Print Page | Close Window

Кучиња скитници

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=217
Printed Date: 29-Mar-2024 at 12:15


Topic: Кучиња скитници
Posted By: lslcrew
Subject: Кучиња скитници
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:28
Темава ја видов на еден друг форум, па си реков зашто и ние овдека како "професионалци" за урбани прашања да ја продискутираме. Идејата за темава е многу добра, поради ова е еден проблем кој речиси сите градови кај нас го имаат. Кога се работи за овој проблем јас сум малце порадикален во ставовите и сметам дека мора поригорозно да се пристапи, пошто нели и природата е така создадена посилните да ги јадат послабите. Луќето се посилните и мора малце префдаторски да постапат. Значи кога некој лав ќе ве нападне во путнина он претходно не размислил за човекови права. Така и ние нема што да му ја мислиме за правата на животните, зашто сите тие организации освен што мерат мозок, перат и пари. Значи не викам дека треба да се убијат сите до едно, ама да не ги жалат до толку. Стационарот е одлично решение, а за исхрана на тие животни може да се користи застарена (непогодна за луѓе) храна од пекари и ресторани. Ова што се га се прави со кастрација е бадијала. А веќе се иде кон тоа треба женките да се стерилизираат, а не мажјаците. Во скопје на ова прашање му се пристапува ептен фушерајски и воопшто нема некоја посветеност, а голем проблем е !!!



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:31
Инаку на скопските улици највеќе се застапени примероци од расите "Англиски стритер" и "Германски штрасер" !


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:32


како за почеток не се слагам со пристапов. Е сега точно е дека до сега не се најде решение за ова но тоа е бидејќи тие што требаат не си ја вршат работата исто како што и секоја трета канделабра у градов свети или како што улиците се прошарани со дупки и прекопи.

Значи проблемот не е до методите, туку до ефикасноста. Нема систематичност никаква. Мислам дека стерилизацијата е сосема ОК решение.

Темава е на место, има за што да се дискутира Thumbs%20Up


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:37
И јас мислам дека ако се иде кон еден похуман пристап тогаш стерилизацијата е најдобро решение. Ама стерилизација на женките а не на мажјаците. Еве ви два примера:

1.На една улица има 100 кучиња и 100 кучки. Доаѓа шинтер и кастрира 99 кучиња. Тоа едно (блазе си му) ќе ги оплоди сите 100 кучки. И пак беља, се раѓаат уште 100!!!

2.На една улица има 100 кучиња и 100 кучки. Доаѓа шинтер и стерилизира 99 кучки. Таа една (тешко нејзе) ќе биде оплодена од само едно куче (неможе од сите 100 у исто време). Ќе се роди само едно куче.

Сега што е бољи?!



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:42
Јас лично не се слагам дека треба попредаторски да пристапуваме. Човекот се разликува од животните со својата интелигенција. Со самото тоа што имаме развиено свест, неможеме да ги затвараме очите пред непотребното експлоатирање на животните. Благодарејќи на тоа „предаторско„ однесување, човештвото прошло низ мрачни пероди како војни, расни дискриминации и сл.

Ме иритира тоа што луѓето викаат дека ние сме наводно „посилни„ па ги поседуваме пониските организми. А фактот дека сме поинтелигенти и имаме поголема одговорност во однос на нашава планета/биосфера?

Што се однесува до уличниве кучиња, претставуваат опасност и дефинитивно треба да се отстранат. Најхумано решение е стационар или/и стерилизација. Доколку треба да се бира меѓу човек и животно, приоритет треба да има човекот.


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:44
znam deka ima mnogu kucinja skitnici kaj nas, da bese makedonija nekade vo kina , sigurno ke vi nadostigase da nacekate nekoe kuce na ulica, kako i da e , jas ednas bev vo park, i mi se nafurija nekolku , ako izbegav ke me ispoizedoa, edvaj izlegov od park ,vcera nacekav eden i go slikav



ne znam kakva rasa e , ama kako sto gledate na uvoto ima nesto obelezeno ,ne znam sto bi mozelo da pomogne okolu ova




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:47
lslcrew, не ми се верува дека имаш толку воопштен буквално нацистички пристап: нормално било посилните да ги јадат послабите. Ohno

Па не е ова синџир на исхрана, туку општество човече!


Инаку не знам какви резултати дава кастрирањево и дали има шанса да успее долгорочно... Навистина не сум запознаен добро со темата. Ама и мене ми останува да се сложам дека која мерка и да се применува, неопходно е да се применува квалитетно и доследно. Само така може да вроди со плод.

И патем да спомнам дека многу повеќе имам против сите оние крволочни раси што за жал се величаат од многу луѓе, отколку што имам против уличните кучиња. На само маски и сл. (што и онака не се применува), јас тие раси буквално би ги забранил.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:47
@mitatos: Човече секаде идеш со апаратот! LOL 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:47
Токму тоа сакав да кажам готсоме. Дека во градската средина човекот треба да има предност. На кучето ете му планина!!! Значи се слагам дека треба похумано колку што можеме. Меѓутоа мора и некогаш safemode, па да постапиме онака по метод Макијавели!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:49
Тоа жолтото на увото значи дека е кастрирано мислам. Исто има и некои со црвен околувратник. Тоа мислам дека значи дека е стерилизирана женка.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:50
  Тоа е во ред. Мене не ми се допадна тоа што сметаш дека тој што е посилен треба да постапува предаторски. 


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Mar-2008 at 15:51
@gotsomekicks
heheh , slucajno go slikav, kako da znaev deka ke otvorite vakva tema , dodusa odamna ne sum sliknal nesto , vcera nabrzinka napraviv nekolku fotki ,ali nisto posebno



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Mar-2008 at 17:25
Мислам дека предаторско однесување не му доликува на интелегентно суштество како човекот, така да не се согласувам дека треба да се убијат тие кучиња воопшто. Кога Дарвин излегол со својата теорија за природна селекција, тогашните светски сили како Велика Британија  и Франција ја искористиле како изговор да ги освојат и колонизираат неразвиените Афрички земји Ohno. Сите сме свесни од последиците од такво животинско однесување.

Кога сме веќе кај решение за кучињата скитници, мислам дека кастрацијата е најдобар метод (се додека се извршува систематски и квалитетно) бидејќи:

1. Кога машкото куче е кастрирано, тоа нема нагон за парење и е многу по питомо така да нема опасност некој човек да биде нападнат

2. Кога веќе овие кучиња се кастрирани значи дека нема да може да се размножуваат, така да нивниот број постепено ќе се намалува се додека бројката на кучиња скитници не се сведе на стотици.

3. Овие скитници може да се однесат во стационар (веќе имаме еден, а потребни се барем 1 во секој град низ државата, секој со големина сразмерна со бројот на кучиња скитници во градот) и како во Америка и други земји да се остават на посвојување откако ќе се вакцинираат и исчистат. Тие исто прават тест дали кучето е бесно и смее да се даде на посвојување, така што додека му даваат храна, со гумена рака на стап пробуваат да му земат од јадењето и да го разбеснат. Ако кучето гризне, тогаш тоа не смее да се даде на посвојување и го успиваат. Animal Planet LA Animal police


Јас навистина би земал едно такво кученце бидејќи ми се многу помили од било кој питбул ротвајлер доберман и слични ѕверови. Имам едно во маало многу си го сакам и тоа мене


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 18:00
Originally posted by La Linea


Јас навистина би земал едно такво кученце бидејќи ми се многу помили од било кој питбул ротвајлер доберман и слични ѕверови. Имам едно во маало многу си го сакам и тоа мене


Јас чувам неколку мачки што сум ги собрал од улица LOL. Инаку мислам дека ја наведе главната причина за кастрирање на машките кучиња, а тоа е дека се спречува создавањето (или нивното стигање до крвта не сум сигурен) на секс хормоните со што кучето станува многу помирно.

А патем Анимал Планет владее Big%20smile


Posted By: ProMKD
Date Posted: 16-Mar-2008 at 18:33
Абе ако сме интелегентни до сега ќе го решевме овој проблем.
Овие кучиња праат бељи низ градовите секој ден! Исто како да земеме некој криминалец, да го кастираме да нема деца, и да го пуштиме од идризово.. пак ќе прај бељи нели.
Кучињава касаат, лаат, излетуваат на улица (знам еднаш ќе летав од мотор ради џукела на партизанска - еднаш накај стража), не глеам никаква корист од нив. Ем НЕ Е ХУМАНО да ги пратиш на улица кај што немаат јадење и дом, ем за нас не е добро. Мора да има некоја опција што ќе ги задоволи сите апетити. Како беше оноа, да ги пратиме сите у Тетово? мала шала


Posted By: vardar
Date Posted: 20-Mar-2008 at 02:16

ЗГРАДАТА И БОКСОВИТЕ ВО СТАЦИОНАРОТ не СЕ ДОВРШЕНИ

Кучињата-скитници спијат во вода и мрзнат

За шест месеци низ стационарот поминале над 600 кучиња, а биле удомени 40 од нив

Шест месеци по отварањето, стационарот за кучиња во Вардариште се' уште е недовршен. Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ долго време најавуваат дека планираат да го досредат и доизградат стационарот, односно да ги зајакнат привремените живеалишта на животните, но не прецизираат кога ќе го сторат тоа. Директорот Златко Димовски пред неколку месеци зборуваше дека кучињата ќе добиваат европски третман, но на самото место се гледа само една недовршена зграда со немалтерисани тули, отворена од сите страни. Провевот убива, а животните се тресат од студ.Од претпријатието велат дека привремените живеалишта на животните би требало да бидат послани со слама и да имаат греди, а не како сега, само бетон и една штица. Вчера сите боксови и штици беа водени, а кучињата мокри. Некои лежеа, а други се вртеа во круг и се преместуваа од една на друга нога. Дел од женките имаат и кученца. Раководните лица на стационарот тврдат дека вчерашната слика била инцидентна, бидејќи работниците дента ги чистеле боксовите.  Моравме да ги исчистиме живеалиштата од фекалии. Максимално се трудиме да не ги повредуваме кучињата. Храната е на високо ниво и е според сите стандарди. Имаме стручни служби, лекарски персонал, можеби состојбата не е идеална, но е задоволувачка - велат вработените во Вардариште.Вчера во посета на стационарот беше и скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Тој апелираше до скопјани масовно да почнат да ги посвојуваат кучињата.  Сакам луѓето кон кучињата да приоѓаат со повеќе љубов. Кучето е најдобар пријател, јас тоа најдобро го знам, бидејќи сум растел со овие животни - изјави скопскиот градоначалник. Моментно во Вардариште има 24 кучиња. Сите се третирани, односно стерилизирани и вакцинирани. Се успиваат само болните животни. Ги има од секакви раси, самојед, ретривер, далматинер, но повеќето се нерасни. Од „Комунална“ информираат дека досега низ стационарот поминале над 600 кучиња, а биле удомени околу 40. Паушалните процени се дека на скопските улици има над 6.000 кучиња-скитници. Овој стационар беше отворен во август минатата година, а пред четири години беше затворен оној во селото Мирковци, поради тоа што градските власти немаа пари. Годишно, за третман на кучињата се издвојуваат девет милиони денари, од кои шест милиони дава Градот, а три „Комунална хигиена“.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5AE851D204B5E549BC4DB70BEDCC8AB1 - dnevnik


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-May-2008 at 08:00


Posted By: se_manda
Date Posted: 12-May-2008 at 16:59
iiiiiiii koj napizden pogled ima dzukelava hahahahahhahah


Posted By: ProMKD
Date Posted: 12-May-2008 at 19:15
preeska vidov vo Micurin ulicar Sar Planinec OGROMEN da vidite kolku bese strasno kucevo! Nemase losi nameri (vo momentot) ali ne daj boze da ti se frli.. mora da se resat od takvi!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Aug-2008 at 22:40
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AF5CBF16BA2F354295B070EF9E8228A7 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AF5CBF16BA2F354295B070EF9E8228A7

Потребен е закон за намалување на бројот на бездомните кучиња

Исфрлените миленици, размножувајќи се на улиците, го зголемуваат бројот на скитници

Снежана Калабакова

Скопје се стреми да стане вистинска европска метропола, а како во ниеден европски град, во него шетаат кучиња-скитници. Се споменува бројка од околу 7 илјади животни-скитници кои не ретко напаѓаат и минувачи. И покрај стратегијата на градските власти за нивно хумано третирање, се чини дека проблемот тапка во место, па нивниот број никако да се намали. Кучињата шетаат низ градските улици, лежат пред владините министерства, на тротоарите, во влезовите на институции и станбени згради, пред рестораните, кафеаните и контејнерите. И никој ништо не презема повеќе од она што е предвидено со програмата на Градот, која функционира на принципот фати, кастрирај, ослободи. Познавачите на состојбите тврдат дека проблемот е суштински и дека е потребна цврста законска рамка која ќе предвиди и високи казни за граѓаните, кои најпрвин ќе земат куче за домашно милениче, а потоа ќе се откажат од него и ќе го пуштат на улица. Овие кучиња, размножувајќи се на улиците, го зголемуваат бројот на скитници. Задолжителното ставање чип на секое животно мора да стане практика и кај нас, додаваат, бидејќи така ќе се најде виновникот и ќе се казни. Така функционира законот во сите европските градови, каде што актуелно е и вдомување на кучињата од стационари.

Начинот на кој сега Град Скопје ги третира кучињата е единствениот кој е поддржан од Светската асоцијација за заштита на животните и од Светската здравствена организација. Неодамна добивме поддршка и од Британската кралска асоцијација за заштита на животните (РСПСА). Се обидуваме да го зголемиме капацитетот на стационарот на Вардариште, но најголем проблем ни е миграцијата на кучиња од периферијата кон централното градско подрачје. Во намалувањето на репродукцијата на кучињата би можеле да се вклучат и општините. Но суштинско е да се направат одредени измени во Законот на Град Скопје, во кој изричито стои дека Градот е надлежен за кучињата скитници, а станува збор за една огромна територија, потенцираат од Одделението за односи со јавноста во Градот.

„И ние спаѓаме во земјите во транзиција кои се' уште имаат проблем со кучињата-скитници. Потребен ни е закон со кој ќе се санкционира оној кој ќе го исфрли своето милениче на улица. Откако ќе реши да престане да се грижи за него, грижата останува на општеството. Токму тоа, според аритметичка прогресија, го зголемува бројот на кучињата-скитници. Мора да се работи на подигањето на јавната свест и на начелото на одговорен сопственик, институционална одговорност и закон за повикување на одговорност на неодговорните сопственици, вели Југослава Дуковска, портпарол во ЈП „Комунална хигиена“.

Слободан Костевски, раководител на стационарот Вардариште, вели дека решавањето на проблемот со кучињата-скитници бара трпение, бидејќи 14 години не постоеше служба која ќе ги третира овие животни.

„Потребни се уште 4-5 години за да се видат првите резултати и да се констатира намалувањето на нивниот број. Освен соработка со граѓаните, потребна е и законска регулатива, тврди Костевски.



Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Aug-2008 at 17:38
ова со чиповиве е до негде добра работа, но за тоа треба и да се има голем квалитетен стационар кај што можат да се грижат за нив, или повеќе помали низ цел град пак
мене не ми е гајле многу како ќе го изведат тоа, само нека ги тргнат од улиците, а не да ги кастрираат па да чекаме долго време сите да изумрат


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 10:02
СКОПЈАНИ МАКА МАЧАТ СО УЛИЧНИТЕ ЖИВОТНИ
Следните 5 години нема спас од кучињата скитници
Преполн со агресивни кучиња кои ги напаѓаат граѓаните е центарот на градот, но и сите скопски општини

Скопје е преполно со кучиња скитници кои ги напаѓаат граѓаните. Иако градските власти пред околу една година го отворија стационарот за уличните скитници, граѓаните се уште не гледаат никакви резултати од заловувањето и третирањето на кучињата. Низ скопските улици, според податоците на невладините организации, шетаат околу 7 000 кучиња скитници. Глутници кучиња лежат на Плоштадот Македонија и по булеварите или по пешачките патеки долж центарот на градот. Преполни со агресивни кучиња се и улиците во сите скопски општини. Скопјани и понатаму се движат со страв да не бидат нападнати од кучиња. Луѓето кои се јавија во нашата редакција велат дека со страв минуваат кај кучињата оти не знаат кога може да ги нападнат. Велат дека наместо по пешачките патеки во центарот на градот, тие се движат по булеварот оти по патеките се распослани кучиња.
"Иако имаат белег дека се третирани, тие и понатаму напаѓаат. Завчеравечер, враќајќи се дома, ме нападна глутница кучиња. Бев присебен и успеав да поминам без повреди. Истите кучиња пред една недела нападнаа и мајка која го шеташе малото дете", вели жител на Општина Аеродром.
Од ЈП"Комунална хигиена", кое ги заловува и стерилизира кучињата во стационарот на Вардариште, велат дека виновни за преплавеноста на Скопје со улични кучиња се несовесните сопственици кои потомството од кучињата кои ги чуваат го оставаат на улици. Од таму објаснуваат дека проблем имаат и со таканаречените "маалски кучиња" кои ги хранат неколку луѓе од една зграда или маало, а им пречат на останатите.
"Околу овие кучиња се води војна. Едните бараат да ги заловиме кучињата, а другите реагираат ако дојдеме да ги собереме. Ни се закануваат, па дури имало и обиди за физички пресметки со нашите од Службата за заловување и третман на бездомните животни.
Од ЈП"Комунална хигиена" велат дека според нивната програма "Фати, стерилизирај, пушти", граѓаните ефектите ќе ги почувствуваат дури по 3 до 5 години. Со оглед на тоа што стерилизираните животни повеќе нема да можат да имаат потомство, а нивниот животен век е далеку помал од оној на кучињата кои живеат во домашни услови и нега, во текот на наредните 3 до 5 години се очекува нивниот број драстично да се намали, објаснуваат од претпријатието.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156090&idg=8&idb=2458&rubrika=Skopje


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Aug-2008 at 12:01
spas hmmmmm China town in Skopje )))))))

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 12:45
Originally posted by mitatos

spas hmmmmm China town in Skopje )))))))


LOLLOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2008 at 12:59
Кога станува збор за оваа тематика сум јако налутен во одност на тие кучиња и мачки (ги забораваме). Знаеме дека имаме проблем и упорно не сакаме да го решиме. Јас ги повикувам оние нво-а што толку ги интересера заштита на животни нека повелат нека ги приберат, а не градот да фрла пари на тоа. Скопје не е град со 50 улични кучиња па да им обезбедува услови. Скопје има 7000!!!


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Sep-2008 at 02:18
Можеби ќе прозвучам нехумано но мислам дека треба да се организира масовно убивање на сите скитници.

Знам дека во нормална држава поинаку се решаваат проблемите,но кој рече дека сме нормална.
Значи кај нас имаме доволно проблеми со луѓе скитници,затоа јас предлагам еден ден(многу далечен) кога ќе добиеме еден пристоен финансиски стандард,кога секој ќе може да си купи леб и да не размислува дали ќе му стигнат парите до следниот месец,е дури тогаш ќе почниме да размислуваме за проблемите со кучињата скитници по друг начин.

Убаво кажа ЛСЛ ако на тие разни друштва за заштита на животни му е жал за нашите кучиња,слободно нека се соберат од цела Европа,нека направат во секој град по еден-два стационара и нека ги приберат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2008 at 07:41
Originally posted by ovaj_stariov

кога ќе добиеме еден пристоен финансиски стандард,кога секој ќе може да си купи леб и да не размислува дали ќе му стигнат парите до следниот месец,е дури тогаш ќе почниме да размислуваме за проблемите со кучињата скитници по друг



!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Sep-2008 at 13:10
Некој озбилно си ја сватил работава.

Скопје
Мистериозно исчезнуваат кучињата од скопските улици



Автор:  Александра Денковска
Голем број улични кучиња мистериозно исчезнуваат од улиците на главниот град. Каде се носат кучињата и што се прави со нив сè уште е енигма. Дебарчани тврдат дека исчезнатите кучиња завршуваат во Центар Жупа, каде што се пуштаат на слобода, а некои од населението тврдат дека пронашле и масовни кучешки гробници.
 
Според нивните кажувања, тие виделе камиони со тетовски регистрации како транспортираат улични кучиња во околината на Дебарско, Тетовско и на Гостиварско. Засега постојат само сомневања дека кучињата во Дебарско се убиваат и се фрлаат во масовни гробници, но Здружението за заштита на животни тврди дека со видеоматеријали в понеделник ќе ја докаже целата работа.
 
Претседателот на здружението за заштита на животните и животната средина „Срце за животните“ Вангел Мичевски тврди дека веќе поднеле кривична пријава против непознати сторители што извршиле масовно труење на животни.
 
- Ние во здружението секојдневно примаме повици од граѓани дека животните од улиците исчезнуваат без трага, а за транспортирањето на кучињата во околината на Дебар исто така дознавме од нив. Значи станува збор за јавна тајна, но никој јавно не зборува за тоа. Имаме сведоци што виделе како голем број кучиња се носат кон западна Македонија и потоа без трага ги снемува. Идната недела ќе ги поткрепиме тврдењата и со снимки и со видеоматеријали. Мислиме дека зад целата работа не стојат граѓани туку некој што на друг начин не може да го исчисти градот од бездомните кучиња - објасни Мичевски.
 
Иван Серафимовски од Дебарско, претседател на месната заедница во Центар Жупа, вели дека граѓаните секојдневно го информираат за проблемот со кучињата, за кои претпоставува дека доаѓаат од главниот град.
 
- Секојдневно граѓаните доаѓаат кај мене и се жалат дека има сè повеќе кучиња. Некои од нив се сведоци дека кучињата биле симнувани од големи камиони и биле пуштани во околината, но исто така има и луѓе што велат дека во близината виделе огромен број пцовисани кучиња и масовни гробници, каде што тие се фрлаат.
 
Целата мистерија мора побрзо да излезе на виделина и да се реши проблемот на похуман начин - вели Серафимовски.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=182&ArticleID=7063



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Sep-2008 at 13:16
Здружението за заштита на животни тврди дека со видеоматеријали в понеделник ќе ја докаже целата работа.

Тие видео-материјали да си ги начукаат у гс!!!

Ние во здружението секојдневно примаме повици од граѓани дека животните од улиците исчезнуваат без трага

Се јавувале граѓани, my ass се јавувале. Па и да се јавувале, баш кај нив ќе се јавеле.

Мислиме дека зад целата работа не стојат граѓани туку некој што на друг начин не може да го исчисти градот од бездомните кучиња

Со волку кучиња, друг начин практично не постои.


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Sep-2008 at 14:28
аман више со кучињава, нека ги испотепаат више, а тие кои многу ги сакаат и се грижат за нив нека си ги приберат дома и нека ги чуваат
не се од никаква корист за градов, порано и јас ги жалев , си викав ај живи суштества се, ама веќе ми се смачи од сето ова


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Sep-2008 at 19:15

Не се согласувам со овие мислења. Главни виновници за овие масовни убиства на животните се или градските власти или орган на државната власт на чие чело стојат раководители. Тие раководителчиња возат количиња и џипчиња од по десетина и стотина илјади евра, а дел од нив се толку корумпирани што со нивните украдени пари можат да се нахранат и згрижат сите кучиња на Балканов. Сум согласен за усмртување единствено на болните и на агресивните животни, како и за глутниците кучиња. Сите тие треба да се однесат во стационар и таму да се утврди дека дали треба да се убијат или не. Здравите кучиња да се кастрираат и да им се понудат на граѓаните. Како држава сме сиромашно, но сепак сме една европска и цивилизирана земја, а не некоја си африканска вукојебина во која не им е гајле ниту за луѓето ниту за животните.



Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Sep-2008 at 20:46
Originally posted by BOJAN

Не се согласувам со овие мислења. Главни виновници за овие масовни убиства на животните се или градските власти или орган на државната власт на чие чело стојат раководители. Тие раководителчиња возат количиња и џипчиња од по десетина и стотина илјади евра, а дел од нив се толку корумпирани што со нивните украдени пари можат да се нахранат и згрижат сите кучиња на Балканов. Сум согласен за усмртување единствено на болните и на агресивните животни, како и за глутниците кучиња. Сите тие треба да се однесат во стационар и таму да се утврди дека дали треба да се убијат или не. Здравите кучиња да се кастрираат и да им се понудат на граѓаните. Како држава сме сиромашно, но сепак сме една европска и цивилизирана земја, а не некоја си африканска вукојебина во која не им е гајле ниту за луѓето ниту за животните.



Applauseпотпис од мене


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Sep-2008 at 22:16
Originally posted by BOJAN

Не се согласувам со овие мислења. Главни виновници за овие масовни убиства на животните се или градските власти или орган на државната власт на чие чело стојат раководители. Тие раководителчиња возат количиња и џипчиња од по десетина и стотина илјади евра, а дел од нив се толку корумпирани што со нивните украдени пари можат да се нахранат и згрижат сите кучиња на Балканов. Сум согласен за усмртување единствено на болните и на агресивните животни, како и за глутниците кучиња. Сите тие треба да се однесат во стационар и таму да се утврди дека дали треба да се убијат или не. Здравите кучиња да се кастрираат и да им се понудат на граѓаните. Како држава сме сиромашно, но сепак сме една европска и цивилизирана земја, а не некоја си африканска вукојебина во која не им е гајле ниту за луѓето ниту за животните.

Мислам дека ги кажа магичните зборови Smile


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Sep-2008 at 22:36
Да бидеме реални, нема баш многу кучиња скитници да бидат вдомени од граѓаните... Но тоа секако не значи дека треба да тргнеме во масовна нехумана акција на истребување. Сигурно дека похумани методи (како кастрацијата која се спроведува) чинат повеќе, но тоа е сепак занемарлив трошок во однос на тоа за какви глупости фрламе огромни средства...
Проектот со кастрацијата е почнат и треба да се посветиме на негово квалитетно спроведување кое ќе даде резултати, наместо на пола пат да забегуваме со идеи за масовно убивање.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-Sep-2008 at 10:01
Вчера на Граничниот премин Табановце за влаз во Македонија имав прилика да видам глутница од 15тина кучиња. Џабе што нашиот премин е побав и поорганизиран од Српскиот, ова беше срамота и катастрофа. Кучињава трчаа, лаат меѓу коливе, од страна јадеа некоја мрша и некои коски, а имаше барем 10тина странски коликои највероватно идеа за Грција. На ваков начин ли ќе им пратиме порака на странците дека еве ние сме европска и цивилизирана држава во која треба да дојдат на одмор?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Sep-2008 at 15:55
Се согласувам дека таквите слики воопшто не се добри, но за проблемите со кучиња во Табановце треба да се погрижи пред се општината и тамошните градски власти. Треба да потсетам дека Трифке во Скопје ги затвори стационарите во Мирковци и Волково, па сега останавме со само еден стационар во Вардариште. 


Posted By: Plugger
Date Posted: 20-Sep-2008 at 09:34

Pa sekoja drzava vo svet gi pogubiva zhivotnite koj ne se registrirani ili koj ne se prisvoeni od nekogo. Niz cela evropa taka pravat sea i mikrochipovi im stavaat za identifikacija, ova se gluposti teski treba pod hitno da gi trgnat zhivotnite od ulicite u nikoja druga drzava vo evropa go nema ova. Isto taka sekoe zhivotno mora da e kastrirano ako mora da ima dozvola da pari zhivotni.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 13:24
Originally posted by Plugger


Pa sekoja drzava vo svet gi pogubiva zhivotnite koj ne se registrirani ili koj ne se prisvoeni od nekogo.


Roll%20eyes

Можеш да го документираш ова тврдење?


Posted By: Plugger
Date Posted: 21-Sep-2008 at 17:25

Pa mnogu lesno dali gledash kucinja i macki po ulici koa ke ides vo bilo koja drzava vo Zapadna Evropa?? Odi vo Germanija i pogolemi se shansite da vidish nekoj sto nema dom nego li kuce ili mace imaat strogi kontroli za tie raboti.

Nekolku pati imam procitano kako lugeto se plashat samo da idat navecer i nekolku pati se desilo da gi napadnat glutnici po ulicite. Toa e mnogu opasno za gradot i ne smee da prodolzat vaka. Na zapad praviloto e mora sekoe kuche ili mache da bide registrirano, imaat domovi za zhivotni ali tamu gi chuvaat na odvremen period a posle toa gi pogubuvaat (ako nikoj ne dojde da gi prisvoi). Taka e barem vo America,Canada.

Ja ne znam kako e zakonot vo Makedonija, ako mozhe objasni mi po shiroko.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2008 at 17:45
Originally posted by Plugger

Na zapad praviloto e mora sekoe kuche ili mache da bide registrirano, imaat domovi za zhivotni ali tamu gi chuvaat na odvremen period a posle toa gi pogubuvaat (ako nikoj ne dojde da gi prisvoi). Taka e barem vo America,Canada.

Ja ne znam kako e zakonot vo Makedonija, ako mozhe objasni mi po shiroko.


А па не сме се разбрале добро. Во ред е ова што го кажуваш. Јас мислев збориш за погубување на кучињата при лов по улиците.

Инаку тоа со згрижување на одреден период додека не бидат посвоени или „успиени“ кај нас не може да профункционира затоа што ги има премногу и којзнае колкав стационар треба да се изгради и плус тековно одржување за да се приберат сите... Моментално праксата е да се уловат, да се проверат (ако се болни или агресивни се убиваат), да се кастрираат за да не можат да се размножуваат и пак се пуштаат. Резултатите од кастрирањето доаѓаат поспоро, но и тоа под услов да се работи посветено, а не само ради форма.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Sep-2008 at 17:46
Originally posted by Plugger


Pa mnogu lesno dali gledash kucinja i macki po ulici koa ke ides vo bilo koja drzava vo Zapadna Evropa?? Odi vo Germanija i pogolemi se shansite da vidish nekoj sto nema dom nego li kuce ili mace imaat strogi kontroli za tie raboti.

Nekolku pati imam procitano kako lugeto se plashat samo da idat navecer i nekolku pati se desilo da gi napadnat glutnici po ulicite. Toa e mnogu opasno za gradot i ne smee da prodolzat vaka. Na zapad praviloto e mora sekoe kuche ili mache da bide registrirano, imaat domovi za zhivotni ali tamu gi chuvaat na odvremen period a posle toa gi pogubuvaat (ako nikoj ne dojde da gi prisvoi). Taka e barem vo America,Canada.

Ja ne znam kako e zakonot vo Makedonija, ako mozhe objasni mi po shiroko.


не знаев дека ги погубуваат, мислев си умираат од природна смрт, а за опасноста си во право, ама за тоа барем ги кастрираат, што колку толку и помага
а за законот не сум сигурен, всушност најголем број од скитниците се напуштени кучиња од сопствениците, обично кога ќе остарат или кога ќе немаат услови за чување


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:27

hahahahahaha ne be kaj smeesh da pukash po zivotni nema shansi pa tie poveke prava imaat od lugeto. Ima restorani za kuchinja pa pedikir za nokti sve im pravat bog da chuva ali mislam deka se razbravme.

Nego ubavo sto kazavte ete sega se doneseni novi zakoni za chistotija i higiena, ne smeesh ajvar da pravish pred zgrada i ne smeesh edno lifche da frlish inache 50 evra kazna znachi ke mora i ova prashanje so kucinjata skitnici da go reshat. Applause Applause Applause


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 00:48

Бездомните кучиња ги мерат сокаците

Се смета дека во градот има околу 9.000 бездомни животни, иако за една година бројката е намалена за една петина со проектот „Залови, стерилизирај и пушти“


Од стационарот ги повикуваат граѓаните да не се агресивни кон кучињата од улица

Стара жена сум, сешто сум поминала во животот. Не се плашам од животни, најмалку од кучиња. Но, откако без причина ме нападнаа три големи кучиња додека минував по патеката низ паркот, веќе не сум така спокојна. Се исплашив кога ми се стрчаа, а јас имам болно срце. Порано сум слушала дека бездомните кучиња напаѓаат, ама не верував, мислев дека луѓето ги провоцираат. Сега на своја кожа почувствував дека не е така, иако само ми го искинаа здолништето.

Вака раскажува Лефка Василевска од скопската населба Аеродром. Имаше среќа да остане неповредена, за разлика од други скопјани кои не поминале само со преживеан стрес. Во Клиниката за инфективни болести во Скопје за само за еден месец околу 80 скопјани побарале лекарска помош поради повреди од кучиња. Од болницата информираат дека од 75 случаи кои се пријавени, 21 пациент посочил дека бил нападнат од бездомно куче, а 54, или 70 отсто, биле на удар од домашни миленици кои имале стопан.

Се смета дека во градот има околу 9.000 бездомни кучиња. Одговорните во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, претпријатие задолжено за грижа кон овие животни, велат дека со проектот „Залови, стерилизирај и пушти“ бројката за една година е намалена за една петтина. Со проектот на хуман начин се влијае на оваа популацијата на територијата на Град Скопје. Тоа е прв проект од ваков вид во Македонија и претставува обид со научни методи да се решава проблемот со бездомни кучиња.

- Кога пред неколку години почна проектот „Стационар“, процените на австриската Фондација „Фир Фотен“ беа дека во Скопје има околу 5.000 - 6.000 бездомни кучиња. Но, бројката е многу поголема, бидејќи кучињата постојано се размножуваат. Има безброј примери со маалски кучиња, кои ги хранат луѓе од зграда или од маало, сакајќи да покажат хуманост, ама никој не ги прибира дома за да преземе одговорност за нив. Кучињата се размножуваат над секоја граница на толеранција, а човекот реагира агресивно кон нив, не признавајќи ја својата вина, својот удел во нивната бројност - вели Југослава Поленак, одговорна за односи со јавноста во ЈП „Комунална хигиена“.  И Димче Велковски, ветеринар од стационарот за кучиња, ги повикува граѓаните да не се агресивни кон кучињата од улица.

- Секое убиено куче „ослободува“ територија за нови, на кои храната така им е полесно достапна. На местата каде што масовно биле убивани кучињата, тие што останале добиле подобри услови за живот и секогаш побрзо се размножувале. Ова правило во практиката се покажа точно - вели Велковски.

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека во соседните земји проектите се поддржани и од државата и се под надзор на тела на Европската Унија, па затоа и ефектите биле мошне големи. Во Скопје, Комунална хигиена самата им го предложила овој проект на градските власти, од кои добиле зелено светло, но парите и поддршката од државата се ограничени.

Стационарот има капацитет за 60 кучиња. Од септември 2007 година досега се истретирани околу 1.600 животни-скитници, од кои половината се евтаназирани, а другата половина се стерилизираат и се враќаат на местото од каде што ги зеле. Тие кучиња се безбедни од здравствен аспект и не се размножуваат повеќе.

Во Букурешт убиени 37.000 кучиња

Поради поголема безбедност на посетителите на Самитот на НАТО, во Букурешт се уловени и убиени 37.000 кучиња од улиците.Во Софија, каде што веќе две години се спроведува проект сличен на нашиот, се заловени околу 10.000 животни, од кои повеќето се вакцинирани, стерилизирани и вратени на улица, а само помал број болни и агресивни животни се евтаназирани.

ИНФО-Реагираат на адреналин

Кучињата може да нападнат ако кај некои луѓе забележат неправилно движење, значи хендикепирани, стари и изнемоштени, луѓе што возат ролерки или слично. Улично куче не е опасно ако се однесувате нормално и ако не покажувате знаци на страв. Понекогаш, кога човек се плаши, организмот му лачи повеќе адреналин, па од миризбата на човекот кучињата се надразнуваат и може да бидат агресивни, објаснува ветеринарот Велковски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=323A62DCDF5CA74E8A3EE548444610C5




Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 01:04
Ете како може транпарентноста да биде позитивна. Ја од кога го прочитав текстов темелно го сменив ставот кон овие кучиња. На пример не го имав во предвид фактот дека секое убиено куче ослободува територија на друго куче кое полесно ќе се храни и ќе се размножи и повеќе беља ќе направи. Исто така незнаев дека ефектот ќе биде една петина од кучињата да ги снема за една година. Се надевам дека податоците се вистина а не манипулација за јавноста. Сега давам поголема поддршка за овој проект на ЈПКХС.


Posted By: Plugger
Date Posted: 15-Oct-2008 at 03:59

Zosto gi pustaat? Pa ima razni bolesti mora nekoj da go chuva kucheto ako ne togash mora da gi pogubat. Ne gledam logika da gi pushtat, sekoe kuche mora da bide registrirano. Vaka da zarazuvaat luge i da gi napagjaat ne biva, tuka e higienata vo prashanje ako sakaat zakoni kako singapur togash prvo sto treba da napravat e zhivotnite od ulica da gi trgnat.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Nov-2008 at 11:11
ПОТРЕБНА Е СЕРИОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА
Убивањето не е решение, но и заловувањето не помага

Повеќе од 10.000 бездомни кучиња шетаат по скопските улици и претставуваат опасност за граѓаните. За само две години нивниот број е зголемен за 4.000 и покрај нивното редовно заловување и стерилизирање. Очигледно на градот му е потребна посеопфатна стратегија за решавање на тој сериозен проблем. Граѓаните велат дека е непријатно да се поминува низ градот, особено во вечерните часови, зашто не ретко кучињата напаѓаат луѓе или трчаат по возилата во движење, па можат да бидат причина и за сообраќајна несреќа. - Пред неколку дена, кога се враќавме дома, неколку големи кучиња почнаа да лаат по нас и се затрчаа да не нападнат. Беше темница и немаше кој да ни дојде напомош. Среќа што бевме поголемо друштво, па успеавме да ги истераме, да бев сама, немаше шанса да се одбранам - се пожали Соња Поповска, која живее во Кисела Вода. Пред повеќе од една година, Советот на Скопје ја усвои програмата за решавање на проблемот со кучињата-скитници, според која тие се сместуваат во стационарот во Вардариште, а ЈП „Комунална хигиена“ е надлежно за нивно собирање од улицата. Во изминатава година се третирани вкупно 1.596 кучиња, од нив 871 се еутаназирани, 648 се кастрирани, а 98 се вдомени. Според Југослава Поленак, портпаролка во ЈП „Комунална хигиена“, неопходна е национална стратегија за решавање на проблемот со кучињата не само во Скопје, туку и на ниво на целата земја, бидејќи кучињата не знаат за разлики меѓу општините и лесно преминуваат од едно населено место во друго. Таа вели дека неопходно е да се бара одговорност и од сопствениците на милениците, кои честопати кога ќе им здодее да ги чуваат ги пуштаат на улица. - Убивањето не е решение. На местото на секое убиено куче на одредена територија, доаѓаат нови на кои храната им е леснодостапна. На локациите каде што масовно биле убивани кучиња, оние кои останале добиле подобри услови за живот и секогаш побрзо се размножувале - вели Поленак. Во службата која е задолжена за собирање на бездомните кучиња има само тројца вработени кои располагаат со едно возило и кои во просек месечно собираат од 150 до 210 бездомни кучиња, што, споредено со нивниот број и брзината со која се размножуваат, е тапкање во место. Една женка во текот на една година раѓа од пет до девет кутриња. Лесно може да се пресмета за пет-шест години колку бездомни кучиња може да продуцира само една женка. Поленак вели дека во големите европски градови нема расфрлана храна и отпадоци насекаде. Отпадот е спакуван, селектиран и кучињата немаат допир до него, па поради тоа и помалку ги има по улиците.

Храната во депониите мамка за кучињата

Според „Фиер Фотен“, австриска организација за заштита на животните, убивањето не е вистинскиот начин за справување со проблемот со кучињата, туку нивната стерилизација. Во Букурешт, пред одржувањето на самитот на НАТО, се уловени и убиени 37.000 кучиња, но само неколку месеци подоцна улиците повторно биле преплавени со бездомни животни. Причина е лесно достапната храна и неодговорниот однос на луѓето кон домашните миленици.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1545&ArticleID=101809




Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Nov-2008 at 11:20
ЛЕсно може да се заклучи дека бројот на кучиња е правопропорционален со храната што е растурена по градот. Значи има онолку кучиња колку што можат да се најадат, ане колкушто можат да се размножат. Значи проблемот не е во кучињата него во храната, а некои граѓани дури и намерно растураат храна со цел да ги хранат кучињава. Очигледно решението е во казни "за поттикнување неконтролирано размножување на бездомни животни во урбаните населби" во висина од 50 евра, како и другите комунални казни.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Nov-2008 at 02:25
Кривична за отстранувачи на кучиња


"Целата јавност е сведок на распишани тендери за "отстранување" на кучињата (последен е примерот со РЕК Битола). Никој не конкретизира што се подразбира под "отстранување"!? Дали нивно застрелување, што е спротивно на кривичниот закон, за коешто може со сигурност да гарантираме кривична пријава, или, пак, тоа подразбира транспорт до стационарите, кои немаат ниту услови, ниту капацитет?". Вака реагираат од НВО "Срце за животни" од каде вчера уште еднаш апелираа до надлежните министерства, Владата, градоначалниците и сите институции, да се заземат за финансирање на изградбата на прифатилишта за животни, доделување на локации за таа намена и подобрување на законската регулатива која се однесува на бездомните животни.

-Решавање на проблемот со овие животни со години е безуспешно и тоа во сите градови во државата. Како е можно, градови како Скопје и Битола, да си дозволат да немаат ниту едно прифатилиште за бездомни животни, а стационарите не ги задоволуваат ниту најелементарните критериуми за третман и привремено задржување на животните, смета Вангел Мичевски од оваа невладина организација. Тие вчера најавија формирање на сојуз на здруженија кои ќе понудат помош за решавање на сите проблеми, како партнери на надлежните институции.

http://vecer.com.mk/?ItemID=69019EE048CCB544A1998589AF26E72E




Posted By: Supervisor
Date Posted: 23-Nov-2008 at 14:30
Абе нека не кажуваат приказни доста е веќе или носете ги сите во стационар или пушката!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2008 at 21:35
кој си ги обожава, нека си ги прибере дома


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2008 at 01:20

Градот има потреба од нови прифатилишта за кучиња

Лошата состојба во стационарот во Вардариште предизвика остра реакција на здруженијата за заштита на животните. Тие апелираа до Владата, надлежните министерства да доделат локации и пари од буџетот за изградба на уште едно прифатилиште за бездомни кучиња. Тие побараа да бидат вклучени во 24-часовен надзор на стационарите и прифатилиштата.

- Бараме од градските власти да ни дозволат мешовито водење на стационарите, во кои освен претставници од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, свои претставници ќе имаат здруженијата за заштита на животните. Нашите организации имаат стручни тимови што можат да помогнат при водењето на стационарот, а со тоа ќе придонесот за похумано решавање на овој проблем - изјави Драган Пешиќ од здружението „Има надеж“.Поради ваквата лоша состојба во стационарот, здруженијата ќе формираат сојуз кој ќе им нуди помош на надлежните институции решение на овој проблем.

- Знаеме дека во стационарот нема идеални услови за кучињата, но се трудиме средствата со кои располагаме да ги искористиме за вистинските работи. Состојбата може да се подобри и затоа ги покануваме сите заинтересирани граѓани што сакаат да помогнат, да го сторат тоа - изјави Југослава Поленак, портпарол на ЈП „Комунална хигиена“.Според процената на ветеринарите што се вклучени во проектот за третирање на кучињата- скитници, во градот има приближно 6.000 кучиња-бездомници, па според тоа неопходна е изградба на барем уште едно прифатилиште за овие кучиња.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8A33093F25781B48B24147623C7A156C




Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2008 at 11:26
„Комунална“ негира дека лошо ги третира кучињата
Стационарот во Вардариште обезбедува хуман третман на уличните животни и воопшто не се точни тврдењата на организацијата „Има надеж“ дека условите во него се лоши, реагираа вчера од јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Тие додаваат дека досега оваа организација воопшто не се обратила кај нив да им понуди некаква помош, материјална или волонтерски ангажмани.
 
- Парите со кои се финансира стационарот се ограничени од градот, па секоја помош од граѓаните или од организациите е добредојдена, без разлика дали е во храна, нега и хигиена за кучињата и слично. А оваа организација без да стапи во контакт со нас нуди некаков заеднички менаџмент и ни обвинува како работиме. Затоа логично се поставува прашањето кои се вистинските мотиви за таа понуда - истакна Југослава Поленак, портпаролката на претпријатието.
 
Стационарот и службата за хуман третман на уличните животни работи веќе 14 месеци во составот на „Комунална хигиена“, под надзор на Британското кралско здружение за заштита на животните. Британците заклучиле дека условите во Скопје се многу подобри од тие во Софија иако тамошниот стационар го финансираат и бугарската држава и фондовите на Европската унија.
 
Слободан Костовски, раководителот и извршителот во стационарот „Вардариште“, смета дека проблемот со бездомните животни може да се реши со посебен закон.
 
- Нема регулатива со која ние би имале увид на родените кучиња. Во многу европски земји сопствениците мора да ги кастрираат домашните галеничиња, а ако не го направат тоа треба да го пријават секое раѓање. На овој начин се решава проблемот со исфрлањето на младенчињата на улица - вели Костовски.
 
Од „Комунална хигиена“ информираа дека од градските власти идната година треба да добијат ново возило и пушка за успивање.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=244&ArticleID=11970



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Nov-2008 at 23:07
По улиците се повеќе бездомни кучиња


Како главна причина за ваквата состојба, велат од Стационарот во Вардариште, е немањето на никаква евиденција за бројот на домашните миленичиња и податоците за бројот на нови младенчиња


Бројот на бездомни животни на скопските улици од ден на ден е се поголем и покрај тоа што заловувачката служба на ЈП Комунална хигиена повеќе од една година го спроведува проектот за хуман третман на кучињата од улица. Надлежните од јавното претпријатие велат дека работат непрекинато и досега имаат истретирано околу 1700 животни, но признаваат дека не можат да воспостават контрола на теренот. Како главна причина за ваквата состојба, велат, е немањето никаква евиденција за бројот на граѓаните кои чуваат домашни миленичиња и податоци за бројот на нови младенчиња.

- Во добро организирани држави секој сопственик има книшка и е обврзан да го контролира парењето на миленичето, односно одговара за секое младенче. Кај нас, малите кученца најчесто се фрлаат на улица или пак ги земаат лица од помодарство, кои не се подготвени да ја извршат обврската за нивно чување и кога ќе го сфатат тоа, животните завршуваат на улица - информира Слободан Костески, одговорен за Стационарот. Тој вели дека проблемот со кучињата-скитници во Скопје е повеќегодишен и акутен. Пред да почнат со проектот за хуман третман на животните, располагале со груба проценка дека по улиците има околу 6000 кучиња, но и покрај нивните напори да стават ред и 24-часовната ангажирансот на теренот, велат дека таа бројка и натаму е актуелна.

- Никој од ветеринарните служби претходно не излегол со точни податоци за бројот на бездомни кучиња на скопските улици, што е предуслов за да се започне со осмислување на програма за решавање на овој проблем - вели Костески и притоа ги демантираше обвинувањата на некои здруженија за заштита на животните дека условите во Стационарот во Вардариште се лоши. "Знаеме дека во Стационарот нема идеални услови, но се трудиме средствата со кои располагаме да ги искористиме за подобрување на состојбата и затоа ги покануваме сите заинтересирани граѓани што сакаат да помогнат, да го сторат тоа - велат ЈП Комунална хигиена. Обвини дека никој од членовите на организациите што се грижат за животни не се обратил да им понуди помош, да види како се чуваат, или да ги нахрани, туку само знаат од страна да критикуваат.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6AF0B3A098160B418E9FE2DB15AEF77E


Posted By: beTon
Date Posted: 29-Nov-2008 at 00:12

 добро а има некој бројка колку диви мачки има во СК и колку и дали се тие поопасни од бездомните кучиња. мислам дека кучињата не се толкав приоритет колку мачките гледано од  дезинфекциски аспект... ем неочекувам дека кучиња има повеќе од мачки,  ем мислам дека мачките можат далеку повеќе болести да пренесат, во контакт се глодари и птици.  

http://217.16.70.245/?pBroj=2155&stID=74792&pR=23 - Свет во кој животните нема да страдаат - Утрински - 11.08.2006

http://www.srna.org.mk/pamflet.htm - Срна - хумано решавање на проблемот со бездомни кучиња



Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-Nov-2008 at 16:19
Навистина не знам што се случува со животните скитници, едно време имавме и по четири стационари, а сега повторно ниту еден. А зима се ближи, а со тоа глутниците кучиња ќе постанат агресивни и гладни и сигурно дека повеќе ќе напаѓаат. Затоа Комунална треба да ги искористи во поголема мера капацитетите на Вардариште, да се убиваат болните и агресивните кучиња, а останатите да се згрижат, да се кастрираат и да се направи медиумска акција за загрижување на на тие животни од граѓаните на Скопје. Оние кои што нема да си најдат сопственик да се вратат на улица. Кастрираните кучиња не се опасни, се мили и не напаѓаат, а и не се размножуваат, самиот си знам бидејќи имам такво куче по домаBig%20smile.


Posted By: beTon
Date Posted: 29-Nov-2008 at 16:28

Бојан кучето го зема од стационар или? ме интересира има некаков период по тоа стационарите кога ги даваат за посвојување а сеуште да не се кастрирани животните?!

  • Цена на услуга за уловување на животни –скитници и престој во стационарот ,без медицински третман и подигање на згазени и умрени животни
    1. Подигање на згазени и умрени животни на подрачјето на град Скопје  - 1.100 ден/парче

    2. Уловување на животни –скитници (мачки,кучиња)на подрачјето на град Скопје и нивен престој во стационар без медицински третман  - 1.200 ден/парче

* Во единечната цена не е пресметан ДДВ

http://www.khigiena.com.mk/fileadmin/pdf/cenovnici_odluki/odl_cen_sanitar.pdf - www.khigiena.com.mk/fileadmin/pdf/cenovnici_odluki/odl_cen_sanitar.pdf

http://www.khigiena.com.mk/index.php?id=149 - Комунална Хигиена > Сервиси > Ценовник




Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Nov-2008 at 19:14
една чудна работа приметив, во последно време врие низ веснициве ради овие кучиња скитници ама на некој ама баш ич гајле не му е, па дај боже нека го искасаат па да видиме како ке биде јас еднаш мака си терав низ парк едвај се спасив 20 кучиња ме нападнаа ,тоа е тоа што ке прајш

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Dec-2008 at 13:07
БеТон, кучето не го земав од стационар, но го кастрирав и морам да кажам дека сега е многу попитома, додуше единствена маана е што кастрираните кучиња се дебелеат. Што се однесува до глутниците низ паркот, тоа е веќе традиција, мене ми се случило бар 3 пати да ме изедат, па затоа преку зима веќе не се шетам на тој дел од паркот. Ама има ден, ќе се случи на некој од политичариве да го гризнат него или негово дете, па тогаш ќе се позанимаваат малку повеќе со оваа проблематика.


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Dec-2008 at 13:15
LOL склони кон дебелење а, немаат екстра волја за активност или од жал кризираат па си лечат комплекси со храна, да имаа категорија грицкање семки во својот речник може ќе избегнеја товарење со храна...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Dec-2008 at 16:45
Склони на дебелеење, кротки, по цел ден спијат и се галат, сакаат луѓе, но не и машки кучиња да ги душкаатBig%20smile!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2008 at 01:19
Кучињата во стационарот во Вардариште масовно се убиваат без причина

Животните за кои нема добра прогноза за живот и се потенцијално опасни за граѓаните, хумано се евтанизираат, велат од стационарот

Членови од Асоцијацијата за заштита на животните, го обвинуваат Јавното претпријатие „Комунална хигиена“дека во стационарот во Вардариште се врши масовно успивање на уловените улични кучиња. Од официјалните бројки на „Комунална хигиена“ во изминатава година се заловени 1.747, а евтанизирани се 1. 045 кучиња.Драган Пешиќ, претседател на Здружението „Има надеж“, вели дека за масовната евтаназија во стационарот покажуваат и официјалните податоци.

- Бројките се поклопуваат со нашите сомневања. Можеби бројката е поголема, но тоа го нема во официјалните податоци. Бараме ригорозна контрола за тоа колку кучиња поминуваат низ третманите во стационарот, но и јавна контрола на средствата што се наменети за негово работење - изјави Пешиќ.

Членовите од асоцијацијата велат дека во „Комунална хигиена“ објаснуваат оти се евтанизираат само тешкоболните и агресивни кучиња , па останува нејасно како е можно половината од заловените кучиња да се тешкоболни. Југослава Поленак, портпарол на „Комунална хигиена“ не даде одговор зошто секое второ куче се усмртува. Таа тврди дека заловувањето на кучињата на скопските улици е хуман третман и дека работат совесно и според стандарди.

- Заловените животни, кои според стручното мислење на ветеринарот се стари, изнемоштени, тешко болни, со болки, знаци со лоша прогноза за квалитет на живот или претставуваат потенцијална опасност за граѓаните, хумано се евтанизираат. Нивната евтаназија е според меѓународни ветеринарски стандарди. Стационарот и службата работат максимално транспарентно и во согласност со Годишната програма изгласана од Советот на Град Скопје - изјави Југослава Поленак, портпарол на „Комунална хигиена“.

Здруженијата, наспроти нејзините тврдења, велат дека само мал дел од овие кучиња биле тешко болни или агресивни и дека немало вистинска причина да се евтанизираат, освен желбата на некои луѓе што побрзо да се ослободат од нив. Од Асоцијацијата се револтирани и од односот кон заловените кучиња што чекаат посвојување.

- Не сме задоволни и од условите во кои се сместуваат здравите кучињата. Спијат на под и смрзнуваат, а тоа не е хуман третман, како што нагласуваат од „Комунална хигиена“. Минатата зима им смрзнаа 40 кучиња, тоа е податок кој укажува дека таму нема услови за згрижување на кучињата - објаснува Пешиќ.Слободан Петревски, раководител на стационарот, вели дека планираат да ги покријат боксовите со најлони за да се заштитат кучињата од студот.Тој додава дека првичната идеја да се постави слама на која ќе може да лежат кучињата зиме, нема да се реализира оти така ќе биде тешко да ја одржуваат хигиената во боксот.

- Наместо слама, во секој бокс има дрвени подлошки за кучињата, да не спијат на цемент. Ако добиеме донации, целосно ќе ја заградиме просторијата во која се сместени животните - изјави Петревски.Здруженијата формирале и свое прифатилиште за кучиња во населбата Ново Лисиче низ кој за година и пол поминале околу 100 кучиња, од кои 50 се удомени. Прифатилиштето го одржуваат од сопствени средства, но им помагаат и граѓани со мали донации. Имаат и договор со четири градинки за да им ги собираат остатоците од храна. Според податоците од „Комунална хигиена“, за една недела се третирани само 22 кучиња, а убиени околу 230 животни.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A49D83A1FB6EE647BACB8C265444C16D




Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Dec-2008 at 02:03
Добра идеја за приватни прифатилишта. Ако има барем А од активизам на невладините организации, тогаш вакви прифатилишта требаше да се градат уште од порано. Вакви мини-центри низ населбите ќе бидат позитивна работа, вложувањата би биле мали, а во зимските месеци би можеле и да се грижат за прехрана на уличарските кучиња, за тие да не напаѓаат.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 18-Dec-2008 at 14:26
malce za kucinjata od stranstvo,koj ne se bezdomnici tuku spijat po hoteliBig%20smile
Хотел со пет ѕвездички за кучиња

Сопствениците на кучиња кои привремено мораат да се одвојат од своите миленици ќе можат да ги сместат своите „пријателчиња“ во хотелот „Канис ризорт“ во близина на аеродромот во Минхен.

- За едно ноќевање по цена од 80 евра, хотелот ги задоволува сите барања на доброситуираните клиенти кои сакаат на своето куче да му ја обезбедат целата можна удобност за време на нивното отсуство. Прифаќањето се врши 24 часа дневно седум дена во неделата, изјави директорката на хотелот Сабине Гартајс, додавајќи дека секој пес има свој личен „догситер“.

Понудата на хотелот „Канис ризорт“ ги задоволува и оние сопственици со огромни побарувања. За изгледот на кучињата се грижат искусни стилисти, обезбедено им е гастрономско мени, а тука има и специјална услуга „од врата до врата“, со која на кучињата им е овозможено да го пречекаат својот сопственик на аеродромот по враќањето од пат.

Хотелот нуди и дневен престој за кучиња чии сопственици истиот ден се враќаат од пат.
http://www.idividi.com.mk/zabava/Zanimlivosti/490756/index.html


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Dec-2008 at 15:22
е добро де, овие не се бездомни


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 19-Dec-2008 at 00:40
pa ne rekov deka se bezdomnici,procitaj poubavo.onaka samo go staiv toj post tuka zasto za kucinja ne gledam na drugo mesto.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Dec-2008 at 17:12
super e idejata ...
Ќе се собираат донации за уличните кучиња
Група млади луѓе денеска ќе организираат акција за собирање пари, со кои ќе се купува храна за уличните кучиња. Оваа предновогодишна акција ќе се одржи на кејот на реката Вардар со почеток во 12 часот. Организаторите ги покануваат сите хумани граѓани да дојдат и да донираат колку што можат да одвојат од својот буџет за да им помогнат на бездомните животни.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=269&ArticleID=14112 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=269&ArticleID=14112


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Dec-2008 at 18:24
Не можам да се изначудам на вакви „хумани“ луѓе. Ќе ги хранат уличните џукели кои секојдневно касаат по некој човек, лаат по точаци, истрчуваат на улица и се причина за сообраќајни незгоди. Да не збориме за сликата на градот...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2008 at 19:01


Јас имам многу помек став кон уличните кучиња, ама не можам да се изначудам колку сме некоординирани. Ако една од методите преку која треба да профункционира кастрирањето е делувањето преку количеството на достапна храна и за оние кои нема да бидат кастрирани (со што  би се намалило нивното размножување и ограничила популацијата), тогаш вакви „хумани“ акции го поткопуваат хуманиот метод за справување со овој проблем. Нашите граѓани треба да сватат дека уличните кучиња не се „миленичиња по потреба“ со кои можат да се позанимаваат повремено и без одговорност. Кој е посветен на проблемот или сака да покаже хуманост нека посвои вакво куче или нека донира за стационарите.


Posted By: beTon
Date Posted: 29-Dec-2008 at 01:52

патем и кај нас има хотели за домашни миленичиња, но оди имај верба на некого оставиму го милиот член на семејството! http://www.zlatnakniga.com.mk/Details.aspx?zaglavje=2741 - ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ - ХОТЕЛИ - www.zlatnakniga.com.mk/Details.aspx?zaglavje=2741 [ http://www.milenici.com.mk/viewtopic.php?p=42765#42765 - 1 ]

но мене ме изненади повеќе касапанава во БТ , ова луѓево или гледаат многу филмови или некому хоби му станува да фрла отров како шкорчиња по планина!

ОПАСНО УНИШТУВАЊЕ ЖИВОТНИ ВО БИТОЛА - Помор на кучиња од подметнат отров
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=E4F355167A30114492B258D237477BA1&arc=1 - Труеле кучиња, ќе отруеле луѓе



По вдишувањето животните пцовисуваат за неколку минути, а се' уште не се знае кој го растурил отровот по јавните површини и колку е опасен за луѓето

Масовно труење на бездомни животни, но и на домашни миленичиња е забележано деновиве во Битола, а се претпоставува дека причината е силен отров, што некој го разнел по јавните површини. Граѓани раскажуваат дека животните го вдишуваат, а потоа за десетина минути паѓаат покосени на земја. Последниве денови се забележани голем број пцовисани кучиња и мачки низ целиот град. Некои од нив може да се видат пцовисани и здрвени по улиците. Главите им се облеани со крв, која претходно им истекла од устата и од носот. Меѓу пцовисаните животни е тригодишниот германски овчар Арон од Битола, повеќекратен шампион, миленик на семејството Ракосовски од битолската Педагошка населба. Неговиот стопан Миле Ракосовски раскажува дека кучето било дресирано да не јаде ништо по улица. 

- Го извадив да го прошетам со поводник. Се оддалечивме 70 метри од нашата гаража, душкаше низ тревата, падна и почна да се тетерави. Му дадов лекови, но почна да му тече крв од устата. Беше мртов за 7 минути. Дојде и ветеринар и рече дека му нема спас и дека се работи за јак отров што не смее да се фрла по улици каде што си играат и деца - тврди Ракосовски. Во другиот дел на градот, кај Градско поле, исто така пцовисаа неколку домашни кучиња што сопствениците ги држеле да им ги вардат малите фарми. За седум дена таму пцовисале четири кучиња. Сопствениците велат дека навечер ги нахраниле и ги оставиле здрави, а утрото ги нашле пцовисани, со истечена крв од устата. 

- Утрото дојдов да ги нахранам козите и кокошките. Почнав да викам по кучињата Најдо и Мечо, но тие не мрднаа. Некој ги затрул во текот на ноќта. Пцовисаа и две кокошки - вели Паца Крстевска. 

Меѓу затруените имало ротфајлер и шарпланинец. 

- Кучињата беа врзани со синџири, па не правеа штета наоколу. Во овој крај не живеат луѓе на кои домашните миленичиња би им пречеле. Во околината има само импровизирани штали со кози, свињарници, кокошарници... Сега почнав јас да чувам стража и видов по полноќ како двајца мажи поминуваат оттука - вели Ванѓел Петровски од Битола. Масовното труење ги мобилизира активистите на Здружението „Срце за животните“. Случаите ги пријавиле во полиција, ветеринарска инспекција, а ќе побараат да се изврши аутопсија врз кучињата. 

- Претпоставуваме дека се работи за многу јак отров. Ова не може да биде направено со некои отрови што се во слободна продажба. Се прашуваме кој можел да го фрли на јавна површина каде што си играат деца, минуваат луѓе, па може да дојдат во допир со тие отрови - вели Драган Максимовски, член на здружението. Според Законот за заштитата на животните, силни отрови не смеат да се фрлаат на јавни површини, посебно не без известување на граѓаните. 

- Погрешно е некој да мисли дека шинтерите се тие што работат со тоа. Таква работа нема шанса да се направи од нашата служба, што е строго забрането - вели Бранко Тасевски од шинтерската служба.

Оттаму апелираат до продавачите на отровите да внимаваат што и кому продаваат. Пцовисани животни има на повеќе места низ градот, а слично било и пред еден месец, кога шинтерите забележале затруени кучиња крај две основни училишта и на други места. 

ИНФО-Отруен и шампион

Масовно труење на бездомни кучиња и мачки, но и на домашни миленичиња е забележан деновиве во Битола. Меѓу пцовисаните кучиња е и тригодишниот германски овчар Арон, повеќекратен шампион, како и ротвајлер и шарпланинец. Нивните сопственици, но и надлежните служби, засега не знаат кој е трујачот на животните, како и видот на отровот. Според Законот за заштитата на животните, силни отрови не смеат да се фрлаат на јавни површини, посебно не без известување на граѓаните.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=E4F355167A30114492B258D237477BA1&arc=1 - Дневник - Жанета Здравковска - 27.12.2008



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2008 at 01:56


Да оваа појава е крајно загрижувачка. Еве дури и да ги занемариме кучињата (било скитници или домашни миленичиња), опасноста да настрадаат луѓе, особено деца е реална. Не знам што е работата... Ова може да го направи или некој без грам мозок или некој без грам совест!



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2008 at 03:38
http://www.prilep.gov.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=479&pop=1&page=0&Itemid=1

< ="" ="text/">
Комплетирана Шинтерската служба http://www.prilep.gov.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=479&pop=1&page=0&Itemid=1#">Испечати
24.12.2008.
http://www.prilep.gov.mk/images/stories/news2008/dek2008/web%20sinterska%20sluzba/IMG_314sinterska%20sluzba.jpg">IMG_314sinterska%20sluzba.jpg

ЈКП,,Комуналец,, пред една година ја оформи Шинтерската служба.Овој месец службата е комлетирана и е редовно на терен.Само месецов во градов се згрижени во специјално направените боксови над 100-тина кучиња. Покрај кучињата скитници ,Шинтерите повремено ги прибираат и куќните миленициња ,кои несовесните грагани ги пуштаат слободно да се цвижат по ул




Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jan-2009 at 05:23

Изгладнети кучиња напаѓаат луѓе

Снегот и ниските температури им го отежнуваат животот на бездомните кучиња, оставајќи ги без храна

Снежана Калабакова

Снегот и ниските температури им го отежнаа животот на кучињата-скитници и ги оставија без храна, така што прегладнетите животни повторно почнаа да ги напаѓаат луѓето. Стана редовна слика низ населбите, но и во централното градско подрачје, бездомни кучиња да шетаат по улиците и да трчаат по минувачите силно лаејќи и плашејќи ги луѓето.

Неодамна во населбата Скопје-Север пред влезот на станбената зграда куче нападнало возрасна жена која се враќала од пазарење. Кучето ѕверски и' се нафрлило и ја каснало за нога. Ја спасиле соседите, кои случајно се нашле на местото.

Според податоците од Ветеринарната болница, од почетокот на годинава шестмина скопјани каснати од кучиња дошле за потврди дека животните немале беснило. Граѓаните, пак, велат оти ова е потврда дека програмата што ја реализира Градот за третман на кучињата-скитници е несоодветна и не дава резултати. Не е доволно само да се спречи нивното размножување, зашто тие се гладни. Сега на снегот се појавуваат како глутница волци и напаѓаат минувачи.

Скопјани ги повикуваат друштвата за заштита на животните да не бидат само гласноговорници, туку да излезат на терен и да ги нахранат гладните животни. Познавачите на состојбите, кои сакаа да останат анонимни, велат дека овие друштва немаат ниту свои седишта, а камоли проекти со кои ќе обезбедат средства за третман на кучињата-скитници. А, и во Службата за информации нема телефонски броеви на ниту едно вакво друштво.

„Нешто мора да се направи со кучињата-скитници на ниво на секоја општина. Во решавање на проблемот мора да се вклучи и државата со конкретни програми и мерки, зашто ова што се прави сега не е доволно. Не е решение гладните животни да ги хранат поединци-ентузијасти од друштвата за заштита на животните, како на пример „Срна“ или „Паун“, кои се силни само на јазик, а не и на дело. Кучињата мора да се тргнат од улица. Очигледно не е решение само да се кастрираат и пак да се пуштат. Со глутници-кучиња не се влегува во Европа“, објаснува Илија Новевски, биолог во Зоолошката градина во Скопје.

Драган Алексовски, директор на Ветеринарната болница во Скопје, вели дека покрај конкретна и добра програма, потребни се и пари за кучињата- скитници да се тргнат од улица. Не можат тие да се заловат и една година да се чуваат во стационар. Додава дека порано се обидувале нешто да направат друштвата за заштита на животните. Но, според него, без финансиска поддршка и само со реакција на поединечни стрелци ништо нема да се постигне.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4ED5A356FD74E040962CEFA3D89B9DBE



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jan-2009 at 15:30
Еве што ископав од длабочините на мојот хард диск... иако сликите се стари неколку години сепак да ги евидентираме за да се потсетиме до каде оди нашата негрижа и да се запрашаме дали со куполи и жардињери се станува „метропола“.

Македонското собрание:

Nuts

1


2




Posted By: beTon
Date Posted: 17-Jan-2009 at 15:38
ај фората ова е добро, ова сигурно е од времето на Милан Талевски, со оглед дека тревникот пред собрание на сликава не е хортикултурно уреден! 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jan-2009 at 23:53
Стравот ги тревожи кучињата


Во ситуација еден на еден најбитно е да бидете мирен и да не манифестирате агресија. Односно не почнувајте да бегате и да покажете страв, зошто кучињата го осеќаат покачувањето на адреалин во крвта, велат стручните лица од Стационарот за бездомни животни Вардариште


Само на улиците низ главниот град, според официјалните податоци, згрижени со жолта маркица денеска има околу 3000 кучиња скитници, но се претпоставува дека бројката е драстично поголема на, не евидентираните и според надлежните 10 000 кутриња моментално се шетаат низ скопските улици. Ни во останатите градови низ Македонија ситуацијата не е значително подобра.
-Се враќав од Веро со кеси заедно со мојата сопруга, наеднаш осетивме како ни се доближува нешто од позади нас, кога се свртевме веќе беше доцна. Десетна кучиња се обидоа да ни ги зграпчат кесите во кои имавме мелено месо купено од маркетот. Видно уплашен се снајдов извадив парче месо, и го фрлив на разбеснетите кучиња и успеавме да побегнеме заедно со сопругата. Блиската средба со глутницата кучиња во понеделникот вечерта ја имаше Глигор и неговата сопруга жители на населбата Тафталиџе.

- Во ситуација еден на еден најбитно е да бидете мирен и да не манифестирате агресија. Односно не почнувајте да бегате и да покажете страв, зошто кучињата го осеќаат покачувањето на адреалин во крвта, велат стручните лица од Стационарот за бездомни животни Вардариште.

Слободан Костевски раководител на стационарот за Вечер изјави дека не е запознает за немилиот настан во кој за малку ќе настрадале скопјаните.
- Досега не сме имале пријава за напад на минувачи во тој дел од градот. Нашите служби се 24 часови на терен и интервенираме на сите повици кај граѓаните, дали тоа се работело за напад, отруени или згазени кучиња нашата служба веднаш излегува на терен. Конкретно за случајов не сум запознает бидејки не бил пријавен. Верувам граѓаните се информирани за нашите контакт броеви на кој можат тоа даго пријават напад. Уште во текот на денешниов ден ќе испратиме екипа која ќе интервенира на лице место објасни Костевски.

Од Ј.П. Комнална Хигиена тврдат дека во моментов работат на отсртанување на агресивните кучиња во градското подрачје и нивно трансферирање понатаму на ветеринарски преглед во стационарот Вардариште. Од Комунална но и од Стационарот за бездомни животни информираат дека граѓаните доколку се најдат во ваква или слична ситуација слободно можат да се обратат на бесплатниот број за пријава на скитници на 3216-644 или директно во срационарот на бројот 820-1315.

МЕСО В ЏЕБ
Додатоци кои до некаде гарантираат одбрана во ситуација на случен евентуален напад: спреј солзавез ( кој е забранет за употреба, но дозволен за купување), храна за кучиња или парче месо со кое ќе го одвратите вниманието на пессот доколку ве нападне, како и подебела облека, како чорапи, шал, капа и ракавици помошен детал присутен во овј дел од годината.

http://vecer.com.mk/?ItemID=466545B3F9BDE34B87222F7A79A42C32


Текство му доаѓа како некое упатство како да шеташ безбедно низ Скопје!


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Jan-2009 at 23:59
Пред градежен има 3 кучиња кои цело време се таму, и пред неколку дена 3-те ми се с`снаа. Јас сум голем љубител на кучиња но во вакви моменти само гледам кое прво да го шутнам. За среќа се тргнаа на време.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jan-2009 at 00:18
Додатоци кои до некаде гарантираат одбрана во ситуација на случен евентуален напад: спреј солзавез ( кој е забранет за употреба, но дозволен за купување), храна за кучиња или парче месо со кое ќе го одвратите вниманието на пессот доколку ве нападне, како и подебела облека, како чорапи, шал, капа и ракавици помошен детал присутен во овј дел од годината.
Не се тачни овие, очекуваат луѓето навистина да носат парче месо у џеб за во случај на напад? LOL Nuts
Плус тоа со мирисот од месото ваљда би станале многу поверојатна мета...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2009 at 07:16
Построга евиденција на посвоените кучиња


Секој што ќе посвои куче од стационарот Вардариште ќе мора да се обврзе дека ќе го чува, негува и ќе ја преземе целосно одговорноста за него. Ова се новините на стационарот кои што се воведуваат во насока на поорганизирана евиденција на животните кои се даваат на посвојување.
-Тоа значи дека доколку кучето се однесува агресивно или во најлош случај нападне некого газдата одговара за него. Сите што сакаат да посвојат куче ги оставаат своите лични податоци во пишана форма. На овој начин освен евиденција на кучето се води и на нивните сопственици. Затоа се апелира до идните сопственици, доколку повеќе не можат да се грижат за нивните миленичиња да не ги оставаат на улица, тука да ги вратат повторно во стационарот за да може некој друг повторно да ги посвои-информираат од ЈП Комунална хигиена, кои пред две години ја презедоа обврската да се грижат за бездомните кучиња на улиците во градот.
Одговорните информираат дека во јануари заловиле 116 кучиња, од кои 15 биле истретирани, а 8 биле вдомени. Од почетокот на месецов па се до сега биле уловени 41 куче.

http://vecer.com.mk/?ItemID=11549756F9396847B963E9CA57E3F35D


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2009 at 07:19
Ваквите мерки се само дестимулативни за посвојување кучиња. Знаеме каков сстрав во коски имаат нашите граќани кога се во прашање име и презиме! Дури вака кога се е слободно па само 8 кучиња биле згрижени, така па со евиденција нема да биде ни едно. Граќаните едноставно ако толку им дошло до џукела, ќе си соберат едно од улица и нема да бараат од стационар каде ќе им зема некој податоци и ќе им донесе потенцијална одговорност доколку кучето нападне некој. Добро и сега е таква одговорноста за домашните миленици, само што никој досега не регистрирал миленици па да се знае точно сопственикот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Feb-2009 at 10:24

Епа тоа не значи дека треба да се остави да биде дива лига. Дури и да е стимулативно тоа што до сега било оставено без вистинска евиденција и контрола, какво фајде од тоа доколку дел од нив дигнат раце од кучињата?

Инаку се слагам со тебе околу менталитетот и навиките, но кога се лоши тие треба да се менуваат.


Posted By: beTon
Date Posted: 23-Feb-2009 at 18:21

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8C1993B5C3D48F4B9B5C8BC24F8F6CA5&arc=1 - Кочани гради прифатилиште за кучиња

Со цел да се намали проблемот со кучињата скитници, кои последниве месеци се се' помногубројни на улиците во Кочани, локалната самоуправа донесе одлука за изградба на прифатилиште за кучињата скитници. Прифатилиштето ќе биде лоцирано на просторот од градската депонија на патот Кочани - Пониква, над селото Бели. Досега се изградени 25 бокса, уредена е околината, се чека потпишување договор со КЈП „Водовод“ од Кочани, организација што ќе го врши заловувањето на кучињата скитници.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8C1993B5C3D48F4B9B5C8BC24F8F6CA5&arc=1 - Дневник - 21.02.2009

разбирам да бидат лоцирани до затворена депонија како во СК што е случајот со стационарот кај вардариште, но да се носат кучињата до активна депонија тоа ми е некако опасна комбинација, не дека кочани има некоја опасна депонија на која се депонира   опасен отпад, но се сепак постои опасност доколку навистина е стационарот на депонија тогаш постои реална опасност од зарази, па така да прилично ќе биде  опасно посвојувањето на скитници. најверојатно за ваква можност околу посвојување не размислувале во општината,  повеќе ми личи дека се размислувало како да се заштеди на транспорт во случај на касапење.                        



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2009 at 18:25
Originally posted by beTon

разбирам да бидат лоцирани до затворена депонија како во СК што е случајот со стационарот кај вардариште, но да се носат кучињата до активна депонија тоа ми е некако опасна комбинација, не дека кочани има некоја опасна депонија на која се депонира   опасен отпад, но се сепак постои опасност доколку навистина е стационарот на депонија тогаш постои реална опасност од зарази, па така да прилично ќе биде  опасно посвојувањето на скитници


Па кучињата нормално е дека ќе бидат чувани затворени, сигурно нема да им се дава „излез за викенд“ каде тие би можеле да направат некаков излет низ депонијата и после тоа да се даваат на посвојување.


Posted By: beTon
Date Posted: 23-Feb-2009 at 18:32
хм, викенд ова звучи хумано Smile бељата е од самата локација  која потенцијален ако не и сигурен извор на зарази, а доволно е глушец или некое животинче за да се пренесе зараза и во стационарот, чисто се сомневам дека ќе градат некој затворен стационар по европски стандарди, така да многу е реално животните да се изложени на опасности!   


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2009 at 18:34
Не гледам поголема опасност отколку на пример стаорец од канализација да пренесе зараза


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2009 at 14:14
Кучињата ќе се бараат со микрочип ЈП „Комунална хигиена“ во соработка со Кралското здружение за заштита на животните од Велика Британија РСПЦА иницираат проект за поставување поткожни микро чипови на домашните кучиња. Иницијативата има цел да придонесе за намалување на бројот на домашни миленичиња чиишто несовесни сопственици ги оставаат на улица. Напуштените животни, подоцна како скитници се фаќаат од страна на надлежните служби од јавното комунално претпријатие и се носат во стационарот „Вардариште“. - Таквата практика во Англија се применува веќе подолго време, но кај нас досега не е спроведено ниедно поставување микрочип кај домашно животно. Како податоци во локаторот на животното би требало да стојат името и расата на кучето, како и името на сопственикот. Доколку сопственикот не сака повеќе да се грижи за животното и го остави на улица, би требало да сноси законски последици - вели Катерина Лаова, портпаролка на ЈП „Комунална хигиена“. Поради тоа што кај нас се уште нема ваков проект за хуман третман на животните, нема ни одредена надлежна институција која би ги вградувала микрочиповите. - Ова е само предлог со кој сакаме да влијаеме да се намали бројот на кучиња-скитници кои секојдневно ги фаќаме по скопските улици. Доколку биде усвоен, најверојатно работата околу вградувањето на чиповите ќе ја изведува Ветеринарната управа или ветеринарните станици кои ќе добијат дозвола за тоа - објаснува Лаова.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1633&ArticleID=108452


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 23:07

На „Дрисла“ ќе се гради гробница за кучиња

На депонијата „Дрисла“ наскоро ќе почне да се гради гробница за кучиња. Во неа е планирано да се закопуваат сите евтанизирани кучиња што ги лови ЈП „Комунална хигиена“, а гробницата ќе можат да ја користат и граѓаните за своите миленици. Таа ќе се наоѓа во рамките на депонијата и ќе се изведе со два вкопани бетонски прстена со капак и систем за вентилација.

Ова е заеднички проект на ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје за чија реализација се обезбедени три милиони денари од градската каса. Од Градот информираат дека веќе е потпишан договорот со фирмата-изведувач и очекуваат градежните работи да почнат пролетва.

„Градот Скопје испрати допис до ’Комунална‘ да ја одреди точната локација за изградба на јамата и веднаш штом ќе добие одговор, градежните работи на јамата ќе почнат“, велат градските власти.

Од „Комунална хигиена“, пак, уверуваат дека со изградбата на гробницата ќе се стави крај на опасностите што досега можеше да се предизвикаат заради палење на мршите во печката за медицински отпад на „Дрисла“. Велат дека сега, дефинитивно, ќе се елиминираат опасностите врз животната средина, особено на почвата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4D824AD30B3A0047BDFE6E7528338179


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-May-2009 at 16:31

Нема решение за кучињата-скитници

Нападите од бездомните кучиња се постојана опасност за скопјани

Снежана Калабакова

Нападите од кучињата-скитници претставуваат постојана опасност за граѓаните. Повеќе од илјада бездомни кучиња деноноќно скитаат, како низ централното градско подрачје, така и низ скопските населби. Засега, нема решение на повидок. Конкретни чекори не нуди ниту новиот градоначалник, Коце Трајановски. Иако во неговата изборна програма се предвидени проекти за згрижување на бездомните кучиња, сепак, нема детали околу тоа каква е замислата, како ќе се спроведе, кога ќе почне и колку ќе чини. Изборната програма на Трајановски предвидува, завршно со 2011 година, да се реализираат проекти во кои ќе се имплементираат европските стандарди за заштита на животните, а ќе се применат и позитивните искуства од големите градови во регионот и од збратимените градови, со цел на хуман начин да се згрижат кучињата-скитници кои се скопските улици.

Според податоците од главната ветеринарна болница, од јануари до сега им биле издадени потврди на 139 граѓани гризнати од кучиња-скитници. Од болницата велат дека на оваа бројка треба да се додаде и бројот на граѓаните кои се обратиле во неколкуте нивни станици, но и во приватните ветеринарни амбуланти. Заокружената бројка што ќе се добие ќе биде алармантна, што е потврда дека на скопјани животот и здравјето им се во постојана опасност. Затоа проблемот бара сериозно решение.

Досега се сменија неколку градски гарнитури, но ниедна не го реши проблемот. Актуелниот хуман третман на кучињата очигледно не дава резултати. Познавачите на состојбите велат дека проблемот може едноставно да се реши, како што се прави во европските метрополи, но за тоа се потребни пари. Пред се', мора да се наменат средства во буџетот на Градот, а потоа и да се донесе закон со кој ќе можат да се казнуваат сопствениците на домашни миленичиња кои ги фрлаат на улица.

„Финансиите се главен проблем, бидејќи во третманот на кучињата-скитници не можат да се ангажираат само волонтери. Загреб има годишен буџет од 600.000 евра кој е наменет за третман на кучињата-скитници. Кога кај нас би се издвоиле барем 50.000 евра, проблемот би се решил за една до две години. Но, потребен е закон за домашни миленичиња. Тие треба да имаат чипови со податоци за нивните сопственици, кои доколку ги фрлат на улица, веднаш ќе бидат пронајдени. Против сопственикот ќе се поднесе прекршочна пријава, тој ќе мора да плати парична казна, а тие пари повторно ќе се користат за третман на кучињата-скитници“, вели Драган Алексовски, директор на Ветеринарната болница и појаснува дека ако едно исфрлено куче се окучи два пати годишно, тогаш на улица ќе се најдат уште десет нови кучиња-скитници.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E3E4AD3330BF3408FEBB8B3E1483935


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-May-2009 at 20:00
За кучињата скитници
Четврток, 21 Мај 2009 17:16

STEVO%20kucinja%20sl%20002

По пријава на општинскиот инспекторат, шинтерската служба вчера собра речиси педесетина кучиња од една куќа во Битола.

„ Вчера зедовме 48 кучиња од едно место. Да дадеме еден апел до граѓаните кој сака, ете кучињата се навистина убава можност да си земат, да си посвојат кученца, ние нормално како од почетокот ги даваме кученцата бесплатно, ги поклонуваме, на сите оние што сакаат да си посвојат да си имаат миленичиња дома" вели Бранко Тасевски од шинтерската служба.

Вели дека немало отпор кај сопственикот или лицето кое се грижело до вчера за нив.

„ Со нас беше се супер. Мислам немаше проблеми никакви и тој беше самиот присутен тука и тој самиот ги носеше со нас во нашата кола кога ги носевме" вели Тасевски.

STEVO%20kucinja%20BRANKO

Тасевски вели дека градот е речиси чист од кучиња скитници. Ги има во раните утрински часови, но за разлика од порано глутници не се гледаат низ битолскиот улици.

„ Не јас колку што знам нема скитници, но одвреме на време можат да се појават кучиња домашни или избегани кучиња од домовите, нормално е тоа дека на сабајле е поготово попроблематично, луѓето кога одат на работа, ги оставаат портите отворени и кучињата излегуваат и некогаш ги следат нив до работа па се враќаат назад и така. Инаку мислам дека нема проблем. Сите можат да забележат дека градот е веќе скоро чист од куќиња" коментира тој.

Освен шинтерската должност и обврска тие се грижеле и за нивната состојба да ги одржат во форма.


„ Еве покрај онаа работа што ја имаме шинтерската, ние тука ги гледаме, ги храниме, му чистиме секојдневно, надвор од она што се вика шинтерска работа.
Шинтерската служба се знае што е, а ние се обидуваме со помош на нашите директори на претпријатието да купуваме храна, да ги гледаме, да ги храниме овие кученца, да му чистиме секојдневно" додаваат од шинтерската служба.

STEVO%20kucinja

Цели шест месеци битолчанка доаѓала во зоолошката оти вистински ги сакала животните.

„ Едноставно ги сакаше кучиата, доаѓаше колку што можеше, носеше храна, не само за кучињата, туку и за животните во зоолошката градина, тоа е вистински љубител на животните" вели Тасевски.

Денеска заминаа на друга интервенција, во битолската околина да го средат и тој терен, за безбедно и спокојно да се движиме по улиците.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8056&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8056&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jul-2009 at 03:17

ЗДРУЖЕНИЕТО „НОВА НАДЕЖ“ ОБВИНУВА, ГРАДОТ СКОПЈЕ ДЕМАНТИРА

Нема гасна комора во Вардариште

Здружението на граѓани за заштита на животните „Нова надеж“ обвинува дека малите кученца во стационарот во Вардариште ќе се убиваат во гасна комора, која според нив веќе е набавена. Од Градот и од „Комунална хигиена“, во чија надлежност е стационарот, најостро ги демантираат овие обвинувања велејќи дека со нив им се нарушува угледот. Претседателот на „Нова надеж“, Драган Пешиќ, вели дека гасната комора наскоро ќе профункционира.

- Од наши извори, блиски до „Комунална“, дознавме дека гасната комора ќе служи за елиминирање на малите кучиња стари од три до четири месеци. Таму тие ќе се убиваат од 7 до 15 минути, во страшни маки. Тоа е уште една потврда за намерите за тивок геноцид на уличните кучиња - вели Пешиќ.

Тој додава дека завчера 10 активисти од Сојузот на здруженијата за заштита на животните и заинтересирани граѓани за посвојување на кучиња во стационарот биле дочекани со затворена врата. Притоа им било објаснето дека отсега можат да посвојуваат кучиња само во ден петок, во периодот од 9 до 12 часот.

- Станува очигледно дека стационарот работи зад затворени врати и без контрола. Животните најчесто не излегуваат живи оттаму - велат од „Нова надеж“.Од Градот Скопје го демантираат сето тоа и ја поканија екипата на „Дневник“ лично да се увери дека во стационарот нема гасна комора.

- Тоа е груба дезинформација и претставува класична хајка против градоначалникот Коце Трајановски. Како би се набавила таа гасна комора без одобрение и без дозвола од надлежните институции? Тоа е кривично дело - изјави Неделчо Крстевски, портпарол во Градот.Тој ги повика здруженијата да изнесат докази за тоа што го тврдат. Во стационарот вчера не можеше да се забележи ништо сомнително. Таму не' дочека директорот на „Комунална“, Златко Димовски и раководителот на стационарот Слободан Костевски.

- Постои Закон за заштитата и благосостојба на животните кој точно предвидува какви методи треба да се применуваат при третирањето на кучињата. Одговорна за да ја следи состојбата во стационарот е Ветеринарната управа, која досега немала никаква забелешка - вели Димовски.Тој додаде дека работат под закрила на Англиската асоцијација за заштита на животните и дека од нив добиваат највисоки оцени.

- Освен сараевскиот, нашиот стационар е најубав на овие простори. Со обвинувањата само се нарушува интегритетот на „Комунална“ и мојот личен интегритет. Ги повикувам Здруженијата да волонтираат во стационарот и да се уверат во вистинската состојба - вели Димовски.

Раководителот Костевски објасни дека ограничувањето на посетата е направена поради тоа што, сепак, се работи за вид болница.Тој додаде дека ако некој дојде и во другите денови нема вулгарно да биде вратен, како што тоа го опишуваат здруженијата. Како потврда дека се отворени за јавност Димовски рече дека студентите по ветерина таму ќе имаат практични часови за да следат како се извршуваат оперативните зафати. Сега во стационарот има 34 кучиња. За година и половина се заловени 2.425 кучиња, од кои евтаназирани се над 50 отсто, односно 1.386 кучиња, а се стерилизирани 829.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=638BF26DE8FE6445A30989998344F94C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2009 at 15:06
Са­ка­ат ку­чи­ња, неј­ќат да во­лон­ти­ра­ат

Од нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции твр­дат де­ка ну­де­ле по­мош и ба­ра­ле да во­лон­ти­ра­ат, но оти над­леж­ни­те во ста­ци­о­на­рот не им доз­во­ли­ле да по­мог­нат во гри­жа­та за ку­чи­ња­та скит­ни­ци Ни­ту ед­на нев­ла­ди­на ор­га­ни­за­ци­ја не во­лон­ти­ра­ла во ста­ци­о­на­рот за ку­чи­ња "Вар­да­риш­те". Из­ми­на­та­та не­де­ла не­кол­ку нев­ла­ди­ни ора­га­ни­за­ции алар­ми­раа де­ка ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" не­ху­ма­но се од­не­су­ва кон ку­чи­ња­та скит­ни­ци, и де­ка во ста­ци­о­на­рот се вр­ши ма­сов­на еу­та­на­зи­ја на овие жи­вот­ни, но ни­ту на еден од нив­ни­те чле­но­ви не им тек­на­ло да им ја по­ну­дат сво­ја­та по­мош на град­ски­те влас­ти и доб­ро­вол­но да ра­бо­тат на ста­ци­о­на­рот. Во си­те свет­ски гра­до­ви ток­му нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции се тие што во­дат нај­го­ле­ма гри­жа за нез­гри­же­ни­те ку­чи­ња и мач­ки, но не са­мо пре­ку прес кон­фе­рен­ции, ту­ку во­лон­ти­рај­ќи во ста­ци­о­на­ри­те.
Од од­де­ле­ни­е­то за од­но­си со јав­ност на Гра­дот ве­лат де­ка не­кол­ку па­ти им по­ну­ди­ле на нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции да во­лон­ти­ра­ат во ста­ци­о­на­рот, за да мо­жат да ви­дат ка­ко се пос­та­пу­ва со ку­чи­ња­та, но де­ка до­се­га ни­кој не од­го­во­рил на по­ка­на­та. И ди­рек­то­рот на ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" Злат­ко Ди­мов­ски, ве­ли де­ка до­се­га ни­ту еден ак­ти­вист од здру­же­ни­ја­та за заш­ти­та на жи­вот­ни не до­шол во ста­ци­о­на­рот "Вар­да­риш­те" да во­лон­ти­ра или пак да да­де по­мош.
"Ги по­ви­ку­вам си­те нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции кои твр­дат де­ка ста­ци­о­на­рот е прет­во­рен во гас­на ко­мо­ра, да дој­дат и да ра­бо­тат за­ед­но со нас. От­во­ре­ни сме за­ед­но со нас да ги чис­тат ка­фе­зи­те, да ги хра­нат жи­вот­ни­те, да при­сус­тву­ва­ат на опе­ра­ци­и­те и про­це­сот на ус­пи­ва­ње, и да се уве­рат де­ка се ра­бо­ти спо­ред ев­роп­ски­те стан­дар­ди за ху­ма­но тре­ти­ра­ње на жи­вот­ни­те", ве­ли Ди­мов­ски.
Тој об­јас­ну­ва де­ка от­ка­ко пос­тои ста­ци­о­на­рот са­мо двај­ца гра­ѓа­ни се ја­ви­ле да во­лон­ти­ра­ат, но по не­кол­ку де­на се от­ка­жа­ле, би­деј­ќи им би­ла теш­ка ра­бо­та­та.
Ван­гел Ми­цев­ски, прет­се­да­тел на здру­же­ни­е­то "Ср­це за жи­вот­ни­те", твр­ди де­ка не са­мо нив­ни ак­ти­вис­ти ту­ку и обич­ни лу­ѓе ба­ра­ле да во­лон­ти­ра­ат, но оти би­ле од­би­е­ни од над­леж­ни­те во ста­ци­о­на­рот.
"Им по­ну­див­ме на наш тро­шок да ги со­би­ра­ме ку­чи­ња­та и да ги но­си­ме во ста­ци­о­на­рот на сте­ри­ли­за­ци­ја, а по­тоа да ги вра­ти­ме од ка­де што сме ги зе­ле. Пр­вич­но при­фа­ти­ја, а ко­га тре­ба­ше да им го од­не­се­ме ку­че­то ни ре­ко­да де­ка мо­же да се слу­чи да не ни го вра­тат. Спо­ред на­ши соз­на­ни­ја та­му се вр­ши ге­но­цид на здра­ви ку­чи­ња. Ние не са­ка­ме да им ги но­си­ме ку­чи­ња­та за да ги уби­ва­ат", ве­ли Ми­цев­ски.
Тој не од­го­во­ри зош­то ре­а­ги­ра­ат на ра­бо­та­та на ста­ци­о­на­рот ток­му се­га, и зош­то здру­же­ни­ја­та за заш­ти­та на жи­вот­ни во­оп­што не ре­а­ги­раа на слу­ча­и­те ко­га аг­ре­сив­ни ку­чи­ња сре­де бел ден во цен­та­рот на гра­дот на­па­ѓаа ма­ли де­ца. На ова пра­ша­ње Ми­цев­ски ре­че де­ка од 10 кас­ну­ва­ња од ку­че, во осум слу­чаи се ра­бо­те­ло за до­маш­ни ми­ле­ни­ци, а не за ку­чи­ња скит­ни­ци.
(Е.А.-А.А.)

"Ко­му­нал­на" ќе ја ту­жи "Ср­це за жи­вот­ни­те"

Ди­рек­то­рот на ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" Злат­ко Ди­мов­ски, ќе ја ту­жи нев­ла­ди­на­та ор­га­ни­за­ци­ја "Ср­це за жи­вот­ни­те" ко­ја спо­ред не­го ми­на­та­та не­де­ла во јав­нос­та из­не­ла куп не­вис­ти­ни.
"Ќе под­не­сам кри­вич­на при­ја­ва за кле­ве­та би­деј­ќи де­но­ви­ве се из­на­чи­тав и из­нас­лу­шав куп ла­ги и не­вис­ти­ни. Ду­ри про­чи­тав де­ка ста­ци­о­на­рот е прет­во­рен во гас­на ко­мо­ра. Не мо­жам да ос­та­нам имун на вак­ви­те об­ви­ну­ва­ња", ве­ли Ди­мов­ски.

За­ло­ве­ни 2.400 ку­чи­ња, а еу­та­на­зи­ра­ни 1.000

Во ста­ци­о­на­рот "Вар­да­риш­те" во мо­мен­тов има 34 ку­чи­ња, ме­ѓу кои и ед­на куч­ка ко­ја та­му се оку­чи­ла. Ка­те­ри­на Ла­о­ва, пор­тпа­рол на ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на", ве­ли де­ка од 2007 од ко­га пос­тои ста­ци­о­на­рот вкуп­но се за­ло­ве­ни 2.400 ку­чи­ња, од кои на 1.000 им е из­вр­ше­на еу­та­на­зи­ја, око­лу 800 се кас­три­ра­ни, а ос­та­на­ти­те се са­мо ме­ди­цин­ски тре­ти­ра­ни. Ла­о­ва об­јас­ни де­ка овие ку­чи­ња по пру­же­на­та по­мош пов­тор­но се вра­те­ни од мес­то­то од ка­де се зе­ме­ни. Таа не­ги­ра де­ка ста­ци­о­на­рот е гас­на ко­мо­ра, и до­да­ва де­ка еу­та­на­зи­ја се вр­ши са­мо на аг­ре­сив­ни­те жи­вот­ни. 

"Вест" во ста­ци­о­на­рот Вар­да­риш­те

"Вест" по­ба­ра доз­во­ла од "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" за влез во ста­ци­о­на­рот и без проб­лем ја до­би. На­ша­та еки­па се уве­ри де­ка на "Вар­да­риш­те" не­ма гас­на ко­мо­ра, ка­ко што об­ви­ну­ваа нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, ни­ту пак ку­чи­ња­та се прег­лад­не­ти. Вра­бо­те­ни­те во ста­ци­о­на­рот ни ги от­во­ри­ја ка­фе­зи­те, ма­га­ци­нот за хра­на, ам­бу­лан­та­та и бок­со­ви­те за ку­чи­ња­та. Се­ка­де бе­ше чис­то и уред­но.
Не­ма­ше ре­до­ви лу­ѓе што че­ка­ат да вле­зат, па не­ма­ше ни кој да би­де вра­тен на­зад. Вра­бо­те­ни­те об­ја­ни­ја де­ка се­кој што са­ка мо­же да дој­де во ста­ци­о­на­рот, да ги раз­гле­да ку­чи­ња­та и ако ре­ши и да си пос­вои ми­ле­ни­че до­кол­ку прет­ход­но се ја­ви. Се­кој пе­ток, пак, ста­ци­о­на­рот е от­во­рен за по­се­ти­те­ли. Ос­та­на­ти­те де­но­ви во не­де­ла­та ста­ци­о­на­рот е зат­во­рен за по­се­ти­те­ли би­деј­ќи не ра­бо­ти на прин­цип Зо­о­лош­ка гра­ди­на па це­ло вре­ме да би­де от­во­рен, ту­ку во не­го се из­ве­ду­ва­ат опе­ра­ции, се тре­ти­ра­ат бол­ни­те ку­чи­ња и ред дру­ги ра­бо­ти кои не доз­во­лу­ва­ат во тоа вре­ме низ ста­ци­о­на­рот да се ше­та­ат лу­ѓе. 


Во­лон­те­ри пред ком­пју­тер

Пос­лед­ни­ве две не­де­ли во на­ша­та ре­дак­ци­ја сти­га­наа по­ве­ќе од 100 меј­ло­ви со ба­ра­ње да прес­та­не ма­сак­рот на ку­чи­ња­та скит­ни­ци во "Вар­да­риш­те". Си­те имаа ис­та со­др­жи­на и се об­ра­ќаа на гра­до­на­чал­ни­кот на Скоп­је и на пре­ми­е­рот, но беа пра­те­ни од раз­лич­ни ад­ре­си и пот­пи­ша­ни од раз­лич­ни лу­ѓе ши­рум све­от. Пис­мо­то од раз­ни ад­ре­си стиг­ну­ва­ше и пре­ве­де­но на ан­гли­ски ја­зик.
Ми­на­та­та не­де­ла "Вест" од­гов­ри на дел од овие пис­ма. По­ба­рав­ме од ис­пра­ќа­чи­те мес­то са­мо да об­ви­ну­ва­ат да да­дат пред­лог за ре­ше­ние на проб­ле­мот со ку­чи­ња­та скит­ни­ци во Скоп­је, а ги пра­шав­ме и да­ли би во­лон­ти­ра­ле во ста­ци­о­на­рот.
Оче­ку­вав­ме да ни стиг­нат од­гов­ри од заг­ри­же­ни­те заш­тит­ни­ци на ку­чи­ња­та, но пис­ма­та прес­та­наа да стиг­ну­ва­ат. Не­ма ни­ту од­го­во­ри ни­ту об­ра­ќа­ња до гра­до­на­чал­ни­кот и пре­ми­е­рот. Стиг­на са­мо еден од­го­вор на на­ше­то пис­мо од гос­по­ѓа ко­ја ме­ѓу дру­го­то ве­ли де­ка не­ма да во­лон­ти­ра во ста­ци­о­на­рот би­деј­ќи се­га сос­тој­ба­та та­му би­ла мно­гу ло­ша. Ко­га ќе се по­доб­ре­ле ус­ло­ви­те ќе во­лон­ти­ра­ла.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8FBAABFFDD80E14686631C4AF019E7E6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jul-2009 at 11:26
Малку без врска текстов, ама ај...
Со секое убиено куче-скитник ќе ни се раѓаат по две нови

Нови прифатилишта, во кои кучињата-скитници ќе се згрижуваат и ќе се стерилизираат, па ќе се враќаат назад во својата заедница, е единственото решение што ќе донесе позитивни резултати за нивниот број да се намали по природен пат, препорачуваат стручњаците. Надлежните институции во градот мора да бидат објективни во одлуките за селекцијата на кучињата што ќе бидат подложени на еутаназија, што ќе се носат по тестирањето на агресивноста, се само дел од позитивните мерки што ги преземаат повеќето земји во светот за да се реши проблемот со кучињата-скитници. Сепак, во земјите од соседството најмногу се применува програмата „Фати, стерилизирај, врати“, која последниве неколку години во Скопје ја применува и градското јавно комунално претпријатие. Таа, според балканските експерти, се покажува како најпродуктивна, токму затоа што скитниците што се фатени, се стерилизираат и се враќаат во нивната природна заедница. Од друштвата за заштита на животните велат дека ваквата програма најмногу се користи во светот затоа што кучињата се животни кои живеат во заедници, познати како глутници, во кои секоја единка си има своја улога, а кои се приврзани за точно одредена животна средина. Своите заклучоци ги потврдуваат со искуството од Бугарија, каде што во десетгодишен период биле еутаназирани околу 75.000 кучиња, а проблемот со кучињата-скитници не бил решен. Оттаму, тие сметаат дека позитивни резултати и намалување на бројот на кучиња, кои што како бездомни животни шетале по бугарските улици, имало само кога била спроведена програмата „Фати, стерилизирај, врати“. По само неколку години од почетокот на новиот третман кон животните, бројот на кучињата-скитници драстично се намалил. Според Вангел Мичевски, претседател на Друштвото „Срце за животните“, бројот на кучињата-скитници во периодот кога тие се еутаназираат се зголемува поради нивната природна потреба од тоа сите членови да се движат во заедница. - Животните инстинктивно бараат нови членови во нивната заедница и на нивно место доаѓаат други кучиња, кои претходно можеби не живееле во градските средини “ објаснува Мичевски. Според него, за прецизно да се реализира програмата „Фати, стерилизирај, врати“, фатените и стерилизираните кучиња мора да се вратат на точното место на фаќање и повторно да се вклучат во нивната матична, стара заедница. Друштвата за заштита на животните сметаат дека состојбата ќе се реши ако и кај нас се отворат прифатилишта за животните на улица. Меѓу балканските земји, нив најмногу, дури 51, ги има на територијата на Република Хрватска. Во прифатилиштата се сместуваат фатените животни, односно мачки, кучиња и други домашни миленици, кои се чуваат подолг временски период и ниту едно од нив не се еутаназира. Надлежните институции во Хрватска, преку многубројните медиумски кампањи и летоци, ги повикуваат граѓаните кои имаат барем минимални услови да посвојат милениче, со што постепено сите бездомни животни ќе се згрижат.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1756&ArticleID=117701


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2009 at 11:19

Фатете го кучето што ве каснало

Тони Киранџиски од Ветеринарната управа вели дека во случај да ве касне куче, за да бидете сигурни дека не ви пренело беснило првата работа што треба да ја направите е да го фатите кучето и тоа да се стави во изолација.
"Ако е можно, потребно е да се фати кучето и да се однесе на испитување. Ако во рок од десетина дена кучето не покаже клинички знаци на беснило, значи дека не е заболено од оваа болест. Но за да бидете на сигурно дека навистина ја нема болеста, кучето се жртвува и потоа се испитува. Во случајов се жртвува животното, бидејќи човечкиот живот е пред животот на кучето", вели Киранџиски.
Во случај ако не е можно да се фати кучето, тогаш, како што објаснува Киранџиски, луѓето веднаш треба да се јават на лекар, каде добиваат соодветна вакцина и антисерум.
"Според статистиката само во 20 отсто од случаите кај луѓето се развива болеста беснило, ако биле сигурно каснати од бесно куче и ако при тоа не добиле медицинска помош. А ако навреме е интервенирано, односно добиле лекарска помош тогаш можностите да се развие болеста се минимални", вели Киранџиски.

Кучињата со беснило препознајте ги по агресивноста и лигавењето

Киранџиски објаснува дека бесно куче или животно многу лесно може да се познае, бидејќи знаците на болеста се лесно видливи.
"Има неколку стадиуми од развојот на болеста, но знаците се јасни. Во првата фаза од болеста кучето е плашливо и повлечено, а веќе во крајната е агресивно. Тогаш му се парализираат мускулите, не може да голта, поради што се лигави", вели Киранџиски.

РЗЗЗ: Ако ве касне куче, веднаш на лекар

Од Републичкиот завод за здравствена заштита апелираат до граѓаните кои ќе бидат каснати од куче веднаш да отидат кај матичен лекар, каде ќе им дадат упат за да бидат третирани на Инфективната клиника.
"Граѓаните не треба да експериментираат и самите да се лекуваат, туку веднаш нека побараат помош од лекар. Ако станува збор за улични кучиња, за нив нема сигурни податоци дали се тие вакцинирани и дали имаат беснило и затоа е потребно итно да се отиде на лекар", велат од РЗЗЗ.

Комунална гарантира само за бележените кучиња

Од ЈП "Комунална хигиена" велат дека дневно имаат најмалку десетина интервенции на барање на граѓани, кои се жалат на агресивни улични кучиња. Катерина Лаова, портпарол на ЈП "Комунална хигиена", вели дека во случајов не може да каже дали кучињата што го гризнале детето имаат беснило или не, бидејќи не се сигурни кои се тие улични кучиња.
"Штом реагирале во стационарот веднаш се преземени мерки, но не можам да кажам дали токму тие кучиња што го искасале детето се собрани. Ние можеме да гарантираме само ако кучињата се бележени и имаат маркичка од нашиот стационар, дека тие немаат беснило, бидејќи поминуваат медицински третман во стационарот", вели Лаова.
Таа објасни дека скопјани на бесплатната линија на стационарот во "Вардариште": 820-13-15 да пријават доколку имаат проблеми со уличните кучиња, по што нивната служба веднаш ќе интервенира.

Во Македонија нема беснило

Ветеринарната управа тврди дека во Македонија нема беснило, бидејќи последниот случај бил регистриран во 1999 година. Тони Киранџиски, раководител на сектор за здравствена заштита во Ветеринарната управа, вели дека никогаш не може сто процентно да се тврди дека оваа болест воопшто ја нема во земјава, но бидејќи десетина години не е забележан случај на заболени животни, се смета дека ја нема.

Буден надзор над трауматизираните каснати деца

Каснувањето од куче, особено за помалите деца, е траума, и психолозите советуваат будност во семејството за да се следат евентуалните психички реакции и промени. Семејството треба да влијае смирувачки врз детето, а не уште повеќе да го трауматизира со својата реакција. Треба да му се дозволи на детето да ја изживее траумата и тоа онака како што тоа самото сака: низ разговор, низ цртање, низ игра и слично.
Исто така, треба да се внимава на реакциите на детето - дали мирно спие, дали се однесува невообичаено. Ако има такви реакции и ако тие траат подолго од еден месец, треба да се побара стручна помош во Заводот за ментално здравје.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=B18B5A5CBCF1BE4CB87D97A67FE38789


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jul-2009 at 13:27
идиотизам до даска, не мислат вањда озбилно ја да трчам по градов да бркам кучиња Question


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jul-2009 at 04:09

Микрочипови за кучињата

Факултетот за ветеринарска медицина ќе му предложи на скопскиот градоначалник Коце Трајановски програма за хуман третман на кучињата-скитници. Програмата е речиси готова и наскоро ќе му биде предадена на Трајановски, штом ќе се допрецизираат деталите.

- Чекаме да биде проверена од деканот, по што ќе му ја предадеме на Градот Скопје. Со тоа сакаме да дадеме наш придонес кон проблемот околу третирањето на бездомните животни, кој е мошне актуелен - вели проф. д-р Пламен Тројачанец од Ветеринарскиот факултет.Во програмата, факултетот предлага прво да се изврши испитување и одредување на бројот и видот на улични кучиња, бидејќи досега се шпекулираше со бројката.

- Никој досега нема точно одредено колку кучиња има во Скопје. Тоа е неопходно, за да се знае дали со третманот се зголемува, се намалува или стагнира бројот на кучиња - потенцира Тројачанец.

Во програмата се потенцира и важноста на идентификацијата и регистрацијата на животните.a

- Во Ветеринарската управа веќе се изработуваат правилници, меѓу кои и тој за идентификација и регистрација на кучињата. Без тоа не може да се има контрола воопшто врз сите кучиња, и бездомните и оние со сопственици. Најдобар начин за тоа е микрочипувањето, оти може да се следи нивната здравствена состојба и движењето. Кај нас многу малку кучиња имаат микрочипови - вели професор Тројачанец.

Доколку ова се воведе, според професорот, трајната идентификација на домашните кучиња би била на товар на сопствениците, а на бездомните - на Градот. Потоа би се формирала и база на информации, односно инфоцентар во кој би се обраќале сите луѓе што изгубиле или пронашле кучиња.

Во програмата се предлага и едукација, за да се отстранат се' уште присутните предрасуди кон кучињата.

- Децата уште од предучилишна возраст треба да се запознаат со навиките на кучињата и како да се однесуваат кон нив во нормални услови и во опасни ситуации, како да им приоѓаат и да се заштитат од опасностите од болести. Конечно, треба да се тргне фамата што владее меѓу луѓето „не верувај му на куче, тоа е опасно, може да те касне“ - објаснува Тројачанец.

Тој вели дека во Швајцарија секој сопственик на животно задолжително мора да мине едукација, а животното обука за основно однесување. Професорите од Ветерискарниот факултет предлагаат да се зголемат капацитетите за згрижување на кучињата и бројот на ветеринари и друг персонал што би се грижел за нив.

- Објектите во кои ќе бидат сместени кучињата мора да бидат според нормите што ги пропишува Законот за благостојбата на животните. За жал, условите во Вардариште, каде што сега престојуваат кучињата, се незавидни. Затоа ќе направиме и нацрт-проект за тоа како би требало да изгледаат. Објектите треба да поседуваат приемна соба, карантински дел во кој сомнителните кучиња би биле под опсервација 10 дена, поединечни или групни боксови, дел за оперативни интервенции, постоперативен дел, дел за подготовка на храната итн. - вели Тројачанец.

Се предвидува формирање акционо тело во кое ќе членуваат претставници од Градот, од Ветренираската управа како носител на легислативата за животни, од невладините организации, приватни ветеринари и од граѓани.

- Акционото тело би давало насоки и препораки, би ја следело работата околу третманот на кучињата, би му давало совети на градоначалникот и слично - вели професорот.

Тој додава дека во рамките на Ветеринарскиот факултет почнал да функционира Центар за благосостојба на животните, чија цел е независно да спроведува мониторинг на сите активности во врска со кучињата. На факултетот е воведен и предмет за благосостојба на кучињата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D80CCF8F3CC7674BB774D51F38EC8BB7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 17:04
ПРОМОВИРАНА НОВАТА ОПРЕМА ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ УЛИЧНИ КУЧИЊА

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Vardariste%20%281%29.JPG"> Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Златко Димовски, денеска во стационарот „Вардариште“ ја промовираа новонабавената опрема за заловување улични кучиња.
 
 - Досега се набавени 10 кафези, јамки и мрежи за заловување, како и две сафари пушки. Се планира набавка на уште една сафари пушка. Новата опрема ќе придонесе за похуман начин на заловување и третман на уличните кучиња.
http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Vardariste%20%282%29.JPG"> За набавка на опремата се потрошени околу 5.000 евра. Наша намера е службата за заловување да ја доопремиме со возила, да овозможиме вработување на тројца ветеринари, како и да го прошириме капацитетот на „Вардариште“ со поголем простор за престој на кучињата и за ветеринарната служба – рече градоначалникот Трајановски при денешната посета на „Вардариште“.
http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Vardariste%20%283%29.JPG">

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2754&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: Dragan
Date Posted: 17-Jul-2009 at 18:03

Каква е среќата на кучињата скитници?

Сашка Цветковска http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111583#komentari - Коментари (3)   javascript:otvoriVideoPrilog%2809/cvetkovska-17-07.wmv,%20111583%29">  
17.07.2009 16:10
Мали

 

Кучето скитник Мали името го доби денес. За некоја минута ќе го загуби статусот скитник и ќе го напушти стационарот за оди во новиот дом со својата нова газдарица.

„Го земав дека беше скриено и беше исплашено, не гледаше збунето, а искрено, и машко е, и многу симпатично“, вели Цветана Гогова.

Но, Мали е едно од малкуте кучиња кои имаат среќа да бидат посвоени. Многу од нив никогаш нема да добијат име. Судбината на повеќето е иста, од стационарот на вакцина, на стерилизација и повторно надвор.

„Одреден број од животните можат да бидат тука во стационарот некое време, ги чистат, ги кастрираат, а некои ги враќаат, тие што не можат да ги спасат, ги успиваат“, објаснува Гогова.

За разлика од малечките кутренца, оние постарите многу е веројатно дека до крајот ќе останат скитници, оти оние малку кои посвојувале сакале што е можно помало куче.

Но, расте надежта дека многу кучиња ќе се вдомат, велат од стационарот. Откако проблемот со третманот на кучињата скитници одекнал во јавноста, се зголемил бројот на граѓани кои сакале да посвојат куче.

А, за оние што остануваат или што ќе завршат таму, Комунална хигиена обезбеди нова опрема за фаќање и чување на кучиња.

Но, ќе растел и бројот на вработените. Па којзнае, можеби еден ден привремените жители на стационарот Вардариште ќе легнат во чисти кафези, ослободени од роевите муви кои им ја расипуваат дремката. Или уште подобро, ќе си најдат дом.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111583



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jul-2009 at 15:14

Масакр на кучињата во Гевгелија

Жителите на Гевгелија завчера утрото наишле на морничава глетка кога виделе дека поголем број од уличните кучиња биле отруени и расфрлани по улиците


%20
Отров бил поставен на многу места во градот, а сé уште не се знае кој и дали издал наредба за нивно убивање. Некои од граѓаните реагираат, со оглед на тоа што биле отруени голем број кучиња за кои граѓаните се грижеле и ги хранеле, но и расни кучиња што гевгеличани во текот на вечерта ги шетале низ градот.

- По контејнери си ги баравме кучињата. Крв имаше насекаде, некои од нив беа собрани, а некои ги најдовме по улиците. Граѓаните што забележале дека има труење успеале во последен момент да спасат неколку кутриња, но градот за една вечер се исчисти - вели жител на Гевгелија.

Во последниов период во медиумите било објавено соопштение од општината Гевгелија во кое се апелирало граѓаните што имаат куче да го тргнат од улица. Во соопштението се вели и дека градот има намера во наредниот период да го реши проблемот со уличните кучиња. Гевгеличани за еден ден направиле петиција со 150 потписи со цел да го натераат градоначалникот Иван Франгов проблемот да го реши на хуман начин.

Тој во телефонскиот разговор кратко ни изјави дека не дал наредбата за труење на кучињата, но не ни кажа зошто ги повикал граѓаните да ги тргнат своите кучиња од улиците.

- Јас си стојам на зборот. Не сум ја дал наредбата. Овие шпекулации доаѓаат од некои групи од ентузијасти. Но, не сакам да се случи некое од кучињата да нападне човек бидејќи јас сум одговорен за овој град. Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома. Сум го дал зборот и ќе го решам проблемот. И ви се молам ценете го моето време, на состанок сум - ни изјави Франгов.

Тој не одговори како има намера да го реши проблемот со уличните кучиња во градот, но по новонастанатата ситуација со ставањето отров по улиците, за такво нешто најверојатно ќе нема ни потреба, бидејќи во Гевгелија останале само уште неколку живи.

Инаку, и според Кривичниот законик и според Законот за благосостојба на животните, секакво расфрлање на опасни материи што го загрозуваат животот на луѓето и на животните е забрането и предвидени се високи парични казни. Досега во Македонија никој не одговарал за ова кривично дело.

Љупчо Алексовски, портпарол на општината Гевгелија, вчера изјави дека секоја година во буџетот се предвидувале пари за изградба на стационар во градот и дека со доаѓањето на новиот градоначалник, такво нешто ќе биде направено.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=718910748&id=9&prilog=0&setIzdanie=21741


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jul-2009 at 15:18
Пофални зборови за Франгов! Applause Ова посебно ми се допаѓа:
Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома.
Неможе некоја себична НГО будала да бара од градот ем да го реши проеблемот со кучињава ама ако може и на хуман (скап третман и средства што доколку се префрлат во здравствен сектор многу повеќе че им завршат работа на луѓето) начин да го реши! Господинот Франгов им ја сотрел семката на кучињава!

Само уште го потсетам дека бројот на кучиња е правопропорционален со количината на храна расфрлана по улиците, па така ако останале неколку кучиња или па ако неколку луѓе пуштат миленици на улица постои опасност бројот да се поврати. Може би се некое редовно подрастурање отров во минимални количини да се оддржува минимален број на улични кучиња. Секако и контињери со капак и што помамлку храна по улици се основен предуслов.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 23:07

Посвојувачите добиваат нетретирани кучиња

Здружението за заштита на животните „Срце за животните“ не го прифаќа новото ограничување едно лице да смее да удоми најмногу две кучиња од стационарот „Вардариште“. Според нив, постојат лица што сакаат и имаат услови да удомат повеќе кучиња. Тие се незадоволни од односот на вработените во стационарот, кои не дозволуваат да се посвојуваат кучињата во сите денови, туку само во петоците од 9 до 12 часот.

- Таквиот чекор го сметаме за неоснован за граѓаните и нехуман за кучињата, на кои им се скратува можноста за удомување. Голем број граѓани овие денови реагираат дека при удомување на бездомно куче не добиле ниту здравствена легитимација за кучето со опис на здравствената состојба. Граѓаните велат дека им даваат кучиња што не се истретирани од паразити, не се вакцинирани од беснило ниту се стерилизирани. Зошто стационарот ги одбегнува сопствените обврски и регулативи, а толку лесно воведува регулатива кон граѓаните и идните удомувачи. Ова е полициски пристап при што за возврат добивате нетретирано куче - велат во „Срце за животните“.И граѓаните се жалат од несоодветниот однос на вработените и условите во кои живеат кучињата.

- Сакав да посвојам бела пудла, за која дознав од фејсбук. Кога вчера утрината дојдов да го земам кучето од стационарот, наидов на затворени врати, а раководителот дрско ми се обрати, велејќи ми дека не дозволува да се посвои куче, бидејќи не сум му се допаднала. Ми рече: Јас кому сакам ќе дозволам да посвои куче, а терминот за посвојување е само во петок. До кога ќе ги лажат луѓето дека стационарот е отворен за граѓаните, дека посвојувањето е дозволено и дека хумано се третераат кучињата - вели скопјанката Ј.И.

Кога беше воведено ограничувањето на термините за посвојување на кучињата надлежните објаснија дека тоа е направено оти стационарот е еден вид болница. Од „Срце за животните“ велат дека тие инсистирале да се воведат формулари за тие што посвојуваат од стационарот.  Ние инсистираме да се води точна евиденција за здравствената состојба за секое куче, бидејќи досегашната евиденција на стационарот беше многу општа. На пример, не се знае колку од евтаназираните кучиња биле прогласени за болни и од што, за да бидат евтаназирани, и кој ветеринар ја дал дијагнозата. Не се знае ни бројот на кучињата што биле прогласени за агресивни и поради тоа евтаназирани. Процент од 55,7 отсто евтаназија е преголем - тоа го нема во ниедна држава во светот - реагираат од „Срце за животните“.Тие демантираат дека имале состанок со претставници од „Комунална хигиена“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F5C87F146043BD45A38F1B270AC17397


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 14:56

Стационарот со зголемен капацитет

Стационарот за бездомни животни на Вардариште ќе се прошири. Идејното решение предвидува двојно зголемување на капацитетот на објектот. Предвидена е изградба и на нова водоводна и електрична инсталација. Од Градот велат дека во тек е јавната набавка за избор на изведувач на работите. Цената на чинење на проширувањето на Стационарот ќе се утврди со јавната набавка. Двојното проширување на просториите во објектот за бездомните животни заедно со ветеринарната амбуланта и останатиот дел ќе овозможи поквалитетен третман и опфат на бездомните кучиња. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=84EFD89C0D05064C875EDDF23D955EE9



Print Page | Close Window