Print Page | Close Window

Обнова на манастирот Трескавец

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Верски
Forum Discription: Цркви, џамии, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2090
Printed Date: 21-Jul-2018 at 16:08


Topic: Обнова на манастирот Трескавец
Posted By: xnx
Subject: Обнова на манастирот Трескавец
Date Posted: 04-Feb-2013 at 14:54
Гори манастирот Трескавец
Македонија | 4. февруари 2013 - 14:33
Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен

667
Пламени јазици го зафатија манастирот Трескавец во Прилеп. Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен. Засега нема информации во какви околности избил пожарот. Нашата екипа се упати кон манастирот. Очекуваме повеќе информации.



Replies:
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 04-Feb-2013 at 15:18
Лоша работа,манастирот е непристапен со обични пожарни,пред многу години се случи истото и изгореа сите конаци.Вака од градов се гледа само чад.
Можи @gjoko ќе ни каже некоја информација повеќе

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: dime
Date Posted: 04-Feb-2013 at 15:43
Противпожарните екипи не можеле да стигнат до манастирот
Понеделник, 04 Февруари 2013 14:52

Според најновите информации пожарот во манастирот Трескавец во Прилеп избувнал околу 14 часот.


Пламените јазици го зафатиле целиот објект на манастирот, а изгорени се двата конаци.

Информациите до кои дојде Курир говорат дека противпожарните екипи не биле во можност да стигнат до објектот за да пристапат кон негово гаснење.

По пријавата на случајот во полиција, МВР го информирал Центарот за управување со кризи кој треба да превземе мерки за гаснење на пожарот во манастирот.

Манастирот пред околу 30 години беше изгорен до темел, но истиот беше целосно обновен со донации од граѓани и прилепски фирми.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/102183-Protivpozarnite-ekipi-ne-mozele-da-stignat-do-manastirot


Posted By: ehrlich
Date Posted: 04-Feb-2013 at 15:44

Еве ги последните информации од Дневник

Датум: 04.02.2013, 14:44

Пожарникарите пристигнале кај Трескавец, ангажиран и хеликоптер

Пожарникарите успеале да пристигнат кај манастирот Трескавец, кој од околу еден часот попладнево е во пламен. Било дадено одобрение и за ангажирање хеликоптер во гаснењето на пожарот.

Според информации од Управата за заштита на културното наследство, огнот ги зафатил конаците, а црквата, која е споменик на културното наследство, не е во опасност од пламените јазици.

Центарот за управување со кризи во Прилеп упати апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот што го зафати овој голем манастирски комплекс.

Пред околу три децении огнена стихија го изгоре до темел, манастирскиот комплекс од 13 век, „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, кој се наоѓа на десетина километри од Прилеп. Тогаш манастирското богатство темелно се обнови во автентичен стил со донации од граѓаните и од прилепските фирми.

Неодамна почна изградбата на пат за манастирот, вреден 1,5 милион евра, финансиски поддржан од Министерството за транспорт и врски.


Posted By: xnx
Date Posted: 04-Feb-2013 at 16:21
sega moze da se slikame so patot nov


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Feb-2013 at 17:11

ФОТО: Еве што остана од манастирот во Трескавец - фотографии од пожарот
Македонија | 4. февруари 2013 - 16:27
Погледнете ги фотографиите од пожарот кој попладнево избувна во манастирот Трескавец. Според досегашните информации, изгорени се сите четири конаци и се прават напори да се спаси црквата "Успение на Пресвета богородица“.



http://press24.mk/story/pozhar/foto-eve-shto-ostana-od-manastirot-vo-treskavec-fotografii-od-pozharot - http://press24.mk/story/pozhar/foto-eve-shto-ostana-od-manastirot-vo-treskavec-fotografii-od-pozharot



Posted By: Goki
Date Posted: 04-Feb-2013 at 20:14
Da pogodam, sto se slucilo... zastareni uredi i izolacii... isto kako i vo postata vo Skopje...

Odrzuvanje i obnovuvanje na uredi i aparati, nesto sto ne postoi vo Makedonija. Ako raboti - ne go cepkaj.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Feb-2013 at 21:00




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Feb-2013 at 21:12
Страшно е ова , треба да се научиме да ги штитиме ваквите културни знаменитости со непроценлива вредност пред да се случат вакви несреќи. Среќа во несреќата е што црквата не е зафатена од пожарот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Feb-2013 at 21:38
Originally posted by kultuzin

Страшно е ова , треба да се научиме да ги штитиме ваквите културни знаменитости со непроценлива вредност пред да се случат вакви несреќи. Среќа во несреќата е што црквата не е зафатена од пожарот.
требаше да научиме уште од пожарот во бигорски...
сега само се надевам дека ќе го реконструираат овој манастир, и малце ќе се посвети внимание на заштита на старите објекти во земјава кои се катастрофи што чекаат да се случат, со сите запаливи материјали во нив, и слабото одржување (во смисла на обезбедување) на објектите... помалку веројатно е, ама барем да се надеваш...

среќа само што и овој, и оној пожар во Бигорски, не ги зафатија манастирите, што всушност се највредни делови од комплексите... нив и да ги реконструираш, нема да вреди, ќе се изгуби целосната вресност на манастирите


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: martind
Date Posted: 05-Feb-2013 at 00:44
За жал веќе неколку годину наназад заштитата на старите Манастири и Цркви воопшто не е приоритет на Државата. Пред неколку години се случи Бигорски, еве сега Трескавец, а никој ништо не превзема и сигурен сум дека во ниеден манастир во РМ нема ППА....
.... навистина е жално, вакви манастири да имаше во некои други земји ќе беа и тоа како заштитени, а кај нас никој не се грижи.
... И навистина не ми е јасно каква потреба имаме да се града Цркви кога постоечки не можеме да ги сочуваме....


Posted By: xnx
Date Posted: 05-Feb-2013 at 09:09
da ne zboruvam pak koja e razlikata na vrednosta na tie sto treba da gi zacuvame i tie sto se gradat denes
u princip ne sakam meshanje na politika vo ova, ama dali e fer be da dade ministerstvoto za kultura uste 1 milion evra od bugetot za mebel vo triumfalnata kapija, a posle pozarot vo bigorski da ne dade ni denar za obnova i zastita na instalacii i protivpozarna zastita vo manastiri stari do 8 veka?


Posted By: Teglarot
Date Posted: 05-Feb-2013 at 11:10
Има нешто што смрди околу целава работа, но не е димот од пожарот. . .
Огромни штети прават пожарите по манстирите ширум Македонија, а потоа има игри и огромни профити за сите при обновата на уништените манастири.
Едноставно, страшно !


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Feb-2013 at 15:50
Originally posted by martind

За жал веќе неколку годину наназад заштитата на старите Манастири и Цркви воопшто не е приоритет на Државата. Пред неколку години се случи Бигорски, еве сега Трескавец, а никој ништо не превзема и сигурен сум дека во ниеден манастир во РМ нема ППА....
.... навистина е жално, вакви манастири да имаше во некои други земји ќе беа и тоа како заштитени, а кај нас никој не се грижи.
... И навистина не ми е јасно каква потреба имаме да се града Цркви кога постоечки не можеме да ги сочуваме....


Слабо си информиран

Измеѓу тие, прво беше Лесново, па Согле, а еве сега и Трескавец. У меѓувреме превентивно беше обновет конакот во Зрзе...

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Feb-2013 at 15:54
Како изгледа Трескавец по пожарот?

Утринава заедно со претставници од Завод и Музеј градоначалникот Ристески го посети манастирскиот комплекс „Трескавец“ кој вчера попладне го зафати огнена стихија во која до темел изгореа конаците.
Во текот на денот ќе се врши увид во манастирот „Трескавец“ со цел да се утврди која е причината за појавата на пожарот во кој целосно изгореа конаците, а со пожртвуваната интервенција на прилепчани, на надлежните служби беше спасена црквата Успение на Пресвета Богородица од 13 век, како и сите вредни предмети.
Денеска за состојбата во манастирот ќе расправа економскиот совет на општина Прилеп, а на пладне ќе се одржи и вонредна седница на Советот.

Пожарникарите и доброволоци се на терен и будно ја следат состојбата, а во текот на наредните денови ќе започне и расчистувањето на просторот. Ќе се работи на нов проект за изградба кој ќе биде според стандарди за градба, согласно законот за заштита на културното наследство.

Ова е трет пожар од 19 век па наваму во манастирот. Претходно конаците гореле во 1867 година и во 1990 година.







http://kurir.mk/makedonija/vesti/102280-FOTO-Kako-izgleda-Treskavec-po-pozarot - http://kurir.mk/makedonija/vesti/102280-FOTO-Kako-izgleda-Treskavec-po-pozarot

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Feb-2013 at 15:56
Originally posted by ovaj_stariov

Лоша работа,манастирот е непристапен со обични пожарни,пред многу години се случи истото и изгореа сите конаци.Вака од градов се гледа само чад.
Можи @gjoko ќе ни каже некоја информација повеќе


Neli go napravia patot?

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Feb-2013 at 16:02
Владиката Климент: Во таа пепел ќе изникне манастирот како феникс (04.02.2013)

Изгореа конаците, а за среќа остана црквата „Успение на пресвета Богородица“. Срцето на манастирот е спасено. Тажна е сликата која денеска дојде до очите на секој човек со добра волја. „Трескавец“ изгледа на едно големо пеплосано тело, но, фала му на Бога, и на Мајката Божја што во целиот тој пепел живо е срцето, жива е црквата, остана трпезаријата. Кога е жив храмот Божји и кога е жив народот божји што го чини храмот, се надеваме дека во таа пепел ќе изникне манастирот како феникс сето она што е градено со векови, а денеска за неколку часа беше зафатено од пламените јазици.

Ова изјава ја даде владиката Климент, кој во својот емотивен апел сите да помогнат за да се спаси манастирот, потсетил дека и пожарот пред 23 години бил ист.

Владиката Климент вели дека првично пожарот почнал од гостинска соба и се ширел кон монашкиот конак. Во моментот на избувнувањето во манастирот биле искушеникот Калист и еден гостин.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска попладнево пристигна во Прилеп.

- Сакам да изразам огромно жалење за овој денешен немил настан кој се случи на манастирскиот комплекс Трескавец. Изгореа конаците, но значајно е тоа што се сочуваа црквата која датира од 13. век и трпезаријата од 14 век - изјави министерката Канческа-Милеска.
Таа вети дека итно ќе се направи план за да се обнови манастирот и оти во моментов стручните лица од прилепскиот Завод и музеј вршат увид на лице место.

- Утре ќе доставиме целокупна информација до Владата. Ќе има акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел. Веднаш ќе се изработи проект и преку надлежните институции веднаш ќе пристапиме да извршиме брза санација и реконструкција за да се вратат автентичноста и сјајот на конаците што изгореа - изјави Канческа-Милеска.

Општина Прилеп за утре закажа вонредни седници на Општинскиот и на Економскиот совет. Пред 23 години прилепчани заедно со сите во Македонија го издигнаа манастирот, така ќе биде и овој пат, уверува градоначалникот Марјан Ристески.

- За прилепчани манастирот „Трескавец“ значи многу. Потресно беше да се гледа како горат конаците. Но уверен сум дека сите заедно повторно ќе го обновиме. Сега е битно да се констатира состојбата, полека да се расчистува теренот и да се најде фирма изведувач на работите, изјави Ристески упатувајќи апел за обновата на манастирот да се придружат сите, не само од Прилеп.

Противпожарните екипи, доброволците ќе останат во манастирот Трескавец сè додека огнот целосно не се изгасне.




http://preminportal.com.mk/content/view/11504/1/ - http://preminportal.com.mk/content/view/11504/1/

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Feb-2013 at 17:08
од Кичево се побара само Ленд Роверот-Дефендер од дирекцијата за заштита и спасување.Иначе во Македонија има многу манастири кои се на непристапен терен,бидејќи кога се граделе немало возила.Сега е друго време и треба да се мисли на тоа.Мислам дека за овој пат за манастирот новите возила Бремачи се добри,проблем е што се има само по 1 во секој град и собираат малку вода-1.3 тони што нема да заврши работа.

Требало кога се граделе конаците во 1990 после тогашниот пожар,дрвените греди да ги имрегнираат со заштитна смеса која многу го успорува горењето на гредите .

Но не сме македеонци ако не учиме на сопствени грешки


Posted By: Makedonij
Date Posted: 14-Feb-2013 at 19:22
[TUBE]XrH93dkiZFY[/TUBE]

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 03-Aug-2013 at 22:12
[Tube]ObmKGoDQXpo[/Tube]

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Aug-2013 at 11:43

На 28 август ќе биде пуштен патот до манастирот Трескавец

При крај се градежните активности за асфалтирање на патот до Трескавец.


Градоначалникот Марјан Ристески, денеска ги посети екипите на градежното претпријатие „Гранит“ кои го асфалтираат патот до манастирскиот комплекс Трескавец. Тој изрази задоволство од текот на работите за асфалтирање на патот, за што министерството за транспорт и врски вложи 2 милиона евра.

„Задоволен сум како се одвиваат работите. Минатата година на 28 август, на големиот празник „Успение на пресвета Богородица“, го ставивме камен-темелникот и наместо за година и пол, екипите од „Гранит“ ветија и исполнија дека патот ќе биде готов за една година. Што значи дека на 28 август ќе биде пуштен во употреба.

Сеуште стигнуваат донации од сите страни за обнова на опожарените конаци кои страдаа во катастрофалниот пожар од 4 февруари годинава. Проектот за обнова на конаците е во завршна фаза и надежите се дека напролет може да почнат градежните работи.

regioni.m



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 23-May-2014 at 18:27

ЗАПОЧНАА ДОЛГО ОЧЕКУВАНИТЕ АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ЦРКВАТА

ДАЛИ%20ЌЕ%20СЕ%20ОТКРИЕ%20ПРИКАЗНАТА%20ЗА%20ТРЕСКАВЕЦ%20СТАРА%20НАД%202%20МИЛЕНИУМИ?

Во манастирот Трескавец кај Прилеп пред 10-тина денови започнаа археолошките истражувања во црквата, кои конечно после долги години треба да дадат одговор на прашањето што крие ова место во своето милениумско постоење. Во наредните 60-тина денови истражувањата ќе бидат насочени во црквата, старата трпезарија и магерницата. Според експертите овие истражувања треба да помогнат и во реализација на проектот за конзервација и заштита на овие три објекти, кој пак треба да биде изработен оваа година, за што пак средства веќе беа одобрени од страна на Министерството за Култура.

22-02

Не станува збор за обични археолошки истражувања туку за заштитни археолошки истражувања, кои се неопходни да се направат за да се добијат податоци при изработката на проектот за конзервација и реставрација на црквата и старата трпезарија. Овој простор е целосно неистражен, неопходно е да се направат овие археолошки истражувања за да конечно се дефинира што се имало на Трескавец, под црквата, старата трпезарија и магерницата. Досега не се направени вакви истражувања, конечно ќе се добијат податоци за сето тоа кои градби ги имало тука, со оглед на градбите и функцијата која ја имал Трескавец во минатото. Значи податоци кои досега никој не ги истражувал“, рече Гордана Данилоска – Спироска, директор на Завод и Музеј Прилеп.

22-03

Со својата мистика ова место, низ вековите и денес привлекувало илјадници посетители. Научно и стручно никој досега не ги образложил тајните кои ги крие ова древно светилиште. Експертите не ги кријат своите очекувања дека можеби ќе се дојде и до некое епохално откритите. Низ годините за Трескавец се плетат голем број мистерии и приказни. Се претпоставува дека тука на овој простор се наоѓала античката населба Колобаиса како и тоа дека ранохристијанската базилика на Трескавец, односно денешната црква е изградена врз темелите на античкиот храм посветен на боговите Аполон и Артемида. Токму овие археолошки истражувања треба да дадат одговор на сите овие мистерии. Според досегашните претпоставки и наоди кои се најдени кај локалитот Гумно, кој се наоѓа веднаш под манастирот, Колобаиса постоела некаде од 4 век п.н.е. до 4 од од н.е. Првата ранохристијанска базилика, врз која се претпоставува дека се наоѓа денешната црква, според наодите била изградена тука кон крајот на 5 и почетокот на 6 век. Со сите овие проекти конечно ќе се врати стариот сјај на Трескавец.

22-04

Не радува фактот дека конечно се започна со реализација на овој проект и дека за брзо време ќе започне целосна реконструкција на црквата, архитектонска консолидација, чистење на фреските и се што значи внатрешно уредување на црквата. Исто така со овие истражувања можеби ќе се даде одговор на приказната за Трескавец која се уште не е раскажана. Ние за Трескавец знаеме само од скромните истражувања кои се случиле во 50-тите години и од тогаш никој посериозно не се позанимавал со ова место. Би рекол дека ќе се открие како функционирал манастирот низ векоите, а археолозите ќе си најдат и свои откритија за оној пагански или антички период од функционирањето на ова место“, вели монахот Калист.

22-05m

Проектот пак за обнова на конаците деновиве треба да се прати на повторно разгледување во Националниот конзерваторски центар и според очекувањата на Заводот и Музеј од Прилеп, оваа година да биде распишан и и тендерот за нивна обнова. Тие според најавите треба да бидат обновувани фаза по фаза, а како ќе тече целиот процес ќе кажат експертите. Инаку со изградбата на патот манастирот станува вистинска туристичка мека во прилепско за верниците и за сите оние кои сакаат да уживаат во неповторливата природа. За само 9 месеци, откако се изгради новиот пат манастирот го имаат посетено над 50.000 гости. Со новите откритија и реновирањето на конаците се очекува тој број да се зголеми за неколку пати.

22-06m

http://www.patokazmagazin.com.mk/patokaz-br-27/item/dali-ke-se-otkrie-prikaznata-za-treskavec-star-nad-dva-mileniumi



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-May-2014 at 23:28
ова беше ископано уште пред неколку месеци.

иначе зборував со одговорниот инженер кој го градеше патот до манастирот(сват ми е) и ми кажа податок дека најголемиот успон на патот е 15.64% што е стварно многу


Posted By: jyvation
Date Posted: 06-Aug-2014 at 13:50


Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Aug-2014 at 01:32


Posted By: Makedonij
Date Posted: 23-Aug-2014 at 10:10
https://lh3.googleusercontent.com/-CqzRF6uNaG8/Ui2HiUTAw7I/AAAAAAAAAXw/zsWu8jHkias/w1000-h662/treskavec-monastery%2B%25285%2529.jpg
https://lh5.googleusercontent.com/-rmZrPXQuvEM/Ui2HgXPm4lI/AAAAAAAAAXI/x2PvDWPvB94/w1000-h684/treskavec-monastery%2B%252823%2529.jpg


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 13-Oct-2014 at 08:32
http://i1029.photobucket.com/albums/y356/satcen/MK%20-%20Brod%20a%20Prilep%20-%202013/15_Treskavec_zpsd2c75fd5.jpg

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: jyvation
Date Posted: 14-Oct-2014 at 20:07




Posted By: gjoko
Date Posted: 14-Oct-2014 at 20:33
кој не бил обавезно да го посети манастиров.глетката е феноменална


Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Mar-2015 at 19:25


Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Mar-2015 at 19:26


Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Mar-2015 at 19:28




Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-Apr-2015 at 13:53
Од колекцијата на султанот Абдул Хамид II, изработена пред 1901 година


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Apr-2015 at 15:15
дали некој планира да се реконструира комплексот воопшто? имам 200 цркви кај мене во маало, ама никој не се потегна да реконстуира конаци на толку стар и познат манастир?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Apr-2015 at 18:22
јас не те разбрав баш најдобро????


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Apr-2015 at 19:40
Сака да каже дека додека се градат едно чудо нови цркви во скопски Аеродром, не се вложуваат пари во обновата на Трескавец.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: totobobo
Date Posted: 19-Apr-2015 at 19:44
Добро е што се градат нови цркви, како што е добро што се обезбедени средства за реконструкција на Трескавец. Реконструкцијата ке започне кога ке завршат археолочките истражувања, за да се процени во која насока да оди реконструкцијата, а таму кај што нема да има археолошки активности ке започне пред тоа.

-------------
Interceptor design


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Apr-2015 at 04:35
Богами добро е, без цркви леб нема.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: totobobo
Date Posted: 20-Apr-2015 at 07:14
Originally posted by гитардемон

Богами добро е, без цркви леб нема.


Не, за леб ти треба пекара.

-------------
Interceptor design


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Apr-2015 at 07:35
Ако веруваш доволно, не ти треба.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Apr-2015 at 09:12


-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Apr-2015 at 01:02
Originally posted by totobobo

Добро е што се градат нови цркви, како што е добро што се обезбедени средства за реконструкција на Трескавец. Реконструкцијата ке започне кога ке завршат археолочките истражувања, за да се процени во која насока да оди реконструкцијата, а таму кај што нема да има археолошки активности ке започне пред тоа.
археолошките истражувања се во црквата, а не во конаците, кои се изгорениот дел од комплексот...
и дури и ископувањата и истражувањата да се причина, периодот за кој комплексот остана руина, е премногу долг, спореден на пример, со реконструкцијата на комплексот на Бигорски манастир

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: totobobo
Date Posted: 21-Apr-2015 at 07:46
Originally posted by zabegan

Originally posted by totobobo

Добро е што се градат нови цркви, како што е добро што се обезбедени средства за реконструкција на Трескавец. Реконструкцијата ке започне кога ке завршат археолочките истражувања, за да се процени во која насока да оди реконструкцијата, а таму кај што нема да има археолошки активности ке започне пред тоа.
археолошките истражувања се во црквата, а не во конаците, кои се изгорениот дел од комплексот...
и дури и ископувањата и истражувањата да се причина, периодот за кој комплексот остана руина, е премногу долг, спореден на пример, со реконструкцијата на комплексот на Бигорски манастир


Различни епархии имаат и различна финансиска моќ, така е воспоставена пракса во православието, да се независни, и секоја си функционира сама за себе. Пелагониската на чело со владиката Петар е најсиромачна, но сега од донации конечно се собраа пари, и се работи на конаците, како што гледаш и на сликите.

-------------
Interceptor design


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Apr-2015 at 23:19
Originally posted by totobobo

Originally posted by zabegan

Originally posted by totobobo

Добро е што се градат нови цркви, како што е добро што се обезбедени средства за реконструкција на Трескавец. Реконструкцијата ке започне кога ке завршат археолочките истражувања, за да се процени во која насока да оди реконструкцијата, а таму кај што нема да има археолошки активности ке започне пред тоа.
археолошките истражувања се во црквата, а не во конаците, кои се изгорениот дел од комплексот...
и дури и ископувањата и истражувањата да се причина, периодот за кој комплексот остана руина, е премногу долг, спореден на пример, со реконструкцијата на комплексот на Бигорски манастир


Различни епархии имаат и различна финансиска моќ, така е воспоставена пракса во православието, да се независни, и секоја си функционира сама за себе. Пелагониската на чело со владиката Петар е најсиромачна, но сега од донации конечно се собраа пари, и се работи на конаците, како што гледаш и на сликите.
врти-сучи, манастиорв чека реконструкција веќе трета година... не искоментриав кој треба да ги даде парите, само давам паралела за нашево забегано, наводоно христијанско општество
и тоа гледам на манастиров како културно објележје на кое треба да интервенираат и државни органи

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Sep-2015 at 15:04


Posted By: kultuzin
Date Posted: 20-Nov-2015 at 13:28
ВИДЕО – КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ НОВИТЕ КОНАЦИ НА ТРЕСКАВЕЦ

Регион - Вести Петок, 20 Ноември 2015 Дарко Штаргоски 93





treskavec

Деновиве беше објавен тендерот за обнова на опожарените конаци на манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец. Инвестицијата е на Министерството за култура, а таа ќе чини околу 2,5 милиони евра. Ќе се обновуваат источниот, северниот и западниот конак. Тендерот ќе трае до 9 декември.




„Проектот е завршен, го добивме конзерваторското одобрение од Управата за заштита на културното наследство. Доколку се оди според планираната динамика изградбата на конаците треба да заврши во 2018 година. Бидејќи временските услови на Трескавец сега се лоши, се надеваме дека некаде во месец март 2016 година би започнала изградбата на конаците“, истакна Гордана Данилоска, Спироска, директор на Завод и музеј Прилеп.

Проектот бил направен согласно сите фотографии и документи кои постоеле за Трескавец.


„Од старите фотографии кои ги најдовме, а кои потекнуваат некаде од средината на 19 век може да се види дека и западниот и северниот конак се во горниот дел затворени, исто како што беше и источниот конак. Значи изгледот на манастирот нема да биде таков каков што граѓаните го паметат пред пожарот, туку сега ќе се затворат и горните конаци на северниот и западниот конак“, додаде Спироска.

Со проектот конаците сега ќе бидат секторски одделени со бетонски ѕидови, а поврзувањето помеѓу нив ќе биде со огноотпорни врати. Со тоа биле запазени сите мерки против пожар.


„Со армирано-бетонската конструкција од која ќе бидат направени конаците се избегнува и ширење на огнот од долниот на горниот кат. Во собите ќе биде вграден и систем за гаснење на пожари со инертен гас, што значи дека доколку се вклучи тој систем воопшто нема да настане никаква штета врз мебелот и се она што се наоѓа во просторијата, нема гаснење со вода, значи штетите кои евентуално би настанале при пожар, кој се надеваме дека никогаш повеќе нема да се случи, ќе бидат минимални“, потенцира, Спироска..

Оваа година се работеле и проектите за реконструкција на црквата и трпезаријата кои потекнуваат од 13 век, а се работело и на изработка на проектот и за реконструкција и санација на магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата. Се очекува овие два проекти да бидат готови идната година и тогаш да се распише и тендер за нив
http://www.patokazmagazin.com.mk/vesti/item/video-kako-kje-izgledaat-novite-konaci-na-treskavec
[tube]01VwqMYQXKY[/tube]


Posted By: kultuzin
Date Posted: 21-Dec-2015 at 22:46

Српска фирма ќе ги обновува конаците на Трескавец















Фирмата „Кото инженеринг“ од Белград ќе ги обновува опожарените конаци на Трескавец, информираат од Завод и музеј Прилеп кој го распиша тендерот за изведувач за обновата на конаците, а го спроведе Бирото за јавни набавки.

download (3)

– На тендерот се пријавија седум фирми, од кои шест домашни и една странска, од Србија. На електронската аукција што ја спроведе Бирото за јавни набавки најповолна и најсоодветна беше понудата на фирмата „Кото инженеринг од Белград, Србија. Нејзината понуда е 101 милион денари. Тендерот заврши како и рокот за жалби. Инаку, ниту една жалба не стигна па се потврди изборот за изведувач за фирмата „Кото-инженеринг, објаснува Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и музеј.

Според Данилоска, српската фирмата има големо искуство во реновирање и конзерваторски работи на споменици на културата.

– „Кото инженеринг“ со години има искуство во реставраторско-конзерваторски работи, обнова на манастири, соработувала и со УНЕСКО и ЕУ. Фирмата работела на обнова, меѓу другото на манастирите Дечани, Грачаница, вели Данилоска Спироска.

Интензивните работи на обновата на опожарените конаци треба да почнат од март наредната година. Во овој период, доколку дозволат временските услови може да се подготви теренот.

Манастирските конаци ќе се обновуваат според изготвениот проект и треба да ја задржат автентичноста на конаците.

– Проектот е работен да се врати автентичноста, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија, чинам е од 1846, фотографија на која се сликани прилепските еснафи, вели Гордана Данилоска Спироска.

Според програмата на Министерството за култура, кое со владата ја финансира обновата на овој седумвековен манастир, конаците на Трескавец треба да се обноват до 2018 година.

Конаците на Трескавец изгореа во пожарот на 4 февруари 2013. Сега се работи на проектите за реконструкција и конзервација на црквата „Успение на пресвета Богородица“, на трпезаријата и на магерничкиот конак и камбанаријата.
http://lokalno.mk/srpska-firma-kje-gi-obnovuva-konacite-na-treskavec/ - http://lokalno.mk/srpska-firma-kje-gi-obnovuva-konacite-na-treskavec/


Posted By: xnx
Date Posted: 22-Dec-2015 at 11:56
do 2018taaa? seriozno? 3 konaci?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 26-Dec-2015 at 12:26
1925

http://www.dlib.mk/handle/68275/320 - dlib.mk

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Feb-2017 at 13:27
http://s1046.photobucket.com/user/Makedonij/media/Crkvi/tresk%201_zps9adzxwg1.jpg.html">

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Feb-2017 at 20:28
Овде се работи нешто или се чекаат донации? И дали некој има информација дали државата помага финансиски, сепак ова е манастир од големо културно-историско значење.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: hcitrS
Date Posted: 05-Feb-2017 at 21:46


13 јули 2016:

Увид во градежните работи во манастирскиот комплекс денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа изјави дека Министерството за култура за обновата на конаците одвоило два милиона евра.

-Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трескавец е споменик на културата од највисок ранг. Рокот е три години. Засега сè тече според планот. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежните работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди - рече Канческа-Милевска.

Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.

%20http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/novosti/2542-pocna-obnovata-na-opozarenite-konaci-na-treskavec - слики со министерката, градоначалникот, директорот...


Posted By: macedonia
Date Posted: 02-Apr-2017 at 16:43
02.04.2017

















Posted By: macedonia
Date Posted: 01-Aug-2017 at 16:45


Posted By: macedonia
Date Posted: 13-Mar-2018 at 20:30


Posted By: macedonia
Date Posted: 11-Jun-2018 at 15:23



Print Page | Close Window