Print Page | Close Window

Бит пазар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2197
Printed Date: 04-Dec-2020 at 21:00


Topic: Бит пазар
Posted By: pbanks
Subject: Бит пазар
Date Posted: 09-Jan-2008 at 00:14
еве една добра вест. Прв пат за вакво нешто се зборуваше пред последните локални избори. И Пенов најавуваше нешто вакво. Од тогаш ова е прва вест на оваа тема на која имам налетано. Само живо ме интересира како ќе изгледа проектот. МА-ДИЗАЈН кој се спомнува како проектант е творецот на објектот на Тинекс што се гради во Капиштец Roll%20eyes
Бит пазар и вака може да биде интересен доколку не беше толку прљав, доколку ги немаше сите оние диви продавачи околу, доколку не беше уништено средишното зеленило на булеварот од паркирани превозни средства. Но тоа е тоа редно е да ги направат пазарите како што треба.



Бит-пазар ќе стане модерен пазар со подземен паркинг на две нивоа

Паркингот ќе се протега на 5.120 квадратни метри и на него ќе може да се паркираат 400 возила

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Бит-пазар комплетно ќе го смени сегашниот лик и ќе се претвори во модерен пазар од затворен тип: на приземје и еден кат и со подземен паркинг на две нивоа. На приземјето строго ќе бидат фиксирани тезгите и боксовите. Двете паркиралишта и катот ќе имаат меѓусебна комуникација преку шест лифта со кои ќе се транспортираат луѓе и стоки. Целата парцела за градба има површина од 8.430 квадратни метри, додека подземното паркирање на две нивоа е предвидено за 400 возила и ќе се протега на 5.120 квадратни метри. На првото ниво ќе има простор за 71 возило, а на второто 329 паркинг- места. На дел од просторот на сегашниот пазар, каде што сега се поставени тезгите со текстил и играчки, спроти аптеката „Зегин“ ќе се изгради плоштад со фонтана и комплетна урбана опрема. Плоштадот ќе се протега на 1.000 квадратни метри и ќе завршува со скали преку кои ќе се влегува во планираниот супермаркет. Од другата страна тој ќе биде поврзан со надвозниот премин што заеднички ќе го градат Градот и Општина Чаир.

Новиот плоштад, всушност, е замислен како отворен простор кој ќе го разубави и влезот кон Старата чаршија.

Целата инвестиција е на „Скопски пазар“. Во Општина Чаир техничката документација веќе се подготвува, а проектот го изработува МА-ДИЗАЈН-Друштво за проектирање. Тој ќе се реализира фазно, а постои можност и за дислокација на Бит-пазар. „Со изградбата на новиот модерен пазар нема да дозволиме да се загуби ниту една од дејностите кои се актуелни сега. Но, строго ќе се води сметка за деловите каде што ќе има класификација на продажбата на текстил, на прехранбени производи и на други производи. За изградба на објектот во консултации сме со Министерството за култура, а се' со цел да се дефинираат сите поединости за зачувување на автентичноста на Старата чаршија и културното наследство. Во исчекување сме на сообраќајното одобрение и на сите други потребни согласности за изградба на еден ваков објект“, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Според Арбен Речица, раководител на Одделението за управување со градежно земјиште и дозволи за градба во Општина Чаир, на катот од новиот објект ќе бидат изградени дуќани во кои, најверојатно, ќе биде сместен и познатиот женски пазар. Според него, за многу кусо време идејниот проект ќе добие локациски услови, а мошне брзо ќе биде изработен и главниот проект. Автор на идејниот проектот е архитект Драги Зафиров.


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=440F70B77F46D042A3EA2573B58EE57A - Утрински весник






Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2009 at 05:02
 

Бит-пазар ќе биде на ниво

Според проектот на општината Чаир и „Скопски пазар“, целиот простор во овој дел на градот ќе биде поинаку урбанизиран, покриен, на две нивоа, со подземен паркинг


Бит-пазар изгледа грдо и од птичја перспектива, но општината е решена да воведе ред и да им обезбеди подобри услови на легалните пазарџии

Најголемиот пазар во земјава, Бит-пазар е прв и по нередот. Нема соодветен паркинг, царува нехигиената, нема доволно простор, на тезгите е измешана стоката.

Згора, диви пазарџии ги запоседнале тротоарите во непосредна близина на пазарот, што уште повеќе ја нагрдува сликата пред ретките туристи, кои не го прескокнуваат ова за нив егзотично место.Од Општината, Чаир на чија територија се наоѓа Бит-пазар, велат дека за се' што е покрај булеварот треба да се грижат градските комунални инспектори, но не значи дека кога тоа е потребно, не постапуваат и тие.

- Ги собираме и остатоците од дивите пазарџии кои продаваат на тротоарот надвор од пазарот. Имаме вработено 19 лица кои се задолжени за чистотата, објаснува раководителот на пазарот, Фарук Елмази. Според него, се почитува Законот за трговијата, според кој на зелените пазари се врши трговија на големо и мало на земјоделска стока. На посебно организирани делови на зелените пазари може да се врши трговија на големо и мало и на друга стока.
- На нашиот пазар се продава зеленчук и овошје на посебен дел, а облека на посебен дел, иако има и исклучоци - признава Елмази.

Од Градската комунална инспекција надлежноста ја префрлаат на општинските инспектори. Велат дека се надлежни само за контрола на хигиената во дворот и во санитарните јазли на големите пазари.

- Имаме ингеренции само за Кванташкиот пазар, а за останатото се надлежни општинските инспектори.Општината Чаир, во соработка со „Скопски пазар“, подготвуваат проект за изградба на нов современ покриен пазар на местото на Бит-пазар, кој предвидува и подземен паркинг, на две нивоа. Со тоа комплетно би се сменил досегашниот лик на овој дел од градот.

- Пазарот ќе има површина од 8.430 квадратни метри. Ќе има приземје, еден кат и подземен паркинг, со капацитет за 400 возила, изјави Авни Калаба, задолжен за односи со јавноста во Општина Чаир. Тој додаде дека на приземјето строго ќе бидат фиксирани тезгите и боксовите. На катот од објектот ќе бидат изградени дуќани, во кои најверојатно ќе биде сместен и познатиот женскиот пазар. Двете подземни и паркиралиштата на катот ќе бидат меѓусебно поврзани преку шест лифта, кои ќе транспортираат и стока и луѓе. Како што истакна Калаба, на просторот кај аптеката „Зегин“ ќе се гради мал плоштад со површина од 1.000 квадратни метри, кој ќе завршува со скали, по кои ќе може да се влегува во супермаркет.

- Новиот плоштад, всушност ќе го разубави влезот во Старата скопска чаршија, вели Калаба. Пазарот ќе се реализира фазно, а постои можност за негова дислокација додека не се изгради новиот.

- Со изградба на новиот затворен пазар нема да дозволиме да се изгуби една од дејностите кои сега се актуелни. Строго се води сметка за деловите каде што ќе има класификација на продажбата на текстил, на прехранбени и други производи, потенцираше Калаба. Инвестицијата за изградба на пазарот ќе биде на „Скопски пазар“.Како што велат од Општината Чаир, техничката документација за изградба на овој објект веќе се подготвува. Проектот за пазарот го изработува Друштвото за проектирање „Ма-дизајн“.

- За изградба на објектот сме во консултации со Министерството за култура, со цел да се дефинираат сите детали за зачувување на автентичноста на Старата скопска чаршија и на културното наследство, рече Калаба. Општината е во исчекување на сообраќајното одобрение и на сите други потребни согласности за изградба на објектот. Оттаму се надеваат дека наскоро идејниот проект ќе добие локациски услови, а мошне брзо ќе биде изработен и главниот проект.

ИНФО-Плоштад кај „Зегин“

Општината Чаир и „Скопски пазар“ подготвуваат проект за изградба на нов современ покриен пазар, на површина од 8.430 квадратни метри. Ќе има приземје, еден кат и подземен паркинг, со капацитет за 400 возила. Кај аптеката „Зегин“ ќе се гради мал плоштад од 1.000 квадратни метри, кој ќе завршува со скали, по кои ќе може да се влегува во супермаркет. Пазарот ќе се реализира фазно, а постои можност за негова дислокација додека не се изгради новиот. Техничката документација веќе се подготвува. Проектот го изработува Друштвото за проектирање „Ма-дизајн“.Општината чека на сообраќајното одобрение и другите согласности за изградба на објектот.

Анела Петрова
Фото Маја Златевска

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D87ACB8F8F34374EBDCC21D2C8250EC5 - Dnevnik


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Apr-2010 at 11:34
ovaj del na gradot nikako da se modernizira Ohno

БЛОКИРАНА ИЗГРАДБАТА НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ВО ЧАИР

Бит-пазар засега нема да се сели

Иако градоначалникот Изет Меџити уште пред 4 години најави дека ќе го гради трговскиот на местото на пазарот и во него ќе ги пресели тезгињата, сега општинарите не знаат дали и кога ќе почнат да го градат објектот

Бит-пазар сe уште нема да се пресели во нов објект оти Општина Чаир не знае кога ќе го изгради трговскиот центар на негово место. Иако градоначалникот Изет Меџити пред 4 години сам ја најави изградбата на трговскиот и преселбата на пазарот во него, сега Општината не знае кога ќе ја гради модерната двокатна зграда во која треба да се сместат поголем дел од тезгињата.
"Немаме информација до каде е постапката за изградба на трговскиот центар и преселбата на еден дел од пазарот во него", кусо изјави Авни Калаба, портпарол на Општина Чаир. Тој не објасни зошто досега е блокирана изградбата на зградата и дали таа воопшто ќе се гради.
Согласно идејното решение за изградба на објектот со кое Меџити се пофали пред една година, во подрумот на новата двокатна зграда треба да се изгради паркинг за околу 400 возила, првиот кат е предвиден за тезгињата за пазарот, додека на вториот кат е планирано да се сместат продавачите од женскиот пазар. Изградбата на објектот чини 20 милиони евра, пари кои градоначалникот вети дека ќе ги даде АД "Скопски пазар", сопственик на земјиштето. Во меѓувреме, Општината почна да бара и привремена локација за пазарџиите за да не им трпи работата додека се гради трговскиот, но од тогаш работите не мрднаа од место.
Новата зграда за Бит-пазар е предвидена со Деталниот урбанистички план за Чаир.
(М. Ѓ.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=E37686CD169B214D8AE1ED03688A5E83


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Aug-2010 at 11:55
ОДАМНА СЕ НАЈАВУВА ОТВОРЕНИОТ ПАЗАР ДА ПРЕРАСНЕ ВО ЗАТВОРЕН
Модерен Бит-пазар, само добра желба

Даниела Трајковска


Наместо класичен пазар со тезгиња, во кој има голем метеж и бучава, Бит-пазар ќе биде сместен во затворен објект во форма на „СП Планет“, во кој ќе се лоцираат сите пазарџии. Оваа идеја веќе подолго време постои, а целта е пазарот да прерасне во современо место за пазарување. - Тој објект е предвиден во деталниот урбанистички план на општина Чаир, меѓутоа, поради проблеми со имотно правните односи, неговата изградба е одложена - изјави Омерфејзи Билали, началник на секторот за урбанизам на Чаир. Проблемите настанале откако земјиштето со денационализација е вратено на сопственикот, меѓутоа, надлежните очекуваат спорните делови за просторот да се решат и, конечно, да се реализира проектот со пазарот. Според него, „Скопски пазар“, фирма која стопанисува со Бит-пазар веќе поднеле барање за дозвола за изградба на ваков објект. Сепак, како што стојат работите, проектот со кој најголемиот пазар во градот ќе се смести во затворен објект, без метеж и без непријатната миризба од изгниените производи, нема да се реализира во блиска иднина. Како што велат од „Скопски пазар“, во неколку наврати е разговарано за изградбата на „СП Планет“, меѓутоа, очигледно ваквиот трговски центар „бел ден“ ќе види во некои подобри времиња. - Меѓу големиот број проблеми, кои произлегуваат од овој план, веројатно најголемиот е каде да ги сместиме пазарџиите што во моментов работат на тие тезгиња, во периодот додека се гради објектот - изјави Сашо Давитковски, генерален директор на „Скопски пазар“. Покрај тоа, Давитковски се пожали и на тоа дека банките не даваат поволности и дека ова е лошо време за поголеми инвестиции. Тој објасни дека во неколку наврати е разговарано со општина Чаир за оваа идеја. - Имаме изработено дури и неколку добри проекти, за тоа како тој простор најдобро ќе личи - рече тој. Целосната реконструкција на Бит-пазар и обезбедување на паркинг-простор за корисниците на пазарот беа дел и од предизборните ветувања на Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје. Токму паркирањето во околината на пазарот е еден од најголемите проблеми за скопјани, кои ќе решат да пазаруваат тука, затоа што едноставно тука паркинг-простор не постои. Од Град Скопје велат дека реконструкцијата на Бит-пазар, всушност, не се однесува на пазарот, туку на сообраќајните текови. - Проектот фазно ќе се реализира во текот на мандатот на градоначалникот, во соработка со општина Чаир. Засега е реализиран проектот за зонско паркирање кај „Мавровка“ - изјавија од Град Скопје. За да се реши проблемот со паркинг-простор и со паркираните автомобили по тротоарите, од Општина Чаир потврдија дека на Бит-пазар ќе се изгради паркиралиште. - Паркинг-простор ќе има веднаш до Театарот на Албанците. Предвидено е да се изгради катна гаража бидејќи нема друга локација за паркинг- простор во овој дел - изјави Билали.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2084&ArticleID=145674 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2084&ArticleID=145674


-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 26-Sep-2012 at 10:47
ХАОСОТ И НЕХИГИЕНАТА ЌЕ СЕ РЕШАВААТ СО НОВ ЗАТВОРЕН ОБЈЕKТ

Маркет и катна гаража на местото на Бит-пазар

Проблемот со нехигиената околу Бит-пазар, продажбата на картонски кутии на тротоарите, постојаните расправии со полицијата и со инспекцијата, остануваат секојдневие во овој реон с` до изградбата на модерен затворен пазар. А на такво нешто ќе се почека с` до усвојување на урбанистичкиот план „Мавровка“ од Општината Чаир каде што не прецизираат кога точно планот со ова нацрт-решение ќе се најде на дневен ред на седница на Советот.

Од „Скопски пазар“ велат дека се подготвени за реализација на оваа идеја за која се зборува веќе една деценија, но постојано се одложуваше поради измени во плановите, како и поради територијалната поделба, со која пазарот од надлежност на Општина Центар падна под ингеренции на Чаир. Изготвиле и идејно решение.

- Во согласност со него имаме намера во иднина да пристапиме кон нова инвестиција за реконструкција и за адаптација на постојниот пазар во нов, со сите атрибути на современа локација за пазарење - изјавија од оваа компанија.

Идејното решение било позитивно оценето и од Општина Чаир. Градоначалникот Изет Меџити изјави дека не се работи за значајни измени во планот „Мавровка“, но дека процедурата за измена е во тек. Kако што вели, долг период тапкала в место поради обезбедување конзерваторски основи за дел од овој локалитет. А од Kонзерваторскиот завод, пак, долг период биле ангажирани околу новиот нацрт на Генералниот план за Скопје.

- Сега тоа заврши и тие веќе ќе работат на конзерваторските основи. Да беа поекспедитивни до сега ќе беа готови и измените. Се надевам дека за два-три месеци процедурата ќе биде готова и „Скопски пазар“ ќе може да ја реализира идејата и ќе исчезне и онаа грда глетка која боде очи, односно продавањето на картонски кутии - изјави Меџити.

Раководителот на одделението за спроведување на урбанистичките планови во Чаир, Арбен Речица, објасни дека според важечкиот план урбаната парцела на која ќе се протега затворениот пазар е 8.500 квадратни метри. Висината на објектот е зацртана на девет метри - приземје и кат.

Анела Петрова



Инвестиција од 10 милиони евра

Во однос на идејниот проект, од „Скопски пазар“ информираа дека модерниот затворен Бит-пазар ќе претставува деловен простор со нови тезги, кој ќе ги опфати како постојните така и новите корисници.

- На приземјето ќе се продаваат свежи производи, овошје и зеленчук, а на првиот кат непрехранбени производи. Паркирањето го планираме во рамки на постојната локација со изградба на мала катна гаража во согласност со стандардите за ваков тип објекти - појасни Сашо Давитковски, претседател на Управниот одбор на „Скопски пазар“.

Оваа инвестиција би чинела 10 милиони евра.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D8B57EC29DC93C428D0BEABF449C129C - http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D8B57EC29DC93C428D0BEABF449C129C

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: JimmyN
Date Posted: 11-Feb-2013 at 11:14

Осум дуќани изгореа во пожарот што избувна на скопски Бит пазар ноќеска пет минути по полноќ.

bitpazar500

Како што јавува МИА, командантот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски потврдил дека пожарот е комплетно изгаснат и оти не е дозволено негово проширување. Нема повредени.

dukani500

Во гаснењето учествувале 14 противпожарни возила со 35 пожарникари.

izgoreno500

partali500

pozarna500

klima500

limovi500

vlez500

alista500

vrati500

luge500

uvid500

pepel500

http://kurir.mk/makedonija/vesti/103082-FOTO-Sto-ostana-od-dukanite-na-Bit-Pazar - http://kurir.mk/makedonija/vesti/103082-FOTO-Sto-ostana-od-dukanite-na-Bit-Pazar



-------------
If you don`t have a clue,...use the internet!


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Feb-2013 at 19:09
после разнебитувањето на целата служба за заштита од пожари која беше во МВР;вакви работи за жал ќе бидат уште позастапени во наредниот период


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Mar-2013 at 12:18

ЛЕТОВО ЌЕ ЗАПОЧНЕ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ


Бит-пазар со покрив, нови тезги и паркинг


Површината на објектот ќе изнесува 15 илјади метри, ќе биде поделен на приземен и галериски дел, ќе има уште едно дополнително ниво во делот кој е организиран кон женскиот пазар


Долгогодишните проблеми со кои се соочуваат пазарџиите од Бит-пазар и за кој пред неколку месеци штрајкуваа поради неисполнување на ветувањето за затворен и реновиран пазар се очекува наскоро да бидат решени. Проектот за реконструкција на пазарот е во завршна фаза и треба да започне негова реализација на терен за три месеци. Во општината Чаир, вчера проектантот Кокан Грчев пред Здружението на пазарџиите го презентираше проектот Бит-пазар. Површината на објектот ќе изнесува 15 илјади метри, ќе биде поделен на приземен и галериски дел, ќе има уште едно дополнително ниво во делот кој е организиран кон женскиот пазар. Сето тоа треба да овозможи поставување на 1 400 тезги во приземниот дел и соодветен број на дуќани кои се наоѓаат организирани речиси на идентични места каде што и сега се наоѓаат.

-Бит-пазар е дел од Скопската чаршија, а архитектурата на новиот проект ќе биде во склад со изгледот на Чаршијата. Во завршна фаза сме со усвојување на деталите на урбанистичкиот план, којшто е основа да се обезбеди таква инвестиција. Многу беше значајно да се опфатат сите тезги, дуќани, а кога ќе биде реализиран проектот нема да дозволиме ниедна тезга надвор од пазарот да се бави со трговија, велат од општината.

Финансиите за проектот Бит-пазар се обезбедени од буџетот на акционерското друштво Скопски пазар, а се чека дозвола за отпочнување со градба на проектот со кој многу придобивки ќе имаат градот, општината, чаршијата, пазарџиите, но и купувачите, истакнуваат од таму.
- Овој проект е поделен во три главни сегменти коишто сукцесивно би се надградувале еден врз друг и квадратурата зборува за комерцијалната вредност на објектот во изградба и за она што како позитивен финансиски фидбек може да се очекува од користењето на тој простор, објасни проектантот Кокан Грчев.

Површината на овој објект ќе изнесува 15 илјади квадрати, инвестицијата на истиот ќе биде 10 милиони евра. Се очекува реализација на проектот да започне за три месеци, кога и започнува градежната сезона.

(С.Тр.)
http://vecer.com.mk/?ItemID=81B96F3CA4BFA847AEE5BE066762910C

eve nesto od alsat m



Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 13-Mar-2013 at 14:05
Одлично, иако изгледов што е прикажан на визуелизацијата не ме воодушевува нешто баш, но сепак идеата за тој цел дел едноставно мораше и редно време беше да се среди бидејќи наликуваше на вистински хаос. Тоа важи за сите пазари, но овој беше вон сите конкуренции со неговиот изглед и неред. Инаку јас дури и би го дислоцирал да не биде во таква дирекна корелација и близина со чаршијата бидејќи тој неред целосно ми ја уништува сликата за чаршијата. Посебно ми се допаѓа делот кој вика, дека ќе бидат опфатени сите тезги и дуќани и нема да се дозволи ниту една тезга надвор од пазарот, а валда тој закон ќе важи и за оние диви трговци кои се распостелени на картонски кутии од Мавровка па до пазарот.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Mar-2013 at 15:00
Наскоро почнува да се гради нов Бит-пазар



Пазарот ќе се простира на површина од 15.000 квадратни метри, со можност за 1.400 тезги на приземниот дел

Бојан Шашевски


На површина од 15.000 квадратни метри за неколку месеци ќе почне изградбата на новиот модерен Бит-пазар со приземно и надземно ниво. Конечно ќе здивнат тезгаџиите што работеа во прилично лоши услови без основна пазарна инфраструктура и со диви пазарџии кои им го земаа лебот. Реализацијата на затворениот пазар се влечеше со години, но вчера Општина Чаир, „Скопски пазар“ и Здружението на пазарџии го презентираа новиот проект вреден околу 10 милиони денари. Идејното решение нуди далеку посовремен пазар со задржани традиционални белези.

„Проектот е од голема важност за општина Чаир, но и за цело Скопје.

Моментално се привршуваат измените на ДУП-от за тој дел, по што ќе се пристапи кон реализација на проектот со кој ќе се решат проблемите на пазарџиите, купувачите и сите што циркулираат околу овој познат простор“, рече градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Претседателот на здружението на пазарџии „Просперитери“, Екрем Долек, потенцираше дека со ова се реализира сонот на сите пазарџии. Вели дека со години бараат доградба на постојниот пазар кој им обезбедува основна егзистенција на нивните семејства.

„Минавме низ повеќе протести и барања за условите за работа, проектот се одолжуваше, па сосема беше оправдан песимизмот кај пазарџиите. Од 2005 имавме различни варијанти, идеи и ветувања од Општината и ’Скопски пазар’. На наше инсистирање, конечно, ќе се направи нов пазар, кој ќе ги донесе потребните стандарди и за тезгаџиите и за купувачите. А, ќе ги зачува историјата на пазарот и духот на чаршијата“, рече Долек.

Сашо Давитковски од „Скопски пазар“ смета дека проблемот со пазарот се наметнува со години. Смета дека е убаво што имаме богато минато, но треба и да се инвестира во нова инфраструктура.

„Овој проблем е постар од мене. Пазарот раскажува приказна долга 900 години. Сега имаме сериозна намера да ја реализираме идејата која се одолжуваше пред се' поради технички проблеми со урбаните планови“, рече Давитковски.

Проектант на новото идејно-решение за пазарот е архитектот Кокан Грчев, професор на Универзитетот „Американ колеџ“. Тој вели дека ова е дел од идејата да го приклучи Бит-пазар како интегриран дел од Скопје.

„ДУП-от и техничката документација се при крај. Нема да се подобри ситуацијата со пазарот, туку драматично ќе се промени и сликата за Скопје за овој дел. Навиките за користење на просторот остануваат исти - пешачкото движење, местоположбата на женскиот пазар, поставеноста на влезовите. Ќе се движиме во Бит-пазар на идентичен начин, но со стандарди од новото време, со пазар од затворен и отворен концепт, кој ќе се припие кон концептот на Старата скопска чаршија. Со архитектонски јазик на традиционалното низ потребите на современото време. Со современи материјали со одржлив развој. Приземниот дел ќе има можност за 1.400 тезги“, вели проектантот Грчев, додавајќи дека пазарот ќе се гради во етапи за да нема целосно затворање на тезгите.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D974A064A35FCB49AA36E669095B4440


Не најдов тема за Бит Пазар , со оглед дека ќе почне да се реновира не е лошо да го следиме развојот на настани. За почеток би било супер ако има некој да стави слики од актуалната состојба на овој пазар.



Posted By: macedonia
Date Posted: 13-Mar-2013 at 16:23








Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Mar-2013 at 16:28

Ќе си земам за право да го копирам постот на Мy Macedonia    најмногу поради една вест која се разликува од воведниот пост а тоа е цената на чинење на овој проект.


Originally posted by my Macedonia




Долгогодишните проблеми со кои се соочуваат пазарџиите од Бит-пазар и за кој пред неколку месеци штрајкуваа поради неисполнување на ветувањето за затворен и реновиран пазар се очекува наскоро да бидат решени. Проектот за реконструкција на пазарот е во завршна фаза и треба да започне негова реализација на терен за три месеци. Во општината Чаир, вчера проектантот Кокан Грчев пред Здружението на пазарџиите го презентираше проектот Бит-пазар. Површината на објектот ќе изнесува 15 илјади метри, ќе биде поделен на приземен и галериски дел, ќе има уште едно дополнително ниво во делот кој е организиран кон женскиот пазар. Сето тоа треба да овозможи поставување на 1 400 тезги во приземниот дел и соодветен број на дуќани кои се наоѓаат организирани речиси на идентични места каде што и сега се наоѓаат.

-Бит-пазар е дел од Скопската чаршија, а архитектурата на новиот проект ќе биде во склад со изгледот на Чаршијата. Во завршна фаза сме со усвојување на деталите на урбанистичкиот план, којшто е основа да се обезбеди таква инвестиција. Многу беше значајно да се опфатат сите тезги, дуќани, а кога ќе биде реализиран проектот нема да дозволиме ниедна тезга надвор од пазарот да се бави со трговија, велат од општината.

Финансиите за проектот Бит-пазар се обезбедени од буџетот на акционерското друштво Скопски пазар, а се чека дозвола за отпочнување со градба на проектот со кој многу придобивки ќе имаат градот, општината, чаршијата, пазарџиите, но и купувачите, истакнуваат од таму.
- Овој проект е поделен во три главни сегменти коишто сукцесивно би се надградувале еден врз друг и квадратурата зборува за комерцијалната вредност на објектот во изградба и за она што како позитивен финансиски фидбек може да се очекува од користењето на тој простор, објасни проектантот Кокан Грчев.

Површината на овој објект ќе изнесува 15 илјади квадрати, инвестицијата на истиот ќе биде 10 милиони евра. Се очекува реализација на проектот да започне за три месеци, кога и започнува градежната сезона.

(С.Тр.)
http://vecer.com.mk/?ItemID=81B96F3CA4BFA847AEE5BE066762910C

eve nesto od alsat m


Додека во постот погоре стои 10 милиони денари. Е сега според големината и обемот на работа мене „ЕВРАТА„ ми се пореални но не ми е јасно од каде на Скопски Пазар толкави средства. Сепак најверојатно е дека во целиот проект ќе зема финансиско учество и општината.



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Mar-2013 at 16:33
Da 10 mil evra cini, i vo alsat m taka pisuvase.
Dobar cekor, samo napred. Konecno haosot kje go snema, pravi mnogu losa slika


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Mar-2013 at 16:42
Едино ме радува фактот дека ќе има паркинг простор, се надевам дека нема да се наплатува, иначе како проект не ми се допага нема никаков стил, и ме радува фактот дека ќе се надминат проблемите на тезгаџиите кои си плаќаа кирија а некој ке му се паркираше тука пред тезга со кутија и продава на црно.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Mar-2013 at 16:43
Originally posted by my Macedonia

Da 10 mil evra cini, i vo alsat m taka pisuvase.
Dobar cekor, samo napred. Konecno haosot kje go snema, pravi mnogu losa slika


Офф топик ама кога веќе ги спомна , дали знаеш зошто Алсат веќе подолго време на страната го нема македонскиот јазик како опција??кога го тргнаа кажаа привремено ама еве веќе подолго време го нема.


Он топик, се согласувам дека му треба средување на бит пазар и се надевам дека купувањето таму со новото обновување ќе се зголеми хигиената и безбедноста а со тоа и бројот на потрошувачи домашни но и туристи. Освен тоа квалитетен Бит Пазар може позитивно да влијае и врз старата чаршија. Мене ваков каков што е сега ми изгледаше многу нечист, мрачен и небезбеден , вака со обновувањето секако дека ќе имам причина да прошетам помеѓу тезгите. 


 



Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Mar-2013 at 16:46

Originally posted by mitatos

Едино ме радува фактот дека ќе има паркинг простор, се надевам дека нема да се наплатува, иначе како проект не ми се допага нема никаков стил, и ме радува фактот дека ќе се надминат проблемите на тезгаџиите кои си плаќаа кирија а некој ке му се паркираше тука пред тезга со кутија и продава на црно.


Да многу битен момент е тоа што го спомна со тезгаџиите на Црно. Но дали тоа ќе функционира во пракса ќе видиме. Негативен пример за тоа е Струмица каде што околу Глобал има еден куп нелегални продавачи, не само што не се среди туку е и многу полошо од порано зошто кириите за тезгите рипнаа. 


Туку МИТАТОС видов на нет една твоја фотографија од Бит Пазар па би те замолил да закачиш овдека неколку фотографии за да имаме во увид како е сега и како ќе биде. 



Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2013 at 16:51
Рендерот е многу неквалитетен за да се добие вистински впечаток што точно ќе се гради.

Она што ми се допаѓа е димензионираноста, не смее околу старата чаршија да има големи доминантни објекти кои ќе ја засенуваат.

Да постоел build.mk на времето кога се градеше хотелот Арка сигурно ќе беше хистерично на форумов




Posted By: alexgizh
Date Posted: 13-Mar-2013 at 17:00
Originally posted by pbanks

Рендерот е многу неквалитетен за да се добие вистински впечаток што точно ќе се гради. Она што ми се допаѓа е димензионираноста, не смее околу старата чаршија да има големи доминантни објекти кои ќе ја засенуваат. Да постоел build.mk на времето кога се градеше хотелот Арка сигурно ќе беше хистерично на форумов


+1. Објектот како објект е многу добар, ама локацијата му е ужасна. Барем да беше на главна улица. Барем.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2013 at 17:13
Објектите на главната улица ми имаат некоја смисла бидејќи ја заштитуваат чаршијата од големите булевари и го задржуваат идиличниот амбиент.

Арка и големите станбени згради позади стоковната куќа се најголемите чирови во тој дел.




Posted By: daci92
Date Posted: 13-Mar-2013 at 18:52
Всушност Хуго баш јас би го оставил на тоа место затоа што тој пазар секогаш бил таму и поврзан со чаршијата и во таков хаос ,можеби неговиот нов и модерен изглед ќе наштети на изгледот на чаршијата според некој мислења но јас го имам сосема спротивното и мислам дека уште подобар изглед ќе доведе во тој реон само затоа што ние сме едни од ретките држави во светот каде што старото и новото се спојуваат во една целина.


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Mar-2013 at 02:04
мислам дека не е проблем изгледот на самиот пазар, затоа што самиот пазар веќе постои традиционално на таа локација и би било незгодна и пипава работа да се менува неговата форма, изглед и општ карактер
проблемот во тој пазар се состои во тоа што неговата непосредна околина е невиден хаос, поради сите диви тезги, нехигиена, неуредност, пропаднатост и непочитување на било каков ред... на самиот пазар му се додавани милион крпеници и своеволно уредување на тезгите
јас лично не би инвестирал во изградба на нов пазар, туку едноставно би вовел само ред, унифицираност и реновација (и нормално, некакво решение за паркинг)... само поради тоа што не би сакал да го менувам карактерот на просторот

едно време размислував за тоа дали добра опција би било да се намали површината на пазарот, за да се отвори прегледно влезно плато во чаршијата од таа страна, со тоа што делумно би се дислоцирал пазарот, додека другиот дел би ја задржал локацијата


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Feb-2015 at 10:47
БИТ-ПАЗАР ЌЕ СТАНЕ МОДЕРЕН ЗАТВОРЕН ПАЗАР

Наскоро може да се очекува Бит-пазар да се преобрази во нов модерен затворен пазар, кој најверојатно ќе има две нивоа. На едното ќе бидат лоцирани новите пазарски тезгиња, а подземното ниво е планирано за паркирање. Тоа многу ќе им го олесни на скопјани доаѓањето на пазар, бидејќи сега навистина оставањето на автомобилите е сериозно тешко и губење време на околните паркиралишта. Покриен и модерен Бит-пазар ќе им даде поголеми можности не само на посетителите, туку и на сите оние кои ќе го снабдуваат пазарот. Новиот објект ќе ги спаси пазарџиите од мрзнење на зимските студови и ќе им овозможи многу посовремени услови за работа. Од друга страна, пак, ќе ги снема сите остатоци од зеленчук, овошје, картонски кутии и што ли уште не што сега се гледаат од надворешниот дел на пазарот. Просторот ќе се уреди и ќе добие нова димензија, а грдата слика ќе исчезне.

Општина Чаир во изминатиот период започна постапка за донесување на Детални урбанистички планови за Градска четврт „Стара скопска чаршија“, којашто е поделена на пет блокови, а во кои е делот на Бит-пазар. Конзерваторските основи за тој блок се изработени од страна на национална установа, Конзерваторски центар-Скопје и тие се веќе одобрени од страна на Управата за културно наследство. Во тек е изработката на нацрт- планот за Бит-пазар, а за него е задолжено проектанското биро „Ин пума“. Од општината Чаир се надеваат дека до средината на март, Деталниот план ќе биде готов и веројатно и ќе и' биде предаден, а веднаш потоа усвоен и донесен Деталниот урбанистички план за оваа градска четврт на која треба да започне изградбата на новиот објект на пазарот. За изработката на основниот проект за реализација на објектот на „Скопски пазар“ на Бит-Пазар се вклучени и архитекти од градот Бурса, Република Турција.

Од АД „Скопски пазар“ велат подетални информации врзани за реконструкцијата на пазарот Бит-пазар ќе можат да дадат во оној момент кога ќе биде официјално донесен ДУП-от за таа намена, според кој Скопски пазар ќе ги има дозволените параметри за градба. Се' дотогаш не можат да дадат никаков конкретен податок.

„Веќе ги добивме заштитните конзераваторски дозволи некаде пред една година и сега работиме на планот за делот на Бит-пазар. Станува збор за план на земјиште од 3,11 хектари, односно за делот што се простира од Шарената џамија и Бит-пазар, со делот кој допира до Чаршијата. Се разбира, во тој план мора да планираме и развој на објектот кој треба да биде затворен пазар, а кој не би требало да оди многу во висина. Всушност, веројатно, ќе биде објект кој не би требало да поминува повеќе од седум метри во височина, рече Благоја Тагасовски од Проектанското биро „Ин пума“.

Реализацијата на затворениот пазар се влечеше со години. Во една пригода пред околу две години Општината Чаир, „Скопски пазар“ и Здружението на пазарџии го презентираа новиот проект и истакнаа дека тој ќе тежи околу 10 милиони денари.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=7F8A719B702538499F30E45C9625ED8F - http://www.utrinski.mk/?ItemID=7F8A719B702538499F30E45C9625ED8F

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Martin_E
Date Posted: 28-Jul-2015 at 21:06

Бит пазар целосно ќе се реконструира


Советот на општина Чаир на денешната седница го усвои нацртот на деталниот урбанистички план за целосна реконструкција и надградба на Бит пазар.
 
Наскоро ќе следат јавна анкета и презентација на која сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да достават свои предлози и забелешки.
 
Подоцна нив ќе ги разгледува стручната комисија и ќе бидат земени предвид во следните фази за развој на овој проект.

http://24vesti.mk/bit-pazar-celosno-kje-se-rekonstruira



Најпрво предлог планот за Бит пазар е се само не реконструкција. Се согласувам со некои од коментарите тука на форумот за нехигиената и дивите продавачи но навистина се сомневам дека нов затворен пазар ке ги реши сите проблеми. Тоа што се предлага е нормален трговски центар со пазар во приземјето нешто како пазарот Глобус што се изгради во Струмица, кои има можеби и повеќе проблеми од кога беше отворен.

Не смее да се заборави историската важност на тоа место, која е отворен пазар, во кој се слева чаршијата. Врската на таа улица со улицата до Здравствениот центар која е пресечена со булеварот, и која сеуште ги чуди градските раководители зошто луѓето тука преминуваат и го решија проблемот со билборд мост и метална ограда. Во никој случај цврста градба не е правилното решение под кое ке се добиат комерцијални простори за кој се сомневам дека е главната цел на овој проект. Паркингот е предвиден кај празниот простор до Албанскиот театар. Потполно се согласувам за обнова и нов проект за покривање на пазарот но на ниво на приземје во кој би се подобрила состојбата но не и нов објект.

Секако Пбанкс кажа убаво Арка и станбените згради и булеварите се виновни за тотално отцепување на врската чаршија град. Ова само ке придонесе за тоа изолирање.


Еве го и ДУпот од 2000та година, го немам тој што е усвоен сега но тогаш беше предвидено 9 метри висина на венец ( + може поткровје) и огромна кула од 19,5 метри во средина на пазарот. И исто така два помали објекти со број 5.6 и 5.7 со висина од 7 метри. 

Самата суштина на пазарот е да е од отворен тип.



Еден пример кај што примарната функција е задржана, која е пазар а не уште еден трговски центар во градот.






Posted By: kultuzin
Date Posted: 28-Jul-2015 at 21:32
Zatvoren pazar ke mu ja unisti poentata na Bit Pazar. No aj da se nadevame deka nema da bide CHir kako Global vo Strumica tuku ke ima malku pootvoren karakter.


Posted By: fichot
Date Posted: 28-Jul-2015 at 22:49
Кров со многу зеленило а помалку бекатон е тоа што му треба на овој простор. Паркингот може и одоздола да дојде? Со улица за дотур на роба.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jul-2015 at 23:20
Originally posted by kultuzin

Zatvoren pazar ke mu ja unisti poentata na Bit Pazar. No aj da se nadevame deka nema da bide CHir kako Global vo Strumica tuku ke ima malku pootvoren karakter.

Bas i jas taka mislam. Za da bide zatvoren pazar e mnogu golem.
Sekako nekoj ,,lesen,, pokriv ama aj vo cair sekogas ima iznenaduvanja, negativno se razbira.


Posted By: King
Date Posted: 29-Jul-2015 at 07:12
А зошто да не биде пазарот во традиционален, Македонски стил, да се надоврзе на Старата чаршија.


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Jul-2015 at 20:49
Originally posted by King

А зошто да не биде пазарот во традиционален, Македонски стил, да се надоврзе на Старата чаршија.
а каков е тој македонски традиционален стил на пазар?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: King
Date Posted: 30-Jul-2015 at 22:11
Originally posted by zabegan

Originally posted by King

А зошто да не биде пазарот во традиционален, Македонски стил, да се надоврзе на Старата чаршија.
а каков е тој македонски традиционален стил на пазар?


Не постои Македонски пазар, постои македонски традиционален архитектонски израз, тој како таков можеш да го прилагодуваш за различни типови на објекти. А најважно од се е дека овде не се работи за пазар туку за повеќефункционален објект на неколку ката. Ако не можеш да ме разбереш, појди до Стоковна куќа Мост и ке ти стане појасно.


Posted By: CenterCityKid
Date Posted: 31-Jul-2015 at 02:40
Може да биде фасадата како безистенот во Битола, баш ќе одговара во тој дел. А покривот може да биде нешто креативно, како Mercat de Caterina во Barcelona (како што е сликата погоре) или нешто друго.

Само да не е еден од креативните проекти на општина Ч(а)ир.



Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Jul-2015 at 19:11
Originally posted by King

Originally posted by zabegan

Originally posted by King

А зошто да не биде пазарот во традиционален, Македонски стил, да се надоврзе на Старата чаршија.
а каков е тој македонски традиционален стил на пазар?


Не постои Македонски пазар, постои македонски традиционален архитектонски израз, тој како таков можеш да го прилагодуваш за различни типови на објекти. А најважно од се е дека овде не се работи за пазар туку за повеќефункционален објект на неколку ката. Ако не можеш да ме разбереш, појди до Стоковна куќа Мост и ке ти стане појасно.
ај да ти стане појасно, не постои македонски традиционален израз во архитектурата... стиловите во земјава се многу полокални (според регионите и градовите во кои се наоѓааат) и не може да има се стави национален идентитет на нив, најмногу поради влијанието од многу странски култури
...само проблемот е што нашата криза на идентитет уште не го разбира тоа

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: King
Date Posted: 31-Jul-2015 at 22:45
Originally posted by zabegan

Originally posted by King

Originally posted by zabegan

Originally posted by King

А зошто да не биде пазарот во традиционален, Македонски стил, да се надоврзе на Старата чаршија.
а каков е тој македонски традиционален стил на пазар?


Не постои Македонски пазар, постои македонски традиционален архитектонски израз, тој како таков можеш да го прилагодуваш за различни типови на објекти. А најважно од се е дека овде не се работи за пазар туку за повеќефункционален објект на неколку ката. Ако не можеш да ме разбереш, појди до Стоковна куќа Мост и ке ти стане појасно.
ај да ти стане појасно, не постои македонски традиционален израз во архитектурата... стиловите во земјава се многу полокални (според регионите и градовите во кои се наоѓааат) и не може да има се стави национален идентитет на нив, најмногу поради влијанието од многу странски култури
...само проблемот е што нашата криза на идентитет уште не го разбира тоа


Да, како што не постои Викторијански, или неоколонијален, иако секое село си има свои каректеристики на овие типови. Не викам да биде Охридска или Кратовска куќа, кои патем може да ги разликува само некој кој е навлезен во материјата туку да биде во Македонски стил. Појди до Стоковна куќа Мост за да ти стане јасно за што зборувам, нема мешање на никакви култури, наша архитектура.


Posted By: Kid_A
Date Posted: 31-Jul-2015 at 22:50
Луѓе, дај не си правите некои филмови во глава. Каква македонска архитектура на Бит пазар? Тоа не е Македонија таму


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 31-Jul-2015 at 23:40
Имаше рендери како ќе изгледа, пазар како секаде неутрално. Македонски стил воопшто не знам каде или што би почнал со таквиот ,,македонски стил,, .
Дај не дели пак ти било или не било Макдонија.. Дај една сериозна инвестиција што е таму направена да видам па зборувај глупости.
Македонија е, зависи како секој си ја гледа ситуацијата. Ама според имвестициите изгледа дека и Владата заборавила или не ја гледа како Македонија, епа selber schuld (сами виновни) .


Posted By: Kid_A
Date Posted: 01-Aug-2015 at 10:58
Originally posted by my Macedonia

Имаше рендери како ќе изгледа, пазар како секаде неутрално. Македонски стил воопшто не знам каде или што би почнал со таквиот ,,македонски стил,, .
Дај не дели пак ти било или не било Макдонија.. Дај една сериозна инвестиција што е таму направена да видам па зборувај глупости.
Македонија е, зависи како секој си ја гледа ситуацијата. Ама според имвестициите изгледа дека и Владата заборавила или не ја гледа како Македонија, епа selber schuld (сами виновни) .


Децентрализација е, си имаат градоначалници, си имаат буџетски средства, нека си бараат програма и резултати. Наместо арапските пари да ги трошат за милионски џамии на секој агол нека ги вложат во инфраструктура и подобар живот, но мора да обележуваат територии, нели?

Демек државата да вложуваше “тие“ ќе ја гледаат како Македонија? Science fiction пријателе!

Инаку, и јас сум да се среди тој дел од Скопје кој изгледа ужасно без никаков урбан ред.



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Aug-2015 at 11:25
Чекај другаре град скопје треба да се грижи за главните улици а од кога се чека пластичарка да се прошири, цветан димов едвај почна и тоа само еден мал дел. Колку улици има во чаир што требат да се урбанизираат? А ај види кај другите делови колку улици се прошируваа, кружен текови незнам колку.. Еден голем дел од буџетот се собира и од тој дел што ,,не,, е македонија. За данокот сигурно дека е македонија, за инвестирање не е македонија. Смешно без крај хаха.


Posted By: King
Date Posted: 01-Aug-2015 at 13:42
Originally posted by my Macedonia

Чекај другаре град скопје треба да се грижи за главните улици а од кога се чека пластичарка да се прошири, цветан димов едвај почна и тоа само еден мал дел. Колку улици има во чаир што требат да се урбанизираат? А ај види кај другите делови колку улици се прошируваа, кружен текови незнам колку.. Еден голем дел од буџетот се собира и од тој дел што ,,не,, е македонија. За данокот сигурно дека е македонија, за инвестирање не е македонија. Смешно без крај хаха.


Наместо да трошеше пари за плоштад кај Стоковна куќа Мост, градоначалникот на Чаир можеше да инвестира во попаметни проекти. Никој не ја разбира потребата, функцијата и визуелната артикулација од овој плоштад, ама еве он си го прави. Инаку Бит пазар е приватен имот, веројатно ке му дозволите на газдата да направи во традиционален македонски стил, човекот си троши свои пари нели.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Aug-2015 at 13:51
Имаше рендери што како ќе биде, не знам што ти е. Не знам таков македонски стил на пазар прв пат слушам, нека гради што сака ако добие лиценца


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Aug-2015 at 18:20
кога сме веќе кај плоштадот кај стоковна... наместо тој чир од плоштад, можеше да се направи плоштад кај битпазар, за да се отвори и од таа страна чаршијата... пазарот можеше да се денивелира или да се скрати малце и да се стави под пешачка платформа
кога сме кај самиот битпазар, проблемот не е воопшо во самиот изглед на пазарот, туку во хаотичната општа состојба на просторот, дивите тезги, проширените дуќани, нечистотијата и ѓубрето, руинираноста на подлогата, старите тезги и хаотичното паркирање... или кратко кажано, упорно се фаќаме на споредни работи наместо на суштината на проблемот... затоа и градов ќе остане да си тоне во сопствениот хаос од со години нерешени проблеми

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Aug-2015 at 18:34
Originally posted by King

Originally posted by zabegan

Originally posted by King

Originally posted by zabegan

Originally posted by King

А зошто да не биде пазарот во традиционален, Македонски стил, да се надоврзе на Старата чаршија.
а каков е тој македонски традиционален стил на пазар?


Не постои Македонски пазар, постои македонски традиционален архитектонски израз, тој како таков можеш да го прилагодуваш за различни типови на објекти. А најважно од се е дека овде не се работи за пазар туку за повеќефункционален објект на неколку ката. Ако не можеш да ме разбереш, појди до Стоковна куќа Мост и ке ти стане појасно.
ај да ти стане појасно, не постои македонски традиционален израз во архитектурата... стиловите во земјава се многу полокални (според регионите и градовите во кои се наоѓааат) и не може да има се стави национален идентитет на нив, најмногу поради влијанието од многу странски култури
...само проблемот е што нашата криза на идентитет уште не го разбира тоа


Да, како што не постои Викторијански, или неоколонијален, иако секое село си има свои каректеристики на овие типови. Не викам да биде Охридска или Кратовска куќа, кои патем може да ги разликува само некој кој е навлезен во материјата туку да биде во Македонски стил. Појди до Стоковна куќа Мост за да ти стане јасно за што зборувам, нема мешање на никакви култури, наша архитектура.
значи како да ти објаснам... македонски традиционален стил не постои.. тоа е само термин кој лабаво се користи за се во земјава што е постаро од 100 години... инаку стилот на градење на куќите е распространет насекаде низ поширокиов регион
стилот на стоковна е базиран на архитектурата што постои на напиве простори, не го оспорувам постоењето на стиловите, само терминологијата е ужасно погрешна
споредби со викторијански стил и неоколонијален стил се безвезе... викторијансиот стил во архитектурата се препишува на инжињерингот, не на изгледот, а терминот се користи за се што е направено во одреден период, макар личело и на вселенски брод...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Aug-2015 at 23:14
Нешто во ваков стил не би било лошо. Проектираниот мини пазар во Тирана, Албанија


Posted By: SugarBlue
Date Posted: 15-Aug-2015 at 06:43
Одлично изгледа, се надевам ќе направат нешто модерно, а не "барок" или некој хангар.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Aug-2015 at 10:39
Па според рендерите што беа објавени треба вака да изгледа;


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jan-2016 at 20:49
Од Алсат М.. Инвестиција 10мил. евра, почнува наскоро...




Posted By: Baze
Date Posted: 28-Jan-2016 at 22:32
Мостот на првата слика за каде е, а платформата на третата слика, тераса ќе биде или плоштад или тезги горе евентуално????????


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jan-2016 at 22:37
Па можда паркинг не знам нешто чудно планот...


Posted By: hcitrS
Date Posted: 28-Jan-2016 at 22:43
Мислам дек се работи за истата рампа на првата и третата слика, а патеката која врти околу столбовите ми личи на пристап од улицата. За жал личи дека ќе биди најглупото решение - паркинг над зелечнукот... -_-


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Jan-2016 at 01:55
значи што е со платформиве човече? цела чаршија ја заградија со прости бетонски платформи



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: channar
Date Posted: 29-Jan-2016 at 04:49
Рендеров ко да го цртала Сузана Ѓавазова...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Feb-2016 at 21:00
Уште една од скопјеинфо


Posted By: one1
Date Posted: 13-Feb-2016 at 21:54
Коњушарата на Скопје место да се дислоцира тие ќе градат модерен зелен пазар...
ПС. Не сум расист ниту патриот исти се сите власти без мозок во оваа земја...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Feb-2016 at 22:11
Лошо е влезот на паркингот, дефинитивно ќе има хаос.
Добро е тука пазарот, тесно да ама се вклопува супер со чаршијата. Чаршија и пазар е супер комбинација!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 13-Feb-2016 at 22:13
Цел тој реон, со исклучок на чаршијата и Мавровка треба да се срамни со земја. Општ хаос, неквалитет и грозотија! Доколку не дај боже се повтори '63, полошо би поминал отколку тогаш. Истото важи за повеќето дивоградби никнати во последниве 20тина години (кај сите етнички заедници).

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: phenomenon
Date Posted: 13-Feb-2016 at 22:35
На долниот кат ќе се продаваат зеленчук, овошје, житарки, зачини и други прехранбени производи, а на горниот кат ќе има платформа за паркирање на автомобили и чад од ауспуси?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: SkopjeZaVardar
Date Posted: 13-Feb-2016 at 22:52
Уште од сега предпоставувам дека горе воопшто нема да може да се паркира. "Тезгите" што се по тротоарите на булеварот таму ќе се префрлат и така би било најдобро


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 13-Feb-2016 at 22:57
Поарно тезгаџии да го узурпираат паркингот отколку гасови храната...

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Feb-2016 at 02:36
Originally posted by SkopjeZaVardar

Уште од сега предпоставувам дека горе воопшто нема да може да се паркира. "Тезгите" што се по тротоарите на булеварот таму ќе се префрлат и така би било најдобро
тезгите ќе си останат таму каде што се
не е проблемот што таму има пазар... местото може да изгледа многу пристојно онакво какво што си е ако се заменат и стандардизираат тезгите, со исклучок на тоа што можеби е потребен паркинг

проблемот отсекогаш бил во дивите тезгаџии и општиот хаос од возила таму, а тоа се решава само со удар од законот, а не со реизградба на пазарот

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Apr-2016 at 14:26
Скопски пазар АД Скопје како дел од својата развојна инвестициона програма за 2016 година, ја НАЈАВУВА новата инвестиција за целосна реконструкција на пазарот Бит пазар.

Со оваа инвестиција се предвидува поставување на 1.000 нови тезги, целосно обновување на инфраструктурата на пазарот (водовод и канализација), целосно покривање на пазарот со отварање на нови 230 паркинг места во рамките на локацијата и нов деловен простор во површина од 600 м2.







http://skopskipazar.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=224%3Abit-pazar&catid=3%3Adenes&Itemid=97&lang=mk - http://skopskipazar.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=224%3Abit-pazar&catid=3%3Adenes&Itemid=97&lang=mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: CenterCityKid
Date Posted: 12-May-2016 at 19:05
Сегашна состојба


И околината (тротоарите не се за пешаци овде)



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Mar-2018 at 17:49
Tuka se raboti nesto..


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Mar-2018 at 08:26
Картон-тезгите заминуваат од Бит Пазар

Тротоарите околу Бит-пазар ќе се ослободат од импровизираните тезги направени од картонски кутии и од камп – масички, а ќе се ослободат и уличките од сите пречки што оневозможуваат нормално одвивање на сообраќајот. Оваа обврска ја преземаат Град Скопје и Општина Чаир со поддршка на еснафот од Старата скопска чаршија и Комората на трговци на Република Македонија.

Со години наназад овој простор беше пренатрупан со улични продавачи поради кои движењето по тротоарите и по уличките во пазарот е тешко за пешаците, а навечер по нивното заминување останува ѓубре, најлонски ќеси и остатоци од картонски амбалажи. Покрај тротоарите се паркира кој како ќе стигне па со тоа се отежнува и движењето на возилата и велосипедистите. Никој до сега не се реши да воведе ред околу најголемиот скопски пазар.

Акцијата која сега ја преземаат Градот и Општина Чаир се спроведува поради планот за урбанизирање на овој простор. Во иднина, тука треба да има нова такси-станица, а планирано е и да се засадат дрвореди, да се уредат зелените површини и да се постават заштитни столпчиња на тротоарите од двете страни на булеварот. За да може сето тоа да се спроведе, планирано е да се отстранат сите тезги што се незаконски поставени на површините во околината на Бит-пазар и Старата скопска чаршија. Целта е да се вратат купувачите во чаршијата и на пазарот и да се овозможи полесна пристапност до тезгите и до дуќаните.

– Градот Скопје има разбирање дека трговците кои работат на овие нелегално поставени тезги вложуваат многу труд за да заработат за основните средства за живот. Затоа, во соработка со „Скопски пазар“ на овие луѓе им обезбедивме да им бидат понудени на користење тезги во рамките на Бит-пазар под одредени поволни услови. За таа цел, овие лица треба да склучат договор со „Скопски пазар“ А.Д Скопје, но претходно да се јават на телефонскиот број 02/3111 880, најдоцна до 05 април 2018 година – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Сите оние што нема да го сторат тоа и кои ќе продолжат да продаваат на улица или на тротоар, како што нагласи Салиху, ќе бидат казнети во согласност со Законот од надлежните инспекциски органи.

Покрај урбанизирањето на делот кај Бит-пазар, дополнително се планира да се уредат и да се осветлат и пасажите во Старата скопска чаршија. Салиху вели дека никој не треба да биде оштетен, ниту трговците, ниту учесниците во сообраќајот.

– Скопје е град за сите и затоа посветено работиме за доброто на сите наши сограѓани. Сите сме еднакви пред законите и сите заедно ќе ги искористиме предностите на оваа координирана акција на повеќе државни институции и трговски организации. Веруваме дека нашите сограѓани многу брзо ќе ги согледаат придобивките од ваквиот потег и ќе ја поздрават оваа иницијатива за конечно решавање на проблемите со кои повеќе години се соочуваат граѓаните на Скопје на овој потег – истакна портпаролот на Град Скопје.

Освен што ќе се уредува околината, наскоро започнува комплетна реконструкција на Бит пазар. „Скопски пазар“ кон крајот на јануари годинава добил одобрение за градење од Општина Чаир, а неговата правосилност стапи на сила на 21 март.

Проектот ќе се изведува во четири фази, со што ќе се овозможи поставување на 1.000 нови тезги, обновување на водоводот и канализацијата, целосно покривање на пазарот и изведба на нов деловен простор со површина од 600 метри квадратни. Планирана е и изградба на надземен паркинг со капацитет од 230 возила, со што треба да се реши проблемот со паркирање на пазарот, што е актуелен со години наназад.

http://plusinfo.mk/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D0%B7%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%B8%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0/ - http://plusinfo.mk/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D0%B7%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%B8%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ebivetre
Date Posted: 28-Mar-2018 at 09:52
http://marh.mk/bit-pazar-pogreshen-urbanizam/


Posted By: ebivetre
Date Posted: 28-Mar-2018 at 09:55
Прочитејте и поинакви мислења за ова. Секако дека треба Бит пазар да се доведе во ред, но предложеното решение не е добро.


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Apr-2018 at 18:42
Проблемот на битпазар не бил никогаш тоа како изгледа, туку дивите тезгаџии и сообраќајните каубојци... а факт е дека тој проблем никогаш нема да се реши

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 18-Apr-2018 at 15:35

десет години подоцна со 20 години побајат проект за разлика од првиот [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2197&PID=3230#3230 - 1 ] дали навистина сите наши архитекти се без осет или стопаните се без усул за каков и стил или намена да станува збор кај посттранзициониве објектите ...

„Скопски пазар“ доби градежна дозвола и ќе почне да го реконструира Бит – пазар - http://build.mk/skopski-pazar-dobi-gradezhna-dozvola-i-ke-pochne-da-go-rekonstruira-bit-pazar/ - http://build.mk/skopski-pazar-dobi-gradezhna-dozvola-i-ke-pochne-da-go-rekonstruira-bit-pazar/

дури и вака како го скоцкале на ваков симетричен објект уште кога ќе видиш асиметрично растурени дрва, не треба понатака за останатите елементи човек да се чуди! иако ред е да се напомене дека се испушта приликата над пазарот да се добие надземен сквер та дури и со овој проект оделе бар тераса за идните слаткарници кафетерии и чајџилници во објектот, да има каква таква визура кон чаршија и Кале а не само паркинг и крш кровчиња ...

веројатно се плашеле да не наидат на археолошки локалитет, та затоа се пишманиле околу подземна гаража, како не би заглавиле, но доколку во Општината имале тро акал ќе им го одбиеле ако ништо друго ваквото касапење на оваа локација! да беа паметни, само едно ниво на паркинг ќе ставеа подземно, а пазарот полувкопан да го истераа како објект, како би добиле нов убав сквер одозгора ...




Posted By: Portal
Date Posted: 08-May-2018 at 13:40
lele kako ke se naredat ubavo ovije so kutiitte tezgi okolu fontanata na plostadot pa ke se zamijat i od nea, tije ke bidat naj naj skapite mesta, posle od tuka ke prodolzuvaat kon priklucokot se nagore po parkingot i normalno okolu.

Istijot haos ke ostane samo ke si napravat use nekoj market za rentanje ke si praat uste paricki od toa dukanite okolu sto gi gledam od tvrda gradba, i ovije so kutiite okolu dukanite...
stvarno mislite na ovije sto go praat bitpazar im e gajle za haosot sto ke prodlzi da funkcionira taka ubavo i sovrseno??

naravno deka ne oni gledaat kako poise pari da karat vo odnos na vlozenotoo


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Jul-2018 at 18:07
Инаку, речиси половина Бит Пазар веќе е урнат и се работи нешто. Еве фотка од денес, со мобилен телефон.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: hcitrS
Date Posted: 14-Jul-2018 at 11:04
Како малку гнаса во градот да има па уште под ауспух зеленчукот ќе се продава, да можи дизелот слободно да паѓа од паркингот кровен. Идеално решение навистина.


Posted By: gorazd
Date Posted: 14-Jul-2018 at 11:37
mala kontra od mene: Haosot go pravese Bit Pazar edno od najinteresnite mesta vo Skopje  (od turisticki aspekt) 


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Jul-2018 at 15:50


Да, ама концептот на пазари од отворен тип веќе е претежно напуштен во Европа, на Блискиот Исток можеби уште функционираат на тој начин. Мислам дека пазари од затворен тип, климатизирани, заштитени од временски неприлики, се далеку подобри и за самите продавачи и за самите купувачи.

Еве, погледнете каков градски пазар има Вуковар во Хрватска, град со околу 30.000 жители.

https://architizer.com/projects/city-market/ - https://architizer.com/projects/city-market/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jul-2018 at 00:26

мора да се мисли и на културното значење на Битпазар како најстар пазар во градов и тоа како да се вклопи во чаршијата естетски и функционално, а не само да се фукне некаква транзициона лименка на локацијата
идеално ќе беше да се задржи пазарот, да се стандардизираат тезгите, а паркингот да оди под земја

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jul-2018 at 07:58
Ако толку се мислеше на културното значење, ќе изградеа безистен во византиско-османски стил што ќе се вклопеше во остатокот од чаршијата. Ама на кој да му текне на тоа.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 25-Jul-2018 at 10:31

незнам дали и Бит Пазар влегува во рамки на Чаршијата урбанистички, може го повлекле во линија со околните Згради и Арка и Мавровка, та затоа и волку опуштено, иако од дамна в Чаршија многу работи се отпуштени, а ова може да се каже е цреша на чаршискиот шампитлук, бар да беа слаткарџии а не пазарџии инвеститорите та и некако

можеби ако одат со дрвена дограма и фасаден камен та малку од малку то велишда ја дотераат до визнатиски стил, но без керамопластика тоа и нема да биде, а сеуште немам видено фаукс камени панели со керамопластика посреди, заради што единствено што можат и останува да интервенираат е озбилно пејсажно, она во случај дз се опаметат или некој ги опамети дека тука гаража на кров немоит да оди од таа платформа да направат тераса за кафиќите чајџилниците и слаткарниците дола во комплексот а сходно за таква панорамска тераса кон чаршијата да ја накитат со жардињери кои би имале ето и изобилство на ползавци та да се компензира некако модерниот стил со екстра зеленило ...

но, чек да видиме може и за овие плитки темели ќе удрат на нешто археолошки битно, та главејќи тука проектно, да побараат и добијат нова локација, може ако наидат на некакви интересни темели, а не сакаат нов простор СП да трампаат со државата, да се случи да одат со нов проект во кој ќе има стаклени подови за архео-презентација, а во кој случај и државата ќе наметне поздрави смерници околу таков нов проект кој бидејќи логично државата во долниот дел ќе го има како музеј и ќе го кофинансира ето бар стилски архаично ова новиво трговски-пазар!? да почекаме, може и Серава да ги сардиса натака ако насила си ја тераат, чинам баш тука некаде поминува подземно!?



Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 25-Jul-2018 at 18:12

хм, овие не одат со темели, бев денес да пазарам и потпрашав еден од градежниците, ќе оделе со стопи за столбовите и само нулта плоча на површина и една горе за паркингот, значи монтажен објект ќе биде проектот, што може не е толку зијан доколку утре се бара некое посодветно решение за оваа локација, иако ламарина пристап е најсклет што можеа да истераат, евентуално и ова фасадно да го накинџурат со камена фасада дури била и со керамопластика посреди (ко тоа влезниот портал на Хотел Истанбул карши УКИМ во Гази Баба https://www.google.com/maps/@42.0013038,21.445606,3a,60y,54.36h,91.35t/data=!3m6!1e1!3m4!1sopnAD6XMcCKslFg1Q_uHYA!2e0!7i13312!8i6656 - кој на фоткава од '15 го нема )

интересно женски пазар не е ограден може покасно ќе го креваат, а може и нема, исто тоа продавниците од внатре ќе да остануваат, се на се ќе добиеме нов ламарина безистен ко ни во Шутка што не би му било место а не пак во Центар ...

тука некогаш низ историјата на местото на пазаров врвела Серава [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=158&PID=52718#52718 - 1 ] а од тука вртела кон Вардар, додека пазарот некогаш бил од нејзина десна страна спроти Кале, кај т.е. веднаш под Вергинскиот Манастир денес Султан Муратова Џамија [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1085&PID=86775#86775 - 2 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1085&PID=180194#180194 - 3 ] значи пазарот бил некаде кај булеварот а подоцна е вовлечен кон чаршијата ...
Според зачуваната Виргинска грамота од 1277 год., бугарскиот цар Константин Тих Асен му дал одобрение на манастирот Св. Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) да организира годишен панаѓур на празникот „Воведение на Богородица“ на 21 ноември секоја година, со право да наплаќа одредени такси заради негово издржување, како и неделен пазар најнапред во секој петок, а подоцна и во вторник. Овие, пред се, трговски манифестации започнале да се одржуваат во периодот меѓу 1028 и 1034 год. на манастирската ливада, која се наоѓала на периферијата на тогашното скопско подградие Доленград, крај десниот брег на реката Серава
...
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=158&PID=4612#4612 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=158&PID=4612#4612



Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 25-Jul-2018 at 19:24

нема да биде лошо доколку Бит Пазар го преместат кај амбулантата од карши, така ќе се врати и поизворна автентичност, но и ќе има пристап директно до урбан автопат пазарот ем има простор за поголем паркинг во близина, а нормално во кој случај ќе треба нова Поликлиника другде можеби спроти о.Чаир кај то стоковната сега чинам КАМ маркет, додека кај постојниот пазар да направат сквер ...

http://www.build.mk/Forum/forum_posts.asp?TID=268&PID=18229#18229 - http://www.build.mk/Forum/forum_posts.asp?TID=268&PID=18229#18229

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=846&PID=168873#168873 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=846&PID=168873#168873

исто доколку одат со денивелирана клучка кај Мавровка можат и овој дел кај битпазар да го денивелираат булеварски и покријат ко пешачка зона [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=250&PID=223460#223460 - 1 ] или пак доколку клучката не е соодветна за симнување, тогаш можат ука да одат на столбовиво продолжение на неа, а како би се добило сообраќајна но и пешачка проодност, иако заради нивелирање со Цветан Димов кај Гази Баба полочигно е да се оди со денивелација кај Бит Пазар но што ќе бара спуштање или подигнување бул. Никола Карев во ниво со клучката кај континентал, што пак таман ќе ја рипне и пластичарската улица како урбан автопат кој ќе нема никаков застој ...

патем вака би се отворило простор за булевар кон тунелот под Кале токму кај ѐбит ѐпазар доколку навистина Шилегов решил да го турка, со оглед дека за да не заглави во Дуќанџик каде сега е плева од згради единствена послобдна рута би му било низ пазар сетне кујунџиската улица и покрај Куршумли Ан да излезе кај Кале каде попат има помали само помали куќи, денес кога минав од таму ова и навистина има логика бидејќи се друго во Дуќанџик се зградурини, но би било жалосно да се сотре булеварски Чаршија нели заради нечиј сообраќаен фикс, а може да се компензира тунелот посодветно [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=914&PID=224472#224472 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1938&PID=223336#223336 - 2 ] во спротивно и она мирно катче ко Чаршија ќе бидне натоварено со брмчење во недоглед, освен ако тоа не е некој вело и трамвај коридор ...


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jul-2018 at 23:37
Originally posted by Џоле

Ако толку се мислеше на културното значење, ќе изградеа безистен во византиско-османски стил што ќе се вклопеше во остатокот од чаршијата. Ама на кој да му текне на тоа.
не збориме за никакво радикално решение, доволно ќе беше да се уреди и стандардизира пазарот

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Oct-2019 at 18:45
На сликава лево може да се види до каде е стигнато со новиот Бит Пазар:

https://flic.kr/p/2hnsv73"> https://flic.kr/p/2hnsv73 - Skopje, Macedonia by https://www.flickr.com/photos/lukaszbalazy/ - Łukasz Bałazy , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Dec-2019 at 07:46
Бит-пазар во новата година со ново руво



Бит-пазар, најголемиот зелен пазар во Скопје, полека добива нов, модерен лик. Наскоро нема да остане ниту трага од стариот покрив и познатите пазарски тезги. Според предвидениот проект на „Скопски пазар“, пазарот ќе добие комплетно нови 1.000 тезгиња на кои, како и досега, ќе се продаваат најразлични производи. Во рамките на пазарот е предвиден и нов деловен простор, на површина од 600 квадратни метри, а некои од новите дуќани веќе се отворени.
Новиот покрив истовремено ќе биде и паркинг, кој ќе може да прими 230 возила. Со тоа ќе се реши еден од најголемите проблеми за купувачите и пазарџиите, кои ќе можат да се паркираат и многу полесно да ги транспортираат производите. До паркиралиштето ќе се стигнува преку искосениот пристапен влез што ќе биде изграден близу надвозникот, кој претставува премин од пазарот кон другиот крај на булеварот Крсте Мисирков.

Од АД „Скопски пазар“ велат дека пазарот комплетно треба да биде готов и да биде официјално предаден во употреба некаде во мај наредната година. Сега е распослан на помал простор, со помал избор на производи, но е отворен секој ден. Поради промена на менаџментот во фирмата, извесен период градежните работи мируваа, затоа е пробиен и рокот што беше даден претходно, пазарот да биде комплетно изграден во јануари годинава.

Од АД „Скопски пазар“ сметаат дека со реализацијата на овој проект за комплетна реконструкција на најголемиот зелен пазар во градов на граѓаните ќе им се овозможи нов и модерен начин на пазарење. И не само тоа, пазарџиите што претходно постојано се жалеа дека работат во лоши и несоодветни улови на пазарот, сега ќе добијат пофункционален пазар и подобри услови за работа.

– Поради промена во менаџментот, малку подзастанаа работите, но од август наваму се интензивираа и на Бит-пазар забрзано се работи. Планираме до Нова година да ги префрлиме и преостанатите тезги во новоизградениот простор и со тоа да отвориме фронт за реализацијата на последната фаза, во која е предвидена изградбата на плоштадот спроти аптеката на „Зегин“. По слободна процена, и во зависност од временските услови, пазарот би требало комплетно да биде завршен некаде во април или мај – објасни Младен Дамев, директор на АД „Скопски пазар“.

Според проектот, на просторот каде што сега се наоѓаат тезгињата со долна облека, спроти аптеката на „Зегин“, ќе биде изграден мини-плоштад, чие централно место ќе го зазема украсна фонтана. Околу плоштадот, поплочен со павер-елементи, ќе се издигаат бетонски столбови. На плоштадскиот простор ќе има садници, клупи и друга опрема.

Деновиве треба да привршат работите околу втората фаза, за што градежниците на фирмата „Масон“ од Скопје забрзано работат, за да може да се создадат услови за префрлање на последните тезги однадвор во внатрешноста на пазарот. Со тоа и овие пазарџии зимава ќе можат да функционираат во многу подобри услови од досегашните. Со проектот за обнова на Бит-пазар предвидено беше и целосно обновување на инфраструктурата на пазарот, односно меѓу другото и на водоводот и канализацијата, бидејќи мрежата беше мошне стара. Комплетното обновување на Бит-пазар ќе придонесе да ја снема сликата на диви продавачи и тезгиња надвор од пазарската ограда, а, од друга страна, овој дел од градот на влезот од Старата чаршија да добие нов и модерен лик.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/бит-пазар-во-новата-година-со-ново-руво/?fbclid=IwAR2N0k_fGtt1g4MCk9-dx7eesiXKSZawoD0QExRh0_cIf-OTXJqZgPUVDUA


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Mar-2020 at 16:52
Полека Бит пазар го добива својот нов лик, иако јас лично мислам дека можеше и подобро од оваа најевтина варијанта што се одбрала:





внатре



-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Mar-2020 at 20:58
Е па наместо нашите власти со години уназад да прифаќаат реновирање на турското наследство во Македонија само во форма на џамии, можеле да склучат условен договор кој ќе вклучува и амами, чаршии, анови и што уште не. ТИКА е само апарат на Ердоган кој за жал нашите лидери не знаат да го искористат. Добивме реставрирани (и пуштени во употреба наместо да бидат музеи) џамии низ Битола и Охрид, а амамите и ановите се распаѓаат (вклучително и чаршиите низ државата).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: xnx
Date Posted: 19-Mar-2020 at 13:15
https://www.intoalbania.com/sq/atraksion/pazari-i-ri/
za sporedba pazarot vo tirana, so kafancinja okolu nego i strogo pesacka zona. Svetlosni godini se pred nas.


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Mar-2020 at 17:39


Убедливо имаме најлош главен пазар од сите главни градови во регионов - Тирана, Софија, Сараево, Белград, секој град има одличен пазар. А нашиов не е ни за во Крива Паланка.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kiriOK
Date Posted: 31-Mar-2020 at 12:39
Таков тип на дизајн не ни одговара за Бит Пазар, прво погледни наоколу што се дешава...

Такви решенија би требало да се применат на местото на Буњаковец или Зелено пазарче.


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Apr-2020 at 16:10






-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Jul-2020 at 14:05
Финишира реконструкцијата на Бит-пазар во модерно место за пазарување



До крајот на септември Бит-пазар ќе прерасне во еден модерен и современ пазар за земјоделски производи. Во изјава за весникот ВЕЧЕР, Младен Дамев, генералниот директор на „Скопски пазар“ АД Скопје, кој стопанисува со овој главен снабдувачки центар во Скопје и најголем пазар воопшто во Републикава, истакна дека реконструкцијата почна пред две години и требаше да заврши овој месец, но со оглед на здравствената криза, рокот ќе биде пролонгиран најдоцна до крајот на септември.



Проектот се изведува во четири фази, со што ќе се овозможи поставување на 1.000 нови тезги, обновување на водоводот и канализацијата, целосно покривање на пазарот и изведба на нов деловен простор со површина од 600 квадратни метри.

Реновирањето на Бит-пазар почна од седмиот и осмиот сектор, од каде што беа преместени продавачите на тезги.

– Во понеделник ќе започне последната фаза од проектот, со што ќе се заокружи во целост новиот пазар Бит-пазар. Оваа фаза опфаќа комплетно нов под со целосна нова водоводна и електрична инсталација, ново осветлување и нови тезги – вели Дамев.

Што се однесува до закупнините за тезгаџиите, тие остануваат непроменети.

– Дури и во овие изминати месеци со оглед на работата што се одвива во и околу пазарот на корисниците на тезги им беа одобрени попусти – нагласува Дамев.

Идејата за целосна реконструкција на ова пазарче се провлекува уште од 2010 година, а реализацијата на самиот проект требаше да започне во 2016 година.

https://www.vecer.press/%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%88%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d1%82-%d0%bf%d0%b0%d0%b7/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 11-Jul-2020 at 14:18
Предизборно се фалат со ова?! Ова е модерно место за пазарување, а не лимени столбови заварени за лимен кров со паркинг врз земјоделските производи:

https://www.shoppingcentrenews.com.au/shopping-centre-news/comment/super-neighbourhood-centres-will-outperform-market-benchmarks/ - извор


https://theleadernews.com/lowell-market-design-envisions-increase-in-pedestrians/ - извор

И ова е подобро од модерниот Бит пазар:

https://www.arrivalguides.com/en/Travelguide/Sofia/shopping/central-sofia-market-hall-109885 - извор

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Jul-2020 at 17:26

па баш последното ти е стреа на лимени столбови

факт е дека естетски можеле да го усовршат, ама факт е и дека ова трба да се третира како привремено решение на хаосот кој владее на битпазар
е сега дискутабилно е дали ќе продолжи хаосот после ова како што обично си знае да си продолжи, или ќе видиме некој абер

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 11-Jul-2020 at 17:45
Знам Затоа го издвоив од другите две. Сепак подобро изгледа од Бит хала.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Jul-2020 at 18:12
Добар пример е последнава слика. Некако овие објекти по Европа ми оставиле впечаток на цветни пазари. Можда затоа што зарзаватите по Европа доминантно ги преселеија по маркети и единствено пазарите останаа за цвеќиња и ракотворби, можда и нешто продукти како кобасици сирења или па за панаѓури. Секако, очекував Скопје да добие барем цветен пазар ваков кога беше актуелен пред неколку години со новите објекти на Јужен Булевар, а тогаш власта беше расположена за вакви "барокни" објекти. Намесно тоа ние добивме гробарски тезги у непосреден центар на Скопје. Примерот на сликата од Бугарија е добар, ама за Цветен Пазар супер пицнат среден во построг центар на Скопје, да му се најде посоодветна локација.

Што се однесува до новиов битпазар, јас незнам што може човек воопшто да очекува од тоа ругло и дувло на криминал, сива економија и нелојална конкуренција на секој што отворил дуќан за било што во Скопје. Да земеме плус културолошките навики на масите народ кои гравитираат околу. Па тоа шајка да заковеш тамо е премногу инвестиција. БитПазар како појава у Скопје мора да биде дизперзиран и уништен. Да се испоотворат 10тина мали пазари по населбите од каде има најмногу народ и да му се намали постепено значењето. Тоа ќе ја пацифизира чаршијата и ќе ја намали појавата на оваквиот голем битпазар да неможе да му се контролира сивата економија. Ќе се отвори и пат да се нормализира границата меѓу општините Чаир и Центар и да си оди кајшто и е местото по линија на Пластичарска. Да не беше битпазар досега сто-пати државава ќе успееше да спроведе фискализација на Тафталиче, Буњаковец и дури Зелен Пазар.

Овакви "грандиозни зафати" со нов БитПазар е потклекнување пред појавата воопшто на постоењето на ваков гранде-кластер на сива-економија, како да е најозогласена јужноамеричка фавела, а не километар од центар на европска метропола.


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Jul-2020 at 18:19
Бонус виц:

-Како се викаат заедно 8 БитПазари ?!

-Бајт пазар!


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Jul-2020 at 18:27
Кога ќе прелистам наназад и гледам дека уште од 2008ма имам некакви вести дека ќе се планира нешто со БитПазар или па кога ќе видам дека 2018та се почнати некакви градежни зафати, уствари власта несакајќи го спроведува тоа што мислам дека треба да се направи.

Ова е одличен начин да се употреби "реконстуркцијата" за уствари никогаш и да не се заврши и одлична шанса да се уништи БитПазар како појава! Доволно е само за заглави на магичен начин пазарот ограден со тараби и да остане така 10тина години. Супер средство за борба со сива економија. Треба некој разумен од власта доколку чита, да се размисли дека оставање на раскопан и заглавен БитПазар на подолг рок, уствари е најдобрата опција за Скопје!


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Aug-2020 at 11:13
„Роковите за Бит Пазар се пробиени 100%“ – оштетени се трговците, но задоволни што се гради

[tube]qn99W5ya5K4&feature[/tube]

https://tv21.tv/mk/rokovite-za-bit-pazar-se-probieni-100-oshteteni-se-trgovtsite-no-zadovolni-shto-se-gradi/



Print Page | Close Window