Print Page | Close Window

Телекомунациска кула на Водно

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2241
Printed Date: 15-Sep-2019 at 07:22


Topic: Телекомунациска кула на Водно
Posted By: vladegf
Subject: Телекомунациска кула на Водно
Date Posted: 22-Mar-2013 at 13:12
Во план е изградба на телекомунациска кула на средно Водно, со висина околу 100 метра на бетоснкит дел на кого ке бидат поставени сите антени. Има ли некој повеке информации за ова, или можеби пости топик за ова. Веке се изработува и проект. ако за овој објект постои нишка моредаторите нека бришат



Replies:
Posted By: kiriOK
Date Posted: 22-Mar-2013 at 14:15
Дефинитивно некој решил да копира од Софија и Белград.


Posted By: daci92
Date Posted: 22-Mar-2013 at 14:34
Па добро мислам дека ова не е копирање туку едноставно правење на нешто што останатите држави го имаат а ние не и задоволување на некој услови.
Ако навистина се прави вакво нешто тогаш е за поздрав.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Mar-2013 at 14:44

Originally posted by kiriOK

Дефинитивно некој решил да копира од Софија и Белград.


Такви кули има во секој поголем град во светот.



Posted By: ehrlich
Date Posted: 22-Mar-2013 at 15:09
Во неколку наврати го имам слушнато директорот на Агенцијата за електронски комуникации дека планираат да ја изградат оваа кула, што е многу добар проект и е за поздравување. 


Posted By: alexgizh
Date Posted: 22-Mar-2013 at 16:01
Апсолутно сум за консолидирање на сите предаватели на едно место. Едноставно не сум сигурен дали е најадекватно да се изгради кула на Водно, кое самото по себе е доста високо.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Tiveriopol
Date Posted: 22-Mar-2013 at 16:05
Како што знам АЕК собира страшни пари од мобилните оператори и електорнските медиуми.
Па така вишоците од милиони евра ги трошеа до сега за Аква Парк во Скопје и палата милионска во проектот СК 2014.
Сега ќе прават кула добро не е ски центар на Водно барем ова колку толку им е во надлежност.


Posted By: nouseforname
Date Posted: 22-Mar-2013 at 16:20
a cekajte ne li trebase da se gradi taa kula vo gazibaba park sumata ?


Posted By: Dexter26
Date Posted: 22-Mar-2013 at 16:23
Originally posted by alexgizh

Апсолутно сум за консолидирање на сите предаватели на едно место. Едноставно не сум сигурен дали е најадекватно да се изгради кула на Водно, кое самото по себе е доста високо.

 
Па во непосредна близина на Милениумскиот Крст, кој е висок 66 метри, има дури 3 предавателни столбови, а оваа предавателна кула треба да биде висока неверојатни 100 метри и да биде изградена на средно Водно, па од тука се става под знак прашалник потребата од трите предавателни столбови кај Милениумскиот Крст, како и потребата од оваа 100 метри висока предавателна кула на средно Водно.
 
Една од овие 2 предавателни локации е непотребна.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Mar-2013 at 16:26

Originally posted by nouseforname

a cekajte ne li trebase da se gradi taa kula vo gazibaba park sumata ?


Би била добра идеа според мене да се раздвижи малку и парк шумата во Гази Баба со оглед дека се планира и ресторан така да сигурно кулата би била атракција само по себе. Само незнам како би се одразило на јачината на сигналот од технички аспект.

Но факт е кога ќе се запнат за една локација не ја остават да дише дури не го искористат и последниот центиметар. 



Posted By: vladegf
Date Posted: 22-Mar-2013 at 16:50
последен апдејт што разбрав, кулата ке има на горната половина и платформа, нешто како видиковец. Се надевам дека во понеделник ке дојдам и до цртежи од проектот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Mar-2013 at 20:48
уште еден проект од кој немаме апсолутно никаква потреба...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Mar-2013 at 21:16
а нели горе веќе постојат една-две телекомуникацски кули... ако станува збор за нивна замена... и растеретување на зградиве по Скопјево од предаватели... тогаш Ок... ама колку е тоа исплатливо и навистина потребно... па баш на врв на Водно...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: vladegf
Date Posted: 22-Mar-2013 at 21:31
Фосил нема да е на врв туку на средно..


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Mar-2013 at 21:53
А која е поентата пак на тоа...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: vladegf
Date Posted: 22-Mar-2013 at 22:25
па единствена оправданост ми иде на памет е да не ја упропастат на врвот концепцијата со крстот


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Mar-2013 at 22:51
И овде сум за иницијатива ако ги задоволува техничките услови да се гради во Паркот Газибаба. 


Posted By: vladegf
Date Posted: 22-Mar-2013 at 22:53
ili na zajcev rid...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Mar-2013 at 22:58
Незнам како е на зајчев рид , но мислам дека ваква инвестиција ќе го заживее паркот во Гази Баба а не вака да се гледа како црна дупка.  


Posted By: kiriOK
Date Posted: 23-Mar-2013 at 01:57
Originally posted by daci92

Па добро мислам дека ова не е копирање туку едноставно правење на нешто што останатите држави го имаат а ние не и задоволување на некој услови.
Ако навистина се прави вакво нешто тогаш е за поздрав.
 
Која е потребата?
Каква потреба имаме ние од вакво нешто?
 
Се работи за типично крадење од околните држави.
Сплавови,етно села,телекомуникациски кули...
Да не се лажеме,се работи се луѓе со комплекси,кои што ги виделе овие работи пред се во Софија и Белград па решиле да ги копираат овде.
 
 


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Mar-2013 at 01:47
Originally posted by kiriOK

Originally posted by daci92

Па добро мислам дека ова не е копирање туку едноставно правење на нешто што останатите држави го имаат а ние не и задоволување на некој услови.
Ако навистина се прави вакво нешто тогаш е за поздрав.
 
Која е потребата?
Каква потреба имаме ние од вакво нешто?
 
Се работи за типично крадење од околните држави.
Сплавови,етно села,телекомуникациски кули...
Да не се лажеме,се работи се луѓе со комплекси,кои што ги виделе овие работи пред се во Софија и Белград па решиле да ги копираат овде.
 
 
телекомуникациски кули има во сите поголеми граодви каде што имало потреба од нив, не измислиле ни Белград ни Софија топла вода... исто е и со сите други работи како сплавовите и етно селата

но, вистинското прашање останува, дали кај нас навистина е потребно такво нешто???


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Mar-2013 at 01:56
Originally posted by kultuzin

Незнам како е на зајчев рид , но мислам дека ваква инвестиција ќе го заживее паркот во Гази Баба а не вака да се гледа како црна дупка.  
го разбирам твоево мислење, и јас се би дал за да заживее тој прекрасен рид, онака како што живее на пример градскиот парк...
НО, телекомуникациски кули не се прават за да бидат атракција (во ред, грандиозноста се пумпа подоцна), но сепак се прават најпрво со намената која се спомнува во нивното име

инаку, парк шумата не заживува поради ред други работи, кои тука не се ни за пишување... едни скали што се до ПМФ, па луѓе се плашат да ги поминуваат сами, и тоа со реална, непредрасудна причина
што се однесува до погледот, доволен ти е видиковец висок некои десетина метри (колку да ги надмине дрвјата), и имаш прекрасен поглед врз буквално целиот град, кој за мене е дури многу поубав од оној на Водно на пример, а паркот си е сам по себе многу убав, и доволно е да се уреди само со патеки и опрема


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 24-Mar-2013 at 03:08
Некаде гледав (можно е да беше на ланското БИМАС) проекти за ваква работа, ама по сеќавање мислам дека беа ко за на врв на Водно.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Mar-2013 at 12:32
Еве и од мене една идеја, Милениумскиот крст на Водно, до него нека ја стават оваа кула и до нејзе споменикот на Мајка Тереза и сите тие ќе се натпреваруваат во висина. Ама фазла под 100 метри висина не признавам.


Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 06-Jun-2013 at 00:45


Posted By: alexgizh
Date Posted: 06-Jun-2013 at 09:19


Што убаво кога некој ќе си стаи слика линкана директ до неговиот хард диск

Ако сакате да прикачите слика, користете сервис како што е imgur.com, па прикачете ја сликата таму, URL-то на сликата ископирајте го и со него поставете ја сликата на форумов.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 09-Jun-2013 at 11:45
.


Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 09-Jun-2013 at 11:47
.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Jun-2013 at 11:53
Originally posted by Pyotr I. Tchaikovsky

KONECNOOO - SORRY PRIJATELI AMA DUR NAUCAM .. blagodaram alexgizh

VI JA PREZENTIRAM FAMOZNATA KULA NA VODNO. POZDRAV


Ova e nekoe konkursno resenie, nekoja idea ili definitivno izbrano resenie???


Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 09-Jun-2013 at 12:13
Definitivno resenie mislam deka e i tenderot vo postapka.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 09-Jun-2013 at 12:13
Јас имам податок дека на Водно на врв озраченоста е над сите граници и дека уште на времето само војската знаела за ова, значи озраченост од предавателите која е дури смртоносна ако се седи подолг период со месеци итн... Ова се информаци што се потврдени а имајќи предвид и дека беше инсталиран уште еден предавател пред 5-6 години...

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 09-Jun-2013 at 12:18
.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-Jun-2013 at 12:25
Што ви реков јас дека ќе биде на врв... вие ми викате Средно Водно...

Ок е се... Да речеме дека на прв поглед ми се допаѓа, со оглед дека се наоѓа на врв на планина и таму нема смисла да инсталираш обична чинија или уште помалку топка ко во Торонто или Берлин на пример...

Малку ме потсеќа на скулптурата на АрчелорМитал во Лондон... ама добро...

Ме зачуди само што според изгледот, може да се смести во брутализам/футуризам од времето на СФЈР, па ми падна чудно што овие нашиве барок-љубители се одлучиле за вакво нешто...

Како и да е... вака генерално, на прв поглед ми се допаѓа...

Ме интересира само, колку ѝ е предвидената висина? О, веќе има одговор на моето прашање... Фала

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-Jun-2013 at 12:38
Имаш ли уште слики?

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Jun-2013 at 12:50
Ne sum golem poznavac na ovaa oblast no mislam deka vakovo ili slicno resenie nikogas nemam videno. Od ona sto dosega go imam video vie kuli se klasika stolb so nekoj vid topka na sredinata. Mislam deka ova resenie e dosta inovativno i zatoa mi se dopaga.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 09-Jun-2013 at 14:23
Крстот ќе се изгуби од вакво чудовиште и џабе ќе е изграден кога ќе доминира ова а башка што е крајно непотребно.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: jyvation
Date Posted: 09-Jun-2013 at 18:20
Не гледам зошто би доминирала.Баш е на пристојна дистанца од крстот јас мислам.


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 09-Jun-2013 at 18:29
Нека му направат ваков фејслифтинг на крстот, бар за тоа се тата-мати, а и онака за ништо не служи, само троши струја.

-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 09-Jun-2013 at 18:52
Ако е бетон тоа што го гледам, навистина ме асоцира на брутализам, браво за кулата.Баш ме интересира кој материјал би го употербиле за она црвенната пајажина во основата.
Некако се сомневам во сликата сепак, како too good to be true.
А и уште никој од медиумите гледам ја нема украдено да ја пушти во јавноста како по обичај.


Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Jun-2013 at 19:00
Нема ни малку да наликува на брутализам, а таа црвената пајажина тоа се решетки, односно стапови.

-------------


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 09-Jun-2013 at 20:23
Изградбата требало да започне на 1 Април ама има каснење ! Информација од прва рака !


Posted By: Supervisor
Date Posted: 09-Jun-2013 at 20:59
Како бе немало да смета не сме од марс паднати... А кој ќе го гради ова Бетон ли? Зашто нема податоци за тендерот на нет...

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 10-Jun-2013 at 07:47
.


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Jun-2013 at 09:12
а кога се планира да се гради(започне и заврши)?патем благодарност за информациите и сликата


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 10-Jun-2013 at 10:27

а зошто панорамскава кула,ајде та и телекомуникациска била,не ја паркираат на Рамно на Скопска Црна Гора,тој врв т.е. плато е 1600 метри и токму уште ваква кула му фали,иако поавтентично би било Крстот да биде таму а тука кулава,но и така се ни е обратнопропорционално та и од ова нема да му куца на магарето!

во случај да се предомислат и да ја дислоцираат на СЦГ потенцијално власта би го пренела тежиштето на ширење на градот кон север и урбанизирање на тој дел,иако сега се бара начин како поефeктивно да се искористи жичарата,но сепак жртва на ваквата амбиција е Крстот и неговата симболика и над Скопје но и како симбол воопшто,слично ко што го сотреа брутализмот со Ск'14 така тоа го прават и тука! истоварена на Крстовар оваа работа (ако може да се каже предетерминиран упад) единствено отвора простор и за други футуристички садници наоколу во иднина!?  



-------------
HaјсилнoтoOpужјe http://oregonstate.edu/instruct/phl201/modules/Philosophers/Protagoras/protagoras_plato_knowledge.htm - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 10-Jun-2013 at 12:42
Tnx Tchaikovsky за сликата и информациите.
Инаку се има случено од тука да земаат слики и информации некои медиуми,
така да ако лично си загрижен за сликата, подобро извадија


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 10-Jun-2013 at 14:40
Originally posted by Pyotr I. Tchaikovsky

Crveno e specijalna mreza, beton e kulata vo sredina, platformite se od celik, na vrv e emiter antena, a rogovite koi idat stranicno se kombinacija celik-beton. Za informacija od prva raka "Z|evzek" taka trebase ama "as always" problem so dokumentacija. Sliki vo mediumi nema zatoa sto ne smeat da se objavuvat, ali bidejki forumot e extra i site ovde ste "cool dudes" resiv da ve pocastam official fotka. Pozdrav
Те искодошив дека ја стави сликата ама ми рекоа дека ништо не е страшно хахаха


Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 10-Jun-2013 at 16:13
.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 10-Jun-2013 at 20:57
Дали се знае за колку би требало да заврши градбата од почетокот на градење?
Инаку колку што можам да забележам "чиниите" во кои се планира да се смести ресторантот се фиксни и нема да ротираат, ако добро забележувам.



Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Jun-2013 at 20:03
Originally posted by kultuzin

Дали се знае за колку би требало да заврши градбата од почетокот на градење?
Инаку колку што можам да забележам "чиниите" во кои се планира да се смести ресторантот се фиксни и нема да ротираат, ако добро забележувам.

не ротира целата „чинија“ туку најверојатно само внатрешна плоча во чинијата на која е поставен ресторанот



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: axel
Date Posted: 05-Jul-2013 at 19:59

„Гранит“ потпиша договор со АЕК вреден 17,6 милиони евра

Градежната компанија ќе гради антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции

http://www.telegraf.mk/temi/granit - „Гранит“ потпиша нов договор со http://www.telegraf.mk/temi/aek - Агенцијата за електронски комуникации за изградба на антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Македонија, информираат од градежната компанија.

Станува збор за договор вреден 17,6 милиони евра, или над една милијарда денари, без пресметан http://www.telegraf.mk/temi/ddv - данок на додадена вредност (ДДВ). Рокот за изведување на системот е пет години.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/9547-granit-potpisa-dogovor-so-aek-vreden-176-milioni-evra



Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Jul-2013 at 23:46
„Гранит“ ќе ја гради телекомуникациската кула на Водно

Футуристичка телекомуникациска кула во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Покрај современата телекомуникациска опрема, во рамките на објектот со вкупна висина од 155 метри ќе се изгради ротирачки ресторан со панорамски поглед на главниот град, но и административни простории на помала површина на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и на Министерството за внатрешни работи (МВР). АЕК деновиве потпиша договор со градежната компанија „Гранит“ од Скопје за реализација на зданието кое ќе се гради во наредните 60 месеци. Вредноста на договорот изнесува 1.084.706.000 денари или над 17,6 милиони евра.

За овој објект со истата градежна компанија е потпишан уште еден договор во висина од 24,6 милиони денари во декември минатата година. Проектната документација за телекомуникациската кула ја изработи друштвото за производство, услуги и промет „Билд“, додека ревизијата на проектот ја изведе „Балкан консалтинг“. Заедно со основниот договор, финансиската конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра. Проектот предвидува и инсталирање на високо софистицирана опрема за контрола и мониторинг на радиофрекфенциите и современа антенска опрема.

http://www.build.mk/?p=26765


Posted By: Dexter26
Date Posted: 10-Jul-2013 at 17:02
Честитки до администраторите, модераторите и сите членови на http://www.build.mk/forum/ - форумот на http://www.build.mk/ - build.mk
 
Иако и досега телевизија Алфа директно или индиректно го има спомнато форумов и ги има прикажувано неговите содржини, сепак ова е прв пат да видам на Алфа да емитуваат вест во која го спомнуваат форумот на build.mk како конкретен извор на информацијата која ја објавуваат.
 
Како член на форумот на build.mk благодарен сум и на информативната редакција на телевизија Алфа за ваквиот бесплатен маркетинг на форумот. Applause
 
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=59694 - http://www.alfa.mk/News.aspx?id=59694
 

Крстот на Водно „добива друштво“

 
10.07.2013 17:49:13
 
Скопската телекомуникациска кула нема да биде само голем антенски столб. Објектот висок 150 метри, ќе има канцеларии и ресторан, во четирите затворени простории налик дискови. Идејното решение денеска го објавиja неколку портали, но истото може да се најде и на форумот за градба и архитектура „Билд“. Корисникот кој уште пред еден месец ја објавил фотографијата, пренесува и други детаљи за градбата. 
 
Скопската телекомуникациска кула нема да биде само голем антенски столб. Објектот висок 150 метри, ќе има канцеларии и ресторан, во четирите затворени простории налик дискови. Идејното решение денеска го објавиja неколку портали, но истото може да се најде и на форумот за градба и архитектура „Билд“. Корисникот кој уште пред еден месец ја објавил фотографијата, пренесува и други детаљи за градбата.
 
- „Црвеното е специјална мрежа, бетон е кулата во средина, платформите се од челик, на врв е емитер антена а роговите кои одат странично се комбинација челик- бетон. “- се вели во еден од одговорите на анонимниот корисник на форумот на „Билд“.
 
Телекомуникациската кула на Водно е проект кој го реализира Агенцијата за електронски комуникации. Ќе чини барем 17,5 милион, ќе го гради „Гранит“ а објектот треба да биде готов за 5 години.
 
Маркичката за негова изградба е на околу 500- тини метри до Милениумскиот крст. Или гледано од Скопје, ќе биде од лево на досега највисокиот објект на планината.
 
Александар Димитриевски



Posted By: Pyotr I. Tchaikovsky
Date Posted: 12-Jul-2013 at 08:02
Dragi prijateli bidejki se sluci da ja prevzme alfa slikata i objasnuvanjeto za kulata, istata morase da ja odstranam poradi... pricini.

Pozdrav


Posted By: blejdsk
Date Posted: 13-Jul-2013 at 04:27
ти ја отстрани , али затоа јас ја зачував ))



-------------





Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Jul-2013 at 09:54
доста почесто телевизиите го цитираат форумов и тоа го кажуваат со голема почит

Блејд,ако му прави проблем на работа тргнија сликата,види разговарај по ПП


Posted By: blejdsk
Date Posted: 13-Jul-2013 at 15:35
Веке циркулира сликата и на други места по интернетов ,, нешто што излегло на виделина не може да се сопре. А и не е нешто кој знае што проектот е избран , Гранит го доби тендерот , кулата ке се гради. Не гледам ништо спорно/

-------------





Posted By: alexsend
Date Posted: 13-Jul-2013 at 18:26
Да, нема зошто да се цензурира нешто што е веќе објавено.
Што има лошо во тоа, ова е време на интернет, секој може да објави што сака.

Друга работа, сликата е произволен цртеж на некој или веродостоен призказ?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jul-2013 at 20:40
Originally posted by blejdsk

Веке циркулира сликата и на други места по интернетов ,, нешто што излегло на виделина не може да се сопре. А и не е нешто кој знае што проектот е избран , Гранит го доби тендерот , кулата ке се гради. Не гледам ништо спорно/

Се согласувам, но нашево општество очигледно има допирни точки со Северна Кореа, па мислам би било коректно сепак да постапиш како што предлага gjoko и да го исконтактираш Tchaikovsky по приватна порака.

Она што би им го препорачал на сите кои сакаат да споделат некои вакви материјали, а поради разни тапоглавци тоа може да им предизвика проблем, едноставно нека постираат целосно анонимно, без никакви коментари кои можат да ги идентификуваат, ниту да се доверуваат на било кого во своето работно опкружување за постот. Доколку се работи за веќе зачленет форумаш, слободно нека отвори нов акаунт што ќе го искористи во таква цел, а во таков случај ние модераторите едноставно ќе се направиме на три и пол...

Исто така доколку некој сака може некој од модераторите да ги постира таквите материјали, само нека не исконтактира по приватна порака па ќе се договориме. А тапоглавците од првиот параграф нека се сликаат тогаш.


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2013 at 17:29
Телекомуникациската кула ќе чини 18,1 милиони евра




Tелекомуникацискатa кула на Водно во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Овој објект ќе го гради градежната компанија „Гранит“, јавува Скопје инфо.

Заедно со основниот договор, финансиската конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра.

Гранит преку Македонската берза извести дека кулата ќе биде готова за 5 години и ќе чини 17,6 милиони евра.

За овој објект со истата градежна компанија е потпишан уште еден договор во висина од 24,6 милиони денари во декември минатата година, објави порталот Билд во јули.

Проектната документација за телекомуникациската кула ја изработи друштвото за производство, услуги и промет „Билд“, додека ревизијата на проектот ја изведе „Балкан консалтинг“. Оттука, целата финансиска конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра.

Проектот предвидува и инсталирање на високо софистицирана опрема за контрола и мониторинг на радиофрекфенциите и современа антенска опрема.

Во рамките на овој објект ќе има и ротирачки ресторан од кој ќе се гледа панорама на Скопје. Кулата ќе биде висока 155 метри, а во неа ќе има и административни простории за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР). Кулата ќе биде повисока и од зградата на МТВ (70 метри) и од висококатниците на Џеваир Холдинг во Аеродром (135 метри).

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=7979 - http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=7979

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Sep-2013 at 18:18
Овие години го славиме `воскресението Гранитово`.Фирмата успеа да се пикни подкожа на сегашниве влати


Posted By: gorco
Date Posted: 30-Sep-2013 at 16:46
Агенцијата за електронски комуникации и МВР планираат да го набљудуваат Скопје од врвот на Водно, од телекомуникациска кула висока 155 метри, што ќе биде највисок објект во градот. Кулата со футуристички дизајн ќе биде предавател за македонските оператори и антенски систем за контрола и мониторинг на радиофрекфенциите. Во неа ќе има административни простории на АЕК и МВР, како и ресторан со панорамски поглед врз Скопје. Според градежната компанија Гранит, кулата ќе биде завршена за 5 години, а првите проценски се дека ќе чини 18 милиони евра.



http://it.com.mk/k-e-se-gradi-najvisokata-futuristichna-telekomunikatsiska-kula-na-vodno/ - http://it.com.mk/k-e-se-gradi-najvisokata-futuristichna-telekomunikatsiska-kula-na-vodno/

Едноставно, нели на глупостиве им нема крај ?!

Не знаев кај да го ставам ова ... ако некој мисли дека треба да е на друго место нека го стави.

-------------


Posted By: alexsend
Date Posted: 30-Sep-2013 at 18:45
Неколку пати до сега ја најавуваат, но сем промоција и тоа дека ќе се гради 5 години ни еднаш не кажаа кога ќе почне да се гради?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: fichot
Date Posted: 01-Oct-2013 at 00:27
18 милиони, машала. Со анекси ќе дотера докај 30 гарант. Која е потребата уствари од вакво нешто?


Posted By: Teglarot
Date Posted: 01-Oct-2013 at 10:25
Originally posted by fichot

18 милиони, машала. Со анекси ќе дотера докај 30 гарант. Која е потребата уствари од вакво нешто?



Потребата е лечење комплекси со мегаломански градби и перење/крадење пари.


Posted By: gorco
Date Posted: 01-Oct-2013 at 11:42
Originally posted by Teglarot

Originally posted by fichot

18 милиони, машала. Со анекси ќе дотера докај 30 гарант. Која е потребата уствари од вакво нешто?



Потребата е лечење комплекси со мегаломански градби и перење/крадење пари.


точно така, затоа државава ни остана слепо црево ...

-------------


Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Oct-2013 at 13:11
Почна изградбата на антенската кула на врвот на Водно


Камен темелник на антески систем за контрола и мониторинг на радио френкфенциите на територијата на државата беше поставен во четврток на врвот на Водно.
Антенската кула ќе се гради во следните пет години, ќе биде висока 155 метри, а вредноста на зафатот ќе изнесува 18 милиони евра.

Според премиерот Никола Груевски со изградбата на оваа кула, со жичницата и скијачкиот центар Водно ќе добие нови содржини, што ќе привлечат поголем број туристи. /следува проширена верзија/

http://makfax.com.mk/320338/pochna_izgradbata_na_antenskata_kula_na_vrvot_na_vodno

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Oct-2013 at 15:30
искрено,за 155 метри висок објект цената не е висока.да тргниме од носењето на вода до горе,па натака све останато


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Oct-2013 at 16:18
Абе батали ја цената, кому и зошто е потребна кулава? Бидејќи Софија и Белград имаат а ние немаме?
Што ќе биде сместено таму, а неможеше да се смести на крстот на врвот на Водно? Мислам аман веќе е*ати селендрата со провинцијалните искомплексирани приоритети! 2 милиона евра за меѓународен пат и 18 милиони за непотребна кула породена од комплекс? Да не зборуваме што којзнае колку ќе се анексира договоров,така што јас мислам дека ќе стигне 40 милиони евра!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Oct-2013 at 17:30
и јас мислев дека со анекси цената ќе оди нагоре,ама решив да преќутам,да не биди предвреме критика и негодување.а за потребата дали треба или ,треба да кажат луѓето од еснафот(телекомуникациите).до каде е стигната оваа технологија,и што све треба за да функционира треба да кажат тие.тоа е премногу комплексна сфера


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Oct-2013 at 17:34
Е да де баш дека е стручна тема и дека е важна тема (сепак ќе се одлеат повторно големи пари кои мислам дека вложени другаде ќе имаа поголем ефект) требаше да има некаква стручна и јавна расправа! Дали ти воопшто чу некаква конференција или научен собир на којшто да се дискутира потребата за оваа кула? Или повторно како буквално се што се гради кај нас одиме по правилото: некому му текнало и просто мора да се пробута проектот, no matter what!?

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 10-Oct-2013 at 17:56


Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Oct-2013 at 18:53
Значи Милениумскиот кртс ќе биде симбол на Водно уште некоја година, а потоа ќе биде маргинализиран од новата телекомуникациска кула.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Oct-2013 at 19:10
баш за ваков објект струката треба да кажи дали треба или не.ова не е музеј,сплав или нешто друго.ако телекомуникацискиот бизнис има потреба од ова нека се гради,а ако и баш немора да има ,мене за украс не ми треба.

неможиме ние да кажиме дали треба или не.тоа е како да се кажи дека стадион не треба да има,а мора да се игра фудбал.

искрено мислам дека оваа кула првенствено ќе се гради поради друга потреба,за која не се зборува ни јавно ни тајно


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 11-Oct-2013 at 17:35
neznam samo dali e ekonomski isplatliv objektoto ili ne mene mi e smonitelna cenata na gradbata 18 mil. nekako mn eftino ke ispadne kako so teatarot bese najaven deka ke cini 6 a na kraj ispadna 40 milioni taka da na kraj objektov moze da dostigne i do 130 milioni  i da ne se zavrski i da ostane kako trtka na vodno!!!


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Oct-2013 at 18:10
Originally posted by gjoko

баш за ваков објект струката треба да кажи дали треба или не.ова не е музеј,сплав или нешто друго.ако телекомуникацискиот бизнис има потреба од ова нека се гради,а ако и баш немора да има ,мене за украс не ми треба.

неможиме ние да кажиме дали треба или не.тоа е како да се кажи дека стадион не треба да има,а мора да се игра фудбал.

искрено мислам дека оваа кула првенствено ќе се гради поради друга потреба,за која не се зборува ни јавно ни тајно
можеме да кажеме со потполна сигурност, како нестручни лаици, дека ако збориме за потребата на телекомуникациите, ова е глупост од белосветски размери... да имаше потреба од кула, ќе беше изградена уште пред 30-40 години


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Oct-2013 at 21:02
Не си во право Забеган,луѓето обично знаат за телекомуникациите нешто само за оптика,мобилни и ТВ.Јас тоа што го знаев додека студирав,сега можеби и не се применува,но што е со релеите,што е со мултиплексните системи и канали,што е со потребата на сигурносните служби на државата,мониторингот на ТК зрачењата во етерот...?

има многу работи за кои сме лаици,или можеби како за све во државата знаеме подобро од селекторот кој треба да игра фудбал,знаеме кој треба а кој не да биде министер подобро и од премиерот,знаемеда се мешаме буквално во све...

Ама незнаеме како швабите да го почитуваме туѓиот збор,а посебно ако се работи за стручна област како во Ск2014.Таму нели противниците на проектот бараа да се слушни фелата?

Или тоа важи ако се критикува,тогаш се повикуваме на `струката`


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Oct-2013 at 22:26
Локацијата е раскопана, има камиони и барем 1 багер, мислам дека беа 2 багери.
 
Не бев расположен за фотографирање, бев изморен од качувањето по влажна и ептен лизгава патека, а за симнувањето па да не правиме муабет.
 
Координатите се следните:
 
41.965761, 21.397588
 

 



Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Oct-2013 at 22:33
со господ напред,планирам утре таму да одам,па ќе сликам малку


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Oct-2013 at 00:26
Originally posted by gjoko

Не си во право Забеган,луѓето обично знаат за телекомуникациите нешто само за оптика,мобилни и ТВ.Јас тоа што го знаев додека студирав,сега можеби и не се применува,но што е со релеите,што е со мултиплексните системи и канали,што е со потребата на сигурносните служби на државата,мониторингот на ТК зрачењата во етерот...?

има многу работи за кои сме лаици,или можеби како за све во државата знаеме подобро од селекторот кој треба да игра фудбал,знаеме кој треба а кој не да биде министер подобро и од премиерот,знаемеда се мешаме буквално во све...

Ама незнаеме како швабите да го почитуваме туѓиот збор,а посебно ако се работи за стручна област како во Ск2014.Таму нели противниците на проектот бараа да се слушни фелата?

Или тоа важи ако се критикува,тогаш се повикуваме на `струката`
нема потреба од филозофирање, ако досега функционирале и се развивале како што треба комуникациите, ќе функционираат и без кулава, тоа е отприлика се, не треба експертиза туку проста логика (нешто што недостига во умот на просечниот македонски политичар)
плус, ротирачки ресторани и слични глупости? (истовремено има милион натегања за крстот да се снабди со основни услови за најобичен ресторан) имаме доволно долго искуство со глупостите на нашите водачи на државава за да знаеме со какви мотиви се гради буквално се што ќе им текне во нивните забегани умови


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 12-Oct-2013 at 00:49
јас зборам за телекомуникацискиот дел,за тие рестораните не ни помислувам.ако има некој нека ги закупува кога ќе ги направат,и ако има интерес за тоа


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Oct-2013 at 01:11
А ако нема интерес, здравје  Thumbs%20Up


Posted By: gjoko
Date Posted: 12-Oct-2013 at 09:08
Можи да се случи да нема интерес за некои паметни работи кај нас,за чаламење како да имаш ресторан на највисокото место во државата сигурно ќе има гужва.Гледајте што бидна со лаѓите во Вардар


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2013 at 00:24
1


2


3



Posted By: Goran
Date Posted: 15-Oct-2013 at 02:49
Ресторан кај што има најповќе магнетно зрачејне не се нормални.
Уште не доволно научно докажано дека ако си подложен на такво ненормално зрачејне нема да има последици по животот.
Ја не би одел во тој ресторан глупости ресторан кај што има Антени.


Posted By: gjoko
Date Posted: 15-Oct-2013 at 08:23
A na zgradive po gradovi kade ima po eden kup anteni a spijat lugje tamu?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Oct-2013 at 10:10
За да ја разрешиме дилемата кој ја „проектирал“ Телекомуникациската кула на Водно, вредно е да се прочита денешниот уводник на новинарот Младен Чадиковски во „Фокус“. Тој го раскажува своето искуство од неговата посета на кинескиот град Далиан, заедно со делегацијата на чело со премиерот. На врвот на планината крај градот Далиан имало летечка чинија, која го симболизирала кинеското лидерство во светот на науките и достигнувањата.

Овој дел ќе го цитирам:
„Тогаш, пред 5 години, коментирајќи ја летечката чинија, новинарите разменија троа мисла со премиерот Груевски. Тој рече, малку на шега, малку на вистина, малку прашувајќи, парафразирам, дали една ваква добро би личела и на наше Водно?!Набрзо се дообјасни, обраќајќи ми се, истакна резерва, затоа што, рече, кој знае како тоа ќе го прими А1...“


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Oct-2013 at 15:10
јас знам за повеќе `вакви` случки,некои и не се реализирани,некои се,но сепак ќе си ги задржам за себе.вероватно има вистина во ова


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Oct-2013 at 15:14
Ако ги знаеш и си се одлучил да не ги споделиш, тогаш подобро задржи си го за себе и делот каде што кажуваш дека воопшто ги знаеш!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Bojan10
Date Posted: 18-Oct-2013 at 16:09
Ova ke se gradi po urnek, ili zemena ideja od "Avalski toranj". TK-kula so restoran turisticka atrakcija bla bla...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Oct-2013 at 10:35
А да пресметаме малку, најпрвин жичара, па сега од левата страна на Водно се прави пат кон Сончев град, па Телекомуникациска кула на врвот, па Коце ќе ни прави скијачки центар, а јужната обиколница во иднина ќе ја градиме исто тука. Па добро бре, па да не е малку многу за Водно бре мајката? Толку труд и средства се вложиле за да добиеме шума што му е неопходна на Скопје, за сега за неколку години да ја уништиме.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 04-Nov-2013 at 21:27
Настрана политичката дискусија, држи вода прашањето:
 
За која цел се гради оваа кула, ако за успешно да функционираат мониторинг уреди, потребно е истите да бидат оддалечени барем 600 метри до 2 километри од било какви предаватели за да даваат точни резултати, а знаеме дека оваа кула се гради помеѓу 2 предавателни столбови ?
 
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со конкретната статија.
 
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=32050 - http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=32050
 

СДСМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ: ЗА ШТО ЌЕ СЛУЖИ КУЛАТА НА АЕК НА ВОДНО

 
04.11.2013
 

 

- СДСМ денеска побара од Агенцијата за електронски комуникации и Владата да објаснат каква намена ќе има кулата што АЕК ја гради на Водно и колку ќе чини нејзината изградба.

Потпретседателот Дамјан Манчевски на прес-конференција рече дека има многу нејасностии поврзани со кулата и праша дали таа ќе биде за мониторинг или предавателен пункт за радиодифузија и други комуникациски уреди.

- Експертските стандарди укажуваат дека не постои случај каде што на иста локација има и предавателни и мониторинг уреди. Мониторинг уредите ќе бидат превозбудени и не ќе можат релевантно да мерат. Минимално дефинираното растојание од предаватели до мониторинг станица е од 600 метри до 2 км, во зависност од фреквенцијата и моќноста. Владата и АЕК ја планираат Кулата на Водно помеѓу столбовите на ВИП и ОНЕ, меѓу кои нема ниту 50 метри растојание.

Дури и да ги срушат, до столбот на МРТ нема ниту 100 метри, рече Манчевски.

Тој посочи дека искуствата во Србија и Словенија покажуваат оти ваквите кули се во сопственост на јавните радиодифузни сервиси и затоа е нејасно зошто во Македонија кулатат е во сопственост на АЗЕК. Според СДСМ, нејасно е и тоа зошто АЕК како непрофитална органзиација ќе остварува профит од кулата која е најавена и како туристичка атракција.

 

Антенскиот столб за контрола и мониторинг на радиофреквенции кој ќе се гради на врвот на Водно ќе чини 1.084.706.000 денари и целосно ќе биде финансиран од Агенцијата за електронски комуникации во наредните пет години, соопшти АЕК одговарајќи на прес-конференцијата на СДСМ.

Агенцијата посочува дека антенскиот систем првенствено е наменет за нејзини потреби и дека со опремата ќе се врши контрола и мониторинг на радиофреквентниот простор за што таа е надлежна, и од тие  потреби е одредена и локацијата и висината на столбот.

-  На антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции ќе се поставува софистицирана мерна опрема која ќе биде заштитена од секакви несакани влијанија. Дополнително може да се направи заштита од несакани зрачења доколку некој корисник на радиофреквенции постави сопствена опрема во слободниот деловен простор под закуп. АЕК има доволно искуство во оваа област во досегашната работа. Во изминатите години сличен случај имаше и на Контролно-мерниот центар на Зајчев Рид, каде мерната опрема на Агенцијата беше поставена на ист столб со опремата на еден мобилен оператор, информира АЕК.

Агенцијата наведува и дека слободниот простор ќе може да го дава под закуп на други корисници, согласно со член членот 26 став 2, во кој стои: „Агенцијата може да се финансира и од донации, давање во закуп на слободен деловен простор на Агенцијата, заеми и друга финансиска и техничка помош“.
 
[ ]



Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Nov-2013 at 21:30
не ми држи вода ова,бидејќи кога ќе се заврши кулата за некоја година кој знае кој ќе биди на власт.валда непланираат на противниците да им дадат оружје на тацна ако е точна констатацијата за што би се користела оваа кула


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Nov-2013 at 22:32
Кога ќе се заврши кулава ќе ги замени двата предаватели, односно ќе бидат отстранети колку што јас разбрав.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Dexter26
Date Posted: 04-Nov-2013 at 22:56
Previous
 
Да, но тука е и третиот предавател на Македонска Радиодифузија.
 
Под претпоставкадека и него ќе го отстранат, следува заклучокот дека уште поотежната ќе биде работата за тие мониторинг инструменти бидејќи според сегашната ситуација, тие би биле оддалечени од предавателите неколку метри, а со преселување на предавателите од сегашните предавателни столбови на столбовите на кулата, тие мониторинг инструменти ќе бидат на еден ист објект со предавателите, со што нивната работа ќе биде уште поотежната.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 04-Nov-2013 at 23:41
Одговорот на АЕК, во кој не кажуваат ништо

%20 - http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=21735


Posted By: Dexter26
Date Posted: 05-Nov-2013 at 20:40
Како што јужно од Марибор нема друг кружен сообраќаен тек како тој кај Католичка Црква на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, како што скопските двокатни градски автобуси се направени исклучиво само за Скопје, така и телекомуникациската кула на АЕК на Водно, според АЕК, е уникатна на Балканот.
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=32082 - http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=32082
 

АЕК Ѝ ОДГОВАРА НА СДСМ: „НАШАТА АНТЕНА Е УНИКАТНА НА БАЛКАНОТ“

 
05.11.2013
 

 
Нашиот антенски систем ќе биде уникатен и неспоредлив со останатите во регионот истакнува Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во ракција на денешните обвинувања од СДСМ дека изградбата на Кулата со антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции што ќе се гради на Водно ќе чини многу повеќе од истите такви објекти во околината.
- За изградба на овој проект од страна на АЕК беше распишан Оглас за Јавна набавка за изградба на антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија со број 01-2013 од 08.01.2013. Во оваа постапка за Јавна набавка учествуваа два понудувачи, по што во согласност со Законот за јавни набавки се закажа електронска аукција, која се одржа на 11.04.2013 година со почетна цена од 1.229.706.958,23 денари. По завршување на електронската аукција се постигна цена од 1.084.706.000,00 денари, по што се избра најповолен понудувач и се склучи договор со „Гранит“ АД Скопје, се појаснува во рекацијата од АЕК.
Во однос на споредбите на Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија со други столбови во нашата околина, се додава, може да кажеме дека неговата габаритност, структура, функционалност и употребата на елементи и материјали изработени по најсовремени технологии, како и заради модерниот изглед на самата конструкција го прави уникатен на овие простори и неспоредлив со антенските системи кои постојат во нашата околина.
 

[ ]



Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Nov-2013 at 01:07
на прашањето „За што ќе служи телекомуникациската кула?“ (плус сите приложени аргументи), брилијантниот одговор е „Уникатна е“ Suicide


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Portal
Date Posted: 06-Nov-2013 at 10:36
Daa bee i sFadbi ke se prajaaat tamu super ke bide


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 06-Nov-2013 at 10:58
А тоа не ме чуди, заштитен знак на оваа гранитура се такви изјави од типот:
Зошто го правите ова? -Зошто пак да не, -А другите што направија, -Барем се гради нешто и омиленото -Ќе привлечеме туристи

-------------
build.mk, гради форумска историја



Print Page | Close Window