Print Page | Close Window

Прилеп

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Македонски градови
Forum Discription: Општа фотографија од македонските градови
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=227
Printed Date: 03-Apr-2020 at 23:59


Topic: Прилеп
Posted By: theone
Subject: Прилеп
Date Posted: 31-Mar-2008 at 14:33
i



Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 31-Mar-2008 at 14:36
Epten dobri sliki!! na tretata mi se cini kako da e do more.


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Mar-2008 at 20:34
Позадината на 2 и 4-тата слика се Drool

Ама од сликиве Прилеп изгледа многу тапа Unhappy


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 31-Mar-2008 at 22:22
Prilep ,,,,neka ne se lutat prilepcani ,,,,ama mene vo opsto ne mi se dobaga ,,edno golemo selo ,,,,moe mislenje


Posted By: ProMKD
Date Posted: 31-Mar-2008 at 23:04
Првите три се супер! Во Прилеп никогаш не сум бил планирам летово да отидам на пиво фест. 


Posted By: волан
Date Posted: 07-Aug-2008 at 13:56
http://mkdlovesyou.blog.hr/ - Prilep Macedonia:

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=Prilep01.jpg">Prilep%2013

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=87PrilepPolnok.jpg">Prilep%2005

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=85Prilep.jpg">Prilep%2003

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=Prlep05.jpg">Prilep%2017

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=Prilep04.jpg">Prilep%2016

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=Prilep02.jpg">Prilep%2014

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=Prilep03.jpg">Prilep%2015

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=86PrilepCheshma.jpg">Prilep%2004

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=93PrilepMogilanaNepobedenite.jpg">Prilep%2011

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=94PrilepAleksandarMkd.jpg">Prilep%2012

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=88PrilepTreskavec.jpg">Prilep%2006

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=91PrilepMarkoviKuli.jpg">Prilep%2009

http://s281.photobucket.com/albums/kk239/Persey_bucket/?action=view&current=90PrilepTreskavec.jpg">Prilep%2008

-------------
волан


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Aug-2008 at 04:16
Пиво фестот во Прилеп е на 28 август,па за да ви го олеснам патот до пивото еве неколку слики.

Значи ако идите од Скопје,влегувате во Прилеп,одите до првите семафори


Вртите десно и ја добивате оваа слика


Доаѓате до следните семафори
 

Продолжувате право


и уште право и доаѓате до главниот булевар


И веќе сте в центар.

Не се плашете ако ги видите новите електронски рампи

не се пуште ни во употреба

Па повелете на пиво,скара и убаво поминете си!

P.S.Благодарност до Cloverstack
 


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Aug-2008 at 15:08
Eве неколку слики што ги најдов на интернет,за поубава представа на Прилеп









На оваа слика се гледа зградата на Тутунскиот Комбинат во Прилеп,некогашна гордост,а сега најголемиот загубар во градот





Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Aug-2008 at 15:13
Супер серија, ми се допадна возењето низ Прилеп Thumbs%20Up


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Aug-2008 at 18:04
Колку само за евиденција новиот објект на Охридска банка




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Aug-2008 at 18:20
Кои архитекти проктираат вакви гадости Ohno


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Aug-2008 at 18:40
Ваквите проекти јас ги викам "проект без душа"
Не знам зошто кај нас се мисли дека се што е направено со рефлектирачки стакла е убаво и модерно.
Значи ако немаш идеа како да го направиш,стави рефлектирачки стакла на 99% од објектот,тоа ти е сигурен рецепт Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 00:44
Еве некои слики што ги ископав од www.prilep.gov.mk. Се работи за паркот на Могила. Ваљда е нов.




















Posted By: ABC
Date Posted: 13-Dec-2008 at 15:29
Aaa,во Прилеп архитекти не просперираат,таму едноставно живуркаат неколкумина кој наместо банки цртаа штали кога се едуцираа.Инаку архитектурата во Прилеп е тесно поврзана со партијски интереси од 1947ма па наваму.Одскокнуваат два-тројца архитекти но нивните најголеми достигнувања се приватни стамбени објекти и по некој индустријски капацитет од малото стопанство.Dunno

-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Dec-2008 at 18:24
не знам за вас, ама мене во Прилеп ми се допаѓа плоштадот, само на куќите им треба реновирање


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Dec-2008 at 20:10

Originally posted by lslcrew

Еве некои слики што ги ископав од www.prilep.gov.mk. Се работи за паркот на Могила. Ваљда е нов.

паркот споменик “Могила На Непобедените“, што го симболизира македонскиот непокор(инает), насаден е 1961, а лани го средија како што треба, само што мислам дека на осветлувањето  можело да се интервенира поинвентивно, слика и (не)прилика со секој наш споменик, добро реално ова место за навечер и баш не(беше) е за шетање, нешто налик тумбата кај газибаба во СК, но сега вака средено и осветлено колку толку е далеку попитомо и претставително. место од каде прилепчани ќе летаат кајтови Smile

http://217.16.70.245/?pbroj=808&pr=14&stID=7165 - Могилата на непобедените беше мислена да поживее непорекната почит за навек - У - 02.03.2002

http://www.novamakedonija.com.mk/star/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=650&ArticleID=29215 - Прилепскиот Парк на револуцијата ќе се уредува Пријатно место за одмор и рекреација - НМ - 17.02.2007

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ И КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИОТ КОМПЛЕКС „МОГИЛА" ВО ПРИЛЕП

Носител на проектот: ЈКП „Комуналец" - Прилеп
 
Партнери: ЈП „Водовод и канализација"; Електро-Прилеп; ЈП Македонски шуми; Бизнис-секторот, претставуван од Регионалната стопанска комора на Прилеп
 
Буџет: 7.163.020,00 денари (сопствено учество 1.074.453,00 денари, донaција од SDC 4.297.812,00 денари, учество на општината 1.790.755,00 денари)
 
Градот Прилеп нема класичен градски парк, како простор наменет за одмор и за рекреација на граѓаните. Освен просторот „Могила", не постои друг рекреативен зелен простор погоден за спорт и за прошетки, простор што би можеле да го користат сите жители на општината.
 
Целта на овој проект е да се облагороди просторот „Могила", да се заштити и да заживее, односно да се создадат поволни услови за спортско-рекреативни активности за сите граѓани и посетители, вклучително и лицата со посебни потреби. Во рамките на проектот ќе се реконструира водоводната мрежа (ќе се постават 5 фонтани, 1 санитарен јазол и ќе се направат 5 декоративни езерца, сите пристапни за лицата со посебни потреби), ќе се реконструира електричната мрежа (со поставување на 50 светилки), ќе се реконструираат постојните и ќе се изградат нови пешачки патеки (трим-патека во должина од 1.500 метри, велосипедска патека во должина од 1.500 метри, пешачка патека од 30 м). Се планира и изградба на скејт-парк од 64 м² и на детски забавен парк од 200 м², достапен и за децата со посебни потреби, а ќе се направи и спортски центар (со целосно опремени игралишта за тенис и за ракомет, кои ќе можат да се приспособат и да функционираат и како игралишта за мал фудбал и за кошарка, и со игралиште за одбојка). Ќе се реконструира и постојниот амфитеатар, кој ќе добие седишта и ќе биде осветлен. Хортикултурното уредување на просторот и поставените клупи ќе придонесат за тоа прилепчани да добијат катче за одмор. Според планот, треба да се обнови и еден од симболите на револуционерниот Прилеп – „Могилата на непобедените" - и да се облагороди просторот околу неа.
 
Корисници на можностите што ќе ги понуди обновениот објект ќе бидат околу 70.000 граѓани на Општина Прилеп - спортисти, рекреативци, ученици, стари лица, лица со посебни потреби, како и туристи. Се разбира, свој интерес во сето тоа ќе најде и бизнис-секторот, како и јавните претпријатија во градот.

http://forumivozaednicata.com.mk/content/view/16/32/lang,mk/ - Форуми во заедницата - Прилеп

па има Прилеп места за рекреирање не дека само парков е единствен, но истите треба и да се средат како парков. тука подобни за ваква пренамена се http://www.tkprilep.com.mk/hidros.htm - малото вештачко езеро , потегот кон Манастирот Прилепец, нормално Маркови Кули треба да се средат на истиов начин и сите природни реткости како карпите “Слонот“ “Наколна“ и планинарското патчето кон Манастирот Трескавец,  а и античкиот пат што водел до манастирот да се доистражи, обележи и пренамени во ваква туристичко рекреативна атракција...       
 



Posted By: ABC
Date Posted: 15-Dec-2008 at 14:01
Реално да ја согледаме целата работа,шундот е очигледен при реставрирањето на целиот град,би ги издвоил следните неколку промашувања за кој се потрошени големи пари без никаква потреба:

електронски реклами,како да се билетарница и го попречуваат транзитирањето на граѓаните низ плоштадот до блискиот централен парк:




Фонтаната која како “стропа“ ја насадија со погрешна ориентација па ја измени целата функционалност на самиот плоштад(гравитира кон оближните локали а не во должина на плоштадот како што треба да биде),од неукост и некадарност,не оти немаше пари зошто потрошија 300 000 евра па сега тече од сите страни и водата се разлева низ целиот плоштад како да сме во некој “аквапарк“Wallbash.






-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 17-Apr-2009 at 16:10
Супер град е Прилеп,мене ми се свиѓа ,има добра положба, а Прилепчани, би сакал да ја видамм таа големата црква шо ја има на една од предходните слики, а би сакал да ја видам и онаа  шо има интересна камбана? Ако може?


Posted By: Dragan
Date Posted: 17-Apr-2009 at 21:29
stvarno dobar grad,sekogas sakam da odam vo prilep ali za zal nikogas ne sum bil t.e sum bili ednas koga odevme na eskurzija ama imav togas 7god i nisto ne se secava.
Sakam da prasam kolku ziteli ima gradot Prilep i celata okolina


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Apr-2009 at 01:08
Ајде малку слики од многу стар Прилеп










-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Apr-2009 at 01:13
Еве малку од не баш така стар Прилеп





оваа ми е фаворит,со петокрака на чело Smile


многу интересно што порано плоштадот бил улица




а еве ги и старите реклами,после овие имасе едни понови,а сегашните се постирани од @ABC



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2009 at 16:20
А имаш нешто и од модерен Прилеп? Би сакал да го видам новиот парк со шаховските фигури и работи кои ги нема на претходните слики. Стариве слики се Thumbs%20Up


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Apr-2009 at 17:34
Еве малку слики што ги најдов на Гугл ерт,прво за Македониј,слики на Црквите во Прилеп,без оние во Варош,таму ги има многу повеќе

Св.Благовештение(стара црква),најголема и најценета во Прилеп


Таканаречената грчка црква


Оваа беше или Св.Климент или Св.Кирил и Методиј

истата



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Apr-2009 at 17:39
И уште некоја поинетерсна слика

плоштадчето,чешмата и споменикот на итар пејо во старата чаршија


Споменикот на Методија Андонов-Ченто


Најпознатата куќа на Бектешовци


Пазарот


Интересен агол на сликање,од местото каде што сега се наоѓа шаховската табла



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2009 at 17:42
Оваа т.н. грчка црква е сега скоро градена или е нешто постаро па е реновирано?! Доста интересен објект поради истересната камбанарија која незнам зашто ама ме потсеќа на католичката црква во Скопје. Изгледа поради облините кои се слични. Ај ако можеш уште некоја слика од оваа камбанаријата?!


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Apr-2009 at 19:34
Previous
Na slikite od star Prilep mozis da ja zabelezis crkvata,a kambanarijata e nova gradena pred okolu 15 godini


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Apr-2009 at 00:51
Originally posted by ovaj_stariov

Previous
Na slikite od star Prilep mozis da ja zabelezis crkvata,a kambanarijata e nova gradena pred okolu 15 godini

Ако се посебно градени, тогаш ме радува што архитектите се потрудиле и комплетно ја вклопиле камбанаријата со црквата и си ја завршиле работата перфектно.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Apr-2009 at 20:20
Еве ја бугарската полициска станица(попозната како участакот),каде што започнало востанието на 11 октомври,сегашен музеј.


плоштадот,од десно е хотел Јадран,сега парк


деветокатницата



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Apr-2009 at 20:23
ова би требало да е изградбата на плоштадот,урнатиот хотел Јадран од лево




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Makedonij
Date Posted: 28-Apr-2009 at 19:57
Супер слики брат, е стваро ми се свиѓа Прилеп, ке си земам еден ден време по широко да го прошетам.

фала за сликите.Cheers 


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 30-Apr-2009 at 22:30





-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Sep-2009 at 13:20
Поранешната зграда на АРМ се обновува во Општина на Прилеп


2009-09-19

Споменик на заштитникот на градот Прилеп


2009-09-19

И мојот пат за Прилеп само да се услика ова преубаво железничко здание


2009-09-19


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Oct-2009 at 20:44
На последната слика Владимир го сликнал и матичното во Прилеп Smile,не знам зошто,но никогаш не сум ја гледал зградава како нешто интересно,а навистина е убава.

EDIT:Воедно се извинувам на Владимир што не можам да дадам координати за зградава во Google Earth,имам некакви проблеми со компјутерот


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2009 at 23:23
Originally posted by ovaj_stariov

... EDIT:Воедно се извинувам на Владимир што не можам да дадам координати за зградава во Google Earth,имам некакви проблеми со компјутерот

Се надевам дека ќе го средиш Thumbs%20Up

Една прекрасна обнова


2009-09-19


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-Oct-2009 at 14:45
Малку се расчепкав по интернетов

еве како е вклопена шаховската табла


тука доминантно место завзема поштата


еве неколку од стар Прилеп
некогаш низ плоштадов врвело рекичка


градењето на стоковна куќа 4 јули(сигурно тогаш бил некој забележителен празник),инаку сега во објектов има еден салон за мебел и конфекција


некогаш на плетвар постоела жичарница


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-Oct-2009 at 14:53
И две од маркови кули,браво за тој\таа што ги сликал




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Oct-2009 at 17:58
Originally posted by ovaj_stariov

Малку се расчепкав по интернетов

некогаш на плетвар постоела жичарница

Бидејќи во почетокот не можеле така брзо да го совладат со железница германските трупи потегот од ~50 км, помеѓу Дреново и Прилеп, 1916 година ја  гради жичарарата за да може да остварува брз дотур до македонскиот фронт (подоцна преименуван во солунски фронт)


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: qwerty
Date Posted: 13-Nov-2009 at 18:43











Posted By: qwerty
Date Posted: 13-Nov-2009 at 18:57



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Nov-2009 at 23:31
Одлично! Се насобраа прилично стари слики од Прилеп  Cheers

Добредојде qwerty




Posted By: gorco
Date Posted: 04-Dec-2009 at 13:05
И откако го видов и Прилеп вака од слики едно ќе кажам - се што не се вика СКОПЈЕ, а во Македонија е поубаво!!!

-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 20-Dec-2009 at 22:54
Originally posted by Vladimir P

]И мојот пат за Прилеп само да се услика ова преубаво железничко здание2009-09-19


еве ги координатите:
41°20'21.66"N
21°33'13.68"E

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 20-Dec-2009 at 23:28
Ајде да освежиме со некоја слика од Panoramio

неколку панорами од gmilanovic




од ksantika


две од tgoce



и за крај една од zvonkopetroski


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Dec-2009 at 21:47
Намерата ми беше да ги сликам катната гаража и општината,но додека ја правев прошеткава,се истроши батеријата.
Па еве некоја слика од Прилеп

Прво од Економскиот факултет





улица.Марксова(мислам дека има некое ново име сега)кога се влегува од страната на Мак.Брод,поминуваш низ Варош и излегуваш тука



од десна страна Тутунскиот комбинат



спортската сала на тутунскиот

и продолжуваме надолу кон центар






и таман стигнав до новата општина,батери азис




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Dec-2009 at 16:06
Одлична прошетка овај_стариот, вакви фотографии се секогаш поинтересни отколку истите неколку агли кои постојано се вртат буквално од сите македонски градови по интернет. 


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2009 at 19:09
Еве Прилеп во зимски амбиент од Петар Јанкулоски





еве една со општината




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2009 at 19:11






-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2009 at 19:17
слики од стар Прилеп-Илчо Талевски

изградба на населбата Точила





домот на културата




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2009 at 19:21








овие две ми се фаворити




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2009 at 19:27
денешна комерцијална банка


гимназијата


деветокатницата


мислам дека тука денска е брза помош


дали плоштадот,дали пазарот


покрај река


тутунскиот


болницата


и две од фабрики
Ватара-Биљана(2000 вработени на времето)

Црн Бор-мебел


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2009 at 19:29
Кога се градела Точила?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2009 at 19:36
Првите згради Точила 1 се градени некаде околу 1980,а специални сликите горе се од Точила 3 и се некаде 1985.

P.S.За бројките горе(1 и 3) не мислам на сликите така е поделена населабта

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jan-2010 at 23:56
Вечерта на 31-ви, само што се стемни, поминувајќи од Плетвар го начекав ова волшебно небо. Вредеше пешачењето од околу 200 метри низ кал до блиското ридче, за да успеам да фатам и поголем дел од Прилеп

Cheers



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 04-Jan-2010 at 00:29
Многу убава слика.
Дури да се изненадиш колку убаво изгледа Прилеп

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jan-2010 at 13:34
Браво, вредело да се сториш бербат

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 12-Jan-2010 at 00:52
Ајде уште некое сликче од атмосферата во Приелеп









Рацете,отсекогаш ми беа инетересна фонтана




со новава боја на фасадиве,навистина малку се освежи центарот


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: qwerty1
Date Posted: 16-Jan-2010 at 20:25























Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2010 at 20:31
Прво па машко Одлични слики qwerty1 Cheers


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 21-Mar-2010 at 03:24
Можам само да објавам дека се дотура последната плоча на катната гаража, се работи на фасадата и на ентериерот на долните катови и дека екстериерот на Општинската зграда е завршен, се работи на ентериерот. Има најави дека катната гаража треба да се отвори на Пролет или пред Пивофест. Ако имам можности и ќе сликнам некој кадар од објектитеSmile


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 21-Mar-2010 at 15:51
01. 30-метарскиот јарбол во Центарот

02.Поглед кон Липа и Могилата зад незе

03.Поглед кон центар и Селечка Планина

04.Тутунски Комбинат Прилеп

05.Поглед кон запад со фабриката Партизанка

06.Поглед кон Центар


Ова се мои први слики на форумов, и се аматерски за жал. Се надевам нема да ми замерите за квалитетот и резолуцијата. Smile


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Mar-2010 at 16:40
Абе оти немате мајмуни по дрвата? Дека зима, или?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 21-Mar-2010 at 16:45
Previous
Мајмуниве сега на ладново само по кафичи на кафе седаYes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2010 at 22:34
Originally posted by S.P.Q.R.


Ова се мои први слики на форумов, и се аматерски за жал. Се надевам нема да ми замерите за квалитетот и резолуцијата. Smile

Никаква замерка, туку подршка за ентузијазмот. Ти пожелувам да правиш се подобри и подобри фотки, што мислам сигурно ќе си дојде со пракса

Туку да ве прашам Прилепчани, во чива надлежност е саат кулата? Има шанси да се добие пристап за фотографирање од таму горе?


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 21-Mar-2010 at 22:46
Previous
Јас мислам, дека дел има надлежност Општината а дел Музејот. Ама никогаш ја немам видено да е отворена за јавноста


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 03-Apr-2010 at 23:40
Еве нешто ископав од интернет
01. Шаховската табла

02. Новите реклами


03. Паркот на улицата Петта прилепска бригада


04. Паркот кај Судот








Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Apr-2010 at 23:03
Да разбијаме малку монотонија,еве "night street level"


















-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: leonid23
Date Posted: 23-May-2010 at 06:25


Прилеп


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 24-Jul-2010 at 22:31
Сликава ја направив уште зимата,не знам дали вреди да се стави,ама ајде пиварницава ни е заштитен знак



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 24-Jul-2010 at 23:14
Да не отворам нова нишка,неколку слики од планините оклу Прилеп







поглед кон дервен






Селечка планина(источно од Прилеп)




кон Прилеп со марковите кули


Blair Witch Project







-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 24-Jul-2010 at 23:49
Забележав дека немаме слики од новиот Арт плоштад,па додека неправам поубави нека стои оваа.



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2010 at 23:57
Абе овој натписов на прв поглед ми заличи како некој фотошоп
Ефектна изведба

Originally posted by ovaj_stariov

Сликава ја направив уште зимата,не знам дали вреди да се стави,ама ајде пиварницава ни е заштитен знак



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Jul-2010 at 01:21
старата прилепска чаршија,сликава е од facebook



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 15-Aug-2010 at 22:27
Неколку фотки од мене направени за време на Пивофестот. Не знам дали е редовна пракса, ама за време на пивофестот Прилеп беше прилично чист... Генерално, впечатоците од градот ми се доста позитивни.

1. Панорама од плоштадот


2.  Вонредно грдиот бизнис центар


3. Фрагмент од освежените фасади низ центарот


4. Општинската зграда


5. Ченто


6. Катната гаража


7. Панорама на паркот околу Саат кулата


8. Џамијата


9. Минарето


10. Џамијата и Саат кулата


11. Мала фуснота за некултурните


12. Итар Пејо на Жарко Башевски (авторот на коњаниците на Плоштад Мкд)


13. Монополот


14. Силосите за хмељ на поранешен ЗИК Прилеп


15. Фрагмент од куќата на Бектешовци


16. Панорама на Варош


17. Могилата на непобедените
Доколку некој ја знае приказната за ова спомен обележје, би бил многу благодарен доколку ја сподели.


18. Могилата на непобедените


19. Могилата на непобедените


20. Могилата на непобедените



Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Aug-2010 at 00:36
Без да го изгуглам, колку што ме служи сеќавањето, Могилата на непобедените стои таму како бележје на херојството на градот Прилеп во WW2, бидејќи Прилеп беше единствениот град-херој во СФРЈ од СР Македонија. Друг најпознат во СФРЈ е Дрвар, а ги има уште неколку кои не ми текнуваат, а ме мрзи да ги гуглам.

Побарај Народни Херои на СФРЈ, и во категоријата градови ќе ги видиш.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Aug-2010 at 00:51
Приказната за овој споменик е дека е изграден како рекламно пано за прилепските мермерни комбинати, а формата освен што ја докажува maluable-носта на матерјалот е и трип на некој "уметник". Се на се празнотија што треба да биде симболика на луѓе, заслужни граѓани, а не е. Може би е премногу иронично ова вака напишано, ама некако таков впечаток имам за многу споменици.

Инаку квалитетот на сликите и кадрите ми се допаѓаат многу.

Комбинатот ќе го помешав за малку со хотел Палас од Охрид, да не напишеше дека е комбинатот.

п.с. Што значи зборот Могила.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 16-Aug-2010 at 13:08
Зборот Могила значи гробишта. Иначе Паркот на револуцијата Могила на непобедените е целото име на комплексот. Гробница е тоа кружниот споменик што е. внатре се закопани коските од повеќето борци од Прилеп и Прилепско. Имињата им се пишани на ѕидот од споменикот, тие што се народни херои се посебно означени. А тие столбовите ми имаат кажувано дека ги претставуваат шесте републики и двете покраини од тогашна Југославија.
Инако спомениците се правени во 50тите, не се сеќавам дали од Хрват или Србин била идејата. Инако во комплексот има и алеја на народни херои со нивните бисти. Алејата се наоѓа на влезот на паркот. Исто така има и скулптура што ја претставува жената борец.
Толку од мене

P.S. На 14тата слика не е жито прилеп, туку тоа се силосите за хмељ на поранешен ЗИК Прилеп, кои денеска се користат за чување на жито


-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 16-Aug-2010 at 15:39
@lsl Фала за пофалбите

@S.P.Q.R. Фала  за исправката. Ме интересираше симболиката на целиот комплекс, инаку се информирав за што е и за кого е.....

Инаку автор на Паркот на револуцијата е http://en.wikipedia.org/wiki/Bogdan_Bogdanovi%C4%87 - Богдан Богданович Србин, архитект.




Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Aug-2010 at 21:23
Originally posted by ArchiTechTone

Неколку фотки од мене направени за време на Пивофестот. Не знам дали е редовна пракса, ама за време на пивофестот Прилеп беше прилично чист... Генерално, впечатоците од градот ми се доста позитивни.


Не знам дали од новиве казни за фрлање ѓубре или многуте ново поставени канти низ цел град или пак и двете работи заедно,во последно време Прилеп е навистина почист.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-Nov-2010 at 22:22
Сликиве се од мој другар но вреди да ги споделам тука.
И ај после не верувај во приказната како Итар Пејо ги излажал мариовците дека маглата е волна па овие почнале да се фрлаат,па човек навистина да поверува







еден поглед кон Селечка


и карпата Момата(Девојката)


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 08-Dec-2010 at 16:58
Станбена населба Точила во Прилеп

01.

02.

03.

04.

05.

06.

07.

08.

09.

10.

11. Ја напуштаме Точила

12.

13. Од Варош


Зградите Македонија и Македонија 2 и 13 Катницата гледани од Варош





-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 20-Dec-2010 at 14:49
Деловни објекти од Прилеп кај 13-катницата

01.

02.

03.



-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: buildz
Date Posted: 17-May-2011 at 23:34
Нов Генерален урбанистички план на Прилеп

Советот на Општина Прилеп на последната седница одржана на 13.05.2011 го усвои новиот Генерален урбанистички план на градот, кој има важност од 10 години. Големината на опфатот на новиот ГУП изнесува 1928,8 хектари и е поголем за околу 400 хектари од претходниот плански опфат.

Најголем дел од проширувањето се однесува на работните зони (индустрија, сервиси, стоваришта) и просторот за домување. Со претходниот ГУП беа предвидени 405,7 хектари за работни зони, додека со новиот се предвидени 597,8 хектари, што претставува зголемување од речиси 50%. Овие зони се сконцентрирани воглавно околу патните правци Р-513 (кон Македонски Брод) и Р-106 (стариот пат кон Битола). На местото на оранжериите на поранешниот ЗИК „Прилеп“ е предвидено домување во семејни куќи со висок стандард на живеење. Овој простор ќе претставува логично продолжување на веќе постојната „Типска населба“. ГУП-от предвидува и нови колективни станбени објекти.

Изработката на новиот ГУП траеше две години и чинеше околу 5 милиони денари. Локалната самоуправа наскоро најави поставување на 3Д – верзија на планот на својот интернет сајт.

http://www.build.mk/docs/users/1/Urbanizam/Prilep/GUP%20Prilep%202011.jpg


Posted By: buildz
Date Posted: 17-May-2011 at 23:35


Posted By: Perun
Date Posted: 27-May-2011 at 23:53
Почна да се инфицира форумов! 5 милиони денари ....ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ... абе 5 (ПЕТ) 000 000 (МИЛИОНИ) ДЕНАРИ = 1евро од жител за 2 вработени во Општината + Марјан = 20.000,00 евра за администрацијата+1.301,00 евра за трошоци + 60.000,00 за Марјан =  81.301,00 Евра за сликата (горе) од прилепските пикасовци. На крај нема да биде успешен (затоа што сум сигурен дека има превид и дека не му е внесен горниот тек од речното корито) па мора да се преправа ... од искуството со ЛЕАП 1. Абе Аџи Јанкула да беше жув ... абе имаше да добиете принова! Гнасна Срамота!!!


-------------
Perun Nika


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 18-Jun-2011 at 00:45
Неколку фотографии стар Прилеп,превземено од Прилеп стари слики на facebook.Ако некоj го интересира повеке нека оди на
http://www.facebook.com/media/albums/?id=100001784547553 - http://www.facebook.com/media/albums/?id=100001784547553 ,каде има изобилство од инетересни слики.
Ги пренесувам заедно со текстот што стои таму.

Црква „Свети Кирил и Методиј“ - Прилеп.
Градена е во периодот од 1926-1936 г. во непосредна близина на стариот параклис, кој бил изграден во 1884 година. Градбата е започната по иницијатива на свештеникот Алекса Кочовиќ, кој бил тогашен претседател на српската црковно-училишна општина. Голем дел од Прилепчаните, незадоволни од патријаршиската и егзархиската политика во градот, се приклониле кон српската пропаганда, со цел да го отфрлат било кој угнетувачки јарем, зашто Србите им ветиле дека во новата црква ќе можат да служат на својот мајчин јазик. Понесени од таа идеја, дел од граѓаните кои го населувале Варошко маало, отвориле параклис во кој започнал редовен богослужбен живот. Подоцна, на оваа група прилепчани им се приклучил и поп Спасе Игуменов, кој формирал и црковна делегација која лично преговарала со цариградскиот патријарх и апостолскиот нунциј во Цариград за решавањето на црковниот спор во Македонија.
Со доаѓањето на српската власт во Македонија, епископот Битолски Јосиф (Цвијовиќ) во 1924 година ги осветил темелите за градба на новата црква, посветена на „Свети Кирил и Методиј“, а во 1936 година црквата ја осветил тогашниот епископ Охридско-битолски Николај (Велимировиќ).
Храмот има основа на впишан крст и во него се влегува со искачување на неколку скалила, со што започнува градбата на храмови во велелепни стилови. Во подрумот на храмот се наоѓаат гробници од загинати војници од Првата светска војна. Храмот има скромен иконостас кој не е споменик на културата. Во 2006 година довршена е градбата на куполата на црквата, која своевремно, кога била градбата на храмот, заради немање на финансии не била доизградена.


Храмот „Свето Преображение“ во Прилеп со градба е завршен во 1871 година и се наоѓа веднаш до соборниот храм „Свето Благовештение“ во Прилеп. Иницијативата за градба на храмот е од грко-влашкото лоби во Прилеп, кое не се приклонило кон Бугарската егзархија, туку останале лојални на Цариградската патријаршија. Со цел да го ублажи спорот меѓу двете страни (грко-влашкото лоби и словенското лоби), Патријаршијата, со помош на турската власт, издејствувала нов ферман за градба на црква во која ќе се богослужи единствено на грчки јазик. Црквата е изградена на имотот на семејството Налетоски, кое и го подарило својот имот за грчката општина.
Црквата претставува трикорабна базилиика, со пет куполи, подигната над нивото на земјата, што ја објаснува привилегираната положба на Власите во тоа време. На надворешната источна страна има деветаголна апсида. Во 2001 година е осветена новата камбанарија, која со својата импозантна градба се одвојува од останатите камбанарии во градот.
Во 2007 година изработен е нов иконостас од костеново дрво.


Втора светска војна
Колона на Германски возила ( Horch 108 ) во Прилеп


Христо Димкар , фотографиран 1917 год., со автомобил MERCEDES (Најверојатно воено возило) некаде пред Прилеп (на патот Прилеп-Велес преку Бабуна) со двајца бугарски војници


1916 г.


ФК 11ти Октомври, во жарот на борбата


20.07 1952 г.
Победа Спартак 2:0


Плоштадот




ОУ Кочо рацин


40тите години на XX век
Градскиот стадион..




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 18-Jun-2011 at 00:55
Хотел „Јадран„


Хотел „Југославија„


Зградата на Синдикатот каде што од 1951 до 1961 година била сместена Градската библиотека.


1915 г.
Ул. „Цар Фердинанд„




Победа 1962 г.
Победа - Црвена Ѕвезда 2:8
Гога Лашкоски, Поповиќ, Кирил Анески, Александар Конески, Живко Нешкоски, Трајче Бошкоски, Кирил Атанасоски, Борис Ангелески, Симон Велкоски, Иван Гарбески и Методија Крстески.




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: OCB
Date Posted: 18-Jun-2011 at 01:26


Posted By: N23
Date Posted: 18-Jul-2011 at 15:30
Не сакам да дадам слика на форумаш кој најчесто критикува и наоѓа маани, но оваа слика кажува колку во Прилеп треба уште многу да се вложува. За жал целата пешачка патека од местото каде се гради CIty Center до главната улица е оваква. Речиси и да нема непукната плочка.
http://imageshack.us/photo/my-images/7/dsc04640x.jpg/">

Исто така иам замерка и за улиците, тргнувајќи од влезот на Прилеп од страната на Скопје па се до разурнатата џамија, улиците се полни со дупки и нерамни, а состојбата е слична и кај новиот трговски што се гради. Под итно градоначалникот од кога успеа да го среди центарот мора да се зафати со улиците. А и треба да се направат тротоари исто така на влезот од кај Скопје, затоа што приметив дека луѓето наместо по тротоар се движат по земја и некакви остатоци од асфалт. Сепак влез на еден град треба убаво да личи. Некако поуреден ми изгледа влезот од кај Битола.
Се на се Прилеп повторно ми изгледаше доста позитивен, секоја година кога и да идам, без разлика дали е за Пивофест или онака обичен ден, е се пораздвижен. Не знам дали стварно работите одат на подобро, но јас добивам таква слика.
И една слика од споменикот, тој дел е навистина убав и со комплексот згради се добива модерна целина.
http://imageshack.us/photo/my-images/217/dsc04673i.jpg/">


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Jul-2011 at 19:34
spomenik vo bahrein,sekoja slicnost e slicajna



Posted By: OCB
Date Posted: 19-Jul-2011 at 12:07
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=868&KW=&PID=88750#88750 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=868&KW=&PID=88750#88750

Споменикот на бисерот е изграден во 1932 како симбол за важноста на бисерите за економијата на Бахреин пред да биде пронајдена нафта. Истиот е срушен од страна на владата на 20 мај оваа година бидејќи служел како собиралиште на демонстрантите.



Posted By: KraliMarko
Date Posted: 20-Jul-2011 at 14:06
N23, потполно си во право. Еден од главните приоритети на градоначалникот треба да биде влезот од кај Скопје кој е многу мизерен и создава погрешна слика за Прилеп. Влезот од кај Битола е во далеку подобра состојба и има четири ленти, така да можи малце да почека во споредба со овај! А за плоштадот М.А.Ченто и пешачката патека која си ја сликал, се најавува реконструкција нешто слично како од другата страна на булеварот(пред комерцијална). Моментално се реновира музејот 11ти Октомври (участакот) а потоа треба да се средува и плоштадот околу него и да се постави споменик на Кузман Јосифоски Питу, барем јас така имам слушнато.


Posted By: N23
Date Posted: 20-Jul-2011 at 15:44

Ме радува тоа што велиш деа ќе се реновира патеката! Познато ми е дека се реконструира и Музејот, плус Прилеп има и два убави парка, така да затоа сметам дека наредно нешто како приоритет на градоначалникот треба да му биде инфраструктурата. Но штом се реконструираат улици низ цела Македонија, сигурно ако ништо друго вашиот градоначалник по примерот на соседните градоначалници ќе го среди и тој проблем, со што Прилеп навистина би станал пријатно место за живеење.


Posted By: Тркало
Date Posted: 02-Feb-2012 at 16:20
Originally posted by KraliMarko

Еден од главните приоритети на градоначалникот треба да биде влезот од кај Скопје кој е многу мизерен и создава погрешна слика за Прилеп. Влезот од кај Битола е во далеку подобра состојба и има четири ленти, така да можи малце да почека во споредба со овај!


На влезот од страната на Битола на магистралниот пат потребно е осветлување кое не памтам ни дека го имало некогаш, навечер е како во хорор филм.

Сликано (најверојатно) од 13-катницата пред споменикот Карпалак и поглед на Булевар Гоце Делчев.



Posted By: Тркало
Date Posted: 02-Feb-2012 at 16:25


Posted By: marionka
Date Posted: 05-Jun-2012 at 21:35
Ај ставете повеќе слики од зградите во прилеп Позз


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Jun-2012 at 22:44

By http://profile.imageshack.us/user/gjokomkd - gjokomkd at 2012-06-05

By http://profile.imageshack.us/user/gjokomkd - gjokomkd at 2012-06-05


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Jul-2012 at 22:25

ПРЕД ПИВО ФЕСТ


Промовиран туристички воз во Прилеп


За развој на туризмот, особено пред почетокот на големата летна манифестација Пиво фестт, Прилеп го промовираше туристичкиот воз. Општината ја набави локомотивата со два вагона на тркала за да им ги покаже на посетителите културните вредности.
-Сметаме дека туристичкиот воз не само што ќе биде атрактивен, туку ќе може на градот да му помогне за развојот на туризмот. И фирмите ќе може да се рекламираат што ја прави и исплатлива инвестицијата - вели градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
На првото пробно возење низ градот, туристичкиот воз ги прошета прво штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби. За време на Пиво фестотт туристичкиот воз од центарот на градот до Паркот на револуцијата ќе ги пренесува посетителите кои ќе решат да го користат кампот додека се на манифестацијата. Инаку, ќе има дневни рути кои ќе ги опфаќаат Музејот каде е археолошката поставка, Галеријата на икони, Могилата на непобедените Варош и црквите, Музејот за тутун. Како што информираше градоначалникот Ристески, локалната самоуправа на тендер го набавила возот од кинеско производство, а инвестицијата чини 50.000 евра. Едно возење сите заинтересирани ќе ги чини 20 денари, а капацитетот во возот е 40 седишта.
вечер


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 21-Nov-2012 at 19:44
Топката веќе не пулсира,плус изваден е и рефлекторот од горе



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: krocko
Date Posted: 07-Dec-2012 at 01:49
епа вака постоела жичарата за транспортирање на храна муниција и се што е потребно на бугарските трупи во беловодица ... ама мештаните многу ја краделе кошничката со муниција со залихи, кабли итн... па затоа е и прекината pozdrav!! !


Posted By: damjan4o
Date Posted: 27-Jan-2013 at 21:07
http://www.oldprilep.com/



Print Page | Close Window