Print Page | Close Window

Трговски објекти (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=213
Printed Date: 21-Oct-2014 at 23:32


Topic: Трговски објекти (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Трговски објекти (општо)
Date Posted: 01-Sep-2007 at 09:00
Нишкава е предвидена за вести, слики и информации за трговски центри, "молови", стоковни куќи, пазаришта, супермаркети, хипермаркети... Секој посериозен проект секако ќе си добие своја засебна нишка.



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Dec-2007 at 19:10

Продолжува да се расчистува и просторот во близина Smile

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1629427A9E82EC4198C8286164A5CD2B - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1629427A9E82EC4198C8286164A5CD2B


Продолжува уривањето на бараките на „Железничка“

Градежната инспекција на Општина Центар вчера ја урна бараката во која беше сместена аптека на „Зегин“, како и објектот во кој се наоѓа лекарската ординација на истата фирма на улицата Железничка. Со овие активности Општината продолжува да ги расчистува привремените објекти на „Железничка“, акција што почна речиси пред една година.

Според градежниот инспектор во Центар, Милан Пижула, во изминатите денови се урнати и бараката на културно-уметничкото друштво „Владо Тасевски“ и објектите на „Метропол“ и на „Бимекс“.

- Останува да се урне уште објектот на „Лотарија“, а потоа уривањето ќе продолжи на „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ - вели Пижула.

Тој простор се расчистува за да се реализира детаљниот урбанистички план, според кој е предвидено таму да се градат трговски центар, хотел и други објекти.

 (А.П.)



Posted By: kire85
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:19
Previous
 
BTW која ни е целта со милион трговски центри? Да почнат грците да идат кај нас, не ние кај нив?? Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:31
@ pbanks


Ти добро бараташ со трговскиве и со локацииве... Кажи ми:
- што стана со Рамстор и Делта?
- кај треба да гради Хипо?
- кај треба да гради Меркатор? (претпоставувам или кај новата сала, или кај партизан... во секој случај кажи ми и за двете локации ако знаеш Smile)




Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:42


- http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1276&ArticleID=82024 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1276&ArticleID=82024
- за Хипо само знаев дека се острат за управна зграда. Објавата што ја поставив е прва информација што ја имам за евентуалната локација
- одавна немам добар апдејт но според информациите со кои располагам локацијата кај спортската сала (долж Илинденска) е сигурна работа, прашање е само на време

@kire Скопје реално нема шопинг центри. Моментално постојат два кои вреди да се споменат се друго е пропала работа. Единствено плус Мавровка исполнува колку толку некои просторни стандарди но ниеден друг (Буњаковец, Бисер) не исполнува ни основни критериуми како би требало да изгледа еден модерен шопинг центар.

Плус не ги сфаќајте секогаш толку сериозно овие шопинг центри. Некои од нив веројатно ќе бидат најобични супермаркети со некој дуќан плус (како Веро во Тафталиџе).

На некои други места се работи пак за сеопфатни комплекси кои комбинираат бизнис, комерција, угостителство, туризам, забава итн (пр. ЕРА City, потенцијалнава Израелска инвестиција кај Алумина)


Posted By: kire85
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:59
Previous
 
хехе имаш право....квантитет на трговски има, ни фали квалитет. А каде точно треба да биде Меркатор?  Баш пред бензинската МакПетрол?


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Dec-2007 at 02:09
Originally posted by kire85

Previous
 
хехе имаш право....квантитет на трговски има, ни фали квалитет. А каде точно треба да биде Меркатор?  Баш пред бензинската МакПетрол?


Да. Локација бр. 6 на сликава. Веројатно не на онолкава површина како што имам обележано но во секој случај треба да биде таму




Posted By: kire85
Date Posted: 13-Dec-2007 at 02:14
Previous
 
хехе таму кај што некоиси грци сакаа да градат "entertainment center", па што пропадна од безбедносни причини заради конфликтот во 2001. На рендерот не изглеаше лошо проектот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Dec-2007 at 02:26


одма да го поткрепам твојов исказ со слики друже . BTW Гркот беше Кондоминас, еден од најбогатите Грци. И точно. Да не беше војната Скопје веројатно ќе го имаше својот прв вистиски mall некаде во 2002. BTW таблата со проектот ја тргнаа скоро, веројатно во последнава година дена






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2007 at 02:27
Сега малце ме буни што ако Меркатор го лапне Рамстор... Зарем нема да влијае на нивниот план за кај спортската сала... Question


@pbanks

За локацијата кај салата „Партизан“ (меѓу К3 и К4) немаш информации или забори да ми кажеш?

Нели и за таму имаше голем интерес, де Французи, де Делта...


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Dec-2007 at 02:29


Французите ги исшутира Делта... а Делта ги исшутира Грујо. Од тогаш нема нови информации за таа локација.

Меркатор едно време најавуваше и 3 центри за Скопје. Едниот од нив требаше да биде овој што го збориме, другиот на саем... Незнам каков би им бил есапот ако го купат Рамстор.


Posted By: kire85
Date Posted: 13-Dec-2007 at 02:32
Originally posted by pbanks



Французите ги исшутира Делта... а Делта ги исшутира Грујо. Од тогаш нема нови информации за таа локација.
 
the macedonian story....Crazy


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Dec-2007 at 11:57
Јас само знам дека и Делта и Меркатор и Туш а вервоатно и други играчи (како Израелциве) имаат купено веќе доста недвижнини низ Скопје и Македонија. Проблемот е во измена на ДУП-ови, градежни дозволи и слично. Колку за пример локацијата кај Алумина беше проблематична и за Туш и за Делта поради тоа што не е расчистено со ДУП-от што на тој простор и не се сигурни дали воопшто некогаш би добиле дозвола за градба. Да не бидам сфатен погрешно не сум за узурпација на ДУПови и ГУПови но кога може тоа да го прави првиот човек во Скопје, а од друга страна буквално секоја градба и инвестиција во Скопје се кочи поради тоа (освен Рамстор кој беше експресно решен поради блискоста на Ајдован со Бранко). Мислам дека сите скопски општини треба да ги ревидираат експресно плановите, да ги усогласат, нарочито поради вакви ситуации со Веро, Алумина и сл и да се стават во општиот интерес на градот...Но сепак сме само Македонија па ова вероватно звучи премногу утопистички.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2007 at 13:01


За жал проблемите за кои што збориш во голем дел и намерно се креираат и потенцираат со криминално/коруптивна заднина.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 14-Dec-2007 at 04:13
vestive se super!..

Kire, vo Budapest se izgradile neznam dali bese 31 ili 51 trgovski centri vo izminative godini.. a gradot e samo duplo pogolem od Skopje.


Posted By: dejan
Date Posted: 14-Dec-2007 at 05:32
aman...kolku trgovski centri mu treba na eden grad?? Na Skopje ne mu treba uste trgovski centri, spored moje mislenje.. Vo gradot kaj jas sto zhiveam, ima okulu 4-5 glavni sto se, i toa e samo vo naselbite.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 14-Dec-2007 at 11:10
Абе Дејан, како што рече Џуро, кај нас и нема некој вистински трговски центар. Искрено освен Рамстор и ГТЦ друго се е безвезе. Па и за ГТЦ дури би се размислил... Замилси еве да речеме Вирџин да изгради една продавница тука ? Кој мерак е тоа, прв кат филмови, втор музика, трет- книги.... Па сум киснел со саати по вакви места, да незнаеш кај да се свртиш. А замисли па нешто како оние огромнине Њујоршки продавници за книги . Али кај нас се форсира на храна и облека и затоа имаме книжари што се 2 на 2 :(. Поентата е, што и тие трговски центри што ги имаме се (ко што би рекле вие во Австралија) half-assed. Smile


Posted By: dejan
Date Posted: 14-Dec-2007 at 12:31
Te sfakjam sega gotso. Jas gi sakam trgovskite centri vo Skopje, GTC, Biser i Ramstor...ama te sfakjam shto sakash da kazhesh, i gledano od taa strana togash, na Skopje mu treba takov trgovski centar. Samo da ne otvorat mali trgovski centri kako ramstor poshto na kraj ostanuvat 'half-assed' kako shto reche.

Isto, i jas mnogu sakam da sedam po takvi knizharniciSmile ima edna amerikanska knicharnica tuka, se vika 'borders' i bash e takva za troshenje vreme. Neznam dali ja ima vo Evropa, ili negde na Balkanot...barem Atina, ama bi bilo dobro takva knizharnica da se otvori vo Skopje.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 14-Dec-2007 at 18:04
Originally posted by dejan

aman...kolku trgovski centri mu treba na eden grad?? Na Skopje ne mu treba uste trgovski centri, spored moje mislenje.. Vo gradot kaj jas sto zhiveam, ima okulu 4-5 glavni sto se, i toa e samo vo naselbite.


Dejan, edna rabota e sto kupovnata mok na makedoncite e tolku slaba sto duri i so segasnive trgovski centri vo Skopje, osven za prosetka niz niv slabo se trosi. No koga standardot ke krene malce togas ima prostor za mnogu trgovski centri vo Skopje. Dejan ti zivees vo Brisbane, koj isto kako Perth imaat dvata grada po 1,5milioni ziteli, i dvata grada imet po okolu 5 golemi trgovski centri. No Dejan ti zaboravas deka poveketo trgovski centri koj se najavuvet vo Skopje vsusnost se "shopping complex" so golemina kolku ramstor ili pomali od ramstor, a takvi shopping complex so eden golem supermarket i 15tina prodavnicinja imat na sekoj cekor vo Avstralija.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 14-Dec-2007 at 22:01
Не би се сложил со тебе во однос на куповната моќ.  Кај нас скапа облека се продава ко алва, да не зборам за продавници како Сваровски. Би си рекол дека во земја како нашава луѓето не би имале пари да си приуштат ни мало камче колку зрно ориз, а сепак таа е една од попрофитабилните продавници во ГТЦ.

Значи, проблемот не е дали ќе се купуваат марки, коли или мобилни... проблемот е што кога станува збор за работи од областа на културата се некако им се штеди на луѓево.
Тоа е типично за земји во развој како нашава. Земете ја Бугарија како пример. Имаат минимум 12 трговски центри во изградба/работна фаза.

Да требаше да градам мол во регионов, немаше да се двоумам.


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Dec-2007 at 03:13
Originally posted by gotsomekicks

Не би се сложил со тебе во однос на куповната моќ.  Кај нас скапа облека се продава ко алва, да не зборам за продавници како Сваровски.


Помодарство, не висок стандард.

Наместо големи молови како Вирџин мегастор, јас сум за големи bookstores

@cloverstack: дали никот ти е од истоимениот тип на клучкаSmile?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 15-Dec-2007 at 11:40
Originally posted by GreatMakedon



Dejan, edna rabota e sto kupovnata mok na makedoncite e tolku slaba sto duri i so segasnive trgovski centri vo Skopje, osven za prosetka niz niv slabo se trosi. No koga standardot ke krene malce togas ima prostor za mnogu trgovski centri vo Skopje. Dejan ti zivees vo Brisbane, koj isto kako Perth imaat dvata grada po 1,5milioni ziteli, i dvata grada imet po okolu 5 golemi trgovski centri. No Dejan ti zaboravas deka poveketo trgovski centri koj se najavuvet vo Skopje vsusnost se "shopping complex" so golemina kolku ramstor ili pomali od ramstor, a takvi shopping complex so eden golem supermarket i 15tina prodavnicinja imat na sekoj cekor vo Avstralija.

Zavisi od chovek do chovek...mislam brisbane e malku po golem od perth inace Ama vo pravo si za toa deka vo ovie gradovi gi ima takvi trgovski centri kolku ramstor, na sekoj chekor...mislam takvi ke stanat po popularni niz Makedonija, po naselbite.

Originally posted by gotsomekicks



Значи, проблемот не е дали ќе се купуваат марки, коли или мобилни... проблемот е што кога станува збор за работи од областа на културата се некако им се штеди на луѓево.
Тоа е типично за земји во развој како нашава. Земете ја Бугарија како пример. Имаат минимум 12 трговски центри во изградба/работна фаза.

Да требаше да градам мол во регионов, немаше да се двоумам.

Isto e i tuka, ne samo megju Makedoncite i drugi balkanci, ama i Avstralcite...poveketo samo gledat da zashtedat.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Dec-2007 at 14:45
@gotso Ла Линеа е во право се работи за помодарство. Работењето на тие продавници е многу повеќе одраз на нашиот менталитет отколку на животниот стандард. Во Бугарија е друга ситуацијата, можеби стандардот им е сличен, но невработеноста е далеку помала така да многу поголем процент од населението може да си пришти добра, што не е случајот и во Македонија (иако не е ни од далеку толку црно колку што тоа го претставуваат статистиките). Сепак би се сложил со тебе, и јас да сум инвеститор без преголемо размислување би ги насочил парите на Балканов а посебно во Скопје. Во сите другите градови веќе има одредена конкуренција кај нас е сеуште непостоечка. Оние кои ќе се етаблираат први ќе им биде многу полесно да створат група редовни потрошувачи и полесно да се справат со вториот бран конкуренција (на пример во Бугарија моментално влегува Carrefour кој сигурно ќе згази некој од постоечките брендови таму. Рамстор кој кај нас е врв, во Бугарија пропадна).

И за крај. Непостоењето на книжари, асални продавници за музика и слично не е резултат на нашата штедливост, туку на нашата некултура.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2007 at 16:52
@La linea

Да од таму е никот, ме провали Big%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jan-2008 at 23:28
Во утрешен Дневник има оглас за запослување во Певец Интернационал. Огласот се однесува за првиот трговски центар на оваа фирма кој ќе се отвара во Гостивар. Незнам дали е ова влез на уште еден регионален (Хрватски) малопродажен синџир или целата работа повторно ќе се сведе само на Гостивар. Ради евиденција таму веќе функционираат неколку маркети на хрватскиот ланец http://www.getro.hr/ - Гетро (инаку сопственост на Македонски Албанец колку што знам).

И правниот застапник за Певец во Македонија е адвокатска канцеларија на Македонски Албанец.

http://www.pevec.hr/42 - Еве го сајтот на Певец

Дизајнот на нивните центри варира од ова









па се до ова





Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jan-2008 at 20:08
Железница повторно не најде инвеститор за бизнис трговскиот центар

Железница и по втор пат не успеа да најде инвеститор што ќе го гради бизнис трговскиот центар на локацијата под новата железничка станица. На вториот меѓународен тендер не се јавила ниту една странска компанија, што ќе го закупи земјиштето. Според раководството на железница, бизнис планот предвидувал инвеститорот да го изнајми целиот простор, а не само атрактивните делови од него.

Просторот е со површина од 7000 илјади метри квадратни се издава за само 1,5 евро по квадрат. Ниската цена е предвидена заради недоизградената инфраструктура на таа локација.

Со оглед на тоа дека компанијата што ќе го гради деловниот центар, ќе треба да плаќа 15 години кирија, пресметките се дека ова за јавното претпријатие ќе биде значителен бенефит особено во време кога железницата се соочува со милионски долгови.

Според тендерската документација локацијата за доизградба на трговскиот центар, ќе се даде на компанија која ќе понуди најдобар проект но ќе се оценува и брендот на компанијата.



Извор: http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28092&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Канал 5


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 21:00
Eве уште една локација која се расчистува за градба (ваљда) и која беше пологичната варијанта кога прочитав дека се кува нов трговски во Кашиштец. Тоа се бараките помеѓу Беверли хилс, Трговскиот Капиштец и Васил Ѓоргов. Значи сите се срушени




Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Jan-2008 at 00:16
Неверојатно и ова било спорно. Ohno Има ли еден дил кај нас што прошол без малверзации. До кога вака? Што кога ќе се потрошат атрактивните локации како компензација што им се очигледно магично решение на политичариве судејќи по текстот.

Секако тука не изостанува и новинарската глупост. Како може на онаа локација да се изградат сите работи што се набројани Nuts. Тоа бил очигледно инвестициониот план на Кондоминас за Македонија али новинарот без проблем сето тоа го сместил на една локација.

ГРЧКИ ИНВЕСТИТОР ЌЕ ЈА ТУЖИ ДРЖАВАТА ОТИ МУ ПРОДАЛА СПОРЕН ПЛАЦ


Контоминас купил мачка во вреќа


Кипарска фирма на Гркот Контоминас во 1999 година станала сопственик на 22.000 квадратни метри земјиште, но дел од парцелата од околу 16.000 квадрати, за кратко време со денационализација му била вратена на физичко лице


Грчкиот инвеститор Димитрис Контоминас, кој неодамна ја доби националната WiMax лиценца и преку неговата фирма Космотелко беше еден од акционерите во Телеком, ќе ја тужи државата и ќе бара да му се вратат парите што пред осум години ги платил за земјиштето што го купил во близина на скопскиот хотел "Александар палас", за кое не биле расчистени имотноправни односи, дознава ВЕЧЕР. Тој е лут што тогашните македонски власти во непосредна спогодба му продале спорно земјиште, за кое се водела постапка за денационализација. Договорот со кој фирма на Контоминас со седиште во Кипар станала сопственик на 22.000 квадратни метри, го потпишал Душко Кадиевски, тогашниот министер за градежништво, но дел од парцелата од околу 16.000 квадратни метри за кратко време со денационализација му била вратена на физичко лице.

Сега, после осум години Контоминас останал и без поголемиот дел од земјиштето, на кое планирал да гради голем деловен објект, аква парк, приватна болница и претставништво на банката Интер американ, и без парите што ги уплатил за проект, што според информации на ВЕЧЕР станува збор за вкупна сума од околу два милиони евра (тогашни четири милиони германски марки).

Откако Контоминас увидел дека му е продадено спорно земјиште, барал обесштетување од следната Влада на чело со премиерот Владо Бучковски, која му понудила како замена да добие земјиште во центарот на градот, на местото каде што сега се наоѓа Цветниот пазар.
Поранешниот премиер и сегашен пратеник Владо Бучковски во изјава за ВЕЧЕР вели дека овој нерешен случај го наследил како премиер и веднаш се пристапило да му се помогне на инвеститорот. Тој тврди дека и тогашната Влада се сочила со иницијативата да биде тужена пред меѓународен суд за отштета на инвеститор.

- Контоминас уште во времето на владеење на СДСМ најавуваше дека ќе покрене иницијатива за надомест на штета и колку што се сеќавам планираше да тужи пред меѓународен суд бидејќи претходната влада му продала спорно земјиште. Затоа и почнавме преговори и му понудивме да ги разгледа слободните локации во сопственост на државата, за да може со некоја од нив да биде обесштетен. Тој ја избра локацијата каде што сега се наоѓа Цветниот пазар и бараше веднаш да страртува со изградба на деловниот објект бидејќи за тоа веќе платил пари. Но, поради неможноста пазарот веднаш да се дислоцира и поради почетокот на изборната кампања, овие преговори пропаднаа и случајот остана како правна заврзлама - раскажува Бучковски.

Спорното земјиште на Контоминас е топ-тема и кај сегашната Влада на премиерот Никола Груевски. За решавање на проблемот претставници на Контоминас веќе биле на неколку средби во Министерството за транспорт и врски, но од таму им било посочено дека нема никаква можност во непосредна спогодба да добие земјиште, бидејќи тоа не било начин на работа на оваа власт. Инвеститорот бил преупатен, и покрај тоа што веќе еднаш купил земјиште, повторно да го стори тоа но на лицитација.

Кој е Димитрис Контоминас?
Гркот Димитрис Кондоминас е еден од петте најбогати луѓе во Грција. Тој е претседател на Управниот одбор на компанијата Космотелко која неодамна ја доби националната WiMax лиценца. Гркот неодамна најави дека неговата компанија има намера да остане во Македонија и во оваа технологија на иднината да вложи 500 милиони евра.

Неговата компанијата Космотелко пред речиси три години ги продаде своите 7,44 проценти од акциите во Телеком на Маѓар телеком и тоа се протолкува како сигнал дека се повлекува од Македонија.

Сепак, со влегувањето на неговата компанија како WiMax оператор на македонскиот пазар се поизвесно станува дека плановите на Космотелко биле други - од партнер на Телеком да стане негов конкурент, користејќи го драгоценото искуство од четиригодишното работење во македонската најпрофитабилна компанија.

Тој, според наши информации, стои и зад скопската компанија Нетфон, која се подготвуваше да го урне монополот на Македонски телекомуникации во фиксната телефонија.

Радмила Ј. НИКОЛОВСКА


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AFAF3D732D06094696BFA05B5DF62216 - Вечер


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Feb-2008 at 15:56
Ќе се гради деловен -трговски центар под скопската Железничка станица

Земјиштето под Железничката станица во Скопје ќе се издава под закуп за изградба на деловен-трговски центар. Македонски железници-инфраструктура денеска го огласија земјиштето кое го опфаќа просторот  од објектот на Македонкси пошти, под новата железничка станица до столбовите кај реката Вардар, кај новиот мост кој го поврзува Аеродром со Автокоманда.

Просторот се издава во закуп со почетна цена од 1,50 евра за метар квадратен на домашни и странски лица на определено време од 15 години.
Критериумите за најповолните понудувачи се највисока понудена закупнина и бренд на понудувачот.

Според огласот, Јавното наддавње ќе се одржи на 22 овој месец во просториите на МЖ Инфарструктура. Правните и физичките лица, што ќе учествуваат на наддавањето треба да уплатат депзит за учство од 5.000 евра.

Изградбата на деловниот центар беше долго најавувана.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=23443&kategorija=1


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 14-Feb-2008 at 11:15
Па нели скоро исто го нудеа земјиштето и никој не беше заинтересиран? Question


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Feb-2008 at 11:23


ова е трета среќа ако не се лажам. Затоа и не сум нешто многу возбуден за најавава, барем за сега.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 14-Feb-2008 at 11:28
А барем ја намалуваат нешто цената? 


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Feb-2008 at 11:29
Dunno


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:57
hmmmm

„Mall of Macedonia“ во Скопје


Неџип Наци Догру е оптимист

Дали Скопје ќе добие капитален мегамултифункционален трговски центар во центарот на градот на површина од пет фудбалски терени и со речиси 60 илјади квадратни метри деловен простор? На минатонеделното свечено отворање на првата фаза на „Mall of Montenegro“ во Подгорица, кој како што се очекува ќе отвори пет илјади нови работни места, Неџип Наци Догру, претседател на бордот директори на мултинационалната градежно-инвестициона компанија „Гинташ“ од Анкара, Турција, ни потврди дека веќе имале разговори за изградба на „Mall of Macedonia“ во Скопје.

„Сакаме да инвестираме во мегатрговски центри по пат на партнерство со градските власти на сите главни градови на регионот, вклучувајќи го и Скопје, се разбира. Има расположение и од ваша страна, но постојат одредени административни пречки кои, се надевам, ќе ги надминеме“, ни рече турскиот инвеститор. (Ек.Р.)



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=2CD3E8312FE00440ADA94944BD5116C7 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=2CD3E8312FE00440ADA94944BD5116C7


Posted By: blejdsk
Date Posted: 09-Apr-2008 at 00:12
Jaoooooooooooo....pa ova e super da se realizira ,,5000 rabotni mesta ,Pa zavod za vrabotuvanje ke ripa od radost BananaBananaBig%20smile


Posted By: ProMKD
Date Posted: 09-Apr-2008 at 00:41
Не би било лошо да се отвори едно вакво кај нас па конечно да имаме и свој трговски "светски".. рамстор го отворија ама што дека - цени имаат у ПМ продавниците, а за такво трговско центарче мало... да, убаво, средено, ама сепак а малецко.. Не се споредува со ништо од други земји. Едно огромно да има све и свашта - да можат сите купувачи и средна класа и богати да купуваат на исто место - е тоа ќе биде веќе подобра работа


Posted By: blejdsk
Date Posted: 09-Apr-2008 at 00:50
mall of Montenegro



Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:34
Ne izlea mnogu golemo na slikava ,,,,,ama golemo e..

-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-May-2008 at 20:31
видете: http://www.strumica.gov.mk/html/mkd/g_otvoranje_global.as - http://www.strumica.gov.mk/html/mkd/g_otvoranje_global.as

дека рековте струмица сфатив дека не знам ништо за струмица, па побарав нешто слики... видете ги овие слики од официјалното веб-место на општината за отварањето на тој пазарот како се викаше... не личи на македонија внатре

п.с. ова овде кој објект е?

http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerijaPS12.jpg - http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerijaPS12.jpg



-------------
Winning an online argument is like winning the special olympics. No matter who wins, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-May-2008 at 20:46


Разгледај ја нишката за трговски центри се е евидентирано таму


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-May-2008 at 18:56
Прилог од Капитал за Трговски центри во Македоија. Не е лош за читање. Ќе ги пастирам тука најбитните информации кои се однесуваат на Тинекс и Скопски Пазар. Инаку еве го целиот прилог во pdf

http://www.build.com.mk/docs/TrgovskiSindziri.pdf - http://www.build.com.mk/docs/TrgovskiSindziri.pdf

Тинекс


Kapital: Vie ste prviot makedonski trgovski sinxir na maloproda`- ba vo Makedonija. Ka- `ete ni ja momentalnata sostojba na Tineks marketite na pazarot deneska?

Todorovi}: Vo momentot imame 32 marketa koi naskoro }e bidat 33, so pove}e od 800 vraboteni. Na{iot najnov market }e bide golem hipermarket , slobodno mo`am da ka`am najgolemiot market vo dr`avata, koj }e bide lociran na prostorot na biv{ata klanica na Godel. Tineks vo poslednite dve godini malku poaktivno se zafati so investicii vo sopstveni objekti za razlika od prethodnite godini koga 99% od objektite gi iznajmuvavme. Minatata godina go kupivme prostorot na biv- {ata klanica Godel i sega tamu }e go gradime noviot hipermarket. Na ulicata Prvomajska ovaa godina isto taka }e gradime nov golem objekt, na povr{ina od 3390 kvadratni metri, }e bide mnogu poinaku od ona {to dosega sme go pravele. Isto taka, gradime katna gara`a so delovnokomercijalen objekt vo naselbata Kapi{tec, kade do krajot na godinata }e se otvori i Tineks market.  



Скопски пазар

Kapital: Ka`ete ni ja momentalnata sostojba na marketite na Skopski Pazar na maloprototda`niot pazar deneska? Broj na marketi, vraboteni, investicii...

Skopski Pazar vo momentot raspolaga so pet SP marketi (~etiri vo Skopje i eden vo Resen), 12 Maksi D diskonti (devet vo Skopje, dva vo Ohrid i eden vo Kavadarci), tri Bonus plus marketi vo Skopje, dva saloni za mebel, edna specijalizirana prodavnica za postelnina na slovene~kiot brend Odeja, centarot za ubavina Junik, i dvata restorani koi ve}e gi spomenav. Dopolnitelno, najgolemiot del od strate{ kite investicii na Skopski Pazar vo momentov se naso~eni kon pro{iruvawe na maloproda` nata mre`a. Sakame pove}e da se dobli` ime do potencijalnite potro{uva~i kako vo glavniot grad, taka i vo pove}eto gradovi niz Makedonija, so krajna cel da bideme najgolem i najmo}en makedonski sinxir na supermarketi. Vo odnos na investiciite koi se vo tek bi ja spomenal izgradbata na objektite na SP marke- maloprotot vo Ohrid i Maksi D Diskontot vo Prilep, a kako najgolema investicija vo momentot e izgradbata na delovno-trgovskiot centar vo naselbata \or~e Petrov. Blagodarenie na ovie investicii na izvonredno atraktivni lokacii menaxerite za nabavka i supervizija imaat mo`nost da gi primenuvaat najsovremenite metodi na menaxment so kategoriite na proizvodi kako i da demonstriraat moderen na- ~in na rakovodewe so ~ove~kite potencijali. Kontinuirano rabotime na unapreduvawe na ve{tinite na proda`- niot personal preku obuka na site 612 vraboteni spored najdobrata svetska praktika.  


Дали знае некој каде е таа кланица на Годел??? Да испитаме што се случува таму вака звучи интересно



Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jun-2008 at 22:56
Вака така без многу фама Певец си отворија маркет во Македонија (и тоа замашен). Очигледно се работи за адаптација на оној објект кај патарината Гостивар што прво беше Тинекс па после Дино профили. 

Ако ви текнува ова го имаме во најава некаде во оваа нишка. На официјалниот сајт се спомнува дека работат на проект во Гостивар но нема подобра слика (иако има многу добра презентација на сите други објекти) така да сега за сега ќе мора да се задоволиме со овој скен од утрешен Дневник.




Posted By: se_manda
Date Posted: 17-Jun-2008 at 00:21
aj nagradno prasanje.koj ke uspee da ja najde greskata u slikava


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2008 at 00:24
Originally posted by se_manda

aj nagradno prasanje.koj ke uspee da ja najde greskata u slikava


Не е тоа грешка!! Ја пишав пост ама го тргнале!!! Ваљда е нешто слично на онаа рекламана во охрид што беше за МкДоналдс.


Posted By: se_manda
Date Posted: 17-Jun-2008 at 00:26
abe za slikata na pbanks zborev,ovaa od gv....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2008 at 00:26
куповајте !!! Ова е може само грешка во рендерот.


Posted By: se_manda
Date Posted: 17-Jun-2008 at 00:28
mailto:p@%#r - p*%#r  


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jun-2008 at 12:17
Cheersза болдираниот дел

Хрватски “Певец“ на македонскиот пазар

Хрватската групација Певец денеска, во Гостивар, го отвори својот прв продажен центар во Македонија, вреден 3 милиони евра, со што почна влезот на македонскиот пазар, на еден од водечките хрватски трговски ланци.

“Ова ќе значи зголемување на конкурентноста на нашиот пазар, нови 90 вработувања и можност да се продаваат македонските производи низ петнаестте продажни центри на Певец во Хрватска“, изјави министерот за травспорт и врски, Миле Јанакиевски, на денешното свечено отварање, на кое присуствуваше заедно со државниот секретар од Минстерството за финансии, Снежана Костадиновска.
 
Ова е 15-ти продажен центар на Певец и прв надвор од границите на Хрватска, со чие отворање започнува регионалната експанзија на оваа хрватска компанија.

Првиот Певец центар во Македонија, го отворија градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта и директорот на групацијата Певец за Македонија, Динко Перковиќ. Сместен е во Полошката долина, на вкупна површина од 18.000 квадратни метри, од кои 10.000 ќе бидат продажен простор. На десетте оддели со 40.000 производи, ќе бидат вработени 90 луѓе.
 
Перковиќ го најави отварањето на следниот, најголем и најлуксузен продажен центар на оваа компанија, кој ќе биде лоциран во Скопје.

 Денес, Певец е една од најуспешните хрватски компании, со повеќе од 3.000 вработени, вкупен промет од над 400 милиони евра и годишен раст од 20 отсто.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=32634&kategorija=2 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=32634&kategorija=2

Хрватски „Певец“ го отвара првиот продажен центар во Македонија
 
Хрватската групација „Певец“ денеска во Гостивар ќе го отвори својот прв продажен центар, со што почнува влезот на македонскиот пазар на еден од водечките хрватски трговски ланци.
Првиот „Певец“ центар во Македонија ќе го отворат градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта и претставникот на групацијата, Динко Перковиќ.
Продажниот центар на „Певец“ во Гостивар е сместен во Полошката долина на вкупна површина од 18.000 метри квадратни, од кои 10.000 ќе бидат продажен простор. На десетте оддели со 40.000 производи, ќе бидат вработени 80 лица.
„Певец“ е основана во 1990 година како мала семејна фирма со само двајца вработени, кои во гаражата на својата семејна куќа во Бјеловар продавале земјоделска опрема. Денес „Певец“ е една од најуспешните хрватски компании, со повеќе од 3.000 вработени, вкупен промет од над 400 милиони евра и годишен раст од 20%.
Со влегувањето на македонскиот пазар, започнува планираната регионална експанз http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11035&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11035&mid=303&tabId=1&tabindex=0 ија на групацијата „Певец“, која ќе ги опфати и Босна и Херцеговина и Србија.
(Тотал)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11035&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jun-2008 at 13:45
Od mia.com.mk i utrinski
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jun-2008 at 13:50


Овие се уствари конкуренција на Хубо и на Меркур. Незнам зошто мислев дека се класичен супермаркет.

Се надевам дека и Меркур конечно ќе се усериозат. Они имаат некоја импровизација од објект во Скопје не е правен по теркот по кој се правени нивните останати маркети по ех Југославија.


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:04

Се уште сме далеку да бидеме пребирливи кога станува збор за инвестиции али од регионалниве маркети ми ск.... ај веќе нека влезат големите момци. У секој случај ок инвестиција Cheers



Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:08
Originally posted by vardar

Се уште сме далеку да бидеме пребирливи кога станува збор за инвестиции али од регионалниве маркети ми ск.... ај веќе нека влезат големите момци. У секој случај ок инвестиција Cheers



Па мене ми се и регионалниве играчи сосема на место. Жално е само што немаме некоја своја компанија која може да се носи со нив. ОК и пазарот е ограничувачки но сепак.

Во овој сегмент прв на пазарот беше Баумаркет, дури и продавницата во Ѓорче ми изгледаше импресивно своевремено. После тоа отворија уште една продавница и на крај изглеа пропаднаа.

Мене Хубо ми е супер за вакви работи но би било фино да има уште некој конкурент.

BTW некаде во оваа нишка пишав дека Бугарите се спремаат да ни отворат Mr. Bricolage што е нешто во овој филм. Останува да видиме што ќе излезе од тоа.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:10
Ја незнам што чекаат метро, керфур, икеа и останатите вакви маркети.


п.с. Не сме некое кризно подрачје па да е ризично да се инвестира. Тука мислам дека удел играат геополитичките инетереси на владите од каде што доаѓаат овие маркети, и вршат притисок или на некој начин вршат диктат врз фирмите каде може да се инвестира каде не.


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:18
Па и тоа мене не мие јасно, веќе се во регионов па ваљда имаат подобра претстава што како е Dunno
 
 
А за политички интереси ај не зезај скоро сите земји од еу имаат инвестиции кај нас и на крај крајишта тоа се приватни фирми и ги интересира само профит


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:24
знаев дека одма ќе се фатите за тоа “приватни фирми“. Па неве везе што се приватни. Мене некако ми изгледа дека владите ги користат токму овие приватни фирми за своите интереси, и тоа како средство за што повеќе да се биде присутен во некоја држава. За условно речено “добрите“ држави за нив, тамо се инвестира на велико, а државите коишто се одбегнуваат, на некој начин сакаат да ги казнат и да изнудат промена во нивната политика. Можеби не е случај во 100 посто од случаевите, но во голем дел мора да се признае дека вака стојат работите.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:33
п.с. Немојте да мислите дека релацијата држава-приватнафирма е толку раскината како кај нас. Нив европа државите ги штитат интересите на приватните фирми, за што за возврат добиваат послушност од страна на фирмите во случаи како гореспоменатите во врска со инвестирањето. Еве и пример ќе ви дадам. Кога владата сакаше да изнуди промна на законот за енергетика имавме официјална реакција од австриска страна и тоа преку дипломатска пошта на МНР. ЕВН е приватна фирма. Втор пример. Кинескиот ѕид, и покрај тоа што е дивоградба, германскиот амбасадор беше на прием во влада за да лобира за сопственикот којшто штрајкуваше.

И сето ова политичко ангажирање бара за возврат послушност. Мислам дека Македонија веќе влегува во онаа класа на “послушни“ и веќе не има на  инвеститорската карта, само што тоа ќе бара послушност ,а тоа знаеме што значи во нашата надворешна политика, односно мала шминка на нашето име, за што се залагам.

За ова би дебатирал во посебната тема. Пбанкс пушти ја темата, Нимиц доаѓа у четврток.


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:37

До негде си во право али според мене тоа се однесува претежно за "поважни" индустриски гранки не за супермаркети. Според мене главни причини се малиот пазар и малата куповна моќ, и до негде фактот што многу странци сеуште не сметаат за нестабилно подрачје.



Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:43

Одговорот ми беше за претходниот пост али се погоди и за последниов (ме бива нема што)  Big%20smile  Bow

Види штитење на фирми е должност на секоја држава само не се сложувам дека врската фирма-држава е толку интимна како што викаш.
 
А со тоа "послушни" ме изнасмеа па човече веќе 17 години странци ни одлучуваат за се  сешто во државава....попослушни од тоа амин Stern%20Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:46
Види супермаркетите кога се градат не се рачуна според тоа дали локалното население има куповна моќ. Супермаркетите се тезга и штанд (прогажба и промоција) за пласман на домашните производи на компаниите. Јас слушнав дека тинекс ќе инвестирал во Србија. И сега некој што лаички гледа на тоа ќе си рече што бара овој парите да ги фрла тамо место да га гради дома. Ама не е така. Замисли ти тинекс маркети низ цел балкан и што значи тоа за македонскиот извоз. Така да не е работата дали ќе се изсплати или не според тоа дали населението е богато или не. Биди СИГУРЕН дека сигурно им се исплати. И на нив кај нас, и на нас кај нив.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 18-Jun-2008 at 16:55
Previous
Тинекс е далеку од можност за инвестиција во Србија или соседството. За жал и тука битката е веќе изгубена и додека ние ги растуравме Славија и Центро, Словенците од нивниот пандан на Славија (Меркатор) направија чудовиште на Балканот. За жал сеуште 99% од нашите менаџери размислуваат ограничено, локално, не сакаат да инвестираат во луѓе, знаења и технологии. Дур они да сфатат дојдоа странците, кои брзо ќе не згазат. Среќа што странците ги наметнуваат трендовите бидејќи да беше до нашите менаџери, нашите ланци супермаркети ќе беа гранапчиња.

За големите маркети и ланци, бидејќи на некои начин работам со таа проблематика, тие се шират по однапред утврдена динамика и логистика. Затоа нема да видиме кај нас јаки брендови се додека тие не навлезат дебело во Србија, Бугарија, па дури тогаш со јака регионална логистика би влегле кај нас. Метро кој е Cash&Carry обично отвара во градови со повеќе од 1М население, ИКЕА регионално освен во Грција не е влезена.


Posted By: Forensic
Date Posted: 18-Jun-2008 at 23:48

Ikea ima prodavnitsa u Bukurest i ke pravi takiva u Bugarija. Pa Metro ima 3 prodavnitsi u Moldova!



Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2008 at 15:05
Originally posted by Forensic

Ikea ima prodavnitsa u Bukurest i ke pravi takiva u Bugarija. Pa Metro ima 3 prodavnitsi u Moldova!



Na toa vo Bukurest ja otvorija pred nekolku meseci (ili eventualno lani) a vo Bugarija tek se spremaat.

Za Metro za zal si vo pravo Ohno I vo Srbija imaat marketi vo gradovi po 200-300.000 lugje. No prisustvoto vo Moldavija e najgolemata enigma.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jun-2008 at 14:01
.

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=768 - www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=768

здраво билдери
знае ли некој кои се израелските инвеститори кои сакаат да градат во аеродом или ова е само предизборна реклама со оглед дека не се обзнанува јавно која е таа компанија?
поздрав


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2008 at 14:08
Добредошол Бетон!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jun-2008 at 14:19
Originally posted by beTon

.

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=768 - www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=768

здраво билдери
знае ли некој кои се израелските инвеститори кои сакаат да градат во аеродом или ова е само предизборна реклама со оглед дека не се обзнанува јавно која е таа компанија?
поздрав


Здраво бетон Cheers

Скоро читав дека IBC која треба да го гради сончев град се интересирала и за изградба на трговски центар во Скопје. Може да е тоа...

BTW Израелциве имаат градено големи трговски центри по балканов. Во Софија напознатиот Mall of Sofia е развиван од Израелски корпорации, во Белград на големо инвестираат во недвижнини.

Верувам дека интерес постои и за Скопје но прашање е колку оваа информација држи вода. Дали се работи за некој почетен разговор или за нешто конкретно.

Иначе и Gazit Globe кои ја земаа локацијата кај Алумина се Израелци.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Jun-2008 at 00:19
Добронашол lslcrew, здраво pbanks !
незнам кај би граделе трговски израелците но едно е сигурно дека нема народов толку куповна моќ колку тие што имаат динамика во развојните планови но и да биде овој муабет сигурно тоа ќе биде нешто скромно па така на крај може да излезе и дека израелците биле родум од Кочани или Тетово!



Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jun-2008 at 09:57
Originally posted by beTon

Добронашол lslcrew, здраво pbanks !
незнам кај би граделе трговски израелците но едно е сигурно дека нема народов толку куповна моќ колку тие што имаат динамика во развојните планови но и да биде овој муабет сигурно тоа ќе биде нешто скромно па така на крај може да излезе и дека израелците биле родум од Кочани или Тетово!



Имаме доста дискутирано околу релацијата куповна моќ во Македонија <=> изградба/неизградба на трговски центри во нишкава. Ако сакаш пролистај, јас лично мислам дека есап за изградба има и те како.

Сепак за конкретнава наводна инвестиција сум скептик барем за сега.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2008 at 13:03
CheersДали е ова првата посериозна содржина на скопската северна обиколница? Немам претстава точна, дали обиколницата проаѓа низ Чучер Сандево а доколку не проаѓа таму колку блиску е до таа општина? Евентуално ако локацијата не е на автопатот веројатно е на патот за Косово што е исто ОК.

„Певец“ ќе отвори продажбен центар во Скопје

Хрватската групација „Певец“ ќе гради продажбен центар во Скопје, во општина Чучер-Сандево. Од компанијата најавија дека центарот ќе се простира на површина од 150.000 квадратни метри, од кои 25.000 се продажбен простор.Се очекува градежните работи да почнат есенва, а отворањето на центарот е предвидено за крајот на 2009 година. Во него ќе бидат вработени 200 луѓе и ќе нуди производи за градежништво, алати, машини и бела техника. Според најавите, скопскиот центар на „Певец“ ќе биде најголемиот продажбен простор на оваа хрватска компанија, која веќе поседува 14 центри низ Хрватска и еден во Гостивар, кој беше отворен во минатата недела. Групацијата „Певец“ е основана во 1990 како мала семејна фирма со само двајца вработени, кои во гаражата на куќата во Бјеловар продавале земјоделска опрема. Денес компанијата има над 3.000 вработени, промет од 400 милиони евра и годишен раст од 20 отсто.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=42730417FC326C4C82864FE0E854BD81 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=42730417FC326C4C82864FE0E854BD81



Posted By: vardar
Date Posted: 23-Jul-2008 at 10:48
Незнам дали е за тука.....  чучер-сандево Nuts
 

„Туш“ и „Певец“ внесоа европски дух во пазарењето


„Туш“ е наклонет кон соработка со локалните доставувачи и се труди да ја зголеми понудата и асортиманот на домашните производители

Со нивното присуство се зголемува изборот на купувачите, а конкуренцијата овозможува и намалување на цените

Александрија Стевковска

Влезот на словенечки „Туш“ и на хрватски „Певец“ на македонскиот пазар преку отварање нивни маркети во Штип, Куманово и во Гостивар внесе свежина на пазарот и конкуренција, која недостигаше во овој сектор. Европскиот дух на пазарење што владее во овие нови маркети накратко ги пренесува купувачите во димензија на современо купување, кое тргнува од начелото на почитување на желбите и потребите на купувачите. Сепак, најважно од се' е што со нивното присуство во земјава и најави за отворање нови маркети се зголемува изборот на купувачите и се создаваат услови за зголемување на конкуренцијата, која овозможува и намалување на цените, но и релаксирање на македонското производство, со оглед на тоа дека во маркетите се пласираат и македонски производи.

„Деловното работењето на групацијата ’Туш‘ го следи интензивен растеж, кој може да се илустрира преку отворање на двата супермаркета во Македонија, и тоа во Штип и во Куманово“, вели Јернеј Мурн, директор на „Туш“ - Македонија. Оттаму велат дека се' уште е рано да се даде оцена за двомесечното работење на штипскиот супермаркет, но првите впечатоци се добри.


„Певец“ планира отворање нов, најголем и најлуксузен продажен центар, кој треба да биде лоциран во скопското село Чучер - Сандево, продажниот салон во Гостивар

„Купувачите се задоволни, бидејќи го имаат добиено она што и го очекувале, а најмногу релаксирано пазарење, одмор и уживање, со оглед на тоа дека во состав на супермаркетите има банки, аптеки, мобилни оператори, угостителски локали. Инаку, со инвестиции на македонскиот пазар ќе продолжиме и во иднина. Подготовките за градење се во тек во Скопје, Битола, Гевгелија и Струмица, а во наредните пет години имаме намера во сите поголеми места во Македонија да изградиме вкупно 20 супермаркети на „Туш“, кои ќе бидат изградени по мерка на најпребирливите купувачи. Вредноста на нашите инвестиции на странските пазари само во текот на оваа година изнесува повеќе од 60 милиони евра, а од тоа на македонскиот пазар ќе се насочат 10 милиони евра“, вели Мурн.

Од „Туш“ информираат дека се наклонети кон соработка со локалните доставувачи, така што се трудат да го зголемат односот помеѓу македонските и увозните производи во нивните супермаркети во Македонија во корист на домашните производители. Засега тој однос е 60:40 во корист на странските производители. Инвестицијата во Штип вреди 2,6 милиони евра, а во кумановскиот супермаркет се вложени 2,7 милиони евра.

Во Гостивар, пак, свој продажен центар отвори хрватската групација „Певец“. Во него може да се купат производи за домаќинство, алати, градинарство. Во овој продажен центар во Македонија се вложени 3 милиони евра и со неговото отворање официјално започна влезот на македонскиот пазар на еден од водечките хрватски трговски синџири.

„Певец“ во Гостивар е 15. продажен центар на групацијата и прв надвор од границите на Хрватска, со чие отворање започнува регионалната експанзија на оваа успешна хрватска компанија. Оттаму велат дека нивниот влез на македонскиот пазар значи зголемување на конкуренцијата и изборот што им се нуди на потрошувачите.

Следната инвестиција е отворање нов, најголем и најлуксузен продажен центар на оваа компанија воопшто досега направен, кој треба да биде лоциран во скопското село Чучер - Сандево. Наредното што стои во развојниот план на „Певец“ е отворање маркети во Тетово, Куманово, Велес и во Струмица. „Иако помина кратко време од отворањето на нашиот центар во Гостивар, задоволни сме од неговото работење со оглед на тоа дека нема сличен трговски синџир во Македонија. Забележавме дека потрошувачите се' уште ги испитуваат цените и асортиманот и веруваме дека за кратко време ќе се запознаат со погодностите на сите наши акции и понуди и дека ќе ја стекнеме нивната доверба“, вели Крунослава Блаха, портпаролка на „Певец“.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=042B83D93A19384DB316894539C4FDC1 - Утрински


Posted By: twin
Date Posted: 04-Aug-2008 at 19:10
SE OTVARA NOV SUPERMARKET PRINC

04.08.2008 SE OTVARA NOV SUPERMARKET PRINC vo opstina cair  na prizemjeto od stambenata zgrada princ


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:30
Еве две слики од внатрешноста на Рамстор во Тетово. Комплексот е со слична логика на скопскиот Рамстор со тоа што објектот е доста погрд и спрема мене несоодветен (многу е долгнавест). Сепак внатре е фино. Целото приземје е супермаркет на Рамстор, во долниот дел има продавница за техника (Палма Трејд мислам имаат каталози по весниците од време на време) а во горниот дел ресторанче, неколку помали локали и голема продавница на JYSK (данскиот ланец што се отвори пред некое време) кој е од прилика со големина како маркетот на Рамстор.

1 Рамстор

2 JYSK



Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Aug-2008 at 12:25
Пуштен во употреба трговскиот центар Дујле во Штип

По цели 15 години изградба, во Штип пуштен е во употреба трговскиот центар Дујле, инвестиција тешка девет милиони евра. Од 270 објекти колку што има на 15.000 квадратни метри површина, клучевите од своите дуќани и станови, веќе ги имаат околу 80 отсто од сопствениците, јавува дописникот на Нетпрес од Штип

Објектите се предадени во состојба на карабина и обврска на сопствениците е нивното понатамошно уредување. На добивањето на одобрението за употреба и претходеа неколку годишни протести и реакции на сопствениците на објекти, кои и покрај вложените пари не може да ги користат. Проценките се дека, доцнењето на изградбата ги чини во просек околу 200 евра месечна загуба. Сепак, оптимисти се дека наскоро инвестицијата ќе им се исплати. Тие формираа и здружение, чија цел беше да се забрза изградбата и објектот да се пушти во употреба, а сега ги пренасочува активностите кон одржување на објектот.

Според предвидувањата, до крајот на годинава, најголемиот дел од објектите би требало да бидат доопремени и да започнат со работа, со што Штип конечно ќе го добие 15 години најавуваниот атрактивен трговски центар.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=37826&kategorija=2

Претпоставувам дека станува збор за ова. Сликите се од Мај 2007

1

2

3




Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 21-Aug-2008 at 13:31
Го знам објектов се наоѓа под Туш маркетот. Мислам дека е промашен од старт, поради обликот, материјалите и функционалноста. До кога ќе градат нашите тровски по урнекот на Бисер, Буњаковец, Беверли Хилс, Мавровка.... Ова ли е модерен трговски?


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Aug-2008 at 14:16
Originally posted by UrbanFreak

Го знам објектов се наоѓа под Туш маркетот. Мислам дека е промашен од старт, поради обликот, материјалите и функционалноста. До кога ќе градат нашите тровски по урнекот на Бисер, Буњаковец, Беверли Хилс, Мавровка.... Ова ли е модерен трговски?


Дека е утнат утнат е... Но гледаш се градел 15 години (значи од 1993 Nuts). Потекнува од друго време


Posted By: Forensic
Date Posted: 30-Aug-2008 at 05:16

I ja tako mislim. It's a little outdated, but this was the trend in those days. Cheers



Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2008 at 00:13

Газдата на „Рамстор“ ќе мора да и' го врати земјиштето на државата?!

Комисијата за заштита на конкуренцијата ја анализира спогодбата за продажба на локацијата

Деспина Трајковска


Постои можност земјиштето на кое е изграден ТЦ „Рамстор“, а кое пред пет години тогашниот премиер Бранко Црвенковски со непосредна спогодба му го продаде на турскиот инвеститор Рахми Коч, да мора да му биде вратено на Министерството за транспорт и врски, односно на државата. Со ваков епилог би резултирала постапката за испитување на компатибилноста на индивидуалната државна помош доделена на „РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО“, што ја поведе Комисијата за заштита на конкуренцијата, со образложение дека постојат индиции оти земјиштето од 20.000 квадратни метри е продадено под бенифицирани услови, односно за само 25 евра по квадрат.

„Се сомневаме дека купопродажбата е направена под нереални услови, односно земјиштето е продадено по цена многу пониска од реалната вредност. Ако се утврдат нашите сомневања, фирмата што ја примила државната помош, во случајов ‘РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО‘ ќе треба да го врати земјиштето на претходниот сопственик, односно државата“, објаснува Чедомир Кралевски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Тој истакнува дека продавачот на неизграденото земјиште, Министерството за транспорт и врски, и Црвенковски, како автор на зделката, нема да сносат последици. Имено, посочува Кралевски, единствено реперкусии за нивното дело ќе може да побара некој од истражните органи доколку види „случај во случајов“. Од Комисијата додаваат дека е неблагодарно да се прогнозира кога би имало конечен епилог од постапката, но посочуваат дека за тоа ќе бидат потребни најмалку еден и пол месец.

Согласно со објавената Одлука за постапката, Комисијата треба да го извести давателот на државната помош за причините за нејзино поведување и повратно Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена до Комисијата ќе треба да достави комплетна документација и извештај за купопродажбата на земјиштето. Истовремено, заради утврдување на компатибилноста на државната помош, од Комисијата ги повикуваат заинтересираните лица да ги поднесат своите забелешки и мислења во рок од еден месец.

Инаку, идентична постапка Комисијата за заштита на конкуренција неодамна поведе и за продажбата на земјиштето во Карпош, кое и' беше продадено на српската компанија „Делта“. Исход од оваа постапка се' уште нема.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4314B73D5D0D5B41BA9ECD921F8AF581

Стварно не и треба ова на владата. Од ден на ден насеќам некоја се поголема потреба кај владата да се одмаздува врз предходната влада. Лошото е тоа што ги шиканира и инвестициите од тој период, несваќајќи дека тоа се инвестиции за Македонија, а не сопственост на сдсм. До каде ќе оди овој садизам што се пласира од страна на владата. Да не праам муабет што се прави врз ЕВН* и други слични фирми. Срамота!!! Еве денеска алкохол забранија (следен митинг ќе се чекаме пред 7 да можеме пивце да се напиеме).

И што ќе прават сега?! Ќе го национализираат земјиштето (пошто нели е купено легално) па пак ќе му го шитнат на рамстор, или ќе го тераат рамстор да доплати. Џабе дополнителни глупости. Све е само ефтин политички маркетинг. Ништо повеќе! Рамстор случајот е веќе завршен и нека не дираат веќе овдека. Било, поминало!!!

*барем така ми изгледа, па сега незнам што точно е фрката таму, ама не се сомневам дека е нешто поразлично од првата решеница во постов.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 14-Sep-2008 at 12:22
Е не и треба де тие сакаат се што е големо да е од нив а тоа што е од претходната власт е незаконско,и што на крајот ГУБИ МАКЕДОНИЈА


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Sep-2008 at 09:55
Дали некој знае нешто за изградба на нов трговски центар на Меркур во Скопје?

Меркур веќе имаат нешто што треба да личи на трговски центар од пред неколку години но е далеку од стандардите по кои Меркур гради на другите пазари на кои е присутен. Денеска во Дневник има конкурс за вработување во кој меѓу другото се вели

До крајот на годината во нашето семејство ќе биде и трговскиот центар во Скопје


Ако се работи за нов објект кој ќе биде отворен до крајот на годинава тогаш нешто големо ни промакнало.

Ако некој од вас не знае што е Меркур....

http://www.merkurmak.com.mk - www.merkurmak.com.mk


Posted By: dacito
Date Posted: 24-Sep-2008 at 15:26

Merkur gradat nesto pozadi nivniot objekt na bulevar Aleksandar Makedonski. Sekoj den pominuvam so avtobus niz industriskata zona, taka da imam zabelezano deka gradat nesto pozadi nivnata prodavnica, stavaa ploca. E sega kolku ke odat vo visina neznam. Inaku deka tamu ke se obidat da smestat trgovski centar ne mi se veruva, bidejki cel toj prostor sto go imaat mi deluva poprilicno mal, nema parking prostor, a i okolinata tamu mi e nekako poprilicno za nigde, taka da cisto se somnevam deka tamu vsusnost gradat trgovski centar. Mozebi gradat nekakov magacinski prostor, toa mi e nekako poverojatno. A od druga strana pa, ako do nova godina pustaat nesto vo upotreba mislam deka do sega ke bese se toa bombasticno najavuvano, pa ke znaevme, sto me naveduva na toa deka sepak mislat na toa sto se gradi pozadi nivnata prodavnica... Neznam, ostanuva da se vidi sto ke iznikne od toa sto sega go gradat

mojot prv post ve sledam od poodamna, ama nesto me mrzese da se registriram i da postiram... vo idnina ke se javuvam koga ke imam nesto pametno da kazam vo vrska so nesto sto se gradi vo Skopje.. od Gazi Baba sum, pa od se sto se gradi tamu imam uvid, ke mozam da vi kazam nekako malku se gradi natamu, ama toa e pozz


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2008 at 15:31
Thumbs%20Up


Добредојде!


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Oct-2008 at 18:14
Меркур се отвара веќе следната недела. Солидна квадратура но очигледно е дека е некаква адаптација ако се земе во предвид големината на инвестицијата.

Меркур отвора нов центар за металургија и технички производи во Македонија

Словенечката компанија Меркур следната недела на осми октомври ќе го отвори новиот центар за металургија и технички производи во Македонија.
Станува збор за центар за металургија и технички производи на Меркур Македонија,  со вкупна површина од 7000 м2 затворен и 7000 м2 отворен простор, комплекс кој се наоѓа на локација ул. Перо Наков бб (комплекс МЗТ). Целокупната инвестиција изнесува над  три милиони евра. Комплексот ќе го отвори градоначалникот на Гази баба, Коце Трајановски во придружба на генералниот директор и предсетател на управниот одбор на Меркур, Бине Кордеж и директорот на Меркур Македонија, Весна Мирческа. На отворањето ќе присуствуваат голем број на бизнисмени  и високи владини претставници од двете земји.
Со отворањето на овој центар потрошувачите имаат можност на едно место да најдат различни квалитетни производи за мали бизниси, за индивидуални мајстори, како и за металургиската индустрија.
Целта е со квалитетни производи да се задоволат потребите и на најпребирливите купувачи . Меркур групата е една од најголемите словенечки компании .
Основна дејност на групата е трговија со металуршки, градежни, технички и производи за широка потрошувачка , со пазарен дел од 20-50% по одделни групи на производи .
Како лидер на словенечкиот пазар, се поприсутна е и на пазарите во Германија, Чечка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, а бројот  на претпријатија во групацијата станува се поголемо и брои 16 ќерки фирми и три претставништва .
Основана во 1896 година во Словенија, денес во Меркур работат над 5.000 лица а се остварува годишен приход од над 1.200 милиони евра.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=11998


Posted By: Plugger
Date Posted: 06-Oct-2008 at 01:43
Da ne se ovie slucajno?? Imaat i makedonski sajt ali nema nishto tamu.

http://www.mercator.si/


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Oct-2008 at 01:44
Originally posted by Plugger

Da ne se ovie slucajno?? Imaat i makedonski sajt ali nema nishto tamu.

http://www.mercator.si/


не, тие се башка (теоретски имаат планови за МК).

Се работи за ова

http://www.merkur.eu/ - http://www.merkur.eu/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Oct-2008 at 12:15
фино од нивна страна само на англиското шо напишале фиром

-------------
Winning an online argument is like winning the special olympics. No matter who wins, you're still retarded.


Posted By: Plugger
Date Posted: 07-Oct-2008 at 01:12

PBanks, Kako sto razbrav jas trebashe Merkator da se gradi karshi sok banka pa neshto se izjalovi pa imashe problemi pa vero go prevzema. Znam deka Slovencite Tush pocnaa da otvaraat samo poslugi niz Makedonija vo Shtip otvorija veke eden, ali Merkator gi ima vo Srbija i Hrvatska ali se ushte nishto ne napravija vo Makedonija tie se orgomni vo Slovenija. Isto taka i Konzum vo Hrvatska se golemi pa ke vidime.

Inache za ovie Merkur, da ne planiraat tie MZT da go prevzemat slucajno?? Gledam so zhelezo se raspravaat.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:27
Како и по обичај на МИА сликите се за никаде и сликаат се само не објектот.



Еве и некои најави за развој на Меркур во Македонија но такви временски рокови 2-3 години кај нас не значат ништо. Фактите на терен се дека имаат еден прикрпен објект и нешто што мене ми делува на складиште според сликава погоре.

Меркур отвори металуршки центар во Скопје


По малопродажниот шопинг центар во скопска Автокоманда, словенечката групација Меркур го отвори вториот свој објект во Скопје. Во комплексот на МЗТ, Меркур отвори голем склад од 14.000 квадратни метри затворен и отворен простор наменет за металургија и технички производи и во него се вложени три милиони евра. Генералниот директор и претседател на УО на Групацијата Меркур, Бине Кордеж најави дека ќе продолжат да се шират на сите пазари, меѓу кои и на македонскиот каде тој гледа големи перспективи.

Директорката на Меркур Македонија, Весна Мирчевска рече дека словенечката групација ќе го прошири своето присуство во земјава со многу поголеми инвестиции. Таа најави дека за две до три години, Меркур на локација во Скопје ќе изгради голем трговски продажен центар со површина од 15.000 квадратни метри, а до март идната година ќе го надгради објектот во Автокоманда. Таа рече дека Меркур Македонија извезува претежно лимови, цевки, санитарна керамика и феросилициум, а соработува со домашните компании Силмак, Миталстил, ФЗЦ Куманово, ИГМ Кавадарци.

Според вицепремиерот Ивица Боцевски, словенечките компании даваат голем придонес во зголемувањето на странските инвестиции во Македонија.
Групацијата Меркур е една од најголемите словенечки компании. Основана е во 1896 година, а денес брои 16 ќерки-фирми и три претставништва на пазарите во Словенија, Германија, Чешка, Хрватска, Србија и БиХ.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6765A44201B860409967B725F494606F

Еве инаку еден трговски центар на Меркур по регионов




Posted By: Forensic
Date Posted: 12-Oct-2008 at 04:37
Wow! It's huge! Looks really nice! Congratulations Skopje!


Posted By: dacito
Date Posted: 12-Oct-2008 at 22:54
hehe, it`s not in Skopje...it`s somewhere else...

Значи во комплексот на МЗТ се отвори новиот објект на Меркур. Преадаптација е гарант на некоја од посточеката/ите хала/и која/и стоеле празни во последниве години. Ништо спектакуларно ама сепак е Ок и е за поздравување. Како што претпоставував она што се гради кај, до неодамна единствената продавница на Меркур во Македонија, е само доградба и некакво си проширување бидејќи објектот веќе ги доби своите контури. Се работи за објект од 2 ката, приземје и спрат и споен е со досегашната пордавница. Гледам дека го облагодаруваат просторот пред продавницата со жардинери, зеленило, но работат и на подновување на самата продавница. Во секој случај ОК, само и таа продавница на Меркур и новата бензиска на Лукоил, што се наоѓа веднаш до неа ми делуваат дека се некако збутани... Но мора да се забележи дека тој потег во Автокоманда интензивно се гради. Меркур, Лукоил, плоштадот на општина Гази Баба, клучката кај Континентал, ERA city, гледам активности и во Студентскиот Стив Наумов....Единствено запна спортската сала која се наоѓа непосредно до студентскиот, а според моите информации, тоа треба да биде куглариница


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 23:20
Во Македонија ќе градиме трговски центар од 20 мил. евра


Имаме разговори за одредени локации, но не можам да ви кажам за кои. Засега само вршиме тестирање, па ќе видиме која ќе ја одбереме. Сакаме да изградиме центар од 15.000 квадрати во кој ќе ја понудиме целата содржина на Меркур - од фрижидери, па до шрафови. Се надевам дека за две-три години ќе добиеме локација и ќе изградиме таков центар во Скопје


Групацијата Меркур, која е една од водечките компании во Словенија и се занимава со трговија со техничка стока и со металуршки производи, деновиве отвори складиште во Скопје. Менаџерите на Меркур лани ја откупија фирмата што предизвика многу озборувања и различни коментари во Словенија. За плановите во Македонија и за актуелните случувања во Групацијата поразговаравме со Бине Кордеж, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Меркур.

Македонската влада во изминатите неколку години воведе реформи за подобрување на бизнис климата. Дали сметате дека таа е поволна за вложување?
За мене е важна генералната клима, а тоа значи да нема поголеми тешкотии да добиеш дозвола, или некого да најмиш и да нема големи политички тензии. Сепак, бизнис олеснувањата не се клучниот фактор за да се одлучиш да инвестираш во некоја земја. Меркур инвестира на некој пазар кога ќе почуствуваме дека има работа, купувачи и побарувачка Тогаш ние одиме со инвестиции без разлика дали таму има поголеми или помали бизнис олеснувања. Но, ако осетиме дека се можни поголеми проблеми и ризици, тогаш нормално не би се одлучиле да инвестираме иако се нудат бенифиции. Тоа е мојот практичен поглед што го темелам врз искуството.

Можете ли да направите споредба како е да се работи во Словенија, а како во Македонија?
Кога го споредувам начинот на работа при добивањето на дозволи и работата со други фирми, сметам дека нема некои големи разлики. Добивањето дозволи за работа никаде не е лесно и едноставно. Во Љубљана деновиве добивме дозвола за изградба по 11 години. Сметам дека вадењето дозволи во просек е исто, дали се работи за Македонија, Србија или Словенија. Секогаш има некои проблеми, некои работат одат побргу, некои потешко, а истото важи и за односот и за работењето со фирмите. Секогаш имаме проблеми со наплатата, понекогаш губиме, имаме проблеми со купувачите кои одеднаш исчезнуваат. Од друга страна, пак, ако добро работиш можеш и добро да заработиш. Факт е дека во Словенија пред десет години имаше поголеми проблеми со плаќањето, отколку денеска. Верувам дека работите ќе одат во таа насока и во Македонија.

Зошто не се одлучивте да инвестирате во слободната економска зона Бунарџик?
Имавме контакти со Владата, но таму локациите ги делат само за производство, а ние сме трговци. Имаме производствен капацитет во Србија и нема причина зошто да отвориме во Бунарџик. Кога ја правевме првата инвестиција во Македонија пред четири години беше многу тешко да се работи со овдешните институции, но сега во тој, административен дел, многу е подобрена климата. Ние сме еден од поголемите потенцијали што би можеле да влезат на македонскиот пазар.

На отворањето на складот во рамки на МЗТ рековте дека сте присутни во сите држави од поранешна СФРЈ. Дали планирате да се проширите и надвор од тие рамки?
Размислуваме да се шириме, но инвестициите во нашата гранка се исклучително големи. За да го покриеме подрачјето на поранешна СФРЈ, планираме во наредните пет години да инвестираме 500 милиони евра, но и со тоа не ќе можеме да достигнеме 15 до 20 проценти од пазарниот удел што би го сакале. Наша тактика е прво добро да се позиционираме во една држава, и потоа да одиме понатаму.

Рековте дека ќе инвестирате 500 милиони евра. За кој пазар мислите?
Мислам на Словенија, Србија, Хрватска, но најмногу во Босна, а во Македонија покрај оваа инвестиција која не е многу мала, размислуваме за изградба на голем трговски центри, кој би чинел 20 милиони евра. Имаме разговори за одредени локации, но не можам да ви кажам за кои. Засега само вршиме тестирање, па ќе видиме која ќе ја одбереме. Сакаме да изградиме центар од 15.000 квадратни метри во кој ќе ја понудиме целата содржина на Меркур - од фрижидери, па до шрафови. Се надевам дека за две-три години ќе добиеме локација и ќе изградиме таков центар во Скопје.

Колку вреди Групацијата Меркур?
Меркур денеска вреди половина милијарда евра. Постоиме 113 години, а најголем раст имавме во последните десет кога ја зголемивме продажбата за пет пати. Планираме секоја петта година продажбата да ја удвоиме. До 2013 година сакаме да имаме продажба од 3 милијарди евра и над осум илјади вработени. За да го постигнеме тоа потребен е голем развој. Гледаме се уште голем потенцијал во Словенија, но се повеќе и во други држави како Хрватска, Србија, Босна и Македонија, каде се одлучивме да ја интензивираме продажбата. Во Македонија сме долго присутни, но благодарение на екипата која работи овде, одлучивме дополнително да инвестираме во ова складиште што ќе ни овозможи продажбата да стане уште поголема. Македонија и денеска е важен дел од групацијата Меркур.

Како успевате да ја зголемите продажбата?
Некогаш и јас се прашувам за тоа. Успехот сметам дека е во одбирањето на вистинските луѓе кои работат и живеат за Меркур. Ние сакаме она што заеднички сме го направиле да го поделиме со сите вработени. На пример, годинава е добра за Меркур и обемот на заработувачка го зголемивме за 20 проценти. Поради добрите резултати, во септември им исплативме на сите 5.000 вработени по 500 евра, вклучувајќи ги и оние во Словенија и во Македонија и во Босна. Тоа беше исклучително добра награда, што ќе ги поттикне луѓето да направат повеќе.

Од друга страна, Меркур во гранката металургија се обиде да направи нешто поразлично од сличните фирми во Европа. Ако само нешто копираш од големите западни компании, тешко ќе можеш да ги престигнеш. Меркур работи многу повеќе на квалитетот и на услугите, а со нашите вработени имаме добри релации. Затоа сметам дека резултатите што ги постигнавме се плод на таквиот наш приод. Се надевам дека плановите што ги имаме за Македонија ќе ни успеат.

Дали сте менаџер на кого вработените можат да му се обратат за сугестија, за помош?
Треба да се има што подобри односи со вработените и можам да ви кажам дека за Нова година ги посетувам сите мои 5.000 вработени колку што можам да ги затекнам на работно место. Ми требаат околу десет дена да ги поминам сите локации, но на тој начин создавам добри релации и тоа е она позитивното. Гледам во Србија, во Македонија и во Босна е малку поинаку. Ако споредам како е да се работи во компанија со газди Германци, тогаш релациите одат на попрофесионална основа, луѓето се гледаат од повисока позиција, додека ние сме многу поблиску до вработените. Мислам дека имаме многу заеднички работи со моите вработени кои ја прават соработката полесна.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B7B7DA9AE2F8F5409FA49A73D4ACA374



Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Nov-2008 at 00:26
Еве што ни планирала фирмата http://www.investa-property.com/ - Investa Property Solutiuons (инаку фирмата која менаџира со Рамстор) за Скопје но по се изгледа проектот е откажан.

Mercury Mall, требало да се отвори во 2008 според http://www.propertyxpress.com/mipim/PE11-MIPIM.pdf - овој документ од 2007.



Mercury Mall
Leasing, Marketing, Management of
Mercury Mall in Skopje, Macedonia; 34,000
sq. m built area; 18,000 sq. m of GLA.
Opening date: April 2008

За споредба Рамстор има изградена површина од 25.000 м2 од кои 14.500 за издавање.


Posted By: KamaZ
Date Posted: 23-Nov-2008 at 19:13
Чисто информативно, Меркур центарот на сликата е тој во Љубљана во BTC City. А зад него се гледа Арена (додека уште беше во изградба), забавен центар со 3д кино, казино, куглана, картинг и слично. 


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 13:21
Ептен мало сликичево али ај колку да евидентираме
----------------------------------------------------------------------
 
http://komunagostivari.dyndns.org:88/web/index.php?option=com_content&task=view&id=136&Itemid=34 - Општината го претстави проектот 12.5 милиони евра во Минхен
14.10.2008 Општина Гостивар
 
 
Од 6 до 9 октомври, Секретарот на општина Гостивар, Селим Адеми, директор на јавното претрпијатие „Гостивар“ Рафет Јакупи и Раководител на секторот за финансии и буџет, Фарие Алиу, учествуваа на светскиот саем “EXPO REAL 2008” што се одржа во Минхен Германија. Општина Гостивар преку невладината германска организација ГТЗ, конкурираше со градежен проект проектиран од познатиот архитект од Гостивар, Енис Јакупи.
Претставниците на општина Гостивар на овој саем го претставија проектот Трговски-деловен простор и спортски комплекс, кој што кошташе 12.5 милиони евра. Главната цел на презентацијата на овој проект е привлекување на странските инвеститори во општина Гостивар со цел на економски развој на градот. Инвеститори од Албанија, Хрватска, Словенија и од Германска банка, изразија заинтересираност за да дојдат и да инвестираат во општина Гостивар.
 


Posted By: maestro
Date Posted: 04-Dec-2008 at 13:42
Денес поминав во ГТЦ, Соравиа и во Рамстор и од сите три можам да кажам дека само Рамстор е во одлична состојба и сеуште личи како да е сега отворен! Соравиа уште има за јадење леб, а кога излегував вратата беше заглавена . ГТЦ е чиста катастрофа, многу е нечист... Плаче за „формат“


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 13:49
Originally posted by maestro13

Плаче за „формат“

LOL

LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2009 at 15:52

Словенечки „Меркур“ во Скопје

Словенечки „Меркур“ ја реализира третата своја инвестиција во Македонија вредна над еден милион евра. Станува збор за трговски центар со над 20 илјади артикли со површина од 2.500 метри квадратни, сместен во Скопје.

Официјалното отворање го означија вицепремиерот Ивица Боцевски, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на групацијата „Меркур“ од Словенија Бине Кордеж и директорката на Меркур Македонија Весна Мирчевска.

Меркур Македонија е една од 16-те компании во групацијата на словенечки Меркур“, која според Кордеж е една од најмалите, но е меѓу најуспешните во групацијата.

„Во Македонија сме присутни со години и имаме добри резултати и затоа одлучивме да инвестираме“, истакна Кордеж кој додаде дека и покрај светската економска криза која ќе има влијание врз развојот на групацијата сепак и натаму ќе се развиваат.

Досега словенечки „Меркур“ има инвестирано во Македонија шест милиони евра, а планира и нови инвестиции во поголемите градови во Македонија.

„Светската криза има влијание врз развојот на Меркур. Очекуваме помала продажба, но остануваме на зацртаното да одиме со развој“, истакна Кордеж додавајќи дека во последните 10 години групацијата ја зголемила продажбата од 300 милиони на 1,3 милијарди евра.

Официјалното отворање

 

Триесет проценти од вкупниот промет на групацијата се прави надвор од Словенија, а минатата година во Македонија прометот е 20 милиони евра.

Според вицепремиерот Ивица Боцевски реализацијата на инвестицијата во услови на една од најголемите светски кризи е сигнал дека односите меѓу двете земји се засилуваат.

„Ова е втора инвестиција на „Меркур“ во Македонија за неполни шест месеци“, рече Боцевски кој додаде дека во Македонија словенечката бизнис заедница расте, особено преку словенечките инвестиции и оти тие се добредојдени секогаш и за Владата и за граѓаните.

„Самото приближување на Македонија кон ЕУ се огледува во тоа што расте интересот на странските компании за Република Македонија. Први што доаѓаат кај нас се токму нашите пријатели од Словенија, токму оние кои беа најуспешни од нашата поранешна држава во нивните евроатлантски аспирации“, истакна вицепремиерот Ивица Боцевски.

По повод отворањето на новиот трговски центар, „Меркур“ додели донација од 50.000 денари на Основното училиште „Стив Наумов“ во Автокоманда.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105706


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Mar-2009 at 18:31
Еве го и објектот. Се работи за адаптација (можеби и проширување) на стариот објект на Меркур. Од надвор е подпросечен за еден ваков објект, внатре не е мал но премногу е исцепкат го нема пространството на еден ХУБО на пример. Има 2 нивоа продажен простор. Паркинг просторот е исто така килав и скоро цело време беше пополнет. Се пристапува од задната страна, од улицата која поминува позади Алкалоид и Пивара.
Меркур дефинитивно ќе треба уште да се потруди и да направи продажен центар како што треба.

1

2



Posted By: dacito
Date Posted: 14-Mar-2009 at 20:42
Да, предниот дел беше веќе постоечки, само се смени фасадата а се градеше задниот дел. Сепак мал е плацот, мал е паркингот, се е некако мало овде. Се сложувам дека е ова килаво и субстандардно, но добро, што е тука е


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 18:45
Го ѕирнал ли некој големиот продажен салон на Бујото на Првомајска што некое време се рекламира на ТВ?


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Apr-2009 at 14:18

Германци основаа фирма за недвижности

Германската компанија Практикер основа нова фирма во Скопје која се вика ТД Практикер и која ќе се занимава со градежништво, промет, издавање и управување со недвижен имот. Со паричен влог од 5.000 евра германските сопственици основаа компанија која ќе издава и управува со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен на лизинг. Фирмата ТД Практикер во Скопје ќе ја водат тројца менаџери - Хералд Стајдел, Мартин Клебш и Манфред Леиброк.

http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=16733 - Total


Дали се спремаат за влез??



http://www.praktiker.de/ - http://www.praktiker.de



Posted By: Шпер
Date Posted: 20-Jun-2009 at 16:55

Еве фотографии од еден огромен објект во изградба на влезот на Струмица. Најверојатно ќе биде хипермаркет.

Strumica


-------------



Print Page | Close Window