Print Page | Close Window

Аеродроми

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Воздухопловство
Forum Discription: Аеродроми, авиосообраќај...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=21
Printed Date: 25-Sep-2018 at 02:14


Topic: Аеродроми
Posted By: pbanks
Subject: Аеродроми
Date Posted: 14-Sep-2007 at 22:33

ЗОРАН КРСТЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈАВНОТО АЕРОДРОМСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ


Ја пропуштивме шансата Охридскиот аеродром да стане карго центар


Бугарската карго компанија "Вега", која беше заинтересирана за овој проект, својот интерес го насочи кон Србија бидејќи предолго тактизиравме, а сето тоа поради непознавање на европската регулатива


Директорот на Јавното претпријатие за аеродромски услуги "Македонија", Зоран Крстевски, е задоволен што годинава е зголемен бројот на превезени патници од аеродромот "Александар Велики", но сепак смета дека треба да се направи многу за да се подигне квалитетот на аеродромската инфраструктура со цел тој да стане атрактивен за транзитни патници.

Годинава ги намаливте цените на аеродромските услуги за 20 проценти. Има(ше) ли тоа ефект во привлекувањето на странски авиокомпании и во превезувањето на патници?
- Да. Аеродромите "Александар Велики" и "Свети Апостол Павле" годинава имаат одличен скор на летови. Скопскиот аеродром има за осум проценти зголемување на комерцијалните летови и околу 15,5 насто пораст на бројот на патници или тоа е 60.000 патници повеќе од истиот период лани. Зголемена е и пополнетоста на авионите што зборува за успешност на авиокомпаниите што летаат кон Македонија. Ова посебно се однесува на домашниот авиопревозник МАТ, кој учествува со околу 30 проценти од вкупниот авиосообраќај во земјава.

Отворени се нови авиодестинации како што се Париз, Амстердам и Келн, а се најавуваат и други со зимскиот ред на летање. Очекуваме да се отвори линијата за Франкфурт, а има најави и за дестинација кон Италија и за Сараево. Задоволен сум од обемот на авиосообраќај бидејќи европскиот просек е шест проценти, а за 11 насто расте сообраќајот на приштинскиот аеродром, кој е наш најголем конкурент во регионот.

Холандската компанија НАКО беше избрана за консултант за аеродромите. Кога ќе почне со изработка на студијата за давање на аеродромите под концесија?
- "Александар Велики" има лоша инфраструктура бидејќи е правен во некои други времиња, кога требал да биде само домашен аеродром за врска со Белград. Тоа треба да го промениме. Претставници на НАКО доаѓаат во земјава на 24 септември. Тие треба за шест месеци да изработат сообраќајна и техничка студија од која ќе се оцени дали на постоечката локација на аеродромот ќе се доградува терминалната зграда, или ќе се гради нова, што е многу подобро решение. Треба да ја подигнеме и категоријата на пистата од сегашната прва на втора, односно трета, со што "Александар Велики" би станал атрактивен за таканаречените технички слетувања и за транзит на патници. Ова е значајно бидејќи во регионот нема некој од посериозните аеродроми, како што се франкфуртскиот или виенскиот.

Што направивте во привлекувањето на нискобуџетни авиокомпании?
- Засега се само две - "Ер Берлин" која оперира на дестинацијата Скопје-Дизелдорф-Скопје, а втората е "Герман Вингс" која деновиве имаше неколку летови за Келн, а со зимскиот ред на летање ќе има редовна авиолинија. Со сите нискобуџетни авиокомпании што летаат во овој регион стапивме во контакт, но се уште нашиот пазар не е доволно атрактивен во економска и туристичка смисла. Очекуваме уште некоја да се одлучи да лета за Македонија, бидејќи трендот во светот е авиокомпаниите да летаат според патниците, што значи дека и помалите аеродроми имаат големи шанси и не е како порано патниците да летаат само од големите аеродроми.

До каде е со најавите за влез на бугарската карго компанија "Вега" на македонскиот пазар?
- Требаше да го искористиме тој момент со кој ќе можевме да го промовираме Охридскиот аеродром во карго центар. Тие сега својот интерес го насочија кон Србија. Ја пропуштивме шансата бидејќи предолго тактизиравме, а сето тоа поради непознавање на европската регулатива и постојаното барање некој друг да одлучува во наше име, што не е добро. Некогаш е добро и да се ризикува.

Инвестиравте ли во инфраструктурата на аеродромите?
- На Охридскиот аеродром го модернизиравме ВИП салонот за да ги исполнува сите услови за прием на претседатели и други комерцијални активности. Инвестиравме 30.000 евра во нов фри-шоп. И на двата аеродроми подобрена е информатичката технологија за повикување на патници, ставени се нови LCD монитори. На Охридскиот аеродром за еден месец очекуваме да биде поставен електронски систем за чекирање, а на Скопскиот се купуваат два елеватори и едно јуришно возило, како и посебно комбе за ВИП патници. Вршиме и техничко доопремување на гејтовите и во каргото.

Светлана БЛАЖЕВСКА




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Sep-2007 at 15:38
trgnuva rabotava
 
Јанакиевски со експерти од компанијата “NACO“ ги рагледувале можностите за изградба на аеродром во Штип

Тим од експерти од консултантската компанија „NACo, B.V. Netherlands Airoport Consultants“ од денес престојуваат во земјава, каде се ангажирани заради изработка на Студија со концесиски модел за развој на Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски. Тие денеска се сретнале со министерот Миле Јанакиевски со кого разговарале и за можностите за изградба на помал, карго аеродром во Штип, на местото или во околината на постоечкиот спортски аеродром, кое консултантскиот тим треба да го спроведе.

Согласно тендерските критериуми, во период од четири месеци, консултантскиот тим „NACO“ треба да изработи Студија со концесиски модел за развој на двата аеродрома.

Студијата за аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе опфати подготовка на проект за проширување и обновување на постоечкиот терминал или изградба на нов терминал за 1.5 милиони патници, како и проширување, обновување или изградба на нова административна зграда, проширување и подобрување на категоријата на полетно слетната патека или изградба на нова, реконструкција и доградба на карго терминалот или изградба на нов карго терминал со капацитет до 50.000 тони стока годишно и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.

Исто така, избраниот консултантски тим треба да изработи студија за аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид со цел подобрување на категоријата на полетно слетната патека или изградба на нова, реконструкција на карго терминалот, изградба на воздухопловно - школски центар и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.

 „NACO“ е водечка, високо реномирана компанија за аеродромски консултанти, дел од ДХВ Гроуп и е една од најголемите консултански групи во Холандија.
Оваа компанија во својот тим вклучува градежни, машински, електро и електронски инженери, архитекти и економисти чија задача е да обезбедување на специјалистичко знаење и услуги во развојот на аеродромите и сите придружни објекти.
Делокругот на работа на „NACO“ ги опфаќа сите аспекти на развојот на аеродромите, а нивна специјалност се планирање и дизајн на аеродромските помошни објекти. Според информациите во портфолиото на оваа компанија, „NACO“ досега била ангажирана да работи на повеќе од 500 аеродроми ширум светот.

Со изборот на консултантскиот тим „NACO“, од Министерството за транспорт и врски очекуваат двата аеродома во земјаав да добијат подобрување според светски стандарди на аеродромската инфраструктура, зголемување на капацитетите и авиосообраќајот, а со тоа и на нивната конкурентност во регионот.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Sep-2007 at 18:29
Добро барем не ги слушам веќе глупостите за преместување на скопскиот аеродром... Исто се надевам дека ќе се оди на изградба на нов терминал, а не крпење на стариот. Би било добро да се размислува долгорочно и да се гради нов терминал од другата страна на пистата (нормално и главниот пристап до аеродромот да биде од север, од М4 и конечно да се направи и таа мала железничка спојка...)

За аеродромот во Штип не знам што да мислам. Би сакал да чујам многу повеќе информации за него, пред да можам да оформам мислење.


Posted By: dejan
Date Posted: 26-Sep-2007 at 01:34
Jas veke otvoriv topik za aerodromot vo Shtip, ama sega go primetiv ovoj topik pa go izbrishav, eve go tuka

Холандската консултантска куќа „Нако“, која победи на меѓународниот тендер што го распиша Владата, ќе ги испитува просторно-урбанистичките и воздухопловно-сообраќајните можности за изградба на помал карго аеродром во Штип, на местото или во околината на постојниот спортски аеродром. За оваа вчера разговараа претставниците на „Нако“,кои се сретнаа со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Холандската консултантска куќа, согласно со тендерските услови, има обврска за четири месеци да изработи студија со концесиски модел за развој на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и охридскиот„Св. апостол Павле“.

За скопскиот аеродром студијата ќе опфати подготовка на проект за проширување и обновување на постојниот терминал или изградба на нов терминал за 1,5 милиони патници, како и проширување, обновување или изградба на нова административна зграда, проширување и подобрување на категоријата на полетно-слетната писта или изградба на нова, реконструкција и доградба на карго-терминалот или изградба на нов карго-терминал со капацитет до 50 илјади тони стока годишно и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.

Избраниот консултантски тим треба да изработи студија и за охридскиот аеродром со цел подобрување на категоријата на полетно-слетната писта или изградба на нова, реконструкција на карго-терминалот, изградба на воздухопловно - школски центар и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FCBAC59E05801E42A8247257EA9BFD7D


Sto mislite za ova? Zvuci interesno ama nema nekoj drugi informacii za taa idea kargo-aerodrom vo Shtip...prodolzhuva so Skopskiot aerodrom kako ke se obnovuva.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 26-Sep-2007 at 08:20
Јас сум за. Нема зошто да не се гради карго-аеродром во Штип. Уствари сеа ќе каже консултантсата куќа дали има или нема причина. А за Скопје, значи стварно не дупат у здрав разум. Па нели требаше до крајов на годинава да биде даден под концесија, а испаѓа сеа дека треба да биде извештајот изработен до тогаш. 


Posted By: dejan
Date Posted: 26-Sep-2007 at 10:10
Toa so kargo aerodrom e interesna idea poshto stvara drugi mozhnosti, na primer, Makedonija da bide vazna destinacija za kargo avioni vo balkanot, kako sto e singapore.

Mnogu go tupat toa so Skopskiot aerodrom inace


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Sep-2007 at 10:51
Originally posted by gotsomekicks

Јас сум за. Нема зошто да не се гради карго-аеродром во Штип. Уствари сеа ќе каже консултантсата куќа дали има или нема причина. А за Скопје, значи стварно не дупат у здрав разум. Па нели требаше до крајов на годинава да биде даден под концесија, а испаѓа сеа дека треба да биде извештајот изработен до тогаш. 
 
ova se glease deka kje bide vaka od poodamna no mora da priznaeme deka sepak tempoto na rabotite e vo red. Site prethodni garnituri pocnuvaa studii pri krajot na nivnite mandati za da nivnite naslednici ja vrakjaat rabotata od pocetok. Ovdeka realno postojat sansi i studijata i realizacijata da se zavrsi za vreme na vladeenjeto na ovaa vlada.
 
Sto se odnesuva za aerodromot vo Stip... Ne sum siguren kolku sum za. Podobro e da se napravi avtopat Stip-Veles, Skopskiot aerodrom bi bil mnogu blisku. Porano se zboruvase za kargo aerodrom vo Strumica. Licno mene toa mi pravi povekje logika.


Posted By: dejan
Date Posted: 26-Sep-2007 at 11:23
Neznaev za Strumica, ama vo pravo si za toa, poveke logika ima tamu...ama moze sakat da go razviat toj del na Makedonija, okulu Shtip...neli nov univerzitet ima tamu? Goce Delchev, kako se vikashe.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Sep-2007 at 18:42
Originally posted by pbanks

 Sto se odnesuva za aerodromot vo Stip... Ne sum siguren kolku sum za. Podobro e da se napravi avtopat Stip-Veles, Skopskiot aerodrom bi bil mnogu blisku. Porano se zboruvase za kargo aerodrom vo Strumica. Licno mene toa mi pravi povekje logika.


Точно тоа и мене ме буни околу потенцијалниот аеродром во Штип. Скопскиот аеродром е преблиску за една сиромашна држава како Македонија да се луксузира со нов аеродром толку блиску, па макар бил и само карго. На крајот на краиштата, за какво „карго“ има  реална потреба? Ако е пак за струмички земјоделски производи, тогаш нека се гради во Струмица... Ама многу ми е чудна потребата за авио-превоз на земјоделски производи од еден толку мал регион. Јас попрво би размислувал за промовирање на железница (мораме да ја шириме мрежата), која со осовременувањето на коридорот 10 кај нас и во Србија ќе има бројни предности (барем јас така мислам). Железницата во секој случај е многу посеопфатно решение за многу други потреби. Кога тогаш ќе треба да се изгради, а подобро што побрзо. Исто така мораме да размислуваме и како најмалку да узурпираме од плодната струмичка почва - аеродром таму е... Confused
Ама искрено не знам, можда и стварно да има голема специфична потреба од „Струмички Аеродром“. Само како во приказнава се уфрли Штип тоа не ми е јасно. Затоа реков дека не сакам премногу да шпекулирам за работи кои ми се малку познати.

Се надевам дека во целава приказна некој го зема во предвид и безбедносниот фактор. Немаме никаква гаранција дека браќата Албанци нема утре или понатака да влезат во нови радикални сценарија, па за жал треба и со ова да се калкулира кога се размислува за изградба на аеродром во источниот дел од земјата (земајќи ги во предвид релативно неповолните местоположби за одредени дејствија од постоечките два)


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 27-Sep-2007 at 08:37
^^ Што се однесува до Албанците: константно ми виси тоа прашање над глава. Колку и да се правиме дека се ни е розово во земјата, полицијата неможе да влезе у пола западна Македонија. Аеродром во источниот дел мора да има. Аеродром за пренесување на земјоделски производи ми звучи премногу непотребно. Доволна е модернизација на железницата- ем ќе се растеретат патиштата од камионите, ем верувам дека ќе биде по исплатливо. Еве и денеска со два аеродрома да не се пренесува зеленчук???

Да не се разбереме погрешно, мислам дека ако физибилити студијата покаже дека би било исплатливо карго-аеродром во Штип, тогаш зошто да не го направиме? Или пак, уште подобро, зошто да не најдеме концесионери со тоа што они го градат и го користат некои 10-15 години да речеме? Ако се потепаат компании за понудава, тогаш сигурно е исплатливо. Ако не, јебига  :).

За аеродромот во Струмица, би сакал да е патнички а не само карго. Со тоа би им овозможиле на луѓето од источна Македонија да не се акаат до Скопје а можеби и Грците и Бугарите би ги анимирале со поефтини такси за нив или што знам што. Знае некој кај им е на Грците најблискиот аеродром?





Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Sep-2007 at 08:58
lugje batalete politika. ozbilen sum
 
verojatno postjat dobri pricni (od ekonomski aspekt) za koi bi trebalo dopolnitelno da se informirame pred da zborime bilo sto so sigurnost, zosto dolgi godini nanazad se zagovara toj kargo aerodrom vo Istocna Makedonija.
 
Sepak spored moe subjektivno mislenje aerodromot (koj e predviden pred se za potrebite na zemjodelskiot sektor) e dzabe dodeka ne se zgolemat produktivnosta i standardite na zemjodelieto. Nie go nemame dovolno iskoristeno potencijalot na pazarot vo okruzuvanjeto a vednas sakame da prodavame vo porazvienite zemji kade e prasanje dali nasiot zelencuk/ovosje (iako se kvalitetni) kje pominat zaradi ispolnuvanje na standardi.
Duri ovaa godina pocnaa da se gradat ladilnici i eve verojatno kje se izgradat i otkupni centri. Bez takvo struktuiranje, sto kje izvezuvame preku toj aerodrom, sekoj zemjodelec kje natovari po 2 vrekji patlidzani?
Za da kupuva Carrefour na primer nasi produkti garant nema da odi od selo do selo da se dogovara so cekoj covek posebno tuku kje kupuva na golemo preku nekoj otkupen centar. Koga tie raboti kje se sredat, avionite sami kje letnat.
 
Moze e ova malku oftopik no sepak e povrzano.
 
Kako i da e, se slozuvam so Cloverstack, zeleznickata/patna mreza treba da bide prioritet, siguren sum deka vo prvo vreme dokolku stvarno ima potreba za toa, Skopskiot aerodrom moze da gi zadovoluva potrebite na makedonskoto zemjodelstvo.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 13:56
хм


Каталонската компанија “Апорт“ заинтересирана за спортскиот аеродром во Штип

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/16795/LOGO2.jpg">

Апорт, една од најголемите компании од  Каталонија, најразвиениот регион во Шпанија  е заинтересиран за спортскиот аеродром кај Штип. Поволната географска  положба во регионот и близината со скопскиот аеродром, ова
воздушно пристаниште, за Џорди Кандела Гарига првиот човек
на Апорт е идеална можност преку кој би се оствариле
инвестиционите планови за Балканот.

Како што јави дописникот на Нетпрес од Штип, годишен обрт од 800 милиони евра, 10 илјади вработени, и менаџирање со 15 карго аеродроми во Европа е
дел од  портофолиото на Апорт.

Од аероклубот Штип кој над половина век стопанисува со спортскиот аеродром поинаку глдаат на зделката. За нив влезот на шпанскиот капитал е можност за дополнителна едукација на летачкиот кадар за комерцијални летови.

Штипските локални власти по втората рунда разговори со менаџерите на шпанскиот гигант, се повеке се убедени дека на третата средба, деталите за преземање на аеродромот ќе бидат познати.


Автор на веста: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=16795&kategorija=1 - Нетпрес
Објавена на 04.11.2007 13:07:07



Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2007 at 23:38
извадок од интервју со Миле Јанакиески

До каде е консултантската куќа НАКО со анализата за скопскиот и за охридскиот аеродром. Може ли да ни откриете, што тие Ви предлагаат како решение за воздушните пристаништа? Ќе градите ли карго аеродром во Штип?
- Некаде кон крајот на годинава или почетокот на идната ќе се распише тендер за концесија на скопскиот аеродром. Консултантот се уште работи на анализата, но она што е извесно е дека ќе се гради нова терминална зграда, ќе се подобрува пистата за да може поголем број на авиони да слетуваат и да има поголема фреквенција на патници. Воедно, ќе се прави еден мал терминал за карго превоз и ќе се подобри инфраструктурата околу самиот аеродром. Треба да се направи и административна зграда, во која ќе бидат сместени и полицијата и Царината. За охридскиот аеродром, консултантите засега препорачуваат дека е потребно претходно да се направи подобра презентација на градот Охрид, па потоа да се размислува за доградба на аеродромот. Доколку се зголеми транспортот размислуваме и за отворање на карго аеродром во Штип за да заживее слободната економска зона.
Сепак, Владата, ќе го има последниот збор за начинот и постапката за издавање на аеродромите под концесија. Тие што ќе ја добијат концесијата ќе го менаџираат и аеродромот, а Владата ќе имам свои претставници. Во 2008 година треба да се завршат сите постапки за избор на концесионерот, а некаде во 2009 да почне неговата доизградба.


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DBE9712F7E7AF1488F4BA4733D75B880 - Вечер


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2007 at 19:34


Е ај да видиме како ќе ги испочитуваат овие рокови...

Инаку во очи ми упадна што Јанакиевски го поврза поенцијалниот карго аеродром во Штип со слободната економска зона. Прв пат слушам некакво објаснување зошто баш Штип како локација за карго аеродром, но сепак мислам недоволно силно објаснување... Дали веќе имаат испланирано што би се произведувало во таа зона и дали тие производи ќе бидат од таков тип и во толкава количина за да оправдаат изградба на нов аеродром? Особено ако се земе во предвид близината на скопскиот аеродром и планираното автопатско поврзување на Штип.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Nov-2007 at 20:06


IMO во најдобра варијанта нешто ќе се случи со Скопскиот аеродром. Штипскиот (па и Охридскиот) не верувам дека ќе се чачкаат до крајот на мандатот на оваа влада. До тогаш се е можно па и промена на плановите за Штипскиот аеродром посебно ако се смени власта. Но многу е битно реконструкцијата на Скопскиот да иде по план, возот е веќе испуштен во однос на конкурентските регионални аеродроми но сепак има уште време нешто да се спаси.


Posted By: se_manda
Date Posted: 19-Nov-2007 at 23:39
za aerodromive ke cekame uste edno 10 godini doeka im tekne deka konecno treba da se sredat i posle pak ke zborat deka e veke kasno i ke baraat drugi krivci.veke dzabe ti e da se nadevas deka neso ke im tekne da go napraat a ne samo da go zborat 


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Nov-2007 at 00:16


да почекаме до година. Мислам дека има реални шанси нешто да се случи со Скопскиот аеродром овој пат. Само да биде како што треба.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2007 at 00:05
Не ми се свиѓа моментот дека проценуваат дека сообраќајот нема да падне под 500.000 патници (за Скопски аеродром секако). Па тоа треба да се подразбира ние треба сериозно да размислуваме како да имаме одржлив сообраќај од околу 1.000.000 за почеток. Тирана оваа година имаше милион патници (за првпат во историјата) и тоа веќе во Ноември. Приштина е меѓу 800.000-1.000.000 редовно. За другите во регионот не сакам ни да зборувам, подобри сме само од Сараево и тоа се работи за нијанси.

Аеродромите да се дадат под концесија, предлага консултантот

Холандската фирма "Нако" ја оценува состојбата со пистата на скопскиот аеродром како критична

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Скопскиот и охридскиот аеродром можат да бидат предмет на интерес на странски концесионери кои би ги развиле авиопристаништата и би го зголемиле бројот на патници. Ова стои во студијата што ја изготвува холандскиот консултант "Нако" за развој и унапредување на двата аеродрома во државава. Во студијата, која се очекува да се комплетира до крајот на месецот, "Нако" согледал дека бројот на патници на скопскиот аеродром во наредните години нема да падне под 500.000 на годишно ниво. Како еден од предусловите кои Холанѓаните ги посочуваат во прилог на развојот на "Александар Велики" е близината на слободната економска зона, потоа растот на бруто-домашниот производ од 5,28 отсто со тенденција за зголемување, како и либерализацијата на визниот режим. Сите овие фактори, според холандскиот консултант, ќе придонесат за зголемување на авиосообраќајот, а дополнително ситуацијата ќе се подобри и со појавата на нискобуџетните авиокомпании. Но, како што посочува консултантот, за да дојдат евтините авиокомпании, една од клучните работи кои Македонија треба да ги направи е да се укинат привилегиите кои МАТ ги има како редовен национален авиопревозник.

Во студијата на "Нако" најлошо се оценува состојбата со пистата на скопскиот аеродром "Александар Велики". Токму таа треба да биде приоритет на идниот концесионер, кој треба да ја прошири и подобри категоријата на патеката за летнување и слетување или, пак, да изгради нова. Според нашите сознанија, консултантот предлага, меѓу другото, пистата да се продолжи од двете страни по околу 200 метри за да се олесни летнувањето и слетувањето и да се овозможи да слетуваат поголеми авиони, што досега беше хендикеп.

Студијата за развој на скопскиот аеродром опфаќа подготовка на проект за проширување и обновување на постојниот или за изградба на нов терминал за 1,5 милион патници со можност и за 2,5 милиони. "Нако" предлага, наместо проширување, изградба на нова терминална зграда веднаш до постојната, во правец на хангарите кои се во функција на армијата.

Холанѓаните предлагаат авиопристаништата да се дадат под концесија, потоа државата да стане нивни целосен сопственик или, пак, предлага лабава државна сопственост. Ако Владата се реши за концесија, тогаш ќе дојде предвид моделот БОТ (вложи, управувај и остави), што меѓу другото го предложи и консултантот "Скот и Вилсон", ангажиран од претходната Влада.

Целосната студија "Нако" ќе ја изготви до крајот на годинава, бидејќи Владата планира да распише тендер за концесионер во јануари или во февруари доколку државата се реши авиопристаништата да се дадат под концесија. Во тој случај, извесно би било дека во мај или јуни 2008 година ќе се знае кој ќе вложува и управува со скопскиот и со охридскиот аеродром.

Од моментот на распишување на тендерот за избор на консултант за изработка на студија како да се развијат аеродромите, нема никакви инвестициони активности за подобрување на состојбата со авиопристаништата, бидејќи се чека анализата на "Нако". Сепак, директорот на јавното аеродромско претпријатие "Македонија", Зоран Крстевски, вели дека за идната година се предвидени околу 5 милиони евра за инвестиции, кои треба да се завршат до почетокот на летната сезона во авиосообраќајот, односно пред доаѓањето на новиот концесионер. Крстевски истакнува дека дел од парите ќе се потрошат за опрема за аеродромите. Но, дел од парите ќе се наменат за изградба поголем број излези на скопскиот аеродром и повеќе места за пасошки контроли.

"Авиосообраќајот годинава е зголемен за 16,5 отсто и до крајот на 2007 ќе се превезат околу 630.00 патници, што е за 100.000 повеќе од лани. Има и пораст на операциите за 8,9 отсто. Овие бројки се резултат на намалување на цените за аеродромските услуги", вели Крстевски.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=20521E1D39543941B3A74E4489657905 - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Dec-2007 at 01:13
Многу ми е криво што поради начиот јавашук и немање визија ја пропуштивме шансата да бидеме еден од водечките авио центри во регионов. Во деведесетите сите околности беа на наша страна Ohno Можевме да имаме и транс-атлански летови...

Сега веќе многу доцниме... За да станеме некаков центар веќе немаме таква шанса. Барем да нема дополнителни одлагања и да добиеме аеродроми што добро ќе го сервисираат македонскиот пазар.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Dec-2007 at 16:05
Cheers
 
Владата идната недела ќе ја соопшти финалната стратегија за аеродромите

Холандската фирма Нако Консултантс идната недела ќе пристигне во Македонија за да ја презентираат финалната стратегија за аеродромите, по што Владата ќе соопшти како ќе продолжи модернизацијата на двата аеродроми.

“Стратегијата за аеродромите е во финална фаза. Најважно е што побрзо да започне изградбата на скопскиот аеродром, што ќе значи нова терминална зграда, прошурување и зголемување на полетната патека што ќе овозможи подобрување и слетување на поголем број типови на авиони на скопскиот аеродром. Ќе се адаптира мал карго терминал со изградба на административната зграда“, изјави Министерот Миле Јанакиевски, по денешното вопспоставување на редовниот лет Скопје- Софија.

Според Јанакиески, се очекува наредната недела пристигнување на  “Нако“ со што со финалниот извештај за аеродромите.

 
Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=19698&kategorija=2 - Нетпрес


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Dec-2007 at 17:55
Не можам да најдам на нет статија или било што поврзано со ова, ама „Александар Велики“ и Охридскиот аеродром највероватно ќе се продаваат - со цел да бидат „европски“ аеродроми. Ова го соопштил Миле Јанакиевски. Вести на канал 5. Моделот на продавање сеуште не е избран - значи ептен е тазе одлукава, така да допрва ќе дознаваме како би се одвивал цел тој процес.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2007 at 17:59


Ваљда концесија, не продавање Question


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Dec-2007 at 18:33
Toj збор не го слушнав Confused

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 19:11


во овој случај се работи за новинарско глупирање каде концесија=приватизација

За да станат европски скопскиот и охридскиот аеродром ќе се приватизираат
Скопскиот аеродром Александар Велики и Охридскиот Свети Апостол Павле ќе добијат нов лик. Холанѓаните од НАКО – Ерпорт консултант- фирмата која ја изготви стратегијата, деновиве доаѓаат во земјава. На Владата ќе и презентираат по кој модел да ги направи македонските аеродроми поевропски. Стратегијата ќе се разгледува на владина седница. Тогаш ќе се знае дали аеродромите целосно ќе се даваат под концесија или само одредени делови од нив.
 
 Првите процени се дека најдоцна до март идната година аеродромите треба да го добија концесионерот. Новиот газда ќе има обврска на Скопскиот аеродром да ја прошири полетно следната патека и терминалот за 1,5 милион патници, да се изгради административната зграда и да се прошири карго терминалот. За Охридскиот предвидено е да се реконструира пистата, карго терминалот и да се изгради школски воздухопловен центар. Модернизацијата на аеродромите треба да биде завршена до крајот на 2009.


Извор: http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=27324&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Канал 5


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jan-2008 at 00:17
Првата вест на оваа тема годинава . Да се надеваме дека во скоро време во нишкава ќе ги дискутираме и рендерите и ќе го одбележиме почетокот на изградбата Cheers

Скопскиот аеродром ќе се среди со 120 милиони евра

Пистата на „Александар Велики“ ќе се продолжи за 500 метри, а можно е крајот на пистата да го пресече автопатот

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

За да се подобри капацитетот за прием и пречек на поголем број патници, за да се подобри нивото на пистата за слетување и летнување на скопскиот аеродром „Александар Велики“, неопходни се инвестиции од околу 120 милиони евра. Ова е сумата што ја посочува холандскиот консултант „Нако“ за развој на скопскиот аеродром, со цел да се приближи со услугите на другите аеродроми во регионот, односно целосно да одговори на современите светски текови. Овие средства во основа нема да ги даде државата, туку идниот концесионер, доколку Владата и официјално одлучи двата аеродрома да се дадат под концесија, по препораките на консултантот „Нако“, кој веќе ја изработи студијата за развој на авиопристаништата во државава. Скопскиот аеродром моментално се наоѓа во лоша состојба, има мал капацитет за прием и испраќање патници, фришопот изгледа како мало продавница, има недостиг од места за паркирање, нема директна редовна автобуска врска, пистата е несоодветна и слетуваат само мали авиони, така што интерконтиненталните летови се мислена именка. Како што неофицијално дознаваме, иако „Нако“ првично предложи пистата да се продолжи од двете страни по 250 метри, во финалната судија стои дека пистата може да се прошири за 500 метри единствено на крајот каде што се врши слетувањето, односно јужно. Засега не доаѓа предвид за мало поместување, односно свртување на пистата, затоа што голем проблем претставува ридот во непосредна близина на аеродромот, за чие уривање би биле потребни околу 60 милиони евра, сума која е економски неиздржана. Затоа, според препораките на консултантот, пистата ќе се продолжи, иако е можно крајот од пистата да го зафати и автопатот. Доколку се случи тоа, ќе треба да се направи измена на трасата на автопатот во близина на наплатната рампа кај Миладиновци. Евентуалното мало поместување на трасата, според нашите неофицијални извори, ќе биде сигурно обврска на државата, а не на идниот концесионер на скопскиот аеродром. Подобрувањето на нивото на пистата ќе овозможи на „Александар Велики“ да слетуваат и интерконтинентални авиони.

За време на летните месеци, кога е сезона на годишни одмори, на скопскиот аеродром се создаваат турканици. Во студијата на „Нако“ стои дека една од приоритетните работи со кои новиот концесионер треба да се зафати е да ја подобри инфраструктурата за прифаќање оптимални 2,5 милиони патници. Студијата опфаќа проект за проширување и обновување на постојниот терминал или изградба на нов терминал за 1,5 милион патници со можност за 2,5 милиони. Како што дознаваме, „Нако“ предлага изградба на нова терминална зграда веднаш до постојната, во правец на хангарите кои се во функција на армијата. Се очекува првата фаза од изградбата на нова терминална зграда да биде готова во 2010 година.

Што се однесува до охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, за него се неопходни инвестиции од околу 7-8 милиони евра, првенствено технички да се доопреми. Треба да се инвестира во каргото, во набавка на нови противпожарни апарати, машини за прифаќање товар и да се дислоцира на царинскиот терминал. Сегашниот капацитет на охридскиот аеродром е прифаќање 50.000 патници годишно, а „Нако“ смета дека со дополнително вложување бројот на патници може да се зголеми на максимум 130.000. „Свети апостол Павле“, според студијата, ќе се развие доколку државата ја смени земјишната политика, односно доколку им овозможи на странците да купуваат земјиште за изградба на хотели, со што охридскиот аеродром ќе стане привлечен за туристи, а со тоа и атрактивен за странските авиокомпании.

Владата на некоја од наредните седници, според надлежните од Министерството за транспорт и врски, треба да одлучи дали ќе се дадат двата аеродрома под концесија, за концесијата, како и за должината на траење. Се очекува некаде во мај или јуни 2008 година веќе да се знае кој ќе вложува и управува со скопскиот и со охридскиот аеродром.


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6B740EF05C598546BD3436DA1C213050 - Утрински весник


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 09-Jan-2008 at 00:35

Фала богу добивме разумно мислење и разумни цифри (во евра) за Скопјскиот Аеродром. Во секој случај, се плашам да не го направиме тоа во кое што сме најдобри - да прифатиме само оној дел од консултациите кои ни одговараат, па да правиме компилација од проекти, консултации и идеји (нели ние најдобро знаеме) па буџетот за реконструкција од 120 М Евра да се намали на 1,2 М евра и на крај некој локален бизнисмен да го превземе под концесија партизански и дилетантски аеродромот.



Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 16:26
1. Навивав за Струмица. Мислам дека Штип е преблиску до Скопје да има свој аеродром.
2. Се надевам дека "присилбата" за идниот концесионер на Скопскиот аеродром да го гради и Штипскиот нема да има контраефект.

Како и да е... 'Крајот на февруари-почетокот на март' за објавување на тендерите. Доколку се испочитува одличен тајминг. Banana

Владата пресече, Штип ќе добие карго-аеродром

Владата пресече, карго-аеродром ќе се гради кај Штип. Како што јави дописникот на Нетпрес, спортскиот аеродром Сушево кај штипската приградска населба Три чешми е идеалното место за градба. Кон крајот на февруари, почетокот на март, Владата ќе го објави тендерот за давање  под концесија на македонските аеродроми со забелешка, идниот концесионер на скопскиот аеродром, задолжително да изгради и карго кај Штип.

Според премиерот Никола Груевски, во првите години инвестицијата би чинела 60 милиони евра, а проекциите до 2015 година. Инвестициите би пораснале на 80.
        
Планот за градба на карго аеродром предвидува и слетно-полента писта од 3.000 метри, а до 2013-та година и старт на градба на автопатот Миладиновци -Штип, како и заокружување на технолошко индустиската зона лоцирана во
непосредна близина на идниот карго аеродром.

Градбата на карго аеродромот се очекува за крајот на годинава или првата половина од 2009-тата, со тенденција истиот да прерасне во патнички аеродром.


Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=21983&kategorija=2 - Нетпрес


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 16:29
Ама добро овој е само карго, карго е само товарен аеродром, инаку за цивилен и ја навивам за струмица. И да имаме домашни ефтини линии.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 16:37


И Струмица беше само за карго планот. Нема логика уште еден цивилен аеродром, барем не сега. Скопскиот има уште мноооооооооогу неисполнет потенцијал а Охридскиот едвај живурка.

А и само за карго нема логика Штип. Преблиску е Скопскиот стварно. Неам ништо против Штип но мислам дека премногу се форсира од владеачкава гарнитура. За универзитетот немав ништо против, дефинитивно е најсоодветен од Источна Македонија ама за аеродромов мислам дека е утка.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 16:50
Добро ја у принцип поддржувам све што се гради, ама кога ќе помислам по кој пат ќе се оди до тој аеродром мислам дека работите се малце помешани по редослед. Патот Велес-Штип е укупно 5 метра широк, а башка лом. На тој пат му треба реконструкција, ама сигурен сум дека владата го има тоа у план.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 17:50
Јас уште немам слушнато никакви прави аргументи за изградба на овој карго аеродром во Штип. Толкава инвестиција која ја форсира држацвата, без нејзината потреба да биде добро аргументирана...

Roll%20eyes


Уште повеќе ме буни оној „автопат“ Миладиновци - Штип. Што е сега ова? Се напушта зацртаниот автопат Велес (Отовица) - Штип? На оваа тема има доста да се коментира, ама подобро да почекаме некаква дополнителна информација или објаснување, па ќе продолжиме во нишката за патишта.


@ lslcrew

Абе во суштина убаво е да се гради, ама треба да се гради тоа што е навистина потребно и исплатливо, а како што реков за овој аеродром уште не знаеме каква логика и потреба има.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 18:05
Originally posted by Cloverstack


Абе во суштина убаво е да се гради, ама треба да се гради тоа што е навистина потребно и исплатливо, а како што реков за овој аеродром уште не знаеме каква логика и потреба има.


Точно така бидејќи многу потешко од изградбата е одржувањето (дискусијата за МТВ во нишката за Нова Македонија како пример). Затоа секоја инвестиција мора да е добро испланирана и проектите да се одржливи на подолг рок.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 18:08
Тој миладиновци штип мислам дека е патот куманово штип истиот. Поправете ме ако грешам.
Сепак мислам дека велес штип не е некоја долга делница, нема многу екпропријација, може за малце пари да се направи.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 18:26
Originally posted by lslcrew

Тој миладиновци штип мислам дека е патот куманово штип истиот. Поправете ме ако грешам.


Веројатно дел, ама од Миладиновци до Свети Николе ќе треба скроз нов пат.


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jan-2008 at 21:27
    Најчесто сум критичен, ама мислам дека сепак аеродромов се гради во Штип од потреба што не можеме да ја разбереме со нашите знаења. Постојат експерти на овие полиња што одлучуваат за вакви работи.

1.    Можеби климата и теренот се по поволни за изградба на аеродром. Кога викам климата, мислам на облачноста, дождливи денови, магла и сите тие променливи што можат да го отежнат летањето.

2. Штип и не е толку блиску до Скопје, а од друга страна, е горе-доле, во средина на  источна Македонија, значи е еднакво оддалечен од другите градови.  Таму веќе има изградено спортски аеродром, што значи не се почнува од нула. + Коридорот 8 е неспоредливо поблиску до Штип отколку Струмица

3. Може да допринесе до развој на Штип, што не видел значајна инвестиција со години. Струмица е меѓу нај развиените општини. Ова не е толку јак аргумент, ама сепак...


Ова е мое гледање на проблемов. Македонија е мала земја, навистина нема потреба од многу аеродроми - а домашни линии со растечкиот тренд на цените на нафтата е крајно неисплатливо. Добра патна мрежа може се тоа да го реши, сепак се работи за релативно мали растојанија.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 21:29


добар пост Ла Линеа, држи вода Thumbs%20Up Cheers


Posted By: mitatos
Date Posted: 24-Jan-2008 at 18:10
ja mislam deka ovoj aerodrom e promasena investicija, kako prvo imame 2 aerodroma koi ne znaeme da gi drzime, pa sega ke otvarame tret KARTGO aerodrom, sepak toa e moe mislenje



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2008 at 00:26
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9FC4A2A775E5CB4D91CD7ECA582F0C09 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9FC4A2A775E5CB4D91CD7ECA582F0C09

Три карго-аеродроми на 200 километри – премногу

Капацитетите на каргото на скопскиот и на охридскиот аеродром се минимално искористени

Верче Георгиевска

Оние што добро ја познаваат состојбата во авиосообраќајот тврдат дека изградбата на карго-аеродромот кај Штип нема економска оправданост кога во државава има два аеродрома и кога капацитетите на постојните каргоцентри се минимално искористени. Наместо да се вложува 60 милиони евра во изградбата на карго- аеродромот во Штип, државата може овие пари да ги намени за подобрување на патната инфраструктура во државава, така што и од најоддалеченото место во Македонија до скопскиот аеродром ќе се стигне брзо и сигурно.

Карго-аеродромот во Штип има обврска да го изгради идниот концесионер на скопскиот и на охридскиот аеродром. Треба да биде алтернатива на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а според премиерот за околу 20 години тој може да стане цивилен, односно да се превезуваат и патници.

Дел од експертите се скептични дека идниот концесионер на двата аеродрома ќе вложи 60 милиони евра за изградба на карго-аеродромот кај Штип. Во студијата на холандски „Нако“ за развој на аеродромите стои дека ќе бидат неопходни над 120 милиони евра за модернизација на двете авиопристаништа. Оттука, според експертите, неразумно е да се потрошат половина од овие пари за нов карго- аеродром, особено ако се има предвид фактот дека концесионерот нема да ја врати оваа инвестиција. Излузорно е, велат експертите, да се очекува по 20 години аеродромот кај Штип да стане цивилен и да носи приходи од патници, бидејќи прашање е како воопшто ќе се стимулира и зголеми авиосообраќајот на постојните два аеродрома.

Поранешниот директор на јавното аеродромско претпријатие „Македонија“, Орхан Рамадани, смета дека капацитетите на карго-центрите на скопскиот и на охридскиот аеродром не се доволно искористени. Според него, каргото на „Александар Велики“ е искористено само 20 отсто, а на „Свети апостол Павле“ околу два отсто. Приходите од каргото во Охрид не можат ниту да ги покријат трошоците за плата на тројцата вработени. Рамадани оценува дека подобро е да се модернизира скопскиот аеродром, отколку да се гради каргото во Штип.

„Од економска гледна точка нема оправданост за карго-аеродромот во Штип. Тоа може единствено да биде оправдано доколку Владата размислува во непосредна близина да изгради индустриска зона. Премиерот најави дека аеродромот ќе биде достапен за патнички авиосообраќај, но ние по 20 години ќе немаме потреба од трет аеродром. Треба само да се направат напори да се опремат и модернизираат постојните два аеродрома и да се привлечат повеќе патници“, вели ексдиректорот на ЈПАУ „Македонија“, Орхан Рамадани, кој појаснува дека во претходната судија за развој на двата аеродрома во државава изработена од консултантската куќа „Скот и Вилсон“ не беше воопшто спомната идеја за карго-аеродром во државава. Рамадани вели дека новиот консултант „Нако“, кој исто така изработи студија за развој на авиопристаништата, ја вметна изградбата на карго-аеродромот по барање на Владата.

Актуелниот директор на карго-центарот на скопскиот аеродром „Александар Велики“, Зоран Богдански, не се согласува со бројките на Рамадани. Тој вели дека лани обемот на каргото во споредба со 2006 се зголемил за 11 отсто и биле прифатени и испратени 2.547 тони карго-пратки. Според Богдански, работата на каргото зависи од периодот во годината и дека во основа капацитетот на увозот за карго-пратки е речиси 80 отсто, додека извозот на пратки е една третина од увозот, што зависи, пред се', до домашните компании. Извозот на стоки преку ависообраќај зависи од стопанството во државава, појаснува Богдански.

Според него, капацитетот на скопскиот карго-центар ќе биде целосно исполнет, особено во делот на извозот, доколку се развие економската зона „Бунарџик“. Охридскиот карго-центар е неискористен поради регионалната поставеност и поради малиот број индустриски капацитети.

„Доколку пристапот, односно инфраструктурата до скопскиот аеродром се подобри, тогаш од најоддалечениот град во државава може да се стигне до скопскиот аеродром за два часа, што не е многу за превоз на стоката со камион“, изјавува Зоран Богдански.

Пред дефинитивно да пресече Владата, Струмица беше еден од потенцијалните градови за изградба на карго- аеродромот. Многу енергија и пари во изминатите десет години се вложени во подготвувањето на проектот за карго-аеродром во овој град. Во 1997 година е подготвен проектот, а две години пред тоа била завршена експропријацијата на земјиштето. Струмичките стопанственици, чија главна дејност е извоз на земјоделски производи, реагираат на владината одлука за карго-аеродромот во Штип.

„Не е исто дали карго-аеродромот ќе биде во Струмица или во Штип. Наместо нашето големо земјоделско и градинарско производство веднаш да се извезува преку аеродром во Струмица, треба да се прават дополнителни трошоци и да се носи во Штип“, велат струмичките земјоделци. Локалната самоуправа на Струмица со аргументи ја брани економската оправданост за карго-аеродромот во нивниот град. Карго-превозот е потреба за лесно расипливи производи и затоа се поврзува за земјоделското производство, бидејќи такво е светското искуство.

Претседателот на Советот на Општина Струмица, Зоран Ристов, вели дека се изненадени од одлуката на Владата, особено поради фактот што во Струмичко почнала процедурата за експропријација на земјиштето. Ристов вели дека ако веќе се гради карго во Штип, тогаш за струмичани им е подобро да го користат каргото на скопскиот аеродром, пред се' заради бизнис-контактите во Скопје. Од друга страна, на земјоделците им е сеедно дали ќе возат до Штип или Скопје, ако разликата е само околу 30 километри, доколку патот е добар.

Претседателот на Федерацијата на фармери, Данаил Паланков, оценува дека одлуката за карго-аеродромот во Штип е лоша владина стратегија и дека премиерот прави грешка. Ако веќе земјоделските производи треба со камион да се превезуваат до Штип, тогаш зошто да не се возат и до Скопје.



Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jan-2008 at 01:16
izlegoa moite zborovi

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2008 at 01:38
Па добро, во текстот иако преовладува противењето, има и спротивни гледишта.


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jan-2008 at 01:44
ama makedonija nema golema teritorija za 3 aeodromi ,toa e mnogu jasno , treba ovie 2-ta prvo da gi napravi kako sto treba posle da vlozuva vo 3-et eventualno , i toa ovoj 3-tiot treba da bide so mnogu razmisluvanje , znaes deka so 60 milioni evra celo skopje moze da go sredi,i tie pari da padnat na voda nekako ne mi e po kejf proektov, pred se toa se nasi pari ne moze on da odluci sosema na svoja glava KE GRADAM AERODROM , KE GRADAM CRKVA , KE GRADAM OVA ONA , opa STOP ! gradi ama so pamet , a ne na slepo  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2008 at 11:16
Абе мислам дека ресерното министерство за транспорт и врски треба да ги пренамени средствата за пругата кон бугарија. Така уште повеќе ќе се унапреди источна македонија, ако е тоа идејата, ама за пругата изгледа ќе бараат пари од еу, па затоа сеа тука ги трошат. Пак ќе кажам дека малце се помешани шишињата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2008 at 12:36
Originally posted by lslcrew

Абе мислам дека ресерното министерство за транспорт и врски треба да ги пренамени средствата за пругата кон бугарија. Така уште повеќе ќе се унапреди источна македонија, ако е тоа идејата, ама за пругата изгледа ќе бараат пари од еу, па затоа сеа тука ги трошат. Пак ќе кажам дека малце се помешани шишињата.


Ама и ти си ги помешал малце LOL

Па обврската за карго аеродромот сакаат да му ја натурат на концесионерот за Скопје и Охрид... Е сега дали и како тоа ќе пројде кај заинтересираните концесионери, тао е друго прашање...


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2008 at 12:45
И јас тежнеам кон мислењето дека ваков аердором во моментов не треба. Во иднина можеби да но сега за сега треба да се пополнат капацитетите на постоечките (кои BTW со најновата интервенција ќе се шират). 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2008 at 13:15
Па незнаев ја дека тоа ќе биде под концесионерот. Ја мислев дека концесијата се однесува само на постојните аеродроми.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 31-Jan-2008 at 14:13
Originally posted by pbanks

И јас тежнеам кон мислењето дека ваков аердором во моментов не треба. Во иднина можеби да но сега за сега треба да се пополнат капацитетите на постоечките (кои BTW со најновата интервенција ќе се шират). 
 
Се согласувам со мислењето, меѓутоа факт е дека треба проширување на веќе постоечките капацитети


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 15:15
Конечно тргнува работава. Но!!

Погледнете го болдираниот претпоследен параграф CrazyCrazyCrazyCrazyCrazyCrazyCrazyCrazyCrazyCrazy

Аеродромите понудени на 20-годишна концесија

29.02.2008 15:08

Министерството за транспорт и врски денеска во домашните печатени медиуми и во интернационалните „Financial Times“ и „The Economist“ објави јавен повик за искажување интерес за учество на меѓународниот повик за избор на инвеститор кој ќе го имплементира проектот за подобрување на техничката и финансиската состојба на аеродромите во земјава.

До 15 март ќе може да се јават заинтересираните компании по што ќе биде објавен тендер за квалификација на компаниите, за потоа да почне процесот на наддавање.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува во летниот период да се избере најповолниот концесионер.

„Ќе се бара реномирана компанија која има искуство во оваа област и многу е важно да е финансиски силна бидејќи бараме многу кратки рокови за изградба на аеродромите. Генерално тоа ќе бидат условите. Нашата главна цел е што е можно побрзо да се изградат аеродромите во Штип, Скопје и Охрид“, рече министерот Јанакиески на денешната прес-конференција во Владата на РМ.

Аеродромите ќе бидат дадени под концесија на 20 години, период во кој се очекува на скопскиот аеродром „Александар Велики“ да се изгради нова терминална зграда, да се продолжи полетно-слетната писта за 500 метри, да се изгради пристапен пат заедно со изградба на нова клучка, да се изврши инсталирање на системите за земска навигација, да се изгради потребната комунална инфраструктура, да се догради административната зграда и нов карго терминал.

За овој период на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се предвидува реновирање на објектите во карго центарот, изградба на Вип објект и реконструкција на постоечката административна зграда и на постоечкиот паркинг.

На новиот карго-аеродром во Штип треба да се изгради полетно-слетна писта, нова терминална зграда, два хангари за увоз и извоз, два хангари за гаражирање на воздухопловите, изградба на административни објекти итн.

Интенцијата за изградба на новиот карго аеродром во Штип е тој да функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација со можност во иднина да прерасне во главен аеродром во РМ.

„Владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид и новиот карго аеродром во Штип да добијат аеродромската инфраструктура според светски стандарди и зголемен капацитет“, рече министерот Јанакиески на прес-конференцијата во Владата на РМ.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90255


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Feb-2008 at 15:20
Интенцијата за изградба на новиот карго аеродром во Штип е тој да функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација со можност во иднина да прерасне во главен аеродром во РМ.


Ама зошто побогу? Петровец, има идеална местоположба! И плус каква е логиката да се планираат толкави големи инвестиции за патничкиот сообраќај на Петровец ако имаат такви планови за Штип???

Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Feb-2008 at 17:56
Александар велики е на најповолна позиција во Македонија. На крстопатот на балканот! Што има сега топла вода да се измислува.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 20:47
Не се работи ни за грешка. Во сите утрешни весници а и во некои од другиве вести ја има токму истата информација. Штип се спрема за главен аеродром на земјава CrazyCrazyCrazy

Освен логиката од http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=196 - оваа нишка не ми текнува на ништо друго што би можело да биде мотив за  таква исклучително глупава стратегија.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 29-Feb-2008 at 21:41
Новинариве не знаат многу, оти владините претставници нејќат да потенцираат за и самите да не испаднат дека се глупи. Уствари таа "стратегија" за да стане главен аеродром, колку што јас знам, не значи буквално да стане главен, туку еден од главниТЕ аеродроми во МКД, а тоа значи некаде за 50 години... кога МОЖЕБИ ќе има потреба за трет патнички аеродром во МКД.

Секако, очекувам на 15ти март да имаме добра вест за Александар Велики и Ап. Павле!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 21:49


јас мислам дека не постои земја каде на два милиони жители има логика од два главни и еден спореде аеродром со тоа што главните би биле раздалечени околу 100км еден од друг. Да не зборувам пак и регионално каде што е и Приштинскиот аеродром кој сигурно ќе биде наш главен конкурент а е исто така на 100на километри од Скопје. Искрено не гледам логика ни за 50 ни за 100 години во сето тоа.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Feb-2008 at 21:59
Сега најконкурентен е атинскиот кој што е сега најголем во европа (за олимписките игри го направија). Ако веќе сакаме да бидеме конкурентни мораме доста да се потрудиме! Инаку аеродром со еден оргомен во овче поле може да намлатиме пара огромна.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:05


Атина е сосема друга лига. Најголем во Европа сигурно не е ама е еден од помодерните.

Друга лига за нас се и Софија, Белград а реално и Тирана ќе стане тоа. Но со Приштина сеуште треба да ги одмериме силите. Реално Скопје на среден рок може да се надева на 2-3 милиона патници под услов се да иде како подмачкано на многу полиња.


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:08
    Можеби најпаметно е да не се расфрламе со пари по нови аеродроми, туку да се работи на тоа „Александар Велики“ да стане еден од најконкурентите во регионот (невозможно е најконкурентен, тоа само во сон). За штипскиот аеродром, најпаметно би било да си остане карго аеродром. Проблемот е во тоа што, ако влегуваме во НАТО, потребен е посебен воен аеродром, а не импровизации со постојните. Дали тоа значи дека ќе се гради уште еден аеродром не знам, ама во некоја од статиите прочитав дека најверојатно е дека скопскиот аеродром е тој чија функција ќе биде сменета од цивилен во воен.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:10
Атина од олимписките навака е најголем. Пред тоа беше Франкфурт, па после Лондон, па Париз.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:12
Се слагам со линеа. Нема што да праиме нови. За нов само Струмица и тоа некој како охрид за помали потреби. Аце Велики треба да го пицнеме, во тоа триаголникот на аутопут. Локацијата му е таман.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:16
Originally posted by lslcrew

Атина од олимписките навака е најголем. Пред тоа беше Франкфурт, па после Лондон, па Париз.


друже не знам по која методологија мериш. Незнам која е површината на Атинскиот аеродром но сигурен сум дека е некоја реална површина да го опслужува планираниот број на патници. А Атина а прилично ниско воопшто по бројот на патници на Европско ниво, не е ни блиску ни до Франкфурт ни до Лондон ни до многу други.

еве ти статистика за 2006 за Атинскиот и сите аеродроми поголеми од него.

Rank   http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_the_busiest_airports_in_Europe_by_passenger_traffic#">↓ Country   http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_the_busiest_airports_in_Europe_by_passenger_traffic#">↓ Airport   http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_the_busiest_airports_in_Europe_by_passenger_traffic#">↓ City   http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_the_busiest_airports_in_Europe_by_passenger_traffic#">↓ Code
(IATA/ICAO)   http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_the_busiest_airports_in_Europe_by_passenger_traffic#">↓
Total
passengers   http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_the_busiest_airports_in_Europe_by_passenger_traffic#">↓
Change   http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_the_busiest_airports_in_Europe_by_passenger_traffic#">↓
1. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_the_United_Kingdom.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/London_Heathrow_Airport - London Heathrow Airport http://en.wikipedia.org/wiki/London - London LHR/EGLL 67,339,227 -0.6%
2. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_France.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Charles_de_Gaulle_International_Airport - Charles de Gaulle International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Paris - Paris CDG/LFPG 56,849,567 +5.7%
3. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Germany.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Frankfurt_International_Airport - Frankfurt International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Frankfurt - Frankfurt FRA/EDDF 52,810,683 +1.1%
4. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_the_Netherlands.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Amsterdam_Schiphol_Airport - Amsterdam Schiphol Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Amsterdam - Amsterdam AMS/EHAM 46,088,221 +4.4%
5. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Spain.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Madrid_Barajas_International_Airport - Madrid Barajas International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Madrid - Madrid MAD/LEMD 45,799,983 +8.7%
6. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_the_United_Kingdom.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/London_Gatwick_Airport - London Gatwick Airport http://en.wikipedia.org/wiki/London - London LGW/EGKK 34,080,345 +4.2%
7. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Germany.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Munich_International_Airport - Munich International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Munich - Munich MUC/EDDM 30,778,352 +7.5%
8. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Italy.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Leonardo_da_Vinci_International_Airport - Leonardo da Vinci International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Rome - Rome FCO/LIRF 30,176,760 +5.4%
9. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Spain.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Barcelona_International_Airport - Barcelona International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Barcelona - Barcelona BCN/LEBL 30,008,152 +10.5%
10. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_France.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Orly_Airport - Orly Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Paris - Paris ORY/LFPO 25,622,152 +3.1%
11. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_the_United_Kingdom.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/London_Stansted_Airport - London Stansted Airport http://en.wikipedia.org/wiki/London - London STN/EGSS 23,680,352 +7.7%
12. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Spain.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Son_Sant_Joan_Airport - Son Sant Joan Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Palma_de_Mallorca - Palma de Mallorca PMI/LEPA 22,408,427 +5.5%
13. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_the_United_Kingdom.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Manchester_Airport - Manchester Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Manchester - Manchester MAN/EGCC 22,132,762 +0.2%
14. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Italy.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Malpensa_International_Airport - Malpensa International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Milan - Milan MXP/LIMC 21,621,236 +10.9%
15. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Turkey.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Atat%C3%BCrk_International_Airport - Atatürk International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Istanbul - Istanbul IST/LTBA 21,265,974 +10.2%
16. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Ireland.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Dublin_Airport - Dublin Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Dublin - Dublin DUB/EIDW 21,196,382 +14.9%
17. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Denmark.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Copenhagen_Airport - Copenhagen Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Copenhagen - Copenhagen CPH/EKCH 20,877,496 +4.5%
18. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Switzerland.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Z%C3%BCrich_Airport - Zürich Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Z%C3%BCrich - Zürich ZRH/LSZH 19,298,560 +7.9%
19. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Norway.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Oslo_Airport%2C_Gardermoen - Oslo Airport, Gardermoen http://en.wikipedia.org/wiki/Oslo - Oslo OSL/ENGM 17,672,256 +10.2%
20. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Sweden.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Stockholm-Arlanda_Airport - Stockholm-Arlanda Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Stockholm - Stockholm ARN/ESSA 17,539,390 +2.6%
21. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Austria.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Vienna_International_Airport - Vienna International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Vienna - Vienna VIE/LOWW 16,855,725 +6.3%
22. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Belgium.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Brussels_Airport - Brussels Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Brussels - Brussels BRU/EBBR 16,707,892 +3.3%
23. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Germany.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/D%C3%BCsseldorf_International_Airport - Düsseldorf International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/D%C3%BCsseldorf - Düsseldorf DUS/EDDL 16,590,055 +7.0%
24. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Russia.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Domodedovo_International_Airport - Domodedovo International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Moscow - Moscow DME/UUDD 15,370,355 +10.0%
25. http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Flag_of_Greece.svg"> http://en.wikipedia.org/wiki/Athens_International_Airport - Athens International Airport http://en.wikipedia.org/wiki/Athens - Athens ATH/LGAV 15,079,662 +5.6%



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:19
Атина е најголем инфраструктурно, а по патници листат кажува.


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:21
Зарем е можно аеродром поголем од хитроу да има 4.5 пати помалку патници? Зошто би го правеле толку голем тогаш? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:23
Originally posted by La Linea

Зарем е можно аеродром поголем од хитроу да има 4.5 пати помалку патници? Зошто би го правеле толку голем тогаш? 


па тоа ми е и мене поентата. Тоа би било дебакл за Хохтиф кој управува со Атинскиот аеродром, тоа би значело дека направиле најлоша физибилити студија.

За најмодерен (бидејќи е најнов) и за еден од поубавите може да конкурира но не и за најголем, лично не верувам во тоа.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:25
Originally posted by pbanks



јас мислам дека не постои земја каде на два милиони жители има логика од два главни и еден спореде аеродром со тоа што главните би биле раздалечени околу 100км еден од друг. Да не зборувам пак и регионално каде што е и Приштинскиот аеродром кој сигурно ќе биде наш главен конкурент а е исто така на 100на километри од Скопје. Искрено не гледам логика ни за 50 ни за 100 години во сето тоа.

Знам, нема шанси да ни е потребен трет патнички аеродром, тоа е само можноста која ја оставаат, за ако треба некој ден, да се може, што е во ред да се планира напред, дури и ако е 200 години LOL

@Ла Линеа

не знам точно дали е услов за НАТО да се има посебен воен аеродром, но моја претпоставка е дека не би било логично тоа, поради следниве причини:
-немаме доволно Воена Авијација за да ни треба воопшто посебен аеродром
-моментално во состојба на летање имаме само хеликоптери (за кои не е потребна никаква писта), и тоа околи 10-тина, другите се во мирување.
-НАТО самиот ни наложи да не сме користеле воени авиони (ловци - фајтери), бидејќи според нивната стратегија за Балканот, само србија, бугарија, и грција требале да имаат такви авиони (иронија, гледајќи ја нашата историја).
-Според предлог на НАТО, Бугарија треба да го чува небото над МКД, АЛБ, и БГ. (но нема ништо од тоа сепак)

Според тие информации би рекол нема да бараат посебен воен аеродром, но ако имаш други информации тука сме да дискутираме Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:26
Мене ми е страшно импресивно дека Лондон има неверојатни 135 милиони патници годишно Crazy ако ги искомбинираме Хитроу, Гетвик, Станстед и Лутон (последниов има 9.3 милиони патници).


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:28
Јас имав некои такви информации, можеби грешам! Како и да е Аце велики има предиспозиции да стане најголем карго аеродром поради крстопатот на двата коридора Приштина неможе да стене ова зашто нема автопати за пристап. Скопје може да биде кртопат на робата што влага на балканов. Можеме да млатиме пари од царина и аеродромска такса. За патници можеби не одговара. Ама мислам дека приоритетно прашање за Македонија се довршување на коридорите 8 и 10 и аеродромот Аце велики. Многу пара и инвестиции можат да донесат овие коридори.


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:32
Знае ли некој во кој пост беше тоа дека (најверојатно) скопскиот аеродром ќе мораше да се претвори во воен аеродром, или нешто слично на ова. 100% сум сигурен дека го имам прочитано, само не знам дали го имаме постувано.
    А зарем стварно не смееме да имаме ловци?! ProMKD ова сигурен си?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:34
Еве го текстот од http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=65&EditionID=611&ArticleID=14208 - Капитал:

Зошто Владата ќе гради карго-аеродром во Штип?
Штипскиот ќе прерасне во главен патнички аеродром во Македонија!
Иако многумина беа затекнати од веста на Владата дека во близината на Штип ќе се гради карго аеродром, информациите на Капитал велат дека владината одлука има многу посериозна позадина, отколку само чист локал патриотизам. Главната цел која во следните неколку години треба да се постигне е скопскиот аеродром да стане само воен аеродром, а оној близу Штип да прерасне во главен патнички ареодром. Како на овие планови ќе реагираат граѓаните останува допрва да видиме

Наташа Црвенковска
mailto:natasha@kapital.com.mk - natasha@kapital.com.mk

Според зборовите на градоначалникот на Штип, Панде Сарев, скопскиот аеродром Александар Велики набргу ќе мора да стане само воен аеродром.
Со одлука на Владата во приградската населба на Штип Три Чешми, во Сушево на местото на сегашниот спортски аеродром ќе се град карго- аеродром. Во перспектива овој аеродром треба да прерасне во патнички.
Од оваа вест многумина беа затекнати, зашто до пред неколку месеци се зборуваше за изградба на карго- аеродром, но во Струмица. Капитал се обиде да ја разреши оваа дилема.
Според зборовите на градоначалникот на Штип, Панде Сарев, скопскиот аеродром Александар Велики набргу ќе мора да стане само воен аеродром.
Како што дознава Капитал ова е поврзано и со нашето влегување во НАТО по што, алијансата ќе бара цивилниот и воениот аеродром да не бидат на исто место и да не користат иста инфраструктура.
Како најпогодна локација за стар-нов аеродром Владата го одбра Сушево зошто таму постои спортски аеродром и е локација што скоро никогаш не е под магла, а од постоечкиот Александар Велики е оддалечен 30 километри воздушна линија. Во план е изградба на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип со што ќе се развие и патната инфраструктура и пристапот до аеродромот.
Изградбата на аеродромот е дирекно поврзана со давање под концесија на скопскиот и охридскиот аеродром. Идниот концесионер ќе биде обврзан да изгради карго- аеродром до крајот на 2008 година, а во наредната 2009 година, истиот да стане и патнички. Целосната инвестиција би требало да заврши во 2012 година.
Гледано од поширока перспектива со економскиот развој на Источна Македонија и со слободната економска зона аеродромот ќе стане многу актуелен. Новата патна инфраструктура што се планира во овој регион ќе го доближи аеродромот до Пробиштип, Делчево, Куманово, Св.Николе. Со изградба на новиот пат Радовиш- Струмица, југоисточниот дел на Македонија ќе добие добра инфраструктура па транспортот на раноградинарски култури од струмичкиот и гевгелискиот регион до карго- аеродромот нема да биде проблем.
“Идејата за изградба на аеродром во Сушево иако е стара (потекнува уште од 1985 година) е многу добра. Ќе отвори многу нови можности, нови вработувања, подобра инфраструктура и заживување на слободната економска зона. Многу земјоделски и раноградинарски производи, јагниња и живина ќе можат лесно да се извезуваат во земјите на ЕУ”, вели Панде Сарев градоначалник на Штип.

Инвестицијата за изградба на аеродромите во првите години би чинела 60 милиони евра, а до 2015 година, со нивната модернизација и проширување би достигнала до 80 милиони евра.
Во планот за изградба на карго- аеродром се предвидува слетно- полента писта која во почетокот ќе биде долга 2600 метри, а подоцна би се продолжила до 3000 метри колку што сега е долга и полетно- слетна писта на аеродромот Александар Велики кај Петровец. Така на аеродромот во Сушево ќе можат да слетуваат сите типови на патнички и транспортни авиони. Во првите години овој аеродром би служел како алтернативен на скопскиот аеродром Александар Велики а подоцна во 2012 година, комплетно би ја презел неговата функција.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 22:40
Originally posted by lslcrew

Јас имав некои такви информации, можеби грешам! Како и да е Аце велики има предиспозиции да стане најголем карго аеродром поради крстопатот на двата коридора Приштина неможе да стене ова зашто нема автопати за пристап. Скопје може да биде кртопат на робата што влага на балканов. Можеме да млатиме пари од царина и аеродромска такса. За патници можеби не одговара. Ама мислам дека приоритетно прашање за Македонија се довршување на коридорите 8 и 10 и аеродромот Аце велики. Многу пара и инвестиции можат да донесат овие коридори.


Да карго е друг муабет но и таму не треба да претеруваме со очекувањата. Локацијата ни е добра но не и најдобра. Софија на пример е поголем град, побитен град, главен град на поголема земја а се наоѓа исто барем на два битни коридора (коридор 10 и коридорот на линија Истанбул-Белград). Белград има одлична локација, стави ги и реките во комбинација. Солун има одлична локација (Скопје, Атина и Истанбул се во близина) а има и големо пристаниште. Така да не сме во некоја уникатна позиција па загарантирано да имаме успех, но треба да дадеме максимум за да земеме пристоен дел од колачот за што реално имаме потенцијал.

@La Linea и јас колку што знам ние нема да имаме авијација туку само хеликоптери.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Feb-2008 at 23:04
Дури и да треба чисто воен аеродром ради НАТО и слично, не гледам зошто треба да жртвуваме постоечки цивилен аеродром со идеална локација за таа намена и да градиме нов на безвезна локација. Нека градат нов воен аеродром ако треба, а Петровец нека не го чепкаат.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Feb-2008 at 23:21
@ LaLinea

Тој текст од Капитал очигледно не е многу веродостоен. Скопската писта е долга 2450м, не 3000. Плус тоа автопат Миладиноци-Штип не е планиран, туку Отовица-Штип, што е и многу подобра варијанта од повеќе аспекти. Е сега ако властодршциве решиле пак да зацртуваат работи преку ноќ со детско резонирање, било да се тоа цркви, џамии, аеродроми или автопати, тогаш го обравме бостанот.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 29-Feb-2008 at 23:28
Originally posted by La Linea

Знае ли некој во кој пост беше тоа дека (најверојатно) скопскиот аеродром ќе мораше да се претвори во воен аеродром, или нешто слично на ова. 100% сум сигурен дека го имам прочитано, само не знам дали го имаме постувано.
    А зарем стварно не смееме да имаме ловци?! ProMKD ова сигурен си?


Да, имаше многу најави од типот "не ви се потребни авиони, имате мала земја" и така натаму, и демек "НАТО ќе ве чува ако треба." Тоа во најголем дел беше поради загубите што ги трпеа терористите во Радуша и Арачиново од Сухоите, но да не забегувам од темава.

Ако евентуално има потреба од чист-Воен аеродром, ќе во претворат постоечкиот спортски аеродром во Стенковец во воен, и завршена работа, и тоа за малку пари. Само треба неколку хангари (џабе пари), ќе ја преместат целата опрема од А.В., и ќе го дотераат местото околу по потреба. Ништо големо. Но сепак, доста сум убеден дека нема потреба од поделба патнички-воен аеродром


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 23:10
Париски и виенски аеродром ги пикираат домашните авиопристаништа


На јавниот повик што пред две недели го распиша Министерството за транспорт и врски, а заврши в петокот, се јавиле над дваесетина реномирани компании или конзорциуми кои веќе стопанисуваат со аеродроми


Голема заинтересираност од познати странски аеродроми за 20-годишно стопанисување со скопскиот и охридскиот аеродром. На јавниот повик што пред две недели го распиша Министерството за транспорт и врски, а заврши во петокот, се јавиле над дваесетина реномирани компании или конзорциуми кои веќе стопанисуваат со аеродроми. Меѓу најпознатите пристигнати пријави, како што неофицијално се дознава, се споменуваат виенскиот и парискиот аеродром, како и аеродроми од Германија, Грција и други.

- Деновиве ги очекуваме и изјавите што се доставени по пошта. Потоа изјавите ќе ги разгледаме за да имаме увид кои се заинтересираните и за нивниот профил. Потоа ќе ја информираме и Владата со предлог услови за тендерската документација. Очекуваме меѓународниот ограничен повик да биде распишан најдоцна за две недели - велат од Министерството за транспорт и врски.

Најдобриот концесионер кој истовремено ќе биде и инвеститор, треба да вложи во подобрување на техничката и финансиската состојба на аеродромите. Тој ќе биде добиен преку јавно наддавање и неговото име ќе се знае во текот на ова лето.

Владата се одлучи за моделот - скопскиот и охридскиот аеродром да ги даде под концесија на еден концесионер. Инвеститорот на "Александар Велики" ќе треба за 20 месеци од добивањето на концесијата да изгради нова терминална зграда, да ја продолжи пистата за 500 метри за слетување на големи воздухоплови, да ја дозаврши административната зграда и да изгради нов карго терминал и паркиралиште. "Свети Апостол Павле" пак, за 12 месеци од одењето под концесија треба да добие нов ВИП-објект и пречистителна станица, како и реконструирана аеродромска зграда.

Изградбата на трет аеродром во Штип, кој во почеток би бил за карго превоз и алтернатива за потребите на цивилната авијација, а подоцна би прераснал во главен аеродром во Македонија, би можел да добие друг инвеститор. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески најави дека како инвеститор би можела да биде и државата. Според него, од почеток повеќе ќе се инвестира во штипскиот аеродром, бидејќи местоположбата на скопскиот аеродром бара прескапи зафати за да се подигне неговата сегашна категорија.
Инвестицијата во трите аеродроми е планирано да изнесува 200 милиони евра.

Во насока на давањето на аеродромите под концесија, Владата донесе одлука за преобразба на ЈП за аеродромски услови "Македонија" кое стопанисува со двете домашни авиопристаништа, во акционерско друштво во државна сопственост.

Светлана БЛАЖЕВСКА


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=84DB25D0F7DFCD4C8C3960CA208CF360 - Вечер


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Mar-2008 at 23:35

Изгледа никој не го сакал Штипскиот (а зошто би?) па сега владата ќе инвестирала Ohno

Него ај да ве прашам, што е подобра варијанта концесија или целосно продавање? Поконкретно кој модел е подобар за развојот на аеродромот  и авијацијата во МК?


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 23:44
Originally posted by vardar

Изгледа никој не го сакал Штипскиот (а зошто би?) па сега владата ќе инвестирала Ohno

Него ај да ве прашам, што е подобра варијанта концесија или целосно продавање? Поконкретно кој модел е подобар за развојот на аеродромот  и авијацијата во МК?


Не сум некој експерт но мислам дека концесијата е подобра дефинитивно. Но не би можел да наведам некои специјални аргументи за/против освен очигледните


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Mar-2008 at 23:59

Во принцип и ја сум за концесија но.......  Концесијата е само за 20 години, сегашниот профит е минималем (ако воопшто има профит) бројот на патници 600-700 илјади а пак потребната инвестиција 200 милиони евра... Сакам да кажам незнам дали волкава инвестиција може да се врати за 20г, и да не биде последицата од тоа дека ќе добиеме нов ама СТАР (немодерен) аеродром (без сите дрангулии како jetways итн...) .

Затоа и прашав кој модел е подобар за вистински развој.....Dunno


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Mar-2008 at 00:09
Originally posted by vardar

Во принцип и ја сум за концесија но.......  Концесијата е само за 20 години, сегашниот профит е минималем (ако воопшто има профит) бројот на патници 600-700 илјади а пак потребната инвестиција 200 милиони евра... Сакам да кажам незнам дали волкава инвестиција може да се врати за 20г, и да не биде последицата од тоа дека ќе добиеме нов ама СТАР (немодерен) аеродром (без сите дрангулии како jetways итн...) .

Затоа и прашав кој модел е подобар за вистински развој.....Dunno


ЈПАУ беше едно од најдобро стоечките претпријатија во 90те. Потоа настана превработување и тука лежи голем дел од проблемот со малиот профит (барем колку што јас знам но како што реков, не сум некој експерт на темава).

За споредба ЈПАУ (кој нели стопанисува со двата аеродрома) има 900 вработени во моментов а во 1998 имало 500 вработени.

Истовремено аеродромот во Тирана кој лани процесираше повеќе од 1 милион патници има 200 вработени. 


Posted By: ProMKD
Date Posted: 18-Mar-2008 at 04:47
Концесионерите веќе имаат израчунато дека со сигурност ќе ги вратат тие 200 милиони назад, и можат и уште многу да направат. Авиобизнисот е на високо ниво, милијарди се вртат секој ден, само штета нашите не открија како да соберат нешто од тоа :(

Читам Алиталиа ќе се продава на Air France-KLM за 9 милијарди евра мислам.... алиталиа има преку 9000 вработени!
 
EDIT: Pecatna greska.. 185 milioni evra


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Mar-2008 at 11:46
alitalia може вода да му носи на airfrance. Alitali ме чуди како може да вреди толку. Мислам дека и е многу.


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Mar-2008 at 12:41
Абе се вртат милијарди ама не кај нас , барем не сеуште.
 
Него ова со алиталиа ја сушнав 140 милиони евра не 9 милијарди


Posted By: dejan
Date Posted: 18-Mar-2008 at 13:15
100 odgovori


Posted By: ProMKD
Date Posted: 18-Mar-2008 at 18:29
Napraviv popravka - 185 milijoni evra... u momentot citam 200 raboti i pomesav 9000 vraboteni so milijardi evra i sto znam uste sto LOLLOLNuts


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 01:26
Bash  Bash
 
 

ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ГО ОДЛАГААТ ЈАВНИОТ ОГЛАС

Ќе почека изборот на нов газда на аеродромите

Неопходно е да ги дадеме аеродромите под концесија за да се остварат значителни инвестиции,за што во овој момент немаме пари , вели министерот Миле Јанакиески

Се замрзнува планот на Владата за давање на македонските аеродроми под концесија ако се закажат предвремени парламентарни избори во јуни. Иако заврши претквалификацискиот повик, на кој над 20 странски компании изразија намера да станат стопанственици на аеродромите, Законот за спречувањето на корупцијата налага целата постапка да се одложи до изборот на новиот состав на Ссобранието.Од денот на донесување одлука за распишување избори до нивното завршување, вклучувајќи го и рокот за жалби, односно до издавањето решение за добиен мандат на пратеник, не може да се отуѓува државен имот - вели Мирјана Димовска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ИНТЕРЕСОТ ГОЛЕМ

Деновиве се очекуваше да биде објавен огласот за доделување концесија за градба, реконструкција и за користење на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на нов карго-аеродром во Штип. Меѓу заинтересираните компании се споменуваат виенскиот и парискиот аеродром, како и аеродроми од Германија и од Грција. Македонските воздушни пристаништа ќе се издаваат на 20-годишна концесија. Инвеститорот треба да вложи 200 милиони евра во реконструкција и осовремување на аеродромите, при што има обврска да ги задржи сите вработени во аеродромското претпријатие „Македонија“ најмалку седум години.Утврдени се условите што концесионерот мора да ги исполни во определен рок. Неопходно е да ги дадеме аеродромите под концесија за да се остварат овие цели, за кои се потребни значителни инвестиции, за што немаме пари. Со доделување на концесијата на инвеститор што има значително искуство за користење и развој на аеродромски услуги ќе добиеме поефикасни аеродроми. Со тоа ќе се зголеми и бројот на превезените патници и товар - изјави министерот за транспорт Миле Јанакиески.

СЕРИОЗНИ ОБВРСКИ

Според условите од јавниот оглас, еден концесионер ќе ги добие аеродромите во Скопје и во Охрид, а штипскиот може да го добие и друг инвеститор. Концесионерот на „Александар Велики“ за 20 месеци треба да изгради нова терминална зграда со минимална површина од 40.000 квадратни метри и со шест порти за патници. Пистата ќе се продолжи за 500 метри, со што ќе се овозможи слетување на воздухоплови за директни прекуокеански летови. Концесионерот има обврска да постави системи за земска и за сателитска навигација, да изгради паркинг за автомобили и пристапен пат, нова клучка, да ја догради административната зграда и да изгради нов карго-терминал. „Свети Апостол Павле“, пак, за 12 месеци од одењето под концесија треба да добие нова навигациска опрема, ВИП-објект, пречистителна станица и реконструирана аеродромска зграда. Штипскиот аеродром треба да биде со полетно-слетна патека од 2.400 метри, со можност за продолжување до 3.000 метри. Системите за инструментална и визуелна навигација и радионавигациските уреди треба да се постават три години по потпишувањето на договорот.Аеродромот во Штип во почеток би бил за карго-превоз и алтернатива за потребите на цивилната авијација. Намерата ни е во иднина да прерасне во главен аеродром во Македонија. Местоположбата на скопскиот аеродром диктира прескапи зафати за да се подигне неговата категорија - истакнува Јанакиески.

Став

Продолжена агонија

Предолго трае агонијата на скопскиот аеродром, кој повеќе личи на меѓуградска автобуска станица отколку на главна воздушна порта низ која пристигнуваат странските посетители. Условите на аеродромот со „велико“ име не се достојни ниту за нашите граѓани. Ако во концесијата се најде единственото решение за доближување на македонските воздушни пристаништа до европските стандарди, не е јасно зошто постапката се влече со години. За модернизирање на аеродромите се зборува многу одамна, но за тоа време речиси ништо не се направи. Се земаа и кредити за нивно опремување и обновување, но од тоа не се виде никакво фајде. Остана надежта дека странскиот инвеститор ќе биде многу поодговорен газда од државата и ќе вложи пари со цел аеродромите во земјава да заличат европски. Додека ние губиме време, земјите во регионот не претркаа и нивните аеродроми станаа модерни авиопристаништа на кои слетуваат сите водечки авиокомпании и секоја година соборуваат рекорди по бројот на патниците. За тоа време скопскиот и охридскиот аеродром пропаѓаа поради претерано вработување и нестручно раководење од партиски гарнитури. Најтрагичниот епилог беше појавата на безбедносни дупки, кои се закануваат „Александар Велики“ да го стават на црната листа со небезбедени аеродроми од терористички закани. Тоа ќе биде најтрагичниот крај на долгогодишната агонија

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A094BD219EF5945ABC06DA470238597 - Dnevnik

 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 01:29
Почнавме да ги осеќаме "благодетите" од предвремни избори!!!


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 01:38
Концесионерот на „Александар Велики“ за 20 месеци треба да изгради нова терминална зграда со минимална површина од 40.000 квадратни метри и со шест порти за патници.
 
Се молам само дека под порти мислат џетбриџ....а и големинава е импресивна...новиот софиски е негде 50.000м2 и има капацитет 2.5 мил,за нашиов не пишува проток/саат (капацитет) али негде 2--2.5 мил. изгледа ќе биде. Ова е особено добро заш албанскиот е нов а само по 2 години веќе е премал и треба реновирање....Само зошто ли зошто поставиле како услов 7 години СИТЕ вработени да останат.... Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:12
Под порти вероватно се мисли за gates. За тргнувања. Моментално на скопскиот има само 2 порти. На скопскиот аеродром му фали и тоа што нема можност за транзит патувања. Сега може само да се користи како крајна и почетна дестинација, но не и како попатна станица каде што може да се менува летот. Ваљда оваа неправда кон македнските компании ќе би исправена со новата зграда!!! Инаку исто така и пистата се приметува колку е само порапава од другите аеродроми низ свет, посебно при слетување. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:19
Originally posted by lslcrew

Под порти вероватно се мисли за gates.


Па убаво кажа вардар, не е јасно дали ќе бидат обични, или „мостови“. Мада у 2008 да не градиш мостови според мене е идиотизам.

Сега приметив дека охридскиот може да се користи за транзит патувања, а скопскиот не!!! Каква глупост!!!


Каде примети?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:24
За првата реплика не те сватив, кажи ми што подразбираш под мостови? Ваљда оние што се како раце што се прилепуваат за авионот ли?! Ако се тие, тогаш тие се дури пред влегување во авионот, а ја под порти мислев дека зборувате за кабини за пасошка контрола. Сега тие кај нас на аеродром ги викаат 1а и 1б. Без разлика од која ќе пројдеш, пак во истата просторија се наоѓаш.

А за втората реплика, го послеков постот, зашто уствари се збунив нешто. Укапирав дека и охридскиот ја нема таа можност. Имаш мапи на http://www.airports.com.mk/ - http://www.airports.com.mk/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:34
Originally posted by lslcrew

За првата реплика не те сватив, кажи ми што подразбираш под мостови? Ваљда оние што се како раце што се прилепуваат за авионот ли?!


Да, тие се.



А за втората реплика, го послеков постот, зашто уствари се збунив нешто. Укапирав дека и охридскиот ја нема таа можност. Имаш мапи на http://www.airports.com.mk/ - http://www.airports.com.mk/


Па затоа ме збуни. Нема никаква логика од таков транзит на нашите аеродроми. Транзит е потребен на аеродроми што се хабови. Веројатно скопскиот имаше можност да стане мал регионален хаб во 90-тите, но таа можност е испуштена. Едноставно на скопскиот и охридскиот никој не мења авиони, а нема ни изгледи за таква работа во било каква догледна иднина. Таков простор за транзитни патници е тотално непотребен, така да не се нервирај што го нема Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:38
Абе ме се нервирам што го нема, ама да го имаше МАТ или друга авиокомпанија ќе можеше да се рамња со Croatia-Airlines. Језда не лежи тука зајакот, ама пак ќе имаа можност за повеќе профит. Вака само за цирих што имаат по 2-3 лета.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:44
Кој би транзитирал низ Македонија? На кои линии? Со кои авиокомпании? Тој воз помина друже... МАТ никад нема да може да се рамња со Кроациа, нити па ќе може да поврзе барем една конекција, макар да го имаше тој транзитен простор. Едиствено што би можеле да се надеваме (сањаме), дека у некоја не баш најблиска иднина, вистински голема авио компанија ќе му фрли око на скопскиот аеродром за да развие тука хаб. Ама у таков (не премногу веројатен) случај, сигурно ќе си инвестираат посеопфатно, па тогаш и би добиле таков простор.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:49
Абе Хрватска свака и част, успеа да си створи транзит преку загреб. И они порано се чудеа вака како ние сега кој би транзитирал па се покажа како успешно. Порано кајмакот го збираше само белград. Сега веќе не е така. Ја ипак мислам дека ако веќе се праи нова зграда да се мисли и на транзитот. Од кај знаеш, све бива!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 02:53
Споредуваш баби и жаби. Кај нас единствена можност за транзит е таа што ја спомнав. Ама дури и да ја земеме како реална и веројатна, реков дека у таков случај би збореле за голема операција и дека би имало скроз нова голема инвестиција. Да се прави транзитна зона у моментов е дефинитивно тотално промашена инвестиција. Нема воопшто причина да се „мисли и на тоа“.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Apr-2008 at 17:09
Cheers

Експерти со негативни оцени за условите за изградба на карго аеродромот во Штип

Експертите од холандската консултантска куќа “Нако“, задолжена за испитување на погодноста на теренот од спротскиот аеродром Сушево во близина на Штип, со цел дали истиот ги исполнува условите за владината најава за градба на карго аеродром, со мошне негативни оценки.

Според нив, по посетата на аеродромот деновиве, теренот во потполност не ги исполнувал строгите критериуми за градба на аеродром од ваков тип. Сепак, со изготвена првична скица на идниот карго аеродром кај Штип, со мали модификации кои би се извеле директно на терен, спортскиот аеродром би можел во иднина да биде првото воздушно карго пристаниште во земјава, со интенција да прерасне во аеродром за превоз и на патници.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=27841&kategorija=2


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Apr-2008 at 23:57
Cheers

Германски „Хохтиф АГ“ сака да инвестира во скопскиот аеродром

Германската градежна компанија „Хохтиф АГ“ е заинтересирана да инвестира во скопскиот аеродром „Александар Велики“, пренесува весникот „Фајненшел тајмс Дојчланд“. Без да открива детали, весникот се повикува на портпаролот на компанијата, кој вели дека до македонската Влада веќе е испратено писмо за интерес. Во информацијата се цитира и изјава на извор од македонската Влада, кој вели дека „Хохтиф“, компанија која веќе има удели во аеродромите во Тирана и во Атина, има добри изгледи за успех во договорот за скопскиот аеродром.

Според планот на македонската Влада, најдобриот понудувач ќе треба да инвестира 300 милиони евра во проширување и изградба на трите аеродроми во земјата. Поголемиот дел од инвестицијата се однесува на скопскиот аеродром, каде што треба да се гради нов терминал за патници.

Германската градежна компанија има удели и во аеродроми во Сиднеј, Будимпешта, Хамбург и во Диселдорф, а заработката на нејзиниот аеродромски сектор во 2007 година, пред оданочувањето, изнесува 142 милиона евра, се вели во информацијата на „Фајненшел тајмс дојчланд“. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6ACCEF16B7F2C5428C1C1954CCE59422 - Utrinski
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Apr-2008 at 18:10

ЈАВЕН ПОВИК
21 Април 2008 година

ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА АЕРОДРОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Македонското Министерството за транспорт и врски на 10 април 2008 објави јавен повик за учество во постапката за доделување на концесија за аеродромот “Александар Велики“ - Скопје, аеродромот “Свети Апостол Павле“ - Охрид и изградба на нов карго-аеродром во Штип. Концедент на овој повик е Владата на Република Македонија, а предмет на концесијата е градба, реконструкција и користење на скопскиот и охридскиот аеродром и изградба на нов карго-аеродром во Штип. Концесијата не е делива.
Според огласот од
Министерството за транспорт и врски, рокот за доставување на тендерската документација за првата фаза во постапката за доделување на концесија (претквалификација) е 19 мај 2008 година до 12:00 часот по локално време, во Архивата на Министерството за транспорт и врски.
П
однесувањето на тендерската документацијата мора да биде придружено со неповратен надоместок за апликација во износ од 8.000 евра. Јавното отворање ќе се одржи на 19 мај, годинава. Во рок од десет дена од денот на јавното отворање ќе се изврши преквалификација на понудувачите.

 

преземено од: - http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=92"> - http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=92


ова со неповратниот износ е интересно




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 29-Apr-2008 at 08:47
Хммм а нели кога се избори не смее влада да прави вакви работи????
И од кај сега повторно co ова.....
 
Концедент на овој повик е Владата на Република Македонија, а предмет на концесијата е градба, реконструкција и користење на скопскиот и охридскиот аеродром и изградба на нов карго-аеродром во Штип. Концесијата не е делива.
 
Неможе човек правилно да се информира и да сака.....а се прашувам дали и самиве новинари/политачри се ВООПШТО информирани.... еве што се пишување пред неколку недели....
 
Originally posted by pbanks

Париски и виенски аеродром ги пикираат домашните авиопристаништа


На јавниот повик што пред две недели го распиша Министерството за транспорт и врски, а заврши в петокот, се јавиле над дваесетина реномирани компании или конзорциуми кои веќе стопанисуваат со аеродроми


Голема заинтересираност од познати странски аеродроми за 20-годишно стопанисување со скопскиот и охридскиот аеродром. На јавниот повик што пред две недели го распиша Министерството за транспорт и врски, а заврши во петокот, се јавиле над дваесетина реномирани компании или конзорциуми кои веќе стопанисуваат со аеродроми. Меѓу најпознатите пристигнати пријави, како што неофицијално се дознава, се споменуваат виенскиот и парискиот аеродром, како и аеродроми од Германија, Грција и други.

- Деновиве ги очекуваме и изјавите што се доставени по пошта. Потоа изјавите ќе ги разгледаме за да имаме увид кои се заинтересираните и за нивниот профил. Потоа ќе ја информираме и Владата со предлог услови за тендерската документација. Очекуваме меѓународниот ограничен повик да биде распишан најдоцна за две недели - велат од Министерството за транспорт и врски.

Најдобриот концесионер кој истовремено ќе биде и инвеститор, треба да вложи во подобрување на техничката и финансиската состојба на аеродромите. Тој ќе биде добиен преку јавно наддавање и неговото име ќе се знае во текот на ова лето.

Владата се одлучи за моделот - скопскиот и охридскиот аеродром да ги даде под концесија на еден концесионер. Инвеститорот на "Александар Велики" ќе треба за 20 месеци од добивањето на концесијата да изгради нова терминална зграда, да ја продолжи пистата за 500 метри за слетување на големи воздухоплови, да ја дозаврши административната зграда и да изгради нов карго терминал и паркиралиште. "Свети Апостол Павле" пак, за 12 месеци од одењето под концесија треба да добие нов ВИП-објект и пречистителна станица, како и реконструирана аеродромска зграда.

Изградбата на трет аеродром во Штип, кој во почеток би бил за карго превоз и алтернатива за потребите на цивилната авијација, а подоцна би прераснал во главен аеродром во Македонија, би можел да добие друг инвеститор. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески најави дека како инвеститор би можела да биде и државата. Според него, од почеток повеќе ќе се инвестира во штипскиот аеродром, бидејќи местоположбата на скопскиот аеродром бара прескапи зафати за да се подигне неговата сегашна категорија.
Инвестицијата во трите аеродроми е планирано да изнесува 200 милиони евра.

Во насока на давањето на аеродромите под концесија, Владата донесе одлука за преобразба на ЈП за аеродромски услови "Македонија" кое стопанисува со двете домашни авиопристаништа, во акционерско друштво во државна сопственост.

Светлана БЛАЖЕВСКА
 
 
 
 

ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ГО ОДЛАГААТ ЈАВНИОТ ОГЛАС

Ќе почека изборот на нов газда на аеродромите

Неопходно е да ги дадеме аеродромите под концесија за да се остварат значителни инвестиции,за што во овој момент немаме пари , вели министерот Миле Јанакиески

Се замрзнува планот на Владата за давање на македонските аеродроми под концесија ако се закажат предвремени парламентарни избори во јуни. Иако заврши претквалификацискиот повик, на кој над 20 странски компании изразија намера да станат стопанственици на аеродромите, Законот за спречувањето на корупцијата налага целата постапка да се одложи до изборот на новиот состав на Ссобранието.Од денот на донесување одлука за распишување избори до нивното завршување, вклучувајќи го и рокот за жалби, односно до издавањето решение за добиен мандат на пратеник, не може да се отуѓува државен имот - вели Мирјана Димовска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ИНТЕРЕСОТ ГОЛЕМ

Деновиве се очекуваше да биде објавен огласот за доделување концесија за градба, реконструкција и за користење на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на нов карго-аеродром во Штип. Меѓу заинтересираните компании се споменуваат виенскиот и парискиот аеродром, како и аеродроми од Германија и од Грција. Македонските воздушни пристаништа ќе се издаваат на 20-годишна концесија. Инвеститорот треба да вложи 200 милиони евра во реконструкција и осовремување на аеродромите, при што има обврска да ги задржи сите вработени во аеродромското претпријатие „Македонија“ најмалку седум години.Утврдени се условите што концесионерот мора да ги исполни во определен рок. Неопходно е да ги дадеме аеродромите под концесија за да се остварат овие цели, за кои се потребни значителни инвестиции, за што немаме пари. Со доделување на концесијата на инвеститор што има значително искуство за користење и развој на аеродромски услуги ќе добиеме поефикасни аеродроми. Со тоа ќе се зголеми и бројот на превезените патници и товар - изјави министерот за транспорт Миле Јанакиески.

СЕРИОЗНИ ОБВРСКИ

Според условите од јавниот оглас, еден концесионер ќе ги добие аеродромите во Скопје и во Охрид, а штипскиот може да го добие и друг инвеститор. Концесионерот на „Александар Велики“ за 20 месеци треба да изгради нова терминална зграда со минимална површина од 40.000 квадратни метри и со шест порти за патници. Пистата ќе се продолжи за 500 метри, со што ќе се овозможи слетување на воздухоплови за директни прекуокеански летови. Концесионерот има обврска да постави системи за земска и за сателитска навигација, да изгради паркинг за автомобили и пристапен пат, нова клучка, да ја догради административната зграда и да изгради нов карго-терминал. „Свети Апостол Павле“, пак, за 12 месеци од одењето под концесија треба да добие нова навигациска опрема, ВИП-објект, пречистителна станица и реконструирана аеродромска зграда. Штипскиот аеродром треба да биде со полетно-слетна патека од 2.400 метри, со можност за продолжување до 3.000 метри. Системите за инструментална и визуелна навигација и радионавигациските уреди треба да се постават три години по потпишувањето на договорот.Аеродромот во Штип во почеток би бил за карго-превоз и алтернатива за потребите на цивилната авијација. Намерата ни е во иднина да прерасне во главен аеродром во Македонија. Местоположбата на скопскиот аеродром диктира прескапи зафати за да се подигне неговата категорија - истакнува Јанакиески.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Apr-2008 at 13:53
а сега скопскиот сакаат да биди за директни прекуокеански летови, а невозможно е да се подигне неговата категорија?! шо подразбира то подигната категорија, поголеми терминали, или? ако планират да градат терени за голф до аеродромот, како е можно да нема место за да се шири па да треба да ги рамнат околните ридови??? (ова го имав прочитано негде) значи треба да биди за прекуокеански летови, а не можи да се подигни категоријата!?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Apr-2008 at 18:53
Originally posted by гитардемон

а сега скопскиот сакаат да биди за директни прекуокеански летови, а невозможно е да се подигне неговата категорија?! шо подразбира то подигната категорија, поголеми терминали, или? ако планират да градат терени за голф до аеродромот, како е можно да нема место за да се шири па да треба да ги рамнат околните ридови??? (ова го имав прочитано негде) значи треба да биди за прекуокеански летови, а не можи да се подигни категоријата!?


Не знам за која категорија зборат... По дифолт би претпоставил дека зборат за ILS категорија, ама некои работи ме бунат во целава приказна па не сум баш сигурен... Како и да е, големината на терминалот нема врска со таа категоризација. А прекуокенските летови не се баш толку стриктно зависни од категоријата, тоа се сведува на повеќе или помалку прикладен аеродром.
Исто така ни голф терените немаат никаква врска со проширувањето. Голф терените веројатно би ги граделе на локаации кои не го тангираат аеродромот, а продолжувањето на пистата се знае само во кој правец може да се изведе.

Сепак, она со Штип многу ме багира... Дури и да е навистина таква зезната ситуацијата со скопскиот аеродром, Штип е многу лоша алтернатива од многу причини. Мислам дека треба да се стори апсолутно се за да се промовира и надгради скопскиот аеродром, а со тоа и да се искористи неговата идеална поставеност во однос на транспортните коридори и главната популациска и економска концентрација во државата. Па дури и ако тоа барало рушење на ридови... Ако ништо би добиле повеќе рамна површина во нашава планинска држава LOL
Ама сериозно мислам дека поставеноста на скопскиот аеродром во однос на потенцијалниот штипски оправдува дури и такви големи и радикални зафати... Треба да се рачуна и на долгорочната цена што ќе се плаќа од евентуално форсирање на Штип како главен аеродром:
1. Локацијата го прави неатрактивен и силно му го ограничува потенцијалот за раст и развој.
2. Многу поголеми транспортни трошоци поради оддалеченоста од примарниот и неколку секундарни региони од интерес.
3. Многу послаба сообраќајна поврзаност, која и покрај големите дополнителни инвестиции кои ќе бидат неопходни, никогаш нема да може да се мери со сообраќајната поврзаност и потенцијал на постоечкиот скопски аеродром.
4. Неможност да се наметне како регионален играч, поради лошата регионална поставеност и други фактори.
5. Потребна е комплетна инвестиција, то ест аеродромот треба да се гради од нула.

И не се само овие работи... Па нели Штип е познат по силни ветришта?

Исто така надвор од памет ми е сега да се планираат толкави инвестиции за скопскиот аеродром, ако се мисли неговата улога да ја превземе некој иден штипски аеродром Nuts

Целава работа ми е некако матна... Bash



Posted By: vardar
Date Posted: 18-May-2008 at 02:04
Еве го новиот аеродром во вроцлав, полска слични критериуми со скопскиот со тоа што пољаците однапред нагласуваат дека треба да се остави простор за експанзија до 7 милиони од почетните 2. Ако скопје успее да добие нешто слично би бил пресреќен, било што ќе биде драстично подобрување од сегашниов само се плашам да не добиеме нов а сепак "стар" аеродром како со салата.
 
 
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2008 at 20:56
аирлија Cheers

Германска, турска, австриска и француска компанија заинтересирани за модернизација на аеродромите

4 странски компании се во трка за концесионерство врз македонските аеродроми Александар Велики и Свети Апостол Павле во Охрид. Станува збор за Турската компанија ТАВ, австриската Аеродроми Виена, германската Хоткиф и француско-британската корпорација ЕџисБиком. До крајниот рок само овие од вкупно 20-те компании доставија понуди до тендерската комисија.

 
- Ќе пристапиме кон јавно отворање на доставената документација. До 12 часот беа доставени 4 понуди од 4 компании, кои од страна на членовите на комисијата за спроведување на постапката ќе бидат отворени и разгледани дали се во ред - рече Игор Јанушев од Министерство за транспорт и врски.
Аеродромите ќе се даваат под концесија на 20 години. Во тој период идниот газда ќе мора да ги модернизира, а во Штип да изгради нов карго аеродром. Според роковите од тендерската постапка, идниот концесионер ќе се знае по изборите.


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=33296&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=33296&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: MKballer
Date Posted: 20-May-2008 at 15:13
http://macedoniaonline.eu/content/view/1480/52/

Four companies compete for Macedonia's Airports
http://macedoniaonline.eu/index2.php?option=com_content&task=view&id=1480&pop=1&page=0&Itemid=2 -   http://macedoniaonline.eu/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=1480&itemid=2 -  
Alexandar%20the%20Great%20Statue

Tendering documents within the first stage of Macedonia's airports concessioning process was opened Monday in the Ministry of Transport and Communications.

Companies "TAV" from Turkey, "Vienna Airport" from Austria, "Hochtief" from Germany, and "Egis" from France/Great Britain submitted the required documents.

After detailed review, the competent commission would submit a request for bids by interested companies, thus commencing the second stage within the project for overhaul of the technical and financial condition of airports in Macedonia, i.e. Skopje and Ohrid airports, as well as construction of a new cargo-airport in Stip.

The airports will be given under a 20-year concession, during which Skopje airport "Alexander the Great" should get a new terminal building, extension of the takeoff-landing runway by 500m, construction of an access road, installment of systems for ground navigation, construction of the required communal infrastructure, additional construction of the administrative building and a new cargo terminal.

Projections for Ohrid airport "St. Apostle Pavle" encompass reconstruction of the cargo terminal, construction of a VIP building, and reconstruction of the existing administrative building and the parking lot.

The new Stip cargo airport should acquire a new takeoff-landing runway, new terminal building, two hangers for import and export, two hangers for aircrafts garaging, construction of administrative facilities etc.




Print Page | Close Window