Print Page | Close Window

Паркирање и паркинзи (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=208
Printed Date: 27-Jan-2022 at 09:58


Topic: Паркирање и паркинзи (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Паркирање и паркинзи (општо)
Date Posted: 01-Dec-2007 at 08:00


Посебна нишка за зонско паркирање во Скопје на линкот:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=715 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=715








Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2007 at 18:29
Денеска баш приметив 4 нови пајаци во заедничка акција близу ГТЦ. Првично имаа набавено 3. Тоа значи дека за сега имаме засилување од барем еден дополнителен пајак. Да се надеваме дека ќе добиеме добро димензионирана ефикасна флота Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2008 at 00:48

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=198A81E55948D743879C21866653A6AC



Свештениците од „Свети Димитрија“ против рампата на паркингот

Свештенството од црквата „Свети Димитрија“ во вторник ќе излезе на мирен протест пред рампата што ја постави ЈП „Градски паркинг“ на улицата пред Меморијалниот центар на холокаустот. Свештениците, поддржани од верници, ќе ја блокираат улицата од 8 до 10 часот во знак на протест поради затворањето на пристапот до црквата. Тие сметаат дека затворањето на улицата и наплатата на паркингот на оваа локација ги крши човековите права на верниците кои сакаат да ги извршат своите верски обреди во една од најстарите цркви во градот. (С.Н.)


Абе нормални ли се овие? Све ли отишло у пизду матер? Ако не можеш бесплатно да се паркираш у близина на црква, ти ги кршеле човековите права Nuts


А каде у библијата пишува дека у црква се иде со кола? Или па ако си со кола дека не е дозволено да се паркираш малку подалеку и да попешачиш малце... Брееееј колку народ има за у Бардовци... А ова свештенициве се приказна за себе!



Posted By: mitatos
Date Posted: 08-Feb-2008 at 00:53
looooooool )))))) haughuauhauhahuaha me nasmea hahahaah Cloverstack hahahaahahaha



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Apr-2008 at 06:49
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2B1B2E6A1E214A46B0739B18444CB319 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2B1B2E6A1E214A46B0739B18444CB319

Ќе се намалат цените на месечните билети за паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ размислува да ги намали цените на месечните и на годишните билети за паркирање пред да се донесе одлуката за зголемување на цената за еден час паркирање. Одлуката, откако ќе се изврши детална финансиска анализа, ќе биде одново поднесена до Советот на Скопје на одобрување, откако на вчерашната седница директорот на претпријатието Љупчо Јованов ја повлече од дневниот ред.

„Идејата е со поскапувањето да не се избркаат граѓаните од паркинзите, кои и онака малку се искористени, туку да се стимулираат да користат месечни билети, кои економски многу повеќе ќе им се исплатуваат. Поради тоа, се размислува на некои паркиралишта цената на месечните карти да се намали и до 30 проценти“, вели Јованов. Сепак, потврди тој, „Градски паркинг“ останува на ставот дека наплатата на еден час паркирање ќе поскапи двојно. (С.Н.)




Posted By: ProMKD
Date Posted: 25-Apr-2008 at 17:26
па и така треба, подобро е за нивниот бизнис. Кај мене на факултет е 30 долари месец паркирање (значи долар на ден) а да се паркираш еден час кошта 2 долари!! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2008 at 02:10
Еве подетално за промените не цените

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3690775027053E43B1713D5653772D3D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3690775027053E43B1713D5653772D3D


Намалени месечните билети за градските паркинзи

За 100 проценти се зголемени цените за паркирање од еден час

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги поевтини месечните и годишните билети за паркирање на четири паркинзи во градот. Одлуката беше поддржана и од членовите на Советот на Скопје на вчерашната седница. Од друга страна, со истата одлука, за 100 проценти се зголемува цената на паркирањето за еден час. Така, на паркингот „Македонија 1 и 2“, зад старата железничка станица, еден час паркирање наместо 10 денари, сега чини 20 денари. Месечниот билет, пак, од 1.000 е намален на 800 денари, а годишниот од 10.000 на 8.000 денари. На паркингот „Треска“, во Капиштец и на „Макпетрол“, кај Цветниот пазар, цената на месечниот билет од 2.000 е намалена на 1.000 денари, а годишниот од 20.000 на 10.000 денари. Поевтини цени за паркирање има и на паркингот „Камен мост“, каде што вработените во Министерството за транспорт и врски, Факултетот за музички уметности, Средното музичко училиште, банката и други фирми ќе може да паркираат за 400 денари месечно.

Единственото поскапување на месечниот и на годишниот билет, одобрено на вчерашната седница се однесува на паркингот спроти зградата на „Нова Македонија“, каде што наместо 500 денари за еден месец и 5.000 денари за една година, во иднина ќе се плаќа 1.000, односно 10.000 денари. Досега влезот на овој паркинг чинеше 30 денари, а во иднина нема да се плаќа влез, туку по 20 денари од час.

Идејата за промени во цените на паркирањето, според раководството на претпријатието, е да се стимулираат граѓаните да користат месечни и годишни билети. Од друга страна, пак, поскапувањето на билетот за еден час беше оправдано со комуналната такса што „Градски паркинг“ во иднина ќе ја плаќа поради комуналната дејност што ја врши.

Покрај намалувањето на цените на билетите, дел од градските советници побараа и поголема ажурност на Пајак-службата, особено онаму каде што има градски паркиралишта, а граѓаните масовно паркираат на тротоари или на улица. (С.Н.)



Posted By: La Linea
Date Posted: 10-May-2008 at 13:02
  • Листа на сите паркинг простори во Скопје: http://www.gradskiparking.com.mk/parkiralista.html# - Gradski parking
  • http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/plostad.JPG - Плоштад Македонија , лоцирано на Плоштад Македонија, ул. Орце Николов бб, тел. контакт: 071/ 230 651; 02/ 31 12 040     работно време: 24 час
  • Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    30 ден/час
    3.000,оо ден
    30.000,оо ден
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/maksim_gorki.JPG - Максим Горки, лоцирано по цела должина на ул. Максим Горки,  тел.контакт: 071/ 230 607    работно време: 24 часа
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    50 ден/час
    5.000,00 ден.
    50.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/bolnica.JPG - Градска Болница , ул. Моша Пијаде бб вкупно паркинг места: 111  тел.контакт: 071/ 230 653   работно време: 24 часа
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    20 ден/час
    2.000,00 ден.
    20.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/kocoracin%202.JPG - Булевар Кочо Рацин : лоциран долж булеварите Кочо Рацин и 11 Октомври вкупно паркинг места: 177   тел.контакт: 071/ 230 654  работно време: 24 часа
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    20 ден/час
    2.000,00 ден.
    20.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/muzej.JPG - Музеј на град Скопје , голем и мал паркинг простор, лоцирани од двете страни на Музеј на град Скопје, ул. Мито ХаџиВасилев Јасмин           тел.контакт: 071/ 230 656     работно време: 24 часа
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    20 ден/час
    2.000,00 ден.
    20.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/bul%20makedonija2.JPG - булевар Македонија , долж постоечкиот булевар Македонија, тел.контакт: 071/ 230 657    работно време: 24 часа
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    10 ден/час
    1.000,00 ден.
    10.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/bul%20makedonija.JPG - булевар Македонија 3 http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/bul%20makedonija.JPG - , долж постоечкиот булевар Македонија, од северната страна. вкупно паркинг места: 148,   тел.контакт: 071/ 230 657                работно време: 07.00- 22.00
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    30 ден/влез
    500,00 ден.
    5.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/treska.JPG - фабрика Треска , ул. Народен Фронт бб  тел.контакт: 071/ 230 608
    работно време: 24 часа
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    20 ден/час
    2.000,00 ден.
    20.000,00 ден.

    Категорија на возило

    Износ на претплата за користење

    Товарно возило до   7,5 тони

     50,оо денари/дневно

    Товарно возило над 7,5 тони

    100,оо денари/дневно

    Автобуси

    100,оо денари/дневно

  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/amsm.JPG - Дом на печат, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бб   вкупно паркинг места: 98
    работно време: 07.00- 15.00
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    30 ден/влез
    500,00 ден.
    5.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/kapistec.JPG - АМСМ , ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бб    работно време: 07.00-15.00
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    30 ден/влез
    500,00 ден.
    5.000,00 ден.
  1. Ѓорче Петров, спроти пазарот Ѓорче Петров,   тел.контакт: 071/ 230 658
    работно време: 07.00- 22.00
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    30 ден/час
    1.000,00 ден.
    10.000,00 ден.
  1. http://www.gradskiparking.com.mk/parking%20skici/zoil.JPG - ЗОИЛ , ограничено со сообраќајници: 11 Октомври и Ленинградска; влезно- излезна партија од страна на Ленинградска  работно време: 07.00-15.00
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    30 ден/влез
    500,00 ден.
    5.000,00 ден.
  1. Саем Крњево ,ул. Беласица бб
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    50 ден/влез
    /
    /
  1. Илинден, бул Гоце Делчев    работно време: 06.00-21.00
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    40 ден/влез
    600,00 ден.
    6.000,00 ден.
  2. Камен Мост, Црвена Скопска Општина
    работно време: 07.00-15.00
    Патнички возила
    Месечна претплата
    Годишна претплата
    50 ден/влез
    700,00 ден.
    7.000,00 ден.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jul-2008 at 10:10
ПАРКИНГОТ СПРОТИ „ХОЛИДЕЈ ИН“ СО ГОДИНИ НЕОСВЕТЛЕН
Проектот за просторот предвидува црна темница Црна темница владее во вечерните часови на паркинг-просторот спроти хотелот „Холидеј ин“, кој со години работи неосветлен и поради тоа претставува небезбедно место и за граѓаните и за нивните возила. Иако се наоѓа во строгиот центар на градот и во негова близина се хотелот и Градскиот трговски центар, никој од надлежните не се сетил досега да го реши овој проблем. Единствената бледа светлина на просторот е онаа што доаѓа од билетарницата, каде што доколку реагирате на условите на паркингот, не знаејќи што да одговорат, само креваат раменици. Мрачниот амбиент го дополнуваат неосветлениот кеј на Вардар, дрвјата покрај оградата и темните улички со околните куќи зад паркингот. Скопјани велат дека избегнуваат оттука да поминат, а проблем им претставува и паркирањето на возилата, бидејќи не се чувствуваат безбедни во доцните часови. - Ништо не можев да видам, а во темница требаше да си ја барам колата која ја паркирав овде. Згора на тоа, металните кругови со кои се оградени дрвјата, наместо со стебла се полни со вода од последните дождови. Во мракот среќа што не се сопнав во една од нив, а можев и колата да си ја искршам - вели една револтирана скопјанка. Реакциите на граѓаните особено следат во летните месеци кога Скопје е пусто, па и испразнетиот паркинг-простор изгледа застрашувачки. Покрај тоа, скопјани се жалат дека не ги добиваат услугите за цената која ја платиле за да го паркираат своето возило. - Оној што ми ја наплаќа картата за паркирање е должен да ми обезбеди и соодветни услови, кои секако ќе ја гарантираат безбедноста на моето возило. А за каква безбедност може да стане збор кога човек возилото не може да си го пронајде во мракот. Кога другите паркинзи може да бидат нормално осветлени, зошто тоа да не е случај и со овој? - прашуваат граѓаните. Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека досега не добиле поплаки за паркинг-просторот спроти „Холидеј ин“, кој е во нивна надлежност. Според нив, проектот за овој простор не предвидувал осветлување, а одговорноста за тоа треба да се бара во претходните управувачи. - Осветлувањето на паркингот ќе се реши со тендерот за негово тековно одржување, кој го распишавме и очекуваме активностите да се реализираат до крајот на годината. Досега немаше осветлување затоа што тоа не е предвидено со постојниот проект за паркиралиштето. Светилките ќе ги поставиме самоиницијативно - вели директорот Ивица Коневски.

http://%20www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1463&ArticleID=95423 -
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1463&ArticleID=95423


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:49
Се реновира паркингот помеѓу собрание и домот на АРМ




Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:56
Абе ова добро што се реновира, него мене ме чуди зашто толку години се чува коцката пред собрание. Еве сега ја видов па ми текна инаку не е коментаров за оваа тема.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 16:02
Па добро де, коцката повеќе прилега за тие пречеци и церемонијални глупости пред собрание...


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Aug-2008 at 11:28
Еве и официјално

Нов асфалт за паркингот на Собрание

Општина Центар неделава почна со обнова на паркингот на Собранието, бидејќи асфалтот беше пропаднат и полн со дупки. Надлежните од Општина Центар велат дека паркингот, со површина од 600 квадратни метри, го поправаат на барање на Парламентот, и дека со реконструкцијата е предвидено да се извади стариот асфалт, да се пополнат дупките, да се изврши тампонирање и да се стави нов слој асфалт. Градежните работи, според Општина Центар, треба да завршат до следната недела. Од Собранието велат дека побарале од Центар да го поправи паркингот, бидејќи бил многу оштетен, и при дождови редовно се правеле бари и езера околу влезот на Парламентот.
(Е.А.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155589&idg=8&idb=2449&rubrika=Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 00:23
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1D0269F74DAC4F428B63F3EC7EB67162 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1D0269F74DAC4F428B63F3EC7EB67162

Скопје нема во скоро време да добие ВИП-паркинг

Засега на паркиралиштата на „Градски паркинг“ само се остава возило, без заштита од кражба

„Градски паркинг“ не размислува наскоро да опреми ВИП-паркиралиште во центарот на градот, во кое ќе има повисоко ниво на услуги за граѓаните. Засега на сите паркинзи на јавното претпријатие се нуди само услугата место за паркирање, која се добива за цена од 10 до 20 денари за еден час, во зависност од паркингот на кој се остава возилото. Во услугите што ги нуди „Градски паркинг“ се' уште нема обезбедување и заштита од оштетување, од кражба или слични незгоди. Паркиралиштата не се ни под видеонадзор, ниту, пак, имаат 24-часовна чуварска служба која би се грижела за безбедноста на паркираните автомобили. Нема вработени кои би ги преземале и паркирале возилата наместо сопствениците, ниту пак можност за миење на возилото додека е на паркингот.

Во јавното претпријатие велат оти се свесни дека во секој поголем град се нудат и ваков вид услуги, а кои се наплатуваат поскапо. Сепак, велат дека засега ниеден од паркинзите со кои стопанисуваат технички не одговара на барањата за ваков вид паркиралиште.

Првенствено, објаснуваат во претпријатието, паркингот мора да биде лоциран во централното подрачје и да има услови за негово оградување, со што би се зголемила безбедноста. Досега, најблиску до исполнување на овие услови беше паркингот „Македонија“ на Јужниот булевар, но тој од неодамна е затворен и претворен во градилиште.

„Овој вид паркиралишта се наменети првенствено за сопствениците на полуксузни автомобили, кои се подготвени да платат поскапо за да им биде возилото безбедно. Има интересирање и од странски државјани кои се плашат во непознат град да го остават возилото каде било, па бараат обезбеден паркинг. Сепак, засега не размислуваме за ваква услуга, бидејќи немаме услови за такво нешто“, вели Љупчо Јованов, директор на „Градски паркинг“. (С.Н.)




Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2008 at 00:20

Три локации за паркинг за камиони чекаат сопственик

Само една од четирите локации предвидени со ГУП е организирана како паркинг

Сања Наумовска

Генералниот урбанистички план на Скопје утврдува четири локации на кои може да се изградат паркиралишта за тешки товарни возила и за автобуси. Тие се лоцирани најчесто во периферните делови на градот, со оглед на забраната за движење на камиони на градските улици од мостот на Вардар во Влае до булеварот „Србија“. Засега, само една од четирите локации е организирана и се користи како паркиралиште. Тоа е паркингот со кој стопанисува приватната фирма „Мактранс“, на булеварот „Војводина“, спроти универзитетот ФОН. Другите три локации, кај Момин Поток, во населбата Железарница и на Качанички пат на излезот кон Косово, засега немаат сопственик, ниту пак некој доставил проект до градската администрација за организирање паркиралиште за тешки возила.

Во Градот Скопје велат дека јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое стопанисува со паркиралишта, е заинтересирано да изгради и паркинг за тешки возила, но засега нема доволно финансиски средства. Поради тоа, се очекува поголема заинтересираност на приватни транспортни фирми кои имаат свои возила што би ги паркирале таму, а истовремено би овозможувале и други тешки возила, на домашни фирми или кои транзитираат, исто така да паркираат на нивните паркиралишта. Во Градот велат дека не е исклучено и заедничко стопанисување на „Градски паркинг“ и некоја приватна фирма.

Вакви паркиралишта, велат во Градот, има насекаде во светот, особено во околината на големите градови, каде што е забрането влегување со товарно возило на градски сообраќајници. Градските власти сметаат дека заинтересираноста на транспортерите би била поголема ако оваа забрана кај нас се почитува докрај. Во меѓувреме, на скопските улици, во приватни дворови, но и на јавни површини и паркинзи и понатаму ќе може да гледаме паркирани огромни тешки камиони.

„Проблемот е во тоа што досега никој не бил санкциониран ако камионот го паркира во нива, на приватна земја, или пак некаде на тротоар или на паркинг, како што може да се види низ населбите. Ако се почитува забраната за влегување во град со вакви возила, тогаш секој превозник ќе биде заинтересиран да има простор каде што ќе ги паркира своите возила“, вели Трајко Базерко од Секторот за сообраќај во Град Скопје.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=5A997C3E0472534BB79A2DA4321E0CE5


Се мислев меѓу урбанистички планови и паркирање, па овде го постирав. Може повеќе одговара кај паркирање......ако треба пребацете го!


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Sep-2008 at 07:30

Асфалтиран паркинг во Автокоманда

ОпштинаГази Баба заврши со изведбата на вториот од предвидените четири паркинзи во населбата Автокоманда. Паркингот се наоѓа зад полициската станица, со излез и влез на улицата Лазар Поп Трајков. Паркингот е со површина од 1.300 квадратни метри, за 33 паркинг-места за станарите од три околни згради. Изведувачи на работите се фирмите „Техноградба инжинеринг“ и јавното претпријатие „Улици и патишта“. Инвеститор е Општина Гази Баба.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=758A7BF0DC41774D8FFABBD91DA18CCB - Dnevnik
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Sep-2008 at 09:04
Само две приватни рампи се легални



Автор:  Радмила Заревска

Рампите на улицата Тетовска кај Центарот за социјални грижи и на Осма ударна бригада пред шведската амбасада се единствените во градот за кои е издадено одобрение од градските власти. Сите други рампи што граѓаните си ги поставиле самоиницијативно, а со кои заградиле делови од улици или јавни паркиралишта се нелегални.

Жителите на овие две улици, како и вработените во околните фирми, велат дека пред да се постават рампите пристапот до нивните домови или работни места им бил целосно блокиран, а постојано се доведувале и во конфликтни ситуации со возачите што ги паркирале автомобилите таму. Од градот објаснуваат дека двете сообраќајници се специфични случаи, а нови дозволи нема да се издаваат, особено за споредните улици, кои се значајни за непречено одвивање на сообраќајот и кои треба да бидат проточни.

ЗАКАНИ ЗА ПАРКИНГ

Жителите на Тетовска и вработените во шведската амбасада имале долгогодишен проблем, немале слободен пристап до своите домови и работни места, а не можеле ниту да ги паркираат возилата. Во околината на овие улици се наоѓаат институции што ги посетуваат голем број луѓе, па се создава метеж во сообраќајот и се блокираат зградите и куќите.

- Со години се расправавме со луѓето што ги паркираа своите автомобили пред влезот на нашата куќа. Некои од нив дури ни се закануваа кога ќе ги предупредевме дека ни пречат и дека ни го блокираат домот. Тие доаѓаа да завршат некоја работа во социјалното или во Црвениот крст, но ги оставаа автомобилите со часови, само за да не платат за паркинг. Тогаш бевме принудени нашите автомобили да ги паркираме на околните улици. Затоа колективно поднесовме барање до градот за да поставиме рампа што ќе ни помогне во регулирањето на сообраќајот - вели жител на улицата Тетовска.

Од шведската амбасада објаснуваат дека со поставувањето на рампата му се олеснила работата на обезбедувањето, кое постојано морало да ги брка оние што сакале да се паркираат во близината на нивниот влез, а сега пристапот им бил слободен.

ОТСТРАНЕТИ БИЛЕ 27 РАМПИ

Од градот изјавуваат дека освен на улицата Тетовска, која е долга околу 30 метри и завршува слепо, и на Осма ударна бригада долга 15 метри, која минува пред шведската амбасада и ја користат само нејзините служби, на друго место во градот не се поставени рампи. Градската управа нема да издава дозволи за поставување рампи на јавни површини или на споредни улици што се значајни за одвивање на сообраќајот и кои мора да останат проодни.

- Овие случаи се специфични и затоа одлучивме да го одобриме поставувањето на рампите, но сепак тоа е поткрепено со барање и со писмена согласност од жителите. На приватните имоти сопствениците можат да си постават рампа, но не смеат да наплаќаат за паркирање. Градската инспекција спроведува редовни акции за отстранување на дивопоставените рампи и блокатори со кои граѓаните без дозвола оградиле јавни површини за да си обезбедат слободен паркинг-простор. Досега се отстранети 27 дивопоставени рампи во градот - додаваат од градската управа.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=195&top=1&ArticleID=8103


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2008 at 17:11

ГРАДОТ ИМ НУДИ РЕШЕНИЕ НА ЖИТЕЛИТЕ КАЈ „ПЈАЦА ЛИБЕРТА“

Паркоматите спас за метежот кај Градски ѕид

Досегашните обиди на граѓаните да го решат сообраќајниот хаос биле неуспешни

Неподносливиот метеж од возила, трубењето со сирени и расправиите за паркирање кај „Пјаца либерта“ и кај кулите и зградите на Градски ѕид ќе станат минато само доколку во овој реон се воведе зонско паркирање, информираат од Градот. Овој предлог пристигнува по реакцијата на група станари од Градски ѕид за воведување ред во хаосот во овој реон. Зонското паркирање подразбира поставување паркомати на дел од улицата. Плаќањето за вакво паркирање би се вршело со талони, преку мобилен телефон или пак со СМС-порака.

Овие граѓани се жалат дека не можат да ја издржат тортурата од несовесните возачи што се паркираат насекаде, не водејќи сметка за своите сограѓани. Куќните совети уште пред една година упатиле писмена иницијатива до Општината Центар, но не добиле никаков одговор оттаму. Од Градот велат дека проблемот не е во надлежност на Центар.

- Единствената можност за уредување на паркирањето е оваа улица да влезе во системот на зонско паркирање и со проект да се уреди паркирањето и во оваа централна зона. Јавното претпријатие „Градски паркинг“ е подготвено, доколку граѓаните од Градски ѕид иницираат и оваа улица да влезе во зонското паркирање, веднаш да изработи решенија за зонски паркинг. Со тоа значително ќе се намали хаосот што го предизвикуваат навистина преголемиот број возила паркирани на оваа улица - изјавија од Одделението за односи со јавноста на Град Скопје.

Улицата е еднонасочна, но велат дека никој не го почитува режимот. Возилата се паркирани буквално насекаде, па станарите не може ни да влезат ни да излезат со своите автомобили. Чести се жестоките расправии меѓу жителите и граѓаните што се забавуваат во близина, во кафулињата, а се паркирале зад нив и ги нема со часови.

- Тука има неколку канцеларии и на странски претставништва, што го прави хаосот уште поголем. Не' блокираат со часови, а расправиите некогаш може да доведат и до физичка пресметка - вели станар од кулата на Градски ѕид.

Жителите на овој дел од градот велат дека лани биле поставени рампи на двете страни од улицата, на влезот и на излезот, но Градот ги отстранил. Од Градот објаснија дека рампите биле незаконски поставени.

- Рампа кај „Пјаца либерта“ никогаш не била поставена. Имаше еден обид, надвор од сите урбанистички и сообраќајни правила, но бидејќи обидот беше незаконски и ќе направеше уште поголем хаос, беше спречено поставувањето наплатни рампи - изјавија градските власти. Од Град Скопје потенцираа дека на овој простор не може да се постави наплатна рампа бидејќи станува збор за сервисна улица која поврзува два булевара.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6C274318C4F0FF449A0E206C93C4848D


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Oct-2008 at 22:07
Стартува бележење за зонско паркирање


Јавното претпријатие "Градски паркинг" од понеделник ќе стартува со бележење на еднонасочните улици Мито Хаџивасилев Јасмин и Даме Груев каде ќе се имплементира проектот за зонско паркирање, односно паркирање на една сообраќајна лента. Бележењето ќе трае до 26 октомври, а на овие сообраќајници ќе се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација.
-Се додека трае бележење на улиците и паркиралиштата на овие сообраќајници, бараме од граѓаните на делови од површините на кои ќе се врши бележење, да не ги паркираат своите возила, за да не ја попречуваат работата, велат во Градски паркинг. Оттаму потенцираат дека возилата кои нема да бидат дислоцирани од овие улици, ќе бидат преместени со специјално возило на пајак службата во непосредна близина каде што нема да пречат.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E9EA6F29A55AE34BAC826556FC4672E2




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Oct-2008 at 23:01
На прв поглед, прекрасно обележено паркирлиште пред кафаните прекопат фк. Треска



Но кога ќе се повлечете ќе видите дека пешачката патека удира во коли



Некој и од вашиот двор еден ден ќе си направи паркиралиште  Ohno


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Oct-2008 at 02:24

Се враќа рампата на паркингот кај „Свети Димитрија“

„Градски паркинг“ од понеделник ќе ја врати рампата на паркингот „Камени мост“, којашто беше тргната по барање на свештениците од црквата „Свети Димитрија“. Деновиве, информираат од јавното претпријатие, Апелациониот суд донел решение за укинување на привремената мерка за забрана на користење на паркингот, со што на „Градски паркинг“ му се враќа правото на стопанисување.

На сите корисници кои имаа платено годишни и месечни билети ќе им бидат продолжени картичките за оној период за кој што паркиралиштето не работеше. Наскоро, овој паркинг ќе биде обележан и ќе влезе во проектот за зонско паркирање.

Засега, паркирањето ќе чини 20 денари за еден час, а првите 15 минути се бесплатни. За свештениците кои ќе паркираат во дворот на црквата, влезот ќе биде бесплатен. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3308873074A3E34B8564201D85E1420E




Posted By: beTon
Date Posted: 19-Oct-2008 at 06:43

градски паркинг мислам дека по проектите треба да направат некоја јавна виртуелна мапа  како јавно претпријатие, како би го олесниле букирањето и лоцирањето на паркиралиштата со кои стопанисуваат а и оние што постојат и допрва ќе се изградат , инфо кое ќе биде добредојдено и за скопјани а и за сите кои доаѓаат или поминуваат во и низ градот...

останува само спорно дали такво нешто треба секој на смс да добие кога влегува во СК на база на 3г или пак таа да е качена на вебстраната и секој да може да си ја симне, ова второто е добредојдено само за скопјани додека првата варијанта е дефинитивно и со интерактивен пристап и за сите е добредојдена.  инаку како  се намерачила полицијата(читај владата) без вакво или некое слично решение паркирањето во СК ќе биде трауматично искуство за скопјани, но и  негативен впечаток за секој намерен или ненамерен патник.     



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 22:21
Ја сабајле се паркирав гага! Кој ви е крив што не сте искористиле!
Отворен паркингот кај Камениот мост


Паркиралиштето кај Камениот Мост од денеска повторно ќе продолжи со работа. Од Јавното градско претпријатие велат дека сите корисници кои имаат уплатено годишни и месечни претплатни билети, рокот за користење на овие картички ќе им биде продолжен за оној период за кој што паркиралиштето не работеше.
- Во врска со судскиот спор кој што го водеше Македонската православна црква против Град Скопје и ЈП Градски паркинг - Скопје заради воспоставениот режим на сообраќај на паркиралиштето Камен мост, Апелациониот суд Скопје донесе Решение за укинување на привремената мерка. Со ова на ЈП Градски Паркинг му се враќа правото на стопанисување со паркиралиштето, велат во ЈП "Градски паркинг".

http://vecer.com.mk/?ItemID=D6B26F166766AC44AF8665B81090F98A


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 20-Oct-2008 at 20:31
Тоа што весниците наши ги интригира тема како "ПОВТОРНО ГРАДОТ ПОСТАВУВА РАМПА" доволно покажува колку е очајна ситуацијата по ова прашање.
Градот со овој проект (ми се чини дека е нешто како копија на Загребскиот) нема воопшто да го реши овој проблем. Со такво ефтино и неункционално решение како цртање на улици се решава проблемот во мали градчиња како Штип. Загреб од  друга страна е комплетно различно организиран од Скопје. Низ центарот возат трамваите и немаш никаква потреба да возиш кола.
Во Скопје со децении не е вложувано во градските паркиралишта. Парциални проекти како овој нема да го решат проблемов. Само градба на јавни катни гаражи може реално да го подобри прашањето со паркинг.

Неколку локации за катни гаражи веднаш ми доаѓаат на ум:

1) На ул. Даме Груев карши Лотарија. Со тоа ке добиеме проодна едносмерна 2-лентова улица што ке го растовари строгиот центар и ке овозможи непречено користење на жолтата линија на Рекорд од  страна на автобусите. Да им се дадат на станарите 2 спрата од гаражата (се разбира, ефтина претплата е клучна) и скроз да ги снема колите од тревници и тротоари.

2) Под Пл. Македонија (ако смета тоа на планираниот тунел нека биде под паркот Жена Борец сеедно). Сите тие институции како Градска б-ца, Собрание, ЕСМ, Сити Галери итн треба да имаат каде да паркираат.

3) Под пазарите Зелен и Буњаковец. Особено ми се гледа важен тој под пазарот Буњаковец при што би добиле широка и проодна Партизанска во нејзиното најтесно грло а не како сега ругло, море од коли и ништо друго и сеопшт хаос. Плус може заедно со тоа да се направат неколку подземни пешачки премини и Партизанска ке биде бебедна и брза.

4) Под пазарот Бит Пазар. Исти случај како кај Буњаковец, ако не и уште поургентен.

5) Лептокарија се повеке се развива и концентрира па веке и таму е целосно зафатена третата лента на Партизанска. Може да дојде во обзир под целиот булевар плус сегашниот паркинг да се направи голем јавен паркинг.

6) НАЈВАЖНО од се е паркиралиштата да бидат единствена опција за граѓаните а не нивен избор (дали на тротоар или да дадам 20ден за паркинг). Тоа може да се осигури преку ефективна служба за казнување, видео-набљудување и ефтини цени за час паркирање. Затоа што се работи за масивен проект грдот треба ова да го даде под концесија на една сериозна фирма која верувам одлично ќе заработува од ова.

ПРОБЛЕМ: Не сум запознаен со ГУП и ДУП па може би плескам глупости и ова е неможно, НО мислам и дека Тифани и идиотскиот тунел кој што ќе се градел под Кеј 13ти Ноември исто така не беше па ќе го внесат заради една зграда и нечиј интерес.
Дајте кажете вие како би го решиле овој огромен проблем -Скопје е одвратно пошто гледаш насекаде хаотично море од коли.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Oct-2008 at 20:43
Тоа што го изнесуваш е сосема во ред во однос на моменталната ситуација на терен, но ова е клучно:
Originally posted by Andrej_LJ


ПРОБЛЕМ: Не сум запознаен со ГУП и ДУП

Некои работи што ги спомна се предвидени (пример паркинг под плоштад), а за некои се предвидени сосема поинакви решенија (пример Даме Груев треба да биде булевар 2х2, а Димитрија Чуповски во најголема веројатност да отпадне и да биде пешачка зона)

За жал поради нетранспарентноста на нашите институции ни ние не сме запознаени со доволно ДУП-ови, а и од ГУП-от имаме само ограничени материјали, па за подетална дискусија би морале во голема мерка да шпекулираме. Но генералните смерници се јасни и во нив треба да се инвестира со долгорочна визија, а не само да се прикрпуваме.



Posted By: beTon
Date Posted: 20-Oct-2008 at 21:12

здраво Андреј, кажи во јавен сообраќај спомна: тие од надвор ги оставаат колите во предградие на Љубљана а после со трам во град...  дали ова е заради немање доволно паркинзи во градот или заради плаќање такса доколку сакаш да возиш низ Љубљана а си од надвор т.е. немаш LJ таблици?  

инаку она што го велиш дека јавните паркинзите се единствена опција, мене не ми држи вода, тие се неопходни но истите целосно нема да го решат проблемот, она каде треба исто да се интервенира е да секоја нова зграда да оди во земја со паркинг колку што е дозволено - 2 спрата, а  секој што има две коли на една адреса каде е пријавен дека живее истиот да плаќа и дупло регистрација, а оние со трета кола и трипати повеќе, и на сето тоа добра трам линија и ете и ќе се растерети СК и ќе има паркинг место за сите.  за предлогот битпазар паркинг да има одоздола е интересен предлог но само доколку се оди бар 15-20 метри инаку пак ќе се блокира со оглед дека сега од околу пазарот пополека се се претвора во деловен простор. 



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 20-Oct-2008 at 22:45
Хеј, здраво.
Малце може да е надвор од темава ама ке ти објаснам генерално како им е тој проблем решен во Љубљана. Прво на сите 4 приода кон Љубљана од Крањ, Копер, Ново Место и Марибор) има такви П+Р паркиралишта (север, југ, запад и исток). Нив ги поврзуваат две експресни линии на градскиот транспорт (6 и 27). Сите пак тие градски приоди (mestne vpadnice) се меѓусебно поврзани со кружен автопат на кои што не се наплаќа патарина (Avtocestni obroč). Тој е многу близу до градот (не како скопската обиколница) и има 18 излези кон престолнината. Иначе нема никаква наплата за влез во градот или во Центар НО, Љубљана има околу 270 000 жители и дневен прилив на 180 000 возила од други места, што е огромна и неподнослива бројка. Ете зашто практичните словенци решаваат да на возат до самата дестинација туку за П+Р. А во центарот сите парко-места на улиците се резервирани за жителите на зградите, а останатите во паркинг гаражи. И тоа е кажи речи принудно за тие што немаат резервација. На тој начин мислев претходно.



Posted By: beTon
Date Posted: 20-Oct-2008 at 23:40
прилично интересно решение и уште поинтересни навики оваа појава не е нова работа во светот само што треба некој да ја земе во предвид како решение, но бидејќи кај нас реално досега заради срамежливите економиски погледи(никаква надворешна задолженост)кои не дека се лоши, не им даваше на градските татковци да размислуваат повеќе од муабетот крпи ден за ден, па затоа и немаме некој особена динамика во инвестирањето во инфрастуктурата и градежништвото. но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет.


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Oct-2008 at 23:55
Originally posted by beTon

прилично интересно решение и уште поинтересни навики оваа појава не е нова работа во светот само што треба некој да ја земе во предвид како решение, но бидејќи кај нас реално досега заради срамежливите економиски погледи(никаква надворешна задолженост)кои не дека се лоши, не им даваше на градските татковци да размислуваат повеќе од муабетот крпи ден за ден, па затоа и немаме некој особена динамика во инвестирањето во инфрастуктурата и градежништвото. но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет.


Кратко и јасно. Одличен пост бетон, се сложувам со тебе. Особено ме радува последната реченица

„но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет“

Cheers


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Oct-2008 at 01:05

пополека погрчените македонци што свраќаат на бурек и шопска во Битола влијаат и на цените во некогашниот главен град на МКД, но и на стилот на животот, уште да повлијаат и на М5 трасата и набрзо ќе имаме Лерински Битолчани и Битолски Леринчани Thumbs%20Up чудно незнам сеуште за специјализиран приватен паркинг во СК а и во МКД, она со хотелите и претпријатијата не ги сметам за специјализирани, сепак се во склоп на некој објект или можеби има нешто во некое предградие LOL џабе и катни гаражи и подземни паркинзи во изградба и најава кога статусот ПРВ е заминат во БТ, браво за битолчани...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70D1530E360D204ABA8AAFC5FA604211 - Прв приватен автопаркинг во Битола

БИТОЛА - Првпат во својата историја Битола доби приватен паркинг според европски стандарди. Концесионер на паркиралиштето што се наоѓа пред спортската сала „Младост“ е фирмата „Торпедо мобил“. „Нашата единствена желба беше да излеземе во пресрет на барањата на битолчани кои долго време очекуваа безбеден и организиран паркинг- простор во градот. Вложивме многу во софистицирана опрема за влез и излез од паркингот. Имаме обучен кадар за управување и реални цени за услугите кои ќе ги понудиме за возачите на автомобили, автобуси и камиони“, изјави Јове Брглевски, иницијатор и менаџер на првиот приватен паркинг во Битола. На дел од просторот и понатаму непречено ќе функционира полигонот за битолските автошколи. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70D1530E360D204ABA8AAFC5FA604211 - Утрински - 14.06.2008



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 30-Oct-2008 at 21:51
Мислам дека можеа да најдат посовремено и поедноставно решение,но сепак е за поздрав воведувањето на ред на главната улица во Прилеп.
А и не е скапо 30ден. цел ден

Плаќаш


Паркираш




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Nov-2008 at 04:19
Ќе влезеш ама не знаеш кога ќе излезеш


Граѓаните се жалат дека најчесто за време на викендите по цел час се чека за излез од паркингот кај хотелот Холидеј ин. Долги чекања за влез и излез има и пред рампата на паркингот кај Телеком. На паркиралиштата, пак, нема и кој да им помогне да најдат слободно паркинг место


На паркингот спроти хотелот "Холидеј ин" во централното градско подрачје, кој е и еден од најголемите паркиралишта во градот, возачите знаат кога ќе влезат, но не и кога ќе излезат!? Тие се жалат дека не се почитуваат означените правци на движење, а во викендите кога има голем број на возила, нема кој да им помогне да најдат слободно паркинг место, а и по цел час чекаат да платат за да излезат?! Долги чекања за влез и излез пред рампа има и на паркингот кај Телеком. Поради близината на плоштадот, кејот и трговскиот центар, овие паркиралишта се и најатрактивни за скопските возачи, но истовремено им задаваат и најголеми главоболки иако билетот за паркирање се пресметува од час.

- Обично во саботите нема место игла каде да пуштиш на паркингот спроти хотелот Холидеј ин. Поради голем број на возила кои влегуваат и излегуваа на паркингот дваесет минути чекав пред куќичка за наплата, па наместо 40 денари, морав да доплатам и за наредниот час, иако се задржав не по моја вина. Колку што забележав реагираа и другите возачи. Дури имаше и еден кој изнервиран од чекањето доби желба да ја скрши рампата, но се премисли кога вработениот му се закани дека ќе плати 5.000 евра, вели една скопјанка револтирана од лежерноста на вработените на паркингот. Според неа, за нејзинот задржување вината ја сносат и лицата задолжени за функционирање на паркингот.

- Само ни земаат пари, а не се трудат во моменти кога навистина има голем број возила, да ги регулираат и да овозможи нивен побрз проток. Паркинзите не се мали, а за да најдеш слободно место треба да кружиш и повеќе од десетина минути. Така само го губиш и времето и нервите, а ти наплатуваат без пардон, велат оние што поради разни причини избрале да се паркираат на овие локации.

Вчера, за жал, не успеавме да добиеме одговор од надлежните кои стопанисуваат со овие паркиралишта, ниту пак објаснување дали е можно да се подобри нивното функционирање, а граѓаните помалку да ги губат нервите.

http://vecer.com.mk/?ItemID=22B86C1ECDE1734885D7D881B3F5CA72




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Nov-2008 at 04:25
а и по цел час чекаат да платат за да излезат


Да не го претераа овие малце со оваа изјава? Малце повеќе?

Не дека се е ок со паркинзите, ама вакви сензационалистички написи по новините сигурно нема да придонесат да мрднеме во вистински правец.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Nov-2008 at 04:34
Инаку тестов посочува на една аномалија на нашите паркинзи. Кај нас само еднаш сум сретнал (во ГТЦ доле) да има редари и да ти го посочуваат правецот кон слободно паркинг место. Се скратува многу нервирање, пари и гужва.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Nov-2008 at 04:36


Сега веќе е со семафори   Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Nov-2008 at 20:18
WTF, сега и вака ли ќе се надмудруваат Question

СООПШТЕНИЕ

Општина Центар не можејќи да се справи со реалните проблеми во сферата на урбанизмот, денеска, посегна по куќарките кои се поставени на наплатните рампи на јавното претпријатие „Градски Паркинг“.

Денешното отстранување на наплатната куќарка и рампата во населбата Капиштец е целосно нелегитимен чин. Општината соочена со сопствената неспособност да ги реализира активностите за организирање паркинг-сервис, преку општинското јавно претпријатие, од денеска реши да внесе хаос во сообраќајот пресметувајки се со рампите на градското претпријатие.

Јавното претпријатие „Градски Паркинг“ апсолутно легално и легитимно ги стопанисува сите паркиралишта, вклучително и паркиралиштето во населбата Капиштец.

Паркиралиштето во Капиштец е формирано врз основа на проект и со сите релевантни сообраќајни решенија, добиени од надлежните органи, како и со согласност добиена од Министерството за внатрешни работи.

Дозвола за поставување наплатна рампа и куќарка за паркингот во Капиштец не е потребна зашто наплатната куќарка и рампата не се објекти, туку опрема во состав на паркиралиштето. Од друга страна, за петта категорија земјиште, како што е паркинг-простор, согласно Законот за градежништво, не се неопходни градежни дозволи.

Градоначалникот Трифун Костовски упати остар протест до Општината Центар, по повод овој настан, укажувајќи и на градоначалничката Аларова дека денешниот акт е во спротивност со правото, но и во спротивност со елементарните придобивки на урбаното живеење, затоа што се отстрануваат справи кои служат за подобрување на условите за живеење на граѓаните. Тешко е да се изгради, во вакви услови, а најлесна работа е да се сруши нешто што е изградено со средствата на граѓаните и во нивен интерес, како што е случајот денес, констатира градоначалникот Костовски, во својата реакција.

Организирањето паркинг во Капиштец наиде на големо одобрување од страна на граѓаните кои живеаат во населбата на кои им се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на нивните возила.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2237&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Nov-2008 at 05:51
Интересна споредба!

10+1 најскапи места за паркирање во светот http://www.broker.com.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=507&pop=1&page=0&Itemid=27 -
http://www.broker.com.mk/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=507&itemid=27 -
20.11.2008.
parking.jpgВо текстот подолу се излистани најскапите места за паркирање во светот. Не сакате да сте шофер во Лондон, бидејќи и да имате среќа да најдете место за вашиот автомобил, тогаш прескапо ќе го платите. Слично е и во Сиднеј и во Њујорк. На 11-то место го ставивме и Скопје.  Зошто? Затоа што пресметавме колкав е процентот што скопјани треба да го потрошат од својата плата за паркирање и добивме бројка која не убеди дека Скопје е сигурно, барем за нас едно од местата со најскап паркинг на светот.

1. Лондон Сити, месечен просек: 749,79 фунти
Најскапиот паркинг плац во Лондон е Павилион Роуд во Најтсбриџ. Овде ќе трба да платите 43,20 фунти за шестчасовен престој. Во Блумсбери се наплаќа 8 фунти за час. Во Парк Лејн за два часа треба да издвоите 12.

2. Лондон, Вест Енд, месечен просек:  729,71 фунти
Ако имате среќа да најдете место во Сохо, Оксфорд стрит или во близина на Лајчестер Сквер можеби и ќе се покаете. На Трафалгар Сквер ќе платите 6 фунти за час, а во повеќето делови на Вест Едн за обичен утрински шопинг ќе треба да одвоите 25 фунти за паркинг.

3. Сиднеј, месечен просек:  497,80 фунти
Камп приколките на Бонди Бич не се повеќе за хипици, тоа е сега најскапото место на оваа плажа за паркирање и чини 30 долари за неколку часа.Корпоративни трустови сега се сопственици на  поголемиот дел од паркинг плацовите во овој град, па така паркингот на Операта на Сиднеј со капацитет од 1176 места, е вреднуван на 120 мил. долари (51,5 мил.фунти).

4. Хонг Конг, месечен просек:  477,17 фунти
Минатата година ексклузивен апартман беше на продажба во Хонг Конг за цена од 23,65 милиони долари. Најинтересно е дека во цената се вклучени и две паркинг места со вредност од 153.000 долари секое посебно.

5. Бризбејн, месечен просек : 380,23 фунти
И покрај тоа што владата се труди да го промовира јавниот превоз во овој град, сепак повеќето граѓани го користат сопствениот  автомобил. Популацијата на градот е се поголема, па така и градоначалникот е под притисок да одговори на побарувачката за паркинг, секако, со поскапи цени.

6. Њујорк, месечен просек : 375,97
Американците ги бие глас дека се посебно приврзани за своите коли, но треба да сте и посебно лојален на својата кола ако сакате да ја возите во Менхетен, каде што паркинг место чини 255 000 долари. Моментно во градот е тренд да се купуваат паркинг места како инвестиција, дури и ако немате кола. Паркинг местата се очекува да достигнат цена за метар квадратен висока како и онаа за простор за живеење.

7. Токио, месечен просек:  354,80
Толку е тешко да се најде место за паркирање во градот, што токиските власти прво бараат да обезбедите доказ дека поседувате паркинг место, пред воопшто да можете да си купите кола. Интересно, нели?

8. Перт, месечен просек:  331,99
Главниот град на Австралија има бесплатен јавен транспорт, се со цел дека ќе се намали транспортот со сопствена кола, кој го преферираат повеќе од 80 % од граѓаните.

9. Стокхолм, месечен просек:  327,12 фунти
Ништо не е евтино во овој шведски град кој е еколошки освестен, па така ни местата за паркирање на колите кои, нели, загадуваат. Плус, оние шофери кои го поминуваат центарот на градот плаќаат посебни такси, а и овде како и на повеќето места има одличен јавен превоз, кој притоа е и многу евтин.

10. Даблин, месечен просек:  326,44 фунти
Изнајмувањето на деловен простор е најскапо во Европа, па не чуди што и паркирањето е тука некагде во овој ирски град. Паркинг места се секогаш преполни и понекогаш дури може да размислите дали да отворите мобилна канцеларија во нив.

10+1. Скопје, месечен просек:  56 фунти
Сумата ви изгледа смешна, но еве ја пресметката. Просечна плата во британија изнесува 2732 фунти за месец. Паркинг местото е 25% од платата за еден Британец. Просечната плата во Македонија е 212 фунти или 15 300 денари. За паркинг место за 8 часа дневно треба да одвоите 240 денари, ако местото чини 30 денари на час. Месечната карта во центар се движи од 3000 до 5000 денари. За просек ќе земеме 4000 денари месечно. Значи месечно издвојуваме повеќе од 26% за да го платиме своето паркинг место. Заклучокот за тоа каде е најскапо, го оставам на вас.

http://www.broker.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=507&Itemid=27



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 19:05
Ќе се уриваат рампи вредни 160 илјади евра



Автор:  Бојана Стојчевска
Скопје
Градот и јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе претрпат штета од околу 160 илјади евра ако општината Центар ги реализира своите најави дека ќе ги отстрани сите рампи од паркинзите на своето подрачје каде што претпријатието вградило систем за електронска наплата. Оваа акција почна пред десетина дена со уривањето на рампите на паркиралиштето во населбата Капиштец спроти фабриката „Треска“ и прекина истиот ден, поради, како што објаснија од општината, лошите временски услови. Иако потоа се најавуваа дополнителни преговори меѓу градоначалниците Трифун Костовски и Виолета Аларова и директорот на „Градски паркинг“ Љупчо Јованов, сепак општинарите велат дека тоа нема да се случи и дека наскоро ќе продолжат да ги вадат рампите бидејќи ги сметаат за нелегално поставени.

ОСУМ РАМПИ ОД ПО 20 ИЛЈАДИ ЕВРА

„Градски паркинг“ има поставено рампи со електронски систем за наплата на вкупно осум локации во општината Центар, и тоа на плоштадот „Македонија“, кај Градската болница, спроти дирекцијата на фирмата „Макпетрол“, до старата железничка станица, кај Домот на печатот, пред стоковната куќа „Илинден“, на улицата Максим Горки и паралелно со булеварот Кочо Рацин.

- Секој од овие системи чини по 1,2 милион денари. Се надеваме дека општината сепак нема да посегне по имотот на јавните претпријатија и нема да го уништува, бидејќи тоа би било на штета на сите, пред сè на граѓаните - истакнува директорот Љупчо Јованов.

Синдикатите на сите шест јавни градски претпријатија побарале од општината Центар до 3 декември писмено да ги извести за нејзините планови во врска со паркиралиштата на „Градски паркинг“, затоа што од нивното отстранување штета би претрпеле и граѓаните и вработените со нивните 150 семејства. Ако не стигне никаков одговор, тие најавуваат дека на 4 декември ќе одржат мирен протест пред просториите на општината во периодот од 9 до 12 часот.

УРИВАЊА ПО ПРИНЦИПОТ „НА ТИ ГО, ДАЈ МИ ГО“

Општинарите уште во 2006 година им испратиле допис на надлежните во претпријатието во кој ги предупредуваат дека за нивните рампи не е обезбедена соодветна градежна документација. Врз основа на решенијата што ги усвоила, таа ги почна уривањата.

Од градот, пак, одговараат дека уривањата се целосно нелегитимни затоа што рампите и куќарките за наплата се објекти од петта категорија за кои не била потребна никаква градежна документација. Тие сметаат дека за паркинзите се обезбедени сите документи од надлежните институции, меѓу кои и согласности за сообраќајните решенија од Министерството за внатрешни работи.
Отстранувањето на системот спроти „Треска“ следуваше само два дена откако градските служби ги тргнаа рампите од паркиралиштето кај зградата на „Трготекстил“ во центарот, кое ги постави општинското претпријатие „Паркинзи на општината Центар“. Минатата година, пак, градот ги урна рампите со кои тоа претпријатие ги постави на улицата Васил Главинов, која се протега од кафулето „Пјаца либерта“, спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“, до булеварот Партизански одреди.




Ѓорче Петров нема проблем со рампите

Деветтиот систем за електронска наплата претпријатието „Градски паркинг“ го има поставено до пазарот во општината Ѓорче Петров. За разлика од Центар, надлежните од таа општина немаат никаков проблем со рампите, дури истакнуваат дека се презадоволни од нивното функционирање.

- Сè си се одвива нормално. Паркингот функционира беспрекорно откога е поставен. Среќни сме што нема проблем со паркирањето околу пазарот, паркиралиштето е секогаш полно и многу ретко се оставаат возила на тротоарите или на улиците - вели Момо Николовски, портпаролот на општината.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12468


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Dec-2008 at 20:16
За што се избрани овие идиоти??? Малку ли проблеми има, немаат ли друга работа, па времето и енергијата да ги посветуваат на уништување на јавни материјални добра во меѓусебното препукување?
Најинтересна е Аларова, која остана слепа за толку многу дивоградби и урбано дивјаштво од невидени размери и најразлични видови, ама ете најде закачка за рампите на јавното градско претпријатие.

Bash Bash Bash Bash Bash Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 21:23
Кловер ова ќе го гледаме до април. Па мора да се билда егото пред избори!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Dec-2008 at 11:36
Се враќаат рампите спроти фабриката „Треска“



Скопје
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ повторно почна да монтира електронски систем за наплата на паркиралиштето во населбата Капиштец спроти фабриката „Треска“, откако општината Центар присилно ги отстрани пред околу две недели со образложение дека биле дивопоставени. Љупчо Јованов, директорот на претпријатието, вели дека ќе работат со обична рампа се додека не се договорат со општината како да се реши ситуацијата со паркиралиштата. Општинарите најавуваат дека ќе ги урнат сите рампи на нивното подрачје, бидејќи за ниту една од нив не била обезбедена дозвола. Од градот, пак, одговараат дека за рампи и за монтажни куќички за наплата воопшто не било потребно одобрение за градба.

- Рампата што се поставува сега е привремена, само колку да се знае дека паркиралиштето е наше и дека е легално поставено. Најдоцна до утре треба да имаме состанок со општината, а за неколку дена ќе го вратиме истиот електронски систем што беше отстранет, затоа што не е оштетен - објасни Јованов.

Според некои пресметки, ако Центар ги урне сите рампи на „Градски паркинг“ на своето подрачје, ќе направи штета од околу 160 илјади евра. На општинското подрачје има електронски систем за наплата на паркиралиштата кај плоштадот „Македонија“, до Градската болница, до Цветниот пазар, на улицата Максим Горки, спроти АМСМ, кај Домот на печатот, до Старата железничка станица и паралелно со булеварот Кочо Рацин.

Синдикатите на сите јавни претпријатија и дадоа рок на општината до утре да ги изнесе своите планови во врска со паркиралиштата на претпријатието, а во спротивно најавуваат дека ќе организираат протести пред општинските простории.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=252&ArticleID=12645


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 02-Dec-2008 at 12:29
si igraat ko mali deca,pravi pa rusi i se toa vo krug se vrti,tolku divogradbi ima vo centar na niv do naplatnite rampi na parkinzite im doslo,ama mora da se pokaze deka sepak oni nesto rusat,udri kaj sto mozes,a od drugoto ponastrana.Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jan-2009 at 11:25

Нови паркинзи кај Зелен пазар и кај „Трготекстил“

Овој и наредниот месец, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта и паркинзи на Општина Центар ќе отвори четири нови паркинзи. Наскоро ќе биде отворено ново паркиралиште кај продавницата на поранашен „Трготекстил“ на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин, а на 1 февруари кај Зелен пазар и кај Домот на градежните работниците. Во средината на февруари во Центар ќе отворат паркинг кај зградата на „Автомакедонија“.

Паркингот кај Домот на градежници веќе две години е спорен, бидејќи градските власти ги обвинуваат од Општината за узурпација на сервисна улица, иако немаат за тоа никаква законска надлежност. Цените за паркирање допрва ќе бидат истакнати, но неофицијално ќе се движат од 10 до 50 денари за час, во зависност од локацијата на паркингот.

Според извештајот на претпријатието, наредната година 1,2 милион денари од буџетот ќе се потрошат на паушали на членовите и претседатели на управниот и надзорниот одбор. Проекцијата на буџетот предвидува претседател на Управен одбор да зема 8.000, а член 7.000 денари. Членовите на Надзорниот одбор ќе земаат 5.500, односно 4.500 денари. За плати ќе се потрошат околу 8,9 милиони, а за тековно работење (униформи, осветлување, греење, ладење) 1,1 милион денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=732CFCD2A3896444BCC7A699457A6B72



Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jan-2009 at 01:26
Тоа со рампите во центарот на градот може да го има само во Чад, ама ајде да не ги вреѓам и нив понапредни се од нас. Баш ме интересира дали по воведувањето на ваквото паркирање ќе се укинат овие паркинзите со рампи.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jan-2009 at 01:43
Најголемата мана на паркинзите со рампи се тоа што мораш да одиш да чекаш ред да платиш - особено на паркингот пред Холидеј Ин, и да излезеш. Не звучи страшно ама е страшна гњаважа.


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Jan-2009 at 20:40
Еве како со доволно врски се поставува легална приватна рампа која ја блокира целата улица (која е јавна) само за нејзините жители во функција на паркинг




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jan-2009 at 21:57
Eeek2

А барем се работи за слепа уличка која не поврзува ништо освен тие жители таму?

Не дека во таков случај е оправдано, туку во спротивно се работи за уште поскандалозна работа!

Јас колку што можам да претпоставам се работи за оваа локација
41°59'26.26"N  21°26'11.91"E
но не можам на google earth да заклучам какви се сообраќајните врски во околината...


Како и да е, не знам во кој закон нашле основ за приватизација на улица во функција на паркинг Bash


Posted By: anDarko
Date Posted: 25-Jan-2009 at 00:05
ова е на Улица Ленинградска (кое ужасно име, брука!) до зградата на QBI.

Во куќите кои имаат корист од оваа рампа живеат странци на високи функции во меѓународните организации кои оперираат во Македонија и на Косово...рампава е поставена вака веќе бар две години...и никому ништо...


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jan-2009 at 00:11
Да точно ја детектиравте локацијата и Кловер и Дарко


Posted By: Supervisor
Date Posted: 25-Jan-2009 at 00:41
Во Загреб функционираат сите паркинзи со автомати или рампи. За Словенија да не зборуваме, мислам дека сме децении наназад.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2009 at 00:53
Рампи за жал мора да се употребуваат во одредени ситуации, но не гледам на тоа како на напредок. Со исклучок на најпроблематичните локации каде што нема друг начин, би преферирал паркингот да биде добро испланиран и димензиониран како би бил бесплатно достапен за сите, без рампи, часовници, СМС-ови и слични срања.

Факт е дека сме назад, но според мое мислење е сосема погрешно рампите да ги земеме како мерило.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Jan-2009 at 21:02
Во Словенија нема паркинзи со рампи! Освен во катните гаражи каде што се поставени заради разбирливи причини. Иначе во цела Љубљана паркингот е платежен, без никакви рампи, само со self-service автомати. Се користи крајната лента на улиците каде што се обележани парко-места. Ленинградска е одлично име...Се оддава почит на жртвите загинати во Обсадата на Ленинград од 2СВ.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2009 at 00:31
Нови 24 паркинзи во Карпош


Изградба на нови 24 паркинзи на целата територија на Општина Карпош со цел да им го олесни паркирањето на своите жители, најави локалната власт.
-Како дел од акцијата "Да го исчистиме ѓубрето од Карпош" ги чистевме и осветлувавме подземните гаражи за да можат да се паркираат возилата во нив и да се заштитат од лошите временски услови, информираат општинарите.

Исто така со акцијата треба да се ослободат и надземните паркинзи во Карпош.
-Ќе се зголемува и бројот на надземните паркинзи, а чистењето и осветлувањето на подземните гаражи нема да престане. Сето ова е со цел да се обезбеди повеќе паркинг-простор во општина Карпош и подобри услови за нејзините граѓани, ветија тие.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A313158C080E7C4DB451E859704756C7


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 04-Feb-2009 at 00:39
фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов 

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2009 at 01:04
Originally posted by AlexTheGreat

фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов 


Добредошол АлексТхеГрејт! Вероватно мислиш на 4 дела, на карпош 1-4?! Незнам од каде бројкава дека треба по 2 за секој дел?! 2 паркинга во толкав опфат не се апсолутно нималку приметливи дека нешто се подобрило. Башка и зависи колкави се паркинзите по капацитет!


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 04-Feb-2009 at 01:16
Originally posted by lslcrew

Originally posted by AlexTheGreat

фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов 


Добредошол АлексТхеГрејт! Вероватно мислиш на 4 дела, на карпош 1-4?! Незнам од каде бројкава дека треба по 2 за секој дел?! 2 паркинга во толкав опфат не се апсолутно нималку приметливи дека нешто се подобрило. Башка и зависи колкави се паркинзите по капацитет!

Добронашол, да на 4 дела мислев, инаку најверојатно би требало да се со помал капацитет штом е толку голема бројката 24,  и не 2 туку во секој по 2, ама и  да е така во право си нема да бидат ни малку приметливи, или ќе бидат само на одредени улици, оти еве како пример би го зел делот околу стара телевизија во карпош4, тој дел е очаен за паркинг и не е само тој него го земав за пример 



-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2009 at 02:32


Офтопик ама овие смартојте како шо паркират... Алал му вера! Сите паркират паралелно а смартот, епа под 90 степени од паралелното Друго чаре со овие говедата наши (и тукашни) нема, да не се знаело да се паркира. И да има нови паркинзи, дури нема казни пак ќе има хаос на секој чекор.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2009 at 00:30

Гаражите заборавени од инвеститорите

Иако со секој стан задолжително треба да биде обезбеден и паркинг-простор, оваа законска обврска не се почитува од градежниците

Становите во новите згради се продаваат без гаража, велат експертите. Иако Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, предвидува за секој стан од колективна станбена зграда во централното градско подрачје да биде обезбедено по едно паркинг-место, тој ретко се почитува од инвеститорите. Од април треба да почне новиот систем на паркирање, во кое цената за еден час ќе се одредува според зоната. Во центарот на градот ќе може да се паркира само еден час, и тоа за 45 денари, а предвидени се уште и жолта и зелена зона во поширокото централно подрачје. Со овој систем ќе се оградат многу паркинг-простори во центарот на Градот каде што досега паркираа станарите на зградите.Според Алјоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот, има пропуст во законската регулатива. Тој објаснува дека инвеститорите на новите згради делумно го почитуваат Правилникот.

- Уште при самиот технички прием општинските инспекции треба да водат сметка за тоа дали се запазени нормативите за објектот што се пушта во употреба. Инвеститорите кај нас гаражите ги продаваат одделно од станот. Дел од станарите не сакаат да купат гаража бидејќи законски не се обврзани, па своите возила ги оставаат на тротоарите. Никој не може да ги натера да купат гаража, вели Шопар.Од Градот објаснуваат дека прашањето на уредување на паркинг-просторите и стационарниот сообракај се врши според овој правилник на Министерството за транспорт и врски, како и според детаљните урбанистички планови што ги носат општините.

- Секторот за планирање на Град Скопје внимава при давањето мислење за плановите. Сериозно води сметка за паркиралиштата како значаен дел од сообраќајниот систем, велат градските власти.

Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање точно дефинира колку паркинг-простор им следува на станарите од централното градско подрачје. Станбените куќи со градежна парцела помала од 600 квадратни метри, како и секој стан до 90 квадратни метри - 1,2 паркинг-место, а тие над 90 метри квадратни - 1,5 паркинг-место. За продавници и дуќани од 40 квадратни метри предвидено е едно паркинг-место.

- Овие правила се применуваат само при проектирањето, но при изведбата на објектот се отстапува од стандардите, потенцира Никола Велковски, поранешен главен градски архитект. Тој објаснува дека во веќе изградените постари објекти, односно згради, како на пример Градски ѕид, тоа е решено со подземно гаражирање.

- И тука навреме не било решено прашањето со обезбедување паркинг-простор. Си можел, но не си морал да купиш гаража. Оние што купиле не ја користат. Ја издаваат на пазарџии, чуваат зеленчук или овошје, ја користат како подрум, а автомобилот го чуваат надвор, потенцира Шопар.Тој истакна дека паркинзите со кои стопанисува Јавното градско претпријатие „Градски паркинг“ им го решаваат проблемот на овие граѓани.

- Единствено во сопственост на станарите во зградите е земјиштето под зградата. Се' останато е државно земјиште и е предмет на јавен интерес. Друга работа е зошто ДУП поинаку не го решава проблемот со паркирањето, вели Шопар. Според Панче Стојановски, помошник-директор во Јавното претпријатие „Градски паркинг“, многу е алармантно тоа што при градба на станбени згради се предвидува паркинг-простор само за станарите.

- Дел од нив се пренаменуваат како деловни простори, кои на почеток воопшто не се пријавуваат, туку се прикажуваат како мезанин. На тој начин, всушност се јавува проблем со паркирањето, кое е предвидено само за потребите на една станбена зграда. Доколку неколку такви простори во зградата се пренаменет, тогаш настанува хаос. На пример, речиси во сите згради во Кисела Вода се појавија деловни простори, без притоа да биде обезбеден доволно паркинг-простор, објаснува Стојановски.

ИНФО-За секој стан по едно паркинг-место

За секој стан од колективна станбена зграда во централното градско подрачје треба да се обезбеди по едно паркинг-место. По 1,2 паркинг-место е предвидено за оние подалеку од центарот и за станбените куќи во градежна парцела помала од 600 квадратни метри и за секој стан до 90 квадратни метри. Становите над 90 квадрати треба да имаат 1,5 паркинг-место. За продавници и дуќани, на 40 квадратни метри простор за клиенти - 1 паркинг-место.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13C6DD3883AB734F85D1DF3003481D0A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2009 at 01:26
Овие правила се применуваат само при проектирањето, но при изведбата на објектот се отстапува од стандардите, потенцира Никола Велковски, поранешен главен градски архитект.
Зарем нема механизам што ќе застане на патот на вакви чудесии??? Точно ли е ова воопшто? Се сведува на тоа дека можеш да си градиш како сакаш, без разлика на тоа по каков проект е добиена дозвола...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2009 at 02:56

Градот врие од бесправно приватизирани паркинзи

Злоупотребата на јавните површини со поставување рампи, блокатори, рекламни паноа се казнува и до 3.000 евра

Јавните површини се претвораат во приватни паркинзи, велат во Јавното претпријатие „Градски паркинг“. Тоа дополнително го зголемува сообраќајниот метеж и проблемот со паркирањето во ситуација на недостиг од легален паркинг-простор. Според надлежните од ова претпријатие, дури 90 отсто од поставените блокатори, популарно наречените „шепи“, се наоѓаат во центарот на градот, односно во реонот на Мал ринг.

- Сите блокатори, поставени на тротоарите, се противправно наместени и ќе бидат отстранети. Казните за ваквото узурпирање на јавните површини се многу високи и се движат до 3.000 евра. Екипи на Градот редовно ги контролираат јавните градски површини и вршат увид во состојбата. Освен блокатори, се поставуваат и рампи на тротоарите пред станбените згради - велат од „Градски паркинг“.
Во 2008 година, Градот спроведе повеќе акции за отстранување на ваквите блокатори и на помалите рампи со столбови. Беа отстранети 200 блокатори и 20 рампи, најмногу во центарот на градот. Деновиве најавува нова акција за отстранување на блокаторите и на рампите во поширокото централно подрачје. Граѓани што работат, но не живеат во центарот на градот, велат дека честопати се соочиле со закани од нељубезни сограѓани ако паркираат пред нивната зграда.

- Живеам во населба Ченто, а работам во близина на Трговскиот центар „Рамстор“, Покрај тоа што цела вечност патувам со возилото до центарот на градот, исто толку време ми треба за да најдам паркинг-место. Не можам да си дозволам да плаќам паркинг, па долго време паркирав на улицата Теодосиј Голаганов. Но, станарите од околните згради неколкупати ми ги дупеа гумите и вербално се пресметуваа со мене затоа што паркирам пред нивните зграда. По извесно време, тие бесправно поставија рампа на јавна површина. Еве, до денес тие се газди на јавна површина, а никој од надлежните не интервенира. Ако тие живеат во Центар, не значи дека се сопственици на јавниот простор, вели Татјана Димовска.

Од Градот велат дека инспекторите одат на терен и по пријава на граѓани за да утврдат каде и зошто се узурпирани јавните површини. Граѓаните, пак, се незадоволни од работата на градските инспектори и велат дека тие со години ги толерираат бесправните узурпатори. Од Градот ги советуваат граѓаните кои сакаат да постават блокатор за резервирање паркинг-место дека треба да поднесат барање до Секторот за сообракај на Град Скопје. Месечната резервација чини околу 250 евра. За оние што бесправно поставиле блокатор или рампа на јавна површина, казните ги наплаќаат комуналните инспектори при Град Скопје. Од Градот објаснуваат дека јавните паркинг-површини вообичаено се надвор од улични паркиралишта, коловози или тротоари. Се води сметка да не бидат и на сервисните и пристапни улици до станбените блокови заради непречено движење на пешаците и велосипедистите.

- Јавно место за паркирање е дел од површина која е во сопственост на државата или е во приватна сопственост. Таа треба да е утврдена, организирана и обележана согласно со Детаљниот урбанистички план (ДУП) и со сообраќајниот проект како површина за паркирање на моторни возила од одредена категорија. Јавно паркиралиште може да биде површина која со ДУП не е наменета за паркирање. Во тој случај, паркиралиштето има привремен карактер, се' до реализацијата на содржините, утврдени со планот. Паркирањето на јавните паркиралишта може и не мора да се наплаќа. Кога станува збор за паркинг-површини во состав на станбените зони, тие првенствено им служат на станарите, но и на нивните посетители. Во случај на високо оптоварено јавно паркиралиште, по барање на жителите можно е да се воведе наплата на ваквите паркиралишта, со цел да воведе контрола на користење. Ваков е случајот со јавното паркиралиште „Булевар Кочо Рацин“ каде што жителите на станбените објекти во непосредна близина поведоа иницијатива паркингот да го преземе ЈП „Градски паркинг“, велат од Секторот за сообраќај во Град Скопје.

Градските власти напоменуваат дека наплатата за паркирање на јавна површина се практикува ако во случај кога јавните паркиралишта се во непосредна близина на објекти од јавен интерес - административни, трговски, здравствени или услужни содржини, особено во централното градско подрачје. Но, додаваат дека во случај кога се наплаќа за паркинг се воведува контрола да не се пренатрупува со паркирани возила. По правило, високооптоварените градски подрачја , каде што треба да се излезе во пресрет на паркинг-потребите на што поголем број посетители, наместо паркирањето да биде ексклузивитет само на оние што први ќе заземат паркинг-место. Ваквите паркинг места, се нарекуваат јавни, бидејќи кај нив не е ограничен пристапот на можните корисници. Секој што има потреба од паркинг место и е подготвен да плати, може да паркира. Автобусите, во принцип, треба да се паркираат на периферијата, велат од градското одделение за односи со јавноста.

Најскап паркинг „Максим Горки“

Според ценовникот на „Градски паркинг“, најскапо паркиралиште е на улицата Максим Горки. Таму се плаќа по 50 денари од час, 5.000 денари за цел месец, а 50.000 денари - за цела година. Може и да се резервира место за 15.000 денари.

Паркирањето на плоштад Македонија чини 40 денари од час, 3.000 денари месечно, 30.000 годишно и 10.000 денари за резервирано паркинг-место. По 40 денари за влез се плаќа и на новоотворените паркиралишта кај хотел „Бристол“ и на улицата Даме Груев, кои во моментов се со механичка рачна рампа. Кога ќе влезат во состав на зонското паркирање, ќе се промени и цената за паркирање.

Паркиралишта со цена од 30 денари за влез има кај зградата на „Кјуби-Македонија“ и кај АМСМ (500 денари за месец и 5.000 денари годишно), Кај Градска болница чини 30 денари од час, 2.000 за месец и 20.000 денари за цела година.

СТАВ
„Не паркирај, бушам гуми

Оваа позната фраза од пред скопските станбени објекти во последно време е видоизменета. Сега кој стигне, поединци, куќни совети и фирми и ставаат столпчиња, рекламчиња, синџирчиња да си присвојат дел од јавните површини. Што е важно дали другите граѓани се принудени да плаќаат паркирање од час!

Иако дел од просторот пред зградите е наменет токму за станарите и за нивните гости, тоа секако не се однесува на фирмите и институциите што си земаат ексклузивитет на тротоарите. Градските власти се закануваат со акции и казни, но се' уште не сме слушнале некој да е казнет. А три илјади евра не се малку. Може да се наполни градската каса од казните за узурпирани јавни површини.

Денес никој не се осмелува да оди така лесно против законот, ако нема грб, политички или партиски, да биде заштитен од евентуални казни. Нека не не' разубедуваат инспекторите дека граѓаните се виновни, нека се фатат за работа.Да почнат од себе. И тие имаат резервиран паркинг пред нивното работно место.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2B6BE6136076074CA5FA338284F0A0CE


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Mar-2009 at 01:52
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=BCB75404F605F0498647BFD6E0D2B61E&arc=1 - „Градски паркинг“ не гарантира безбедност за паркираните возила http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=BCB75404F605F0498647BFD6E0D2B61E&arc=1 -

Не можеме да ги осигуруваме возилата од штети, тоа е преголем ризик за сумата што ја наплаќаме, велат од ова јавно претпријатие


Никој не гарантира безбедност за возилата што се оставени на паркинзите на Јавното претпријатие „Градски паркинг“. Иако цените за еден час паркирање во центарот на градот не се мали, во нив нема дел наменет за осигурување на автомобилите.

- Го најдов своето возило оштетено, но кога ги прашав вработените на паркингот, тие само креваа рамена - вели скопјанец, кому незгодата му се случила неодамна на паркинг во центарот на градот. Од „Градски паркинг“ се оградуваат од одговорноста за штетите кои може да настанат додека возилото е на паркингот, иако стопанисуваат со 15 паркинзи во градот. Безбедноста на возилата не се гарантира ниту со воведување на зонското паркирање, кое треба да почне од април.

- За 45 денари, колку што со новиот ценовник ќе чини еден час паркирање во строгиот центар на градот, не можеме да ги осигуруваме возилата од штети. Тоа е преголем ризик за сумата што ја наплаќаме. Гаранции се можни само во некои катни гаражи и во некои други услови, каде што станува збор за поинаков вид услуга, пред се' комерцијална. Ние не сме чувари на возилата. Никаде не ни постои такво правило. Овозможуваме само паркирање на возилата, дециден е Панче Стојановски, помошник-директор на „Градски паркинг“. Тој тврди дека и покрај се', во последниве 3,5 години, колку што постои ова јавно претпријатие, не се случила кражба на возило од паркинзите со кои тие стопанисуваат.

- Нашите вработени сепак водат грижа за возилата толку колку што можат. Можеби се случиле околу десетина ситни штети на паркирани возила, што е занемарлив процент. Тоа говори дека возилата се безбедни. Секогаш имаме голем број вработени на паркинзите. Има и доволно простор за паркирање, па нема турканици и нервози што може да предизвикаат поголеми штети, објаснува Стојановски.

Според него, осигурување на возилото на Запад се обезбедува во услови кога се работи во затворени простори, каде што постои видеонадзор, преку кој се контролираат возилата.

- Во таков случај, сопственикот на возилото ги предава клучевите на оние што се надлежни за обезбедување на возилата. Тие го паркираат возилото и гарантираат за него, објаснува Стојановски.

Тој додава дека тоа значи дека не може да дојде некое друго лице без да се легитимира за да ги подигне клучевите од одредено возило. Постоел план „Градски паркинг да направи ВИП-паркинг во Скопје, на локацијата кај ТЦ „Рамстор“, но поради тоа што просторот е заземен, идејата пропаднала. Таа услуга во наши услови би чинела 1.000 денари дневно.

- Таков паркинг му треба итно на градот поради се' поголемата фреквенција на странци, кои сакаат да го остават својот скап автомобил на безбедно место, заклучи Стојановски.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=BCB75404F605F0498647BFD6E0D2B61E&arc=1 - Дневник - Анела Петрова - 10.03.2009

незнам колку и незнам како треба да се гарантира безбедноста на градските паркинзи, но бар можат камери да постават.  не би било лошо како услуга  секој  поголем паркинг да има  и механичарски сервис и перална,  кои можат да бидат и приватни, но паркингот и да профитира од нив бар индиректно нудејќи екстра услуга на кориниците на услугите на градски паркинг. 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Mar-2009 at 08:40
Гаранции се можни само во некои катни гаражи и во некои други услови, каде што станува збор за поинаков вид услуга, пред се' комерцијална.

А каква е побогу услугата на градски паркинг Question

Не сум упатен во целата работа за тоа дали како и колку треба да се гарантира за возилата што се паркирани на платени паркинзи па нема да филозофорам. Но мислам дека ќе мора да си најдат подобар аргумент од ова.


Posted By: gko
Date Posted: 06-May-2009 at 20:23
ВО ТЕК Е ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ ПО ЦЕЛА ПАРТИЗАНСКА

Нема повеќе паркирање на Партизанска. Почнувајќи од излезот на Скопје во Ѓорче Петров, па се до центарот на градот.
Сообраќајната полиција денеска со флаери под брисачите на автомобилите, ги извести граѓаните за забраната. Ова особено се однесува за потегот од Карпош 2 до Ѓорче, каде третата лента се уште се користи за паркирање. Жолтата лента која е наменета за движење на автобусите, а која граѓаните непрописно ја користат како место за паркирање, ќе мора да се користи само за намената. Ќе се казнуваат и автобусите кои ќе возат по другите ленти. Тоа е од МВР. Граѓаните вината ја гледаат во инвеститорите кои градат објекти без паркинзи. Виновни се и фирмите кои по Партизанска ги узурпираат сите станбени паркинзи, но и куќните совети кои ги изнајмуваат мезанинските за деловни простории. Сето ова го создава сообраќајниот хаос на Партизанска.

Сообраќајната полиција го заврши својот дел од работата. На ред се градските власти да го решат проблемот и да изнајдат соодветно решение.
http://sitel.com.mk/?ItemID=A0363ED067C57C49987333F3F7992D0C


Не дека не е праведно ова, ама живеам таму и кај ке се паркирам сега?
Ми останува опцијата во подземната гаража, меѓутоа тој план за паркирање е стар 30 години, т.е. една кола од семејство/стан, што не е случај сега. А старците кај мене во маало се итри, и одма ќе ги качат цените на гаражите :D


Posted By: Cifra
Date Posted: 06-May-2009 at 20:28
каде точно е планирана подземна гаража?


Posted By: gko
Date Posted: 06-May-2009 at 21:10
Originally posted by Cifra

каде точно е планирана подземна гаража?


Подземните гаражи си постојат од кога се изградени сите тие блокови (спроти лептокарија). Секој стан има по една гаража (со исклучок за тие што ги продале/купиле) во која собира една кола.
Сепак е жално што само десетина гаражи (преку сила) се користат за паркирање. Меѓутоа и да се користат сите за паркирање, не е доволен капацитетот зашто како што кажав, доста семејства имаат повеќе од една кола.
А не се користат зашто верувај неќеш да влезеш доле, особено не навечер или пак ако си член на понежниот пол


Posted By: Cifra
Date Posted: 06-May-2009 at 22:35
ааа значи погрешно сум разбрал

епа треба да се среди тоа со гаражите тие да се оспособат за тоа што им е намена

А за некој што има 2-3 коли а ја продал гаражата воопшто немам разбирање што сега ќе има проблем :р
јас да имав гаража не ја продавав па дури и да имав резервирано место на отворен паркинг пред зграда. Чување во гаража е голем плус за колата и плус така држи цена и помирен си од кражби и оштетувања.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2009 at 18:15
Нормално, она со обиколницата везе нема...

Шлепери ги претвораат улиците во диви паркиралишта


Градските власти досега не успеаја да изградат посебни паркинзи за шлепери

Шлеперите и тешките камиони, иако е изградена обиколницата, се' уште јуришаат по скопските улици. Опасни се за возачите, за пешаците, го загадуваат воздухот во градот и ги оштетуваат улиците, поради нивната голема тежина. Дополнителен проблем на граѓаните им предизвикува навиката на возачите да ги паркираат шлеперите каде што ќе стигнат, создавајќи притоа диви паркиралишта од местата што се предвидени за прошетки и рекреација. На улица Љубљанска, во населбата Карпош 4, во близина на последната автобуската станица на линијата „15“ веќе два месеца дел од коловозот служи како паркинг за шлепери.

- Шлеперите се паркирани токму на аголот на „Љубљанска“ и „Илинденска“ и постојано ја блокираат прегледноста при минување на улицата кон ресторанот „Имес“. Често се случува улицата да е темна, поради дефект на уличното осветление, па проблемот воопшто не е за занемарување. Не е прегледно ниту за пешаците што поминуваат на преминот ниту за возачите што вртат кон „Илинденска“. Можеби тука живеат возачите на шлеперите, не знаеме. Знаеме само дека никој не ги казнува и не ги трга, а безбедноста во сообраќајот е сериозно нарушена - вели Игор М. од населба Карпош 4.

Паркиралиштата за тешки товарни возила се вечна скопска тема. Надлежните веќе десетина години ги најавуваат, но ниедна гарнитура досега не најде пари за да ги изгради. Според Генералниот урбанистички план на Скопје (ГУП), се предвидува тешките возила и автобусите да се паркираат на периферијата, односно на влезовите во градот, и тоа на четири локации - кај Момин Поток, во Железарница и на Качанички пат. Последната предвидена локација на булеварот Војводина веќе се користи како паркинг, но со неа стопанисува приватна фирма. Имаше идеја во изградбата на другите паркинзи за камиони да се вклучат и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ и приватни фирми, но ништо не излезе од оваа замисла.

Од Град Скопје велат дека веќе постои строг режим за движењето на тешките товарни возила. Во централното подрачје не е дозволено да минуваат камиони што се потешки од 3,5 тони. Оние што се полесни од оваа тежина, а кои служат за дотур на стока во продавниците, смеат да се паркираат низ центарот само со специјални одобренија од Секторот за сообраќај на Град Скопје. Возилата над 5,5 тони можат да возат само до границите со Малиот ринг, а потешките шлепери од 12 тони смеат да минуваат само по магистралните патишта, до границите со булеварите 8 септември и Србија.

- Градоначалникот Коце Трајановски му посветува посебно внимание на ГУП-от на Град Скопје, како основен документ со кој се регулираат урбанистичкиот, сообраќајниот и економскиот развој на градот, како и заштитата на животната средина. Стационарниот сообраќај на тешки товарни возила е дел од таа генерална опсервација на ГУП-от и ќе се бара решение во зависност од финансиските услови. Ова прашање ќе биде третирано во наредниот период - изјавија од градското Одделение за односи со јавност. Од Секторот за внатрешни работи - Скопје велат дека полицијата редовно ги казнува возачите кои не го почитуваат сообраќајниот режим.

- Ги казнуваме оние што ги паркираат своите камиони во центарот на Скопје и оние што носат поголем товар од дозволеното. Ако граѓаните забележат појава на дивопаркирани тешки товарни возила што им го блокираат патот или паркингот, слободно може да се јават кај нас и да пријават. Полицијата постапува по повик на граѓаните - вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4FFCF7776E8C714BB4717204167CD29A


Posted By: Dragan
Date Posted: 14-May-2009 at 09:31

Се гради нов паркинг во населбата Мичурин

Деновиве почна изградбата на новиот паркинг покрај улицата „Венијамин Мачуковски“ во населбата Мичурин. Пристапната улица е долга 5,6 метри, додека паркинг-просторот е со широчина од по 5 метри од двете страни. Градежните работи ги изведува фирмата „Урбан инвест“.

Од Општина Аеродром апелираат до жителите во околните згради да не ги паркираат своите возила во близина на градилиштето, со што ќе придонесат за побрзо и непречено одвивање на градежните работи.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E30211267253564396E2039BB0B65BA2


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2009 at 20:00
„ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ВЕТУВА РЕД ВО ХАОСОТ СО ПАРКИРАЊЕТО
Со рампа до слободно место

Роза Петкова

„Градски паркинг“ ќе ги управува паркиралиштата пред четирите бели згради во населбата Капиштец, лоцирани спроти зградата на „Нова Македонија“, и ќе им наплатува за паркирањето на станарите и на останатите граѓани. Од претпријатието велат дека се во завршна фаза и откако ќе изработат сообраќаен проект за просторот и ќе ги добијат потребните одобренија од Градот Скопје и од Советот, ќе почнат да работат. Извесен период „Градски паркинг“ преку соопштенија им ги нудеше своите услуги на станарите од зградите, а во последниот допис ги објави и цените кои ќе ги наплатува за паркирање. Така, едно возило месечно ќе ги чини станарите по 250 денари, а ако имаат две возила ќе треба да платат 500 денари. Понатаму во соопштението стои дека средствата што ќе ги собере „Градски паркинг“ ќе ги искористи за да ги покрие трошоците за работа, како плати на вработените, струја и греење, а никаде не се споменува дека претпријатието ќе инвестира во уредување на просторот, ниту дека ќе им обезбеди слободно место на станарите. Надлежните дури се потрудиле да им остават и примерок од барање на жителите од зградите кое тие би го пополниле и пратиле до Градот, Советот, Секторот за сообраќај и до „Градски паркинг“ за да се потврди дека иницијативата за затворање на паркингот доаѓа од граѓаните. - Во преговори сме да го преземеме паркиралиштето на управување, имаме позитивни сигнали од станарите. Тие неофицијално прифатија, имаме потписи од претседателите на сите куќни совети “ објасни Владимир Кроневски од Секторот за јавни паркиралишта на „Градски паркинг“. Наспроти тоа, повеќето од станарите не беа информирани дека паркиралиштето ќе им се затвори, ниту дека тие дале согласност за тоа. Проблем со паркирањето имаат и жителите од уличката кај кафулето „Пјаца либерта“, каде што Општина Центар пред повеќе месеци постави наплатни рампи. Опремата за затворање на паркинг-просторот поставена без дозволи од МВР и Градот беше отстранувана неколку пати, а општинарите повторно ја враќаа. Иако пред извесно време надлежните од ЈП „Паркинзи на општина Центар“ велеа дека ќе добијат дозвола, тоа не се случи, а рампите си останаа. - Работата е статус кво затоа што треба некои работи да се решат меѓу Градот и Општината. Дозвола за опремата се уште не добивме ниту од МВР, ниту од Градот. Во секој случај штом го добиеме одобрението, можеме веднаш да почнеме со работа, се е поставено, само треба да се извршат приклучоците “ вели Тодор Делјановски, директор на претпријатието. Станарите од околните згради тврдат дека од „Паркинзи на општина Центар“ веќе им ги соопштиле и цените по кои ќе им се наплатува паркирањето. - Ни рекоа дека ќе понудат цена од 236 денари месечно за паркирање и дека сигурно ќе има слободни места за станарите, а нема да пуштаат други да се паркираат. Но ние им кажавме дека земјиштето е наше и ние си плаќаме за него, па ако немаме каде да се паркираме, ќе се собереме и ќе им ги скршиме рампите “ вели Светлана, една од станарите на зградите кај Домот на градежниците. Според жителите, улицата се уште не се затвора затоа што општинарите кои ги поставија рампите не оставиле доволно место за да помине пожарникарско или друго поголемо возило. Од Град Скопје не одговорија зошто не ги отстрануваат рампите ако тие се непрописно поставени.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1709&ArticleID=114143


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2009 at 02:37
20-30 денари скопјани би платиле за паркинг!


Според искуствата во регионот, посебно Белград и Загреб, каде повеќе од една деценија балканските метрополи овој проблем со паркинзите во централното подрачје го имаат решено со катни гаражи, резултатите се одлични


Изградбата на катни гаражи, покрај тоа што е одличен бизнис, експертите тврдат дека вложувањата во вакви објекти од јавен интерес се неопходни за поголемите градови како Скопје. Во метрополата ги има малку или ги нема воопшто во споредба со земјите во опкружувањето. Јавната функција на гаражата, која наложува да им даде услуга што ќе им биде лесно достапна и по поволна цена треба пред се да биде исплатлива за сопственикот. Градот Скопје од неодамна има само една катна гаража спроти трговскиот центар Рамстор и план за уште четири нови вакви зданија од добробит за учесниците во сообраќајот.

Според искуствата во регионот, посебно Белград и Загреб, каде повеќе од една деценија балканските метрополи овој проблем со паркинзите во централното подрачје го имаат решено со катни гаражи, даваат одлични резултати.

Министерството за транспорт и врски минатата година објави оглас за долготраен закуп на локации за таа намена кај трговскиот центар Бисер, Уневерзална Сала, Цветниот Пазар и на левиот кеј на Вардар. Со овие гаражи, кои најчесто се лоцирани во центарот, и со нивниот просечен капацитет од 450 паркинг-места, тотално би се задоволила потребата, како што велат граѓаните, во борбата за едно место повеќе за нивните автомобили.

Затоа и во метрополите во нашето опкружување гаражите кои најчесто се градат со нив стопанисува градската власт. Град Скопје незаинтересиран за било каква инвестиција од ваков карактер. Засега се остава на приватниот сектор, кој како инвеститор деновиве гради гаражи, кои подоцна прескапо ги наплаќа нивните услуги.

Стручњаците кои го познаваат овој сектор велат дека многу важно е да не се дозволи, во интерес на профитирањето, приватниот инвеститор на гаражата да и додава содржини, како дуќани и деловен простор, од кои би можел веднаш да почне да заработува. Инвестицијата треба да врати средства на подолготраен период со тоа би се направило пристапна цена за сите и полни паркинзи за нив.

Според нив, во Скопје има потреба и од монтажни катни гаражи во центарот, но не секаде. Тие велат дека и во централното подрачје се уште има паркинзи кои зјаат празни, додека тротоарите и улиците ни се блокирани од возила. Но пред се граѓаните прво да се научат и да се навикнат дека паркирањето во центар на град чини и дека мора да се плати. Без таа навика катната гаража нема да профункционира.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A158C6E3BB73124B94B907BF59C48C94


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jun-2009 at 10:09
СО НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ, НОВИ ПРАВИЛА НА ИГРА
Паркиралиштата ќе се делат со договор

Општина Центар незаконски наплаќа паркирање кај „Аутомакедонија“, кај „Зелен пазар“ и зад зградата на „Трготекстил“, тврдат жители од станбениот блок Градски ѕид. Тие дознале дека градскиот инспекторат до претпријатието „Паркинзи на општина Центар“ доставил решенија за уривање на рампите на овие три локации. За граѓаните е спорна сопственоста на земјиштето на кое се ставени рампите и велат дека не се почитувани сите законски процедури. - Не може да се узурпира земјиште кое досега било слободно. Така секој ќе почне да си става рампа каде што ќе му текне. Ако земјиштето е државно, државата треба да даде дозвола за да има паркиралиште или не. Згора на тоа, одземаат пристапни улици и ги затвораат со рампи, а го ограничуваат и пристапот кон подземните гаражи, кои се наши. Тоа е исто како да имаш куќа и некој ти го затвори патот до дома - вели еден од жителите. Од јавното претпријатие ги отфрлаат обвинувањата дека незаконски работеле. - Некој си земал за право да создава проблеми, па си лепел плакати по зградите со информациите дека треба да ни ги урнат рампите. Но тоа не е точно, поради ваквите случаи кај нас веќе дојдоа од МВР да ги прегледаат документите, но не најдоа ништо спорно, ги имаме сите потребни дозволи и регистрација за подружницата “ вели Тодор Делјановски, директор на „Паркинзи на општина Центар“. Тој објаснува дека спорна е само улицата кај Домот на градежниците, за која уште немаат дозвола, па затоа и не почнале со работа, иако опремата е поставена. Според него, Градот воопшто не бил надлежен да ги урива рампите доколку тие се дивоградби, туку Општината. Како што вели, веќе го известил градоначалникот Владимир Тодоровиќ за ситуацијата. Градоначалникот ветил дека ќе го реши проблемот со Градот и дека ќе одржи заедничка средба на која ќе се распределат паркиралиштата меѓу Градот и Општината. Од Град Скопје одговараат слично “ проблемот го наследиле кога дошле на власт и ќе бараат заедничко решение. - Трите јавни паркиралишта се проблеми со кои се соочија новите градоначалници на град Скопје и на општина Центар. Веднаш се ставени на дневен ред затоа што се од големо значење за граѓаните и затоа градоначалниците Трајановски и Тодоровиќ наскоро ќе излезат со решение “ велат одговорните од Град Скопје. При крајот на мандатот на Трифун Костовски и на Виолета Аларова, постоеше вистинска војна за паркинг-просторот во градот. Тогашните власти неколку пати ги тргаа рампите на паркиралиштата спроти „Алумина“ во Капиштец, кај „Трготекстил“ и во близина на Домот на градежниците. Образложението од двете страни беше исто “ опремата не била законски поставена.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1721&ArticleID=115015


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 23:45
Да се користат подземините гаражи во Аеродром


Општина Аеродром, апелира до граѓаните кои имаат сопствени паркинг простори во подземните гаражи, да не ги употребуваат за складишта или магацини, туку да ги користат за паркирање на возилата.

Инспекциска служба на Општина Аеродром деновиве врши интензивна контрола и увид на состојбата и на документацијата на сопствениците на подземните паркинзи.

Според законските прописи, сопствениците имаат обврска да ги расчистат и да ги оспособат гаражите за паркирање. Лицата што нема да ја достават потребната документација и нема да ја почитуваат препораката на Општина Аеродром ќе бидат соодветно санкционирани.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7B76C638526F534EA27CE48109FFCBBB


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 23:46
Не сум знаел дека гаражите мораат законски да бидат оспособени за паркирање. Што правиме со гаражите околу пазарчињата каде што, ај што не се оспособени за паркирање, па уште и харна се чуви во гаражни услови.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2009 at 11:02
За жал се уште реткост кај нас

ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Паркинг-места за инвалиди

Општина Аеродром почна на паркиралиштата на својата територија да обележува места за лица со инвалидитет. Веќе се одредени места за паркирање во населбата Јане Сандански, по што ќе се опфатат и паркинг-просторите кај ТЦ „Бисер“, во населбите Ново Лисиче, 13 Ноември, како и на целата територија на општината. Обележувањето го изведува фирмата „Баџак инженеринг“. Од Општината информираа дека во подготовка е проект за поставување пристапни рампи кои ќе бидат типизирани и ќе се поставуваат пред јавните објекти, како и пред дел од станбените единици кај кои се неопходни.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1744&ArticleID=116745


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Jul-2009 at 00:48

Во општина Аеродром паркинг-места за лицата со хендикеп

Општина Аеродром почна да обележува паркинг-места за инвалидизирани лица, а интензивно работи и на подготовка на проект за пристапни рампи.

Заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, на вчерашната прес-конференција рече дека Аеродром е прва Општина која почнува ваков проект и ги повика градоначалниците на другите општини да го следат примерот. Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, истакна дека се настојува предизборните ветувања за лицата со хендикеп целосно да бидат реализирани.

Акцијата за обезбедување места на паркинг-просторите и проектот за пристапност со кој треба да се надминат архитектонските пречки ја поздрави и претседателот на „Полио плус“, Звонко Шаврески. „Добро е што градоначалникот не' повика да се вклучиме директно во реализацијата на овој проект за да помогнеме каде и како да се направат тие места“, рече Шаврески, потенцирајќи дека не е доволно само да се обезбедат паркинг-места за лицата со хендикеп, туку дека пристапот до нив треба да биде лесен, а возачите да ги почитуваат обележаните делови.

Во „одбраната“ на местата од несовесните возачи ќе бидат вклучени подрачните единици на МВР. Покрај казните, на решавање на проблемот ќе се работи и едукативно со плакати и летоци. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E8966EA1B12FF438BD3FE6F0A889AFA



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Jul-2009 at 17:39
и што ако ги обележаа кога најсекојдневни луѓе си се паркираат таму


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2009 at 18:37

Стока има секаде, ама полицијата треба да е на терен и да делува


Posted By: BlacK
Date Posted: 06-Jul-2009 at 22:50
http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=25E4CE650D6C914ABF73EA21F578B70A
INTERESNO!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jul-2009 at 12:34
МНОГУ ОШТЕТУВАЊА ПРИ КРЕВАЊЕ НА НЕПРАВИЛНО ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА
Пајакот плете мрежа од гребнатини

Елена Мачевска


Гребнатини на каросеријата и скршени ретровизори се најчестите оштетувања што се случуваат на автомобилите кога ги крева „Пајак- службата“. Граѓаните признаваат дека поради недостиг од доволно паркиралишта низ градот, но и поради прескапото паркинг-место, некогаш свесно ги паркираат возилата на недозволени површини, ризикувајќи да бидат казнети. Но казната е едно, велат, а оштетеното возило сосема друга работа, а често се случува поради невнимателноста при товарање да се случи штета на автомобилот. Во тој случај покрај сумата што ја плаќаат на ЈП „Градски паркинг“ и казната што им ја пишува полицијата, мора да издвојат и за поправка на возилото бидејќи ретко можат на надлежните во „Пајак-службата“ да им докажат дека тие им го оштетиле автомобилот. - Поради неправилно паркирање во центарот на градот, службата ми го собра автомобилот. Кога отидов да си го подигнам, на вратата имаше сериозна гребнатина, но оттаму не ја признаа вината, туку рекоа дека сигурно од претходно ми била гребната “ вели скопјанец, кој живее во Ѓорче Петров. Сепак, има и граѓани кои велат дека поправките на оштетените возилата им ги покрило јавното претпријатие. Од ЈП „Градски паркинг“, во чијашто надлежност е „Пајак-службата“, велат дека многу ретко се случува да го оштетат возилото што го креваат. Според нив, во просек само по пет возила годишно се оштетуваат при товарење, а за поправката на возилото доколку е мала штетата плаќа самото претпријатие, а доколку станува збор за поголема материјална штета, тогаш осигурителната компанија која претпријатието ја избрало на тендер. - На почетокот на секоја година распишуваме тендер за избор на осигурителна компанија која ги покрива трошоците околу поправката на возилата оштетени од наша страна. Сепак, за помали оштетувања плаќа самото претпријатие “ објаснува Ана Витановска, портпаролка на ЈП „Градски паркинг“. Таа вели дека сопствениците на неправилно паркираните возила кои биле отстранети со „Пајак-службата“, немаат можност за манипулација затоа што, како што тврди, пред да биде подигнат автомобилот, сообраќаен полицаец или комунален инспектор прави записник дали има претходно некои оштетувања или не. Инаку, казната којашто треба да ја плати сопственикот за кренато возило е 2.000 денари, а ако сопственикот на возилото дојде во моментот кога возилото се товара и веднаш плати за направениот прекршок, тогаш цената е 1.200 денари. За подигнато возило од зелена површина се плаќа 3.500 денари. Во моментот ЈП „Градски паркинг“ располага со шест возила. Според одговорните од Град Скопје, до крајот на идната година, предвидено е да се набават нови, со што ќе се зголеми ефикасноста на службата.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1750&ArticleID=117220


Posted By: vardar
Date Posted: 23-Jul-2009 at 13:23
 

„Паркинзи на општината Центар“ влегува во бизнисот со реклами

 

Претпријатието отсега ќе може самостојно, без да се консултира со општината, да ги проектира новите паркиралишта и на нив да предвидува места за билборди

 
 
Јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“ ќе почне самостојно, односно без да се консултира со општинските власти, да ги проектира новите паркиралиштата, како и да бара алтернативни начини за да се финансира. Ова се предвидува со одлуката што беше донесена на последната седница на општинскиот совет.

Маргарита Бакев, раководителката на секторите за правни работи и за човечки ресурси во претпријатието, вели дека тие веќе по налог на директорот направиле анализи и утврдиле дека тоа ќе може самостојно да функционира во таа насока, така што ќе издава простор за рекламирање.

- Разговаравме да почнеме да го издаваме неупотребуваниот паркинг-простор за реклами, односно да дозволиме фирми да поставуваат билборди затоа што нашите паркинзи се на атрактивни места и од оваа дејност претпријатието може да има голема заработувачка - објасни Бакев.

Советниците исто така донесоа одлука на претпријатието да му дадат на користење три паркинг-системи за регулирање, регистрирање и евидентирање на наплата на услуги за користење на паркиралишта, а притоа да не бараат никаков надоместок од претпријатието. Цената за набавка на сите основни средства за четирите паркиралишта ќе изнесува речиси десет милиони денари. Откако средствата ќе му бидат дадени на претпријатието, тие сепак ќе останат во сопственост на општината, но тоа самото ќе треба да си ги намирува трошоците за осигурувањето и за поправката.

Одлуката за основање општинско претпријатие за паркинзи е донесена пред неколку години на седница на советот на општината, но тоа сé уште не почнало целосно да функционира. Во последниве неколку месеци се прават последните подготовки за претпријатието да ги исполнува сите задачи
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72391032334&id=14&setIzdanie=21745 - Nova Makedonija


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Jul-2009 at 13:41
Originally posted by zabegan

и што ако ги обележаа кога најсекојдневни луѓе си се паркираат таму
паркинг местата се сега заградени со ограда и оние мали рампи, како ли се викаа Thumbs%20Up


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 01:27
Нема мажи за катни гаражи

Според анализите, само во центарот недостигаат над 15.000 паркинг-места, а проекциите велат дека во 2020 година ќе бидат потребни 31. 000 места за паркирање


Пешаците во Скопје ретко имаат можност да чекорат на тротоар

Недостигот од паркинг-простор во Скопје станува се' поизразен проблем, а решението се' понедостижно. Градот во неповрат ја губи шансата да стане пристојно место за живеење, а добива перспектива да се претвори во средина каде што човек ќе се бори за секоја слободна педа.

Решенијата со кои властите досега се обидуваа да го решат проблемот се' уште не ги даваат очекуваните резултати. На граѓаните им е се' потешко да најдат место за автомобилите, оти ги нема доволно. Катните гаражи никако да доживеат промоција, а зонското паркирање стана поисториски проект и од трамвајот.

Од друга страна, џебот на скопјани е се' поплиток, па паркинзите со наплата се одбегнуваат, оти цените се високи. Така добиваме нелогична ситуација кога тротоарите се полни со возила, а коловозите со пешаци. Тоа е толку секојдневна ситуација што веќе никој не ја смета за ненормална, кога е Скопје во прашање.

Недостасуваат 15.000 паркинг места

Според анализата во Генералниот урбанистички план од 2002 година, само во центарот на Скопје недостигаат над 15.000 паркинг-места, според степенот на моторизираност и бројот на жителите. Според ГУП, во 2002 година во градот имало 5.000 места. Проекциите велат дека во 2020 година ќе бидат потребни 31.000 места за паркирање.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ стопанисува 15 паркиралишта, со вкупно 2.439 места. Паркирањето се наплатува или од 30 до 50 денари за влез или до 40 денари за час, во зависност од локацијата. Свое претпријатие за паркирање има и Општина Центар, која стопанисува неколку паркинзи во станбени блокови, како кај Зелен пазар или кај Домот на градежниците.

- Скапо е паркирањето. Проблемот со недостиг од паркинг-простор не може да се реши само со поставување рампи. Така претпријатијата си прават само профит. Паркинзите се веќе изградени, а тие вложуваат во електронски рампи и куќарки, ставаат ценовници и удри по џебот на граѓаните. Треба да се изградат повеќе места и паркирањето да биде поевтино - вели скопјанецот Игор М.

Лекот се катните гаражи

Во ГУП е посочено дека проблемот со недостиг од места за паркирање ќе се реши со изградба на катни гаражи, евентуално на сметка на партерното зеленило. Властите се обидуваат да го спроведат решението, но само навидум, оти реално скопјани се' уште не виделе катна гаража во својот град. Проблемот е во тоа што инвеститорите што ги купуваат плацовите за катни гаражи подоцна бараат пренамена на објектите, па наместо места за автомобили се добиваат деловни центри.

Малкумина знаат дека во градот веќе е изградена една катна гаража, која делумно функционира. До „Рамстор“, во состав на објектот на Тутунска банка, е изградена првата катна гаража, која е современа, застаклена, со голем товарен лифт и шофер. Гаражата има капацитет од 500 места, но одговорните велат дека скопјани не сакаат да ја користат.

- Во моментов има само десетина паркирани возила на подземните два ката. Горните четири не сме ги пуштиле во употреба оти нема заинтересирани, па газдата нема интерес да ја отвори целата катна гаража - вели еден од вработените.Ни рече дека тој и уште еден негов колега се вработени како шофери и имаат обврска да ги преземаат возилата од граѓаните. Идејата е тие со лифт да ги пренесуваат возилата до горните катови и подоцна да им ги враќаат на клиентите. Во овој објект цената за паркирање е 30 денари за првиот час и по 20 денари за секој нареден.

Наскоро, во септември, ќе проработи и втората катна гаража, онаа што во Капиштец ја гради сопственикот на „Тинекс“ и градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ. Пред почетокот на изградбата на овој објект протестираа жителите на Капиштец, кои не веруваа дека таму ќе се градат места за автомобили, туку деловен објект. Но, градоначалникот Тодоровиќ уверува дека во објектот ќе има 500 места за паркирање.

- Во планот е предвидено да се изгради деловно-комерцијален објект со катна гаража. Ќе има седум платформи на катови од по 1000 квадратни метри за паркирање, со вкупно 300 места. Во подрумот има уште близу 100 места, колку и во дворот. На граѓаните не им изгледа дека таму има катна гаража затоа што таа од нејзините три страни е затскриена со канцеларии, а со тоа е разубавен целиот објект - велат од одделението за односи со јавноста во Центар.

се бараат чесни градители

Освен овие две, нема изгледи дека во скоро време ќе се изгради уште некоја катна гаража и покрај итната потреба. Министерството за транспорт упорно продава парцели за оваа намена, но вакви објекти не се градат. Примери има повеќе, а најнов е оној со гаражата кај „Бисер“ во Аеродром, каде што фирмата „Илинден“ две години не излегува од темелите на објектот. Оваа гаража требаше да има капацитет од 200 возила и досега требаше да биде завршена.

Од Министерството повеќепати се оградиле дека тие не одлучуваат за пренамената на објектите, туку само го продаваат земјиштето, а понатаму надлежни се општините. Општините, пак, не објаснуваат многу зошто се' уште нема катни гаражи, иако нивните челници уверуваат дека вакви објекти ќе има во повеќе населби. На територијата на Центар се предвидени 13 катни гаражи, а во Аеродром уште пет и тоа во населбите Мичурин, Јане Сандански, Острово и Аеродром.

Министерот за транспорт Миле Јанакиески неодамна рече дека се во тек постапки за изградба на катни гаражи кај Работничкиот дом „Кочо Рацин“, на паркингот до ТЦ „Плаза“ и кај „Нова Македонија“. Маркички за вакви објекти има и зад ТЦ „Буњаковец“, кај постојниот паркинг и до поликлиниката „Идадија“. Овие парцели се продадени, но гаражите се' уште не се изградени. Катни гаражи на хартија постојат и зад хотелот „Бристол“, спроти Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, зад „Даре Џамбаз“ и на други локации.

Од неодамна се продава и парцелата за катна гаража зад новиот објект на Универзитетската библиотека, каде што сега има зеленило. Оваа гаража треба да биде висока 12 метри, со капацитет од 240 места.

Зонското паркирање заглави во безвременска зона

Еден од проектите со кој градските власти се убедени дека ќе го решат проблемот со паркинг-просторот е таканареченото зонско паркирање, што треба да го спроведе „Градски паркинг“. Според овој проект, предвидено е автомобилите легално да се оставаат и на коловоз, за одредена цена, која ќе се плаќа или преку паркомати со картички или преку мобилен телефон. Идејата ја промовира градоначалникот Ристо Пенов, кој пред шест години најави дека во Скопје ќе го воведе загрепскиот модел. Помина неговиот мандат, помина и четиригодишниот мандат на Трифун Костовски, но од зонското паркирање не се случи ништо.

Отпрвин беше сложено да се направи проектот. Потоа не се знаеше на кој начин ќе се спроведе јавната набавка. Откако беше одбран најповолен изведувач, лани во октомври изгледаше дека се' е подготвено реализацијата да почне. Но, потоа една од фирмите-учеснички се жалеше. Зимоска пречка беа лошите временски услови. Тогаш градските власти најавија дека се' ќе почне во мај годинава, па во јуни, а најнов рок им е декември.

- Постапката за потпишување на договорот со „Некстсенс“ е во завршна фаза. Се очекува до крајот на оваа година во целост да профункционира зонското паркирање. Зони што ќе се пуштат во почеток од проектот се паркинг-просторите: Даме Груев 1, Даме Груев 2 и тој кај „Бристол“ - велат од Градот.

Проектот предвидува центарот на градот да биде поделен на три зони, каде што граѓаните ќе можат да паркираат на постојните паркинзи, но и на самите улици. Ќе има временско ограничување на паркирањето, во зависност од близината до централното подрачје. Цените за паркирање, според предлогот, ќе бидат 45 денари од час за првата зона, 35 денари од час во втората и 25 денари од час во третата зона.

Пајакот фаќа по 1.300 автомобили месечно

Додека проблемот со паркирањето станува се' поизразен, на пајак-службата добро и' оди. Според извештајот за работата за минатата година, претпријатието „Градски паркинг“, кое стопанисува 15 паркинзи и пајак-службата, остварило поголем профит од 2007 година. Лани имало приходи од вкупно околу 1,3 милион евра, а во предминатата година приходот изнесувал приближно 950 илјади евра.

Пајак-службата лани го зголемила приходот за околу 8 отсто во споредба со 2007 година, односно остварила промет од околу 31 милион денари, за 2,5 милиона повеќе отколку предминатата година. Пајакот најмногу возила собрал во октомври, а најмалку во август. Ако земеме дека во просек казната за подигање на возилото е околу 2.000 денари, излегува дека службата лани подигнала околу 15 илјади возила, односно месечно околу 1.300 автомобили.

Лани за 43 отсто бил зголемен и приливот на пари од наплатата на паркинзите, што покажува дека скопјани се' повеќе ги оставаат возилата на паркинг каде што се плаќа. Најголем приход, од 10 милиони денари, јавното претпријатие остварило од паркингот кај телекомот, кој има 270 паркинг-места.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CDF88BE0756BDC47BF330411B33ADA9E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 14:37
„ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТУВАЧКА
Најмногу пари од паркирање Градското претпријатие кое заработува од јавните паркиралишта и од собирањето непрописно паркирани возила и годинава се покажа како најуспешно во споредба со другите, што може да се види од неговиот финансиски извештај. „Градски паркинг“ лани има остварено нето-добивка од 2,6 милиона денари, а приходите во однос на минатата година му се зголемиле за 40 отсто, односно изнесуваат 1,3 милион евра. Претпријатието стопанисува со 13 паркиралишта, од кои најрентабилно е тоа кај „Т-хоум“ од каде што добива околу 160.000 евра годишно. Потоа по профитабилноста следуваат „Градска болница“, „Максим Горки“, „Макпетрол“ и „Камени мост“. Најнеисплатливо, иако со најголем капацитет, е паркиралиштето кај саем, кое претпријатието го стопанисува само кога се одржуваат саеми. Поради тоа управата на „Градски паркинг“ решила да не го продолжи договорот за ова паркиралиште. Исто така, зголемен е и приходот од месечни и од годишни картички за паркирање, што, според оценката на претпријатието, се должи на интересот на граѓаните повеќе да плаќаат на овој начин. Позитивните резултати од работењето на „Градски паркинг“ ги засенува нивниот долг кон Град Скопје, кој само за 2007 и за 2008 година изнесува повеќе од 500.000 евра. Во извештајот не стои дали постои долг и за другите години, до 2003 година, од кога постои претпријатието. Поради долгот, раководителите бараат градот да ја намали комуналната такса, која изнесува 10 денари за еден час паркирање. Приоритет на „Градски паркинг“ во идниот период е проектот „Зонско паркирање“, кој веќе со години го најавува, а никако да почне да го спроведува. Тука се и изградбата на второ депо за секторот „Пајак-служба“ и воведување информатичко работење во сите сектори. Освен тоа што ниту процент од приходот на „Градски паркинг“ не се враќа во градската каса, во извештајот на „Градски паркинг“ нема ниту збор за нивните инвестиции во уредување на просторот кој го стопанисуваат.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1775&ArticleID=118927


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Aug-2009 at 21:13


Па како да не бидат со заработувачка. Паркинзите им се очајни и освен автоматска рампа и човек за наплата немаат никакви други трошоци. Особено криминален е оној карши Холидеј Ин, кој е неосветлен, неозначен, полн со вдлабнатини и дупки и што уште не. Што добивмае за картата што ја плаќаме освен паркинг? Секако не заштита за колата? Криминал!


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 23-Aug-2009 at 17:06
Дискусијата околу високите тротоари како решение за паркирањето, како и искуствата од Турција ја префрлам тука. Еве како изгледаат навистина огромните тротоари во Бодрум:







Но, мене ваквото решение ми делува далеку поурбано, европски и цивилизирано. Прашање е да не е премногу цивилизирано за наши услови, но од некаде треба да се почне.
Солун:


Москва:


Или фаворитит Минск:







Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Aug-2009 at 20:26
абе решенијата со оградите не се за автомобили, туку и за пешаци, да не се претрчува, да бидат чисто одделени тротоарот и коловозот и т.н.
но било кое решение не го решава проблемот со паркирање на една од лентите, и затоа тука треба да стапат полицијата и законите, што во голема мера ги има во европските градови

и аман со тоа „европските“, ни требаат проекти кои ќе го подобрат сообраќајот низ нашата држава, бвез разлика дали тие проекти ги имало во европа, африка или азија



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 24-Aug-2009 at 17:15
Еве направив една прошетка туку што до центарот на Љубљана за да ги споредиме тукашните и скопските решенија за паркинг проблемот. Сите слики ги направив на една улица во центарот, доста мала и незначајна улица и тоа во рок од 5 минути. Еве за колку идеи можат од ова да се применат во Скопје/Македонија:

1) Еве ги столпчињата од ковано железо, кои се многу поубави од некакви бетонски или метални столбови.Исто во тој стол е и оградата и осветлувањето.


2) Продолжуваме понатаму по улицата. Оние коли кои се паркирани на лево долж улицата. Тоа е дел од тн. Плава Зона (зона каде што се плаќа паркинг).


3) Како што може да се види, само 2 паркинг места од околу 10 се наменети за посетители, при максимално задржување од 15 минути! Другите места се оставени за станарите.


4) Самиот автомат за само-наплата:


5) Веднаш до нив го забележав контејнерот на ХУМАНА, наменет за стари алишта, кои подоцна одат во Црвен Крст и Каритас:


6) На околу 50 метри се наоѓа подземната гаража Капитељ:


7) Објектот на Капитељ и Вила Урбана (заедно со мојот прст):




8) За крај како би требало да се реновира стан:


ПС Ако сметате дека е недозволиво офтопик, нема проблем преместете се заедно каде што треба, но бидејќи решив дека претежно се осврнав на паркирањето, тука ги поставив сликите.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2009 at 21:00
Добро е што од апели се преминува во акција. Само не ми е јасен делот со узурпираните гаражи. Доколку тие немаат сопственик, зошто едноставно општината (или кој и да е надлежен) едноставно не ги продаде? Како ќе функционира она „приспособување“ за паркирање на возилата на дел од посетителите во трговскиот центар???

АЕРОДРОМ АПЕЛИРА
Гаражите да се користат за паркирање

Во обид да се реши проблемот со паркирање во општина Аеродром, општинските служби неодамна почнаа акција за рационално користење на подземните гаражи, за, како што велат, барем малку да се ублажи недостигот од паркинг-простор. и“Сите што ќе приложат документ дека се сопственици на некоја од подземните гаражи во ТЦ „ Бисер“ и понатаму ќе може да ги паркираат сопствените возила, но нема да им биде дозволено гаражите да ги користат како магацини за складирање храна или, пак, облека, како што е случај сега - објаснуваат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Оттаму велат дека гаражите што сега се узурпирани од луѓе кои немаат дозвола да ги користат, ќе бидат приспособени за паркирање приватни возила. Според општинските служби, на тој начин ќе се обезбедат места за паркирање на возилата на дел од посетителите во трговскиот центар. - За побрзо ослободување на узурпираните гаражи, активирана е и инспекциската служба на општината и“објаснуваат од Аеродром. Подземни гаражи во ТЦ „Бисер“ има околу 50 и уште толку под зелениот пазар, кој се наоѓа во негова непосредна близина.

Е.М.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1825&ArticleID=122731


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Oct-2009 at 15:01
Ohno    Bash

Еве јас да им предложам на општинарите од центар како да се реши „проблемот“ со надлежностите. Под итно да се укине тоа нивно претпријатие и да се припои кон ЈП Градски Паркинг!

Каков е овој безобразлук? По кој основ општина центар треба да има посебно претпријатие за паркинг? До кога работите ќе ги организираме неефикасно, неекономично и непотребно покомплицирано поради глупости? Поради тоа што на некои од скопските општински администрации, кога така им чини, не сакаат да разберат еден многу едноставен факт: дека се дел од една компактна целина.

Оваа феудална идеологија мора под итно да им се избие од глава на локалните „владетели“

Ќе имаме две паралелни пајак-служби





 

Јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“ размислува да купи пајак-возило и бара строго да се разграничат надлежностите меѓу него и „Градски паркинг“, како и да добива дел од парите од зонското паркирање

 
 
%20  
Освен две паралелни претпријатија за паркиралишта, Скопје наскоро може да добие и две одвоени пајак-служби, едната на „Градски паркинг“, а другата на „Паркинзи на општината Центар“. Од општинското претпријатие најавуваат дека сакаат да купат пајак-возило за да ја подобрат услугата за своите корисници.

Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Центар, на последната седница на советот го поддржа развојот на ова претпријатие и истакна дека е крајно време прецизно да се разграничат надлежностите меѓу него и „Градски паркинг“, чиј сопственик е градот, бидејќи и двете фирми работеле на исто подрачје.

- Надлежностите во центарот се навистина многу измешани. Дел од нашите паркинзи стопанисува „Градски паркинг“. Кога веќе имаме две претпријатија на исто подрачје, сега треба да размислиме како да ги поделиме ингеренциите и двете да работат без загуби и без да си пречат едни на други - рече Тодровиќ.

На општинарите од Центар најмногу им пречи проектот за зонско паркирање, кој „Градски паркинг“ го спроведува на општинските улици, пред сé на Ленинова и на Орце Николов, бидејќи за нив се грижи општината, а не градот. Затоа ќе побараат да се направи договор со кој во општинската каса ќе треба да се слеваат 40 отсто од парите собрани со наплатата за паркирање на овие и на кои било други сообраќајници што се во нивна надлежност, ако „Градски паркинг“ ги вметне во зонското паркирање.

Општинското претпријатие во изминативе шест месеци собрало над три милиони денари од четирите паркиралишта што ги стопанисува, зад гимназијата „Јосип Броз Тито“, до Зелениот пазар, пред „Аутомакедонија“ и кај „Трготекстил“, кој во овој период бил најпрофитабилен паркинг со заработени 1,7 милион денари. Тодор Делјановски, директорот на „Паркинзи на општината Центар“, вели дека наскоро ќе отворат уште три паркиралишта, едно кај Буњаковец, а за другите две локациите допрва ќе се утврдуваат.

- Набавката на пајак-возилото е предвидена, но неизвесно е дали ќе ја реализираме. Тие чинат околу 110 илјади евра, а засега немаме толку пари - рече Делјановски.

Претпријатието „Паркинзи на општината Центар“ постои од 2007 година и има 40 вработени, од кои 21 се на наплатните рампи, двајца се контролори, а другите во администрацијата.
 
   
Автор: Б.С.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=109919499&id=14&setIzdanie=21809


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 14:13

Со подземна, а не со катна гаража





 

На улицата Цветан Димов постојано има непрописно паркирани возила, кои го отежнуваат одвивањето на сообраќајот, но пајак-службата многу ретко ги собира, а од општината Чаир велат дека состојбата е таква бидејќи нема место за паркинг

 
 
%20  
Паркирани возила од десната и од левата страна, возачи што од споредните улички неочекувано се приклучуваат и пешаци што претрчуваат каде што ќе стигнат е постојаната слика на улицата Цветан Димов во општината Чаир. Оваа ситуација е вообичаена во делот од детелинката на Бит-пазар до раскрсницата со улицата Џон Кенеди. Жителите од општината Чаир велат дека ретко поминува полицијата за да казнува, а уште поретко пајак-службата за да подига возила. Од општината велат дека ќе се изгради подземна гаража за да се спречи сообраќајниот метеж кај Јаја-паша.

- Полиција поминува, не често, но може да се види понекој нивни автомобил. Ретко кога казнува, односно речиси никогаш, а пајак-службата ја гледаме најмногу двапати во годината, кога ќе подигне најмногу по две-три возила. Со зачудување ги гледаме кога ќе дојдат бидејќи не сме навикнати на нив - велат жителите на Чаир.

Пред четири години се најави дека ќе се гради катна гаража во близината на трговскиот центар „Чаирчанка“ за да се реши проблемот со паркирањето на улицата Цветан Димов, но до денес изградбата не е почната. Општинарите тогаш најавуваа дека проектот за повеќекатен паркинг бил веќе нарачан. Според нив, автомобилите се оставале на оваа сообраќајница бидејќи жителите немале каде да паркираат. По четири години општинарите велат дека работат на деталниот план, но катна гаража нема да се гради.

- Нема да биде катна, туку подземна гаража. Со нејзината изградба ќе се намали проблемот со сообраќајот во овој дел. Досега не беше почнато да се гради, бидејќи овој дел е во заштитена зона и моравме да побараме дозволи од Дирекцијата за заштита на споменици и Министерството за култура - велат од општината Чаир.

Според податоците од сообраќајната полиција, на жителите на Чаир им се пишувале од 80 до 100 казни месечно за непрописно паркирање, а таму патролирале и пешачката и моторната патрола.
- Една казна изнесува 45 евра или може да се замени за 25 казнени поени. Но и покрај тоа што редовно се казнува, состојбата таму е непроменета, за разлика од други делови од градот - велат од полицијата.
 
   
Автор: Б.С.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10139932251&id=14&prilog=0&setIzdanie=21810


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 21:47

ЈП "ГРАДСКИ ПАРКИНГ" ГО ЗГОЛЕМУВА ВОЗНИОТ ПАРК

Три нови пајаци на улиците наредната година

Во декември ќе биде распишан тендер за избор на најповолна понуда за набавка на пајак-возила, а според процените на претпријатието, за нив ќе бидат потребни околу 300.000 евра

ЈП "Градски паркинг" ќе се подновува со уште три нови пајак-возила. Минатата година беа набавени три нови пајаци, со што возниот парк на пајак-службата се зголеми на шест возила. Од претпријатието велат дека нови возила им се потребни за да можат да интервенираат низ сите општини во градот. Дополнителна причини е и воведувањето на зонското паркирање, односно подигање на возилата кои не го почитуваат времето за паркирање што е дозволено во трите зони.
"Во декември ќе распишеме тендер за избор на најповолна понуда за набавка на пајак-возила. Тие ќе бидат платени со средства од буџетот на претпријатието, предвиден за наредната 2010 година. Со овие три нови возила во голема мера ќе се засили присуството на пајак-возилата на улиците и ќе може да се интервенира не само во строгиот центар на градот туку и во другите општини каде што имаме проблеми со узурпирање на јавите површини", вели заменик-директорот на ЈП "Градски паркинг" Панче Стојановски.
За набавката на новите пајаци ќе бидат потрошени околу 300.000 евра, имајќи го предвид фактот дека лани набавката на еден пајак чинеше 100.000 евра.
Пајак-службата на ЈП "Градски паркинг" сега има 6 пајаци, од кои три се нови, можат да ги креваат сите типови возила и можат да подигнат два автомобила истовремено. Другите три пајаци се стари по триесетина години и постојано се расипуваат. Од претпријатието велат дека нема да запрат со оваа набавка туку оти во иднина ќе се набават уште нови пајак-возила, бидејќи за Скопје се потребни најмалку 10 пајак-возила.
(А.А.)



http://vest.com.mk/?ItemID=0CEB554C4BE5114AA72984CBE7F19764


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2009 at 23:53
Секој ден иста приказна, само различен автомобил!


Автомобилите се фотографирани низ текот на целата измината недела и истите се паркирани на забрането место за паркирање


Откако Градот Скопје и ЈП Градски паркинг изнајдоа решение за паркирањето во централното подрачје на главниот град и регулирање, до некаде на гужвата која произлегуваше од тоа, умешните скопјани веќе се снаоѓаат. Од една страна нема веќе бесплатен паркинг во центарот на Скопје. Нема ниту доволно слободни места за паркирање, се жалат тие. Од друга страна и тоа место што не е предвидено ни најмалку за паркинг скопските возачи, "шоферски" го користат. Станува збор за јавно необележано место кое ЈП Комунална хигиена - Скопје во текот на денот го користи за нивниот камион за собирање на ѓубрето од контејнерите, но секој ден истото е узурпирано. По упорните апелирања на Комунална до граѓаните со лепење на плакати на местото за забранет паркинг и укажување на Пајак-службата, несовесните возачи и понатаму го блокират пристапот. Во оваа сторија и сами се уверивме. Нашиот фоторепортер во текот на изминатата недела секој ден успеваше да најде различен автомобил паркиран на истото спорно место. Понеделникот беше наменет за "пежо", следеше "пунто", две "корси" и "спарк". Совесните возачи доколку до сега не биле информирани каде се паркирани и дали местото е наменето за паркинг сега ќе можат да се видат.

Од ЈП Комунална хигиена - Скопје велат дека местото на паркингот позади ТЦ Палома Бјанка постојано е блокирано.
- Во било кој ден од денот кога се обидуваме да го собереме ѓубрето сме "хендикепирани". Иако е казниво да се паркира на место поблиску од 10 метри до контејнерите тие тоа го чинат. Некогаш се погодува и по неколку дена да не можеме да го собереме ѓубрето бидејќи во нашата маршрута која е испланирана се погодува да има паркирано автомобил, објасуваат од Комунална.
До кога ќе трае ова не се знае? Со ова може да се посочи на сопствениците кои нашиот фоторепортер ги затекнуваше дека во текот на минатата недела нивното скришно место е откриено.

Дејан СРБИНОВСКИ
ФОТО: Ѕ. Плавевски

http://vecer.com.mk/?ItemID=158E1A637DD8824D96580581F26364B3


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Oct-2009 at 11:37

Катните гаражи си служат само на себе

Секој инвеститор што прави ваков објект, освен паркинг-места создава и потреба од нив, вметнувајќи и други намени во градбата, како деловни простории или трговски дуќани, па очекувањата се дека гаражните простори главно ќе ги задоволуваат потребите на закупците и на муштериите, а околу нив сé ќе си остане исто

%20
Трендовите во Скопје доаѓаат и си одат, но некои, како тие со градењето згради, оставаат силен печат и за времињата што следуваат. Еден од најновите трендови во оваа област, што полека се пробива во изминативе три-четири години, се вика градење таканаречени катни гаражи.

Практиката е толку едноставна што веќе личи на клише. Во урбанистички план се вцртува маркичка за објект за катно паркирање, која подоцна, поради очекуваната неисплатливост за изградбата и поради интересите на инвеститорите, добива и понекоја друга намена: дуќанче, две, три, десет, неколку канцеларии, можеби и угостителски објект или сместувачки капацитет.

Резултатот е исто така очигледен. Катните гаражи обично се предвидуваат на места каде што постои сериозен недостиг од паркинг места и нивната изградба се правда со потребата да се реши тој проблем. Но со комбинирањето на намените, секој инвеститор создава ем паркинг места, ем потреба од нив. Очекувањата се дека гаражните простори главно ќе ги задоволуваат потребите на закупците и на муштериите, а околу нив се ќе си остане исто. На крајот, некои од нив незначително малку ќе го ублажат проблемот со паркирањето, други воопшто нема да го намалат, а трети можеби и делумно ќе го зголемат.


ЗЕБРАТА НЕ РЕШАВА ЛАВОВСКИ ПРОБЛЕМ


Владимир Тодоровиќ, сопственикот на синџирот супермаркети „Тинекс“ и градоначалник на општината Центар, денеска свечено ќе го отвори својот објект „Зебра“ на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, по две години засилена изградба. Зградата, за која се ветува дека ќе биде првата катна гаража во Скопје, има 350 паркинг места на седум нивоа, уште 30 во подрумските простории и 80 во непосредната околина. Сосема доволно простор за автомобилите на десетина висококатници од околниот простор, ако објектот беше јавен, го градеше локалната самоуправа и им беше на располагање пред се на жителите.

Но во него ќе има голем супермаркет „Тинекс“, хотел со 60 легла, банка, пицерија, кафулиња, бутици, игротеки, спортски обложувачници, канцелариски простории и дуќан за хемиско чистење. За голем дел вработени во објектот ќе биде потребно место за паркирање, како и за многу поголемиот број муштерии кои, привлечени од можноста да го остават автомобилот непосредно до местото каде што ќе купуваат, а не надвор на сонце или на дожд, се очекува да го преплават новиот деловно-трговско-угостителско-обложувачко-хемиско-гаражен центар. Многу е веројатно дека „Зебра“ нема да го влоши и онака горливиот проблем со паркирањето во Капиштец, но допрва ќе се види колку ќе го намали. Засега не се знае на кој принцип ќе функционира гаражата, бидејќи „Тинекс“ нема да стопанисува со неа, туку ќе ја даде на друга фирма.


АДЕМОСКИ СКРАТИ 400 МЕСТА


Објектот „Сити Плаза“ до трговскиот центар „Рамстор“ требаше да биде првата градска катна гаража. Нејзината изградба се најавуваше уште откога се градеше самиот центар, но беше одложувана поради проблеми со деталниот урбанистички план, кој беше оспорен пред Уставниот суд. Конечно, откако инвеститорот, познатиот бизнисмен Ајдован Адемоски ги разреши сите недоречености во своја полза и склучи договор со НЛБ Тутунска банка заедно да го прават објектот, градежните работи почнаа кон крајот на 2007 година, а завршија во јануари годинава, кога беше свеченото отворање.

Во оваа зграда градот доби еден огромен административен банкарски комплекс со дополнителни деловни простории предвидени за други фирми, но никаде ја нема катната гаража, која требаше да биде нејзина основна намена. Се уште нема ништо од ветените пет ката, потпокрив и два товарни лифтови сите во функција на паркирањето. Наместо простор за дури 550 автомобили, според фалбите на инвеститорот, засега на располагање се само 150 паркинг места на подземното ниво. За паркирање таму се плаќа 30 денари за првиот час, а секој нареден ќе чини 20 денари.

Адемоски не сака да објаснува зошто скусил 400 места од тоа што го ветуваше. Само кратко одговори дека е на пат и дека не бил должен да дава никакви одговори. Додека неговата зграда се уште се градеше во медиумите се појавија огласи дека таму се издаваат деловни простории. Кога се јавивме на телефонскиот број на огласот ни беше речено дека објектот ќе биде гаража барем уште една година, а потоа би можеле да закупиме канцеларии. Сопственикот Адемоски ниту за ова не сакаше да даде коментар.


УНИВЕРЗАЛНА ПРАКТИКА И КАЈ САЛАТА


И катната гаража што почна да се гради зад Универзалната сала го поминува истиот пат како претходните, Најавена како решение за проблемот со паркирањето околу овој објект, дадена на приватен инвеститор, кој ја пренаменува во деловни простории. Во објектот треба да има две подземни и три надземни нивоа за паркирање, со 136 места. Тетовската фирма-инвеститор „Импексел 2“ и нејзиниот сопственик Неим Хусеини на поставувањето на камен-темелникот рекоа дека 35 отсто од градбата ќе биде наменета за деловни простории. Сето тоа остава малку надеж дека на некоја наредна манифестација во Универзалната сала што ќе предизвика голем интерес веќе нема да ја има вообичаената глетка - паркирани автомобили насекаде, особено на булеварот Партизански одреди, кој е речиси блокиран од нив.


„ИДАДИЈА“ И „БИСЕР“ НАЈНАДЕЖНИ


Околината на трговскиот центар „Бисер“, Ивица Коневски, градоначалникот на Аеродром, ја опишува како „жешка точка“, кога е во прашање проблемот со паркирањето во неговата општина. Продавници, бутици, кафулиња, кафеани, супермаркети, пазар, обложувачници... Сконцентрираноста на сите овие објекти на тој мал простор предизвикува таму да се паркираат автомобили не само од страните на паркинг-местата, туку и по два реда среде станбените улици. Во остатокот од општината вообичаено има по еден ред возила во средишниот дел од улиците, иако, според правилата, не треба да има ниту еден.

Токму поради тоа државата организираше јавно наддавање за долгогодишен закуп на земјиштето меѓу „Бисер“ и ресторанот „Мекдоналдс“, со цел тој што ќе го добие да изгради катна гаража. По наддавањето што се одржа на 14 февруари 2007 година, плацот го доби фирмата „Илинден“ по цена од 1.950 денари за квадрат годишно. Потоа малку фалеше да го загуби, бидејќи прво бараше да има повеќе деловен простор во зградата, па општината одби да издаде градежна дозвола. Одобрението за градење беше издадено во март, непосредно пред да истече рокот за отпочнување на градбата предвиден во договорот со Министерството за транспорт и врски. Фирмата не добиваше градежна дозвола затоа што проектот требаше да биде приспособен кон урбанистичкиот план. Таму треба да се направи објект со по четири подземни и надземни нивоа, кој ќе може да собере 242 возила. Андреја Ошавков, менаџерот на „Илинден“, на ланското поставување на камен-темелникот најави деловни простории во потпокривот, што значи дека и оваа гаража, барем делумно, ќе биде во функција самата на себе.

Неодамна почна да се гради катна гаража и кај поликлиниката „Идадија“, за која Кочан Адем, сопственикот на фирмата-инвеститор „Палата Млин Балкан“ вели дека ќе биде единствена во градот што ќе служи исклучиво за паркирање. Но неизвесно е дали овој објект воопшто ќе се направи, бидејќи Министерството за транспорт и врски поднело иницијатива до Државниот правобранител за да се врати земјиштето во државна сопственост, поради прекршување на роковите за градба.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10229950525&id=14&prilog=0&setIzdanie=21818


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Oct-2009 at 17:32
Адемоски не сака да објаснува зошто скусил 400 места од тоа што го ветуваше. Само кратко одговори дека е на пат и дека не бил должен да дава никакви одговори. Додека неговата зграда се уште се градеше во медиумите се појавија огласи дека таму се издаваат деловни простории. Кога се јавивме на телефонскиот број на огласот ни беше речено дека објектот ќе биде гаража барем уште една година, а потоа би можеле да закупиме канцеларии. Сопственикот Адемоски ниту за ова не сакаше да даде коментар.


Е уште ова да го дочекаме и би било капак  Eeek2

Како да не беше доволно веќе направениот криминал. Како да не е попаметно господинот да се задоволи со „постигнатото“ и да не ризикува понатаму. Мада во наши услови и не е баш чудно лакомоста да ги премине сите граници. Криминалот со катните гаражи очигледно функционира непречено и дебело се исплати. Ако некој заработил лесни пари врз грбот на сите нас, а тоа му го аминувале корумпирани институции, дали може да го обвиниме за амбицијата тоа да го повтори?

Каде се надлежните?   Bash
Овде не само што треба во корен да се сосечат вакви планови за целосна пренамена, туку треба да се лоцира одговорноста и за досегашните ујдурми!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2009 at 01:21

Паркинг достоен за „Камел трофи“

Градските и општинските власти велат дека паркингот зад МРТВ треба да го уредат институциите што го користат

Со години граѓаните што одат да вадат нови лични карти и пасоши во одделението на МВР, зад зградата на Македонската телевизија, паркираат на импровизиран паркинг, кој има толку многу дупки и грпки што е достоен за етапа од „Камел трофи“. Кога е лето, на паркингот се креваат облаци прав кои ги полнат автомобилите, а наесен и назима граѓаните газат во кал до колена.

Станува збор за околу 200 квадратни метри неасфалтиран простор. Несфатливо е како е можно надлежните да го заборават и да не го асфалтираат, со оглед на бројот на граѓаните што го користат. Во објектот што го користи Министерството за внатрешни работи се издаваат пасоши, лични карти, возачки дозволи, возачки книшки, изводи од матичните книги на родени, венчани и умрени и други документи, па секој скопјанец барем еднаш годишно таму ги тестира своите возачки вештини за маневрирање.

- Неверојатно е ова што се случува. Во центар на град, толку фреквентен паркинг, а така запустен. Што ли си мислат странците за нас кога ја гледаат оваа пустина? За да се стигне до паркингот граѓаните мора да поминат под еден затворен надземен ходник од МРТВ, во дупка која ја ископале автомобилите. Тоа не е безбедно ниту за возачите ниту за возилата. Вака не се оди во Европа. Не знам зошто никој од надлежните не го облагороди ова место, барем со павер да го поплочеа, ако не им се исплаќа да асфалтираат. Што ја чини општината Центар или министерства што работат во зградата на МРТВ да поплочат и да стават клупи, за да може да се одморат постарите граѓани што чекаат на разни шалтери. Не знаат да си го уредат сопствениот двор - вели пензионерот Н.С.

Ниту Градот Скопје ниту Општина Центар не се нафаќаат да ја избришат грдата слика и да го уредат просторот.

Од Градот Скопје велат дека тој паркинг не е во нивна надлежност и не знаат кој би можел да го уреди.

- За тој дел од Скопје се' уште немаме изготвен план за паркирање. Кога ќе се изготви планот, овој паркинг секако би бил дел од проектот за зонското паркирање - велат во одделението за односи со јавност.

Од Општина Центар објаснуваат дека просторот околу објектот на Македонската радио-телевизија е градежна парцела, односно дворно место, кое според планот им припаѓа на МТВ и на сите други државни институции што ги вршат своите функции во тој објект.

- Овие институции се должни во целост да го уредат земјиштето кое им е дадено на користење според нивните потреби, со намена за паркинг-простор, парковско зеленило, пристапни патеки, односно целосно партерно уредување - велат во Општина Центар.

Освен Министерството за внатрешни работи, во зградата на МРТВ работи и Министерството за животна средина и просторно планирање и повеќе државни инспекторати, кои иако го користат паркингот, досега не се сетија со сопствен пример да покажат дека се свесни и за естетиката во градот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB0ABC6BA30CB246944830D51C3D0A6F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2009 at 01:26

Наместо адреналин-парк, ќе се гради катна гаража

Под Транспортниот центар од поштата кон кејот на Вардар ќе се прави паркинг на две нивоа

Адреналин-паркот ќе стане катна гаража на две нивоа, најавуваат во јавното претпријатие „Градски паркинг“. Планирано е да се уредува потегот под Транспортниот центар од поштата во правец кон кејот на Вардар. Паркингот го пресекува сообраќајница, од која ќе има влез кон двата дела. Во првата фаза е предвидено да се уреди постојното ниво, а во иднина, за да се искористи висината на столбовите од железничката станица, ќе се направи уште едно, монтажно ниво.

Моментно, во Градот Скопје е во тек изработка на проектот, а во буџетот за следната година за реализација на првата фаза се предвидени 10 милиони денари.

Откако и по неколку години од најавата за изградба на парк со содржини за екстремни спортови не се реализираше проектот, градските власти решија да го искористат просторот за друга намена. Во меѓувреме, иако на само два километра од строгиот центар на градот, локацијата неколкупати се претвораше во дива депонија. Одреден краток период беше и заградена, но ни тоа не помогна. Со изградбата на паркингот градските власти веруваат дека ќе се избегне повторување на оваа состојба.

„Со уредување на оваа локација ќе се реши проблемот на паркирањето на сите субјекти во околината, вклучувајќи ја поштата, железничката и автобуската станица, дискотеката, а првенствено на жителите на околните згради. Тие, како и на другите паркиралишта на ’Градски паркинг’, ќе добијат повластени цени за паркирање. Редовната цена за сите други ќе биде 10 денари од час“, велат во јавното претпријатие.

Таму сметаат дека со воведувањето на зонското паркирање кај ТЦ „Бисер“ и „Веро“, како и со овој паркинг, на европски модерен начин ќе се решат жешките паркинг точки во Општина Аеродром. За ова, нагласуваат во јавното претпријатие, имаат голема поддршка од локалната власт и од градоначалникот Ивица Коневски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1A06E30FAEAC6A43B9A0ABA607275FC6


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Dec-2009 at 19:15

Повеќе место за паркирање, помалку за пешаци


Одвај десет сантиметри за пешачење остануваат на тротоарите на улицата Никола Русински во Карпош 3 откако таму ќе се паркираат возила

%20
Тротоарите на повеќе места во општината Карпош, се повеќе се користат за паркинг простори. Граѓаните велат дека повеќе не се чувствуваат безбедни бидејќи за да стигнат од еден до друг дел од населбите мораат да се движат по улица. Со ваков проблем се соочуваат жителите кои секојдневно се движат по улицата Никола Русински во Карпош 3, во делот кај гимназијата „Никола Карев“ и трговскиот центар Лептокарија.

- Немаме каде да се движиме, некој погрешно пресметал дека на нашите тротоари има место и за пешаците и за автомобилите. Оставено ни е по пола метар како тротоар, но кога ќе се паркира возило, од пола метар добиваме само 10 сантиметри. Тротоарите ни се претворија во паркинзи, а со тоа се загрозува и нашето движење. Не можеме повеќе ниту децата да ги пуштиме сами да отидат на училиште бидејќи мораат да се движат по улица. Знаеме дека општината Карпош, како и целиот град, има проблем со недостиг од паркинг простор, но тие можат да се направат на други места, каде што има услови за тоа, без да се загрози никој - вели Иван Ристовски, жител на населбата Карпош 3.

Жителите на улицата Бриселска во населбата Тафталиџе, пак, велат дека откога е целосно реконструирана нивната сообраќајница, фирмите кои работеле на теренот заборавиле да го одвојат тротоарот од неа.

- Со реконструкцијата на улицата ги изгубивме тротоарите, односно сега тие се во иста висина со улицата. Очигледно е дека во овој дел не се штедело на асфалт. Но, проблем ќе настане во периодите кога ќе има обилни врнежи, бидејќи тогаш во нашите гаражи и подруми ќе се слива цела вода. Потребен ни е тротоар не само за да не се поплавуваме, туку и да бидеме побезбедни кога се движиме по улиците - велат жителите од улицата Бриселска.

Од општината, пак, велат дека сите градежни зафати на улиците се правеле во согласност со донесениот детален урбанистички план.

- Не се работи за погрешна пресметка. Ние улиците ги реконструиравме според важечкиот урбанистички план за кој имаше јавна расправа, а никој од жителите тогаш не даде никаква забелешка за тоа да се промени. Сега можат граѓаните само да поднесат иницијатива со која ќе побараат измена на планот, постапка која трае шест месеци. А за проблемот кој се појави на улицата Бриселска, постои можност да се подигне асфалтот за три до пет сантиметри и повторно да се на направи тротоар за да не влегува вода во гаражите и подрумите во периодите кога имаме обилни врнежи на дожд - велат од општината.
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12991050446&id=14&prilog=0&setIzdanie=21857
Автор: Б.С.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2009 at 00:12
Семејство обвинува за незаконска изградба на паркинг

За Општината и ЈП изградбата е легална, оти станува збор за државен имот

Деспина Трајковска


Поранешни сопственици на 500 квадрати земјиште во близина на училиштето „Блаже Конески“ во Аеродром обвинуваат дека ЈП „Градски паркинг“ незаконски гради паркиралиште токму на парцелата за која веќе неколку години водат судска постапка со која сакаат да ја докажат сопственоста врз неа. Семејството Дамески смета дека изградбата е неоснована, оти за земјиштето се води судски спор, а истовремено и Општина Аеродром не го почитува важечкиот ДУП, кој на парцелата предвидува изградба на зграда, а не паркиралиште. Дејан Дамески, еден од двајцата браќа засегнати во случајот, вели дека потегот на „Градски паркинг“ кое од пред десетина дена го подготвува теренот за паркиралиште, бил причина повторно да „влезат во лавиринтот на институциите“.

„Уште во 1988 година татко ми го купи плацот и објектот на него, кој до 1991 година најчесто го издававме под кирија. Таа година речиси да бевме принудени да отстапиме дел од земјиштето на ГП ‘Маврово‘ за да може целосно да ја изгради постојната зграда која зафаќаше дел од нашиот имот, а подоцна ни ја урнаа и гаражата и други придружни објекти. За возврат, од компанијата добивме два стана. За дел од земјиштето, пак, со тогашното Министерство за урбанизам направивме спогодба за експропријација, според која државата требаше да ни додели земјиште, а делумно обесштетување да добиеме и од Градот Скопје. Меѓутоа, спогодбата и по толку години не е испочитувана. Во целиот случај е симптоматично тоа што до 2002 година се водевме како сопственици на имотот, за што имавме и имотен лист, но од тогаш досега земјиштето се наоѓа во рацете на РМ, иако државата не ја испочитува спогодбата“, објаснува Дамески.

Вели дека ниту неколкуте килограми документација не му помогнале изминативе години да го добие она што му следува на семејството. Залудни биле алармирањата до надлежните институции, почнувајќи од Катастарот, преку Министерството за транспорт, па се' до Општината.

„Единствено ни преостана правдата да ја бараме на суд, но и по толку години, нема никаква разврска“, дополнува Дамески, кој за еден месец го очекува исходот од барањето за привремена мерка запирање на активностите на терен.

Од Општина Аеродром и ЈП „Градски паркинг“ сметаат дека семејството нема причина да ги обвинува за беззаконие или за узурпирање приватен имот. Градоначалникот Ивица Коневски и директорот Панче Стојановски велат дека се гради на имот кој во катастар е заведен како државна сопственост. Точно е, велат и двајцата, дека важечкиот ДУП на тоа место предвидува зграда, но тврдат оти имаат право да го градат паркингот зашто бил од привремен карактер.

„Во случај да дојде до реализација на планот за изградба на зграда или евентуално судот да пресече и на семејството да му го врати имотот, ние ќе ја испочитуваме одлуката“ вели директорот на „Градски паркинг“, Стојановски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=05ED73BF6BA3DD4694923DB4F90D5329



Posted By: axel
Date Posted: 17-Dec-2009 at 11:22
ПРОСТОРИТЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ СЕ ПОИНТЕРЕСНИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ
Центар ќе монтира паркиралиште Роза Петкова

Монтажното паркиралиште, кое градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ најави дека ќе го постави на улицата Народен фронт, треба да биде готово до јуни в година. Тогаш ЈП „Паркинзи на Центар“ планира да почне да стопанисува со него, што може да се види од програмата за работа на претпријатието, која се најде на последната седница на Советот, но потоа беше повлечена за доработка. Од Општина Центар велат дека ако има доволно места, можно е паркирањето да не се наплаќа за жителите од населбата затоа што гаражата првично е наменета за нив. - Времето ќе покаже дали корисници што не живеат во Капиштец ќе го користат паркинг-просторот и ако е така, ќе се плаќа некоја симболична сума за жителите, додека за останатите цените ќе бидат комерцијални - тврди Јовица Ацковски, портпарол на Општината. Паркиралиштето ќе се протега на постојната локација за паркирање, на почетокот од улицата Народен фронт до кафе-барот „Интермецо“. Општинските власти велат дека изградбата ќе се одвива во две фази, во 2010 година и во 2011 година. Прво ќе се прошири приземјето, каде што ќе може да се сместат околу 250 возила, а катот ќе собира уште толку. Од Центар објаснуваат дека сумата од 17 милиони денари, која е предвидена во општинскиот нацрт-буџет за изградба на простор за паркирање, нема да се троши само за монтажното паркиралиште, туку предвидена е и за локации кои со урбанистички планови влегуваат во надлежност на општината. - Тоа се паркиралиштето до ЕСМ, кај спортската сала „Кале“, зад Т.Ц. „Буњаковец“, кај „Лотарија на Македонија“ и на останатите локации во општина Центар кои се предложени во урбанистичките планови Мал ринг, Голем ринг, Буњаковец 1 и 2, Капиштец и Дебар маало 1 и 2 - објаснува Ацковски. Наредната година ЈП „Паркинзи на Центар“, освен во Капиштец, планира да разработи уште две паркиралишта, зад „Буњаковец“, поточно кај ќебапчилницата „Дестан“, и пред општинските бараки и спроти фонтаната во Градски парк, каде што ќе се оформи еден паркинг-простор во облик на буквата Г. Во повлечената програма е наведено дека првото паркиралиште треба да почне со работа од први март, а второто од април. Исто така, стои и информација дека наредната година претпријатието очекува да заработи 23 милиони денари од „Трготекстил“, „Зелен пазар“, „Автомакедонија“, „Дом на градежници“ и трите нови паркиралишта. Целата заработка „Паркинзи на Центар“ планира да ја потроши за плати и за материјални трошоци.

Општината ќе се вклучи во зонското


Според директорот на општинското претпријатие, Тодор Делјановски, следната година новини во фирмата ќе бидат вработувањето на уште 15-20 луѓе и приклучување на Центар во проектот за зонско паркирање. Тој уверува дека скапиот софтвер нема да биде пречка и дека Општината ќе најде начин да ги преземе од „Градски паркинг“ улиците кои се во нејзина надлежност.
- Секој нека си ја гледа математиката во куќата. Јас консултирав многу стручни луѓе и доктори на науки. Зонското паркирање може да се направи и за помали пари – вели Делјановски.
Во изминативе неколку години бизнисот со паркирање стана вистинско поле за борба и превласт меѓу општинските и градските власти. Најсвеж пример за тоа е паркиралиштето кај Тутунски комбинат, кое пред извесно време го презеде „Градски паркинг“, а претходно токму Општина Центар имаше желба да го управува, но се откажа од намерата затоа што просторот не бил предвиден во ДУП.


И „Паркинзи на Центар“ не плаќа такса

Програмата за работа на „Паркинзи на Центар“ беше повлечена од седницата на Советот за да се реши прашањето со таксата која претпријатието има обврска да ја плаќа на Општината, во согласност со Законот за комунални такси. Директорот Делјановски објаснува дека пресметаната такса би ја зголемила цената за паркирање, па затоа ќе се бара друго решение. Истиот проблем го има и „Градски паркинг“, кој има долг кон Град Скопје за неплатена комунална такса.                                                                                                                                   http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1894&ArticleID=129222   
< = < =


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Dec-2009 at 14:33
Паркирањето кај Тутунски комбинат почна да се наплаќа

ЈП "Градски паркинг" минатата недела почна со наплата за паркирање на пар­кин­гот кај Тутунски комбинат". Во моментов се наплатува паркирање за цел ден, што чини 40 денари. Наскоро ќе биде поставена дигитална рам­па и наплатата ќе се врши од час, односно 20 денари за еден час пар­ки­ра­ње. ОД ЈП"Градски паркинг" велат дека дигиталната рампа ќе ја пос­та­ват по Нова година, откако ќе ги одбележат паркинг местата и ќе си за­кр­пат дупките на паркингот.

http://vest.com.mk/?ItemID=42E3C5A907035842B55968FBA6EC3218



Print Page | Close Window