Print Page | Close Window

Индустриски објекти и зони (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Индустриски
Forum Discription: Индустриски зони, фабрики, лесна индустрија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=212
Printed Date: 28-Jun-2022 at 09:27


Topic: Индустриски објекти и зони (општо)
Posted By: dejan
Subject: Индустриски објекти и зони (општо)
Date Posted: 08-Sep-2007 at 02:52
Три слободни економски зони ќе се даваат на управување на странски компании

Слободните економски зони “Бунарџик два”, и зоните во Тетово и Штип ќе бидат понудени на меѓународен тендер за управување од страна на странски компании, најави министерката за економија Вера Рафајловска при посетата на Егејската слободна зона во Измир, Турција.

“Даден е предлог до Владата на Македонија, и во моментов се размислува да се донесе одлука со која слободни зони ќе се дваат на управување на странски компании. Веќепопстоечките зони нема да бидат опфатени со новите измени, тие ќе продолжат да функционираат по стариот модел” изјави за Тотал, Сузана Праниќ, портпаролот на Министерството за Економија.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=12554&kategorija=2

Ne znaev deka i vo Tetovo ima slobodna ekonomska zona. Mislam podobro negde do Bitola da ima. Go citav ova na drug vesnik ama zaboraviv kade.



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Sep-2007 at 04:55
Сега за сега е хаос со зониве, ништо не е сигурно. Бар ја не можам да дојдам до сигурни информации... Така да подобро да си ќутам, отколку да ги кажувам сите шпекулации кои сум ги слушнал...


Него темава не припаѓа у инфраструктура баш. Сега за сега ќе ја префрлам у Тест, а кога ќе отвориме секција за економија или друга поприкладна, ќе си дојде на свое место Smile


-------------


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 08-Sep-2007 at 12:35
Леле хаос еј, мислам стварно се изрезиливме со Џонсон Контролс у 5 до 12 гас воведуеме. Епа јебига, боље некои приватњаци да ги контролираат.

Еве го почна Александар со неговата модераторска тиранија Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Sep-2007 at 14:35
ja neznam kako da go tolkuvam ova, kako obid da se dadat zonite pod privaten menadzment za da trgne pobrzo rabotata ili kako sfakjanje deka premnogu se iscalamija so milion zoni, a samo edna fabrika se otvori i stvaranje manevarski prostor kade kje moze da okrivat nekoj drug za neuspehot.,


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Sep-2007 at 15:06
Originally posted by gotsomekicks



Еве го почна Александар со неговата модераторска тиранија Smile



Мислиш?

Се лажеш... Уште се загревам

Тек допрва ќе видиш што ќе биде


LOL


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 10:03
Две прилилно различни вести за една иста работа. Сепак добра вест Thumbs%20Up

„Форнети“ ќе гради дистрибутивен центар во скопски Илинден

16.03.2008 19:24

Унгарската компанија „Форнети“ ќе гради дистрибутивен центар во скопската населба Илинден.

Унгарците, чија основна дејност е производство и продажба на бели пецива, купија 20.000 квадратни метри државно земјиште по цена од 10 евра за метар.

„Со договорот најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од шест месеци по склучување на договорот ќе го обезбеди одобрението за градба на предвидениот објект со урбанистичкиот план од надлежната општина, а истиот ќе го изгради во рок од две години од добиеното одобрение“, рече Драган Симоновски, портпарол во Министерство за транспорт.

„Доколку објектот не се изгради во предвидениот рок, договорот се раскинува и земјиштето се враќа во сопственост на Република Македонија“, додаде Симоновски.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90818

Форнетти ќе гради фабрика за бели печива


Мултинационалната компанијата Форнетти постои 11 години, а нејзините производи кои се по строгите стандарди на ЕУ се продаваат во повеќе од 20 европски земји


Скопската компанија "Форнетти Соле" ДООЕЛ, која што е дел од групацијата "Форнетти" од Унгарија стана сопственик на државно градежно земјиштето во општина Илинден каде треба да гради фабрика за бели печива. Земјиштето е со вкупна површина од 20.040 метри квадратни, а компанијата за него платила 600 денари за метар квадратен, односно околу 200.000 евра. Според Драган Симоновски портпарол во Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање најповолна била токму понудата на "Форнетти Соле" и затоа таа и го добила ова државното земјиште.

-По извршената уплата на парите од страна на компанијата со министерството веќе е потпишан договор. Со него компанијата се обврзува во рок од шест месеци од Општината да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект што треба да биде во согласност со урбанистичкиот план-вели Симоновски. Тој објаснува дека објектот треба да биде изграден во рок од две години, во спротивно договорот ќе биде раскинат, а земјиштето повторно ќе се врати во државна соственост.

Мултинационалната компанијата Форнетти постои од 1997 година, а нејзините производи се продаваат во повеќе од 20 европски земји меѓу кои: Велика Британија, Ирска, Шведска, Германија, Австрија, Италија, Швајцарија, Русија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Украина, Кипар, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кувајт, а од 2002 година и во Србија. Производството на Форнетти производите се одвива во автоматизирани фабрики кои ги задоволувааат најстрогите стандарди на Европската Унија.

Министерството деновиве објави и пријава за јавното наддавање за атрактивна градежна парцела лоцирана во центарот на Скопје, позади ТЦ Рамстор. Таа е со вкупна површина од 4.700 метри квадратни, а површината за градење е 1.961 метри квадратни. Јавното наддавање е договорено за 15 април годинава.

Валентина МАРЈАНОВИЌ


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=142F0867A849BF498421DE1EEB80E5CB


Posted By: ProMKD
Date Posted: 18-Mar-2008 at 18:26
Pozdrav do madzarive za otvaranje pogonce (iako e malo, sekako za Ilinden toa e dobrodojdeno) i za Dzonson Meti isto treba da nosi vrabotuvanja - dali konecno ke moze da se pogledne na Bunardzik i da se rece "USPESNO BESE" posle bezbrojnite skandali i godini pominati!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 18-Mar-2008 at 18:58
Се надевам ќе може да речеме дека било успешно пошто да ви кажам право више шесто миљарди индустриски зони најавија, и ниедна не изгледа нешто поразлично од пасиштана по планините Wallbash


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Mar-2008 at 22:12
Денеска бев до Куманово нешто па имам да нафрлам неколку информации

- после разделувањето на автопатот во правец Куманово на излезот во Скопје има сигурно 10на нови индустриски објекти што се градат. Мали/средни капацитети
- Бунарџик е цел раскопан, нешто се спрема нешто се случува. И лева и десно од објектот на Johnson Controls. Ваљда посериозно се зафатиле со спремање на инфраструктурата. Исто така се гради еден нов објект не знам за што се работи.
- конечно го видов SwedMilk, симпатична фабрика. Лево од автопатот во правец на Куманово, блиску пред да почне Бунарџик.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2008 at 22:58
Па што не ја бапнале у бунарџик?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2008 at 23:32
Локална млекара во слободна економска зона? Извини ама ова е без врска.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:08
Каква локална млекара бе?! За извоз работат. Од кога почнаа со работа, се авува недостиг за млеко кај млекарите!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:11
Стварно не знам кој процент им е за извоз, ама како и да е, таков капацитет не влага у логика на слободна економска зона.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:24
Уште летоска имаше доста капацитети во изградба покрај автопатот, што е добра глетка. Ме радува и припремата во Бунарџик. Ваљда како што рече пбанкс е инфраструктура, се очекува да почне и изградбата на новата фабрика (Џонсон Мети беше?) за некој месец


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:26
Вака така, последниве 2-3 години у Македонија се интензивираше изградба у секој поглед. Дај боже така да продолжи. Порано кога ќе сум отидел у странсто криво ми паѓало когга ќе видам скелиња на сите страни, а кај нас све се распаѓа.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:29
Originally posted by lslcrew

Вака така, последниве 2-3 години у Македонија се интензивираше изградба у секој поглед. Дај боже така да продолжи. Порано кога ќе сум отидел у странсто криво ми паѓало когга ќе видам скелиња на сите страни, а кај нас све се распаѓа.

И јас така мислам, убрзани се работите малце. Што сака нека кажат некој за добри кампањи или што знам.. јас со свој очи имам видено разлика. Треба да продолжи и се разбира да се интензивира.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:35
Originally posted by ProMKD


И јас така мислам, убрзани се работите малце. Што сака нека кажат некој за добри кампањи или што знам.. јас со свој очи имам видено разлика. Треба да продолжи и се разбира да се интензивира.


Па не би рекол дека треба да ги игнорираме очигледните причини зошто некои работи толку се туркаат а многу поважни работи се запоставуваат. Мене не ми текнува на еден нов објект или предложен проект, освен НЛБ, што се гради во точно дадените рокови, транспарентно, да има економска оправданост и барем малце вкус( кај индустриските објекти ова не е воопшто важно).  Треба да се продолжи и да се интензивира, но тоа не значи да се работи фушерајски и да се запостават важните работи


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:40
Запазете само колку индустриски објекти има низ грција. Све е со објекти покрај патиштата. Ај ваљда и ние ќе се задлабочиме малку повеќе во капитализам, па ќе се среди све. Сега за сега работите се движат натака.


п.с. Примерот со грција е само израз на доборососедски односи и нема везе со никаква иредентистичка политика обострано.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:40
PreviousРазбира се. Мислењето ми беше дека некој луѓе викаат "абе ништо не се гради, тоа е само кампања", а кога ќе излеземе на терен да видиме... се гради


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:42
Originally posted by lslcrew

Запазете само колку индустриски објекти има низ грција. Све е со објекти покрај патиштата. Ај ваљда и ние ќе се задлабочиме малку повеќе во капитализам, па ќе се среди све. Сега за сега работите се движат натака.


п.с. Примерот со грција е само израз на доборососедски односи и нема везе со никаква иредентистичка политика обострано.

Таков модел е ефикасен. Пример ќе ви дадам тука во канада, 99% од индустриските капацитети се покрај автопати. И да се во град, сигурно се до помал автопат, кој води до друг, поголем автопат. Кога 80% од карго-превозот се врши со камиони, така треба да биде..


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:50
Originally posted by ProMKD

Кога 80% од карго-превозот се врши со камиони, така треба да биде..


Транспорт со камиони треба да се избегнува ако се може. Ние немаме пловни патишта, ама барем може да ја ојачаме железницата. А Северна Америка е премногу орјентирана кон камиони, тоа го признаваат и нивните транспортни планери.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 01:30
Голема трагедија е што се случува во С. Америка со камионите. Јас сум секој ден 70КМ на автопат за да стигнат до факултет и назад.. секој ден имам проблеми со закрчени патишта, камионите некогаш ги полнат и трите ленти во еден правец.. катастрофа. А со цената на нафтата да не збориме.

А и кај нас купуваат вагони и неколку локомотиви ги промовираа вчера во митал стил. Карго превозот кај нас бележи значаен раст годиниве кај аеродромскиот и железничкиот превоз, додека лани имаше намалување на превозот на стока со камиони. Се разбудиле фирмите !


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Mar-2008 at 14:29


1 Ова би требало да биде погонот за Кока кола на Скопска Пивара колку што знам. Спрема мене еден од погрдите индустриски објекти

2

3 Во позадина се гледаат некои кранови колку што јас знам тоа е истражувачкиот институт на Алалоид во изградба


Еве го рендерот за истражувачкиот институт колку за потсетување



4 Слики од терен (ваљда е тоа тоа)

5

6 Железара Скопје... Сосема друга лига

7






Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Mar-2008 at 14:58
Мислам дека сето ова спаѓа во рамките на Општина Илинден но не сум сигурен. Како и да е делницата на автопатот накај рафинеријата заличува како што треба.

За почеток ова е купче мали индустриски објекти кај Хотел Белви. Генерално тежок кичерај. И кај индустриски објекти постои одредена естетика спрема мене а посебно овие што се наоѓаат на автопатот на влезот во Скопје треба да личат.

1 Од десната страна на автопатот (во правец накај Куманово). Рио Кафе

2

3 Deni international. Шпедиција. Културно изгледа и културно е уредено.

4

5

6

7 Цезаркомерц. Мислам дека оваа е врвот на невкусот

8 Три нови погони во изградба веднаш во продолжение

9

10

11 И веднаш потоа фабриката за биодизел на Макпетрол

12

13 Од другата страна (во правец накај Скопје) уште еден објект во изградба

14 Овие веќе ги знаете постари се. Ролопласт, ДХЛ, Никас и уште некои други

15

16

17

18





Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Mar-2008 at 15:09
Идеме понатаму по автопатот

1

2 Покрај овие стари силоси се наоѓа фабриката за биодизел на Макпетрол од претходниот пост. Значи одма на следниот надвозник се врти за Swedmilk. Но ќе го видите и од автопат прилично му се упадливи боите.


3 Еден откачен надвозник над пругата


4 Swedmilk. Еве за каква естетика зборувам, ова е спрема мене убав индустриски објект

5 Околината уште се средува

6

7




Posted By: blejdsk
Date Posted: 30-Mar-2008 at 15:28
Bravo pbanks ....TOP se slikive ,,,Thumbs%20Up


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Mar-2008 at 19:39

Супер надополна пбанкс. Одамна не сум возел накај Куманово. Дефинитивно подзаличува на нешто.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2008 at 19:48
Охрабрувачки. Капитализмот почиња тврдо да запоседнува што говори за посветла иднина!!!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 30-Mar-2008 at 22:36
Не сум многу информиран околу што прави Општина Илинден за привлекување инвестиции и како им идат бирократските процедури, ама очигледно работат нешто како што треба штом се прибираат фирми на нивна територија! Не е битно само да има атрактивна локација, битно е да има локална поддршка! Одлични слики пбанкс! 


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Mar-2008 at 00:09
А за индустриските објекти нема да се сложиме.... лично објектот на рио кафе највеќе ми се свиѓа, напред репрезентативен деловен простор со убави материјали а позади фабриката (шољата на кровот е кичерај) сведмилк ми делува некако просто Dunno 


Posted By: blejdsk
Date Posted: 31-Mar-2008 at 00:51
(шољата на кровот е кичерај) @Vardar
Pa dobro sto ocekuvas da ima na fabrika za kafe a?


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Mar-2008 at 00:55
Па добро според мене доволно е што има голема реклама со рио кафе на кровот
(ова со шољата ми делува како да е theme park.... не дизниленд туку кафеленд LOL  )


Posted By: blejdsk
Date Posted: 31-Mar-2008 at 01:08
mene mi izgleda ok ,,,,ali nema vrska tvoe mislenje.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2008 at 01:28
Originally posted by ProMKD

Не сум многу информиран околу што прави Општина Илинден за привлекување инвестиции и како им идат бирократските процедури, ама очигледно работат нешто како што треба штом се прибираат фирми на нивна територија!


Да, општина Илинден е прилично активна на ова поле (иако Бунарџик не е во нивна надлежност, се гради и се најавува доста за градба и надвор од Бунарџик)

Би спомнал уште два локалитети во Скопје кои веќе се прилично пополнети со мали индустриски капацитети:
1. М-3 помеѓу пругата за Тетово и скопската обиколница. Овде веќе е многу изградено, многу се гради, а има уште и доста простор за во иднина... Веројатно оваа зона и дополнително ќе се шири спрема Момин Поток и долж Бул. Словенија. Инаку е во надлежност на општина Бутел.
2. Драчевски пат. Активноста не е баш на ниво на претходната зона, но не е ни за потценување. Во надлежност е на општина Кисела Вода.

Но сепак „најквалитетната“ индустрија се развива во општина Илинден. БДП по жител на оваа општина веројатно наскоро ќе се трка со моментално индустриски најјаката општина во Македонија , а тоа е Гази Баба.

Исто така во блиска иднина може да се очекува развој на вакви зони долж северната обиколница.

Cheers


Само мислам треба да се обрати големо внимание на тоа какво земјиште се планира за развој на вакви зони. Нормално тука се во игра и бројни други фактори, но убеден сум дека квалитетно земјоделско земјиште треба да се штеди до максимум.


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 10:43
Eве нешто попозитивно во врска сo првомајска.....
@кловер.... цел форум го проверив го нема ова нигде, а дали е на право место е друга работа Big%20smile LOL

На скопска „Првомајска“ процвета приватниот бизнис

Стопанствениците чии фирми се лоцирани на оваа улица тврдат дека добро им оди и дека имаат муштерии

Александар Пешев

Улицата „Првомајска“ полека, но сигурно се претвора во една од поголемите индустриски зони во околината на Скопје. Слободно може да се каже дека таму веќе цути приватниот бизнис. Пред десетина години, оваа улица, која ги поврзува населбите Кисела Вода и Драчево беше позната само по ОХИС, кој беше единствениот индустриски објект на таа локација. На другите плацови од овој реон имаше само куќи и ниви. Денес, спроти ОХИС се изградени повеќе фабрики, магацини, продажни салони и продавници. Од неодамна дури и неколку големи компании лоцираа дел од своите бизниси на тој простор.

Стопанствениците кои работат на оваа улица тврдат дека им оди добро и дека имаат купувачи, и покрај фактот што оваа индустриска зона се наоѓа далеку од центарот на Скопје.

„Успеавме да привлечеме муштерии со успешна маркетинг-кампања и со високиот углед што го стекнавме преку другите претставништва кои нашата компанија ги има во градот“, објаснува Лидија Анческа, вработена во „Карат“, компанија која тргува со мебел и репроматеријали, како што се шпреплочи и иверки. „Мое лично видување е дека во овој реон полека, но сигурно се отвораат нови компании и фабрики, односно дека тој се претвора во една активна индустриска зона“, додава Анческа.

Улицата „Првомајска“ е дел од територијата на Општина Кисела Вода. Станува збор за една од трите индустриски зони кои се изградени во оваа скопска општина. Оттаму тврдат дека за поддршка на бизнисите кои се развиваат на територијата на општината е оформена стопанска комора. „Целта на тоа тело е да ги поддржува сите бизниси кои се развиваат на територијата на општината. Наша цел е да понудиме секаква поддршка за развој на нови бизниси, бидејќи тоа наедно отвора нови работни места“, објаснува Тони Чуповски, портпарол на општината.

Сепак, стопанствениците тврдат дека, и покрај големиот потенцијал, во оваа новооформена индустриска зона се' уште има простор за подобрување. „Меѓу нашите основни забелешки се што не добиваме комунални услуги и што немаме канализација. Значи, сите одводи се' уште се поврзани со септички јами. Отпадоците и ѓубрето никој не ги собира и сето тоа е оставено на нас“, вели Анческа.

Плацовите на улицата со денационализацијата се вратени во приватна сопственост. Во овој реон полесно е да се најмува плац. Засега речиси ниту еден од сопствениците на приватни плацови не е заинтересиран за продавање.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2BA1BC00F7DCF44CA4B09BED5B590F76 - Utrinski
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2008 at 12:22
Секое идење накај драчево е како по друга улица да проаѓам. Стварно секогаш може да се налета на некој нов објект.


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Aug-2008 at 11:30

ВЕЛЕС СЕ ОТВОРА ЗА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ


Никна нова индустриска зона


Општината Велес со пари од ЕУ и од Светската банка ја уреди индустриската зона Речани 2, и сега бара од Министерството за транспорт земјиштето да го подели на парцели и да го продава


Општината Велес ја уреди индустриската зона Речани 2, која се наоѓа до поранешната управна зграда на некогашниот агрокомбинат Лозар. Локалната самоуправа урбано го среди просторот и сега очекува Министерството за транспорт плацевите да ги понуди на лицитација.Според надлежните во општината, во изминатите неколку месеци во индустриската зона Речани 2 се асфалтирани осум километри пат, а поставена е целокупната електрична, водоводна и канализациона мрежа. Општината за уредувањето на зоната инвестираше 197.000 евра, за да го поттикне индустрискиот развој на Велес.

- Целта е со поволностите што ќе ги понуди Министерството за транспорт да се привлечат домашни и странски компании да вложуваат во изградба на нови капацитети, во кои ќе се отворат работни места и ќе се вработат млади кадри.Ако се остварат нашите предвидувања тогаш од овој проект жителите на Велес ќе имаат голема корист, пред се на економски план - вели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Од општината соопштуваат дека поголем дел од вложените пари, околу 150.000 евра се финансиски средства кои Велес ги доби како награда од Европската унија, а другите 47.000 евра се од фондовите преку Светска банка.

-Сега индустриската зона во Велес треба да се подели на плацеви, а надлежните во Министерството за транспорт во најкус рок да ги понудат на јавно наддавање - велат од општината.
Во непосредна близина на индустриската зона досега се изградени дваесетина индустриски објекти во кои се ангажирани повеќе од 400 работници, повеќето во конфекциски погони.

-Очекуваме бизнисмените да покажат интерес за изградба на индустриски објекти во зоната која се наоѓа во непосредна близина на автопатот Скопје - Велес. На потег е министерството - порачуваат од локалната самоуправа.
Во Велес, пред повеќе од десет години беше направена првата индустриска зона,но, таа засега не ги даде очекуваните резултати.

Стоилко АНДРЕЕВСКИ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2A79345A44E2B842B1127D5E6338076D - Vecer


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Sep-2008 at 01:14
lslcrew@ hauauhau , ti rekov deka ostajv nesto i za tebe hehehehe

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Oct-2008 at 23:04
Cheers

„Витаминка“ наскоро отвора нов погон

Прехранбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп наскоро треба да пушти во употреба нов погон за производство на кекси, во кој се инвестирани 5,5 милиони евра. Поголем дел од средствата, четири милиони евра, се кредит од Европската банка за обнова и развој, а остатокот се сопствени средства. Новиот погон за кекси, кој е на површина на 8.700 квадратни метри, ќе отвори нови 50 работни места и ќе го зголеми годишното производство на фабрика за околу 25 проценти. Околу 70 отсто од кексите ќе се извезуваат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B8A11B7B43342F4690E8C332B9CCE4FA




Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Oct-2008 at 13:12
Mногу ме радуваат успесите на македонските компании и затоа ја постирам оваа вест

 

Прилепска „Витаминка“ го отвори новиот погон за кекси


„Витаминка“ отвори нов погон за кекси, вреден пет милиони евра. Инвестиција која според планот треба да го зголеми пласманот на домашниот и на странскиот пазар.
“Со изградбата на новиот погон за кекси, досега најголемата инвестиција на прилепска „Витаминка“, вредна пет и пол милиони евра, оваа прехранбена индустрија се определи за доопремување и модернизација на производството за наредните десетина години. Тоа значи дека фабриката ќе го стесни асортиманот на производи кои се најмногу барани на пазарот”, изјави директорот на „Витаминка“ Симон Наумоски.
Во новиот погон годишно ќе се произведуваат над 2.000 тони кекси од кои 40% на странските, а 60% на домашниот пазар со што се очекува да се покрие увозот на вакви производи кај нас. Фабриката гарантира висок квалитет и пониски цени, а со оваа линија ќе го зголеми девизниот прилив, па така планот е на годишно ниво да остварува 10 милионни евра од извоз.
“Се е поврзано со движењата на странските пазари за што постои надеж дека нема  да се влошат на подолг период. За да се заштитиме од турбуленциите на пазарот,  презедовме соодветни мерки. Сите досегашни обврски за кредити се исплатени, останува најновата инвестиција која во дел е обезбедена со четиригодишен кредит од Европската банка за обнова и развој од каде добивме грејс период од две години”, рече Симон Наумоски.
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=12331 - (Toтал)




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Oct-2008 at 00:40
Бунарџик се гради, Тетово и Штип ќе почекаат на економските зони

Со ребалансот на буџетот се намалени средствата за изградба на зоните од 660 милиони денари, на 200 милиони денари - вели Марјанчо Николов, пратеник од СДСМ.

Во функција на градење на развојни зони во другите градови се разгледуваат сите формалноправни аспекти за прифатливи локации. За разлика од Бунарџик, која е целосно инфраструктурно поврзана со сите потребни приклучоци во зоните во Штип и Тетово, се водат постапки за експропријација на земјиштето и за избор на изработувач на главните проекти за инфраструктурно поврзување.

- Целокупната тендерска постапка за зоните во Штип и во Тетово треба да заврши до 30 март идната година. На Бунарџик се обезбедени сите услови за инфраструктурно поврзување со вода, струја, гас на сегашните корисници. Во тек е изградбата на трафостаница која трајно ќе се реши снабдувањето со електрична енергија на сите идни корисници. ГП „Гранит“ работи на изградба на резервоар со вода за потребите на новите фирми, а се градат и нова административна зграда и царински терминал - ни изјави Марјан Јованов, директор на Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони.

Намалувањето на буџетските средства, според Јованов, е направено со рационализација на трошоците што се пониски поради поповолните тендерски понуди од изведувачите. Тој вели дека овие средства нема да останат неискористени и тие ќе бидат пренесени во наредната буџетска година, кога ќе поминат сите тендерски постапки околу изградбата на новите индустриски зони. 

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=212&ArticleID=9565



Posted By: vardar
Date Posted: 05-Nov-2008 at 23:16
ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА КРАЈ СТРУМИЦА
Дваесетина компании чекаат да купат земјиште

Во индустриската зона кај Борисово во општина Ново Село, според најавите, ќе се изградат дваесетина стопански објекти за обработка на дрво, за откуп, складирање и за калибрирање земјоделски производи и други мини-фабрики во кои својата егзистенција ќе ја најдат стотици работници. - Ние како Општина ги завршивме сите наши обврски за отворање на индустриската зона. Изработен е детален урбанистички план и сите други потребни документи ги доставивме до Министерството за транспорт и врски, кое треба да распише лицитација за продажба на државното неизградено земјиште, односно за откуп на градежните парцели. Постои заинтересираност кај повеќе домашни и странски инвеститори, кои подолго време чекаат да завршат административните процедури за да можат да си ги откупат локациите и да почнат со изградба на стопанските објекти кои ќе бидат значаен поттик за развој на целиот регион - вели Никола Андонов, градоначалник на општина Ново Село. Во локалната самоуправа се надеваат дека наскоро ќе добијат позитивен одговор од Министерството за транспорт и врски и дека нема да се повтори случајот со обидот за отворање нова индустриска зона во близината на Струмица во која за почеток требаше да бидат изградени четири фабрики со најава за вработување на околу 3.000 лица. Оваа намера пропадна поради недоразбирањето меѓу странскиот инвеститор и Министерството за транспорт и врски околу понудените цени за закуп на државното земјиште.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1543&ArticleID=101646 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1543&ArticleID=101646


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Nov-2008 at 14:37
 
Поттик за економски развој
ImageПразникот на Општината беше одбележан со промовирањето на еден од најзначајните инфраструктурни објекти - Индустриската зона „Речани 2“. Зоната ја предадоа во употреба Амбасадорот ерван Фуере, шеф на Мисијата на ЕУ, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Маскедонија и Градоначалникот Аце Коцевски. Индустриската зона „Речани 2“ е изградена со средства што Општина Велес ги доби како награда од Европската Унија по аплицирањето на проектот „Општински награди 2006“. „Речани2“е лоцирана на стариот пат Скопје-Велес-Штип, близу до Скопски пат и зафаќа површина од 8,9 ха.

 

Зоната опфаќа 33 парцели со просек на површина од 1000м². Досега се купени 12 парцели ( 5 од Здружение на возачи, 4 од ДПТ „Павора ДООЕЛ-Велес и 3 од фирма од Скопје), а Здружението на возачи веќе изгради нов објект. Во рамките на проектот изградена е патна инфраструктура врз основа на сообраќајно решение кое ги поврзува сите парцели помеѓу себе и со споменатиот пат, хидротехничка инфраструктура и основно решение за електрична мрежа. Покрај 150.000 евра од наградата од Европската Унија, ЕУ инвестираше дополнителни 47.000 евра во реализацијата на проектот. Општината обезбеди и средства од буџетот за изградба на инфраструктурата со што вкупната инвестиција изнесува 222.000 евра. „Ова е пример на локален економски развој што укажува какви активности треба да се преземат во иднина. Потребата од интензивирање на економскиот развој е посочена и во последниот извештај на Европската Комисија“, рече Амбасадорот Фуере во изјава за медиумите.

Градоначалникот Аце Коцевски упати јавна благодарност до Европската Унија, Европската Агенција за рекунструкција, изведувачите и сите поединци вклучени во проектот. „Со изградбата на оваа зона сакаме да помогнеме во решавањето на најгорливиот проблем во велес-невработеноста. Очекуваме во скоро време Министерството за транспорт и врски да распише конкурс за јавно надавање и за останатите парцели" рече Коцевски. Според претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азевски отварањето на индустриската зона „ Речани 2" го  потврдува  административниот капацитет на Општина Велес како и   претприемачката  зрелост на стопанствениците и граѓаните  со сопствена иницијатива  да преземат чекор  за јакнење  на стопанската состојба на Општината. На свеченото предавање во употреба на индустриската зона „Речани 2“ присуствуваа претставници од Советот на општината,  бизнис заедницата во Велес, институции и здруженија на граѓани.

 
 
http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=874 - veles.gov.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2008 at 18:14
Ова не знаев каде да го ставам, а не за во останати....
Македонија има шанса да произведува оклопен транспортер



Автор:  Александар Божиновски
Македонија
Македонија се наоѓа пред голема шанса за производство на сопствен оклопен транспортер. Предлог-проектот веќе е доставен до Владата и доаѓа директно од украинската влада и се однесува на изградба на фабрика за производство на оклопен транспортер во Македонија. БТР-4 „Букефал“ официјално е регистриран како македонско-украински транспортер, бидејќи во неговиот развој учествувале и група македонски инженери. Во почетокот транспортерот само би се склопувал во државава, а подоцна дел по дел би се преземало и производството на одредени делови. За „Букефал“ интерес веќе пројавиле армиите од регионот - Србија, Босна и Херцеговина, Албанија... Дали ова ќе се оствари ќе зависи од Министерството за одбрана и неговата одлука за кој транспортер ќе пресече. Во конкуренција покрај украинско-македонскиот транспортер ќе бидат и финскиот „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарскиот транспортер „Пирана“.

Од канцеларијата на вицепремиерот Зоран Ставревски не добивме мислење за овој проект, додека Зоран Коњановски, министерот за одбрана, вели дека проектот се анализира.

- Ова е првокласен транспортер, двојно поевтин од другите и ќе отвори нови работни места во двете исклучително пријателски земји - вели Витали Москаленко, амбасадорот на Украина во Македонија.

­Се предвидува во почетокот да се отворат стотина работни места. Фабриката за склопување би можела да се изгради за 9 месеци.

Министерството за одбрана, во согласност со барањата на НАТО до крајот на 2009-та, треба да набави 30 нови транспортери, а до крајот на 2015 македонската армија треба да има 80 нови транспортери.

БТР-4 „Букефал“ е транспортер правен врз основа на легендарниот руски транспортер БТР-80, кој веќе десетина години го користат АРМ и МВР. Проектот го образложува Димитриј Александровиќ Перегудов, директор на фабриката „Укрспецекспорт–Укринмаш“.

- На проектот работеа околу 70 луѓе. Се решивме да работиме со Македонија затоа што таа е една братска и пријателска земја, со која речиси сме соседи. Ни одговара и тоа што менталитетот, но и ситуацијата во двете земји се слични. Нам стара Европа не ни помага. Мораме сами да си помогнеме. Направивме одличен транспортер и сакаме со помош на Македонија да ги освоиме балканскиот и светскиот пазар - објаснува Перегудов.

Јовица Ѓуричиќ е еден од македонските инженери што учествувале во развојот на „Букефал“, воедно, сопственик на скопската фирма „Специјална опрема Скопје“ (СОС).

- БТР–4 „Букефал“ е модерен оклопен транспортер, кој е направен да ги задоволи сите потреби на современите армии по НАТО-стандардите, истовремено зачувувајќи ги сите добри карактеристики на семејството транспортери од типот БТР. Украинските конструктори од фабриката „Морозов“се познати како конструктори на легендарниот советски тенк „Т–34“ од Втората светска војна. Таа школа на конструктори и денес работи на конструирање, модернизација и производство на оклопна техника од најразлични профили, не само за потребите на украинската армија туку и на многу други армии низ светот. Во таа смисла уште одамна се зафатија со нови разработки на БТР–80, кој сè уште е еден од најдобрите и се наоѓа во состав на многу светски армии. Од таа разработка произлезе одличниот БТР–3, кој е продаден и успешно се користи во неколку земји во светот. Стремежот на Украина за влегување во НАТО, поставените задачи за компатибилност со НАТО и имплементирање на важечките стандарди на НАТО во оваа област доведоа до производство на нов транспортер БТР–4. Во таа фаза пред неколку години се приклучи и стручниот тим на македонската фирма СОС, со задача на целосно вклопување на транспортерот во барањата на НАТО-земјите и понатамошна комерцијализација на пазарите што порано не беа својствени на „источната“ техника. СОС преку договор за заедничка работа и комерцијализација е поврзан со своите украински партнери „Морозов“ и државната компанија „Укрспецекспорт–Укринмаш“ од Киев и заедно со нив ќе го нуди овој производ. Ќе настапиме на најголемиот светски саем на вооружување и воена опрема идната година во Абу Даби - вели Ѓуришиќ.

Покрај Македонија, според официјалните податоци од министерствата за одбрана на балканските земји, набавки на транспортери планираат и Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Романија.




„Букефал“ рамо до рамо со најдобрите

Перформансите на БТР-4 веќе биле тестирани на полигоните во Украина. Според Перегудов, „Букефал“ е рамо до рамо со најсилната конкуренција, како финската „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарската „Пирана“.

- Нашата најголема предност е цената. „Букефал“ ќе чини приближно еден милион евра, додека другите не се поевтини од два милиони евра - вели Перегудов.

„Букефал“ има погон 8 х 8. Тежината му се движи од 17,5 до 23 тони во зависност од нивото на оклопна и противминска заштита. Посадата ја сочинуваат возачот, командирот и операторот–нишанџијата и има можност да превезе десантно одделение од 6 до 8 војници. Покрај заштитениот транспорт, одделението може и да дејствува од внатрешноста со личното вооружување. Возилото, покрај греење и климатизација, е опремено и со уред за заштита на посадата и војниците во случај на хемиска или нуклеарно-биолошка опасност. „Букефал“ има можност и за активно учество во боеви дејства. За таа цел е опремен со боев модул „штурм“ (купола со вооружување, која се наоѓа монтирана на горната страна). Модулот е без посада со телевизионо дистанционо управување од страна на операторот, кој седи во внатрешноста на возилото и командирот. Вооружувањето се состои од топ со калибар од 30 милиметри, спрегнат митралез со калибар 7,62 мм, автоматски фрлач на гранати со калибар од 30 мм (опција 40 мм) и против оклопни ласерско водни ракети „Бариер“. За заштита и маскирање е предвиден фрлач на чадни кутии. Модулот е опремен и со модерна оптоелектроника од француската компанија „Сажем“. Модулот содржи дневно–ноќни камери, термокамера, ласерски мерач на далечината, ГПС-уред и многу други софистицирани „ситници“. Возилото е опремено и со современ систем за комуникација од американската фирма „Харис“, што овозможува комуникација и содејство со другите единици од разни земји-членки на НАТО. На уреден пат може да се движи со брзина од 110 км/час. Конструкцијата овозможува и совладување водни пречки со пливање без никаква претходна подготовка со брзина до 12 км/час.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&EditionID=258&top=1&ArticleID=13158



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Dec-2008 at 16:58
Бев голем фан на Патриа, ама сега ова со Букефал ја менува целата ситуација Big%20smile


Posted By: dacito
Date Posted: 08-Dec-2008 at 18:05
Одлична е идејата, само ајде да видиме дали Букефалот ќе се реализира во Македонија. Дај Боже, дај Боже Big%20smile



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Dec-2008 at 19:30
Originally posted by dacito

Одлична е идејата, само ајде да видиме дали Букефалот ќе се реализира во Македонија. Дај Боже, дај Боже Big%20smile
....

Не верувам, како и сите војни проекти кој Македонија ги имаше во завидна големина и квалитет, така и овој ќе го изеде мрак.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: dacito
Date Posted: 08-Dec-2008 at 22:11

Не верувам, како и сите војни проекти кој Македонија ги имаше во завидна големина и квалитет, така и овој ќе го изеде мрак.


Незнам како и зошто пропаднале, веројатно и тука имало дебели интереси па затоа пропаднале. Ама ајде, ваљда времињата се менуваат, да видиме што ќе испадне...


Posted By: shyes
Date Posted: 09-Dec-2008 at 14:46
И јас се надевам дека ќе го изберат Букафелот, и си мислам дека тоа ќе го сторат. Cheers

п.с. Моделот Патриа изгледа добро, но сепак сум са Букафелот, читав низ Вики дека Македонија требало да го набави овај модел (Патриа) заедно со Хрватска во 2006, но немам идеја дали то Македонија го исполни.
http://en.wikipedia.org/wiki/Patria_AMV




Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 19:22

Стартува проектот за изградба на 50 фабрики

aleksandar-momirovski.jpg http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=96&VestID=101373 - Александар Момировски http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101373#komentari - Коментари (0)    
09.12.2008 18:22
Досега само во Бунарџик инвестираa две странски компании

 

Стартува мега проектот изградба на 50 нови фабрики во слободните економски зони. Бизнисмените и Владата формираа работна група. Детално ќе анализираат каде, кога и во кои гранки ќе се интервенира за да се отворат капацитети кои ќе донесат 3.000 нови вработувања и ќе го скусат трговскиот дефицит.

„Голем интерес имаат и конкретни компании, наши членки во Комората коишто се заинтересирани за таков тип на инвестирање“, изјави Љубен Митревски, Сојуз на Стопански комори.

„Владата на чело со Груевски, дека многу брз слух има за една ваква, дневен би рекол. Бизнисот бара прецизно согледување и веднаш што треба да направиш. Мислам, не е тоа сега Груевски дека брзо го свати бизнисот, туку сметам дека почеток на еден политичар кој многу малку искуство има политичко, па можеби затоа и така се однесува, да брзо може да пренесе доверба и надежта што ние ја даваме тој да ја прифати и да почне реализација на една таква надеж“, рече Велија Рамковски, бизнисмен.

Инвестицијата е тешка 100 милиони евра, а Владата треба да се вклучи со стимулации од буџетот во висина од 30 милиони евра.

 

 

„За мене, пресвртот од изедначувањето на условите за инвестирање на странските и домашните правни субјекти и физички лица, е многу сериозно поместување на работите коишто треба да доведат до определен напредок во економскиот развој“, вели Бранко Азески, Стопанска комора на Македонија.

Со насочувањето кон домашните инвеститори, ќе се разбие праксата на сите досегашни владини гарнитури кои го игнорираат бизнисот, а со парите од буџетот финансираат тешка администрација и неразвојни проекти.

„Во Македонија не е многу едноставно да се работи, не е едноставно да се води бизнис и затоа е добро да се направи оваа иницијатива, да се поддржи“, вели Љубен Митревски.

„Државата се покажува дека е слаб инвеститор. Доаѓа бизнисменот да биде квалитетен инвеститор, затоа што му е 30 насто субвенции, но со 70 насто ја става главата на трупец“, изјави Велија Рамковски.

Во Македонија има четири слободни економски зони. Досега, само во Бунарџик инвестирале две странски компании. Домашните инвеститори досега не добија простор од државата да развијат сопствен бизнис во зоните.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101373




Posted By: dacito
Date Posted: 09-Dec-2008 at 21:34
Речениците на Рамко му се опасни, нити се знае што е подмет, нити што е предмет, нити ништо. И CIA ќе се намачи додека да го дешифрира човеков Big%20smile Незнам дали е смешно или трагично, искрено!?!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Dec-2008 at 15:49
За ова имав слушано подолго време и знам дека словенечка фирма е одговорна за изградбата преку некоја скопска фирма, но ете се најде и на сајтот на општината, што значи е започнато да се гради. Се очекува колку што знам до 2013 да биде готово. Нештото ќе биде огромно, мислам најголем објект во Битола, па и пошироко. Еве еден рендер што го најдов, колку за претстава.


Во тек е изградба на нова фабрика за преработка на тутун СОКОМАК, дирекна странска гринфилд инвестиција, во вредност од 34 милиони евра.





Преземено од: http://www.bitola.gov.mk/ - http://www.bitola.gov.mk/


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2008 at 17:55
Originally posted by гитардемон

За ова имав слушано подолго време и знам дека словенечка фирма е одговорна за изградбата преку некоја скопска фирма, но ете се најде и на сајтот на општината, што значи е започнато да се гради. Се очекува колку што знам до 2013 да биде готово. Нештото ќе биде огромно, мислам најголем објект во Битола, па и пошироко. Еве еден рендер што го најдов, колку за претстава.

Преземено од: http://www.bitola.gov.mk/ - http://www.bitola.gov.mk/


Ова е откупен центар за тутун колку што знам... Супер што се гради а и објектов е навистина солиден Cheers


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Dec-2008 at 20:41

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=62934 - „Сокотаб“ најавува изградба на погони и откупен центар во Пелагонија - А1 - 19.05.2006

па не е само откупен центар, досега http://www.socotab.com/html/macedonia.html - СОКОМАК - SOCOTAB имаа откупни центри низ цела МКД ова ќе бидат магацини за складирање и ферментација на тутун, значи полу-тутунски комбинат Smile од летово веќе на големо се работи на локацијата која се наоѓа од десната страна по патот помеѓу с.Секирани и с.Црнеец т.е. патот за до браната на акумулацијата Стрежево, значи да нема забуна ова не е во зоната во с.Жабени... 

инаку словенци се на раководните функции кај нас најверојатно бидејќи НЛБ Тутунска се врзани и акционерски и доверителски со СОКОМАК, а фирмата ќерка на америчкиот SOCOTAB која го тера кај нас муабетот со последниов проект е швајцарска, ова го извлекувам како заклучок од портфолиото на консултантската куќа ДАВОС која им го тера проектот за сушалната во Битола каде под референци имаат наведено работа за http://www.davosinvest.com.mk/reference.html - Sokotab Tutun Vo List, Bitola - FRANA, Switzerland ...

http://www.tera.com.mk/index.php/media/system/js/templates/system/modules/mod_jaflowlist/index.php?option=com_content&task=view&id=395&Itemid=65 - најава: на пролет треба да е готов - Тера - 03.11.2008

http://www.euroing.com.mk/Default.aspx?id=84405d8e-be81-4c25-b8de-3c878b2ac3a1 - ЕУРОИНГ - Објект: Изработка на постелка/планум долен строј - Инвеститор: СОКОМАК Битола АД Битола



Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Dec-2008 at 00:57
Јас затоа го имав ставено во вести бидејќи не е во зоната, туку е баш на другата страна. А инаку сум чул за газдата кој е Американец и е често во Македонија, само имав заборавено што сум чул, ете тоа што го рече бетон и јас така го паметам. Како и да е, ќе биде граден со многу модерни материјали и напредна технологија, бидејќи имав чест да бидам со главниот менаџер за изградбата на иста маса. Не би сакал да коментирам повеќе но она што го покажа на неговиот лаптоп беше навистина импресивно-како граделе во странство и како ќе изгледа ова кај нас, навистина супремно.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2009 at 22:28

Нов Институт за развој и контрола на квалитетот на лековите


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105600#komentari - Коментари (0)    
11.03.2009 18:40
 

 

Отворен е новиот Институт за развој и контрола на квалитетот на лековите. Во него фармацевтската компанија „Алкалоид“ ќе инвестира во производство на нови генерички лекови.

Исто така ќе биде на располагање на државните институции за контрола на квалитетот на останатите лекови во земјава.

Институтот се простира на површина од 1.540 квадратни метри и е опремен со најсовремена лабораторија.

„Во рамките на генералната стратегија на посветеност на перманентен развој секако еден од најважните параметри е зголеменото ниво на инвестирање во истражувачки и развојни проекти на кои компанијата интензивно работи во последните две години“, изјава Живко Мукаетов, генерален директор на АД Алкалоид.

Премиерот Никола Груевски се пофали дека немал главоболки и затоа нема потреба ниту од овие, ниту од други лекарства.

„Немам главоболки од таков тип за да пијам апчиња. Инаку, главоболки со вака секојдневни проблеми колку сакате, но не до таа мера за да пиеме апчиња“, изјави Груевски.

Инвестицијата чини околу 8 милиони евра. Во институтот ќе работат 80 лица, од кои 50 ќе бидат нови вработувања.

Министерот за здравство на Алкалоид му го врачи ГМП-сертификатот за новиот институт, со кој се докажува дека објектот е во согласност со највисоките стандарди во фармацевтскиот сектор.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105600


Posted By: dacito
Date Posted: 12-Mar-2009 at 00:15
Секоја пофалба за Алкалоид. Пример за успешност и добро работење во Македонија!!! Само напред


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2009 at 17:57
Пред точно една година имаме најава за изградба на фабрика "Форнетти Соле". Еве денеска беше поставен камен темелникот. Во продолжение има една слика од МИА ФОТО каде у позадина се гледа рендерот...




Posted By: Dragan
Date Posted: 19-Mar-2009 at 19:20
Vo moeto mest brvenica ima industriska zona kade moze da se izgradat najmnogu 6-7 fabriki ama zemjisteto e pod zakup na drzavata vo rok na cuvanje do 30 godini.
pa posle 30 godini moze nekoj da izgradi nekoja fabrika QuestionQuestionQuestionNaughtyNaughty


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-May-2009 at 16:28
Детоил инвестира 2,5 милиони евра во нов објект

http://netpress.com.mk/vestiimages/55077/Detoil.jpg">

Денеска свечено ќе биде поставен камен темелникот на станицата за снабдување со течни и плински горива и деловниот објект на компанијата Детоил.

На церемонијата кратко обраќање ќе има градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и еден од сопствениците на Детоил, Тони Каранфиловски. Во Скопје, ќе биде изградена деловната зграда и четвртата бензинска пумпа со знакот на оваа компанијата. Инвестицијата е во вредност од 2,5 милиони евра, а објектот во целост ќе биде готов за една година и шест месеци.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=55077&kategorija=2



mia-foto


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 01:02
Еве нешто подетално за Детоил

Камен-темелник на зграда и на бензинска пумпа на „Детоил“

Деловна зграда и четврта по ред бензинска пумпа со знакот на компанијата „Детоил“ ќе бидат изградени во Скопје, а инвестицијата е вредна 2,5 милиони евра. Камен-темелникот на станицата за снабдување со течни и плински горива и на деловниот објект вчера беше поставен на улицата „Перо Наков“ бб, веднаш позади зградата на „Супер Тинекс“. Објектот целосно ќе биде завршен за година ипол. Зградата ќе се протега на површина од 1.200 метри квадратни и ќе има четири ката и подрумски простории. Компанијата планира да вработи 30 лица во новиот деловен објект.

Градежните зафати на објектот ќе ги изведува „Мива градба“. Проектант е „Вектор ТТ“.

„Осумнаесет години успешно работиме со педесет вработени на подрачјето на Куманово и решивме нашата работа да ја прошириме и на територијата на Скопје каде недостасува еден ваков објект. ’Детоил‘ е присутна на пазарот со нејзината основа дејност трговија на големо и на мало со нафтени деривати“, истакна Тони Каранфиловски, еден од сопствениците на „Детоил“, на положувањето на камен-темелникот на зградата. (Сн.К.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72CFB11BF7E8464888BF135DE3F2FB11


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 17:39
Наскоро стартува технолошко - индустриската зона Прдејци

Во технолошко - индустриската развојна зона, во близина на гевгелиското село Прдејци, наскоро ќе започне продажбата на земјишните парцели за инвеститорите, изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, јави дописникот на Нетпрес.

Зоната опфаќа површина од 50 хектари и се наоѓа на десната страна од магистралниот пат Е-75, каде се определени 11 урбанистичкиблокови за производство , дистрибуција и сервисирање за јавни административни и комерцијални услужни дејности.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56807&kategorija=2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 23:55

Италијанска „Имепа“ отвори фабрика во Штип

Штип - Во Штип вчера беше отворена фабриката за производство на метални твист-оф капачиња „Имепа“. Италијанскиот инвеститор Пасквалино Риспо изјави дека во штипската фабрика годишно ќе се произведуваат 125 милиони капачиња за конзервирано овошје и зеленчук и за сокови.

„Во оваа фабрика инвестиравме 1.250.000 евра. Производите се наменети за пазарите во Србија, Бугарија, Италија и во Грција, а имаме мал број вработени, бидејќи се' е автоматизирано“, рече Риспо. Тој додаде дека и во услови на светска економска криза треба да се инвестира во производството, бидејќи луѓето мораат да се прехранат.

„Инвестирам во Македонија, затоа што соработував со одредени компании. Нашата италијанска фирма ’Мапа‘ ја изгради месната индустрија во Гостивар, а имаме фабрики и во Италија и во Русија“, вели Риспо.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7E0913399B24274E9EF2835DA4D43789


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2009 at 13:12
“Пекабеско“ ќе гради капацитет за сувомесни производи во општина Илинден

http://netpress.com.mk/vestiimages/57633/opstina%20Ilinden.jpg">

Компанијата „Пекабеско“ АД Скопје е избрана за најповолен понудувач на јавното наддавање за градежно земјиште, сопственост на државата, кое се наоѓа во општина Илинден, со намена Г2 –производство, дистрибуција и сервиси – лесна и незагадувачка индустрија со можност  од алтернативна класа  на намена Г3 и Г4. “Пекабеско“ за локацијата со вкупна површина од 39.363 квадратни метри понуди цена од вкупно 13.777.050 денари, акде планира изградба на логистички производствен центар за сувомесни производи.

Компанијата е должна во рок од 15 дена од приемот на писменото известување, да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето, во спротивно ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.

По извршената уплата во утврдениот рок и доставувањето на банкарската гаранција, Министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште, што е предмет на оваа Објава. Согласно овој Договор, најповолниот понудувач ќе биде обврзан да добие одобрение за градење од надлежната општина во рок од 6 месеци по склучување на договорот, а во рок од 2 години по добивањето на одобрението за градба да го изгради.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=57633&kategorija=2


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 17:30
Индустриски објект на СОЛОПРОМ. Локација незнам точно, само знам дека е во околина на Скопје. И овие слики се постари.

01.


02.


03.


04.


05.


06.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jun-2009 at 18:19
Фабрика за масло во Битола до крајот на годината
Петок, 26 Јуни 2009 17:07
fabrika%20za%20maslo%203Интензивно продолжува изградбата на фабриката за масло која сопственикот на Млин Стојчев ја најави уште минатата година. Светската економска криза битно не се рефлектира врз нејзината изградба, но како и во сите други дејности психолошката компонента е онаа која што го прави притисокот:

,,Морам да ви кажам дека може во многу лошо време ја градам, можеби тука киксирав. Иако се обезбедени кредити за тоа има работа во таа огромна инвестиција, така што интензивно се гради но нервозата е зголемена 100%. Не можев да предвидам дека рецесијата сега мене ќе ме фати затоа што фабриката не е од сега се готви 3-4 години, вели Благој Стојчев, сопственик на Млин Стојчев


Изградбата започна во моментот кога Млин Стојчев забележа навистина високи резултати, а веќе е обезбедено и се она што е потребно за новата фабрика во која ќе се произведува масло:fabrika%20za%20maslo%20stojcev

,, Обезбедено е за 10 тина дена ќе дојде опремата, тоа е германска опрема, максимално софистицирана, нема да има таква фабрика на Балканот ќе биде со сите еколошки претечки стандарди, ќе има интегриран стандард од сите овие стандарди што се во игра во прехрамбената така што ќе биде спремна и надвор од европа да ги извезува своите производи, вели Благој Стојчев, сопственик на Млин Стојчев


Поради малиот пазар во државата, а големиот капацитет кој е предвидено да го има фабриката извозот ќе биде посебна цел за кој сопственикот верува дека ќе ја реализира во најголем можен процент:

,, Македонија годишно трши 40 до 50 милиони шишиња, тоа е мал пазар, а фабриката ќе има капацитет од 100 до 120000 шишиња на ден полни масло така што ќе бидеме принудени и мислам ќе успееме едно 30 до 50 проценти да одиме во извоз, вели Благој Стојчев, сопственик на Млин Стојчевfabrika%20za%20maslo%202

Фабриката за масло ќе придонесе и за отворање на нови работни места, но тоа главно ќе биде место каде високостручните и квалификуваните работници ќе добијат работа:

,, Овде ќе ни требаат високостручни кадри од типот на технолози, електроинжинери, машински инжинери и техничари за работа во лабораторија и физички работници, но сето тоа е на некој начин доста синхронизирано, доста е модерно организирано, се е во дел на машини во дел на системи, вели Благој Стојчев, сопственик на Млин Стојчев

Доколку работите се движат со интензитетот кој го предвидува Стојчев, се очекува дека фабриката ќе проработи најдоцна до крајот на годината и ќе биде нешто што Битола досега го немала.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9479&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9479&Itemid=106

Shocked Како останало ова без да се спомне? Фабрика за масло не е мала работа! Ако не се лажам Благој Ѓорев од Велес беше единствена во државава, и сега не работи повеќе. Или има и други фирми?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 18:23
Благој Ѓорев е фабрика за масло, ама за масло од сончоглед од ниво до шише. Инаку кај нас ги има многу такви што увезуваат дестилат и тука некое прочистување му прават и го паковаат, а мислам дека нема никој што одкупува сончоглед и да рафинира. За овој од предходниот пост пишува само дека ќе пакува 120000 шишиња но ниакде не пишува дека ќе рафинира сончоглед.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jun-2009 at 18:39
Originally posted by гитардемон



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9479&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9479&Itemid=106

Shocked Како останало ова без да се спомне? Фабрика за масло не е мала работа! Ако не се лажам Благој Ѓорев од Велес беше единствена во државава, и сега не работи повеќе. Или има и други фирми?


Па ни Млин Стојчев не се заебанција колку јас следам доста агресивно го шират бизнисот. Добра вест Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2009 at 19:54
А Брилијант не се бавта со сончоглед  Question


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 20:06
Ееее незнам за брилијант! Мислам дека брилијант се бафта со откум на сончоглед, ама во Македонија ионака нема нешто многу сончоглед да се задоволат две три асални фабрики. Незнам точко како стои сега ситуацијата, малку ја забегавме офтопик, но главниот муабет беше за тоа погончето горе дека уствари ќе биде само за втората фаза производствното на зејтин, а не комплетен процес.


Posted By: Max
Date Posted: 23-Aug-2009 at 15:19
ИНДУСТРИСКА ЗОНА ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ВРАПЧИШТЕ

http://sitel.com.mk/WBStorage/Articles/AE50BF07F33BB842B4BB472779D77A54.swf - http://sitel.com.mk/WBStorage/Articles/AE50BF07F33BB842B4BB472779D77A54.swf




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 23-Aug-2009 at 17:34
Од овие полу-писмени човечиња ми се гади! Пази ти Р. Бугарија го откажала своето учество во Белене (кое патем не е вистина а тенденциозна лага), а оваа "држава" ќе развивала нуклеарна програма!?! Да Ве потсетам нешто господине Човечец:
1) Бугарија не се откажа, туку ние немавме одговор на нивниот предлог.
2) Секому му е јасно дека ние неможеме да поставиме и зачуваме еден нормален патен знак, та ќе сме развивале (пази не друго ами) Нуклеарна Програма.
3) Кому треба да се препише вината за нашиот енергетски колапс? На Бугарија, која покрај Белене од кое не се откажа има уште 100 други огромни проекти, најголеми ТЕЦ-ови на Балканот и Козлодуј, или на досегашниве наши влади, кои освен ХЕЦ козјак ништо друго не успеаа да направат! Неможат Чебрен и Галиште цела деценија на тендер да ги дадат, АЕЦ ќе сме граделе!

Извинете за офтопик ама ме испровоцира до краен степен овој имбецил!


Posted By: Max
Date Posted: 23-Aug-2009 at 17:47
Мене ми се чини дека се имаш испровоцирано заради комплекс на нижа вредност, во право си кој е овој министер да кажува прикаски дека бугарите се откажале од Белене, а ние дека ќе ја тераме Мариово абе и јас шпекулации од фин.тајмс би си ги зел здраво за готово http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=889101525&id=11&prilog=0&setIzdanie=21758 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=889101525&id=11&prilog=0&setIzdanie=21758


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 23-Aug-2009 at 18:09
Макс, се е тоа убаво...како за деца приказки! Зарем веруваш? Или не си разбрал правилно? Еве сега ќе ти пуштам текст за да го подразјасниме:

До края на септември ще е ясно дали строежът на АЕЦ „Белене” ще продължи и при какви условия може да се завърши проектът. Това заяви министърът на икономиката, енергетиката и туризма Трайчо Трайков пред бТВ. Според него втората атомна централа не е жизненонеобходима мощност, а бизнес проект.

Възможните варианти за осъществяването на проекта са няколко. Единият е изграждането на централата да продължи, както е заложено по договор в момента с 51 процента дял на НЕК и 49 процента за германския концерн RWE. Друга възможност е държавният дял да бъде намален до определен процент и да се потърси инвеститор, който да довърши проекта. Така България ще може да запази блокираща квота от акции и да я използва при вземането на важни решения, като същевременно с това финансовата й отговорност ще намалее значително, смятат експерти. Най-вероятно ще се търси инвеститор, който да изкупи част от държавния дял в проекта.

По думите на Йордан Костадинов, бивш директор на АЕЦ „Козлодуй”, стойността на проекта няма да надхвърли с много предвидените по договор 4 млрд. евро. Консумацията на ток през 2020 година ще бъде около 300 млрд. киловат часа, като това потребление ще може да се покрие, ако бъдат построени нови мощности, добави той. Костадинов обясни, че произвежданата електроенергия от втората атомна централа ще бъде с около 3 евроцента по-евтина от тази в „Козлодуй”. Според Трайков обаче страната ни няма да е толкова зависима от тока, който ще се произвежда в „Белене”, и изграждането й няма да е необходимо за гарантиране на доставките на ток.

Та вака:
Бугарија (т.е. НЕК како нејзина компанија) НЕМА да се откаже од Белене, туку се води јавна расправа дали треба државата да учествува со 51% како сега или тој дел да се намали, а средствата да се пренасочат кон други инфраструктурни проекти. Факт во секој случај е дека и сега и во 2020 година Бугарија е електро-енергетски незавсина земја, која извезува струја, а не како нас да покрива половина од увоз! На крај немој да мислиш дека ова е единствениот голем проект на нивниот електро-енергетски пазар, како и тоа дека компании како РВЕ и РосАтомСтројЕкспорт се компании кои би дозволиле проектов да пропадне кога толку им треба на обете!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Aug-2009 at 18:36
Не разбирам што ќе постигнеме со тоа што ќе се натегаме кој има подобра енергетска инфраструктура, ние или Бугарите. Несомнено е дека Бугарија има далеку поголем број на капацитети и огромни искуства во развојот и искористувањето на Нуклеарната енергија, но прашање е што треба да направиме ние. Ако само плачеме и напаѓаме како немаме ништо, ништо никогаш и нема да имаме. Мислам дека доколку постои можност мора да најдеме начин да се вклучиме во проектот Белане, а дај боже за 20 години да сме способни и сами да изградиме таков капацитет во Мариово, Но до тогаш наместо што сонуваме превисоко или се вреѓаме прениско треба да засукаме раце, да сме трпеливи и да вложиме максимално во своите идни кашпацитети пред се интелектуални па да можеме за 20 години да размислуваме и на големи нешта. Така што соработката со една Бугарија ја гледам како одлична можност. Е сега политиката можеби вика поинаку, но бизнисот и интересите треба да бидат пред тените политики.
 



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Aug-2009 at 22:34

Прв стопански комплекс во село Зубовце

Во полошката рамнина, во атарот на село Зубовце, во идната недела ќе се почне со изградба на пет производствени погони како дел од Стопанскиот комплекс „Зубовце“. За една година се очекува да се вработат околу сто лица во прехранбените и преработувачките гранки.Стопанскиот комплекс ќе се простира на површина од околу десет илјади квадратни метри. Свои погони ќе отворат гостиварските фирми „Карне М“, „Интеркафе“, „Дамјан стил“ „Амиго“ и „Елком“.Идејата на инвеститорите, гостиварски стопанственици, Михајло Михајлоски, Ивица Димитриески, Ѕвонко Михајлоски, Вуке Срезоски, Ристо Ристоски и Влатко Анѓелкоски е да го зголемат обемот на работа и да вработат уште стотина лица од овој регион.Овој проект е прв од ваков вид во поширокиот Гостиварски регион. Село Зубовце му припаѓа на Општина Врапчиште од Гостивар и е оддалечно 4 километри.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BE3B5F56D93C044D9666337C1F18E0C5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Aug-2009 at 22:04
На продажба девет плаца


Министерството за транспорт и врски распиша оглас за продажба на девет плаца неизградено градежно земјиште во Велес, со намана за развој на малото стопанство. Плацовите со површина од 764 до 867 квадрати се наоѓаат во индустриската зона во комплексот Узус во новиот дел на Велес. Почетната цена за електронското јавно наддавање за плацевите е 700 денари по квадрат.
Пријавите за јавното наддавање на неизградените девет плаца во Велес со вкупна површина од околу 7.000 квадрати, заинтересираните малостопанственици треба да ги достават до 16 септември годинава. Ј авното наддавање ќе биде извршено по електронски пат во просториите на Министерството за транспорт и врски во Скопје.
За продажбата на овие плацови во индустрискиот дел на Велес, каде е решена целата инфраструктура и каде што пред една година Министерството веќе продаде повеќе од десет плацеви, постои голем интерес меѓу велешките малостопанственици. Велат дека почетната цена од 700 денари за квадрат не е висока и веруваат оти сите девет плаца ќе бидат продадени. Со продажбата на овие плацеви, во Општината Велес велат дека индустриската зона Комплет Узус, во кој се изградени дваесетина објекти од малото стопанство, ќе ја раздвижи економијата во градот.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1D907EE297B21E42B4E5B524F257FD27


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2009 at 13:19
Камен темелник на 5 нови индустриски објекти во зона Зубовце...

www.mia.com.mk



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 03:00
Подетално...

Ќе се градат пет фабрики во гостиварско Зубовце

Камен-темелникот на првиот стопански комплекс, не само во регионот туку и во државата, беше поставен во присуство на премиерот Никола Груески

ГОСТИВАР - Пет мини-фабрики за производство на леб и бели печива, за преработка на месо и на кафе, за електропроизводи и за метал по две години ќе бидат изградени во атарот на гостиварското село Зубовце. Новите погони на месната индустрија „Карне М“, „Интер кафе“, „Дамјан стил“, „Амиго „ и „Елком“ ќе бидат според стандардите на ХАСАП.

Според проекцијата на инвеститорите, младите гостиварски бизнисмени: Михајло Михајлоски, Ивица Димитриески, Ѕвонко Михајлоски, Вуке Срезоски, Ристо Ристоски и Влатко Анѓелкоски очекуваат за една година да ги активираат погоните. На почетокот ќе се вработат стотина лица, пред се', од селото Зубовце и од околните населби.

„Сакаме да покажеме како со слога и храброст се остваруваат ваквите проекти. Со тоа да им ја подотвориме вратата и несебично да им го покажеме патот и на други фирми од регионов, дека сега е можно да се реализираат вакви идеи“, истакна Михајло Михајлоски, сопственик на фирмата за преработка на месо „Kарне М“, идеен творец на овој проект.

Камен-темелникот на првиот стопански комплекс, не само во регионот туку и во државата, беше поставен во присуство на премиерот Никола Груески и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Погоните ќе зафаќаат површина од 10.000 квадратни метри, со можност за двојно проширување.

Груевски истакна дека бизнисмените донеле мудра одлука за изградба на индустриски комплекс и тоа во тешки услови на светска економска криза, кога најголем дел од компаниите во светот ги стопираат своите инвестиции. „И оваа криза, како и секоја има свој крај“, потенцира Груевски.

„Ова е вистински начин за забрзан развој на руралните општини, како што е Врапчиште. Ги охрабруваме бизнисмените да го развиваат бизнисот, а ние ќе им помагаме во рамките на надлежностите“, истакна Бајрам Кадрија, градоначалник на општина Врапчиште. Тој очекува оваа иницијатива на бизнисмените да биде предизвик и за други да почнат некаков бизнис во општина Врапчиште, која нуди одлични услови. На тој начин, нагласи Кадрија, „ќе се стопира миграцијата, не само село - град, туку и иселувањето во странство“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=01968EECB99D244EB329F38B3945A88F


Posted By: micko_v
Date Posted: 04-Sep-2009 at 13:36
Од ова што може да се прочита, јасно е дека се работи за приватна инвестиција на некои бизнисмени.
Владава се рекламира со проекти на приватници, како она да е инвеститорDunno
Ајде сега секој што ќе гради нешто по државава нека оди Грујо да го отвара.
Популизам до бескрај !!!!


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Sep-2009 at 14:28
pa sega toa e se gleda deka e privatna investicija,ama drzavata(vladata) go koristi za politicki celi, a od druga strana moze bi zemjisteto e drzavno da ne zaboravime Nikola Gruevski bese i na otvarnjaeto na DZONSON KONTROL vo bunardziig


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 14:32
Беше и за сведмилк, беше и за милион други приватни објекти и тоа воопшто не е спорно и не е ништо чудно. И јас да сум припадник на некоја партија и да градам фабрика веројатно е дека би го искористил и тоа политички. И незнам зашто толку боде очи тоа. Односно, не треба да бидеме ниту за, ниту против. Едноставно ниту смета, па ниту е задолжително. И back to the topic! Не е нишкава за тој кој фрлил лопата за објектите туку конкретно колу објектите!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2009 at 17:45

Слободна економска зона само за Кинези

Уште еден Бунарџик ќе никне во земјава. Технолошко - индустриска развојна зона Владата ќе обезбеди само за Кинески компании. Ќе резервира некоја од постојните или ќе никне економска зона на нова локација се уште не е дефинирано. И двете варијанти се во игра, но најважно е кинеските бизнисмени да се заинтересираат од Македонија да го освојуваат европскиот пазар. Премиерот Груевски во Кина пред својот колега Вен Џиабао ја презентираше Македонија како даночен рај.

Покрај кинескиот капитал, ќе се привлекуваат и кинески туристи. Се нуди Охрид, Странскиот прилив се очекува да го билда токму туристичкиот потенцијал на најистурената домашна туристичка дестинација. Се смета и на енергетските можности. Македонија како трета земја топ реформатор и како 32 на листата на Светската банка за водење бизнис е само уште еден адут во обидот да се улови капиталот на странските инвеститори.

Најголема земја во источна Азија, трета по големина во светот. Кина која се граничи со дури 14 земји и која прва излегува од рецесијата по една година остварува економски раст од 8 %.

Иако аналитичарите сметаат дека и со вакви перформанси можеби кина не е моќна да извлече на површина и други економии, сепак нејзиниот раст создава многу подобра глобална слика.

Македонија и уште 82 земји на Летниот Давос во Азија наречен „Новите шампиони” ќе ја поддржи Кина во нејзиниот обид да стане економска локомотива која ќе ги извлече сите земји од рецесијата.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=53144


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2009 at 17:47
Интересна идеја, а и мислам дека еден доста добар потег на македонската дипломатија доколку успее да се фати некој барем минимален дел од кинески компании, ако ништо друго диструбутивни центри да изградат кај нас. Сепак е само идеја нафрлена.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Sep-2009 at 07:05
Уште еден Бунарџик ќе никне во земјава

Како што никнува овој првиот? Блазе си ни Roll%20eyes

Имаме повеќе слободни економски зони отколку вкупно фабрики во нив, ама еве за Кинезиве ни требала посебна зона, ваљда ради „пребукираноста“ на постојните.

Надлежните нека се зафатат вистински со создавање услови и носење на инвеститори, наместо ова бесконечно фарбање  Toilet


Posted By: Dragan
Date Posted: 11-Sep-2009 at 16:57
Znae li nekoj sto toa e slobotna ekonomska zona.Dali e toa nekoj porstor od 1000 do 2000 m2 daden na Kinezite kade sto tie mozat da nosat stoki bez carina. Togas ako nema carina pomalku pari vo bugetot a stokite na nasiot pazar ke bidat poevtini i konkurntni na nasite osobeno vo tekstilot i na toj nacin ke pagaat cenite na nasite porizvodi a so toa ke pagaat dnevnicite na rabotnicite. Dali za vakva slobodna ekonomska zona se dava pari na vladata vo kes kako da se kupuva nekoje zemjiste. Toj kes se nosi vo bugetot i predizvikuva samo kratko trajni ekonomski efekti odnosno dodeka tie pari ednostavno ne se potrosat vo neproduktivni vlozuvanja( izgradba na spomenici, mostovi....)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Sep-2009 at 17:50
Драган, нема потреба од овие чудни анализи, во слободниве економски зони не треба да се носат туку да се произведуваат стоки. Поентата е да привлечеш такви инвестиции чие производство би било пред се за извоз. Во тоа лежи оправданоста на олеснувањата и субвенциите што се даваат за вакви зони.


Posted By: Dragan
Date Posted: 11-Sep-2009 at 18:27
Kinezite ke proizveduvaat vo tie zoni? I taa stoka ke bide makedonska? parite od prodazbata kade ke odat. Osnovnite sretstva za proizvotstvo ke bidat Kineski a rabotnicite nasi. Togas toa e fabrika vo mesovita sopstvenost na drzava Makedonija i nekoja drzavna firma od Kina togas sto e slobodna zona? sto e so danocite na taa firma? dali taa firma e rentabilna. Da ne lice na Swetmilk(mlekarata) kade sto ne se znaese koj egazda od Svedska a od makedonska strana sekoj bese direktor .
Po moe slobodna ekonomska zona e politicka bilaterala pomegu dve drzavi-eden vid dogovor ''daj mi nati'' no sepak kako i da e ako ima nesto korisno nekoj da dobiva plata dobro e. Mislam deka ovie slobodni zoni mnogu neprecizno se dogovorno oformuvaat i zatoa cesto pati propagaat  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Sep-2009 at 19:20
Pareite od prometot se znae chivi se, na toj shto proizveduva. Osnovniot interes na drzavata e shto nekoj proizveduva na nejzina teriotrija, odnosno nejzini rabotnici, drzavata mu prodava struja i voda, mu prodava gorivo i resursi, kako na primer zelezo ili pa hrana surovina i slichno zavisi od dejnosta, plus rabotnicite zemaat plata, znachi ushte sredstva ostanati vo drzavata, a pritoa se plaka i nekoj minimalen danok. Osnovniot interes na firmite za vakvite zoni e shto polesno moze da si se uklopat vo nivni slichni firmi vo namenski zoni, kako na primer avtomobilska, pa nemora shleperi da oraa po cel svet so avtodelovi ednostavno tuka od fabrika u fabrika se prefrlaat, interes e i pomaliot danok i shto poeftina rabotna sila. E sega drzavite si osnovaat zoni i tie zoni se konkurentni na Makedonskite. Osnovniot problem zashto makedonskite zoni ne se konkurentni e poshto toa shto e proizvedeno vo Makedonija nemoze da se izveze vo EU bez carina.

Neznam ti shto tolku gi ispomesha lonchinjata?!

A swedmilk beshe nekoj kriminalen slchaj. Ne sum siguren dali voopshto mlekarata e del od slobodna zona ili ne.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Sep-2009 at 19:40
Луѓе ајде сега да не забегуваме со основни концепти

@Dragan разбирам дека не може сите се да знаеме и дека на форумов треба да учиме едни од други но ова се сепак основни концепти. Доволно е да се отвори википедија нема филозофија, нема потреба од нагаѓање

http://en.wikipedia.org/wiki/Free_trade_zone



Posted By: Dragan
Date Posted: 11-Sep-2009 at 19:43
da vo pravo si se slozuvam so tebe, no ima uste nesto. Sto e so profitot? ako taa firma koja deluva vo slobodnata zona go ima ili voopsto go ima i dali nasata drzava preku upravata za javni prihodi ima uvid vo rabotenjeto vo vakvi firmi koj rabotat vo slobodni zoni. Takov bese slucajot so AUDI od germanija vo slobodna zona bunardzik pa ne padna dogovor za pocetok na proizvostvo zato sto profitot ne ostanuvase vo Makedonija.
Tocno ima plati za rabotnicite no nema pari za vladata i bugetot. Sepak slobodni zoni postojat mora da postojat zatoa sto mora da se sorabotuva so povece zemji  za da se vospostavat iljadnici odnosi pomegu faktorite(kompaniite) i vladite na drugite drzavi i nasata i na toj nacin se priblizuvame kon propisite na svetskata organizacija- STO i nie sme nejzina clenka a toa znaci imame moznost da izbegnuvame nelojalna trgovija(uceni, carini, perelevmani) i mnogu drugi merki koj stanuvaat barieri(precki) za nasiot izvos pa i uvoz slobodnite zoni se samo edna nuznost i normalna pojava. Drugo e sto mozeme da ja komentirame slobodnata zona na mnogu nacini. Nie za sega sme treta zemja(ne sme clenka na EU) no sepak sme clenka na STO.
P.S ajde dajte svoe mislenje Smile


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Sep-2009 at 23:28
Originally posted by Dragan

Sto e so profitot? ako taa firma koja deluva vo slobodnata zona go ima ili voopsto go ima i dali nasata drzava preku upravata za javni prihodi ima uvid vo rabotenjeto vo vakvi firmi koj rabotat vo slobodni zoni. Takov bese slucajot so AUDI od germanija vo slobodna zona bunardzik pa ne padna dogovor za pocetok na proizvostvo zato sto profitot ne ostanuvase vo Makedonija.
Tocno ima plati za rabotnicite no nema pari za vladata i bugetot. Sepak slobodni zoni postojat mora da postojat zatoa sto mora da se sorabotuva so povece zemji  za da se vospostavat iljadnici odnosi pomegu faktorite(kompaniite) i vladite na drugite drzavi i nasata i na toj nacin se priblizuvame kon propisite na svetskata organizacija- STO i nie sme nejzina clenka a toa znaci imame moznost da izbegnuvame nelojalna trgovija(uceni, carini, perelevmani) i mnogu drugi merki koj stanuvaat barieri(precki) za nasiot izvos pa i uvoz slobodnite zoni se samo edna nuznost i normalna pojava. Drugo e sto mozeme da ja komentirame slobodnata zona na mnogu nacini. Nie za sega sme treta zemja(ne sme clenka na EU) no sepak sme clenka na STO.
P.S ajde dajte svoe mislenje Smile
Прво секој инвестира поради профитот. Дали е тоа диркетен од самата инвестиција, или пак индиректен (ќе произведува репроматеријали и услуги за свои други погони). Е сега во слободните економски зони, поволноста не е инвеститорите да дојдат и да отворат Дјути Фри Шопови па во нив да ни продаваат нецаринета и неоданочена стока, туку понтата на слободните зони е тие да се производствени капацитти наменети исклучиво за извоз. Значи државата гарантира евтино земјиште и огромни даночни ослободувања, а бидејќи производт ќе биде МАДЕ ИН МАЦЕДОНИА, тој ќе може неоцариент да се продава на сите пазари каде што имаме соодветни договори. Така е барем на хартија.
 
Во пракса во Македонија, се покажува дека тоа не е пресудно. Има уште милион фактори кои влијаат на тоа дали една сериозна светска компанија ќе се одлучи да инвестира дестици па и стотици милиони евра во Македонија. Прво и најважно дали за истите пари може да добие нешто повеќе во некоја друга земја. Второ каков е правниот систем во таа земја и колко брзо се решаваат имотно правните процедури. И трето компанијата треба а донесе стратешка одлука дека и треба инвестиција.
 
Помпезноста на овие изјави дека сме отвоиле 3-4 слободни зони па сега ни треба и 5та само за Кинезите е најблагоречена несиориозн1, нерационална и детска. Дали е правилно пренесено од новинарите незнам, но пред година две коментирав на избрзаните непоткрепени изјави од типот „во Бунарџик веќе нема место се е полно“. Се покажа дека исполнетоста на Бунарџик е некои 15% со само 2 фабрики во него. Другите зони никој не ги ни спомнал. Мислам дека треба агресивно да се бркаат странски инвестиции и да се работи на реалното подобрување на бизнис климата. Формалниот облик, каде ќе ги сместиме, дали во Бунарџик или било каде во МК,е прашање на семантика, за кое в моментов имаме луксуз да размислуваме дури и месец дена пред да се удрат темелите, но нека дојдат прво.


Posted By: Dragan
Date Posted: 12-Sep-2009 at 14:01
@UrbanFreak  Deneska vladee mislenje deka ima dva vida na svetski ekonomii: proizvodtstvena i potrosuvacka. Pobogatite zemji razvivaat potrosuvacka ekonomija zatoa sto imaat po softicirani tehnologii vo proizvotstvoto, uslugite, prometot, naukata,i kolturata,umetnosta, sportot ....
Nie vo momentov imame  proizvotstvena ekonomija odnosno vkupniot dohot go steknuvame so bukvalno fizicka rabota(fizicko merenje na trudot). Pocnavme od slobodnite ekonomski zoni kako del na eden razgovor. Znam deka pri stopanisuvanjeto dali e toa mikro ili makro ( firma-drzava) krajno se gledaat dve pozicii AKTIVA i PASIVA (sostojba). Ako se sto ja zgolemuva nasata AKTIVA a toa e plus vo ekonomijata toa go zgolemuva i prihodot ( dali na firma ili na drzava) togas da slobodnite ekonomski zoni treba da doprinesat za zgolemuvanje na AKTIVATA i tie se pozelni, no  treba da se razgleda dali tie stvarat PASIVA(minus) odnosno zaguba togas ti ne se korisni. Za sekoja zona i za sekoj vid na dejnos potrebno e simulacija na korisnosta ako davaat AKTIVA moze. Vo ovie godini nasite vladi mislam deka moraat da dozvolat slobodni zoni i deka vo najgolem del se vodeni od toa deka ke ima nekoja korist za nas i ako ima dosta nepoznanici i propusti, kolkava e korista na godisno nivo neznam no bi trebalo nekoj od godisniot bilans na drzavata da im go kaze na lugeto.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Sep-2009 at 19:12
@Dragan мислам дека нафрли повеќе економски и финасиски термини кои немаат многу врска едни со други, уште помалку во контекстот на слободните економски зони и во начинот на кој ти ги врзуваш не прават многу логика. Нејсе, нема тука да збориме и да се истакнуваме кој е колкав стручњак за финансии или за макро економски концепти.
Концептот на слободни економски зони е да се намали невработеноста во Македонија, да се зголеми и потенцира извозот, да се влијае позитивно врз подигнувањето на производствено-технолошките процеси како и преку соработката со локалните компании да се зголеми вкупното индустриско производство индиректно. Секако од друга страна државата треба за возврат да се откаже од дел од колачот, односно да ги сведе даноците на минимум, а со тоа и приходите кои би се слевале по основ на царини за репроматеријали, данок на добивкаи некои повластици во персоналниот данок на нивните вработени.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 16:35
ПРОПАЃА ПРОЕКТОТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
Од слободните зони останаа само полјани

Рада И. Маневска

По три години владата призна дека проектот слободни техничко–индустриските зони е погрешна инвестиција. Откако „Бунарџик“ остана само со две инвестиции, а трите други официјално регистрирани се уште се ливади, владата се обидува со нови привилегии за инвеститорите да ја поправи состојбата, се согласуваат експертите и стопанствениците.
Таа најави во првите десет години целосно ослободување од персонален данок, како и голема државна помош. За стручњаците проектот слободни технолошко-индустриски зони е одамна надминат и неприфатлив за Европејците на кои сакаме да им се придружиме. Уште повеќе, според нив, со давањето привилегии за странците Владата ги става во нерамноправна положба домашните инвеститори.
- Проектот во основа е нереален и надминат, но не е проблем да заживее. Проблемот е во владата, која создава поволна инвестициска клима само на хартија. Инвеститорите сакаат да видат практична примена на законите, многу поедноставни прописи, сигурност и судска власт што ги спроведува законите, а не застои и сопки во зависност од политиката на партиите –вели Џеват Хајредини, поранешен министер за финансии.
Големите светски марки, кои со сите сили сакаме да ги привлечеме да градат во нашите слободни технолошки зони, вели Хајредини, не се заинтересирани за мал пазар како македонскиот.
- Пазарот мора да се отвори кон регионот, без посебни предрасуди кон тоа што би било враќање кон поранешниот југословенски пазар, но и кон албанскиот, бугарскиот, грчкиот и турскиот. Тоа само отвора можност за донесување големи инвестициски марки и подобри услови за работа на нашите индустриски капацитети - вели Хајредини.
Економистот Слободан Најдовски, пак, смета дека владата не успеала да се приспособи на условите и на светските тенденции за создавање слободни економски зони и водела експанзионистичка политика и во овој проект. Предлага владата да укине три од слободните зони или да ги претвори во индустриски зони за да се извлече од состојба во која се најде со овој проект.
- Поголем проблем во овој проект се недозволено високите привилегии што им се даваат на странците со што владата оди директно против домашните инвеститори за кои во изминатите години не планираше никакви субвенции – вели Најдовски.
Стопанствениците не се против слободните технолошко-индустриски зони и привилегиите што им се даваат на инвеститорите, но бараат еднаков третман на домашните и на странските инвеститори и можност домашните фирми да можат да градат во овие зони.
- Нема никаква причина за нееднаков третман на инвеститорите во овие зони. Затоа, не се согласуваме со ваквата политика. Бараме зоните да се отворат и за домашните инвеститори - велат од Сојузот на стопански комори.
Извозно ориентираните претпријатија тука гледаат можност за инвестирање.
- Многу е полесно да се инвестира кога имаш привилегии. Добиваш земјиште за едно евро по квадратен метар или ниска наемнина, имаш даночни и низа други поволности што во почеток го прават производот поконкурентен - вели бизнисменот Мирче Чекреџи.
Според него, за да го поттикне инвестирањето, Владата би требало да воведе субвенции и грантови за домашните мали и средни претпријатија.
- Така функционира светот, но од владата велат дека нема доволно моќен буџет за такви привилегии – нагласува Чекреџи.
Опозицијата смета дека овој владин потег е очајнички за да се донесат што поголем број инвестиции за да заживее проектот.
- Евидентно е дека владата не создаде поволна деловна клима. Се уште имаме политизирано и бавно судство, се врши притисок на досегашните инвеститори, се работи на дестабилизирање на политичките односи, а сето тоа не создава сигурност за инвеститорите. Тоа даде неповолни резултати во инвестирањето - вели Драган Тевдовски, економски аналитичар од СДСМ.
Од владата нема информација колку државата им помогна на постојните гринфилд-инвестиции во „Бунарџик“. Во јавноста се калкулира со бројка од 50 милиони евра, за вкупната инвестиција од околу 30 милиони евра.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо вчера беше зафатен да даде конкретни информации за висината на државната помош што ја добиле странците што граделе во „Бунарџик“. Вчера недостапен за изјава беше и директорот на дирекцијата за слободни техничко-индустриски зони.
Министерот за финансии Зоран Ставревски, пак, деновиве изјави дека причина за малиот број гринфилд-инвестиции е поради економската криза, но не се согласува дека странски инвеститори ја заобиколуваат земјава.

Најнови бенефиции

Странските компании што ќе инвестираат во слободните индустриски зони 100 проценти се ослободуваат од плаќање персонален данок во траење од 10 години, место досегашните 50 проценти од данокот за пет години.
Државната помош, која може да се додели на инвеститорот во слободните технолошко-индустриски развојни зони е 100 проценти за оправданите трошоци во висина до 50 милиони евра и 50 проценти за делот на оправданите трошоци во висина од 50 до 100 милиони евра.
Овие привилегии не важат за инвеститорите што веќе изградиле објекти во слободните зони.

Нема инвеститори

Во „Бунарџик“ веќе има изградено два индустриски капацитета на инвеститорите „Џонсон контролс“ и „Џонсон мети“. Деновиве е ставен камен-темелник и на објект на кинеско-корејските инвеститори, вреден девет милиони евра.
Индустриските зони во Штип и во Тетово се уште се празни. За штипската, која се протега на 206 хектари, е подготвен проект и се пробива пристапен пат.
- Предвидени се 60 парцели за изградба на производствени капацитети. Ќе има царински терминал и придружни објекти потребни за функционирање на зоната. Поголемиот дел од земјиштето е во сопственост на државата – вели Иле Наков технички директор во Јавното претпријатие за урбанизам и уредување на градежно земјиште во Штип.
За интересот на инвеститорите за градење во оваа зона штипјани не се информирани будејќи тоа било во надлежност на владата.
Во Тетово слободната зона зјае празна, како и втората во Скопје.
За шест месеци во државава од странски инвестиции се остварени 110 милиони евра, што е неколку пати помалку од минатата година. Последната инвестиција за која е ставен камен-темелник во „Бунарџик“ е кинеската, која вреди девет милиони евра.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122376


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Oct-2009 at 19:31

Отворена најсовремената фабрика на „Рио кафе“

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=75&VestID=114864 - Елена Ацевска http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114864#komentari - Коментари (2)    
12.10.2009 14:26
 

 

На 7 илјади метри квадратни изградена е најсовремената фабрика за производство на кафе. Фирмата „Рио кафе“ го отвори својот најнов објект, инвестиција вредна неколку милиони евра.

Оваа фабрика опремена е со машини од врвна технологија кои ќе произведуваат еколошко кафе.

„Најбитна работа во кафето е да нема загревање. Кафето со која температура влегува, со таа и излегува, затоа се запазува мирисот, вкусот, квалитетот. Најбитната работа, ние имаме силоси каде кафето опстојува, ферментира, па после се пакува и затоа имаме квалитетно кафе за нашите потрошувачи“, изјави Зоран Тодоровски, сопственик на „Рио кафе“.

Објектот на „Рио кафе“, која е една од најголемите инвестиции во државата, ќе произведува еколошко кафе.

Во текот на производството секое зрно ќе се прочистува од сите нечистотии и бактерии.

„Само погледнете ја површината на зрната кафе, колку прашина собира. Со оваа технологија тоа се елиминира, не постојат ризици на пестициди, не постојат биолошки опасности, не постојат хемиски, ниту физички“, рече Божин Петревски, инспектор во Дирекција за храна.

Оваа фабрика е единствена во регионот. Во светот вакви има само десетина, во богатите земји.

„За овој објект може да пренесете каде сакате и да се гордеете дека е објект на наш земјак“, вели Ѓоко Радовановиќ, архитект.

„Рио кафе“ најави нови вработувања во текот на идните месеци. Покрај познатите производи на ова фирма, „Браво“ и „Рио кафе“, ќе се проширува со нови производи.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114864


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Oct-2009 at 19:37


Незнам дали само јас овие квалификации како 'единствена во регионот' или 'само десетина во светот' ги доживувам исклучително негативно Roll%20eyes

Инаку супер, секако за секоја нова фабрика ми е мило Thumbs%20Up


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Oct-2009 at 20:12
Цу, од далеку не си единствениот. Но, имај на ум дека лагите од минатото и неуспесите на сегашноста треба некако да се прикријат!
1) Најбитна работа во кафето е да нема загревање. Кафето со која температура влегува, со таа и излегува, затоа се запазува мирисот, вкусот, квалитетот. Најбитната работа, ние имаме силоси каде кафето опстојува, ферментира, па после се пакува и затоа имаме квалитетно кафе за нашите потрошувачи“, изјави Зоран Тодоровски, сопственик на „Рио кафе“.

2)Само погледнете ја површината на зрната кафе, колку прашина собира. Со оваа технологија тоа се елиминира, не постојат ризици на пестициди, не постојат биолошки опасности, не постојат хемиски, ниту физички“, рече Божин Петревски, инспектор во Дирекција за храна.
Зарем тоа значи дека досега кафето што сме го пиеле било отровно или во најмала рака нездраво? И ова излегува од устата на инспектор во т.н. Дирекција за храна?!?!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2009 at 19:56

Современи погони во фабриката „Јадран Готино Фудс“ од Неготино

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=113&VestID=114969 - Владимир Тевчев http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114969#komentari -
14.10.2009 17:12




Модерна технологија, хали како во аптека. Вака изгледаат новите погони на фабриката „Јадран Готино Фудс“ од Неготино.

Со новата производствена линија која од денеска е во функција, овој познат бренд на кондиторски производи го зголеми производството на 7 илјади тони годишно.

Сопственикот Тодор Кулаков очекува неговите шеесетина артикли, брзо да се пробијат на домашниот пазар.

„Па за „Јадран Готино Фудс“ значи нова страна. Отворање на нови 25 производи, над 60 нови артикли. Во Македонија соработуваме со „Хедис“ и имаме многу добра соработка и планираме понатаму таа да се проширува“, изјави Тодор Кулаков, сопственик на „Јадран Годино фудс“.

...




 

Фабриката „Јадран“ е единствената на поранешните ЈУ простори која произведува трајни кроасани. Таан алвата е еден од најпознатите брендови на оваа фабрика.

...

Во новата производствена линија сопственикот вложил два ипол милиони евра. Пред три месеци, успешното менаџирање со фабриката, на Кулаков му ја донесе престижната награда од европското здружение на менаџери со седиште во Босна.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114969


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2009 at 23:33
 41°59'51.36"N 21°24'49.42"E Што е со фабрикава у сред центар?! Каков е моментално правниот статус на фирмава, работи ли?! Се размислува ли за урбанизација на овој простор?!



Print Page | Close Window