Print Page | Close Window

Патна мрежа (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22
Printed Date: 19-Mar-2024 at 12:55


Topic: Патна мрежа (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Патна мрежа (општо)
Date Posted: 15-Sep-2007 at 01:52
Еве некои тендери кои се моментално во тек во фондот за магистрални и регионални патишта.


- Изградба на магистрален пат М–6, Штип–Струмица, во должина од 10км. Делница: од км 42+700 до км 52+700. Ова е во близина на Радовиш, помеѓу селата Сулдурци и Радичево. Не сум баш сигурен дека градат по нова траса, можеби е само надградба и реконструкција (иако на сајтот на фондот пишува изградба)

- Реконструкција и проширување со додатна сообраќајна лента за бавни возила на регионален пат Р–106, Градско–Прилеп, Делници: од км 25+050 до км 30+500 и од км 43+700 до км 47+900. Исто така изработка на завршен слој на делница: од км 30+410 до км 35+022. Еден дел се преклопува и со М-7, ама во соопштението на фондот целиот сегмент Градско-Прилеп го ословуваат со патот од понизок ранг, Р-106.

- Изградба на дел од регионалниот пат Р-112 и К1-112, Коњско (Смрдлива вода) - Кожув, во должина од 17.5км

- Изработка на ажурирана геодетска подлога за Р-303, Средно Водно-Сончев град, во должина околу 2.5км

- Изработка на основен проект за регионалниот пат К1-104 врска со Р-104,  Коломот-мост с.Близанско, во должина околу 8км




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2007 at 01:56


Исто така во тек се и активности околу двете делници на М-1 (Е-75, Коридор 10) што недостасуваат да се комплетира автопатот Табановце-Богородица.

Тие се:

- Делница Демир Капија-Смоквица од км 0+000.00 до км 27+700.00
и
- Делница Табановце-Куманово, км. 0+764.70 - км. 8+388.43

Со вкупна должина од 34,6км или 35,5км (контрадикторни информации) и цена од 166.000.000 €

Првата делница е најтешка по целата должина на автопатот и ќе не чини околу 155.000.000 €. За возврат ќе добиеме прилично спектакуларен автопатски сегмент. Совладувањето на Демир-Каписката клисура е само почеток...  Теренот е предизвик се до Миравци. Вкупната должина на тунелите ќе изнесува 2,2км, а на премостувањата 1,6км (во новинарските текстови се спомнува еден единствен мост од 1,6км, ама тоа не е баш логично). Мене лично ме копка колав ќе биде најдолгиот тунел - се надевам дека нема да е помал од 1км.
Инаку малку е збунувачки фактот што фондот објави делница долга 27,7км а сите медиуми 26,8км. Ова останува да се разјасни.
Во секој случај ме радува фактот што се гради по сосема нова траса, наместо да се надоградува постоечкиот пат. Причините ги објаснија надлежните - изборот беше јасен:
-нов пат, со подобри карактеристики
-пократок пат
-поевтина изведба
-пократка изградба
-без застој на сообраќајот за време на работите
-стариот магистрален пат се зачувува
Работите треба да почнат кон средината на 2008 и да завршат кон крајот на 2011.

Втората делница ќе го докомплетира сегментот помеѓу Табановце и Куманово. Се работи за 7,6км кои ќе се надградуваат. Околностите се сосема различни од првата делница и надградба е природно решение во случајов. Цената е 11.000.000 €. Работите треба да почнат кон крајот на годинава или почетокот на наредната, а се надевам ќе бидат готови за неколку месеци.



Еве два текста на темава. Содржат по некоја грешка (глупост), ама подобри нема...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AC5E8880C1B1FC48A2ADC314EE54620F - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AC5E8880C1B1FC48A2ADC314EE54620F

Aвтопатот Демир Капија - Смоквица ќе се гради на десната страна на Вардар

Автопатот, кој е дел од Коридорот 10, ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица, ќе се гради нов автопат. Оваа нова делница на автопат, што претставува дел од Коридорот 10, Владата ја дефинираше како приоритетна на последната седница, чија изградба ќе стартува кон средината на 2008 година. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра.

Директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека имало две алтернативи за изградба на нов автопат од Демир Капија до Смоквица. Едната варијанта била да се гради автопат од левата, а втората од десната страна на Вардар. Но, Владата се одлучила за автопат од десната страна на Вардар, затоа што била поевтина за 50 милиони евра и затоа што рокот за изградба на делницата бил за три години пократок. Од друга страна, должината на делницата е пократка за 6 километри, а дополнително олеснување е тоа што автопатот ќе се гради без да предизвика пречки во одвивањето на сообраќајот, бидејќи станува збор за нов пат. Сегашниот регионален пат од Демир Капија до Смоквица ќе стане алтернатива по изградбата на автопатот.

На автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе има неколку тунели со вкупна должина од 2,2 километра и мост преку реката Вардар во должина од 1,6 километри.

Овој проект се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции.

Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија (ИП-фонд), кредитни извори и нашата Влада. Македонија ќе треба да учествува со 15 отсто од вкупно потребните средства за реализација на делницата од Демир Капија до Смоквица, но дополнително прашање е дали овие пари ќе се одвојат од Буџетот или Владата ќе земе кредит.

Трасата на автопатот поминува низ државно и приватно земјиште, а директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека приватните сопственици на земја ќе бидат обесштетени. Парите за обесштетување, според Валкановска, ќе се одвојат од Буџетот на РМ. Вкупните трошоци за оваа намена ќе се знаат дури откако ќе се направи елаборат за површината и цената на земјиштето.

Во почетокот на идната година ќе се распише тендер за изведувач, а се очекува изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица да стартува во текот на летото во 2008 година.

Како дел од Коридорот 10, ќе се проширува и патот од граничниот премин Табановце до Куманово за да стане автопат во должина од 7,3 километри. Овој проект ќе чини околу 11 милиони евра, изведбата ќе почне кон крајот на оваа година или во почетокот на идната.




http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=231256EED4ED9D41A44832632E20629E&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=231256EED4ED9D41A44832632E20629E&arc=1

ДОИЗГРАДБА НА КОРИДОРОТ 10

Автопатот кон Грција ќе минува надвор од Демиркаписката Клисура

Изградбата ќе чини 150 милиони евра, а дел од нив ќе бидат грантови од грчката влада и од ЕУ, а остатокот кредити и од буџетот

Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе се гради по сосема нова траса што ќе поминува од десната страна на реката Вардар, велат во Фондот за патишта.

За новиот автопат ќе се градат два тунела кај постојниот тунел кај Демир Капија. Автопатската траса низ тунелите ќе биде префрлена од другата страна на Вардар и ќе се пробие надвор од Демиркаписката Клисура.

Делницата долга околу 22 километра ќе продолжи по висорамнината до месноста Горно Јаболце, по што ќе се спушта кон Миравци. Со автопатот кој води до границата со Грција ќе се поврзе со клучка што ќе се гради кај Смоквица. Трасата на новиот автопат во најголем дел минува низ државно земјиште. Помалку од 10 отсто од земјиштето е приватно, но тоа е од 4. или 5. класа, па во Фондот не очекуваат големи трошоци за експропријација.

Изградбата на новиот автопат ќе почне кон средината на 2008 година, а ќе чини 150 милиони евра. Дел од парите ќе бидат грантови од грчката влада и од ЕУ, а остатокот ќе се обезбедат од кредити од меѓународни финансиски институции и од буџетот. Новиот автопат ќе има по две ленти за возење и една за застанување во двете насоки. Ќе бидат изградени и неколку мостови и тунели.

Според директорката на Фондот, Наташа Валкановска, изградбата на нов автопат е подобро решение отколку изградбата на уште една паралелна траса на сега постојниот пат од левата страна на Вардар.

- Ова решение е за 50 милиони евра поевтино и за 5 километри пократко отколку да се гради паралелен автопат. Студијата покажа дека изградбата на нов автопат би траела 3,5 години. Ако се врши надградба, тогаш се потребни 6-7 години, затоа што изградбата би се одвивала под сообраќај, а тоа ги забавува работите - вели Валкановска.

Во план на Фондот за патишта е целосно да се изгради автопатот по Коридорот 10. За ова, треба да се надгради на ниво на автопат делницата од Куманово до Табановце во должина од 7 километри. Бидејќи на оваа делница само ќе се направи уште една паралелна траса на постојниот пат, неговата изградба ќе чини околу 11 милиони евра што ќе се обезбедат од сопствени средства. Средствата за експропријација на земјиштето се обезбедени од државниот буџет.

(М.Б.)



-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Oct-2007 at 22:07
еве некои новитети од http://www.roads.org.mk - www.roads.org.mk
 
Фреквенција на сообраќај на патиштата во 2006 ( http://www.build.com.mk/docs/mk-karta.jpg - полна резолуција )
 
 
  • http://www.build.com.mk/docs/soobrakaj-2006.xls - Табеларен приказ
  • http://www.build.com.mk/docs/Road_Network.ppt - Некоја презентација за приоритетни проекти
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2007 at 22:41


Gleam si zapnal da gi ignoriras tredovite sto gi pocnav jas Bash Sea ti da go prebacis ova u "patna mreza" Big%20smile


BTW mapava e mnogu losa, kako i ostanatite na roads.org.mk
Ovaa konkretno e nekompletna i haoticna, a nekoi boi nedostasuvaat vo legendata i bog znae sto im znacat...
Stvarno ne znam zasto na internet ne moze da se najde ni edna edinstvena pristojna soobrakajna karta na Makedonija. Jas bi napravil, ama uste potragicno e sto ne moze da se najde ni edna edinstvena kolku tolku dobra karta za da posluzi kako osnova. A cel mesec da crtam od nula ne mi paga na pamet. Ima institucii, neka stavat veke ednas nesto pristojno...


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Oct-2007 at 22:57

Bonkа три пати прегледав дали веќе има thread за патишта. Нема везе еве споено...
 
Што се однесува до мапата. Претпоставувам дека главната енигма ти е што значат двете нијанси на зелена боја. Стварно се таленти. Али со оглед на тоа што до пред неколку месеци немаше ни сајт, ова е рамно на револуција.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2007 at 23:01


falat uste tri boi kolku sto gledam na prv pogled: rozeva, edna nijansa crvena i onaa epten temno plavata na avtopat

stvarno ne mi e jasno sto napraile so mapava Crazy






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 23:43
Како продолжение на разговорот почнат во темата за скопската обиколница ( http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22 ), еве постирам мапа на едно потенцијално автопатско решение меѓу К.Паланка и границата со Бугарија (обележано со црвено)

Ова е земено од http://www.balkan-consulting.com/
Балкан Консалтинг е дел од Гранит колку што ми е познато

http://imageshack.us">



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Dec-2007 at 23:54
Дали го знаете ова?

http://motorways-exitlists.com/europe/mk/macedonia.htm - http://motorways-exitlists.com/europe/mk/macedonia.htm

Има листа на „излези“ од многу земји, а и ние според нашата големина сме солидно претставени. Нормално не се само „излезите“, туку комплетен опис на патиштата. За жал кај Македонија не е баш максимално детално, а има и некои грешки. Ама сепак генерално е добро!

Cheers


Би било уште подобро кога би можеле да се најдат детални информации на оваа тема и на официјалните сајтови на македонските институции како надлежните министерства или македонија пат. Фондот за патишта неодамна лансираше нов сајт, ама тоа е недоработено, а и од тогаш го немаат ни пипнато. Плус тоа очигледно е само лоша копија на www.hac.hr Roll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2007 at 00:06
da go imam videno pred nekoe vreme sajtov, naletav na nego na SSC


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Jan-2008 at 12:45

  МАКЕДОНИЈА  
Годинава ќе се гради заобиколница околу Гевгелија

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/20808/Gevgelija%20%28a%29.jpg">

За одржување и заштита на локалните патишта во општината Гевгелија во 2008 година се планирани 18,8 милиони денари, јави дописникот на Нетпрес.

Со програмата предвидена е изградба на заобиколница околу Гевгелија како и изградба на локалниот пат Понов мост-Богородица, потоа доизградба на патот за Хума и на патот Негорци-Серменин, како и изгрдба на пристапни патишта во Конско и споменикот на “Слободата“ на Мрзенски рид, во близина на Гевгелија.


Thumbs%20Up

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:14
Cheers

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ПОТРОШИ НАД СТО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА


Приоритет за дозавршување на скопската обиколница


Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра


Во земјава годишно во просек се градат 10 километри автопат и шест километри магистрални и регионални патишта, за кои се трошат околу 80 до 100 милиони евра. Ова е состојбата во последниве 15 години, а според Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта што ја усвои Владата, со исто темпо ќе се продолжи и оваа година. Според оваа Програма, Владата има намера за реализирање на капитални проекти во патната инфраструктура да потроши 6,25 милијарди денари или 102 милиони евра.

Приоритет и годинава е ставен на дозавршувањето на обиколниот автопат на Скопје за што се наменети 4,6 милиони евра. Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра.
Според портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски со Програмата се предвидени 16,3 милиони евра за нови инвестиции на делници од регионални патишта. Така, за изградба на патниот правец Радовиш - Струмица ќе бидат одвоени 4,8 милиони евра, за третата лента на патниот првец Градско - Прилеп се планирани 1,8 милиони, а за ски-центарот "Кожуф" е предвидено 4,2 милиони евра. За изградба на пат до населбата "Сончев град" се проектирани 700.000 евра.

Изградбата на патот Жировнички мост - Бошков мост ќе се поддржи со околу два милиони евра, патот Делчево - Црна Скала со 325.000 евра, по 650.000 евра се планирани за заобиколницата Охрид - улица "Железничка" и за рехабилитација на патниот правец Тетово - Јажинце, додека за приклучоци на клучката "Прдејци" се предвидени над 160.000 евра. Над 1,06 милиони евра се предвидени за реконструкција и рехабилитација на регионални патни правци и наплатни станици.


Светлана БЛАЖЕВСКА


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=37CF51E302548943AAEC93F40B98C7DF - Вечер


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:18
Само што планирав да ја објавам веста, кога некој побрз од мене
LOL
 
Битно веста е добра
Cheers


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:23

Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра.
 
Нели се ова премалце пари? Според некои груби проценки до кој јас имам дојдено 1км автопат на рамен терен е околу 1.000.000 евра. Куманово-Табановце е околу 8, а за комплексноста и должината на ДЕмиркапија-Смоквица и да не зборувам. Дали е ова дополнување на некои веќе одреденуи средства или се работи за средства доволни само за изработка на идеен проект?
 
Кловер ова е твоја област, дали можеби знаеш повеќе?


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:31
Originally posted by UrbanFreak

Нели се ова премалце пари? Според некои груби проценки до кој јас имам дојдено 1км автопат на рамен терен е околу 1.000.000 евра. Куманово-Табановце е околу 8, а за комплексноста и должината на ДЕмиркапија-Смоквица и да не зборувам. Дали е ова дополнување на некои веќе одреденуи средства или се работи за средства доволни само за изработка на идеен проект?
 
Кловер ова е твоја област, дали можеби знаеш повеќе?


Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:37
Originally posted by pbanks


Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.
 
И јас помислив на оваа варијанта. Се надевам дека сме во право. Во секој случај сумите за останатите правци делуваат разумно: 4,6 милиони за Кожуф, 1,8 за третата лента Прилеп-Плетвар и 4,8 за Струмица-Радовиш (ова посебно ме радува бидејќи е во многу перспективен регион Banana)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 00:34
Имаше на форумов една патна карта, ај ако имате постирајте апдејтирана.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2008 at 00:17

Регионалниот пат Табановце - Куманово ќе стане автопат

 

Парите вањето ќе се покријат од кредитот од ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта

Верче Георгиевска

Регионалниот пат од граничниот премин Табановце до Куманово ќе стане автопат. Сообраќајот од границата со Србија до Куманово моментално се одвива по една коловозна лента двонасочно. Но, предвидено е проширување, кое ќе стартува напролет. Со градежните работи треба да се изгради нов коловоз и да се прошири постојната лента. Проширувањето треба да заврши за една и пол година, по што овој регионален пат ќе влезе во рамките на трансевропскиот Коридор 10.

Фондот за магистрални и регионални патишта распиша тендер со кој бара изведувач на работите, а фирмата ќе биде позната на 21 март годинава. Работите ќе се изведуваат според проектот на „Гранит проект“. Парите за проширувањето на регионалниот пат од Табановце до Куманово, во должина од 7,6 километри, ќе се покријат од кредитот што Македонија го зеде од Меѓународната банка за обнова и развој -ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта. Од кредитот на ИБРД се предвидени средства во висина од 3,2 милиони евра, а Фондот обезбеди 707 илјади евра.

Според програмата на Фондот за патишта, годинава ќе започне да се реализира уште еден клучен проект за државава, кое е влезен во листата на приоритети. Станува збор за изградба на сосема нов автопат од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица. Изградба, според првичните најави, ќе стартува кон средината на годинава. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри. Проектот се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции. Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија, кредитни извори и нашата Влада. За автопатот од Демир Капија до Смоквица, според годинешната програма на Фондот, ќе се наменат речиси 5,9 милиони евра, од кои околу 897 илјади евра се пари од државата, а остатокот се средства од кредит.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F390C74719112841927139E8F28C547F


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Mar-2008 at 00:35
Прв пат официјално се спомнува дека Стенковец-Блаце е во процедура за изградба на автопат. Cheers

ИНТЕРВЈУ: МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
Сто милиони долари за локалните патишта

Емилија Јовановска

-Господин Јанакиевски, патиштата во Македонија се во катастрофална состојба. Може ли земја со таква патна инфраструктура да бара што побрзо да стане дел од ЕУ? - Нашата земја е важен трговски крстопат. Шокантно е каква негрижа била присутна за патната инфраструктура. Дел од локалните патишта беа сосема запоставени, а други беа предмет на рутински одржувања. Непријатно е што до делови на Македонија денес нема нормален пристап. Заложбата да се затвори ова прашање, кое е во делот на надлежности на локалната самоуправа, освен што со себе повлекува многу работа, бара и големи финансиски средства. Владата е подготвена да излезе во пресрет и да почне со решавање и на овој сегмент од целокупната инфраструктура во земјава.
Ние од локалните власти побаравме да ни достават информации за приоритетните проекти во секоја општина за подобрување и доизградба на локалната патна мрежа. За таа намена, од Светската банка се обезбедени 100 милиони американски долари, што претставува најголема инвестиција досега во Република Македонија во изградба на патната мрежа.
-Планирани ли се годинава да почнат некои активности?
- Веќе се почнати проектите за изградба на третата лента на патниот правец Прилеп-Градско, автопатот Стенковец- Блаце, делницата Радовиш-Струмица, патот до ски-центарот Кожуф, во завршна фаза е изградбата на Скопската обиколница, проект што е дел од програмата за изградба на европските коридори 8 и 10. Предвидена е доизградба на паневропскиот коридор 10 на ниво на автопат на делниците Демир Капија - Смоквица и Табановце - Куманово. Ќе се градат и многу други патишта, кои се предвидени во програмата на Фондот за патишта.
уЌе почне втората фаза од санацијата на мостовите. Во план се 50, а на тие делници ќе се измени режимот на сообраќај?
- Од денеска стартува работата на втората фаза, со која се опфатени 21 мост на потегот Демир Капија - Гевгелија. Заради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој дел ќе се одвива по една сообраќајна лента, со поставување соодветна сигнализација. Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годинава.
Проектот за зацврстување и санација на мостовите го спроведуваме со поддршка од НАТО и е капитален градежен зафат со кој се подобруваат условите за транспорт. Во 2007 година заврши првата фаза од тој проект, со која беа опфатени 29 моста од Скопје до Велес. уВо буџетот не се одвоени доволно пари за доизградба на коридорите 8 и 10. Од каде ќе најдете пари за пругата до Бугарија? Автопатот кон Софија и до Тирана ќе остане ли само пуста желба?
- Сите планови за подобра инфраструктура ги внесовме во нашата програма за работа и постепено ги реализираме.
Во вашето прашање се содржани повеќе проекти, кои, навистина, изгледаат како неостварливи. Самиот факт дека проектот за железничко поврзување на Република Македонија со Република Бугарија беше промовиран од голем број влади остава впечаток во јавноста дека многу проекти беа само почнувани. Вистинското прашање е колку се работело на тие проекти? Во моментов, во тек е изработка на проекти за определени делници долж Коридорот 8, а дополнително се разгледуваат можностите за финансирање на нивата изградба. Во тек е и изработка на студија за концесија на патишта со наплата на патарина, која ја изработува реномираниот консултант „Лоуис Бергер“, а со која ќе бидат опфатени и делници на Коридорот 8 во источниот и во западниот дел на Република Македонија.
уКога Македонија ќе добие европски аеродром? До кога „Александар Велики“ ќе биде како запустена автобуска станица во некоја европска метропола? Која компанија ќе го земе аеродромот под концесија и има ли заинтересирани странски компании?
- Вчера Министерството за транспорт и врски во домашните печатени медиуми, но и во странски весници објави повик за изразување интерес за учество на меѓународен повик за избор на инвеститор што ќе биде одговорен за спроведување и финансирање на проектот за подобрување на техничката и на финансиската позиција на националниот аеродромски систем, во кој спаѓаат аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и изградба на нов аеродром во Штип, преку долгорочна концесија.
уСе најавува изградба на нов трговски центар. Зошто Македонија е интересна за странските инвеститори за вакви проекти, зошто не се градат фабрики?
- Воведовме принцип на отвореност и транспарентност при отуѓувањето на државното градежно земјиште. Во изминатиот период распишавме голем број јавни објави за јавно наддавање



Извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1332&ArticleID=85951 - Време


Posted By: vardar
Date Posted: 14-Apr-2008 at 11:24
Cheers Super se na se 100 milioni za lokalnite i regionalnite patishta....sega uste da "najdat" i edna stotka za skopje.....  Smile
 
 

ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ВЛАДИНОТО ВЕТУВАЊЕ


Локалните патишта ќе се закрпат со 34 милиони евра


Од први овој месец започна аплицирањето со проекти од првата фаза што ќе трае до 31 мај. Секоја општина може да пријави повеќе проекти, но мора да набележи на кои им дава приоритет, вели Катерина Панова-Илиевска од Фондот за патишта


Владата започна со реализација на проект за санација на најоштетените локални патишта во земјава. За оваа намена ќе бидат издвоени 34 милиони евра кои ќе се распределат по општините што ќе аплицираат со свои проекти за рехабилитација на локални патни правци. Катерина Панова Илиевска, портпарол на Фондот за магистрални и регионални патишта, вели дека проектот ќе се реализира во пет фази во текот на оваа и идната година.

- Од први овој месец започна аплицирањето со проекти од првата фаза што ќе трае до 31 мај. Секоја општина може да пријави повеќе проекти, но мора да набележи на кои им дава приоритет - објаснува Панова Илиевска.

Втората фаза ќе се одвива до 1 септември, а третата до 31 декември оваа година. Апликациите за четвртата фаза ќе се доставуваат до 31 мај, а за петтата до 31 септември 2009 година.

Во земјава има 8.995 километри локални патишта. Вкупниот предвиден износ за локалните патишта ќе им биде распределен на сите 84 општини врз основа на формула и критериуми што се утврдуваат заедно со ЗЕЛС, а треба да бидат одобрени од Светската банка.

Во рок од три години треба да се реконструираат и 11 регионални патишта. Од Фондот објаснуваат дека овие патни правци се избрани како приоритетни бидејќи студијата што ја подготви Европската инвестициона банка (ЕИБ) покажала дека токму тие се најоштетени и мора да претрпат итна санација.

За годинава Владата предвиде 16,3 милиони евра за нови инвестиции на делници од регионални патишта. За изградба на патниот правец Радовиш - Струмица ќе бидат одвоени 4,8 милиони евра, за третата лента на патниот првец Градско - Прилеп се планирани 1,8 милиони, а за ски-центарот "Кожуфф е предвиден 4,2 милиони евра. За изградба на пат до населбата "Сончев градд се проектирани 700.000 евра.
Изградбата на патот Жировнички мост - Бошков мост ќе се поддржи со околу два милиони евра, патот Делчево - Црна Скала со 325.000 евра, по 650.000 евра се планирани за заобиколницата Охрид - улица "Железничкаа и за рехабилитација на патниот правец Тетово - Јажинце, додека за приклучоци на клучката "Прдејции се предвидени над 160.000 евра.

За регионалните и локалните патишта во земјава во наредните три години Владата планира да потроши 70 милиони евра што ќе се обезбедат од заем од меѓународни финансиски институции.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AD895A580021F34AB5709A456DBDC85C - Vecer
 
 
 
 
 

Нови 70 милиони евра од Светска банка за патна инфрастиктура

Македонија ќе добие кредит од 70 милиони евра од Светска банка за инвестирање во патната инфраструктура за изградба и реновирање на локални и регионални патишта. Оваа ново задолжување кај Светска банка било најавено во Вашингтон на средбата со раководството на Светска банка, каде што македонската делегација, предводена од вицепремиерот Зоран Ставрески, учествува на Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка. Кредитот треба да биде одобрен кон крајот на мај.

„Станува збор за кредит од околу 70 милиони евра за започнување на изградба на нови и реконструкција на постојните патишта во сите општини на Македонија и тој кредит, по наше инсистирање, ќе биде одобрен до крајот на мај од Бордот на СБ, а да почне да се користи по изборите“, изјавил по средбата вицепремиерот Ставрески и додал дека Светска банка дала поддршка да продолжат економските реформи ,кои било оценето дека одат во добра насока.

На средбите била истакната и заинтересираноста за поддршка на инвестиции во делот на енергетиката, пред се' за финансирање на енергетското поврзување на Македонија со регионот и за реконструкција на хидроелектраните во делот на ЕЛЕМ, како и за финансиска поддршка за набавка на опрема и машини за рудникот „Брод-Гнеотино“.

Вицепремиерот Ставрески, кој на средбите е придружуван од министерот за финансии, Трајко Славески, и вицегувернерот на НБМ, Димитар Богов, треба да се сретне и со раководството на ММФ при што се очекува поддршка за вкупните економски движења во Македонија, за продолжување на реформите и за одржување на макроекономската стабилност како основен предуслов за економски раст. (Ј.Ј.)
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F8A505958E5CA94297713DDDFF105716 - Utrinski
 


Posted By: vardar
Date Posted: 20-Apr-2008 at 14:22

Ако сакате да знаете точно колку километри има од крива паланка до кичево и од струмица до струга еве интересна карта од сојуз на возачи на македонија http://www.svm.org.mk/kalkulatorRastojanijaPU.htm - тука

 
А пак од скопје до дваесетина држави од европа на АМСМ http://www.amsm.com.mk/02uslugitur08-2.asp - тука


Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:23
Муабети се пуштени дека фондот за патишта ќе откупува ниви на потегот куманово-паланка за градење на автопат меѓу 6-10 евра квадрат! Се надевам ова значи дека ќе почне откупот, па изградбата! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:26
Од каде овој муабет и за која делница точно се работи?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:27
Ова е дел од коридорот, исто како и пругата. Дај веќе да ги завршиме веќе еднаш тие коридори!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Apr-2008 at 04:56
Дел од коридорот кај селото (и општината) Клечовце. Информациите се од роднини коишто ќе им се откупуваат нивите. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 09:07


Заначи се работи за делот кој оди јужно од Куманово по сосема нова, значително пократка траса  Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 12:39
Кловер ај карта ако можеш со старата и новата траса?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 12:46
Еве screenshot од просторниот план на Р. Македонија




Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 12:53
ФалаThumbs%20Up


Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Apr-2008 at 22:49
Не можам да речам точно дали ќе биде скроз нова траса (не ја знам ни старата) само знам дека ќе се откупуваат ниви покрај пругата и блиску до стариот пат куманово-паланка


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 23:07
Старата е постоечкиот главен пат кој се движи северно од Куманово.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Apr-2008 at 23:09
ок да, тој пат го минувам многу пати стигајќи до село. Како и да е.. само што побрзо да се започне и заврши. од куманово до клечовце во бит патот е лесен за правење, не гледам некој големи тешкотии убаво да го залепат асфалтот. Еден куп ниви, доста рамнина, по некое ридче...


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Jun-2008 at 10:22
http://www.roads.org.mk/galerija.html?task=aut">...навистина скромна галерија...ФМРП...Cool


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jun-2008 at 12:01
Originally posted by beTon

http://www.roads.org.mk/galerija.html?task=aut">...навистина скромна галерија...ФМРП...Cool


За жал ја немаат обновено од кога е направен сајтот.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Jul-2008 at 13:24
Убави вести Cheers


ЕБРД вложува 50 милиони евра за регионални патишта во Македонија
 
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ја разгледува можноста за финансиска поддршка на македонскиот Фонд за национални и регионални патишта со 50 милиони евра.
Со овие средства, како што објави ЕБРД на својата интернет страница, ќе бидат финансирани одржувањето и обновата на регионалните и локалните патишта во различни делови од државата, во вкупна должина од околу 1.000 километри.
Патиштата чија обнова се планира, овозможуваат пристап до виталните сообраќајни коридори и до мрежата на главните сообраќајници. Тоа, велат од ЕБРД, ќе придонесе за регионаен развој и за поголем стопански раст во Македонија.
Проектот што е дел од програмата на македонската Влада за локални и регионални патишта, исто така предвидува институционално зајакнување на Фондот, реорганизација на јавното претпријатие „Македонија пат“ и обезбедување поддршка за изготвување нов закон за патишта, наведува ЕБРД.
(Тотал)
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11361&mid=303&tabId=1&tabindex=1




Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Jul-2008 at 13:35
Истиве овие 50 милиони заедно со уште други 20 беа оние средства, Грција што мафташе со нив, ако ви текнува пред некој месец. Значи ЕБРД требаше да даде 20, а Грција 50. Е сега Ваљда ЕБРД виделе дека нема абер од Грција па они се решиле да дадат 50.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jul-2008 at 15:09


Грција требаше да даде дел одсредствата потребни за Демир Капија - Смоквица. Доколку навистини ЕБРД решила да кредитира за да компензира како што викаш, не гледам логика тие средства да одат во други проекти, а не во автопатот. Така да мислам не е баш веројатна варијантата што ја кажуваш.

Друга ствар што ме копка е тоа што веќе земавме заем од светска банка од 70 милиони евра за исти цели. Значи зборуваме за кредити со вкупна вредност од 120 милиони евра, а за поголеми зафати во мрежата на регионални и локални патишта уште немаме слушнато. Најголемите спомнати се Радовиш - Струмица каде би отишле 4,8 и за поврзување на Кожуф каде би се вложиле 4,2 нилиони евра. Другите досега спомнати проекти се многукратно поевтини... Не ми е јасно каде ќе оди целата оваа огромна сума од 120 милиони... А во меѓувреме примарната сообраќајна мрежа во Скопје (поради чива недооформеност се трпат најголемите загуби и произлегуваат ред други проблеми) никој не ја ни есапи...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jul-2008 at 22:40
Македонските листи на http://motorways-exitlists.com/index.htm - http://motorways-exitlists.com/index.htm се поправени и дополнети со сите сугестии што им ги испратив Cool

Чек ит аут Smile


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 14-Jul-2008 at 23:37
Previous
CheersТи се заблагодаруваат на допринесот Thumbs%20Up


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Jul-2008 at 12:53
Договор за заем од Светска банка за подобрување на патната мрежа

Владата на Република Македонија и Светска банка ќе потпишат договор за заем за реализација на проектот за подобрување на постојната регионална и локална патна мрежа.
Договорот ќе го потпишат министерот за финансии Трајко Славески и постојаниот претставник на Светската банка во Македонија Маркус Репник.

http://www.mrt.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=16519&Itemid=31 - http://www.mrt.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=16519&Itemid=31
21-07-2008



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jul-2008 at 13:59


Владимир те молам вклучи URL од изворот.


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Jul-2008 at 06:17
Еве малце подетално околу заемот а како ќе се троши...
 

Нов кредит од 70 милиони евра од Светска банка

Според Славески, нормално е Владата да се задолжува за капитални инвестиции

Македонија се задолжи кај Светска банка со кредит во износ од 70 милиони евра, за реализација на проектот за подобрување на регионалната и на локалната патна мрежа. Кредитот е со рок на отплата од 20 години и грејс-период од пет години и со каматна стапка за 0,06 отсто пониска од референтната каматна стапка. Во договорот за подобрување на постојната регионална и локална патна мрежа, кој вчера го потпишаа министерот за финансии Трајко Славески и постојаниот претставник на Светска банка во Македонија Маркус Репник, оставена е можноста каматната стапка да биде фиксирана доколку се договорат двете страни.

„Договорот за заем во рамки на четиригодишната Стратегија за соработка со Светска банка покажува голема флексибилност кон потребите на Македонија. Тој е ратификуван едногласно во македонското Собрание, што значи него го поддржа и опозицијата“, рече министерот Славески, истакнувајќи дека тој веднаш станува оперативен.

Според министерот за финансии, нормално е Владата да се задолжува кога се работи за капитални инвестиции кои не можат да се финансираат само од државниот Буџет. Тој најави дека Владата ќе обезбеди и нови 50 милиони евра за реализација на проектот преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кој би требало да биде потпишан есенва.

Есенва треба да започне и реализацијата на проектот со кој ќе се финансира рехабилитација на 330 километри регионални патишта, околу 8,7 проценти од сите регионални патишта, и 420 километри локални патишта или околу пет отсто од сите локални патишта, според селекција направена од општините. „Парите ќе им бидат поделени на сите 84 општини во Македонија и нивната дистрибуција ќе се врши по формула подготвена од Министерството за финансии“, додаде Славески.

Формулата предвидува површината на општината во квадратни километри да учествува со 35 отсто, бројот на население со 35 отсто, бројот на населби во општината со 20 отсто и должината на локалната патна мрежа со 10 отсто од сумата што ќе се определи.

Годинава и Владата ќе одвои 12,8 милиони евра, средства од Буџетот, за реализација на проектот. „Со проектот се дава поддршка на Националната програма, која е со високи стандарди. Тој е најголема инвестиција финансирана во Македонија и е најдобро подготвена програма од Светска банка за Македонија за само седум месеци од првичните дискусии до одобрувањето од Бордот на Светска банка“, изјави Репник. (А.С.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05E86407B534F048AAC3CFA65A9BCDEC - utrinski
 
 
 
 


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Jul-2008 at 06:27

Се е супер само малце околу формулата.....

Формулата предвидува површината на општината во квадратни километри да учествува со 35 отсто, бројот на население со 35 отсто, бројот на населби во општината со 20 отсто и должината на локалната патна мрежа со 10 отсто од сумата што ќе се определи.
 
Според мене 2 критериуми (должината на патната мрежа и бројот на население) се на место иако нивниот процент треба да биде поголем (особено кај должината на постоечката мрежа). Од друга страна незнам зошто толку голем процент се дава на површината и бројот на населби Nuts .
 


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Jul-2008 at 06:48

Уште нешто Big%20smile критериуми za кој се сомневам дека имаат податоци али се важни

1. Просечна старост на патиштата
 
2. Колку автомобили го користат патот дневно (можеби најважно)
 
 
Свесен сум дека на крај сите овие формули/критериуми ќе се игнорираат и ќе се оди  чисто по партиска формула Yes и дека бројките: 330 километри регионални патишта и 420 километри локални патишта  ќе бидат драстично намалени али сепак ова е за поздравување.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jul-2008 at 12:32
Како и секогаш власта ќе ги опфати општините каде што градоначалниците се од нивната партија. Инаку формулава којзнае како ќе функционира.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jul-2008 at 13:30
Да, слично како што пишува во текстот, го видов Трајко Славески на телевизија како не убедува дека никоја држава не можела од буџет да исфинансира вакви проекти, дека сите земале кредити...

Nuts Nuts Nuts Nuts Nuts



Абе Трајко, многу држави направиле многу поголеми чудесии без никакви кредити, а камо ли реконструкција на локални и регионални патишта, што во суштина треба да е тековна работа...

Ама важно е проектов квалитетно да се реализира. Кога веќе мораме да земаме кредити за вакви работи, барем да не одат во ветар... Ова се пари кои ќе ги враќаме со камата, па барем нека се трошат одговорно!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jul-2008 at 06:59
Клипчиња од македонските патишта:


М-1
На јутјуб пишува дека е кај Кочилар (јужно од Велес), ама јас мислам дека е уште појужно.

[tube]9CEr5x5piXg[/tube]


М-4
Кај Илинден

[tube]q7NaQxvoRRE[/tube]


Немам поим каде точно е ова

[tube]vxRot2fP0PQ[/tube]


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jul-2008 at 15:08
Ова се кува нешто ново или пак мислат на Коридор 8??

Нова патна магистрала од Тирана до Скопје, преку Тетово
 
Министерството за градежништво, транспорт и телекомуникации на Албанија им издаде наредба на фирмите кои работат на изградбата на патната магистрала меѓу Тирана и Скопје да ги забрзаат работите на проектот, пишува албанскиот весник „Шкип“
Магистралата, наречана уште и „ патот на Арбер“ ќе ги поврзува Тирана и Скопје, преку Тетово, односно ќе оди по регионот што доминантно е населен со Албанци.
Патот ќе ги обедини Албанците кои живеат од двете страни на границата, а Македонија ќе добие уште една дестинација и достапност до Драч и морето.
До границата со Македонија магистралата ќе биде во должина од 75 километри, пишува весникот.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11865&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11865&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2008 at 15:46
Не бе ова е патот Тирана-Дебар

Според мене уште една безвредна помпезна најава... Глеам у Албанија (впрочем и кај нас) ги реализираа приоритетните проекти, па сега и на вакви луксузи ќе се посветат Roll%20eyes

Да имаше логика од таму да поминува меѓународен пат со голем капацитет, коридорот 8 ќе го испланираа по таа рута. А коридорот не го зацртаа дилетанти од Албанија и Македонија, туку сериозни меѓународни институции.

Теренот на трасата Тирана-Дебар е ужасен и дури и многу побогата држава од Албанија не би се зафатила со градба на пат со високи технички карактеристики, без вистинска неопходност од тоа, плус тоа не поврзува никакви позначајни центри уз пат за разлика од трасата на коридор 8, а како капак на се и за транзит е проблематичен затоа што поминува на сред Тирана.

Вакви најави на ССЦ читам одамна, оние што се понаивни веруваат, а идиотите од типот на илир се екстатични пошто според нив коридор 8 не е доволно корисен за Албанците, туку ова било правата ствар.

Нема леб од ова... Кога некогаш ќе има релативно пристоен пат на таа релација, во главно ќе биде корисен за Дебарчани да идат за викенд на море. Сите останати веројатно ќе преферираат автопатска вожња по коридор 8 (а верувам дека побргу ќе има автопат по коридор 8, отколку навистина солиден пат Тирана-Дебар)

Да не се ближат избори во Албанија?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2008 at 01:58
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DE4132E2B48E7B4D95335DCF04385A6F - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DE4132E2B48E7B4D95335DCF04385A6F

Поправка на локални патишта - со заем од Светска банка

Општина Кисела Вода изработи проекти за реконструкција на локалните патишта Теферич, Китка, Драчевска и Киро Фетак. Проектите се пријавени за владината Програма за рехабилитација и реконструкција на регионалната и локалната патна мрежа, која ќе биде финансирана преку заем од 70 милиони евра обезбеден од меѓународни финансиски институции. Рокот за реализација на програмата е три години. Овие јавни патишта се во незавидна состојба, која го отежнува сообраќајот помеѓу населените места. Затоа Советот на општината донесе одлука за одобрување на нивна реконструкција - велат локалните власти.Целокупната проектна документација е доставена до Фондот за магистрални и регионални патишта. Оттаму е добиено известување дека проектните апликации се комплетни, што би значело можност за нивно одобрување во нарениот период, односно добивање средства за реализација на реконструкција на овие патишта. Ваквата инвестиција во инфраструктурата директно би влијаела на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Тоа е основна цел на Секторот за локален економски развој - велат во Општината.





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04C5FB183187FA49B0E30201EDC93E83 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04C5FB183187FA49B0E30201EDC93E83

Продолжува обновата на локалните патишта

Општина Илинден раководејќи се согласно со Програмата за санација и реконструкција на локалните патишта, продолжува со градежните работи за надградба, тампонирање и асфалтирање на патната инфраструктура на територијата на општината.

Во Мралино се врши тампонирање и асфалтирање локални патишта во близина на локалната црква во вкупна должина од 400 метри.

Се уредува и просторот за асфалтирање на влезот на населеното место Мралино во должина од 450 метри.

Паралелно со овие градежни активности се врши уредување, тампонирање и асфалтирање локални патишта во населеното место Илинден во вкупна должина од 770 метри.

Надлежните сметаат дека со овие зафати значително ќе се подобри состојбата на локалните патишта и ќе им се овозможи на граѓаните подобра и побезбедна комуникација. ѓ

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од буџетот на Општината. (В.Д.)




Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Aug-2008 at 12:38
Според мене добра вест Cheers

ЗГОЛЕМЕНА МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНАТА БРЗИНА НА ПАТИШТАТА
На автопат до 130 км/час
Од утре, со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, максимално дозволената брзина на автопатиштата од 120 ќе се зголеми на 130 км/час, и од 100 на 110 км/час

И покрај показателите дека преголемата брзина е најчеста причина за сообраќајките, од утре стапува во сила новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата во државава, со кој максимално дозволената брзина на автопатиштата од 120 се зголемува на 130 км/час и од 100 на 110 км/час.
Експертите велат дека овој закон е избрзан и не соодветствува на реалната состојба и условите на патиштата и бараат комисијата да се изјасни за причините за измена на досегашниот закон. Со зголемувањето на максимално дозволената брзина од 120 на 130 км/ на час место да се намали бројот на сообраќајките, како што објаснуваат тие, оправдано е да се очекува тој да се зголеми.
Од ЈП "Македонија пат", кое е задолжено да ги постави новите знаци со поголема брзина, велат дека со измената на Законот која е направена по иницијатива на Министерството за внатрешни работи, треба да се зголеми пропусната моќ на автопатиштата во Македонија. Новата максимална брзина, велат тие, нема да важи за сите автопатишта, туку само за одредени делници. Со зголемувањето на брзината треба да се намалат сообраќајките кои се предизвикани од возила кои возат бавно по автопатиштата.
"Направен е правилник во кој се наведени делниците кои ги исполнуваат условите за поголема брзина. Такви делници се Скопје -Петровец, Скопје-Миладиновци и Скопје-Тетово во двете насоки", вели Благоја Димовски, главен инженер за одржување и сигнализација на патиштата во ЈП "Македонија пат".
Освен овие делници, во правилникот за зголемување на максимално дозволената брзина влегува и патниот правец М1 Куманово- Демир Капија, но пред да се воведе на него новата брзина треба да се направи осовременување и реконструкција, но и да се постават заштитни мрежи. Поставувањето на знаците со новата брзина, вели Димовски, ќе се прави според динамика што ќе ја утврди Фондот за магистрални и регионални патишта.
Од Фондот за магистрални и регионални патишта, кој го финансира проектот, велат дека јавното претпријатие веќе работи на подготвување на техничката документација која ќе ја приложи на увид во МВР. Откога ќе биде прифатена техничката документација, "Македонија пат" веднаш ќе почне со поставување на сообраќајните знаци на автопатиштата каде што е зголемена максималната брзина. Поголеми интервенции, како што објаснуваат од Фондот, ќе се прават само на патниот правец Куманово-Демир Капија и за тоа е потребно подолго време.

Побрзо возење, повеќе сообраќајки

Според експертите комисијата која работела на подготовка на новиот Закон, најверојатно не го зела предвид досегашниот црн биланс во земјава, каде што дури половина од сообраќајните несреќи се токму поради пребрзо возење и тоа на оние сообраќајници каде што се очекува да се применува новиот Закон.
За илустрација, лани поради брзо возење загинале 81 лице, а 2.265 биле повредени, а само за шест месеци од годинава се случиле 1.697 сообраќајки од кои дури 40% се поради пребрзо возење. Експертите укажуваат и дека овој закон е избрзан оти нема ниту соодветна сигнализација. Законот стартува утре, а допрва треба да се размислува за поставување соодветни знаци.
(П. А. Л. - И. С.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155372&idg=8&idb=2446&rubrika=Makedonija


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2008 at 13:16
130 е најголемото ограничување низ европа, и тоа по нови стандарди. Добро е што Македонија го следи стандардот, но треба да се трудиме да градиме автопати на кои бз проблем од почеток до крај ќе бидат 130, а не само некои делници. А за сигнализацијата се надевам ќе биде од онаа со бела позадина и целосно ќе се прејде кон бела позадина што стварно бољи изгледа од жолтата.


п.с. Може постов треба да оди кај сигнализација.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Aug-2008 at 13:32


Ако збориме за правецот север-југ освен делницата Катланово-Велес сите други делници мислам дека технички ги исполнуваат стандардите за 130км/ч. Проблемот е во оние пропратни елементи кои кај нас често се демолираат. Заштитната ограда, добра сигнализација, рамна површина итн. Тука ќе треба да се поработи на некои делници.

Сепак не ми е јасно зошто новите делници Градско-Демир Капија и Смоквица-Гевгелија не влегуваат веднаш во новиот режим.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2008 at 14:02
Делниците дк-сомкв. и смокв-ге  мислам дека не влегуваат поради тоашто не се којзнае колку долги делници и не се гледа потреба на кратки потези да се развиваат брзини, што многу не ми држи вода. Којзнае, може кога ќе биде готова делницата дк-смокв, па целиот дел од градско до граница ќе биде 130. А за делницата Велес-Скопје слободно може да се иде со 130, пошто сега мислам и дека има 120.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2008 at 14:06
Сега приметив зашто тој дел не е со ограничување 120. Пази што е работава. За делница се смета делот од автопатот помеѓу два града. Овдека тоа е делот измечу велес и гевгелија. Таа делница не е комплетен автопат и затоа не ни се третира како автопат иако на некои места коловозите се одвоедни меѓусебе. Кога ќе се догради дк-смокв тогаш и оваа делница ќе ја третирам како автопат.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 11:51
Неможам а да не евидентирам ваква новинарска бахатост. Па не треба да си ни математичар, ни географ ни сообраќаен инженер да ти биде јасно дека мрежата е подолга од 131.5км (незнам дали оваа децимала треба да не увери во филигранската прецизност на бројката). Па дури и ако ги изземеме Катланово-Велес и Тетово-Гостивар бројката е поголема од ова. Wallbash

Со шминкање на патната мрежа тешко до странски инвестиции



Автор:  Владимир Николоски

Македонија наскоро може да ја доживее судбината на Италија и територијално да се подели на северен индустриски развиен дел и јужен посиромашен дел. Главна причина за тоа е лошата патна инфраструктура поради која станува извесно дека речиси сите потенцијални странски инвеститори ќе бидат принудени да вложуваат во економските зони во скопскиот, тетовскиот и велешкиот регион.

Не е лесно да им се објасни на странските инвеститори што доаѓаат од развиените земји, каде што патната инфраструктура подразбира брзи автопатишта со по неколку ленти во еден правец, дека нивната стока секојдневно треба да се превезува по локални патишта. Дека сликата на патната инфраструктура во земјава е повеќе од катастрофална може да се заклучи од податоците дека од вкупно 4.370 километри патишта, само 131,5 километар се автопатишта.

Околу 937 километри се магистрални патишта, од кои 857 километри од нив се асфалтни. Во земјава има 3.433 километри регионални патишта, од кои 2.628 километри се асфалтни, а 506 километри се макадам и земја.

Неодамна Владата потпиша договор со Светската банка за заем од 70 милиони евра наменет за реконструкција на 330 километри регионални патишта и 420 локални патишта. Меѓутоа не се работи за изградба на нови патни ленти или пробивање нови патишта, туку за поправки, менување на асфалтот и реконструкција на одредени патни делници.
„Нова Македонија“ веќе пишуваше дека транспортери, стопанственици, раководители се сложни во ставот дека нема економски развој, сериозни странски и домашни инвестиции и вработувања без создавање соодветна инфраструктура, која ќе ја отвори земјата кон соседството и ќе ја поврзе со светот. Билјана Муратовска од асоцијацијата на независни синдикати на транспортери „Макамтранс“ тогаш изјави дека во очајна состојба се сите патишта во Македонија и дека не ги исполнуваат меѓународните стандарди.
- Еден од главните предуслови за водење бизнис и привлекување странски инвестиции е добрата инфраструктура. Освен автопатот Е-75, кој нè поврзува со Грција, во земјава нема патен правец што ги задоволува стандардите. Дури и овој автопат треба да се санира на некои делници. Кон другите соседи, Бугарија и Албанија, нè поврзуваат регионални патишта. Тие се несоодветни, како по широчината на патот, така и по квалитетот на асфалтот. Овие патни правци не се таканаречени брзи патишта и итно им треба ремонт - изјави тогаш Муратовска.
Во програмата на Владата амбициозно се предвидува дека до 2009 година ќе почне изградбата на остатокот од автопатната мрежа од коридорот 10 во должина од 27 километри на правецот Демир Капија-Смоквица, како и 7,3 километри од делницата Табановце-Куманово. Се предвидува и дека по процес на експропријација, најдоцна до 2010 година ќе почне и реализација на правци од коридорот 8, и тоа Куманово-Крива Паланка и Кичево-Ќафасан. Без дадени рокови во програмата се наведува изградба на правците Велес-Штип-Делчево-граница и Велес-Прилеп-Битола-Ресен-Охрид-граница. Владата пред изборите најави и дека до 2009 година ќе почне со изградба и модернизација на патните правци Радовиш-Струмица и Смрдлива Вода-ски-центар Кожуф. Во 2008 година треба да почне изградбата на трета лента на делницата Дреново-Прилеп низ планинскиот превој Плетвар, како и пат Порече-Скопје и пат до Сончев град кај Сопиште. Во програмата не пишува колку ќе чинат овие проекти, ниту, пак, се наведуваат изворите од кои би се финансирале.
 

 
Километар автопат чини околу 2,5 милиони евра
Според процената на градежните компании, изградба на еден километар автопат на рамен терен чини околу 2,5 милиони евра, што значи дека изградба на модерен автопат од 200 километри би чинела околу 500 милиони евра. Доколку патот се гради на планински или непрооден терен, изградбата на истата должина чини најмалку двојно од стандардната цена.

Според податоците на Европската комисија, изградбата на еден километар автопат со полн профил во државите на „старата“ ЕУ во просек чини 6,8 милиони евра, а во новите членки 9,1 милиони евра. За еден километар таков автопат во Бугарија и во Романија треба да се издвојат помалку од два милиони евра, а во Грција, Шпанија, Италија и во Португалија 2,7 милиони евра.
 


 
Вкупно 4.370 километри патишта
- 131,5 км се автопат
- 937 км магистрални патишта  (857 км се асфалтни)
- 3.433 км регионални патишта  (2.628 км се асфалтни, а 506 км макадам и земја)


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=157&ArticleID=5406


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2008 at 13:35


Еве што уствари се рачуна за автопат. Оној делот што е кај Велес се рачуна како обични два едносмерни магистрални патишта. Само незнам зашто не го опфатиле оној краткиот дел после гевгелија кога веќе го опфатиле и делот велес-дк.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 13:38
Полн профил автопат се

- Скопје-Тетово
- Стенковец-Сарај
- Скопје-Куманово
- Скопје-Катланово
- Миладиновци-Петровец
- Велес-Демир Капија
- Смоквица-Граница


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2008 at 13:47
Не верувам дека го имаат опфатено Стенковец-Кондово (не Сарај, барем така сум го видел низ статистика) во овие 131,5 пошто нема месец како се користи.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 13:54
Originally posted by lslcrew

Не верувам дека го имаат опфатено Стенковец-Кондово (не Сарај, барем така сум го видел низ статистика) во овие 131,5 пошто нема месец како се користи.


и без тие 12км колку што е таа делница имаме повеќе автопат... статистиката е смешна во најмала рака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 14:34
Вообичаено несериозен и плиток новинарски напис... Ништо ново.

Toilet



@ lsl

Не се води според GoogleEarth и другите слични мапери... Не само што ја немаат одбележано делницата Смоквица-ГР, туку не фигурира ниту делницата Неготинио-Д.Капија (и ти ги немаш одбележано овие во твојата мапа)

Исто така не гледам зошто Катланово-Велес не би требало да се рачуна како Автопат. Ако во Италија и во други земји таквите случаи се категоризираат како автопати, зошто би имало дилема за кај нас.







Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2008 at 14:42
Абе ти погрешно си ме разбрал. Јас се слагам дека треба да ги рачунаме како автопати, пошто реално се автопати. Ама тоа треба да му го објасниш на некој во Македонија пат или на новинариве. Инаку Смоквица-ГР и Велес-ДК се вметнати во ГЕ ама не се со помаранџеста него со жолта боја. Кога ќе се заврши целата делница од велес до граница тогаш ваљда ќе се обои. Точно е дека имаме повеќе автопат од 131. Тоа скицата е што уствари е пресметано во тие 131.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 14:44
Originally posted by lslcrew

Абе ти погрешно си ме разбрал. Јас се слагам дека треба да ги рачунаме како автопати, пошто реално се автопати. Ама тоа треба да му го објасниш на некој во Македонија пат или на новинариве. Инаку Смоквица-ГР и Велес-ДК се вметнати во ГЕ ама не се со помаранџеста него со жолта боја. Кога ќе се заврши целата делница од велес до граница тогаш ваљда ќе се обои. Точно е дека имаме повеќе автопат од 131. Тоа скицата е што уствари е пресметано во тие 131.


јас мислам дека не е сметано ништо туку е од ракав извадено. И не заборавај... 131.5 Crazy

@Кловер Катланово-Велес е дискутабилно поради радиусите на кривините во правецот кон Велес. Од други аспекти се си е на место


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 14:55
Originally posted by lslcrew

Инаку Смоквица-ГР и Велес-ДК се вметнати во ГЕ ама не се со помаранџеста него со жолта боја. Кога ќе се заврши целата делница од велес до граница тогаш ваљда ќе се обои.
А што им значи таа жолта боја демек? Плус тоа, недовршена делница е само Д.Капија-Смоквица и не гледам зошто таа би ги деградирала соседните Неготино-Д.Капија и Смоквица-ГР...


Originally posted by pbanks


@Кловер Катланово-Велес е дискутабилно поради радиусите на кривините во правецот кон Велес. Од други аспекти се си е на место
Радиусите на кривините на пример во добар дел од Милано->Џенова се уште полоши (иако генерално тој пат е во многу подобра состојба од нашиот), па сепак не сум видел ни една мапа ниту статистика каде статусот на таа делница како автопат е ставен под знак прашање.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:01


Абе пази, долги години додека автопатот ни беше само до Градско целиот коридор 10 низ РМ се водеше како автопат низ многу атласи па никоме ништо.

Генерално и јас ја сметам таа делница како автопатска но ако сме реални Катланово-Велес и Гостивар-Тетово е потребно да се надградат уште за нијанса за да бидат стварно автопатски делници како што треба


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:15
јас имам некои помалку суштински дилеми од оваа, дали по автопатот има безбедносни телефони и камери, како што нормално е случај по цела европа или дали имаме собраќајна полиција надлежна исклучиво за регионалните и магистралните патишта... незнам дали и каде има зелени појаси за премин на дивиот свет (дивите животни)...!?


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:21
Originally posted by beTon

јас имам некои помалку суштински дилеми од оваа, дали по автопатот има безбедносни телефони и камери, како што нормално е случај по цела европа или дали имаме собраќајна полиција надлежна исклучиво за регионалните и магистралните патишта... незнам дали и каде има зелени појаси за премин на дивиот свет (дивите животни)...!?


безбедносните аспекти се битни но не и круцијални за тоа дали некоја делница е автопатска или не... Кај нас не се запазени некои многу поелементарни безбедносни стандарди како што е континуирана заштитна ограда по цела должина која е изрешетана од локалното население. Значи секогаш посто опасност да се удри куче со 150 на саат или да се закачи продавач на лубеници и човек да се истумба итн.

Тунелите се неадекватно осветлени и немаат никаква вентилација (барем оној најдолгиот на Велес-Скопје треба да има).

Значи камери, телефони се мислена именка за сега.

Што се однесува до полицијата мислам дека си постои т.н. републичка полиција која е задолжена за контрола на автопатите/магистралите.

За премини за диви животни нема но во поголемиот дел до сега и немало потреба да има. Евентуално на потегот Катланово-Велес.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:22
btw баш размислував дека ОптоЕлектрониката кога ќе стане ефтина и достапна ќе биде одлична за Македонија за емитирање на холограмски сообраќајни знаци, табли итн. Барем нема да може да ги крадат Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:27
Тоа со таканаречените „зелени мостови“ (премини за животни) стално ме багирало. Очигледно дека на некои делници нема потреба поради тоа што не поминуваат низ „дивината“, а тие што поминуваат низ такви диви предели поради релјефот (мостови, тунели...) не ги сегментираат ареалите на животните баш комплетно. Но претпоставувам (чисто лаички) дека воопшто не би било на одмет да се подобри ситуацијата на ова поле и да се изградат 2-3 зелени мостови на веќе постоечките автопатски делници кај нас.


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:46
pbanks ај што велиш куче да излета, а крава или коњ, незнам во таков случај што е подобро да излеташ од пат или да удриш во кравата или во банкината, а за тунелите нормално е да се во мрак па за да сменат рефлектор им треба еден месец а за агрегат да опорават три, па вака малку и не тренираат за вондредни состојби.
додека она со телефоните мислам дека е приоритет, но како што рече подобро би било нешто по апстрактно да се примени како кај сигнализацијата, па на секоја патарина да даваат безбедносен мобилен телефон, нормално за повеќекратна употреба а тоа да го одбиваат од регистрација Laugh а за туристи и по два уште на граница да им дадат(наплатат) еден во случај на кражба а другиот во случај на несреќа после кражба LOL...
а за камери мислам дека има но камуфлирани се во рекламните паноа попат, додека за републичката полиција има нешто вистина дека постои но далеку се од она што би требало да е хајвеј патрол, па за собраќајка на автопат им треба два три сати за да пристигнат.
а зошто нема зелени појаси за премин на див жив свет, па континуирано не спремаат за поделба на Македонија веќе многу години, ова е нешто како предвесник или природна бариера т.е. бариера за природата !


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Aug-2008 at 15:18
ВИКЕНД ВОДИЧ - ВЕСТ ВИ ПОМАГА ДА ГИ ЛОЦИРАТЕ РАДАРИТЕ ПО ПАТИШТАТА
Како да заштедите 300 евра
Фреквентноста на возилата сега во летниот период е неколкукратно зголемена, особено на патиштата што водат до туристичките места во Македонија

Со новиот Закон за безбедност во сообраќајот, казната за брзо возење е 300 евра, или 150 евра ако се плати во рок од осум дена.
Фреквентноста на возилата сега во летниот период е неколкукратно зголемена, особено на патиштата што водат до туристичките места во Македонија. Поради тоа е зголемено и присуството на полицијата на патиштата и радарските контроли.
Во Македонија се познати 30-тина места каде задолжително стои полицијата и лови со радар, но во последниве два месеца такви полициски точки има речиси двојно повеќе, особено на места каде никогаш порано не стоела сообраќајна контрола.
Во пресрет на викендот, кога се очекува голем број туристи да тргнат кон Охрид и кон Дојран, сообраќајците ги подготвуваат радарите. За да ви помогнеме да спасите 300 евра, екипа на Вест помина по најфреквентните делници, и ги забележа местата каде полицијата чека да казни за брзо возење.

На патниот правец Скопје - Тетово:
- На излезот од Скопје кон Тетово, кај железниот мост пред Сарај. На тоа место е вистинска реткост да нема полиција
- Месност Ласкарци каде брзината е ограничена на 100 км/ч.
- Пред патот за Групчин каде е дозволено најмногу 100 км/ч. Ако има полиција кај Ласкарци тогаш нема кај Групчин и обратно
- Пред или после бензинската пумпа "Петрол компани"
- Пред патот за Желино
- Беловиште

На патниот правец Тетово - Гостивар радарска контрола има кај:
- Кај клучките Боговиње, Камењане
- Село Неготино
- Кај Врапчиште

Патен правец Гостивар - Кичево:
- На патниот правец Гостивар-Стража, пред свиокот за Маврово, кај каменоломите
- Кај Ново Село, полицијата стои скриена кај споменикот на НОБ
- Колари
- Пред Зајас
- На влезот во Кичево

Патен правец Кичево - Охрид:
- Село Извор
- Ботун
- Автобуската постојка за село Мешеишта
- Подмоље

Во овој период од годината радарските контроли се помалку застапени на патните правци во источниот дел на Македонија.
Радарски контроли на патиштата во истокот има:
- На патниот правец Скопје - Велес кај железничката станица Рајко Жинзифов, кај Башино село, кај Ветерско и кај клучката Катланово
- На патот Штип - Радовиш кај т.н. Осми километар, кај калдрмата.
- Кај подвозникот пред влезот/излезот од Кочани од правец на Делчево
- Кај клучката кај Виница, на патот Кочани - Делчево
- Пехчево - Берово, кај село Смојмирово

Во патниот правец Скопје - Табановце:
- ОКТА, кај приклучокот на автопатот
- Кај ОКТА (на враќање кај постојката)
- На крајот од автопатот кон Табановце

600 евра за 15 минути

Автопатот Скопје - Гостивар е под 24-часовен радарски надзор. Првата радарска контрола после патарината кај селото Глумово е кај месноста Ласкарци. Таму брзината е ограничена на 100 км/ч. За 15 минути колкушто вчера бевме со сообраќајците кај Ласкарци, двајца возачи возеа над дозволеното - едниот 155 км/ч, а другиот 157 км/ч. Ако овие возачи не ги платат казните во наредните дена тогаш сообраќајците на државата и донеле 600 евра за само 15 минути.
Казната за брзо возење е 300 евра, а ако се плати во рок од одум дена тогаш се преполовува на 150 евра. Казната се одредува според тоа колку е надмината дозволената брзина. Ако дозволената брзина е надмината за 10 - 30 км/ч тогаш казната е 20 евра. Ако ве фатат како возите со 30 до 50 км/ч побрзо од дозволеното казната е 45 евра, а ако возите 50 км/ч побрзо од дозволеното казната е 300 евра. За помалите казни возачот добива покана, а за казната од 300 евра добива уплатница со која треба во пошта или во банка да уплати 150 евра во рок од 8 дена и уплатницата да ја однесе во најблиската полициска станица. Ако не плати за осум дена, казната се удвојува на 300 евра.

На автопат смеат да запираат само полициски коли со сини коцки

Од пред извесно време на автопатите запираат и вршат радарска контрола посебно обележани полициски крајслери кои се обележани со сини коцки залепени на автомобилот. Тие се дел од автопатската сообраќајна единица на МВР. Според најновите правила на полицијата, само тие се задолжени за контрола и патролирање на автопатите и само тие можат да запрат возачи на автопат. Надвор од автопатите, во овој период кога фреквенцијата на возила е зголемена, на сообраќајните крајслери им помагаат и полицајци на скутери кои претежно патролират во руралните и урбаните средини.

Во јуни и јули по 16 сообраќајки дневно - 37 загинати

Во текот на јуни годинава имало 442 сообраќајки со потешки последици што е за 8,6% повеќе во однос на истиот период лани. Во јуни загинале 10 лица, а истиот месец лани загинале 18. За разлика од бројот на загинати кој е во опаѓање, бројот на повредени е зголемен. Во јуни 2008 имало 653 повредени, за разлика од јуни ланската година кога имало 503 повредени. Во јуни годинава се направени и девет незгоди во кои е причинета материјална штета во висина од 50 просечни македонски плати.
Во јули имало 579 сообраќајки, односно за 100 повеќе од јули ланската година. Минатиот месец загинале 19 лица, исто колку и лани истиот месец. Бројот на повредените во јули 2008 изнесува 791 лице. Минатиот месец се направени и 19 незгоди во кои е причинета материјална штета во висина од 50 просечни македонски плати.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155664&idg=8&idb=2450&rubrika=Makedonija


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2008 at 15:28


Кои идиоти, што све нема да направат за малку поголем тираж...


Инаку глупо ми звучи тоа дека на автопат смее да те запре само такво возило. Разбирам да има специјализирана служба за одредени категории на патишта, ама не гледам зошто надлежностите би биле до толку ексклузивни Question


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Aug-2008 at 15:37
За автопатите постои републичка полиција, барем како таква е позната, што не значи дека на друга полиција можеш и да не и застанеш.


А за новинарите тоа е трагично на што све се спремни. Ова е нешто како што за време војната се случуваше да кажат каде колку војска се упатила. Него ај не вреди во уста да ги ставам, толку години не се научија што значи професионализам.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2008 at 15:55
Originally posted by lslcrew

За автопатите постои републичка полиција, барем како таква е позната, што не значи дека на друга полиција можеш и да не и застанеш.


Во написот недвосмислено е кажано дека само „автопатската патрола“ то ест крајслерите со сини коцкучки можат да те запрат на автопат... Мада сепак можда е случај дека ова е само уште еден пример на неточно пренесена информација од нашите новинари, кои барем за тоа се вистински експерти...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Aug-2008 at 16:24
Ок кловер, јасно е кажано дека само републичката може да те сопре, но ова ми изгледа како дезинформација која може да донесе и недоразбирања меќу граѓаните и полицијата во иднина. Има некои луќе, ретки случаеви што ќе се направат паметни и нема да застанат ако нема плави коцкички на колата. Нормално ја ако видам полицаец да ми крене палка на автопат ќе застанам, без разлика дали имал коцки или не.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 02:24
МАПА НА ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ

по редолсед како на табелата


Незнам дали ја имаме карта опфатено тука, па ја постирам за секој случај. Просто ме зачудува дека толку патни правци имаме што се во изградба. само тука не се опфатени патот до манастирот во Крушево кој мислам и дека е веќе готов, а исто така не го видов патот маврово дебар на кој мислам дека се врши темелна санација и значително проширување на кривините. Инаку горе доле се сложувам и верувам дека картава е направена врз претходна студија и не е така паушално по желба на владата.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 02:28
Патот во Крушево го спомнав, мислев дека е регонален. ај ќе ве молам за објаснување?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 03:25
lsl, таа карта ја имам видено одамна што значи дека е прилично стара и е само доказ колку сме ажурни во реализацијата на „приоритетните проекти“


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2008 at 08:02
Има еден пат од клучкатра кај велешко до велес. Моментално од двете страни е изграден и останат е само еден дел кај што треба да биде мост. Зашто ова стои вака со години. Дали се планира нешто?! Да се заврши комплетно патот не останува уште многу. Столбовите се одамна поставени.





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 14:37
Не си го опфатил цел, има уште недовршени работи ако погледнеш поисточно. Тоа е патот Велес(Отовица)-Прилеп, патот преку Бабуна, кој почна да се гради во 90-ите и брзо се батали.

Зошто стои вака, не знам, треба да ги прашаш надлежните институции... За сите овие години можеа барем почнатиов дел да го довршат наместо да остават да пропаѓа. Мислам дека добро би им користел на Велес и други населени места во близина. Али еве, владата нели се сили со концесиите за автопати (меѓу кои е и Велес-Прилеп), па ај да видиме што ќе бидне... Јас мислам дека пак ќе останеме со кратки ракави, затоа што прашање е дали ќе има заинтересираност и за најатрактивните делници во пакетот, а камо ли за оваа што јас лично би ја ставил негде во средина по атрактивност.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 14:43
аааа сеа гледам друго, си ги стаил у ист пакет и М-5 (главниот пат) и некое локално патче Велес-Ез.Младост. Патот за кој јас пишав, после клучкара продолжува право, а не накај велес, тоа што си го одбележил накај велес е сосема друг пат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2008 at 16:24


Кловер може да те замолам за мапа од велес-отовица (делот што е кај велес да видам како и каде се спојува)

Ај провери се што напиша ме збуни со М-5 ваљда мислиш на М-1?! Што каде треба да продолжи накаде?!

Кловер те молам мапи, сликата е иљада зборови!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 16:34
Не мислам на М-1, добро кажав, М-5

Ќе ти објаснам со зборови, пошто мапа би била премногу од-зумирана и мислам вака дури и подобро ќе ме сватиш.

Првиот дел што си го одбележал (што се двои од автопатот) е дел од М-5. Приближно на половина од делот што си го одбележал, примети дека е почната да се гради клучка. Е тука ти си продужил да одбележуваш по локалниот пат, а М-5 би продужил у правец на југоисток. Погледни у тој правец преку Вардар, убаво се забележува уште еден почнат но недовршен сегмент (поголем) на М-5. Колку што памтам, овој другиов сегмент завршува со уште една недовршена клучка.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2008 at 16:50
Аха видов што е работата. А новиот пат што се планира да биде даден под концесија, треба да ја задржи истава траса?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 16:54
Originally posted by lslcrew

Аха видов што е работата. А новиот пат што се планира да биде даден под концесија, треба да ја задржи истава траса?!


Да, трасата е таа, стандардите се автопатски, со тоа што кога почнаа да го градат во 90-ите требаше да биде двосмерен, а понатака да се дуплира и да се направи автопат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Aug-2008 at 06:43
На потегот од неколку км пред куманово, до после куманово, до клучката со м2, на неполн километар има околу три проширувања на автопат кои ме иасоцираат дека во иднина тука треба да има клучки Дали може да ми каже некој за кои три патишта се работи?!

http://maps.google.com/maps?f=q&hl=en&geocode=&q=kumanovo&sll=37.0625,-95.677068&sspn=49.310476,79.101563&ie=UTF8&ll=42.119554,21.703792&spn=0.022728,0.038624&t=h&z=15 - http://maps.google.com/maps?f=q&hl=en&geocode=&q=kumanovo&sll=37.0625,-95.677068&sspn=49.310476,79.101563&ie=UTF8&ll=42.119554,21.703792&spn=0.022728,0.038624&t=h&z=15
http://maps.google.com/maps?f=q&hl=en&geocode=&q=kumanovo&sll=37.0625,-95.677068&sspn=49.310476,79.101563&ie=UTF8&ll=42.148451,21.715937&spn=0.022718,0.038624&t=h&z=15 - http://maps.google.com/maps?f=q&hl=en&geocode=&q=kumanovo&sll=37.0625,-95.677068&sspn=49.310476,79.101563&ie=UTF8&ll=42.148451,21.715937&spn=0.022718,0.038624&t=h&z=15


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Aug-2008 at 13:06
За првато проширување на форумов најдов дека е за автопатот према бугарија што сега ќе се гради со концесиите, а другиве две сеуште незнам?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2008 at 14:37
Не се проширувања туку најобични мали раздвојувања на трасите, затоа што автопатот е правен со надградба на стариот магистрален пат.

Инаку клучката за автопатот накај Бугарија треба да е некаде кај Романовце.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 16:56
Еве нешто повеќе и за заемот од светска банка за регионалните и локалните патишта.

Најдетален и најсвеж документ што го пронајдов е овој:

http://web.worldbank.org/external/projects/main?menuPK=51447259&pagePK=51351007&piPK=64675967&theSitePK=40941&menuPK=64187510&searchMenuPK=51351213&theSitePK=40941&entityID=000333037_20080423004615&searchMenuPK=51351213&theSitePK=40941 - http://web.worldbank.org/external/projects/main?menuPK=51447259&pagePK=51351007&piPK=64675967&theSitePK=40941&menuPK=64187510&searchMenuPK=51351213&theSitePK=40941&entityID=000333037_20080423004615&searchMenuPK=51351213&theSitePK=40941

Кој сака детални информации нека го прелиста. Јас како побитно би издвоил дека изборот на патиштата се прави по прецизна формула базирана на критериуми на светската банка. Некои делници на регионалните патишта се веќе избрани, а изборот на локалните патишта допрва ќе се прави со учество на општините.

Еве мапа на избраните делници на регионалните патишта:


Еве и листа на делниците кои биле земени во предвид со проценка за цаната:



Во документот има многу детални табели за сите овие патишта, со податоци за тоа на кој сегмент какви интервенции ќе се вршат и други интересни информации.

Инаку еве класификација на типот на интервенциите што се предвидени со овој проект:



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Aug-2008 at 17:13
Можеби требало патот од прилеп до кривогаштани да се продолжи до крушево. Имам неколку забелешки иако се насетува некоја објективност сепак мислам дека треба и човечкиот фактор да се вмеша малце па да изврши некои минимални корекции. Ми се свиѓа тоа што до Свети Николе сепак нема да се фрлаат пари за автопат него за добар магистрален пат. А исто така ме интересира какво сообраќајно решение ќе се изгради кај петровец?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 17:30
Originally posted by lslcrew

Можеби требало патот од прилеп до кривогаштани да се продолжи до крушево. А исто така ме интересира какво сообраќајно решение ќе се изгради кај петровец?!


Абе лсл дај не зезај...

За изборот на патиштата кажав дека е по формула на светска банка. За подетално, читај го документот. Во основа на таа формула е економската исплатливост, то ест колку и какви интервенции на некоја делница ќе дадат најголеми пропорционални придобивки во ефикасноста на сообраќајот. Патот од Кривогаштани до Крушево не се квалификувал и нема тука можеби, тоа е тоа. Фала богу што има контрола од светска банка, инаку не се сомневам дека владата паушално ќе ги спичкаше овие пари (тие што немаше да се украдат).

А кај Петровец нема да се гради никакво ново сообраќакно решение. Од сето досега наведено на оваа тема, јасно е дека се работи за интервенции на постоечки патишта, а не за градба на нови.
Најрадикалните зафати се опфатени во категоријата "Upgrade", но ни тие не се однесуваат на изградба на нови сообраќајни решенија од таков тип.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 17:34
Во меѓувреме си го едитирал постот, па да ти одговорам и на ова:

Originally posted by lslcrew

Ми се свиѓа тоа што до Свети Николе сепак нема да се фрлаат пари за автопат него за добар магистрален пат.
Си ги помешал лончињата, патот што е наведен е сосема друг пат, а не онаа главна траса што треба да оди на релација Миладиновци - Св.Николе.
И не ми е јасно како на Автопат Скопје - Штип (преку Миладиновци и Св. Николе) гледаш како фрлање пари, а навиваш за другите нереални и многу понепотребни делници што се најавуваат. Уште почудно затоа што тој автопат би се градел под концесија.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Aug-2008 at 17:38
Кловер јас длабоко се извинувам се збунив со магистрални, затоа и горе за свети николе реков магистрален. Crazy Нешто денеска не сум арен. За локални е ок! Нека се пресметуваат по формула. Јас мислев за магистрални се работи и некако ми дојде ненајавено. Crazy Си викам од кај сега излезе ова! Инаку за локални патчиња ок е, само некаколко малце патчиња ми се гледаат, а колку го збореа проектов.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2008 at 01:08

ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Звучни ѕидови ќе не' штитат од бучавата

На втората делница од обиколницата, кај Волково, Орман и Стопански Двор, се поставени заштитни звучни ѕидови

Фондот за регионални и магистрални патишта првпат во Македонија поставува заштитни звучни ѕидови на втората делница од северната обиколница околу Скопје. Звучниот ѕид ќе биде на потегот од Оризари до Сарај, во должина од 11,8 километри. Откако втората делница се пушти за сообраќај, на 24 јули годинава, скопската обиколница ќе стане дел од Коридорот 8 и ќе ја поврзува Македонија со Бугарија и со Албанија. Звучните ѕидови се од лексан и со алуминиумски профили и се во согласност со сите европски стандарди. Ѕидовите се поставени кај Волково, Орман и Стопански Двор.Со проектирањето на обиколницата се проектирани и самите заштитни ѕидови.Целта на нивното поставување е бучавата да се доведе до законски пропишаното ниво на дозволената граница, а тоа во случајов бучавата што ја предизвикуваат возилата да е 40 децибели - вели Катерина Пановска-Илиевска, портпарол во Фондот за магистрални и регионални патишта.

Ѕидовите се поставени на дел од обиколницата, кој е сообраќајно пофреквентен и минува низ населени места. Инвеститор на проектот за обиколницата, автопат со четири ленти, во вкупна должина од 25 километри, со широчина од 27,5 метри, е Фондот за регионални и за магистрални патишта, а парите ги обезбеди Инвестициската банка за обнова и развој, која и' додели кредит на Македонија со грејс-период од седум, а рок за враќање од 18 години. Вредноста на целата обиколница е околу 135 милиони евра.Обиколницата, која се состои од две делници, почнува кај клучката Хиподром, од каде што се разгранува од автопатот Велес - Скопје, а нејзината северна делница завршува кај Оризари.

Според новиот закон за заштита од бучава во животната средина, донесен во јуни минатата година, како посебени извори на бучава се посочуваат: патниот сообраќај, односно моторни возила што имаат најмалку четири тркала и максимална брзина од над 25 километри на час, железничкиот сообраќај, односно железнички систем, превоз и инфраструктура; авиони со максимална маса на полетување од 34.000 килограми или повеќе со максимален внатрешен сместувачки капацитет од над 19 патнички седишта, исклучувајќи ги седиштата за екипажот, и водниот сообраќај, односно пловни објекти во внатрешните води. Со донесување на повеќето подзаконски акти со новиот закон за заштита од бучавата, ќе се допрецизираат дозволените граници на бучавата.Директорот на Државниот инспекторат при Министерството за животна средина и просторно планирање, Орхидеја Нечева-Петровска, вели дека новиот правилник според кој попрецизно ќе се одреди висината на дозволената бучева е во изработка во Министерството за здравство, како примарен проблем за здравјето на луѓето.

- Наскоро, овој правилник ќе се најде на усвојување пред Собранието и тој поконкретно ќе го регулира ова прашање. Досега, државата немаше никаков мониторинг над овој вид на бучава. Според новиот Правилник, ќе треба да се постават апарати што ќе ја мерат бучавата. Досега сме интервенирале по барање на граѓани, во близина на индустриски капацитети, а најмногу имало поплаки од граѓани за бучава што ја предизвикува музиката на локалите, каде што дозволената граница е 90 децибели - истакна Петровска.

Таа објасни дека ако бучавата е над дозволената граница, тие изрекуваат прекршочни санкции, а ако и не се почитува тоа, имаат и случаи на затворање локали, како што тоа се случи лани во Дојран, каде што беа затворени два локала. Со донесување на повеќето подзаконските акти во новиот закон за заштита од бучавата ќе се допрецизираат дозволените граници на бучавата.

- Рокот за донесувањето на овие подзаконски акти е три години од донесувањето на Законот. Тие треба да бидат подготвени од Министерот за животна средина и просторно планирање - истакна Лилјана Ончевска-Наџинска, раководител на Одделението за квалитет на амбиентниот воздух, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење. Дотогаш, во однос на границите на дозволената бучава се применува старата Одлука за утврдување во кои случаи и под кои услови се смета дека е нарушен мирот на граѓаните од штетна бучава, од октомври 2003 година. Според неа, максимално дозволеното еквивалентно ниво на бучава за станбени и деловни згради е 40 децибели во текот на денот, во период од. 6 до 22 часот и 35 во текот на ноќта, во период од 22 до 6 часот. За школски и високообразовни објекти е до 40 децибели преку ден и исто толку ноќно време. За болници и лечилишта - до 35 децибели во текот на денот и 30 во текот на ноќта. Наџинска вели дека со овој Закон конечно е направена дистинкција на надлежностите меѓу Градот, општините и Министерството за животна средина и просторно планирање.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2589210AEE080543BE97E4E2DCE6A8F7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 23:15
Ај да си ги пробаме мостовите!
СЕ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ ТРАНСПОРТ НА ОПРЕМА

Досега најтежок тест за мостовите и патиштата

Три камиони-влекачи натоварени со гасна турбина тешка повеќе од 600 тони ќе патуваат десетина дена од Дојран до Скопје


Извршена е целосна анализа на сите мостови и зајакнати се критичните места

Македонските патишта и мостови, но и надлежните за патен сообраќај, наскоро ќе бидат ставени на досега најтешкиот тест. Три камиони-влекачи натоварени со над 600 тони опрема во почетокот на октомври десетина дена ќе патуваат од Дојран до Скопје. Станува збор за транспорт на гасна турбина за потребите на топланата Скопје-Север. Поради екстремните димензии на возилата, патиштата ќе бидат етапно затворани, а сообраќајот ќе биде регулиран со специјален режим. Најголемиот транспорт досега ќе почне од граничниот премин Дојран и преку Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Велес треба да стигне во централата на Топлификација во близина на „Континентал“ во Скопје.

 Првиот транспортер ќе носи генератор долг 44,5 метри, широк 3,86, висок 5,27 метри и тежок 270 тони; вториот ќе превезува ротор со сечило во должина од 40,8 метри, широк 4,30, висок 4,40 метри и тежок 170 тони, а третиот ќе носи термал-блок долг 32,5 метри, широк 5,40, висок 4,20 метри, а ќе тежи 179 тони.Специјалниот транспорт го организира фирмата „Анадолија логистик“ од Турција, која треба да ја плати и штетата што ќе се направи на патиштата. Компанијата „Гама“ направила студија за контрола на мостовите, а документацијата за специјалниот транспорт ја изработиле професори од Градежниот факултет во Скопје.

- Извршена е целосна анализа на сите мостови, зајакнати се на критичните места, а можно е на помалите, тие до 12 метри должина, да биде поставена специјална конструкција по која ќе помине транспортерот без да го допре мостот. На неколку моста ќе направиме бајпас, односно возилата ќе се движат по помошен пат. Камионите ќе влезат во тунелот кај Катланово, но тој е доволно и висок и широк. Автопатот е широк 11 метри, а камионите ќе зафатат седум - објаснува Благоја Тезовски, одговорен инженер во Фондот за патишта. Товарот од Турција со брод пристигна во пристаништето во Солун. Се очекува македонските власти да се договорат со грчката полиција за транспортот на товарот од солунското пристаниште до граничниот премин Дојран. Патувањето ќе се одвива само дење и по нормална видливост, ќе се провери техничката исправност на транспортерите, кои ќе бидат посебно обележани. Ќе возат со 10 километри на час, а полицијата ќе ги блокира сите споредни патишта. Командирите на полициските станици за безбеднсот на патниот сообраќај на Скопје, Велес, Штип и на Струмица ќе бидат одговорни и директно вклучени во организацијата на транспортот. Поради екстремната тежина на камионите, деновиве треба да се одредат и места за нивно паркирање.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F6E46740FFE6FC41ACB1DBCE9BA6F13C



Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2008 at 10:27

Камен-темелник на автопат Куманово-Табановце


Од Куманово до граничниот премин Табановце за 1,5 година ќе се вози по автопат. Камен-темелникот на новото автопатско решение, со должина од 7,6 километри, беше ставен во саботата и него ќе го гради австриска фирма. Парите за делницата во висина од 720 милиони денари се обезбедени од буџетски средства и од заем на Светската банка.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска оценија дека со изградбата на делницата се очекува да се подобри протокот на возила и да придонесе за економски развој.
- Со ова продолжува реализацијата на програмата на Владата за изградба на Коридорите 8 и 10, како и на други приоритетни патни правци за подобрување на комуникацијата не само на домашниот, туку и на меѓународниот транспорт - рече Валкановска.

Министерот Јанакиески најави распишување тендери за изградба на регионални и локални патишта.
- Министерството за транспорт и врски не запира овде. За таа намена ќе се употребат 60 милиони евра од Светска банка - истакна Јанакиески.
Тој информира дека добиле одобрување од грчката влада за користење на европските средства со што ќе се овозможи реализирање на проектот за изградба на Коридорот 10 во целина, вклучувајќи ја и изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица на ниво на автопат.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3BF50674BA6EBE4F947B237CD85D5246


Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:40
Super e ova, i demir kapija-smokvica ke se gradi ali ako go izdavat na nekoja stranska firma ke se plaka visoki ceni za patarini. Bolje neka ostane ova so vladata i da se napravi fiksna cena zatoa sto sekoj investitor ke gleda samo pari da pravi.

Znaci Koridor 10 ke bide sever-jug a Koridor 8 ke bide istok zapad?? Mislam deka Koridor 8 ke bide mnogu biten zatoa so Bugarija se uste prugi nemame napraveno a od Bugarija ke se uvezuva plinot odnosno gasovod od tamu ke se pravi taka da toa ke bide mnogu bitno a isto taka i ako treba tamu ke gradat nuklearna centrala pa ke mozhe i od tamu da se zema energija.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 00:04

ТЕНДЕР ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ПАТ


Манастирот на Тоше "Св. Преображение" ќе се поврзе со крстот


Министерството за транспорт и врски, денеска треба да го објави тендер за изведување на градежните работи за изградба на патот кој што ќе го поврзува манастирот "Св. Преображение" во Крушево со локацијата на која ќе биде изграден крстот. Како што информираат од Министерството, патот треба да биде долг околу 823 метри, широк 3,5 метри и со банкини од 50 метри. Финасирањето на патот е во надлежност на Владата.

Овие активности се насочени за реализација на иницијативата што ја имаше Тоше Проески, а кои сега се посветени на зачувување на неговиот лик и дело. Со тоа ќе се оствари неговиот сон, манастирот "Св. Преображение" да стане место кое ќе биде посетено од многу граѓани од земјава и регионов. Инаку, од 23 август, годинава во употреба е локалниот пат, кој го поврзува Крушево со манастирот "Св. Преображение".

http://vecer.com.mk/?ItemID=3B11C4B1582AE64D8C86A63B3BD18E8D



Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 11:12
Ќе се гради магистрала за поврзување на Македонија, Србија и Бугарија

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/41452/balkan.jpg">

Европската инвестициска банка и Светската банка ќе финансираат изградба на европски коридор, магистрала, која ќе ги поврзува Централна и Источна Европа, објави “СЕ Јуроп“, повикувајќи се на извор во српската влада.

Европската инвестициска банка ќе одобри кредит од 540 милиони евра за изградба на два дела од коридорот 10, кои ќе ги поврзат Македонија, јужна Србија и Бугарија. Детаљите за финансирање на проектот ќе бидат разгледани на средба во Белград во ноември, годинава. Светската банка пак, за овој проект, ќе даде 285 милиони евра“, се вели во информацијата.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41452&kategorija=2

Веројатно се мисли за и коридорот 10 и коридорот 8 заедно!

А пак за кој проект ќе бидат тие 285 милиони.

Текстов е малце конфузен, но го постирав тука пошто се спомнаа некои цифри и затоа!



Posted By: vardar
Date Posted: 06-Oct-2008 at 12:03
Originally posted by lslcrew

Веројатно се мисли за и коридорот 10 и коридорот 8 заедно!

А пак за кој проект ќе бидат тие 285 милиони.

Текстов е малце конфузен, но го постирав тука пошто се спомнаа некои цифри и затоа!

 
 
Не сум сигурен али мислам дека ова само за србите се однесува, конкретно за делниците ниш-мк и ниш-бг (не и за К8 меѓу мк-бг) Како што викаш ич не е јасно напишано али ја како што го разбрав ЕИБ ке даде 540 а светска банка 285милиони за истиот проект Dunno 


Posted By: Plugger
Date Posted: 06-Oct-2008 at 23:55
Islcrew, 25 miljoni evra za Demir Kapija-Smokvica pa kako sto razbrav jas ovoj proekt ke koshta preku 100 miljoni evra posto ke mora da se kopa i nov pat da se pravi. Ovie pari sto gi baraat se kako Kredit ili kako donacija za evropski proekti? I da bide kako donacija pak tie pari se malku, ke treba mnogu poveke.



Print Page | Close Window