Print Page | Close Window

Резиденцијални објекти

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=218
Printed Date: 30-Nov-2020 at 05:31


Topic: Резиденцијални објекти
Posted By: pbanks
Subject: Резиденцијални објекти
Date Posted: 17-Mar-2008 at 18:27
Овој тип на објекти досега воошто не сме го дискутирале. Мислам дека би било интересно да почнеме. Значи индивидуални куќи, резиденции, вили и сл.



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 18:28


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Mar-2008 at 19:47
Previous Ме потсеќа на американска амбасада. Мислам дека изгледаат интересно

А за слики - ќе треба да земеме апаратче и релација Злокуќани-Водно. Таму се сконцетрирани најубавите куќи и резиденции. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:07
Оваа ја сликнав во Тафталиџе 2, блиску до ЗЕЛС Cheers




Posted By: blejdsk
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:13
WTF ----so e so boive?,,,,,,,,,


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:29


LOL скроз влегле во филм тука


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:43

Не само што влегле во филм, него ќе снимаат филм пази ја камерата од десна страна.Иначе тие во злокуќани се Thumbs%20Up



Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Mar-2008 at 14:37
1. Резиденција на Водно



2. Резиденција во Пржино



3. Резиденција во Бардовци



3. Резиденција на улица Хашка(??)




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 21-Mar-2008 at 18:38
Abe narodov siromastija ,,,se nema pari LaughLaugh


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Mar-2008 at 23:25
1 Бардовци

2 Трнодол

3 Тафталиџе




Posted By: Vlado_strelec
Date Posted: 30-Aug-2008 at 10:29
ok se Ohno nemam zborovi za Gorenavedoto mislam deka cela makedonija treba taka da izgleda!

-------------
Vlado_Strelec


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Aug-2008 at 19:14
обично не се обрнува внимание на надворешниот изглед на ваквите куќи, но 5 и 6 навистина ми се допаѓаат, порано многу ми се допаѓаа куќите во Црниче, Пржино и т.н. кон Водно, ако има уште постирајте
Владо Стрелец така ќе изгледа македонија кога секој ќе има многу пари Stern%20Smile


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Sep-2008 at 20:21
Еве едно интересно клипче за затворената населба во Злокуќани со доста снимки од внатрешноста на комплексот Cheers

[tube]L-6f1JdATl8[/tube]


Posted By: mitatos
Date Posted: 03-Sep-2008 at 20:30
На дедоми му платија тогаш 20 илјади марки за место во Злокучќани ,и вујкоми ми кажуваше дека кога ја орале нивата секогаш искачале некакви керамики , и испод овие куќи се наога некој стар антички град, или дел од тогашно СКУПИ .

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Oct-2008 at 23:03

Резиденцијален комплекс на 19 хектари во Бардовци

Над селото Бардовци, на површина од 19 хектари, ќе се гради елитна еколошка населба. Резиденцијалниот комплекс ќе го сочинуваат куќи со дворови кои ќе треба да бидат изградени според најсовремени еколошки стандарди. Ова е предвидено со ДУП за дел од селото Бардовци, кој беше усвоен на последната седница на Советот на Општина Карпош. Според планот, максималната дозволена висина на куќите изнесува 7,8 метри, што значи ќе можат да се градат двокатни. Површината за градба е поделена на 17 мегапарцели. Инвеститорите на објектите при нивната изградба ќе мора да вградат соодветна изолација и да изградат систем за затоплување на сончева енергија. Со урбанистички проект ќе биде утврден бројот на куќите на една парцела. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=802C0690E6A7004BA28DBAA400F59954 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=802C0690E6A7004BA28DBAA400F59954



Originally posted by http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=89C1FB36FF5F7941A4D07A2ABD705B5B - Dnevnik

]

КОНТРОВЕРЗНА НАЈАВА ЗА ЕКОНАСЕЛБА ВО БАРДОВЦИ

Владата сака да гради на туѓ имот

Околу 20 сопственици на денационализираниот имот се чудат како нивното земјиште може да им се нуди на инвеститори

Владата на Македонија и' нарачала и и' платила урбанистички план на Општина Карпош за изградба на еконаселба во Бардовци,но речиси 90 отсто од локацијата за на која е планирана населбата се приватна сопственост, иако се тврди дека е државно. Околу 20 сопственици тоа земјиште лани го добиле со денационализација. Станува збор за 19 хектари, над базната трафостаница кај селото Бардовци, односно парцелата што е заведена под бројот 112/1. Сопствениците од ова земјиште ни покажаа имотни листови и се вчудовидени од фактот како властите се фалат дека ќе градат населба на туѓ имот, односно дека ќе им го продаваат нивното земјиште на инвеститори.

- Ова земјиште пет години беше предмет на денационализација. Конечно лани, по неколкугодишна голгота, ги добивме имотните листови. Наше е дали ќе го продаваме земјиштето или сами ќе градиме на локацијата, но не знам како можеле да донесат вакви одлуки. Претходно, корисник на оваа парцела беше Министерството за одбрана, а сопственик државата. Од целиот имот, кој е со површина до 240.000 квадратни метри, државата е сопственик само на 15.000 квадратни метри - изјави сопственик на еден дел од оваа локација.

Предлог-урбанистичкиот план за еконаселбата во Бардовци се усвои завчера, на седница на Советот на Карпош, а беше најавен како владин проект за ексклузивна населба од типот на Сончев град и Зајчев рид. Населбата е замислена како реон каде што ќе има објекти, изградени според високоеколошки стандарди.

Проектантите на завчерашната седница пред советниците тврдеа дека земјиштето е државно. Објаснија дека локацијата е поделена на 17 мегапарцели, кои по усвојувањето на планот ќе се уредуваат со урбанистички проекти. На една парцела може да има еден, но и повеќе објекти, во зависност од желбите на инвеститорот.

Предвидено е да се градат ниски објекти со изолација, сончеви колектори, објекти што би користеле гас како гориво. Се оди кон тоа да се изградат градби што максимално би штеделе енергија. Покрај објектите за домување, со планот е предвидено да се изградат и резиденцијални, како и деловно-комерцијални објекти.

 



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 22:23
Елитна еколошка населба над Бардовци


На површина од 19 хектари над селото Бардовци ќе се гради нова елитна еколошка населба со резиденцијални куќи со дворови, најмногу на два ката. При изградбата ќе мора да се почитуваат современите еколошки стандарди, односно при вградувањето треба да се употребуваат еколошки материјали, да се инсталира соодветна изолација, а за греење да се користи сончева енергија. Населбата над Бардовци ќе биде исклучиво за домување, без други комерцијални содржини, а освен куќите среде населбата ќе се гради мал плоштад со фонтана. Ова е предвидено со Деталниот урбанистички план кој беше усвоен на неодамнешната седница на Советот на Општина Карпош.

Целата површина на планот е поделена на 17 мегапарцели и секоја од нив ќе се продава поединечно, што значи дека може да ја градат повеќе инвеститори. Тие ќе имаат слобода просторот да го планираат според нивните желби и замисли.
- Ако купувачот или сопственикот сака на цела парцела да има само една куќа, а останатиот простор парковски да го уреди или да му додаде содржини за рекреација, тоа е негов избор. Единствен услов кој треба да го исполнат е почитување на еколошките стандарди при градењето", велат урбанистите од Општина Карпош.
Овој ДУП по наредба на Владата го изготви Агенцијата за просторно планирање.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4F78EA497164654787E571E8D5E6631A




Posted By: blejdsk
Date Posted: 20-Oct-2008 at 15:38
Individualen objekt
Investitor: blejdsk











Vi se dopaga kukicevo ?

-------------





Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Oct-2008 at 17:32
Единствена забелешка ми е празниот ѕид на левиот дел од куќата (слика 2). Малку е штуро. Иначе супер!


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: maestro
Date Posted: 20-Oct-2008 at 17:57
Blejd, супер ти е.
На кој програм го направи?

-------------


Posted By: blejdsk
Date Posted: 20-Oct-2008 at 20:19
Arhitekta go pravese planot i renderite , sto se odnesuva na prazniot cid: bidejki se naoga na sever svrtena toj del od kukata bese preporacano da ne nema prozorci ili nesto drugo na toj del (ima jaki vetrovi vo toj del)

-------------





Posted By: vardar
Date Posted: 20-Oct-2008 at 23:20
супер куќа блејдск Thumbs%20Up
 
Колкава квадратура?
 
 
Иначе празниот ѕид не изгледа лошо али ако ти смета или ти изгледа премногу едноставно можеш да си ставиш вакво нешто Big%20smile Laugh
 
[tube]rMzoMyU0YQ4[/tube]


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Oct-2008 at 14:58
Јас можеби би ставил и некоја тераса горе инаку е сосема коректен објектот.

Блејд ако не е тајна во кој дел од Скопје мислиш да го градиш ова?


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2009 at 13:50




Проектирање: ДСЦ Дизајн
Година: 2006
Иградба: Во тек
Локација: Водно


Posted By: dejan
Date Posted: 21-Jan-2009 at 14:11
Доста убава зграда.


Posted By: anDarko
Date Posted: 21-Jan-2009 at 15:01
Previous многу отмена куќа! нешто слично веќе е изградено една или две улички подоле од Св Петка во Црниче. Малце наликува и на МЦМ од градски парк (која сирота куќа никогаш да се реновира). 


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2009 at 22:23
Ретко добар примерок на модерен резиденцијален објект во Скопје... Барем според мене. Се наоѓа на Водно веднаш над Тинекс




Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 08-Feb-2009 at 04:08
Искрено, бараката повеќе ми се допаѓаше. Тажно е на Водно да немаш асален двор! Ептен ја имаат изградено локацијата.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Feb-2009 at 13:29
Originally posted by ArchiTechTone

Искрено, бараката повеќе ми се допаѓаше. Тажно е на Водно да немаш асален двор! Ептен ја имаат изградено локацијата.


Па добро во право си но мојот коментар пред се се однесуваше на дизајнот на куќата.

Генерално парцелите прилично се расцепкаа и во овој дел на Водно каде имаше каква таква ширина и се изградија големи куќи збиени помеѓу себе. Со толкава густина на население мислам дека Водно како населба дефинитивно го губи епитетот 'елитна' и како главен адут му останува близината до центарот и секако погледот на градот кај оние што го имаат.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 08-Feb-2009 at 22:46
Originally posted by pbanks

Па добро во право си но мојот коментар пред се се однесуваше на дизајнот на куќата.

Генерално парцелите прилично се расцепкаа и во овој дел на Водно каде имаше каква таква ширина и се изградија големи куќи збиени помеѓу себе. Со толкава густина на население мислам дека Водно како населба дефинитивно го губи епитето 'елитна' и како главен адут му останува близината до центарот и секако погледот на градот кај оние што го имаат.


Се слагам дизајнот е добар, нејќев да пишам само “еј да, топ е куќава“ Тоа и сакав да кажам, дека дури и добриот дизајн не мора да значи дека и целосното решение е добро. Водно ја губи својата елитност во смисла на квалитет на живеење, но затоа во правец на фрлени пари, населбата Водно очигледно претендира да стане стане Беверли Хилс. Не знам дали има, но но доколку нема, би требало да се воведе урбанистичка регулатива која не дозволува волкав процент на изграденост на парцела во зелен појас.

Немам фотографија, но куќата од карши е исто така многу добра, и како парцела и како објект. Повлечена, задскриена во сопственото зеленило, одлично дизајнирана...


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Feb-2009 at 23:08


Знам за која куќа збориш Оваа ја сликав во лет но некогаш сакам да прошетам убаво и да "евидентирам" некои куќи кои ми фаќаат око по добро или по лошо. Иако станува малку незгодно цела таа улица е начичкана со дипломатски резиденции и има камери на сите страни. И оваа што ја сликав е опремена со камери.

Што се однесува до "елитноста" на Водно. Дефинитивно како такво ќе остане уште некое време но неминовно цената некогаш ќе му падне. Беверли Хилс сигурно немаше да биде толку елитен доколку секој можеше да му гледа во дворот на комшијата. Водно е на добар пат да стане како Црниче или Козле кои се веќе унаказени. Особено Црниче.



Posted By: beTon
Date Posted: 14-Feb-2009 at 16:21

http://www.rado.com.mk - www.rado.com.mk

има некој абер дали ова станбениве објекти навистина се изградени во горно лисиче?

1

2



Posted By: moto
Date Posted: 04-Sep-2010 at 11:35
Zdravo na site !!!
Jas sum nov na ovoj forum a sum od onie koi ke pochnat da si zboruvaat sami koga odat po ulica- planiram da kupam plac od 450 kvadrati i da gradam neshto... Zatoa shto imam mal semeen biznis planiram dolniot sprat (prizemjeto )da bide deloven, a prviot da bide za ziveenje. Ve molam site da dadete vashe mislenje, predlozi, foto i linkovi, zatoa shto nemam nikakvo poznavanje i iskustvo. Nie sme 5 chleno semejstvo i sekakva pomosh i informacii ke ni bidat od korist pri donesuvanjeto na odluki i gradenjeto.
Pozdrav do site...


Posted By: OKA
Date Posted: 04-Sep-2010 at 14:05
Originally posted by moto

Zdravo na site !!!Jas sum nov na ovoj forum a sum od onie koi ke pochnat da si zboruvaat sami koga odat po ulica- planiram da kupam plac od 450 kvadrati i da gradam neshto... Zatoa shto imam mal semeen biznis planiram dolniot sprat (prizemjeto )da bide deloven, a prviot da bide za ziveenje. Ve molam site da dadete vashe mislenje, predlozi, foto i linkovi, zatoa shto nemam nikakvo poznavanje i iskustvo. Nie sme 5 chleno semejstvo i sekakva pomosh i informacii ke ni bidat od korist pri donesuvanjeto na odluki i gradenjeto. Pozdrav do site...
Пријателу драг, најверојатно ќе се разочараш од сознанието дека можеби никој од форумџииве нема да ти испрати „предлози, фотографии, линкови и останати потребштини...”. Во тој контекст, пред да го прогласиш форумов за самобендисан, добро е да се знаат некои работи.
Прво, речиси сé има на форумов. За трииполовина дена може да се прочита целиот, барем мене толку време ми требаше. Откако ќе утврдиш што ти недостасува како инфо, пожелно е да отвориш нова, или дискусија во веќе постоечка тема. Е тогаш гарант ќе те бомбардираат со мислења.
Има и друг начин - ангажман на консултантски фирми, градежни developer-и, ама тие чинат пари. Искуствата од форумов се бесплатни.
П.С. Додека читаш, едно бруцошко прашање: Зошто терен баш од 450м2!?




-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: moto
Date Posted: 04-Sep-2010 at 20:00
Thumbs%20UpTI BLAGODARAM ZA BRZIOT ODGOVOR-KAKO PRVO...
VTORO ZA PRASHANJETO-TOA BESHE PARCELA OD 1150 M2 PA JA PODELIJA NA DVE.
I TRETO -SUM NAPRAVIL LAPSUS- PLACOT E 540 M2 I SPORED DUP IMA MARKICA ZA GRADBA I TRANSFORMIRANA SOPSTVENOST.


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 05-Sep-2010 at 01:30
Moto, па ти имаш идеја што сакаш да правиш. Она што треба да го направиш е да одбереш добар архитект, па тој ќе те води низ целата работа. Ако не знаеш кому да се обратиш, еве еден предлог: прошетај по градот во кој живееш, и малку повнимателно гледај ги куќите од понов датум....ако во некоја од нив препознаеш куќа во која би сакал да живееш, обиди се да дознаеш кој ја проектирал....и ете...Cool

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: axel
Date Posted: 08-Feb-2011 at 17:32

СЕ ПРОДАВА ДРЖАВНА ПАРЦЕЛА ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ


Село Петровец ќе стане град


На јавно наддавање за почетна цена од 290 денари за квадрат се продаваат околу пет илјади квадратни метри спроти училиштето "Кочо Рацин", а се предвидува изградба на осум станбени куќи на два ката


Селото Петровец ќе добие градски лик. Одговорните од Општината Петровец информираат дека поголемиот дел од територијата е урбанизиран и празните локации државно земјиште добија нова намена која ќе придонесе за да се подигне квалитетот на живеење. Деновиве преку Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање ќе се продаваат околу пет илјади квадратни метри спроти училиштето "Кочо Рацин", каде што се предвидува изградба на осум станбени куќи на два ката.
- Станува збор за осум парцели на коишто ќе се градат типски објекти со намена за индивидуално домување, информираше Панче Ковачев од Секторот за урбанизам на Општина Петровец.

Почетната цена за метар квадратен е 290 денари и право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица кои ќе поднесат пријава за учество и ќе уптатат депозит од 10 % од почетната цена. Пријавите можат за да се доставуваат најдоцна до 17 февруари на адресата на Министерството за транспорт и врски или непосредно во архивата на Министерството. Јавното наддавање ќе се одржи на 25 февруари во просториите на Министерството за транспорт и врски, а со почеток во 11.00 часот.

Јавната објава е објавена и на интернетската страница на Министерството за транспорт и врски: http://www.mtc.gov.mk/ - www.mtc.gov.mk .

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0DD0CC696A755143A7D15D13E4EB4C72


Posted By: axel
Date Posted: 06-Apr-2011 at 10:19
Во Штип објавен оглас за јавна лицитација на плацови за изградба на индивидуални куќи

stip.jpgШтип - Во три штипски населби ќе се продава градежно земјиште по пат на јавна лицитација за изградба на индивидуални куќи. Министерството за транспорт и врски го објави огласот за вкупно 15 плацови, во населбите Сењак 4, Баби и Блок 2000.

Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов вели дека оваа е одлична можност граѓаните да купат плац за цена од едно евро за метар квадратен.

- Доколку плацот за изградба на куќа е 500 метри квадратни, во тој случај заинтересираното лице го купува за 500 евра, или пак ако има надавање за цената која е најповолна. Но сметам дека оваа мерка на Владата е поволна, бидејќи на овој начин граѓаните добиваат плац по ниска и поволна цена, а комуналиите за изградба на куќата изнесуваат околу 35 евра по метар квадратен. Што значи еден плац на кој ќе се гради куќа од 100 метри квадратни пресметано заедно со комуналиите ќе чини околу 4 000 евра, појаснува Алексов.

Директорот на Јавното претпријатие „Штип -проект", Тони Јовев вели дека заинтересираните граѓани по купувањето на плацовите по пат на лицитација можат да склучат договор за исплата на комуналиите на рати, во рок од една година.

- По исплаќањето на комуналиите, сопственикот добива градежна дозвола за изградба на индивидуалната куќа, која што согласно законот треба да се изгради во рок од четири години, рече Јовев. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2934&Itemid=125


Posted By: axel
Date Posted: 27-Oct-2011 at 14:27
Голем интерес за локациите за изградба на куќи во општина Илинден - 27.10.2011

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека по распишаната јавна објава отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба нa објекти за семејно  домување, односно  станбени куки  во Општина  Илинден е забележан голем интерес кај граѓаните.

 

Имено, за вкупно 24 градежни парцели, согласно крајниот рок- 19.10.2011 година, до Министерството за транспорт и врски се доставени вкупно 302 пријави за учество во јавното наддавање. Станува бор за градежни парцели со површини од 331 m² до 507 m². Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 61,00 денар од метар квадратен.

 

Јавната објава за отуѓување на овие локации по пат на јавно наддавање беше распишатна на 24.09.2011 година во печатеите медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се оддржи по електронски пат 31.10.2011 година

 

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, и тоа: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, како и правни лица, и тоа: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

http://mtc.gov.mk/new%5Fsite/mk/storija.asp?id=3461


Posted By: axel
Date Posted: 11-Nov-2011 at 13:32

Земјиште во Козле за 1.800 евра квадрат

Три државни парцели во Козле, наменети за индивидуално домување, вчера беа продадени за близу 2.000 евра по квадратен метар на електронска аукција на која почетната цена беше 1 евро за квадрат. Највисока цена што беше постигната за една од парцелите достигна 1.800 евра за квадрат, друга се продаде за околу 1.600 евра, а за трета беа понудени 1.000 евра за квадратен метар.

Постигнатите високи цени на аукцијата, според еден од учесниците, воопшто не биле изненадување, ако се има предвид интересот што владеел за продажбата на атрактивните парцели, односно бројот на учесниците.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF3790971755E847A9F386F3D14267FE


Posted By: axel
Date Posted: 17-Jan-2012 at 14:03
Ќе се продава државно земјиште во Дојран за изградба на викендици

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на викенд куќи во општина Дојран.

Станува збор за 15 градежни парцели кои се со различни површини помеѓу 357 и 494 м2, наменети за изградба на викенд куќи.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 10-ти февруари 2012 година.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

http://kajgana.com/kje-se-prodava-drzhavno-zemjishte-vo-dojran-za-izgradba-na-vikendici




Posted By: axel
Date Posted: 27-Jan-2012 at 15:19

Објава - градежно земјиште за отуѓување во тек, јануари-февруари 2012

  • http://ilinden.gov.mk/kategorija/izvestuvanja - Известувања

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на А1-семејно домување во станбени куќи

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за дел од село Марино,  дел од блок 28 – Локалитет 13 измена и дополна, усвоено со Одлука бр.07-464/2 од 13.03.2009 година, со  намена за изградба на А1-семејно домување во станбени куќи согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната  парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела,  катност, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м², вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

http://ilinden.gov.mk/izvestuvanja/objava-gradezno-zemjishte-za-otugjuvanje-vo-tek-januari-fevruari-2012



Posted By: axel
Date Posted: 16-Feb-2012 at 13:58

Распишани објави за локации за изградба на викенд-куќи во Крушево - 16.2.2012

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека денес Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на викенд куќи во општина Крушево.

 

Станува збор за 10 градежни парцели кои се со различни површини помеѓу 327 и 757 м2, наменети за изградба на викенд куќи.

 

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 12.03.2012 година. 

 

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавната објава може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски - http://www.mtc.gov.mk/ - www.mtc.gov.mk .

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3608




Posted By: axel
Date Posted: 21-Mar-2012 at 12:27

http://kurir.mk/republika/skopje/65020-Parceli-za-kuki-za-500-semejstva-so-pocetna-cena-od-edno-evro - Парцели за куќи за 500 семејства со почетна цена од едно евро

Општина Илинден годинава ќе продава 500 парцели за изградба на семејни куќи преку електронско наддавање со почетна цена од 1 евро.

marino1-500

На овој начин, петстотини семејства ќе можат да дојдат до сопствен дом. Во моментов се работи на подготвување на теренот, како и на потребната техничка документација.

Со продажбата на парцелите наменети за семејно домување во станбени куќи, општината има намера да им се излезе во пресрет на оние што го немаат решено станбеното прашање, да можат да дојдат до градежна парцела на која ќе изградат сопствена куќа.

По преземањето на овластувањето од Министерството за транспорт и врски за располагање со државното градежно неизградено земјиште, општината отуѓи 15 градежни парцели. Парцелите се наменети за изградба на нови стопански субјекти, изградба на соларна електрана, како и за индивидуално домување.

Големиот интерес што беше пројавен за овие градежни парцели само уште еднаш покажа дека општина Илинден останува атрактивна дестинација за многумина инвеститори, но и посакувано катче за домување.

Инвестицискиот циклус што беше карактеристичен за оваа општина во изминатите неколку години само уште еднаш се потврди и во текот на 2011 година. Отуѓени се 45 градежни парцели со вкупна површина од 232.310 метри квадратни, а дека така ќе биде и во иднина доволно зборува податокот дека веќе комплетно е подготвена документацијата за отуѓување на уште 53 градежни парцели со вкупна површина од 341.390 метри квадратни.

Во изминатиот период во општина Илинден регистрирани се седумдесеттина нови инвестиции, а само минатата година се отворени 1.000 нови работни места. Денес во општината стопанисуваат околу 750 фирми.

http://kurir.mk/republika/skopje/65020-Parceli-za-kuki-za-500-semejstva-so-pocetna-cena-od-edno-evro



Posted By: axel
Date Posted: 06-Apr-2012 at 14:16

PostHeaderIcon http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=979:2012-04-03-14-04-15&catid=8:actual&Itemid=1 - Продажба на градежни парцели

http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=section&id=3&layout=blog&Itemid=1 - Главно Мени

Општина Гевгелија објавува електронско јавно наддавање на градежно неизградено земјиште, во Урбана единица “Караорман“ во Гевгелија со намена за изградба на индивидуални куќи.

На продажба се дадени 4 парцели, чија површина се движи од 687м² до 776м², со почетна цена од 61,00 денар од метар квадратен. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела изнесува 20 % од вкупната почетна цена за градежните парцели, а се уплатува вирмански или преку пошта на Општина Гевгелија – Депозитна сметка за јавно наддавање 715014017769619, Приходна шифра 733111 и програма 00 со назнака “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште”, за секоја градежна парцела посебно;

Пријавите за учество на јавното наддавање за градежни парцели во м.в „Караорман“ КО Гевгелија можат да се достават до 24.04.2012 година на адреса на Општина Гевгелија, ул.”Димитар Влахов ” бр.4 во Гевгелија, или директно во Општинскиот центар за услуги на граѓаните, а јавното наддавање ќе започне на 30.04.2012 година, во 11,00 часот и истото ќе трае 1 (еден) час.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна http://www.gradezno-zemjiste.mk/ -

Објавата на 4 април 2012 година ќе биде објавена во весниците „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, како и на WEB страната на Општина Гевгелија http://www.gevgelija.gov.mk/ - - gov - mk

http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=979:2012-04-03-14-04-15&catid=8:actual&Itemid=1


Posted By: Partizanska
Date Posted: 18-Feb-2013 at 18:39
Куќа во Охрид
[TUBE]n0a7OBi7mFQ[/TUBE]


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Feb-2013 at 19:34
слика?кај мене не излегува


Posted By: daci92
Date Posted: 18-Feb-2013 at 19:53
ниту кај мене


Posted By: Partizanska
Date Posted: 18-Feb-2013 at 20:16
Не можам видеото да го поставам, може помош?


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Feb-2013 at 20:24
јас правам вака:

делот после знакот v= го копирам и го ставам овде,на пример

uhdj

после тоа се пишува [тубе]uhdj[/тубе] само на латиница,овде е вака само да се види начинот


и нормално она погоре го бришам





Posted By: Partizanska
Date Posted: 18-Feb-2013 at 20:44
Благодарам, се снајдов


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2013 at 00:11
Originally posted by Partizanska

Куќа во Охрид
[TUBE]n0a7OBi7mFQ[/TUBE]

Освежувачки   Cheers

Ќе се реализира ли проектов?


Posted By: Partizanska
Date Posted: 19-Feb-2013 at 17:11
Се надеваме дека финансиите нема да бидат пречка и ќе се реализира куќата како што е испроектирана.


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Jun-2014 at 18:03
И ова зградиче/куќа ми се виде интересно. Се наоѓа во Карпош, во делот зад Рузвелтова и бул. Партизански одреди (во близина на Геодетскиот завод).

https://flic.kr/p/nXxYAt"> https://flic.kr/p/nXxYAt - DSC03981 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jul-2014 at 02:14
Некои куќи во Бутел 2 што ми се допаднаа...







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Aug-2014 at 13:13
Мој фаворит за денес (во Тавталиџе)

https://flic.kr/p/okb4yb"> https://flic.kr/p/okb4yb - DSC04836 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Aug-2014 at 17:42
Карпош 1

https://flic.kr/p/oX9wdL"> https://flic.kr/p/oX9wdL - DSC05040 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Oct-2014 at 14:56
И една интересна зградичка/куќа од Тафталиџе

https://flic.kr/p/prGt66"> https://flic.kr/p/prGt66 - DSC05947 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/prDkx8"> https://flic.kr/p/prDkx8 - DSC05948 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/prDknD"> https://flic.kr/p/prDknD - DSC05949 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pJ8MKn"> https://flic.kr/p/pJ8MKn - DSC05951 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Nov-2014 at 14:49
Бутел 2, веднаш под ридот на Гази Баба. Не знам дали овие зградички се законски, зашто основната инфраструктура не им е завршена (улици, канализација и сл.)

https://flic.kr/p/p1Mhrg"> https://flic.kr/p/p1Mhrg - DSC06181 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pXvNTx"> https://flic.kr/p/pXvNTx - DSC06182 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pF63Mz"> https://flic.kr/p/pF63Mz - DSC06183 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Dec-2014 at 15:44
Дебар Маало

https://flic.kr/p/qaJkgq"> https://flic.kr/p/qaJkgq - DSC06686 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/qaS8vT"> https://flic.kr/p/qaS8vT - DSC06687 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/qsh94v"> https://flic.kr/p/qsh94v - DSC06688 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Apr-2015 at 17:41
Една симпатична зградичка во Чаир, штета што сонцето светеше право во објективот, па снимката не испадна сосем најдобра.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: stratus
Date Posted: 02-Apr-2015 at 17:56
Овој габарит беше тоа што му треба на Дебар Маало (макс +1 кат) со огледна постоечката инфраструктура


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Jun-2015 at 15:03
Населба Јака кај Илинден (сликано од возење)





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Dec-2015 at 15:09


Добитникот на Големата годишна награда за успешно реализиран објект за 2015 година во Македонија која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија - приватна куќа на Водно (архитекти: Сергеј Никољски и Иван Мирковски). Што да кажам: нека се множат вакви современи зданија во нашава зачмаена средина.

















извор на фотографии: фејсбук страницата на ААМ (Асоцијација на архитекти на Македонија)

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 24-Dec-2015 at 22:32
Хех, мајсторлукот е со лимитиран простор и, пред се, буџет, да направиш нешто иновативно и современо.
Но добро, нека им служи како позитивен пример на оние со неограничени можности, и онака им треба лекција по вкус.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Dec-2015 at 02:09
освен што изгледа вкусно, успешно се вклопува со падината и дрвото е доминантен материјал... баш поентата на современата архитектура... ако барем половина од објектите на Водно беа изградени вака, ќе беше многу подобро

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 18-Jul-2016 at 14:27
во Влае.



Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Sep-2016 at 17:25
Приватна куќа во Крњево. Случајно се затекна сопственикот кога фотографирав, ми спомена дека куќата му ја дизајнирал еден наш архитект (албанско име беше, не го запамтив).

https://flic.kr/p/LYVoiL"> https://flic.kr/p/LYVoiL - Skopje / Скопје by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/M6BEHN"> https://flic.kr/p/M6BEHN - Skopje / Скопје by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/M2xpAa"> https://flic.kr/p/M2xpAa - Skopje / Скопје by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Sep-2016 at 18:28
Не е зграда, но е еден добар пример - еколошка пасивна куќа во Струмица. Извор: фејсбук страницата на Жикол.




-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Feb-2017 at 11:48
Не е зграда, но ми се допаѓа, па да споделам. Некаде во Скопје, не е наведено каде (на сликиве налетав на фејсбук)...





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 04-Feb-2017 at 11:56
Козле

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Mar-2017 at 18:38
Козле



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Mar-2017 at 17:25
Нас. 11 октомври



извор https://www.facebook.com/kompanijasavovski/photos/a.261185677629845.1073741828.261138227634590/261186194296460/?type=3&theater - https://www.facebook.com/kompanijasavovski/photos/a.261185677629845.1073741828.261138227634590/261186194296460/?type=3&theater

-------------
За сè има вторпат


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 29-Mar-2017 at 00:16
Ова е нова или стара/реновирана куќа, бидејќи многу потсеќа на баухаус стил


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Mar-2017 at 09:28
На страницата на градежната компанија што ја изградила вели дека е завршена 2016 година.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Apr-2017 at 21:16
Нешто од Бардовци - тука се гради наголемо (приватни куќи, но и згради, па и цели комплекси)





















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 10-Apr-2017 at 00:02
Фино е ова во Бардовци

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Apr-2017 at 09:45
Карпош





-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Aug-2017 at 15:52
Во тафталиџе на ул,Прашка-превземено од фејсбук





Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Aug-2017 at 19:48
Влае



Злокуќани



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Dec-2017 at 20:25
Куќа во нас. Реонски центар













фото: biroproekt.com.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: MACK
Date Posted: 12-Dec-2017 at 01:48
mnogu ubava


Posted By: daci92
Date Posted: 12-Dec-2017 at 20:36
Во Реонски се направија мн убави куќи/ зградички, бидејќи не се сите куќи туку станбени куќи за повеќе фамилии. Не им ги знам цените ама ми се допаѓа како е решено и инфраструктурно, само проста маса и покрај паркинзите и дворовите за паркирање сите на улица паркираат.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 13-Dec-2017 at 00:33
Има ли некој посебен назив за овие куќи за повеќе фамилиии, каде има 2/4 реално посебни станови?
Можеби некој кој е архитект знае како оди официјалната класификација на станбени објекти според големина и број на станбени единици.


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Apr-2018 at 19:07
Дебар Маало







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-May-2018 at 18:34
Жданец, од пред некој ден. Мислам дека проектот горе десно е стопиран веќе некое време.



Овие се веќе над населбата Жданец







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-May-2018 at 20:22
Водно





Пржино



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-May-2018 at 20:26
И нешто чудно од Тавталиџе или Карпош (не можам да се сетам, малку постара е фотката)



-------------
За сè има вторпат


Posted By: kiriOK
Date Posted: 05-May-2018 at 08:06
Originally posted by Џоле

И нешто чудно од Тавталиџе или Карпош (не можам да се сетам, малку постара е фотката)



Стара е сликата,инаку тоа горе е базен.


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-May-2018 at 07:51
Во Чаир-превземено од фб





Posted By: Џоле
Date Posted: 25-May-2018 at 18:42
Покрај велешкото езеро Младост никнала цела населба, дури почнале и згради да градат...

















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 25-May-2018 at 18:45
Фино

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Jun-2018 at 10:44
Населба Јака-превземено од фејсбук











Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Sep-2018 at 09:49
Тетово

SD RESIDENCE, Tetovo

2016-2018

PROJECT TEAM: Stefan Atanasoski, Bisera Krckovska, Armend Hebipi, Hristijan Ivanovski, Teuta Bajrami, Tina Mijalcheva, Nikola Gjurcinovski, Nasuf Nebiu and Besian Mehmeti











http://besianmehmeti.com/sdr/ - http://besianmehmeti.com/sdr/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Oct-2018 at 08:01
ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ЕЛИТНА НАСЕЛБА ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ, А ПО 6 ГОДИНИ УШТЕ НЕМАМЕ ВОДА И ПРИСТАП, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИ НА НАСЕЛБАТА ЈАКА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Новата елитна населба Јака во Општина Илинден и после 6 години откако почна да се гради, нема вода, пристапни патишта, ниту канализација. Дел од граѓаните кои купиле земјиште, веќе ги изградиле куќите, но не можат да се вселат оти Општината не ги завршила инфраструктурните обврски, затоа што само 10 отсто од инфраструктурата требало да да покрие Општина, а 90 отсто Владата. Општина Илинден по локалните избори остана со вмровска локална власт.

Општина Илинден во 2012 година донесе Детален урбанисттички план за овој дел во општината, со кој на површина од 28 хектари се предвидува покрај станбени куќи да се изградат и трговски центри, хотел, забавен парк, спортски терени. Парцелите Општината ги продаваше на електронската аукција а почетната цена за метар квадратен беше 95 денари. Тогаш градоначалникот Жика Стојановски рече дека идејата е да понудат градежни парцели по евтина цена, за да можат млади брачни парови да создадат дом.

До сега се продадени над 300 парцели, голем број куќи се изградени, дел се градат, платените се комуналиите, но обврските кои и следуваат на Општината не се исполнети. Само во еден дел поставена е цевка за вода, што покрива само мал дел од населбата, канализација нема, а пристапни патишта не се секаде изведени, а онаму каде што има дури пред неколку месеци бил поставен тампон.



„Убаво замислена идеја, но дадена во рацете на балканци. Градоначалникот наместо да ги заврши обврските калкулира со парите. Шеста година откако почна реализацијата на проектот, а немаме вода. Куќите ги градевме без вода, сите носевме кој како ќе се снајде, а и сега кога ги завршивме не можеме да се вселиме. Плаќаме кирија, а имаме готова куќа. Ние веднаш си ги плативме комуналии, градоначалникот дава ветувања, но не се реализираат во целост. И во оние делови каде што има поставено цевка за вода, не можат луѓето да се приклучат. Половина од сопствениците на земјиште изгубија волја да градат“, велат граѓани кои имаат куќи во населбата Јака.

Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски признава дека се доцни се реализацијата на инфраструктурните проекти, но вели дека дел од обврските било договорено да ги преземе Владата. Тој вели дека причина што уште нема вода низ населбата е тоа што само 20 од вкупно 350 куќи платиле за приклучоци.

„Не сме престанеле да работиме, но толку ни се финансиските можности. Кога почна да се гради новата населба беше договорено 10 отсто од инфраструктурата да покрие Општина а 90 отсто Владата. Досега Општината инвестирала со над 20 отсто. Дека 100 отсто ќе завршиме со средства од општината не можеме, но се работи. Јас ве уверувам дека сите што платиле за приклучок имаат вода. Полека се пробиваат и пристапните патишта, но капацитетите ни се толкави, не можеме да ја задолжиме Општината. Реално имаме изминативе години и економски и политички застој и тој се одразува. Но ќе најдеме начин да изведеме потребна инфраструктура, никој нема да остане без вода“, вели Стојановски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/trebashe-da-bide-elitna-naselba-za-mladi-brachni-parovi-a-po-6-godini-ushte-nemame-voda-i-pristap-velat-zhiteli-na-naselbata-jaka-vo-opshtina-ilinden/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/trebashe-da-bide-elitna-naselba-za-mladi-brachni-parovi-a-po-6-godini-ushte-nemame-voda-i-pristap-velat-zhiteli-na-naselbata-jaka-vo-opshtina-ilinden/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Nov-2018 at 19:36
Во Тафталиџе на ул.Будимпештанска бр 22(од фб)







Posted By: kiriOK
Date Posted: 29-Nov-2018 at 19:54
Како тргнале многу скоро во Скопје нема ни една барака да има...


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Nov-2018 at 18:05
Бараките беа предвидени за привремено домување, посебно тие после земјотресот (или, со други зборови, 99% од нив). Е сега, тоа што на нивно место се појавуваат згради е друга работа.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Dec-2018 at 13:38
Од Attika Architects, некаде во Скопје (не можам да одредам со сигурност). Инаку, одлично студио, гледам дека многу модерни згради што се изградија или се градат во моментов се проектирани од нив.



https://www.instagram.com/attika_architects/?hl=en - https://www.instagram.com/attika_architects/?hl=en

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Dec-2018 at 17:53
Една приватна куќа во близина на Млечен ресторан...





https://www.facebook.com/Riveil.Mk/?__tn__=k*F&tn-str=k*F - https://www.facebook.com/Riveil.Mk/?__tn__=k*F&tn-str=k*F

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zlatko_k
Date Posted: 21-Dec-2018 at 23:32


Еве како изгледаше пред тоа.

https://goo.gl/maps/egqMFm8EAMG2



Print Page | Close Window