Print Page | Close Window

Право на измени на проектот во текот на градбата

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2112
Printed Date: 16-May-2024 at 18:29


Topic: Право на измени на проектот во текот на градбата
Posted By: utre
Subject: Право на измени на проектот во текот на градбата
Date Posted: 21-Feb-2013 at 16:59
Дали би можеле на форумов да ја развиеме темата/

Дали тоа што е специфицирано во проекната документација на крајот е изведено?
Кој го задржува правото да го смени тоа?

http://www.akademik.mk/urban-invest-podnese-krivichna-prijava-protiv-gradonachalnikot-stefche-jakimovski-tvrdat-deka-postoi-koruptsija-vo-opshtinata

Како отприлика било?

имале проект-гранитни плочи..

Тендерирале и со најниска цена добил...

Во текот на изведбата, смениле во павер елементи...

Другите учесници на тендерот испаднале магариња, бидејќи понудувале гранит.

Дали форумов е за издржана дискусија?

Дали е кривично дело-разлика во цена помеѓу гранит и павер?
Дали смеат изведувачите да менуваат без да ги прашат проектантите?

Ако не сме надзор, како да постигнеме тоа што било во проект, на крај да е изведено...или како во случајот, проектантот при случајна прошетка ако види дека не е изведено како што е тендерирано да има право да го кривичари  изведувачот

Какво е вашето искуство?

Дали како инжењери може да постигнеме-ако е проектирано со гранит тип...., на крај да биде вградено гранит,



Replies:
Posted By: daci92
Date Posted: 21-Feb-2013 at 17:21
Тешка тема ,не е на дискусија овде ,доколку политиката не беше вмешана би можело да се дискутира ,всушност е казниво по закон ,но ние не ја знаеме реалната ситуација и како нов член ќе те замолам да не мешаш политика на форумов и да се обидеш да ја гледаш работата по објективно ,ако гледаме така дај да постираме вести што изјавуваат од општина Карпош ,како фирмата била избрана и неможела да заврши па потоа добила тужба по закон и била откажана работата за да се избере другата фирма.

Затоа мој предлог од администрацијата е да се избрише темава.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Feb-2013 at 20:31
Доколку може дискусијата да се држи чисто во „технички“ рамки и во правец на разјаснување на тоа како оваа проблематика (наведената во насловот на темата) и сличните ситуации се регулирани со законските решенија, тогаш дискусија е добредојдена.

Но ситуацијата е таква што мислам дека неумесно би било да се дискутира конкретно за Јакимовски и Урбан Инвест и да се исправаат криви дрини меѓу нив. Едноставно не можеме да бидеме судии во нешто што очигледно смрди на политика од сите страни и јасно е дека ќе биде предмет на најразноразни интриги, манипулации, дезинформации...


Posted By: utre
Date Posted: 22-Feb-2013 at 10:52
На ова дискусија мислам ќе се поделиме-
кој проектирал објекти и му се извеле
и кои само проектирале

На секој објект-проектантот се соочува со желбата на изведувачот да најде поедноставно(и поефтино) решение

Тогаш доаѓа до конфликт

кој победува-од ваше искуство?

Во 80 било-што ќе е во проект-тоа се вградувало. И тогаш фрчеле кривични, ако некој смени. Ни градоначалници не смееле да сменат материјал на проектант
од таму доаѓале почестите кон проектантите.

Дали е сега така?(убаво е да пишеме искуства)









Posted By: utre
Date Posted: 22-Feb-2013 at 11:00
дискусијата не е политичка

туку чисто од професионална природа

сите проектанти би го вратиле угледот-доколку се постигне тоа што е впишано во проектот, тоа да се изведе


ако тоа го постигнеме како проектанти-дефинитивно ќе успееме да ја вратиме почитта кон струката

пр. замислете како му е на архитектот-кој мислел, каков гранит, која боја, колку отпорност на абење да стави, која дебелина.... па каква да е шарата....и на крај гледа павер елементи- и уште никој не го прашал

предложувам струката да ја поддигне свеста и да постигнеме

пр. проектантот во... се враќа после 1 година-го гледа паверот. Со еден допис од проектантот до??? политичарот и изведувачот го јадат стапот.   Ако тоа се постигне, сметам проектантите ќе ја вратат почитта за која не учеа на факултетите


Posted By: utre
Date Posted: 22-Feb-2013 at 16:01
Логично е да се развие дискусија на темава.

Како проектанти9архитекти, градежни, електро, машински...)

Од витално значење е да се постигне на јавните објекти тоа што се проектира, да се вгради
Зошто?
Ќе се развие здрава конкуренција меѓу изведувачите

Сите ќе понудуваат исти производи

Проектантите ќе може да се развиваме стручно, бидејќи постојано ќе бидеме информирани за нови материјали, бидејќи проектантите ќе можат да ги проектирааат во новите објекти.

За посоченит плоштад-баш ме интересира, дали сијалиците се исти како и вградените? Дали направиле некои кинески замени?

ваше мислење

Затоа очекувам поддршка од професионалната сфера, за да не стивне прашината за ова прашање



Print Page | Close Window