од синдикалната организација.

Новата одлука за такси-превоз предвидува и унифицирање на таблите на сите лиценцирани превозници. Идната година ќе ги набавува Градот, за што во буџетот за 2011 година ќе се предвидат 4 милиони денари. Секој таксист ќе има налепници со грбот на Градот и бројот на такси-возилото. Ќе се унифицира и бојата на возилата, која треба да биде бела „талк“, освен багажникот и хаубата, кои треба да се жолти. На овој начин, велат во Секторот за сообраќај, и визуелно ќе се одвојат лиценцираните од дивите таксисти.

По собирањето на предлозите од сите општини, со одлуката се утврдува и новата бројка од 152 такси-стојалишта. Обврска на Градот ќе биде да ги обележи такси-местата и да ги уреди со информативни табли и друга урбана опрема.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=36F31E0A6DE6084A8C0FD155212CC8C4



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2010 at 17:07

Унифициран изглед и поскап такси превоз

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија
  • Повисоки цени и унифициран изглед на такси возилата предвидува новиот Правилник кој денеска се најде пред советниците на градската управа.

    Сител пресмета дека ако една просечна такси релација од 4 километри, досега чинеше 95 денари, според новите услови за истата патниците ќе треба да платат 120 денари.

    Повисоката цена беше причина за реакција на советниците од опозицијата.

    Освен новата цена, се менува и изгледот на возилата. Сите ќе мора да бидат во бело жолта боја, со унифицирана табла на која освен такси ознаката ќе стои грбот на Градот и единствениот број на секој од такси превозниците.

    Правилникот предвидува и таксистот да не му дозволи на патникот да влезе во возилото доколку е во алкохолизирана состојба или пак со нечиста облека.

    http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/unificiran-izgled-i-poskap-taksi-prevoz




    Print Page | Close Window