Print Page | Close Window

Зоолошки градини во Македонија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=214
Printed Date: 19-Apr-2024 at 10:05


Topic: Зоолошки градини во Македонија
Posted By: гитардемон
Subject: Зоолошки градини во Македонија
Date Posted: 13-Mar-2008 at 19:59
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AD2604E6007BD945A17BF3E85F0B1D70 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AD2604E6007BD945A17BF3E85F0B1D70

<span id="Articleing">СО СРЕДСТВА НА ВЛАДАТА И ГРАДОТ</span>


<p id="ArticleTitle">Нови содржини и животни во скопската зоолошка


<span id="ArticleSummary">Во најскоро
време ќе биде реализиран и проектот за нови живеалишта за лавот,
жирафата, фоките, кенгурите и фламенгата, животни кои ќе бидат набавени
веднаш по изградбата на локациите за нивно сместување</span>


Новите
живеалишта за тигри, два вида мајмуни, мечки рисови и волци, како и
целосна изградба на нова водоводна и канализациона инфраструктура која
треба да биде завршена најдоцна за еден месец, се само дел од
содржините кои се реализираат во скопската Зоолошка градина со помош на
средствата добиени од Владата, Градот, но и од донации. Според
директорот Анастас Петров, во најскоро време ќе биде реализиран и
проектот за нови живеалишта за лавот, жирафата, фоките, кенгурите и
фламенгата, животни кои ќе бидат набавени веднаш по изградбата на
локациите за нивно сместување. Скопската зоолошка градина секојдневно
добива нов лик, а меѓу новите содржини се најавува и изградба на
кафетерија, катче за деца и ветеринарна амбуланта со карантин за
животни.


- Парите за овие проекти се веќе обезбедени и градежните работи
течат. Сметаме дека сите овие проекти ќе можеме да ги реализираме до
крајот на годината, бидејќи имаме стручна помош и од експертите од
Европската асоцијација на зоолошките градини во која има над 300
членови. Оттаму очекуваме и донации во вид на животни, кои треба да
пристигнат штом ќе ги завршиме живеалиштата кои со новиот проект
целосно наликуваат на природната средина од која потекнуваат, вели
Петров.


Тој додава дека граѓаните треба да се стрпат, бидејќи со реализација
на овие проекти зоолошката ќе добие целосно нов европски лик, со
поголем фонд на животни.- Во план до крајот на годината е и
изградба на посебен оддел за едукација, центар во кој ќе биде сместена
и зоо-лабораторија. За овој објект е обезбедена донација од Кина.
Објектот во кој ќе биде сместена амбулантата и карантин центар за
животни, исто така се реновира, а наскоро ќе почне и изградба на
сервисна зона во која ќе се складира храната за животните, додава
Петров.Во изминатите месеци е забележан зголемен интерес на граѓаните за посета токму на Зоо-градината. Даниела ТРАЈКОВСКА


                                                       
Јас пратив една слика од БТ ЗОО ама само влезната порта ако сакате појќе инфо видете на mk.wiki а уствари го има и на сајтот. Сега засега во Битола има нешто нови живеалишта ама умреја сите животни пред 15/20 години. Сега засега има само пантери лавој и мечки (од интересните). Најтажно е шо нема (пелистерски) рис, ако веќе го истребија од планината барем да го имаше во зоолошката.... Како и да е, гледам за скопје редовно се збора по ТВ овде онде. Се надевам ќе биди готово во брзо време, и ќе биди интересно, со фоки, кенгури - во солун само „грчки“ животни има - значи од тие шо се среќават во грција. Како и да е целта на темата е ако имате слики од зоолошката да ги качите тука да видам шо се дешава. Љубител на животни, шо да се прај


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 20:03
Убава идеја за нишка Thumbs%20Up. И мотив да отидам до зоолошка наскоро, не сум бил 100 години Wallbash


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Mar-2008 at 11:42

Зоолошката полека заличува на светска

Во минатата сабота Зоолошката ја посетиле 1.300 луѓе, не сметајќи ги децата

До јули Зоолошката градина ќе биде збогатена со детско игралиште, мал плоштад на влезот и фонтана над која ќе се изгради дрвено мовче, информираат градските власти. На влезот во градината ќе биде направено и едно кафуле, во кое посетителите ќе може да се освежат. Дотогаш се очекува да бидат комплетно готови и новите живеалишта за мајмуните, волците и за тигрите, со што градината ќе станува се' попривлечна за посетителите.Деновиве градината ја посети скопскиот градоначалник Трифун Костовски, кој се сретна со Жерард Баарс, советник на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА), кој и' помага на Зоолошката околу унапредувањето на условите за животните, согласно со светските стандарди. Баар го информирал Костовски за текот на реконструкцијата и за планираните активности. Освен уредувањето на влезниот дел од градината, во текот на јуни и јули ќе бидат комплетно готови и новите живеалишта за мајмуните, волците и за тигрите. Живеалиштето на волците ќе се гради спроти новите живеалишта на мечките и на рисот. Со тоа ќе се направи еден убав спој на животински видови кои и во природата живеат во иста средина - вели Баарс.Новите живеалишта за мечките и за рисот ќе бидат готови во текот на септември, а во октомври ќе биде довршена изградбата на новиот дом на гибонот и делот за животни што потекнуваат од Австралија.

- Годинава ќе почнеме со изработка на проектите за изградба на живеалишта за фламинго и за пеликани, како и за реконструкција на базенот за фоките. Се надеваме дека тие ќе бидат изградени во првите три месеци од 2009 година. Доколку сето ова се реализира, Зоолошката градина ќе може да стане економски независна, бидејќи бројот на посетители ќе се зголеми. Во минатата сабота Зоолошката ја посетија 1.300 лица, не сметајќи ги децата, што е многу голем напредок во однос на минатите години - вели Баарс.

Тој истакна дека особено важно за функционирање на градината е да има добро обучени луѓе што ќе работат со животните, оти без тоа нема да може да се достигнат европските стандарди. Баарс вели дека првпат во својата 40-годишна кариера гледа толку голема трансформација на една зоолошка градина, а во толку краток временски период и со ограничен буџет. Покрај проектите за изградба на живеалишта за жирафи и за лавови, кои наскоро ќе почнат да се градат, Баарс на Костовски му ги презентирал и идејните проекти за хортикултурно уредување на градината и идејата за изградба на македонска фарма, во која ќе бидат сместени животни од македонското поднебје. Со проектот за реконструкција на Зоолошката предвидена е и изградба на африканска савана, сервисна зона, живеалиште за нилски коњ, зоо-лабораторија, карантин, зелена куќа, куќа за диви мачки и азиски и јужноамерикански оддел.




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Mar-2008 at 16:21
PreviousBanana Одење во зоолошка градина е многу добар провод. Но последен пат бев пред една година и навистина беше депресивно да ги гледаш мајмуните и волците - ептен беа утепани. Мило ми е што читам вака, ама кога ќе видам вакви наслови како „зоолошката ќе стане како светските“ ми се темни - ова се неопходни зафати за зоолошката да биде „зоолошка“ воопшто. Досега беше кланица за елени и нилски коњи !!


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Mar-2008 at 17:23
Најбољи е концесионер да ја земе.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Mar-2008 at 20:53
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски, деновиве, ја посети Зоолошката градина-Скопје и се сретна со Жерард Баарс, советник на Европската Асоцијација на Зоолошки градини и Аквариуми (ЕАЗА), Група за техничка помош и животинска благосостојба, кој и помага на скопската Зоолошка во унапредување на условите за живот на животните и реконструкција на живеалиштата во согласност со светските станарди.

Господинот Баарс го запозна Градоначалникот Костовски со текот на активностите за реконструкција на Градината и со планираните активности кои треба да се реализираат во наредните месеци.

- До јули месец ќе биде реализиран проектот за уредување на влезната партија во градината, односно делот каде што сега се наоѓа фонтаната. Ќе се уреди детското игралиште, малиот плоштад на влезот, а ќе се преуреди и фонтаната над која ќе се изгради дрвено мовче. Планирано е на влезот во Градината да се направи и едно кафуле каде што посетителите ќе можат да се освежат. Во текот на јуни/јули месец се очекува да бидат комплетно готови и новите живеалишта за мајмуните, за волците и за тигрите. Живеалиштето на волците ќе се гради спроти новите живеалишта на мечките и на рисот. Со тоа ќе се направи еден убав спој на животински видови кои и во природата живеат во иста средина – објасни Баарс.

Тој додаде дека новите живеалишта за мечките и за рисот ќе бидат готови во текот на септември месец, а во октомври месец се очекува да финишира изградбата на живеалиштето за Гибонот и делот наменет за животни кои потекнуваат од австралискиот континент.

- Во текот на ова година ќе започнеме со изработка на проектите за изградба на живеалиште за фламинго и пеликани, како и за реконструкција на базенот за фоките. Во текот на првото тромесечје од 2009 година се надеваме дека нивната изградба ќе биде готова. Она што е од особено значење за функционирање на Зоолошката градина се добро обучени луѓе кои ќе работат со животните. Без тоа нема да може да се достигнат европските стандарди. Овде има луѓе кои навистина се добри во она што го работат, но неопходна е стручна подготовка. Покрај тоа потребно е креирање на нови работни места во Зоолошката, како што е сектор за хортикултура, технички оддел, одел за маркетинг, едукација и комуникација. Доколку сето ова се реализира Зоолошката ќе може да се стане економски независна, бидејќи бројот на посетители ќе се зголеми. Минатата сабота Зоолошката ја посетија 1.300 лица, невклучувајќи ги децата, што е многу голем напредок во однос на минатите години – истакна Баарс.

Градоначалникот Костовски истакна дека Град Скопје безрезервно стои зад проектот за реконструкција на Зоолошката и дека дава целосна поддршка за едукација и стручно усовршување на млади луѓе кои ќе работат во Зоолошката. Покрај тоа, Костовски истакна дека Зоолошката градина е многу значен сегмент од општественото живеење и затоа негова желба е нејзиниот нов лик што е можно поскоро да биде презентиран пред очите на посетителите.

Господинот Баарс истакна дека за првпат во неговата 40 годишна кариера гледа толку голема трансформација на Зоолошка градина, а во толку краток временски период и со толку ограничен буџет. Тој му се заблагодари на градоначалникот Костовски за овој многу значаен проект и за неговото безрезервно залагање за обнова на градината.

Покрај проектите за изградба на живеалишта за жирафи и за лавови, кои наскоро ќе почнат да се реализираат, господинот Баарс на градоначалникот Костовски му ги презентираше и идејните проекти за хортикултурно уредување на градината, а го запозна и со идејата за изградба на македонска фарма / детска зоолошка градина, во која ќе бидат сместени животни од македонското поднебје, со цел децата да се едуцираат за автентичната фауна и да научат нешто повеќе за овие животниски видови.
Проектот за реконструкција на Зоолошката градина вклучува и изградба на африканска савана, сервисна зона, живеалиште за нилски коњ, зоо-лабораторија, карантин, зелена куќа, куќа за диви мачки, Азиски оддел и Јужноамерикански оддел, во кој ќе се изгради и JUNGLE café, од кое посетителите ќе можат да ги набљудуваат животните.

javascript:__doPostBack%28cancelButton,%29 - Назад  

Креиран од sofka на 13.03.2008


преземено од: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1659&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1659&mid=24&tabId=1&tabindex=0


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Mar-2008 at 14:19
Eve nekolku sliki od pred nepolna 1 godina kako jas ja sretnav zooloskata gradina :








ova tuka e nekoe si zivealiste za nekoi od zivotnite ne znam tocno za kakvi zivotni se gradese ova:



najbeden zivot imaat ovie zivotni tuka kaj sto gi nacekav , se raboti za volkot, majmunite, i lavovite i site drugi zivotni od vidot na divi macki











-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 14:40


Митатос супер за фоткиве Thumbs%20Up. Ова ми е прв увид во зоолошка во после долги години.


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:11
треба некој ден заедно да идеме, башка уште некоја фотка од парк ке направиме хехе,имаше неколку изградени објекти ја кога бев тогаш , баш ми е мило што има иницијатива за реновирање, пошто стварно условите беа катастрофа ,па со посетата ке ја помогнеме до некаде  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:27
Одлични фотки, али греота животниве.... Ohno


Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 04:44
Еве добра вест за мајмуните во Скопје (во зоолошката)

Живеалиштата за мајмуните готови до јули

Градот стои зад проектот за реконструкција на Зоолошката градина

Активностите за реконструкција на Зоолошката градина се при крај и до јули се очекува да бидат готови живеалиштата за мајмуните, волците и тигрите, како и проектот за уредување на влезната партија. Новите живеалишта за рисот и мечките ќе бидат завршени до септември, а во октомври се очекува да финишира изградбата на живеалиштето на гибонот и делот наменет за животни кои потекнуваат од австралискиот континент. Истовремено, ќе се уреди детското игралиште, малиот плоштад, како и фонтаната над која ќе се изгради дрвено мовче. Проектот вклучува и изградба на африканска савана, сервисна зона, живеалиште за нилски коњ, зоо-лабораторија, карантин, зелена куќа, куќа за диви мачки, азиски и јужноамерикански оддел, во кој ќе се изгради и кафуле од кое посетителите ќе можат да ги набљудуваат животните.

Градот стои зад проектот за реконструкција на Зоолошката градина и дава целосна поддршка за едукација и стручно усовршување на млади луѓе кои ќе работат во неа. Целта е да се отворат нови работни места, како што е сектор за хортикулутра, технички оддел и оддел за маркетинг и комуникација, со што ЗОО ќе стане комплетно економски независна. (В.Д.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E89CE8AA1A13346979CFF8C0F293A63


Posted By: blejdsk
Date Posted: 19-Mar-2008 at 19:24
Aj da vidime ,,,,se nadevam deka ke zalici veke ednas na zooloska a ne maciliste za zivotni...



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Mar-2008 at 15:10
До кога истиве вести? Ако немаат што ново да напишат боље нека ќутат.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Mar-2008 at 17:42
Темава не ми воопшто атркативна.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 20-Mar-2008 at 18:56
Како бе? Животни кои се мачат без вода и храна во скапани живеалишта и тебе тоа не ти е атрактивно???? Poke


Се шалам... LOL 


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Mar-2008 at 14:41
Еве го живеалиштето на мајмуните 



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 22-Mar-2008 at 00:54

Градската администрација го посвои лавчето


Вработените од Секторот за заштита на животна средина, вчера, го посвоија шестмесечното лавче сместено во зоолошката градина во Скопје. Тие беа и негови кумови и му дадоа име - Александар. На надлежните од Зоолошката градина вчера им беше предадено плико со одредена сума на парични средства кои ќе бидат наменети за нивниот штитеник. Вработените од секторот за животна средина секој месец ќе издвојуваат симболична сума на лични средства, кои во континуитет ќе бидат доделувани на ЗОО како помош во одгледувањето на лавчето.

http://vecer.com.mk/?ItemID=65EA1B4EBF02574D98E7BC8B3A0E3A7A - http://vecer.com.mk/?ItemID=65EA1B4EBF02574D98E7BC8B3A0E3A7A


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jun-2008 at 09:57
РАСПИШАНИ ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗГРАДБА НА ТРИ НОВИ ЖИВЕАЛИШТА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Скопската Зоолошка Градина распиша јавни повици за избор на најповолен изведувач на три нови живеалишта. Во текот на летово ќе почнат со градба волиерата – живеалиште за белоглави орли, одделот за австралиски животни и живеалиштето за гибонот.

Волиерата ќе биде висока 16 метри, широка 25 метри и долга 20 метри. Во скопската Зоолошка градина има 18 белоглави орли, кои во природата се сметаат за загрозени видови.
Австралискиот оддел ќе се простира на површина од 1.500 квадратни метри, а во него ќе живеат кенгури, ему птици, црн лебед и лорикид птици. Живеалиштето ќе биде збогатено со базен, дрвја и две куќички, едната за кенгурите, а другата за птиците.

Живеалиштето за гибонот ќе биде во вид на куќарка која ќе биде сместена веднаш до езерцето во Зоолошката градина. Во езерцето ќе бидат ставени вештачки дрвја кои ќе бидат поврзани со јажиња, со цел гибонот од куќичката да може да дојде до островчето во самото езеро.


преземено од: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1924&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1924&mid=24&tabId=1&tabindex=0


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jun-2008 at 09:58
ТИГАРОТ НАСКОРО ЌЕ СЕ ВСЕЛИ ВО НОВОТО ЖИВЕАЛИШТЕ

Бенгалскиот тигар од скопската Зоолошка градина наскоро ќе се пресели во своето ново живеалиште, изградено во согласност со светските стандарди и по препораките на ЕАЗА (Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми).

Деновиве беше монтирана специјална галванизирана мрежа околу живеалиштето за тигрите, кое се протега на површина од 3.500 квадратни метри. Од внатрешната страна на живеалиштето, во близина на мрежата, поставени се специјални жици кои ќе бидат под слаб електричен напон, со цел да се спречи приближување на животните до оградата и поголема безбедност на посетителите.

Внатрешноста на живеалиштето е збогатена со два базена и фонтана изградена од камења. Од фонтаната избива водоскок и водата по камења се слева во големиот базен. Живеалиштето е поделено на два дела, во попространиот дел ќе биде сместен пар сибирски тигри, а во помалиот дел ќе биде сместен бенгалскиот тигар.
Изградбата на живеалиштето за тигрите е лична донација на градоначалникот Трифун Костовски.



 

Павијаните и берберите исто така наскоро ќе бидат преместени во нивните нови пространи живеалишта. Околу новото живеалиште на мајмуните е поставена галванизирана мрежа, а останува уште да се уреди подната подлога на објектот кој се наоѓа во внатрешноста на живеалиштето. Фасадата на објектот е составена од природни елементи, дрво и камен. Новото живеалиште за мајмуните е поделено на два дела, во предниот дел ќе бидат сместени павијаните, а во задниот дел берберите. Живеалиштето е збогатено со карпи и дрвја.

Очекуваме наскоро да се постави потребната електрична инсталација, која ќе овозможи специјалните жици, со кои се оградени живеалиштата, да се напојуваат со електрична енергија, по што тигарот и мајмуните ќе се вселат во новите живеалишта.

 

Деновиве, во рамки на проектот за реконструкција на Зоолошката градина, се работи на изградба на живеалиштето за рисот. Живеалиштето ќе се простира на површина од околу 700 квадратни метри, во него има куќичка изработена од камен, а веќе се поставува заштитната ограда. Откако ќе биде направено живеалиштето ќе се донесат два риса од европските зоолошки градини. ИК Банка ја финансира изградбата на новото живеалиште за рисот.

 

Веќе е започната изградбата на живеалиштето за мечките, кое се наоѓа спроти објектот Мајмунара, а е донација од Општината Карпош. Живеалиштето се простира на површина од околу 3.000 квадратни метри и ќе биде оградено со дрвени балвани и со специјална мрежа.
Во моментов се работи на реконструкција на постоечкиот објект, кој се наоѓа во внатрешноста на новото живеалиште, а ќе има функција на засолниште во кое ќе се изолираат мечките, кога тоа ќе биде потребно за да се исчисти просторот и слично.

Со цел посетителите да можат поавтентично да го доловат начинот на живот на овие животни, ќе се направи видиковец, кој ќе биде висок околу 3,5 метри и на кој љубителите на животни ќе можат да се качат и да ги набљудуваат мечките.
Во новото живеалиште ќе бидат сместени двете големи мечки и двете мали мечиња, кои во почетокот ќе бидат одвоени. За да се задоволат светските стандарди за живот на животните во Зоолошки градини, во внатрешноста на живеалиштето ќе биде направен базен во кој ќе се стават риби, со цел мечките да влегуваат во вода и да ловат, како што тоа го прават во природната средина.
Во живеалиштето ќе се направат и неколку мини пештери (засолништа) изработени од камен и од дрво.

 

Деновиве ќе стартува и изградбата на живеалиштето за волците. Просторот на кој ќе се гради живеалиштето е околчен, а се наоѓа веднаш до живеалиштата на рисот и мечките.

Новото живеалиште за волците ќе се простира на површина од 1.500 квадратни метри, ќе биде поделено на два дела, низ кои ќе минува поток. Самото живеалиште ќе наликува на шума, ќе биде богато со вегетација, со цел да се долови природната средина на волците.

Наскоро ќе се започне со уредување и на ЗОО амбулантата
во која ќе се вршат потребни ветеринарни интервенции врз животните. Досега се изведени помали градежни зафати на надворешната страна на објектот, останува да се уреди внатрешноста и да се набави потребната опрема.


преземено од: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1919&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1919&mid=24&tabId=1&tabindex=0


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: shyes
Date Posted: 24-Jun-2008 at 10:17
дури се гледа како животните личат депресирани од предходните слики. Супер што золошката се обновува. 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Nov-2008 at 20:47

Пристигнуваат новите животни во Зоолошката градина
04.11.2008 17:12


Во австралискиот дел доаѓаат комплетно нови животни

Зоолошката градина ќе добие нови жители. Еден бенгалски, пар аморски тигри, мајмуни наскоро ќе треба да пристигнат од Москва. Во зоолошката градина интензивно се работи на новите живеалишта.

Во крајна фаза е европскиот дел, каде подобри услови за живеење ќе добијат рисот, волците, мечките и мајмуните.

„Во проектот сега треба да започне изградбата на живеалишта за лавови и жирафи. За австралискиот дел комплетно нови животни доаѓаат, тоа се црвен или сив голем кенгур, валаби, ему, црн лебед и лори кит - специфични австралиски птици“, изјави Анастас Петров, директор на Зоолошката градина.


Во крајна фаза е европскиот дел

Досега за реконструкција на Зоолошката градина се обезбедени 2,5 милиони евра. Но, за целосен изглед ќе бидат потребни дополнителни 1,5 милиони евра.

Се планира за три години Скопје да добие нова модерна зоолошка градина.

Досега животните во зоолошката умираа поради супстандардните услови. Неподносливи беа и за единственото шимпанзото Коко, кој по 11 години престој во Скопје ќе замине во Холандија на рехабилитација.


преземено од: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99720 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99720

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Nov-2008 at 20:49
Би сакал да знам, доколку има некој од Битола, што се случува со Зоолошката градина во овој град, моите последни информации говорат дека условите за животните се полоши дури и од онаа во Скопје, дали е тоа вистина?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Nov-2008 at 21:04

јас сум од битола, и имав постирано неколку поста (објавено неколку објави или како се вика) за таа зоолошка, и баш сега еве најдов еден текст што се мислев каде да го објавам, веројатно во вести, но ете да речиме дека оваа нишка е некако соодветна кога веќе ме праша

Започна реконструкцијата на Тумбе кафе

Битолските јавни комунални претпријатија, „Нискоградба“ и „Комуналец“, деновиве, вршат темелно уредување на пристапните патишта на најстариот излетничко-туристички локалитет на Битола, Тумбекафе. Двете фирми, со механизацијаги расчистуваат обрастениот пат, патеките и останатите делови на Тумбекафе, локалитет кој три децении беше препуштен на времето. Со расчистувањето, најпрво на пристапниот асфалтен пат кој неколку месеци е осветлен, се продолжува уредувањето на најдолгата пешачка зона во Битола, започнувајќи од „Магнолија“ од центарот на Битола, преку Шеталиштето и Градскиот парк, заклучно со Тумбекафе. Во тек е изработка на детален урбанистички план за овој простор. Ќе биде ревитализирана и трим патеката која е исто така запоставена, Зоолошката градина, археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а предвидено е изградба и на угостителски објекти на овој простор.


преземено од: http://www.bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=561:kafe&catid=14:vesti&Itemid=26 - http://www.bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=561:kafe&catid=14:vesti&Itemid=26

Значи кажува дека ќе се реновира, а уствари таа веќе подолго време „се реновира“ ама изгледа како заебанција, т.е. импровизирани штали и трла. Знам дека има нови кафези за орлите и нешто, ама пак е мизерно... Имаше црн пантер, лав и тигар, и мајмуни кои вечно крадеа обетки и мочаа на гостите, а исто така имаше и тигар кој избега 2 пати Имавме и бели мечки пред 20 години, ама сега останаа само кафеавите, што се веќе обелени од старост. Има и кози и говеда. И едно пони! Имаше и гологлав орел ама сигурно умрел.

А да, имаше и пајаци и некакви змии никогаш што не се мрдаа

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:44
Originally posted by гитардемон

имаше и тигар кој избега 2 пати
  Eeek3

Де бре, што бидна, никој не беше изеден? Big%20smile

Туку сериозно кога било тоа? Мене сосема ми избледело од меморија, а не е баш работа што лесно се заборава...


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:48
Originally posted by гитардемон

Имавме и бели мечки пред 20 години, ама сега останаа само кафеавите, што се веќе обелени од старост.



Rollin


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:50
Originally posted by гитардемон

имаше и тигар кој избега 2 пати
 

Да не киднал само на хартија, т.е. воопшто никогаш да не бил купен, ама у фактурата да пишува тигар.....Roll%20eyes Се шалам!! Ставрнои кога се десило ова ја не се сеќавам на вакво нешто.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Nov-2008 at 21:21
имаше многу беше чешит. сите мислеја ќе слези во градот (пошто на тумбе кафе е зоолошката) ама нема врска, тој тигарот е толку стар шо сигурно нема мрднато. и го ранат со глупости не вервам ни да можел да оди.. сигурно ошол да се самоубие тажно е, ама вистинито.. побарајте на гугл избега тигарот или лавот сега не ми текнува во мисла ме кладовте, ќе најдите одма на форуми и слично

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Nov-2008 at 17:46
Ах, зоолошките ни се катастрофа
Во ЗОО Скопје сум бил максимум 2-3 пати (од кои последниот пат лани за време на летото) и стварно не беше воопшто ОК :(
Се надевам дека сега е подобра ситуацијата.

Покрај Битолската зоолошка сум поминал, ама никогаш немам влезено
Можеби заради кажувањата дека е катастрофа?

-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Nov-2008 at 18:03


сега не сум локал патриот, ама не е скопската ништо подобра... само шо е поголема, а нашата личи на мала фарма иначе условите... да ги прашаме животните?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Nov-2008 at 18:13
Originally posted by гитардемон



сега не сум локал патриот, ама не е скопската ништо подобра... само шо е поголема, а нашата личи на мала фарма иначе условите... да ги прашаме животните?


не бе, не викам дека скопската е нешто добра (напротив, тоа што го видов лани беше ужас, се надевам дека поправиле нешто), ама од она што го слушнав директно од битолчани, дека била многу лоша, не го посетив. А очигледно и дека не сум имал многу време.

Спомна мала фарма? Тогаш ќе ги викнеме Нова ТВ наредната сезона од истоименото реално шоу да ја снимаат токму во http://zoo.com.mk - Зоо Битола

-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Nov-2008 at 19:52
хаха леле и такво имаме? резили

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2008 at 00:44
Имам слушнато приказна дека во Битолската золошка (ноу офенс) едни животни ги утепувале да бидат како храна за другите. И тоа неколку дена пред да ги утепаат им ги кршеле нозете намерно за да не избегале.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 00:53
Ништо ново и во скопската тоа беше случај (Без кршењето нозе, но не ми е ни јасно зошто тоа би го правел некој ни во Битола... Кај ќе бегаат?)


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Nov-2008 at 01:43

ако си лав или тигар? низ тумбе кафе a сигурно ги имат давано на другите за јадење, и јас имам слушното... ама не требало сигурно кршење нозе, тие и онака се неподвижни

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Nov-2008 at 18:54
Епа се надевам на подобро, тоа значи дека во моментов се реконструира битолската зоолошка градина. Конечно нема да ја имаме грдата слика на изгладнети животни и лавови кои умираат за храна!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Nov-2008 at 07:41
Зоолошка та градина стана гол емо градилиште
Скопје
Веќе две години трае реконструкцијата на речиси сите живеалишта во Зоолошката градина, со која таа треба да заличи на современите градини и да ги исполни високите стандарди предвидени од Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми - ЕАЗА.

Живеалиштата што се градат треба да потсетуваат на природната средина од каде што потекнуваат животните. Кафезот за тигрите широк 3.000 метри е речиси готов, а во тек е изградбата на местата за мечките, мајмуните, шумските животни, волците и за други. Се прави и вештачка река, која ќе тече низ повеќе живеалишта, ќе раздвојува некои животни и ќе се користи за напојување.

Градоначалникот Трифун Костовски вчера ги обиколи градилиштата и истакна дека половина од проектот е веќе реализиран, а целосната обнова ќе заврши за две-три години.

- Целта на овој проект е да ја оживееме градината и да ја зголемиме нејзината посетеност. Ќе им овозможиме на граѓаните да се дружат и да ги запознаваат животните. Ќе вршиме посебна едукација на вработените во некој од нашите збратимени градови што имаат градини, за да можат полесно да им се приближат и да ги припитомат животните. Досега се обезбедени околу 2,5 милиони евра, пари што веќе се трошат во изградбата, а за комплетното завршување на проектот ќе бидат потребни уште 1,5 милион - истакна Костовски.

Анастас Петров, директорот на градината, најави дека како што ќе се завршува со изградбата на секое поединечно живеалиште, така ќе се носат и нови животни. Тој истакна дека, и покрај изведувањето на градежните работи, Зоолошката располага со 400 животни од 70 вида, кои засега се чуваат во помали кафези.

- Живеалиштето за тигрите е подготвено да го прими тигарот што треба да стигне од Москва. Се гради европскиот дел, во кој ќе се сместат рис, волци и мечки, како и посебниот дел за мајмуни. Во тек е изградбата и на просторите за лавови и жирафи, а од јануари ќе правиме африканска степа и простори за антилопи, нилски коњи, фоки, корморани, фламинга, пеликани и за други животни. Очекуваме во градината да пристигнат и голем црвен кенгур, ему, црн лебед и типични австралиски птици - објасни Петров.

Тој додаде дека се подобруваат условите за животните што се веќе во Зоолошката градина, дека на влезот на градината се прави езерце со мост за водните животни, но дека за слон с? уште немаат направено проект.

Зоолошката градина се ревитализира со пари од градот, од Владата, како и со донации од разни поединци, фирми и институции.




Коко с? уште ја сонува Холандија

Иако шимпанзото Коко требаше пред еден месец да замине на рехабилитација во Холандија, процедурата за неговиот транспорт с? уште е во тек.

- За Коко се обезбедени сите документи, но поради кадровски проблеми во фондацијата каде што треба да биде сместен, неговото патување беше одложено - истакна Петров.

Коко е болен од депресија поради осаменоста, а во холандскиот резерват треба да престојува една година.

Радмила Заревска

05.11.2008 www.novamakedonija.com.mk



Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Nov-2008 at 12:40
Прекрасна вест, само мислам дека работите треба да се забрзаат, последен пат во зоолошката градина бев пред 9 месеци, па и тогаш велеа дека работите се во тек, брзо се гради, ќе биде, а всушност средината воопшто не изгледа на зоолошка градина. Треба да оди побрзо.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 28-Nov-2008 at 20:00
znam deka ednas bese prekinata gradbata zasto presekle nekoj kabel za struja pa se kanea toa da go napraat pa dur go premestat kabelot eeee se toa kaj nas se proceduri.raskopuvaat pa poslenemozat da se dogovorat koj da potrupaRoll%20eyesama ima nadez cim se pocnalo mora da se zavrsiSmile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2008 at 13:42
ДВА СИБИРСКИ ТИГРИ, ДОНАЦИЈА ОД ГРАОДНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ
Путин во скопската Зоолошка
Градоначалникот нарачал два тигра, мажјак и женка , а мажјакот ќе го крсти Путин по рускиот претседател бидејќи и тој како и тигрите зрачел со сила и енергија

Зоолошката градина наскоро треба да добие два сибирски тигри, кои ќе бидат донација од скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Тој вели дека веќе нарачал да се набават два тигра, мажјак и женка и дека тие во Скопје треба да стигнат до Нова Година или неколку дена по празниците.
"Зошто баш сибирски тигри, а не бенгалски на пример. Па сибирските тигри ми делуваат многу посилно и подостонствено, буквално зрачат со сила и енергија. Мажјакот ќе се вика Путун, по рускиот претседател. Владимир Путин се покажа како силна политичка фигура во Русија, со сила и енергија слична на сибирските тигри. Тој беше прикажан како голем љубител на овие животни, а неодмана мораше сам да се справува со сибирски тигар за да ги заштити новинарите од ова животно, кое е мошне силно и тежи меѓу 250 и 300 килограми", вели Костовски.
Живелиштето за тигрите, како и целокупната медицинска нега и храна која ќе биде потребна за овие сибирски животни, исто така ќе бидат донација од скопскиот градоначалник.
"Купувањето на тигрите, како и понатамошната грижа за нив ќе биде моја трајна донација за зоолошката градина", рече Костовски.
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски за обнова на Скопската зоолошка градина донирал околу 120.000 евра.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160692&idg=8&idb=2545&rubrika=Skopje



Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2008 at 23:24
Нови табли во Зоолошка градина


Во Зоолошка градина ќе бидат поставени дваесетина информативни табли со исцртана карта на целиот локалитет, информираат одговорните од ЈП "Паркови и зеленило".
- Таблите се од природен материјал бор, пресувано дрво и шиндра, премачкани со заштитно средство за нивна долготрајност. Ги изработи екипа од Секторот за вонградско зеленило во соработка со Град Скопје. Во изминатиов период е изработен и еден рустик павилјон, поточно еко-училница на отворено која ќе служи за одмор и уживање на посетителите, како и за одржување на настава во природа за учениците - информираат од Паркови.
Исто така, направени се и маркирани повеќе патеки, поставени се корпи за отпадоци, а расчистен е дел од вегетацијата и зелената површина. Засадени се нови садници.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6B2B52DCD39FA7428E9BD029E71A27B9


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Dec-2008 at 01:09

Сликата изгледа ветувачки, ако има врска со зоолошката во Скопје. Ама јас мислам дека е некаде од другиот крај на светот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 18-Dec-2008 at 01:17
se e toa ubavo ama koga ke se zavrshi veke zooloshkava,so godini ja praat.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Jan-2009 at 01:21
Сте знаеле ли дека...
Петок, 16 Јануари 2009 17:06
zoo-berlin_knut_1280x1024 Lion_zoo_antwerp_1280

Дали сте знаеле дека првата зоолошка градина на Балканот била токму во Македонија?Станува збор за зоолошката градина во Скопје.Ова е уште еден факт поради кој треба да сме горди што живееме на ова мало но единствено по многу нешта,парче земја.
 


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2009 at 01:43


А од кога точно датира и ако имаш нешто повеќе инфо околу целата работа


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Jan-2009 at 02:07
Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 од страна на тричлена комисија со која раководел др. Станко Караман. Во истата 1926 година е предложена денешната локација која во тоа време опфаќала 4 ha површина, а Градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок. Со решение на Градското Собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес, градината е лоцирана на површина од 96.894 m² и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 226 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Зоолошка_градина_Скопје - http://mk.wikipedia.org/wiki/Зоолошка_градина_Скопје

Инаку тоа горе го видов на сајтот на една телевизија од Битола, ама пошто не е некоја информација не посочив линк. Инаку не знаев дека е најстара на цел балкан...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Jan-2009 at 02:16
Сакате да ми кажете дека зоолошкава е постара од зоолошката во Загреб, Белград, Софија, Букурешт итн итн итн?!

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Jan-2009 at 02:22
http://en.wikipedia.org/wiki/Zagreb_Zoo - Загребска зоолошка

Zoo opened its doors on June 27, 1925.

- http://en.wikipedia.org/wiki/Sofia_ZooСофија -  зоолошка

Sofia Zoo in http://en.wikipedia.org/wiki/Sofia - Sofia , the capital of http://en.wikipedia.org/wiki/Bulgaria - Bulgaria , was founded by royal decree on http://en.wikipedia.org/wiki/May_1 - 1 May http://en.wikipedia.org/wiki/1888 - 1888 , and is http://en.wikipedia.org/wiki/Bulgaria - Bulgaria 's oldest and largest http://en.wikipedia.org/wiki/Zoological_garden - zoological garden . It has an area of 230,000 http://en.wikipedia.org/wiki/Square_metre - m² and, as of March 2006, housed 1,113 animals representing 244 http://en.wikipedia.org/wiki/Species - species .


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2009 at 02:32
Добро Загребскава е безначајно постара ако е тоа за утеха хехе


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Jan-2009 at 03:25
На Википедија не го пишува тоа, тоа го пишува на сајтот на телевизијата од Битола... ама новинар ко новинар џабе кренав галама, опроштење!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Jan-2009 at 16:45
Βо битолската ЗОО после една деценија се роди мече
ВТОРНИК, 20 ЈАНУАРИ 2009 18:02

Ова е мечокот Медени. Тој неодамна стана горд татко на првото мече кое се роди во битолската зоолошка градина после повеќе од 10 години. Мајката Медена пак, не излегува од своето дувло и љубоморно ја чува својата принова. Директорот и вработените во зоолошката ова го сметаат како добар знак.
-2009 година ја дочекавме во ново руво, ни се роди првата принова во ЗОО и се надевам дека природната репродукција ќе продолжи и во цела 2009 и наредните години. Имено, се роди малечко мече по долги години, сигурно десеттина години и повеќе во ЗОО не е родено и се надевам дека понатаму ќе биде здраво и живо. Сега е со мајка му во своето дувло, сеуште не можеме да знаеме како ќе биде понатаму, изјави директорот на Зоолошката градина, Пеце Калаповски.

Мајката била во добра кондиција.

-Витаминска прихрана вршиме, има протеински храни кои секојдневно ги даваме по неколку пати и се надевам дека во иднина ќе го снимате малечкото, рече Калаповски.

Во битолската зоолошка градина долго време немаше новородено мече затоа што мечокот и мечката беа брат и сестра. Медени пак, бил пронајден пред неколку години како мало мече во дивината. Откако тој порасна веќе можеше да се размислува за репродукција.

-Тие беа настрана чувани во кафези, имаше меѓу нив крвно сродство, тоа го исправивме минатата година и еве последица е раѓањето на новото мече, изјави директорот.

Дури откако мајката ќе го извади мечето надвор вработените ќе видат дали е женско или машко. Но што и да е, имињата се веќе тука. Бидејќи е родено на Божиќ, ќе се вика или Бошко или Божана.


http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3530:2009-01-20-17-03-59&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3530:2009-01-20-17-03-59&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Feb-2009 at 18:39
Животните во битолската зоо снабдени со храна
ПОНЕДЕЛНИК, 02 ФЕВРУАРИ 2009 17:25

За среќа на животните во зоолошката градина, оваа година е многу богата со храна, вели директорот Калаповски. Имаат секаков вид храна благодарение на донатори или пак склучени договори.
-Со Веро да речеме, не опслужуваат и секогаш ги добиваме постарите производи и за мајмуните, тигрите, лавовите моментално 10-12 тони месо имаме и се надевам дека добро ќе поминеме, вели Пеце Калаповски, директор на Битолската зоолошка градина.

Минатата година, овој период волци ја нападнаа зоолошката градина, а беше повредени беа еден ној и пони.

-За несреќа на посетителите не можеа да го видат нојот, но за голема среќа кон крајот на 2008 добивме 4 нови ноеви и сега моментално има 5 ноеви. Нив ги подготвуваме за трката на ноеви. Она што беше критично со оградите, во 2008 извршивме санација и се надевам дека животни надвор од зоолошката градина нема да ни влезат, вели Калаповски.

Од минатогодишната трка со магариња имаа голем бенефит, но не материјален.

-Повеќе ни донесе слава, ни донесе луѓето да мислат на зоолошките градини, да мислат на животните и да ја чувствуваат како катче каде што ќе можат слободното време со своите најблиски да го поминат. Пролеттва подготвуваме часови за едукација на младата популација, вели Калаповски.

Предвидени се повеќе проекти кои треба да се реализираат во градината, но тоа нема да биде за брзо време заради решавање на статутот.

-Таа беше под Република Македонија, се надевам дека во скоро време ќе се реши статутот катастарски и тогаш ќе можеме повеќе проекти да ги продолжиме. Дотогаш ќе остане статус кво, заради решавање на правните работи, додава директорот на ЗОО.

Минатата година бројот на посетители им беше за 20-30% поголем за разлика од претходните години.


Преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3914&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3914&Itemid=106

Ме збуни човеков, што сака да каже да се реши статутот? Не може да градат не е државна повеќе, нешто со земјиштето, или? Глупости...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 03-Feb-2009 at 00:34
 
А чива е сега на градот или да не ја приватизираа? Stern%20Smile 
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Feb-2009 at 00:06
Животните на чекор до ЕУ!


Според оценките на високата делегација од групата за техничка асистенција и добросостојба на животните при Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми, со реконструктивните зафати полека се исполнуваат строгите европски правила и најави дека одлуката за нејзино интегрирање во европската асоцијација ќе ја донесат во мај


Скопската Зоолошка градина пролетва ќе ја дочека со неколку нови живеалишта и животни. При крај е изградбата на новиот дом за мајмуните, но и на автентичните живеалишта за тигри, за волци... Конечно, посетителите ќе има што да видат и да уживаат при посетата на најголемиот резерват за животни во државава. Ова го најави првиот човек на Зоолошката градина Атанас Петров, кој деновиве е домаќин на висока делегација од групата за техничка асистенција и добросостојба на животните при Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми - ЕАЗА. Претседателот Доминик Тропеанов рече дека е задоволен од напредокот во обновата на ЗОО и најави дека ЕАЗА ќе обезбеди стручна помош од експерти кои ќе ги дадат основните насоки како да се продолжат новите проекти и како да се изработат нови. Со тоа би се отвориле можностите за побрз влез во европската асоцијација.

- Пред 4 години бев во посета на ЗОО во Скопје и оттогаш до сега можам да кажам дека е направен голем напредок во смисла на реконструкција на градината за подобрување на условите за живеење на животните. Се гледа дека постои волја во менаџментот за вложување на сите капацитети во подобрување на општата состојба на градината. Доколку се продолжи со оваа динамика, се надевам дека за пет години зоолошката ќе ги достигне европските стандарди - потенцираше Тропеанов. Бидејќи скопската ЗОО не е членка на ЕАЗА, Тропеанов рече дека таа полека ги исполнува строгите европски правила и најави дека одлуката за нејзино интегрирање во европската асоцијација ќе ја донесат во мај.

- Морам да истакнам дека не е важен квантитетот туку треба да се обрне внимание на квалитетот на реконструкцијата. Не се работи само на градби, туку и на сите останати делови: известувањата, таблите, безбедноста на зоо-негувателите, на посетилите, појасни тој.
Директорот на градината рече дека во новите живеалишта ќе бидат сместени старите животни, а за оние кај што немаме ќе се набават нови.

- Во австралискиот дел ќе се донесат нови животни, нови рисеви, гибон. Моментно ЗОО е во фаза на реконструкција, на повеќе места се гради што е неминовен период којшто мора да го поминеме, но веќе има нови живеалишта кои можат да се видат. На пролет ќе има многу повеќе да се види, најави Петров.

Претставниците на ЕАЗА и Градот Скопје, викендов одржаа работилница со цел да се отвори можност за примена на европската ЗОО легислатива од страна на скопската зоолошка градина.
Проектот за реконструкција на ЗОО изработен од експерти од Нирнберг и на Москва почна пред две години кога беше изградена комплетно нова инфраструктурна мрежа.
Скопската зоолошка постои 80 години, но речиси 40 години врз неа не била извршена ниту една посериозна реконструкција.

НАЈАТРАКТИВНИОТ ЖИТЕЛ ЌЕ ОДИ НА РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА
Коко сепак ќе лета за Холанија

Најатрактивните жители на Скопската ЗОО, шимпанзото Коко, се уште е во своето старо живеалиште иако неколкупати беше најавувано дека ќе оди на ресоцијализација во Холандија. Директорот Атанас Петров вчера информираше дека тој сепак наскоро ќе се пресели.
- Терминот беше пролонгиран бидејќи се појавија некои технички, административни проблеми, но асоцијацијата која ја презеде обврската да се грижи за Коко веќе ги надмина сите проблеми така што деновиве очкуваме да се средат сите останати процедури како испитувања на крвта и слично. Ресоцијализацијата треба да трае извесен период по што очекуваме Коко да се врати во својот нов дом во Скопје, се надевам со семејство-рече Петров.

Елизабета АРСОСКА


Статијата е прочитана 38 пати.

http://vecer.com.mk/?ItemID=DCA7D46BD4C55D439B6C19C94EC96A98 - http://vecer.com.mk/?ItemID=DCA7D46BD4C55D439B6C19C94EC96A98


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Feb-2009 at 00:09
не сум бил одамна во зоолошката и не се сеќавам, дали во неа имаше животни карактеристични за македонскиот регион? знам дека имаше некои домашни Dunno


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Feb-2009 at 12:26
Зоолошка ќе процвета за пет години
Скопје
За пет години ќе заврши целата реконструкција на сите живеалишта во Зоолошката градина, со која таа треба да ги исполни високите стандарди за да заличи на современите градини и да стане членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА. Реконструкцијата трае веќе две години, а во довршувањето на градината ќе се вклучат и експертите од европската асоцијација, кои ќе ги посочат сите елементи со кои живеалиштата ќе потсетуваат на природната средина од каде што потекнуваат животните. Ова вчера беше најавено на средбата помеѓу Анастас Петров, директорот на Зоолошката градина, и Доминик Тропеано, претседателот на групата за техничка асистенција и добросостојба на животните од ЕАЗА.

- Скопската зоолошка градина не е членка на ЕАЗА, но тука сме за да дадеме техничка помош и да најдеме начин како да ја интегрираме во европската асоцијација. Последен пат бев тука пред четири години, но сега гледам дека работите одат нагоре. Направено е големо подобрување, а има и волја кај менаџерскиот тим. Во мај ќе одлучуваме како да ја вклучиме градината во асоцијацијата, а за пет години треба да се заврши целиот проект со кој таа ќе ги исполни сите стандарди за да стане наша членка. За да се постигне нивото се потребни многу пари и време, а ќе дојдат околу 15 експерти што ќе асистираат во работите. Не се работи само за изградбата на објектите и живеалиштата, туку и за грижата за животните и безбедноста на посетителите - објасни Доминик Тропеано, претседателот на групата за техничка асистенција и добросостојба на животните во ЕАЗА.

Анастас Петров, директорот на градината, истакна дека веќе се изградени некои нови живеалишта, а напролет ќе имаат што да им покажат на посетителите.

- Вклучувањето во европската асоцијација е значајно, бидејќи таму членуваат околу 350 зоолошки градини од цела Европа, а со тоа ќе добиеме стручна помош, како и размена на искуства и на животни. Изградени се нови живеалишта за тигрите, за волците, мечките, гибоните и мајмуните. Почнуваме и со нови проекти, како австралискиот дел, а очекуваме и нови животни како рисови, кенгури, ему, црн лебед и типични австралиски птици - додаде Петров.

И покрај изведувањето на градежните работи, Зоолошката располага со 400 животни од 70 вида, кои се чуваат во помали кафези. На влезот на градината е направено езерце со мост за водните животни, а се прави и река, која ќе тече низ неколку живеалишта и ќе се користи за напојување. Во план е и отворање кафетерија и игротека, за да се задржат и привлечат посетителите.

Досега се обезбедени околу 2,5 милиони евра, пари што се трошат во изградбата на градината, а за завршување на проектот ќе бидат потребни уште 1,5 милион.

Зоолошката градина се ревитализира со пари од градот, од Владата, како и од донации на разни фирми, поединци или институции.





Коко за два месеца ќе лета за Холандија

Шимпанзото Коко за два месеца ќе замине на рехабилитација во Холандија, соопшти Анастас Петров, директорот на Зоолошката градина.

Иако неговото патување беше најавувано пред неколку месеци, сепак процедурата за неговиот транспорт е сè уште во тек.

- Готови се сите сертификати за неговиот транспорт, сето тоа ни одзема време, бидејќи се работи за високи европски стандарди. Сега треба да му се извади крв, која ќе се даде на испитување и потоа ќе биде подготвен за патување - објасни тој.

Коко е болен од депресија поради осаменоста, а во холандскиот резерват треба да престојува една година
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=318&ArticleID=18193 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=318&ArticleID=18193
 


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Feb-2009 at 16:12
убаво е што го средуваат, ми требаше време да го препознаам базенчето на сликата што ако не грешам се наоѓаше при влезот, и во него имаше некакви мали желки


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Mar-2009 at 12:22

1. Ара, која ја има уште во зоолошкава откако се сеќавам за себе.



2. Мечка затворена сама во кафез, за разлика од другата (подолу на сликите) која сега има и новороденче и живее во една јама делумно исполнета со вода (зависи од временските услови), место кое првично било наменето за поларните мечки кои умреа пред 20-тина години.



3. Пак истата мечка



4. Лавот и лавицата.



5. Пак заљубената двојка.



6. Тигарот кој има и партнер (кој беше скриен внатре во моментот), и во позадина човек од Источна Македонија, не знам точно од каде, но имаше цела група од околу 50-тина деца и возрасни (+10 рандом битолчани).



7. Пак тигарот.



8. Другиот тигар, самец



9. Мечокот во таа јамата за која што ви зборував, додека мечката е внатре со малото.



10. Пак мечокот.



11. Пауни, едни од многуте птици во зоолошката, меѓу кои и четири ноја.



12. Пак пауните.



13. Избудалени мајмуни кои крадат од храна до обетки, и уринираат врз вас



14. Некој друг тип на мајмуни

Значи сè на cè ова се егзотичните животни (плус леопардот кој не го сликав, како и белоглавиот орел), а останатото се коњи, крави, диви свињи, лисици и волци, со други зборови животни од нашето поднебје. Змии немаше повеќе, последните умреле пред 3 години.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: maestro
Date Posted: 03-Mar-2009 at 21:44

Интересна фотосесија.

Сепак, на двете наши зоолошки им треба реконструкција, се надевам дека нема да се пробие рокот од 5 години за Скопската ЗОО.

Исто така, мора да се направат и повеќе активности, како на пример да има автобус кој ќе ги вози посетителите по сите животни (вакво нешто имаше до пред неколку години ако не се лажам, а сега не знам дали уште го има, ама не верувам).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2009 at 00:01
Мене воопшто не ми прави логика луѓето да се развозуваат низ зоолошка. Тоа е место каде што човек треба колку толку да се доближи до природата. Уште повеќе што нашиве не се воопшто до толку големи, за да се наметнува потреба од превоз. Ме изненади ова што викаш дека имало воведено таква работа.


Posted By: maestro
Date Posted: 04-Mar-2009 at 00:13
Originally posted by Cloverstack

Мене воопшто не ми прави логика луѓето да се развозуваат низ зоолошка. Тоа е место каде што човек треба колку толку да се доближи до природата. Уште повеќе што нашиве не се воопшто до толку големи, за да се наметнува потреба од превоз. Ме изненади ова што викаш дека имало воведено таква работа.


Па низ бледо сеќавање како да ми текнува некаде 2001/02 дека во Зоолошката имаше отворен автобус (без прозорци) кој правеше тура низ цел парк.

Е, сега не знам што бидна, не верувам дека веќе тоа се прави, особено што сега има реконструкција.

Човек треба да се доближи до природата, да, но и покрај тоа не се на одмет вакви работи.


Posted By: beTon
Date Posted: 07-Mar-2009 at 03:23

прилично оскудни адреси! најверојатно инспирацијата за покретивен пристап останала во некој од кафезите Smile

http://www.zooskopje.com.mk/en/karta.html  - www.zooskopje.com.mk/en/karta.html

http://zoo.com.mk/rabotnovreme.htm - zoo.com.mk/rabotnovreme.htm



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 13:03
Вчера ја посетив зоолошката во Скопје и работите стојат многу полошо отколку што мислев.

Не знам зошто во последниве години постојано се вртат муабети дека се работи, се донира, се посветува внимание. За толку години реално зоолошкава можеше да блеска... Но да го оставиме тоа, јас мислам дека дури и најскромните очекувања се изневерени. Интервенциите што ги видов се тотално занемарливи, а повеќето и оставени недовршени. Можам да заклучам дека убедливо и неспоредливо најголема инвестиција и трансформација за последниве години е оградата што се направи веќе прилично одамна.

Исто така со животни се стои крајно оскудно, а и тие што ги има повеќето изгледаат како да се во длабока депресија Unhappy

Жално


Патем, да спомнам дека имаше навистина многу посетители. Не знам дали е некаков бран поради разубавување на времево, ама тоа би го оквалификувал буквално како ГУЖВА.
Па штета е на таков интерес и на таков потенцијален профит, толку неодговорно да се стопанисува со зоолошката.


Posted By: beTon
Date Posted: 05-Apr-2009 at 18:29

...

Деца каменуваа лавови

Неколку младинци на возраст од 15 до 18 години вчера се забавуваа каменувајќи ги лавовите во градината. Не се плашат од никого, иако на неколку метри од нив имаше и посетители и работници со багер. Агресивните тинејџери на оградата имаа наредено дваесетина камења. Во тој дел немаше чувари, па со нив се расправаа посетителите. Откога беа опоменати, се разбегаа.

Директорот на Зоолошката, Анастас Петров, вели дека вистински проблем им се несовесните посетители што ги мачат животните, но дека немаат решение за нив, бидејќи чуварите физички не можат да постигнат да бидат на секоја педа од градината. Тој најави дека по обновата на градината ќе постават видеонадзор и верува дека камерите ќе ги одвраќаат агресивните посетители од насилство врз недолжните животни.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=A231277B8E7E124493781C276D5D3115&arc=1 - Дневник - Јорданка Ивановска - 28.02.2008

знае некој до каде се работите околу видео надзорот? не само што треба видео надзор туку треба и казни, но ова треба да биде истакнато и на самиот влез и во самата програма или флаер што претпоставувам ги делат на посетителите!?

туку кога го испраќаа Коко деновиве на ресоцијализација во Амстердам, директорот најави дека е во фаза на реализација ново живејалиште по сите европски стандарди на http://www.eaza.net - ЕАZА за примати со површина од 5000 м2 и тропска куќа, каде со коко ќе бидат донесени назад уште неколку шимпанза од центарот Алмера...

„На сите во градината ни е жал што заминува, но знаеме дека таму ќе му биде подобро. Инаку, на големо се подготвуваме за правење на живеалиште за мајмуни по светски стандарди и се надеваме дека во скоро време ќе донесеме цело семејство на шимпанза“, додаде Петров. [ http://www.exclusive.com.mk/article_item.asp?artid=14463 - 1 ]

- ЕАЗА, ААП и скопската Зоолошка градина се договорија да работат на создавање услови за вдомување на големи примати во скопската ЗОО градина. Идното живеалиште на шимпанзата треба да биде изградено така да ги задоволува постоечките стандарди за одговорно зоо чување на овој вид животни. За овие шимпанза ќе биде поставен протокол за животинска грижа. Во зависност од тоа колку ќе биде успешна ресоцијализацијата на Коко, постои можност тој да се врати и да се вклопи во новиот проект на скопската зоолошка градина задно со група шимпанза – истакна Баарс.  

...

Тој додаде дека идните планови на скопската Зоолошка градина се изградба на карантин и тропска куќа во која ќе има посебен дел за шимпанза, внатрешен и надворешен. Баарс нагласи дека скопската ЗОО градина има три цели: подобрување на Зоолошката, подобрување на услугите за посетителите и подобрување на квалитетот на вработените. Во моментов се врши обука на кадарот за новите стандардизирани начини на исхрана, вакцинирање, безбедност, прочистување на животните од паразити итн. Главната цел е скопската Зоолошка градина да се направи финансиски независна и преку целосната реконструкција на живеалиштата, збогатувањето на содржините и на животинските видови да се зголеми и бројот на посетители од 100.000 оваа година, на 150.000 идната година.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1476&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - [1] - 28.11.2007

     



Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-May-2009 at 15:51
Зоолошката се обновува, треба да се обнови и свеста на посетителите
Скопје
Валкањето на кафезите и тортурите што животните секојдневно ги доживуваат од посетителите на Зоолошката градина ќе завршат со нејзиното реновирање, најавуваат од управата. Во сегашните стари живеалишта жителите на градината постојано се гаѓани со пластични шишиња или со капачиња, со ќесиња од грицки и со друг отпад. Со реновирањето на градината, односно со изградбата на новите кафези и живеалишта, посетителите ќе немаат никаков пристап до животните.

Планирано е градината да биде направена како и зоолошките во големите европски градови, но за да опстои на тој начин, ќе треба и посетителите да се научат да живеат и да се однесуваат според европските правила. Тие нема да смеат да им се доближуваат на животните, да им тропаат во кафезите, а уште помалку да влегуваат во нивните живеалишта.

СЕ ПРЕКРШУВААТ СИТЕ ПРАВИЛА

Во изминатиов месец градината има сè повеќе посетители. Всушност, овој период од годината таа е најатрактивна за скопјани и за гостите од други градови. Поради тоа чести беа сликите кога деца, но и возрасни, влегуваат во езерцата за да ги бркаат патките и гуските, се протнуваат низ оградата кај срните и кај коњите, тропаат на стаклата кај мајмуните, ја прескокнуваат оградата каде што стои знак дека е забрането да се премине и фрлаат грицки во кафезите и покрај предупредувањата дека животните не смее да се хранат. Од градината велат дека нивното обезбедување не може да направи ништо во овие случаи, бидејќи има многу посетители, а премалку чувари за да може да внимаваат на секој кафез или на секој човек.

- За да се заштитат сите животни, потребна е цела армија. Негувателите на животните не можат да постигнат да бидат секаде присутни. Свесни сме за ситуацијата, но засега немаме начин да ја подобриме. Сето тоа ќе се смени со новите живеалишта. Тогаш сè ќе биде поинаку, бидејќи кафезите ќе бидат непристапни за луѓето и нема да се повторуваат овие случувања. Работиме најбрзо што можеме за да ги подобриме условите за живот на животните. Фрлањето отпад во кафезите навистина би можело да биде опасно - вели Анастас Петров, директорот на градината.

ДАЛИ СКОПЈЕ ЈА ЗАСЛУЖУВА ГРАДИНАТА?

Однесувањето на дел посетители предизвикува реакции кај другите, што дошле само да ги гледаат животните и да поминат еден убав ден подобро запознавајќи го живиот свет. Некои велат дека Скопје не треба да има зоолошка градина, барем додека скопјани не научат како да се однесуваат во неа.

- Градот не заслужува да има ваква градина. Не поради условите за живот на животните, кои сепак не се најдобри, туку поради несовесните посетители, кои им го прават престојот уште понеподнослив. Не е страшно кога ќе видите како мали деца се прекачуваат зад заштитната ограда од кафезите на лавовите и тигрите за да ги видат одблизу. Не е лошо ниту тоа што на мали деца прво нешто што им доаѓа на памет кога ќе дојдат до кафезите на мајмуните е да почнат да им тропаат по стаклата или пак да фрлаат смоки кон нив. Најлошо во целата таа ситуација е тоа што родителите наместо да ги искараат и да им кажат дека така не треба да се прави, тие од зад нив аплаудираат на таквото однесување - кажа Драган Гоцевски, посетител на Зоолошката градина.

Некои од луѓето во градот, пак, велат дека се откажале од одењето во Зоолошката градина затоа што не можеле да ги поднесуваат лошите услови за живот на животните и однесувањето на некои посетители.

- Зоолошката градина личи на губилиште. Посетителите јадат, пијат, вршат нужда каде ќе стигнат, како тие да се од планина симнати, а не животните. Јас последен пат бев пред три години кога бев сведок како родител со дете во рацете ги мава волците со камења чисто заради забава, луѓе како пикникуваат на трева со јадење и пиење, сите да може да ги видат, и дечишта што буквално ја полеваа мечката со сок и се кикотеа, а таа, пак, како прегладнета скокаше по секоја грицка што ќе и ја фрлеа. Едноставно некои од посетителите немаат никаква култура и не заслужуваат да влезат во градината. Решение е само редарска служба и огромни парични казни за несовесните луѓе - истакна скопјанецот Петар Стојановски.

Така размислуваат некои посовесни граѓани. Но тие чии деца ги прекршуваа сите правила во градината не се согласуваат со овие ставови. Нивното најчесто објаснување е дека животните биле донесени во Зоолошката градина за да ги забавуваат луѓето, па затоа немало ништо лошо во тоа што децата си играле со нив или тропале по нивните кафези.




Се подготвува проектот за кафезот на Коко

Директорот на Зоолошката градина, Анастас Петров, вели дека Коко е моментално во карантин во резерватот во Холандија, но дека наскоро треба да почне неговата ресоцијализација.

- Често се слушаме со луѓето што внимаваат на Коко. Тие велат дека тој добро се аклиматизирал. Ние сега треба да го исполниме нашиот дел од договорот, односно да почнеме со изградба на живеалиште за шимпанза, каде што би живееле некои од шимпанзата што ќе бидат испратени од центарот за рехабилитација. Проектот се подготвува и наскоро би требало да почне изградбата - најавува Петров.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=402&ArticleID=25360


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-May-2009 at 15:57
Од каде тој фашистичко-дилетантско-варварски порив да се изживљава "човек" врз животни кои се затворени во кафез. Затнување на пукнатините од минатото исплонети со искомплексираност не се право во зоолошка врз животните! Стварно неможам да сконтам што им се врти низ глава на "луѓето" што го прават тоа?! Им се дига ли (и таквото и адреналинот),Dunno што е работава?!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2009 at 16:04
не дека има врска со нишкава ама овие простаци се кладам дека се истите што го користат поимот „провинцијалци“ за сите оние што не се прости како нив навистина е тажно што има вакви искомплексирани малограѓани што си мислат дека животните биле таму за да ги забавуваат... дај најдете некое смајли со човече што се крсти мислам дека ќе го користиме доволно


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 26-May-2009 at 16:06
бесот насобран низ годините луѓе го канализираат со истурање врз се што е беспомошно, односно доколку се во позиција на недопирливи а можат да стегаат чивии, тоа го прават од се срце, можеби и некој од љубопитност да проба такво нешто но мислам дека таквите случаи се ретки во однос на исфрустрираните насилници...
 
инаку пуштиго во природа т.е. во четири очи некој ваков недораснат да и крши клечки пример на мечка, па и на мајмун, сигурно дека десет пати ќе размисли пред нешто да стори. има можеби нешто и причина во преголемата доверба на стопанот кон редарите и гостите, но тоа може да се среди исклучиво преку превенција дали со камери или специјализирани живеалишта за експонатите Smile  


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2009 at 17:10
мислам дека е смешно во секој случај што „со новите кафези нема да може да им се приближуваат на животните“. тажно е што воопшто ќе има кафези, животните треба да си живеат во нешто налик на нивниот хабитат (пример ограден простор 20x20) , а лавот во кафез 3х3 дефинитивно не е нешто паметно. џабе реновација, џабе сè. 

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-May-2009 at 18:16
Нема потреба од никакви софистицирани системи за набљудување, кои и да се постават нема да се користат. Има потреба од доследна редарска служба која прво ќе млати и после ќе казнува несовесни и исфрустрирани граѓани! И Гитар, значи нема прилика да не ги нападнеш скопјаните како викале на сите Провинцијалци итн., а всушност самите биле најдиви. Те молам воздржи се од такви дегутантни и сосема непотребни изјави...Нема провинцијалци и главно-градци, има културни и некултурни луѓе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jun-2009 at 09:18

Зоолошката во Битола плаче за реконструкција

n Кафезите се стари и руинирани, а хигиената на ниско ниво зашто градината нема ни канализациска ни водоводна мрежа

Битолската зоолошка градина стара половина век ќе се најде под клуч ако наскоро не се преземат посериозни зафати за нејзино осовременување. Таа не ги задоволува европските стандарди, бидејќи условите во неа одговараат само за одгледување домашни животни.

- Кафезите се стари повеќе од 50 години. Лани делегација од Асоцијацијата на европски зоолошки градини ги разгледа кафезите и оцени дека не одговараат на потребните стандарди и дека треба да се изградат нови. Просторот треба да биде многу поголем - објаснува Марика Димитриевска, вработена во установата. Најголем проблем е неповрзаноста на зоолошката со градска канализациска мрежа. Поради ова постои потенцијална опасност од ширење зарази.  Канализација воопшто немаме. Имаше канали, кои се стари и искршени. Отпадните води течат пред кафезите и смрди секаде. Зоолошката градина не е влезена во урбанистичкиот план на градот. Имавме поставено водоводна мрежа ама цевките се оштетија од ниските температури. Сега наводнуваме со црева - додава Димитриевска.

Министерството за култура годишно испраќа по 7 милиони денари за плати, трошоци и тековно одржување на Зоолошката. Општина Битола лани помогнала само со 100.000 денари. Овие пари не се доволни за поголеми реконструкциски зафати. Но, и покрај ваквите проблеми, директорот Пеце Калаповски со својата креативност и посветеност кон работата успева да ја разубави градината. Го зголеми животинскиот фонд, направи нови кафези за птиците, ги отстрани отпадоците од животинско потекло, спроведе дератизација. Почна и реконструкција на старата управна зграда, зашто сегашната во која се вработените, порано била кафез. Негова нова идеја е тука да ја направи единствената гробница на Балканот за домашни миленичиња. За спас на Зоолошката градина гласот го кренаа и битолските средношколци, кои вчера продефилираа низ Широк сокак облечени во костими на животни. Проектот на Локалната младинска иницијатива се одвиваше под мотото „Посети ме, спаси ме“ .  Младите апелираат до надлежните, до граѓаните и до бизнис-заедницата да ја искажат својата хуманост, купувајќи влезници или донирајќи пари за да ги подобрат условите во Зоолошката - вели Катерина Калешковска, координаторка на проектот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0BA158F010A8AB46B349B4368A71D1D7


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jun-2009 at 14:26
Баш се совпадна со ова:

За подобра зоолошка градина
Петок, 19 Јуни 2009 17:38
ZOO%20003Посети ме, спаси ме. Вака битолските средношколци се обудуваат да ја анимираат јавноста и одговорните инститцуии да направат нешто повеќе за зоолошката градина во Битола на која неопходен му е спас од состојбата во која се наоѓа.


„ Е национален проект кој се реализира во четиринаесет градови низ Македонија во соработка на Младинскиот културен центар со Младинскиот образовен форум, поддржан од фондацијата Институт отворено општество Македонија. Се реализира реков во четиринаесет градови, имплементатор во Битола е МКЦ, значи правиме, реализираме настан практично во врска со проблемите кои што се од локално значење кај нас во нашиот град. Овој пат тоа го правиме за зоолошката градина, значи ова е трет настан што го прават самите средношколци, тоа се членови од сите средни училишта" вели Катерина Калешковска одговорна за овој проект во МКЦ.ZOO%20001

Младината вели дека зоолошката градина била во лоша состојба, животните биле запоставени и недоволно нахранети, живеат во дотраени кафези во кои хигиената е на ниско ниво.

„ Овој пат решивме да му помогнеме на зоолошката градина. Ние младите сметаме дека зоолошката градина е во многу очајна состојба, така што Битола заслужува подобра зоолошка градина и ние покренавме една иницијатива до граѓаните да ја посетуваат повеќе зоолошката, со тоа ќе ја помогнат и финансиски и таа ќе биде побогата оти така ќе можат да набавуваат многу поегзотични животни" вели Марија Мерковска средношколка од Битола.


Младите сакат да апелираат до сите релевантни фактори, но и до граѓаните и бизнис заедницата да ја искажат својата хуманост, купувајќи влезници или донирајќи средства, во извесна мера да придонесат за подобрување на условите во зоолошката градина.ZOO%20004


„ Најинтересно е тоа што можам да му помогнам, да дадам свој придонес во развивањето на зоолошката градина значи затоа би партил апел до сите кои се во можност финансиски или како и да е да помогнат бидејќи сегашната состојба на зоолошката градина е многу лоша. Нормално нема ниту едно интересно егзитично животинче, мислам тоа не е нормално но во Македонија е така. Треба да му се помогне и јас сум за враќање на возот Мечо до зоолошката" вели Иво Ивановски средношколец од Битола.


Проектот Локална младинска иницијатива е партнерски проект на МКЦ Битола со Младинскиот образовен форум од Скопје. Претходно беа реализирани две слични акции на младите од градот за спортската сала во долната гимназија и еколошката акција Корпа во акција.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9184:2009-06-19-21-39-47&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9184:2009-06-19-21-39-47&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jun-2009 at 14:31
И сега морам да искоментирам: не исполнува европски услови. Прво во државата ништо не исполнува европски услови, ни знамињата на ЕУ што ги вееме не се по евро-стандарди Stern%20Smile Ама сериозно, зоолошкава не исполнува ни зулу стандарди. А најинтересно од сè, има една карабина на сред зоолошка, значи на најнелогичната локација, и таму се гради нова канцеларија за директорот (веќе 10 години, ама ај). Е сега кога бев во зоолошката, мислам го имам постирано и погоре, ја прашав тетката таму, и ми рече дека директорот доаѓал еднаш месецот за некакви папири да потпишат за да си ја земел платата (заедно со вработените). И после? Единствена светла страна е што фирмата Монтинг (или ФОД, не ми текнува) изгради/донира нов кафез за орлите. 5х5 и ~8m висок, ама подобро од кафезите 2x2 и високи 2 метра... Инаку, имало на времето белоглав орел (уште го памтам), имало бели мечки и други чудни работи.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jun-2009 at 17:44
Битолската ЗОО не ги исполнува европските стандарди
Четврток, 25 Јуни 2009 17:51
MAJA%20zoo%201Битолската зоолошка градина во моментот не ги исполнува европските стандарди што треба да ги има една зоолошка градина. Но затоа директорот и вработените последните години вложуваат напори да им овозможат добри услови за живот на животните, да се надминат сите проблеми и пречки за битолската зоолошка да стане дел од Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми. Пред година и половина ги посети претставник од оваа асоцијација.

-Пред четири години кога дојдов како директор стекнав писма каде ЗОО требаше да се затвори и за репродукцијата и за стандардите. Се надевам дека сите овие години направивме нешто да не се затвори и конечно да дојдат и да не примат во ЕАЗА. Се уште некои проекти треба да се завршат, во иднина треба да се променат статутарно работите, вели директорот на битолската зоолошка градина, Пеце Калаповски.

Но не е само битолската зоолошка која не ги исполнува стандардите.MAJA%20zoo%20kalap

-Туку и скопската. Минатите 3-4 години над 2 милиони евра се вложија во скопската и се уште нема стандарди. Битолската е помала во простор, 2,2 хектари и многу побрзо би може да дојде до тие стандарди. Ние се трудиме да ги промениме стандардите, во иднина тежнееме кон тоа. Се надевам дека влегувањето во Европската асоцијација значи стандард, не можеме да ги исполниме зашто не можеме да конкурираме на проекти, а тоа би го сториле наскоро со велгување во катастарската парцела. Постојат различни фондови кои можат да се добијат, Министерството за култура е спремно да помогне, но тие проекти треба да бидат издржани на ниво на Европската асоцијација. За да бидат, треба ЗОО повеќе да не е објект на диво, вели Калаповски.

Членките на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми мора да почитуваат одредени политики кои се однесуваат на заштита на животните и обезбедување на услови за живеење. Мора да ја почитуваат и Директивата на Европската Унија за зоолошките градини која беше донесна во 1999 MAJA%20zoo%203година, а требаше да се имплементира од земјите членки на Европската Унија. Целта на директивата е да го заштити дивиот животински свет и да го зачува биодиверзитетот, го спречува и правење профит со вршење тортура на животните. Зоолочките мора да обезбедат живеалишта на животните кои ги задоволуваат нивните биолошки потреби каде мора да се запазат и најмалите детали, едуцирање на посетителите за видовите, попис на животните во зоолошките и учество во истражувања и проекти за зачувување на видовите, репродукција и запознавање со новите видови. Согласно Директивата се врши и мониторинг колку од ова е имплементирано во националното законодавство. Во Македонија има закон во 2007 година за заштита и благосостојба кој се однесува на сите животни, домашни и диви, меѓу кои и животните во зоолошките градини.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9443&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9443&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2009 at 02:25

Дали битолската Зоолошка ќе стане европски парк?

Повеќе европски асоцијации апелираа да се стави клуч на Зоолошката

БИТОЛА - Ќе стане ли Зоолошката градина во Битола европски зоо парк. Оваа установа која со децентрализацијата стана чедо на општината не располага со финансии за обновување. Сепак Министерството за култура отвори можност раководството на паркот со проект да аплицира за обновување на најмалата зоолошка во Европа.

Паркот под Тумбе кафе што се простира на скромни 2,21 хектари е грда слика за посетителите наместо бисер и гордост за битолчани. Таму и по педесет години од отворањето на паркот сликата не се менува. Единствено се намалува бројот на животните, а речиси и да нема од оние егзотичните. Животните се сместени во кафези со ниски стандарди. Тоа беше причина за строгите реакции на европски асоцијации кои апелираа да се стави клуч на зоолошката.

„За 2009 од Министерството за култура се одобрени седум милиони денари за зоолошката во Битола, како за плати, така за материјални трошоци и за тековно одржување на објектите. Но не се доволни за поголеми зафати“, вели Марика Димитриевска од раководството на Зоолошката градина во Битола.

Таа додава дека кафезите се многу стари и дека воопшто не одговараат на европските стандарди. Димитровска потсети дека лани била дојдена делегација од Европска асоцијација за Зоолошки градини и паркови. „Ги видоа кафезите и кажаа дека не одговараат на стандардите на Европа и дека треба да се градат нови. Не да се обновуваат постојните, туку се' она што е испустено да се замени со ново“, нагласи Димитриевска.

Најгорливиот проблем на Зоолошката е нерешената инфраструктура. Со тоа се зголемува опасноста од ширење на заразни болести и зиинози, не само меѓу вработените, туку и меѓу посетителите и населението од околните населби. Водата што се користи за чистење на кафезите наместо во канали се впива во земјата, а реата што се шири во жешките денови станува неподнослива.

„Канализација нема од формирањето на зоолошката пред пет децении. Имаше само некои канали направени со плочи. Сето тоа сега е старо, искршено и затнато. Водовод имавме, но цевките испукаа кога ги монтиравме бидејќи подолго време беа изложени на атмосферски влијанија. И пак немаме вода, се служиме со црева“, се жалат вработените.

Напластените проблеми единствено можат да се надминат со обнова на зоолошката за што треба да инвестира општината или државата. „На пример, проектот за канализација што го достави ЈП ‘Нискоградба‘ уште пред 10 години чинеше 100.000 евра. Тој зафат може да го покрие само општината. Ние сме културна установа, под ингеренции на општината“, нагласува Димитриевска.

Менаџерскиот тим на битолската зоолошка градина, со повеќе мерки и активности, одлучи да ја ребрендира оваа јавна установа и да ја направи атрактивна и попривлечна за посетителите, но и за донатори. Раководството на градината има куп проекти. Се планира научно образовен центар за заштита на флората и фауната, живеалиште за егзотични птици, воведување на туристички зоо автобус за транспорт на посетителите. А еден од најамбициозните проекти е да се направат гробишта за домашни миленичиња токму во паркот што би биле можеби единствени на Балканот.

„Нашата амбициозна програма, прифатена од Советот на општина Битола, предвидува ставање во функција на забавниот парк чија платформа од 500 квадратни метри е веќе изработена за да може непречено да се изведува куклен театар“, вели директорот Пецо Калаповски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1329881A9709E248819BA78547767C04


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 15:53
ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДИНАТА
Скопјани сакаат зоолошка по светски терк

Нови живеалишта за тигарот и за гибонот, нова водоводна и канализациска мрежа, изградени нови тоалети и ветеринарна амбуланта за лекување на животните, се само дел од реализираните активности од проектот за целосна реконструкција на Скопската зоолошка градина. Надлежните велат дека затоа што обновата на зоолошката градина е посебен и сложен процес, и затоа што треба да се изградат специфични живеалишта што се изведуваат во согласност со посебни стандарди определени од европската асоцијација за зоолошки градини и за аквариуми, целата постапка оди етапно. Откако целиот проектот комплетно ќе се заврши, како што велат, Скопје ќе добие зоолошка градина по сите светски стандарди, а животните што ќе бидат сместени во неа ќе имаат многу подобри услови за живеење од сегашните. - Како дел од активностите за реконструкција на зоолошката градина, деновиве ќе се распише јавна набавка за изработка на проект за африканската савана. Покрај тоа, се изработува и техничката документација за конкретизирање јавни набавки за повеќе живеалишта во зоолошката градина. Дополнителна активност е и изработката на идејни решенија за тропската куќа, а во следната фаза од реализацијата на овој проект ќе бидат распишани и тендери за изработка на изведбени проекти - најавуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Во моментов се работи и на проекти за заокружување на комплетната инфраструктура, како што се електроинсталациите, видеонадзорот, а се преиспитува можноста и за искористување на соларната енергија. За активностите што се предвидени за оваа година, од градскиот буџет има издвоено три милиони денари за проектирање и осум милиони денари за изградба на живеалишта и на инфраструктура во градината. Со реновирањето на зоолошката градина, кое почна минатата година, е предвидено тигрите, мајмуните, рисот и лавовите, како и белоглавите орли, да добијат комплетно нови живеалишта. Белоглавите орли ќе бидат сместени во волиера, која ќе биде висока 16 метри, широка 25 метри и долга некаде околу 20 метри. Моментно во Скопската зоолошка градина има осумнаесет белоглави орли, кои во природата се загрозен вид и нивниот број секојдневно драстично се намалува. Во австралискиот оддел, пак, се планира да живеат животните што се карактеристични за тој континент. Живеалиштето ќе се простира на површина од 1.500 квадратни метри, а во него ќе живеат кенгури, ему птици, црн лебед и птици лорикид. Во самото живеалиште ќе има и базен, ќе се засадат дрвја и ќе се монтираат две куќички, од кои во едната ќе живеат кенгурите а во другара ќе живеат птиците. Живеалиштето на гибонот ќе биде во вид на куќарка што ќе биде сместена веднаш до езерцето. Во водната површина, пак, ќе бидат поставени вештачки дрвца поврзани со јажиња, за гибонот од куќарката да може полесно да дојде до островчето во самото езерце. Според процените, целосната реконструкција на зоолошката градина би чинела некаде околу три милиони евра. Градината се простира на површина од 97.000 квадратни метри и располага со 503 животни, од кои 261 птица од 36 вида, 42 различни видови цицачи или вкупно 226 животни, како и 16 влечуги од осум вида.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123831


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Dec-2009 at 03:15
Возот ,,Мечо“ наскоро повторно низ Битола
СРЕДА, 09 ДЕКЕМВРИ 2009 18:32



Со донесувањето на деталниот урбанистички план за зоолошката градина, се елиминира идејата за нејзина дислокација. Наместо тоа, расположливиот простор максимално ќе се искористува и збогатува во согласност со акциониот план на зоолошката за периодот од 2009 до 2014 година. Сега и општинскиот буџет ќе ги поддржува проектите:



,, Ќе се оди прво на дотерување на зоолошката и тоа партерно, ќе има нови два детски паркови и мал дизниленд, вели Пеце Калаповски, директор на ЗОО

Зоолошката градина во следните 5 години треба да доживее преродба која ја немала од нејзиното основање во 50 тите години. Покрај заштитата на животните, зоолошката градина ќе добие мултифункционална улога: ќе има забавен парк, терариуми, аквариуми, а ќе се гради и кафез за егзотични птици. Зимата веќе не е опасност за постоечките животни кои ги има во се поголем број:



,,Можам да се пофалам дека имавме поволна година во однос на репродукцијата, а имаме и доста храна за зимскиот период, вели Пеце Калаповски, директор на ЗОО

Повеќе од една година се работи на проект за повторно враќање на возот Мечо во Битола, која атракција исчезна пред повеќе од 10 години. Се разгледуваа повеќе опции:

,,Пеце Калаповски, директор на ЗОО



Последното решение е да се набави нов воз кој нема да биде само на зоолошката градина туку на целиот град, а со тоа и битолчани, но и гостите да можат на еден несекојдневен начин да уживаат во убавините на нашиот град.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=15337:2009-12-09-17-34-53&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - Тера Телевизија

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2009 at 21:14
Неколку многу убави најави... да стегаме палци:

Стакло и струја ги штитат животните во Зоолошката градина

Најдоцна за еден месец градината ќе добие триесетина нови станари, кенгури, антилопи, којоти...

Деспина Трајковска


Заштитни двојни огради, од кои едниот дел е струен, нови триесетина животни, ветеринарна амбуланта и едукативен центар за ученици и разгледување со вовче, се само дел од приоритетите на чија интензивна реализација неодамна работи именуваниот директор на Зоолошката градина, Дане Кузмановски. Иако е свесен дека во градината допрва треба да се преземаат големи чекори за да достигне достојно ниво, убеден е дека ентузијазмот и контактите кои веќе ги остварил со градините од регионот, во голема мера ќе му помогнат во реализација на идеите.

Заштитните огради веќе почнале да се монтираат на новоизградените живеалишта, како и на оние што се во финална фаза на изработка. Целта на оградите првенствено е да се загарантира безбедноста на животните, но и на посетителите, а бенефитите, како што вели Кузмановски, веќе се видливи.

„Едниот дел од двојната ограда е приклучен на струјно коло, така што сега е неизводливо некој несовесен посетител, на пример, да протнува шипки и да ги малтретира животните. Истовремено, некои од оградите се изведени и во комбинација со стакло, со што е оневозможено фрлање храна во живеалиштата, така што сега животните се речиси 100 отсто обезбедени од несовесни посетители кои во неколку наврати изминативе години предизвикаа несакани последици“, вели Кузмановски.

Среќен е што за кусо време откако е на функцијата обезбедил контакти со неколку ЗОО од регионов и пошироко, со кои веќе договорил збогатување на животинскиот фонд за нашата градина. Имено, најдоцна до јануари по дваесетина години Зоолошката ќе добие два кенгура, три антилопи, четири којоти, три ракуни, две зебри, пар црни лебеди, бел питон, пирани...Дел од животните ќе бидат донација од загрепската и од белградската ЗОО, од градината од Љубљана, како и од зоолошките градини од Белгија и од Холандија. Сите тие животни ќе се вселат во комплетно нови или адаптирани живеалишта. Во тој период Кузмановски очекува да завршат и постапките за избор на изведувач за изградба на живеалишта за лисици и ракуни, за мечки, за жирафа и слон, мал алигатор и пирани, кои иако се' уште ги нема во градината, директорот е во преговори за нивно обезбедување.

Паралелно со овие активности, новата „постава“ на ЗОО работи и на реализација на проектот за изградба на ветеринарна амбуланта за интерна употреба на градината како и изградба на едукативен центар. Се очекува и двата објекта да бидат комплетно изградени и функционални за помалку од половина година. Инаку, веќе завршено е живеалиштето за волците, во кое животните се веќе преселени, а привршува адаптацијата на живеалиштето за пауните и кокошките, како и на тоа за белоглавите орли.

„Практично, со овие живеалишта десниот дел од градината, гледано од влезот, ќе добие речиси 70 отсто ново руво, по што ќе се префрлиме на обнова на останатиот дел од градината“, додава Кузмановски и тврди дека само навидум животните во овие зимски услови се прегладнети и незатоплени. Вели дека веќе се применува зимскиот режим за живот и исхрана на сите станари во ЗОО и дека неодамна направените здравствени проверки потврдуваат дека животните се во добра здравствена кондиција.

Инаку, засега нема најави дека шимпанзото Коко, кој е на рехабилитација во Холандија, наскоро ќе се дружи со скопјани. Тој е одлично приспособен во новиот дом, иако се' уште не му е најдена партнерка и потребен му е уште извесен период на рехабилитација.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6031FA79322F254693D1115CF55E302C


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 24-Dec-2009 at 00:29
ХОЛАНДСКИТЕ ЗООЛОЗИ ОДЛУЧИЈА

Коко не ви го враќаме оти зоолошката ви е мизерија

Директорот на ЗОО Дане Кузмановски призна дека по препорака на стручњаците,Коко не се враќа во скопската градина, но затоа на негово место ќе се донесат два нови мајмуна-ѓибона

Шимпанзото Коко не се враќа во Скопје,оти во нашата зоолошка градина нема услови да преживее. За мајмунот кој во април годинава беше однесен во Холандија да се лекува од депресија, тамошните стручњаци препорачале дека е најдобро да остане кај нив,оти тука нема партнер за него.Освен тоа, холандските зоолози процениле и дека во Скопје Коко ќе нема основни услови за опстанок.
Првичните планови беа Коко да престојува во престижната Институција за ресоцијализација на шимпанза Алмере само една година, и потоа да се врати во Македонија.
Директорот на ЗОО Дане Кузмановски призна дека холандските зоолози нема да ни го вратат мајмунот.
"За жал Коко веќе нема да го видиме во Скопје. Тој е психички депримиран и во Холандија се ресоцијализира. Тој требаше по третманот да се врати и да се социјализира со другите мамуни но, холандските експерти заклучили дека тоа во скопската зоолошка е невозможно бидејќи условите биле мизерни", вели Кузмановски.
Живеалиштето на Коко кое требаше да се обнови додека тој се лекува во странство сега ќе се пополни со два нови ѓибона. Директорот се пофали дека во јануари догодина мајмунарата во која сега живеат шест мајмуни за прв пат ќе се поднови со ваква раса на мајмуни, кои според него ќе ги воодушеват постителите на градината.
Шимпанзото Коко пролетта замина на социјализација во Холандија. Тамошните зоолози треба да му помогнат на Коко да се ресоцијализара со поголема група шимпанза.
Во холандскиот институт престојуваат шимпанза од целиот свет, кои живееле во лоши услови.
Коко има 13 години и роден е во Скопската зоолошка градина. Кусо време по неговото раѓање мајка му починала од туберкулоза. Оттогаш Коко живее сам и поради осаменоста според зоолозите паднал во депресија. Депресијата ја покажуваше со тоа што си ги кубеше влакната на телото. Додека не замина во Холандија Коко немаше видено ниту една единка од неговиот вид.

ЗОО ќе добие 30 нови животни

Зоолошката градина во Скопје на крајот на јануари следната година ќе добие 30 нови животни. Според најавите на директорот Дане Кузмановски до следниот март скопската зоолошка ќе се обнови комплет.
"Од јануари до мај 2010 очекуваме во градината ќе донесам два нилски коња, неколку вида антилопи, волци, пауни, папагали, два кенгура, зебри, рисови и уште многу други нови животни. Очекувам дека зоолошката за кратко време ќе ги достигне стандардите на европските градини", рече Кузмановски.

(М.Ѓ.)


http://vest.com.mk/?ItemID=BC2C15F8CC5C3440B837F0C36150999D


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Feb-2010 at 14:02
ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ЌЕ СЕ ПОДНОВИ
Пристигнуваат нови животни

Скопската Зоолошка градина деновиве ќе добие десетина нови животни, меѓу кои два риса и еден лав, кои ќе бидат сместени во новоизградените или веќе реконструирани живеалишта. Директорот на Зоолошката градина, Дане Кузмановски, не сакаше да открие од каде ќе бидат донесени животните, но, како што рече, тие со сигурност ќе пристигнат. Подновувањето на градината се случува со задоцнување од неколку недели затоа што, според надлежните, временските услови, односно невремето што ја зафати Европа било причина за одложување на транспортот на животните во Скопје. Првично беше најавено дека околу 30 животни ќе пристигнат во градината до крајот на минатиот месец. Тогаш се најавуваше дека од Загреб ќе бидат донесени три гнуа, три азиски антилопи, еден црн лебед и две зебри. Од Љубљана, пак, требаше да пристигнат два кенгура, од Белгија два мајмуна од расата гибон, а од Франција четири риса. Три мајмуни од видот лемори, кои се карактеризираат со прстенести опашки, требаше да пристигнат од Холандија, а од Србија четири волци, три којота, една лавица носител на бели гени, еден црн лебед, како и еден албино питон. Освен овие животни, од Зоолошката градина потенцираат дека во моментот се во преговори со Зоолошката градина од Белгија за донација на новородени фоки. 

Е.М.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1944&ArticleID=133936


Posted By: leonid23
Date Posted: 16-Feb-2010 at 06:49
Пред еден месец бев во зоолошката во Скопје , жално е да се гледа како се мачат овие животни ! Одржувањето на хигиената на живеалиѓтата е на најниско ниво ! А некој за сето тоа треба да сноси дебела одговорност!


Posted By: leonid23
Date Posted: 24-Feb-2010 at 02:06

Зоолошката преговара за поларни мечки

Во градината од неодамна има 17 нови жители, меѓу кои волци, којоти, питон и лав, а наскоро ќе пристигнат кенгури, зебри и мајмуни

Зоолошката градина од неодамна има 17 нови жители - четири волци, четири којоти, лав, игуана, питон, црн лебед, три ракуни и два риса. Во наредните два месеца треба да пристигнат уште 22 животни, меѓу кои и два кенгура. Директорот на Зоолошката, Дане Кузмановски, кој раководи со неа од ноември, има амбициозни планови во градината да донесе поларни мечки и слон и веќе подготвува проекти за нивните живеалишта.

Двата риса се донесени од Франција, а другите животни се од Белград. Животните се набавени бесплатно, врз основа на соработка меѓу зоолошките градини, а платени се само трошоците за транспортот.

- Следната недела треба да дојде уште еден рис од Франција, а понатаму очекуваме две зебри од Бриони, потоа четири гнуа (вид на говеда), три антилопи и еден црн лебед. Исто така, на крајот на март треба да пристигнат и два кенгури од љубљанската зоолошка градина и седум мајмуни од видот лемур од Холандија. Во април очекуваме два мајмуна од видот гибон од Белгија. Настојуваме да донесеме животни во пар за да имаме подмладок и да имаме што да им понудиме на градините со кои соработуваме - вели Кузмановски.
Тој додава дека преговара да се донесат и поларни мечки од Канада, пар тигри од Португалија, повеќе видови птици од Белград, како и жирафа и слон. Жирафата и слонот се очекуваат во октомври, а неофицијално, покровител за изградба на нивните живеалишта ќе биде скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

- Ако не успееме да ги донесеме поларните мечки од Канада, тогаш во предвидените живеалишта, кои лесно може да се приспособат, ќе бидат сместени морските лавови или фоки - вели Кузмановски.

Додека траат преговорите за нови животни, во тек е изградбата на некои живеалишта, во рамките на проектот за реконструкција. Новите домови за волците, којотите и за лисиците, како и за гибоните и кенгурите, се комплетно завршени, а во завршна фаза се и живеалиштата за прстенестите мајмуни и јагуарите. Живелиштата за лавовите и за тигрицата треба да бидат готови до 15 март, кога ќе бидат пуштени во употреба.

Во почетна фаза е изградбата на ново живеалиште на нилскиот коњ, кое ќе има внатрешен базен и надворешно езеро. Старото живеалиште ќе се урне, а на негово место ќе се направи дом за антилопи од видот еланд. Деновиве почна и изградбата на живелиштата за лисиците и за трите ракуни. Нови живеалиштата ќе добијат и мечките, со базени и ограда од камен, како и срните, елените, ламите, козите, магарињата и птиците.

Кузмановски вели дека овие живеалишта се градат со донација од Владата, но не сакаше да каже за колкава сума станува збор, поради постапките за избор на изведувачи.

Аквариум и мини-зоолошка за децата

Во Зоолошката градина ќе се гради и аквариум во делот што служеше за пингвини. Сега се изработува проектот.

- Овој дел, бидејќи беше тежок за одржување, ќе се пренамени во аквариум. Еден дел ќе биде мини-зоолошка градина со срни, јагниња и коњчиња, кои децата ќе може да ги милуваат и да се сликаат со нив. Овде ќе може да ги слават своите родендени, оти е предвидена и изградба на угостителски објект - вели директорот Дане Кузмановски.

Овој петок ќе почне изградбата на едукативниот центар, наменет за настава за децата-посетители, како и за учениците.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5CA2F552335BE2439A0619CBB8BD5B63



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 00:38

Пролет со мајмуни, којоти и кенгури во Зоолошка

Наскоро во градината ќе се отвори интерна амбуланта и едукативен центар

Деспина Трајковска

Пар лемури од Белгија, мајмуни со прстенести опашки се очекува задутре да пристигнат во Зоолошката градина. Овие мајмуни, кои ќе се сместат во новоизградено живеалиште, се само дел од листата животни кои треба да стасаат во ЗОО најдоцна за еден месец. Денови се одбројуваат кога нови жители на градината ќе станат и две зебри, три антилопи, црн лебед и четири гнуа (вид антилопа) од Загреб, како и два кенгура од Зоолошката од Љубљана и четири риса од Франција.

Директорот на ЗОО, Дане Кузмановски, временските услови и проблемите со транспортот ги наведува како причина за доцнењето на животните кои требаше во најголем дел да пристигнат уште пред еден месец. Во меѓувреме, надлежните преговараат во Зоолошката градина да се донесат новородени фоки, како и по еден пар слонови и жирафи, животни кои со децении ги нема во нашата ЗОО.

„Повеќе од сигурен сум дека ќе успееме да ги донесеме овие животни, особено што во моментов се работи на проекти за изградба на нивни живеалишта, со што ќе им обезбедиме соодветни услови за живот“, вели Кузмановски според кого, новите жители на градината, донесени од белградската ЗОО веќе се приспособиле на нашите услови. Речиси еден месец скопјани можат да ги видат волците, којотите, црниот лебед и питонот, донесени од северниот сосед.

Инаку, освен што во изминативе два месеца е збогатен животинскиот фонд, во ЗОО интензивно се работи на подобрување на условите за живот на животните. Се вршат санации на живеалиштата, но, генерално, се работи на изградба на нови живеалишта. При крај е изградбата на три катчиња за птици, привршува „домот“ за лисицата и мечките, а во тек на проектирање и изградба се живеалиштата за алигатори, пирани, слон и жирафи, кои според најавите, ќе стасаат до лето. Во завршна фаза е и проектот за отворање едукативен центар и интерна ветеринарна амбуланта, за која моментно се обезбедуваат соодветни дозволи за работа.

„Преговараме и за вработување ветеринар и едукатори, кои ќе бидат ангажирани во едукативниот центар. Најверојатно, во центарот ќе има организирани посети од училишта и градинки, но на предавањата ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани посетители“, вели Кузмановски, кој е задоволен што во изминативе три месеци откако раководи со ЗОО не се забележани немили настани предизвикани од посетителите. Најверојатно, смета тој, тоа се должи на поставените заштитни двојни огради кај некои од живеалиштата, чекор што го направи Кузмановски веднаш по преземањето на директорската функција.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=206D0B31545C0C43AA3FECBAB1C4353A



Posted By: Max
Date Posted: 12-Mar-2010 at 20:11
што бидна со скулптурата Жирафа во золошка ја поставија ли конечно? http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156&PID=45192#45192 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156&PID=45192#45192


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2010 at 18:55

Конечно, кенгури во Зоолошка

За првпат од постоењето на Зоолошката градина посетителите ќе може да видат и кенгури. Животинскиот фонд ќе се збогати од четврток, кога се очекува пристигнувањето на овие егзотични животни. Од ЗОО потенцираат дека ова не е првоаприлска шега, туку остварување на најавите за подарок од Зоолошката градина од Љубљана. Станува збор за пар кенгури, мажјак и женка, стари 1,5 година од кои во наредниот период може да се очекуваат и принови. Кенгурите со директен авионски лет се очекува да слетаат во Скопје околу 14 часот. Нивното пристигнување во ЗОО, пак, е планирано за 16 часот. Надлежните ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат на овој несекојдневен настан. Влезот за најмладите ќе биде бесплатен.

Дане Кузмановски, директор на ЗОО, вели дека за новите жители е изградено сосема ново живеалиште. Освен што ќе се пречекаат кенгурите, утре во ЗОО и симболично ќе биде предадена една донација. Фирмата „Тобако“ на градината ќе и' подари возило за достава на храна на животните.

Инаку, од вчера шесте лава се преселени во ново живеалиште. Токму поради дислокацијата, викендов посетителите на ЗОО не можеа да ги видат ѕверовите зашто, како што објаснуваат надлежните, биле успани заради безбедност при преселбата. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B7843465A171364F8F91BED09D7D4F5C


Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Apr-2010 at 08:02
Ја посетив зоолошката градина вчера и споредена со последниот пат кога бев пред неколку месеци, има огромен напредок. Условите кои новите живеалишта ги нудат како за животните, така и за посетителите да ги набљудуваат животните, даваат сосема ново чувство на уживање без досега вообичаеното пропратено со сожалување и очај. Насекаде се работеше на поправање на старите живеалиште и градење на новите, а зоолошката беше преполна со посетители кои исто како и мене, беа многу задоволни од новиот лик и атмосфера кој владееше во зоолошката градина.  Влезот за 1 април беше бесплатен

Слики:

Живеалиштето на јагуарите

1.


2.


3.


4.


Белонос коати

5.


6.


7.


8.


Волци

9.


10.


Којоти

11.


12.


Гибони

13.


14.


15.


Дабари

16.


Дивокози

17.


Неколку видови на елени

18.


Веднаш до елените, пони

19.


Кенгури

20.


21.


22.


Лавови

23.


24.


25.


Лемури не видов никаде Dunno

26.


Живеалиштата на мечките(сеуште се средуваат, а мечките се сместени во живеалиштата каде што беа тигрите и лавовите)

27.


28.


29.


Црн пантер

30.


31.


32.


Рисови

33.


34.


35.


36.


Живеалиштето на мајмуните е реновирано (барем однадвор, внатре беше заклучно)

37.


Различни видиковци

38.







Останува уште работа додека работите во зоолошката бидат целосно завршени. До тогаш ќе има работници и градежен шут, па очекувајте малку неред и бучава додека шетате низ зоолошката, но гарантирано е дека ќе уживате во прошетката како никогаш досега


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 03-Apr-2010 at 17:40
Убави слики,никогаш не сум ја посетил золошката во Скопје,вака изгледа примамливо.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: alexgizh
Date Posted: 03-Apr-2010 at 18:49
Инспириран од претходниве постови, го натерав друштвото мое да одиме денес. Бевме доста пријатно изненадени, иако работите се сеуште во тек.

Фалат доста егзотични видови (човек очекува да има барем тигар, зебра, слон или жирафа...), но гледам дека последниве месеци имаат донесено неколку нови животни. Битно има напредок! Не е како порано да се ставени во 2х2 собички. И материјалите што се користат при изградбата на живеалиштата се соодветни (дрво и камен, наспроти досегашната пракса да се користи претежно метал и бетон).

Иако мојот став е дека не треба да постојат зоолошки градини - кога веќе постои оваа во Скопје, добро е што барем се трудат на затворениците да им пружат подобри услови за живот.

П.С.: Многу бев изнервиран што на влезот продаваа храна за животните (јаболки, моркови и зелки), а 5 метра подолу на таблата пишува дека е ЗАБРАНЕТО! хранење на животните...


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2010 at 14:25
Linea, одлична фото репортажа, и јас се наострив да ја посетам зоолошкава градина наскоро. 


Posted By: 46&2
Date Posted: 05-Apr-2010 at 15:28
Се е тоа убаво, само можеле тревата да ја искосат како што видов на сликите нема ниту еден среден тревник. Или ептен сакаат да постигнат автентични услови

-------------
I use public toilets and I piss on the seat.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 05-Apr-2010 at 22:27
La linea не зарази со сликиве, сеа на сите ни се оди во зоолошка Big%20smile Супер работа е зоолошка, само што кај нас беше крш, па на крај од прошетката ќе ги испрежалиш животните што таму живеат. Слика 31. wow.
 
еве една вест во прилог
 

ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА


Скокнаа двата нови кенгури


За време на велигденските празници и продолжениот викенд, што тукушто изминаа, во скопската Зоолошка градина пристигнаа двата предходно најавени кенгури од Словенија. Во право време и на право место љубопитните скопјани можеа да ги посетат кенгурите, на кои најмогу им се израдуваа најмладите посетители на градината, кои во изминативе денови одвоија време за дружење со овие егзотични животни. Кенгурите веќе пет дена се адаптирааат на новата средина во која како во природни услови засега живеалиштето го делат со еден црн лебед. Одговорните од скопската Зоолошка градина уверуваат дека овие животни без проблеми ќе го поминат периодот на адаптација по авионскиот транспорт од Зоолошката градина во Љубљана. Инаку овие животни се донација од Зоолошката градината во Љубљана и станува збор за мажјак и женка на возраст од година и пол од кои според проценките на надлежните во наредниот период може да се надеваме на принова од истите.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9E84310B223138429452EBE1DD497F57 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9E84310B223138429452EBE1DD497F57



Posted By: axel
Date Posted: 07-Apr-2010 at 13:23
В четврток Зоолошката градина ќе стане живеалиште на седум нови мајмуни лемури. Овој вид мајмуни имаат прстенести црно-бели опашки и особено ќе бидат интересни за најмалите деца, кои се љубители на цртаниот филм „Мадагаскар“, бидејќи токму овие животни се неговите главни јунаци.
А за месец и пол, директорот на Зоолошката, Дане Кузмановски, најави и два нови тигри, кои ќе бидат сместени во новиот ѕверовник.                                                                                                                                               http://www.spic.com.mk/kat/skopje/sedum-novi-majmuni-vo-skopje.html 


Posted By: Djole88
Date Posted: 07-Apr-2010 at 18:14
Ова е пример за тоа како треба да се менаџира со објект/претпријатие и слично кои се од јавен интерес. После Јсп и новините, еве и Зоолошката се средува, што значи има надеж и за нашиов град

Само ме интересира дали некој знае дали имаме аквариум во зоолошката и дали има птици(орли, соколи и слични грабливци)

И најважно според мене, мора да се направи асална веб страна, промоција и можност за групни посети на странци со англиски водич. Но се во свое време


Posted By: alexgizh
Date Posted: 07-Apr-2010 at 18:31
Птици има, меѓутоа ми падна чудно што една група мршојадци беше во посебен мал кафез, одделно од големиот кафез за грабливци во средина на зоолошката. Можеби не се компатибилни со орлите/јастребите.

Ми наликуваа на оние 4-5 од Книгата за Џунглата, кога се договараат што ќе прават вечер

А аквариум нема (претпоставувам мислиш на нешто налик Sea World). Во основа тоа треба да е посебна институција (водна зоолошка), или ако веќе не е посебна, треба да има доста голем простор малку одделен од главната зоолошка. Како и да е, во склопот на Градскиот Парк има уште многу неискористен/лошо искористен простор. Како само би ги дислоцирал тоа нивите кај Паркови и Зеленило, QSI школото и сите баракички се` до бул.8-ми септември...


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 07-Apr-2010 at 23:47
Originally posted by axel

В четврток Зоолошката градина ќе стане живеалиште на седум нови мајмуни лемури. Овој вид мајмуни имаат прстенести црно-бели опашки и особено ќе бидат интересни за најмалите деца, кои се љубители на цртаниот филм „Мадагаскар“, бидејќи токму овие животни се неговите главни јунаци.
А за месец и пол, директорот на Зоолошката, Дане Кузмановски, најави и два нови тигри, кои ќе бидат сместени во новиот ѕверовник.                                                                                                                                               http://www.spic.com.mk/kat/skopje/sedum-novi-majmuni-vo-skopje.html 
 
 
/
 
Big%20smile Thumbs%20Up


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 08-Apr-2010 at 22:56

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ЗООЛОШКА


Мајмуните од цртанот "Мадагаскар" стасаа во ЗОО Big%20smileBig%20smileBig%20smile


Седум мајмуни-лемури, кај нас препознатливи како мајмуните од цртаниот филм Мадагаскар" по долго авионско патување, вчера пристигнаа во Скопскта зоолошка градина. Мајмуните со прстенести црно-бели опашки и ококорени очи ги пречекаа педесетина насобрани посетители кои вчерашното убаво време го искористија за прошетка во градината. Овие мајмуни, всушност, се првите мајмуни од ваков вид во скопската ЗОО, а се подарок од зоолошката градина во Амстердам. Сите 7 се мажјаци, а во блиска иднина се очекува да пристигнат и три женки од истиот вид. Мајмуните с евселија во специјално изградено ново живеалиште под отворено небо, во близина на живеалиштето на јагуарите.

Лемурите пристигнаа во ЗОО околу 15.30 часот. Истите беа транспортирани со авион од Амстердам преку Прага. Повеќето од мајмуните се на возраст од три до пет години освен еден, кој е на возраст од 10 години. По неодамнешното збогатување со двата нови кенгури, вчерашните мајмуни се вистинска атракција за посетителите. Одговорните од ЗОО велат дека наскоро се во преговори и очекувааат позитивен одговор за три нови женки-лемури, за во иднина се добие можен подмладок.

(Д.С)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=63637429DAD69E4EA08C89DF1170EAE8 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=63637429DAD69E4EA08C89DF1170EAE8



Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Apr-2010 at 11:16
Најтажен е црниот лебед кој живее само во Австралија и само во групи од повеќе лебеди, и има еден доживотен партнер, кој во Скопје е оставен сам, и изгледа претажен.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 09-Apr-2010 at 11:29
Crazy
 
Требало да сликаш или уште подобро.. да снимаш.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 11-Apr-2010 at 22:33

СКОПЈАНИ ЖЕДНИ ЗА НОВО ЗАБАВНО КАТЧЕ


Ред за влез во Зоолошката градина


И во саботата и во неделата, пред билетарницата имаше огромен број посетители кои трпеливо чекаа и по петнаесетина, дваесет минути за да купат влезница и да ги видат новите атрактивни станари на градината - двата нови кенгури и седумте мајмуни со прстенести црно-бели опашки од видот лемури


Скопската Зоолошка градина викендов беше дефинитивно најпосетеното место во градов. И во саботата и во неделата, пред билетарницата имаше огромен број посетители кои трпеливо чекаа и по петнаесетина, дваесет минути за да купат влезница и да ги видат новите атрактивни станари на градината - двата нови кенгури и седумте мајмуни со прстенести црно-бели опашки од видот лемури.

Повозрасните не паметат кога имало толку гужва на ова место. Од медиумите се информирале дека Градината има нови животни за кои се изградени автентични живеалишта и дошле да го видат тоа со сопствени очи.
- Не паметам дека во изминативе дваесетина години имало толку посетители. Живеам на десетина минути одовде, а првпат после две години ја носам внука ми зашто последниот пат беше толку валкано и смрдливо, кафезите се распаѓаа, а животните беа толку тажни и прегладнети што прошетката наместо задоволство, ни испадна траума на двајцата. Сега гледам сликата се менува, ни рече еден од повозрасните посетители.

Во градината, навистина се чувствува мал напредок. Уште на влезот може да се забележи нова атмосфера, нови живеалиштата, патеки, но и вработени облечени во уредни униформи кои го чуваат редот.

Од неодамна во скопската ЗОО живеат два кенгура, а од пред неколку дена во новите, специјални живеалишта први станари се седум мајмуни со црно-бели опашки и ококорени очи кои децата ги препознаваат како лемурите од цртаниот филм Мадагаскар. Тоа се, всушност, првите мајмуни од ваков вид во скопската ЗОО и се подарок од зоолошката градина во Амстердам.
Од лани Зоолошката константно се подготвува за пристигнување на новите животни. Во следниот период се очекуваат уште нови животни, како пар тигри, пар зебри, два пара антилопи, пар црни лебеди. Исто така, во тек е големата акција за подобрување на условите за живот на старите станари, а се градат и детски игралишта за најмладите посетители.

(Е.А.)

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F401560C2BEDBF4482C4EF57F42E0D0B - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F401560C2BEDBF4482C4EF57F42E0D0B


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Apr-2010 at 22:36
Ла Линеа покрена револуција


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 11-Apr-2010 at 22:52
La Linea тргнувај веднаш за Охрид,па и нив да му тргни малки

-------------
build.mk, гради форумска историја



Print Page | Close Window