Print Page | Close Window

Пошумување

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=221
Printed Date: 25-Apr-2024 at 13:02


Topic: Пошумување
Posted By: skywings
Subject: Пошумување
Date Posted: 05-Mar-2008 at 21:16

12 март кога треба да се засадат 2 милиони дрвциња, владата го прогласи за неработен ден! БРАВО и за едното и за другото Laugh

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/425566/index.html - http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/425566/index.html



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:22
Originally posted by skywings

12 март кога треба да се засадат 2 милиони дрвциња, владата го прогласи за неработен ден! БРАВО и за едното и за другото Laugh

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/425566/index.html - http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/425566/index.html


Banana ова ми дојде како мелем на душа, малку да ми ја смири фрустрацијата дека 90% празници оваа година паѓаат во сабота или во недела Wallbash

А акцијата е Thumbs%20Up. Под услов да биде успешна нормално а не уште една популистичка прикаска за широките народни маси.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:26
Ептен добра вест. Се надевам  дека све најдобро ќе помине  


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:46
Originally posted by pbanks



Banana ова ми дојде како мелем на душа, малку да ми ја смири фрустрацијата дека 90% празници оваа година паѓаат во сабота или во недела Wallbash




Го примети ова?

овој ден ќе биде одработен следната сабота, односно на 15 март
Big%20smile


Во секој случај 5-ка за акцијата! Само да не биде ради реда, туку навистина да има резултати Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 23:15


аааааааааааааааааааааааааааааааааааааа нееееееееее WallbashWallbashWallbashWallbashWallbashWallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 23:20
Абе ја се сумњам во акцијата. Рачунајте дека за името имаше 35000 луѓе на протест, а оваква акција сигурно дека нема да пројде со повеќе од ова. Максимум 5000 луќе да има што ќе садат дрва. Треба секој што ќе биде тамо да засади по 400 дрва, што е невозможно. Мислам дека акцијава е еден од полесните начини да се испере ќеш. Никој нема да ги брои дрвата. Нејќам да мислам вака кога знам кој е организатор, ама можеби некоја трета личност стои позади ова.


Posted By: skywings
Date Posted: 06-Mar-2008 at 03:25

Владата не е организатор, беше посочена само како партнер и затоа ептен буљашки е што се наметнаа како "најзаслужни" за акцијата....најмалку фер е што се фалат со акцијата и ја присвоија како своја употребувајќи рекламната кампања (ништо ново!!!!!!!!!) по телевизиите и печатотBash

многу подло од страна на Грујо
 

Владата ја присвои граѓанската иницијатива за пошумување на Македонија

Идејата за пошумување на Македонија останува граѓанска, велат од Иницијативниот одбор

Сања Наумовска

Иницијативата за пошумување на Македонија, што ја поведоа повеќе наши музички и спортски познати личности, се претвори во кампања на Владата. „Денот на дрвото“ - 12 март е прогласен за неработен ден, а деновиве во медиумите течат и огласи со кои Владата ги повикува граѓаните масовно да излезат и да засадат дрво. Досега, се вели во огласот, Владата засадила 3,5 милиони дрвја, а на 12 март ќе се засадат уште 2 милиона.

Иако во почетокот претставена како партнер во акцијата кој ќе ги обезбеди садниците, Владата деновиве активно се рекламира во медиумите како носител на кампањата, а изменет е и почетниот слоган на акцијата со ново мото „Засади ја својата иднина“. „Проектот го финансираат Владата и ’Македонски шуми‘, а свој придонес ќе дадат и голем број општини, невладини организации и други институции“, се вели во огласот.

Иако е нагласено дека станува збор за непартиска акција, која не треба да се злоупотребува во партиско-политички цели, Владата во огласот воопшто не го споменува Иницијативниот одбор, од каде што потекнува целата идеја.

На владиниот оглас реагира Граѓанската иницијатива за пошумување на Македонија, која пред неколку месеци и ја започна реализацијата на идејата за засадување садници на локации што настрадаа во минатогодишните пожари. Иницијаторите велат дека мора јасно да се потенцира дека се работи за граѓанска акција, во која партнери се Владата, општините, училиштата, фирми и други институции. Тие барале да се смени текстот на огласот, што начелно било прифатено, иако вчера во поголемиот број од весниците, повторно под државниот грб и под логото на Владата, се појави истиот текст. Измени има само во огласот објавен во „Дневник“, со образложение дека корекцијата во другите печатени медиуми и на телевизиските спотови не била технички можна моментално. Во огласот се потенцира дека Владата, во соработка со невладини организации, планира на 12 март да се засадат толку садници колку што Македонија има жители.

„Иницијативата за пошумување на Македонија останува граѓанска, а сите останати институции што се вклучени партнерски го даваат својот придонес. Владата обезбедува садници и дел од логистиката, општините го организираат превозот, медиумите и фирми помогнаа во запознавањето на јавноста со акцијата. Фер партнерски односи треба да се негуваат меѓу сите вклучени субјекти и поради тоа и реагиравме на текстот на огласот, за кој добивме уверување дека ќе биде навремено коригиран“, вели еден од иницијаторите, маестро Борис Трајанов.

Образложението за грешката во огласот на Владата, според Трајанов, е недоволната информираност на тимот што го составувал, иако признава дека пред извесно време и владиниот портпарол Ивица Боцевски го нарече пошумувањето владина акција, што го доведе во прашање и самото реализирање на идејата. Тој вели дека секој што е партнер во акцијата може да се рекламира и да ги повикува граѓаните да учествуваат, но заради добрите партнерски односи треба да се спомнат сите учесници.

Во граѓанската акција за пошумување на Македонија, од почетокот, покрај Трајанов, вклучени се и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. Тие на 12 март ќе бидат носители на активностите на 57 локации во 30 општини низ државата каде што ќе се засадат 2 милиона садници.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=25E22092EA1B3B4489E683265C4E4276 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=25E22092EA1B3B4489E683265C4E4276


Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 20:38
Само да се садат дрва... гајле ми е кој е организатор и кој се жали за тоа! 


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Mar-2008 at 19:07
Засадив дрво, засадив иднина  Cheers



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 13-Mar-2008 at 00:17
Bravo!Smile



Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 05:01
Ајде се надевам барем 70% од дрвцата ќе успеат.. и од нив барем 70% да не бидат украдени! Многу труд беше вложен во засадувањето на иднината, ваљда не сме до толку и ова да го усереме

Секојдневни контроли на засадените дрвца

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=49&VestID=90887 - Емилија Јовановска  
18.03.2008 17:42

Секојдневно се прават контроли на локациите каде минатата недела се одвиваше акцијата „Денови на дрвото-Засади ја својата иднина“.

За неколку дена ќе се знае точно колку од предвиденото е пошумено и дали е пошумено онака како што треба.

На терен се и инспекторите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од шумарските служби на ЈП „Македонски шуми“.

Велат дека на ниту една локација не е забележана кражба на дрвцата. Напротив, месното население прави контроли и ги чува пошумените локации од евентуални кражби.

Иако, конечните резултатите ќе бидат готови кон крајот на неделата, проценките се дека голем дел од засадените дрвца ќе пуштат корен.

„Ќе чекаме Господ да ни помогне да заврне, каде можеме, каде што има вода и сами ние како „Македонски шуми“ ќе наводнуваме, инаку дупките беа ископани, нашите стручни луѓе беа на терен и им покажуваа на луѓето како се пошумуваат и мислам дека ќе успеат 80% до 90% од пошумените садници“, рече Марјанчо Колевски, ЈП „Македонски шуми“.

Ефектите од дрвцата кои ги садеа граѓаните ќе се почувствуваат дури после 50-ина години. Благодети од багремот ќе има по 30 години, а од борот и елката после 60.

Во масовната акција „Ден на дрвото-Засадија својата иднина“ која се одржа мината недела, учествуваа околу 150.000 граѓани, на територија од 1.031 хектар беа засадени над два милиони садници, односно онолку колку што има жители во Македонија.

Според плановите на „Македонски шуми“, годинава ќе се пошумат рекордни 3.850 хектари, а предвидено е да се подготват за пошумување и 1.000 хектари, територии кои летото беа зафатени од големите пожари.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90887



Posted By: dejan
Date Posted: 23-Mar-2008 at 06:47
Македонија испушти можност

До дека ја читав оваа http://www.balkanalysis.com/2008/03/15/in-difficult-times-macedonia-plants-two-million-trees/ - страница и кога го прочитав ова "Alas, if mass tree planting in the Macedonian spirit does not catch on abroad, it may not be for lack of good will. Despite all their great efforts in preparing for this unprecedented event, it seems the media helpers of the organizers and government did not give media outlets abroad the necessary advance warning. And so, while the Macedonian media was out in force, relatively few foreign journalists knew to show up." Гледам дека навистина Македонија, и Македонскиот народ испушти можност за да му се покаже на светот дека во оваа мала земја (која во меѓу време има многу проблеми) се случува нешто што треба да го зафати целиот свет. Новинарот Кристофер Делисо ми даде мисла со тоа што рече, дека новинарите во Македонија и државата не го објавиле овој настан како што требаа низ светот; и тоа што сакам да кажам е дека Ден на Дрвото може(ше) да настане во нешто многу по големо и да ја стави Македонија на светската карта меѓу тие земји кој се грижат за светот, пошто нели тоа е главен топик по светов во овој век, затоплување на земјата, рушење на шуми...се тоа што ние луѓе го правиме.

И за тоа викам дека Македонија испушти можност за да се покаже на светот, да си ја 'обнови' или подобри својата слика, и по тоа би се следело слични светски (до некаде) теми што се вртат окулу нас, на пример ова со името, каде би можеле да добиеме повеќе подршка од други земји, организации...пошто ќе не видат како мала земја која си го бара својето право на идентитет и не треба да биде само за тоа, пошто веројатно ќе се појават други проблеми за Македонија од страна на соседите и ако веќе сме изградиле добра слика за Македонија, верувам би имале повеќе подршка пошто би се покажале како мала земја со големо срце која сака да продолжува напред а не некој да и го пречи тој пат.

Ме разбирате ли што сакам да кажам? Не е само тој артикл што ме доведе до оваа идеа. Ја видов оваа http://www.earthhour.org/about - снимка за како настанало 'Earth Hour' и сега се шири таа идеа низ светот, Австралија ќе биде позната по тоа дека таму почна 'Earth Hour' и уште повеќе ќе биде позната Австралија како земја која сака да прави добро, и по тоа е позната (не ја вклучувам Австралската држава пошто таа има многу нагазено), исто луѓето, стално слушам како Австралците се многу сакани низ светот. Мислам дека ние Македонци сме до некаде слични, ретко сум слушнал лоша приказна за нас (се разбира, не ги вклучувам нашите соседи). Нели го гледаме тоа по тие интернет страници или списанија за туризам, стално не опишуваат како добри луѓе...кој беше тој човек од Yahoo или каде беше, само добро збореше за нас.

Можеби Македонија испушти можност за 'светско светло' оваа година, но мислам дека може да го стори тоа за следната година кога ќе дојде Ден на Дрвото, каде може да се спреми за светот да ја виде и да се зашири тоа по други земји, пошто рушењето на шумите е голем проблем исто. Само мислам дека ова може многу да и помогне на Македонија, за да и го зајакне местото не само на Балкан ама Европа и светот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2008 at 09:17
Да тоа би бил добар публицитет и прикажување во добро светло


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Mar-2008 at 12:47
Ова може кај зеленило. Не мора нова тема.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2008 at 13:55
Па штознам, темата „зеленило“ во урбани прашања е отворена за урбаното зеленило, не за шуми и пошумување.


Posted By: dejan
Date Posted: 23-Mar-2008 at 15:04
Не сакав да зборам за зеленило, општo за Македонија и Ден на Дрвото.


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Mar-2008 at 17:56
Можеби уште не е касно... 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 23-Mar-2008 at 19:09
Абе што знам..тоа све зависи каква вести имало во тој ден. Пример ако имало бомбаш самоубиец кој убил 4 американски војници тој ден, денот на дрвото во МКД ќе беше меѓу неважните вести, и толку, отиде возот..
а ако беше спор ден со вестите можеби ќе не имаше едно 20-40 секунди. Вестите на запад така идат - многу не се секираат за странски земји. Попрвин даваат за локалната мачка што се заглавила у дрво отколку за 10 души да умрат у афганистан од бомба. Тоа ти е..


Posted By: dejan
Date Posted: 24-Mar-2008 at 00:06
Originally posted by ProMKD

Абе што знам..тоа све зависи каква вести имало во тој ден. Пример ако имало бомбаш самоубиец кој убил 4 американски војници тој ден, денот на дрвото во МКД ќе беше меѓу неважните вести, и толку, отиде возот..
а ако беше спор ден со вестите можеби ќе не имаше едно 20-40 секунди. Вестите на запад така идат - многу не се секираат за странски земји. Попрвин даваат за локалната мачка што се заглавила у дрво отколку за 10 души да умрат у афганистан од бомба. Тоа ти е..

Баш така е, за тоа не ги ни гледам Австралските вести:\
Значи изгледа треба да се најдеме во добро време каде не се случува нешто посебно...сепак имаме луѓе по светот кој имат свој врски, ене Борис Трајанов, Симон Трпчески, Срѓан Керим...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2008 at 01:11
Абе има голема разлика меѓу амерички си ен ен, и интернационалниот си ен ен на пример. На интернационалниот за нешто вакво би можеле да дудлаат и поопширно.


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Mar-2008 at 17:10
Има одделен дел од вестите за вакви слични вести - нешто како „занимливости“ ќе му дојде. Исто беше кога на CNN ја најавија Македонија како прва WiFi земја во светот - тоа е нешто бе луѓе Thumbs%20Up

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2008 at 17:23
Има и „еко репорт“ Big%20smile


Posted By: dejan
Date Posted: 24-Mar-2008 at 23:07
Originally posted by La Linea

Има одделен дел од вестите за вакви слични вести - нешто како „занимливости“ ќе му дојде. Исто беше кога на CNN ја најавија Македонија како прва WiFi земја во светот - тоа е нешто бе луѓе Thumbs%20Up

И тоа, после не гледат луѓето во друго светло...нели Македонската влада го користеше тоа дека Македонија е прво WiFi земја во светот?? Добро е


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:21
Do koga....  Ohno  Bash 
 

ПОШУМЕНИТЕ ПОВРШИНИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СТАНАА ГОЛИ ЛЕДИНИ 

Дрвцата ги снема пред да пркнат

Од пошумените десет хектари во Горна Матка се останати одвај дваесетина садници,но и тие брзо ќе бидат докусурени од кравите што вчера се гоштеваа на овој терен

Наместо дрвца што почнале да развиваат листови, во месноста Горна Матка кај Скопје, која беше пошумена пред нецел месец, вчера затекнавме триесетина крави како пасат на голиот терен. Од сопственикот на кравите ни глас, а од садниците ни трага. На десет хектари, колку што лани изгоре шума од оваа месност, годинава организирано беа посадени дрвца заради нејзино обновување. Сега се останати одвај дваесетина садници, од кои повеќето се зимзелени дрвца. Трагите низ браздите покажуваат дека дел од дрвцата се откопани со лопати, но поголем дел од нив изеле говедата на жителите на околните села. На само еден километар од пошумената површина е викенд-населбата Горна Матка, но таа е практично мртва во текот на неделата. Најблиското село е оддалечено неколку километри. Но, никој од селаните не сака да каже чии се говедата што пасат во пошумениот дел и кој ги краде садниците.По кривулестиот пат, кој води кон ловиштето „Јасен“, не сретнавме ниту еден автомобил, а за еден час, колку што се задржавме на пасиштето, не дојде ниту еден човек. Во меѓувреме, говедата, од кои повеќето беа без ушни маркички, ги докусурија и преостанатите садници.

КОНТРОЛИТЕ ТРААТ

Во Министерството за земјоделство немаат сознанија колку е успешна акцијата со пошумувањето зашто контролите се' уште не биле завршени. Увид на теренот вршеле Јавното претпријатие „Македонски шуми“, кое ја организира акцијата, и Шумската полиција.Се вршат контроли според случаен избор на површините. Не знаеме колку од садниците се зафатени зашто луѓето се' уште се на терен. Ако се утврди дека дел од површините оштетило месното население, ќе следуваат кривични постапки. Ако на самото место се најдат говеда, врз основа на ушните маркички ќе се утврди сопственикот и против него ќе се поднесе кривична пријава - изјавија во Министерството. Оттаму тврдат дека нивни луѓе последен пат биле во Горна Матка пред една недела и тогаш сите засадени дрвца биле на број. Целата засадена површина не може да се исконтролира бидејќи тоа би траело со месеци. Се прават контроли по случаен избор и се утврдува вистинската состојба - велат во ресорот.

НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ГЛЕДААТ ПРОБЛЕМ

Во„Македонски шуми“објаснуваат дека според нивните информации, засега нема големи проблеми. - Ако се откријат крави што пасат во пошумено подрачје, сопствениците на говедата ќе ги утврдиме многу лесно, по што ќе следува судска постапка и штетата ќе се наплати - изјави Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие. На Денот на дрвото, на 12 март, во земјава беа посадени 2.056.000 дрвца, колку што има жители во државава. Во масовната акција беа вклучени голем број граѓани. Акцијата ја поддржаа Владата, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, ЕУ и голем број други институции и организации. Целта беше да се обнови и да се збогати шумскиот фонд, кој лани беше погоден од голем број пожари. Според планот, акцијата треба да се повторува на секои 10 години. Според податоците од Министерството за земјоделство, Владата за набавка на садниците и за подготовка на почвата потрошила 73 милиони денари (1,2 милион евра).Парите се обезбедени од буџетот на Министерството, од Програмата за проширена репродукција на шумите. Садниците беа платени по просечна цена од 15 денари за едно дрвце. Од нив, 500.000 беа набавени преку јавен оглас, а остатокот од „Македонски шуми“ - соопштија од Министерството.

Валентина Ангеловска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=460E721058873044BAB8AF95B9E496C6 - Dnevnik
 


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:39
LOL  Si vikam kaj mi otide postot.....a shto e potragichno 5 minuti barav soodvetna nishka Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:40
ПОШУМЕНИТЕ ПОВРШИНИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СТАНАА ГОЛИ ЛЕДИНИ


Bash Bash Bash

Плус тоа паѓа во вода оптимизмот од текстот во пост #3

Да се надеваме дека е редок изолиран пример...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:42
Ах бре државо, абе до кога?! Абе незнам дали да плачам, дали да се смеам! Абе бољи да ги украдеа, барем ќе растеа некаде, вака....!


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Apr-2008 at 17:19
Ohno






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 06:14
Сагата продолжува..........во денешната емисија од "голо брдо" ..........  Crazy  
 
 

ПОШУМУВАЊЕто ИСКОРИСТЕНО ЗА ПРИВАТЕН БИЗНИС

Украдените дрвца завршија на Автопазарот

„Македонски шуми“ ќе ги проверува куќите во месноста Горна Матка за да се открие кој ги откопал дрвцата од пошумените површини

Поголем дел од дрвцата што се искорнати од пошумените региони во околината на Скопје во неделата се продавале на Автопазарот, велат граѓани на кои им биле нудени садниците. Многу поголема била понудата на зимзелени дрвца отколку на листопадни бидејќи, според продавачите, тие полесно се продавале. Цената на една садница била од 20 до 40 денари во зависност од големината на дрвцето. Ова е речиси двојно повисока цена од таа што ја пријави Владата при набавката на расадниот материјал. Во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ велат дека нивните екипи се на терен и дека против сите лица за кои ќе се утврди дека учествувале во кражбата ќе се поведат кривични постапки. По завчерашната контрола е утврдено дека дрвцата не се оштетени од животни, односно не се испасени, туку луѓе ги ископале со лопати. Сега ќе се контролираат сите околни куќи за да се види каде завршиле садниците - изјави Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие. Тој истакна дека на суд ќе одат и сопствениците на говедата што пасат во пошумените подрачја, а кои ќе бидат утврдени врз основа на ушните маркички на животните. Од сточарите ќе се бара да ја платат направената штета. Во „Македонски шуми“ велат дека пребројувањето на садниците се' уште трае, но според нивните информации, засега немало поголеми проблеми.

НОВО ПОШУМУВАЊЕ

Во Министерството за земјоделство објаснуваат дека целата површина што беше пошумена пред неполн месец не може да се исконтролира бидејќи постапката ќе трае со месеци. Сега се прават контроли според случаен избор.Рано е да се види колку е успешна акцијата зашто контролите не се завршени. Се контролираат само 10 отсто од површините. Не знаеме колку од садниците се зафатени бидејќи луѓето се' уште се на терен. Ако се утврди дека дел од површините се оштетени од месното население, ќе следуваат кривични постапки - велат во Министерството.За утре и задутре оттаму најавија акција за пресадување на површините што се соголени од крадците и од животните.На Денот на дрвото, 12 март, во земјава беа посадени 2.056.000 дрвца, колку што има жители во државава. Во оваа масовна акција беа вклучени голем број граѓани. Целта беше да се обнови и да се збогати шумскиот фонд, кој лани беше погоден од голем број пожари. Но, нашата завчерашна посета на месноста Горна Матка кај Скопје покажа дека на десетината хектари пошумена површина сега се останати одвај дваесетина дрвца, кои деновиве ќе бидат докусурени од кравите што пасат на голиот терен. Трагите низ браздите покажуваат дека дел од дрвцата се откопани со лопати, а дел се изедени од говедата.

СЕ ЧЕКААТ ПАРИ ЗА ДРВЦАТА

Парите за набавка на садниците се' уште не се префрлени од државниот буџет на сметката на „Македонски шуми“. Според податоците од Министерството за земјоделство, за садниците и за подготовка на почвата потрошени се 73 милиони денари (1,2 милион евра). Според нашите информации, Јавното претпријатие на една од последните владини седници побарало целиот трошок за акцијата „Засади ја својата иднина“ да се покрие преку Министерството за финансии. Министерот Трајко Славески воопшто не е запознат со оваа иницијатива.Ова не е наш проблем и досега никој не ме известил дека има ваква иницијатива, но мислам дека кај нас нема пари за оваа намена. Садниците треба да ги плати Министерството за земјоделство - вели тој.Од Министерството за земјоделство соопштија дека имаат одвоено средства за пошумување, но дека постапката за исплата е во тек.Претходно треба да се исконтролира колку од дрвцата се зафатени, колку се правилно засадени и слично. Дури по контролата може да се очекува исплата на парите за садниците - изјавија во ресорот. Оттаму посочуваат дека парите се обезбедени од Програмата за проширена репродукција на шумите. Садниците беа платени по просечна цена од 15 денари за едно дрвце. Во „Македонски шуми“ не коментираат. За нив е важно само да се обезбедат средствата.

Валентина Ангеловска

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C99C01D7C7CE944F876CAA00134C1C1E - Dnevnik



Posted By: dejan
Date Posted: 09-Apr-2008 at 07:10
AmanQuestionThumbs%20Down sto se sluchi so taa 'kontrola'...


Posted By: ProMKD
Date Posted: 09-Apr-2008 at 21:38
На некои места викаат 24 часовна контрола, за на матка викаат прошлата недела било ОК, за на некои места викаат уште е рано за контрола... WOW


Posted By: vardar
Date Posted: 13-Apr-2008 at 15:19
take 2
 

Реприза на акцијата

Горна Матка пак пошумена

Контролата на терен покажа дека 7.000 садници биле намерно откопани, вели Владимир Бахчовановски, директор на „Македонски шуми“

Нови 7.000 дрвца вчера беа засадени во Горна Матка, од каде што пред неколку дена беа ископани и однесени речиси сите садници што беа засадени во акцијата по повод Денот на дрвото.Откако „Дневник“ напиша дека на пошумените десет хектари на теренот се останати одвај дваесетина садници, со кои се гоштеваат крави, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во соработка со локалното население организира ново пошумување. Во повторената акција учествуваа Шумската полиција, Министерството за земјоделство, евроамбасадорот Ерван Фуере и Иницијативниот одбор на акцијата „Засади ја својата иднина“.Директорот на „Македонски шуми“, Владимир Бахчовановски, рече дека повторното пошумување има цел да се покрие опожарената површина и да се создаде чувство кај месното население дека со садниците не се губат пасишта.Од контролата се испостави дека од вкупно 10.000 садници, 7.000 се откопани. Најголем дел од дрвцата беа пронајдени покрај местото на садење, што значи дека некој правел штета намерно - вели Бахчовановски.Повеќето дрвца што се искорнати од пошумените региони во околината на Скопје се продаваа на Автопазарот по цена од 20 до 40 денари. Контролите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство покажале дека нема штети на другите локалитети каде што се пошумуваше и дека повеќе од деведесет отсто од дрвцата се зафатени и растат.За три-четири години на сите засадени опожарени места ќе се гледа дека има нова шума. Штета има само на овој локалитет и затоа има повторно пошумување. Лесно ќе ги најдеме сопствениците на говедата што пасеа во пошуменото подрачје. Против нив ќе се покрене судска постапка и штетата ќе се наплати - вели главниот државен инспектор Горан Стојковски.Казната за поединци е од 2.500 до 4.000 евра. Ако се утврди дека штетата е направена од користољубие, казната е од 5.000 до 8.000 евра. За правни лица казните се од 20.000 до 30.000 евра.Претседателот на иницијативниот одбор на акцијата, оперскиот пејач Борис Трајанов, смета дека треба да се едуцира месното население.Ние, заедно со претставниците од земјоделските здруженија, ќе одиме од месност во месност за да им објасниме дека дрвјата се наша иднина и дека со оваа акција не ги губат пасиштата, туку ја облагородуваат природата - вели Трајанов.На Денот на дрвото - 12 Март, во нашата земја беа посадени 2.056.000 дрвја, колку што има жители во државава. Целта беше да се даде придонес за обновувањето и за збогатувањето на шумскиот фонд во земјава, кој лани беше погоден од голем број пожари. Акцијата треба да се повторува на секои 10 години.

Валентина Ангеловска
Фото: Бисера Станковска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E764E2E1E7B2AC4BB26B7DB57CBD0440 - Dnevnik
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Apr-2008 at 17:46
Мило ми е што Дневник алармираше за ова. Без реакција веројатно ова ќе останеше непознаница за јавноста и уште поверојатно немаше да има повторно пошумување.


Posted By: vardar
Date Posted: 14-Apr-2008 at 11:32
Sekogash sme brzi da kritikuvame.... pa aj da gi pofalime novinarive malce za azhurnosta  Big%20smile  Applause da se nadevame deka ke bidat ednakvo posveteni koga stanuva zbor za urbanata mafija....


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 23:16

Шест месеци подоцна: од дрвцата нема ни трага

Сите креваат рамена кога е во прашање грижата за засадените дрвца. Главен виновник ќе испадне небото затоа што не беше дарежливо со дожд

 

Горан Адамовски

 

Штип, Велес - Шест милиони садници во октомври, по десет милиони садници во март и во октомври в година, најавуваат од Иницијативниот одбор на Денот на дрвото за новите акции што ќе се случат половина година по првата, во која два милиона садници беа засадени на 67 локации низ земјава. „Утрински весник“ посети неколку локации каде што на 12 март се насадуваа садниците и, според тоа што го видовме, невозможно е на тие места ќе израснат борови или багреми зашто најголемиот дел од посадените дрвца никаде ги нема. Оние садници што може да се видат се суви, а пашата на овците и добитокот ги уништува последните надежи дека мотото при садењето „Кислород за следните поколенија“ навистина ќе се оствари. Расфрлани хартии, шишиња, амбалажи... Ништо необично за депонија. Оваа е во Штип, поточно на десетина километри од градот, до кој се стига по асфалтираниот пат, полн со дупки. Необичното е тоа што под ѓубрето биле посадено неколку десетици илјади садници, кои ќе ги видите само ако загазите во ѓубрето. „Првичниот план беше садниците да се засадат во околните ридови на градот, но потоа, надлежните се одлучија за оваа локација, бидејќи се сметаше дека кога ќе пораснат дрвјата, ќе го чуваат градот од ѓубрето, кое ветрот го разнесува“, објаснуваат штипјани. Но, тешко ќе се случи дрвјата да пораснат, бидејќи и на надлежните сега им стана јасно дека земјата била сува и дека „можеби и не била добра идејата таму да се засадуваат садниците“. Можеби и затоа садниците се оставени на милост и немилост. Вода гледаат само ако заврне, што е ретко. Требало да ги полеваат вработените од ЈП „Исар“, кои се грижат за депонијата. Но, и работниците што ги затековме признаваат дека тоа ретко го прават, бидејќи „вода нема ни за градот ни за жителите“. Во „Македонски шуми“ велат дека не се фатил само првиот ред, а дека другите садници заживеале! Во Иницијативниот одбор за акцијата „Денот на дрвото“ се согласуваат дека акцијата требало да биде подобро организирана. „Нашата цел беше да ги посадиме дрвцата и да ја подигнеме свеста кај граѓаните, а во државата постојат институции што треба да се грижат за нивно заживување. Ние како граѓанска иницијатива, ниту можеме да се грижиме, ниту имаме имаме ингеренции“, велат од Одборот. Експертите велат дека најдобро време за пошумување е кон крајот на април и почетокот на мај, кога паѓаат поројни дождови, како и кон крајот на октомври и почетокот на ноември пред снежните врнежи. Првата акција беше реализирана во март, кога времето е суво, иако следните два дена по пошумувањето се погодија врнежливи. „Климатските услови се најбитни, бидејќи, нормално, садниците не можат да се вадат со класичен систем за наводнување, а да се качуваат цистерни со вода на ридовите е скапа работа. Влажната почва и воздух го вршат најголемиот дел. Од друга страна, постојаното налевање на садниците може да предизвика контраефект“, вели Владимир Бахчовановски, директор на ЈП „Македонски шуми“. Според него, претпријатието коректно си ја врши „домашната задача“. Но, жителите на велешката населба Превалец, во чија близина кај месноста Голик, на површина од 30 хектари, беа засадени 60.000 садници, велат дека шумар не виделе со месеци. „Ги засадија дрвцата, првите неколку недели редовно ги наводнуваа, ама сега никој не се грижи за нив. Им дадоа живот, ама не ги оставија да живеат“, велат жителите на Превалец. Садниците беа засадени во близина на црквата, на ридот од каде што се гледаат градот и фабриката „Порцеланка“. Овој реон, иако не беше зафатен од ланските пожари, организаторите одлучиле да го пошумат поради пристапноста на теренот, но, пред се', поради неговата близина до градот, имајќи ја предвид потребата од шумски предели на Велес поради долгогодишната лоша еколошка состојба. Во Општина Велес тогаш негодуваа што за локација не биле одбрани опожарени места или, пак, делот во близина на езерото Младост. Но, организациониот одбор го одбра Голик, иако се чини дека црн бор и багремови дрвца нема никогаш да израснат. Од „Македонски шуми“ тврдат поинаку. „Во јуни биле зафатени 95 проценти од садниците, а шумарски инженер постојано патролира таму“, тврдат од „Македонски шуми“. Но, жителите на Превалец, освен што негодуваат за немарноста на надлежните кон садниците, револтирани и се и од тоа што тие биле насадени на место што го користеле за напасување на својот добиток. „Никој не не' праша, а ќе им кажевме дека таму ги носевме животните на пасење. Немаше да ни биде криво ако од садниците испаднеше нешто. Вака, ем нема пасишта ем ништо од дрвцата. Двојна штета за нас“, се жалат жителите на оваа велешка приградска населба. Денот на дрвото, кој беше неработен ден, првпат беше обележан на 12 март годинава. Македонија засади над 2 милиона садници, по една за секој жител. Се садеше на 67 локации низ целата држава, меѓу кои и на местата што настрадаа во пожарите минатата година. Големата иницијатива предизвика „мобилизација“ на над 150.000 граѓани, кои излегоа и организирано посадија дрвца. Политичари, дипломати, пејачи, уметници, ученици и пензионери се вклучија во акцијата, која поради масовноста заврши за само неколку часа. „Оваа акција ќе цути, ќе расте заедно со дрвјата што ги засадивме“, изјавуваа граѓаните. Иницијативниот одбор се подготвува за новата акција. Во ноември ќе бидат засадени шест милиони садници. Поучени од минатото искуство, уверуваат дека овој пат организацијата ќе биде многу подобра. „Во март бевме изненадени колку граѓаните позитивно ја прифатија акцијата и затоа сега настапуваме многу поамбициозно“, велат од Одборот. Тие признаваат дека првите резултати од оваа иницијатива ќе можат да се почувствуваат откако ќе бидат изведени пет-шест акции и кога кај граѓаните и општеството во целина, ќе се разбуди екосвеста.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0604E1A84DE5BE4EAF1B917646A0C588


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Sep-2008 at 23:04

„Денот на дрвото“ и во октомври, но сега ќе се внимава на локациите

Иницијативниот одбор очекува Владата и „Македонски шуми“ подобро да се грижат за садниците

Горан Адамовски


Шест милиони садници на 100 локации во 35 општини низ земјава ќе бидат насадени во втората акција за пошумување „Денот на дрвото“, што ќе се одржи кон крајот на октомври или почетокот на ноември годинава. Иницијативниот одбор, по успешното деби на 12 март, очекува уште поголема масовност од граѓаните, а ветува и подобра организација на целиот настан. Денот на акцијата ќе биде дополнително утврден, во зависност од временските услови, а Владата дополнително ќе одлучи дали и тој ден, како при првата акција, ќе биде неработен.

Иницијативниот одбор најавува дека ваквите акции ќе се одвиваат и наредните години, а веќе за во март, најавува голем собир, на кој, покрај соседните земји, ќе учествуваат и светски познати личности, меѓу кои и добитничката за Нобелова награда за мир, која во својата родна земја и во соседството насади 40 милиони дрвца.

„Задоволни сме како помина првата акција и затоа продолжуваме со цел да ја разбудиме екосвеста во целото општество. Акцијата и наредните години редовно ќе се одржува во март и во октомври, а целта ни е годишно да засадуваме 20 милиони садници“, изјави Борис Трајанов, еден од водечките луѓе на Иницијативниот одбор.

Овој пат се очекува учество на околу 200.000 граѓани, а поучени од минатото искуство, сега нема да се сади на суви површини. За нив, веќе в година ќе бидат направени специјални садници. Тогаш, на Македонија би требало да и' се придружат и сите балкански соседи, „засадувајќи ја својата иднина“. Во почетокот на идниот месец, за ова ќе стане збор на собирот на министрите за земјоделие на земјите од Балканот, кој ќе се одржи во Колашин, Црна Гора.

Организаторите ветуваат дека сега ќе бидат преземени сите мерки за да не се повторат грешките од првата акција, кога најголемиот дел од садниците не се фатија поради лошите временски услови, негрижата на надлежните и пашата на добитокот.

„Кај Владата и кај раководните од ‘Македонски шуми‘ има огромна решителност да се справат со овој проблем“, вели Томе Костадиновски од Одборот. Неговиот пријател Љупчо Бубо Каров, во една реченица најдобро ја опиша ситуацијата.

„Ние можеме да засадиме 10,20 или 60 милиони дрвца, за што се потребни илјадници луѓе, а еден човек може да ги запали за еден ден“, апелира Каров до граѓаните да ја разбудат свеста за еколошката животна средина.

На 12 март годинава беа засадени два милиона садници на 67 локации низ земјава, во која учествуваа 150.000 граѓани.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=84B2283D7B54E54F9B0C029B2AC14901


Posted By: beTon
Date Posted: 02-Nov-2008 at 18:10

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=42675&kategorija=1 - Денот на дрвото се одлага поради временските услови

Поради невообичаено високата температура за овој дел од годината, која е несоодветна за садење листопадни дрвја, а по препорака на експертите од Шумарскиот факултет-Скопје, големата граѓанска акција “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина !“ која беше планирана за 29 октомври, се одлага за 19 ноември.

“Поради подолгиот топол период во текот на месец октомври, дојде до исушување на површинскиот дел од почвата. Пред да отпочне фазата на подготовка и вадење на садниците од расадник, како и нивно носење на терен и садење, потребна е одредена количина на влажност на почвата, за пошумувањето да биде успешно. Освен тоа широколисните видови (багрем, јасен, јавор, даб) сеуште не ги отфрлиле листовите и физиолошки не се спремни за садење. Затоа одложувањето на акцијата е неопходно“, велат експертите од Шумарски факултет во Скопје.

Според Борис Трајанов, иницијаторот на акцијата, иако сончевото и топло време би привлекло повеќе граѓани да излезат и да засадат дрво, сепак не смее да се заборави дека најважната мисија на акцијата е садниците да успеат.

Со оваа акција предвидено е  да се засадат 6 милиони дрвца на 100 локации низ Македонија, а акцијата ќе ја следат претставници од министерствата за земјоделство на Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија, Косово и Турција, кои од неодамна се приклучија кон проектот “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина!“.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=42675&kategorija=1 - Нетпрес - 24.10.2008

. http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=1421 - Алфа - 16.10.2008

Локациите се веќе одредени, а општините имаат задача да обезбедат доволно доброволци, бидејќи за разлика од првата акција, бројот на садниците сега е три пати поголем.

Организаторот на оваа акција, оперскиот пејач Борис Трајанов, вели дека општините треба да создадат услови садниците и да пораснат, зашто, како што вели, увидот на терен покажал дека добар дел од претходно насадените дрвца или сеисушиле, или биле уништени од добиток. Тој информира дека од следната година 12 март, кој Владата на Република Македонија го прогласи за Ден на дрвото ќе прерасне во балкански празник. Првите контакти преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се воспоставени со Општина Колашин во Црна Гора. За да може оваа манифестација да ги добие планираните балкански димензии, Трајанов ги повикува градоначалниците на македонските општини да се поврзат со своите колеги од збратимените општини на Балканот.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1176&Itemid=37 - Порта3 - број 92 - 15.10.2008



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2008 at 18:45
Ме интересира колкави се ефектите од ланското пошумување. Знаеме дек дел од садниците се украдоа, дел ги изедоа кози.............. Но баш би било интересно да се дознае колкав дел фати корења како што треба. Ако воопшто има таква анализа. 


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Nov-2008 at 02:40
ШУМАРСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E9C64FEEA6EC9A48855F4AA59DC23D94 - Брзото пошумување осудено на исушување


Новата масовна акција за пошумување „Ден на дрвото“ ќе се одржи на 19 ноември

Ако масовното есенско пошумување се направи како и пролетното, тоа ќе биде залудна акција и трошење пари, предупредуваат од Шумарскиот факултет во Скопје. Тие повикуваат наместо масовни еднодневни акции со кои најчесто погрешно се садат дрвјата тоа да се прави преку помали, подолгорочни и посериозно организирани активности.

Наставно-научниот совет на Факултетот вчера соопшти дека поради многуте пропусти во акцијата „Денот на дрвото“, голем дел од садниците се исуши. Затоа, акцијата во која за еден ден беа посадени два милиона садници не можела да се оцени како успешна. Експертите тврдат дека исушување ќе им се закани и на шест милиони садници за кои Владата планира да потроши 5,5 милиони евра за еден ден во акцијата закажана за 19 ноември. Се планира в година да се засадат дваесет милиони садници.

- Последната акција се изврши во несоодветни услови бидејќи се садеше на сува почва. Садниците се садеа плитко или предлабоко, корените се деформираа, на едно место се садеа повеќе садници... Сушното лето беше дополнителен проблем поради што преживеа само мал процент - оценуваат шумарските експерти. Тие укажуваат дека за успех на ваквите акции се потребни квалитетно семе, садници со пропишан квалитет, добра подготовка на теренот, исправно садење и одржување.

- Треба да се засади во најкус можен рок, а во меѓувреме дрвцата да се заштитат од сушење. Овој предуслов се нарушува ако во еден ден се подготвуваат 2, 6 или 10 милиони садници. Тогаш мора да почнат да се вадат дури и неколку недели однапред со што се намалува нивната виталност. Садењето треба да се изврши правилно бидејќи оваа навидум лесна операција крие причини за големи неуспеси при пошумувањето. На садниците потоа им е потребно неколку окопувања - укажуваат од Советот на Шумарскиот факултет. Според експертите, за да успее пошумувањето, потребни се стратегија и динамика на изведбата на акциите:

- Не сме толку богата држава за секоја година да трошиме толку многу пари за пошумувањето кое е осудено на неуспех. Сугерираме акцијата да премине во „Месец на дрвото“ за да се направи домаќински и стручно. Треба да се формира Фонд за пошумување. Желбата на граѓаните да учествуваат во тоа може да се задоволи со засадувањата на определени места.

ИНФО-Се садат пропусти

Масовни еднодневни акции за пошумување имаат многу пропусти, поради кои најголемиот дел од садниците се суши. Тоа се случува поради неподготвениот терен, сувата почва, лошото семе, неправилното засадување и неодржувањето на садниците. Ако и претстојната акција за садење шест милиони садници се спроведе како и претходната, се заканува сушење на дрвцата.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E9C64FEEA6EC9A48855F4AA59DC23D94 - Дневник - 31.10.2008

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2783&stID=56850 - "Екомисија" бара да се воведе фонд за пошумување - 18.03.2008

Еколошкото друштво "Екомисија" од Скопје бара повторно да се воведе Фонд за пошумување на голините, по неговото укинување во 1991 година.

"Екомисија" наведува дека првите пообемни акции за пошумување биле преземени набрзо по крајот на Втората светска војна, што според нив, укажува дека уште во тие времиња државата била свесна за многуте корисни функции на шумите, особено за спречување на ерозијата, поплавите и на штетите во земјоделството и на сообраќајниците.

"Поради тоа и беше основан тој фонд и успешно си ја вршеше својата задача дваесетина години, пошумувајќи годишно и до 10.000 хектари, се до 1991 година. Оттогаш наваму, поради непостоење посебен фонд за пошумување, се пошумуваат само околу 500 хектари годишно, што е симболично во споредба со ефектите што се постигнуваа додека постоеше Фондот за пошумување на голините", пишува во соопштението на еколошкото здружение.

Според нив, ваквата состојба е неприфатлива, бидејќи дрвокрадството и шумските пожари денес се помногубројни отколку порано.

"Во тек се климатски промени, а шумите и пошумувањата се едно од најефикасните средства за ублажување на климатските промени. Со оглед на сите овие аргументи кои недвосмислено говорат во прилог на еден посериозен пристап кон обврската за пошумување, се надеваме дека Владата внимателно ќе ја разгледа и позитивно ќе одговори на оваа наша иницијатива за повторно воспоставување на Фондот за пошумување или некоја институција со друго име и статус, но со постигнување на истата благородна цел", пишува "Екомисија".

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2783&stID=56850 - Дневник - 18.03.2006

Ацо Трендафилов, професор на Шумарскиот факултет
http://217.16.70.245/?pBroj=1909&stID=54642&pR=3 - Не смее да се сече повеќе од прирастот - 21.10.2005
 
Господине Трендафилов, во чија надлежност и кој е одговорен за пошумувањето во земјава?
- Пошумувањето е сообразено со Просторниот план на Македонија. Со иселување на жителите од некои региони шумата си ги зазема природните граници, на кои не може да влијае ниту човечкиот фактор. Во практика, таа граница се движи од 1.650 до 1.800 метри надморска височина.
Македонија е поделена на шумски стопански единици. За секоја единица се изготвува план за работење, кој се ревидира на 10 години. Одобрение за тој план дава министерот за земјоделство, а изготвувач е Заводот за уредување шуми "Шумапроект", кој сега се наоѓа во состав на ЈП "Македонски шуми". Тие прават планови за пошумување, а ревидирањето го прави Комисијата во Министерството за земјоделство. Никаде во Македонија не може да се стопанисува без план. По истекување на времето за спроведување на плановите, тие се менуваат.
Што содржат тие планови и дали има намалување на површините под шума?
- Во нив се содржани сите елементи за шума. Површината, видот на шумата и на дрвјата, дрвна маса, прираст... Основната интенција е зголемување и унапредување на шумските површини. Не смее да стане збор за намалување на шумскиот фонд ниту по површина ниту по квалитет. Во контекст на ова се прави постојано проширување на површините под шума. Доколку се прави трајна пренамена на шумска површина во нешумска, како што е случајот со Козјак, каде што површините под шума се претвораат во водна акумулација, тогаш корисникот на акумулацијата е обврзан, согласно со законот, на друго место или во тој слив, каде што има голо ерозивно земјиште, да подигне исто толкава површина под шума, пет години да ја одгледува и по тој период ја предаде на државата.
Каков е соодносот на пошумувањето и сечењето на шумите?
- Во рамките на поранешна Југославија, Македонија има најмногу направено во делот на пошумување, иако не можеме да се споредуваме, на пример со Бугарија, која во рамките на Европа е водечка земја. Таа има вештачки подигнато толку шуми колку што ние имаме површина под шуми вкупно. Сепак, можеме да бидеме задоволни со бројката на пошумување, иако не се знае колку од пошуменото успеало. Во земјава се пошумени околу 150.000 хектари, од кои 120.000 се вештачки подигнати шуми и шумски култури. Културите се 12-13 отсто од вкупниот шумски фонд. Најинтензивно пошумување е направено во време на постоење на Законот за пошумување на голи и ерозивни земјишта, а најинтензивен период на пошумување е од 1975 до 1989 година, кога постоеше и Фонд за пошумување. Просечно годишно во тој период се пошумуваа околу 7.000 хектари. Денеска, бидејќи Фондот се укина 1989 година, пошумувањето е многу помало и се движи околу 500 хектари. Секој што сака да подига шума, може бесплатно да подигне садочен материјал.
Кои се причините за намаленото пошумување?
- Помалото пошумување е резултат на финансиските проблеми, бидејќи годишно државата во пошумувањето учествува со 30 милиони денари и ние сме, веројатно, единствена земја во која државата учествува со толку малку средства во одржливиот развој. Над 65 отсто од шумите се нискостеблести, деградирани, со лош квалитет. Без помош од државата тешко може "Македонски шуми" долгорочно да финансира поголеми зафати во делот на пошумувањето.
Кој одредува колкаво сечење на шумите треба да има?
- Во делот на плановите има предвидено и планско сечење на шумите и не смее да се сече повеќе од прирастот. Ние, генерално, во земјава сечеме 65 до 68 отсто од прирастот. Значи, добар дел од прирастот не се сече, туку се остава.

http://217.16.70.245/?pBroj=1909&stID=54642&pR=3 - Утрински - 21.10.2005

http://217.16.70.245/?pBroj=1753&stID=34087&pR=12 - На белите дробови на Скопје итно им треба освежување - 15.04.2005
Наместо 65 хектари, на Водно годишно се пошумува едвај еден хектар
Неорганизираноста на пошумувањето се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година

Министерството за животна средина минатиот месец во рамките на Деновите на екологијата започна акција за пошумување на Водно. За седум дена беа насадени 2.000 садници на еден хектар, а неодамна слична акција организираа и Општина Карпош и полицијата, кои засадија 300 дрвца. Јавното претпријатие †Паркови и зеленило преговара и со †Македонски телекомуникацииии за засадување на 500 садници, а во мај Црвениот крст најави зазеленување на кругот на објектот на оваа институција на Водно со 300 садници.
Сепак, овие поединечни и неповрзани доброволни акции на македонските фирми и организации не се доволни ни од далеку за да ја задоволат потребната бројка од новонасадени дрвја во Парк-шума †Водно. Белите дробови на Скопје секоја година мора да се освежуваат со најмалку 65 хектари нова шума, а во последниве 25 години се садат едвај по еден хектар годишно. Неорганизираноста се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година, во кој се предвидувале пари за одгледување садници за таа намена и се организирало масовно садење со учество на работници, војска, или пак затвореници. Според одговорните во †Паркови и зеленилоои, еден хектар шума апсорбира од 50 до 70 тони прашина и 15 тони јаглероден моноксид, а испушта 11 тони кислород. Во последните пет години на Водно биле опожарени и се уништиле околу 40 хектари шума, а дрвца се насадиле само на 5 хектари. Тенденцијата на намалување на зелениот фонд во Парк-шума †Водно негативно ќе се одрази на квалитетот на живеењето во Скопје, со оглед на тоа дека Водно е филтер за воздухот што го дишат жителите на главниот град.  

>†Секоја акција е добредојдена, бидејќи само на тој начин и успеваме некако да пошумиме едвај околу еден хектар годишно. Сепак, мора да се нагласи дека тоа е далеку од доволно, бидејќи во шумско-стопанските основи е предвидено секоја година да се пошумуваат околу 65 хектари. На секој хектар се садат по 2.500 садници, од кои, кога ќе пораснат, треба да се селектираат и да останат околу 400. Секоја од малите садници чини од 10 до 15 денари. За нив е потребна голема подготвителна работа, вклучување и на механизација, масовно учество на работна сила, како и константно одржување по садењето. А за сето тоа се потребни пари кои ги нема ниту †Парковиии ниту Градот. Мора да се разбере важноста на Парк- шумата †Водно и нејзината функција за градот, па затоа најдобро ќе биде повторно да се формира државен фонд во кој ќе се одвојуваат средства за пошумување на Водно и на другите парк-шумиии, вели Слободанка Стефановска, заменик-директор во ЈП †Паркови и зеленилоои.

http://217.16.70.245/?pBroj=1753&stID=34087&pR=12 - Утрински - Сања Наумовска - 15.04.2005



Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Nov-2008 at 01:07
Јас сум за пошумување, ама организирано од страна Ј.П.Македонски шуми! Мислам дека македонските граѓани ќе се покажат како големи екологисти доколку ги одржуваат веќе пошумените предели, не ги сечат, не ги палат, не ги кршат и не ги користат како огрев. Во спротивно, се плашам дека и ова пошумување ќе заврши неуспешно, ќе се потрошат милиони денари и пак ништо!


Posted By: Cibi
Date Posted: 17-Nov-2008 at 10:11
Претставници на дипломатскиот кор во земјава, министри и естрадни уметници во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ вчера засадија дрвца на платото пред салата „Борис Трајковски“. Во втората акција на пошумување, која ќе се одржи в среда, на сто места во земјата ќе бидат засадени 6 милиони садници. Граѓанската иницијатива испрати покани до министрите за земјоделство на соседните земји во март в година и тие да се придружат на акцијата, со што таа би прераснала во балканска. Садниците на ЈП „Македонски шуми“се купени со пари од Владата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3E421602B2F3DF429A4E0C32051BF197


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Nov-2008 at 00:24

Денеска се садат 6 милиони дрвца

Заради поголема масовност, денот е прогласен за неработен и ќе се одработи в сабота, 22 ноември

На сто локации низ целата земја денеска ќе се организира акцијата „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“. Планирано е да бидат посадени 6 милиони садници, а заради поголема масовност, денот е прогласен за неработен и ќе се одработи в сабота, 22 ноември.

Акцијата се спроведува на граѓанската иницијатива на неколкумина познати личности, меѓу кои и оперскиот пејач Борис Трајанов, со поддршка на Владата, која ги обезбедува садниците.

Во акцијата ќе се вклучат и 1.800 припадници на АРМ кои ќе засадат околу 200.000 млади стебла. Засадувањето првпат беше организирано во март годинава, кога беа посадени 2 милиона садници, а организаторите најавуваат и трето продолжение во март следната година во сите балкански земји.

Спроти денешната акција, премиерот Никола Груевски и членовите на Владата вчера во близина на Споменикот на ослободителите на градот засадија дрвца, а спикерот Трајко Велјановски садеше пред зградата на Собранието. Во кругот на Католичката црква во Скопје дрвца засадија и претставници на Македонската православна црква, Римокатоличката, Евангелистичко-протестантската и Еврејската заедница. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9F6B68B2D4BF064A909F61EEDE999020 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9F6B68B2D4BF064A909F61EEDE999020


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-Nov-2008 at 14:25

Министрите активни во садење дрвца

19 November, 2008 01:39:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

Владиниот кабинет на различни локации низ целата територија се вклучил во денешната акција “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ со садење на дрвца

Премиерот Никола Груевски, во рамките на акцијата “Денот на дрвото - Засади ја својата иднина“, на место викано Текиски рид, во близина на Рафинерија, сади дрвца.

Министерството за образование и наука, Перо Стојановски сади дрвца во Крива Паланка. Вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставревски дрвца сади во место викано Ајватовски рид  во Скопје. Министерот за здравство Бујар Османи по повод “Денот на Дрвото“ дрвца сади во Штип. Вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски сади дрвца на локалитетот Глумово./Нетпрес

http://alsat-m.tv/mk/zemja/7360.html - http://alsat-m.tv/mk/zemja/7360.html


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 12:28
Милион нови дрвја на Водно во наредните години



Скопје
Градските власти планираат да пошумат 454 хектари површина во заштитената зона на Водно во наредниве десет години, со што степенот на нејзината пошуменост треба да се зголеми на 70 отсто. Ова се предвидува со планот за одгледување и за заштита на парк-шумата што го изгласа советот на градот.

- Главната цел е да се подобри животната средина, а тоа ќе се постигне само ако пошуменоста на Водно изнесува 85 до 90 отсто од вкупниот простор. Станува збор за трајна и за бујна вегетација во форма на високостеблеста шума. Со тоа би се прочистил воздухот и би се намалиле високите температурни разлики во градот - се вели во документот.

Според планот, во нареднава деценија треба да се пошумуваат по 45,4 хектари шума, а на секој хектар да се засадат по 2.500 садници. Тоа значи дека за десет години на Водно би изникнале уште еден милиони 135 илјади дрвја. Од градот објаснуваат дека од голема важност е правилно да се изберат видовите дрвја што ќе се садат. Така, во близина на боровите шуми е потребно да се насадат елки или буки, како видови што поднесуваат сенка. Дабовите, брезите, јаворите и липите, пак, би биле соодветни за површините што се наоѓаат на надморска височина пониска од 600 метри. Над 800 метри, пак, треба да се садат елки, смреки и слично. Треба да се има предвид и дека Водно е рекреативна шума со многу посетители, па да се воведат и декоративни видови, особено покрај видиковците и на другите места што често се посетуваат. Просторите околу природните и културните споменици, пак, ќе се приспособуваат за краткотраен престој. Такви се месноста Маркова крушка, која е средновековна руина, потоа палеонтолошкиот локалитет кај Горно Нерези и манастирот „Свети Пантелејмон“, во кој се наоѓа најстарата црква во околината на Скопје.

Во околу 540 хектари, пак, ќе се спроведуваат санитарно-одгледни сечи, пред сè кај високостеблестите вештачки подигнати насади од зимзелени дрвја. Потребно е на секои пет години да се отстранат сите заболени, прекршени и оштетени дрвја, што би можеле да ги загрозат и здравите во нивната околина. Се претпоставува дека такви дрвја може да бидат од еден до три отсто од вкупната дрвна маса, па затоа тие треба претходно да бидат видно обележани од стручњаците пред да се сечат. Сушењето на шумите, пак, бара подетално да се обрне внимание на болестите и на штетните инсекти, како и на нарушувањата во екосистемот предизвикани од високи и од ниски температури.

Од неприродните опасности најголеми се бесправната сеча, за која е потребно да се обезбедат повеќе шумочувари, како и пожарите. За тоа треба да се садат растенија што го забавуваат ширењето на огновите, како бозел и бршлен, но и да се постават повеќе видиковци за набљудување на состојбата.

Градот планира и да го заштити дивечот на Водно така што ќе постави хранилишта за срните, дивите свињи и за еребиците. За птиците се предвидени и куќички за гнездење.

Во текот на минатата година биле исечени 1.060 суви и болни дрвја, а почнала да се гради и противпожарната набљудувачница и се пошумиле 12 хектари голини. Годинава треба да се пошумат уште толку, но и да се постават хранилиштата и куќичките за животните, да се догради набљудувачницата, да се набави противпожарна опрема за десет лица, да се постават табли за забрана за палење оган и други активности.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=285&ArticleID=15414


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 16:24

Македонија повторно ја садеше зелената иднина

Силниот ветер не беше пречка во саботата да се засадат два милиона млади садници како дел од акцијата „Ден на дрвото“

Силниот ветер и густите и темни облаци на одделни места не беа пречка во саботата да се спроведе третата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. На 55 локации во 30 општини низ државава беа засадени два милиона нови садници, а уште три милиони во семе до крајов на неделава ќе бидат посеани од вработените во ЈП „Македонски шуми“. Ајватовски Рид и Камник кај Скопје, месноста Трновец кај Кратово и велешка Отовица беа само дел од педесетината локации каде што се пошумуваше. И овој пат во акцијата, покрај организаторите, се вклучија локалните самоуправи, невладини организации, ученици, општински организации на Црвен крст, јавни претпријатија... Голем одѕив имаше и од обичните граѓани кои организирано со автобуси се упатуваа на локалитетите каде што беше предвидено пошумувањето. За успешно да ги засадат садниците, тие добиваа упаства од студенти од Шумарскиот факултет. Свој придонес во акцијата дадоа и дипломатите, политичарите, голем број од актуелните претенденти за градоначалници.

Борис Трајанов, иницијатор на акцијата, не го криеше задоволството, како што рече, од успешноста на досегашните реализирани пошумувања и интересот на граѓаните за последната акција. „Задоволни сме од акцијата, нашите очекувања се исполнети. Околу 50 отсто садници, што воопшто не е лошо, се зафатени од март. Резултатите од оваа акција допрва ќе ги видиме, некаде во октомври. Сега засадените ќе почнат да вегетираат“, изјави Трајанов.

Поголема масовност во акцијата беше забележана во Камник, каде што покрај бројните граѓани, пошумуваа и дел од претставниците на дипломатско-конзуларните мисии во државава заедно со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. „Овие се подобри дрвца од оние што ги засадивме лани. Садевме кај ’Окта‘ и тие беа многу мали. Сакам да одам напролет и да видам како напредуваат“, рече холандската амбасадорка Симоне Филипини, која се пофали дека годинава во акцијата го вклучила и својот син.

Инаку, оваа акција беше трета по ред за создавање на „зелената иднина на Македонија“. Таа започна минатата година во март, кога беа засадени два милиона дрвца, а продолжи во ноември со засадување шест милиони дрвца. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C2284856A7889040B41EBEE9377E6AED


Posted By: beTon
Date Posted: 17-Mar-2009 at 00:34

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=1&eventId=6057 - Алфа - 14.03.2009



Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jun-2009 at 06:16

Се бара стратегија за пошумување на Македонија

Заштита на засадените дрвца и стратегија за пошумување на Македонија во следните десет години, е тема на конференцијата што од вчера се одржува во МАНУ во организација на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

- Тоа што е пропуштено во изминатите 20 години сега треба да се надополни. Тука се сите фактори што можат да дадат придонес за тоа - Владата, локалната самоуправа, „Македонски шуми“, науката и граѓаните - рече Борис Трајанов, иницијаторот на акцијата „Ден на дрвото“. Тој очекува да се подготви долгогодишна стратегија за пошумување во наредните години.

- Со акцијата за садење дрвца почна процес во кој се подигна нивото на свеста кај народот за вредноста и за значењето на шумите - рече Јане Ацевски, професор на Шумарскиот факултет.

Акцијата за пошумување почна лани во март кога во еден ден беа засадени два милиона дрвца. Во октомври беа засадени шест милиони, а во март годинава пет милиони садници или вкупно 13 милиони дрвца во само три дена. По примерот на Македонија и другите балкански земји во ноември ќе спроведат акција за пошумување.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3173EA36860AFB489E59D817EF2DD2BC


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 18:00
ЧЕТВРТИОТ ДЕН НА ДРВОТО СТАНУВА РЕГИОНАЛЕН
Македонија ќе го позелени Балканот

Под мотото „Замисли ја Македонија во зелено“ на 11 ноември по четврти пат ќе се спроведе акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Во четвртата акција е предвидено да се засадат 7,5 милиони садници, на 3.674 хектари, на 120 локации во 32 општини. Покрај масовното пошумување во Македонија, акцијата ќе се прошири и на Балканот, и тоа во Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и во Албанија. Целата акција овојпат ја финансира норвешката влада. - Со новиот слоган сакаме да ги натераме граѓаните да замислат како ќе изгледа земјата по неколку години. Целта ни е да пошумиме што е можно поголема површина, но воедно и да ја подигнеме еколошката свест на граѓаните - рече Кристина Николовска од Иницијативниот одбор. Николовска додаде дека овој период е најповолен за засадување садници, а го одбрале 11 ноември бидејќи тој ден е работен, а искуството покажало дека тогаш заинтересираноста на граѓаните за пошумување е најголема. - Имавме извонреден прием кај соседите, кои не следат и се среќни што можат да се вклучат во оваа акција. Добивме поддршка и од Владата на Норвешка, од каде што не повикаа да ги посетиме бидејќи сакаат да донираат средства за развојот на акцијата во регионот. Станува збор за капитален проект од кој ќе почувствуваат ефекти следните генерации - изјави Антон Серечи од Иницијативниот одбор. Тој изјави дека, покрај еколошкиот, многу е важен и социјалниот момент. - На овој ден сите луѓе, без разлика на етничката, верската, партиската припадност, се еднакви и сите заедно и на ист начин придонесуваат за својата иднина - додаде Серечи. Иницијаторите веруваат дека со акциите за садење дрвца трајно ќе се подигне нивото на свест кај граѓаните за вредноста и значењето на шумите. Луѓето што учествуваат во акцијата веќе нема да можат да исечат или да запалат дрво, сметаат организаторите. Акцијата за пошумување почна минатата година во март, кога во еден ден беа засадени два милиона дрвца. Во октомври беа засадени шест милиони, а во март годинава пет милиони садници или вкупно 13 милиони дрвца. Од дрвцата што беа посадени, 57 проценти се зафатени, тврдат иницијаторите на акцијата. Вистинскиот ефект од масовното пошумување ќе може да се воочи за триесет години, период потребен за дрвцата да пораснат. Од Иницијативниот одбор посочија дека оваа акција досега ќе биде најголемата, со што Македонија ќе биде светски лидер во пошумување.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1852&ArticleID=125234


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 20:58
Земјата ни бега во Солун



Прекрасна е идејата за зелена Македонија, но при пошумувањето да се обрне внимание и на функцијата за заштита од ерозијата, која е причина годишно да има околу 17 милиони кубни метри нанос, вели Томе Лисичанец, пензиониран професор по шумарство

Ерозијата и поплавите го носат македонскиот хумус во Солун, а камењата остануваат во нивите и акумулациите. Причина за тоа, како што тврдат стручњаците, се голите ридови од каде што пороите се' почесто се закануваат со поплави. Тие ги поздравуваат акциите за пошумување и апелираат да се внимава при изборот на површините на кои ќе се подигаат нови шуми.

- Прекрасна е идејата за зелена Македонија. Но, при садењето на новите садници треба да се обрне внимание и на една друга битна функција на пошумувањето, борбата со ерозијата. Да не се сади само заради садење, туку да се подигнат шуми со специјална намена, кои штитат населби, сообраќајници, акумулациони езера, полиња. Оти се пошумуваат плодни ниви, а ридовите и долиштата ни остануваат голи - вели Томе Лисичанец, пензиониран професор по шумарство и член на асоцијацијата „Пријатели на шумите“.

Неговата генерација вели направила илјадници километри заштитни појаси во Кумановско, Светиниколско, Битолско и во Кавадаречко и на многу други ерозивни подрачја околу населбите. Кога се подигнувале појасите, имало голем отпор од населението, а подоцна многу од тие појаси биле уништени.

Хумусот оди по Вардар

Во просторните планови на Македонија и во националната еколошка програма е нагласено дека 96,5 проценти од територијата на државата е изложена на ерозија. Од тоа околу 36 отсто отпаѓа на силна ерозија, која ги затрупува акумулационите езера.

- Ние годишно имаме околу 17 милиони кубни метри нанос, земја што е во движење. Тоа се големи бројки. Околу 11 милиони како ситен нанос оди во Солунскиот Залив. Чакалот и камењата одат во нивите и во акумулационите езера. И сето тоа поради ерозијата и поплавите. А педологијата учи дека за да се создаде еден сантиметар плодна почва во природни услови, потребни се до 120 години - тврди Лисичанец.

Тој вели дека македонските земјоделци и со наводнувањето вршат ерозија.

- Земјоделците што користат нерамни терени продолжуваат да садат растенија во редови поставени надолу, наместо попречно, со што би спречиле водата да ја носи почвата. Затоа не е чудно што на некои од нив корените им излегуваат над земјата- вели професорот Лисичанец, кој до пензионирањето предавал токму за ерозијата и уредување на пороите.

Во сливот на реката Вардар, кој зафаќа над 90 проценти од територијата на Македонија има 1.603 поројни подрачја, вели тој и тврди дека целосно нема уреден ниту еден порој и дека само со пошумување на голините луѓето може да се заштитат од пороите.

- Џепчишкиот порој кај Тетово во еден случај бил исполнет со толкава количина вода која повлекла карпа од 55 тони. Може да замислете каква разорна моќ имала таа вода - вели Лисичанец.

Демнат поплави

За вардарскиот слив е познато дека на секои 17 години просечно има големи поплави. Да се потсетиме на 1962, 1979, 1995. Според овие статистики во 2012 година не' очекува следната „статистчка поплава“.

- Да, поплави и' се закануваат на Македонија. Тоа го пишува во просторните планови и националната еколошка програма за стратегија за заштита и санирање на еколошките проблеми. Жал ми е што плановите во општините останаа само „мртво слово на хартија“. Некои само си ги зеле хонорарите за тие планови и толку - вели Лисичанец.

Тој е категоричен дека парите што се потребни за да се уреди едно поројно подрачје се еднакви на тие што мора да ги дадеме за да ги санираме штетите.

- Ама разликата е во тоа што ако превентивно ги уредиме поројните подрачја не само што нема да имаме урнати мостови, патишта, туку и земјата што не' храни нема да ни отиде - додава тој.

Затоа препорачува при акциите за садење дрвца да не се споменува терминот исплатливо.

- Исплатливоста ќе се гледа кога таа шума ќе спречи да се наполни акумулационо езеро со нанос, ќе заштити од ерозија, кога некој извор ќе има повеќе вода итн. - вели човекот што целиот живот и' го има посветено на природата.

Светлана Дарудова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=14E6CC0C198E624DB608693F64371131


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 21:55

Македонија утре ќе засади уште 7,5 милиони дрвца





 

Под мотото „Замисли ја Македонија во зелено“ утре на 120 локации во 32 општини во Македонија ќе бидат засадени 7,5 милиони садници на површина од 3.674 хектари во рамки на четвртата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“

 
 
%20  

Здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“ организира бесплатен превоз до локациите за граѓаните. Автобуските ќе ротираат на два часа. Првиот автобус поаѓа во 8 часот, а последно враќање од сите локаци е најавено за 14 часот.

Здружението ги повикува сите граѓани на Република Македонија да земат учество во акцијата и со засадување на што повеќе садници да придонесат за унапредување на животната средина. Тие препорачуваат граѓаните да не се задржуваат повеќе од два часа на локациите. 

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи утрешниот ден за неработен, што ќе се одработи во сабота на 21 овој месец.

Во досегашните три акции беа засадени вкупно 13 милиони садници. Првата акција беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиони дрва. По шест месеци, на 28 октомври 2008, беше организирана и втората со засадување на шест милиони садници, а на 14 март 2009 беа засадени уште пет милиони дрвца.

Во првите две акции се зафатиле 57,5 отсто од садниците. Според проценката на шумарските експерти, секое пошумување со над 30 проценти зафатеност, се смета за успешно. Највисок процент има во општините Кочани, Кичево,  Виница, Свети Николе...Од локациите во близина на Скопје, во првите две акции зафатеноста е најголема на  Песок 89,2, проценти, на Ајватовски рид 85,7 и на Текиски рид 72,5 отсто.

Во досегашните три акции излегле 450.000 граѓани, а се пошумени вкупно 5.080 хектари со црн и бел бор, смрека, ела, костен, јавор, јасен, даб и див костен. 

Организаторите планираат нова пролетна акција која ќе биде на балканско ниво, на која покрај Македонија ќе учествуваат и Албанија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111291053241&id=84prilog=0&setIzdanie=21835




Ќе се фатат или нема да се фатат?





 

Стручњаците предлагаат „Недела на дрвото“ - според нив, еднодневните акции се парада на политичарите

 
 
%20  

Македонија утре ќе се пошумува четврти пат за две години. Без подолгорочна стратегија, со садници и локации што се определуваат меѓу две акции, со проблеми со земјиштето што системски не се решени, необучени, но ентузијасти-граѓани со силна волја и надеж дека вложуваат во иднината ќе излезат да садат дрвја. Овојпат треба да се посадат 7,5 милиони садници на 3.674 хектари, на 120 локации во земјава. Надевајќи се дека метеоролозите погодија оти нема да врне и молејќи се Бог да им помогне на садниците да пораснат (оти „Македонски шуми“ не постигнува да ги заштити), организаторите на акцијата „Ден на дрвото“ ги мобилизираа Владата, општините, учениците, војниците, естрадата, бизнисмените и странските амбасадори да ја издигнат еколошката свест на граѓаните.

Одлична е идејата за сплотување на луѓето околу заедничка цел и за општо добро. Проблематична е изведбата во која има низа пропусти, велат дел експерти што сакаат да останат анонимни оти од нивните претходни реакции не видоа големо фајде.

Акцијата има благородна цел. Ја преземаат и соседните балкански држави. Не спорејќи ја користа од садењето дрвја, укажуваме на системските слабости на пошумувањето - влечат корени од лошите закони, застарената катастарска поделба на шумско земјиште и пасишта, неискористеноста на расадниците и неопременоста на државните институции. Се потфрлува во најважната работа - заштитата и одржувањето на садниците. По 20 години, старите булдожери на јавното претпријатие „Македонски шуми“ почесто се расипани отколку што работат. Државниот инспекторат за шумарство има само 16 инспектори за територијата на цела држава. Сепак, организаторите оптимистички порачуваат: „Замислете ја Македонија во зелено“ - мотото на есенскава акција за пошумување. Колку е оправдан оптимизмот дека посаденото ќе никне и ќе порасне?


Задушен отпорот на Шумарскиот факултет


Додека во канцеларијата на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото“ интензивно се подготвуваше најновото пошумување на Македонија, стручњаците од Шумарскиот факултет потајно негодуваат - и во оваа, како и во минатите три акции, застапеноста на науката е недоволна, а пропустите не се отстранети.

- Првата акција во март минатата година беше промашување. Организаторите вадеа бројка од околу 70 отсто прифатеност на садниците. Оваа акција покажа дека има масовност. Во втората и во третата требаше да има квалитет - вели професор од факултетот.

Организаторите од граѓанската акција „Ден на дрвото“ минатата година влегоа во конфликт со стручњаците. Тензиите се зголемија откако од локации на кои се пошумуваше се појавија фотографии од дрвца засадени наопаку, со коренот нагоре. Ова за професорите беше доказ за неподготвеноста на организаторите и на граѓаните без стручна помош и совети да се вклучат во акција во која се мобилизира цела Македонија. Факултетот испрати писма до поранешниот претседател Црвенковски, до премиерот Груевски и до надлежните институции. Во него стои дека науката ја поддржува идејата за пошумување, но не на начинот на кој се изведува.

„Непристрасна анализа на пролетната акција укажува на многу пропусти, кои не би смеело да се повторуваат во следните масовни акции. Пошумувањето се изведе во целосно несоодветни услови, оти обработката и садењето беа на сува почва. ЈП „Македонски шуми“ имаше огромни организациски проблеми со подготовката на терените, транспортот и заштитата на садниците, најмногу поради масовноста и инсистирањето акцијата да се изведе во еден ден. При таква масовност речиси е невозможно да се оствари стручен надзор врз нестручната работна сила, која, освен со ентузијазам, практично беше неопремена. Долгото и сушно лето беше дополнителен непријател на засадените садници, поради што успехот на пошумувањето со мали исклучоци е далеку од задоволителен. На терените преживеа само мал процент од садниците, поради што акцијата никако не може да се оцени како успешна“, стои во реакцијата од факултетот испратено во октомври минатата година.

Целото писмо никогаш не беше објавено. Тоа било повод за долги и жолчни кавги меѓу професорите и организаторите на акцијата. Најголем противник беше Дана Дина Колевска, професорка по шумски култури. Ракоплескањето што го доби од колегите кога со својата остра презентација ја бранеше струката на конференција во МАНУ, само малку подоцна и се врати како бумеранг. Колевска сега одбива да зборува за акцијата, сакајќи да избегне јавен линч. За свои претставници факултетот ги определи професорите Јане Ацевски и Кирил Сотировски. Со нивното присуство, се смета дека науката доволно е застапена во акцијата.
Уште еден документ во кој се зборува за слабости на акцијата стои во фиока - тоа е елаборатот на професорот Ацевски, направен по нарачка од Министерството за земјоделство. Во него, меѓу другото, се посочува каде се направени грешки и се сугерира дека на соодветна почва треба да се садат соодветни садници.


Невозможно е да се засадат 7 милиони дрвца во еден ден


Околу 7.000 садници во месноста Горна Матка по ланската пролетна акција за пошумување беа откорнати. Таму повторно се пошумуваше на 10 хектари за да се поправи штетата од несовесните граѓани. Во Македонски Брод садниците ги изеде стока. На локации во Струмица сега нема да се пошумува поради отпор од месното население. Многу садници беа искорнати и украдени. Ова се дел од проблемите со кои организаторите се соочија во претходните акции. Никој не може да гарантира дека нема да се повторат и овојпат. Секако дека има и добри примери, каде што садниците се пораснати - меѓу нив е локацијата на Ајватовски Рид.

Фантастични 7,5 милиони садници е бројката предвиден а за пошумувањето в петок. Тоа е повеќе од минатите три акции - во март минатата година беа посадени 2 милиони дрвца, во октомври 6 милиони, а во пролетната акција во март годинава уште 5 милиони садници.

Иницијаторот на акцијата Борис Трајанов не верува во информациите за нестручно садење.

- Зарем мислите дека има некој што не знае што е корен на дрво и дека се сади во почва? Според мене, тоа се претерувања. Засадувањето воопшто не е комплицирано - правите дупка, го ставате коренот и притискате силно за да се зафати. Процесот е едноставен, мислам дека не постои човек што тоа не може да го научи - вели Трајанов.

Експертите не се согласуваат дека садењето дрва е толку едноставно.

- Има начини како садниците треба да се стават за подолго да живеат. Обучен шумар не сади кога врне. Калта се лепи на корењата и на алатот и не може да се сади. Досега ниту еден ден за пошумување не беше добро избран според временските услови - велат на Шумарскиот факултет.

Оттаму тврдат дека е невозможно и во историјата на шумарството за еден ден да се посадат 7 милиони садници.

- Кога ќе заминат луѓето, шумските техничари уште по десет дена остануваат на терен и поправаат грешки. Неправилни садници пошумени на лош терен со несоодветен алат и без никакво искуство на работната сила. Секој успех е божјо чудо - велат професори од Шумарскиот факултет.

Инспекторатот за шумарство направи контрола на исходот од минатите акции. Во официјалниот извештај напиша дека зафатеноста на садниците е 57, 5 отсто. Стручњаците се согласуваат дека тоа е добар процент на успешност.

Тоа што нема да го посадат граѓаните, ќе остане да го сработи јавното претпријатие „Македонски шуми“.

- Седум и пол милиони садници е страшно голема бројка. Понатаму, обврската за пошумување ќе остане наша. Но тоа не значи оти акцијата е неуспешна - вели Наум Будевски, заменик-директор во „Македонски шуми“.

Во „Ден на дрвото“ сметаат дека успешноста на акцијата не се мери само според тоа колку дрвца се фатиле, туку и според влијанието врз свеста за користа од шумите.

- Според податоците што ги даде Инспекторатот за шумарство за двете акции во 2008 година, успешноста е 57,6 отсто, што за климатските услови во Македонија е многу успешно. За март 2009-та предвидуваме многу подобри резултати. Ние се радуваме на тоа што по 20 години мртвило, последните две години интензивно се пошумува. Се надеваме дека секоја следна акција ќе биде подобра од претходната. Покрај успешноста, важно е што еколошката свест се зголеми - вели Трајанов.

Сите професори со кои контактиравме се согласија дека пошумувањето не треба да трае еден ден - предлагаат „Месец на дрвото“ за пошумувањето да се спроведе како што треба. За еднодневните акции велат дека се парада за политичарите.
(продолжува)

Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП




Ќе сме саделе вид цреши што не постојат!

До ЈП „Македонски шуми“ стигнало барање меѓу садниците што ќе се пошумуваат да има и италијански цреши. Бидејќи не знаеле какви се тие цреши, одговорните во претпријатието се консултирале со Шумарскиот факултет. Професорите барале латинско име на видот, но никој не го знаел. Констатирале - такво нешто не постои!

Наум Будевски, заменик-директор во „Македонски шуми“, одби да каже кој го испратил барањето - дали Владата или организаторите на акцијата.

- Таква цреша не постои како вид - одговори Будевски на нашето прашање дали нашле садници од италијанска цреша.

Меѓу барањата искажани на состаноците на владиното координативно тело за тоа што да се сади имало и „желби“ за маслинки и за црвен американски даб.





Димовски: Дрвцата блиску до градовите

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски очекува масовен одѕив на граѓаните на утрешната акција.

- Овој пат, пошумувањето е замислено во близината на населените места, за граѓаните да ги посетуваат своите садници и да внимаваат на дрвцата. Јас сум свесен дека во минатото се случуваа непријатни работи и дека и во иднина ќе се случуваат, но наидуваме на разбирање од лицата со кои во претходните акции имавме проблеми за локациите - вели Димовски.




Колку чини пошумувањето?

Борис Трајанов, иницијатор:
- На тоа прашање може точно да одговори Владата. Нас нé интересира ефектот од садењето. Сигурен сум дека парите што се трошат за пошумување се најдобрата инвестиција во нашата иднина, особено кога знаеме што нé чека во иднина од глобалното затоплување.

Шумарски факултет:
- Пошумувањето на еден хектар со нега на младата култура чини просечно 110-120 илјади денари, односно околу 1.850 евра. Најскапа е подготовката на теренот (околу 40 отсто од вкупната цена), потоа садниците (околу 30 отсто), садење (10 отсто) и нега на културата (20 отсто). Пошумувањето на 6 милиони садници (на 30.000 хектари) ќе чини околу 5,55 милиони евра.

„Македонски шуми“:
-Интересно прашање. Тоа може да го разговараме откако ќе заврши акцијата. Сé уште се прават тие пресметки и подготовки.

Извори од Министерство за земјоделство:
- За двете акции во 2009 година Владата определи буџет од 90 милиони денари. Ние баравме 400 милиони денари, но тоа не беше одобрено.

Марјан Ѓорчев, бивш министер за земјоделство:
- Ако садниците не се увезуваат, туку се од расадниците, тоа се државни садници, тогаш не треба да има пари во оптек, нема тендери и слично. Парите се од буџетската програма. Тие расадници Министерството годишно ги субвенционира за одредена сума и за толку треба да пошумуваме.

 
   
Автор: Сунчица Стојановска   Фотографија: Игор Бансколиев
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1112995838&id=9&setIzdanie=21835


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Nov-2009 at 15:11

„Македонски шуми“ бара помош





 

Допрва ќе се прави долгорочна стратегија за пошумувањето. Недостига и посебен фонд за шуми, кој ќе обезбеди континуитет на акцијата

 
 
%20  
Наспроти масовноста на еднодневните акции за пошумување, грижата за посадените дрвја останува на ЈП „Македонски шуми“. Претпријатието бара помош, оти со 3.400 постојано вработени и стотина привремени работници не може се да постигне да ги подготви терените за пошумување, да ги замени оштетените садници со нови и да направи пополнување таму каде што садниците ќе се исушат.

- Побаравме помош од државата, за одгледните мерки и новите насади да се вклучат и други институции. На пример, шумската полиција или социјалните случаи да помогнат за чување на шумите. Тоа би било во првите две-три години додека да се зафатат садниците. Потоа не би имало потреба - вели Наум Будевски, заменик - директор во „Македонски шуми“.

Проблем е и механизацијата. Булдожерите се стари по 15 - 20 години. Со тие дотраени машини сега требаше да се подготват за пошумување 3.800 хектари земја. Од 30 подружници, само 15 имаат сопствен превоз, автобуси или минибуси. Недоволно вработени за вакви акции има и во Државниот инспекторат за шумарство - институција која треба да ја надгледува и контролира работата на шумарите.

- По систематизација, Инспекторатот треба да има 52 вработени. Сепак, со сегашните 16 инспектори и 7 раководители успеавме се да исконтролираме. Некои од нив покриваат по неколку подружници на „Македонски шуми“, но се наоѓа време да се посетат сите локации - вели Игор Лазаревски, директор на Инспекторатот.


СО СЕКОЈ ОВЧАР ПОСЕБЕН ПАЗАР


Наоѓањето локации се покажа како проблем во пошумувањето. Организаторите бараат дрвцата да се садат на места поблиски до градовите за граѓаните да не пешачат многу и ефектите да бидат повидливи. Во шумските стопанства се жалат дека едвај наоѓаат места за пошумување - дел од земјиштето се приватни ниви или пасишта под концесија на кои не смее да се сади. Таму каде што тоа не се почитуваше, садниците ги изедоа овци и крави.

- Настојуваме локациите да бидат надвор од шума, односно на земјоделско земјиште од петта до седма класа, високи планински пасишта што не се користат. Тие ќе бидат пренаменети и на нив ќе се врши пошумувањето - вели Војо Гоговски, советник во Министерството за земјоделство.

Таму каде ќе се појави проблем, организаторите на акцијата се договараат со секој овчар поединечно за парцелите на кои планираат да пошумуваат.

- Побаравме шумските стопанства да ни кажат каде има трла и да ни дадат контакти со газдите за да разговараме со нив, заедно со претставници на Агенцијата за пасишта и „Македонски шуми“. Имаме прекрасно искуство од Ајватовски рид. Со сопственик на 250 грла добиток се договоривме каде ќе се сади, а каде ќе може да се напасува стадото. Во Велес се промени локацијата за да има каде да се напасуваат 2.500 грла овци - вели Борис Трајанов, иницијатор на акцијата.

За тековната акција спорни се десетина локации кои ги користат сточари. Со сите биле испитани можностите за поединечен договор. Сепак, таквите договори со сточарите парцијално го решаваат проблемот.

- Македонија треба да спроведе посебна политика за да ги претвори неискористените пасишта во шумски површини, или обратно - таму каде има потреба, шумата да се претвори во пасиште - вели Марјан Ѓорчев, поранешен министер за земјоделство.

Во земјава има околу 300.000 хектари пасишта и голини. Тие се доволни за 10 пати повеќе овци од тие што се сега во трлата.


ЌЕ СЕ ПРАВИ СТРАТЕГИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕТО


По четири спроведени акции, сега ќе се прави долгорочна програма за пошумувањето. Ќе се формира експертска група со претставници од министерствата за земјоделство и за животна средина, од Катастарот, од јавното претпријатие за пасишта и од шумарскиот факултет. Координатор ќе биде здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

- Поучени од претходните акции, во кои бевме помалку ангажирани оти се одеше на масовност и на зголемување на свеста кај граѓаните, за следните акции се планира да се направи долгорочна програма. Точно да се знае за секоја година каде ќе се пошумува, со кои видови, а сето тоа проследено со глобалните еколошки климатски промени за пошумувањето да биде поуспешно - вели Јане Ацевски, професор на Шумарскиот факултет.

Последната програма за пошумување е од 1971 година. Траеше 20 години. Беа пошумени големи површини. Тогаш се плаќаше еколошки данок, кој сега го нема. Стручњаците апелираат да се направи посебен Фонд за шуми, за да се обезбеди континуитет и акцијата да не зависи од волјата на партијата на власт.

Сепак, акцијата ги размрда расадниците. Трите во Куманово, Струмица и Свети Николе беа осовремени со пари од продажбата на телекомот. Тие годинава произведоа 15 милиони нови садници. Нивниот капацитет не е до крај искористен. Опремата застаре.

- Шумарството не беше на цена сите овие години. Ништо не е вложено од 2002 година. Вложувањата почнаа од минатата година, кога почна реконструкција на некои објекти што беа занемарени - вели шефицата Весна Темелковска.

Од шест хектари површина, кумановскиот расадник искористува само еден хектар. Цената е од 10 до 15 денари за садница, што се определува според видот и семенскиот материјал.

- Дваесет години произведувавме само зимзелени шуми. Веќе се укажува потребата да се внесат листопадни видови, кои се форсираат во државите од ЕУ - вели Темелковска.




Колку се успешни акциите?

Инспекторат за земјоделство: По контролата на пробни површини, утврдивме дека во пролетното и есенското пошумување во 2008 година беа пошумени 2.500 хектари. Констатиравме зафатеност на садниците од 57, 5 отсто.

Јане Ацевски, Шумарски факултет: Имаме официјални бројки добиени од Инспекторатот. Ние не сме ги провериле на терен. Бројките се проверени од стручњаци, шумарски инженери, добиени на лице место. Би требало да им веруваме, тоа им е струка.

Борис Трајанов, иницијатор: Државната инспекција за шуми прави годишна инспекција.Се чека да поминат зимата и летото, па по тие две екстремни годишни времиња може да се види колку ќе биде вистинската зафатеност. Од друга страна, околу 60% зафатеност на вакви климатски услови во Македонија, честопати полупустински, е како 100% зафатеност во нордиските земји или во Велика Британија каде постојано врне.




Ќе увезуваме јапонски цреши

„Македонски шуми“ распиша јавен оглас за набавка на 850 садници од јапонска цреша. Огласот е меѓународен, а постапката е во тек.

Ако се направи увоз, претпријатието планира садниците да им ги подели на градоначалниците кои ќе ги засадат во парковите низ општините.

Домашните расадници немаат јапонски цреши. Производството на овие садници е долго - трае од 5 до 7 години.

Во „Македонски шуми“ велат дека тие се само нарачатели, а обврската за увозот ќе ја имаат учесниците на огласот.


(Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП)
 
   
Автор: Сунчица Стојановска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11139107498&id=9&setIzdanie=21836


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Nov-2009 at 15:34
Некаде слушнав на ТВ дека 30 годиншна бука со одпрликика 10-тина мери височина дава дневно околу 9000 литри свеж кислород и протоа одприлика толку јаглероден дисоксид апсорбира што ме изненади. Вака доволно е една бројка да ме израдува, иако акцијава е повеќе фама одколку суштина сепак и сууштината е во голема мера застапена. Процентото на успешност не знам да проценам стручно но од она што се кажуваше меѓу стручни кругови важи за солиден, ако се земело дека во просек се очекува 30% успешност. А за денешнава се очекувало нешто поголем процент зашто временските прилика биле идеални, имаше неколку дена предходно дождови и земјата е убаво наквасена, а сега е ведро и помалку сонце што дава надеж за поголема зафатеност на садниците.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Nov-2009 at 15:48
За нивото на успех на акцијата чисто од аспект на пошумување и јас имам сомнежи. Но акцијата има и друга битна димензија - развивање на свест и љубов за дрвата и шумите. Сметам дека баланс и најдобри резултати би се постигнале токму како што подолго се предлага, односно покрај оваа акција, надлежните институции повеќе да се посветени на континуирано пошумување и грижа за шумите.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Nov-2009 at 16:13
Originally posted by lslcrew

... ако се земело дека во просек се очекува 30% успешност. ...

Еве ја веста од предходните садења
Успешни над 50% од засадените дрвца

Сеад Ризвановиќ   
12.11.2009 18:04


Над 50 проценти од досега посадените 13 милиони дрвца во акцијата „Ден на дрвото“ се успешни, велат до здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

Ден пред утрешната четврта акција за садење на нови садници, а новинарите од воздух можеа да видат каква е состојбата на пошумените локалитети каде садењето е најуспешно.

Заедно со другите новинарски екипи, А1 слета на локацијата кај Ајватовски Рид, за која се смета дека пошумувањето било најуспешно.

На местото Ајватовски Рид успеани се околу 86 проценти од садниците, што според експертите е извонреден успех.

Целта на акцијата е прочистување на воздухот од штетните емисии и зголемување на нивото на кислород.

Експертите велат ефектите од пошумувањето ќе ги почувствуваат идните генерации.

„Со зголемувањето на возраста, ефектите ќе бидат се поголеми и поголеми. Права шума некаде после 30-тата година“, вели Јане Ацевски, професор, Катедра за шумарство.

Освен успешните локации, постојат и такви каде пошумувањето не е успешно, тоа се скопските Сарај и Матка, Волково, Говрлево, Делчевската Борова Могила, Луков Врв, и други.

На тие места ќе се утврдува зошто садниците не успеале и пошумувањето доколку има потреба ќе се повтори во 2010 година.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2009 at 22:22
Bash

Уништените дрвца исчезнаа на мистериозен начин

Вчера немаше ниту трага од садниците; Калимерово кај Штип

Иван Бојаџиски


ШТИП - Илјадници дрвца црн бор наменети за пошумување на месноста Калимерово кај Штип, за кои „Утрински весник“ вчера објави дека биле фрлени во дол и уништени, исчезнаа на мистериозен начин. Вчера немаше ниту трага од садниците и од расфрланите гајби во кои се наоѓале дрвцата, на што укажа група штипски ловџии, кои вчера не' однесоа на терен. Луѓето со кои бевме на самото место, уште при скршнувањето од асфалтниот пат Штип-Радовиш, коментираа дека тука вчераутро поминале возила, на што упатуваа трагите во длабоката кал. Возејќи се по калливите патеки посетивме три локации на кои ловџиите, пред неколку дена, наишле на купишта фрлени дрвца, но вчера таму немаше ниту едно.

„Некој ги собрал сите фрлени садници и пластични кутии. Веројатно одговорните дознале за интересот на медиумите и успешно ги скриле трагите. Како совесни граѓани сакавме да укажеме на овој феномен, со цел такво нешто да не се повтори. Затоа што тоа и' нанесува голема штета на извонредната идеја Македонија да добие многу повеќе шумски појаси“, велат штипските ловџии.

Вчера рано наутро, пред да го побараме друштвото на ловџиите, бевме на посочениот простор. Станува збор за избраздена голина од 50 хектари, на која крајот не и' се догледува. Кога го разгледувавме теренот забележавме бела „лада нива“ со приколка и трактор во движење. Среде пошумениот терен снимивме големо стадо од над двесте овци како слободно се напасува на пошуменото подрачје. Експертите рекоа дека и овците може да им наштетат на младите дрвца и да ги уништат.

Вчера се обидовме да добиеме повеќе информации од шумското стопанство „Серта“, кое беше одговорно за квалитетно спроведување на акцијата на Калимерово на 13 ноември. Но, исто како и завчера, директорот Огне Јованов не беше достапен за медиумите. Сакавме да го дознаеме неговиот став во врска со информацијата што ја добивме од групата ловџии, кои се сериозни и почитувани граѓани на Штип.

Завчера изјава добивме само од Сенка Андреева, општински инспектор за животна средина, која рече дека од нас првпат слуша за проблемот и најави истражување до крајот на седмицата.

Во општина Штип, во рамките на четирите акции за пошумување, нова шума се садеше на четири локации. Засадени се околу 400.000 садници, по сто илјади во секоја акција. Работата комплетно беше промашена на локацијата „Трештена скала“, во близина на градската депонија, каде што оние што одлучувале за локацијата не воделе сметка дека станува збор за терен од земја смолница на која ништо не никнува.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D458304F32087B48BE2F052243716CAD


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2010 at 19:02

Македонија засади уште 7,5 милиони дрвца

Петтата акција на Денот на дрвото ја чини Владата околу 50 милиони денари

Петтата акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“ се реализираше вчера на 77 локации низ целата држава. На илјада хектари беа засадени околу 7,5 милиони дрвца. Илјадници граѓани го искористија убавото време и организирано заминаа да посадат дрвца, а голем беше бројот и на оние што самоиницијативно садеа во градските паркови или во своите дворови.

За садниците Владата одвои од буџетот околу 50 милиони денари, информираше премиерот Никола Груевски, кој дрво засади во месноста Три Круши во Скопје. Акцијата, потсети премиерот, почна по пожарите што ја зафатија Македонија во 2007 година. „Тогаш се роди оваа благородна идеја за пошумување, која сега далеку ги надминува границите на она што беше некогаш изгорено“, потенцираше Груевски. Притоа најави дека ќе се зајакнат контролите и казните за дрвокрадците, со цел да се заштити шумското богатство.

Срѓан Керим, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за климатски промени и генерален директор на МПМ, ја оцени акцијата од исклучително значење за имиџот на Македонија во светот, бидејќи со неа граѓаните демонстрираат способност да направат нешто што не е само хумано туку и еколошки врвно и неопходно во светот. Керим засади зимзелено дрво „туја“ на Ајватовски рид кај Скопје.

„Со пошумувањето на нашите ридови и на нашата земја ние придонесуваме за почист и позелен свет, а тоа е еден од врвните светски приоритети“, додаде Срѓан Керим, кој од Борис Трајанов доби подарок црн бор, во знак на благодарност за медиумското покровителство на акцијата од страна на изданијата на „Медија принт Македонија“.

Акцијата за пошумување ја поддржа и претседателот Ѓорге Иванов, кој засади дрвца на локација кај велешкото езеро „Младост“ заедно со организаторите на акцијата. „Навистина сме горди што ваква акција доведува до сплотување и обединување, без разлика на верската, етничката и социјалната припадност“, рече Иванов.

Познатиот оперски пејач Борис Трајанов, главен иницијатор на акцијата, изјави дека како организатори се пресреќни, бидејќи се реализира по петти пат, но добива и регионални размери. „Особено не' радува што во акцијата се вклучија и нашите соседи од Албанија, Србија, Грција, Бугарија. Тие доаѓаат кај нас да садат на граничните премини и ние одиме кај нив. Од таа соработка ќе никне Алејата на пријателството“, истакна Трајанов.

На денот на дрвото, кој вчера беше неработен ден, гостиварските советници беа многу вредни. Додека илјада нивни сограѓани ги засадуваа голините на две локации, тие во општинската сала дебатираа по обемниот дневен ред од 18 точки. Заедно со нив работеше и општинската администрација. Во Гостиварско вчера беа засадени 70.000 садници бел бор на две локации на површина од 15 ха.

На четири локации во Прилеп беа засадени 160.000 садници. На 4.000 хектари во местата Песјобрце, Лениште, Селце и околу вештачкото езеро се садеа кипарис, багреми, јасен и црн бор. Со масовен одѕив на граѓаните за само два часа од почетокот на акцијата во Валандово беа засадени 12.000 дрвца на јавор и јасен. Во Гевгелиско во месноста Богорички Рид за рекордни четири часа беа засадени планираните 20.000 садници јасен, кипарис, багрем и црн бор.

Во месноста Бел Камен, битолчани на површина од 30 хектари засадија 90.000 садници бел бор и 30.000 млади садници со црн бор.

Жителите на Кочани за неколку часа пошумија површина од шест хектари со 12 илјади садници бор, аризонски кипарис и багрем.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=83095F8333893445B69CC76651B8AA40


А акцијата има и друга страна Roll%20eyes
Ден за улица Македонија или...
 
Вчерашниот неработен ден скопјани го минаа по пазарите, продавниците, кафулињата. На улицата Македонија вриеше како во кошница  
 
%20  
Сите во акција. Ама каква. Па нормално е човек да се запраша дали беше Ден на дрвото или за улица Македонија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=331101040253&id=14&prilog=0&setIzdanie=21948


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Mar-2010 at 21:20
Едни информација која е очајно потребна а новинарите наши не успеваат да ја обезбедат е на пример ваквите вести да ги проследат со процент на фатеност сите предходни акции, па да видиме каков е изходот на тие акции. Ако може и со слики да видиме колку тоа пораснало.

А ова за на улица Македонија срамота што се објавува ваква вест. Како да со закон е обврзувачки да се садат дрва. Остајте те ги луѓето на раат кафе да се напијат, неработен ден им е како сакаат нека го користат. После ќе идете ли по погони и канцеларии да ги сликате во некоја идна сабота. Не, тогаш некој вас ќе треба да ве слика во работен ден (сабота) како го правите истово, пиење кафе. Аиииииии се изнервирав. Како што летоска јавно што жигосуваа колку луѓе патувале за Грција, па уште во живо се јавуваа од "местото на злосторот" од граници. Ако не ве бива не значи дека треба да пополнувате вести со вакви глупости.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2010 at 22:10
Originally posted by lslcrew

А ова за на улица Македонија срамота што се објавува ваква вест. Како да со закон е обврзувачки да се садат дрва. Остајте те ги луѓето на раат кафе да се напијат, неработен ден им е како сакаат нека го користат.


Не е сабота или недела или први јануари или втори август. Да не беше ден на дрвото, немаше воопшто да биде неработен ден. Целата поента со денот на дрвото е да се промовира ова со пошумувањето и цела таа филозофија, еко свест итн. Нормално, не може цела популација да отиде на пошумување, но ако луѓето масовно го користат денот за кафе-пиење и други слични „шеми“, тогаш цела поента е промашена и подобро да ја баталиме целата претстава и да оставиме со пошумување да се занимаваат Македонски Шуми. Ионака е јасно дека акцијата е доста поскапа и доста понеефикасна, отколку континуирано пошумување од обучени екипи, па ако нема барем силно изразен ефект врз свеста на граѓаните, тогаш навистина најдобро да прекинеме со нејзе.

Еве јас признавам дека не се вклучив во акцијата (мада затоа што бев ангажиран, не бев на улица Македонија денот на дрвото да го искористам за да пијам кафе). И се сложувам дека не треба да има жигосување, ама јас ионака не видов таква работа во веста. Нема ништо срамота во веста... сосема си е легитимна. Дефинитивно треба да се евалуираат резултатите од акцијава и ефектот што го има. Ете и сам се прашуваш за процентуалната успешност на садниците (мада мислам дека до точни информации ионака не би можело да се дојде, со такви податоци лесно се манипулира и секако би биле пласирани само пофалби), но зошто да не се постави прашање и за процентуалното учество на населението во акцијава?


Posted By: nenad
Date Posted: 01-Apr-2010 at 10:44

Ме чуди тоа што упорно се продолжува со таа акција ѕа пошумување. Своевемено влегував во баш жолчни дискусии дека начинот на кој се спроведва таа акција е погрешна. Но ништо, се по старо...

Од стручен аспект ова е промашување, успешноста е далеку под 30 насто, се сади на импровизирани локации кои се близу до градовите кои не се погодни, почвата не е добро обработена, се користи необучена и немотивирана работна сила (никој не може да ме убеди дека средношколците одговорно ке се однесуваат), толкав број квалитетни садници тешко се обезбедуваат баш за тој однапред одбран ден. А уште поважно е што после пошумувањето тие садници треба да се негуваат, секој што посадил макар една овошка го знае тоа, а овде се оставаат на милост на временските услови. Шумарски факултет уште на почетокот реагираше но го замолчија. 

ПОдобро тие пари да и ги дадат на македонски шуми со обврска да го реализира планот, или да се формира нов правен субјект што ке го работи тоа континуирано и како што теба. Јас разбирам дека има потеба од промовирање на пошумувањето, доволна беше првата акција, но ова упорно продолжување ми е дебилно. Затоа соседните држави не сакаат да се придружат. Ми се чини единствено корист имаат расдниците, (кои и со поинаков формат како што предложив горе би имале корист), фирмите што увезуваат садници и некои т ја користат акцијата за лична промоција




Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2010 at 14:24
Не е спорно дека Македонија има институции што оваа намена можат да ја обавуваат систематски. ЈП Македонски Шуми, Министерство за Шумарство, Шумарски Факултет, Јавни Претпријатија по општините, Армијата како логистика. Но суштината е во тоа што оваа акција својата масовност ја должи на тоа што е еднодневна акција. Средствата освен што имаат цел да донесат шума како второстепена работа, првичната намена е медиумски интерес. И мора да се има и за ова разбирање, Македонија не е некоја којзнае колку богата држава па ниедна влада нема да се осуди да инвестира во домени што и нема да и донесат многу политичка корист. Затоа ваквите проекти се субвенционирани со медиумска поддршка. За некоја година нема да бидат и средствата ќе се насочат кон шумските претпријатија. Порано и тротоари се пуштаа со сечење ленти па еве веќе не се пуштаат, така ќе биде и со многу други проекти. Можеби и треба да се најде некој меѓубаланс па дел да иде преку година, дел на екс вака во акција. Стварно нема ништо патолошко во ситуцијава, ова е природна политичка последица. Целта ми е пред се да посочам дека ако ја нема акцијава, нема воопшто ни да има ни средства ни воља за пошумување. И не е тоа нешто што ние вештачки со декрет можеме да го решиме.


Posted By: nenad
Date Posted: 01-Apr-2010 at 16:52

За мене ситуацијата е патаолошки и немам разбирање. Немам разбирање за тоа дека формата е поважна од содржината, немам разбирање за тао дека ништо не се финансира во работи што не носат политички поени, немам разбирање дека политиката е секогаш над струката, држава сме веке 20 години, ако беше разбирливо во почетокот сега треба да конечно работите да дојдат на вистинско место. Немам разбирање за тоа дека шумата е второстепена работа, доста беше една акција на почетокот за промоција, сега конечно треба да се пошуми дравата. Холандија има повеке дрвна зафатнина од нас иако не е шумарска земја. 

Баш затоа што македонија не е богата земја не треба дасе трошат средства за сеење магла и ветер



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2010 at 18:27
Ние можеме да сонуваме колку сакаме ама да не е формата суштината воопшто и нема да ја има. И баш затоа што Македонија нема многу пари е вака, пошто инаку никако нема да биде.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Apr-2010 at 19:37
nenad,

има еден стар виц - Зеленото горе, зеленото горе, реков, зеленото ... капетанот на својте потчинети.

Немие јасно твојот отпор преме една ваква прекрасна акција, еве нека биде само да осознајат младите што е садница, за другото веќе не би дискутирал ако постојат такви акции по цел свет, ние сега да измислиме топла вода и да оформиме парламентарна комисија да се испита !!!!???

А парите на македонски шуми би биле бунар, потражи стаатии за нивната работа

И нешто убаво за очи и уши

[TUBE]A7Vje9-G4Rw[/TUBE]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2010 at 20:47
Со садењето дрвја стекнавме слава, ама не и пари



 
Од повеќето милијарди долари што се вртат на глобално ниво за борба против климатските промени, Македонија не успеа да се наметне и не повлече ниту долар  
 
%20  
Акцијата за пошумување „Ден на дрвото“, освен регионална слава на Македонија не и донесе надворешен финансиски бенефит. За близу 30 милиони посадени садници изминативе пет години, државата не успеа да повлече ниту долар од меѓународните фондови за климатски промени тешки стотици милијарди. Први почнавме со масовното пошумување, на нашиот пример се накалемија и другите земји, но не успеавме да направиме пари од тоа, посочуваат експертите. А можностите се навистина огромни. За намалување на емисиите на јаглероден диоксид, меѓународната заедница секоја година издвојува огромни суми пари за земјите во развој, што беше и една од клучните препораки на последниот самит во Копенхаген. Со пошумувањето, пак, се постигнува токму тоа - намалување на емисијата на штетни гасови и чиста животна средина. Високоразвиените земји се заложија да соберат близу 100 милијарди долари до 2020 година, кои ќе им се поделат на посиромашните земји, во кои спаѓа и Македонија. Само за заштита на тропските шуми се предвидува да се одвојат 3,5 милијарди долари во следните три години. Зошто македонскиот бренд „денот на дрвото“ досега не се најде пред овие фондови останува нејасно.

- Потребно е да се спакува формата и да се понуди на високоразвиените држави, амбасади или меѓународни фондови кои би финансирале. Тука, Министерството за животна средина треба да игра поголема улога - ни изјави Никола Николов, професор и експерт на Обединетите нации.

Тој потврдува дека се работи за големи средства, кои според него досега не се користени затоа што најверојатно не биле созреани условите. За да влезат пари под оваа основа, потребно е да се направи издржан проект колку јаглероден диоксид ќе се апсорбира, на која површина, за кој период итн, додава тој. Во Македонија, единствен одобрен проект што веќе користи вакви зелени пари и тргува со јаглеродни кредити е когенеративната централа „Когел-Север“. Со пошумувањето во наредната деценија, македонските шумски површини ќе се зголемат за дополнителни 100.000 хектари од севкупното сегашно неплодно земјиште.

Претпоставките се дека овие шуми, на годишно ниво ќе апсорбираат најмалку 250.000 тони јаглероден диоксид. Ова е огромен потенцијал за влез на зелените банкноти во земјата, тврдат експертите. Искра Стојковска, од невладиниот сектор апелира климатските промени да се стават високо на приоритетна листа на државата, како и напорите за пристап до меѓународните фондови.

- Како една од мерките што ги предлага невладината „Заедно за климата“ е и воведување на зелена гилотина по урнекот на постојната регулаторна гилотина, со која ќе се скратат, поедностават и олеснат административните процедури за добивање чиста енергија - вели Стојковска.


%20
 
   
Автор: Александар С. Димковски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=43101025517&id=10&prilog=0&setIzdanie=21950


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Nov-2010 at 02:29

Иднината не може да се засади со уништување

Досега од акцијата „Ден на дрвото“ се зафатиле над 12 милиони дрвја. Наскоро ќе се садат нови седум милиони дрвца

Сања Наумовска

Над 12 милиони млади дрвца се успешно засадени во изминатите две години во рамките на „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“. Тоа е повеќе од 60 проценти од над 20 милиона садници насадени на македонските голини во четирите акции во 2008 и во 2009 година. „Процентот е одличен“, вели маестро Борис Трајанов од Иницијативниот одбор на „Ден на дрвото“, кој најавува дека озеленувањето ќе продолжи и во следните десетина години. Тој признава дека голем број дрвца се уништени, не само поради природните процеси и сушењето, туку и од несовесните граѓани. Некои ги крадат, а други, пак, во нив пуштаат стада говеда и овци.

Најдрастичен е примерот со речиси целосното уништување на новите насади на Ајватовски Рид крај Скопје. За случајот е поведена кривична постапка и наскоро се очекува пресуда.

Засега не се знае колку од 7,5 милиони дрвја насадени пролетва го преживеале летниот период. Зелената акција продолжува и есенва, кога нови, седум милиони садници ги очекуваат македонските граѓани. Одлуката за точниот датум ќе се донесе неделава, а ќе зависи од временската прогноза. Овој пат, велат иницијаторите, ќе се садат најмногу листопадни дрвја, бидејќи од нив ќе се оформат еколошки шуми, наменети за граѓаните. Ќе се сади во 37 општини, на над 60 локации, а ќе бидат пошумени 1.350 хектари голи површини.

Годинава, најавува Трајанов, акцијата ќе се одржи под мотото „Садиме заедно за нас“ и е насочена кон семејното садење. Особено поголем интензитет ќе има во градовите, туристичките места, кај вештачките езера и крај автопатиштата.

„Секое училиште во Македонија ќе добие по 10 листопадни садници за зазеленување на својот двор. Ги едуциравме децата како правилно да засадат дрво, но и како да се грижат за него во иднина, бидејќи сметаме дека тие треба да ја продолжат нашата мисија за зелена иднина“, вели Трајанов, нагласувајќи дека за младата популација рап-групата „Токсикологија“ направи песна што деновиве се врти по радиостаниците. На шестата акција на „Ден на дрвото“ ќе биде посветен и спот во стилот на „Еднооки“, како и стрип нацртан од Дарко Марковиќ.

„Ден на дрвото“ и овој пат ќе ги надмине границите на Македонија. Во пограничните делови заедно ќе садат жителите на нашите општини со тие од соседните. Од идната година, пак, се планира балкански „Ден на дрвото“ во кој учество најавиле Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B9298218E28B57459C6FF5FBDCBC38AA - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B9298218E28B57459C6FF5FBDCBC38AA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Nov-2010 at 03:29
Зашто упорно процентот на украдени дрва го сметаат како уништени. Па тие не даваат кислород во нечив објект внатре. Пак е тоа општествена добивка. Треба отворено да се делат садници додека има интерес. Кој колку сака нека земе, немора сите да бидат на одредено место. Така барем ќе имаат посветено поголема внимание кога се по приватни дворови. Сигурно нема некој да ги зема за сточна храна, кога веќе по ридовите и за тоа служат.


Posted By: nenad
Date Posted: 09-Nov-2010 at 08:54

Besplatni Sadni cdeli Javnoto pretprijatie Makedonski sumi vo sorabotka so Ministerstvoto za ZSV sekoja godina. I porano sum daval komentari na ova tema, jas sum protiv ovaa akcija. 

Ne protiv posumuvanje, imam posumeno stotici hektari vo raznorazni akcii, no protiv nacinot na koj se izveduva ovaa akcija. Procentot na neuspesnost e pogolem od toj koj se naveduva vo tekstot. Protiv akcijata e i Sumarskiot fakultet, znaci strukata. A nie na Balkanot mnogu mmogu ne i obrnuvame vnimanie na strukata, pa i vo ova oblast. 

Akcijata ima pozitivno vlijanie  vrz podiganjeto na svesta na graganite, toa e veke storeno, i vreme e da se smeni nacinot, po mene najdobro e parite da se dadat vo nekoj fond, a posumuvanjeto da go izveduvaat profesionalni sumari. Takov sistem uspesno postoese uste vo SFRJ i kvalitetno se posumeni mnogu hektari. 

Mojot somnez e deka so vakvata akcija nekoj zarabotuva....



Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Nov-2010 at 09:55
Originally posted by nenad

Mojot somnez e deka so vakvata akcija nekoj zarabotuva....



Now, what makes you say that? Roll%20eyes Glasini...


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Nov-2010 at 12:41
Токму затоа е против и факултетот (шо ти го поистовети со струката, а не е така), зашто тој да не заработува и автономсно да го менаџира тој буџет за пошумување. Не викам дека нема никој со искрени намери да стварно се раководи од професионални принципи. Или па да ги дадеме во некој матен фонд што никој нема да му обрне внимание никогаш во година па тек тогаш да незнаеме кај се парите. Работата е што во нормална држава, ниедна власт нема да ти даде пари за нешто по добра воља ако од тоа нема добивка, барем не во популарност, ако веќе не во пари. Американците тоа оддамна го сватија. Цела нивна кинематографија и тв индустрија "субвенционираат" масовно непопуларни домени. Кај нас сеуште може да се сретнемислење дека треба да работиме по стари рецепти неколку децении што денеска практично не можат да дадат никакви резултати. Ненад сврти една страна назад, со тебе истово го имаме дискутирано уште во Април.


Posted By: nenad
Date Posted: 09-Nov-2010 at 14:22

Da, tocno e, veke dikutiravme, no jas mislenjeto ne go smeniv. Ne sakam nikogo da ubeduvam sekoj ima svoe mislenje. Smetam deka zboruvam vo ime na strukata, ne e samo fakultetot, poveketo sum inzeneri, tehnicari, sumari go mislat istoto. Fakultetot ima mnogu mani, cepkas interesna tema, no ovde islam deka se vo pravo. Fondot za posumuvanje na golini ne e relikt na komunizmot, vo mnogu zemji fukcionira slicen ako ne ist sistem, moe mislenje e deka taka rabotite se pocisti. Smetam deka krajnata cel treba a bide uspeh vo posumuvanjeto (koj e mnogu pomal od 50 procenti) a ne samo promocija. 

Ja razbiram potebata vladata da se reklamira i promovira (smetam deka toa umesno i uspesno go pravi) no dvapati godisno istata akcija e premnogu. Postojat dobriosnovi rabotata da se svrti protiv nea...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Nov-2010 at 14:28
Таман работа, не е реликт на комунизмот, ама во капиталистичко општество е одлика на поразвиени држави што можат да си го пришутат, и власти што можат да си приуштат сечење ленти на покапитални инвестиции сигурно дека ќе тргнат раце од пошумувањето. Еве ќе се обидам да дадам една предикција, не мора да ја земаме за точна. Следната акција треба да е на пролев, па после тоа пак на есен, нели ако продолжи акцијата. Зашто некој би се цапал во кал кога ќе има стадион за сечење лента, три музеи, театар, министерства итн. Не се сомневам јас дека повеќето во фелата гледаат професионално на работите кога ќе кажат дека треба да иде преку цела година со фонд. Ниту јас не трврдам дека не е така. само сакам да ти кажам,или вака ќе се изведе како што сега се изведува или воопшто нема да се изведе. Така стојат работите сега за сега.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Nov-2010 at 14:31
Песнава е снимена за акцијата.

[tube]tav4eH9vco4[/tube]

Да не ви внесе некоја раперска двосмисленост, и покрај авторската тенденциозност да ја има. На зборот "садиме" и уште повеќе "што тоа?".


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2010 at 23:52

Потребни се еколошки шуми што создаваат кислород

Не е важно колку милиони дрвца ќе засадиме, туку колку квалитетни шуми ќе создадеме

Сања Наумовска



На Македонија и' требаат еколошки природни шуми, кои ќе штитат од ерозија и ќе произведуваат кислород, а не дрвја корисни само за индустријата, сметаат стручњаците. Потребна е прецизна и долгорочна национална стратегија што ќе одговори на прашањата каде, колку и што треба да се засади во следните 10 години. Не треба да се инсистира на зимзелени шуми како пред пет децении кога постоела стратегија за развој на дрвната индустрија.

„Акциите на Денот на дрвото се одлична иницијална каписла во нашата земја да почне да се размислува за пошумувањето, но не само за квантитативниот аспект. Не е важно колку милиони дрвца ќе засадиме, туку колку квалитетни шуми ќе создадеме“, вели професорот од Шумарскиот факултет, Јане Ацевски.

Според карактеристиките на земјиштето во Македонија и климатските услови, мешаните листопадни шуми се идеални за подобрување на условите во животната средина. Статистичките податоци велат дека под шума се наоѓа 37 отсто од површината на земјата, што ја прави Македонија средно пошумена земја. Сепак, нагласуваат познавачите, пошумување не е потребно само на голините. Голем дел и од постојните шуми се деградирани и треба да се освежат. Тоа мора да се направи плански и ефективно за да се намалат подоцнежните трошоци за одржување на шумите, а да се постигне вистинскиот еколошки ефект.

Иако се најавува веќе една година, националната стратегија се' уште не започнала да се изработува. Најголем проблем се катастарските податоци што треба да одговорат во чија сопственост е земјиштето и која му е намената. Отсуството од плански документи врз кои ќе се прават издржани проекти за пошумување ги држи и европските фондови далеку од Македонија, категоричен е академик Ѓорѓи Филиповски. Пари за проекти од екологија во Европа има многу, но до нив мора да се дојде со знаење, вели тој, нагласувајќи дека ниту државата досега не се ангажирала да создаде свој Фонд за пошумување, кој ќе биде постојан и стабилен извор на финансии.

„Дали пасиштето или нивата треба да се претворат во шума или не, е прашање што може да се одговори по долготрајни и сеопфатни анализи на повеќе сектори, земјоделство, сточарство, екологија, метеорологија“, објаснува професорот Ацевски. Особено внимание, вели тој, треба да се посвети на видот на садниците што се садат во различни подрачја од државата. На Македонија и' се потребни еколошки шуми што ќе продуцираат кислород. „Тоа се листопадните дабови или јасенови шуми, на одредени подрачја измешани со зимзелени видови, како што се смреките и фојата“, вели Ацевски, нагласувајќи дека овие шуми поради мешаниот состав, поотпорни се на болести, но и на пожари. „Самото тоа ги прави самоодржливи и ги намалува трошоците за нивна заштита“, вели Ацевски.

Повардарјето и притоките на Вардар во источниот дел од државата се најголите површини во Македонија. Тука се концентрирани најмногу земјоделски површини и пасишта, но и голини што треба да се пошумат. Се работи за подрачје со надморска височина до 600 метри, идеално за садење листопадни дрвја, кои за неколку децении ќе прераснат во здрави еколошки шуми. Сепак, недостигот од катастарски податоци за сопственоста и намената на земјата и натаму го одложуваат овој процес.

Долгорочната стратегија е неопходна и за подготовка на јавното претпријатие „Македонски шуми“ каков расад треба да произведува во иднина. Сите балкански држави, вклучувајќи ја и Македонија, се ориентирани кон производство на садници наменети за стопански шуми. Промената на приоритетите и производство на еколошки садници може да го направи „Македонски шуми“ лидер на Балканот во производството на садници, кои се дефицитарни, а се повеќе барани во државните од соседството, сметаат стручњаците.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=73583D1C46836143AEE85009890954CC - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=73583D1C46836143AEE85009890954CC


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Nov-2010 at 19:24
Можеме да заработиме 30 милиони долари од тргувањето со СО2
 
Заради ублажување на последиците од климатските промени земјите од ЕУ веќе постигнаа согласност да ги намалат емисиите на јаглероддиоксид за 20 проценти до 2020 година, односно за најмалку 50 проценти до 2050 година, што е шанса за пошумуваната Македонија добро да заработи  
 
%20  
Традиционалната акција за пошумување „Ден на дрвото“, освен повеќе кислород и повеќе шума во перспектива, може да донесе и неколку десетици милиони евра во домашната економија. Процените се дека земјата може да заработи над 30 милиони евра годишно преку намалување на емисиите на јаглероддиоксид, што се постигнува токму преку пошумувањето. Тргувањето со таканаречените „јаглеродни кредити“ е огромен бизнис во светот, каде што се вратат стотици милијарди евра. Од овие пари Македонија засега не добива ништо, иако изминативе шест години засадивме 27 милиони дрвца.

• Кога ќе пораснат овие 27 милиони дрвца, засадени во досегашните акции за пошумување, на годишно ниво ќе апсорбираат најмалку 250.000 тони јаглероддиоксид. Тоа е планина пари само доколку успеете да ги продадете намалените емисии стакленички гасови на странскиот пазар, тврдат експертите
Кога ќе пораснат овие дрвја, на годишно ниво ќе апсорбираат најмалку 250.000 тони јаглероддиоксид. Тоа е планина пари само доколку успеете да ги продадете намалените емисии стакленички гасови на странскиот пазар, тврдат експертите.

- Сосема се реални можностите за добивање пари преку тргување со јаглеродните кредити, меѓутоа кај пошумувањето тоа е доста тешко, бидејќи се многу строги правилата. Треба да пошумувате на места каде што 50 или 100 години немало дрвја. Поедноставно е да изградите некоја енергетски ефикасна централа, која нема да загадува, и за тоа да добиете пари од странство - вели Искра Стојковска, експерт од невладината „Фронт 21/42“. Најголемите несогласувања на последниот самит за климата во Копенхаген беа токму за тоа на кои земји и колку пари да им се дадат за овие јаглеродни кредити.

Симплифицирано, постапката на јаглеродните кредити може да се објасни како „сиромашните држави ја спасуваат климата, а богатите плаќаат за тоа“. Суштината е во тоа што развиените земји-членки на ЕУ и потписнички на Анекс 1 од Протоколот, имаат обврска за одреден процент да ја намалат емисијата на стакленички гасови (ЦО2, ЦХ4, Н2О, СО2. ЦО). За да не ги затвораат своите фабрики (што емитуваат стакленички гасови) и да не отпуштаат работници во сопствените земји, овие држави може да инвестираат во проекти во земјите во развој (како Македонија).

- Проектите мора да бидат од сферата на обновливата енергија, енергетската ефикасност, подобрувањето на управување со отпадот, пошумувањето и други активности со кои се заробуваат емисиите на стакленички гасови - велат од Министерството за животна средина.

Потенцијалот за јаглеродно финансирање за Македонија е пресметан според цените на берзата - со просечна цена од 6 до 9 евра/тон редуциран јаглероддиоксид - и изнесува меѓу 24 и 36 милиони евра годишно. Но бројките варираат од година на година во зависност од цените на берзата, тврдат експертите.

Заради намалување на климатските промени земјите од ЕУ веќе постигнаа согласност да ги намалат емисиите на јаглероддиоксид за 20 проценти до 2020 година, односно за најмалку 50 проценти до 2050 година во споредба со нивоата на емисии од 1990 година. Некои високоразвиени земји ќе треба да ги намалат емисиите на стакленички гасови и за 80-95 проценти.

Тука е и шансата на Македонија, преку свои проекти и акции, како пошумувањето, да извлече пари од овие држави. Професорот Никола Николов од Шумарскиот факултет вели дека акцијата за пошумување што се води во Македонија треба да се вклучи во таквите типови проекти што се финансираат од надвор.

- Колку што ми е познато, тоа сé уште не е направено. Дали организаторите на „Денот на дрвото“ или некое од нашите министерства треба да контактираат со странските амбасади што работат на оваа проблематика и форсираат такви проекти - вели Николов.

Од Министерството за животна средина истакнуваат дека Македонија е потписник на Протоколот од Кјото и таканаречениот механизам за чист развој (ЦДМ), кој на земјата и ја дава можноста за јаглеродно финансирање и претставува шанса за привлекување странски инвестиции. Сепак, дознаваме дека проблем претставува малиот број на експерти што можат да и помогнат на индустријата со консултантски услуги во оваа сфера. Правилата се многу строги. За да помине проектот во Обединетите нации мора точно да се наведе колку и како ќе се намали емисијата на јаглероддиоксид и сето тоа поткрепено со докази, објаснуваат нашите соговорници.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112010913407&id=9&setIzdanie=22138 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112010913407&id=9&setIzdanie=22138


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Nov-2010 at 19:24
Прв пат наидувам на објаснување за продолжувањето на форсирањето на зимзелени дрва при пошумувањето:

Пошумувањето е инвестиција за 23 век
 
Сегашните зимзелени дрвца треба да остарат и да се распаднат, на тој начин подобрувајќи ги влажноста и плодноста на почвата, за на нивното место да се насадат листопадни, кои се соодветни за климатските услови на местата што се пошумуваат, Практично, инвестираме во природната околина на нашите прапраправнуци  
 
%20  
Со шестото масовно пошумување за три години, Македонија додава уште седум милиони садници на 28-те милиони засадени досега. Успешноста, како што информираат надлежните државни установи, е одлична. Просекот е околу 60 отсто за сите акции досега. Лани се зафатиле речиси 70 отсто од садниците, а на некои локации се зафаќаат речиси 90 отсто од засадените дрвца. За да се смета едно пошумување за успешно треба да се зафатат 40 отсто садници. Според процените од „Македонски шуми“, ако продолжат овие трендови, за десетина години ќе се пошумат стотина илјади хектари, со што половина од територијата на Македонија ќе биде под шуми, наместо една третина, како сега.

Но ќе поминат уште многупати по десет години додека од дрвцата високи десетина сантиметри (со исклучок на тие за политичарите, кои обично се од половина метар) израсне вистинска шума што ќе може самата да се одржува и да ја направи Македонија позелена. На најсувите места, каде што почвата е најсиромашна, се садат зимзелени дрвја, борови и чемпреси, бидејќи ништо друго не успева. Според експертски објаснувања, чемпресите се издржливи, но боровите се многу поранливи во такви подрачја, за што е доказ и фактот дека околу 14 илјади хектари вештачки подигнати зимзелени шуми се загрозени од паразитот боров четник, кој им ги соголува игличките и така ги убива дрвјата. Затоа, ако овие садници ги издржат болестите и остарат, а притоа со нивното распаѓање ја направат почвата поплодна и климата повлажна, за три-четири децении во местата што денес личат на кадри од авганистанските бојни полиња ќе можат да почнат да се садат дабови и други видови на кои им одговараат температурите и надморската висина. Дабовите насади потоа би се развивале уште 100-200 години, додека не станат вистинска одржлива шума, која ќе ја подобри состојбата со животната средина и ликот на Земјата, а со која ќе може и да се стопанисува. Значи, инвестираме во природната околина на нашите прапраправнуци.

Вчера се садеше на 80 локации во земјава. Учествуваа ученици, војници, политичари, дипломати и други граѓани. Борис Трајанов, иницијаторот на акцијата „Ден на дрвото“, вели дека успехот е сé поголем, а резултатите сé повидливи.

- Се издигнува свеста за садењето дрвца. Насекаде се зборува за дрвото, а се сади и надвор од акцијата, во парковите и во приватните дворови - рече Трајанов.

Како што објасни тој, седумте милиони дрвца не се садат за еден ден, туку тоа е опфатот на целата есенска акција, а самиот ден најмногу служи за да се влијае врз јавната свест.

Годинешната акција чини околу 70 милиони денари.




Груевски: Пошумуваме многу повеќе од порано

Досега вкупно се засадени 35 милиони дрвца, што покажува дека станува збор за нешто големо, рече премиерот Никола Груевски по повод акцијата.

- Во минатото биле садени околу 650 илјади дрвца годишно, а сега имаме по 14-15 милиони секоја година. Тој што еднаш ќе засади дрво, многу тешко ќе се одлучи да исече некое, освен ако тоа е неопходно - истакна Груевски.



Ставрески: Дрвјата се како економијата

За министерот за финансии Зоран Ставрески, садењето дрвца е обврска и на денешните и на идните генерации.

- Има голема аналогија меѓу садењето и растењето дрвја и економијата. И двете бараат добра основа, низ годините ќе бидат изложени на предизвици, но ќе бидат жилави и верувам дека ќе успеат за доброто на Македонија - нагласи Ставрески.



Шапуриќ: Дали успешноста е само 10 отсто?

Либерално-демократската партија ќе побара од Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собранието да достави прецизни податоци за акциите за пошумување, најави вчера Зоран Шапуриќ, поранешниот министер за животна средина.

- Не оспорувајќи ја потребата да се пошумува, прашуваме колку пари се собрани од граѓаните за тоа, колку садници по видови и количества се набавени, по кои цени, на кои локации се засадени, на кој начин се штитат, колку успеале да израснат, а колку не, која е причината за неуспешноста? Според мислења на експерти, успешноста е помала од 10 отсто - рече Шапуриќ, кој е претседател на партискиот одбор за животна средина.

 
   
Автор: Г.Т.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112010915219&id=9&setIzdanie=22138 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112010915219&id=9&setIzdanie=22138





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Feb-2012 at 01:30
Површини под видови на шуми во Македонија, по статистички региони (2010 година)






Posted By: +Protagorist
Date Posted: 13-Jan-2016 at 01:14


koj bi rekol deka bugarski aber polesno se memorira so srpski prevod, kamo vaka i porano da se dogovorea/razberea onaka komshiski deka za shumite v Pirinska i nie imame tapii, no eto sega se beskrajno tugji a vo ovie okolnosti duri i na poklon da ni gi dadat od istite nema da imame osobeno fajde so ogled deka samo bi go dozagushile eterot

nejse, pazachkata inventivnost na bugarskite ekolozi bi mozelo i nie da ja pozajmime, ta so lesnotija da terame shumski seir i toa interaktivno 

Наставља се борба за очување бугарске шуме

Бугарска шума је природно благо којим се и данас поносимо. Напори за његово очување и одрживо коришћење почели су пре више година, а трају и у нашим данима. О опасностима које данас прете шумама у Бугарској разговарали смо са инж. Александром Дунчевим, шумским стручњаком Светског фонда за заштиту природе-Бугарска /WWF–Бугарска/ који посебну пажњу посвећује стварању могућности за очување вековних шума и унапређењу законске регулативе у циљу бољег управљања шумама у Бугарској.

“Шума није само извор индустријске сировине. Шума нема само економски значај. У исто време када говоримо о бугарским шумама, не смемо заборавити на пораст економског интереса. Производња дрвне масе бележи раст од око пола милиона кубних метара годишње”, каже инж. Дунчев. „А то је на рачун других важних функција шуме – социјалне и еколошке. Социјална функција шуме подразумева не само могућност да људи скупљају дрва за огрев, већ и могућност за развој туризма. Веома често дојаве о илегалној сечи шума у Бугарској које се користе претежно у туристичке сврхе упућују управо туристичка удружења или грађани. Илегална сеча, бар привремено, уништава туристички потенцијал шуме.“

Бугари сматрају да је сеча у земљи масовна и неконтролисана, због чега је 2015. године друштво затражило увођење мораторијума на извоз дрвне масе. Бугарска извози сирову дрвну грађу, укључујући и огревно дрво, у суседне земље и управо ова контрадикторна пракса је довела до увођења забране. Мораторијум је укинут усвајањем измена закона у циљу стварања услова за бољу контролу производње дрвне масе. Мере које су донете овог лета имају за циљ да повећају транспарентност и могућност за директну грађанску контролу кроз стварање јавног информационог система. Смањен је интензитет сече, а уведене су и једноставне мере за сузбијање незаконите сече, забрањени су производња и превоз дрвне масе ноћу, предвиђено је увођење GPS уређаја за камионе који превозе дрвну масу.

Инж. Дунчев додаје да упркос строжим мерама, постоје случајеви када под снажним политичким и корупционим притиском контролни органи прикривају прекршаје. Стога се заштитници природе залажу за повећање одговорности власника компанија које се баве производњом дрвне масе.

Последњих година све очитија постаје чињеница да незаконита сеча и неодговорно понашање према природи код нас доносе велику штету бугарском друштву – до сада невиђене поплаве и клизишта, сушу и загађење воде за пиће. У 2015. години дошло је до снеголома, ледолома, ветролома и пожара који су такође нанели велику штету шумама.

Социолошка истраживања показују да је очување шума најважнија еколошка тема за бугарско друштво. Активира се дијалог између еколошких организација и државних институција, што ствара могућност за заједничке контроле у шумама у циљу спречавања манипулисања подацима. Постоји и немали број заједничких пројеката попут оних за очување приобалних и вековних шума. Из Светског фонда за заштиту природе-Бугарска су заједно са шумским службеницима мапирали 25.000 хектара последњих вековних шума у Бугарској ван заштићених подручја.

Уз помоћ државе створена је географско-информативна веб платформа http://gis.wwf.bg/forests/ - gis.wwf.bg Она пружа могућност за лоцирање одређене шуме, након чега се од Агенције за шуме могу затражити информације о томе да ли је за њу издата дозвола за сечу. Такође, 2015. године је свим грађанима омогућено да све примећене прекршаје у вези са шумама дојаве на број 112. Унапређењем прописа грађанима ће бити омогућено да учествују и у изради локалних планова управљања шумама. 

Свако може допринети очувању бугарске шуме. Корак у том правцу су већа информисаност о њеним проблемима и жеља за већом транспарентношћу у управљању и коришћењу шума.

http://bnr.bg/sr/post/100638376/nastava-se-borba-za-ochuvae-bugarske-shume - http://bnr.bg/sr/post/100638376/nastava-se-borba-za-ochuvae-bugarske-shume

~

inaku wwf-bg https://www.youtube.com/watch?v=1spVfool9gM - se ekstra aktivni po site strani , a ko ekolozi im fali da isturkaat ushte eden nacionalen edukativen centar za deca, ta opushteno da ja ostavat prirodata v race na idnite pokolenija 



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв



Print Page | Close Window