Print Page | Close Window

Јавен автобуски превоз - Прилеп

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2082
Printed Date: 29-Nov-2020 at 14:40


Topic: Јавен автобуски превоз - Прилеп
Posted By: гитардемон
Subject: Јавен автобуски превоз - Прилеп
Date Posted: 31-Jan-2013 at 19:59

Општина Прилеп ќе добие градски превоз

Четврток, 31 јануари 2013 15:07



За прв пат во Општина Прилеп ќе започне да сообраќа организиран градски превоз што ќе ја покрива територијата на градот и населените места.
Носител на овој проект е ЈП за ПУП кој воедно и ќе го имплементира, а се очекува да започне во првото тромесечје од оваа година.
Локалната самоуправа има постапка за набавка на пет модерни автобуси кои ќе се движат по планираната траса, а воедно предвидено е и опремување на постојките на кои ќе има електронски табли за информации на корисниците.
Имплемeнтацијата на овој проект подразбира целосна подготовка на сообраќајните коридори, а не е исклучена и опцијата да бидат вклучени и јавните превозници по теркот на јавно приватно партнерство.

Градоначалникот Марјан Ристески рече дека за почнување на градскиот превоз Општината од својот Буџет издвои повеќе од 6.000.000 денари, што ќе бидат употребени наменски, а за доопремувањето и одржувањето кое ќе следи тековно ќе биде обезбедени и дополнителни средства.
Во зависност од потребите на овој проект Општината ќе инвестира и други додатни инвестиции кои етапно ќе бидат предвидени.
Се очекува градскиот превоз во голема мера да ја олесни комуникација на граѓаните и воедно да им овозможи на сите граѓани поедноставно и поекономично решение.

Copyright 2013 makfax
Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.



http://www.tera.mk/aktuel/opshtina-prilep-kje-dobie-gradski-prevoz - http://www.tera.mk/aktuel/opshtina-prilep-kje-dobie-gradski-prevoz

ЈП за ПУП = http://jpzapup.com/ - Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови

Не ми е јасно зошто повеќе градови не прибегнат кон ова решение... А, чекај, јасно ми е - бидејќи не се заинтересирани за суштинско решавање на проблемите, туку само сакаат да местат тендери за автобуски линии и да не им ја земаат работата на дивите таксисти! Се надевам дека ќе одат до крај со свои автобуси, а не со некои приватници.



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2013 at 00:28
Еднаш одамна во Прилеп имам видено Санос (претпоставувам С-115) полн со патници и бев под импресија дека во градот барем во минатото имало организиран јавен превоз. Дали имало па бил укинат, или можеби сум видел некој работнички автобус? Или нешто трето


Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 01-Feb-2013 at 01:16
Во град во кој такси превозот е бадијала (најчесто 30-50 ден) тешко ќе функционира автобуски превоз (билетот ќе треба да биде 10 ден за некој воопшо да се качи).
Мене ми мириса на опцијата такси превозот за поскапи како во Скопје за едно 150%, па автобусите да бидат полни.


Posted By: Vergina
Date Posted: 01-Feb-2013 at 04:24
Vo minatoto vo Prilep imalo organiziran javen prevoz.


Posted By: Vergina
Date Posted: 01-Feb-2013 at 04:36
Toa vsusnost e i poentata na javniot gradski prevoz.  Taxi prevozot e normalno sekade vo Evropa daleku poskap i poudoben. Mnogu se vnimava na standardite koi se vo nego i konkurencijata e golema. Vozilata naj cesto se limuzini so visoko nivo na cistota. Toa za zal kaj nas ne e standard tuku navistina taxi prevozot e najprifateniot javen prevoz. Samoto po sebe e kontradikotorno bidejki vo zemja so niski primanja na gragjanite im e normalno da se vozat so taxi. Masovniot prevoz so taxi vo sporedba so regionot go ima samo kaj nas. Normalno e taxi prevozot da e znacitelno poskap od avtobusot, tramvajot, metroto itn. Na razvienoto opstestvoto ostanuva da im obezvedi kavaliteten, siguren i brz transport na svoite gragjani. Taxito ne ja podrazbira masovnosta koja mu pripagja na ostanatite nacini na transport.


Posted By: stratus
Date Posted: 01-Feb-2013 at 11:46
Автобускиот превоз во прилеп би бил 10-15ден (во Битола е 15ден, а порано беше 10), додека со такси за 30ден не можеш нигде да стигнеш(цените за нормални локации низ градот се 50-100ден. Прилеп според мене заслужува гратски превоз и помали градови од него во други држави имаат.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Feb-2013 at 13:52
Јас едвај се сеќавам на градски превоз во Прилеп,сигурно сум имал околу 5-6 години кога го прекинаа,што ќе дојди некаде 1991-92.
Инаку и јас се изненадив за ова јавно-приватно партнерство,бидејќи последниот пат кога го гледав градоначалникот кажа оти се свесни за тоа дека од почеток додека се навикнат граѓаните може да има и загуби но општината немало да се откаже макар и како социална мерка.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2013 at 14:06
Originally posted by ovaj_stariov

Јас едвај се сеќавам на градски превоз во Прилеп,сигурно сум имал околу 5-6 години кога го прекинаа,што ќе дојди некаде 1991-92.
Јас Саносот го видов пред 10-тина години, можеби бил превоз на работници или нешто друго... Се сеќаваш ли да си гледал Саноси (С-115) низ Прилеп?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Feb-2013 at 15:07

Сигурно било за превоз на работници

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Тркало
Date Posted: 01-Feb-2013 at 21:15
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by ovaj_stariov

Јас едвај се сеќавам на градски превоз во Прилеп,сигурно сум имал околу 5-6 години кога го прекинаа,што ќе дојди некаде 1991-92.
Јас Саносот го видов пред 10-тина години, можеби бил превоз на работници или нешто друго... Се сеќаваш ли да си гледал Саноси (С-115) низ Прилеп?


Tутунски комбинат имаше еден S-115 за превоз на работници, црвен по боја со реклами од цигари, сигурно активен до пред 4-5 години...

Убава работа ова, само да створат Прилепчани навика за користење градски превоз.Не е баш блиску за некој студент од Точила пешки до главната болница, Марино или до Рид, па и до автобуска да не одат со такси и 2 огромни куфери.
Исто и делот до Марфил, Сигурносно стакло па и до Крин можат да го поврзат со јавен превоз поголем дел од градот ако овие фирми немаат сопствен превоз на работници.
Варош - Точила - Железничка - Липа - Автобуска - Стадион Гоце Делчев - Општа Болница би била добра линија низ скоро сите поважни места.

Па и кружна поврзана насока и со обратен смер или сосем друга линија:

(Лукоил/Милина) - Болница - Кире Гаврилоски - Карпалак - Општина Прилеп - Здравствен дом - Тутунски комбинат - СД Орде Чопела - Економски Факултет - Варош


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 12-Jul-2013 at 19:31
Мене не ми изгледаат баш дека се нови, ама ајде
На сајтот има доста слики и од внатрешноста на автобусите, позитивно-налепниците се на Макадонски

Пристигнаа петте нови автобуси за градски превоз





Градоначалникот Марјан Ристески и Претседателот на совет Никола Димески денеска ги презентираа новите пет автобуси. Општина Прилеп првпат за многу брзо време ќе започне со организирање на јавен градски превоз, кој ќе ја покрива територијата на градот и населените места. Носител на проектот е ЈП за просторно и урбанистичко планирање.
„ Денеска пристигнаа новите пет автобуси и со веќе постоечките два имаме вкупно седум кои ќе ја покриваат територијата на градот и населените места - посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Автобусите ќе започнат да дејствуваат од 1 септември оваа година.
Петте модерни автобуси ќе се движат по планираните две траси, а воедно предвидено е и опремување на постојките на кои ќе има електронски табли за информации на корисниците.
Општината за проектот градски превоз, кој се воведува по барања на граѓаните, од Буџетот оддели повеќе од шест милиони денари. За доопремувањето и одржувањето ќе следат дополнителни средства.

http://prilep.gov.mk/news/mk/pristignaa-pette-novi-avtobusi-za-gradski-prevoz/ - http://prilep.gov.mk/news/mk/pristignaa-pette-novi-avtobusi-za-gradski-prevoz/

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2013 at 23:32
Originally posted by ovaj_stariov

позитивно-налепниците се на Макадонски

Во Прилеп „симнување“, наместо „слегување“? Што се случува?  Big%20smile


Posted By: sanos_a
Date Posted: 13-Jul-2013 at 08:28
само едно не ми е јасно. ако дале 6 милиони денари (скоро 100,000 евра) за овие 5 автобуси ман тогаш некој ставил прилично добра сума на пари во џеб. еден ваков ман во германија се наоѓа за најмногу 12,000 евра. значи 5*12,000 = 60,000 евра.
Applause


-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum


Posted By: stratus
Date Posted: 13-Jul-2013 at 10:12
Мислам дека цената е реална еден ваков МАН е околу 15000 (Еуро4) и плус давачки зацарина и хомологација...


Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Jul-2013 at 10:40
па ако се додаде провизијата(нормално) од 15-20% цената изгледа си е реална


Posted By: sanos_a
Date Posted: 13-Jul-2013 at 13:33
каде стратус ти виде дека овие ман-ови се еуро 4? ова е модел MAN NL2X2 кој се произведуваше до 2000 година што значи дека се еуро2. ако се NL202 цената им е околу 12000 евра од парче, а ако се NL262 цената им е пониска. царина за автобуси нема, ДДВ се враќа Wink

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum


Posted By: Тркало
Date Posted: 13-Jul-2013 at 19:34
Нека се угоде, за цените нема да коментираме
Ама чоек, професоро по англиски го клале секретар на општина   


Posted By: Шах
Date Posted: 17-Jul-2013 at 14:17
Originally posted by vlatko.mk

Во град во кој такси превозот е бадијала (најчесто 30-50 ден) тешко ќе функционира автобуски превоз (билетот ќе треба да биде 10 ден за некој воопшо да се качи).
Мене ми мириса на опцијата такси превозот за поскапи како во Скопје за едно 150%, па автобусите да бидат полни.


Така велиш веројатно затоа што очекуваш цената на градскиот превоз да биде иста како во Скопје (25/30/35 денари). Во Битола е 20 денари (пред некоја година беше и 15) и функционира, а градот е со приближна големина и цени на такси превозот.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 17-Jul-2013 at 14:45
И во Куманово е 20 денари за прва зона, а 25 денари за втора.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Шах
Date Posted: 19-Jul-2013 at 15:50
Originally posted by phenomenon

И во Куманово е 20 денари за прва зона, а 25 денари за втора.

Ехааа, дури и зони имате во Куманово? А овде нѐ лажат дека сме биле втор град по големина.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 19-Jul-2013 at 16:50

Убаво рече - сте биле. Повеќе не сте. Туку, едно време Прилеп имаше зглобен градски автобус, мислам дека беше зелен по боја. Дали сообраќаше како градски или бил на некоја фабрика?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Danndy
Date Posted: 19-Jul-2013 at 20:37
Originally posted by phenomenon


Убаво рече - сте биле. Повеќе не сте. Туку, едно време Прилеп имаше зглобен градски автобус, мислам дека беше зелен по боја. Дали сообраќаше како градски или бил на некоја фабрика?


Обратно ваљда?
А не знаев ни јас дека Куманово има јавен превоз... Добро е, започнал да се урбанизира еден од најружните градови во мк.

На кој начин ќе се издаваат билети во Прилеп?

-------------
Traveling.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-Jul-2013 at 10:26

Крајно сум изненаден од овој пост
Куманово има градски превоз откако паметам. Значи најмалку 30(триесет!)години. Југ-Турист опслужуваше 8 линии:
1 - Ж.Станица-А.Станица-Карпош
2 - Х.Куба-Д.Којнаре
3 - Ж.Станица-Зелен Рид
4 - Доброшане-Лопате
5 - Тромеѓа-Режановце
6 - А.Станица-Романовце
7 - ФЗЦ-Зелен Рид
8 - Х.Куба-Љубодраг-Умин Дол

Сега линиите ги опслужуваат приватни превозници. Градските линии се:

1 - Проевце-Зелен пазар
2 - Искра-Г.Којнаре
3 - Зелен Рид-Искра/Ж.Станица
4 - Искра-Доброшане
5 - Карпош-Искра/Ж.Станица
6 - Табакана-Режановце
7 - Табакана-Лопате
8 - Тромеѓа-Зелен пазар
10 - Зелен пазар-Биљановце
11 - Центар-Умин Дол
13 - А.Станица-Речица
14 - Центар-Романовце

Тоа се само градските линии. Плус има и доста приградски за околните села. Види:
http://doc.kumanovo.gov.mk/sovet/sl10.pdf

Инаку градот е стварно за никаде благодарение на локалнава власт. Иако е помала, Битола за Куманово е Лас Вегас. Тоа јас како кумановец најодговорно го тврдам.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Шах
Date Posted: 22-Jul-2013 at 09:29
Originally posted by phenomenon


Убаво рече - сте биле.

Па не го реков баш тоа, јас зборувам во сегашно прераскажано време, а ти - во минато неопределено свршено време.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 05-Mar-2014 at 19:12
Профункционира ли градскиот превоз во Прилеп или точна е ииформацијата од Радио Слободна Европа?

http://www.novini.mk/read/622796/prilepchani-i-natamu-bez-gradski-prevoz

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-Mar-2014 at 21:32
Точна е информацијата, сеуште нема ништо.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Apr-2014 at 13:31
Возен ред и ценовник за градскиот превоз во Прилеп

1. ЦЕНОВНИК НА БИЛЕТИ

Зона
А

цена на билет за:
градски линии

едно возење
20

дневен билет
50

викенд билет
120

неделен(седумдневен) билет
250

месечен билет
600

годишен билет
6.000

месечен билет
за ученици и студенти
350



Повеќе информации и видеа на http://www.prilep.gov.mk/news/mk/vozen-red-i-cenovnik-za-gradskiot-prevoz-vo-prilep/ - http://www.prilep.gov.mk/news/mk/vozen-red-i-cenovnik-za-gradskiot-prevoz-vo-prilep/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 17-Apr-2014 at 01:38
Фина карта ,не толку сложена , а од друга страна и цената на превозот не е превисока.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Apr-2014 at 02:14
2. НАЧИНИ НА НАПЛАТА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ   ВО ПРИЛЕП
Начинот на наплата во возилата (автобусите) на Јавниот градски превоз во Прилеп ке биде еден од најсовремените во Македонија а можеби и на Балканот.
Имено се работи заследното: Секој корисник на Јавниот градски превоз е должен да си купи картичка од наплатниот центар на ЈСП -Прилеп , која ке биде сместена во центарот на градот. Во картичката секој корисник си уплака сума во согласност со ценовникот донесен од Советот на О.Прилеп (Пример: ако уплати 20 ден има право да се вози еднаш, доколку уплати 50 ден може да се вози цел ден- дневна карта, доколку уплати 600ден има можност да се вози цел месец итн.итн) Контролата се врши електронски, со помош на монтиран апарат на влезот од автобусот каде кориснукот е должен да јаприближи картичката. Картичката е многу слична со кредитните или сите картички кои се користат за подигање на готовина на постојните банкомати низ градот. Картичките се купуваат еднаш, а се користат и дополнуваат по желба на корисникот.
Вториот начин на наплата е кога корисникот на услугите на градскиот превоз нема картичка и плака со готовина, односно на влезот од автобусите ке биде монтиран апарат каде корисникот е должен да пушти метални монети во износ од 20ден (две монети од по 10ден. или четири од по 5 ден)За плакањето во готовина корисникот добива фискална сметка од апаратот во кој ги пушта монетите.
За да се избегнат злоупотребите при користењето на градскиот превоз ке биде вршена Контрола на корисниците во самите автобуси од страна на инспекциска слузба определена од Локалната самоуправа, која ке ги контролира картичките или фискалните сметки на корисниците во Јавниот градски превоз.


3. ВОЗЕН РЕД
Автобусите од јавниот градски превоз со работа ќе започнуваат во 6.30ч наутро , стартувајќи истовремено од почетокот и крајот на обележените автобуски линии. Последното возење на автобусите ќе биде во 22.30ч .
Термините на обраќање на градските автобуси ќе варираат во текот на еден работен ден.За полесно да го следите возниот ред внимателно проследетеја табелата која следува:
од 6.30ч - 9.30ч
Автобусите ќе се обраќаат на секој половина час
од 9.30ч - 12.30ч
Автобусите ќе се обраќаат на секој час
од 12.30ч - 16.30ч
Автобусите ќе се обраќаат на секој половина час
од 16.30ч - 20.30ч
Автобусите ќе се обраќаат на секој час
од 20.30ч - 22.30ч
Автобусите ќе се обраќаат на секој половина час

http://prilep.gov.mk/news/mk/vozen-red-i-cenovnik-za-gradskiot-prevoz-vo-prilep/ - http://prilep.gov.mk/news/mk/vozen-red-i-cenovnik-za-gradskiot-prevoz-vo-prilep/

Предизборно или не, секоја чест за пристапот! Мислам дека апсолутно по мерак на сите нас средено, баш како што треба. Чисто и едноставно.

Стискам палци да се разработи, тоа веројатно ќе сака малку расчистување на состојбата со дивите таксисти. Тек после, можеби ќе има и нови постојки низ градот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 17-Apr-2014 at 09:06
ЈСП постои милион години овие уште не почнале а веќе се милион години пред ЈСП. И со картата, и со начинот на наплата и со билетите кои се многу флексибилни со според мене ептен реални и умерени цени. Ако ова функционира така како што пишува погоре, ЈСП слободно може да прати свои луѓе на обука во Прилеп. Јасно е дека Прилеп е многу помал град но сепак вака темелно изработен старт не очекував. Секоја чест.  


Posted By: phenomenon
Date Posted: 17-Apr-2014 at 10:12
Aвтобусите нема да СЕ ОБРАЌААТ, туку ќе СООБРАЌАТ.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Apr-2014 at 18:41
грешки сме,луѓе правиме


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-Apr-2014 at 18:57
Браво Прилеп


Posted By: BOJAN
Date Posted: 19-Apr-2014 at 11:29
Можам да се сложам со претходните форумаши дека организираноста на јавниот превоз во Прилеп, барем на хартија, е далеку подобра од онаа на ЈСП-Скопје. Системот со електронски картички што се надополнуваат и поништуваат во Скопје СЕ ВЕТУВА СО ГОДИНИ и не се најде никој паметен да го реализира, нешто што на властите од Прилеп им требаа неколку месеци.

Јас лично ги очекувам реакциите на членовите на форумов од Прилеп да дадат сопствено мислење за тоа како функционира системот во зародиш.


Posted By: sanos_a
Date Posted: 22-Apr-2014 at 11:42
Originally posted by phenomenon

Aвтобусите нема да СЕ ОБРАЌААТ, туку ќе СООБРАЌАТ.

во превозот на патници се обраќаат LOL


-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-May-2014 at 19:04
ПРИЛЕПСКИОТ ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ, ФУНКЦИОНИРА СПОРЕД ЛОНДОНСКИОТ МОДЕЛ И Е ЕДИНСТВЕН ВО ЗЕМЈАВА
Принципот според кој функционира Јавниот градски превоз во Прилеп, направен е според лондонскиот модел, и засега е единствен во земјава. Според надлежните, ова е најсофистицираниот начин за јавен превоз на граѓаните и тоа по многу поволни цени.

gradskiprevozpress 2

Инаку, Градскиот превоз во Прилеп, како долгогодишна насушна потреба на граѓаните, конечно профункционира за верме на Велигденските празници. Засега сообраќаат шест автобуси на три релации, со тенденција нивниот број да се зголемува согласно потребите.
http://10bez10.com/vesti/opshtina/2513-prilepskiot-javen-gradski-prevoz-funkcionira-spored-londonskiot-model-i-e-edinstven-vo-zemjava


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Jun-2014 at 21:41
Да кажам збор два за градскиов во Прилеп, вака на хартија изгледа интересно и самиот систем со картичките е добар.

   Но досега како што гледам превозот не се користи многу, најчесто автобусите вртат празни или има по 5-6 души, ретки се случаеви со повеќе. Грешката ја гледам во тоа што како прво нема направено автобуски постојки, единствен показател кај застанува автобусот се минијатурни табла по бандерите на која има бројка од линијата која поминува. Значи треба од дома да си подготвен да знаеш која линија од каде тргнува каде застанува и сл.
   Со тек на време би требало да се средуваат работите, но мислам дека почетокот е важен па требаше малку посериозно однесување, барем на дел од местата да имаше постојки со мапи па народот да стекне некоја навика.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: kultuzin
Date Posted: 02-Jun-2014 at 12:43
Овој Стариот последне пат кога бев во Прилеп седевме во едне кафич и дојде градоначалникот е поздрави не позна дека не сме од Прилеп свртевме малку муабет и после гледам скоро со сите се поздравуваше. Муабетот ми е се гледа дека човекот е доста приступачен така да мислам дека твојата забелешка можеш да му ја кажеш директно. Нешто како Ѓоко шо направил во Кичево.
Што се однесува до забелешката верувам дека ќе допринесе за зголемување на бројот на патници но мислам дека неможе да се очекува револуција зошто сепак Прилеп е мал град а таксито доста евтино, плус скутери, лични автомобили ако на ова го додадеш и нашиот менталитет кој не е многу наклонет кон градскиот превоз мислам дека зголемувањето на патниците е еден комплициран и долготраен процес, зошто ќе треба да се менуваат навиките на луѓето а знаеме добро какви сме ние по тоа прашање.
Јас мислам дека е добро да се популаризира превозот особено кај младите луѓе да има App апликации и слично. Исто така според мене рутите би требале да се прошират и кон вонградските средини. Незнам како стои Прилеп со села но мислам дека не е лошо и тие да се кружат.


Posted By: N23
Date Posted: 23-Jun-2015 at 14:53
Претпоставувам ова во позадина е градски автобус во Прилеп. Сликата е преземена од Ѕид на сообраќајниот срам.




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Sep-2016 at 08:42
Прилепското јавно претпријатие ЈП ПУП вчера распиша тендер за купување на половни нископодни автобуси за градскиот превоз во Прилеп. Веројатно дека ќе има повеќе информации штом ќе се склучи набавката.


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Aug-2019 at 17:12
Прилеп прв со еколошки и поевтин градски превоз



Прилеп, прв во земјава доби еколошки и поевтин градски превоз. Со 60 милиона денари од локалниот буџет, градот набави четири нови автобуски за градскиот превоз на метан, што беа пуштени денеска.

https://www.slobodenpecat.mk/prilep-prv-so-ekoloshki-i-poevtin-gradski-prevoz/ - https://www.slobodenpecat.mk/prilep-prv-so-ekoloshki-i-poevtin-gradski-prevoz/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Aug-2019 at 19:21
245.000 EUR по парче. Секоја чест штом сами си ги финансирале, од 20 денари по билет сигурно нема да ги извадат. Браво за визијата, оти за профит сигурно не било!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Тркало
Date Posted: 25-Aug-2019 at 20:39
Ниту еден град кај нас, посебно од типот на Битола, Прилеп, Куманово па и помали како Охрид, Штип итн. не можат да постигнат самоодржливост на градски превоз само од наплата на карти.Па дури ниту ЈСП Скопје, барем не во ваков облик каков е сега.Во секој случај, само пофалба за набавката.Далеку подобро отколку службени возила за градоначалниците.



Print Page | Close Window